You are on page 1of 223

 

  Пензионерски дневник XVII. ти дел

31.5.2023 г.  Среда,

Започнуна нов пензионерски ден,но и нов дел


(17) од мојов маратонски дневник. Последниве неколку-  
103
денови попладне доста спијам. Веројатно поради дејс-
твото на испиеното УЗО пред ручек. Затоа пак навечер
тешко заспивам дури до 24 часот. Затоа останувам да
гле- дам нешто на телевиџија додека не ми се приспие.
Потоа набрзина во кревет.
Вчера од ,,Зелен Пазар‘‘ заедно купивме 4 кила јагоди,од
кои 3 за џем и кило а јадење. Ги исчистивме и Госпожата
направи џем. Испадна одличен.

               
Сега може да направи милиброд со овој одличен џем.
Синојка Гордана бараше некој филм да гледаме од архи-
вата со филмови на Макс тв кабловската телевизија и
сучајно науде на филмот ,, 32 август на земјата ‘‘.

             

Започнавме да го гледаме и не заинтригира приказната.


Се работи за фото модел која доживува сообраќајна нес-
реќа и решава да го промени својот живот.Сака да
сироди бебе,а да не се мажи. Го избира својот добар
другар да и ,,направи‘‘ бебе. Тој е тајно вљубен во неа,а
воедно се одлични другари. Таа не го знае тоа. Филмот
изобилува со комични ситуации,а на крајот таа дознава
дека тој ја љуби,но малку доцна,бидејки тој е во кома по
напад од тројца силеџии. Актрите се солидни,како и
режијата. Забавно филмче кое вреди да се погледа.
Гледајки со едно око и повремено слушајки од теле-
визорот малку по малку ги завршив корекциите од мојот
дневник 12 ти дел. Го комплетирав и со предна ,насловна
слика и сабајлево планирам да го ископирам во еден при-
мерок со спирала,како и останатите досегашни.
Го снимив на УСБ стик и чекам да дојде 9 часот и да ја
завршам и раа работа.
            
Преносната,џепна меморија (USB flash memory) е доста
згодна. Минијатурна е и може да се носи во мало џебче.
Имам повеќем вакви стикчиња,со различни мемории на
кои сум снимил разни фајлови и видеа.
Сабајлево станав повторно доста рано,некаде пред 6
часот. Малку пред тоа лежејки во креветот правев
дискре-  тно некакви мали и спори вежби. Внимавав да не
ја раз- будам Гордана,која доста лесно спие.
Последниве неколку месеци приметувам по темна
слика на телевизорот од 60 инчи кој е во дневната
соба,за разлика од помалиот во спалната. Веројатно
ослабел некој дел кој го генерира осветлувањето на
екранот. Или можеби нешто друго. Сакам деновиве да
исконтактирам со сервисот на трговската фирма,,Нептун‘‘
од која го купивме пред неполни 5 години. За жал гаран-
цијата е истечена. И со малку по темен екран можеме да
гледаме разни програми и филмови,но сепак подобро е
кога сликата е светла.

Некој можеби,ако ги прелистува или чита дневнициве, ќе


си рече што се не пишува пензионеров,но мене ова сеу-
ште за моја среќа ми причинува задоволство. До кога
незнам. Се надевам уште доста долго.
Новиот мобилен за сега е одличен. Брз,со јак звук, одли-
чен екран и голема меморија. Се надевам вака че биде и
следните неколку години.
1.6.2023 г.  Четврток,

Денешново утро е облачно и тихо.Вчера со сестрата


Јадранка од Неуро Медика договорив со СМС порака
саба јле да отидам кај проф.доктор Лековски во врска со
мои- те прблемчиња.Не сум бил скор два месеца и сега
морам, бидејки за две седмици патуваме за
Берлин.Станав многу рано.Немаше ни 5 и
триесет.Туширање,средување и вед- наш на лап топ.Се
навикнав буквално секое сабајле да пишувам (куцам)
веднаш со утринското кафенце.
Синојка ја проследивме операта АИДА на завршува-
њето од Оперските Мајски вечери.Оваа ремек дело на
композиторот Ѓузепе Верди е негова најпозната и нај-
добра опера.Се изведува на подиумите од најпознатите
оперски сцени низ целиот свет.Музиката е прекрасна и
многу моќна.Хорскиот дел исто така.Мајкските Оперски
вечери традиционално се затвараат со операта Аида.

Овогодишната поставка беше доста необична но сепак


извонредна.Класична сценографија со кулиси нема-
ше.Сценографијата се проектираше на огромни платна
поставени од левата,десната страна,но и на средната
позадина од сцената.
        

Сликите кои се прикажуваа на платната беа одлични,со


мотиви од древниот Египед,бидејки дејствието се одигру-
ва во оваа арапска земја.Со голем видео проектор се
про- ектираше целата сценографија одеднаш.
Пеачите и пеачките беа во главном гости од Белград и
Италија.Сите беа одлични.Костимографијата исто така
богата и раскошна.
Едина мала мана,ако воопшто е мана,е што оваа феноме-
нална опера е многу долга.дури четри долги чина.
Со ова грандиозно дело и формално завршија овогодиш-
ните Мајски Оперски вечери.
Сите опери кои ги проследивме беа одлични,сем Кармен
која беше сосема просечна.
И балетот Лебедово езеро исто така беше извонреден
заедно со оперите Набуко и Аида.Сега ни останува на 5
јуни да ја проследиме драмата Иванов во Македонскиот
Народен Театар.
Чекам да дојде 8 часот и да заминам во Неуро Меди-
ка и да завршам со Урологија.Додека чекам на Истаграм
гледам некои кратки видеа,скечови од познатите К15.
Миле паника,Цацко и Тошо малерот бе неверојатно добра
тројка за комични скечови во девеесетите години.
           

Сите тројца извонредни,секој на свој начин.Пред дваесе-


тина години беа најпопуларна група,но и трупа, комичари
во Македонија.Со своите извонредни скечеви ја засмеју-
ваа цела Македонија.
Сите тројца се феноменални комичари,иако по професии
не се актери.Има повеќе незаборавни фантастични ске-
чеви кои сеуште ги паметам.
Сегашниот сатиричен серијал Завзекманија кој се прика-
жува секоја сабота на Тв каналот КАНАЛ 3 се аматерски
емисии со слаби актери,иако текстот кој го припрема
новинарот Величковски најчесто е солиден. 
Во Неуро Медика завршив работа релативно брзо.Доктор
Лековски вели одлично е се.Јас му верувам.бидејки го
сметам за еден од два,три најдобри уролози во Македо-
нија.Потоа на ,,Зелен Пазар‘‘ по јагоди,кои оваа сезона ги
има во изобилство и ме се скапи,барем на овој пазар,кој
е најефтин во Скопје и има солиден избор.
     

Во Македонија се пласираат неколку сорти јагоди,од кои


нај добра е сортата ВАНИЛА.Приметив оваа сорта
година- ва не е толку слатка како лани или предходните
години. Веројатно и тука има повеќе под сорти како и во
остана- тите овоштија.Госпожата е перфекциониста и не
сака да поверува дека сепак идеалното постои само во
книгите и филмовите.Истото е и за намирниците.
Скоро секогаш наоѓа мана на се,сем на тоа што таа го
купила.Во тој случај е малку по реална,бидејки гледа
дека нај,нај ретко се наоѓа,а во Македонија уште по ретко.
Од друга страна се подсетив на одличната ѓеговита
мисла од некој умен човек.Таа гласи:
Жените бараат најќесто идеален маж.Да не
пуши, да не се коцка,да не пие,да е пажлив,да
е нежен, да е умен,да е личен и уште доста
позитивни  особини на идеален маж.
Но друга битна чињеница е: Зар тој идеален
маж,кога би постоел би ја земал дотичната
персона за жена.
Интересна мисла,и вистинита.Мојата теза за идеалното е:
Не постои ништо идеално.Се на овој свет има некој недо-
статок.Затоа треба прво да се погледнеме во големо
огледало и да се запрашаме дали сме идеални,како по
лик,по стас,но и по карактер.

2.6.2023 г.  Петок,

Како што се нижат деновите,така се низат и сед-


миците,месеците и годините.Сабајлево осамна прекрасен
сончев ден.По вчерашниот одличен гулаш со свинско
мев  це,свежа салата и ладно пивце,денес ќе јадеме
нешто без месо.Решив јас да спремам компир јанија без
месо. Едно- ставно јадење кое и почетниците во
кулинарството лесно и брзо го спремаат.Пред два дена
внукот Дарон си нарача милиброд,а Госпожата веднаш ја
исполни желбата. Нап- рави одличен милиброд во две
изведби.Со џем од јагоди и втората со суво грозје.
     

Вчера,заедно со гулашот им однесов и милиброд.Дарон


посебно го бендисал.Синојка дојде Мартин со Дарон да
се видиме,пред да одат викендов за Охрид.
Во сабота и недела таму ќе се одржи некое такмичење во
трчање на 5 километри во кое ќе учествува и внукот
Дарон.Минативе седмици тренирал,највеќе со мајка му и
сега, според него е спремен за трчање 5 километри.Синот
и снаата доста трчаат,тренираат и учњствуваат повеќе
пати на Скопскиот маратон.Снаата го трча полу мара-
тонот,а синот полу,но еднаш го истрча и целиот маратон
од 42 километри.Нормално е децата да ги копираат
родителите.Така и внукот Дарон започна да трча.
       

За жал ќерката Сања и зетот не трчаат,па нормално и


децата да не трчаат.Тие одат во теретана и вежбаат,па и
внуката Срна последниве две години оди во теретана и
вежба.Исто така и внукот Филип често оди во теретана во
Магдебург каде што е на студии.
На 8 јуни внуката Срна ќе ја слави матурата со фами-
лијата,ние,мајка му на зетот,Мартин со фамилијата и бра-
тот Игор со фамилијата во ресторанот ,, Ореов лад ‘‘.
По тој повод ќе дојде и внукот Филип. Нестрпливо го
чекаме да се видиме во живо.
Тој за еден месец завршува со четрвриот семестар,ќе ги
полага тие испити,и од септември ќе посетува 5 ти семе-
стар.Догодина ова време ќе го заврши факултетот и ќе
дипломира.

3.6.2023 г.  Сабота,

Започна уште еден викенд.Времето е облачно но не


премногу.Ноќеска горе доле добро спиев.Вчера околу 10
часот отидовме до градскиот парк да пропешачиме.
Сончето веќе беше доста јако и топло.Се шетавме низ
новиот дел од паркот. Биравме сенки каде ќе одиме,
бидејки на сонце беше топло.седнавме неколку пати на
клупа во сенка,бидејки Гордана се заморуваше од оде-
њето.

        
Во однос на заморувањето,јас немав никаков проблем,
што ме радува.Многу повеќе се движам од Госпожата.
Возам точак и вежбам по дома.Тоа се помага за стекну-
вање кондиција.И за здравјето секако.
Сабајлево вртејки по ударни вести на пребарувачот
Гугл наидов на интересно видео од платформата за
учење англиски јазик од ББЦ.Насловот ме заинтригира и
го изгледав и слушнав целото видео.Станува збор за
успорување на заборавањето и губењето на меморијата
кај возрасните луѓе над 60 години.
     

Видеото е посебно интересо за нас пензионерите кои сме


над 65 години.Според водителите постојат неколку
посебно добри намирници за меморијата.Тоа се:
Темно чоколадо,какао,јаболки и бобинки.Нај битно е да
содржат солидна количина ФЛАВЕНОЛ.
Видеото е за учење и доучување на англискиот јазик
преку интересни написи со водители кои го зборуваат
британскиот книжевен јазик.Може да се стави и транс-
крипт на англиски,или по желба на разни јазици.Ова вид-
ео го ,,симнав‘‘ во МП4 формат и на двата мои телефони
и намеравам да го гледам неколку пати.Зашто?
Затоа што прво слушам англиски и го вежбам јазикот,а
второ текстот е посебно интересен за нас пензионерите.
Брзам да докуцам и веднаш одам со љубимецот на ,,Зел-
ен Пазар‘‘ да изнакупам зеленчук и овоштие.
  

Со долг список на се што треба да се набави,со ,,би-


саѓите‘‘ монтирани позади на помошното седиште и
ранецот во корпата над предното тркало,како и кацига на
главата и ракавици на шаките тргнав кон пазарот.На
брзина изнакупив се по списокот и веднаш назад дома.
Богами малку се испотив,бидејки бев солидно натоварен.
Денес не планираме да се готви,па јас предложив да нара
чаме кебапчиња и до свежа салата и ладно пивце да руча
ме.И двајцата обожаваме кебапчиња,така да нема дилема
околу избор на јадење.Нормално со нив обавезно оди
сецкан кромид и зачин ,,буковка‘‘,но малку лута.
Чекам да пројде пладне и да нарачам по телефон кебапи
за носење.

         

Како што планиравме така направивме. Телефонски


нарачав кебапи.
Пред да ги земам, направив зелка салата со краставица.
Пивата се ладеа.Ги донесов кебапите кои се доста пого-
леми од тие во други гостилници или кебапчилници.Не
можевме сите да ги изедеме,бидејки беа големи и вкусни.
Се заблаживме со сладолед. Денес имавме супер ручек.
Сабајле на пазарот додека купував зеленчук се сретнав
со братот на снаата Сузе.Се подсетив на проблемите кои
ги има тој и сопругата со нивниот син кој има пречки во
развојот.Нивниот случај ме подсети дека треба да сме
пресретни што сите во нашата фамилија,како внуците,
децата,зетот и снаата се здрави и живи,без никакви про-
блеми.Тоа е најголемото задовство и среќа за нас.
4.6.2023 г.  Недела,

После сабота нормално доаѓа недела.Сабајлево


облачно како и вчера.
Синојка ја проследивме емисија од сатиричниот сери
јал ЗЕВЗЕКМАНИЈА кој се емитува на Тв каналот 3 повеќе
од 10 години.

     
Новинарот Величковски го припрема и учествува во сите
емисии заедно со уште 4 други глумци од кои две се акте-
рки аматери.Скечовите е сосема во ред.Актуелни и поли-
тички,но екипата делува аматерски.Сума сумарум еден
просечен серијал.Тоа е тоа.
За да ја зголемиме кондицијата за пешачење синојка
предложив да одиме до соседниот парк и да испешачиме
колку што можеме.Всашност јас имам каква такава конди-
ција за одење,но Гордана е слаба и брзо се заморува.
Често седнувавме на некоја клупа 5-6 минути,и потоа про-
должувавме со пешачењето. По кратко време започна-
вме да чуствуваме по некоја капка дожд.Веднаш назад,
бидејки не носевме чадори.Дојдовме до пред нашата
зграда и никаков дожд не започна да врне.Се качив горе,
земав два чадори,за секој случај и продолживме да пеша-
чиме кон плоштадчето кај Млечен ресторан.Дувкаше
мало ветренце,кое не освежуваше.Седевме кратко време
на големите клупи пред зградата на Сања и неврзано си
муа- бетевме.Потоа во 20 и 25 минути купивме една
сусамка за Госпожата и се вративме дома.Преостанатите
3 големи кебапи ги згеав на рингла и со ладно пивце и
кебапи си вечерав.Животот е сепак убав и на стари
години,ако не си болен.
Секој ден гледам по една епизода од шпијунската
иполитички трилер серија БИРО.Одлична за мој вкус.
           

Секоја епизода дознавам и откривам нови и нови детали


од работата и протоколите во тајните служби.За некои
досадно и незанимливо,но за мене посебно интересно.
Интересен е специфичниот приватен живот на секој од
вработените во тајната ( безбедносна) служба на Фран-
ција.Веројатно слично е во скоро сите тајни служби во
други земји.
Синојка го гледавме филмот ЧЕРЧИЛ кој се прикажу-
ваше на Националниот тв канал МТВ1.Одлично направен
филм,а главниот лик на Винстон Черчил го глумеше поз-
натиот актер Алберт Фини.
 

Черчил,заедно со Рузвелт и Саљин се највпечатливи


политичари во минатиот век,посебно пред и за време на
втората светска војна.
За Черчил има снимено повеќе филмови,за разни перио-
ди од неговиот политички живот,како и уште повеќе напи-
шани книги.Тој посебно интересна личност со многу спе-
цифичен карактер.Во овој филм е опфатен краткиот пери
од пред започнувањето на најголемата инвазија во
втора- та светска војна,а тоа инвазијата на сојузничките
сили во Нормандија.Черчил кој во тоа време бил
премиер и мини- стер за одбрана,силно се противел на
оваа инвазија мис- лејки дека нема да успее. Сматрал
дека 250.000 војници да се искрцаат на тесно обално
подрачје на брегот од Франција ќе биде катастрофа за
сојузничките сили. Грешел,бидејки стратегијата и
тактиката на денот ,,Д‘‘ како се викала инвазијата се
ослонувала највеќе на изне- надување.Така и се
случило.Германските јаки сили оче- кувале инвазија на
друга страна и затоа отпорот не бил голем и јак.Оваа
инвазија е практично почеток на брзиот крај на
фашистичката војска во втората светска војна.

    

Черчил страхувал дека цената на искрцувањето во Нор-


мандија ќе биде платена со десетици илјади млади живо
ти на сојузнички војници.Сепак комндантите на инвази-
јата американскиот Генерал Ајзенхауер,и британскиот
Монгомери биле цврсти во својата одлука да се изврши
инвазијата.Со тоа се успеало да се спасат илјадници
животи на војници и цивили во Европа,бидејки многу се
скратил завршетокот на втоората светска војна низ сите
земји на стариот континент.
Во последновреме,посебно последнава година забе-
лежувам по јако и поголемо заборавање на разни имиња,
појмови,личности.Во почетокот си велев: природно,со
годините меморијата ослабува.
        

Сега почнав по малку да бринам и затоа барам по Интер-


нет ( Гугл) и читам разни статии за подобрување на мемо-
ријата.
Знам дека малку би можело да се успори заборавањето,
но сепак зашто да не се обидам да го успорем.
Во една статија за подобрување на меморијата се
наведени и објаснети кои нутриенти,пијалоци и напивки
се добри за меморијата.Тоа се:
Темното чоколадо.Одавно ми е тоа познато.Потоа,
Ореви,Чај,кафе,боровинки и семки од тиква.
Сите овие намирници може да се консумираат и веро-
јатно ќе помогнат барем малку.
Нормално е да не паметиме како во младоста,па и до 50 и
кусур години.Сите наши органи со годините стареат,па и
мозокот се разбира.Многу ќелии изумираат,а нови не се
ствараат.Сепак би требало со горните намирници да се
успори,барем малку тој процес на стареење.
Ноќеска стигна внукот Филип од Германија.Околу 13часот
намина да се видиме.Направивме убав музабет за се и
сешто.Замина со ветување дека ќе дојде повторно овие
денови додека е во Скопје.Има уште околу еден месец
предавања,а потоа неколку недели за полагање на испи-
тите од четвртиот семестар.На есен ќе го слуша петиот
семестар,а од март шестиот со дипломскиот труд.За оклу
една година од сега ќе заври со студиите и ќе дипломира.
Неговиве студии во Германија поминуваат неверојатно
брзо.ако сака пота може да продолжи било каде на
посдипломски студии уште две години,ако не може да си
работи како дипломиран економист со специјалност за
финансии и берза.
За разлика од него внуката Срна која сака да студира
медицина ќе се изнамачи најмалку 8 или 9 години со
учење на најтешкиот факултет,медецинскиот.
5.6.2023 г.  Понеделник,

Како и секоја претходна седмица и оваа стан-


дардно започнува со понеделник.
Вчера поради купување риба за ручек од ,,Рамсторе‘‘ кој
работи и во недела отидовме заедно со госпожата да
видам дали ќе најдам класични фармерки,бидејки
постоечките два оара кои сеуште ги носам се веќе стари.
Уште од младоста ги сакам и ги носам класичните
траперици,односно фармерки од фирмата Леви Штраус
модел 501 кој беше нај популарен во 70 тите години од
минатиот век.
           
Вакви оргинал,за жал, веќе не се произведуваат.
Последниве 15-20 години купувам копии на оргиналните
501.Така беше и сега.Сите продавници во трговскиот
центар ,,Рамстор‘‘ работеа.Во втората продавница
пробав фармерки кои солидно ми стоеа.Не беа скапи и
веднаш ги купив.Сега имам нови фармерки за
патувањето во Бер- лин.Фармерките и генерално ,,Џинс
облеката‘‘ е најпопу- ларна облека во светот во
последните 50 тина години.
Зашто? Веројатно поради тоа што е релативно едноста-
вна,ефрина.доста трајна и модерна посебно меѓу мла-
дите.Платното од кое се изработуваат фармерките и
другата облека  е наречено Тексас платно.Тоа е измис-
лено во 19 тиот век за изработка на облека за рударите и
рботниците на фармите.Изузетно јака ткаенина што е
посебно битно да тие работници.Потоа се проширило и
меѓу младината во Америка и целиот свет. Денес
фармер- ките се носат низ целиот свет и гемерално
заедно со патиките се најмногу продавани производи
било каде.
Во саботата во емисијата Зевзекманија авторот Величко-
вски зборуваше за престојното европско такмичење во
секс кое ќе се одрже наскоро во Гетеборг Шведкса.Прво
помислив дека е некој штос или заебанција,но кога обја-
снуваше детално што и како сватив дека ќе биде вистин-
ско такмичење.За да проверам,бидејки е многу невероја-
тно,побарав на Гугл околу тоа такмичење.Најдов доста
детали како на пример:
Такмичењето ќе трае два несеци.
Ќе се такмичат десет пара ( мажи и жени).
Секој ден ќе се такничат 45 минути.
Дисциплини : заведување,масажа,пенетрација,орални
секс,издржливост,креативност.
На ова неверојатно такмичење се пријавила и кандидатка
од Хрватска Марија Задравец.Ова ќе биде класично евро-
пско првенство во секс еден на еден.Таа дури и се слика-
ла во разни пози за да се пријави на такмичењето.
                  

Неверојатни нешта се случуваат во светот.Уште по неве-


ројатно и бизарно е што сега во 21 век се се објавува во
јавноста,практично низ целиот свет.Некој снаодлив
мангуп ќе прави голем бизнис со овој неверојатен
долготраен настан.
Сигурно ќе заработи тотици илјади,а можеби и некој мили
он евра од ореноси и објавување на видеа и слики.
Вчера во Охрид се одржа такмичење во трчање пет
километри на кое учествуваа внукот Дарон и мајка му,
снаата Сузе повеќе како подршка и друштво.Ме радува
што внукот усшеал да ги истрча петте километри,без
одење.

                 

Задоволен е,но и многу  среќен што успеал да исрча.


Трча њето е прекрасен спорт и рекреација.Штета што
никој од фамилијата на Сања не трча,за разлика од синот
и снаа та,а сега и Дарон.
Малку жалам што не можам и јас да трчам,еднаш поради
здравствените проблемчиња, но и возраста.
6.6.2023 г.  Вторник,

Денес е посебен ден,бидејки вечер ќе одиме во


театар на преставата ИВАНОВ од познатиот Драматург
Чехов.Би требало да биде добра претстава.Ќе видиме.

      

Синојка дојдоа Сања и Срна.Гордана го корегира новиот


фустан на Сања кој ќе го носи на славењето матура на
Срна на 8.6.23 во четврток.Потоа дојде и внукот Филип.
Разговаравме со внуците највеќе за програмот со вешта-
чка интелигенција CHAT BPT, додека Сања и Гордана го
дотеруваа фустанот.
Секој ден работам на лап топовите и на мобилните теле-
фони.
Ме радува што скоро секој ден научувам по нешто ново и
солидно напредувам во користењето на овие електрон-
ски апарати.
Вчера разговарајки со внуците и Сања за вештачката
интелигенција и користањето на програмот Chat Gpt.

 Внуката Срна ми кажа важна информација за овој прог-


рам,а тоа е: Може да се поставуваат прашања и на маке-
донски јазик.Одговорот ќе биде на македонски.
И внукот Филип е солидно упатен во овој програм.Тој
објасни дека машината ( вештачката интелигенција) не
одговара на некои прашања кои се поврзани со оружја,
експлозиви и тероризам.Но имало додатни постапки со
кои тоа се анулирало и тогаш се добиваат одговори бук-
вално на секакви прашања.
Овој феноменален програм нуди одговори и решенија за
скоро сите области на науката,уметноста и животот.Во
суштина таа е еден огромен компјутер кој има огромна
меморија,кој е изузетно брз и наполнет со безброј инфо-
рмации и податоци од сите можни области.Со неверо-
јатна брзина,непојмлива за човечкиот разум ги пребару-
ва,класифицира и го испишува резултатот-одговорот на
поставеното прашање.За обичните луѓе малку несватли-
во како машина може се да знае.Повеќе нешта кои биле
несватливи во минатото,па дури и пред десетина години,
денес се реалност.Компјутерите и мобилните телефони
се само два од повеќето примери.Мобилната телефонија
секојдневно добива повеќе можности и опции.За роботи-
ката и роботите не треба воопшто да се зборува.Тие секој
ден стануваат се по моќни и се поблиску до можностите и
перформансите кои ги имаат луѓето.
       

Ме заинтригира вештачката интелигенција и програмот,па


на Гугл побарав околу Чет Гпт и најдов доста написи,но и
на Ју Тјуб исто така.Еве едно едноставно објаснување за
мое прашање КОИ СПОРТОВИ СЕ НАЈДОБРИ ЗА
ПЕНЗИОНЕРИ:

koi sportovi se najdobri za penzioneri


ChatGPT

Penzionerite imaat razlichni zdravstveni i fitnes potrebi, pa


izborot na sportovi zavisi od nivnoto sostojanie, preferencii i
interes. No, nekolku sportovi se smetaat za osobeno
prikladni za penzioneri, bidejki biduvaat blagotvorni za
zdravjeto i dobrostanstvoto. Tuka se nekolku takvi sportovi:
1. Hodanje: Hodanjeto e eden od najednostavnite, no
efektivni sportovi za penzionerite. Toa ne go opteretuva
zglobovite taka intenzivno kako drugi aktivnosti, no
sega dozvoluva fizichka aktivnost, podobruvanje na
kardiovaskularnata sostojba i zgolemuvanje na
izdrzhlivostta.
2. Plivanje: Plivanjeto e nisko-udaren sport koj go
angazhirash celokupnoto telo. Bez obzir na godinite,
plivanjeto moze da bide odlicen nacin za podobruvanje
na kardiovaskularnata sostojba, zgolemuvanje na
fleksibilnosta i jacanje na mishicite.
3. Golf: Golfot e sport koj e poznat po svojata povekja
aktivnost vo priroda i pomirnosta. 
4. Seto toa dokolku pechelish prednosti od razgleduva-
njeto i peshtenjeto niz golf terenot, golfot moze da bidne
zabaven i blagotvoren za penzionerite. Ima i pomal broj
na povredi vo sporedba so nekoi drugi sportovi.
5. Tai Chi: Tai Chi e drevna kineska veshtina koja kombi-
na dihanje i ira polagani i potezni dvizenija so fokus nа
ravnotezata. Toa ne samo deka ja podobruva fizichkata
sostojba, tuku i ja podobruva fleksibilnosta, ravnotezata,
koordinacijata i mentalnoto blagostanje. Tai Chi e pose-
bno popularen megu penzionerite bidejki e niskoudaren
i ne zahteva mnogu intenzivna fizichka kondicija.
6. Strelba so luk: Strelbata so luk e sport koj moze da bide
izuzetno zabaven i ispolnuvachki za penzionerite. Toa gi
podobruva koordinacijata, koncentracijata i ravnotezata.
Istovremeno, toa e niskоudaren sport koj go moze da
vezbuvate vo sopstveno tempo.

Se razbira deka site penzioneri se razlicni i moze da imaat ra


zlicni interesi i sposobnosti. Pred da pochnete so bilo koj
sport, e vazhno da se konsultirate so vashiot lekar ili zdrav-
stven profesionalac za da se uverite deka aktivnosta e bez-
bedna i prikladna za vas.
Преводот е компјутерски и некои зборови се чудни.Но
програмот ме воодушевува поради неверојатно брзиот
одговор и објаснување на секое прашање.

7.6.2023 г.  Среда,

Започна ново утро и секако нов ден.Полека се наб-


лижува денот кога заминуваме на шетање во Берлин.
Вчера отидов до Осигурителната компанија Еуро Линк
каде направив петничко осигурување за двајцата за вре-
ме на патувањето во Берлин.Времето убаво и пријатно
по сабајле.Нормално со точакот продолжив до
продавница- та за велосипеди ,,Вучко‘‘ каде ги допумпав
и двете гуми. Возејки се накај дома се јави кумата
Мира.Сакаше да и кажам некои работи околу
апаратчињата за слушање,кои јас ги знам.И таа го има
истиот мој проблем.По слабо слу- ша и на двете уши.Се
договориме од дома да и се јавам. Се слушнавме и сакав
да и го кажам тоа што бараше од мене,а тоа се
информации за апаратчињата.Но,како што е таа
зборлива,по првата реченица се вклучи,и место јас, цело
време таа зборуваше околу нејзините проблеми и
прегледи на слухот.Кумата спаѓа во групата на изузетно
зборлести луѓе.Тие обично не го слушаат соговорникот,
туку веднаш се уфрлуваат и зборуваат,зборуваат,без да
престанат.Со такви особи немам желба да се постојано за
се уфрлувам за да кажам нешто.Едноставно ги оставам
да си зборуваат и чекам на крај да кажам два збора,кои
обично се: добро,во ред.

Во однос на зборувањето,и јас за жал доста зборувам.


Но,сакам да верувам дека помалку зборувам од кумата,а
што е исто така битно,оставам и соговорникот да каже
што има да каже.Скоро секогаш,во последно време се
присилувам помалку да зборувам,но слабо ми оди.

Некој пат успевам да се воздржам и да молчам,што е


одлично,но некој пат се заборавам и си лафам на широ-
ко,што е лошо.Познато е дека мудрите и паметни лично-
сти малку зборуваат.Го знам тоа,и се трудам да бидам
токму таков,но не ми успева секој пат.

Синојка ја проследивме претставата ИВАНОВ во


Македонскиот Народен Театар.

       

Драмата е напишана од светски познатиот и признат пи-


сател Антон Павлович Чехов.Преставата беше одлична.
Актерската екипа исто така.Едини мали мани,според мене
се што е доста долга,како и чудната сценографија.Целото
дејствие се случува на голема и висока карпа,по која се
качуваат и глумат сите актери.Која е метафората на кар-
пата не успеав ниту јас,ниту Гордана,а ниту кумовите да
ја откриеме.

Режисерката Бузалковска сакала да долови нешто со


карпата,но веројатно скоро никој тоа не го сваќа на нејзин
начин.Од актерите посебно се истакнаа:Благој Веселинов
како Иванов, Дарја Ризова,Ѓорги Јолевски и Александар
Михајловски.Останастите актери беа сосема просечни,но
добри.

Ме заинтересира драмата,да прочитам нешто околу неа.


Кога се вративме дома,околу полноќ,побарав на
Интернет и прочитав интересантни податоци:

Чехов ја напишал оваа драма само за 10 дена,по нарачка


не еден московски театар.Првата изведба во тој театар
била тотално неуспешна.Потоа е поставена во Сант Пете-
рсбург каде доживеала голем успех.Во последните 30–50
години се игра низ целиот свет,како и останатите големи
драмски дела на Чехов.

Вчера по разговорот ( монологот) на кумата се вклучи и


кумот со инаформација за среќавања на нивната генера-
ција од факултет во ресторантот Џино во ГТЦ секој прв
петок во месецот,во 11 часот.Ме информираше за некои
колеги и од нашата генерација кои доаѓале на тие средби
и дружби.Потоа ми испрати и слики од средбите,на кои
препознав неколку колеги од нашата генерација.Ветив и
мое присаство на следната средба во месец јули.Ми исп
рати и фотка од таблото на неговата генерација,но и на
нашата.Нашето повторно го погледав и видов неколку
лика кои за жал веќе не се меѓу нас.Веројатно има двојно
или тројно повеќе,но на доста колеги јас веќе и не се
сеќавам.
На студиите во прва и втора година се дружев со малку-
мина,бидејки во главном само учењето ме интереси-
раше.Во почетокот на третиот семестар се запознав со
мојата Гордана,и од тогаш уште пом алку се дружев со
останатите колеги.Од тие прекрасни времиња поминаа
безмалку 50 години.Во првиот семестар мислев дека
девет семестри предавања и десетиот дипломска работа
се вечност,но еве брзо поминаа и тие но и уште скоро 50
години.

Повторно се вратив на драмата ИВАНОВ.Сакав да видам


и прочитам што ќе напише програмот ЧЕТ ЏПТ,односно
вештачката интелигенција за оваа драма.Одкуцав праша-
ње СОДРЖИНА НА ДРАМАТА  ИВАНОВ од ЧЕХОВ,и еве го
резултатот кој го добив за 30 секунди испис на екранот:

Прашање:содржина на драмата Иванов од Чехов


 
ChatGPT

 Иванов е драма напишана од рускиот пишувач Антон


Чехов и првпат јавно изведена во 1887 година. Драмата
е поделена во пет чина и претставува комплексна и
детална анализа на човекот во кризни моменти.
Содржината на драмата Иванов се фокусира околу
главниот лик, Николај Алексеевич Иванов, кој се бори
со различни проблеми и внатрешни конфликти. 

На почетокот на драмата, Иванов е прикажан како


истош- тен и изнемогнат млад човек кој живее на
имотот на својата жена, Анна Петровна. Иванов се
соочува со финансиски проблеми, губитак на љубовта и
морален криза.

Главниот конфликт во драмата е претставен преку


соочу- вањето меѓу Иванов и неговата жена Анна.
Иванов се наоѓа во состојба на апатија и цинизам и не
може да пронајде смисла во својот живот. Тоа го
наведува на однос со друга жена, Сара. Се развива
љубовна врска помеѓу Иванов и Сара, што дополнително
го зајакнува конфликтот во драмата.

Спектарот на ликови во драмата е широк и вклучува


различни карактери кои се справуваат со своите лични
проблеми и трагаат по смисла на животот. Чехов ги
изучува социјалните и психо- лошките аспекти на
човечката природа, иста- кнувајќи го пропастениот и
дезориентиран живот на Иванов.

Драмата Иванов обработува теми како љубовта, смртта,


моралот и кризата на индивидуалноста.

Чехов ги прикажува ликовите во ситуации што ги


поттикнуваат да се справуваат со нивните демо- ни и
внатрешни конфликти.

Иако Иванов е рана работа на Чехов, драмата открива


многу од неговите карактеристични елементи како
деталниот приказ на ликовите, реализмот во дијалозите
и фокусот врз емоцио- налната состојба на човекот.
За пошироката и поподробна содржина на драма- та
Иванов, ви препорачувам да ја прочитате или да ја
гледате изведбата на позоришната постава на оваа
драма.

Одговорот и описот на ЧЕТ ГПТ е интересен и сосема во


ред.Убаво ќе беше овој опис и приказ на драмата да го
прчитав пред претставата.Тка ќе можев подобро да ги
примам сите дијалози и сцени низ претставата.Памет за
друг пат,за друга претстава.Поука:

Обавезно да се прочита содржината на делото


пред гледање на претставата.
Констатирам со големо задоволство дека буквално секој
нов ден научувам по нешто ново.Било за животот или од
учењето англиски или едноставно од Интернет и
мобилен телефон.

8.6.2023 г.  Четврток,

Дојде и осми јуни.За Срна,но и за сите нас најблис-


ките важен ден.Вечер ќе ја славиме сите заедно матурата
на внуката Срна.Славјето ќе биде во ресторантот ,,Ореов
Лад‘‘ кој се наоѓа пред влезот за спортскиот центар ,,Сар
ај‘‘. Како што направивме и за матурата на Филип, и на
Срна и подаривме една акција од фирмата ,,Макпетрол‘‘.
Ќе има спомен од нас,чија вредност постојано ќе расте.И
за останатите внуци имаме по една исто ваква акција,кои
ќе им ги подариме кога ќе матурираат,ако сме сеуше на
овој свет.Ако не,претходно ќе им ги подариме. Акционер-
ството и берзата се одлична работа за штедење,посебно
во земји каде инфлацијата е релативно голема.

Со поседување акции од солидни фирми,по можност нај-


јаките се ублажува или дури поништува падот на вредно-
ста на заштедите. Акциите од најдобрите фирми во Маке-
донија,како Алкалоид,Макпетрол,Комерцијална банка,
Тутунска банка и уште неколку,постојано растат за околу
10-15 % годишно.Делат дивиденди и кога се ќе се собере
инфлацијата од 20 тина посто се компензира.За жал,кај
нас мал процент на граѓани ни знаат овие релативно
едноставни математики и своите уштеџевини ги чуваат
во евра,во сефови или дури и ги орочуваат во некоја
банка.
Од фамилијата на Сања вникот Филип одлично ги разби-
ра инвестициите и вложувањата во акции.Тој тоа и студи-
ра.Веројатно влијанието на зетот и ќерката го потикнаа на
акционерство.Фамилијата на синот не е толку запалена
по берзанските акции,иако и Мартин повремено,како мена
џер добива некои акции од неговата фирма.

Вчера Гордана спомна за летување во Албанија,по мојот


предлог да одиме на островот Крв.И до двете дестинации
има доста патување со автобус,па бидејки во Албанија не
сме летувале можеби ќе се одлучиме за неа.Ќе побарам
по туристичките агенции,да видам што нудат за летување
во Албанија.

9.6.2023 г.  Петок,

Мирно утро.Станав многу рано.Немаше ни 5 и 30


минути.Мислев не е толку рано,будејки Гордана стана
пред мене.Сеуште под впечатоци на синоќешното сла-
вење матура на внуката Срна.Ресторанот ,,Ореов Лад‘‘ е
одличен за поголеми славења.
         

Музиката беше малку пре гласна за мој вкус.Останатото


беше супер.Расположени сите гости.Храната солидна.
Како и во други вакви прилики на доаѓање се испосли-
кавме за спомен во разни комбинации со славеничката и
фамилијата. Сања ангажирала професионален фотограф,
исто како за матурата на Филип.Сите гости беа одлично
расположени.Генерало,но и конкретно славењето беше
одлично,на ниво.Јас ги возев и сестра ми заедно со
Ванѓа На враќање,поради темницата,но и поради мое
невнима- ние ( слаба концентрација) и зборување го
згешив сврту- вањето кон центарот и влегов во погршна
лента.

Гордана веднаш примети и по 20-30 метри се корегирав.


Се вратив малку назад,а потоа по ,,Партизанска‘‘ се вра-
тивме дома.За жал не мие прв пат да грешам при возење,
поради повремена слаба концентрација и зборување за
време на возењето.
Синојка успешно се контролирав во однос на пиењето.За
почеток со Госпожата нарачавме Џин Тоник кој не е јак
пијалок,а убаво освежува.Потоа со предјадењето едно
пивце,а исто така и со главното јадење.За околу четри
часа,колку што бевме во ресторанот полека си пијуцкав и
се беше во ред.Немаше потреба Гордана да вози,бидејки
воопшто не ме фати од две пива со солидна храна.Во
однос на гардеробата на гостите,ми падна во очи што
само јас од сите гости носев вратоврска.За младите
гости сосема разбирливо,но и возрасните,скоро на
мојавозраст немаа вратоврски.Дури еден од гостите со
повеќе од 60 години беше со патики,што за мене не е
нормално. Сања.Срна и Гордана беа нај елегантни во
гардеробата. Но исто така и внукот Филип и зетот
Нико.Фамилијата на Мартин беше исто одлично
дотерана,за разлика од пове- ќето гости кои беа во
сосема обична гардероба.

Чекам да дојде 9 часот и да отидам со точакот до ,,Зелен


Пазар‘‘ и да изнакупам овоштие и зеленчук.

Сеуште не се знае кој од внуците ќе ги носиме со над на


летување.Редот е на Михаела со Дарон,но тие не се баш
вољни заедно да ги носиме.Леа многу сака да ја носиме
неа со Михаела иако не и е ред.Ќе видиме.

Од друга страна термините се проблематични.На крај на


месецов сите ќе одат некаде во странство,како и на крај
на август.За жал можеби ќе мораме да одиме на одмор во
јули или август кога е претопло за нас,но и многу по ска-
по,бидејки е шпиц на сезона.Повеќе дилеми и непознани-
ци.Се надевам  ќе ги разрешиме успешно.

Некои луѓе се свесни за одредени слабости или пропусти


кои ги направиле низ животот. Други,за нивна жал не се
свесни.Сваќата Ванѓа,а порано и сватот Перо спомнуваа
за хендикепот што не знаат странски јазици,и се плашат
сами да одат во странство,бидејки може нешто неприја-
тно да се случи.Тоа го зборуваат 20 тина години.Да се
потрудеа можеа досега англиски или германски доста да
научат.Чудно ми е што многумина само зборат,вака
онака, а не преземаат ништо некој хендикеп да го
остранат, бар ем  малку.Истото е и со кумата Мира.Само
се жали одавто буси, пешачење со торби,а не презема
ништо тоа да го смени.Чудно ми е,бидејки јас сум сосема
спротивен од таквите личности.Ако нешто сакам,а реално
можам да го остварам,се трудам тоа да го сторм.Барем
сакам да веру- вам во таквата особина.Веројатно е така.

Сабајлево гледам некои видеа на социјалните


мрежи,каде млади парови танцуваат разни модерни,но и
класични танци.Уште од раната младост го сакам
танцувањето,а посебно класичните танци како
Валцер,Аргентинско тан- го,Квик степ и други танци.

Од модерните латибо американски танци највеќе ги


сакам: Самба,Манбо,Ча-ча-ла,Румба и уште неколку.

За жал во текот на животот не се запишав во некое учили-


ште за танцување.Зашто? И сега се прашувам.Веројатно
затоа што имав други приоритети.Инженерска кариера,
пост дипломски студии,учење јазици и фамилијата која
секогаш беше во првите приоритети.

Пред десет или 12 години и предложив на Госпожата да


се запишеме во училиште за танцување,но таа веднаш
одби.Ми рече ти запиши се ако толку сакаш.Јас не.Сам да
посетувам часови по танцување не ми беше згодно.Затоа
се откажав од таа идеа.
           

Инаку уживам да гледам танцување на телевизија или во


живо.Танцовата музика ми прави ќеиф,заедно со
танчери- те.Комплено доживување е за мене да гледам и
слушам разни танци,посебно од професионалци,или
одлични ама тери.

Дури и сега би посетувал часови по танцување,но


Гордана веројатно повторно ќе одбие да одиме заедно.Се
пак се мислам,зашто да не и предложам.Ќе пробам,па ќе
видиме дали стварно ќе одбие.

10.6.2023 г.  Сабота,


Започна нов викенд ден.Сончево саботно утро,со по
некое мало облаче кое се обидува да го засени јакото
утринско сонце,но не успева.

Вчера попладне Сања ми испрати линк на меил за фотки-


те од славењето матура на Срна.Веднаш пробав да
ги ,,отворам‘‘ сликите,но не успеав во првите обиди.И таа
исто така не успеала.Планирав Мартин да се обиде,но тој
беше на работа,бидејки сега два дена во седмицата оди
во фирмата и таму работи,а останатуте работни денови
работи од дома.Предвечер Сања ми испрати 8-9 фотки од
славењето.Успеала да ги ,,отвори‘‘ и веднаш ни испрати
некои слики.Сите се супер.Има разни комбинации на
слики во однос на сликаните и секако разни пози. Фото-
графиите генерално се забележен момент од времето кој
останува со децении за спомен на сликаните, но и на оста
натите.

Сликањето во принцип го сакам,токму поради тоа забеле-


жување на еден момент од времето и животот.Сега во
ерава на компјутери и дигитален свет фотографиите нор-
мално се чуваат во  некој фолдер ( некоја дигитална пап- 

ка) од меморијата било на компјутер или на Интернет.


Исто така скоро секој си ги чува фотките и во
надворешна меморија,било УСБ флеш меморија или
екстерем ,,Хард диск‘‘.
    

На горната фотографија сме цела наша фамилија.Ќе


остане спомен на сите.На нашите деца,нашите внуци и
зетот и снаата.Ќе се подсетуваат на моментите кога ја
славевме матурата на Срна,и на нас по малку,кога веќе ќе
не нема.

Горди сме што успеавме да створиме голема и прекрасна


фамилија.Ретки се во денешниот современ свет вакви
фантастични фамилии.

Во нашето опкружување,од роднини,пријатели и колеги


скоро никој нема 5 внуци.

За квалитетите на нашите деца,снаата,зетот и внуците да


не зборуваме.Сите се ,,ТОП‘‘ што би рекле младите во
нивниот современ жаргон.

Ако сумираме значи не сме го протерале нашиов заедни-


чки живот со Гордана бадија.

Некој мудар рекол: 


ДЕЦАТА СЕ ОГЛЕДАЛО НА РОДИТЕЛИТЕ.

Нашите деца се нај,нај, во секој поглед,веројатно по наша


заслуга ( воспитување), но и по заслуга на гените кои се
исто така посебно битни.

Ретки се денес вакви фамилии,за кои може да се зборува


само во суперлативи.

Kako и скоро секој ден во последниов месец,кога


времето дозволува одам со точак на ,,Зелен Пазар‘‘ и
набавувам зеленчук и овоштие.И денес со големо
задоволство оти- дов со точакот до пазарот,изнакупив се
и потоа на враќа- ње завршив уште неколку ситни задачи
и задоволен се вратив дома. Задовлството од возење
точак е за мене огромно.Се мислам: горивото за коливе
да е потполно бесплатно,повторно би одел со точак низ
градов и на пазар.

По враќање дома конечно се зафатив со миење и чисте-


ње на моите стари патики,но и со старите на Гордана.

Се заморив од трљање и миење,но успешно ги гланцнав


и сега изгледаат ското како нови.

Синојка по желба на внукот Филип сварив сутлијаш кој


тој го обожава и сега чекам да дојде да се видиме и да
јаде сутлијаш.Утре заминува назад во Магдебург каде има
предавања уште  неколку семици,а потоа ќе ги полага исп
итите од четвртиот семестар.

11.6.2023 г.  Недела,


Втор ден од викендов.Мирно и тихо утро.Сонцето се
мачи да излезе од тенките облаци,но слабо му успева.
Ноќеска спиев просечно.Малку можеби влијаеше синојќе-
шната посета на внукот Филип пред враќање во Герма-
нија.Го чекавме да дојде како што вети,и затоа не отидо-
вме да пропешачиме малку во паркчето неспроти ВЕРО.
Дојде и имавме делумно добра дискусија за се и
сешто.Се интересираше дали играм шах на интернет,дали
читам и гледам видеа со разни партии шах и дали вежбам
со тего- ви.Интересно е што за се тој е со свое мислење и
што е убеден во точноста на тоа мослење.На возраст од
20-25 години скоро сите сме биле со такви и слични
мислења.И јас сум мислел дека знам скоро се и дека
секогаш сум вопараво,што е нонсенс.

Не постои човек кој е секогаш во право,ниту


деканеговото мислење и гледишта се секогаш 
вистинските и најдобри- те.Се надевам како ќе созрева и
стекнува животно искус- тво,ќе сваќа дека е невозможно
тој да е секогаш во право. Филип спрема мене има
посебен однос.Неоспорно е дека ме сака исто или скоро
исто колку и Гордана.Но, со мене има друг однос,за
разлика од односот со Госпожата.Тоа е веројатно
првенствено поради моето однесување,кое за жал често
е неозбилно и шеговито,а богами и малку иро- нично.Со
мене само бара некоја тема,или пример, со кој ќе може да
се шегува на моја сметка.Тоа е малку и карак- терна
особина,која го време се надевам ќе ја отфрли. Сес- тра
му Срна е друг карактер. Таа по умерена во скоро се.
Сите внуци се различни како по лик,но и по карактер.Тоа
е сосема нормално.И јас сум сосема различен од сестра
ми,и брат ми.И Сања е доста различна од Мартин,како и
Гордана со сестра и, и братот.
Најбитно е  тоа што сите внуци се здрави и интелиген-
тни.Секој ќе се развива според своите соништа и амби-
ции.

Скоро секој ден на тв каналот МТВ1 се прикажува емисија


за македонскиот јазик.Одлична емисија.Низ неа гледаме
и учиме правилно да зборуваме и пишуваме на
македонски јазик.Ги пратам и гледам,бидејки се многу
корисни приме- рите кои се обработуваат.Корисно како
во секој дневниот живот,но и за моето пишување
дневник.

Вчера не стигнав,не знам зашто да ги поминам со усиси-


вач спалната и работната соба,но и ходникот.

Сабајлево ме подсети Госпожата за тоа.Видовмне видов


станав,го одложив  лап топот и го вклучив усисивачот.Го
притиснав големото копче за вклучување но не прора-
боти.Ме изнервира малку,бидејки пред неколку дена исто
така откажа.Го отворив прекинувачот ,малку ги зачистив
контактите и го вклучив.Тогаш си проработе и работеше
неколку дена.Сега повторно откажа.
      

Повторно го отворив прекидачот и по квалитетно ги


исчи- стив контактите.Го момтирав и вклучив.Проработи
и сега работи повторно нормално.Прекидачот е
специјален и веројатно тешко се наоѓа резервен.Затоа се
договорив со Гордана вклучувањето и исклучувањето да
го правиме исклучиво преку утикачот,а не преку
прекинувачот кој веројатно повторно ќе откаже.Жалосно
би било да купу- ваме нова правосмукалка поради
прекинувач.

Попладне се одржа машкото финале на Грен слем турни-


рот Ролан Гарос во Париз.Финалисти: србинот Новак
Џокович и норвежанинот Каспер Руд.Со внимание го
пратевме мечот каде Џокович практично го сомеле мла-
диот талентиран и добар Руд.Со победата Новак по 23
пат освои гренслем турнир и стана нај трофеен тенисет
на сите времиња.
        

Каспер Руд играше солидно,посебно во првиот сет кој за


маклу ќе го освоеше.Потоа доминираше Новак и успеа да
го победи со резултет 3:0.

Околу 19 и 30 часот Сања ни испрати слики на месинџер


кои ги добила од газдарицата на апартманот во Берлин
каде че престојуваме.Во повеќе слики е објаснето како и
каде да ја земеме кутијата со клуч од апартманот.Не
очекувам да иаме било какви проблеми со земање на
клучот и сместување во апартманот.Сега и тоа е средено.

12.6.2023 г.  Понеделник,

Започнува нова седмица.Последен ден пред зами-


нување за Берлин.Сите работи кои ќе ги носам ги наре-
див вчера на креветот во работната соба.Денес само
последни проверки и уфрлување во голем извонреден
ранец кој ми го позајми Сања.Ќе патуваме само со ранец
и Гордана со средно голема торба која пред двеседмици
си ја купи преку Интернет.И двата одговараат на димензи-
ите кои ги дава авио компанијата Визеар за носење со
себе во авионот.
                

Ранецот од Сања кој воедно е торба со рачки е извонре-


ден и би требало без проблеми да ми собере се што сум
планирал да носам во Берлин.

Синојка доста касно дојде Мартин со Михаела.Тој треба-


ше да ни помогне заедно да купиме  билети за транспорт
со сите превозни јавни срества низ Берлин,за време на
престојот.Прво за мене преку мојот нов мобилен,со
малку проблеми.На помош го земав мојот лао топ ,,ХП‘‘ и
заедно со двата уреда успеавме да ги платиме со мојата
револ- винг картичка.Потоа лесно и брзо купивме билет и
за Гордана со нејзиниот мобилен.Тоа е битно за да имаме
ваучери со слика од ,,QR’’ код и на двата телефона,за
секој случај.Потоа ни покажа неколку брзи трикови и дета
ли за користење на програмот Гугл мапс кој е многу
битен за шетања и патувања.Тоа е извонредна помошна
алатка за транспорт и посета на разни знаменитоати и
едноставно патување со секакви превозни средства низ
сите градови во светот ,па и надвор од нив.

          

Овој генијален програм дава дури и моментална состојба


со гужва на било која автобуска или метро станица во
било кој град.Нуди голем број разни детални можности.
Моментално се користи скоро од секој млад човек низ
светот, кој поседува паметен мобилен телефон.Во Виена
за време на нашата последна посета пред околу 7 месеци
го користевме овој програм,но не комплетно,бидејки не
ги знаевме сите поединости и можности.Сега по објасну-
вањето на Мартин ќе можеме да го користиме скоро
комп- летно и без никакви проблеми.На крајот пред
заминување синот се обиде,без ќеиф да ни резервира
бесплатна посе- та на Рајхстагот во Берлин,но немаше
слободни места за јуни.Штета.Ќе се обидеме кога ќе
стигнеме на информаци- оните бироа,било на
аеродромот или во самиот Берлин.

Местејки го големиот кревет во спалната соба ми дојде


на ум мислата за принципи,критериуми и двојни аршини,
од- носно двојниот морал.Ако сакаме да бидеме 100%
чесни, мора да кажеме дека тоа се мислени именки кои
скоро никој во светот не ги практицира за себе и своите
најбли- ски.И најголемите светски државници,политичари
и бога- таши продаваат принципи и праведност за сите
луѓе,сем за своите најблиски и за себе секако.Скоро сите
луѓе,сем евнтуално некој калуѓери или будистички
свештеници имаат двојни аршини за некои нешта во
животот.Богатите и државниците го посматраат и
оценуваат светот и случу- вањата со еден нивни
диоптер,а обичниот народ,посебно сиромашните со
сосема друг. Американците,и нивните политичари,како и
европските државници ги гледаат и оценуваат сите
случувања и проблеми во светот од нивни аспект и
интерес.Сите државници,почнувајки од Путин,преку
Трамп,и Ердоган се енормно богати.Секој има богатство
од најмалку пола милијарда,а Путин дури и повеќе
милијарди.Тоа сметаат дека е нормално.

За разлика од нив скоро една милијарда,а можеби и


повеќе луѓе низ светот буквално гладуваат.Немаат често
ниту еден оброк дневно.
                

Богатите низ светот,еден најголем дел,глумат дека многу


помагаат на сиромашните,што не е точно.
Околу 9 и 30 часот гравчето кое го нбарача синојка Сања
беше готово.Испадна според мене стандардно одлично.
Доручкував од гравчето.Сабајлево морам да завршам
уште неколку работи неопходни за патувањето и престо-
јот во Берлин.
Времево е облачно,но се надевам дека нема да заврне до
пладне,бидејки сакам со задоволство да одам со точакот.

13.6.2023 г.  Вторник,


Денес попладне конечно заминуваме, летаме за Бер-
лин.Последни проверки и уфрлување на гардеробата и
се друго во мојот ранец и во патната торба на Гордана.
Нестрпливо чекам да полетаме,бидејки авијацијата е моја
интересна област,како и летањето со авиони.
      

Се што е во врска со авијацијата и пилотирањето


посебно ме интересира.
Некои луѓе уживаат да се фалат и да лажат за повеќе
битни нешта,бидејки во стварност немаат ниту сила ниту
способности да ги реализираат и завршат.Тоа посебно ми
е одвратно и од никогаш не ми се бендисувало.
Се чудам како сум можел да ги поднесувам некои такви
колеги и пријатели.Веројатно главна причина е тоа што
имаме малку пријатели,а вистински сосема малку.Во пос-
ледниве 15 тина години чесноста и лојалноста ми станаа
посебно битни и важани.
Некои пријатели,не знам зашто имаат комплекс на
помала вредност во однос на мене, како и во однос на
Гордана. 
Колега од Кончар кој во рекот на работниот век не беше
баш успешен,сега е максимално активен во Здружението
на перзионерите и се фали до небото за неговите функ-
ции и привилегии.Мене такви функции одсекогаш ми
биле одвратни и сум се обидувал да ги избегнам во текот
на работниот век.Како млад инженер ме форсираа дирек-
торите како надежен и амбициозен со доделување на
разни водечки функции како Председател на Работнички
совет,Член на Управен одбор и слични финкции.Не
можев да одбијам,но едвај чекав да ми заврши
финкцијата, биде јки ми беа терет.За разлика од мене
некои уживаат во такви функции,како и колегата.Понудив
пред некој ден да одиме на шкембе чорба,да го
честам,бидејки ми направи некоја услуга,а има мала
пензија.Одби со образложевие дека нема време,многу е
зафатен со состаноци во друже- нието на пензионерите.
         
Кога ќе има слободно време би одела,кажа тој.Тоа значе
ше дека сум на трето или четврто место во неговите
приоритети.За мене таков став  е неприфатлив од било
кој случај.Не прифаќам да бидам резерва на никого,а
најмалку на колегата од Кончар.
Чекав да ми се јави повторно и да му кажам индирекно
дека сум за него презафатен и дека немам сега,во овој
период слободно време.Се јави денес и ми понуди гратис
билети за театарска претстава во МНТ.
Веднаш го одбив со образложение дека сум презафатен
во овој период.
Наводно сум земал  голем проект од Европска унија кој е
многу добро платен,а мора да се заврши во рок.Му кажав
дека утре летам за Берлин на состаноци во врска со про-
ектот.Додадов дека ќе се видиме кога евентуално ќе
имам слободно време и кога малку ќе се ослободам од
огром- ниот проект.Морав вака да го оладам,бидејки нема
мерка во фалбите за функции со пензионерите,кои јас ни
во сон не би ги прифатил,па макар и да има солидни
срества. Немам пракса во фалење,и тоа не ми се
допаѓа,но во одн ос на него морав вака да постапам.
Синојка дојде Сања да ни даде последни информации и
упатства околу патувањето,и воедно да го чекира нашиот
лет од Скопје до Берлин.За жал сајтот на Визеар не рабо-
теше во тој момент.Пробавме покасно,повторно ништо.
Остана денес сабајле да не чекира,или во крајна линија
на аеродром на шалтер.
Таа е по верзирана од мене и во телефонијата и веднаш
ми објасни како да се вклучам на некоја мрежа во Берлин
и како да се вклучам на Роаминг.
Со нејзините инструкции не би требало да има проблем
околу вклучувањето во Берлин.
Ноќеска ми пратила порака да проверам на мојот меил
дали има нешто од Визеар околу неработењето на нив-
ната Интернет страница.Отворив меил и најдов известу-
вање во кое се објаснува можност од евентуални касне-
ња,па дури и откажување на некои летови поради престо-
јната воена вежба на НАТО силите во Европа.

        
Воената вежба ќе се одржи во Германија што  доста ги
комплицира сите летови во патничкиот сообраќај.Се
надевам на евентуално мало каснење на нашиот лет.
Околу 9 часпт Сања исшрати порака и слики од чекира-
њето за летот во Берлин.Пред тоа Гоедана не спакува и
двајцата,мојата гардероба во средно голем ранец,а нејзи-
ната во средно голема патна торба.Се наполнива комп-
лет.Веројатно ќе успееме да уфрлиме и сенвичи за по
пат.

14.6.2023 г. Среда,

Осамна стандардно берлинско утро.Патувањето со


авионот на Визеар беше нормално и без проблеми.
Синот не однесе со неговата голема кола до аеродром,а
потоа по чекирањето застанавме во ред ( кој не беше
воопшто мал) за Сигурносна контрола.Сум заборавил
дека не е дозволено да се носи дезодоранс спреј од сигу-
рносни причини,како и оштри предмети (ножеви). Веднаш
на ренгенската контрола го видоа дезодорансот и малото
ножче со повеќе додатоци.За ножчето го гледаа,се
мислеа, а потоа ми го вратија, бидејки е мало. Дезодо-
рансот го запленија.Можев,и требаша да си носам ,,део
стик‘‘ кое е дозволено.Не ми беше воопшто криво, бидеј-
ки е сосема ефтин.Без проблеми се транспортиравме до
станот каде престојувавме.Го најдовме кутивчето со
шифра и клучевите од станот и се сместивме.
   
Сабајле,веднаш по доручекот тргнавме за разгледување 
кон центарот ( Александар плац) со транвај број М2.
Според планот кој го предложи ,,Госпожата‘‘ се префр-
ливме со ,,У бан‘‘ ( подземна железница) до Рајхстагот       
(Парламентот).Тоа е извонредно здание.Целото е обно-
вено по втората светска војна,бидејки било комплетно
разрушено со бомбардирањето на Берлин,кое било неми-
лосрдно и тотално. Постои опција за бесплатно разгледу-
вање со регистрација преку Интернет.Уште од Скопје се
обидовме со Мартин да се регистрираме,но ни јавуваше
дека се е полно до јули.Сепак не се откажавме и се обдо-
вме да се регистрираме на лице место.Успеавме и доби-
вме гратис влчезници за посета од 20 часот.Самајлето го
разгледвма само од надвор и направивме неколку фотки
пред парламентот.
Потоа пеш се упативме кон Бранденбурската порта која
се  наоѓа доста доста блиску.
    

Ова велелепно здание е најголем и најпознат симбол на


Берлин. Бранденбурската порта е посебно значајна од
повеќе причини.Таа е симбол на обединувањето на Гер-
манија во 1989 година.
Изградена уште во времето на Францускиот владател
Наполеон,капијата преставува симболичен влез во Бер-
лин,кон булеварот ,,Под липите‘‘.Секогаш,секојдневно е
преполна со туристи,кои не пропуштаат да го посетат ова
велелепно здание,симбол на Берлин.И ние се разбира го
разгледавме од сите страни,и нормално се испосликавме
пред портата.
Вечерта веднаш по попладневнотот одмарање,повторно
со транвај и подземна железница кон Парланетот ( Рајхс-
тагот).Веднаш влеговме и се упативме кон тркалезната
голема стаклена кула.
    

Неверојатно архитектонско решение,а воедно посебно


атрактивно.Воодушевува со сите свои детали и
решенија. 
Во средината на кулата има дел кој е превртена повече
страна пирамида.Целата е обвиткана со огледала кои
дават посебен сјај на светлината која се одбива од сите
делови на пирамидата.Нормално се сликавме за спомен
во разни комбинации.Секој сам посебно,но и заедно.Во
стаклената кула,од внатрешната стра има пешачка стаза
која спирално се качува кон врвот,и повторно се спушта
назад на приземниот  почетен дел.Се качувавме по стаза-
та скоро до врвот,од каде има прекрасен поглед на гра-
дот.Воодушевени го посматравме овој величествен град
низ стаклените големи површини со кои е обвиткана
овалната купола.
15.6.2023 г. Четврток,

По вчерашниот потполно исполнет ден,дојде и


ново- то утро во Берлин.Солидно време.Малку облачно.
Извон- редно за шетање и разгледување.По доручекот
додека патувавме повторно со транвај М2 кон центарот
нарави- вме план за објектите кои би ги посетиле
утрото.Решивме прво да започнеме со познатата
берлинска точка од вре- мето на студената војна
наречена ,,Чек поинт Чарли‘‘.
     

Германија како губитник во втората светска војна била


поделена од сојузничките најголеми земји САД,Англија,
СССР и Франција.Скоро половина од целата површина на
Германија го окупирал Советскиот сојуз,а останатиот
дел,оклу 60% другите сојузнички армии.
Берлин,кој се наогал во делот на СССР бил исто така
поделен скоро на половина.Левиот дел го држеле сојуз-
ницие САД,Велика Британија и Франција, а десниот Сове-
тите. Бидејки голем дел од граѓаните на Берлин се
префр- лувале на западниот ( лев) дел,каде биле
стационирани сојузничките армии,за да се спречи тоа,во
1960 година подигнат е берлинскиот зид ( висок 3 метри)
кој го делел западниот од источниот дел.Должината на
ѕидот биле оклу 144 километри,бидејки го опкружувала
целиот дл од Брлин кој физички се наоѓал во источниот
дел. Преоѓа- њето од едниот во другиот дел кое било
дозволено само со специјално дозволи се контролирало
на местот кое е наречено ,,Чек поинт Чарли‘‘.На тој
прелаз биле проверу- вани сите кои имале дозволи за
преминување.Еднаш од страна на војузничките војници,а
потоа и од Советските и Источно Германските војници.
По разгледување на ова место продолживме кон локаци-
јата наречена ,,Топографија на теророт‘‘.

      

Доста блиску до претходната и интерена локација.


На тоа место се наоѓале просториите на ГЕСТАПО ( Тајна
државна полиција). 
Таму ги мачеле и тероризирале сите затвореници кои се
противеле на тиранијата на нацистите во време на втора-
та светска војна,но и пред тоа.
Во текот на овие два дена од престојот,повеќе пати се
подсетував на моите претходни престои во Германија,
било на специјализациите,или посетите на Хановерскиот
Индустриски саем,како и саенот за ел.апарати во Келн.
Возејки се со транваи,кои се извонредно средени,точни,
чисти и ефикасни ми доаѓаа на ум повеќе градови од
Германија во кои сум бил во минатото.
        

Како и во секој претходен престој,така и сега се воодуше-


вувам на германската точност,чистота,прецизност и
скоро се останато.Веднаш на памет ми паѓа нашта
аљкавост, по- вршност,некултура и недоследност за се и
сешто.
Се прашувам дали можеби ќе беше по мудро и попаметно
да заминевме пред 30-40 години во Германија.Одговорот
повторно е дека никој пат ништо не се знае.Како би било
кога би било.Во животот никој и никгаш не може да знае
што би било кога би било и каде би било.Сите луѓе меч-
таат за среќа и убав живот.Но за жал,среќата е тешко 
дос- тапна.Тоа е внатрешно чуство на секој од нас било
каде да се наоѓаме и во било кој момент.
16.6.2023 г. Петок,

Нормално,по четврток доаѓа петок.Било да сум


во Скопје или Берлин.Сабајлето времето беше доста
обла чно и наговестуваше дожд,според облаците.И
покрај тоа веднаш по доручекот тргнавме во
понатамошно разгледу- вање на знаменитостите на
Берлин.Си понесов чадор на склопување кој го ставив во
ранчето кое го носев секој ден со нас.Тргнавме како и
претходните денови со тран- вај кон станицата која е
најголема крастосница Алекса- ндар плац.Одејки кон
транвајската станица Мариенбург, од која тргнувавме и
во која се враќавме заврна дожд. За среќа го носев
чадорот.За околу 3-4 минути стигнавме до
станицата.Набргу стигна и транвајхот број М2 со кој секој
ден се возиме до центарот и назад.Со транвај,а потоа
со ,,С бан‘‘ ( градска железница) отидовме до Катедралата
на Берлин.Врнеше дожд,но ние веднаш купивме
влезници и влеговме внатре.
              
Катедралата е феноменална,како од надвор,но исто така
и внатре.Типична католичка катедрала.Внатрешниот дел
е величествен.Големите оргуљи исто така.Впечатокот
беше одличен.Кога завршивме излеговме надвор,каде
сеуште врнеше дожд.
Катедралата се наоѓа покрај реката Шпрее.Наспроти неа
на брегот видовме низок мал брод со проѕирен покрив
кој служи за туристичкии разгледувања. 
       

Поради дождот немаше гужва.Се распрашав околу турата


и цената.Добивме попуст поради лошото време и тргна-
вме во разгледување на Берлин од вода.Водичот во бро-
дот детално ни објаснуваше за сите објекти и зданија на
кои наидувавма.По кратко време дождот престана и еки-
пажот го отвори проѕирниот покрив од плексиглас.
Разгледувањето на сите објекти на кои наидуваме беше
одлично и впечатливо.Бродот направи кружна тура која
траеше еден час.Заврши,а претходно и дождот престана.
17.6.2023 г.  Сабота,

Деновите брзо поминуваат,посебно кога се броени.


Истпто се случува и со деновите во Берлин.Според пла-
нот на Гордана денес треба да го посетиме соседниот
град Посдам.Сообраќајот во Берлин,како транваите,
авто- бусите и железницата се одлично организирани.
      

Го посматрам како се одвива,како превозот,но и автомо-


билскиот сообраќај.Се е мормално и според нивните
прописи.Никој не лудува низ улиците на Берлин,ниту
вози цик как,слалом,како во Скопје.Разлика со сообра-
ќајот во мојов град е неспоредлива.Како и се друго,така и
сообраќајот функционира одлично.Секој учесник се одне-
сува дисциплинирано и го почитува прописите иправила-
та на однесување.Спротивно на ова кај нас,како и за се
останато, сообраќајот е тотален хаос.Скоро никој не
почи- тува никакви прописи.Сообраќајната култура е
никаква. Кога ја возам нашата кола низ Скопје морам
посебно да внимавам,бидејки скоро сите други воопшто
не внима- ваат на прописите,ниту на другите возачи и
возила. По стогнување главната железничка станица се
качивме на градскиот воз кој не одвезе до соседниот
град Посдам.Тој е одалечен само 24 километри од
Берлин.Од станицата во Посдам со транвај се
префрливме до замокот СанСуси кој е најголена и главна
атракција во овој град.

           

Покрај замокот Сансуси кој бил летна резиденција на кра-


лот Фридрих комплексот има повеќе содржини кои се инт
ересни за разгледување.Извадивме билети за комплетно
разгледување кое трае 4 часа,бидејки беше малку поска-
по од цената само за замокот.Го разгледавме детално
целиот објект со сите свои одаи кои беа исполнети со
слики од фамилијата на кралот,но и со други слики како и
намештај од тоа време.Разгледувајки повремено седну-
вав на некои слободни столици во повеќето од одаите е
седејки ги гледав одаите.На влезот добивме аудио водич
на мобилни телефони кои ни ги објануваа сите детали
околу содржината и намената на секоја просторија.
 Палатата е величествена.Не воодушеви,иако слични
палати гледавме и во Виена пред 9 месеци.Кога заврши-
вме се одморивме малку на клупа пред палатата,а потоа
отидовме на разгледување во галеријата на уметничките
слики од познати европски сликари на 19 и 20 тиот век.

       

Во галеријата беа изложени слики од Рембранд,Ван Дајк,


Караваџи и многу други.Едниот сосема долг ѕид од голе-
мата и долга галерија беше буквално покрие со ститици
огромни,средни,но и релативно помали слики.И во оваа
галерија добивме аудио водич на мобилни телефони кои
детално ни објаснуваа за сликите скоро на сите сликари.
Оваа галерија,односно сликите посебно не воодушевија.
Сакавме да го видиме и филмското студио како и мостот
на шпијуните,но веќе бевме доста уморни и затоа по гале-
ријата заминавме повторно со истите превозни средства
дома.
18.6.2023 г.  Недела,

Последен ден од престојот во Берлин.Вечер во 21 и


45 минути летаме,се разбира повторно со Визеар за наше
то Скопје.

     
19.6.2023 г. Понеделник,

Нова седмица започнуваме дома во Скопје. Сабај-


лево не разбуди сонцето кое силно светеше низ непокри-
ениот дел од врата во спалната соба.Синојка полетавме
од Берлин во 21 и 55 минути по извонредно ведро и мир-
но време.Малку каснеше полетувањето,веројатно поради
густиот авио сообраќај над небото во Берлин,но и на
самиот аеродром.

    

Во авионот имавме седишта во два последователни реда


Седиштата се доделуваат по ред,а не по наша желба.За
да бидеме сигурно еден до друг треба да се доплати.
Летот беше сосема рутински,а слетувањето доста слабо.
За време на летот се подсетував на скоро сите потези и
процедури кои ги изведуваа капетанот и копилотот.
Сања не чекаше на излезот од аеродромот и не префрли
до дома.
По пат и раскажувавме како си поминавме и потенцира-
вме дека видовме повеќе од тоа што очекувавме,а издр-
жавме повеќе од тоа што мислевме дека може ме.
Стигнавме конечно дома.
Набрзина каснавме од извонредната ПРОЈА со сирење и
маслинки која ја донесе черката,како и француската сала
та.Околу 01 часот бевме во кревет,а заспавме за две
мину ти,бидејки сепак бевме уморни од долгиот ден со
патува- ње од Берлин до Скопје.
Додека заспивав низ мислите ми се редеа повеке слики
од моментите во Берлин.Животот се состои од сеќавања
на некои убави и впечатливи моменти,но и по некој неп-
ријатен,за жал.
За среќа,во мојот живот скоро сите моменти на кои посе-
бно се сеќавам се убави и среќни.Неколу неубави се тру-
дам да ги заборавам.
Враќајки се дома со точакот,по патот,на плочмиците
наидував на оставени тротинети со зелена боја.Тоа се
тротинети кои се изнајмуваат со апликацијата за мобилни
телефони со име ВИН ВИН.Како и во сите светски метро-
поли,така и во Скопје од пред неколку месеци може да се
изнајми тротинет било од повеќе места наменети за
изнај- мување,или било каде низ градот.Интересно е што
овие тротинети по завршеното возење не треба да се
враќаат на места од каде можат да се изнајмат туку се
оставаат било каде.Потоа ако никој не ги изнајми,по
извесно време од фирмата ВИН ВИН ги подигаат
тротинетите кои остана- ле на некое место доста
долго,без никој да ги користи. Изнајмувањето е преку
мобилен телефон,како и плаќање- то,но со кредитна
картичка.
Додека се враќавме пешки од обелискот на боѓињата на
победата Викторија наидовме на повеќе места на оста-
вени тротинети.Сакавме да изнајмиме два и за неколку
минути да се префрлиме до Бранденбурската порта,но се
предомисливме бидејки никогаш не сме пробале да
изнај- миме.Не бевме сигурни што и како треба да се
исклучи изнајмувањето по пристигнувањето на
дестинацијата.
          
              

Одлучив да ја наушам апликацијата за изнајмување тро-


тинет,но во Скопје.Ја ,,симнав‘‘ апликацијата ВИН ВИН и
сега некој ден ќе изнајмам еден тротинет на 3-5 минути за
да ја испробам.Во Скопје цената за изнајмување не е баш
ниска.Секоја минута се плаќа 9 денари.Доаѓа нешто малку
поефтино од такси,но има доста предности,како и
недостатоци.преднос е што таксистите најчесто бараат да
се плати во готово,а не со картичка.Во било кое време на
ноќта, за кратки релации многу ретко може да се добие
такси,бидејки не им се исплати.Но таксито има предности
што може да се возат некојку лица со багаж,што на троти-
нет не може.

20.6.2023 г.  Вторник,

       Втор ден од враќањето дома,по шетањето во


Берлин. Сончево и топло утро.Синојка ја земав внуката
/михаела од кај Сања,бидејки беше на гости кај нив со
спиење. Синот, снаата и Дарон се во Грција на кратко
летување на островот Тасос.Затоа Михаела беше на
гости, а синојка и вечер ќе биде кај нас на гости.Таа утре
лета за Доха во Катар,каде ќе учествува на
интернационално натпрева- рување во говорништво и во
уште неколку дисциплини.

               
Михаела е натпросечно интелигентна,а зборувањето и
дебатирањето исто така одлично и оди.
Малку е расеана понекогаш.Често сањари.Таа е ,,дример‘‘
што би рекол познатиот Џон Ленон во светски познатата
песна Дример.
Воопшто не е срамежлива и многу комуникативна што е
одлично.
Од секое летување или патување обавезно  купуваме под
ароци на внуците.Овој пат воопшто не најдовме ,,Гифт‘‘
продавници,па оставивме од Скопје да купам за секого
по една голема чоколада.Сабајле купив некои работи за
јадење,уфрлив 10.000 денари на револвинг картицата и
купив 150 долари во мали банкноти за Михаела,по нара-
чка на Мартин.Потоа од ВЕРО купив 4 млечни чоколади
кои беа на акција и денес и утре ќе им ги врачиме.
Повеќе пати сум размислувал околу структурата, образо- 
ванието,културата и интелигенцијата на нашите граѓани
во Скопје и во цела Македонија.За жал резултатот секој
пат е лош.Нашиов народ е генерално слабо образуван,
исто слабо културен,и добар дел глуп.Лесно се манипу-
лира и лаже.Сите политиканти било од СДСМ,ВМРО,ДУИ
и малите партии го сватиле тој факт и вешто без срам го
лажат народот и му кажуваат тоа што  сака да го слушне.
Ме радува што мислам дека спаѓам во групата од околу 5
до 8 % граѓани кои не веруваат буквално ништо на тоа
што политикантите зборуваат и го лажат народот.За жал
во нашава мала државичка,ако воопшто сме држава, мно-
гу мал е процентот на умниот и имудар народ.Колку по
глупи граѓани толку по лесно се манипулираат и мамат.
Жалосно е што секој глуп човек не е свесн дека е глуп и
дека не е во право за скоро сите постапки.

21.6.2023 г. Среда,
Животот полека се врати во нормала и секојдневие.
Температурите низ цела Македонија секој ден се се пови-
соки.Скопје после Гевѓелија и Демир капија е трет најто-
пол град во земјава.Веќе температирите ја поминаа гра-
ницата од 30 степени.Планирам секој ден да го возам мој
от голем љубимец велосипедот,но во раните утрински
часови,бидејки околу пладне и попладне е многу топло.

                     

Возењето точак ми причинува големо задоволство. Возе-


јки се се чуствувам најмалку 25-30 години помлад. Покрај
тоа брзо и ефикасно се стигнува до секоја точка во
градот Здрава фискултура и активност,за секого,а
посебно за мене,поради слабата циркулација на
нозете,но и рацете.
Кога би било горивото за автомобилите бесплатно,и тог-
аш би го возел точакот наместо Фокусот.Со возењето
покрај движењата на нозете и рацете,мора да се држи
равнотежа,што значи мора мозокот да е вклучен
максома- лно,како и концентрацијата.Зе надевам дека ќе
поживеам барем уште 4-5 години,но најбитно ми е да
можам и пона- таму скоро до самиот крај да го возам
мојот љубимец. Свесен сум за моите успорени реакции и
успорена равно- тежа,но сепак ќе продолжам да го возам
точакот малку поспоро и по внимателно.
Ноќеска слабо спиев.Често се будев,бидејки имав нека-
кви мали грчеви во стомакот и многу чести гасови.Имам
тврда столица,па веднаш штом станав ставив суви сливи
да се варат за компот од сливи.Потоа обавезното утрин-
ско кафенце со ладна вода во која исцедувам пола лимон
и јадам половина банана.
Сабајле ги завршив сите обврски и задачи кои ми ги даде
Сања.Ги подигнав билетите за операта Ана Каренина која
трба да ја гледаме задутре.На благајничката Тања и одне-
сов една голема чоколада како мало внумание за љубез-
носта и одличните билети кои ги добиваме.Имам уште
една која ќе ја врачам на другата благајничка Александра.
Брзав да се вратан дома што поскоро,бидејки веќе беше
доста топло.По пат се трудев да возам под сенки,каде
што беше можно.
Секој ден се воодушевувам на програмот за вешта-
чка интелигенција GPT кој го имсталирав на лап топот
ХП.И Госпожата изрази желба за овој програм,но за
мобилни телефони.
Побарав на Плеј Сторе но не го најдов.Наместо него има
повеќе други слични програми со вештачка интелиген-
ција.Се одлучив за програмот АСК АЛ и го инсталирав на
мојот мобилен телефон.
       

За жал оваа апликација која не е лоша,овозможува само


три прашања бесшплатно,а потоа треба да се направи
регистрација и плати одреден износ.
Но и на секое огарничување има некоја ,,цака‘‘ со која се
избегува плаќањето.Се сетив на финтата да ја деинста-
лирам апликацијата,по третото прашање,а потоа повто-
рно да ја инсталирам.Пробав,функционира,и потоа
повто- рно може да се постават три нови прашања
бесплатно.
Сега имам програм со вештачка интелигенција и за моби-
лен телефон.Со малку ,,фискултура‘‘ од 2-3 минути мак-
симум добивам програм кој е гратис за мобилен
телефон. 

22.6.2023 г. Четврток,

Седмицата си продолжува нормално и рутински.


Времето е ведро,сончево  и топло.Ноќеска солидно
спиев Не станав ниту еднаш во текот на ноќта,што е изво
нре- дно за мојава возраст. Затоа пак сабајле станав
многу рано,во 5 часот. Се средив како и секое утро и
веднаш на лап топ,се разбира со утринското кафенце.
Кога се разбу- див,малку пред да станам,повторно,по
којзнае кој пат во последниве неколку години ми дојде на
ум скоро целиот мој живот.Повторно рекапитулација од
младоста наваму,и повторно истиот заклучок.Задоволен
од поминатиот живот,кој веќе 52 години го поминувам со
мојата едина љубов Гордана.Според мене,многу се ретки
луѓето кои имале голема среќа да ја сретнат встинската и
потоа со неа да го поминат целиот живот.Заеднички да
оформат фамилија.Да ги израснат децата и постават на
вистин- скиот пат,да добијат 5 внуци кои полека го
фаќаат и тие вистинскиот пат во животот.Заклучок:
Животот го поми- нав убаво,не е залудно потрошен,како
што го поминуваат добар дел од луѓето.
Размислувам каде,и кога  да одиме на првиот дел од
летово.Сега 7 дена, и на крај на август исто 7 дена.На
крајов на нашиот животен ,,филм‘‘ не сакам да прескок-
неме ниту едно лето.И двајцата сме големи љубители на
бањање и пливкање,посебно во топла вода.Внуките Леа
и Михаела сеуште сакат да летуваат со нас,но и внукот
Дарон.
  

Грција                                         Охрид

Веројатно ќе се одлучиме за Грција во почетокот на


јули,а потоа Охрид по 20 ти август.Така највеќе одговара
за лету вање со внуците.Во Грција со внуките,а во Охрид
со вну- кот Дарон.Тоа е мојата идеа,но дали така ќе
биде,ќе види- ме.
Околу пладне се јавив во две туристички агенции и од
двете исти одговор: Нема слободни апартмани на Халки-
дики и Јонско море за месец јули и август.Ќе се обидувам
и понатаму,но морам да се обидам и на Албанското крај-
брежје.Денес решивме да ручаме нешто без месо.Се одлу
чив за леќа и ја спремив околу пладне.Останува да прип- 
ремам салата,зелка со краставица која е одлична за апе-
ритив УЗО со многу мраз.
23.6.2023 г.  Петок,

Полека завршува и оваа летна работна


седмица. Времето е ведро и топло.Ноќеска солидно
спиев.Не ста- нав ниту еднаш во тек на ноќта.Но сабајле
станав многу рано,некаде околу 5 часот.Синојка
отидовме до куќата на Мартин и го замавме оставениот
клуч.Проверивме се и потоа отидовме до трговскиот
центар ,,Сити Мол‘‘.Сакам да си купам летни
кондури,бидејки тие што ги имам не се одавно нови.Ги
купив пред околу 13-14 години.Ретко ги носам.Само
неколку пати во текот на секое лето.Во овој луксузен
центар има и неколку добри продавници за машки
чевли,но чевлите се изгор скапи.

        

Не сакам да купам скапи бидејки обично преку лето во


последните години само 5-6 пати облекувам чевли.Со ста
реењето станувам се по рационален и по внимателен што
сакам и што би требало да купувам.Можам да си приуш-
там и скапи летни чевли,но чуму.Сега на 76 години да
брк- ам мода не ми паѓа на памет.
Тоа би го направил еден бивши пријател од ,,Р.К.‘‘ кој ја
фарбаше косата пред пар години и кој ги депилира
рацете а веројатно и нозате.Толку забеган мислам дека
не сум.На нашава возраст треба да внимаваме како се
однесуваме, како се облекуваме,па и како се
уредуваме.Би требало да внимаваме да не ги
посрамотиме сопругите, децата и вну- ците.Се
трудам,колку што можам,да се гордеат на мене барем
малку,ако веќе не можат многу.Би сакал са се сеќа- ваат
на мене по добри нешта одкога ќе заминам на вечни- те
ловишта.
За денешниот ручек предложив свинско печење со ком-
пирчиња.Тоа е мое омилено јадење.

        

Највеќе  сакам веднаш по печењето,додека е сеуште


топло, да чепкам околу месото и да ѓи наоѓам најмеките
делови.Потоа макање од софтот со лебче и лапање од
мекото топло свинско месо.Невидено задоволство.
Ручекот нормално ќе биде и со шопска салата и ладно
пивце за мене,а црвено вино ВРАНЕЦ за Госпоѓата.
И јас радо би пиел црвено вино,но не смеам поради опа-
сност од Гихт.На крај овој Гала ручек планирам да го
завршиме со една до две топки сладолед и некои свежи
резенки овоштија во него.
Покрај ова феноменално јадење,барем за мене,има и не-
колку други кои ги обожавам.На пример печено пиле,
сарма со кисела зелка,тава ориз со копани,пица и други.
Во последниве неколку години примерувам дека
луѓето кои ги познавам,па и роднините не ме есапат баш
така како порано,да реча до 50-65 годишна возраст.Се пра
шав зашто.Веројатно една од причините е што веќе не
сум интересен за повеќето од нив.Друга причина вероја-
тно е што повеќе не можам и не сакам да правам некаква
политика спрема никого,сем кон внуците.Луѓето сакаат да
ги фалат и да им се диват,па макар и привидно.Тоа веќе
не можам и не сакам да го правам.Трета причина можеби
е користа.Сега на оваа возраст немаат скоро никаква кор
ист од мене,и затоа веројатно не сум им интересен.Тоа е
тоа.Ме радува што станав потполно свесен за овие
факти, и воопшто не ми е гајле за повеќето роднини и
пријатели кои го промениле односот спрема мене.Скоро
сите луѓе првенствено гледаат дали би имале некоја
корист од љуб  зен и културен однос или не.Таквите
пријатели,па и род- нини не ги бендисувам и се трудам да
ги избегнувам,ако можам.Се подсетив на феноменалната
мудра мисла околу пријателството,која гласи:

НАЈДОБРИОТ ПРИЈАТЕЛ ТЕШКО СЕ НАОЃА,ТЕШКО СЕ


ОСТАВА,И НЕВОЗМОЖНО Е ДА СЕ ЗАБОРАВИ.

Синојка се јави внукот Филип од Магдебург.Разговаравме


за нашето патување во Берлин и ме подсети дека забора-
вивме да си купиме некој сувенир што секој пат го прави-
ме.Овој пат и двајцата заборавивме на овој детал. Купи-
вме само три мали слики со магнетчиња за на фрижидер.
По едно за Сања и Мартин,и едно за нас.Тој привршува
со предавањата од четврти семестар и веднаш потоа ќе
запо чне со полагањето на испитите од овој семестар.По
крат- киот разговор со мене,побара да зборува и со
Гордана. Разговараа доста долго за разни нешта.Филип
по карак- тер,барем на оваа негова возраст се труди од
петни жили секогаш да биде во право,за се и сешто,што
практично е невозможно.Веројатно со годините,како ќе
созрева ќе свати дека не може секој пат тој да биде за се
во право.И јас на неговата возраст сум бил сличен.Сум
мислел дека јас сум во право со сите мои резони и
меслења,а потоа како созревав сватив дека сепак тоа не
е возможно.
Денес е уште по топло ов вчера.Брзав да отидам до ,,Зел-
ен Пазар‘‘ и да набавам овоштие и зеленчук за денес и
утре.Со голем ќеиф отидов со точакот до
пазар,изнакупив се според списокот и веданаш назад
дома,бидејки веќе беше 10 часот,а сонцето јако
печеше.Стигнав дома испо- тен и малку уморен,највеќе
поради вруќината.
Вечер ќе го проследиме балетот ,,Ана Каренина‘‘ во
Македонската Опера и Балет.
Со ова дело завршува оваа половина од годинешната
сезона.
 
      

По годишните одмори, во септември ќе продолжиме со


счедење и  уживање на новите претстави во МОБ, Филха-
рмонија ,МНТ и Драмскиот театар.Преку ова жешко лето
ќе ги пратиме преставите на манифестацијата Скопско
лето.
Околу 19 и 25 отидовме во МНТ.Стигнавме доста
порано,и седнавме на клупа блиску до влезот.Малку
одмаравме поради големата вруќина,а потоа влеговме во
салата. Внатре пријатно ладничко.Климатизацијата
одлично си ја играше својата улога.
Балетот беше извонреден.Кореографијата поставена
според познатото безвременско дело на Толстој Ана
Каренина,а музиката избор од делата на Чајковски.
Уживавме во комплетниот перформанс.Балетскиот
ансамбал одличен,како и костимографијата.Прима
балерината Мими поп Алексова ја толкуваше Ана
Каренина.Танцуваше феноменално,како и нејзините
партнери.
Кореографот Лео Мујич ( Хрватска) извонредно ги прет-
ставил ликовита на Ана Каренина,Грофот Вронски и
сопругот Каренин.Прељубата,љубомората,омразата и
трагедијата многу силовито се преставени со танцовата
игра на балетаните и балерините.Музиката е одлично
избрана за дејствието на балетот.
Генерално,извонреден балет.Се надевам од септември ќе
гледаме исто така одлични балети и опери во оваа куќа
на уметноста и културата.

24.6.2023 г. Сабота,

Започна и овој викенд.За среќа скоро две семици


веќе не станувам преку ноќ,што е извонредно за мојава
возраст.Утрово е слично како и вчера и преквчера. Сон-
чево и прилично топло,уште од рано сабајле. Како и секој
ден,фала му на господ,веднаш по станувањето со кафен-
це седнувам да откуцам нешто во дневников.
Околу 8 часот брзо отидов со точакот до Супер Маркетот
КАМ и купив некои неопходни намирници за јадење и
веднаш се врастив дома.И денес е многу топло.ЗАтоа се
прибрав дома нешто по 9 часот и немам намера да изле-
гувам до вечер.Во последниве 10 тина години вруќиниве
во Скопје преку лето воопшто не ги поднесувам.
За среќа климатизерите помагаат да се оладиме преку
ден и во ова скопско изгор лето.
          

Скопје има лоша клима во летните месеци,посебно во


јули и август.Преку ден е неормално топло,но и ноќите се
доста топли,што е исто така лошо.Тешко се спие кога е
многу топло.Но,тоа е тоа.Ќе помине,како и секоја година.
Ќе мораме да издржиме во јули и август,а во септември
ќе се разладува полека.
Сабајле пред излегување пробав повторно да преф-
рлувам фајлови од еден мој акаунт на друг,или на акау-
нтот на Гордана.Успеав по крако време и префрлив две
книфи во пдф формат на акаунтот на Гордана.Посевно
ме радува што секој ден се повеќе успевам сам да решам
некој проблем во врска со компјутерите и мобилните
телефони.Синојка успеав да ги префрлам сите слики од
нашиот престој во Берлин од мојот мобилен телефон
преку УСБ прво на компјутер,а потоа на ХДД.
Полека напредувам се повеќе во информатичката техно-
логија и вештините во работењето и користењето на сите
апарати ( Гаџет) од оваа технологија.
        

На претражувачот Гугл има скоро се и во врска со инфор-


матичките вештини,но сепак треба да се знае како да се
користи со или без превод.
Повеќе пати помислувам дали познавам некој од мојата
генерација,или околу таа возраст кој знае повеќе за ком-
пјутерите и користењето на истите од мене.досега не
можам да се сетам ниту на еден,што посебно ме радува.
Нормално младите информатички инженери знаат многу
повеќе од мене,но тие се образувале во таа област,а пок-
рај тоа се прилично помлади.Синот и зетот знаат доста
пповеќе од мене,но тие се информатичари.
Моментално е околу пладне.Гледам,фрлам по некој пог-
лед на теелевизорот во спалната соба,каде седам со лап
топот пред себе и со мобилниот телефон пред себе.Што
да се прави,технологијата не зареази комплетно.

Едина предност од овоаа напаст е што на нас пензионе-


рите кои умееме со овие Гаџети воопшто нема шанси да 
ни е досадно.Занимација имаме на повеќе начини.Било
со моилниот телефон,или со прбарување на компјутерот,
или со гледање на нешто интересантно во некој момент.
Во минатото,но и сега вопмалите градови,и во некои
населби во Скопје, пензионерите висат во кафеаните или
во обложувалниците.Муабетат празни муабети,спомени и
критики на власта.Пиват пиво,ракија или нешто друго и
се лажат дека добро ги поминуваат пензионерските дено-
ви и години.Од мој аспект жалосно бесцелно трачење
време,кое во пензионерските денови е изузетно битно,
бидејки останало сосема малку.Но,за жал повеќето од
пензионерите мислат сосема спротивно.Не сакаат даушат
повеќе,а дали воопшто сакале низ животот е исто така
битно прашање.Што е по проста личноста,толку заблуда-
та  во своето знаење и мислење е по голема.
Мудрите луѓе змаат дека ништо не знаат,иако знаат многу
повеќе од глупавите кои мислат дека се знаат.Малку е
чудно што на сите медиуми се труби за сиромаштијата и
нискиот стандард на македонскиоте граѓани,а од друга
страна гледаме огромни колони на гараничниот премин
за влез во Грција.Апсурди,кои можам да си ги објаснам
само со фактот: Граѓаните,посебно младите,приоритет
им е солиден годишен одмор,забава и уживање.За
останатото ќе мислат покасно.Спремни се да плаќаат
големи  камати за земените кредити за годишен одмор.
Тоа е тоа.И ние кога бевме млади слично размислувавме
и слично се однесувавме,па сепак направивме солидни
животи и успеси низ животот.
25.6.2023 г.  Недела,

Како и секој пат,и оваа седмица завршува со


вториот ден од викендов.Денес планирам да јадеме риба.
       

Најчесто тоа е пастрмка испечена без зејтин во рерна и


печени компири.Сите пастрмки кои ги консумираме имаат
скоро ист вкус.Товени се во базени најчесто по течение
на реката Вардар кај местото Вруток.Во последно време
купувам морски риби од Тинекс ,,Зебра‘‘ како сортата Цип
ура или некои слични.По скапи се од пастрмките,но и по-
вкусни.
Знаеме дека треба да се јаде риба барем два пати недел-
но. За жал немаме голема навика за тоа.Ние сме контине-
нталци.Не сме далматинци,или Грци,Шпанци или Итали-
јани.
Пред два дена  во емисијата Анализа на тв каналот 24
вести гостуваше новинарот Љубомир Гајдов.
Како и во сите гостувања на разни тв канали и во ова
гостување многу дирекно,без влакна на јазикот одгова-
раше на сите прашања од водителката.За сите политички
проблеми и состојби во Македонија имаше вистински и
веродостојни објаснувања.
Гајдов е одличен новинар со големи познавања на меѓу-
народната политика,но и домашната.Со задоволство го
слушам,бидејки има што да каже.Не е член на ниту една
политичка партија и затоа може да зборува што сака и
како мисли.

             

Во нашава мала земјичка има доста умни и мудри лично-


сти,но тие за жал не сакаат и не можат да се вклучат во
политиката и политичките партии.Познато е дека полити-
ката е најрасипаната работа,и затоа скоро секој чесен и
паметен се оградува од политиката.Кај нас буквално сите
политичари се расипани и нечесни.Кога би биле чесни,не
би се бавеле со политика.
Денес имаме мирно и делумно сончево утро.
Небото е прошарано со проѕирни облаци,кои делумно ги
пропуштаат неговите зраци.Тихо е.Недела е. Скопјаните, 
и дојденците скоро сите сеуште спијат.Повремено поми-
нува некој автомобил.Планирам да откуцам некоја рече-
ница,а потоа рано,рано, со љубимецот до пазар.На вра-
ќање треба да купам и некоја риба за ручек.
Ноќеска сонував непријатен сон.Треба да патувам со
воз за Германија на Саем.Инан само 35-40 минути до поа-
ѓањето,а сеуште сум во центарот на Скопје.Треба шофер-
от од Р.К. А ме однесе до фабриката за да си ја земам
патната торба,а потоа до железничката станица. Низ
градот голема гужва во сообраќајот.Времето тече,а јас
полека го губам времето до поаѓање на возот.

             

Додека се возиме кон ,,Раде Кончар‘‘ доаѓа времето на


поаѓање.Никако не можам да стигнам на тој воз за кој
имам повратен билет.Нервозен сум и разочаран.Како
можев да си дозволам да ми побегне возот за Германија.
Во тој момент се разбудив.Вакви непријатни соништа сум
сонувал неколку пати во последниве 5-6 години,одкако
се пензионирав.
Во целиот мој живот никогаш не сум закаснил ниту на
воз,ниту автобус,ниту на авион.
Затоа во сонот се нервирав и не можев да сватам како се
случило да не го пресметам потребното време за
доаѓање на железничката станица со добра резерва.
Можеби сонот е само подсвесно размислување дека ско-
ро се е веќе завршено и касно за некои работи кои сум ги
пропуштил низ животот.Кој знае.
Околу 8 часот тргнав кон пазарот.По пат помислив: подо-
бро прво да купам риба од Тинекс ,,Забра‘‘,а потоа да
продолжа, понатаму.Изумив дека Тинекс отвара во 10 ча-
сот.Отидов до ,,Зелен Пазар‘‘ и изнакупив зеленчук и ово-
штие.Морав на враќање да чекам околу 30 минути до отва
рањето.Се јавива на Госпожата и предложив
наместориба денес да јадеме нешто од смрзнатите
јадења вофрезерот. Прифати и веднаш се прибрав дома
бидејки веќе стану- ваше доста топло.
Чудно,не знам зашто враќајки се дома ми се промени рас-
положението.Можеби поради тоа што не се сетив за рабо-
тното време на Тинекс,или нешто друго незнам и не е
битно.
Синојка на Нетфликс јајдов интересен филм кој зборува
за крајот на втората светска војна и насилствата и лако-
моста за скриено злато во Германија од страна на евреј-
ска фамилија.Филмот носи наслов КРВ и
ЗЛАТО.Инересна приказна која е веројатнпо донекаде
вистинита.Алчни нацисти на самиот крај на војната се
обидуваат да го најдат скриеното злато на еврејска
фамилија која е одне- сена во концентрационен логор.Тие
се обиделе да се ослободат со нудење на златото.
За жал не испеале и биле убиени со отровен гас во лого-
рот  Аушвиц.Ви филмот КРВ и ЗЛАТО сликовито се прес-
тавени човечките пороци како алчност,нечесност и
збудаленост од нацистичкото уверување.
Алчноста ги води нацистите до самиот крај кога сите изги
нуваат борејки с за орисвојување на златните полуги.
            

Повторно по којзнае кој пат се повторува големата


вистина за богатството и златото,кое без чесност иљубов
е безвредно.До половина од филмот дејствието е сосема
во ред,но на крајот режисерот ги прикажува настаните и
борбите како во акционите Холивудски филмови,каде
главниот лик е непобедив.Инаку актерите се сосема соли-
дни како и се останато.

26.6.2023 г.  Понеделник,

Започна нова летна седмица.Рано сабајле


времето е облачно.Сонцето се мачи да се пробие меѓу
облаците,но тешко му оди.
Синојка дојде синот со внукот Дарон да се видиме по
враќањето од летувањето на островот Тасос.Овој пат тој
сам летуваше со родителите,бидејки Михаела е на такми-
чења во Доха.Се пофали одлично си поминал и без сес-
тра му.Се пофали за доучениот стил КРАУЛ,кој уште
минатото лето го учевме заедно во Грција.Сега со татко
му го научил конечно.

               
Вети ќе ми испрати видео како плива краул.Чекам видео.
На горната фотка,како што приметила мајка му личи на
пилотот Маверик ( Том Круз) од филмот Топ Ган.Го рас-
прашав за шах,и се пофали како го победува татко му.
Сите сакаме да не пофали некој,иако често сме свесни за
ласкањето.Така и Дарон сака да биде пофален за негови-
те успеси и врлини.
Имам многу мал шах со ситни фигури кои имаат магнет-
чиња на долната површина.Ова мало шахче го имам 50
години,но ретко го користам во последните 30-40 години. 
Го чував како спомен од времето кога доста играв шах.Му
се бендиса и му го подарив за секогаш,како што тој пра-
шуваше кога беше многу мал.Предложи да изиграме една
партија шах,но на големиот кој јас исто му го подарив
минатата година,а кој сега е кај нас.Тој има одличен шах
кој му го подарил другар на Мартин, докторот Микич.
Дарон напреднал доста во шахот,но сеуште е за нијанса
послаб од мене,бидејки е сеуште мал и нема големо
искуство.Првата партија јас ја добив.Инсистираше да
играме уште една.Во втората малку му попуштив и то
победи.Сега сме 1:1 што сепак го задоволи.
Барав некои серии и филмови на платформата Нетфликс
и сличајни наидов на  серија за Тур де Франс.

              
                                 
Оваа велосипедска трка е најголема и најтешка трка во
светот.Традиционално се одржува секое лето низ
Франци- ја.Заедно со Италија и Шпанија,францизите се
најдобри во бициклинизам,но исто така и Британија.Ме
интересира овој спорт и чекам да уграбам слободно
време и да ја гледам серијата за ова најголемо
такмичење во областа на бициклинизмот.
Како и во маратонското трчање и пливање,така и во оваа
најдолга и најтешка трка секој натпреварувач прво се
бори со себе.Го тестира својот
карактер,издржливост,како и својата посветеност и
непредавање пред тешкотиите.
Само најјаките карактери и најсилните со најголема кон-
диција успеваат да постигнат некаков успех на трката.
Самото учество и комплетно завршување на целата трка
е голем успех за секој такмичар.
Во првата епизода,на самиот почеток слушнав интере-
сни податоци за ова такмичење:
Должината,такмичењето е 3300 километри.
Трае три седмици, 21 ден.
Секој ден по една етапа. Значи има 21 етапи.
Учествуваат 22 екипи.Секој со по 8 такмичари.
Вкупно учествуваат 176 бициклисти од целиот свет.
Победникот во највеќе етапи добива Жолта мајца и
голема парична награда.
Денес сабајле отидов до Супер марлетите КАМ и
Тинекс и купив некои намирници за јадење,а потоа седн-
ав со сестра ми Вита на клупа пред нејзината зграда и
пиевме кафе,кое таа го спреми.Разговаравме малку и
чекав да дојде мајсторот кондураџија кој има мало ду-
ќанче, но тој каснеше.
Времето сеуште ми е посебно битно, па по кафето зами-
нав дома.Дома се обидов да го демонтирам нашиот
усисивач,но не успеав.Морам да најдам начин,со помош
на некој мајстор за поправка и да го отвориме.Потоа
лесно ќе го средам проблемот со расипаниот прекинувач.

27.6.2023 г. Вторник,

Деновите си течат и се нижат како монистри од


некаков ѓердан.Времето е ведро и тихо.
Синојка го вклучив филмот Време на нежности,кој вчера
сабајле го најдов и ,,симнав‘‘.Оваа извонредна драма има
добиено дури 5 статуетки Оскар во 1983 година.
   

Главните рољи ги толкуваат Холивудските актери, вели-


кани како Џек Николсон,Ширли Мек Леин,Дебра Вингер и
Дени Девито.Филмот е снимен според роман,а зборува за
љубовта,прељубата и посветеноста во Американското
друштво.Режијата е извонредна,како и главните актери.Го
гледавме со внимание,иако Гордана го гледала пред 5-7
10 години.Љубовта и симпатиите се сликовито преставе-
ни и во брачниот живот на американските фамилии.
Кога го вклучив филмот воопшто не ја знаев содржината.
Да ја знаев веројатно немаше да го вклучам.Приќина?
Гордана е многу сентиментална и филмови со тажен
завршеток не и се допаѓаат,а сепак сака да ги гледа.Друга
причина е што во фамилијата имаме сличен случај.Но за
жал тшката,неизлечива болест на главната актерка во
филмот се открива на крајот од филмот.Таа починува,но
сепак животот продолжува понатаму,како и во вистинс-
киот живот.Нејзините три деца ги збрибнува мајка и нај-
блиската другарка.
Ноќеска солидно спиев.Не станав ниту еднаш во текот на
ноќта.За сега,за среќа,здравјето доста добро ме служи.
Имам некои ситни проблемчиња,како уролошки,со осла-
бениот слух, и со забите,но сеуште солидно се справувам
со нив.Лудост би било да барам одлично здравје на воз-
раст од 76 години.Благодарен сум на свевишниот што
дозволи да дотуркам и до оваа возраст.
Скоро секое влегување во работната соба фрлам поглед
на урамените слики од нашата свадба и од прославата на
златната свадба.Тие две фотки се една под друга и од
нив многу јасно се гледа минливоста на времето и живо-
тот.
На таа од свадбата сме млади и убави и свежи,а на дол-
ната,по 50 години,веќе доста овенати, не толку убави и
бајати.Сепак,се тешам,дотуркавме до златна свадба и
сеуште се држиме на нозе.
Во животот треба да се биде реален,што почесто толку
подобро.На моменти сите ,,летаме‘‘ и се змислуваме
далеку подобри од тоа што вистински сме.Ако сме
почесто реални,и вистински го сваќаме светов таков
каков што е,но и самите себе,подобро и полесно ќе го
поминеме животот.
                     
Форкава посебно ми се бендиса.Зашто?
Затоа што извонредно ги одсликува преголемите сону-
вачи,кои можеби целиот живот така го поминуваат.Има
преубави и посебно интелигентни девојки,но и мажи,кои
замислуваат било принц на бел коњ,или принцеза, со
која че го поминат животот.Тоа наравно никој пат нема да
се случи,бидејки принцевите и принцезите како што тие
ги замислуваат постојат само во приказните.
Девојките остануваат немажени и разочарани,а исто и
мажите стари беќари.Нивните хормони се преслаби во
споредба со огромната и јака желба да најдат совршен
маж,а момците совршена жена и партнерка.
Додека го проверував мојот Истаграм профил,наидов на
мудри мисли од некој непознат автор за животот генера-
лно. Меѓу другите една е посебно импресивна и вели:
        Немој да трчаш низ животот.
За жал сега се подсетувам на мојот заеднички живот со
Гордана.Во младоста заедно трчавме и се трудевме да
постигнеме што повеќе.Дури доста повеќе од нашите
можности и способности.Го постигнавме тоа што требало
да го постигнеме,а дури и малку повеќе.Сега сваќам, дека
не сме морале толку силно да трчаме низ животот.Секако
би стигнале тука каде сме.Можеби малку помалку би
постигнале,но тоа и не е најбитното во животот.
Денес контактирав со некои електричари,кобожемски
мајстори за усисивачи.Никој не сака да прифати само да
го отвори.Секој сака као да го поправи и добро
наплати.Времево,барем тука во Мскедонија е такво да
секој само гледа некој бизнис и како да искасира некој
динар.
Околу пладне, за сркој случај проверив дали можеби се
префрлени пензиите и види чудо дојдени се нашите пен-
зии.Сеспремам утре сабајле веднаш да извадам 16000,оо
денари и купам 250 евра.100 кои можевме да ги купиме од
минатата пензија и 150 од сегашниве.Веројатно ќе мора
да купиме нов усисивач кој чини околу 120 евра, инаку
мислев да купиме 300 евра.
Големите маркети за бела техника нудат голем број разни
правосмукалки од повеќе производители.Веќе разгледу-
вав неколку модели од фирмите Горење и Беко.
Се размислувам:
Доволно е новиот да трае 4-5 години,бидејки веројатно,
ако воопшто бидеме живи по 5 години тоа ќе биде чудо.

       
Техниката на усисивачи напреднала во последните 10-15
години.Има разни типови со сад за вода или без сад.
Снагата на моторите и усисивањето постојано се
зголему- ва.Подобро,но нормално поскапо е да се купи
усисивач до појака моќност,а по желба со регулација
може да се користи и со помала снага.

28.6. 2023 г.  Среда,


Дојде и очекуваната среда.Зашто очекувана? Затоа
што мислевме дека денес ќе бидат префрлени пензиите,
но тие не изненадија и ги префрлија уште вчера.
Синојка во склоп на манифестациите ,,Скопско лето‘‘ го
проследивме концертот на германскиот музичар Кристи-
јан Жермејн,заедно со Андреја Наунов кој го придружу-
ваше на пијано.
        

Концертот се одржа во салата на Музејот на македонската


борба.На програмата беа познати арии од неколку свет-
ски композитори како Леонард Берштајн,Џорџ Гершвин и
други.Германскиот музичар Жермејн своите соло пеења
ги надополнуваше со својот кларинет,а во некои и со сак-
сафон.Музицирањето беше сосема просечно,но сепак
поминавме добра вечер слушајки класична музика.
Посетеноста беше доста слаба.Скопската публика,за жал
не е многу по класичната музика.
Утрово,како и претходните неколку е делумно сончево,со
проѕирна облачност.Би требало,според прогнозата денес
да не биде изгор топло.Ќе видиме.Времето ќе покаже.
Госпожата синојка изрази желба да ручаме кебапчиња.
Веднаш прифатив,бидејки и јас сеуште уживам во кеба-
пите со ладно пивце и секако свежа салата.Како и во
последниве 4-5 години,нарачувам телефонски скара за
носење од кебапчилницата наспроти кулата на Сања,а
потоа одам и ги подигнувам.

           

Се прашував токму сега,дали има смисол повторно да


ставам фотка со ќебапи.Сепак решив да ставам,и ста-
вив.Толку ми се сеуште омилени така да делумно се
најадувам од гледањето во нив.
Ќебапите кои ги нарачувам се доста големи,така да по пет
за секого е сосема доволно.Со шопска салата или друга
свежа салата и ладно пиво ќе имаме одличен ручек.
Ќебапите се балкански специјалите,кои сите ги сакат.
Сабајлево немам баш некои идеи за што да пишувам,
затоа нема да измислувам глупости,току тука ќе заста-
нам,а попладне,или дури утре сабајле ќе продолжам.
Сеуште за среќа се држам на принципот секој ден да се
напише ( откуца) барем една страна.До кога незнам.Ќе
видиме.
Овоштието и двајцата посебно го сакаме.Јас ги сакам
сите врсти,а посебно оридкски црешни.Моментално има
убави црешни на ,,Зелен пазар‘‘ каде се и најефтини.
Гордана посебно сака кајсии кои исто така сега ги има,но
тешко се наоѓаат слаткилголеми и убави кајсии.

    

Секор секој ден купувам црешни за мене,а кајсии за Гос-


пожата.Бидејки е многу пребирлива,често не ги бенди-
сува кајсиите кои ги купувам,но подобри во тој момент
немало.Полека доаѓа сезоната и на праски,лубеници и
дињи.Чекам да завршат црешните и кајсиите,па да запо-
чнам да купувам од другите овоштија.Останатите ово-
штија кои постојасно ги консумирам се Урми и суви сли-
ви.Банана обавезно на сабајле. Една половина јас и
другата Гордана.Тешко да има друга фамилија која кон-
сумира толку овоштие,буквално секој ден.Барем јас не
познавам таква.
Целата фамилија сака овоштија,сем Филип кој воопшто
не консумира.Мене не ми е сватливо,како може некој да
не сака овоштие.Уште од детството го обожавам овош-
тието.Буквално сите врсти.
Враќајки се од Тинекс со точак,натоварен со ранец и
торба со намирници возев полека по плочникот во ,,Капи-
штец‘‘.Од спротивната страна наиде жена на точак.
Десното раме дигнато,а межу него и главата мобилен
телефон на кој си зборуваше.

         

Едвај се разминавме на кратко растојание. Невероја-


тно.Крајно безобразно и неодговорно.Жалосно е што
возрасна жена која веројатно имаше околу 50 години да е
толку неодговорна и недисциплинирана.Крајно опасно
како за неа,но и за останатите учесници во сообраќајот.

29.6.2023 г.  Четврток,


Денес ќе биде весело и забавно во нашиот дом.
Сабајле ќе дојдат на гости и нормално на ручек внуците
Михаела и Дарон.
Вчера се врати внуката Михаела од светското првенство
во повеќе дисциплини кое се одржа во Доха-Катар.
Презадоволна од се.Освои неверојатни 6 златни медаљи
и една сребрена воразни дисциплини.Плус екипно осво-
иле два пехара во екипни такмичења.

         
Неверојатен успех на внуката која го носи моето име.
Горд сум на сите внуци,бидејки сите се успешни.
Со учеството и медаљите ја промовира Македонија,но и
нејзиното училиште како на Балканов,но и во светот.
На овие такмичења учествувале буквално млади такми-
чари од целиот свет.
Вчера и Сања не израдува со веста за внукот Филип.Го
полагал и нормално положил првиот испит од оваа
сесија За околу една седмица ќе започне со полагање на
остана- тите испити од четвртиов семестар.На есен Ќе го
слуша петиот семестар,а на пролет диполомската
работа.Заедна година ќе дипломира.
Синојка отидовме до градскиот стадион каде има неколку
големи Маркети за куќански апарати.Во ,,Техномаркет‘‘
и ,,Сетек‘‘ ги разгледавме усисивачите кои ги нудат,а
потоа отидовме и до ,,Нептун‘‘ во ,,Сити Мол‘‘. И таму ја
разгле- давме понудата.Ме изненади понудата на
светската фир- ма Бош. На неговите модели,на
табличката пишуваше Made in Germany.Сите останати
производители на усиси- вачи ги работат своите
производи во Кина,каде работната сила е сеуште
ефтина.Цената на поефтиниот модел BOSCH BGBS 2BA1P е
дури по ниска од другите модели од Герење и Беко кои
беа во потесен избор.
Производите од Бош генерално се високо квалитетни.Ме
чуди зашто усисивачите ги произведува во Германија.Тоа
значи подобар квалитет одколку да се произведуваат и
монтираат во Кина.Друг фактор кој е битен,Бош дава
гаранција за моторот од 10 години,што другите даваат
само две години.Би требало овој модел да е доста
подобар од досегашниот наш усисивач Филипс 1800.
   
Гостинката Михаела ја однесов околу 178 часот во близи-
на на нивната куќа каде ребаше да се најде со другарка.
На враќање влегов во Меркетот за техничка стока ,,СЕТ-
ЕК‘‘ кој е на 50 метри од нашиот стан.Ја разгледав пону-
дата на усисивачи,а љубезната продавачка ми помогна
во размислувањата кој модел да го купиме.За БОШ и таа
како и друга продавачка од друга продавница кажа дека е
доста слаб,а кесите за него скапи.Одлучив БОШ да го
ану- лирам,иако е произведен во Германија.Останаа два
моде- ла од ,,Горење‘‘ кои одговараат.Дефинитивно ќе се
одлу- чам за еден од нив.

30.6.2023 г.  Петок,

Внукот Дарон пристана да остане кај нас на гости со


спиење.Синојка се накрка тост кој јас му го пропремив,а
потоа и пудинг кој специјално за него го припремив.
Нормално и јас изедов една мала порција од пудингот.
Потоа предложи да играме карти,што ние веднаш профа-
тивме.Игравме Брич Реми со два шпила нормално.

При секое играње и јас како и Госпожата малку попуш-


таме за да победува и да се радува внукот.Попуштањето
мора да биде дискретно за да не примети,инаку ќе се
буни зашто му попуштаме.Дарон игра солидно карти,
скоро сите познати игри кои ги играме,но сепак ние сме
со одромно карташко искуство,па тешко би не победил,
ако не попуштаме.На крајот тој беше победник,што посе-
бно го направи задоволен и среќен.
И денес ќе остане на гости кај нас.Предложи за ручек Тор-
телини со хопла и пармезан кои скоро редовно јас ги
припремам.Исто прифати да направам и сутлијаш,кој е
мој специјалитет.Тортелините се едноставни за припрема
и затоа исклучиво јас ги спремам.
За посложените јадења,а тие се ретки,задолжена е Горда-
на ,бидејки јас сум само аматер готвач.Сабајлево брзам
да го сварам ветениот сутлијаш,а потоа со Дарон одиме
на ,,Зелен Пазар‘‘ и во ,,Тинекс‘‘.
Околу 10 часот отидов со внукот Дарон според планот и
изнакупивме се по списокот.
Потоа отиодв во ,,Сити Мол‘‘ и го купив веќе избраниот
усисивач.

1.7.2023 г.  Сабота,

Нов викенд штотуку започна.Времето  горе доле


скоро исто како претходните денови. Синојка ја отворив
мојата тековна сметка на лап топот да видам колку оста-
нало и пријатно се изненадив.Во позитива за уште 21.000
денари.Тоа е дивидемда за 2023 година.Околу 10% бруто
по акција.Супер.Денес обавезно ќе купам 350 евра.Ќе ни
затребаат за летовање.Акциите се вистинска работа.Со
нивното зголемување и дивидендата ја покриваме скоро
целата инфлација која е околу 17-20%.

          

Акционерството е добра и вносна работа за сите кои сака


ат малку ризик.Со купување акции од повеќе солидни и
успрешни компании ризикот е сведен скоро на нула.
Синојка се јавив во Германија на Филип.

Му честитав за првиот положен испит од оваа сесија кој


практично го положил со изработка и излагање на презе-
нтација пред професорот и студентите.Истата ја израбо-
тил со програмот POWER PIONT од фирмата Микрософт.
Трудот носи наслов: 

Дали парите можат да го направат човекот среќен. 


Посебо интересна тема за секого,а највеќе за внукот,
биде јки тој мисли дека можат.Одлично ка припремил и
исто така изложувал пред аудиториумот.Добил оценка
2,која одговара на 9 на нашите факултети.Во
телефонскиот раз- говор дискутиравме за темата од овој
испит.Тој цврсто срои на становиштето дека парите носат
среќа.Јас досега но и моментално мислам НЕ.Постои
мисла која гласи:

Парите не носат среќа секогаш,но сиромаштвото е


чиста несреќа.
Ова прашање со среќата и парите е доста филозовско,и
може са се посматра од разни гледишта.Среќата,барем
според мене највеќе е поврзана со љубовта,но потоа и со
здравјето.Постојат личности на кои љубовта им е во втор
или трет план,а парите во прв.Токму тие личности мислат
дека се се купува со пари.Постојат многу песни кај сите
народи кои зборуваат за љубовта и парите.Сите збору-
ваат за вистината која значи: 
Среќата со пари не се купува.
Може на моменти да се почуствува среќата и со малку
пари.Возејки се со точакот  кон ,,Зелен Пазар‘‘ најчесто се
чуствувам многу среќен.
Пари немам нешто баш многу,но доволно за нормален
пензионерски живот,за лекови,некакви интервенции,ако
затреба и шетање и летовање.Повеќе пати се прашувам:
Дали некои личности во Македонија кои имаат десетици,
па можеби и стотици милиони евра се вистински среќни.
На пример Трифун Костовски,Чифлиганец, Минчо, Анѓу-
шев,Жан Митрев,Орце Камчев и многу други.Одговорот е
генерално НЕ.На моменти сигурно се чуствуваат среќни,
но не постојано.Скоро исто како и јас на точак кога се
возам кон пазарот.Истото важи и за врвните политичари.
Сигурен сум,или барем така сакам да верувам,Никола
Груевски,бившиот прв човек во ВМРО-ДПМНЕ,па и во
Македонија,сега во Будимпешта,каде избега,не е баш
нешто посебно среќен.Тој е пребогат,за македонски усло-
ви. Има барем 100-150 милиони евра,но дали е среќен
тамо како избеган не сум сигурен. 
Среќата е комплексно и тешко објасниво прашање.за
секо го различно,и различна во разни периоди од
животот.
Сабајле се подсетив на видеата за работата на
најголемата во светот берза во Њујорк WALLSTREET.
Документарната серија Волстрит воини ( Wallstreet Wari-
ours) има три сезони со по 6 епизоди.Сега ја изгледав
првата епизода од првата сезона.Одлична.Од оваа
епизода научив некои работи за берзанското работење,
како и за други финансиски фондови,а посебно за Хеч
фондот,кој Филип го преферира.
По гледањето на првата епизода побарав на Гугл за Хеч
фондот и прочитав интересен напис и објаснување околу
тој фонд.
Тие се формирани од богати клиенти и големи јаки инве-
ститори,но и големи и јаки фирми.Работат со големи изно
си,кои често се над 10-20-50 милиони долари.Филип
наме- рава по дипломирањето да работи извесно време
во некој Хеч фонд,во почеток како почетник,помошник,за
поситни зделки.
          

Овој фонд е посебно атрактивен,бидејки преку работа во


фондот има можности да се заработи голема сума на
пари.Провизиите за остварена добивка од вложувањето
се најголеми во споредба со другите инвестиции.Се дви-
жат од 15-20-30,па дури и 40 % од остварената добивка.
Проблемот е што да се вработи некој во Хеч фонд е изу-
зетно тешко.Тие ги примаат само најдобрите во тргови-
јата со хартии од вредност.Се надевам следните епизоди
од серијата за Волстрит ќе бидат исто така интересни за
мене.

2.7.2023 г.  Недела,


Вторив ден од овој викенд слаб.Времето е облачно
и малку тмурно.Ноќеска заврнло малку.Улиците се мокри.
Ноќеска слабо спиев.Вчера пред да ручаме испив едно
узо со свежата салата која претходно ја спремив.
Пијалокот како и секгаш со мраз,но овој пат изгледа ста-
вив помалку мраз,а повеќе узо.Ручавме ориз со батаци и
карабатаци.По станување од завршениот ручек,веројатно
поради мала заматеност од пијалокот,или поради нешто
друго во мозокот паднав над стаклената маса и сум го
скршил дебелото стакло.Конкретно скоро воопшто не се
сеќавам како и зашто сум паднал.Знам дека Гордана ми
помогна до спална и ме легна во креветот.Одспав добри
три часа,а потоа станав.Десната шака ми беше малку со
крв.Се осеќав слабо,а градите ме болеа.Се измив и се
струполив во мојата фотеља.Размислував што и како се
скучи,но скоро ништо не можев конкретно да се сетам. 
Дали под дејство на узото во еден момент откажака мото-
ристиката или поради друг фактор поврзан со мозокот
незнам.
Сватив дека сепак откажал мозокот,односно мотористи-
ката.Сум остарел,си помислив. Дали ќе можам и дали ќе
смеам да возам точак се запрашав.Се сетив на сватот
Перо,кој последните неколку години од животот не возе-
ше ниту кола,ниту точак.Ќе видиме со мојов случај. Вре-
мето ќе си покаже.До вчера немав проблем со возње
точак,иако внимавам повеќе од порано.Исто така и со
возењето кола.Сепак мора да признаам реакциите ми се
доста ослабени,што е веројатно нормално за мојава воз-
раст од 76 години.Би сакал да продолжам со возење
точак барем уште година,две,но морам посебно да вни-
мавам.Обавезно да возам по стазите за велосипеди или
по пешачките плочници,но и по полека од сегашното мое
возење.Тоа е тоа.Годините си го прават своето. Организ-
мот старее,како и мозокот. До скоро се занесував за
скија- њето.Си велев морам барем уште еднаш или два
пати да поскијам.Сега се прашувам дали е паметно тоа,и
дали воопшто смеам.
Во последно време често се подсетувам на некои
пријатели и колеги со кои сум се дружел одреден период.
Со скоро сите веќе не се дружам.Зашто? Повеќе причини,
од кои првата е немаат веќе никаква потенцијална или
конкретна корист од пензионер.Некои од некогашните
пријатели според сегашните мои гледишта и критериуми
се за никаде.Се прашувам како сум можел да се дружам
со јебиветровци.Одговорот е: Желба за дружење со при-
јатели,и делумна сличност во некои гледишта кои сега ми
изгледаат глупи.А можеби и некои сличности во некои
манири.Кој знае.

Повторно на ум ми дојде вчерашната незгода со моето


паѓање.Би морал да престанам да пијам жестоки
пијалоци како узо и ракија.Пивото е нешто друго.Дури
може да се каже дека е здраво ако се пие во умерени
количини.На пример не повеќе од две флаши или
лименки.
Полека се средувам по вчерашниот пад.Градите сеуште
ме болат,а десната шака е малку потечена.Се надевам ќе
помине релативно брзо.
При секој разговор на месинџер со внукот Филип
обав- езно ме тера да играм и гледам разни партии шах.
Вероја- тно поради тоа што така се успорува стареењето
на мозо- кот.
              
Бидејки инсиститра,се обидувам да гледам разни партии
на интернет од кои доста се учи.Шахот е извонредна мис-
ловна игра.Тоа е општо познато.Во
Социјализмот,поточно во сите држави од источниот блок
шахот беше посебно популарен.Исто така и во
Југославија каде припаѓаше и нашава Маледонија.

3.7.2023 г.  Понеделник,

Започна нова летна седмица.Денес мотрам да нара-


чам ново стакло за масата во дневна соба.Направивбеља
по втор пат во 30 тина години и морам брзо да ја средам
направената грешка.Ноќеска спиев средно.Сабајлево
делумно облачно.Веројатно денес нема да врне
дожд.Гле- дајки по Интернет понекогаш наидувам на
некои написи и слики од изузетно убави жени и
девојки.Природата некои ги надарила со убавина,некои
со интелигенција,а ретко некој ги има и двете особини.Од
секогаш,поточно од рана- та младост сум се дивел на
убавите,но и паметни девојки. Имав голема среќа во
животот што ја сретнав мојата Гор- дана,и што и таа се
заљуби во мене.Преубава и интелиге- нтна.Веројатно и
таа за време на студиите мислела сли- чно за мене.
   

Нормално со годините сите се менуваме,старееме.


Природен процес.Секој од нас треба да е свесен за тоа.
Многу убави девојки,но и момци во староста не можат да
се препознаат.
Извонредна мисла во врска со стареењето кажа србскиот
сликар и писател Момо Капор:

Некои стареат како катедрали,а некои како 


домашни папучи.
     

Актерот Пол Њумен кој е мој омилен актер,како и Шон


Конери се типични примери на актери кои беа убави и
шармантни и на стари години.
Повеќето актери,како и актерки со годините се здебелува-
ат и оружнуваат.Такви примери има безброј.На пример
актерката Шерон Стоун,Сибил Шепард,Кетрин Трнер,Кели
Мек Гилис,Елизабет Тејлор и многу други.Истот е и со
актерите.Се здебелуваат и со тоа се менува и ликот.
Некои скоро не можат да се препознаат.
Еден посебно типилчен пример е мојата омилена холи-
вудска актерка Сибил Шепард.
Во серијата Случајни партнери ( Moon Lightning ) каде
глуми заедно со Брус Вилис е надприродно убава.Сибил
Шепард била избрана за лепотица во 80 тите години.
Феноменално изгледа во оваа серија.Сега,по 30 тина
години е сосема променета.
     

Интересна е ситуацијата со убавината.Не сум сигурен


дека лепотиците како Сибил Шепард,Елизабет Тејлор и
други се среќни кога ќе се видат во огледало на 60 и
повеќе години.Или можеби некои од нив до крајот на
животот се замислуваат сеуште убави скоро како во
млсдоста.Кој знае.Никој.
     Повторно мислата околу постигнатото во мојот живот.
Дали треба да бидам задоволен со се што сум постигнал
и како живот имав досега.Повторно истиот заклучок сека-
ко треба да сум задоволен.Сум имал солиден и убав жив-
от.Сум постигнал толку колку што ме бивало,па дури и
малку повеќе,снаоѓајки се вака или онака.
Има разни луѓе кои се способи и вредни,но слабо се сна-
оѓаат во разни ситуации.Плашливи и зихераши.Токму тие
постигнуваат помалку од нивните способности.А од
друга страна,можеби и тие се исто така среќни како и
јас,дури и повеќе.Треба да бидеме реални колу што
можеме повеќе. Во тој случај нема да се разочаруваме за
било што, мис- лејки дека сме можеле и повеќе и
подобро.
Снаата синојка изрази желба за така наречена ЛЕТНА
МАНЏА која и ние ја сакаме во летните месеци.Сабајле
доста рано отидов со кола до ,,Зален Пазар‘‘ и изнакупив
зеленчук и овоштие,а потоа отиодв и до фирмата ,,Јаца
Инженеринг‘‘ и нарачав домено стакло 6 мииометри за
масата во дневната соба.Потоа се сетив за леб кој треба-
ше да го купам.Отидов до ,,Тинекс-Зебра‘‘ а купам Бабин
леб кој Госпожата го бендисува.За жал и денес не добиле
таков леб,па затоа купив друг тип кој се надевам ќе го
бендиса.

               

Во Скопје се нудат најмалку 100 врсти леб.Најголем


избор има во ,,Тинекс‘‘ маркетитемпотоа во ,,Веро‘‘
маркетите, како и во други маркети и продавници за
пецива.Гордана како и за се друго и за леб е посебно
пребирлива.Од сите врсти што се нудат,само два или три
ги бендисува и тоа не постојано.Само повремено.За жал
тие скоро никој пат не можат да се најдат во
маркетите.Слично е и со овошти- ето.

4.7.2023 г.  Вторник,

Летниве денови си течат нормално.Фала му на гос-


под ноќеска спиев солидно.Сабајлево се осеќам доста
солидно,по падот од пред неколку дена.Вчера однесов
кај Мартин Летна манџа за внуката, снаата и Синот кој
трба- ше ноќеска да се врати од Швајцарија и брдско
возење точаци по планините на Франција.
                     
Синот,заедно со уште три другара учествуваа во брско
такмичење по некои планини во Франција.
Ова е второ нивно учество на овој специјален тип брдски
маратон со велосипеди.Извонреден настан за сите учес-
ници,а посебно за грапава од Скопје.Покрај самото так-
мичење запознаваат нови краеви,нови луѓе и новиобичаи
Се сместуваат прво во Женева,кај другарот Миќич кој
исто така учествува со нив во такмичењето.Сигурен сум
дека овие такмичења на сите ќе им останат во сеќавање
до крај на животот.Сеќавањата,спомените не се купуваат
со никакви пари.
Внуката Михаела покрај другите дарби, солидно е нада-
рена и за цртање.За мојов последен 76 ти роден ден ми
подари слика, девојка со овоштие,насликана со маслени
бои.Од немарност,за жал сеуште не ја урамив.Сабајле
планирам да одам со Госпожата и да одбереме рамка за
оваа прекрасна слика.
                          
Вчера ја сретнав внуката Срна во маркетот КАМ каде купу
ваше флаширана вода.Одеше на вежбање во теретана во
комплексот ,,Плаза‘‘ кој се наоѓа во близина, позади мар-
кетот ,,Веро‘‘.Таа е упорна во се,па и вовежбањето. Ја
подсетив за сладоледите,во корнети,кои баш тогаш ги
купив,да дојде на сладолед.Вети,а по вежбањето се јави
и дојде на ручек,и се разбира сладолед.
 

               
Млада е посебно убава,но има една мала ,,мана‘‘.Има
голем апетит за јадење.Тоа го наследила од мене и дру-
гиот дедо.Ако не биде дисциплинирана ќе има големи
проблеми со тежината.Ужива во јадењето,што е добро,но
не може да застане кога нешто бендисува,што е лошо.
Тоа што често посетува теретана и што вежба е извон-
редно,но мора да намали со јадењето,ако сака да осла-
бне.Срна успешно,со одличен успех, заврши гимназија,и
тоа во најјаката во Македонија.Сака да студира медецина
во Германија,но запишувањето на државните медецински
факултети е посебно тешко,бидејки приватни медецински
факултети не постојат.Срна е упорна и кога ќе се запише
сигурно ќе ги заврши студиите,колку и да се тешки.
 
Упорноста е извонредна карактерна особина.Ме радува
што Срна,Филип и веројатно сите останати внуци се упо-
рни.Таа размислува,ако успее да се запише во Магдебург
каде би го усовршила германскиот јазик,а посебно терми-
ните од медеција,биологија и хемија.
Во тој случај и на двајцата би им било полесно,бидејки
подобро е имаш некој близок до себе во туѓа земја.

5.7.2023 г.  Среда,

Дојде и средниот ден во седмицата.Ноќеска солидно


спиев.Времето малку облачно,и веријатно нема да врне.
Вчера со Госпожата нарачавме рамка за сликата од Миха-
ела која да добив за последниов роден ден.Додека ја
чекав во Фокусот на некој радио канал ја слушнав извон–
редената музичка нумера НЕЧ ДА БУДЕМ ЧЛАН МАФИЈЕ
од најпозната рок група ма Балканот ,,Рибља Чорба‘‘.
           

Повеќето хитови од оваа друпа ги бендисувам,како музи-


ката така и текстот.Водачот на групата Бора Џорџевич е
посебна приказна.Извонреден музичар,но и песник.
Секој пат радо ги слушам нивните песни,иако никогаш не
сум бил на нивни концет кога гостувале во Скопје.
Барајки филмови и серии на платформата НЕТФЛИКС
синојка наудов на документарната серија SPYCRAFT. Во
секоја од 8 те епизоди се зборува за разните начини на
шпијунажата од страна на познати стручњаци од оваа
област.
       

Пред неколку недели гледав две епизоди,но сум ја подза-


боравил,покрај многуте други серии и филмови кои ги
гледам секој ден.Ја гледав третата епизода и поворно ја
бендисав серијата.Оваа област посебно ме интересира
уште од раната младост,кога гледавме филмови од жан-
рот на шпијунажата.Неверојатни е инвентивноста на стру-
чњаците за уреди и минијатурни направи кои се измислу-
ваат за полесно и незабележително пратење, снимање и
пренесување на поверливи информации.
Со брзиот напредок на информатичката технологија овие
можности не практично неограничени.
Компјутерите се вистинско чудо,посебно за тие кои
умеат да ги користат во вистинска смисла скоро за се.
Секој ден повторно и повторно се одушевувам на мож-
ностите кои ги нудат овие електронски мачини,или апа
рати ако сакате
              

Ме радува што доста навлегов во работењето и користе-


њето на ова чудо на 20 тиот век.Меѓу по мудрите потези и
активности во тек на инженерската кариера,барем за
мене е тоа што додека работев постојано учев скоро се
околу користењето и работата на компјутер.Затоа сега
имам солидна основа и познавање за полесно секој
дневно користење на компјутерот.
Практично без него и мобилниот смарт телефон не
можам да замислам како би функционирал.Секој ден
најмалку 3 часа поминувам на лап топот. 
По станувањето обавезно куцам во дневников најмалку
еден час.Тука спаѓа и времето на вметнување по некој
слика во истиот текст.
Претражувањето на Гугл е посебна приказна.Со повеќе
годишна работа стекнав солидно искуство и знаење и во
пребарувањето.Базата на податоци на Гугл е огромна
( те- шко замислива) библиотека со електронски книги,
пода- тоци и разни написи и извештаи.Скоро за секој
човек има по нешто на овој претражувач,сем за
дивљаците од пле- мињата по реката Амазон и некои
племиња низ Африка.
Секој ден се пишуваат нови и нови програми за разни
намени како од техниката,науката,животот и сите други
активности на луѓето.
Додека работев нормално бев платен да извршувам кон-
кретни задачи од областа на електричните апарати (кон-
тактори и релеи),но никој не можеше да ми забрани да
работам секој ден на компјутерот кој го имав.Тоа вешто
го користев и секој ден учев по нешто за користењето на
истиот.Така сега можам слободно да констатирам не
познавам никој друг од колегите,роднините, пријателите,
кои се околу мојата возраст а да знаат повеќе за компју-
терите од мене.Секако има по млади дечки кои имаат
поголемо знаење,што е сосема нормално,но на возраст
од 70,или дури и повеќе години јас ниту сум слушнал 
ниту знам.Заедно со учењето на јазици ( англиски и гер-
мански) во текот на работниот век и на работа,сметам
дека е полн погодок.
Практично скоро да немав изгубен ден или час во текот
на работното време.
Ме плаќаа да работам само конкретно и според задачите,
но јас покрај тоа еден дел од времето го користев за уче-
ње.Се сетив на познатата мудра мисла во врска со ова,
која гласи:

Ако само ги работиш задачите за кои си платен,


тогаш си подплатен.Ако учиш додека работиш,
тогаш си преплатен.
Оваа мудра мисла ја прочитав пред најмалку 40 и повеќе
години и вешто ја користев.Си учев повремено во текот
на работата,а бев платен само да ринтам 8 часа дневно.
Возејки се со точакот кон пазар се сетив на
познатиот одличен србски актер Данило Бата
Стојкович.Извонтеден актер кој снимил многу филмови и
многу театарски прет- стави.

                  
Покрај сите извонредни улоги во повеќе филмови и теа-
тарски остварувања,во одлично сеќавање ми остана
една извонредна недова мисла за животот на секој од
нас.

Таа мисла гласи:


Еднаш кога ќе остариш ќе зажалиш за две работи:
За тоа што си погрешил и за тоа што си пропуштил.
Покалку ќе те боли тоа што си погрешил одколку
тоа што си пропуштил.
Посебно добра и вистинита мисла.Бата ја кажал кога веќе
остарел и потполно го сватил тоа.Затоа не треба да се
плашиме од изазови и можност да погрешиме. Зихераши-
те скоро никогаш не грешат,но затоа скоро ништо убаво и
изазовно не прават,плашејки се дека ќе згрешат.

6.7.2023 г.  Четврток,


По среда нормално следи четврток.Вчера и прет-
ходните денови слушавме разни афери во врска со поли-
тичката партија ДУИ и роднините на Али Ахмети.
ДУИ е навласт веќе скоро 20 години во континуитет.Било
која македонска партија да победи тие се со неа во вла-
ста.Тие ја водат македонија како што сакаат.
Нашите лидери на СДСМ и ВМРО само ги следат захте-
вите и желбите на мудриот Ахмети кој на води партијата
ДУИ,а со тоа и колицијата на власт.Лидерите на најголе-
мите партии не можат,и не сакаат да се договорат за една
македонска коалиција,и да состават влада без ДУИ и нив-
ните ученувања и бизнис зделки ( тендери).Зашто?
Затоа што секој од двата лидери сака тој да земе и ограби
се за себе и својата партија.

              
Народот,неговиот живот и стандард воопшто не ги инте-
ресира.Токму затоа Македонија постојано тоне се подла-
боко и подлабоко.За жал тоа е генерално македонскиот
ген.Личен интерес и алчност се главни особини на наши-
те политиканти и лидери на најголемите партии.
На србскиот канал РТС1 вчера гостуваше деканот на
Меде цинскиот факултет од Белград.Кажа податок кој не
ме изненади.На приемниот испит србските кандидати
имале за околу 30% подобри резултати од останатите
кандидати од балканските земји.Србскиот образовен
систем е доста подобар од останатите во опкружувањето
и секако од Македонскиот.Истото се потврдува и на
квизовите кои ги пратиме на србската телевизија.Сите
учесници на квизо- вите имаат солидно обшто знаење.На
нашите квизови кои исто така ги пратевме доста
кандидати беа со релативно послабо знаење,барем
според мене.Нашето образование, од
основното,средното и високото,за жал се катастрофа.
Еден куп универзитети и повеќе од 100 факултети. Купу-
вање дипломи и положување на повеќе испите без пола-
гање или со плаќање мито.
              

Исто е и со средните училишта,сем неколку во Скопје.Во


Германија и повеќе други европски земји образованието
е на доста по високо ниво.Ме радува што внукот Филип
сту дира,а и внуката Срна ќе студира во Германија.
Денес е посебен ден од повеќе причини.Првата е:
роден ден на Сања.Втората: роден ден на внуката Срна.
Третата е: Ден кога Сања и зетот Нико се венчаа и стапија
во брак.Да прослават 50 години од нивните животи Сања
и зетот одпатуваа вчера  на шетање во Рим.
Денес Госпожата ќе спреми свечан ручек и некаква торта
за славеничката Срна.
Од друга страна за Мартин и фамилијата ручек полнети
бабури кои ќе ги однесам околу 14 часот.
Бидејки се сами,внуките срна и Леа че дојдат на ручек кај
нас.Воедно ќе го прославиме и роденденот.
Скоро неверојатно е што мајката Сања и ќерката срна се
родени на ист ден,но и свадбата беше токму на овој ден.
И внуката ми ќерката се изузетно имтелигентни,а за уба-
вина зборува самата фотка.Двете се помодарки. Сакаат
убаво да се дотеруваат,и да се сликаат.Мобилните теле-
фони посебно им се погодија со можностите за сликање
во секој прилика и на секое место.
Сонојка Срна изрази желба за ручек да купам печено голе
мо пиле од продавницата за печење пилиња ,,Петле‘‘, со
пржени компирчиња.Секако и со свежа салата.За десерт
Гордана спрема некоја ,,лесна‘‘ торта.
По падот,кој веројатно е од испиеното узо пред 4-5 дена
Госпожата реагира ако сакам да испијам едно пиво,со
образложение дека не смеам веќе воопшто да пијам.Јас
сеуште мислам една флаша или кригла пиво воопшто не
е штетна.
Корисно само во умерени количини,според истражувања-
та на повеќе научници,нутриционисти во светот,а посеб-
но во Германија.Во оваа земја според статистиката секој
германец годишно пие околу 107 литри пиво.Тоа значи
околу еднаипол чаша пиво секој ден во текот на
годината.

   

Пивото има повеќе здрави состојки и заено со црвеното


вино се најздрави пијалоци.Во иднина морам да внима-
вам воопшо да не пијам пред Гордана ниту пред Филип.И
тој како и Госпожата се бунат кога ќе видат да пијам, мак-
ар и едно пиво.

7.7.2023 г.  Петок,

Полека завршува и оваа летна и топла седмица.


Утрово е прекрасно.сончево,светло и топличко.Во мисли-
те ми дојде филот кој го гледавме предсинојка,кој носи
наслов ХИЧКОК.Зборува за еден дел од животот на најго-
лемиот мајстор на стравот и ужасот на филмот Алфред
Хичкок.

    

Извонреден режисер,посебно за филмови каде во прика-


зната има моменти на ужас и страв.Најпознати негови
филмски остварувања се филмовите:
Север-Северозапад,Психо,Прици,Вртоглавица и уште
неколку други.Тој е еден од моите омилени режисери.
Неговите филмови со задоволство ги гледам.
Филмот Хичкок сме го гледале пред 3-4 години,но јас
скоро целиот сум го заборавил.Во последниве години ги
заборавам филмовите,па и сериите кои ги гледаме.
Причина:Меморијата ми ослабнала поприлично,но и
секоја вечер гледаме барем еден филм или епизода од
серија.Преку ден исто така гледам некоја епизода од
србските серии или некоја документарна емисија.Тоа е
исто една од причините за заборавањето на гледаното.
Често размислувам за третманот на луѓето спрема
мене.За повеќето мислам дека ме третираат полошо од
тоа што мислам дека треба.Зашто? Тешко
прашање,барем за мене.Веројатно така ме доживуваат
според моето одне сување и тоа што го зборувам.Често
зборувам повеќе од тоа што е неопходно, често сум
малку неозбилен за годи- ните,и повремено малку
арогантен.Затоа веројатно така ме доживуваат.Но постои
една изузетна мисла околу односот меѓу луѓето.Таа
гласи:

Не можеш да го промениш чуството на луѓето во


однос тебе.Затоа не брини,само живеј го својот
живот и биди среќен.
Извонедна мисла и вистинита.Не треба да не интересира
што мислат останатите за нас,туку што мислиме ние лич-
но за себе.
Вчера околу 13 часот се јавив на Сања во Рим и
честитав роденден и 21 годишнина на бракот.Се пофали
за се што виделе првото предпладне во Рим.
Задоволни се со сместувањето во центарот на Рим,од
времето и од шетањето.Ме радува што и двајцата се по
шетањето. Спомените остануваат,се друго се заборава.
Сигурен сум за убавиот престој и се што ќе успеат да
видат во Рим.
 

Гледајки ги Сања и Нико на фоткава пред фонтаната ДИ


ТРЕВИ се подсетив и на нашиот престој во Рим 1995 годи
на.И ние се сликавме пред оваа најпозната фонтана во
вечниот град.И ние имаме извонредни спомени од таа
посета.
Окплу 10 и 30 часот со точакот отидов до ресторанот
Џино во Градскиот трговски центар.
Генерацијата на кумот и кумата се состанува во тој
ресторан секој прв петок во месецот во 11 часот.
Кумот ме подсети за присаство ина колеги од нашата
генерација кои исто така доаѓале на средбата.Затоа и јас
отидов да се видам со колегите со кои студирав.
Утрово е пркрасно.Сончево и доста ведро.Би тре-
бало да имаме добар летен ден.Синојка одгледав уште
една епизода од серијата Биро.Како и претходните и оваа
ја бендисав. Штета што вакви одлични шпијунски серии
се многу ретки. Практично нема.
Последниве денови се повеќе гледам разни кратки пар-
тии наречени минијатури на мобилните телефони,како
стариот,но и на новиот. Ова е последица на инсистира-
њето на внукот Филип повеќе да пратам разни одлични
шаховски партии, но и да играм шах преку Интернет.

   

Се повеќе ми се допаѓа пратење на интересни партии со


коментари.
На интернет има безброј најразлични шаховски партии.
Од овие партии,како и коментарите, може многу да се
научи.
Заедно со доучувањето на англискиот јазик, пишување
на дневников,и гледање разни серии имам поголема
занима- ција од тоа што можам да постигнам.
Се сетив на започнатиот нов роман кој го пишувам.
Стигнав до оклу 30 тата страна,но за жал вече скоро мес
ец и половина не сум напишал ниту една реченица. Сакам
да продолжам и да го напишам,но никако да седнам и да
продолжам со пишувањето.
Околу 10 и 30 часот отидов во ГТЦ во ресторанот
Џино.Неколку колеги веќе беа дојдени.Сите се обрадува-
вме кога се видовме по повеќе години.

     

Потоа дојде и колегата Коцев Кирил.Низ пријатен разго-


вор,и евоцирање на разни пријатни спомени од студент-
ските денови поминавме убава средба.
8.7.2023 г. Сабота,

Започна уште еден викенд.Утрово е слично како и


вчерашново.Делумно сончево и тихо.Синојка дојдоа
внуките Михаела и Леа на гости кај нас,бидејки Мартин и
Сузе ќе излегувале,а Сања е во Рим.Внуките одлично се
сложуваат и често се дружат заедно.На нивна тинејџерска
возраст,Леа 13,а Михаела 14 години се изузетно весели и
бучни.Цело време кога се заедно само се смеат и кикотат
за се и сешто.

             

Посебно ме радува нивното слагање и дружење.Би сакал


и понатаму низ животот да останат добри другарки,а не
само братучедки.Кога се на гости кај нас,спијат заедно во
работната соба,едната горе на креветот,а другата на
изве- чениот кревет од постоечкиот.Не заспиваат до
касно во ноќта.Сигурно имаат многу нешта да си
кажат,без друг да ги слуша.
Денес ќе останат и на ручек кај нас.Изразија желба Гос-
пожата да спреми канелони полнети со печурки и кашка-
вал.Сабајлево чекам да дојде 9 часот и да отидам со
точакот до ,,Буњаковец‘‘ и да набавам се што треба.
Потоа треба да ја подигнам урамена сликата која Михаела
ја наслика и ми ја подари за мојот 76 ти роденден.
     

            

Сабајле отидов до ,,Буњаковец‘‘ и изнакупив се за


денешниот ручек, а потоа ја подигнав урамената слика.
Веднаш ја ставивме во дневната соба,веднаш над сли-
ката со цвеќиња која исто така ја наслика Михаела.
Синојка,а посебно ноќеска низ мислите ми се враќаа спо-
мените од студенските денови.
На тоа ме подсетија разговорите и евоцирањето на
спомени на средбата со клегите од стуиите.Скоро да не
можам да поверувам колку сум бил амбициозен за време
на студирањето,но и долги години потоа.Ако добиев
осмица на испит бев незадоволен.Признавав само 9 и
10.Се подсетив за спремањето на повеќето испити.
Скоро после секој положен испит попладнето веќе ги
комплетирав материјалите,книгите,тетратките и збирките
задачи за следниот испит кој намеравав да го полагам.
Следното утро,рано, веќе започнував да го спремам
нови- от испит.Сега,од оваа перспектива и мене ми
изгледа чуд- но и претерано.

9.7.2023 г. Недела,

По сабота нормално следува недела.Времево е


одлично.Сончево,светло и сеуште свежичко.Ноќеска
одлично спиев.Станав само еднаш што е одлично.Утрово
сум сосема солидно расположен,што е исто така
одлично.
Синојка го проследивме концертот на оперски арии пред
МОБ.За среќа отидовме доста рано.Скоро сите столици
пред влзот на МОБ беа слободни.Се сместивме во вто-
риот ред и си почекавме да започене очекуваниот кон-
церт.Пеачите беа од хорот на МОБ.Изведоа повеќе арии
од познати опери во клавирска придружба.

                   

Сите пеачки,како и пеачи беа солидни.Клавирската прид-


ружба исто така.На крајот не изненадија со две многу
познати нумери.Едната беше од операта Порги и бес со
наслов ЛЕТНО ВРЕМЕ (Sumer time),а потоа исто позната
ариа Вечерва ( Tonight) од мјузикалот Приказна од запад-
ната страна.Заминавме дома здоволни од прекрасно пом
инатата вечер на овие скопски летни горештини.
Кога се вративме нормално вечера,а потоа побаравме
некој филм на телевизија.Наидовме на посебно инете-
ресен филм со наслов КОЦКАР.Со тематика на коцкање и
коцкари има снимено повеќе разни филмови во послед-
ните 50 тина години.Но,овој е специфичен бидејки е вс-
ашност психолошка драма и зборува за општи,но битни
човечки особини.Главниот лик е професотр на факултет
кој се бара себеси низ животот.Не е задоволен од посто-
ечкиот досаден живот како професор,ниту е среќен во
било кој поглед.Интересни се неговите тези за генијално-
ста и просечноста на секоја личност.
       

Слични се и моите тези,според кои само генијалците


можат да постигнат врвен успех во било кое поле од
уметвоста или науката.Тие се многу ретки. Просечните,
меѓу кои и јас спаѓам постигнуваат просечни резултети,
евентуално малку надпросечни ако имаат среќа и ако се
посебно упорни и посветени.За жал повеќе личности не
се свесни за просечноста и сметаат дека со работа и
упорност можат да постигнат врвни резултати,што е
погрешно и невозможно.Ова се потврдува безброј пати
на разни полиња од животот и уметноста.
Сабајле веднаш по станувањето,со кафенце пред себе го
вклучив лап топот како и секое утро со намета да напи-
шам барем неколку старници во дневников.Веднаш,пред
да започнам со пишување,наидов на видео од концерт на
светската поп пеачка Тина Тарнер.
             

Таа е една од моите омилени пеачки.Неверојатен глас.


Танчерка исто така.Секој нејзин концерт кој го одржувала
низ целиот свет во последните 40-45 години бил сензаци-
онално импресивен.Секој пат настапувала со група жен-
ски танчерки кои го дополнуваа целиот визуелен и аку-
стичен впечаток.На видеото ја изведуваа популарната
извонредна нумера Гордата Мери.Феноменална песна,но
ушете по фантастична е изведбата во целост.
        Веќе два дена штрајкуваат вработените во Јавното
претпријатие за хигиена барајки оставка од директорката.
Скопје се гуши во ѓубре во сред лето.Сите контејнери за
ѓубре низ целиот град се преполни.
Непријатно мириса секое приближување до истите. Штра
јкот има политичка позадина.
     

Штрајкачите имаат и други барања,меѓу кои и бенифи-


циран стаж за работниците кои работат ноќе.Во градот
имаме хаос.Ова се е резултат на лошата власт, поделе-
ност,политички интереси без морал и чесност.
Разделеноста на најголемите политички партии и немање
желба за соработка доведува до вакви ситуации.

10.7.2023 г.  Понеделник,


Започна уште една летна врела седмица.Утрово е
делумно сончево и тихо.Можеби делумно поради тоа што
годишните одмори се во пол ек.Во делов на Скопје, ком-
плексот згради наречен ,,Капиштец‘‘ и ,,Рузвелтова‘‘ ули-
ца добар дел од станарите се интелекруалци,со солидно
примања.Сите тие,или скоро сите одат на годишен
одмор, обично во јули или август.

          

Во летните месеци во текот на денот Скопје е


пекол.Често и навечер,скоро до полноќ е доста топло,па
спиењето е лошо.Освежува дури по 1 часот по полноќ,па
до сабајле. Затоа скоро сите кои немаат обврски,а имаат
можности заминуваат надвор од градот барем две,три
недели.Доста скопјани имаат станови во Охрид,или
викендици во око- лината на градот,па така и тие
обавезно заминуваат.
Најсиромашните,а тие не се мал број,немаат финансии да
заминат негде,барем на една недела.Тое се ладат под
скопските сенки и кафеани, кој со ладна вода,кој со
пивце
Така полека си врви летото во мојов град.Младите скоп-
јани или веќе се заминати на некоја туристичка дестина-
ција на море или езеро,или несрпливо чекаат да дојде
терминот за годишен одмор.Во меѓу време излегуваат
секоја вечер доста касно,по скопските кафиќи и се заба-
вуваат со пијачка секако.
Најголемото и најпознато светско натпреварување во те-
нис Вимблдон е во полн ек.Србскиот и светски тенисер
број еден Новак Џокович сеуште е во солидна форма,
иако веќе има 36 години.

               

Успешно ги совладувамбарем досега,сите помлади


солидни тенисери со кои се среќава.Госпожата е голем
ФАН на Новак.Обавезно ги гледа сите негови мечеви.
Јас исто навивам за него,но не сум ни одалеку толку запа
лен за тој србски тенисер,ниту за било кој друг. Навивам
за него бидејки е од мојата поранешна татковина во која
ја поминав младоста.а тоа е се разбира Југославија.

Околу спиењето и спанковците.Доста луѓе,како


мажи, така и жени уживаат во спиењето.Некои од нив за
да избе гаат од стварноста,која не ја бендисуваат многу,а
други едноставно се излежаваат и дремат во кревет до
касно насабајле,ако им дозволуваат плановите и
времето.Јас од никогаш не сум сакал многу да
спијам.Сметам дека е губење ,,златно‘‘ време,сем колку е
неопходно за самиот организам.Времето е најскапото
нешто во животот,па затоа не сакам да го трошам на
спиење и дремење.

                     
На секој од нас ни е доделено одредено време на овој
свет.Како ќе го потрошиме зависи највеќе од нас.
Тоа си врви со или без нас.И кога спиеме,и кога се заба-
вуваме или работиме било што,тоа неповратно си тече.
Тие што не го сваќаат времето како најбитен фактор во
животот еден ден се освестуваат и гледаат како животот
завршил,а поминал покрај нив.Тогаш некои се освестува-
ат,но веќе е касно.Животот е една претстава,нема репри-
за.Што се проживее се проживее,што се пропушти оста-
нува пропуштено.
Денес треба да се спремат два ручеци.Еден за Мартин и
фамилијата,а другиот за Внуките Срна и Леа.Сања е
сеуште во Рим.Дури вечер касно ќе се врати.За да имаат
и внуките добрар ручек ги прашавме што сакаат.Изјавија
ПИЦА.Затоа денес Гордана ќе спреми покрај летната ман-
џа и пица.Околу 14 часот ќе треба јас да го однесам јаде-
њето кај Мартин.Секој ден е се потпло.Посебно од 14  до
15 часот кога температурата е на врвот.Покрај тоа Фокус-
от стои на сонце цело време позади нашата зграда. 

                  

Внатре има сигурно најмалку 50-55 степени кога треба да


влезам и да отидам кај синот.Морам да најдам начин ова
да го избегнам.
Ќе се обидам со убацување на колата делумно под сенка
позади зградата,и делумно пред неа,ако дозволат од фир
мата која го закупила деловниот простор пред зградата.
Штета што нема настрешници позади нашата зграда.

11.7.2023 г.  Вторник,


Дојде и вториот ден од седмицата.Пред неколку
дена повторно се навратив на видеа од платформата за
учење англиски на ББЦ со има Шест минути граматика     
(6 minute grammar).Има 50 видеа со разни лекции од гра-
матиката со транскрип.Извонредни видеа од кои многу
може да се научи.

          ,,Сим
нав‘‘ дваесетина видеа и ги префрлив на Интернет на мој
драјв ( DRIVE) од мојот акоунт на Гугл.
Повторно слушав неколку од овие видеа.Може да се
изби- ра и брзината на репродукција,било по споро или
по брзо од нормалната брзина.Инструкторите за учење
англиски  јазик од ББЦ препорачуваат прво да се слуша
по споро неколку пати,а потоа нормално или дури и
побрзо.Пробав и посебно ми се бендиса целиот процес
на учење.
Сабајле станав релативно касно за моите навики во
последно време.Саатот беше скоро седум.Времето е
сончево и топличко уште по сабајле.Вчера од попладне
одсеќав болка во дениот дел наградите.Тоа е местото
каде се удрив при падот пред 8-9 дена.Делот каде се
удрив на моменти ме наболуваше повеч,а потоа полека
делумно се смируваше.

  

Прво нормално помислив на ударот,падот,но потоа


мисли те ми отидоа на срцето.Си помислив: болката е
можеби од срцето.Тоа ме загрижи прилично.Прво ми се
расипа расположението,а потоа непријатното чуство на
болка не е за занемарување.Така ја поминав целата
вечер.
Се размислував да одиме на Кардиологија за да ме пре-
гледаат и одредат дијагноза.Дали е неопходно или да
почекам до сабајле,беше дилемата.Кога си легнавме и
споменав на Госпожата за болката и дилемата.Таа катего-
рично,како да е кардиолог изјави дека сигурно не е од
срцето,бидејки срце не боли.Така сепак решив да
почекам до сабајле,па потоа да одлучам што ќе
преземам.
Сакам да верувам во нејзиното тврдење за причината на
болката,ма да не сум баш сосема сигурен.Ќе видиме.
Времето ќе покаже.Додека лежев во креветот и се оби-
дував да заспијам помислив: Можеби ова е крај.Не се
уплашив воопшто,бидејки сум храбар по природа. Крај,
крај,што да се прави.На секого и на се доаѓа крај.На некој
порано,на друг покасно.Крајот никој не може да го избе-
гне.Некои успеваат да го померат за покасно,но еден ден
неминовно и на нив ќе им дојде крајот. Умирањето и при-
роден процес.Тоа сум го сватил пред многу,многу години,
и затоа воопшто не бринам.
Во врска со болката се преслушав и си констатирав:
Треба да успорам малку во скоро се.Одавно сум ги поми-
нал 40 сетите,па и 50 тите години.Умот и духот се едно,но
телото е сосема друго.Рефлексите,можностите и сите
други параметри на организмот се драстично смалени.На
тоа морам да бидам свесен.
Вчера на вестите слушавме разни глупости во врска
со штрајкот на вработените во фирмата Комунална хиги-
ена.Кај нас,за жал секој штрајк или друга активност има
политичка позадина.Се се прави со некаква политичка
цел.
Како и во сите други области на делување и управување
со државата,и во овој дел има несватливи потези и слу-
чувања.Слушнав информација дека има ,,вработени‘‘ кои
примаат плата,а воопшто не се во државата.Работат нег-
де во Германија или Швајцарија,а од оваа фирма си при-
маат секој месец плата.Ова да го слушнат било кои од
Европските земји нема да веруваат дека е можано.За жал
кај нас скоро сите работи ( глупости) што се случуваат се
несватливи за западниот свет.Државата ни трули од вна-
тре.Полека,но сигурно.За тоа доста допринесува најго-
лемата албанска партија ДУИ,но не помалку и нашите
најголеми партии СДСМ и ВМРО.Каде ќе стигнеме тешко
кој може да предвиди.Ако во следните 5-7-10 години не се
добие критична маса граѓани кои нема да гласат за овие
три париии,тогаш крајот ќе ни биде да станеме протек-
торат, како повеќето африкански мали замјички,или сре-
дно американски земји.Тоа ќе значи дека не заслужуваме
да имаме сопствена држава.
Сабајлево скучајно наидов на ФБ на емисијата ,,Во
Центар‘‘ каде авторот Васко Ефтов го интервјуира поз-
натиот србски писател Дејан Лучич.Овој писател има
напишано повеќе од десет книги,за разни теории на
завера,шпијунажа и слично.Повеќето од книгите се
преведени и на македонски јазик.Иако неговите тези се
доста неверојатни,и нестварни,не тера да се замисли-
ме.Секој од читателите во одреден момент сигурен сум
че си помисли: можеби повеќето тези на Луќич се скоро
точни.Своите гледишта за скоро сите историски периоди
и војни тој ги поткрепува со одредени факти.
Нив ги нагласува за да ги потпре цврсто своите невероја-
тни тврдења и тези.
 
                      

Неговите тези за скоро сите историски настани се спро-


тивни на тоа што се учи за историјата во училиштата.Со
тие тези тој успеа да ги заинтригира сите читачи на
балканов.Неговите книги се продаваат го големи тиражи,
токму поради неговите неверојатни тврдења и тези.
Во интервјуто нагласи неколку интересни гледишта за
шпијунажата и собирањето на поверливи информации.
Според неговиот учител,некој пуковник во обавештајните
служби,поверливи,битни информации има дури 95% во
дневните новини,а само 5% треба шпијуните да ги дозна-
ат од лицата кои ги поседуваат,а кои се тајни.Интересно.
Вчера на ,,Зелен пазар‘‘ повторно го сретнав позна-
никот Мето со кој заедно работевме во ,,Раде Кончар‘‘.Тој
беше пословоџа во производство.
Постар е од мене околу 10 години.Се пофали со читање
книги,иако има скоро 86 години.Ми покажа три книги во
торбата кои ги замал од библиотека.Го пофалив за тоа
што чита книги,иако беше мајстор бравар,кој стана шефче
во производство.Враќајки се дома се помислив:
Мајстор,полу писмен,а чита книги.Јас,кобожемски инте-
лектуалец,со факултет,во последно време слабо читам
книги.Се засрамив на самиот себе,и си ветив:
Од утре обавезно ќе продолжам по интензивно да читам
книги.Знаеме сите: Книгата е најдобар пријател на чове-
кот,заедно со кучето.
Мајсторот од Кончар ме застрами со тоа што тој
моментално чита повеќе од мене.
           

Цврсто решив тоа да го променам.Сабајле веднаш


побарав мниги од Дејан Лучич на интернет,кои може
бесплатно да се ,,симнат‘‘.

На платформата Balkandownload јс нсјдов книгата Вла-


дари из сенке,во два тома и веднаш ја ,,симнав‘‘. Потоа
започнав да ја читам.Почетокот е доста интересен.
Веројатно и целата книга ќе биде исто така.Прочитав 29
тина страни,а планирам попладне уште барем 20 да про-
читам.
            

Попладне продолжив со читање.Стигнав до 72 страна,


што посебно ме радува.Книгата е интересна,барем за
мене.Лучич има одличен стил на пишување.Кратки рече-
ници,јасни и едноставни.
Утре сакам да отидам до библиотека и да земам барем
две книги од истиов автор.Веројатно имаат неколку,
бидејки Лучич има напишано повеќе од петнаесет книги.

12.7.2023 г.  Среда,

Денешново утро е слично како и вчерашното. Сон-


чево,но не превише и тихо.Очигледно скопјаните,барем
еден добар дел,се на годишен одмор.Ноќеска солидно
спиев.Станав многу рано.Немаше ни 5 и 30 часот,но веќе
бев наспан и буден,па затоа веднаш станав.Со кафенце
пред мене веднаш се фатив со читање на книгата која
вчера ја започанав.
Вчера касно попладне,па дури до 21 часот го следевме
тенискиот меч меѓу Новак Џокович и русинот Рубљов.

      
Одличен меч.Уживавме во пратењето од почетокот до
крајот.Рубљов играше извонредно.Сепак играта и иску-
ството на Џокович го напаравија своето.Победи србинот
со резултат 3:1.
Планирав да одиме кај Сања.Да се видиме и да ни кажува
за прстојот во Рим.За жал мечот заврши по 21 часот,и
посетата ја одложивме за денес.
Синојка одгледав уште една епизода од Серијата БИРО.
Бидејки не најдовме филм кој заслужува да го гледаме,
се одлучив за серијата Биро.Бо повеќе
епизоди,искусните оперативци-агенти на франциската
служба за безбедност ги советуваат младите никогаш да
не го спуштаат гардот. Тоа значи никогаш да не  кажуваат
на никого за својата работа и вистинскиот идентитет.
Ова подучување ме подсети на мене и мојот ,,Гард‘‘.За
жал си констатирав дека јас доста брзо го спуштам својот
гард,откога ќе се уверам и ќе стекнам поверење во прија-
телот или колегата.Лоша навика.Скоро сите пријатели,
колеги,па и роднини се повеќе или помалку завидни.

            
Тоа е човечка особина.Затоа никогаш не треба да се биде
потполно отворен и да се кажува буквално се.Значи, нико
гаш да не се спушта гардот,како што советуваат луѓето од
безбедносните структури.Секоја искреност,во некој моме-
нт другите ќе ја искористат за свои цели,што не е добро.
За разлика од мене Гордана е по воздржана во отворено-
ста.Тоа е подобро,одколку мојата искреност,која често ми
штети.

13.7.2023 г.  Четврток,

Ново летно топло и сончево утро.Ноќеска солидно


спиев.Малку топло до после полноќ,но потоа таман за
спиење покриен само со чаршав.
Синојка околу 20 часот излеговме да прошетаме низ бли-
скиот парк наспроти Веро,а потоа отидовме кај Сања.Таа
ни раскажа доста детално за нивното шетање во Рим.
Презадоволни се од се што виделе,иако Сања претходно
два пати на кратко била во Рим.Се видовме и со внуките.
На Срна и дадов 3000,оо денари како подарок од нас за
роденденот.Леа се пофали со двата бикини костими кои
ги купиле пред тоа и ташната за плажа.Ги облече и двата
еден по друг и прошета со секој пред нас,да кажеме како
и стојат.Таа е тенка и восочка за нејзините 13 години.
Сигурно уште доста ќе расте,бидејки зетот е висок,а Сања
средно висока.Едните бикини ќе бидат од нас за роденде-
нот кој и беше во април,како и кратките тексас панталон-
чиња кои претходно ди ги купила.Нормално треба да
изва дам пари од сметката и да и дадам на Сања за овие
пода роци.
Леа е позерка и прчла,како и повеќето девојки на нејзина
возраст.Сака убаво да се облекува.Секогаш бира скапа и
модерна гардероба и обувки,односно патики.
 

    

Сите внуци Филип,Срна и Леа сакат модерно и убаво да


се облекуваат.Нормално,бидејки и Сања,но и Нико се
исти во тој однос. Децата ги копираат родителите.
Синојка додека шетавме низ паркот,и раскажував на
Гордана,на крако околу книгата која сега ја читам.
Суштината е за групата скриени моќници кои го владеат и
управуваат светот.Таа ми кажа дека имаме дома книга
која ја земала од Сања и во која се зборува токму за
тоа.Книгата се вика:
Вистинска приказна за клубот Билдерберг.
Бестселер кој е преведен на 48 светски јазици.

   
Брзам да ја прочитам сегашната книга Владари из сенке и
веднаш да ја читам оваа книга.Сигурен сум дека е интере-
сна.Околу 9 часот се јави внукот Дарон и најави гости.Се
израдувавме и го чекавме.Околу 10 стигна со неговиот
велосипед.
Ни раскажа некои детали од неговиот престој во камп со
неговити соученици во Грција.
Задоволен гене рално од скоро се,сем од храната.
Тое е пребирлив сличо како и останатите внуци,сем
Миха- ела.За неа сите јадења се убави и вкусни.И јас сум
потпо- лно истиот.Јадам буквасе.За разлика од
Госпожата која сеуште е доста пребирлива.Во детството
и младоста, како што кажува бела ептен
пребирлива.Скоро ништо посебно не и се
бендисувало.По некој пат се прашувам како баш мене ме
одбра кога е толку пребирлива.Јас сум далеку од
идеален во било кој поглед.Веројатно се заљуби и се
прелажа.Ха-ха.
Судбина.
Со внукот нешто пред ручекот изигравме ена партија шах.
Тој игра додта добро,но сепак јас имам многу поголемо
искуство и знаење.Морав да му попуштам за да ме побе-
ди и да се радува на победата.Тоа што во последниве
недели редовно,секој ден,гледам по неколку занимливи
шаховски парти на мобилниот телефон ми ги зголеми
идеите за стартегии и тактики во играта,посебно во напа-
дот во почетниот дел од секоја партија.На платгормата
ЈуТјуб има безброј интересни партии со коментар и ана-
лизи на опциите во конкретни веќе играни шаховски пар-
тии.За сега тоа ми е доста интересно.
Вчера возејки се до пазарот ,,Буњаковец‘‘ застанав пред
библиотеката ,,Браќа Миладиновци‘‘ каде е зачленета
Гордана и од каде често зема книги.Прашав за книги од
Дејан Лучич,но за жал немаат ниту една.
Изнакупив овоштие и зеленчук.Бидејки бев доста гладен
купив растурен батак спремен на скара и ладно пивце.
Одличен доручек.Со вклучени аудио снимци по англиски
јазик седнав на клупа во дебела сенка и со сласт
доручку- вав впедно слушајки англиски.
Потоа го буткав точакот до дома,бидејки бев доста нато-
варен,а ,,бисагите‘‘ за жал ги немав со мене.Секогаш воз-
ам по патека за бициклисти или по пешачка патека.По
коловозот е опасно,бидејки денешните млади возачи,но
и останатите се недисциплинирани и воопшто не пазат на
бициклистите поктај кои поминуваат.

14.7.2023 г.  Петок,

Уште една седмица се ближи кон својот крај.Ноќеска


за среќа солидно спиев.Ниту еднаш не станав,но сабајле
рано се разбудив и веднаш расонет станав.Времето е
скоро исто како и последните неколку дена.Синојка
отидовме на мулти медијалната прослава на денот на
државноста на Република Црна Гора.

        
Прославата се одржа во ,,Сули Ан‘‘ во турска чаршија.
Покрај амбасадорката на Црна Гора и дипломатскиот кор
на оваа амбасада,од наша страна присаствууваа и Мини-
стерот за внарешни рабори и министерката за одбрана.
Добар дел од гостите беа црногорци кои живеат во Маке-
донија.Целиот настан беше сосема просечен,но сепак ние
бевме задоволни бидејки забавно ја поминавме вчераш-
ната вечер.Подобро на обичен настан или обичен
концерт одколку дома пред телевизор.
Сабајлево брзам да напишам барем неколку страници,а
потоа околу 9 часот да ја посетам сестра ми.Сега прима
посети,бидејки отокот,како што вели скоро целиот е пов-
лечен и среден.Морам да се приберам дома до 10 часот,
бидејки потоа ќе биде уште по топло од вчера кога темпе-
ратурата достигна 39 степени. Фокусот е паркиран во
сенка под големо дрво,бидејки треба околу 12-13 часот
да однесам ручек кај Мартин.
Вчера додека внукот Дрон беше кај нас на гости, и
додека гледаше некои игри на телевизија ја најдов кни-
гата ТИ ИБАМ ШТРКОТ на бесплатната платформа за кни-
ги МАКЕДОНИКА.Ја ,,отворив‘‘ и започнав да ја читам.
Интересна е посебно поради стилот на кој е
пишувана.Тоа е скопски ,,лајт‘‘ сленг кој го бедисувам,
бидејки сите ние стари скопјани делумно зборуваме во
тој сленг.
Книгата зборува за заедницата на македонските иселени-
ци во Торонто.Доста илустративно и духовито го опишу-
ва жевотот скоро на сите типови луѓе кои се тамо во пот-
рага по подобар живот и поголем стандард од нашиов
македонски,кој не им се допаѓал.
Токму затоа и заминале за Канада,надевајки дека тамо
има убав живот и висок стандард.Во тоа брзо се разоча-
рале,бидејки од страна,од надвор,се изгледа поубаво и
по лесно од вистинското.
                     

Стилот на пишување и кажување на нештата е солиден и


рачунам да продолжам и да го дочитам ова книжуле до
крај.Врз база на текстот од оваа книга напишано е сцена-
рио за театарска претстава која сеуште се прикажува во
Македонскиот Народен театар.
Преставата носи наслов ТОРОНТО ЕКПРЕС,а  главната
улога ја игра познатиот наш актер Александар Микич.
Сакав да ја гледаме,но Госпожата одби,со образложение
дека сигурно е слаба и проста.
Сабајле повторно пребарав на платформата Балкан
даунлоад да видам дали можеби не сум видел добро во
врска со книгите на Дејан Лучич.Се обрадував кога најдов
неколку книги.Покрај претходно ,,симнатата‘‘ Владари из
сенке,ја најдов и книгата КИНЕСКА ОСВЕТА.Веднаш се
обидов да ја ,,симнам‘‘ и успеав.Ова буквално ме израду-
ва.Планирам обвезно да ја читам после сегашната која е
во два тома.Претпоставувам Кинеска освета е исто така
интересна и возбудлива.

            

Сега имам дури четри книги кои сакам да ги прочитам. 


Покрај оваа најдов уште две книги,секоја во неколку томо
ви,но за жал на првоот обид не успеав да ги ,,симнам‘‘.
Упорен сум по природа.Ќе продолжам да се обидувам и
понатаму.Ако треба ќе консултирам некој кој знае повеќе
од мене од оваа област на информатиката.

15.7.2023 г.  Сабота,


Започна нов викенд.Вчера предпладне отидов да ја
видам сестра ми Вита.Пристана да ја посетам,бидејки
отокот околу левото око,како последица од падот се пов-
лекол.

                      

Отидов со понада банани.Беше добро расположена пор-


ади брзото повлекување на отокот и одлична состојба со
левото око.Разговаравме за се и сешто,како и секогаш.
Многу ретко ме послушува за некој мој совет,но во врсла
со климатизерот ме послуша.Вчера го вклучила долго да
лади,а за тоа време седела во друга соба.Ми смета што
таа е една од личностите кои воопшто не го слушаат
сого- ворникот,туку веднаш се уфрлуваат во секој
разговор со свој коментар или мислење.
Вчера околу пладне ја одесов Гордана до
Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза‘‘ на контрола за
дијабетисот.Од таму продолжив до кај Мартин каде
однесов ручек.Се вратив назад до Центарот и во сенка
чекав да се јави Госпожата за да ја земам по
прегледот.По околу 30 минути се јави и веднаш заедно се
вративме дома.Никаде по пат не свра- тувавме,бидејки
беше изгор топло.
Времево сабајле исто како и вчера,и преквчера.
Сончево,топло,и тихо.Станав многу рано,околу 5 часот.
Веднаш по утринскиот ритуал во купатило седнав пред
лап топот да напишам нешто.
Бидејки временската прогноза за денес во Скопје е врело
до 40 степени,решив рано сабајле во 8 часот да отидам
сољубимецот до пазар и да изналупам зеленчук за сала-
ти и овоштија.Така и направив.
Со задоволство отидов до пазар и измнакупив се што
треба.Веднаш назад дома да не ме фати врукината.Со
вклучена климатизар во спалната уживам,се разбита со
лап топот пред мене.Куцам по нешто и фрлам по некој
поглед на телевизорот.
Околу пладне случајно наидов на документарна емисија 
За возрасен бициклиста кој со точак патувал 12000 кило-
метри до Кина.Неверојатен подвиг.Тој е од Србија,од гра-
дчето Шид.Се вика Иван и има околу 55 години.
Пред 6-7 години започнал да патува со точак, прво низ
Балканските земји,а потоа до Москава.По овој подвиг
одлучува и тргнува за Кина.Патува скоро 12.000 кило-
метри.
                

Секоја чест,и голем респект за неверојатниот подвиг.Не


застанува тука.Следната година птува од Африка,Сенегал
до Португалија.Патува низ пустињата Сахара до Мароко,а
потоа до Португалија.Не мирува и пред околу две години
продолжува да патува,но пеш низ балканските земји.Од
секогаш се воодушевувам на големи подвизи на некоја
личност.
Попладнево додека гледав вести на телевизија Гордана
се слушна со кумата Мира.Таа,кумот и внукот Алек кој е
дојден од Торонто на гости се во викендицата во Преспа.
Преспанското езеро,за жал секој ден се повеќе се повле-
кува.Катастрофа.Скоро да не е добро капењето во езе-
рото.
Таа се пожали за немањето постојано вода во викенди-
цата.Тоа е лошо.Летно време без вода за пиење и миење
е катастрофа.Тие ја наследија од таткото на кумата.Ја рен
овираа,но слаба фајда од тоа.Не се капат во езерото,и
повремено нема пиечка вода.Повеќе години прашањето:
Дали воопшто се исплати да се гради викендица.
                

Познавам повеќе скопјани кои изградија викендици во


околината на градот,но и подалеку.Повеќето од нив по
две,три години престанаа да одат во викендиците,а потоа
ги продадоа.Ретки се тие кои вистински ги користат пове-
ќе пати во годината.И јас и Гордана не сме по викенди-
ците.Повеќе сакаме секоја година да одиме на различна
дестинација и во друго сместување.Остануваме по своја
желба 7 или 10 дена.На крајот се пакуваме и си замину-
ваме дома.Кога би имале викендица би требало да се
исчисти при доаќање, а исто така и при заминување.Така
да викендица,не благодарам.

16.7.2023 г.  Недела,

Врелото скопско лето е во полн ек.Времето исто


како и претходните неколку дена.Денес решивме да
јадеме риба.Треба да купам морска риба ЦИПУРА ако
најдам во Тинекс или Рамсторе.
Знаеме за здрава исхрана во која има риба барем два,три
пати седмично,но за жал сем еднаш неделно тешко поче-
сто.Нормално во фрижидер се лади бело вино кое најдо-
бро се сложува со риба.

Вчера беше многу топло.Цело време се ладевме до кли-


матизерот,но бидејки е доста стар,слабо лади.Не се осве-
жи времето ниту пред полноќ.
Легнавме скоро на полноќ со вклучен климатизер во
спалната соба.Така некако, барем малку се разладивме.
Спењето солидно за вруќинива.Синојка Госпожата пре-
дложи размислување: Дали е добро да одиме една сед-
мица некаде на планина.Берово,Маврово или некоја
друга дестинација.Сабајле пред станување малку разми-
слував за таа опција.Комотитетот кој го имаме дома
тешко може да се најде во било кој хотел или
апартман.Од друга страна,за жал веќе не сме заљубен
пар како првите 20,па и 30 години.Тогаш ни беше доволно
што сме еден до друг. Се држевме за рака,а во хотел,или
апартман уживавме во нашата љубов.Сега,за
жал,работите малку се променија. Големата страст
полека се намали.Ситните лоши навики и мани дојдоа до
израз.Нема повеќе мазење и љубов во тек на неколку
дена.Биологија.Што да се прави.
Затоа се мис лам дали воопшто има смисол да одиме
некаде да ги избегнеме овие скопски вруќини.Ми дојде на
памет Бугарија.Банско,Сандански,Велинград.Сите тие
места се одлични за летување.Има базени за капење,и не
е пре- више топло.На сите три места веќе сме биле,но тоа
не е воопшто битно.За секоја од овие дестинации би
требало да одиме со нашиот Фокус и јас да возам.Дали е
паметно на 76 години да возам 250 тина километри во
еден прав ец? Охрид за сега го тргнав настрана.Можна
опција за оваа дестинација би била крај на август,кога е
помината гужвата,а сеуште е топла водата во езерото.
Дилеми, дил еми.Ќе размислуваме уште некој ден и ќе се
одлучиме за една од овие опции.Ќе видиме.
Синојка вклучив една епизода од фалената серија ДОБ-
РАТА СОПРУГА ( The Good wife).
 Серијата е доста популарна во Америка,но и пошироко.

            
Професионално направена,како и скоро сите Холивудски
серии и филмови.Во првава епизода дејствието е повеќе
со правосудството,бидејки централната личност е адво-
катка.
Ќе видиме како ќе се развива приказната понатаму во
следните епизоди.
Синојка ја најдов на екстерниот хард диск снимената
србска серија Државен службеник сезона 1 и 2.Ја пре-
снимив на УСБ стик и имам намера обавезно да ја гледам
комплетно.Содржината е работата на србската служба за
државна безбедност.Подрачје кое е посебно интересно за
мене.Моментално се репризира на тв каналот Телма.Ја
одгледав синојка и втората епизода.Повторно ја оценив
како солидна серија,се разбира за балканско ниво.Кога
би ја снимиле Енглезите или Американците би била уште
по добра,но тоа е тоа.
Ме радува што србската филмска продукција снима
многу серии,од кои некои драмски се сосема солидни за
мој вкус.Сите ги има на интернет.
Можат да се гледат во секое време бесплатно.Серијава
ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК ја играат солидни србски актери.
 

          

Режијата е истро така сосема добра.


Звукот,за жал,на моменти не е максимално добар,како во
филмовите,но некако е поднослив.Во србските и нашите
серии бидејки има повеќе епизоди и набрзина се снимаат
звукот е едвај просечен.Тоа е тоа.Со нетрпение чекам да
уграбам време и да гледам понатаму.Оваа серија ја
гледав пред три години,но најголем дел од содржината
сум го заборавил.

Секој добар филм, или серија,која ја бендисувам,можам


да ја гледам неколку пати.секое ново гледање
откривавам нови моменти и детали,кои претходно не сум
ги забеле- жал.
Синојка,скоро пред полноќ на спортскиот канал СК3 има-
ше емисија за Гренд Слем турнирот Вимблдон кој е во
тек.Видовме доста интересни детали од ова најдолемо и
најпопуларно такмичење во тенис во целиот свет.
На крајот дадоа преглед на сите освоени први места на
Грен слем турнирите (23) од страна на најдобриот
светски тенисер Новак Џокович.Никој пред него нема
осоено толку први места на овие најголеми светски
турнири.
Денес ќе го гледаме финалето во машка конкуренција на
овој турнир меѓу Џокович и Алкарас.
Младиот шпански извонреден ренисер е млад ( само 20
години) и во голем налет.Сигурен сум во квалитетот на
мечот кој престои.Ќе биде врвен.
Џокович како најдобар тенисер во моментов во светот
против феноменалниот млад играч од Шпанија,Алкарас.

         

Искуството и знаењето против младоста,агресивноста, и


огромната желба за победа.Ќе гледаме крајно возбудлив
и неизвесен меч.
Сабајлево се мислам во врска со ручекот Риба.Големите
Супер маркети Тинекс Зебра и Рамстор,каде може да се
купи риба, во недела работат од 10 часот.Додека купам и
се вратам дома ќе ме фати скоро 11 часот.После 10 часот
вече е многу топло,барем за мене.Дилема?
Дали не е по паметно да спремам нешто друго.Дали
можеби печурки со хопла и шпагети,или тортелини би
била солидна замена за планираната риба.Риба би
можеле да јадеме во среда на пример.Ќе видиме што
мисли Гордана за овие мои размисли.
Вчера на пазар купив извонредни црешни. Охри-
дски,кои се најдобри во Македонија,веројатно поради
специфичната клима.Најскапи на пазарот во тој моме-
нт,но вредат за цената од 120 денари колограм.
Овие црешни се најдобри од сите кои што сум ги купил
ова лето.

        

Пред да ги купам ги донесоа на пазарот.Значи свежи и


цврсти,а зрели и слатки.Ги сакам сите врсти овоштие,но
црешните ми се слабост.Уште подобри се кога се оладе-
нни,било во фрижидер,или со коцки мраз во вода каде
има црешни.Се подсетив на далечната 1995 година кога
со колегата Цаснко,од ,,Раде Кончар‘‘ бевме на саем во
Милано.Таму на една вечера ни понудија на крајот цре-
шни.
Во посудата имаше заедно со нив доста коцки мраз кои
убаво ги изладиле црешните.Уште,по скоро 30 години ги
паметам тие извонредни италијански црешни.
Сите овоштија брзо скапуваат на овие пеколни вруќини.
Ако не се свежи,следниот ден веќе некои се полу скапа-
ни.Истот важи,како за црешите,но и за праските, кајси-
ите,јагодите и доста други овоштија.Веќе имам солидно
искуство и знаење во врска со избор на свежо и квали-
тетно овоштие.Цената веќе воопшто не е битна.До пред 5-
6 години беше битна за мене,но веќе парите не се про-
блем.Скор секој месец ни остануваат 150-200 евра.
Не трошиме повеќе од неопхпдното.По 50 тина години
штедливо однесување,сега и да сакаме не можеме дру-
гачие да се однесуваме.

17.7.2023 г.  Понеделник,

Ноќеска започна уште една изгор седмица. Темпера-


турите се околу 40 степени,а на јужниот дел Ѓевѓелија и
Демир Капија и повеќе.
Вчера го следевме финалниот меч на турнирот во Вимбл-
дон меѓу Џокович и Алкараз.Извонреден,ретко виден меч.
Двајцата финалисти играа извонредно.Младиот Алкараз
на 29 годишна возраст имаше огромна желба да го
победи моментално најдобриот тенисер во светот
Џокович.Со невиден ентузијазам се трудеше и конечно
успеа.
Во петиот сет сепак беше за нијанса подобар,а имаше и
повеќе среќа.Новак играше стандардно одлично,но сепак
недоволно добро за младиот шпанец кој е во голем
налет.
Алкараз сега е прв рекет во светот,а Џокович
втор,според АТП ранглистата.
Големо уживање за сите љубители на тенисот ни пружија
двајцата великани.Мечот траеше повеже од четри часа,но
и двајцата беа сеуште релативно свежи кога истиот завр-
ши.
                      

Низ мечот видовме повеќе фантастилни поени,како од


страна на Алкараз,но и од страна на Џокович.Вчерашното
финале беше големо уживање.
Паметот ми одлета кон моите два мобилни телефони.
Новиот е извонреден,иако не е воопшто скап.Во
споредба со Ај фоните е ефтин телефон.Има се што
имаат и тое,а веројатно за некои ситници е послаб.Кои
незнам,и не ме интересира.За мене е супер.И стариот не е
воопшто лош, само што звукот сега е малку послаб,по
тежок и малку по спор од новиот,кој е турбо.Во
сегашните паметни телефо- ни има буквално се.само што
некои не знаат,или не сакаат да се замараат со користење
на скоро сите можности. Секој ден ги користам и
двата.Прво го ,,штедам‘‘ новиот,а второ на стариот имам
некои слики кои ги немам на нови- от.Како и да е,и двата
за сега ми вршат одлична работа за се и сешто.Лап
топовите исто така секојдневно ги корис- там,но тие не се
толку мобилни како телефоните,со кои одам и во
купатило.
За мене,а веројатно и за милиони други корисници,
мобилните телефони се феноменален пронајдок за
современиот свет во кој живееме.

       

Во последниве пар години буквално не може да се најде, 


види млад човек да нема мобилен телефон во раката.
Слично е и со возрасните.Пензионерите малку помалку
се зависници од мобилните телефони.Сите ги
користат,но накќесто да се јават некому,или да одговорат
на повик.За мене,за жал,или за среќа,моите мобилни
телефони станаа дел од мене!!
Во овие пензионерски години,телефониве и лап топот се
нај убавата занимација,барем за мене.Некои пензионери
имаат други занимации,што воопшто не е лошо,ако им
парат ќеиф.Некои си работат во градината или во викен-
дицата,а други дремат и гледаат спортсдки преноси во
обложувалниците,кои се преполни претежно со пензио-
нери.
И едното,рабора во градина,ниту другото,гледање нат-
превари во пензионерско друштво никогаш не ме привле-
кувало, ниту сега ме привлекува.И едното и другото за
мене е изгубено време.За тои што сакат да си копкаат
нешто во дворот,тоа не е лоша занимација.Јас од
никогаш не сум сакал работа со ашов и лопата.Повеќе ме
интере- сирала интелектуална работа,работа на
компјутер, учење јазици,па и читање книги.Посебно сега
кога сме на крајот на животот.Сега секој час и ден ни се
битни и избројани. Затоа се трудам колку што можам да
не си го губам вре- мето со глупости.

18.7.2023 г.  Вторник,

Стандардно летно скопско  утро.Утринските ритуали


исто стандардни.Вчера возајки се кон домот на Мартин
со ручекот на некоја радио станица ја
слушавпеснатаИмаџин  (Imagine) која ја изведува Џон
Ленон од групата Битлси. 
 

Неверојатно убава мелодија.Вистински Евер грин.


Компонирана и прв пат изведена пред 60 и неколку годи
ни.Се подсетив на младоста,кога во 60 тите,но и во 70
сетите години групата Битлси беше најпопуларна во цели
от свет.Tекстот на песната е исто така извонреден.Секој
може да се пронајде во некој дел од песната. Сите,кој пов
еќе кој помалку сме сонувачи.
Попладне читајки ја книгата Владари из сенке,но и
Кинеска освета си помислив: Колку убаво и интересно
пишува Лучич.За моето пишување на дневникот,но и
претходните напишани книги си помислив: Мали џокица
се замислува писател и пишува.Тоа е сосема точно.
Далеку сум јас од писател.Мене ми е битна желбата да
пишувам и да се занимавам,а за квалитетот е сосема дру-
га работа.

  

Немам намера ноту амбиција да објавувам и штампам


било што.Затоа воопшто не се секирам.
19.7.2023 г. Среда,
Деновите се нижат како монистри од ѓердан.
Секој нов сличен на претходбиот,посебно за нас пензио-
нерите.Додека работев чекавме да дојде 12 ти во месецот
и да земеме аванс од платата.Птоа чекавме да дојде 25 ти
и да го земеме остатокот од платата.Сега чекаме да дојде
28 ми или 29 ти и да ,,легнат‘‘  пензиите на тековните сме-
тки.
Сега,на крајот од животот сватив дека во суштина живо-
тот е голема илузија и голема лага.Се сетив на една
мудра мисла,која оди вака:

Еднаш животот ја прашал смрта: Зашто сите


луѓе ме сакаат мене,а те мразат тебе?
Смртта одговориле:
Бидејки ти си убава лага,а јас сум грозна
вистина.
Со ова се е кажано.За лагата и вистината.За илузиите и
верувањето во нешто што не постои.
Уште од раната младост сонуваме фантазираме за се и
сешто.Низ животот нешто се остварува,а нешто не.И тоа
што се реализира,не е во потполност исто со нашите
соништа и мечтаења.Во секој од нас,па и во мене,има три
личности.
Првата е : кој сакаме да бидеме.Втората: Кој се замислу-
ваме дека сме.А третата: Кој вистински сме.
Проблемот е што некои личности не се воопшто реални.
Се замислуваат многу,многу повеќе од тоа што се.
         

Понатаму сакаат да бидат нешто што е невозможно,барем


за нив.И трето,не се познаваат,или не сакаат да веруваат 
во тоа што се.Затоа,таквите личности најчесто животот го
поминуваат крајно несреќни и незадоволни.
За моја среќа сакам да врувам дека сум доста реален во
однос на сите три категории од една личност.Веројатно
затоа сум среќен во тоа што сум,и во тоа што сум пости-
гнал во животот.Свесен сум за мојата просечност скоро
во се.Среќа ме пратеше цел живот,што е посебно важно и
битно.Некои личности по способни од мене во повеќе
области и категории,за жал немале доволно среќа и
малку,или скоро ништо не направија со своите животи .
Примери за такви случаи има безброј.
Од вчера започнав да ја читам книгата КИНЕСКА ОСВЕТА
од истиот автор Дејан Лучич,бидејки книгата Владари из
сенке стана малко досадна и монотона.Затоа започнав со
новата,да видам дали таа ќе ми биде интересна.
За среќа досега,првите 50 тина страни е возбудлива и
интересна. Се надевам ќе остане интересна до самиот
крај.
Вчера се обидов да го поправам казанчето во Ве-Це то за
гости,но не успеав.Одлучив да купам ново.
Сабајле,рано,рано,отидов до продвницата за елементи за
купатила и разни други делови ,,АНСА‘‘ и купив потпоно
исто како постоечкото.Тоа е битно,за да не треба да буш
ам нови дупки за прицврстување.Сега чекам да се раз-
лади малку времето и да го монтирам.
Постоечкото добро служеше 15 тина години,од самото
вселување во станов во кој сега живееме.Ништо не е
вечно.Се има свој век на траење.Тоа често го
спомнуваше мајка Евгенија.Сосема точно.Се има свој рок
на траење.

За разлика од неа,која беше доста реална скоро во се,


татко ми очекуваше работите да траат десетици и десе-
тици години,што е невозможно и воопшто не е реално.
Истото се однесува и за разни стаклени работи.Мајка ми
не се секираше кога ќе се скрши нешто,чаша или чинија. 
За разлика од неа,тој збеснуваше кога некој ќе скрши
нешто.Мајка ми велеше:Добро де,па што ќе произведу-
ваат фабриките ако никој не скрши  нешто.
За моја среќа,сакам да верувам дека од татко ми имам
малку наследни особини,а повеќе од мајка ми.Таа беше
неспоредливо подобра од него во секој поглед.За чесно-
ст и морал да не зборуваме.Беше ценета и почитувана од
сите роднини и пријатели,како и комшии.Тој не.

20.7.2023 г. Четврток,

Нов летен врел ден.Прогнозата за денес е исњта


како ивчерашниот ден.Температура во Скопје 40 степени.
Докторите препорачуваат што побеќе вода.Пијам и без
тоа многу вода.Сега по вруќиниве уште повеќе.

       
Пиењето многу течности е здраво.Сите тоа го знаеме.
Затоа се трудам да пијам што повеќе вода.
Сабајле отиодов до ,,Зелен пазар‘‘ со Фокудсот и изна-
купив зеленчук за денешниот ручек и овоштија.Многу е
топло уште од рано сабајле,и затоа не одам во овие дено-
ви со точак.Купувам обично повеќе работи,а потоа се
потам по сонцето возејки го точакот.
Околу пладне на тв каналот Н1 имаше емисија за првата
атомска бомба и нејзиниот главен проектант и
реализатор Роберт Опенхајмер.

            

Посебно интересно е што во оваа документарна емисија


беше нагласено каењето на овој голем научник во однос 
на употребата на бомбата за уништување на људски жив
оти.Опенхајмер не бил свесен за огромната разорна моќ
на атомската бомба и употребата за уништување на неко-
лку стотини илјади човечки животи.Гледајки ги разорните
страшни резултати од Хирошима и Нагасаки тој се проти-
вел на развојот на хидрогенска бомба.
Поради тоа паднал во немилост од страна на Американ-
ската тогашна власт.По 10 години бил рехабилитиран.

21.7.2023 г.  Петок,


И оваа седмица полаека завршува.Времето скоро
исто како и цела оваа недела.Сончево и многу топло.На
вести видовме и слушнавме за големото невреме во
Европа,Хрватска,и делумно во Србија.Мислевме ќе се
спушти и кај нас.Така скоро секогаш се случува.Но,овој
пат не одмина.Продолжи кон исток.
Сабајле,додека го пиев утринското кафенце Гордана ми
покажа слика од познатиот србски актер и режисер Дра-
ган Бјелогрлич снимена сега,но и слика од пред 30 тина
години.Во младоста беше згоден фраер.Скоро секоја
девојка го бендисуваше.Сега Бјелогрлич е пропаднат
старец.Големи подочњаци,брчки и проседа коса на само
59 години.Штета за големиот актерски бард на србската
филмска сцена,но и голем режисер.
Во последниве години снима доста серии од кои најоми-
лена ми е ,,Сенке над Балканом‘‘.
Серијата беше снимена во две сезони.Третата потоа.
Веројатно е снимена,но сеуште не се прикажува,незнам
зашто.Во оваа извонредна серија тој упешно  ја глуми
главната роља,а воедно е и режисер на серијата.

               
Во уметничкиот свет,посебно актерите алкохолот е оба-
везен,и тоа во големи количини. Дрогата исто така.
  Резултатот се гледа и во изгледот.
Повеќе пати се прашувам зашто сите актери многу пијат
алкохол.Прецизен и точен одговор имаат само тие.
Но,сепак мислам дека малку подобро и порано
сваќаат,од нас останатите, дека животот е голема лага и
лакрдија. Можеби затоа пијат повеќе од останатиот свет.
Хормоните,и машкиот и женскиот пол го тераат да веру-
ваат во нестварни нешта,и во вечна и вистинска љубов.
За жал,и едната и другата категорија се минливи и мен-
ливи,како и се останато.Кога хормоните ќе престанат
да ,,работат‘‘,во годините по 60 тата,сваќаме дека
животот не е баш тоа што сме мислеле дека е.
Розевите очила низ кои сме го гледале животот,паднале
и се скршиле.Сега, на крајот од преставата наречена
ЖИВ- ОТ нештата ги гледаме со сопствените очи,без
никакви обоени очила.Тоа е тоа.
Сабајле отидовме на преглед кај Доктор Серафимо-
вски за Гордана.Тој е специјалист за интерни болести со
големо искуство и знаење.Детално ја прегледа и изјави:
Вие сте здрава жена.Нема проблеми,иако Билорубините
од жемиската анализа се покачени.Препиша лекови за
смалување на истите и препорача да ,,симне‘‘ барем 10
килограми,и да пешачи повеќе.Задоволни од добриот
исход на прегледот се вративме и продолживме со свои-
те рутински обврски.
Вчера на тв каналот Тв Алфа гледав дел од емисијата
Поводаџија.Еден господин во поодминати години спомна
дека свири на хармоника,а омилена шпесма ,,Куд се
журиш хеј животе‘‘.Или на друг начин кажано:
,,ХЕЈ ЖИВОТЕ СТАНИ МАЛО‘‘.
                          
Песната е одлична, а посебно текстот и значењето.
Подсетува на животот.На брзото поминување на истиот.
Се подсетив на изминатите 50-55 години,кои како да про-
летаа.Стварно животот е краток,помислив.Сите убави
нешта,за жал кратко траат.Веројатно и затоа се толку
убави,и не се забораваат.
Сурфајки по Интернет наидов на напис за познатата
актерка,преубавата Ен Хатавеј ( Anne Htaway).
      

Се изненадив кога прочитав за нејзината пластиочна


операција на носот и устата.Неверојатно.Пред операци-
јата беше една од најубавите актерки во Холивуд.Не сва-
ќам зашто се подвргнуваат на операции кога и пред тоа
се многу убави.Со операцијата малку и го стесниле и
исправиле носот и малку стесниле устата.Останала исто
убава,иако за мене пред зафатот уште по убава.
Исто се случи и со повеќе други актерки.Еден пример за
тоа е Мег Рајан.Со операцијата ја направија не толку уба-
ва во споредба од пред зафатот. 
Мусаката која ја спреми Госпожата со компири и модри
патлиџани беше одлична.
Веднаш по ручекот однесов мусака и за Мартин и фами-
лијата.Ја земав ,,Шведската‘‘ клешта и неколку рачвасти
клучеви кои ми требаат за монтирање на новото казан-
че.Попладне го монтирав без проблем.Претходно гледав
уште една епизода од серијата Државен службеник.
Секоја епизода е одлична,секако за мој вкус.Низ епизо-
дите гледаме дел од вистинските активности кои ги изве-
дуваат  службите за безбедност во сите Европски земји,
како и пошироко.Мене сите акции и се околу тоа ми е
интересно.Секоја сезона има 12 епизоди
Значи ќе уживам во 36 епизоди.

       

Главниот лик оперативецот Лазар одлично го игра


актерот Милан Марич.Останатите актери и актерки се
исто така солидни.Режијата солидна.

22.7.2023 Сабота,

Започна уште еден летен викенд.Пред два дена


Амбасадорката на САД во Македонија Агелер на прес
обзнани за ставањето на бизнисменот Орце Камчев на
црната листа на САД.
              

По Струшкиот градоначалник Мерко,Камчев е втор на


оваа листа.Таа објани за имање цврсти докази за него-
вата нечесна работа и постоење на матни зделки и кору-
пција во последните 10 тина години.Тој е еден од најбога-
тите бизнисмени во Македонија.Веројатно поседува  бога
тство поголемо од 100 милиони евра. За мене е малку
чудно зашто влегува во недозволени здалки и кору пција
кога и без тоа е енормно богат.Веројатно недозно- леното
делување и коруптивните активности му прават задовол-
ство.Тоа е веројатно појако од него.Газда е на Клиниката
Аџибадем Систина,фирмата Орка, и повеќе други бизни-
си.Тој што е нечесен веројатно не може другачие.
По вчершноот одличен ручек МУСАКА со месо,денес реш
ивме нешто лесно без месо.Одлуката падна на симит пога
чи со кисело млеко и јогурт,кои и двајцата ги сакаме.
      

Во нашиов град,па и во доста други градови низ Мак-


едонија. Овој ориентален  специјалитет е останат уште од
времето на турското владеење на Балканов.
Малку е чудно што се состои од тесто и друго тесто, но
вкусот како комплет е извонреден,барем за нас.
Сабајле доста рано отидов и купив две симит погачи.
Потоа со точакот се разбира продолѓив до ,,Буњако- вец‘‘
да купам риба за утре,како и овоштие и зелен- чук.
По прегледот на Гордана и добрите вести дека се е во
ред,расположението на двајцата драстично се
поправи.Страхувањето од најлошата болест исчезна за
миг.
Синојка излеговме да се прошетаме и пропешачиме
низ ,,нашиот‘‘ парк наспроти Веро.Како и секогаш, малку
одевме,малку одмаравме на клупа,бидејки Госпожата
нема кондиција.Задоволни од целиот ден се вративме
дома.
Побаравме по тв каналите нешто што би гледале. Ништо
интересно.На платформата Нетфликс ја најдо- вме
серијата Калидоскоп и ја вклучивме првата епи-
зода.Станува збор за банда која се спрема да опљачка
сеф кој е неверојатно добро обезбеден.

            

По кратко јас задремав неколку пати,веројатно пора-


ди умор,или ми паднал притисокот.Застанавме,го
исклучивме тв апаратот и си легнавме.Веројатно ден
ес или утре ќе продолжиме со гледање на оваа сери-
ја.Ноќите во скопје во летниов период се претерано
топли.Затоа спиеме со вклучен климатизер до 01 или
02 часот,а потоа некој од нас го исклучува.Така нека-
ко може да се спие горе доле нормално.
Сабајле пред станување на ум повторно ми дојде ми-
слата за разните животни патишта на секој од нас.
Овој ,,феномен‘‘ го сватив уште во раната младост.

Од тогаш ми е јасно дека воглавном секој од нас си


го избира својот пат во животот.Или барем треба да
си го избира.Во тој избор се умешува и среќата која е
исто така многу битна во црлиот процес на избор.
Познавам многу личности,роднини,пријатели и коле-
ги кои своите слаби или никакви успеси во животот
ги правдаат со немање услови,немање можности и
слични изговори.Тоа е целосно неточно.Секој од нас
барем еднаш или два пати во животот имал шанса да
направи нешто со себе.

               

Личностите со послаб карактер и помалку упорни


лесно и брзо се откажуваат од своите соништа и го
избираат полесниот пат низ животот.
Покасно,најчесто во себе се кајат за тој избор,но
обично веќе е касно за корекции и големи промени.
Ако сумираме,генерално секој е креатор на својата
иднина и својот живот.Има мали исклучоци кои мо-
жат и треба да се занемарат.
Ретки се личностите кои не успеале во животот така
како што замислувале,а се искрени и јавно го призна-
ваат тоа.Скоро секогаш тие си наоѓаат изговори за
нивната лоша-погрешна одлука.Најчесто не се
свесни ниту за својот слаб карактер,ниту за своите
способ- ности за било што.Тоа што го прават мислат
дека е најдоброто,а во суштина далеку е од
најдоброто.Што е најдобро е друга категорија која е
различна за секој од нас.
Ги жалам тие личности кои мислат дека се прават
нај,нај,а всашност не е така.Од друга страна можеби
тие така се чуствуваат солидно и среќно,што за нив е
најбитно.Дали е вистинито или не за нив не е битно.
Најчесто скоро сите сакат повеќе од тоа што можат,
или што се спремни да направат.Веројатно тоа е нор-
мално.Според мене битно е да се свесни и реални за
нештата.Кај добар дел од луѓето тоа за жал осаству-
ва.
Вчера се подсетив за моето зуење на ушите. Послед-
ниве пар недели ретко или скоро никогаш не ми
зујат. Тоа посебно ме радува иако не ја знам
причината. Можеби од топлото време атртериите се
шират,и со тоа паѓа притисокот.Можеби е тоа
прочината за губе- њето на зуење.Или можеби има
друга причина.Кој знае.Никој.Битно едека генерално
скоро се изгуби ова непријатно зуење на ушите.Се
надевам ќе остане така Ќе видиме.Времето ќе
покаже.
Вчера случајно го најдов филмот ОПЕРАЦИЈА СМА-
РАГД на платформата ЈуТјуб.Има вметнат србски
превод.Се работи за шпијунски трилер од крајот на
Втората светска војна.Главниот лик во филмот е
двострукиот британски агент кој работи и за наци-
стите.Ликот го глуми познатиот Холивудски актер Ед
Харис.
        

Снимен е во далечната 1985 година.Сите шпијнски


филмови се мои омилен жанр и со задоволство ги
гледам.Шпијуните се посебна класа личности.Сите
се интелегентни,храбри и патриоти.Се прашувам
повеќе пати дали би можел и дали би сакал да
бидам,или да бев шпијун.Одговорот е секогаш
негативен.Не веру- вам дека имам способности и
јачина за таква актив- ност.Се воодушевувам и ги
почитувам тие личности кои првенствено од
патриотски побуди се бават со таква активност.Тоа
се луѓе со посебно јак карактер. 
Во серијата Државен службеник која ја гледам глав-
ниот лик агентот оперативец Лазар е таков лик и
карактер.Нестрпливо чекам да ја гледам следната
епизода од оваа прекрасна серија.
Во книгата Владари из сенке авторот Дејан Лучич
пишува за Јосип Броз дека бил британски шпијун
уфрлен во Комунистичката партија на Југославија во
30 тите гидини.Кодно име му били ВАЈС.Дали е тоа
вистина или не,никој не може со сигурност да потв-
рди.Бил посебно надарен а повеќе работи.Како ли-
дер,државник и председател бил ненадминат.

                         

Поради неговата политика и водење на Југославија


беше ценет во целиот свет,како на исток,така и на
запад.Посебно ценет од неврзаните земји кои не при-
паѓаа на ниту еден воен блок.Беше култна личност
во тогашната Социјалистичка Југославија.Правеше
се што мислеше дека е добро за таа држава и
народот. Но имаше и свои лоши страни.
Секој кој мислеше различно од неговите погледи и
принципи,и се експонираше со тоа, беше ставен во
немислост и тргнат настрана.Многумина затварани
по разни затвори и тероризирани и малтретирани.
Тој умееше многу вешто да го води целиот народ,кој
сака да слуша тоа што му се допаѓа.Токму тоа Јосип
Броз го зборуваше на широките народни маси.И тие,
скоро сите, му веруваа во се што ќе кажеше.Во тој
период бев млад,идеалист,и верував скоро се што
тој зборуваше.Потоа созреав и сватив дека за повеќе
работи,тоа што тој и неговите врвни луѓе зборуваше,
не е баш така.По 25 та,одкога се оженив и богами соз-
раев,сватив дека има многу демагогија и лаги во
политиката која ја водеше Сојузот на комунисти во
Југославија,на чие чело беше нормално Јосип Броз.
Скоро дите врвни политичари,едно проповедаа,а
сосема друго правеа.Тоа ми стана многу одамна
јасно.Се создаде така наречената црвена боржуазија,
која потполно ги уживаше благодетите на револуци-
јата и победата во ослободителната војна.За
народот и работничката класа имаа само убави
зборови и фалби во нивните говори,а практично
сосема друга- чие се однесуваа приватно.Ги уживаа
сите благодети на победниците,иако повеќето
вистински  борци ги дадоа своите животи во
револуцијата и борбите за ослободување на земјата.

23.7.2023 г.  Недела,

Започна и вториот ден од овој летен викенд.Скопје е


најпразно во период од 20 ти јули до 10 ти август.
Најголем дел од скопјаните се некаде на летенодмор.
Посебно за време на викендите во овој период.
Буквално личи на празен град.На температури околу
40 степени скопјаните,тие што останале во градот се
ладат дома со климатизери.
          

Во релативно блиското минато во Скопје работеше


отворениот базен за капење под Кале.Базенот во
Сарај исто така.Се капевме скоро сите скојани на
реката Треска пред Сарај на локацијата наречена кај
кривината. Рекреативното езеро Треска исто така
беше преполно со капачи во летните месеци.Од сето
тоа сега,за жал, нема ама баш ништо.Летата во мојов
град во минатите децении беа подносливи, за раз-
лика од сегашните.
Прво бевме многу по млади.Вруќините малку ги
осеќавме.Второ имаше каде да се оди за разла-
дување и забава во викендите,но и преку неделата.
Покрај реката Треска која беше чиста и бистра,но
студена,и реката Вардар не беше загадена.Одевме на
на разни градски плажи,а највеќе на градска плажа
каде беше преполно со капа чи.Уживавме во друже-
њето,капењето и забаву вањето.Тоа беа незабора-
вни години.Од сети тоа останаа само големиот број
прекрасните спомени,и по некој непријатен.За среќа
убавите спомени ќе ги паметам до крајот на животот.
Вчера попладне случајно на социјалноте мрежи наи-
дов на кратки видеа за аматерско одгледување неко-
лку разни овоштија на едно стебло во саксија.

             

Бидејки сум тотален лаик за пољоделство и градина-


рство овие видеа посебно ме одушевија.
На далечниот исток,посебно Индија и Кина прават
буквално чуда  со нивните ртезултати од
овааобласт. Најразлични две,три егзотични овоштија
на едно сте- бло успешно ги одгледуваат дури и во
саксии.
Одсекогаш ме воодушевувала инвентивноста на не-
кои личности низ светот,како во минатот,така и во
сегашноста.Малите инвентивни ,,ситници‘‘ се исто
интересни.Социјалните мрежи се полни со разни
мали иновации и инвентивно решавање и на најоби-
чните нешта.
Синојка го проследивме концертот на Американската
музичка група The Elias Ladino Ensemble.Се одржа на
отворено пред музејот на еврејскиот холокауст.
          

Оваа американска група доаѓа од Северна Вирџинија


и изведува традиционална музика која во минатото
ја изведувале и пееле Евреите во нашиве краишта,но
и низ целиот свет.Музиката беше одлична.
Кларинетистот кој и воедно беше пеач има корени од
Битола.Недовиот дедо,Евреин се иселил во Америка
мред многу години,каде и сега живее неговата фами-
лија.
Концертот се одржа под покровителство на Еврејска-
та заедница во Македонија.
Оваа година  се одбележува 80 годишнината од про-
гонот на Евреите во 1943 година во Нацистичкиот логор
Треблинака,и 60 годишницата од рушењето на објектите
на Евреите во катастрофалниот земјотрес во Скопје.
Времето синојка беше доста топло,како и претход- ните
вечери.Но сепак со извонредното музицирање на
членовите од музичката група тоа скоро да не се
примети.Поминавме убава забавна вечер во склоп на
манифестацијата Скопско лето 2023 која беше и орга-
низатор на концертот.
Конечно денес за ручек ќе имаме риба ЦИПУРА спре-
мена во рерна,со прилог компир салата.
            

Вчера купив риба,бидејки во неделите работат само


големите Супер маркети и тоа од 10 часот.На овие
вруќини тоа е прекасно.Јас се обидувам се да завр- шам
до 10 часот и да се приберам дома.
Така препорачуваат медецинските лица за возрасни над
60 години.Оваа возраст одамна ја поминав и затоа се
трудам да ги следам нивните препораки.
Брзам да завршам со ова пискарење,куцкање пред 8
часот и потоа со љубимецот да отидам до ,,Зален пазар‘‘
и изнакупам овоштие и зеленчук.
Се спремив набрзина и ги побарав клучевите задвете
заклучувања на точалот.Барав,барав и никако да ги
најдам.Се сетив дека вчера исто со точак бев до ,,Бу-
њаковец‘‘ и  нормално го заклучував точакот.Малкиу се
изнервирав што не можам да ги најдам.Тогаш при- метив
дека десниот голем џеб од кратките панралони е скинат
на дното.Веројатно ми испаднале низ таа дупка.Се
откажав од точакот и со кола отидов до паз- ар.Се
свестив дека последниве години започнав пове ќе да
заборавам,па и да губам некои ситни нешта. 
   

Веројатно тоа е донекаде нормално за мојава возра- ст.


Кој знае.Ако не ги најдам за ден,два,ќе морам да поза
јмам специјални клешти и да ги исечам сајлата и лан-
ецот,а потоа да си купам нов катанец.
Со Фокусот отидов до паркингот наспроти Заводот за
статистика кој е бесплатен за време на викенд.Имаше
слободни места и лесно и брзо се паркирав.Потоа
изнакупив се што планирав и назад до колата.Во про-
лазот меѓу двата реда паркирани коли имаше една кола
која излегуваше полека ,полека,со упатства на еден
маж.Потоа дојдов и јас на ред за излегување. Фокусот е
доста широк,па со големи маки и со помош на еден возач
од колата позади мене едвај успеав да ја поминам колата
низ иглени уши,што би се рекло.
Меѓу Фокусот и колите од левата и десната страна имаше
буквално по 2-3 сантиметри.Без инструкции на возачот
од следната кола во редот тешко ќе изле- зев без да ја
иагребам колата.Потоа се зареков, нико- гаш повеќе на
тој паркинг.
Попладне ги побарав резервните клучеви од сајлите за
точакот.Мислев ќе најдам едн клуч,но за мое изненаду-
вање ги најдов двата клуча.Тоа ме израдува, бидејки
утре  ќе можам да продолжам со возење на точакот.

24.7.2023 г.  Понеделник,

Започнува уште една седмица,летна се разбира.


Стандардно се надевам.Вчера се слушнав со внукот Дар-
он.Меѓу другото се пофали за спремените американски
палачинки за целата фамилија. Тој е голем љубител на
спремање јадења, и други кулинарски детали испремања.
Тој е малку деликатен и специфичен со јадењето.Не бен-
дисува некои јадења,и критички ги оценува скоро сите.
Михаела јаде се што ќе и се принесе,исто како мене. Сли-
чно и Мартин и снаата.Затоа него гопрашав што сака за
ручек за утре.Предложев неколку јадења,а тој прифати
гибаница.Гордана спрема одлична гибаница.Така да утре
сабајле ќе купам тнки кори,сирење и кисели млека,а по-
тоа Госпожата настапува.
    
Последниве години Гордана спрема така наречена Гужва-
на гибаница.Секој пат е оглична.Сите ја бендисуваат.
Вчера барајки по Интернет наидов на Британска шпијун-
бска серија која носи име: Ноќниот менаџер ( The Night
manager).

          

Нормално ја ,,симнав‘‘ вметнав превод.Синојка ја


вклучив првата епизота доста касно.Ја гледавме но полу
заспани.
Серијата е солидна,барем првата епизода.Вечер или утре
ќе ја гледам и следната.Се работи за ненамерно вовлеку-
вање на менаџер на хотел во ноќните смени во шпијунски
активности на МИ5.Британците прават солидни серии и
верувам оваа ќе бите таква.

Сабајле пред станување,како и секој божји ден,се расо-


нувам мислејки на нешто.Овој пат се сетив на вчерашни-
от разговор со еден пријател од ,,Раде Кончар‘‘.Често се
гледаме на ,,Зелен пазар‘‘ каде тој со сопругата имаат тез-
га за разни домашни потреби за хигиена,но и грав, ориз,
леќа и слично.Многу е зборлив,па за десетина минути ми
изрецитира едно чудо работи,како за фамилијата,за жив-
отот и за други кончаревци.Поентата на буабетот му беше
Треба лично да си го живееме животот како што сакаме и
можеме.Децата си се деца.Ќе си го најдат својот пат сами.
Тоа е се точно,но го подсетив за моментот на осознавање
на оваа голема вистина со зборовите:
Тоа е се така,но скоро сите ние малку касно се освестува-
ме за оваа вистина.Тогаш обично е доцна.
Ми раскажа за синот кој е во Америка.Работел на брод,
заработувал многу.Ќерката се омажила и живее во Охрид.
Тој и сопругата сеуште продаваат разни ситници на
пазар,
по вруќини во лето,и по студ во зимо.Мораат за да се
пре- хранат.Не спомена дали синот испраќа малку
долари. Веројатно не.Истото важи и за ќерката.
Тој и сопругата  тешко се мачеле да ги изведат на пат де-
цата,а сега се заборавени и оставени сами на себе.Вакви
случаи има безброј.Овој пример ме подсети на една
изво- нредна мисла во врска со ова.Таа гласи:

Сакај се најпрво себеси бидејки ти ќе мораш


да живееш со себе до крајот на твојот живот.
( Love your self first, because you have to live
with yourself for rest of your life with ).
Ја напишав и на англиски,бидејки за прв пат ја прочитав
ред некоја година на англиски јазик.
Знаеме за гилемата вистина:
Децата се нашето најголемо богатство,но никако не треба
да се заборавиме себеси.Тие одраснуваат,се осамосталу-
ваат и си заминуваат по својот пат.На креајот остануваме
сами со себе.Тоа е тоа.Гола вистина.Потврдена безброј
пати.
Ако некој родител се надева и очекува децата да го
гледа- ат до крајот на животот во голема заблуда е.Тие си
имаат свој живот,свои пролеми,а родителите треба да се
грижат сами за себе додека можат.Потоа се знае,старски
дом.

    

Свесен сум за оваа реалност и вистина,и барем за сега не


ме возбудува.Ќе видиме што ќе се случува во иднина.Тоа
никој не го знае,ниту може да го предвиди.
Ме радува фактот за моето здравје кое за среќа горе долу
уште ме служи,но и мозокот функционира сеуште доста
добро,што е изузетно битно.Можам без никаков проблем
да читам книги,да работам на компјутер,као и да возам
точак.Меморијата и рефлексите полека но сигурно се
намалуваат, но тоа е природен процес кај сите стари
луѓе. Времето си тече,а со тоа животот полека се ближи
кон својот крај.Се надевам и посакувам крајот да биде
изне- наден,без долго боледување и маки.Двајцата мои
дедо- вци починале ноќе изненадно.Би сакал и јас како
нив изненадно да си заминам.
Ќе видиме,бидејки желбите не се остваруваат секогаш.
Никогаш не сум се плашел од смрта.Ниту кога бев млад,а
уште помалку сега на 76 години.
Полека се ближи крајот на овој дел од дневников.За неко-
лку дена ќе започнам со новиот 18 ти дел.Се радувам што
сеуште имам желба секој ден да пишувам по неколку стра
ници.
Повеќе пати сум размислувал за лагата и лакрдијата
што се случува ката дневно низ целиот свет на скоро
сите полиња од животот,како  и на сите делови од
светот. Скоро се е лага.Позната голема вистина.
 

Социјалните мрежи се полни со невистини и дрски лаги.


Одавна ги ,,прочитав‘‘ тие маркетински лаги.

Кога нешто многу нахално се објаснува и решава како со


магично стапче,а при тоа се споменуваат испитувања и
одлични резултати  од светски лаборатории и Универзи-
тети,тоа е 100% голема лага и превара.
Истот се прикажува скоро на сите тв канали.Топ шоп рек-
лами за големи попусти и нај,нај перформанси.Сама лага
до лага.
Враќајки се од пазарот ,,Буњаковец‘‘ каде изнакупив се за
денешната гибаница на нашата улица ,,ФранклинРузвелт‘‘
наидов на следната глетка и случка.
Од левата страна на улицата имаше паркирано двевозила
на недозволено место на самата улица.Пред нив ,пред
мене застана полициска кола и од неа излезе полицајка.
Се обрадував помислувајки конечно започнаа да казнува-
ат за непрописно паркирање.Дури и помислив ќе го опо-
мене и покаже со рака да замине.Полицајката која одеше
пред мене си помина покрај возилото без ништо да пре-
земе,иако внатре беше возачот.Тој очекуваше да го опо-
мени и се спремаше да замине.Но таа,мртва ладна си
помина покрај неговата кола и влезе во продавницата
за ,,Веге‘‘ храна.Тоа е типичен пример за
однесувањето,или поточно за никаквото однесување на
нашата полиција. Катастрофа.Службенијката во
униформа,која формално е полицајка,и која само чека да
дојде први во месецот и да добие плата,не ја заслужува
ниту униформата,ниту името полицајка.Така,за жал се
однесуваат скоро сите полицај- ци во Македонија.Сосема
исто како и во останатите држа- вни
служби,судови,општини и други институции.
Државата,ако воопшто може да се нарече држава ни е за
никаде.
25.7.2023 г. Вторник,

Дојде и вториот ден во оваа седмица.Вчера наидов


на видео од последната емисија ВО ЦЕНТАР чии автор и
водител е новинарот Васко Ефтов.Во емисијата Ефтов
прави комплетна политичка анализа на ситуацијата во
Македонија пред уставните промени,посебно од аспект
на Калето,како во жаргон се наречува Американската
амба- сада во Скопје.Го гледав видеото-емисијата со
внимание.
Одлично ја анализираше целата моментална политичка
ситуација.
         

Васко Ефтов е одличен познавач на сите политички


партии во Македонија,како и нивните политики и стр-
атегии во последните 20-30 години.
Слушнав многу политички детали и тактики на најголе-
мите партии за уставните промени и престојните парла-
ментарни и председателски избори.Во јавноста секогаш
политичарите едно зборуваат,а под жито делуваат
сосема спротивно.Морам повторно да ја гледам оваа
емисија, бидејки сепак некои детали беа недоволно
јасни. 
Сабајлево е скоро сосема исто како и претходние утра
оваа седмица.Прилично ведро,тихо и сосема малкутопло.
Ноќеска солидно спиев.Климатизерот дуваше ладен воз-
дух цела ноќ.Пред зори го исклучила Гордана.
Синојка ми дојде на ум една одлична мисла и заклучок.
Последниве две седмици,откога случајно  го скршив де-
белото стакло од масичката во дневната соба веќе не
пијам по едно долго УЗО со многу мраз пред секој ручек.
Отприлика од пред две седмици драстично ми се намали
зуењето.Логичен заклучок.Веројатно зуењето било од
дејството на алкохолот!
Затоа цврсто решив повеќе да не пијам Узо или ракија
пред ручек,ниту било кога.Ако ми се пие можам да се
напијам едно пиво,и толку.Со некој јак ручек,на пример
печено свинско и слично,би можел да се напијам една
чаша црвено вино,а со риба чаша бело.
Општо е познато дека една чаша до две максимум  црве-
но вино е корисно за здравјето.Французите пијат доста
вино скоро со секој оброк.За разлика од нив германците
пијат буквално сите пиво.Нормално и вино,но не такакако
французите.Во Франција национален пијалок е виното,а
во Германија пивото.Во нашава мала држава одсекогаш
се пиела ракија и пиво.
Вино се пие во јужните делови каде и највеќе се произве-
дува.Во тиквешијата највеќе се одгледува виновата лоза
и нормално се произведува најдоброто вино и ракија.

           

Во последниве 15 сетина години полека се стекнува кул-


турата на пиење вино,посебно кај побогатите и пообразу-
вани граѓани.
Синојка се јави внукот Филип од Магдебург.Прво разгова-
раше со Госпожата,а потоа и со мене.Нормално,покрај
другото од околу го распрашав за полагањето на испити-
те кое е во тек.Од оваа сесија положил три испити,а прео-
станатите 4 ќе ги полага во следниве 10 дена.Сигурен сум
ќе ги положи без проблем.Посветен е на учењето,какошто
кажува.Учи по цел ден,а навечер не излегувал.Барем така
вели.
Како и при секој друг разговор се распрашува како сме
ние.Дали вежбам со тегови.Дали учам шах,и како го поми-
нуваме времето генерално.По завршување на испитната
сесија,по 4 ти јули,ќе дојде дома во Скопје на 15-20 дена.
Сања планира сите заедно,целата фамилија да одат на
летување некаде во Грција.

    

Од сите внуци сакаат да се сликаат,сем Филип.Тој вооп-


што не е љубител на сликање.Затоа од него пошечко се
наоѓаат слики,сем на некое лавење.

Полека го привршувам и овој 17 ти дел од мојов дневник.


Од утре,здравје боже,започнувам со следниот 18 ти дел.
Толку за сега.ЕНДЕ.
ЧАО,АУФ ВИДЕРЗЕЕН,БАЈ,НА СВИДАНИЕ.

You might also like