You are on page 1of 443

Одмаздата на заболекарката

Поглавје Прво
Не толку добри четврточни вести

Веќе беше поминало четири часот попладне и Марин


Ојлевски излезе од канцеларијата. Се упати во нај-
блиското кафуле за да се види со пријателите. На вра-
тот носеше црна ташничка и на моменти потсетуваше
на поштар. Надвор имаше сонце, па затоа ја отвори
ташничката и ги извади очилата. Ги стави на очи. Не
сакаше да ги покажува модрите кругови околу очите.
Изгледа тоа беше од недостаток на сон. Веќе неколку
дена не спиеше доволно. Ноќе не можеше да заспие.
Ни самиот не знаеше зошто. Можеби причината беше
честите излегувања со другарите до доцна во ноќта,
па самиот организам беше така навикнат. Немаше по-
веќе дваесет години. Тие одамна беа минато. Ни сами-
от не знаејќи од која причина сакаше да биде млад.
Сите на момент сакаме повторно да сме млади и да се
чувствуваме безгрижно. Да се вратат во некоја точка
од животот, да се потсетат што било и како било и пак
да се вратат во стварноста. Како да одите на десетдне-
вен одмор. Но, кај Марин изгледа не беше само „ оној
вообичаен десетдневен одмор“. Траеше многу повеќе
од тоа. Тоа едноставно не му беше доволно. Ама,
телото почна да покажува непослушност. Почна да го
издава. Не можеше да издржи како што тоа го праве-
ше некогаш. Никој не би можел со тоа темпо. Башка и
времињата се сменија веќе. Треба да се прилагодиме
на тие промени. Како да не сакаше да се прилагоди и
сакаше да живее во минатото. Минатото не може да
се врати назад, без оглед дали ни се допаѓа тоа или не.
Некои грешки можат и да се поправат или барем да се
ублажи болката, но некои едноставно не можат. Не
може ништо да се стори во врска со тоа и треба да ги
прифатиме работите такви какви што се. Во Марин
како да се водеше борба меѓу минатото и сегашноста.
Како да сакаше да се врати назад, а сегашноста го га-
зеше. Тоа се гледаше и од начинот на облекување. Се
облекуваше малку почудно. Не ги следеше модните
трендови. Се облекуваше исто како пред дваесет го-
дини. Уште во времето кога излегуваше со Искра. За
среќа на работа немаше многу строги правила за тоа
како да се облекува. Шефот не обрнуваше толкаво
внимание на тоа. Не мораа да носат панталони, конду-
ри, кошули, вратоврски или пак сакоа. Па така, тој на
работа одеше во фармерки и маичка. Обично носеше
маичка во една боја (претежно сина), тексас фармерки
и кожна јакна. На нозете носеше сини старки над
глуждовите. Знаеше да облече и црни панталони, ме-
ѓутоа тие не беа толку елегантни. Повеќе се облекува-
ше како средношколец. Но, шефот немаше замерки
затоа што ги исполнуваше основните начела на прис-
тојност. Овој ден ги беше облекол сините старки, цр-
ните панталони и една светло зелена маичка. Друга-
рите веќе беа седнати и го чекаа да дојде. Неговото
уморно лице се обидваше да се развесели. Беше пре-
морен од работа. Среќа работи во соседството, па не
му треба многу време за да се врати дома. Работеше
на една или две минути од дома. Во соседната зграда
што се вели. И црните очи беа уморни. Се чувствува-
ше нивниот замор. Модрите кругови под нив го пока-
жуваа тоа. Си помина со рацете преку кратката коса,
небаре сакаше да си ја намести растурената фризура.
Тоа му беше навика уште од времето кога имаше дол-
га коса. А тоа беше одамна. Многу одамна. Реши да го
пушти чекорот за да не го чекаат. Ја помина улицата и
продолжи да оди од другата страна. Помина низ мини
- трговскиот центар и влезе во една продавница за
книги и детски прибор. Всушност, го привлекоа кни-
гите од излогот. Ја здогледа Франкенштајн. Прода-
вачката љубезно го услужи.
- Добар ден, повелете. - рече русокосата со тенка ста-
ва и симпатично лице облечена во фармерки и розева
маица.
- Добар ден. Ја имате Франкенштајн? Затоа што ми се
чини дека ја видов овдека пред некој ден.
- Момент господине. Само да проверам.
- Во ред.
Отиде до излогот и се врати со неа.
- Да, ја имаме. Ќе ја земате?
- Да.
- Во ред. Ќесичка?
- Може. Колку треба?
- 150 денари.
Марин ја отвори ташничката и од неа го извади па-
ричникот. И даде пари на продавачката, ја зема смет-
ката, љубезно се заблагодари и излезе. Потоа го про-
должи патот со ќесето во рака. Пак ја отвори ташнич-
ката. Во поголемиот џеб ја стави книгата и пак го из-
вади паричникот. Провери како стои со готовина и
потоа ја извади дебитната картичка. Отиде до банко-
матот и ја провери состојбата на својата сметка. Со-
лидно. Повлече илјада денари и продолжи да се дви-
жи накај кафулето. Излезе од мини - трговскиот и се
загледа во просторот од левата страна. Тоа беше пра-
зен простор кој пред можеби година дена беше кафу-
ле. Му текна дека овде доста време имаше седнувано.
Потоа ја помина уличката и се качи по скалите. Про-
должи да се движи покрај зградата. Помина покрај
аптеката, покрај продавницата за облека како и покрај
двата фризеркси салона. Пред него се појави автобус-
ката постојка. Блиску е. Веднаш до неа беше дигната
нова зграда. Уште беше во изградба. На луѓето што
живееја во веќе постоечката зграда на подолните
катови ( помеѓу први и петти) погледот им се затвора-
ше и гледаа во нова зграда, но тоа е тоа. Среќа оваа
зграда беше поголема, па штетата и не беше толку го-
лема. Голема бука се правеше во овој реон. Особено
летото. Жителите од околните згради знаат како им
било. Дојде до кафулето. Таму веќе седеа тројца дру-
гари со пијачките пред нив.
Првиот што седеше и што гледаше накај него е Вик-
тор. Со светли очи, руса коса и мускулесто тело. Не
толку висок (во секој случај, понизок од Марин) обле-
чен во тесна лилакова маица која ги исртува линиите
на мускулите и кратки тексас пантолони иако времето
не е за тоа. Сепак е втора недела на ноември. Нешто
после почетокт и вообичаено е време на подебели јак-
ни и долги пантолони. Исто така, сега е и сезона на
дождови. Доцна есен е сепак. Но, овој ноември е по-
топол од вообичаено. Дури и претопол, би рекол.
Надвор е дваесет и пет степени целзиусови. Нешто
што е незамисливо за ноември. И Марин да можеше
ќе се облечеше во кратки, но ете... Само што излезе од
работа. Викор носеше бели патики. На возраст од три-
есет и осум години. Работи во теретана, во близина на
црквата Константин и Елена. Зема солидна плата. И-
ма син на возраст од петнаесет години и живее со него
и неговата невенчана сопруга во зградата каде што и
се наоѓа кафулево. Тој беше еден од тие што најмногу
се бунеа летоска да се седи овде. Неподносливо беше
да се седи и да слушаш како трпаат цел ден мајстори-
те. Ги разбирам, си ја вршат својата работа. Сега не се
слушаше толку буката. Изгледа работеа на нејзиното
внатрешно уредување. Карабините беа готови. Работи
таму веќе три - четири години.
Веднаш до него седеше Оливер. На прилично иста ви-
сина, со темна црна кратка коса, и кафени очи. На воз-
раст од триесет и осум години. Разликата беше што о-
вој беше малку потежок и работеше во банка на шал-
тер. Работеше веќе пет - шест години. Беше на пат да
го упапредат.
Третиот беше Жарко. Тој беше на возраст од триесет
и пет години. Човек кој што сака да ужива во животот.
Висок, слаб, па дури и исушен, со кафени очи и темна
коса. Облечен во тексас кратки панталони и принтана
маица. Кај него девојките не беа проблем. Доаѓаа и
заминуваа. Како дошла - така отишла. Не можеше да
се пофали со некоја долга врска. Има син кој не го
признава на прилично иста возраст како и Виктор.
Мислам дека има шестнаесет. Љубител на луле на ми-
рот и наследник на паролата : „Водете љубов, не вој-
на“. Живее во минатото замислувајќи дека хипи - дви-
жењето е во мода. Моментално е невработен и бара
работа, ама да не ја најде. Цигарата во уста, горкото
кафе, очилата на глава и тоа е тоа.
Сите живеат во околните згради. Одамна се дружат.
Марин се поздрави и седна со нив. На масата покрај
горкото кафе на Жарко, имаше и две кригли Скопско.
Дојде келнеррката да ја прими нарачката. Облечена
во кратко здолниште кое и ги истакнуваше нозете, ка-
ко и тесна црвена маичка со градите речиси на мегдан
(изгледа дека беше дел од униформата како политика
на самото кафуле) се пробиваше низ масите.
- Повели Марин, - му рече.
- И за мене Скопско, Мона.
- Сега.
Потоа отиде накај шанкот.
- Што има ново дечки? - ги праша Марин.
- Ништо братче, еве со кафенце и цигарче, - му одго-
вори Жарко затоа што веројатно другите беа зафатени
со гледање по соседните маси и не го ни слушнаа што
им рече. Дури не ни забележаа дека Марин беше до-
шол.
- Убаво, убаво, - му врати на Жарко. - Како иде со гру-
пата. Гонореа се викаше така?
- Да. Се бутка некако. Знаеш, овде не е баш најдобро,
но кога нема каде... Тогаш и овде е пристојно.
- Не можам да се пожалам дека е лошо. Сега, знам де-
ка не е совршено, но...
- Види, нема ни „с“ од совршено. Катастрофа е. Ретко
кој ја слуша и ја разбира музиката што ја свириме, но
тоа сме ние. Не сакам да свирам некои тралалајќи за-
тоа што тоа се продава. Во странство овие работи по-
веќе се ценат.
- Да, тоа си во право. Ама овде сѐ носат нешто од
таму. Овде нема нешто наше својствено. Американ-
ците го измислија рокот, го собравме и само го преџ-
вакуваме. Потоа црнците го измислија рапот, џезот и
блузот и ние само ги препишавме. Ама од збор до
збор. Особено за рапот или хип хоп културата. Како и
да е. За поп музиката да не правиме муабет. Чекаме
нешто да направат па и кај нас да се примени. И тоа со
години и години задоцнување. Ние не сме тие кои ги
туркаат промените, туку само пренесувачи на веќе
создадено.
- Така е тоа. Во право си.
- Веќе им е скурчено. Речиси сите имаат интернет. Е-
минем успеа затоа што беше поинаков. Но, некој кај
нас да го имитира, а веќе има такви, не е тоа тоа. Затоа
слушателите сметаат дека се што се прави кај нас е
лошо и веќе видено. А од друга стрна пак, не се под-
готвени за промени и за нешто ново. Не знам како да
ти кажам. Треба прво да помине во Америка или Бри-
танија или било каде, таму да го прифатат, па потоа
нашите овде да го увезат како некој технолошки про-
најдок и да мелат колку ние сме заостанати.
- За жал е така.
Виктор и Оливер се свртеа и погледнаа во Марин.
Како сега да забележаа дека беше седнал со нив.
- Тука си бе? - праша Оливер.
- Еве сум, си праам муабет со Жарко.
- Зш бе така?
- Еми ко не ме глеате, кој ви е крив море.
Ова беше интерна шега од времето кога заедно одеа
на одмор во Охрид. Мислеа дека добро го владеат Ох-
ридското наречје. Во суштина немаа поим. Имаа де-
нови кога знаеја да измешаат различни наречја за да
звучи интересно. Немаа што да прават некогаш од до-
сада затоа што редовно се гледаа. Дури и премногу
редовно. Но, сите си функционираа на тој начин. Ни-
кој не се бунеше. Беа навикнати на таква дружба. Се-
како колку дозволуваа обврските. Иако, рака на срце,
знаеја така да ги наместат обврските и да најдат и саат
време да се видат. Макар и тоа да е навечер да пијат
пиво на клупа, како што правеа во минатото.
Некое дамнешно минато. Но, тие си ја имаа задржано
традицијата. Си беа верни на таа нивна традиција. Ка-
ко верниците што одат на миса секоја недела. Чудно
беше тоа да се објасни, но како да беше влезено во
нивниот код. Некако се навикнаа на тој начин на жи-
вот и немаа намера да го менуваат.
Сите се насмевнаа на оваа забелешка на Марин. Јасно
им беше дека се обидува да имитира некое наречје. Не
беше важно кое.
- Брат, имаше убави девојки. Моравме да видиме што
има. Пред да дојде онаа мојана да исплакнам очи. - ре-
че Виктор ко со тага во гласот.
Често знаеше така да каже за неговата жена. Знаеше
да ја нарече така. Всушност, не беа венчани, туку са-
мо живееја заедно. Така Марин само се насмевна. Дој-
де и Мона со пивото. Марин се заблагодари и забавата
започна. Направија здравица и Марин отпи голема
голтка од пивото.
- Не е баш најдобро дечки. - им се пожали Марин на
своите пријатели.
- Што тоа? - го праша Оливер. - Нешто со здравјето?
- Ќе биде, ако не пресечам.
- Како тоа? - се зачуди Жарко.
- Не оди веќе. Можно е да раскинам со Ана. Се мис-
лам. Некако не е тоа тоа.
- А што сакаш да биде? - се уфрли Виктор.
- Со Искра беше поинаку.
- Во тој период сѐ беше поинаку. Како за почеток бев-
ме помлади. - му рече Жарко, иако беше малку збунет
од ова што го слушна. Како да имаше нешто што не е
баш јасно.
Марин ја забележа неговата збунетост, но премолчи.
Си помисли дека можеби е само од ваквиот мубает.
- Така е. - рече Марин. - Но, сепак...
- Брат, ти си знаеш. Ана е мое годиште. Си размислу-
вал ли за уште едно дете?
- Па, не дека не ми паднала на памет таа идеја, но Ана
секогаш наоѓа некакви изговори. Де ова, де она. Да
сме шетале овде, да сме шетале онде. Не дека не е уба-
во тоа ама...
- Брат, батали ја. Јас не сум парично обезбден, но и
мене ми е време за деца.
Марин само воздивна и се обиде да се насмевне.
- Како е Бојан? - го праша Виктор.
- Добар е. Си расте. Сега ќе го запишуваме во средно.
Се мислиме каде бидејќи тој и не покажува некои по-
себни склоности, можеби гимназија. Можеби во Орце
Николов или Корчагин. Се мислиме со Искра. Уште
не сме разговарале за тоа. Речиси и да не се гледаме.
Со Бојан се гледам еднаш неделно и има право да дој-
де кога ќе посака. Доаѓа некој пат на гости. Не може
да го прифати фактот дека сум со Ана. Тоа ми е криво.
А и Ана не може да го прифати фактот дека имам ми-
нато и дека Бојан е дел од тоа минато. Ми забаележу-
ва како пречесто се гледам со Бојан.
-Убаво, убаво. Љубоморна му е на Бојан? - праша
Виктор.
- Да, на некој начин. А наоѓа изговори да немаме дете.
- Брат, таа не е здрава. Како може на дете да си љубо-
морен? - се вмеша Оливер во разговорот кој до пред
некој миг мудро си молчеше.
Обично не сакаше да навлегува во расправи за вакви
работи и некако се повлекуваше на страна. Оливер не-
маше деца, па можеби тоа беше една, ако не и един-
ствената причина што се повлекуваше на страна од
било какви расправи на таа тема. Другите ретко и ги
спомнуваа тие теми. Всушност, со деца беа Виктор и
Марин. Знаеја од време на време да направат муабет
за децата, но тоа не траеше долго. Беа свесни дека
другите и баш не се воодушевени да ги слушаат аван-
турите на своите мали јунаци. Тие како татковци со-
вршено си се разбираа и за многу работи се поддржу-
ваа. Оливер не можеше да даде било каков совет за
тоа, па затоа и избегнуваше да зборува. Често велеше
дека сака да има деца, но стварноста со која се соочу-
ваше беше некако поинаква.
- И јас се чудам. Башка во последно време чудно се
однесува. Поретко се гледаме. Знам дека има работа и
се тоа, ама секогаш има нешто друго во план. Де со
другарките, де уморна е, де имала многу работа. Јас
разбирам дека не треба да ја врзам за кревет и да ја
влечам, но ова ми станува многу сомнително. Имам
чувство дека ме изневерува. Ако не физички, тогаш
мисли на некој друг или сака да ме изневери. Како да
не ѝ е убаво со мене, а не сака да го признае тоа. Не
знам веќе што да мислам.
- Јас најмногу што можам да направам е да те ислу-
шам. Не знам што да ти кажам. Сите овие работи тре-
ба со неа да си ги решиш. Така е најдобро. - рече Вик-
тор, откако Марин престана да зборува.
- Да брат, имаш прабво.
- Еј дечки, јас морам да одам. - рече Жарко, остави па-
ри и стана.
- Во ред, се гледаме. - рече Марин. - Па, пак да се со-
береме. Можеби на свирка.
- Секако, - рече Жарко и се насмеа.
За малку се разминаа со Гордана. Немаше ни пет ми-
нути откако си замина Жарко дојде Гордана.
- Тука си седнал?
- Па ете, како што гледаш. - мирно ѝ одговори Виктор.
- Така, така. Само дреми! Јас сама дома ќе седам!
- Па, седни со нас, де. Што е сето ова? Мона, уште
една кригла!
- Сега.
Мона се проби до масата.
- Повелете, - ѝ се обрати на Гордана.
- Едно ладно макијато.
- И уште една кригла! - дофрли Марин.
- Значи, две кригли и макијато.
- Донеси три кригли! - се вмеша и Оливер.
- Добро. Три кригли и макијато. Веднаш.
- Значи вие веќе втора тура правите?
- Да.
Гордана седна до Виктор. Облечена во фармерки и
бела блуза со кафената коса до рамена, кафените очи
и светлиот тен добро се вклопи во машкото друштво.
Муабетот продолжи во друга насока. Правеа муабет
за деца, за одмор и за работа. Времето брзо си минува-
ше. После некое време сите станаа од масата и го на-
пуштија Ѕвезда кафе. Сите си отидоа по дома.
Додека Марин се влечеше накај дома чудни мисли му
поминаа низ глава.
„ Што направив во овие триесет и девет години?
Завршив факултет, се вработив, се оженив, се разве-
дов, имам син, се влечкам со Ана и веќе почнувам да се
сомневам. Не знам што се случува. Што да правам со
Ана? Да продолжам ли со неа или да ја откачам?
Веќе десет години. Тоа е доста голем период. Девет
како не се криеме. Веќе многу луѓе знаат за мене. Жи-
вотот ми изгледаше средено, но сега сѐ ми е измеша-
но. Не знам повеќе што да правам. Ќе морам да раз-
мислам убаво. Во сабота ќе ја поканам на вечера. То-
гаш сѐ ќе расчистиме. Таман утре уште еднаш убаво
да размислам за сѐ. Да прибавам намирници или да
видам во кој ресторан да ја носам. Не знам како...
Морам да ги одбрерам зборовите со кои ќе ѝ кажам.
А што да и кажам? Дека е крај? Дека ќе бидеме при-
јатели? Дека не е тоа што сум очекувал? Дека нема
повеќе љубов? Што? Имаше ли љувов воопшто? Или
ми беше дојдено време за некакви промени? Млад бев.
Имав триесет години. Би требало да сум зрел и да
знам што сакам, но... Изгледа не бев доволно зрел.
Или бев кукавица. Го уништив тоа што го имав соз-
дадено. Зошто? Дали тоа беше вистинскиот избор?
Батали. Време е малку да отспијам. Пивото ме заше-
мети.“
Пловејќи низ мислите не забележа дека веќе беше
стигнал до вратата од својот стан. Влезе во ходникот.
Некако успеа да ги соблече старките. Ја соблече и јак-
ната и ја закачи на закачалка. Потоа се погледна во
огледалото што беше закачено на ѕидот.
- Ти си ѓубре! Погледни се на што личиш! Скот еден!
Се пијанчиш како магаре! И тоа прилично често! Тво-
ето најголемо достигнување е љубовта од Искра и Бо-
јан! Се друго е само залудно трошење на животот!
Идиот! Идиот!
Откако се издра пред огледалото и исфрли дел од бе-
сот сврте лево и отиде во својата соба и се фрли на
креветот. Како легна така заспа. Спиеше неколку саа-
ти. Го разбуди ѕвонењето на неговиот нов мобилен те-
лефон HTC Desire 600. Го зема од масичката и поглед-
на во екранот и го виде името на Ана.
- Ало? - рече целиот во полусон.
- Како си срце? - се слушна глас од другата страна.
- Еве малечка, по дома. Ти?
- Јас само што се прибрав од работа.
- Да? Колку е саат?
- Седум попладне. Да не спиеш?
- Не, не, јас само така одмарав.
- А, во ред. Јас мислев да се видиме. Слободен ли си за
саат време?
- Да, да. Само да удрам еден туш и слободен сум.
- Епа тогаш осум одговара така?
- Да, да. Осум е совршено. Ќе дојдам да те соберам.
- Важи, ќе те чекам. Таман да јадам и може да седнеме
на кафенце.
- Секако. Нема гајле.
- Имам новости да ти кажувам.
- Да? Нешто со работата?
- Повеќе е на приватен план.
- Кажи ми.
- Не е за по телефон.
- Добро, така нека биде. Се гледаме тогаш.
- Важи. Едвај чекам да те видам.
- И јас. Бакнеж. Чао.
- Бакнеж.
Врската се прекина. Марин ги стави рацете на глава и
со палците се обиде да си ги измасира слепоочниците.
Главата му татнеше.
Еве сакаше средба. Сега е моментот да ѝ кажеш.
Тоа што го бараше и го доби.
Но за момент се сепна. Нешто не му се совпаѓаше во
телефонскиот разговор.
Што е она што сака да му го каже, а не може преку
телефон? И башка е на приватен план. Да не е
трудна?
Но, веднаш ја отфрли таа мисла. А што ако е нависти-
на трудна? Можеби сонот ќе му се исполни. Она што
долго го посакуваше, ќе му се исполни. А одамна го
посакуваше ова. Има барем две години. Не знаеше ве-
ќе што да мисли.
Со палците нежно си ги масираше слепоочниците.
Ништо не помагаше. Не му се мрдаше од креветот.
Само ја поткрена перницата и убаво се намести. Пото-
а седна на креветот и се загледа во ѕидот. Стоеше така
замислен. Исклучен, подобро кажано. До неговата
глава имаше два прозори еден до друг. Едниот од нив
беше отворен за да му ја проветрува собата. Требаше
да отвори уште еден прозор да му се проветри мозо-
кот. Но, не знаеше како да го отвори тој прозорец. До
креветот од левата страна имаше три полици на кои
имаше сѐ и сешто. На најгорната имаше разни украси.
Каде и да патуваше купуваше такви украсчиња. Има-
ше еден од Канео (Охрид), една кристална топка од
Струга, пирамида од Грција и уште некои украсчиња.
На ѕидот со шајка имаше закачено дајре. На средната
полица имаше книги и тефтери. Исто така имаше на-
редено три ножа. Марин беше колекционер на ноже-
ви. Ги имаше четири сега за сега. На најдолната поли-
ца имаше полначи за мобилниот, расфрлани книги и
некакви си белешки. Собата и не беше баш најсреде-
на. Од другата страна на креветот имаше една масич-
ка ( имаше улога на масичка). Тоа беа фиоки со тркал-
ца. Во нив чуваше тевтери, пенкала и слични нешта.
На „масичката“ имаше еден часовник што го купи
неодамна, една чаша од која веројатно пиел вода, една
кригла недоипиена, едно или две пенкалца и повторно
неколку тевтери и книги ставени едно врз друго.
Ова подолго време баше вака. Кога беше со Искра ов-
де беше прилично средено. Но, откако таа си замина
заедно со Бојан, работите драстично се сменија. И не-
го тешко му падна разводот. Престана да се грижи за
многу работи. Излегуваше со Ана и повеќе се однесу-
ваше како средношколец. Повеќе како да немаше не-
кои големи обврски. Сметките ги плаќаше на време,
исто и алиментацијата ( иако не беше обврзан), затоа
што Искра не побара такво нешто. Синот го носеше
неговото презиме. Се гледаа колку што им беше доз-
волено. Марин имаше желба да се гледаат почесто, но
синот некако како да немаше желба. Всушност, во по-
четокот се гледаа секој ден, но како минуваше време-
то, синот разбра што се случува и поретко го гледаше
татка си. Некако како да му беше обврска да го гледа.
Демек, еве, ако мора. Такви беа работите. А Искра не
беше кажала лош збор за Марин. Дури и се трудеше
да го убеди почесто да се гледаат. Но, Бојан го беше
фатил некој инает. Башка беше во оние ранливи годи-
ни кога не му беше сеедно. Беше гневен на својот тат-
ко и со право. И Марин беше свесен за тоа, длабоко во
себе знаше дека е така, но немаше сила, а ни смелост
да си признае самиот на себе.
Спроти креветот има едно биро на кое има компјутер
и расфрлани листови. Над бирото има уште три поли-
ци со разни предмети. Од десната страна на ѕидот до
прозорот има една кукла кловн (таа има посебно зна-
чење за Марин). Кога се селеа Марин побара барем
оваа кукла да остане овде. Оваа кукла му ја подари на
Бојан за неговиот трети роденден. Остана овде после
долги преговори. Едвај го убеди Бојан. На Искра исто
така не ѝ беше сеедно, но таа по картко време попуш-
ти. Најмногу отпор даваше Бојан, кој на крај попушти
под притисок. Му рече дека може да доаѓа кога сака и
да си игра со неа. Бојан се насмеа и конечно се согла-
си. Од левата страна на бирото имаше една бела комо-
да со пет фиоки. Во неа чуваше пешкири, чаршафи,
навлаки за перници... После тоа е вратата. Од левата
страна на вратата е празен ѕид, а од десната е плака-
рот. Секако, оваа соба е сменета со текот на времето.
Порано, овде имаше брачен кревет и уште едно по-
мошно креветче. Кога Бојан потпорасна, тогаш спие-
ше со нив. Немаа време за да му купат кревет. Се слу-
чи тоа што се случи. Овој стан остана за него. А него-
вата поранешна жена со синот се преселија во станот
во центарот. На десет минути пешки од овде. Тоа има-
ше да им обезбеди. Сепак живееја раздвоено, а Марин
беше блиску во случај нешто да затреба. Секако Иск-
ра немаше проблем во врска со тоа. Марин не беше од
таквите луѓе кои ќе ја малтретираат и прогонуваат.
Кога Искра реши да се разведе од него (а беше во пра-
во ; нели го фати со љубовница) Марин не се ни обиде
да каже нешто. Само молчеше, со поразена гордост,
повредено его. Беше прилично тврдоглав за некои
работи. Имаше моменти кога беше уморен од сѐ. Не
сакаше да моли. Беше темепераментен и речиси секо-
гаш наоѓаше начин да истера по свое. Но, не и овој
пат. Овој пат ја изгуби битката заради својата тврдог-
лавост. Свесен е за тоа.
Но, не стори ништо. Не сакаше да стори ништо. Доз-
воли работите да течат сами од себе. Дозволи да го во-
ди гордоста и егото. И го одведоа. Еве до каде го до-
ведоа. До овој стадиум до каде што е сега. Не е толку
лошо, но можеше да биде речиси совршено. И самиот
си мислеше така. Пропуштив златна шанса, - си веле-
ше често кога ќе се напиеше. А занеше да го прави тоа
доста често. Барем два пати неделно се препиваше до-
дека не се исповрати и не заспие на првото место што
ќе го најде дома. Најчесто тоа беше бањата. Гушнат за
шољата, со лицето легнат врз капакот. Обично тоа го
правеше кога беше слободен и наредниот ден не беше
на работа. Петок вечер и сабота вечер. Недела се трез-
неше. Тоа беше на почетокот. Ана одеше по семинари
и тој често беше сам дома за викендите. Но, не се опи-
ваше сам. Тука беа Жарко, Оливер и Виктор. Особено
Виктор и Жарко. Оливер не претпочиташе толку да
пие. Ова сега што го испи не беше ништо. Некогаш
знаеше и по девет големи стаклени да испие. Обично
тоа го правеше петок навечер и сабота наутро кога ќе
станеше се подотрезнуваше и се дезинфицираше со
жолта. Две - три чашки. Пиеше вода како да не видел.
Ослабе неколку кила затоа што не јадеше. Потоа
некако сами од себе работите се стабилизираа. Ана ја
презеде грижата за него. Во тој период беше во недоу-
мица. Дали да прекине со Ана или да продолжи да се
гледа со неа? Сепак, реши да си даде шанса. Го при-
влече тоа што Ана беше тука во моментитте кога бе-
ше ранлив и кога очајно му требаше помош. Малку по
малку, се врати во нормала. Малку фалеше да стане
хроник. Среќа навреме пресече. За тоа најмногу е
заслужна Ана. Ана беше таа која го бодреше и го от-
тргна од тој вртлог.
Се врати во стварноста. Погледна кон часовникот и
виде дека веќе десет минути блее во празно. Добро е,
има уште педесет минути. Ја тргна прекривката од се-
бе и некако се присили да стане. Но, не мрдна. Како да
е неподвижен. При вториот обид, стана и се затетера-
ви. Некако се задржа за вратата. Му се сврте. Потоа се
довлечка до бањата право низ ходникот. Ги фрли а-
лиштата од себе пред вратата од бањата и влезе внат-
ре скрос гол. Ја заклучи вратата и се смести во туш -
кабината. Вратата ја заклучуваше од навика. Сега не-
маше кој да му влезе внатре, но тоа некако спонтано
му доаѓаше. На почетокот не ја заклучуваше затоа
што Искра влегуваше внатре и заедно се забавуваа со
игрите под туш. Но, подоцна дојде Бојан, па на некој
начин им го скрати тоа задоволство. Истото можеше
да го направи и со Ана, но од некоја причина (само не-
му позната) тоа не го правеше. Можеби го чуваше ова
само за Искра. Можеби не сакаше да ги прави истите
работи што ги правел со Искра. На почетокот проба,
но чувствуваше вина, презир и гадење. Чувствуваше
гадење кон самиот себе. Гадење затоа што го уништу-
ва она што некогаш го имал. Не сакаше да го извалка
споменот на Искра. Затоа и престана да ги прави ис-
тите работи, иако очајно посакуваше. Веројатно, во
Ана сакаше да ја пронајде Искра. Но, Ана и Искра беа
две страни од паричка. Иако толку силно сакаше, се-
пак не ја пронајде. Не само што не ја пронајде, туку го
изгуби и она што го имаше. Надежта. А имаше надеж.
На почетокот имаше и повеќе од доволно надеж. Тре-
баше само да бидат двајца кои не тераат инат. Само
толку. Просто како грав. Но, изгледа и на двајцата
полесно им беше да тераат инат отколку било што
друго. Искра беше повредена, а Марин беше горд. Ни-
како не сакаше да признае дека погрешил. Но, тој ина-
ет го донесе токму овде. На ова место, во оваа состој-
ба. Ова не е стариот Марин. Ова не е Марин кој сите
го познаваа. Се промени. До непрепознатливост се
промени. Изгледа ни тој не си ја сакаше својата про-
мена. Почна да се буди од овој сон или можеби кош-
мар. Почна да гледа дека погрешил и полека да си
признава на себе. Борбата започна. Не толку неодам-
на, но започна. Може недела дена е во ваква состојба.
Растргнат помеѓу минатото и сегашноста. Растргнат
меѓу она што бил и она што сака да биде.
Ја пушти топлата вода да тече. Повторно се роеја мис-
ли и сеќавања. Не можеше да избега од нив, иако сил-
но посакуваше. Ги завтрои очите и дозволи водата да
тече по целото негово тело. Се чувствуваше напнато.
Мускулите му беа згрчени. Се обиде да не мисли на
ништо. Се обиде само да се истушира, но тоа не беше
возможно. Некој глас од втарешноста на мозокот го
убедуваше дека е крив. Всушност, немаше потреба да
го набедува и убедува за тоа. Тој беше крив и тоа бе-
Ше точно. Но, неговата потсвест почна посилно и
посилно да излегува на површина. Се почесто го на-
паѓаше. Го јадеше од внатре, онака подомолно и
безмилосно.
- Аааааааа!
Си ја нашанпонира главата и потоа со сапун си го
изми целото тело.
- Ааааааааа! - се слушна повторно.
Ова му беше потрено. Се обиде да го исфрли стресот
од себе. И успеа. После бањањето се чувстуваше доб-
ро. Смирено. Како да беше препороден. Имаше нави-
ка да се дере под туш за да го намали стресот затоа
што веќе не познаваше друг начин. Се мислеше дали
да побара стручна помош, но го остави тоа за подоц-
на. „Нека поминат неколку дена, можеби работите ќе
се смират.“ - си помисли.
Излезе во бањарка и пак отиде накај огледалото во
ходникот. Повторно се погледна во него. Овој пат де-
луваше каде - каде посвежо и личеше на нешто. Зас-
тана пред огледалото гледајќи се. Потоа претрча до
дневната и го вклучи радиото. Свиреше некоја песна
на која не ѝ обрна внимание. Само нека има бука. Не-
ка не биде тивко. Понекогаш тишината го убиваше.
Тоа понекогаш во последно време стануваше сѐ по-
често. Тоа беше период кога сакаше да биде со луѓе.
Не сакаше да биде сам. Во никој случај. Затоа многу
пати гледаше да остане што подоцна надвор и да го
одложи своето спиење. Кога ќе останеше сам со себе
му нагрнуваа сеќавања. Тоа беше страшно за секој
дел од неговиот живот. И тој беше свесен за тоа. Но,
за него како да немаше назад. Самиот пресече и реши
дека вака ќе тера понатаму во животот. Како што вели
народот - барала баба рогови изгубила и уши. Истото
му се случи и него. Долго време не сакаше да си го
признае тоа на себе. Можеби затоа е на ова ниво на
кое што е. Баш заради неговиот начин на прилагоду-
вање. Но, секој со својот крст.
Дневната се наоѓа веднаш до бањата. На крајот на
ходникот вртиш десно за накај дневната, а лево за на-
кај неговата соба. Од левата страна има уште една со-
ба. Таа речиси никогаш не ја отвара. Дневната е спо-
ена со трпезаријата и со кујната. Кога се влегува во
дневната од десната страна е кујната, а од левата е тр-
пезаријата. Четири столици наредени како што беа
уште од почетокот. Не се променети. Планираа да
одат на второ дете, но некако плановите им се измес-
тија. Дневната е обична со двосед тросед и фотеља.
Има еден постар телевизор и секако комода на која е
потпрен. И уште еден креденец до него. Ништо не е
сменето откако го купија и откако се исели Искра. Со
исклучок на неговата соба ( тогаш беше заедничка).
Од таму зема една комода и креветот го изнесоа. Тој
го зема таа за да спие на него, а Марин си купи едине-
чен. Малку беше смешно тоа, но им најде примена.
Спиеја на него таа и Бојан. За почеток заштедија за
некои нешта. Марин не се противеше. Немаше зошто
да се противи. Можеби работите и не беа баш сјајни,
но сепак го сакаше Бојан и мислеше за негово добро,
иако тоа што го направи не беше баш добро за него.
Во никој случај. Сите слики со Искра ги тргна. По-
мисли дека можеби полесно ќе ја преболи. Но, не мо-
жат да се тргнат сликите од срцето. Тие се трајни.
Потоа пак се врати кон огледалото. Си ги засука рака-
вите од бањарката и си ја погледна внатрешноста на
десната подлактица. На неа истетовирана нота, под
неа пишува ми и до неа знакот за бесконечност.
- Зошто чудово не се брише? Цело време ме потсетува
на Искра. Зошто? Зошто мораше тогаш да ја ставам
таа тетоважа. И таа има таква. На истото место. Но,
тогаш бевме деца. Сега работите се сменети. Драстич-
но сменети. Не сме повеќе тоа што бевме. Поминаа
години, а како денес да беше тоа што се случи тогаш.
Но, тогаш бевме деца. Ништо не разбиравме.
Застана за момент. Се загледа во огледалото.
Имаше дваесет и една година. Беше на факултет. Еко-
номски факултет. Трета година на економски факул-
тет. Не беше сјаен студент. Некако полека одеше низ
факултетот. Повеќе би се рекло дека каскаше. Имаше
уште доста испити да полага. Имаше два од втора, ше-
ст од трета и цела четврта. Сѐ на сѐ, шеснаесет пред-
мети. Тоа е прилично многу. Но, тоа е тоа.
Беше тоа септемвриско утро. Денот беше сончев. Ма-
рин беше помлад, со истите црти, но со долга коса. О-
деше накај факултетот. До него беше Искра. И таа
студираше таму. Заедно одеа накај факултет. Веќе беа
во врска и тоа сериозна врска. Две години одеа. Убаво
се согласуваа.
- Марин, а што викаш денес да не одиме на факултет?
- Како така, госпоѓице Искра? А што ќе пропуштиме
предавања? - ѝ рече со шеговит тон Марин.
- Тебе те загрижија предавањата? - му рече зајадливо.
- Дали тоа ми се потсмеваш?
- Јас? Неее, само ти се причинува.
Двајцата се насмевнаа.
- Добро, ајде, ме убеди.
- А тебе демек е тешко човек да те убеди?
- Па да, тешко е. Се мислев цели две секунди.
- Цели две секунди? Оооо, па тоа е прилично многу.
- Да, да. Многу е.
- Ти едвај чекаше да кажам вакво нешто. Признај. -
почна да го задева како што знаеше понекогаш да
направи. Не дека Марин не наоѓаше прилика да ѝ вра-
ти и да ја задева. Но, тоа не беше нападна и на двајца-
та им беше дури и по малку симпатично.
- Да, само не сум јас тој што бега од часови. Го правам
тоа заради тебе.
- Така, така. Заради мене.
Пак се насмевнаа. Решија дека е подобро да тргнат не-
каде отколку да седат пред факултетот и да дискути-
раат за тоа кој кого убедува. Така и направија. Тргнаа
некаде. Отидоа до центарот на градот. Се шлаеја без
врска. Но, нив тоа не им пречеше. Беа премногу заљу-
бени за да мислат на нешто друго. На крај завршија во
студио за тетовирање.
- Ме сакаш ли? - го праша Искра.
- Секако дека да. Мислам дека веќе го знаеш тоа.
- Не ме лажеш, нели?
- Не, не те лажам. Зошто би те лажел?
- Ако има нешто, сакам да знам.
- Секако мила, ќе знаеш.
- Докажи ми дека ме сакаш.
- Каков доказ сака малата госпоѓица?
- Тетовирај се!
- Белки не!
- Ајде, те молам.
- Што да тетовирам?
- Па вака. Нота, под неа нека пишува „ми“, а до него
знакот за бесконечност.
- Мм? Што треба да значи тоа?
- Марин и Искра ќе се сакаат бесконечно.
- Во ред, така нека биде. Убава ти е идејата, но...
- Ама, ти не ме сакаш.
- Те сакам. Што ќе ти смени тетоважата?
- Мене многу ќе ми значи. И јас ќе ја ставам истата
тетоважа.
- И ти ќе ја ставиш истата тетоважа? Па имаме по
тринаесет години? Што е работава? Што ти текна?
- Ти мене не ме сакаш! Мене ова многу ми значи! Те
замолив. Башка, ти сакаше да ставиш тетоважа , нели?
- Па, да, сакав, но...
- Немој да ми кажеш дека се премисли?
- Не, не се премислив! Но, сакав нешто друго да ста-
вам. А и некако ми е многу женствена тетоважата.
- Еј, доста! Само наоѓаш изговори!
- Не, не наоѓам изговори!
- Тогаш?
- Тогаш што?
- Тогаш ајде да се тетовираме. Како знак на нашата
љубов.
Марин само воздивна.
- Во ред, како знак на нашата љубов. Но, нека биде на
помалку видливо место.
- На десната подлактица. Може?
- Во ред.
Влегоа во студиото. Тоа не беше долг процес на рабо-
та. За половина час беа готови. Тату мајсторот, еден
висок и русокос човек со атлетско градено тело и
ишарани раце ги тетовираше и двајцата. Тој им беше
колега од факултет. Се викаше Симон. Студиото во
кое ги тетовираше веќе не постои. Тој си отвори соп-
ствено студио, на друго место. Добро му одеше. Неш-
то подзаработуваше, но си продолжи во таа дејност
затоа што тоа беше единственото што го знаеше и што
сакаше да го работи. Не се снајде со економски фа-
култет.
Кога излегоа Искра беше пресреќна. Марин иако не
беше толку среќен, сепак кога ја виде како блеска не-
каква топлина го обзеде и неговото срце. На почето-
кот се мрштеше, но потоа почна да му се допаѓа тето-
важата.
Затрепка со очите. Се врати во стварноста.
- Уште тогаш не ја сакав. Но, подоцна почна и да ми
се допаѓа. И тоа сѐ заради Искра. Искро моја. Каде ја
погрешивме? И зошто денес, после долго време мис-
лам на тебе? Какво ли си волшепство? Ме маѓепса.
Отиде кон собата. Се загледа кон саатот. Забележа
дека има уште десет минути. Половина час го помина
под туш и уште десет минути блееше во огледалото.
Ова му се случуваше речиси секој ден, во последните
неколку недели. Беше страшно.
Рано ти текна пријателе. Рано ти текна.
Се облече набрзина. Пак се погледна пред огледало.
Не си се допадна како изгледа. Се пресоблече и пак се
погледна. Пак си најде некоја замерка. Де ова не било
убаво, де она го стегало. На крајот си се облече во
тексас фармерки и една сина маица со црни букви
напишано нешто. Си го зема кожњакот, клучевите и
ташничето и излезе од станот. Два пати заклучи, се
симна по скалите и го повика лифтот. Живееше на
осми спрат. Го извлече телефонот од ташничето и го
заврте бројот.
- Еј, Ана, јас тргам. За некои десетина минутки ќе
бидам кај тебе. Се гледаме.
Лифтот дојде. Влезе во него. Врската се прекина. По-
тоа го стави телефонот во ташничето, ги извади очи-
лата и ги стави на глава. Погледна на рачниот часов-
ник. Ќе доцни некои пет минутки, ако се биде како
што треба. Веројатно нема да има премногу возила по
улиците, па нема да заглави во сообраќај. Излезе од
влезот и тргна накај колата. Тука му беше паркирана.
Влезе. Го стартуваше моторот и го остави малку да
работи. Што да ѝ каже на Ана? Ова почна да го загри-
жува. Веќе не знаеше што да прави.
- Ова е само кафе. Ќе разговарате. Тогаш ќе ѝ кажеш.
Па што биде нека биде. Или пак кога ќе излезете во
сабота на раат ќе правите муабет. Смири се. Не е крај
на свет.
Тргна. Почна да вози. Се обиде да се сосредоточи на
патот. И му успеа. Не мислеше на ништо друго освен
на патот. После десет минути стигна. Кај бензинската
каде што обично се чекаа.
Како што ѝ рече. Го чекаше една девојка облечена во
фармерки и бела лесна блуза. Врз неа имаше ставено
тенка кожна јакна. Изгледаше премногу убаво. Згод-
ната црнка со кратка коса која и изглеаше како зале-
пена за главата, со костенливи очи, со полни усни, у-
бави облини, стоеше пред него.
Застана. Само што не му падна вилицата. Му застана
здивот.
- Влези. Кај сакаш да одиме?
- Па може во кафулето од спротива. Во она нашето,
знаеш.
- Во ред. Може. Само да паркирам и ќе дојдам. Седни
и почекај ме.
- Секако.
Ана се упати накај кафулето, а Марин бараше парк-
инг. Продолжи да оди по булеварот. Го помина над-
возникот и потоа сврте. Помина покрај оние добро
познати бели згради и отиде на задната страна да по-
бара паркинг. Брзо го пронајде и го паркираше полото
во близина. Потоа се упати кон скалите. Се искачи по
нив. Влезе во кафулето на кое пишуваше : „НАШЕ
КАФУЛЕ“. Искра веќе беше седнала. Марин седна до
неа и тогаш дојде ќелнерката.
- Повелете, - им рече облечена во тексас панталони и
жолта блуза. Со црвената коса што ѝ ги покриваше
рамената изгледаше како знамето на Македонија.
Беше на возраст некаде од дваесеттина години. - Како
сте дечки?
- Еве Марина, ти како си? - ѝ рече Ана.
- Добра, на работа. Што треба да ве послужам?
- Две ладни макијата. - рече Ана.
- Во ред. Веднаш ќе ви донесам.
Марина отиде кон шанкот.
- Како си малечка? Како оди работата? - ја праша то-
гаш Марин за да започне разговор и да си даде себе си
време за да размисли дали сега да ѝ каже или да чека
да дојде сабота. Во прашање беа само два дена. Може
да издржи толку, со оглед на тоа што издржа цели де-
сет години со неа. Во минатото често знаеше да ја на-
рече малечка и тоа да звучи симпатично, но овој пат
како зборовите да немаа душа. Беа некако механички
изговорени. Ана не им обрна никакво внимание на
зборовите, а уште помалку на тонот со кој беа кажани.
Имаше некаква уморна нота во нивното изговарање.
Можеби требаше да звучат ведро и ентузијастички,
но беа далеку од тоа. Ниту Марин ја забележа проме-
ната во својот глас. Или можеби мислеше дека се дол-
жи на попладневното спиење и дека сѐ уште не е расо-
нет како што треба.
- Добро. По цел ден со пациенти. Има доста работа.
Кај тебе?
- Па ете и кај мене исто. Сега е малку полабаво, ама...
- Разбирам.
- Втора смена беше денес?
- Не. Прва бев, но и заменував една колешка.
- Што така? Не си уморна?
- Сум, ама се работеше за само два часа и затоа. И
знаеш додека се приберам дома, додека ова, додека
она... Времето просто си лета.
- Да де да. Јас бев на пиво со другариве и после си
легнав да дремнам.
- Да не се начука?
- Не. Пивнавме малце. Кригла, две.
- Де бре, де бре.
- Одамна се немавме видено.
- Претпоставувам. Како се тие?
- Добри се, лесно им е.
- Ако ти така велиш....
Марина ги донесе кафињата и се повлече.
- Повелете. Сега ќе ви донесам и чаши со вода.
- Во ред, - рече Марин.
Потоа продолжија да си зборуваат за најразлични
теми. После некое време Ана се подзакашла и рече:
- Вака, ова сакав да ти кажам.
- Да, те слушам.
- Ми доцни веќе неколку дена.
- Молам?
- Да, да. Трудна сум.
- Тоа е... убаво, - рече Марин речиси рамно.
- Не си среќен?
- Не е тоа. Секако дека сум среќен.
- Па не го покажуваш тоа.
- Знам. Среќен сум. Само ми треба време да го
обработам тоа.
- Во ред. Затоа гледам да избегнувам алкохол.
- Разбирам. Ќе родиш дете.
- Ќе имаме дете. Она што ти одамна го посакуваш.
- Да, да.
Марин беше збунет. Ова за него беше премногу. Како
сега наеднаш ќе имаат дете? Наоѓа изговори да не се
видат, а сега излегува ова. Нешто е чудно.
„Да не пречувствува дека сакам да ја откачам па сега
да ми прави вакви финти? Не е дека прави такви глу-
пости? Можеби и не сме во баш најдобри односи, но
ова ... Ова не личи на нејзе.“
Марин се задлабочи во своите размисли. Гласот на А-
на го прекина.
- Еј, овде сум.
- Кажи?
- Што се замисли толку?
- За ова сега што ми кажа.
- Е што со тоа?
- Па... Колку време си трудна? Беше ли на доктор?
- Да, бев. Трудна сум веќе еден месец.
- Еден месец. Па тоа е, сега, на почеток.
- Па, да, на почеток е.
- Како сакаш да се вика детето? Размислуваше ли за
тоа?
- Па, онака. Ако е машко нека биде Мишко, а ако е
женско Ирена.
- Во ред. Мишко или Ирена. Убави имиња.
- Да. Мене ми се допаѓаат.
- Секако. Како сакаш така ќе се викаат.
- Извини, јас морам до бањата. Веднаш се враќам.
- Секако.
Ана стана и отиде накај бањата. Го остави мобилниот
на маса. Марин нешто го копкаше. Нешто што не зна-
еше како да си го објасни. И таа имаше ист модел на
мобилен како неговиот. Како може да е трудна еден
месец кога веќе два или три месеци не се виделе асал-
но? Освен ако... Секогаш ќе постои сомнеж. Го зема
телефонот и почна да чепка по него. Отиде во пораки-
те. Ги пролиста и не најде ништо. Барем не ништо што
може да биде интересно за него. Нешто со другарки-
те. Потоа се вклучи на вибер. Го најде контактот на
Жарко. Се зачуди за момент, но си помисли дека си
пишувале на другарска база. Содржината го заскокот-
ка. Не издржа и почна да чита. Како што читаше така
лицето му се менуваше.
Aна:
Веќе неколку дена ми доцни.
Жарко:
Трудна си?
Ана:
Да. Трудна сум. Не знам како да му кажам на Марин.
Не е од него. Ние веќе два месеци немаме спиено. Ќе
пробам да му кажам, може ќе помине.
Жарко:
Со него планираш да останеш?
Ана:
Да. Со него сакам да останам. Ова беше...
Жарко: Како и да е. Абортирај.
Ана:
Не. Сакам да го родам ова дете. Башка Марин би го
сакал тоа. Ќе не поврзе повеќе тоа. Некако имам чув-
ство како да сака да ме откачи. А и многу време мину-
ва со Бојан. Сигурно се гледа и со Искра.
Жарко:
Не си играј играчки. Кажи му дека било грешка. Не е
фер спрема него.
Ана:
Не можам.
Жарко:
Зотшо?
Ана:
Затоа што ти си таткото, но не сакам да го уништам о-
ва што го имам со Марин.
Жарко:
Јас?
Ана:
Да, ти си таткото. Сигурна сум.
Марин малку застана, чисто колку да земе воздух. О-
ва беа пораки од постар датум. Потоа продолжи да
разлистува по пораките и виде пораки од понов, од-
носно најнов датум. За момент се вџаши.
Жарко:
Крајот се приближува. Марин се сомнева.
Ана:
Праевте муабет?
Жарко:
Да, прееска.
Ана:
Му кажа нешто?
Жарко:
Не, ништо. Иако веќе не сакам да кријам!
Ана:
Не биди кукавица!
Жарко:
Пријател ми е!
Ана:
Детето ќе биде негово и точка!
Жарко:
Нека биде така!
...
Ана:
Важи, ќе правиме муабет подоцна. Треба да одам.
Жарко:
Нема гајле. Ќе си пишеме.
Имаше уште нешто напишано. Претежно беа некои
општи работи за здравје и слично. Преку нив само
пролета. Тие и не беа толку страшни. Нивниот разго-
вор беше завршен со срценца и бакнежи. Не можеше
повеќе да чита. Му се згрози. Не знаеше што да прави.
Дали да ѝ влезе во системот и да си го преземе разго-
ворот па да разговара со Жарко. Ќе му треба цврст до-
каз. Се двоумеше, но сепак се реши да го направи тоа.
Го врати мобилниот телефон во првобитната положба
и се правеше како ништо да не се случило. Му се поја-
ви една друга мисла: Од каде Ана го има бројот на
Жарко? Но, брзо ја истера таа мисла од главата и ре-
ши дека дома на раат ќе размислува за тоа.
Кратко потоа се врати Ана и разговорот продолжи да
тече како претходно. Потоа тргнаа да си одат накај
дома. Се испратија како и обично. Иако Марин со си-
те сили се обидуваше да сокрие, Ана примети чудно
однесување.
- Што ти е? - го праша. - Нешто не е во ред?
- Не, не, сѐ е во ред. Само сум малку уморен.
- Во ред.
- И нешто ме боли забот. Како си утре со работа? Кога
да поминам да го снимам забот? Имаш ли слободно
нешто после четири?
- Да. Во пет мислам дека имам слободно. Ќе ти звонам
или ќе ти пишам.
- Во ред. Извести ме.
- Секако душо. Добра ноќ.
- Добра ноќ душо.
Влезе во колата видно изнервиран. Не можеше да по-
верува. Солзи му течеа од очите. Не можеше да ги
запре.
Се загледа накај новиот парк што од неодамна го беа
изградиле. Беше убав. Фонтана на средината, клупи,
цвеќиња... Фонтана во форма на делфин. На клупите
седеа парови. Се гушкаа. Марин се сети, прво на него
и Искра, а потоа и на него и Ана.
- Ова не е можно. Сите мои сомнежи се потврдија.
Сега ми се јасни некои работи. Сега ми е јасно зошто
цело време одбиваше да се видиме. На работа, умор-
на, со другарките... Само изговори. Сега сум сигурен
што ќе направам. Во сабота конечно ќе расчистам ед-
наш за секогаш.
Го влучи возилото и со поматен вид замина накај до-
ма. После некое време застана. Ги избриша очите и
продолжи да вози. Дојде дома. Влезе во станот. Се
облече во пижами и седна на креветот во својата соба.
- Кармата е кучка, - си рече. - Тоа што јас го направив
ми се врати и тоа асално ми се врати. Не очекував де-
ка вакво нешто ќе се случи. Дали да го откажам прег-
ледот или да одам? Не, ќе го откажам прегледот. Нека
помине некое време додека да се средат работите.
Сега ќе биде гневна и ќе ми направи триста чуда. Така
ќе направам.
Потоа реши да си легне. Само што ја потпре главата
на перница, му текна дека има незавршена работа.
Стана и го вклучи компјутерот.
Од каде Ана го има бројот на Жарко?
Она прашање што му се наметна и што свесно го от-
фрли затоа што сметаше дека не е ни време ни место
за тоа. Се обидуваше да се сети дали некогаш му го
побарала бројот на Жарко. Мозокот одби да соработу-
ва. Всушност немаше простор за соработка. Ана ни-
когаш не му го беше побарала бројот на Жарко. Тоа го
потврдуваше и неговото сеќавање. За миг помисли де-
ка е уморен и се откажа од оваа мисла.
Време е за игра, - си помисли. Потоа почна да чепка
нешто по компјутерот. Се поврза на facebook и влезе
на нејзиниот профил. Ги отвори нејзините пораки и
почна да чита. Истата содржина, само зборовите беа
различни. Во суштина тоа беше тоа. Сега беше апсо-
лутно сигурен дека е тоа тоа. Нема погрешен контекст
нема ништо од тие бабини девентини, нема двосмис-
лени нешта. Нема ништо од сето тоа. Го исклучи
компјутерот.
Потоа си легна. Брзо го совлада сон.

Поглавје Второ
На забар

Нов ден. Петок. Спасов ден ко што велат. Марин не-


како успеа да стане од креветот и да се подготви за на
работа. Веднаш излезе од станот. Заклучи два пати и
се симна по скалите. Како и секое утро. Се возеше во
лифтот и не мислеше на ништо. Помина покрај парк-
чето како и секое утро. Беше ова тмурен ден. Се загле-
да во грмушките што беа посадени пред скоро време.
На ливадата беа собрани десетина млади. Меѓу нив
беа и Виктор, Оливер, Жарко и секако Марин. Тие
беа од иста екипа. Играа бејзбол. Еден од младичите
имаше палка што му ја подари комшивка од соседната
зграда. Таа палка всушност беше заедничка, но кај
него стоеше. Кај Мартин. Марин беше тој што треба-
ше да замавнува. Од другата страна беше Мартин,
оној кој му ја фрлаше топката. Мартин ја фрли топка-
та. Марин замавна и ја удри толку силно, што речиси
и се изгуби во далечината. Потоа почна да трча по за-
мислените бази. Додека да ја најдат топката Марин
успеа да истрча и да и донесе поен на својата екипа.
Се насмевна кога се потсети на игрите во младоста.
Имаа по дваесетина години. Тогаш сѐ беше поинаку.
Го немаше мини - трговскиот. На тоа место беше ли-
вада на која се играше футбал. Исто така имаше бес-
платен паркинг кој денес е дел од мини - трговскиот и
секако дека се наплаќа. Но, Марин ја прескона таа иг-
ра. Не го интересираше футбалот нешто премногу. На
паркингот може да заиграше сервис и тоа многу рет-
ко. Доцна се досели овде. Имаше деветнаесет години.
Баш кога се запозна со Искра. Всушност, Искра
живееше во соседната зграда. Се насмевна на самата
помисла. Се сети на убави нешта. Криво му беше што
не го оставија паркчето такво какво што беше. Не е
важно. Се обидуваат да ги избришат спомените и не
прашуваат никого. Само постарите ќе се сеќаваат и
нема да можат тоа да им го пренесат на децата. Од-
носно тоа е веќе уништено, а сега само дополнително
го доуништија. На сред парк ставија една патека која
ги уништи спомените на многу луѓе и ја нагрди слика-
та. Башка и паркот не е тоа што беше. Сега многу луѓе
имаат кучиња и тие серат во паркот, а никој не води
грижа за тоа. Добро де, многу малку луѓе водат грижа.
Со вакви мисли дојде на работа. Влезе во станот кој
беше наменет за канцеларија. Имаше едно ходниче и
две соби. Една соба во која имаше фрижидерче и раз-
ни нешта што немаат каде да се стават ( стари шкафо-
ви, радиа, гуми од автомобили... На некој начин личе-
ше на подрум. Во собата исто така имаше и компјутер
кој имаше улога на сервер. Во другата соба која беше
поголема квадратура и која беше споена со кујна (се-
како без елементи) имаше поставено четири бироа.
Две во „дневната“ и две во она што би требало да биде
кујна. Поставени едно спроти друго допирајќи се со
задните делови. Веќе беше дојден директорот. Марин
дојде точно на време. Веднаш после него дојдоа и Ре-
бека и Петар, неговите помлади колеги. Фирмата бро-
еше четворица вработени. И директорот се сметаше
како вработен. Тоа беше всушност микро претприја-
тие. Фирмата каде што работеше Марин се викаше
Софтком. Работеше овде веќе четиринаесет години.
Уште од двеилјадита година. На свои дваесет и пет
години. Баш кога се роди Бојан.
Директорот беше добар човек. Работата продолжи да
се одвива непречено. Секој си го работеше она за што
е задолжен. Марин седеше пред компјутерот и рабо-
теше на зададениот проблем.
Директорот беше човек на возраст од педесет и три
години со кафени очи и црна коса која полека почну-
ваше да станува бела. Всушност веќе имаше доста бе-
ли влакна. Размислуваше дали да се фарба. Сепак ре-
ши да ја остави целосно да му обели косата. Беше
висок со тенка става облечен во фармерки и сина
маица. Врз неа облечена зелена тенка блуза. Не беше
ладно во канцеларијата. Греењето беше супер. Фир-
мата одамна ја основа од мака. Уште во илјада де-
ветстотини деведесет и четврта. Фирмата пишуваше
историја. После некое време, односно полсе шест го-
дини го вработи и Марин. Откако ја основа фирмата
работеше од дома, но се насобра работа и веќе имаше
потеба од помош. Успехот стигна прилично брзо. На
почетокот Марин работеше хонорарно, односно по
потреба, затоа што и немаше многу работа. Во тој пе-
риод Марин и го учеше занаетот. Како да знаеше дека
подоцна ќе има доста работа, па го спремаше Марин
за тоа. Се викаше Јордан. Марин му се обраќаше со:
„Директоре.“ Впрочем, како и сите други. Пред два
месеци, беа вработени уште двајца луѓе на возраст од
дваесет и пет и дваесет и четири години. Еден маж и
една жена. Таа беше единственото женско во фирмата
и беше последна вработена во фирмата, пред еден
месец и покрај тоа што Јордан не правеше дискрими-
нација во тој поглед. Со своите дваесет и четири годи-
ни се обидуваше да влезе во ср‘жта на програмирање-
то. Висока, крупничка со средна накај висока тежина,
со зелени очи и црвена долга коса Ребека седеше на
бирото со книга пред нејзе обидувајќи се да изврши
одредени вежби. Тоа беа нејзините „први задолжени-
ја“. Беше некој вид на пракса или обука. Исто така,
требаше да се јавува на телефон и да контактира со
клиентите. Јордан и Марин беа посветени на решава-
њето на проблемите и многу ретко одговараа на пови-
ците освен ако не ги побараа на мобилните телефони.
Беше облечена во елегантно црно до колена здолниш-
те, со бела кошула и месо боја хулахопки.
На нозете црни чевли со високи потпетици (не беа
многу големи затоа што имаше висина). На бирото и-
маше поставено телефон, куќиштето од компјутерот,
мониторот и една слика од нејзе и дечко ѝ гушнати во
некој парк. Од нејзината десна страна стоеја книги
кои требаше да ги прочита, односно вежби што треба-
ше да ги направи. Тоа всушнсот беше дел од обуката
на фирмата.
Спроти неа седеше Петар, момче со бркчиња и козја
брада на возраст од дваест и пет години. Малку поста-
ро од фирмата. Не можеше да се пофали со својата
висниа, нити со својата тежина ( беше преслаб за сво-
јата висина), ситен, со црни очи и несредена долга
црна коса. Облечен во фармерки и блуза во риги. Пе-
тар се зафати со друга работа. Пред себе имаше куп
листови кои требаше да ги среди. Во овој момент
работеше како архивар. Законот сѐ уште не беше сме-
нет така што сѐ уште важеше архивирањето на доку-
ментите. После тоа, владата донесе одлука со која
фирмите со помалку од педесет вработи да не мораат
да водат архивирање. Секако, не им е забрането да
водат, но не е потребно.
Удираше печати и заверуваше документи. Потоа го
патија до пошта да испрати едно препорачано писмо
до клиентите. Попатно, нарачаа за јадење. Петар ја
облече јакната и излезе надвор. Ја заврши работата
што му беше доделена, па пота се упати кон најблис-
ката пекара и купи за јадење. Марни не сакаше да јаде
така што купи само за тројцата нив, не сметајќи го
Марин. Појадуваа. Марин со сласт и сјај во очите ги
гледаше како јадат. И него му се пријаде. Но, не поми-
на она време кое што му го кажа доктроката. Петар
беше слободен. Немаше девојка. Барем не овој пери-
од. И Петар беше на некој начин на обука во фирмата
и ги правеше истите задолженија како и Ребека, освен
што, наместо да се јавува и да контактира со клиенти,
вршеше архивирање. Ова беше проценка на Јордан
дека Ребека подобро би се снашла во комуникација со
клиентите. И беше во право. Барем беше задоволен од
нејзиниот однос кон клиентите. Кога Ребека немаше
да дојде на работа (од оправдани причини, секако) таа
работа му припаѓаше на Петар. До сега тоа сѐ уште се
нема случено. Не дека Петар не ја работеше таа рабо-
та, затоа што пред да дојде Ребека тој беше задолжен
за одговарање на повиците на фиксниот телефон.
Времето си минуваше. Имаше доста работа. Некаде
на пладне, Марин се симна да купи за јадење и се мис-
леше дали да ѝ се јави на Ана. Не го болеше забот, та-
ка што и не размислуваше да ѝ се јавува. Најсмешната
работа беше што таа му беше забарка. Иако беше
помлада од него неколку години. Пет години. Таа и-
маше триесет и четири години. Додека купуваше
почувствува болка во забот. Сепак реши да ѝ се јави.
И покрај сите работи што ги дозна. И покрај тоа што
можеби беа на раб да се разделат тој никогаш не се
сомневаше во нејзината работа. Го извади телефонот
и го заврте бројот на Ана.
- Ало? - се слушна глас од другата страна.
- Здраво Ана, јас сум. Попладне како си слободна да
поминам кај тебе во ординација да направам преглед.
Пак ме заболе забот. Да, во ред... Добро, ќе дојдам та-
му. Значи во пет. Готово. Се гледаме тогаш. Поздрав.
Ја прекина врската.
„Можеби и не е баш најпаметна работа што ѝ се ја-
вив. Ако утре ѝ раскинувам, нема да биде баш најсо-
одветно да се гледаме после тоа. Но, не познавам
друга докторка. Се надевам нема да ме мрзи. Впро-
чем јас сум тој кој неа треба да ја мрази затоа што
таа е трудна, но не од мене. Јас би требало да сум
гневен. Но, тоа само ми даде решение на недоумица-
та. Сега сум сигурен.“
Се качи горе. Времето брзо помина. После работа
веднаш отиде на забар. Се сретнаа со Ана. И двајцата
се однесуваа професионално. Ана го изврши прегле-
дот и му ги даде снимките. Му кажа да дојде со сним-
ките за една недела затоа што таа била зафатена со ра-
бота. Не било нешто многу страшно. Му рече да не ја-
де на таа страна и да избегнува да пие ладни пијалоци.
Во меѓувреме му даде и лекарства против болки. Се-
пак забот треба да се вади. Потоа тргна накај дома. Се
мислеше дали да му се јави на Жарко. Или сепак да
остави за утре? Сепак реши дека во петок ќе ужива.
Утре ќе ги реши двете работи и ќе раскрсти конечно.
Си дојде дома. Се пресоблече и си седна на креветот.
Пак се загледа во ѕидот.
Младо момче на возраст од деветнаесет години одеше
накај кафулето сместено под зградата. До него, смес-
тено уште еден угостителски објект. Меаната Делфи-
на. Таму одеа разни луѓе. Од таму секогаш се слуша-
ше бука. Мирисаше на алкохол, пот и цигари. Беше
дозволено да се пуши секаде, па себичните пушачи
тоа го користеа. Всушност, не правеа ништо против
законот. Никој не им забрануваше. Можеби свеста
требаше да им забрани, но и таа некако остана нема на
тој проблем. Марин помина низ меанчето и не може-
ше да се изначуди. Беше саботно претпладне, некаде
околу единаесет часот. Марин требаше да седне со
Жарко, Виктор и Оливер. Беа договорени да се видат.
Тој почна да се дружи со нив од пред некое време и му
изгледаа како добри дечки. Беше нов во крајот.
Најдоа стан овде (всушност каде што живее сега).
Помина низ меаната. Надвор беа распослани седум -
осум маси со најлонски чаршафи. Денот беше топол и
спарен. Сонцето како да се криеше. Беше прашање на
време кога ќе заврне. Облаците го најавуваа тоа. На
една од масите беа седнати четворица луѓе. Осум ма-
ли чашки сметаа на нивното јадење салата. Доаѓаше
третата тура на ракија. Жолта. Келнерот ја донесе со
правње гримаси. Се надевам дека овој пат нема да има
проблеми, како да си мислеше. Сите што седеа на
масата беа распуштени како да не знаат што се случу-
ва. Како да не беа од овде. Дамла беа направени. Нив-
ните очи полека се затвараа, но тие упорно пиеја и пи-
еја. Лицата им беа бледи, очите светеа како на мачка,
поцрвени од карминот на девојката од соседната маса
која се лигавеше со белото вино. Изграваше некаква
дама. Облечена во некое парталче што требаше да
глуми здолниште, во блуза која широко ги истакнува
близначките за тие да дојдат до израз (по можност да
излезат и на мегдан), мрежести хулакопки, црни висо-
ки потпетици петнаесет сантиметри, дрско провока-
тивен црвен кармин. Лицето како зациментирана
твдина, руменило кое дава изглед на кловн, трепки
кои плашат луѓе (претерано истакнување со црна бо-
ја), очните капаци избањати во шминка. Изгледа,
кутрата дома нема огледало или пак, не застанала
пред него (веројатно дошла да се ушлепа некоја пи-
јачка и да ќари маж. Се усреќила ако ќари овдека
маж). Седеше сама, веројатно чекајќи ги другарките.
Но, тие изгледа доцнеа како по обичај. Во тој момент
од некаде прелетаа исти такви како неа. Не можеш да
препознаеш која е која. Исти беа ко јајце на јајце. Ве-
селбата продолжи. На Марин му се згрози кога го
виде ова. Му дојде нагон на повраќање, но успеа да се
соземе. Во меѓувреме на соседната маса келнерот
дојде со нови чаши и со уште една салата. Пота ги
донесе двете шарски и двете со кајмак, ребрата, коба-
сиците. Веднаш стигнаа и две шишња Т’га црвено.
Потоа тргна накај девојките кои дојдоа од нигде нека-
де. Ја прими нивната нарачка и почна да им се смешка
и да ги заведува. Тоа беа ситни финти кои ги прави ре-
чиси секој келнер. Тие се како јајце на јајце. Им делат
комплименти на девојчињата, особено на оние пораз-
голените. (Тие што се облечени со ролки до врат ги
сметаат исто како мажите). Исто така е важно да има
што повеќе шминка. Да може со шминка да се бања
наместо со гел за тело и шампон. Келнерот почна да
се однесува како „дамата“ и да се лигави, при што на
Марин му се слоши па затоа Марин се повлече чекор
наназад. Не можеше да се созеде од шокот што го до-
живеа. Седеше пред вратата на фризерскиот салон со
некое чудно име (моментално не можам да се сетам
како се викаше) и се обидуваше да се созеде. Му тре-
баа пет минути за да го надмине шокот и неговиот
мозок да го обработи што што досега го беше видел.
Ова беше страшно. Марин беше како паднат од Марс.
Се прашуваше како се најде овде. Вакво нешто не
беше видел. За воља на вистината, тој и поретко изле-
гуваше до сега, така што... Има време да се навикне на
ова. Прелета низ меаната и дојде до кафулето. Олес-
нувачки воздивна. Како да избегнал минско поле.
Влезе во кафулето и седна на првата маса. Кафулето
беше речиси празно. Имаше една маса на која седеа
дечко и девојка и си разменуваа нежности. Како да
беа во свој свет. Не обрнуваа внимание и нападно се
бакнуваа. Всушност, и немаше нешто луѓе во ова ка-
фуле. Тие и не го забележаа Марин. Беа зафатени со
нивната страст. Ко да не можеа да бидат подискретни.
Но, ете. Овде седеа претежно средношколци и тоа си-
те од медицина. Цените беа евтини. Баш за среднош-
колци и студенти. На Марин кафулето му беше во ма-
ало. Само што се досели. Пред тоа живееше во Кар-
пош 3. Многу потсетуваше на Марин како што изгле-
да денеска, секако со мали промени. Тогаш имаше
долга коса. Дојде ќелнерката и го послужи.
- Едно турско кафе, ве молам. И чаша вода.
- Секако, - рече ќелнерката и отиде да го направи ка-
фето. И таа беше на иста возраст како и него.
Марин ги чекаше да дојдат другарите. Но, нив некако
ги немаше. Потоа знаеше дека нема да дојдат. Заврна.
Силно врнеше. Парт веќе беше заминал од кафулето.
Марин чекаше да преврне. Но, немаше абер да превр-
не. Во кафулето беа Марин и ќелнерката која си седе-
ше на страна. Како да не сакаше да го вознемирува
Марин. Марин погледна накај неа. Се насмевна. По-
бара сметка. Ќелнерката дојде со сметката и Марин ја
плати.
- Ќе биде ли проблем ако поседам овде дур не преврне
или барем да се намали? Немам чадор, а надвор е по-
топ.
- Не, секако дека не. И онака никој нема денеска
овдека.
- Фала ти.
- Често ли доаѓаш овде? Не сум те видела.
- Не, прв пат сум овде. Трбаше да дојдат другарите
меѓутоа, по се изгледа времето ги премисли.
- Разбирам, разбирам.
- Долго работиш овде?
- Па, не баш. Има неколку месеци.
- Во ред, - рече Марин. - Убаво е местово. Тивко е,
мирно. Би требало почесто да доаѓам овде.
- Повели, - се насмеа ќелнерката.
- За разлика од меаната овде што е...
- Остај. Таму ептен е за никаде. Еднаш седнав со
другарките на јадење.
- И како?
- Ќелнерот очите не ги тргна од нас. Мислам повеќе
од нив.
- Што така? - се насмеа Марин.
- Изгледа јас бев препристојна за негов вкус.
- Разбирам.
Во меѓувреме преврна и Марин излезе од кафулето.
Тргна накај дома. Во главата му беше девојката која
што ја виде во кафулето. Сѐ уште под впечатоци од
средбата со девојката.
- Ќе треба да доаѓам почесто овде. Ќе дознаам како се
вика девојкава. Да дојдам дома па да им се јавам на
другариве. Можеби ја знаат. Веќе неколку месеци
работи овде.
Таа средба беше како во бајките. Љубов на прв пог-
лед. Чувствуваше нешто чудно во себе. Сепак излезе
убав денот, и покрај дождот и покрај откачувањето на
другарите и покрај меаната Делфина.
Ѕвонењето на мобилниот го врати во стварноста.
- Ало? - рече. - Еј, Дарко. Што има брате, како е?
- Еве, по дома. Слободен ли си вечер?
- Па, да. Немам некои планови. Барем не сега за сега.
- Мислевме да поминеме со Кате.
- Поминете, не е проблем. Дојдете со снашката. И она-
ка одамна не сте дошле навака. Баш ќе ми биде мило
да ве видам.
- Во ред. Некаде накај седум ќе дојдеме. Да можеш
потоа да си лумпуваш.
- Во ред, во ред. - се насмеа Марин. - Како се Емил и
Наде?
- Добри се. Со школото навака - натака. Не знам кај ќе
ги запишуваме од септември. Можеби во Орце.
- Убаво. И јас и Искра изгледа Бојан ќе го запишеме
во Орце.
- Да? Супер. Како е Ана?
- Добра е. Но, работите не се баш нај нај.
- Што така бе?
- Катастрофа. Ќе ти кажувам.
- Во ред, братче, се гледаме вечер тогаш.
-Важи. Еј, Дарко, кажи и и на Солза да дојде со зетко.
- Секако, ќе ѝ кажам. Тогаш ќе биде вистинска фешта.
- Ептен.
- Ајде, тогаш се гледаме вечер.
- Важи. Поздрав.
- Поздрав.
Стана од креветот. Немаше многу време за губење.
Облече патики и излезе од дома. Два пати заклучи зад
себе.

Поглавје Трето
Виктор

Виктор само што излезе од теретаната каде што рабо-


теше како тренер. Му заврши работното време, иако
денеска остана уште малку повеќе од тоа што треба-
ше. Но, не му беше тешко. Воопшто. Ова беше тоа
што го сака. Барем така мислеше. Мислеше дека го са-
ка ова. А имаше повеќе причин за тоа. Првата, а може-
би и најосновната беше тоа што платата беше редов-
на. Нему тоа му беше најважно, покрај другото. Веќе
не е во тие години да може да работи било што за ба-
дијала. Имаше денови кога и тоа го правеше. Работе-
ше пробно на многу работни места, волонтираше и
ако некаде го плаќаа тоа беше многу, може слободно
да се каже и премногу ниска дневница. Но, сето тоа е
сега зад него. Сега се некои други времиња. Имаше
семејство за ранење. Свесен беше за тоа. Имаше едно
дете со жената со која живееја заедно. Не се венчаа.
Одлучија дека така е подобро. Не дека не се сакаа, ту-
ку едноставно тогаш не беа во можност, а потоа им се
роди дете. Животот си продолжи со својот тек.
Причината за неговото останување до подоцна беше
прилично добра. Газдата ги замоли да останат затоа
што денес добиja плата. Сите беа пресреќни. Платата
не беше голема, но беше прилично добра во тој сек-
тор. Земаше речиси најголема плата од сите тренери
што работат по теретани. Тоа беше добриот дел. Веќе
подолго време бараше нова, подобра работа, но не ус-
пеа да најде ништо подобро, па затоа продолжи да го
работи ова. Ова му беше најдобро до сега што го
работел. А има работено доста.
Почнаа да нагрнуваат сеќавања.
Виктор Виктороски на возраст од осумнаесет години.
Само што заврши средно образование и почна да пра-
ви планови за тоа каде да се запише на факултет. Са-
каше да продолжи да учи и да се дообразува. Всуш-
ност, сакаше да си ја проба среќата - дали ќе може да
се снајде. Но, тоа го остави за подобри времиња. Не
сакаше да биде така, но некои работи едноставно не
зависат од нашата волја или расположение. Дома
состојбата не му беше сјајна. Неговите немаа доволно
средства да ги школуваат него и сестра му. Сестра му
беше помала неколку години од него, па тоа не беше
некој прблем. Всушност, таа требаше да почне средно
од септември, а тој да биде бруцош. Но, неговите со-
ништа беше приморан да ги одложи и да ги остави за
некои подбри времиња.
Еден ден, беше дваесетти Мај, кога веќе го напушта-
ше школото затоа што веќе беше матуриран, почна да
си размислува за тоа што ќе прави понатаму во живо-
тот. Беше убеден дека сака да учи факултет, но не зна-
еше точно кој факултет да го избере. Се мислеше за
педагошка академија - отсек физичко образование и-
ли евентуално на факултет за физичко образование.
Тоа беше првото што му падна на памет и реши да го
послуша својот глас, па така една од работите беше
решена. Но, заборави една работа - дека треба да слу-
жи воен рок. Тогаш се појави првото одложување на
желбата за најмалку една година.
Виктор само се насмевна на ова свое сеќавање и про-
должи да си оди по патот.
Спомените се нижеа едно по друго.
Собрани се повеќе луѓе во дворот на куќата на Викто
рови. Требаше да ги сместат во дневната соба, но со
оглед на тоа дека ги има доста решија дека е подобро
сите во дворот да се соберат. Има повеќе простор, а и
времето е убаво. Споени неколку маси и позајмени
столици од соседите за оваа пригода. Никој нема
никаква замерка. Соседите се тука и за добро и за ло-
шо, да помогнат секогаш кога тоа е потребно. Викор
тогаш живееше во куќа во Кисела Вода. Има повод.
Голем повод. Се прави банкет. Виктор ќе го испраќаат
во војска. Собрани роднини и пријатели од сите стра-
ни. И соседите секако. Масата може броеше дваесет
души. Ако не и повеќе. Мислиш свадба се прави или
некоја свршувачка. А гостите, од дотерани подотера-
ни. На чело на масата седи татко му на Виктор со
насмевка на лицето и гордост во срцето. Ги има исти-
те црти како Виктор само што има брчки и бела крат-
ка коса. Сличноста меѓу нив е неверојатна. Виктор ре-
чиси и да нема физички карактеристики наследени од
мајка му. Добро, бојата на очите е наследена од мајка
му, секако, како и бојата на косата. Татко му имал
потемна коса мислам. Од левата страна е мајка му на
Виктор, видно расположена. И на нејзиното лице се
појавуваат брчки, но не се толку изразени. Таа е по-
млада од својат маж десет години и е на возраст од че-
тириесет години. Го има родено Виктор на дваесет и
две години. На дваесет и шест години ја има родено
сестра му на Виктор. Застанале на две деца, иако дол-
го се размислувале за трето дете. Сепак, не се решиле
на тој чекор. Мајка му на Виктор е облечена во прек-
расен црн фустан баш за вакви пригоди. Сите се весе-
ли. За сите ова е голема чест. Дури и сестра му е весе-
ла, иако ништо не разбира. Од десната страна сестра
му на Виктор лика и прилика со својата мајка. Има
мало носе, темни очи и темна коса со тенка усна. Ин-
тересен феномен. Очите и косата сестра му на Виктор
ги има наследено од нејзиниот татко. Не многу висо-
ка, слаба, со веќе изразито видливи знаци на женстве-
ност, но не се толку нападни. Облечена во убав фус-
тан баш за вакви пригоди. Веднаш до мајка му на Вик-
тор седи нејзината сесера, и таа исто така дотерана и
весела, па до неа седи нејзиниот маж. Од другата
страна седи третата сестра заедно со својот маж. До
нив седат и нивните деца. Таква некоја природна под-
реденост. Тука сѐ треба да биде подредено под конец.
Ништо не смее да биде препуштено на случајноста.
Како тоа нешто да не биде според правила и прописи?
Ова е настан за кој нема место за импровизации. Сѐ
мора да бнде совршено. Та еднаш се прави банкет. Ед-
наш се праќа син во војска. Целата организација беше
на мајка му на Виктор. Секоја сестра имаше по две де-
ца. Тука беа и баба му и дедо му на Викор од страната
на мајка му. Нешто подоцна дојдоа и родителите на
татко му на Виктор. Со нив дојдоа и братот и сестрата
на Виктор. Тие пак имаа по три деца. Се собраа двае-
сет и шест души. Немаше место за другарите на Вик-
тор. Мислам дека тие посебно се собираа или така
нешто. А може и да не беа на банкет. Не, тоа не би
смеело да се случи. Беа собрани во друга соба. Таму
беа собрани неколку луѓе. Со нив Виктор веќе и да не
е во контакт. Секој си тргна по свој пат. Некои од нив
се одселија од земјава. Како низ магла му беше ова се-
ќавање. Сепак, поминаа години и години. Единствено
што паметеше е дека се испи прилично доста ракија и
вино. Тоа така бива.
Како блесок му помина тој настан. Како дојде така и
замина. Потоа мислите заминаа во друг правец.
Работеше во кафуле две - три гидини, веднаш откако
се врати од војска. Реши дека сака да собере пари и да
се запише на факултет. Но, некако не успеа да ги со-
бере тие пари. Од различни причини.
Платата во кафулето не беше висока. Всушнст,
дневницата беше солидна, но со неа можеше да го
покрие само излегувањето во град и тоа некое не тол-
Ку раскошн излегување. Вусшност, прилично скром-
но. Се сети како му беше првиот ден кога стапна во
кафулето.
Беше исплашен. Исто така возбуден. Целиот се тресе-
ше кога правеше муабет со газдата. А газдата беше
постар човек со темни очи, со дебели веѓи, висок и
крупен со изразит стомак (даваше изглед на прав
буржуј) и на прв поглед изгледаше прилично застра-
шувачки. Во основа беше фин човек и доста праведен.
Кога ќе видеше дека нешто не е во ред, тоа ќе им го
пренесеше на вработените, но на дискретен начин и
речиси без да повишува тон. Се обидуваше да делува
како татко, да им укажува на грешките и да ги подучу-
ва. Но, изгледот го правеше да биде доживеан во ло-
шо светло. Сите некако се плашеа од него, но само
пред да го запознаат. Потоа стравот исчезнуваше.
Тој ден Викор дојде на работа. Му беше прв работен
ден. Беше утро. Само што го отворија кафулето. Дој-
доа и првите муштерии. Беа некои дечки на возраст
колку него. Виктор им пријде и отиде да ја прими на-
рачката.
- Добар ден, - рече со трепет во гласот како да чув-
ствува вина, - повелете.
- За мене едно Скопско, - рече првиот дечко и оној кој
беше поблиску до Виктор. Виктор фрли поглед кон
него и ја забележа неговата ниска градба, црна коса и
белиот мантил што го носеше и беше заборавил да го
соблече. Веројатно студент на медицина.
- Во ред, - рече Виктор. - А за вас господине? - му се
обрати на другиот дечко и го насочи погледот кон не-
го. Ги забележа неговите светли очи, бледо лице и ру-
са коса. И тој беше релативно низок и слаб. Исто така
носеше бел мантил.
- И за мене едно Скопско, дечко. - рече и вториот
дечко.
- Во ред. Веднаш ќе ви донесам.
Потоа отиде накај шанкот да ги подготви пијачките.
Ги зема шишињата и им ги однесе на дечките. Овој
пат не направи никаква грешка. И самиот се изненади
како му се случи тоа. Со тек на време, тремата полека
почна да исчезнува и на нејзино место да се појавува
сигурност, а од ден на ден Виктор да станува сѐ поис-
кусен. Годините си минуваа. Виктор знаеше да напра-
ви и по некоја грешка (сите прават грешки, та нели
луѓе сме), но газдата не му земаше за зло. Ти грешки
што ги правеше обично беа ситни и газдата не им обр-
нуваше внимание. Знаеше да прогледа низ прсти.
Но, се случи тоа да го избркаат од таму, затоа што не
бил доволно услужлив и многу луѓе го чекале со на-
рачките. Тоа се случи веќе третата годиниа. Башка му
замеруваа тоа што неколку пати беше скршил чаша.
Газдата не сакаше такви работи. Виктор си замина без
да каже лош збор за работодавецот. Свесен беше дека
негова е вината и тоа беше тоа. Му беше жал некое
време, но и тоа помина. Си беше лут сам на себе и на
грешките што ги беше направил.
Од таму, се вработи во друго кафуле, но некако и таму
не се снајде. Овде издржа едвај една година и напуш-
ти. Имаше недоразбирања со газдата и не сакаше да се
замара нешто премногу. Башка, тоа му беше работа за
привремено. На ова речиси и да не се сеќаваше. Овде
самиот напушти.
Ни самиот не знаеше што му се случи денеска. Беше
преплавен од сеќавања. Дали тоа беше некаков знак
дека нешто ќе се случи? Обично кога нешто лошо им
се случува на луѓето или кога се под стрес или опасни
состојби, тогаш целиот живот им минува низ глава.
Виктор почна да се загрижува за ова. Но, тоа траеше
сосем кратко затоа што пак се врати некаде во мина-
тото. Причината за ова негово враќање беше улицата
по која се движеше. Тоа беше улица во центарот на
градот преполна со кафулиња. Од друга страна пак,
Виктор добар дел од животот работеше како угости-
тел. Тоа беше работа која најлесно можеше да се најде
во тој период. А и беше прилично искусен.
Откако даде отказ од тоа работно место, почна да раз-
мислува што ќе прави понатаму. Еден ден погледна
во својата заштеда. Се усреќи. Виде дека својата жел-
ба ќе треба да ја одложи за подоцна. Му требаше ра-
бота - тоа беше факт, па така, Виктор продолжи да
бара работа. Немаше проблем да ја најде. Овој пат му
требаше малку време додуша, но најпосле ја најде.
Помина неколку месеци додека бараше работа. Потоа
се вработи во еден кафе - ресторан каде што успеа да
издржи три години. Не најде друга работа во момен-
тот, а оваа понуда му се виде прилично добра, а и со
самиот факт што веќе имаше доволно работно искус-
тво во оваа област, реши да ја прифати работата.
Работеше со ентузијазам и на почетокот сѐ беше во
ред. Си помисли дека тргнало на добро и дека ќе има
некоја добра работа за да може да заштеди некој де-
нар и да може да се запише на факултет. Прилично
добро го знаеше угостителскиот занает. Реши да даде
сѐ од себе ова да успее и да се задржи што е можно по-
долго на ова работно место. Но, подоцна почна да се
појавуваат други проблеми. После два или три месе-
ци, платата му доцнеше. А бакшишот беше реткост.
Речиси и не го земаше. Добиваше и некакви бонуси.
Тие некако го крпеа. Барем тие беа редовни. Доаѓаа
доста луѓе во неговата смена, но ретко кој оставаше
бакшиш. Некако немаше среќа со клиентите. Иако
беше познат кафе - ресторан, налетуваше на млади
луѓе, претежно студенти и невработени кои едвај
пркрпиле некоја пара и седнале овде да се почастат.
Но, за среќа доаѓаа многу луѓе. Ова кафуле беше
сместено во ценатрот на Скопје.
И покрај тоа што не беа условите најсоодветни реши
да издржи до крај. Реши да не се предава и да ја истур-
ка работата. Знаеше дека тешко може да најде друга
работа. Иако на прв поглед изгледаше лесно, не беше
баш така. Работеше за дневница. Да, до сега смени
три работни места, но разликата во дневницата беше
околу двеста до двеста и педесет денари. Не се офајди
баш нешто премногу. На првото работно место зема-
ше дневница од триста денари, на второто нешто по-
висока и беше триста и педесет, а на последното мес-
то што го споменавме земаше петстотини и педесет
денари дневница. Е, овде беше да речеме солидна
дневница, иако доцнеше. Се тегавеа три години и не-
како успеа да го исплати. Потоа газдата се смени. Не
сакал веќе да го работи тој бизнис и решил да го зат-
вори. Се обиде да го продаде, но тоа тешко одеше. Го
затвори кафулето и го издаваше просторот под кири-
ја. Го зема еден кој исто така отвори кафуле. Се
договори некако со брат му и на крајот и замина во
странство. Во Словенија мислам дека беше отиден.
Всушност брат му требаше да брка околу киријата и
да добива некој процент. Дојде новиот газда и тој пос-
ле некое време го избрка. Му измисли некоја причи-
на. Во причини заради кој го брка беше наведено не-
доволна верност и неуслужливост. После година дена
кафулето се затвори. Сега на тоа место нема ништо.
Тука на Викор му заврши келнерската кариера. Но,
никогаш не вели никогаш. Никој не знае што може да
донесе животот. Денес просторот се издава, но никој
не сака да го земе.
Потоа година дена беше без работа. Имаше работно
искуство од седум години, но немаше стаж. Никој не
сакаше да го пријави. На големи маки беше Виктор.
И овие сеќавања ги избрка од глава. Поминаа како
што дојдоа. Продолжи да чекори по улицата. Одеше
полека. Сите негови сеќавања беа поврзани со оваа
улица, на ваков или на онаков начин, освен банкетот
организиран во негова чест. Ни самиот не знаеше
зошто баш денес му текна на тоа. Но, некогаш сеќа-
вањата доаѓаат непоканети.
Виктор пак се нурна во неговите сеќавања. Виде една
играчница што го потсети на неговата работа во иг-
рачница и тоа долг временски период. Значи, како
што веќе споменав, Виктор година дена беше без ра-
бота, но и без стаж исто така. Потоа се вработи во ед-
на играчница. Таму работеше доста време. Најдолго
до сега. Работеше четири години. Прво беше овде, во
маало, (каде што живее сега), но потоа го го премес-
тија малку подалеку. Некаде во Карпош 4 во новиот
трговкси што го отворија. После четири години пак
требаше да одмори малку. Овие четири години беше
пријавен. Потоа привремено работеше на друго место
кај истиот газда. Работеше во еден мини - маркет кој
работи само со српска стока. Таму работеше две годи-
ни. Потоа се случи нешто неочекувано. Го убија него-
виот газда и се отиде во нескака насока.
Тоа беше страшно. Еден ден дојде дома преплашен.
Целиот беше збркан. Жената со која живееше го пра-
ша што му се случило. Долго молчеше. Не знаеше
како да ѝ каже на жена си дека го убиле неговиот
газда. Ни самиот не знаеше како да го обработи тоа.
Не сакаше да верува дека е вистина. Молчеше некое
време и подголтнуваше. Почна и да се тресе. Потоа се
одважи, собра храброст и ѝ рече на својата невенчана
жена:
- Не знам како да ти кажам. Бирам зборови.
- Што е? Да не имаш друга, па сакаш да се разделиме?
- Не, не се работи за тоа.
- Нешто лошо се случува?
- Да. Може да се каже така.
- Кажи ми. Ептен си преплашен.
- Газдата каде што работам, ова утро го нашле убиен.
Целиот бил облеан во крв. Едвај го препознале.
- Леле, не е можно! Како се случило тоа?
- Не знам. Никој ништо не кажува.
- Должеше ли пари некому?
- Веројатно. Не сум разбрал такво нешто.
Некој од бизнисите ги презде брат му, но не се снајде
баш најдобро. Мораше да ги затвори. Додека да ги
затвори помина некое време. Тука Виктор ќари уште
една годиниа. Откако братот на неговиот газада го
затвори овој бизнис тој цела година беше без работа.
Повторно без работа. Веќе беше навикнат на вакви
нешта. Животот не му беше сјаен. Но, некако и ова го
истуркаа.
Се врати во стварноста. Веќе беше дојден до музејот
на град Скопје. Тука застана да одмори малку. Се нас-
мевна. Се сети на своето последно вработување.
Неговото последно вработување беше одамна. После
сѐ, после сите овие нешта се вработи во теретаната и
таму работи веќе четири години. До сега собра стаж
од десет години. Не беше баш најзадоволен, но не мо-
жеше ништо друго да стори. Во теретаната беше пре-
задоволен од работата. Конечно тргна. Беше најодбро
до сега. Сепак, како и секој човек, се надеваше на по-
добро. Секогаш може да биде подобро. Добрата рабо-
та беше што овде редовно го плаќаа. (барем за овие
три - четири години, колку што работеше). Тоа беше
приказната на Виктор поврзна со неговата работа.

Поглавје Четврто
Кафе со пријателките

Ана Марковјанска заврши со работата. Денес малку


порано од претходно. Влезе во бањата и се погледна
во огледало. Шминката ѝ беше како што треба (иако
не ја користеше претерано). Среќа косата и беше
кратка, па не требаше и неа дополнително да ја мисли.
Излезе на улица и тргна кон паркингот да си го побара
автомобилот со кој дојде на работа. Некако успеа да
го забележи и влезе во него. Ја вклучи машината.
Уфрли во рикверц и излезе од паркингот. Потоа
корсата продолжи да се движи накај нејзиниот дом.
Веќе беше пет часот и некоја минута. Да дојде дома,
да се пресоблече и да излезе. Толку има време. Некаде
накај пет часот и триесет минути беше договорена со
другарките да седне на кафе. Одамна не се беа виделе.
Веројатно имаа доста да си кажат. Некако стигна до
кај неа. Претрча до дома и веднаш со огромна брзина
се пресоблече. Ја паркираше колата речиси на истото
место каде што ја паркираше и Марин минатиот пат.
Седна во истото кафуле каде што беа и тогаш. Веќе
беа седнати три жени и ја чекаа нејзе. Се смееја толку
гласно, што Ана немаше шанси да ги утне.
Прва и најгласна беше Нина. Висока, слаба, голема
уста и крупни сини очи. Кога ќе се насмевнеше пола
лице и го зафаќаше устата. Имаше дупчиња на обра-
зите што уште повеќе ја правеше прилвлечна. Со по-
темен тен и мало носе. Четсо знаеше да оди во солари-
ум и да се кварца. Во принцип и брзо фаќаше боја. На
возраст од триесет и девет години изгледаше фантас-
тично. Облечена во бели панталони, а под нив црна
танга и маича со кратки ракави во бела боја со црвени
линии и отворен врат. Стегната и мускулеста ги пре-
дизвикува сите машки погледи. Витканата руса коса
само го дополнува тоа. Нејзе прво ја забележуваат.
До неа седеше Елена. Добра другарка на Нина од
средно. Во средно беа неразделни. Но, како тргнаа на
факултет секоја по своја страна. Среќа живеат блиску
па некако одржуваат контакт. Елена живее во насел-
бата Ѓорче Петров, Нина, а исто и Ана во Влае во ку-
ќите. Оливера живее во зградите во Влае или познато
како Порта Влае. Елена беше облечена во фармерки и
широка блуза. Имаше подолга црвена коса која и бе-
ше фатена во репче. Нејзините сини очи гледаа само
бои и платна. Баш сега ја привршуваше сликата на ко-
ја работеше. Некако успеваше да заработи. За среќа,
имаше кој да ја покрие. Имаше денови кога продава-
ше доста слики, но имаше денови кога ништо не про-
даваше. Организираше изложби, ама тоа тешко оде-
ше. Сѐ сама правеше. До сега има три самостојни из-
ложби и неколку групни изложби. Зема некој хонорар
со тоа што ги црта насловните страни на книгите, но
не е тоа тоа. Има ќерка колку синот на Марин и уште
една на возраст од единаесет години. Заврши на
ликовна академија. И остана на тоа, затоа што немаше
намера да станува наставник и да останува на факул-
тет. Животот некако тече. Живее заедно со маж ѝ и со
двете деца.
Последната што седеше на масата е Оливера. Не
многу висока, со вишок килограми, слатко заоблено
лице со кафени очи и тенка усна. Кафената долга коса
само само го дополнува изгледот. Облечена во темен
долг фустан со црна чанта на рамото. Работи во смет-
ководствено биро. Подолго време. До сега нема сме-
нето работно место. Многу добра другарка е со Ана.
На возраст од триесет и девет години, со завршен еко-
номски факултет. Таа ѝ е колешка на Нина. И покрај
тоа што Нина го стави во мирување факултетот, сепак
продолжија да се дружат. Причината беше тоа што
беа во исто маало, а и се дружеа како деца. Со Ана се
запознаа на една забава во средно и од тогаш се дру-
жат. Еден период и не се дружеа со Нина (тоа беа оние
периоди на средно кога секој трча на своја страна).
Потоа сите се прибраа во маало. Живееше со маж и и
со близнаците, кои ги доби после третиот обид. Има-
ше два спонтани абортуси. Беше потиштена, но нека-
ко и тоа го надмина. Влезе сонце и во нејзината соба.
Близнаците, Марко и Матеј се на возраст од четири-
наесет години. Сега се мисли каде да ги запишува.
Ана седна до нив. Дојде девојчето и ја прими нарачка-
та. Смеата започна. Девојчето го донесе цедениот сок
од портокал на Ана. Сите ја загледаа чудно, но си пре-
молчеа. На нивните маси имаше кафиња. Макијата.
Секоја имаше да раскаже по некоја приказна. Прво,
Нина се пофали дека има уште еден испит и диплом-
ска да спрема и дека син и Дејан го примиле на елек-
тро - машински факултет. Другите ја слушаа. Ана им
раскажуваше за пациентите на работа. Ана беше
малку помала од нив. Потоа почнаа да прават мубает
за купување алишта. Ова беше само муабет и повеќе
зборуваа од што правеа, затоа што не беа толку еко-
номски моќни да можат да си дозволат најновите
чанти на Гучи или на Луј Витон. Ама, како дами во
општеството мораа да и за тоа да зборуваат (женската
природа, нели, тоа го налагаше). Потоа Ана почна да
зборува.
- Дечки, да ви се пофалам, трудна сум.
- Тоа е прекрасно. Колку време? - праша Нина.
- Па месец отприлика.
- Баш убаво, - додаде Елена.
- Сигурно сте среќни со Марин. Ќе стане татко. -
додаде Оливера.
- Тоа е друг проблем. Марин не е воодушевен.
- Зошто? - праша Нина.
- Веќе два месеци не сме..., - се поткашла,- ... знаеш.
- Чекај, сакаш да ми кажеш дека...
- Да, не е негово детето. На Жарко е, негов другар.
Оливера и Елена ја погледнаа како да ја осудуваат. Не
знаеја што да одговорат.
Нина продолжи да зборува.
- Марин, претпоставувам, не знае.
- Мислам не. Всушност, можно е да се сомнева.
- Да?
- Му кажав дека сум трудна. Не се однесуваше многу
среќно, иако одамна бараше да имаме дете. Јас наоѓав
изговори.
- Мислиш дека памети?
- Не знам, - рече нервозно Ана. - Некако не ни е нај-
сјајно во последно време.
- А како се случи тоа со другар му? - праша Оливера.
- Бевме на некоја журка излезени. Мислам дека бевте
и вие. Да да, ама одма си отидовте.
- Не ќе да сме биле. Не го паметам јас Жарко. Би тре-
бало да го знам.
- Не знам како беше. Може и да не бевте. Не ме фаќај
за збор. Само знам дека Жарко дојде подоцна. Јас оти-
дов накај бањата во дискотеката. Позади мене одел и
Жарко. Јас и Жарко се погледнавме во истиот миг. И-
маше нешто во неговите очи. Тој беше поднапиен или
можеби надуван. Не е важно. Ме залапа. Потоа наче-
кавме празна кабина и за многу кратко време веќе
бевме завршиле работа. Таа вечер не размислував. Не
користевме заштита.
- Добро, ма, ќе си фатела некоја болест. - рече Елена.
- Знам. Но, бев пијана.
- И ткава среќа имаше? Од еднаш? - праша Оливера.
- Не. Сакав да остане на еднаш, но не остана. После
некое време пак се видовме. Кај него во стан. Или на
некој негов другар. Го излажав Марин дека ме боли
глава. Тоа беше последен пат. И еве сега... Тоа е тоа
што се случи.
- Кажи му се на Марин. Може да биде и полошо.
- Ама, Нина, јас сакам да останам со Марин. Со Ма-
рин гледам иднина. Со Жарко, не баш. Од друга стра-
на, сакам да го родам детето. Не сакам да абортирам.
- Правеше ли муабет со Жарко? - ја праша Елена.
- Да. Сака да абортирам затоа што му кажав дека беше
грешка ама не знам што ќе биде. Сѐ е некако измеша-
но. Не знам веќе. Немаме асално правено муабет, но
може и да сака да го признае детето. Некако не ми е
сигурен. Не знам што може да му текне. Не знам што
ќе се случи. Не знам во која насока да одам.
- Не знам што да ти кажам. - рече Оливера.
- Од тогаш се немаме видено. Правевме муабет на ви-
бер нешто, ама... Мислам дека вечер прави свирка.
Можно е да ми ѕвони Марин да одиме. Да не сакате да
дојдете?
- Па, нас не нѐ викна. - рече Оливера.
- Ќе им биде мило да дојдете.
- Мислиш? - праша Елена.
- Па да. Свирка е тоа. Би било добро да има што пове-
ќе луѓе. Ама не знам дали ќе ми се јави Марин. Може
и ништо да не излезе.
- Ајде ќе се чуеме вечер. - рече Нина.
- Дојдете со мажите. Изнесете ги од дома.
- Тоа и не е лоша работа. - рече Елена.
- Не знам што точно ќе се случува. Треба да ми се јави
мојон. - рече Ана.
- Во ред, во ред. - рече Нина.
Потоа продолжија со неврзан муабет на најразлични
теми. Марин го немаше да се јави. Ана си помисли де-
ка можеби задремал, па заборавил да ѝ се јави. Не е
ништо страшно. Башка, сакаше време за себе од не-
колку часа. Одамна не се беше видела со другарките
така што ова и дојде доста добро.
Во кафулето дојдоа и двајца мажи. Едниот беше ви-
сок, со стомак, заоблено лице, црни очи и кафена ко-
са. Носеше пантолони и одело. Се враќаше од работа.
Во десната рака носеше кожна ташна. До него стоеја
две дечиња на возраст од четиринаесет години. Двете
облечени во фармерки и кратки маички во зелена бо-
ја. Јакните ги држеа во раце. Им беше топло. Тоа беа
Марко и Матеј, децата на Оливера. Седеа мирно и
гледаа во кафулето. Огнен ги беше земал од училиш-
те. Тие беа радосни затоа што денес беше петок, па
утре не се на школо. Беа деветто одделение. Наредна-
та година ќе запишуваат средно. Не знаат каде да за-
пишат. Можеби во Средното Економско Училиште.
Или можеби во некоја гимназија. Не размислуваа сѐ
уште. Школската година само што беше започнала.
Огнен работеше во фабрика за лекови. Земаше добра
плата. Заврши Фармацевтски факултет. Одамна се
запознаа со Оливера. На нив коцките некако им се и-
маа погодено. Не можеа да се пожалат дека немаат.
До него стоеше висок и слаб човек со кафени очи и
кратка кафена коса. Облечен во фармерки и лесна зе-
лена блуза, со ташната во рака делуваше како и тој да
се враќа од работа. Така и беше. И тој се враќаше од
работа. Но, работеше нешто сосема трето. Имаше
сопствен бизнис. Аптека. Не беше лошо. Не можеше
да се пожали. Но, со него не беа ќерките. Беше сам.
Димче со раката си го избриша челото. Беше испотен.
Се доближија до масата каде што седеа Ана, Оливера,
Нина и Елена. Тие не ги ни забележаа дека се овде.
- Извинете дами, дали има место за двајца момци? -
праша Димче.
Елена се сврте и го виде маж ѝ.
- Ко за вас момци има место. - рече Елена.
Така, Димче и Огнен земаа две односно четири
столици ( за Марко и за Матеј), како и за нив двајца и
седнаа на масата до четирите грации.
Дојде ќелнерката да ја прими нарачката. Потоа се вра-
ти со два густи сока од портокал и две кригли пиво.
Димче и Огнен наздравија и разговорот започна. За сѐ
си зборуваа. Секако внимаваа што ќе кажат, бидејќи
тука беа Матеј и Марко, но и немаше потреба затоа
што тие беа премногу возбудени па не обрнуваа вни-
мание на разговорот на возрасните. За нив ова беше
доживување. Речиси никој од нивните врсници не о-
деа по кафулиња. Тие беа едни од ретките и можеа да
се пофалат дека нешто први направиле. Возрасните се
потсетија на игрите од нивната младост и се насмевна
задоволно. Сѐ уште имаше такви деца. Не беа сите за-
робени во светот на ајфоните и таблетите. На училиш-
те им одеше добро. Не беа најдобри, но никој не го ба-
раше тоа од нив. Знаеја да добијат и по некоја едини-
ца. Е тогаш дома беа драми. Се нервираа кога добиваа
единици, што поради себе, што поради тоа дека ги ра-
зочарале нивните родители. Огнен и Оливера се тру-
деа да не ги караат Марко и Матеј и да живеат во
слога. Тоа им успеваше иако не можеше да помине
без карање. Сепак беа деца и правеа бељи. Кафето
продолжи да си тече. Малку повеќе се развлече. Среќа
беше петок, па скоро никој не обрнуваше внимание на
тоа. После некое време се освестија, ја платија смет-
ката се секој тргна на своја страна. Сите во своите
домови. Си кажаа сѐ што имаа да си кажат, па после
некое време им се здосади. Башка другарите сакаа да
си ги видат сопругите и да поминат малку време и со
нив (и со своите деца, секако).

Поглавје Петтто
Подготовки

Вратата од станот два пати се отклучи. Марин влезе


со кеси полни со намирници. Беше отишол да пазари
во најблискиот маркет. Ги соблече патиките и ги од-
несе кесите во дневната. Ги стави на масата за јадење.
Потоа се соблече по гаки и долна бела маица. Алиш-
тата ги расфрла по подот. Имаше таква навика. Потоа
влезе во бањата. Ја заклучи вратата позади себе. Влезе
во тушот. Ја пушти топлата вода да тече. Знаеше дека
нема многу време, но сакаше малку да ужива. Ги зат-
вори очите. Посакуваше да не е овде. Посакуваше да е
на било кое друго место, само не овде. Замина. Зами-
на некаде во минатото. Се сети на деновите кога оде-
ше на предавање. Всушност, тогаш се симнуваше по
скалите на факултетот за да излезе на воздух. Само
што зачекори, пред него се појави една убава девојка.
Ја загледа. Му изгледаше позната. Се доближи до неа.
Седеше сама. Всушност стоеше. Нејзините колешки
беа некаде отидени. Веројатно по локалните кафули-
ња. Марин прв започна муабет. Правеа неврзан муа-
бет за тоа што полагаат и кои предмети ги слушаат.
Потоа Марин ја покани на кафе. Му се допадна уште
веднаш кога ја виде.
- Може, - рече девојката. - Иначе, се викам Искра.
- Марин, - рече.
- Во ред. Дај ми број да ти се јавам.
- Секако. - му го кажа домашниот.
- Од некаде си ми позната. Не знам од каде. Како да те
имам на некое друго место видено.
- Не знам. Не ми текнува.
- Не е важно. Ќе ти звонам. Да не е проблем?
- Не. Или можеш да поминеш во кафулето во кое што
работам. До меаната Делфина.
- Работиш во тоа кафуле? Не ме зафркавај. Сериозно?
- Да. Таму работам.
- Имам седнато таму. Нема многу народ.
- Е да, нема секогаш.
- Еднаш начекав празно кафуле со еден пар кој се ла-
паше на сред кафуле и секако јас. Другарите ме
извисија и така. Паметам дека заврна...
- Секако. Ти си тој дечкото што праша дали ќе биде
проблем ако...
- Да, јас сум.
Двајцата се насмевнаа. И на Искра и текна од каде го
познава дечкото. Односно се сети дека од некаде го
познава.
Седнаа во истото кафуле каде што таа работеше како
келнерка. Среќа немаше многу луѓе. Некој знаеше да
залута. Тоа беше предност за Искра, затоа што денес
не ѝ се работеше нешто посебно. Не кога Марин беше
овде. А и за Марин беше предност затоа што имаше
повеќе време да поминува со неа.
Искра не се срамеше од работата. Ѝ требаа пари, па
затоа работеше додека студираше. Башка, беше орга-
низирана и немаше премногу слободно време па да не
знае што со себе. Имаше денови кога и беше преку
глава од сѐ. Сите имаат такви денови. Тоа беа обично
деновите кога некој муштерија ќе претераше. А ги и-
маше доста што знаеа да претераат. Имаше такви кои
очи не тргаа од неа. Едноставно се хипнотизираа од
нејзиниот поглед. Тие некако можеше да ги разбере,
иако и беше непријатно. На секого би му било непри-
јатно постојано да биде предмет на набљудување. И-
маше такви кои правеа муабет и отворено и се додво-
руваа, но остануваа разочарани затоа што брзо им
даваше до знаење дека не е заинтересирана. Која беше
причината само таа си знаеше. Тие беа најфините од
сите. Имаше и премногу упорни кои во нивната упор-
ност дури стануваа и безобразни. Па често ја китеа со
сочни епитети како: курво, несреќо една, отров, мив-
ко, габор и многу други сочни пцости. Беше навикна-
та на овие глупости. Дури и отворено и праќаа и зака-
ни, па дури и непристојни предлози.
Беше убава. Свесна беше за тоа. Но, не сакаше да при-
влекува внимание. А токму тоа го правеше. Никој не
остануваше рамнодушен. Имаше и такви кои не ја са-
каа, повеќе заради тоа што не можеа да ја имаат. На
моменти Искра се однесуваше како студена кучка, но
си имаше добра причина за тоа.
Овој пат реши да не ја игра улогата на недостижна
студена кучка и да си даде шанса. Тоа и го направи.
Заборави на сите нешта кои ги правеше пред тоа. Со
очи го пиеше Марин. Тоа беше хемија. Такви искри
не почувствувале одамна. Ниту Марин, ниту Искра.
Искра ја понесе атмосферата и одеднаш се најдоа ли-
це пред лице. Усните им се споија како со лепак. Иск-
ра за миг се збуни и се оттргна. Марин направи кисела
фаца, како да сакаше да се извини дека премногу брза.
Искра како да ја разбра пораката. Не рече ништо. Са-
мо со сјај во очите продолжи да ги бакнува усните на
Марин. Сега Марин се збуни. Ова беше пријатно збу-
нување. Заборави на сѐ. Ова беше миг кој сакаше
бескрајно да трае. Не му беше прв пат, но беше посеб-
но. Исто како да е прв пат. Премногу беше убаво за да
биде вистинито. Но, сепак беше вистинито.
Ѝ заврши смената на Искра. Потоа цело попладне го
поминаа заедно. Се шетаа фатени за раце. Како веќе
да беа дечко и девојка. Тоа им одеше спонтано. Искра
не даваше отпор. Исто и Марин. И двајцата беа разо-
ружани еден пред друг.
Едвај се разделија иако се познаваа само неколку ча-
са. Вечерта Марин лежеше на креветот со очите впе-
рени кон таванот. Гледаше нагоре замислувајќи дека
е небо. Не можеше да заспие. Постојано ја замислува-
ше Искра и секој ми поминат со неа. Настаните од тој
ден му се вратија повторно. Се сети и на дента кога ја
виде, па кога се запознаа на факултетот, па на нивното
прво кафе, па првиот бакнеж... Сликите се редеа една
по една како во албум.

*
* *

Викор влезе во зградата каде што живееше и го пови-


ка лифот. Додека го чекаше лифот да дојде почна да
размислува за некои нешта. Се сети на еден далечен
спомен од пред многу години. Тогаш работеше во у-
гостителство сѐ уште. Мислам дека сѐ уште беше на
почетокот од својата угостителска кариера. Беше ве-
чер, а Виктор беше на работа. Најмалку од сѐ сакаше
да работи втора смена. И тоа од повеќе причини. Пр-
во, затоа што тогаш имаше многу повеќе гужва, а вто-
ро затоа што не можеше навечер да шета и да се заба-
вува. Но, ете, денеска му се погоди баш таа смена. Се
мрштеше и негодуваше, но немаше друг начин, освен
да се фати за работа. За среќа, немаше многу гужва.
Тоа беше олеснителна околност. Отиде да ги послужи
масите. На една од масите седеше една згодна девој-
ка. Гордана. Нешто чудно почна да му се случува во
тој миг. Застана за да може да се соземе. Како да ја
познаваше од некаде. Притрча да ја послужи.
- Повелете госпоѓице, - ѝ рече.
- За мене една кока кола, ве молам.
- Веднаш.
Во најбрзо можно време дојде со пијалокот што Гор-
дана го беше нарачала. Ја остави чашата на масичето,
потоа и стакленото шишенце, па од него ѝ сипа во ча-
шата, притоа под око погледнуваше накај неа. Таа де-
луваше незаинтересирано, но тоа беше посилно од
Виктор.
- Повелете, - ѝ ја подаде чашата. - Треба уште нешто?
- Не, ви благодарам.
Викор се повлече и продолжи да си ја работи својата
работа. Ги послужи и останатите маси, па потоа се
повлече и скришно ја впиваше госпоѓицата Гордана.
Помина таа вечер.
Потоа Гордана почна почесто да доаѓа во тоа кафуле.
Викор сѐ почесто ја гледаше таму. Тоа не му претста-
вуваше никаков проблем. Еден ден, Гордана малку
повќе се напи и седеше на шанкот. Почна да си прави
муабет со Викор. Потоа почнаа да излегуваат и после
некое време, заедно да живеат. Нешто потоа се роди и
нивниот син. Во моментот не беа при пари за да нап-
рават свадба, па тоа го оставија за некои подобри вре-
миња. А тие подобри времиња траат до денешен ден.
Виктор само се насмеа на спомените што му се поја-
вија од нигде никаде и влезе во лифтот.

*
* *

Марин излезе со бањарката од бањата и отиде во


кујната. Се чувствуваше освежено. Му требаше туши-
рање. Потоа отиде во дневната и виде што има во
ќесите кои ги донесе. Време беше за подготовка на
јадење. Знаеше да готви иако не практикуваше, освен
кога ќе се најавеа да доаѓаат гости како што беше се-
га. Ја извади ќесата со лиснатите и ја отвори. Потоа ги
нареди во еден плех и ги стави во рерна да ги испече.
Во меѓувреме почна да мати хопла за да прави шлаг.
Имаше доволно време за да подготви сѐ. Не се задржа
многу во продавницата. Воопшто не помисли на Ана.
Реши денес да ја тргне од мислите. Може да почека
малку. Откако ја измати хоплата, од ќесата ги извади
кашкавалот, саламата, сирењето, доматот и уште не-
кои нешта и почна да ја подготвува даската. Потоа го
отвори фрижидерот и извади неколку тегли. Ги стави
на работната маса во кујната. Извади помали и подла-
боки чинивчиња и во нив стави по неколку лажици од
содржината што ја имаше во теглите. Ајвар, лутеница
пинџур и малиџано. Потоа најде помало чинивче и
стави мајнез во него. Ги извади другите работи од ќе-
сите и ги стави во фрижидер. Ги извади вината,
пивата и соковите. Добро е да бидат ладни кога ќе
дојдат гостите. Даската беше готова, лиснатите испе-
чени, па имаше доволно време да се посвети на торта-
та.
Поглавје Шесто
Сеќавања

Во меѓувреме, Ана се прибра дома. Уморна после


работа и кафето со пријателките, влезе во куќата. Не-
маше никого. Мајка ѝ и сестра и не се беа вратиле. От-
како влезе, ја затвори вратата и заклучи. Помина низ
малото ходниче и веднаш отиде во својата соба. Вед-
наш до неа беше собата на мајка ѝ и сестра ѝ. Тие спи-
еја заедно. Ана сакаше да има своја соба. Сестра ѝ
Марија не правеше проблем за тоа. Како помала сес-
тра ѝ ја отстапи собата на Ана. Ана веднаш седна на
креветот. До него имаше едно огладало кое Ана често
го користеше. Беше уморна. Се пресоблече и легна
малку да одмори. Ги затвори очите, но не ѝ доаѓаше
сон. Од премор не можеше да заспие. Денот ѝ беше
тежок.
„ Што правам јас? Трудна сум од пријател на Марин.
Немам сила да му го кажам тоа. Но, морам. Нема да
можам да лажам. Марин како да се сомнева. Може-
би и веќе знае. Боже, што да правам? Ова не може
да продолжи вака. Не знам дали го сакам. Или е само
навика? Можам јас без него. Или не? „- ѝ се јави
потсвеста.
Стана од креветот. Ја стави перницата под кичма и
пак се покри со прекривката. Се загледа накај прозо-
рецот. Нејзината куќа гледаше накај улицата. Имаше
мало дворче, но тоа беше прилично несредено. Ана
седеше на столицата и работеше нешто на компјуте-
рот, кога се слушна глас од надвор:
- Ана, Ана!
Не го слушна затоа што беше задлабочена во работа-
та. Спремаше некоја семинарска за на факултет.
- Ана, Ана! - повторно се чу гласот.
Ана го тргна погледот од компјутерот и отиде кон
прозорецот. Погледна низ него. Долу ја чекаше Иван.
Момче на возраст од дваесет години со виткана кафе-
на коса и зелени очи, слаб, со тетоважа на вратот. Об-
лечен во кожна јакна и црни кожни панталони, со
кондури до листовите. Носеше очила. До него седеше
новиот мотор. Тој беше од богато семејство. Ѝ беше
колега на Ана. Не се грижеше нешто премногу за фа-
култетот. Повеќе беше насочен кон тоа да ужива во
животот и адреналинот. Неколку пати Ана ја возеше
на мотор. Не дека Ана не го сакаше тоа, но не беше
толку луда колку што беше тој.
- Почекај, - му рече.
Набрзина се облече и излезе преку прозор. Не сакаше
мајка ѝ да ја види. Мајка ѝ не ѝ даваше да се гледа со
Иван затоа што возеше мотор и не бил добра прилика
за ќерка ѝ. Веројатно сакаше да ја заштити, како и се-
која мајка. Ана беше инаетлива и решена да продолжи
со Иван. Ништо не ѝ споменуваше на мајка ѝ. Мајка ѝ
не знаеше и една друга работа. Ана беше трудна од
Иван. Чекаа дете. Беше само прашање на време кога
ќе се земат и ќе живеат заедно. Но, некои работи
едноставно не требале да бидат. Ана тогаш беше во
третиот месец од бременоста. Мајка ѝ забележа про-
мени кај неа, но воопшто не се посомнева во ништо.
Ана беше здебелена. Мајка ѝ помисли дека тоа се дол-
жи на факултетот и стресовите што следуваат со тоа.
Ана имаше висок просек на факултет. Ја одбра стру-
ката што ја сакаше.
Моторот забрмче. Мајка ѝ на Ана не слушна ништо.
Тогаш веројатно спиеше кога Ана се прикрадуваше за
да не ја види. Моторот излезе од уличката на Ана и
продолжи накај булеварот. Ана се фати за половината
на Иван и замижа. Посака да остане така. Многу го
сакаше Иван. Се возеа низ улиците на Скопје. Секаде.
И Ана уживаше како и Иван. И двајцата беа среќни
што ќе станат родители. Беше ноемвриско утро. Дува-
ше ветер вечерта и си играше со косите на Ана (тогаш
Ана имаше подолга коса, нешто над рамениците). Цр-
вените коси на Ана се разлетуваа на сите страни
(природно е црна, но тогаш беше фарбана црвено). И-
ван возеше понесен од помислата дека ќе стане татко.
Многу си мечтаеше за тоа. Откако му кажа Ана, не
престана да размислува на таа тема. Си мислеше за
тоа каков татко би бил и како среќно би живеел со А-
на. Веќе не помислуваше на ниедна од претхоните
девојќи. Тие за него беа само имиња и настани кои
требаше да се заборават. Ана беше во центарот на
размислувањето. Ана. Беше сигурен дека ја најде вис-
тинската личнот. Нешто му велеше дека коцките се
поклопиле.
Од друга страна пак, Ана се двоумеше дали да го
абортира детето или не. Го сакаше Иван и тоа не беше
спорно, но беше поремлада да стане мајка. Барем да
почекаа уште четири години. Да го завршеше факул-
тетот барем. Вака, ќе остане на пола пат. Не знаеше
што да направи. А времето си минуваше. Веќе беа по-
минале три месеци. Сепак, на крај, внатрешниот глас
ѝ шепна да стапи во брак и да го роди детето, кога ве-
ќе дошло до тоа. А факултетот ќе го заврши некако.
Се надеваше на помош и разбирање од нејзината
мајка. Мајка ѝ немаше да биде воодушевена, но веро-
јатно ќе ѝ помогнеше. Немаше да биде воодушевена
од фактот дека ќерка ѝ ќе има дете од Иван и дека со
него ќе стапи во брак. Таа не го сакаше Иван, затоа
што нејзе ѝ делуваше разгалено. А, рака на срце, и не
беше далеку од вистината. Иван беше по малку и раз-
гален. Беше единствен син и плус од богато семејство.
Неговите долго време немаа деца. Кога мајка му заб-
ремени тоа беше славје. Докторите им кажаа дека
второ дете е речиси невозможно и дека ако веќе се о-
ди на второ постои ризик да умре или детето или
мајката. Поголем ризик има да умре мајката. Па така,
мајка му и татко му на Иван и не решија да одат на
второ дете.
Неславно заврши тоа возење со мотор. За дел од се-
кунда Иван изгуби концентрација и една кола го удри.
Двајцата летнаа од моторот. Ги најдоа во тревата.
Моторот отиде во Вардар. Иван беше целиот облеан
во крв. Темнина врз него. Ана беше полесно повреде-
на. Ги пренесоа во болница. За Ана имаше чаре. Но, за
другите двајца - не. Иван умре на пат до болница. Ло-
шо паднал и имал внатрешно крварење. Ана помина
со модрици и гребаници. Од ударот и неговата силина
Ана го изгуби и бебето. Ја задржаа во болница две не-
дели. Сепак, не беше со толку лесни повреди. Кога
дозна мајка ѝ што се случило, ечеше цела болница.
Така беше потресена, што прво ѝ викаше, а потоа за-
едно плачеа. Фалеше уште да ја удри. Некако помина
и тоа. Родителите на Иван, изгледаа како да се пред-
време остарени. Скршени од болка, седеа во ходни-
кот. Мајката на Иван ја обвинуваше Ана за ова што се
случи.
- Ти си крива! Ти го натера син ми да вози мотор! Да
не беше ти, син ми немаше да се качи на таа машина!
Да не беше ти, несреќо една, ова немаше да се случи!
Мајка ѝ на Ана се обидуваше да ја смири состојбата и
да го прекине разговорот со таа жена, но таа никако не
сакаше да попушти. Викаше, плачеше, колнеше. Беше
обзедена со голема болка. После некое време се сми-
ри. Но, болката не помина. Набрзо потоа мајката на
Иван почина. Таткото остана да живее сам и издржа
уште неколку години. И тој замина.
Затрепка. Солзи ѝ потекоа од очите. Често се сеќава-
ше на ова. Поминаа четиринаесет години од тогаш, но
сеќавањата не се губат. Едноставно, не бледнеат. Ана
многу пати се обидуваше да научи да живее со тоа, но
тоа беше просто невозможно. Тој ѝ беше прва љубов.
Искрено го сакаше. Секое сеќавање за онаа ноќ ја рас-
тревожуваше. Паѓаше во очај. Отиде до кујната и зема
чаша вода. Потоа во една од фиоките најде апчиња.
Се напи лексилиум. И требаше да се смири. Потоа се
напи уште едно апче. Анти - депресив. Ана страдаше
од депресија. Тоа почна откако го загуби детето и деч-
кото. Долги години потоа пиеше лекарства за да може
да се поврати. Некако, депресијата исчезна кога го за-
позна Марин. Веројатно го најде душевниот мир. Но,
не се излечи целосно. Имаше некои стравови кои беа
на ниво на параноја. Се плашеше да биде сама. Иако,
на почетокот се повлече во себе. Поминаа уште чети-
ри години. Некако успеа да го заврши факултетот и
тоа со висок просек. Се посвети на факултетот на
време. Беше решена по секоја цана да успее. И успеа.
Веднаш ја вработија. Напредуваше во работата при-
лично брзо. Дури и невидено брзо. Работеше шест го-
дини. Кога почна да работи се запозна со Марин. Иа-
ко на почетокот негодуваше, сепак сакаше да биде со
него. Негодуваше од навидум морални причини. Има-
ше својство на љубовница. Тој период не се дружеше
толку со Нина, Елена и Оливера. Како што работите
почнаа да добиваат смисла, таа пак се врати во коло-
сек. Почна полека да ги обновува старите пријател-
ства. Тоа траеше некое време. Секако, ништо не се
случува преку ноќ.
Сега повремено пиеше апчиња за смирување. Иако,
не беше препорачливо да пие вакви апчиња, сепак се
напи. Можеби нема ништо да му се случи на детето.
Повторно беше бремена. Ѝ беше страв. Што ако пак
нешто такво се случи? Не би можела да издржи втор
пат такво нешто. Тоа ќе биде премногу за неа. Помис-
ли на Жарко. Но, веднаш ја тргна таа мисла од глава.
Жарко беше само авантура и грешка која не требаше
да ја направи. Грешка со разорни последици. Како
резултат на грешката е стомакот.
Расположението ѝ се промени. Немаше воља никаде
да оди. Наеднаш не ѝ се одеше на свирката. Се мисле-
ше дали да им откаже на другарките. Сепак реши да
види што ќе се случи. Во последно време често мену-
ваше расположение. На секои пет минути. Особено
откако остана трудна. Тоа беше за никаде.
Пак дојде во својата соба и си седна на креветот.
Нешто крцна. Се отвори вратата и влегоа Анка и Ма-
рија натоварени со ќесите. Ана им помогна да се рас-
товарат. Марија беше иста како Ана, само што беше
една година помала. Многу често ја мешаа со Ана. И
двете личеа на мајка им. Таа беше подостарена, со
брчки околу очите и коса, како раскашавен снег, фа-
тена во репче. Неббесниот сјај одамна беше исчез-
нал. Одеше подгрбавена од умор. Очите ги имаа нас-
ледено од нивниот татко. Анка Марковјнска, мајка ѝ
на Ана, беше силна жена на возраст од педесет и девет
години. Ана отиде заедно со нив да им помогне.
Поглавје Седмо
Банкар

Оливер заврши со работа денеска. Но, за него недела-


та не беше завршена. Самата помисла дека и утре е на
работа го правеше да биде уште поуморен. Но, тоа е
тоа. Таков е животот. Среќа што утре почнува од де-
вет часот и завршува во два часот попладне. Тоа е ед-
на олеснителна околност. Навикнат беше на такво
темпо на работа. Секоја сабота банката работеше по
пет часа. Оваа сабота нему му беше редот да оди на
работа.
Оливер се влечкаше по улицата како да не сакаше да
се врати дома. Веројатно и не сакаше да се врати до-
ма. Живеше сам веќе неколку години. Тоа беше него-
виот избор. Или можеби едноставно така се навикна
откако се вработи во банка. Но тоа беше најдобрата
работа што ја имал некогаш. А пред тоа работеше
други работи. Никогаш не се срамеше од работа.
Пред тоа работеше од сѐ по нешто. Работеше во една
пицерија како пица мајстор додека студираше. Отка-
ко дипломираше на економски факултет - насока ме-
наџмент (а поминаа тринаесет години од тогаш), по-
работе уште некоја година. Три години работеше от-
како дипломираше. Таму работеше вкупно девет го-
дини. За жал не можеше да продолжи. Мораше да на-
пушти. И тоа не по негова вина. Всушност тој и не
сакаше да го напушти работното место. Имаше сигур-
на работа и релативно добра плата. А некако не се по-
јавуваше оглас за подобра работа. Но, ете, некогаш
работите не се баш такви какви што сакаме да бидат.
Газдата што ја држеше пицеријата беше во загуба и
реши да ја затвори пицеријата. Плаќаше преголема
кирија за прометот што го правеше. Му бараа шесто-
тини евра месечна кирија. Да се разбереме, не беше
тоа некоја позната пицерија. Во неа доаѓаа претежно
луѓето од околината. И ете, Оливер остана без работа.
Не помина долго време како беше без работа.
Потоа најде друга работа. Работеше во мобилара. Се-
како му требаа пари. Сакаше да запише после дип-
ломски студии. Но, цените беа вртоглаво високи. По-
работе доста време во мобиларата. Работеше можеби
шест години. По две години, запиша последипломски
студии. Ги тераше некако и после четири години ус-
пеа да ги заврши. Но, уште пред да ги запише имаше
некои проблеми поврзани со тоа. Немаше доволно
просек и му правеа проблеми. Некако успеа да ги за-
пише и без тој просек. Бркаше врски на студентски и
кај некои од професорите. Не одеша баш најдобро тој
процес. На крај некако се спогодија. Не виде некаков
аир од таа спогодба. Но, тоа е тоа. Беше асистент на
некој од професорите. И сѐ ќе беше добро во овој дел,
ако барем го плаќаа. Но, не го плаќаа. Всушност, ова е
игра на зборови. Не беше баш асистент, туку потрчко.
Требаше да објавува списоци, да носи тетратки и да
изигрува курир. Но, и тоа помина. Среќа беше само
две години. Немаше многу време за друштвен живот
затоа што впрочем и немаше време за него. Кога де-
нот би имал повеќе од дваесет и четири часа, може-
би би можел да има повеќе слободно време. Работеше
во мобиларата на полно работно време и на факултет
на скратено работно време (четири часа поминуваше
на факултет секој ден). За среќа, професорите имаа
попладне предавања, ми се чини некаде после три, та-
ка што не мораше да отсуствува од работа. Викендите
не знаеше што попрво да направи. Дали да се одмори
или да излезе. Го гледаа можеби еднаш или два пати
месечно. Никој не знаеше што се случува со него. От-
како ова се среди, се сѐ врати во нормален тек и се
гледаа два - три пати неделно. Помина и тој тежок пе-
риод. После четири години, Оливер некако успеа да
магистрира. Тогаш имаше триесест и три години.
Продолжи да работи во мобиларата. Работеше може-
би уште месец - два. Го виде огласот за во банка и се
пријави за интервју. Го помина интервјуто. Тоа трае-
ше можеби месец дена. Побара неплатено отсуство и
откако го доби отиде на пробна работа во банка. Виде
како стојат работите. Се снајде и сакаше да работи во
банката. Му кажа на шефот дека работи во мобилара и
дека планира да напушти, но мора да помине уште
еден месец. За среќа, шефот имаше разбирање па му
даде месец дена за да се истера работата. Му најави на
шефот на мобиларата дека планира да напушта и сѐ си
течеше според протоколот. Ги одработи тие месец де-
на додека не најдат замена. Потоа почна со работа во
банката. И еве, веќе пет години е таму. Задоволен е од
работата и од платата. Зема околу четиристотини евра
плата, што и не е така лошо. Оливер, за разлика од
Виктор немаше проблеми со пријавувањето. Тој соб-
ра стаж од веќе дваесет години. Живееше сам. Нема-
ше некаква среќа со луѓето од понежниот пол. Имаше
две - три врски кои завршија неславно. Потоа тој не-
како се повлече во себе, а и се посвети на работата и
работите се такви какви што се.
Ни самиот не знаеше од која причина, но додека се
враќаше накај дома почна да размислува за работите
што ги беше работел во животот. Можеби тоа што бе-
ше петок некако влијаеше на него. Или ова е некој
посебен петок. Додека ги прелистуваше дадотеките
во својата глава поврзани со неговата работа не ни за-
бележа дека стигна до паркчето во неговата населба
кај Министерството за образование. Ова беше паркче
во неговата населба. Често одеше овде. Понекогаш
знаеше да седи на клупата, да гледа во тревата и да си
мечтае. Реши дека и денеска ќе го повтори истото.
Седна на една од клупите и се загледа кон зеленилото.
Надвор веќе полека почнуваше да се стемнува. Чувст-
вуваше умор, но ова му беше потребно. Зеленилото го
опушташе. Порано често го правеше тоа. Во последно
време сѐ поретко. Додека гледаше во зеленилото со
крајот на неговото око успеа да ја улови неа. Дани. Ја
немаше видено долго време. Му беше чудно што баш
сега ја виде. Таа не го забележа. Одеше со некој човек
рака под рака. Човекот едвај се гледаше. Беше повеќе
како сенка. Тој човек ѝ беше маж веќе некое време. Се
запознаа со Оливер. Одамна беше тоа. Поминаа годи-
ни. Може има тринаесет години поминато. Да, да.
Точно тринаесет години. А Дани веќе десет години е
во брак со тој човек.
Оливер е седнат на клупата сам. Веќе некое време ја
чека да дојде девојката. Десетина минути. Во истиот
миг пред него доаѓа личноста што ја чека. Се симнува
од бесната машина. На прв поглед, кој би рекол дека
ваква девојка ќе вози ваква бесна машина. Девојката е
висока со русо - кафена виткана коса и сини очи. Об-
лечена во фармерки и кожна јакна. Оливер ја бакнува
во уста. Краток бакнеж. Таа е неговата девојка.
- Како си? - го прашува.
- Добро е, седам овде. Малку да се одморам. Ти?
- Добро е. Излегов да ме фати воздух.
- Редно беше. Одамна те немам видено.
- Оливер, сакам да зборуваме.
- Повели, те слушам. Знаеш дека можеш да ми кажеш
сѐ.
- Да. Вака. Јас подолго време сум збунета. Ми треба-
ше простор за да размислам за некои работи.
- Јасно, - речиси прошепоти како веќе да претчувству-
ваше што би било следно. - Не знам како да ти го ка-
жам ова...
- Ова изгледа дека нема да заврши на добро...
- За кого како. Види ти си супер човек. Работата е
што...
- Јасно ми е. Работата е што не ме сакаш.
- Не го кажувај толку грубо.
- Тоа е вистината.
- Всушност да. Но, сакам да ми бидеш пријател.
- Не знам дали ќе можам.
- Јас не сум светец, но не сум ни чудовиште. Јас сум
само обична жена која...
- Знам. Знам што сакаш да ми кажеш. Но, ќе ми треба
време.
- Мислам дека е подобро вака.
- Не знам.
- Размислував додека не се гледавме...
- И смисли нешто?
- Не. Се двоумев. Се појави друг, па сакам да си ја
пробам среќата...
- Размисли дали вреди тоа?
- Да.
- И што одлучи?
- Одлучив дека сепак треба да пробам, за потоа да не
се каам.
- Во ред.
- Жал ми е.
- Во ред е. Ќе помине. Еден ден...
- Еден ден.
- Епа нека биде ова нашата последна средба...
- Зошто така велиш?
- Па само што ми рече така.
- Не реков јас веќе никогаш да не се видиме...
- Добро, мислев на наша последна средба како пар.
- Да. Изгледа ова ќе биде нашата последна средба ка-
ко пар.
- Малку чудно звучи ова...
- Знам, но мислам дека вака е најдобро.
- Во ред.
Потоа и двајцата молчеа извесно време. Не знаеја што
да си кажат. Сѐ беше кажано. Барем тоа што требаше
да се слушне. На Оливер му станаа појасни некои
нешта. Но, сега веќе беше доцна за сѐ. Не можеше да
ги смени работите. Ќе мора да се привикне на проме-
ните.
Остана да седи сам на клупата. Солзи почнаа да му
течат. Ги остави да потечат малку, а потоа ги избри-
ша. Остана да си седи. Не сакаше да се врати дома.
Пак му потекоа солзи. Се врати во стварноста.
- Ова место ми буди спомени. Премногу спомени, - си
рече за себе. - Тоа беа времиња Дани. Времиња. Но, сѐ
поминува.
Пак се нурна во сеќавањата.
Истото место. Истата клупа. Но, не е истото. Приб-
лижно истото, но не е истото. Поминати се три години
од тогаш. Оливер повторно седеше на истата клупа.
Како да имаше некакво значење тоа. Или можеби са-
мо случајност. Повторно дојде таа. Повторно дојде
Дани.
- Како си Оливер? - го праша.
- Еве добар, се враќам од работа. Ти?
- Супер. Јас малку да излезам. Често ли седиш овде?
- Да, ова ми е омилено место.
- Јасно.
- Што има ново кај тебе?
- Па има доста работи. Помина долго време како не се
видовме.
- Да, да. Поминаа години.
- Да. Дојдов да ти дадам покана.
- Покана? Каква покана?
- Те канам на свадба.
- На свадба?
- Да. Се женам за неколку месеци.
- Честито. Јас... Ова... Не знаев. Мило ми е.
- Фала. Ќе ми биде мило ако дојдеш на свадба.
- Ќе гледам да дојдам. Благодарам на поканата.
- Нема на што. Нели сме пријатели?
- Да, така е. Пријатели сме.
Потоа Дани некаде ја снема. Оливер остана сам да се-
ди и да се чуди. Во тој момент беше како здрвен. Како
закован за клупата. Не знаеше што да каже. Му поте-
коа солзи. Ни самиот не знаеше зошто. Веројатно
некој спомен се разбуди од дамнешните времиња. А
можеби се солзи од среќа.
Оливер погледна на својот часовник. Часовникот ка-
жуваше дека е време да се прибере дома. Време е ко-
нечно да стапне дома. Стана од клупата и тргна. Не
сакаше да си дозволи уште чувства да му навјасаат.
Не беше спремен да поднесе уште болни спомени од
своето минато. Ова му беше сосема доволно, дури и
премногу. Сакаше (ако тоа е на некој начин возмож-
но) да заврти нов лист и век и векови да го избрише
минатото. Но, тоа секогаш наоѓаше начин, банален
начин да се врати и да го потсети. Особено овој парк
каде често поминуваше (не дека имаше друг избор,
затоа што тоа беше најкраткиот пат до дома и сакал
или не сакал мора да помине од таму) беше едно од
тие места кое будеше болни спомени. Немаше прити-
соци (барем не директни) од околината затоа што бе-
ше без својата понежна половина, но самиот факт де-
ка сите од неговото друштво ( со исклучок на Жарко)
веќе имаа оформено семејства, го натера да се замис-
ли малку. На моменти се чувствуваше и по малку глу-
паво и често знаеше да се запраша дали со него е сѐ во
ред. Во себе го бараше проблемот затоа што е сам. Но,
не го наоѓаше. Тоа знаеше да го фрустрира и тишти.
Никој не знаеше за неговата мака. Не сакаше со нико-
го да го сподели тоа. Се обидуваше да биде јак и да се
обиде да ја преброди оваа состојба сам. Обично побе-
дуваше. Но, секој ден е нова битка.
Одеше полека, повеќе од умор. Како што ветерот ги
донесе облаците, така и ги растера. Мислите му се
разведрија и почна да размислува на други нешта и на
тоа што ќе прави утре вечер кога ќе се врати од рабо-
та.
Поглавје Осмо
Гости

Стоеја заедно во кујната покрај работната маса. Еден


позади друг. Искра правеше торта, а Марин како мало
љубопитно дете гледаше како изгледа целиот тој про-
цес. Се обидуваше сѐ да впие. Од време на време неж-
но ја грицкаше за страничниот дел на вратот и ја пре-
кинуваше во работата. Понекогаш ја грицкаше и уш-
ната школка. Како глувче. Доволно силно за да ја воз-
буди, но не доволно за да ја повредои. Искра се врте-
ше и возвраќаше со бакнеж. Правењето торта знаеше
да трае со сааати. Секако дека требаат неколку часа,
но во ваков случај беа потребни барем осум часа, за-
тоа што имаше чести прекини. Бадијала Искра моле-
ше да ја пушти да ја прави тортата. Ретко кога го пра-
веше тоа. Но, на Искра не ѝ сметаше тоа што ја гриц-
каше. Напротив. Таа уживаше во тоа. Марин многу
добро го знаеше тоа. Во позадина одеше тивка музика
која само ја надополнуваше атмосферата.
Тортата беше готова. Марин беше таков. Во неговата
глава имаше премногу спомени. Повеќето беа поврза-
ни со Искра и Бојан. Особено со Искра. Иако не сака-
ше да си признае на себе (повеќе заради гордост), тој
сѐ уште ја сакаше Искра. И Ана ја сакаше, но Ана бе-
ше нешто друго. Искра беше нешто посебно.
Како трајна тетоважа му беше врежана во срцето.
Башка, многу нешта го потсетуваа на неа. Иако се
трудеше да избега од тоа, никако не успеваше. Секо-
гаш Искра наоѓаше пат за да го стигне. И постојано
беше околу него. Никој не можеше да знае како е тоа
возможно. Не зборуваа многу. Со Бојан се гледаше
еднаш неделно. Така беше според договорот. Понеко-
гаш и повеќе, но и двајцата гледаа да се придржуваат
до договорот. Со Бојан обично се гледаше во сабота.
Некаде од околу единаесет часот претпладне до два и-
ли три часот попладне, затоа што тогаш Бојан вооби-
чаено ручаше. На никого не му сметаше тоа. Марин го
сакаше Бојан и покрај тоа што имаа несогласувања со
мајка му. Откако тортата беше готова ја стави во ла-
дилникот да се стврдне. Отиде во дневната. Погледна
на ѕидниот часовник. Седум часот. Гостите веќе тре-
баше да почнат да доаѓаат. Отиде до својата соба и за
неколку минутки се врати облечен во фармерки и те-
гет мајца која со текот на времето од перење станала
лилакова.
Гостите уште не доаѓаа. Имаше доволно време да се
потегне на троседот. Ја остави бањарката во бањата и
се оптегна на троседот. Го слушна звукот на камбана-
та. Тоа беше звук што прилично го нервираше. Напа-
ден звук на камбаната. Живееше во близина на Като-
личката Црква во Скопје. Само преку две улици.
Всушност, неговата улица и кружниот тек што нео-
дамна го направија. Ја слушаше последниве дваесет
години и сѐ уште не се навикна на неа. Никако не
можеше. Тоа беше грозен звук што му го параше
мозокот. Премногу беше нападна.
Седеа заедно на кафе, во едно од кафулињата во на-
селбата во која и двајцата живееја. Веднаш спроти
Католичката Црква. Седнати на една маса, со поглед
кон споменикот на Чакаларов и бесплатна емисија на
издувни гасови, во кафулето кое неколку пати го ме-
нуваше своето име (сега не знам дали постои и како се
вика), Марин и Искра решија да поминат едно од мно-
гуте попладниња. (тогаш немаше кружен тек, нити
пак беше изграден споменикот на Чакаларов) Ова бе-
ше повеќе на иницијатива на Искра, а Марин беше тој
што сакаше да ѝ удоволи. Веќе беа венчани. Таа на
прстот го носеше прстенот, а тој бурмата. Искра беше
малку несразмерно здебелена. Но, тоа е природна по-
јава. Така одат тие работи. Всушност, Искра беше во
тешка состојба. Седми или осми месец. Не знам со си-
гурност. Тогаш сѐ уште летаа во облаци. На масата
имаше едно пиво и еден цеден сок од портокал. Ма-
рин и ја фати раката на Искра и ја принесе до своите
усни, ја бакна и рече:
- Те сакам Искра и ќе те сакам уште долго време.
Искра само срамеживо се смешкаше. Се гледаше сјај
во нивните очи. Искра ништо не одговори. Место неа,
зборуваа очите, зборуваше насмевката.
Марин беше во болница и чекаше пред ходникот.
Доктори поминуваа секој по својата работа. Беше
нервозен. Лицето му беше облеано со пот. Во негови-
те очи се чувствуваше страв, исчекување, копнеж,
среќа. Искра беше во салата легната на болничкиот
кревет. Овој пат беше за добро. Беше на пат да донесе
живот. Од салата се слушаше гласот на докторот:
- Туркај, туркај! Ајде уште малку! Еве го, излегува!
Напни се! Туркај! Туркај!
Потоа се слушна детски плач. Марин влезе во просто-
ријата. Искра на гради го држеше нивното дете. Нив-
ниот син. Беше преморена, челото заросено, но во ис-
то време среќна. Гледаше во Марин. Марин беше из-
губен. Среќен, уплашен. Не знаеше што попрво да
прави. Од една страна, сакаше да скока од среќа, но од
друга страна беше преморен и уплашен. Неговото ср-
це играше од радост. Беше како дете кога ќе добие но-
ва играчка. Само што оваа среќа повеќе траеше. Доби
син. Нова пресвртница во неговиот живот.
Се насмевна.
- Тоа беа денови, - си рече за себе.
Мобилниот му заѕвони. Го погледна бројот. Жарко.
Го обзеде бес и за момент размислуваше дали да му се
јави. Сепак ја крена слушалката. Разговорот го завр-
ши во најбрз можен рок. Жарко му кажа дека вечер
има свирка и дека го поканува да дојде заедно со Ана
и со нејзините другарки. Се разбира, ако се во мож-
ност. Марин му одговори дека ќе ѝ се јави на Ана и
дека ќе гледа да дојде, затоа што вечер има гости и не
знае колку ќе се задржи со нив. Ништо не му спомна
за она што го беше открил. Тоа го остави за некоја
наредна прилика. Изгледа утре ќе биде голем ден.
Треба прво да се види со Бојан, потоа со Жарко, па ве-
чер да ја договори Ана и да и соопшти некои нешта.
Не знаеше ни самиот како ќе го изведе тоа. И дали ќе
има сили сталожено да му ги објасни работите на
Жарко. Со Ана е полесно. И онака во последно време
се мислеше во врска со неа. Изгледа ќе има непроспи-
ена ноќ. Ќе треба да размисли за многу работи. Во
последно време Искра сѐ почесто го напаѓаше. Мен-
тално. Физички контаткт речиси и немаа. Се гледаа
само кога таа ќе го донесеше Бојан. Некогаш и не се
гледаа, затоа што Бојан порасна, па сам одеше да се
гледа со татка си. Имаа навика да се слушаат еднаш
месечно, за да биде во тек со животот на својот син. И
чудо, нивните разговори не завршуваа со викање и
тешки зборови. Изгледа и двајцата се помирија со
фактот дека се дел од едно минато и дека имаат дете.
Решија да ги закопаат воените секири и да си простат
еден на друг. Тоа одеше полека, но на крајот го изоде
својот пат. Им требаа години за да дојдат до тоа што
се денес. Многу нешта се случија во тоа време. Марин
беше со Ана и љубовта им цветаше. Иако му беше у-
баво беше свесен дека има нешто што недостасува.
Иако сѐ беше како на филм, сепак нешто не беше како
што треба. Тетоважата беше тука да го потсети. Пос-
тојано го потсетуваше на убавото време поминато со
Искра. Не сакаше да го отфрли тоа. Не можеше да го
отфрли тоа. Тоа беше факт против кој не можеше да
се бори. Сакаше да се убеди дека и со Ана му е убаво,
барем онолку колку што му беше убаво со Искра. Но,
не беше баш така. Само се залажуваше. Свесно се ла-
жеше и се обидуваше да се бори со тоа. Сам беше во
оваа битка. Мајка му некако не ја сакаше Ана. За неа
Искра беше и остана единствената снаа во нејзината
куќа. Ана ја почитуваше, но држеше некое растојани-
е. Беше резервирана. Некако навиваше Марин да ја
откачи Ана и да се смири со Искра. Но, Марин некако
не ја слушаше. Или беше глув и слеп, или пак премно-
гу горд за да попушти. Не сакаше да признае дека пог-
решил. Не сакаше да признае пораз. Ако раскине со
Ана, ќе признае дека погрешил. Ќе признае дека е
поразен. А Марин не го сакаше тоа. Не сакаше да
изгледа слаб во очите на другите. Одеше во крајности.
Дури, реши и да ја жртвува среќата на својот син
Бојан. Го гледаше еднаш неделно и беше во тек со тоа
што се случува со него, но не беше тоа доволно. Бојан
сакаше повеќе. Исто и Марин. Но, пуста гордост. Таа
е како оган. Кога ќе почне да гори прави огромни
штети. Но, огнот беше запален. Гореше. Уништуваше
многу работи.
Марин се плашеше да остане сам. Секој ден после ра-
бота му беше смрт. На почетокот особено. Беше со А-
на, но не беше тоа тоа. Тогаш беа во врска, но не жи-
вееја заедно. Едно време и се размислуваше за тоа.
Но, сепак реши дека не е баш најдобра работа. Затоа
повторно се врати кај пријателите. Почна поладниња-
та да ги минува со нив. Ем да остане во контакт, ем да
не биде сам. Не можеше да биде со Aна постојано. Таа
имаше премногу работа. И кога остануваше сам или
спиеше или си даваше задачи само да не седи. Мора-
ше со нешто да биде зафатен. Не сакаше да размислу-
ва за тоа. На почетокот и не беше баш така едностав-
но. Постојано мислеше на тоа што го пропушти.
Гостите веќе почнаа да доаѓаат. Прво дојдер брат му
Дарко со Кате. Дојдоа без Емил и Наде. Тие ги беа ос-
тавиле кај Божа и Мето, нивните баба и дедо, а на
Дарко и Марин мајка и татко. Влегоа внатре и седнаа.
Дарко беше облечен во фармерки и лесна кафена блу-
за. Носеше кремави патики и црн каиш на фармерки-
те. Многу личеше на Марин, само што си ја беше за-
држал долгата коса. Ја имаше фатено во репче. Беше
на возраст од триесесет и шест години, со брада и
мустаќи. Секогаш ги следеше модните трендови, ос-
вен сега со косата. Не можеше да се помири со чудна-
та фризура избричена од страните, па затоа си ја ос-
тави ваква. Но, тоа изгледаше многу убаво. Кате беше
облечена во црн лесен фустан и балетанки на нозете.
Фустанот беше направен по принципот на монтките
(првичниот крој беше без ракави), но за во поладни-
те месеци, му се вметнуваа ракави. Па така, можеше
да се носи цело време. Но, тоа беше незабележливо
направено. Денеска, на ред беше комбинацијата со ра-
кави. Беше лесен и свиленкаст, па можеше да се носи
и во лето. Кате беше на возраст од триесет и четири
години, слаба, висока колку Марин, со жад очи и тен-
ка усна. И таа беше љубител на модни трендови. Ра-
ботеше како моден дизајнер, а ова и беше дел од нова-
та колекција со која требаше да се претстави. Го носе-
ше само за одбрани луѓе и места каде што нема многу
народ за да не ѝ ја украдат идејата. Тоа овдека (впро-
чем и секаде во светот) е секојдневие.
Тек требаше да го претстави фустанот.
- Повелете. Што ќе се напиете?
- За мене вода.
- За мене Скопско брат.
- Кате, и ти да не сакаш пиво?
- Не, не.
- Во ред. Да ти донесам уште нешто. Има бело вино,
црвено вино, сок...
- Бело вино. Може бело вино.
- Тогаш брат донеси бело и за мене.
- Секако.
Марин се насмевна и отиде во кујната. Се врати со две
чаши и бело вино. Им сипа во чашите. Потоа дојде со
својата чаша, исто така бело вино. Наздравија. Почна
да ја мести масата.
- Брат, не си требал. Не дојдовме да јадеме.
- Уживај. Поткасни малце. Башка има и торта.
- Мммм. Баш сакам да пробам, - рече Дарко.
- Секако дека ќе пробаш. За сите има. Сам ја правев.
- Е тогаш и јас би сакала да ја пробам.
Марин се насмеа и се зацрвени. Не знаеше зошто.
- Брат, што е со косава? Што не се направиш и ти ко
Кате? Гледаш дека убаво и стои, а и башка знае како
да следи модни трендови.
- Марине, Марине. Ако и јас почнам да ги следам мод-
ните трендови тогаш како ќе нѐ препознаваш од да-
леку?
Сите се насмевнаа на оваа условно кажано, шега на
Дарко. Потоа Марин им донесе чинивчиња и си ста-
вија од тоа што Марин беше го поставил на масата.
Продолжија со неврзан муабет, за деца, за школи. Се
потсетија и на детските денови. Кате се смееше доде-
ка ѝ раскажуваа. Имаа многу блиски односи. Дарко не
се лутеше кога Марин раскажуваше за него и обратно.
Не ја сакаше Ана, но никогаш не рече лош збор за неа.
Сѐ уште не можеше да ја прежали Искра. Повремено
комуницираа со Искра. Некогаш одеа на гости кај
нив. Повремено и Искра доаѓаше кај нив на гости.
Избегнуваше да се дружи со Дарко и Кате, пред сѐ
затоа што ѝ беше непријатно. Но, од друга страна не
сакаше да го тргне синот на страна од неговото
семејство. Работите беа такви какви што беа. Сепак
тие му беа семејство и не можеше да побегне од тоа.
Бојан имаше братучеди. Имаше и баба и дедо. Не бе-
ше фер од нејзина страна да го одвојува детето и да им
забранува да го гледаат. Впрочем, тие почесто се јаву-
ваа од Марин. Им беше жал за Искра. Многу ја сакаа
за снаа.
Дарко и Кате беа свесни за размислувањата на Искра
и затоа и не навалуваа. Но, не сакаа нивните деца да
не се гледаат со нивниот братучед.
Додека така зборуваа вратата заѕвони. Марин отиде
да отвори.
- Повелете влезете, - им рече.
- Фала брате, - рече Созла.
- Добредојде зете.
- Добро ве најдов.
- Дарко и Кате се овде. - ѝ се обрати на Солза.
- Со дечињата?
- Не, сами.
Откако ги соблекоа чевлите, влегоа внатре. Се поз-
дравија со Кате и Дарко и седнаа. Солза беше на воз-
раст од триесет и седум години, висока со светол тен
и сини очи. Облечена во црни пантолони и плетена
бела блуза. Не беше тип на жена што следи модни
трендови. Има три деца. Изгледаше чудно, но после
два абортуса роди тројка.
До неа беше Горан. Висок и слаб со црна коса, и кафе-
ни очи. Бело лице и правилни црти. Облечен во црни
пантолони и бела кошула, со тегет сако. Моментално
е без работа. На возраст од триесет и осум години.
Ги послужи и нив со вино и им донесе чинивчиња. Си
ставија од тоа што го беше направил. Ја пофалија хра-
ната на домаќинот. Сите беа собрани и атмосферата
беше опуштена. Горан, прв пат по подолго време се
опушти и правеше муабет. Ни Марин, ни Дарко не беа
такви да го омалважуваат затоа што не нашол работа.
Времето беше такво. Беа свесни за тоа.
Времето брзо си минуваше. Но, никој не се грижеше
за тоа. Сите беа весели. Немаше некоја посебна при-
чина, но не мора да има посебна причина за среќа.
Животот е убав сам по себе.
Потоа дојде и тортата. Исече четири парчиња и им
даде на гостите. Потоа си исече парче и за себе.
- Прекрасна е тортата Марин. Може ли рецепт? -
праша Кате.
- Секако. Само да проверам во кујната. Мислам дека
го имав запишано.
Кате се насмеа задоволно. Навистина ѝ се допадна
тортата.
- Од каде го најде рецептот? - праша Горан.
- Искра ме научи....
Тишина. Марин за момент се замисли и поднатажи,
но тоа не беше баш забележително. Сите сакаа да ка-
жат нешто, но немаа зборови. Дарко прв ја прекина
тишината.
- Убаво те научила. Треба да ѝ честитам.
Сите се насмеаја. И Марин се насмеа. Расположение-
то се врати во почетната состојба. Горан погледна во
часовникот.
- Мислам дека е време да тргнеме. Девет часот е. - ѝ се
обрати Горан на Солза.
- Во ред. Како сакаш. Башка и да не ги оставиме
децата сами. - рече Солза.
- И ние ќе тргнеме. Нека се подготви за забава. Убаво
што се видовме. - рече Дарко и стана од масата. Сите
се упатија во ходникот.
Се договорија повторно да се видат. Откако ги испра-
ти гостите, ги однесе чиниите во кујна, што можеше
да се прибере го прибра во фрижидер, остана сам. О-
тиде во својата соба. Ја погледна куклата кловн. Сол-
зи му потекоа од очите.
„Можеш да дојдеш да си играш со неа кога ќе поса-
каш“. - му одѕвонуваше во главата. Не можеше да го
сопре тоа. Минаа години, но спомените останаа. Сол-
зите течеа. Не сакаше да ги запре. Не ни можеше и да
сака. Но, му требаше прочистување. Беше свесен за
тоа, па затоа си дозволи да пушти неколку солзи. Не-
колку машки созли. Тие се најтешки. Некако најмногу
печат. Во овој момент Марин го чувсувуваше нивно-
то печење. Како врел восок ги чувствуваше на себе и
знаеше дека тоа е само миг кој мора да помине. Сѐ ќе
помине. Сакаше да биде поинаку. Навистина сакаше.
Особено денеска. Особено после она што го откри во
телефонот на Ана. А откри премногу. Премногу затоа
што не ни очекуваше дека ќе дознае такво нешто. Не
ни очекуваше дека такво нешто воопшто може да се
случи. Но, ете, се случи и тој не можеше ништо да
стори во врска со тоа, освен една работа - да расчисти
со Ана што е можно побрзо. Сабота. Тоа е денот кога
многу нешта ќе се променат. За некого на подобро, за
некого на полошо. Ништо нема да остане исто. Барем
не меѓу Марин и Ана.
Тоа е сѐ што остана. Настјуваше да ја задржи кукла-
та, веројатно заради вакви пригоди. Ако не нешто
друго, да може да се исплаче и да има доказ што ќе го
потсетува. Како да немаше доволно спомени, но овој
беше некако посебен.
Знаеше од време на време да се загледа во куклата и
да се исплаче. Некогаш знаеше и муабет да си напра-
ви со неа. Тоа некако го смируваше. После плачењето
чувствуваше ослободување за некое време. Но, тоа
ослободување не траеше долго. Беше свесен за тоа.
Но, ништо не можеше да стори.

Поглавје Деветто
Огледалце, огледалце...

Ана им помогна на мајка ѝ и сестра ѝ Марија да го


сместат тоа што беше го купилле од пазар и потоа се
повлече во својата соба. Ја затвори вратата и погледна
кон прозорецот. Потоа се намести пред огледалото
како во деновите кога вежбаше за испит или кога ја
спремаше дипломската. Не знаеше како да им каже.
Тие сѐ уште не знаеја дека ќе добијат внук или внука.
Размислуваше како да започне.
- Ќе им речам : Мамо, Марија, сакам да ви кажам неш-
то. Ми доцни. Трудна сум. Не. Не можам туку така ка-
ко гром од ведро небо. Како да им го соопштам тоа? И
што ќе помислат? Ќе се радуваат ли? А ако пак дозна-
ат дека не е од Марин и дека го лажам? Ќе ја имам ли
нивната подршка тогаш? Не знам како да пристапам.
Треба прво некои работи сама со себе да расчистам.
Што всушност сакам? Го сакам ли Марин?
„Секако дека го сакаш.“ - и се јави внатрешен глас.
„Вие сте заедно веќе десет години. Доста имате по-
минато. Тој ти помогна да ја пребродиш кризата и
да започнеш нов живот. Тој беше оној кој те повлече
од дното. Се појави кога ти ја имаше изгубено верба-
та во себе и во љубовта. Беше овде кога се случија
страшни работи. Беше овде и кога татко ти беше
жив.
- И кога мислев дека сѐ се урива тој беше овде. Седе-
ше до мене. Се лишеше од Искра и од детенцето. Зош-
то го сторив тоа? Зошто оставив дете да расте без тат-
ко? Него повеќе му требаше Марин отколку мене! А-
но, глупачке! Зошто мораше Марин? Од сите мажи,
па Марин најде да го бркаш! Да не знаеше дека има
дете и жена, па ајде, некако ќе те разберам. Ама, ти
беше свесна за ова! Знаеше дека ќе уништиш нечиј
живот! Кој ѓавол те тераше да бидеш себична? И што
доби на крајот? Дете од негов најдобар пријател. Уш-
те го изневери! А човекот ја остави жената, заедно со
детенцето. Зошто? Зошто таа потреба да растураш не-
чиј дом? Зошто продолжи да го заведуваш кога чове-
кот се ти кажа како стојат работите? Ти требаше дока-
жување? Сама на себе да си докажеш дека можеш да
освоиш маж? Успеа. Го освои. Но, сега како да не ти е
предизвик. Како да беше играчка која требаше да го
задоволи твојот каприц, па сега ти помина меракот.
Па зошто го држиш човекот ако дојде до крајот? Рас-
кини му! Признај му сѐ! Кажи му дека ти е жал! Поба-
рај да ти биде пријател. Со тек на време ќе дојдете до
тој стадиум. Неколку месеци се во прашање. Зарем не
можеш да стегнеш заби неколку месеци и да издр-
жиш? Ти треба ова. Ти треба ослободување. Се гуши-
те еден со друг. Дојде до крајот на патот. Нема светло.
Нема понатаму. Има само слепа уличка и знак заста-
ни. Закочи малку Ана. Види ги работите од поинаков
агол. Зошто го држиш уште до себе? Не оди вака. Мо-
жеш до утре да се убедуваш дека нешто ќе се промени
и дека ќе биде подобро, но нема. Работите само стану-
ваат сѐ полоши и полоши. Се сакавте. Го сакаше.
Всушност, тој те сакаше. Ти си го хранеше егото и си
го лечеше срцето. Тоа беше тест за тебе. Да видиш да-
ли можеш да направиш нешто невозможно. Виде и
направи. Растури. Зошто потоа продолжи? Навистина
ли го сакаше? Зарем во меѓувреме се заљуби? Не ми
се верува. Ти уште го сакаш Иван. И ова со Жарко е
разонода. Да се проба нешто различно. Небаре е ова
гардероба, па ајде. Пробај дали ќе ти одговара. И што
заклучи? Ти одговара ли или е претесна за твојата ста-
ва? Или дизајнот не е онаков каков што си очекувала
и каков што си се надевала? Секако дека не е. Иван е
сѐ уште тука. Сѐ уште живее во тебе. Иако прерано те
напушти, иако се случи таа кобна несреќа, сепак тој те
гледа од горе. Поминаа четиринаесет години. Долги
четиринаесет години. Мислеше дека си си го средила
животот? Не драга моја. Уште си заплеткана во оној
волшебен круг што Иван го создаде. Сѐ уште ти фали.
Се обиде да се навикнеш да живееш со тоа дека го не-
ма. Безуспешно. Сѐ уште ти недостасува. Колку и да е
болна и сурова, вистината е таква каква што е. Не
може да се промени. Се обиде со Марин и потроши
десет години. Зошто ги потроши сите тие години? За
на крај да го измамиш со најдобриот другар?
„Веќе почнаа да попуштаат шавовите.“ - се јави пов-
торно гласот како шепот. Постојано ѝ се јавуваше ко-
га состојбата почнуваше да и се влошува. - „Се изгуби
сјајот. И давјцата ги извадивте розовите очила. О-
дамна. Премногу отстапки од двете страни. Веќе
нема што да си дадете. Нема што да отстапите. Се
изобличивме. Веќе не сте тие. Нешто ми вели дека
сите асови се искористени и дека веќе нема на што
да се потпрете. „
- Го извлековме најдоброто од нас! Дадовме сѐ! Овој
убав сон мора да заврши. Знаев дека ќе биде така! Не
сакав да си признаам! Одамна почнав пополека да се
будам од сонот! Но, сакав да сонувам! Сакав да сону-
вам! Сакав да сонувам! Зошто мораше да заврши? Са-
кав да потрае! Сакам да потае! Но, не! Зошто мора ме-
не да ми се случуваат вакви работи? Зарем немам пра-
во јас на среќа? Само што пребродив една траума се
појави нова. Таман си помислив дека сѐ е во ред и де-
ка ќе можам да продолжам понатаму, стаклото пукна.
Се скрши. Ситни парчиња се разлетаа на сите страни.
Добар дел од нив ме засекоа. Ги повлекоа и солзите.
Сега плачам како дете. Полна сум со гнев! Кон многу
нешта! Најмногу кон себе! Зошто ова не успеа? Јас ли
сум крива? Не се трудев ли доволно? Не вложив ли
доволно? Не знам! Само прашања лебдат во воздухот!
Прашања кои злобно ми се смеат! Ме потсетуваат на
мојот неуспех! Мора да останам со Марин! По секоја
цена! Не смеам и овој пат да бидам поразена. Па не
сум толку лоша. Што ми фали? Лицето? Очите? Усни-
те? Телово? Не сум дебела! Не сум грда! Тогаш зош-
то? Што немам јас па што ова ми се случува? Не сака
ни да ме слушне. Откако беше кај мене ми се нема ја-
вено. Можеби спие. Можеби е со гости. Можеби, ед-
ноставно не сака да ми се јави. Но, јас го сакам! Го
сакав уште тогаш. Уште пред десет години. Нешто ме
привлече од прва. Не знам што. Веројатно очите. Или
кратката косичка. Или алиштата што ги носи. Може-
би фактот што беше необичен и што не следеше мод-
ни трендови. Не знам. Веќе ништо не ми е јасно. Што
правам со себе си? Си зборувам пред огледало небаре
држам предавање. Страшно. До што се доведов. До
тоа да немам општење со мојот дечко со кого одам ве-
ќе десет години. Десет години. Десет години врската
ни тапка во место. Не ме запознал со неговите. Не
зборува за своето семејство. Има ли брат или сестра?
Родители? Само знам дека има еден син. Многу е чуд-
но. Ме запозна со неговите другари, но не и со негово-
то семејство. Не ми предложил брак. Не живееме
заедно. Ова нешто не е во ред. Ајде за брак, ќе разбе-
рам. Доживеал траума, па ете, не сака по втор пат да
влегува во брак. Во ред. Но, да не сака да живееме за-
едно. Се однесуваме како средношколци. Но, јас сум
во години. А и тој исто така. Јас имам веќе триесет и
четири години. Време е да си го средам животот. А
тој... Тој само гледа да се пијанчи со другарите. Се од-
несува ко адолесцент. Тој не размислува за тоа како
ми е мене. Не сака ни да помисли. Јас сум само
попатна станица. Му здосади Искра, а јас бев тука за
да му се најдам. Можеби еден ден јас ќе му здосадам.
А можеби и веќе му здосадив. Не знам што со себе.
Кој треба да биде наредниот чекор што треба да го
преземам? Да му свртам грб? Или да се борам за да го
задржам? Што да правам? Повторно прашања. Мисли
рој. Да се биде или не... времето е сега. Да се бори ил
да се остави и бега? Нешто луто во гради ме стега!
Немам сила. Со кого да се борам? Со самата себе? Со
своите ѓаволи? Со своите каприци? Со своте глупос-
ти? Со своите грешки? Не! Тоа е претешка борба! Не
сум подготвена за тоа! Тоа е како да си вршам егзор-
цизам сама на себе! Како да ги избркам ѓаволите сама
од себе? Како да најдам душевен мир? Не знам.
Немам одговор. Зошто ми се случува ова? Не смеам
да земам апчиња, а состојбата се влошува. Добивам
напади. Диши длабоко, Ана. Диши.
„Вака. Земи еден лист и на врвот од листот запиши:
Марин. Потоа подели го на два дела. Од лева страна ;
добри работи, а од десна страна - лоши работи. За-
пиши сѐ што ќе ти падне на памет. Сѐ што до сега
сте поминале. Сите негови постапки, гестови, говор
на тело... Сѐ што си забележала кај него. Секоја
подробност. Почни од почеток. Од дента кога се за-
познавте. Од дента кога го виде, па се до моментот
кога му кажа дека чекаш дете.“- повторно ѝ се јави
гласот. Овој пат реши да го послуша. Но, пред тоа
седна на креветот. Пак потона некаде.
Имаше дваесет и четири години. Само што беше завр-
шила факултет. Марин веќе го имаше запознаено. Се
знаеја неколку дена. Овој ден му откажа излегување.
Не ѝ беше до ништо. Пак ја фати оној немир. Мисле-
ше дека ги залечила раните. Но, по се изгледа не. Тат-
ко ѝ на Ана лежеше на постела. Беше болен. Се боре-
ше за живот. Одмараше. Само што преживеа срцев
удар. Беше пуштен на домашно лекување. Состојбата
му беше стабилна, но сѐ уште не беше подготвен да ги
врши сите функции. Прогнозите на докторите беа два
или три дена, па се ќе биде како порано (не може да
биде како порано, но ќе се врати во нормала). Секако,
ќе треба да внимава на исхраната. Не смее да јаде
мрсна храна, прженици, сувомеснати производи, си-
рење, кашкавал, што помалку сол... Исто така треба да
се прости од буреци, пити и разни лиснати чуда. Тес-
тенини поретко да внесува. Се препорачува да јаде
овошје и зеленчук и да пие исклучиво вода. Доктори-
те, причината за срцевиот удар ја најдоа во запуше-
носта на срцевиот мускул од премногу маснотии. Но,
тие не беа единствениот проблем. Му најдоа и пока-
чен шеќер, проблеми со бубрезите... Да ти е страв да
отидеш на доктор. Велко лежеше закован на креветот
и молежливо гледаше кон Ана кога таа влезе во соба-
та. Таа беше останата да се грижи за него додека мајка
ѝ сестра ѝ беа да пазарат. Ана беше потресена. Од
очите и навираа солзи.
- Ана... Ана, немој да плачеш. - рече со зарипнат глас.
Тешко дишеше.
Ана веднаш ги избриша солзите, но само за да дојдат
нови на нивно место.
- Ќе бидам добро.
- Секако дека ќе бидеш.
- За ден - два сѐ ќе се среди.
- Знам дека ќе биде така.
- Барем така сакам да биде. Ама некако не оди баш та-
ка. Гледаш дека тешко дишам. Кашлам. Полека снага-
та ме напушта.
- Не, ова е само привремено! Од лековите е! Не ти е
ништо!
- Од лековите... Ана, те молам донеси ми чаша вода.
- Секако.
Ана отиде да му донесе чаша вода. Потоа му помогна
да се поткрене. Се напи една голтка, доволно за да ги
навлажни усните, па потоа и даде знак да ја тргне ча-
шата. Ана го послуша. Ја тргна чашата и потоа седна
до него. Му ја стегна раката. Сакаше многу нешта да
му каже. Но, не знаеше како да го стори тоа. Не може-
ше. Немаше сила. Одеднаш занеме. Како да имаше
грутка во грлото што не ѝ даваше да зборува. Очите ѝ
се полнеа со солзи. Не им даваше да потечат. На кра-
јот не издржа, па мораше да попушти. Ги пушти да те-
чат слободно. Почна да липа. Стави рака на уста за да
го прекрие своето липање.
- Ана, ќерко, многу те сакам. Кажи им го тоа на мајка
ти и на Марија, ако не стигнам јас. Нека знаат дека и
нив ги сакам.
- Не, нема да им кажам! Затоа што ти ќе оздравиш и ќе
им кажеш! После некој ден ќе се смееме на ова.
- Камо да е така ќерко. Камо да е така. И јас сакам да е
така.
- Така ќе биде татко. Ти ветувам.
- Снагата ме напушта. Го чувствувам тоа.
- Не, не зборувај така.
- Не можам да станам. Се чувствувам малаксано.
- Ова ти е само привремено.
- И јас сакав да е така. Ќерко, сакам да си среќна...
Испушти здив и се вкочани.
- Тато! Тато! Не, не! Тато, само спиеш, така?
Сонуваш, нели тато?
Во собата влегоа мајка ѝ и Марија.
- Ана, што се случи?
- Тато... Тато... - Не успеа да докаже и заплака.
Анче погледна во телото. Не се движеше. Беше
страшно. Велко Марковјански испушти душа. Умре.
Ана плачеше. Најпрвин тивко, а потоа сѐ погласно и
погласно. Анче само му ги затвори очите. Не знаеше
што да прави. Не знаеше каде да се јави. Целата беше
избезумена. Марија само седеше и гледаше во една
точка. Не мрдаше. Како да не знаеше што се случува.
Како да не беше овде.
На Ана ѝ потекоа солзи од очите. Се врати во ствар-
носта. Ги избриша солзите.
- Ах, тато. Сакав да си овде. Можеби со тебе ќе можев
да зборувам за ова. Но, ете работите не се такви какви
што сакаме.
Стана од креветот. Отиде до масата и најде еден лист.
Потоа го направи тоа што ѝ го шепна гласот. Легна на
креветот на стомак и почна да ги пишува лошите и
добрите страни на Марин. Имаше доста за пишување.
Беше некаде накај седум часот попладне. Дозволи да
ја водат мислите и чувставата. Премногу слики и по-
минаа низ глава. Напиша неколку зборови на едната и
неколку зборови на другата страна од листот. После
десетина минути застана. Стана. Го стутка листот и го
фрли некаде во аголот на собата. Отиде до масата.
Под масата имаше три фиоки. Ја отвори првата. Пок-
рај тетратки, пенкала и некои други нешта како ос-
трилки, списанија и по некоја книга имаше и забора-
вена кутија цигари. Стара беше може десетина годи-
ни. Имаше навика да запали по некоја цигара од време
на време. Зачести откако почина татко ѝ. Потоа почна
да ги откажува. До цигарите имаше и некои ситни па-
ри. Цигарите марка Родео останаа да ја потсетат за си-
те работи што се случија многу одамна. А се почна ко-
га се здружи со Иван. Всушност, сакаше да му се до-
падне. А бидејќи растеше со „Брилијантин“ сметаше
дека сцената со Оливија Њутн Џон облечена во црни
кожни панталони е секси и заводлива, па затоа и ја за-
пали првата цигара. Ја имитираше неа. Уште фалеше
да направи пуцвал фризура и да ја бојадиса во жолто,
како канаринец. Но, тоа не го стори. Се сети на првото
палење цигара. Ко по обичај, се закашла. Така се поч-
нува. Запали и втора. Овој пат убаво вовлече и веќе
почна да се навикнува, иако не можеше да го поднесе
чадот. Седеше на прозорецот и пушеше цигара. Колку
моќно изгледаше тоа. Таа беше независна, самоувере-
на. Без да биде свесна за тоа, се навлече на цигари.
Нивното откажување беше епопеја. Неколку пати ги
откажуваше и пак им се враќаше. Четири години се
бафтараше со тоа. Конечно ги откажа три месеци пред
да се случи тој кобен настан. Остана трудна и си вети
сама на себе дека ќе престане. И престана. Во тој пе-
риод доста се здебели. Што од бременоста, што од
откажувањето на цигарите. Но, не водеше премногу
сметка за тоа. Беше среќна за да се оптоварува со так-
во нешто. Среќна што ќе стане мајка. На почетокот ја
фаќаа тешки кризи и целата се тресеше. Се обидуваше
некако да го надмине тоа, но тешко одеше. Да не го
земеше фактот дека ќе стане мајка, можеби пак ќе
пропушеше. Но, тоа траеше кратко. Само три месеци.
По сообраќајката и сознанието дека го изгубила дете-
то испуши неколку цигари. Потоа дојде ова со татко
ѝ. Пак почна да пуши. Чуреше како локомотива.
- Јас одам до продавница! - им викна на мајка ѝ и на
Марија, го зема ситното од фиоката, облече патики,
нагрна текна јакна на себе и се упати до најблиската
продавница. Немаше потреба од ништо. Само сакаше
да испешачи. Со себе ја зема и старата кутија. На пола
пат и текна дека во кутијата има неколку цигари и
дека нема потреба да купува нова кутија. Дојде до
маркетот. Потоа седна на клупата од спротива како да
чека некого. Поседе некоја минутка и стана да се вра-
ќа накај дома. Сакаше само да ја разбистри главата.
Си дојде пред куќата. Влезе во дворот. Седна на тре-
вата како што тоа го правеше кога беше малечка. Ја
отвори кутијата. Запали една цигара. Повелече од ди-
мот. Како да почувствува олеснување. Погледна кон
небото. Повлече уште еднаш. Се ослободи. Знаеше
дека не смее, но ова ѝ беше потрено. Се смири за
момент. Потоа пак повлече. Секое ново повлекување
го правеше со повеќе сласт и страст. Конечо ја допу-
ши цигарата и догорчето го фрли на улицата. Детски
се насмевна. Се сети дека тоа го правеше додека
студираше, кога сакаше да му се допадне на Иван. Во
задниот дел на дворот имаше метална кутија која ни-
кој не ја користеше. Ана уште како дете криеше рабо-
ти таму. Се сети на неа и отиде во задниот дел на
дворот. Ја отвори кутијата. Најде ѓаволско топче, пле-
тени алки и некои други тракатанци. Меѓу другото
најде и Родео меко. Кутијата беше стисната, а цигари-
те беа мокри. Влагата си го направила своето. Кога
врнеше ова место не беше баш најбезбедно ако сакаш
нешто да сокриеш. Алките беа уништени. Само топ-
чето беше останато во добра состојба. Се насмевна.
Потоа алките и кутијата цигари ги фрли во корпата
што се наоѓа од левата страна веднаш кога ќе излезш
од куќата. На самата улица всушност. Погледна кон у-
лицата. Беше темно. Немаше никого. Се мислеше да-
ли да запали уште една цигара.
Сепак, не го стори тоа. Топчето го стави во џебот на
јакната и се врати дома. Ја соблече јакната, пред тоа
вадејќи го топчето, ги соблече патиките и пак отиде
во својата соба. Топчето го остави на масата.
- Го сакам Марин и ќе се борам за него! Утре ќе одам
на кафе со Жарко и ќе му кажам дека сѐ е готово. Ќе
го побарам порано, затоа што можеби ќе излезат заед-
но. Сакам на само да ги расчистиме тие работи. Ма-
рин не мора да знае. Може и да го абортирам детето.
Сепак, не сум во подоцнежен стадиум. Само месец
дена. И таа можност е во игра. Сѐ е возможно. Се на-
девам ова ќе потрае повеќе од три месеци. Не би било
фер пак да изгубам дете. Не би било фер да не почув-
ствувам како е да се стане мајка. Не сакам да си ја ус-
кратам таа можност овој пат. Барем не свесно.
Потоа отиде во дневната. Тоа беше малечка простори-
ја скромно наместена со постар телевизор на дрвена
комода и црно лакирана дрвена маса. Во неа на двосе-
дот седеа Марија и Анче и гледаа телевизија. Некоја
турска серија течеше. Не знам како ѝ беше името. Ги
има премногу. Очи не тргнуваа од телевизорот. Ана
седна на фотељата и ги склопчи нозете.
- Што беше тоа Ана? - праша мајка и кога дадоа рек-
ламите на телевизја и кога можеше за миг да го тргне
погледот од телевизорот.
- Кое? - праша Ана.
- Нешто викаше, се дереше.
- Нервозна бев од работа и затоа. Начин за надминува-
ње на стресот.
- Во ред. Се загрижив за тебе. Не ми изгледаше добро.
- Супер сум. Нема потреба за грижа.
- Во ред. Ако така велиш...
- Така е. Се е супер. Сака некој нешто за јадење?
- Не, јас не сум гладна. - рече Марија.
- Не ќерко, уживај.
- Во ред. Претрча до кујната и си направи сендвич.
Потоа набрзина си подготви и кафе и седна пред те-
левизор. Не ѝ се седеше сама во соба. Сестра и гледа-
ше во екранот на телевизорот. Ана јадеше од сендви-
чот. Овој пат беше сосредоточена на храната и не
мислеше на ништо.
- Ана, утре ќе можеш ли да станеш порано?
- Па, да би можела. Зошто?
- Сакав да отидеме до гробишта трите.
- Во ред, мамо. Кога да станам?
- Па накај осум да си веќе на нозе.
- Молам? Толку рано?
- Да не нѐ фати гужвата.
- Нема. Барем девет нека биде.
- Во ред. Девет.
- И за тебе важи истото, Марија.
- Секако. - рече Марија. - Нели трите ќе одиме?
- Во ред. Затоа што ти знаеш да спиеш до доцна.
- Ќе навијам аларм, во ред.
- После тоа јас ќе останам во град. - рече Ана.
- И јас. - се јави и Марија.
- Треба да се видиш со либето?
- Секако. Се немаме видено веќе две недели.
- Леле. Што толку?
- Нешто е зафатен со работа.
- Во ред, во ред.
Рекламите завршија. Почна филмот и разговорот
прекина.
Бидејќи немаше што да прави и Ана почна да ја гледа
серијата. И тоа беше нешто. Всушност, серијата и не
беше толку лоша. Подобро беше да ја гледа серијата
отколу да оди во својата соба и да седи сама. А кафето
што го направи го остави да се лади. Сепак, не го ис-
пи. Доцна ѝ текна дека треба да избегнува кафе.
Поглавје Десет
Свирка

Пред куќата на Ана стоеше познат автомобил. Ја чека-


ше да излезе. Реши дека сака да се забавува и дека не
сака да ја помине петочната ноќ дома. Немаше никак-
ви обврски, а ни причина, да остане дома. Ја повлече и
сестра си со себе. Ја убеди некако и таа да дојде со нив
на концерт. Им спомна и на Нина, Елена и Оливера. И
тие ѝ дадоа зелено светло. Рекоа дека ќе дојдат. На
мажите некако не им се доаѓаше, па затоа ги оставија
своите сопруги да се забавуваат. Тие што имаа мажи
де. Требаше да се чекаат пред местото каде што се од-
ржуваше свирката. Ова требаше да биде женска вечер
со мали исклучоци. Женска вечер и Марин. Вака или
онака Марин секако ќе дојдеше. Не се работеше за тоа
што не сакаше да ја остави сама својата девојка или
затоа што не ѝ веруваше, туку затоа што неговиот нај-
добар другар беше член на групата. Марин, секако
беше поканет.
Кај Ана имаше некоја еуфорија. Расположението ѝ се
смени за сто и осумдесет степени. Тоа беше чудно.
Реши дека нема да се нервира и дека ќе ги расчиси
работите во најбрз можен рок. Немаше друг начин.
Мораше да расчисти со некои нешта. Но, тоа ќе го
остави за подоцна. Сега си вети дека ќе ужива. Ќе
помине убава петочна вечер и нема да се преоптова-
рува со ништо. Сметаше дека заслужи малку да се
опушти. Затоа и реши да ја прифати поканата кога
Марин ѝ се јави. Ова го сметаше како шанса некои не-
шта да се подобрат. Можеби односите меѓу нив. А мо-
жеби и само ќе го потврдат она низ што минуваат овој
период. Криза. Ана со Марин минуваше низ криза. Не
беше голема криза, и не беше толку раздрмувачка
колку што би можела да биде, но сепак, работите
запнаа. Или што би се рекло, пукна тиквата. Не пукна
целосно, но веќе се гледаа пукнатини. Тешко дека ќе
успееше да се состави. Како да постоеше сила што ги
одбива еден од друг. Барем Марин така се чувствува-
ше. Беше решен утре да заврши со сѐ. Но, не знаеше
што ќе донесе ноќта. Пред да ѝ се јави, можеби поло-
вина час размислуваше дали да оди на оваа свирка и-
ли не. Го знаеше репертоарот напамет. Изборот на
песни беше речиси непроменет. Дека нешто ново ќе
слушне шансите беа речиси невозможни. Но, од друга
страна, ќе се види со Ана. Како и со другарите. Ова му
фалеше. Сакаше кога се собираа повеќе луѓе. Сакаше
да биде весел и да заборави на грижите.
„Ако сега не дојдам тоа може да остави сомнеж. Не
сакам гласини. Утре ќе биде голем ден. Нема да им
кажам дека сум поразен. Нема солзи. Тоа е тоа. Тоа
беше сѐ што можевме да си дадеме.“ - си рече Марин
кога доаѓаше накај Ана.
Ана излезе во дворот заедно со сетра ѝ. Влегоа во ко-
лата на Марин и продолжија накај местото каде што
се одржуваше свирката. Ана седна напред, а Марија
седна на задното седиште.
- Да ве запознаам. Ова е Марија - сестра ми. Ова е
Марин.
Марин и Марија се ракуваа.
- Мило ми е што те запознав. Ана досега ми нема
спомнато дека има сестра. Си личите.
- Фала. И мене ми е мило. Јас имам доста слушано за
вас. Никогаш не ве донела на ручек или така нешто.
Продолжија да прават неврзан муабет. За кратко вре-
ме стигнаа на местото. Влегоа во дискотеката каде
што требаше да свири Гонореа. Таман решија да пла-
тат карти, еден од обезбедувањето на врата ја позна
Марија, па поминаа без карта.
Тоа беше тип на човек со ќелава глава, мускулести
раце и нозе и облечен во тесно за да му се исцртуваат
мускулите. Мускулите повеќе беа резултат на креати-
нот што го внесуваше отколку што беа добиени по
природен пат, но такви бараат за на врата пред диско-
тека. Дискотеката имаше некое чудно име кое беше
тешко да се запамети. Клуб со некој број после него.
А Марија и вратарот... Тоа е стара приказна. Тие се
другари уште од поодамна и сѐ се сведе на тоа, иако
имаше надежи кај него дека би можело да има нешто
повеќе. Тој беше заљубен во неа. Всушност беше
привлечен од нејзината насмевка и од цртите на лице-
то кои во неговите очи ја правеа неодолива. Едно вре-
ме се дружеа, но потоа изгубија контакт. Не се скараа,
туку тој свесно се одалечи од неа. Сметаше дека е вре-
ме да престане да се залажува и дека нема да се сме-
нат работите. Беше свесен дека Марија нема да го гле-
да повеќе од другар. Тоа го болеше. Прилично доста
го болеше. Но, денес тоа е минато. Неколку пати го
викаше да излезат на кафе или на пијачка, но тој секо-
гаш наоѓаше изговори. Потоа малку по малку, почнаа
да се тргаат еден од друг. Од време на време знаеја да
се сретнат, затоа што завршија во исто средно и се на-
оѓаа во исти друштва. Потоа тој почна со работа и
немаше многу слободно време, а таа веќе беше во
врска, па ѝ посветуваше премногу време. Одамна се
немаа видено. Можеби година дена. Марија беше нер-
возна кога го виде, бидејќи не знаеше дали би ја
препознал затоа што помина доста време.
Марија многу го сакаше... Но како брат. Многу пати
размислуваше за тоа. Сакаше да му даде шанса. Беше
свесна дека од негова страна има нешто повеќе од
пријателство. И секогаш кога сакаше да му даде шан-
са, во последен момент ги менуваше своите мисли. И
се мотаа разни мисли. „Што ќе биде ако не си одгова-
раме?Ќе страда ли пријателството? Тој е добар човек.
Не би сакала да го изгубам како пријател. Кога би зна-
ела дека нема нашето пријателство да биде доведено
во прашање, би се впуштила во оваа неизвеснот.“
Откако ја позна и ја поздрави, Марија се насмевна и
го прегрна. Почувствува топлина во таа прегратка. Не
беше тоа љубов или ново чувство, туку она пријател-
ство што останува.
Влегоа внатре. Отидоа на шанкот и земаа пијачки. А-
на зема флаширана вода, а Марин и Марија пиво.
Скопско. Постапката на Ана малку ја зачуди Марија,
но си помисли дека можеби не сака да се налева со ал-
кохол. Дека има само лош ден. Марија немаше појма
дека Ана е трудна. Никој од нејзините не знаеше. Ни
мајка ѝ. Потоа отидоа накај бината. Таму бендот се
местеше и правеа прба пред настап. Всушност се шти-
маа. Ги местеа гитарите, матрицата...
Жарко ја штимаше гитарата кога ги виде Марин и А-
на. За момент се сепна, но гледаше никој да не го забе-
лежи тоа. За негова несреќа, Марин го забележа тоа.
Погледна кон него баш во тој момент. Немаше сом-
неж. Се направи како да не гледа, затоа што сакаше да
ужива вечерва. Реши да не мисли на тоа. Ова ќе биде
прекрасна ноќ. Сака по добро да ја памети Ана, иако
нема да може така да биде. Сепак ќе има неверство од
нејзина страна. Се обиде да ги истера таквите мисли,
но како муви досадници, пак му се појавија.
Жарко беше со гитарата во рака. Се штимаше. Потоа
ја обеси на врат и почна да свири. Не беше лошо. Со
другите членови си дофрлуваа како да го започнат
настапот. Иако беше закажан за сега, немаше абер од
негово почнување. Се знаеше тоа. Башка клубот беше
празен. Имаше неколку души таму. Тек сега требаше
да доаѓаат. А уште не беа наштимани како што треба.
Се обидуваше да ги испее чистите вокали (оние кои
беа чисти, секако). Добро беше подготвен. Овој пат
решија да свират претежно нивни песни, а да надо-
полнат со некоја песна што не е нивна. Жарко беше
нервозен. Неговата гитара беше наштимана, тапанот
беше добро среден. Тапанарот свиреше за загревање.
Чисто да може да се опушти. Одамна не беа свиреле,
па имаше мала трема кај тапанарот. Солото сѐ уште се
средуваше, а басистот и вториот вокал доцнеше. Жар-
ко свиреше ритам гитара. Клавијатуристот беше изле-
зен на цигара. Жарко правеше пресметки со која пес-
на да го отворат настапот, а со која да го затворат. Ко-
га да вметнат песни кои не се нивни, кога да направат
пауза и да најавуваат нова песна итн. Сѐ тоа му се мо-
таше по главата. Немаше време да размислува за Ана.
Ана беше замислена. Исто и Марин. Марија само се-
деше и гледаше во празната дискотека. Почнаа да доа-
ѓаат луѓе. Дојдоа и пријателките на Ана, како и прија-
телите на Марин. Сите беа таму. Се запознаа тие што
не се знаеја. Дискотеката почна да се полни. Дојде и
клаваијатуристот и басистот. Среќа на басистот гита-
рата му беше наштимана, па не губеа време околу се-
то тоа. Се поставија. На средината на сцената беше
Жарко, од негова лева страна беше басистот, од десна
страна солото. На крајот на сцената беше тапанарот
кој почна да го фаќа трема, а од негова лева страна,
речиси сокриен беше клавијатуристот. Тоа беше нив-
на вообичаена постава.
Музиката започна. Дојдоа звуци кои сите ги збунија.
Тоа беше клавијатуристот. Притисна силно на клави-
шите со цел да да го постигне ефектот што го посаку-
ваше. Длабоки звуци ја исполнија просторијата. Сце-
ната беше затемнета. Потоа се слушна гласот на ба-
систот. Рапав глас кој само ја надополнуваше атмос-
ферата. Гитарите чекаа на знак. Како да навестуваа
дека нешто лошо ќе се случи. Звуците од клавишите
се слушаа во позадина, заедно со благото удирање на
тапанот. Басистот пееше госпел. На почетокот нали-
куваше на црковна музика со оргули. Клавијатурис-
тот го смени темпото. Почна да свири пискави тоно-
ви. Се вклучи и басистот. Почна да ја преде мелодија-
та и да го трасира патот. Наеднаш музиката престана
за неколку секунди. Сите се збунија. Но, наеднаш се
вклучија Жарко и соло гитарата. Влегоа со голема си-
лина. Експлозија во салата.
Се раздвижи атмносферата. Луѓето почнаа да го сле-
дат ритамот на музиката. Оваа група не беше толку
позната. Мислам, ги знаеја луѓе, но не многу. Сепак
свиреа поспецична музика. Не беше за сечие уво.
Жарко почна да пее. Во оваа песна немаше чисти во-
кали, освен на едно место. Тоа им одѕвонуваше на лу-
ѓето во главите.
Гнев, бол и бес! Гнев, бол и бес! Гнев, бол и бес!
Исвиреа шест песни. Тоа траеше некаде половина час.
Потоа малку застанаа.
- Добро вечер дами и господа! Се надевам добро се
забавувате! Ова е Гонореа!
Одамна немаме свирено пред вас и многу ни е мило
што ве има во голем број! Сакаме да ги пренесме по-
раките на што поголем број на луѓе! Не радува што
има луѓе што им се допаѓа нашата музика и ги разби-
раат нашите пораки! А сега ќе отсвириме една песна
која неодамна излезе од етер! Песната е напишана по-
одамна, но едноставно немавме време кога да ја обја-
виме! Ја чувавме за друг проект! Ѝ требаше време да
созрее! Со оваа песна го најавуваме проектот! Песна-
та се вика Напад! и веројатно ќе биде носечка на албу-
мот! Уживајте! Со Господ напред за скоро ќе излезе
новиот албум!
Почна да ја пее песната. Вокалите беа чисти. Атмо-
сферата повторно зовре.
Во главите на луѓето одѕвонуваше: „Напад - спреми
се за одбрана! Напад - спреми се за одбрана!“
Пееја заедно со нив. Вистински делириум. Цел бенд
беше позитивно изненаден. Не очекуваа ваков прием.
Забавата продолжи. Немаше место за запирање. Ги
отсвиреа сите нивни песни. А имаа петнаесет издаде-
но до сега. Петнаесет сосе една нова што сега за прв
пат ја отпеаја. Публиката беше презадоволна. Ова из-
лезе како концерт. Немаа време да отсвират песни
што не се нивни. Тоа беше малку смешно, но ете, и то-
а се случува.
Додека траеше свирката Марија скришно погледнува-
ше кон Оливер. Нешто ја привлекуваше кон него. Ка-
ко некоја магнетна сила што не можеше да си ја објас-
ни. Само сакаше да се доближи до Оливер. А и Оли-
вер до неа. Имаше нешто што и него го тераше да би-
де до неа. Сепак, одамна немаше девојка. Годините си
минуваа, потребите сѐ уште беа истите. И тој сакаше
да има некого покрај себе. Некоја која ќе го пречека
кога ќе се врати од работа, која ќе му зготви нешто за
јадење, која ќе седи до него и ќе го грее во ноќите. А и
време беше да основа семејство. И тој гледаше некако
да и се приближи на Марија. Беше збунет. Не знаеше
што да направи. Сепак, го направи првиот чекор и се
доближи до Марија. Тоа се случи повеќе како одбран-
бена реакција. Се случи нешто што не ни помислува-
ше дека некогаш ќе се случи. Како што играше во не-
говото окружување се појави девојка и почна да игра
до него. Таа беше висока, згодна со виткана руса коса
и облечена во мини здолниште и високи потпетици.
Исто така носеше некое блузиче кое ѝ ги истакнуваше
градите. Јака шминка која дури делуваше и нападно.
На почетокот не ја препозна и се изнеади кога ја виде.
Стоеше на растојание од неа, иако се трудеше да биде
љубезен и фин. Професионална деформација веројат-
но. Откако убаво ја погледна му стана јасно дека ја
знае од некаде. Но, никако не можеше да се сети од
каде. Таа совршено знаеше од каде го познава. Не по-
мина доста време од нивната последна средба.
- Како си Оливер? - го праша девојката.
- Добро е, Мими, со мојата девојка. Ти?
Во тој момент ја фати нежно за рака Марија која за
миг се збуни, но потоа љубезно се насмевна.
- Јас сум Марија, - ја подаде раката.
- Мирјана, - рече учтиво, но повеќе суво и љубоморно.
- Мило ми е.
- И мене, - додаде Марија иако во тој миг воопшто не
ѝ беше мило. Како и Марија да чувствуваше некаква
љубомора. Во принцип не сакаше да се меша во вакви
игри, но Оливер веќе ја почна играта, а Марија иско-
ристи шанса за миг да се доближи до него. Го дочека
моментот.
Мирјана се сврте кон Оливер и рече:
- Те видов дека си тука и решив да дојдам да те поз-
дравам. Очекував дека ќе те најдам слободен. Но, тоа
е тоа. Нека ти е со среќа. Ако нешто ти тргне на лошо
знаеш каде можеш да ме најдеш. Те сакав и ќе те са-
кам, без оглед на сѐ.
Потоа си отиде. Марија остана со подзината уста.
- Извини, - рече Оливер и се тргна малку.
- Поранешна?
- Да.
- Јасно ми стана. Ја сакаш?
- Тоа е минато.
- Во ред. Зошто ме вмешуваш мене во твоите игрти?
- Сакав само да се тргне.
- Зошто не ѝ го кажа тоа?
- Ја слушна што зборуваше? Сакала да ме најде сам.
- Да, ја слушнав.
Потоа пак се доближи до неа. И таа се приближи до
него. Иако ни тој не знаеше како сепак започна разго-
вор. Марија се смешкаше. И беше убаво во негово
друштво. Правеа муабет за свирката, за работа, за фа-
култет... Темите сами си течеа. Оливер се опушти и
почувствува олеснување. Во исто време почувствува
топлина и црвенеење на образите. Во исто време Ма-
рија почна да чувствува возбуда и наплив на топлина.
Не знаеше што да прави. Ѝ дојде малку непријатно.
- Јас одам до тоалет. Почекај ме веднаш се враќам.
- Секако. Овде ќе бидам.
Оливер како едвај да чекаше Марија да отиде до тоа-
лет и да може да потоне во своите сеќавања. Тоа и се
случи.
Повторно на истата клупа. Таа клупа како да е прок-
летство за Оливер. Оливер одеше кон тој парк со цел
да се сретне со Мими. Имаа долга врска. Неколку ме-
сеци беа заедно. Тоа и не беше многу долга врска, но
беше прилично долга со оглед на тоа што немаше ни-
кого цела година претходно. Не му се допадна тоа
што го виде. Пред клупата стоеше еден дечко со мус-
кулесто тело, набиен и со келава глава. Облечен во
војнички пантолони, со тесна црна маичка за да му се
отцртува и така веќе мускулестото тело. Мими се бак-
нуваше со тоа момче. Изгледа дојде во незгодно вре-
ме. Никогаш не научи кога да доаѓа. Бакнежот траеше
кратко, па момчето си замина. Оливер се приближи и
почна да се прави како ништо да не виде. Се поздрави
со со Мими и го почувствува оној горчлив вкус што
беше мешавина од цигари и алкохол. Му се згади.
Едвај се воздржа да одглуми дека е сѐ во ред, иако не-
што го тераше да се тргне од неа. Очекуваше да чуе од
нејзе, но изгледа дека таа работа не е прва на дневен
ред.
- Мило ми е што дојде, - рече Мими.
- И мене ми е мило, - рече Оливер со кисела насмевка.
И тој знаеше да се преправа кога ќе го фатеа будалите.
Изгледа дека денес го фатија будалите.
- Мора да зборуваме, - рече тогаш Мими.
- Добро е, сега ќе ми каже. Барем има доблест. Колку
ѝ да боли, крајот е блиску, - си помилси кога ги слуш-
на тие зборови.
- Во ред. Имаш нешто да ми кажеш?
- Всушност, да. Имам нешто да ти кажам.
- Добро. Те слушам.
- Јас... Јас.. ова...
Оливер ја гледаше во очи додека Мими ги бираше
зборовите за да го каже очигледното. Но, веројатно
тешко и одеше да ја состави реченицата и да го каже
тоа што Оливер веќе беше подготвен да го чуе. Всуш-
ност, Мими и не знаеше дали сака да му го лаже тоа.
- Да? - почна да ја охрабрува Оливер.
- Сакав да ти кажам дека многу те сакам.
Оливер само силно издиша. Тоа беше знак на разоча-
рување. Знак кој веројатно Мими не го разбра, или
пак се правеше дека не го разбира. Веројатно така ѝ
беше полесно.
- И јас тебе многу те сакам, - рече Оливер и се труде-
ше да биде што е можно посмирен. Веќе почна да
врие.
- Но, има нешто друго.
- Фала Богу, - си помисли.
- Има некого кого што го сакам повеќе. Мислам дека е
време да раскинеме и секој да си продолжи по свој
пат. Можеме да бидеме пријатели, но не можам да ти
бидам девојка.
- Во ред, - воздиивна Оливер. - Дали си сигурна дека
го сакаш тоа?
- Да, сигурна сум. Веќе имам друг. Затоа и те викнав.
Веќе некое време имам паралелна врска...
- Некое време?! Колку долго?
- Па, мислам дека има месец.
- Месец дена? И ништо не си ми кажала?
- Бирав зборови.
- Бираше зборови? Ме заебаваш?!
- Не. Последнава недела е поинтензивно. Претходно
само бевме по кафиња и прошетки.
- Кој е тој? Го познавам?
- Претходниот.
- Претходниот?
- Да. Се видовме после подолго време и пак ми се раз-
будија чувства.
- Во ред. Ако тоа е сѐ што имаш да кажеш...
- Да, тоа е сѐ. Извини. Јас... Не сакав да биде вака.
Мими почна да плаче. Ѝ дојде само од себе.
- Ајде, ајде. Во ред е. Јас ќе се повлечам одреден пе-
риод. Ќе ми треба време да ми помине. Но, не грижи
се ти за мене. Терај си, ако си решила дека така треба.
Јас нема да ти застанам на патот и да ти сметам.
- Ти благодарам на разбирањето, - рече Мими низ сол-
зи. Речиси и да не ја разбра што му кажа. - Сакам по
добро да ме паметиш. Немој да ме заборавиш. Знам
дека не ни успеа, но веројатно не ни билчо суде-
но. Барем да бидеме пријатели.
- Ќе бидеме пријатели еден ден, но не во скоро време.
Нема да те заборавам, без гајле. Убаво беше додека
траеше.
Се врати во стварноста.
За тоа време Марија тргна кон тоалетот со чантичката
која ја носеше на рамо. Се протна низ турканицата и
некако успеа да влезе во женскиот тоалет. Ја заклучи
вратата. Издиша. Го губеше здивот. Прв пат после по-
долго време. Си го изми лицето за да се освежи, а по-
тоа со хартијата го избриша. Се погледна во огледало.
Немаше потреба да ја попрвава шминката. Само мал-
ку ја поднамести косата. Среќа беше кратка, па не ѝ
требаше многу време. Излезе од тоалетот и се упати
кај Оливер и друштвото. Дојде насмеана и освежена.
Повторно застана до Оливер кој само што се врати во
стварноста и така се насмеа кога ја виде, небере е дете
кое добило играчка што долго време ја барало. И Ма-
рија возврати на насмевката. Се разлеа позитивна е-
нергија во просрот. Изгледа дека беа на иста фрек-
фенција. Оливер се доближи до Марија и ѝ шепна на
уво:
- Ајде на цигара. Некако е загушливо овде.
- Ајде, - рече Марија и двајцата излегоа надвор.
Откако излегоа Оливер длабоко воздивна.
- Нема да запалиш цигара?
- Не.
- Ти пушиш? - го праша Марија.
Оливер се насмевна и рече:
- Не. Не пушам цигари. Мислам дека ти должам објас-
нување.
- Не, не. Во ред е.
- Како сакаш. Овде може подобро да се прави муабет.
Се надевам дека не ти е ладно.
- Не, не. Воопшто.
- Во ред. Вака. Мими ми е претходната девојка. Бевме
заедно половина година кога ми раскина затоа што са-
кала да се смири со претходниот. Помниа доста време
од тогаш. Кога се разделувавме ѝ ветив дека нема да
ја заборавам и дека ќе ми биде пријател, но работите
некако не се случија.
- Имаше тешки зборови?
- Не. Ја фатив како ме изневерува. Не ѝ реков ништо.
Потоа сама ми рече дека некој друг сакала повеќе.
Претходниот. Ѝ реков дека е слободна ако тоа е она
што навистина го сака. Не ми беше сеедно. Се одале-
чив од нејзе. Но, тоа траеше само неколку месеци. Ду-
ри да помине страста, ако така може да се нарече. По-
тоа пак ја побарав да пиеме кафе и да бидеме пријате-
ли. Решив дека е време да ѝ простам, а и на себе да си
простам. Некако не можев да се помирам со тоа. Изле-
говме на кафе и толку беше. Нејзиниот дечко станал
љубоморен на мене и ѝ забранил да ми се доближува
и да контактира со мене. Тоа ми го кажа. Почнав да се
смеам. Тоа беше првата реакција што ми дојде. Иако,
не знаев дали да плачам или да се смеам. Сепак, ја
почитував нејзината желба. Потоа од нејзина другар-
ка разбрав дека дечко ѝ ја тепал кога ќе се напиел. А
тоа се случувало прилично често. Не реков ништо.
Едно време раскинаа, па потоа ме молеше да се сми-
риме. Ја одбив. Имаше искушение, но одолеав на тоа.
Уште имаше некои чувства, но собрав сила и ја одбив.
Не сакав да поминувам низ истото. Не сакав да бидам
замена за некоја подобра прилика. Од тој ден ме про-
гонува. Каде и да ме види ми се лепи и сака да се
смириме. После тоа одбивање, уште неколку пати се
видовме. Подолго време ја немав видено и мислев де-
ка е готово со тоа. И ете, денес пак ја видов.
Оливер беше видно изнервиран.
- Не се нервирај. Помина тоа.
- Знам. Извини што те вовлеков во ова. Те заморувам
со глупости. Извини.
- Не, не. Јас не сакав да се мешам во туѓи животи...
- Морав она на некого да го кажам. Ќе пукнев... Изви-
ни што тио беше таа која мора да го слуша. Не беше
должна...
- Ајде, ајде.
- Ни тргна муабетот, па затоа...
- Да, да. Ме изненади да ти кажам право.
- Да? Како те изненадив?
- Искрено, не ми делуваш за многу зборлив...
- Добро си проценила. Всушнпст, јас и не сум многу
зборлив, но ете денес...
- Има и такви денови. Без гајле.
Потоа двајцата влегоа внатре и се правеа како ништо
да не било. Всушност ништо и не беше, но сите мис-
леа дека имало нешто повеќе.
Свирката заврши. Ноќта уште траеше, но веќе беше
нов ден. Почнаа да излегуваат од дискотеката. Беше
некаде околу три часот наутро. Марин ги однесе Ана
и Марија дома, а потоа сам, со своите мисли се врати
дома. Се мислеше што да ѝ каже на Ана утре кога ќе ја
покани на вечера. Мислите му беа нејасни и како да го
бараа креветот. Пивото си го правеше своето. Си дој-
де дома. Некако ја отклучи вратата, потоа ја заклучи
од внатрешна страна (по некое чудо успеа) и веднаш
отиде накај својата соба. Се фрли на креветот и вед-
наш заспа. Не ни ги соблече алиштата што ги носеше
на себе.

*
* *

Марија не можеше да заспие. Си легна. Ги завтори о-


чите. Но, некако не ѝ доаѓаше сон. Ни самата не знае-
ше зошто. Отиде до кујната да се напие вода. Испи
една чаша. Потоа уште една. Па и трета. Најде некое
шише од соковите што ги купуваат го изми убаво, па
потоа го наполни со вода. Литро и половина. Ѝ се пие-
ше вода. Веројатно дехидрирала. Потоа тргна накај
својата соба. Пак се обиде да заспие. Безуспешно. По-
тоа отиде до собата на Ана. Тивко тропна.
- Ана, спиеш? - прошепоти.
- Не, влези Марија. Не можам да знаспијам.
Марија влезе во собата на Ана.
- Не можам да спијам Ана. Мислам на еден дечко.
- Кој дечко? Кажи ми, - рече возбудено.
- Еден од другарите на Марин.
- Другарите на Марин?!
- Да еден крупен, убав... Како се викаше? На О
мислам дека беше.
- Оливер?
- Да, Оливер.
- Оливер ти се допаѓа?
Марија само се насмевна. Оваа возбудливо будалеста
насмевка.
- Па нели излеговте надвор?
- Да.
- И?
- Што и?
- Направивте нешто?
- Не.
- Што се случи?
- Оливер мислеше дека ми должи објаснување и ми
правеше муабет за девојката што дојде.
- Девојката што дојде? Која девојка?
- Ти не знаеш за тоа?
- Не. Не знам.
- Претходната девојка дојде да игра со Оливер и тој
нежно ме фати за рака и ме претстави како негова де-
војка. Потоа цела вечер ми се извинуваше.
- Хахаха. Баш чудно од негова страна.
- Да. Уште да бев негова девојка...
- Во ред. Утре ќе зборувам со Марин. Ќе се распра-
шам сѐ за него.
- Фала. Ова многу ми значи.
- Нема на што. Ајде легни си, утре ќе треба рано да
станеме.
- Секако. Ќе се обидам да заспијам. Не знам дали ќе
можам.
- Зошто? Доцна е веќе.
- Сѐ уште ги собирам впечатоците.
- Од свирката?
- Од сѐ. Прекрасно беше. Фала на поканата.
- Нема на што. Уживај. Ајде, утре треба да одиме на
гробишта. Треба рано да станеме.
- Знам, знам. Добра ноќ, Ана.
- Добра ноќ Марија.
Марија отиде во својата соба. Полека ја отвори врата-
та, и се протна во креветот. Се покри. Се обиде да зас-
пие. Не можеше. Главата и беше нападната од размис-
ли и слики во врска со вечерта која штотуку помина.
„ Што е со мене? Јас имам дечко. А ова момче е при-
лично слатко. Би сакала да се дружам со него. Со
поглед ме пие. Не може очи да тргне од мене. Ќе се
распрашам што и како. Има ли девојка? Ако има, која
е таа среќничка? Добро сега малку е подебел, но то-
а не е страшно. Ни јас не сум совршена. И јас имам
мани. Дечко имам, како да го немам. Не сме се виделе
подолго време. Никогаш вака не ме гледал. Немало
сјај во неговите очи. Ниту топлина. Како да е некој
направен од камен. Ќе треба со него да разговарам.
Можеби и ќе му раскинам. Не знам веќе што да пра-
вам. Целата сум збунета. Одамна вака се немам збу-
нето. А што е тоа што ми создава нејаснотии? Не
разбирам. Ноќта прави чуда. Се запознавме ли? Како
се викаше? Не знам. Всушност, сега Ана ми кажа.
Оливер. Веројатно Оливер. Треба да ѝ го покажам
кога ќе излеземе заедно пак. Се надевам дека ќе има
следен пат. Се надевам дека ќе ми се посреќи. “- си
помисли.
Потоа сликите од вечерта и поминаа низ глава. Не
можеше да заспие. Сонуваше будна. Па има триесет и
три години. Не е можно ова да и се случува. Како прв
пат да се вљубува. Како да се врати во оние среднош-
колски денови. Имаше седумнаесет години. Тогаш
прв пат се заљуби. И се допадна едно момче од сосед-
ниот клас. Се гледаа по ходници. Беа блиску, а сепак
далеку. Всушност, таа го гледаше него. Скришно, под
око. Тој неа не. Беше премногу повлечена за него. Бе-
ше убава, но нејзината убавина беше обвиткана во
шалот на срамежливоста. А тој... Тој беше еден од о-
ние разгалени, самобендисани познати момчиња. Си-
те девојчиња трчаа по него. Секогаш беше опкружен
со девојки. Добиваше најразлични понуди од девојчи-
њата. Немаше време да го сврти погледот кон неа која
беше мирна, тивка, повлечена. На одморите седеше
претежно сама и јадеше во дворот, седната на скалите
кои гледаа према булеварот. Од спротива беше паркот
со неговото зеленило и еден зелен контејнер тупнат
врз тревата под едно убаво разеленето дрво. Гледаше
во далечината. Тој помина покрај неа и не се ни заврте
да ја види. Беше како дух. А неа срцето ѝ трепереше.
Потскокнуваше од радост дека е во негова близина.
Но, возбудата како дојде така и замина. Го виде со ед-
на нејзина другарка како се држат за раце. Не ѝ беше
сеедно. Се обиде да го тргне погледот, но нешто ја
влечеше натака. Повторно го тргна погледот. Повтор-
но се сврте натака. Се сврте во погрешен момент. Тие
се бакнуваа.
Беа едни од похрабрите кои јавно се бакнуваа. Не беа
свесни дека некој ги гледа, па затоа си ја дозволија таа
слобода. Солзи потекоа од лицето на Марија. Веднаш
ги избриша. Потекоа нови. Сакаше да плаче. Сакаше
да вика ; да го истури сиот бес од неа. Бесот што го
чувствуваше најмногу заради самата себе. Знаеше де-
ка самата е крива и дека не може да стори ништо во
врска со тоа. Всушност крива е нејзината срамежли-
вост. Но, таа беше таква уште откако знаеше за себе.
Не беше вообразена или нешто слично. Само беше
интровертна личност и имаше мака да стапи во кон-
такт со луѓето. Немаше многу луѓе околу себе. Но, тие
што ги имаше ги чуваше. Свесна беше дека тешко и
оди создавањето нови пријателства.
Потоа се сети и на вратарот. Се сети како се запознаа.
Имаше деветнаесет години и веќе беше запишана на
факултет. Прва година. Само што беше наполнила
деветнаесет. Го слушаше вториот семестар. Беше за-
пишана на компаративна книжевност на филолошки
факултет. Беше зима. Фебруарско утро. Таа седеше во
дворот на факултетот меѓу предавања да земе воздух.
Беше ладно надвор, но нејзе тоа не ѝ пречеше. До неа
дојде едно момче на иста возраст.
- Здраво колешке. Како сте?
- Добро. Вие?
- Добро. Малку на воздух.
- Да, убаво е. Само малку е ладно.
- Е да, ладничко е.
Марија се насмевна.
- Јас сум Марија. - му рече. Прв пат во животот напра-
ви така храбар потег.
- Јас сум Роберт.
-Убаво име.
- Фала. Вечер се прави журка. Ако сакаш помини.
- Каде?
- Во локалчево на факс.
- Фала. Ќе гледам да поминам.
- Би ми било мило да поминеш.
Но, ни таму работата не бидна. Барем Марија не дава-
ше никакви сигнали. Го гледаше Роберт како прија-
тел. Тоа и останаа. Се зблжија премногу. Но, останаа
на тоа. Марија немаше дечко. Често се навраќаше на
случката од средно. Не ѝ излегуваше од глава. Никако
не можеше да се ослободи од таа слика. Колку и да се
обидуваше. Заврши факултет и се вработи во „Град-
ската библиотека“. Работи веќе единаесест години.
Таму го запозна Ратко, нејзиниот сегашен дечко. Бе-
ше прво нејзин колега, а потоа и дечко. И беше убав,
но не беше нешто особено. Се фати со него од две
причини. Прво; затоа што беше единствениот којшто
и понуди ( Роберт никогаш директно не ѝ кажа иако
очите зборуваа) и второ ; затоа што веќе од дома поч-
наа да притискааат и да кружат гласини за неа. Мајка
ѝ почна да се сомнева дека можеби е лезбејка. Нејзе и
беше неразбирливо како тоа на таа возраст ( имаше
тогаш дваесет и две години) да нема дечко. Имаше ед-
на многу добра другарка со која беа претерано блис-
ки. Мајка ѝ Анче, баш во неа се сомневаше затоа што
и таа во тој период немаше дечко. Се викаше Матил-
да. Убава создадена русокоса со брановидна коса (неј-
зината природна боја на коса беше кафена, но од не-
која причина сакаше да личи на Мерлин Монро па се
фарбаше жолта и добиваше некоја златеста нијанса).
Имаше црни очи, мало речиси незабележливо носе и
тенка усна. Беше малце подебелка ( на граница со
нормална). Обично носеше тексас фармерки и инте-
ресни принтани маици, иако некогаш знаеше да изне-
нади со мини здолниште. Во зима носеше една кафена
дебела кожна јакна и црни чизми. Ретко носеше висо-
ки потпетици. Речиси никогаш. Со Марија се запознаа
на работно место. Таа често земаше книги од библио-
теката. Веќе ја научија. Еднаш ја викна Марија да сед-
нат на кафе. Марија прифати. Тогаш уште не беше фа-
тена со Ратко. Кога седнаа, тоа беше пред околу осум
години, Матилда нарача пиво. Марија се изненади за
момент. Не беше својствено во тоа време девојчиња
да пијат пиво. Или жени воопшто. Но, Скопско си е
Скопско. Додека разговаа за книги и некои други
нешта Матилда ѝ кажа дека го познава Ратко, нејзи-
ниот колега од работа. На почетокот Марија не може-
ше да се сети кој беше тој. Потоа еднаш заедно изле-
гоа. Матилда беше таа која на некој начин ги спои. И-
маше некоја претстава дека си одговараат. Се дружеа
доста време, но изгубија контакт затоа што Матилда
си ја побара среќата во Австралија. Од време на време
се допишува, но не беше тоа тоа.
Марија беше единствената која не можеше да заспие.
Сонот не и доаѓаше. Се смешкаше во себе. Се сети и
на убави нешта. Пријателството со Матилда, на при-
мер. Одамна си немаа пишано. Не можеа да се пого-
дат. Последен пат кога си пишаа Матилда ѝ се пофали
дека запознала некого и дека живеат заедно. Имала
две деца и сега чекала трето. Не беа стапиле во брак,
но не ни сакале да го направат тоа. Одлучила да живее
во вонбрачна заедница.
„Барем Матилда некако си го среди животот. Се
снајде. Јас останав со нејзиниот пријател. Уште од
тогаш. Веќе десет години.“ - си помисли.
А немаа мрднато од мртва точка. Сѐ беше некако ис-
то. Досадно. Како понекогаш кога врне дожд. Марија
го чувствуваше тоа. Како да почнуваше да се гуши и
не знаеше што да прави. Не сакаше да остане сама. Од
тоа се плашеше. Пак се сети на случката од средно ко-
га талкаше сама по ходниците на училиштето. „Сега
барем имам некого. Барем некој е тука, покрај мене.“
- повторно ѝ помина низ глава. Беше свесна за тоа де-
ка ако остане сама, ќе биде тешко за неа затоа што во
последно време и не запознаваше нови луѓе, па рабо-
тите и не беа така сјајни. Башка, беше во години. Иако
беше млада и животот беше пред неа, сепак беше во
четвртата деценија од животот.
Беше темно. Две силуети беа легнати на креветот.
Беше брачен кревет, па имаше и повеќе од доволно
место и за двајцата. Тоа беше спална соба. Во неа бе-
ше креветот со две комоди од двете страни и еден го-
лем шкаф од спротива. До десната комода имаше про-
зор кој гледаше директно на улицата. Тука беше и
поштата. На десната комода имаше една лампа, која
беше речиси исклучена (наместена на многу слаба
светлина). На комодата беа мобилните и едно пакетче
дурекс. За секој случај. И заборавена кутија цигари.
Двете силуети почнаа да се бакнуваат. На почетокот
полека и нежно, но подоцна диво и страсно. Немирни-
те прсти го истражуваа телото на партнерката. А таа
се препушти на моментот иако беше збунета. Не знае-
ше како да се постави и што да направи. Срцето ѝ чу-
каше премногу брзо. Возбуда помешана со страв. То-
а се случува кога некои работи се прават за прв пат.
Но, се мора да се направи прв пат. Ролетната на прозо-
рецот беше спуштена, за да нема кој да биде љубомо-
рен. Сакаа да избегаат од љубпитните погледи. Сакаа
да се гледаат само тие двајца. Но, женската силуета
добро се снајде. И таа почна да истражува. Прво
усните, па образот. Потем увото, вратот. Му ја собле-
че маицата. Тој се збуни, но и се возбуди во исто вре-
ме. Таа се насмевна со заводлива насмевка. Играта за-
почна. Неговите очи беа вперени во неа и ја искажу-
ваа сета среќа и сета страст. Таа ја впиваше неговата
пот, а тој нејзините воздишки. Се допираа. Со секој
нареден миг сѐ повеќе. Дојдоа до точка кога се соеди-
нија. Играта заврши. Тој се оптегна до комодата и из-
влече една цигара од кутијата. Ја запали. Задоволно
повлече. Таа се смееше и гледаше кон таванот. Беше
среќна. Исполнета. Станот беше празен. Беа само тие
двајца. Мирисаше на љубов. И на нив двајца. Мириса-
ше и на среќа. Лежеа гушнати еден покрај друг. Набр-
зо заспаа.
*
* *

Во друг дел од градот, некаде во центарот, или поточ-


но кажано во еден стан на шестиот спрат во една од
зградите кои треба да бидат бели, но веќе станале
сиви од издувните гасови од автобусите и автомоби-
лите, како и од прашината, во близина на министерст-
вото за образование и познатиот дом на печат, една
ламба беше вклучена. Всушност, тоа беше првата
зграда, веднаш до автобуската на првата станица на
автобусот број дваесет и три. Во таа зграда, на шести-
от спрат, во станот во спалната покрај рефлекторот
седеше и еден дечко кој не можеше да заспие. Тој
дечко ви е добро познат и се вика Оливер.
Оливер си дојде дома и влезе во својата соба. Распоре-
дот на собта беше речиси ист како кај Марин, само
што тука немаше толку полици и овде за разлика од
кај Марин имаше брачен кревет. Всушност, немаше
ниедна полица. Немаше ни библиотека. Сите книги
што му беа потребни беа во фиоките кои беа под би-
рото. Сите три фиоки беа преполни со книги. До кре-
ветот имаше орбитрек кој ретко го користеше. Алиш-
та беа оставени на столот, едно врз друго. Исто и на
орбитрекот кој служеше како закачалка. Немаше вол-
ја денес да ги средува. Реши тоа да го направо поплад-
не кога ќе се врати од работа.
Се обиде да си легне, но и него, како и Марија, не го
фаќаше сон. Веројатно уште ги собираше чувствата
од свирката од која штотуку се врати. Тој го фатија
оние размисли за животот.
Седнат беше на брачниот кревет кој веќе подолго вре-
ме беше сам, со перницата потпрена на ѕидот. До кре-
ветот од двете страни имаше наткаснички спроти кре-
ветот плакарот со алишта и од десната страна имаше
едно мало терасиче.
Од левата страна до наткасната имаше биро со ком-
пјутер, една столица со тркалца и три фиоки. На ма-
сата имаше документи кои требаше да ги среди пред
да тргне на работа. Бидејќи не можеше да заспие ре-
ши барем да ги среди документите па после да види
што ќе прави. Прилично брзо ги среди документите и
потоа се обиде да заспие. Не му доаѓаше сон. Поглед-
на на будилникот што стоеше на наткасната од десна-
та страна (од неговата страна на креветот) и будилни-
кот му покажа дека веќе е четири часот наутро. Реши
дека сепак нема да заспива затоа што и онака нема
доволно време да спие. Излезе од собата. За кратко
време се врати со филџан турско кафе. Потоа си седна
на креветот и си го стави кафето на својата наткасна.
Почека некоја минута за да му се олади кафето. Потоа
отпи една голтка. Се загледа кон шкафот и се насочи
кон една точка. Пред него се појави ликот на Марија
како стои пред него. Беше толку жива, толку вистини-
та, што човек би помислил дека навистина пред него
се наоѓа некоја жена. Потоа повторно почна да ја
обработува журката од која штотуку се беше вратил.
Секој момет го преработи уште еднаш. Од самото
влегување во дискотеката, па се до појавата на несака-
ната личност, разговорот со Марија и заминувањето
дома. Како што се присетуваше на сѐ она што се слу-
чи, така пиеше од кафето. Речиси и не забележа дека
надвор веќе се беше разденило и дека е време да поч-
не да се спрема за на работа.
Се врати во стварноста. Ја однесе шољата во кујна и
потоа отиде во бањата за да се истушира и да почне да
се спрема за на работа. Не беше воодушевен затоа
што ќе оди на работа. Не после таа убава ноќ и тоа заг-
лавување после подолго време. Оливер супер си по-
мина на забавата. Сакаше повеќе да трае. Меѓу подоб-
рите работи, покрај музиката беше запознавањето на
Марија, сестрата на Ана. Имаше нешто што го прив-
лече кон неа. Некоја невидлива сила. Можеби е нова
љубов на повидок. Кој знае - времето ќе покаже.

Поглавје Единаесетто
На гробишта

Сабота наутро. Денот одамна започна. Сега само се


раздени. Анче веќе беше станала и ги подготвила сите
работи кои беа потребни за на гробишта. Торбите ги
стави во ходникот. Потоа отиде до собата на Ана и
почна да ја буди. Ана едвај ги отвори очите. Не може-
ше да стане.
- Кажи мамо, - промрморе.
- Ајде ќерко треба да одиме на гробишта. Станувај. О-
сум саатот е.
- Ти дали си нормална? - како да се освести Ана.
- Во девет сакам да сме таму. Да не нѐ фати гужвата.
Башка треба да одиме на другиот крај на градот. Ајде,
ајде. Нели се договоривме? Немам цел ден да те чекам
да се тегнеш и да спиеш како заспана убавица. Треба
многу работи да се завршат денеска. Ајде.
Ана мрзеливо стана и отиде накај бањата да се мие.
Потоа Анче отиде да ја разбуди и својата втора ќерка -
Марија. Таа и немаше некои поголеми проблеми со
станувањето иако ноќеска едвај заспа.
Некако се измија и двете сестри, каснаа набрзина и
излегоа од дома. Сите три. Анче ги влечеше торбите.
Марија и помогна да ги внесе торбите во автомобилот
и потоа ја затвори вратата. Влезе од другата страна.
Анче седна на довозачкото седиште. Ана влезе во
автомобилот и го вклучи. Почна да вози. Радиото
беше вклучено и свиреше некоја песна. Ана не ѝ обр-
нуваше некое внимание на песната. Беше слободна
викендов, но имаше многу планови. Со сите да се ви-
ди. Де со Жарко, де со Марин, де со другарките... Ни
самата точно не знаеше што сака. Не сакаше да биде
со Жарко. Тој не беше нејзин тип. Беше несериозен и
премногу опуштен за некои нешта. Ана пак, од друга
страна беше веќе во период кога треба да биде посе-
риозна. Чекаше дете. И поминаа лудите години. Не
може да се однесува како само таа да е сама на светот.
Не ѝ личеше на годините. Особено не сега, кога јаде
за двајца.
Градот беше преполн со автомобили. Сабота. Беше
доста раздвижено. Луѓето брзаа некаде. Сите имаа не-
кои обврски да завршат. Некои одеа на пазар, некои
до трговските центри, трети на викенд некаде. Доду-
ша сѐ уште беше рано за трговските центри, ама се-
пак. Иако беше девет и триесет часот градот беше раз-
движен. Ана полека се пробиваше низ турканицата.
Беа во близина. Анче излезе и купи неколку цвеќиња.
Му плати на девојчето што го продаваше цвеќето и ѝ
го даде на Марија да го држи. Уште малку па ќе влезат
во гробиштата. Турканицата се беше расчистила.
Немаше многу луѓе што одат на гробишта. Влегоа во
гробиштата. Потоа почна да вози накај гробот на
нејзиниот татко.
Добиваше напатствија од Анче, затоа што не знаеше
каде точно треба да сврти. Во принцип, никогаш не
одеше сама на гробишта. Обично сите три одеа заед-
но. Претежно за задушница и на годишнина. Не одеа
често на гробишта. Неколку пати во текот на година-
та. Дојдоа до гробот. Марија и помогна со торбите на
Анче. Потоа ги ставија врз мермерните плочи и ги от-
ворија. Извадија една пластична кутија каде што има-
ше свеќи, запалка и нож. Седнаа на клупата спроти
гробот. Во тишина се помолија. Една минута. Тоа им
беше ритуал. Потоа Анче извади една крпа, и едно
шише од литар и половина полно со вода. Го отвори
шишето и ја истури водата врз мермерната плоча.
Потоа почна да ја чисти мермерната плоча. Пред тоа,
секако со мала метла од трски, прво ги измете лисјата
што беа паднале на гробот. Потоа го влажната крпа ги
исчисти флеките на мермерната плоча кои ги напра-
виле лисјата и птиците. Солзи и потекоа од очите.
Стави свежо цвеќе и запали свеќа. Се прекрсти и сед-
на на клупата спроти гробот. И Ана и Марија запалија
свеќи на гробот на нивниот татко. Се прекрстија и по-
тоа седнаа до Анче. Таа извади термос од торбата и
три пластични чаши. Сипа во чашите. Сите три се на-
пија кафе во чест на човекот којшто почиваше тука.
Марија ги прибра работите. Седеа и немо гледаа кон
плочата на нивниот татко и маж. Немаше никого во
близина. Другите гробови беа празни, запуштени.
Ништо не зборуваа. Само молчеа и уживаа во кафето
со болка во душата. Иако поминаа веќе десет години.
Поседоа половинa час. Ги направија вообичаените ри-
туали. Чашите беа празни. Ги фрлија во корпата што
беше веднаш до нив.
- Да тргнеме, - рече Анче.
- Почекајте ме на кратко, - рече Ана. - Веднаш се
враќам. Да оставам цвеќе и да запалам свеќа кај Иван.
- Што ти текна на Иван? - ја праша мајка ѝ.
- Кога сме веќе тука, си помислив...
- Оди, оди. Јас и сестра ти ќе сме овде. Немој многу да
се задржуваш.
- Секако. Нема многу да се задржувам. Само да запа-
лам свеќа и да оставам цвеќе. Сепак бевме блиски. Ре-
дот е таков.
- Секако ќерко. И покрај сите глупости што се случи-
ја, убаво е да се запали свеќа. И да не бевте дечко и де-
војка ќе беше убаво да му запалиш свеќа. Човечки е.
Хрситијански е. Сепак се познававте.
- Секако, - рече Ана.
Потоа тргна накај гробот на Иван. Ги остави Анче и
Марија да ја почекаат. Запали свеќа на гробот на Иван
како што е ред. Го смени цвеќето.
- Ми фалиш. Се обидувам да те преболам. Ми беше у-
баво со тебе. Камо да не дојдев со тебе онаа ноќ. По-
минаа четиринаесет години од тогаш, но речиси ниш-
то не е сменето. Освен што повторно сум трудна и и-
мам долга врска веќе десет години. Украдов маж од
друга жена. Со неа има дете. Се разведоа. Пред девет
години, мислам. Не знам точно колку, но ги има мно-
гу. Една година бев љубовница, а потоа станав девој-
ка. Негова девојка. Не ме има запознаено со неговите
иако веќе десет години сме во врска. Се чувствувам
лошо. Да биде бељата поголема, детето не е од него.
Спиев со негов добар другар. Мислам дека се сомне-
ва. Сакам да го родам детево и да продолжам со него.
Со другар му не е она што би требало да биде. Музи-
чар е. Се однесува како јас и ти на времето. Но, јас и
ти тогаш имавме дваесет години. А тој има многу по-
веќе. Триесет и пет мислам дека беа. Колку што имам
јас сега што се вели. Бевме напиени и напушени кога
се случи тоа. Ми даде кец. Прв пат во животот дував и
не беше толку лошо сето тоа. Не знам зошто се согла-
сив да излезам со него и како излезе да излеземе на
само. И ден денешен не ми е јасно. Имам дупки од таа
ноќ. Иако се случи пред месец дена. Толку отприлика.
Мисам на тебе. Се сеќавам на убавите моменти поми-
нати заедно. Ми фалат. Се обидов да ги потиснам, но
некако не оди. Најдоа пат да испливаат на површина.
Бев скршена откако дознав за тоа... дека те изгубив те-
бе и бебето што го чекавме. Искрено, не бев подготве-
на за бебе, но во секој случај се радував. Го чувству-
вав како растеше. Не сакав да заврши така. Тоа беше
прескапа цена што ја платив. После четири години
умре и татко ми. Веќе го имав запознаено Марин. Го
знаев неколку дена. Знаев дека има жена и дете и у-
порно одев накај него. За воља на вистината, тој ми се
додворуваше, или барем мене ми изгледаше така, но
јас бев таа која го имаше последниот збор. Можев да
кажам дека не сакам. Ми ветуваше дека ќе се разведе
од жената и дека заедно ќе живееме. Се разведе од
неа, но не живеевме заедно. Секој во својот дом. Че-
кавме да помине некое време. Помина премногу вре-
ме. Не знам што да правам. Дали да му раскинам? Во
последно време често ми се менува расположението.
Не смеам да ги користам лековите што пред тоа ги ко-
ристев. Не смеам. Додуша не сум прашала на доктор,
ама страв ми е затоа што сум трудна да не има некак-
во влијание врз детето. Земав лекови. Се лечев од деп-
ресија. Бев скршена. И кога се појави Марин внесе
живост во ова сивило. Ми ги врати боите. Ја врати
волјата да продолжам. Бев заглавена некаде во прос-
торот и времето. Се појави спасот. Се вмешав меѓу
луѓето. Повторно почнав да се дружам. Повторно ги
обновив старите пријателства. Запознав нови. Карие-
рата почна да оди нагоре. Сѐ одеше на подобро. Но,
тоа како да бил меур на моите волшепства кој изгледа
наскоро ќе пукне. Стварноста изгледа не е баш таква.
Можеби ова било само миговно залажување. Не е
важно. Морам да одам. Ќе дојдам пак. Почивај во
мир.
За сето време солзи ѝ течеа од очите. Ги остави да те-
чат додека зборуваше. На крајот ги избриша. Вдиша
длабоко. Потоа се врати кај Анче и Марија кои сѐ уш-
те седеа на клупата. Ги зема торбите и ги стави во ба-
гажникот. Влезе во колата. Тргнаа накај дома.
- Сега какви се плановите? - праша Ана.
- Можеш ли да ме оставиш во центарот? - праша Ма-
рија. - Ќе се враќам со автбус подоцна. Треба да се ви-
дам со Ратко, па може ќе шетаме и... знаеш.
- Во ред. Ќе те оставам. Мамо ти?
- Јас дома ќе одам ќерко.
- Добро, ќе те оставам дома па јас ќе отидам накај цен-
тарот. Имам некоја работа да завршам.
- Во ред ќерко. За ручек да ве чекам?
- Јас изгледа надвор ќе ручам, - рече Марија.
- Во ред. Ти Ана?
- Не знам мамо како ќе стигнам. Ќе ти се јавам.
- Во ред, во ред.
Ја остави Марија во центарот и потоа продолжи накај
дома. Денот беше убав. Не беше сончев ( сепак е но-
ември), но беше пријатен. Немаше облаци. Барем бе-
ше светло. Ништо не најавуваше дека ќе заврне и дека
денот ќе биде килав. А почна така. Почна килаво. Или
барем така ѝ се чинеше на Ана. Не можеше да се раз-
буди после свирката од синоќа.
Вака или онака стигнаа дома. Анче излезе од колата и
влезе внатре. Ана остана во колата. Застана за миг. Се
мислеше дали да од накај центар.

Поглавје Дванаесетто
Двајца другари

Димче и Огнен се познааваа многу одамна. Уште од


средно. Заедно учеа во Медицинското Средно учи-
лиште и заедно правеа планови за странство. Но, нив-
ните планови некако не вродија со плод, па така се
сретнаа на факултетот за фамација. Продолжија да се
дружат, овој пат како колеги. Знаеја од време на време
да излезат на пиво и да се потсетат на старите добри
времиња и на студентските денови. Заедно бркаа де-
војки. Не беше успешна нивната потрага, но беа упор-
ни. Димче и Огнен беа на возраст од триесет и девет
години. Колку и Марин.
Денес беа седнати на пиво уште од најраните утрин-
ски часови. Си имаа некоја навика еднаш неделно (о-
бично тоа гледаа да биде сабота и да немаат многу об-
врски по дома, затоа што недела им беше ден за од-
мор) да седнат на пиво и да се олабават од напорната
недела. Обично тоа го правеа наутро, за со лесно да
им тргне денот. Тоа им беше некоја навика која им се
створи во студентските денови кога секоја сабота пи-
еја по едно пиво. Обично се собираа де кај едниот, де
кај другиот. Тоа го правеа и откако дипломираа, но
откако дојдоа децата, тоа беше речиси невозможно да
се изведе, па затоа решија да седнуваат во една локал-
на ефтина кафана. Персоналот веќе ги познаваше, та-
ка што некогаш им даваше и бесплатни пива. Тоа бе-
ше нивното место од соништата.
Нивните пива ги донесе келнерот.
- Кога ќе ги испиете пивата, викнете ме да ви донесам
нови. Овој пат куќата части. Можам да ви ги донесам
и сега ако сакате, но сметам дека подобро ќе биде да
бидат ладни, - рече келнерот додека им ги служеше
пијачките.
- Да, да. Подобро е ладни. Фала ти дечко. - рече Дим-
че. И него го познаваа.
- Ќе почне денот весело, - се надоврза Огнен.
Потоа ќелнерот се повлече и ги остави да си уживаат
во нивното пиво.
- Ајде на здравје, - рече Димче.
- Да живееме, да владееме! - наздрави и Огнен.
И двајцата отпија по една голтка од пивото.
- Неделата беше прилично напорна. Ова добро ќе ми
дојде.
- И мене Димче. Да се собираме вака уште долго вре-
ме. Да трае.
- Да, да. Ни се погодија коцките. - рече Димче.
- Најдобра комбинација до сега.
Сосема случајно се погоди нивните девојки да се дру-
гарки. Со тек на време прерасна во семејни пријатели.
- Се сеќаваш како се запознавме со нашите сегашни
жени?
- Како да не се сеќавам бе Димче?
- Јас мислев дека си заборавил. Тоа беше одамна. -
спомена Димче.
- Се запознавме на некоја забава во дискотека. Мис-
лам дека беше среда. Да, беше среда. На студентските
забави кои се организираа. Тоа беа времиња. И двај-
цата бевме премногу пијани. Не дека овие две беа
трезни. Таму беше и Нина, ако не се лажам, но таа во
тој период беше во блажена состојба и немаше сила
да започнува нова љубовна врска. Барем така ме држи
сеќавањето. - се обиде да се пирсети Огнен.
- Да, да, така беше, - додаде Димче.
- Баш беше вечер за паметење.
- Имаше доста вечери за паметење. Ми фалат тие ве-
чери некогаш. Знаеш, ми дојде на ум една идеја.
- Кажи бе Димче. Каква идеја ти падна на памет?
- Можеме некоја сабота вечер да одиме во дискотека.
- Сериозен си?
- Зошто бе? Па сега е тоа модерно. Башка и не сме до
толку стари. Имаме по триесет и девет години.
- Баш тоа е проблемот.
- Што е проблемот? Не разбирам.
- Па, како што рече, имаме по триесет и девет години.
- Па не реков секој ден да одиме во дискотеки.
- Туку?
- Па, еве да речеме, еднаш или два пати во месецот.
- Знаеш... Тоа и не ти е така лоша идеја.
- Што велиш?
- Јас сум за. Ама сопругите....
- А кој рече дека ќе одиме со сопругите?
- Молам? Мислиш сами да одиме?
- Секако. Можеме да им спомнеме на другарите на
Марин, а исто и Марин да го викнеме и да си помине-
ме лудо и незаборавно.
- Да, можеме тоа да го направиме.
- Да се потсетиме малку на старите добри времиња.
- Е да, старите добри времиња.
Го испија првото пиво. Потоа го викнаа келнерот кој
им го донесе второто пиво. Продолжија со пиење на
второто пиво.

Поглавје Тринаесетто
Татко и син

Марин сѐ уште спиеше. Го разбуди ѕвонењето на


мобилниот. Го погледна името на екранот откако не-
како ги отвори очите. Се изненади. Искра. Беше девет
часот во сабота наутро.
- Ало? - рече со сонлив глас.
- Здраво Марин. Како си?
- Добро сум. Ти?
- Еве. Навака - натака. Се надевам не те разбудив.
- Не е важно. Повели?
- Само сакав да знам кога ќе поминеш.
- Да поминам? Каде?
- САБОТА Е! БОЈАН ТЕ ЧЕКА! ЕДВАЈ ЧЕКА ДА СЕ
ВИДИТЕ!
Ова како да го освести и да го врати во стварноста.
- Сабота е? За саат време сум кај вас. Да се истуши-
рам. Ќе ти се јавам кога ќе тргнам. Ќе гледам најбрзо
што можам да стигнам. Ноќеска заглавив и сабајлево
едвај станав.
- Тоа е твоја работа. Знаеш дека не ме интересира.
- Во ред. Во ред. Ќе дојдам најбрзо што можам. Чао.
Го остави телефонот на „масичката“ и се фати за гла-
вата. Отиде до кујната. Личеше на ѓубре. Не знаеше
каде се наоѓа. Го отвори фрижидерот. Немаше нешто
многу. Но, имаше ладна вода. Го извлече шишето од
литар и половина. Го испи целото во рок од пет мину-
ти. Потоа влезе во бањата. Го пушти тушот да тече.
Млазот вода му се слеваше по телото. Му требаше ова
за да се расони. Или да се освести. Не знаеше каде се
наоѓа. Сѐ правеше механички.
Паркот беше преполн со луѓе. Беше убав и сончев
ден. Марин одеше со Искра под рака и уживаше во у-
бавината на денот. Беа во оние убави денови. Беа
среќни. Клупите беа зафатени. На една клупа седеше
некој млад пар кој покажуваше нежности во јавност.
Не беа ни свесни дека некој ги гледа. Беа премногу
внесени еден во друг. На клупата до неа беше едно
семејство со две мали дечиња. Мајката едвај се обиду-
ваше да ги смири. Викаше колку што ја држеше гла-
сот. Најверојатно ги прекоруваше своите деца. На
третата клупа седеше еден млад човек (веројатно во
неговите триесетти), а на десеттина метри од него же-
на која трчаше каде ќе стигне. Пред неа ѝ бегаа двете
мали дечиња. Таа беше избезумена. Марин и Искра
само набљудуваа.
- Ова ќе бидеш ти, за неколку години. - ѝ рече Марин
дискретно покажувајќи накај жената што трчаше.
- Така ли ќе изгледам?
- Не. Поубаво. И побрзо ќе трчаш.
- Хм. Море ти да не трчаш така?
- Јас? Зошто јас?
- Ќе направам од тебе домаќин.
- Навистина? Е, баш тоа би сакал да го видам.
Двајцата почнаа да се смеат. Не обрнаа внимание на
никого. Покрај нив помина дечко со златен ритривер,
женка. Ја шеташе во паркот. Не беше врзана. Се приб-
лижи до Марин. Почна да му се трие од нозете. Марин
се сепна.
- Извинете, - рече дечкото.
- Нема гајле. Куцо.
Кучето не даваше отпор. Дури и се месетеше да ја га-
ли. Дечкото се насмевна.
- Не е опасна. Само сака да си игра.
- Многу е слатко. Колкаво е? - праша Искра
- Сега треба да прави две години.
- Женка е, така? - праша и Марин додека уште го га-
леше кучето.
- Да, да. Женка е. Леа.
- Леа! - викна Марин.
Леа се исправи и го покри Марин. Ги испружи пред-
ните шепи да го гушка. Искра само што не заплака.
Беше трогната. Потоа Леа го бутна во тревата и почна
да го лиже. Заедно се бореа. Дечкото се обиде да ја
сопре, но Марин само се насмеа и почна да си игра со
неа. Искра слатко се изнасмеа.
- Леа! Леа, дојди ваму! Доста го гњавиш човекот!
Леа се тргна од Марин. Потоа се истресе. Марин му
крена рака на дечкото и тргнаа во друга насока.
- Сакаш да земеме вакво куче?
- Сакам.
- Само треба да се распрашаме за тоа колку чини, ус-
лови и слично.
- Е да. Можеби еден ден.
- Што ќе биде еден ден?
- Ќе живееме во куќа, ќе имаме четири деца, куче,
двор...
- Ммм... звучи убаво.
- Нели?
- Да.
Поодеа уште малку и потоа седнаа на една клупа.
- Морам да ти кажам нешто. - почна Искра со чуден
израз на лицето.
- Што тоа? - праша Марин. - Нешто лошо се случило?
- Не. Всушност, не знам. Можеби и не е така лошо.
- Кажи ми.
- Сега ме потсети со муабетот со куќата.
- Гледаше куќи?
- Не, но сонот полека почна да се остварува. Ни треба
куќа, куче...
- И деца. - додаде Марин. - Што се остварува?
- Јас сум весела. Едно дете помалку.
- Како тоа едно дете помалку? Сакаш три деца? Нема
проблем.
- Не. Сакам четири деца.
- Епа?
Искра само се насмевна очекувајќи нешто да каже. Но
изгледа не знаеше да чита меѓу редови.
- Знаеш да читаш меѓу редови?
- Тоа и не ми е баш најсилна страна.
- Се гледа.
- Како мислиш?
- Вака. Ајде попросто. Веќе месец дена ми доцни.
Трудна сум.
- Молам?
- Да. Ќе имаме дете.
Марин се здрви за момент. Не знаеше што да прави.
Потоа почна да скока од среќа. Ја фати за половина и
почна да ја врти.
- Ќе имаме бебе! Ќе имаме бебе!
Беше пресреќен. Немаше зборови со кои би ја опишал
таа среќа. Во очите имаше сјај. Не знаеше што да нап-
рави од возбуда. Бранови од среќа струеја по неговото
тело. Не го напуштаа.
Марин излезе од бањата видно расположен и освежен
како вчера да не беше ставил ни капка алкохол во ус-
та. Набрзина се облече, заклучи и излезе од станот. Ја
заклучи вратата. Беше среќен.
Возеше накај центарот на градот. Брзо стигна од згра-
дата каде што го чекаше Искра заедно со Бојан.
- Здраво Искра, - ѝ рече и се поздрави во образ со неа.
- Здраво, - одврати Искра.
- Како е?
Искра го погледна чудно.
- Демек тебе ти е грижа?
- Па, замисли, да. Грижа ми е. Тие работи беа пред
многу години.
- Кои работи?
- Не е важно. И онака нема фајде да се зборува за тоа.
- Што матиш?
- Јас? Ништо. Можеш ли некогаш да ми простиш?
- Не знам. Јас одамна ти простив и се помирив, ама
Бојан не ти прости.
- Не го мешај Бојан во ова.
- Аман, бе, пак ли ќе се карате?
- Не се караме. Само си правиме муабет. - рече Ма-
рин.
- Тато, да одиме. - рече Бојан.
- Секако сине.
- Убаво поминете си.
- Фала.
- Фала мамо.
- До кога да се вратиме? - праша Марин.
- Па до кај пет да бидете вратени затоа што треба да се
спремаме.
- Ќе одите на одмор?
- Не. Кај моите.
- Секако. Кај пет ќе го вратам.
- Во ред.
Денес после години и години, повторно не можеше да
одолее. Сѐ уште се возбудуваше на русата коса, вит-
ката става, кадриците до половината. Сѐ уште беше
привлечен од вратот, нејзината кожа мека како кади-
фе како и од сликата која ненападно гледаше. По кој-
знае кој пат мечтаеше за неа, да биде во нејзина прег-
ратка, да биде споен со неа. Да се едно. Силуетата
постојано го прогонуваше и му се појавуваше во пот-
свеста. Ноќе често ја сонуваше иако не сакаше да си
го признае тоа. Не можеше да и одолее и на храброс-
та, упорноста и пожртвуваноста, а од друга страна
верноста, наивноста, слепилото по него. Таа беше е-
динствената која знаеше како да го разоружа. Имаше
прекрасна насмевка и совршено бели заби. Блескаа.
Беа поминати десет години, но тоа само како допол-
нително да ја разубавило Искра. Тие сини продорни
очи беа негова слабост од првиот пат кога ја виде; таа
слабост никако не се надмина; сѐ уште се неговата
слабост. Во нив имаше некој посебен сјај. Сјај којшто
го заслепуваше. Не гледаше ништо друго кога таа бе-
ше во близина. Само нејзините линии. Нејзиното те-
ло. Во моментов сакаше да ја прегрне, да се исплаче.
Не знаеше веќе што да направи за да ја поправи греш-
ката. Можеби ова е една од оние грешки кои не можат
да се поправат. Изгледа дека сепак направи преголема
грешка. Се обидуваше да најде сили. Прво, се обиду-
ваше самиот да се разбере. Дури ни самиот не
можеше да си прости.
Цело време му провејуваше едно прашање :„Зошто? Е
зошто де? “ Не забележа во што е облечена затоа што
тоа веќе и не му беше важно. Таа него му беше убава
како ѝ да беше облечена. Секако, во склад со добриот
вкус. Имаше многу проживеано со неа. Ја имаше ви-
дено во најразлични состојби. Со шминка, без шмин-
ка, поспана, дотерана, во тренерки, во отмен фустан,
во минич, гола... Секако. Дури ѝ да беше облечена
најпровокативно што може (а не беше), тој ќе најдеше
причина да ја оправда и да му се допадне. Дури ѝ да
беше со ролка до врат, во фармерки и со мрсна коса,
пак нешто ќе му се допаднеше кај неа. Имаше нешто
во сето тоа. Но, не беа сами, па не можеа на раат да
разговараат. А сакаше да зборува со неа.
Сакаше да ѝ каже многу работи. Сакаше да расчистат
за некои нешта. Но, тоа беше невзоможно. Сакаше да
биде поинаку. Но, едноставно не можеше. Сега беше
сигурен во тоа што сакаше да го направи. Мора да
раскине со Ана. И да проба да се смири со Искра. И да
не успее, секако треба да раскине со Ана. Тоа беше за-
клучокот до кој дојде.
Бојан влезе во колата. Седна на предно седиште. Беше
пресреќен што ќе се види со татко му. Се гледаа секо-
ја сабота. Бојан едвај чекаше да дојде сабота. Во црти-
те многу личеше на него. Висок, на возраст од четири-
наесет години, со кратка црна коса. Облечен во фар-
мерки и лесна блуза. Врз него тексас јакната која мно-
гу ја сакаше. Сега беше деветто оделение. Се мислеа
каде да го запишуваат во средно. Меѓу местата каде
што се двоумеа беше и Средното Медицинско учи-
лиште. Ѓорги Димитров, Орце Николов, Васил Антев-
ски Дрен, Арсение Јовков, беа само дел од средните
каде што сакаа да го запишат. Беа во период кога
собираа брошури за да видат кое средно што нуди.
Но, сѐ уште беше рано за тоа.
- Каде сакаш да одиме, шампионе?
- Не знам. Каде сакаш ти?
- На Водно. На Матка? Каде сакаш?
- Може Матка. Не сме биле таму. Бевме на Водно ми-
натиот пат.
- Бевме? Добро, тогаш ќе одиме на Матка.
- Супер!
Тргнаа. Немаше многу гужва. Таткото и синот тргнаа
да одат накај Матка. Возеа по улицата Теодосиј Го-
логанов. Немаше гужва.
- Како оди школото? - го праша Марин.
- Добро. Немавме испрашување оваа недела.
- Тоа е супер. Добро си поминал.
- Да. Ама затоа наредната недела...
- Што?
- Па, наредната недела ќе биде покољ.
- Како бе покољ?
- Имаме испрашување по речиси сѐ.
- Ќе фатиш ќе учиш. Ако ти треба нешто ќе ти помог-
нам.
- Фала.
- А со девојчињата како оди? Бркаш ли нешто?
- Има една. Ја бркам од поодамна.
- И, како оди на тоа поле? Ќе ја фатиш ли?
- На раб сум да ја фатам. Нешто ми глуми шмизла, ама
нема уште долго.
- Ајде, ајде. Мајка ти знае за неа?
- Па не сум ѝ спомнал. Глупаво ми е.
- Ја викна ли да излезете?
- Да. Само има еден проблем.
- Каков?
- Бубалица е.
- Бубалица? Што ти е тоа?
- Ни закажаа за наредната недела тестови и испрашу-
вања, а таа уште наредниот ден почна да учи. Сите ѝ
се петки. Нема четворка.
- Леле. Таа ептен бе тато, е бубалица.
- Не се дружи толку со нас. Преку недела не искача.
- А ти искачаш преку недела?
- Кога како. Со мама постојано се расправаме за тоа.
- Слушај ја мајка ти.
- Ама тато... Сите деца искачаат преку недела. Добро
освен бубалицата.
- Угледај се на неа.
- Ме заебаваш?
- Не бе. Добро де, не до толку на неа.
- Секако дека не.
- Не е сѐ во книгите. Треба да има и забава. Ќе изле-
зеш со другарите во маало или ќе одите негде со де-
војчиња. Има време за сѐ.
- Да. Сега играме мрежно игрици.
- Да. Какви игрици?
- Компјутерски.
- Аха. Дека јас кога бев поголем, имав некаде околу
дваесет години се играа стратегии. И тоа на големо.
Порано вриеше од интернет кафулиња. Сега гледам
се испозатвориле.
- Не си во тек. Сите имаат интернет дома. И да, и де-
нес се играат стратегии.
- Значи не се променило нешто многу.
- Веројатно не.
Збрувајќи така не ни забелажаа дека веќе беа стигнале
на Матка. Марин ја паркираше колата и двајцата изле-
гоа. Потоа почнаа да пешачат по улицата.
Имаше доста луѓе. Претежно луѓе кои дошле со
своите семејства и се шетаат овдека. Одеа заедно и
разговараа. И двајцата беа среќни. Ваквите средби беа
кратки, иако и двајцата блескаа од среќа. Со душа че-
каа да се видат. Можеби Марин и Искра не беа во нај-
добри односи (грешката беше на Марин и исклучиво
на Марин), но Марин си го сакаше својот син. Имаа
договор со Искра да го гледа еднаш неделно. Искра
знаеше дека Бојан сака да поминува време со татко му
(тој сѐ ѝ кажуваше и при тоа беше возбуден при секоја
средба сѐ повеќе), таа беше онаа која што настојуваше
да се сретнуваат. И покрај тоа што требаше да се срет-
не со него (а искрено не сакаше да се сретнува и гле-
даше да избегнува колку што може. Секап, раните сѐ
уште ја болеа) реши да помине преку тоа. На крајот на
краиштата, Бојан не е крив што тие имаат некои недо-
разбирања. Нема зошто него да го казнува. Никогаш
не му кажа лош збор за Марин. Беше воздржана во
врска со тоа прашање.
Бојан беше пресреќен. Ја гледаше реката. Се радува-
ше на планините и на природата. А најмногу од сѐ, се
радуваше на присуството на својот татко. Тој сакаше
(ако е можно) секој ден да се гелдаат. Секое дете би
сакало така.
Времето им се посреќи. После некое време шетање
седнаа во кафанчето. Нарачаа два сока од потокал.
Разговорот продолжи. Зборуваа, зборуваа, зборуваа...
Повеќе зборуваше Бојан, а Марин само го слушаше и
уживаше. Уживаше во неговиот глас, во миговите кои
беа искрено кажано, ретки, што ги поминуваат заедно
и во взаемната среќа. Најважна беше среќата на него-
виот син. А таа беше на секој чекор. Во секој атом од
телото на Бојан. Бојан испраќаше позитивни вибраци-
и. Марин со неговото присуство си ги полнеше бате-
риите. Не мислеше на ништо. Сега е само со својот
син. Малку му беше криво што Искра не е тука, но
свесен беше дека самиот е крив за тоа. Би било поуба-
во така, но и вака беше супер. Сепак, среќата на него-
вит син му беше поважна од сѐ.

Четиринаесетто Поглавје
Пиво и сок

Ана седеше во колата и сѐ уште се мислеше дали да


тргне накај центарот на градот. Требаше да заврши
некои работи, но како да не беше расположена за тоа.
Сепак се реши да отиде натака. Му се јави на Жарко и
со него договори кафе. Му рече дека ќе дојде за поло-
вина час, да се сретнат во „Ѕвезда“. Жарко ѝ потврди,
иако не му се одеше никаде. Но, бидејќи му рече дека
има нешто да му каже и дека треба да разговараат, се
согласи.
Ана ги завтвори очите. Вдиша длабоко. Потоа пак ги
отвори очите. Ова беше техника, која ѝ ја беше препо-
рачал доктор за ослободување од стрес. А сега беше
под стрес. Посетата на гробиштата си го правеа свое-
то. Се сети на Иван и на деновите поминати со него.
Се сети на ноќта кога сѐ беше готово. Ги раздели
некоја повисока сила. Не беше човечки фактор во пра-
шање. Најмногу ја болеше тоа што не можеше ништо
да стори. Не можеше да го врати. А сакаше. И течеа
солзи. Ги избриша махинално. Пак продолжија да те-
чат. Уште еднаш ја повтори постапката и пак ги из-
бриша созите. Потоа ја за запали колата. Гужвата бе-
ше изминала и брзо се пробиваше низ улиците.
Пристигна за кратко време на договореното место. Го
паркираше автомобилот на единствениот бесплатен
паркинг, под кафулето и потоа се качи по скалите.
Погледна кон масите. Жарко веќе седеше и ја чекаше.
Беше како зомби. Едвај гледаше. А сонцето (и она
малку сонце што го имаше) го дотепуваше. Изгледа-
ше премногу уморно. Главата едвај му стоеше врз ра-
мената. Погледна во часовникот. Беше нешто пред е-
динаесет часот. Малку рано за саботни кафиња, но тоа
е тоа. Излезе на исистирање на Ана. Пивото веќе го
чекаше на маса. Скопското беше ладно, баш по негов
мерак. Камен.
- Е, ова е ладно пиво, - рече и отпи една голтка.
Ана беше како изгубена. Со погледот го бараше Жар-
ко, но никако да го забележи. Ѕиркаше ваму таму за да
види каде се наоѓа.
„Можно ли е да задоцнил?“ - си помисли.
Жарко во тој момент ја крена главата. Ја виде Ана,
изгубена во времето и просторот, па ѝ крена рака.
Дури тогаш Ана го здогледа и тргна накај масата.
Беше на крајот на кафулето.
Иако беше рано за кафе во сабота наутро, сепак кафу-
лето беше преполно.
- Здраво, - рече Ана.
Жарко ѝ намигна место поздрав.
- Како си?
- Еве добра, ти?
- Еве и јас. Малку уморно, но тоа е тоа.
- Од вчера?
- Да, од вчера. Главата сѐ уште ми бучи.
- Жал ми е што те разбудив.
- Нема гајле.
- Јас сум од рано наутро станата. Бев на гробишта.
- Што така?
- Па со мајка ми и сестра ми. На гробот на татко ми
бевме.
- Ахам, разбирам.
- Да. Башка, мислам дека денес е задушница.
- Јас не сум запознаен со тоа.
- Во ред.
Во тој момент дојде ќелнерката и Ана нарача.
- Ќе излегуваш со либето?
- Не, не се слушнавме утрово. Можеби спие.
- Секако.
- Како оди меѓу вас?
- Па, добро е. Зошто?
- Онака прашувам. Пријателски.
- Да, да. Ти има нешто кажано?
- Не, ништо ми нема кажано.
- Во ред.
- Треба нешто да ми каже?
Во тој момент Мона го донесе сокот од потокал.
- Фала, - ѝ рече Ана и Мона се повлече. Ана отпи од
сокот.
- Не ми одговори на прашањето. Требал нешто да ми
каже?
- Не.
- А знае ли?
- Што дали знае?
- Па знаеш... Дека јас...
- Не зборувај за тоа. Некој ќе не чуе.
- Нема никој којшто го познавам.
- За секој случај.
- Во ред. Значи не знае?
- Не, не знае. И нема ни да знае.
- Во ред. Нема да знае.
- Се сомнева.
- Да? Зошто мислиш така? - отпи гоплтка од пивото.
- Затоа што чудно ме погледна кога му кажав дека сум
трудна пред некој ден. Во четвртокот, всушност.
- Поверува?
- Не знам. Но, не беше воодушевен.
- Може не бил спремен.
- Тој беше оној кој настојуваше на тоа да имаме дете.
Можеби сега е со Бојан. Сепак, сабота е.
- Не знам. Јас немам деца. Има една што тврди дека
сум татко, ама нема како да докаже. Уште не сме нап-
равиле ДНК анализа. Без таа анализа сѐ се сведува на
рекла - кажала.
- Ова е твое дете. Сигурна сум.
- Можно ли е да е на Марин?
- Не, не е на Марин. Трудна сум месец дена, а со Ма-
рин сме немале секс веќе два месеци, ако не и повеќе.
Последен пат беше...
- Не ме интересира кога било последен пат. Тоа е се-
пак ваша работа. Не би сакал да водам евиденција.
- Во право си.
- Зарем?
- Не знам што да правам.
- Раскини му и дојди со мене, ако веќе тврдиш дека е
мое детето. Ќе живееме заедно.
- Не знам дали ќе биде тоа добра идеја. Сепак сте дру-
гари. Ќе биде пребрзо. А и не можам да раскинам со
него.
- Зошто?
- Има повеќе причини.
- Кажи ми ги. Те слушам.
Додека Ана зборуваше тој полека си пиеше од пиво-
то.
- Прво, го сакам; второ ; потрошив десет години од
животот со него; трето немам причина да му раски-
нам. Како да му раскинам? Да му речам: „Ти раски-
нувам затоа што така ми текна?“
- Не. Секако дека не.
- Епа? Не знам како да ги срочам зборовите...
- Нешто во стилот: „се изгуби страста“, „не е тоа тоа“,
„не си ти крив, до мене е“ и некои слични фрази. За-
рем немаш гледано филмови?
- Зарем ова тебе ти личи на филм?
- Не.
- Тогаш зошто да употребувам излитени фрази и да
глумам лудило?
- Ти си таа која го изневери и тоа со мене. Не сум горд
на тоа. Носиш мое дете и сакам да го гледам како рас-
те. Ако е вистина, тогаш мислам дека е фер да бидам
до своето дете. Или не? Немаш намера да абортираш,
во ред. Ако го родиш детето и тоа е мое јас имам пра-
во на тоа дете.
- Секако дека имаш право.
- Значи? Не сакам друг да ми го одгледува детето.
- Кога одеднаш стана загрижен родител?
- Мое е детето или не е?
- Твое е.
- Во ред. Кога ќе се роди ќе направиме ДНК анализа.
- Во ред. Ќе направиме.
Ана се напи од сокот, па потоа продолжи:
- Само што сметам дека нема да има потреба.
- Зошто?
- Затоа што јас ќе го одгледам бебето. Ако не со
Марин, тогаш сама.
- Сама ќе гледаш дете што има татко?
- Да.
- Зошто?
- Затоа што така сметам дека е најдобро.
- Сметаш дека е најдобро да лишеш дете од жив роди-
тел. Луѓе се премажуваат за детето да има уште еден
родител, а ти сакаш и тој постоечкиот да го тргнеш од
неговиот живот.
- Да. Така сакам.
- Не разбирам.
- Тоа меѓу нас беше грешка.
- Во ред. Грешка која скапо ќе ја платиме.
- Веројатно.
- Грешка која има поинакви последици. Јас сум спре-
мен да го средам тоа.
- Што да средиш?
- Можеби грешката што ја направивме. Не е криво тоа
суштество.
- Секако дека не е криво.
- Па зошто да расте без татко?
- Сакаш да има татко по секоја цена?
- Мислиш дека нема да бидам добар татко?
- Не знам. Но, не на моето дете.
- Тоа е и мое дете!
- Не викај! Не сакам сите да слушаат.
- Секако. Тебе ти е дојдено до тоа кој ќе слушне!
- Да. Сакам да останам со Марин.
- Остани. Јас ќе му кажам на Марин за нас.
- Немој!
- Не се дери. Не се издржува ова веќе.
- Кое?
- Кријам од најдобриот другар дека сум спиел со де-
војка му и дека таа носи мое дете. Се правам како
ништо да не било.
- Ќе биде полошо ако му кажеш.
- Ми се закануваш?
- Не. Детето ќе расте без татко.
- Како тоа?
- Марин ќе ме откачи.
- И?
- Јас ќе останам сама.
- И сега јас треба да мислам на тоа?
- Не.
- Тогаш?
- Зошто си таков?
- Каков?
- Зошто си такво себично ѓубре?
- Јас сум бил себично ѓубре?
- Да.
- Молам? Јас кријам од пријател и му набивам рогови.
Всушнсот, да. Со самото то што кријам сум себично
ѓубре. Но, немам намера повеќе да бидам тоа.
- Нема да дознае никогаш.
- Сигурна ли си?
- Освен ако не ја отвориш устата.
- Јас немам мир, женска главо. Сакам утре да сум
чист. Ќе му кажам и ќе го молам за прошка.
- Мислиш дека ќе ти прости?
- Не ми е важно.
- Како така?
- Сакам пред себе да сум чист. Ова не е добро.
- Ти најде да зборуваш за морал?
- Да, јас. Јас барем се каам. Ти?
- Што јас?
- Ти воопшто не се каеш. Да имаш пак прилика, пак би
легнала со мене.
- Нема да легнам. Бев пијана.
- И јас бев надуван. И сега?
- Сега што?
- Треба да бараме изговори за тоа дека не сме биле
трезни?
- Не, ама знаеш...
- Јас не се каам што спиев со тебе, но се каам што не
му кажав на Марин веднаш откако се случи тоа.
- Зошто си слабак?
- Таков сум. Можеби и би му кажал дека те сакам и
дека ќе се повлечам, ако тој навистина те сака.
- Во ред. Кажи му. Оди.
- Секако дека ќе му кажам.
- Мене не ме добиваш. Никако.
- Добро. Тогаш слободно можам да се ослободам од
товарот.
- Да. Значи, сакам да раскинеме.
- Да раскинеме?
- Да. Не сакам да се гледаме повеќе.
- Во ред. Нема што да се раскинува. Не ни бевме во
врска. Два - три пати беше.
- Ко да не било.
- Ко да не било. Не е проблем.
Ана остави пари и изнервирано стана од маста. Отиде
накај автомобилот и си замина. Жарко остана да гледа
како Ана си заминува. Ништо нема да е исто. Жарко
беше свесен за тоа и не му беше сеедно. Само воздив-
на. Го допи остатокот од пивото и нарача второ.

Петнаесетто Поглавје
Солза

Солза седеше во дневната соба во нивниот стан. Пот-


сетуваше на типична дневна соба, со двосед и повеќе-
сед во г, мала масичка од стакло, комода на која има-
ше четириесет инчен телевизор и пристоен систем. Во
дневната покрај ова имаше и шкаф во кој имаше по-
лици и слики од Солза и Горан.
Солза седеше на повеќеседот потпрена во аголот. Бе-
ше среќна. Горан беше некаде излезен. Денес им беше
годишнина од бракот, па Солза размислуваше како да
го одбележат овој ден. Но, тоа ќе мора да го остави за
подоцна, затоа што мислите ѝ отидоа во друга насока.
Беше пресреќна. Го доби тоа што го посакуваше. Пос-
ле подолго време беше среќна. Иако ѝ се случија не-
кои работи кои не ѝ донесоа среќа, сепак среќата овој
пат тропна на нејзината врата. Реши да ги занемари
сите тие нешта и да ужива во овој ден. Можеби нема
да се повтори. Реши дека нема да дозволи да си го у-
ништи денот кога треба да биде најсреќна. Се поглед-
на во огледало пред да излезе. Чувствуваше трема. Се
насмевна. Потоа се облече како што сонуваше дека е-
ден ден ќе се облече. Впрочем, како и сите девојчиња
што сонуваат еден ден да се облечат така. Како прин-
цези.
Влезе во Соборниот Храм. Го стави велот на глава
како што е ред. Потоа почна полека да чекори. Еле-
гантно. Под рака ја носеше нејзиниот татко. Солза
чекореше кон олтарот исполнета со среќа и возбуда.
И нејзиниот татко беше среќен исто така. Ова беше
посебен ден за сите. Носеше бел свилен фустан кој се
влечеше по земјата. Дојде до олтарот каде што ја че-
каше Горан. Блескаше од среќа. Навистина беше
посебен ден за неа.
Се насмевна задоволно. Никогаш не се покаја затоа
што стапи во брак со Горан и покрај тоа што на поче-
токот беше прилично скептична за тоа. Беше повреде-
на, па беше и разбирливо што се однесуваше на тој
начин.
Повторно добри вести. Надежта се врати во нејзиниот
живот. Повторно се случи да биде во блажена состој-
ба. Беше пресреќна. Се појави надеж дека овој пат
работите ќе тргнат на добро. И тргнаа. Работите трг-
наа на добро. На нејзината среќа немаше крај. Седеше
дома и чекаше Горан да си дојде. Заѕвони некој во тој
миг. Солза ја отвори вратата. Горан беше. Целиот бе-
ше уморен и скиснат од работа. Со краток бакнеж се
поздравија и отидоа кон дневната. Уште тогаш днев-
ната го имаше истиот распоред. Горан забележа дека
Солза беше пресреќна. Му беше малку чудно. Не дека
не сакаше Солза да биде среќна, но овој пат беше еп-
тен исклештена, небаре немаат никаков проблем во
нивниот живот. Му пренесуваше позитивна енергија,
но нешто го копкаше. Сакаше да ја знае причината за
сето тоа.
- Денес изгледаш посебно среќна, - ѝ рече тогаш Го-
ран.
- Да?
- Да. Не знам која е причината, но баш ми е мило што
те гледам ваква.
- Работите конечно тргнаа на добро.
- Тргнаа некако. Не е сјајно, но барем имам некоја
работа.
- Не мислев на тоа. Но, да, тоа е супер.
- На што мислеше? Еве, ти си на пат да се вработиш,
јас сум имам работа, па потоа полека можеме да раз-
мислуваме за семејство.
- Да, да. Само што има една друга работа.
- Кажи?
- Нема да има потреба да размислуваме за семејство.
- Како тоа? Чекај, ме збунуваш. Не сакаш да имаме де-
ца?
- Секако дека сакам.
- Тогаш во што е работата? Не си ми јасна. Сѐ нешто
ми вртиш од околу. Кажи ми ако имаш нешто да ми
кажеш.
- Дојде ненадејно...
- Што дојде ненадејно?
- Ми доцни. Ќе станеш татко.
Лицето на Горан промени боја. Како во цртаните поч-
на да скока од среќа. Силно ја гушна Солза и не ја ис-
пушти од своите прегратки. Долго време ја гушкаше.
Не сакаше да се оддели од неа.
Времето си минуваше. Поминаа три месеци. Еден
ден, кога Горан се врати од работа, ја виде Солза за-
мислена.
- Како е мојата принцеза? - ја праша.
- Добро е, - рече со речиси затворена уста.
- Беше на доктор?
- Да, - рече едвај чујно. На раб беше да заплаче.
- И како помина на доктор?
- Не баш најдобро, - рече, а веќе солзите почна да те-
чат по нејзините образи.
- Што ти е? Зошто не сакаш да зборуваш со мене?
- Не е до тебе, - продолжи да зборува веќе нејасно за-
тоа што почна да липа.
- Добро, што е работата?
- Го изгубив детето! Немаме веќе дете! Сега во ред ли
е! - го покачи тонот на глаосот на особено на послед-
ната реченица која требаше да биде реторичко праша-
ње, но заради насобраниот бес стана извична речени-
ца. Потоа прсна во плач. Веќе ништо не ја запираше.
Плачеше гласно. Како нешто да пукна во неа.
- Дојди, дојди тука. - ѝ рече Горан и силно ја гушна. И
на него му потекоа солзи. Не му беше сеедно. Беше
пресреќен што ќе стане татко. Многу се радуваше на
таа помисла. Едноставно, го посакуваше тоа.
- Немој да плачеш солзо моја. Немој да ме правиш
уште потажен. Знам дека боли, но двајцата ќе го над-
минеме тоа. Ќе најдеме начин да се справиме со тоа.
Ѝ потека солзи.
- Навистина сакав да се роди ова дете, - рече ко за се-
бе.
Само ги избриша и пак продолжи да плови некаде. Се
сети на својата прва бременост. Сите беа пресреќни
тогаш. Прв пат остана трудна на дваесет години. То-
гаш не го знаеше Горан. Тогаш беше во врска со Гор-
дан. Тој ѝ беше колега од факултет, а подоцна и деч-
ко. Исто како и Марин и Искра, и Солза заврши еко-
номски факултет. Но, тогаш беше некаде на средина.
Имаше дваесет години кога прв пат и се случи да ѝ
доцни. За момент помисли дека е можеби од стрес за-
ради факултетот. Еден ден, му се јави на Гордан да се
сретнат. Седнаа во една слаткарница.
- Многу сакав да те видам, - прва го почна муабетот
Солза додека го лижеше сладоледот. Беше август и
времето беше прилично топло.
- Знам душо, но цело време сум растрчан. Не можам
да постигнам. Ова со факултетов, башка дома ме тера-
ат да работам, - почна да се правда Горан.
- Нема да ти одземам многу време, - рече Солза. -
Знам дека си зафатен и сето тоа, но имав нешто да ти
кажам.
- Те слушам, - рече Горан иако беше отсутен и размис-
луваше на сѐ само не на Солза. - Да не е нешто сериоз-
но? Ти се случило нешто?
- Не, не е сериозно. Всушност, би требало да биде уба-
ва вест.
- Хм, баш ме радува.
- Сакам да прекинам со студирање, - почна.
- Зошто? Тоа баш и не е убава вест.
- Нема да можам да постигнам.
- Јас ќе ти помагам.
- Не се работи за тоа.
- Туку?
- Девет месеци нема да можам книга да фатам.
- Зошто?
- Затоа што.. Не знам како да ти кажам... Ќе станам
мајка. Трудна сум.
Горан застана за миг. Не знаеше што да каже. На ли-
цето му се појави знак на загриженост, каење, разоча-
рување. Како да си велеше: „Уште ова ми фалеше. На
сите маки, уште ова ми фалеше“. Стоеше така како
здрвен и навидум исклучен од светот во кој се наоѓа-
ше. Бебето му се вртеше во глава. За миг помисли де-
ка ова е некаква игра на Солза за да го задржи. Рабо-
тите не им одеа баш најдобро. Гордан мислеше дека
Солаза ова му го прави намерно. Дека не е тудна и де-
ка го лаже за да остане со него. Но, таа мисла само му
пролета низ глава и веднаш ја отфрли. Знаеше дека
тоа нема никаква поврзаност со здравиот разум. Се-
пак, доволно добро ја познаваше Солза и знаеше дека
таа никогаш не би го направила тоа. Никогаш не би го
излажала дека е трудна, а тоа да не биде вистина. Све-
сен беше за тоа. Знаеше дека детето е негово. Тоа му
беше сосем јасно. Но, некако како да не беше спремен
да чува деца. Сепак и тој треба да придонесува за де-
цата. Не беше подготвен да работи за парите да ги
троши на пелени и храна за бебиња. Сакаше да ужива.
Немаше намера да се жени, а па да чува деца уште по-
малку. Му падна на памет да ѝ спомне да абортира, но
веднаш ја отфрли таа мисла. Му стана јасно колку мо-
же да ја навреди и повреди Солза, а исто така размис-
ли и за ризикот што може да го предизвика абортусот.
Сепак беше учен човек. Се разбираше од повеќе рабо-
ти.
Солза пак, од друга страна, го чекаше одговорот од
нејзиниот дечко. Овој пат беше оптимист дека ќе трг-
не на подобро. Си помисли дека ова можеби ќе ги
зближи и дека конечно ќе ги надминат работите.
- Честитам, баш ми е мило, - рече со рамен тон.
- Ти си таткото.
- Јасно ми е.
- Ама некако не си среќен?
- Да, да. Среќен сум, само ме фати затечен. Не го оче-
кував ова.
- Ни јас не го очекував.
Потоа почнаа подготовките за свадба. Решија дека
треба да се земат и да го израснат детето. Гордан се
помири со тоа дека ќе стане татко. Не му беше сеед-
но, но мораше да го прифати тоа. Немаше друг избор.
Работите малку се смирија. Солза се понадева дека ќе
тргне на подобро, но...
Подготовките за свадбата беа во тек кога Солза му
соопшти дека го изгубила детето. Гордан тоа го при-
ми со олеснување. Таа го отфрли бебето и веќе нема-
ше што да ги спојува. И пред тоа нешто не беше како
што треба, но кога остана трудна гледаа да бидат заед-
но и да се венчаат. Гордан почна да станува повнима-
телен кога дозна дека ќе биде татко. И двајцата почна-
а да се менуваат и да прават отстапки. Но, сето тоа се
смени откако Солза го изгуби детето. После тоа рас-
правиите им стааа сѐ почести и почести. На крај,
Солза реши да стави точка на оваа врска. Му раскина
на Гордан. Болно беше и за двајцата, особено за неа,
затоа што таа беше онаа која сакаше да успее врската
и која го сакаше Гордан. Но, работите не се секогаш
онакви какви што сакаме да бидат.
Се сети и на оваа болна епизода од нејзиниот живот.
Ни самата не знаеше зошто сето ова ѝ се случува баш
денес. Ја нападнаа сеќавања како рој пчели што си ја
бранат матицата. Пак ѝ потекоа солзи. Тоа беше не-
миновно.
Солза се наоѓа во болница во гинеколошкото одделе-
ние. Се слуша плач. Солза е изморена, но погледнува
во насоката од каде што доаѓа плачот. Среќна е. Роди
дете. Потоа уште едно. Но, и самите доктори беа изне-
надени кога од нејзиниот стомак излзезе и трето дете.
Всушност, сите беа изненадени. Во собата влезе Го-
ран целиот среќен што стана татко. Кога му ја сооп-
штија веста ќе се онесвестеше од среќа. Тоа беа убави
моменти за двајцата. После два абортуси, некако ра-
ботата тргна.
Солза се насмевна. Ова беа убави сеќавања за неа. Но,
повторно се сети на нешто не толку убаво. Се сети на
еден период кој сега е далеку зад неа и кој не беше ле-
сен за никој од нејзиното семејство.
Повторно помина низ пекол. Овој пекол траеше две
години. Неколку месеци беше во депресија. Нејзини-
те браќа ја преземаа грижата за нејзе. На почекот ѝ да-
доа време и мисле дека ќе помине, но со текот на вре-
мето состојбата сѐ повеќе се влошуваше. Беше по-
тиштена и раздразлива.
Беа на раб да се разведат со Горан. Повеќе на настоју-
вање на Солза, иако многу го сакаше. Нејзе ја погоди
тоа што по втор пат абортираше и почнаа да се јавува-
ат сомнежи дали ќе може да има деца. Не ни сакаше
да пробува повеќе. Наеднаш изгуби желба за интим-
ност. Не се чувствуваше пријатно кога имаше односи.
Сакаше да се исполни како мајка. Всушност, тоа беше
тежок дел од животот за сите. Гледаа да бидат што е
можно потрпеливи со Солза. Тешко ѝ беше да ја пре-
броди загубата. На сите им беше јасно.
Веќе работеше во сметководствената фирма. Тоа
почнуваше да влијае и на работата. И Дарко и Марин
беа тука да и пружат поддршка. Во меѓувреме се по-
роди Искра, па се породи и Кате. Солза тоа уште тол-
ку ја дотолчи. Нејзините браќа беа веќе во брак и че-
каа деца. И таа сакаше да има деца. По многу разгово-
ри со браќата, викања, караници, сепак, некако се из-
бегна разводот.
Еден ден дојде кај Марин во станот. Марин се изнена-
ди од нејзината посета. Искра ѝ свари кафе и ги оста-
ви да си прават муабет. Знаеше дека има некоја работа
која нејзе не ја засега.
- Марин, јас мислам дека е најдобро да се разведам од
Горан.
- Зошто? - параша Марин целиот изненаден. - Не ви
оди?
- Некако, не е тоа тоа.
- Што е работата?
- Не можам повеќе вака.
- Не разбирам.
- Горан не сака да се разведеме и прави сѐ да ме убеди
да останеме заедно, но јас не можам повеќе вака.
- Смири се. Ништо не ми кажуваш.
- Не можам да се погледнам во огледало.
- Што е работава?
- Два пати имав абортус! Може нема да можам да и-
мам деца.
- Да сме живи и здрави. Тоа нема да се случи. Ќе оди-
ме по доктори, ќе направиме сѐ што може да се напра-
ви... Не се откажувај толку лесно.
- Не, Марин, готово е.
- Да не си помислила за вакви глупости да се тргаш од
Горан. Нема смисла. Човекот те сака.
- Знам. Предобар е. И јас го сакам него. Ама не сакам
да го мачам.
- Какво мачење? Јави му се и кажи му да дојде. Или
не, јас ќе му се јавам. Сакам со него да зборувам.
Разговорот заврши и Марин реши дека треба нешто
да преземе. Еден ден тој отиде кај Солза на гости.
- Солза, сакам да разговараме.
- Те слушам, - рече Солза со рамен глас. - Што ќе ми
кажеш овој пат?
- Мислам дека е време да побараш помош, - го започ-
на Марин разговорот.
- Каква помош? Мислиш дека јас сум луда?
- Не. Не реков дека си луда, туку дека ти е тешко и де-
ка ти треба помош. Ние сме тука. И јас и Горан и сите.
- Вие не разбирате ништо!
- Смири се, Солза!
- Како да се смирам кога ме третирате како луда?
- Никој не те третира како луда. Само правиш некои
непромислени работи.
- Аман. А зошто ти толку си засегнат за мојит брак?
Да не го сакаш Горан, па јас сум ти само параван?
Марин занеме во истиот момент. Никогаш не ни по-
мисли дека може да слушне вакво нешто, особено не
од неговата сестра. Проба да се собере и да ѝ каже не-
што. Му требаше време, па затоа цела минута, а може-
би и повеќе, молчеше како риба. Ги бираше
зборовите.
- Не, јас не го сакам Горан на тој начин. Горан е добар
човек, а ти наскоро ќе станеш мајка. Интуицијата ми
го вели тоа. Само треба да се смириш и да продолжиш
понатаму. На сите ни е тешко тоа што се случи. Дури
и на Искра. Не знаеш како ѝ е на Искра. Кога ќе си
легнеме ја слушам како липа. Се правам дека не забе-
лежувам. Но, еднаш ја прашав: Искра што плачеш?
Не плачам, ми рече. Не, те слушам дека лишаш. Неш-
то не е во ред? Не, сѐ е во ред, само многу ми е жал за
Солза. Се надевам ќе успее да се избори со тоа. Сакам
да и пружам поддршка, како жена на жена, но не знам
како да пристапам. Не знам што да ѝ кажам. Јас го ро-
див Бојан. Некако криво ми паѓа. Бојан ќе нема брату-
чеди, продолжува да ми зборува. Но, тоа не е нај-
страшната работа. Работата е што добри луѓе се оби-
дуваат да станат родители и не им успева. Можеби
само сум премногу чувствителна од мајчинствово.
Веќе престанав да ја прашувам. И јас знам да пуштам
солза. Зборот ми е, - не си сама во ова. Имаш подршка
од нас за сѐ што ти треба.
- Фалиа ти Марин. Знам дека можам да сметам на вас.
- Може ли да зборуваш со Искра за ова? Можеби ќе
може да ти помогне. Сепак е жена. Јас колку и да се
трудам да те разберам, сум маж. Можеби тоа ќе ти
помогне некако.
- Може. Секако дека може. Само едно кажи ѝ, - се осе-
ти мекост во нејзиниот глас и почека малку како да
купуваше време или можеби бираше зборови - нека не
се грижи за мене. Благодарна сум за сѐ што мисли и за
тоа што сака да помогне, но не сакам да се чувствувам
одговорна ако нешто му се случи на Бојан заради ме-
не. Сепак, сега вие си имате семејство и посветете се
таму. Оставете ме мене, јас ќе најдам начин да го над-
минам ова.
- Солза, токму тоа ѝ го правевме. Ти дадовме време.
Прифати ја нашата помош. Нема да биде ништо
страшно. Ќе позборуваш со стручно лице и ќе ти даде
совети и помош која ти е потребна. Можеме да се убе-
дуваме до сто и едно и назад, но ајде да сториме неш-
то пред да биде предоцна. Размисли уште еднаш пред
да донесеш одлука во врска со Горан. Не брзај. Не фр-
лај во ветер сѐ што било убаво само заради една криза
моментална криза, која сигурен сум дека може да се
надмине.
- Ти не разбираш! Не разбираш како е кога ќе се раз-
будиш наутро и ќе ти стане јасно дека стомакот ти е
празен и дека немаш дете во него. Не знаеш како е да
се будиш со мисла дека си можел да имаш нешто, а
веќе го немаш. И немаш кого да обвиниш. Немаш ка-
ко да се утешиш. Не зависело од тебе! Не си ти крив!
Си сторил сѐ што било во твоја моќ и не си успеал. Си
потфрлил. Го изневерив Горан. Ги изневерив мама и
тато. Што е најстрашно, сама себе се изневерив. Теш-
ко е ова да се поднесе.
- Се обидувам Солза, се обидувам. Прифати ја помош-
та и сѐ ќе биде во ред.
Солза реши дека сепак ќе ја прифати помошта. Пове-
ќе за да му угоди на Марин и за да докаже дека не бил
во право. Одеше кај некој психотерапевт кој ѝ препи-
ша некакви апчиња. Тоа што на натера да прифати
беше Искра. Еднаш дојде кај нејзе дома и како жена
со жена (не како снаа и јатрва) почнаа да разговараат
за нештата што ја мачеа Солза. Искра внимателно ја
слушаше и се молеше оваа голгота да заврши. Некако
успеа да ја убеди да оди да побара помош. Дури многу
полесно од Марин. Од тогаш Искра и Солза се збли-
жија ептен. Станаа речиси другарки.
Солза почна да ги пие лекарствата. Почнаа полека да
делуваат. Советите од психијатарот не помогнаа. Ка-
ко да немаше што да ѝ каже. Марин најмногу притис-
каше за тоа Солза да не се разведе. На крајот некако
успеа. Лекарствата помогнаа. Тоа траеше со месеци.
После некое време Солза не виде никакво подобрува-
ње. Изгледа дека лековите си ја завршиле својата ра-
бота. Отиде кај брат ѝ на гости.
- Марин, денес донесов одлука!
- Каква?
- Прекинувам со лекарствата!
- Зошто?
- Веќе не ми се потребни!
- Како тоа не ти се потребни?
- Не ми помагаат!
- Да зборувам со докторот?
- Не, нема потреба да зборуваш со докторот.
- Зошто вака наеднаш?
- Мислам дека сум подготвена да застанам на свои но-
зе без да бидам зависна од било какви апчиња. Од
денес сѐ ќе биде поразлично.
Веќе на дваесет и пет години по трет пат затрудне. Ра-
ботите се вратија во колосек. Сите веќе беа изгубиле
надеж, но се молеа сега да успее. Поминаа три месеци
и отиде на контрола. Сѐ беше во ред. Сите се грижеа
за неа најдобро што можеа. Времето минуваше, а неа
стомакот ѝ растеше. На крајот се породи и на изне-
надување на сите роди тројка, по природен пат.
Поминаа дванаесет години од тогаш. Сѐ уште работи
во сметководствено биро заедно со Оливера. Се збли-
жија доста. И двете ги поврза истата мака. Има изле-
зено неколку пати на кафе со неа. Била и во друштво
на Ана. Ја знае прилично добро. Ана не знае дека му е
сестра на Марин. Впрочем Марин речиси никогаш не
зборуваше со Ана за своето семејство. Не ја запозна
со своите родители. Солза и не ја сака нешто премно-
гу Ана, но ништо не му беше кажала на Марин. Не са-
каше да му се меша во неговиот избор во животот.
Всушност, сите од друго место ја познаваа Ана. Неј-
зината ординација беше прилично позната. Кружеа
муабети дека и не е баш девојка за пример. Башка, Ис-
кра беше далеку подобра. Барем во очите на Солза.
Таа ги познаваше и двете. А тоа што Бојан беше роден
беше причина повеќе за да не ја засакуваат Ана. Мис-
леа дека Ана е крива што бракот на Марин се распад-
на. Сметаа дека Ана не би требало да му дава никакви
знаци и да го заведува. Што можеби до некаде и беа
во право. Но, Марин? Зарем Марин е детенце кое лес-
но може да се подведе? Ако е така, тогаш тоа е серио-
зен проблем. Така не мислеше само Солза, туку и
Дарко. Иначе, девојката беше супер. Ама под други
околности.
Солза се врати во стварноста. Веќе сѐ ѝ се измеша.
Пред очи како да ѝ помина целиот живот. И пак, тоа
на што сакаша да биде насочена беше далеку од нејзи-
ните мисли. Почна да размислува како да го изненади
Горан за нивната годишнина.
- Се сетив. Можам или да направам добар ручек или
пак, да го изнесам на раучек. Може да излеземе на ру-
чек. Одамна не сме излегле. Сега ќе го побарам да ви-
дам каде е и да му кажам кои се моите планови.
Поглавје Шестнаесетто
Добро е што ова заврши

Покрај кејот на реката Вардар во едно преполно кафу-


ле седеше Марија чекајќи го својот дечко Ратко кого
не го беше видела подолго време. Со погледот вперен
во другата страна на Вардар ( сега барем имаше што
да се види за разлика од пред неколку години) и мис-
лите некаде заталкани, ненадејно ја прекина гласот на
келнерот кој помина покрај нејзината маса:
- Повелете госпоѓице. Што да ве послужиме?
Марија се сврте кон дечкото. Млад дечко на возраст
од дваесеттина години, облечен во црни пантолони,
бела кошули и елек врз неа и тевтерче во рака дојде да
ја прими нарачката.
- Една минерална негазирана вода, ќе ве молам.
- Веднаш.
Марија гледаше како дечкото се одалечува. Ја привле-
че неговата љубезност и енергичност. Кратка коса,
среден и спремен за работа. Килограмите не му беа
проблем.
Ќелнерот веднаш ја донесе нарачката и ја послужи.
- Повелете. Пријатен ден.
- Благодарам.
Го отвори шишенцето и си сипа во чашата. Отпи една
голтка.
Потоа Марија повторно им се препушти на мислите.
Ратко требаше да дојде секој момент. Имаше да завр-
ши некоја работа.
Марија не се радуваше нешто особено на нивната
средба. Ни самата не знаеше зошто е тоа така. Тоа го
припишуваше на рутината, вадењето на розовите очи-
ла и стабилизирањето на нештата. Или пак само на
рутината. Не е дека не го сакаше, туку веќе не се воз-
будуваше толку како порано. Далеку од тоа дека не ѝ
беше убаво со него. Ги немаше оние почетни знаци на
возбуда и заљубеност. Ги помина што би се рекло о-
ние средношколски бубачки. Веќе врската им беше во
зрела фаза. Веќе телото како одамна да не лачеше до-
памин. Така се чувствуваше. Како да го немаше оној
„природен хероин“ што го примаше на почетокот од
врската. Немаше еуфорија. Немаше возбуда. Како ро-
бот. Но, сепак го сакаше. Дали? Го почитуваше, ѝ бе-
ше драг. Одмна се немаа видено. Одамна немаа поми-
нато попладне сосем сами. Одмна немаа водено љу-
бов. Можеби неколку месеци. Страста како да се на-
малуваше. Можеби веќе не си беа предизвик да се ос-
војуваат еден со друг. Веќе беа во онаа фаза на пред-
видливост кога едниот знаеше што другиот ќе напра-
ви и како ќе се однесува. Како претстава. Како кон-
церт. Нема инпровизации. Нема спонтаност. Нема из-
ненадувања. Си носеа подароци, но беше веќе видено.
Марија при секој подарок беше изненадена, повеќе
затоа што не го очекуваше тоа, отколку од самиот
подарок. Најчесто подарокот беше црвена роза. Поне-
когаш беше некој парфем. Таа вообичаено му купува-
ше парфеми и колекции за туширање. Понекогаш
знаеше да му подари часовник и навистина да го изне-
нади. Но, тоа ретко се случуваше. Како нешто да не
беше во ред со нив. Барем Марија почна така да чув-
ствува. Се повеќе во мисли ѝ се вртеше Оливер. Отка-
ко го запозна многу често мислеше на него. Го замис-
луваше во гакички за на плажа како седи покрај неа.
Како заедно шетаат по некоја песочна плажа. Како за-
едно пливаат во солената морска вода или во Охрид-
ско езеро. Повеќе сакаше со него да е на кафе, отколку
да го чека Ратко.
„ Нешто не е во ред. Јас повеќе мислам на Оливер
отколку на Ратко. Не знам зошто е ова вака. Може-
би е само привремено. Ама до сега не ми се случило
такво нешто. Јас сум овде затоа што се договорив
со Ратко. Јас не би сакала да сум овде. Или сакам?
Збунета сум. Одамна не сум се чувствувала така со
Ратко. Башка со работата се забрзаа некои работи.
Често патува и не го гледам. А нема некои планови за
понатаму. Морам да зборувам со него. Треба да рас-
чистам со себе. Готово е. Решена сум. Ќе му
раскинам. Па, што сака нека биде.“ - си мислеше
Марија не забележувајќи дека некој се приближува
накај нејзината маса.
Кон нејзината маса се приближи маж на возраст од
триесет и три години со просечна убавина, жолтени-
кава коса која почнуваше да опаѓа, сини очи и голем
бабурест нос. Просечна убавина. Но, не беше секогаш
таков. Облечен во костум и пантолони со актовката во
раката се приближуваше до нејзината маса пробивај-
ќи се низ масите и разминувајќи се со луѓето. Кафуле-
то беше преполно. Типично за сабота.
- Марија! - викна погласно затоа што таа не го слушна
кога и се обрати првиот пат. Беше занесена некаде да-
леку во мислите.
Марија се сепна за момент, се заврте и го виде.
- Ратко. Дојде.
- Извини што ме чекаше. Со работа, навака - натака.
- Знам, знам. Јас денес имам слободен ден.
- Супер. Баш ми е мило што те гледам.
- И мене.
Ратко седна спроти неа. Дојде ќелнерот и Ратко нара-
ча кафе. Келнерот веднаш го донесе и се повлече ос-
тавајќи ги да си муабетат.
- Баш сакав да те видам и да разговараме.
- И јас, - рече Марија.
- Имам нешто да ти кажам.
- Да? Да не те унапредија?
- Да. Како знаеше?
- Претпоставував. Толку труд, па мораше да се испла-
ти.
- Да, да. Но, тоа е второстепено.
- Како мислиш? Има и нешто друго?
- Па... да. Има. Ова... Јас... Не знам како да почнам.
- Некој е болен? Нешто лошо се случило?
- Се работи за нас.
Воздивна.
- Вака. Марија, ова нека биде нашето последно кафе.
- Молам?
- Не оди веќе вака. Те сакам, но на поинаков начин.
- Разбирам.
- Подобро ќе биде да бидеме пријатели.
- Веројатно.
- Многу размислував за ова. Сите моменти со тебе се
преубави и по добро те паметам и ќе те паметам, но...
Марија климаше со главата во знак на согласност.
-... не е тоа тоа.
- Да. Се надевам дека не се лутиш.
- Не, не се лутам. Само нека не биде класично раски-
нување.
- Како мислиш?
- Да си дадеме време.
- Мислиш ќе има фајде?
- Би требало. Вака. Да се сретнеме наредната недела
или за неколку дена и да донесеме конечна одлука.
Тогаш ќе видиме што како.
- Во ред, ако така мислиш. Ќе ти смени нешто таа
одлука?
- Сакам да размислам. Тоа и јас сакав да ти го кажам.
- Ама, мислам дека нема место за размислување. Има
друга со која излегов на пијачка и со која почнуваат
искри.
- Да?
- Да. Но, во недоумица сум.
- Па затоа ти велам. За неколку дена. Еве, нека биде
вторник или среда. Па тогаш ќе бидеме на чсито и ќе
знаеме што како.
- Во ред. Не сакам да те повредам.
- Нема да ме повредиш. Нема да ми биде сеедно, но...
- Убава си. Ќе најдеш некого.
- Фала. Животот мора да продолжи. Не сакам да се
залажувам. И јас запознав некого. Но, само еднаш
излеговме на свирка. Вчера.
- Го познавам?
- Не знам. Се вика Оливер.
- Оливер? Не ми значи ништо.
- Другар е со дечкото на сестра ми. Не знам ништо
повеќе.
- Во ред. Знам еден Оливер што работи во банка.
- Можно е овој да работи, ама не сум сигурна.
- Како изгледа?
- Симпатичен, крупен.
- Дебел?
- Па, да. Така би се рекло. Дебел. И повлечен.
- Го знам. Колега ми е.
- Жал ми е.
- Нека не ти биде. Добар дечко е.
- Па, да.
- Ти посакувам среќа со него.
- Фала.
- Изгледа дека работите се јасни. Нека остане ова
убаво сеќавање.
- Сеќавање кое траеше десет години.
- Да, така некако. Десет години.
- Времето си лета.
- И премногу брзо некако.
- Спомени. Може ќе ми биде тешко на почетокот...
- Навика сме. Знам. И мене.
- Да, да. Ти посакувам успех.
- Фала.
- И на деловен и на приватен план.
- Фала, фала. Сакам по добро да те памтам.
- Секако. И јас ќе те памтам по добро.
- Пријатели? - ѝ подаде рака за да се ракуваат.
- Пријатели. - ја прифати раката.
- Тогаш може да си поседиме вака и да уживаме во
времето и да разговараме за сѐ околу нас.
- Може. Не ми смета.
Продолжија да разговараат како ништо да не било.
Како одамна да се пријатели и ова е само вообичаена
средба, а не раскинување. Разговараа за сѐ и сешто.
Од политика, до спорт, работа, за нивинте идни... Ги
озборуваа. Беа весели.
Раскинувањето добро помина. Какво олеснување. На
Марија ѝ падна камен од срцето. Прв пат да раскине и
да не се плаши дека ќе остане сама. Беше исполнета.
Ова беше чудно раскинување. Како во сон. Како да не
беше стварно. И да не излезе ништо со Оливер нема
зошто да жали што раскина со Ратко. Беше само пра-
шање на време. Таа беше свесна за тоа. И ослободена.
Барем Ратко го презема првиот чекор. Не мораше таа
да бара зборови и да гледа дали ќе го повреди. Сега сѐ
беше јасно. Немаше потреба за наредна средба. Барем
не со таква намена. Веќе се си кажаа што имаа да си
кажат.
Една приказна заврши, а Марија беше среќна заради
тоа. И ослободена од товарот кој што веројатно многу
долго го чувствуваше, но не беше спремна да си приз-
нае самата на себе. Конечно, сето тоа се реши.
Ја платија сметката и излегоа од кафулето. Тргнаа
накај центарот. Поминаа покрај оградите на плошта-
дот (на плоштадот се градеше некаква фонтана) и по-
тоа излегоа на пошироко кај споемникот на Цар Са-
моил. Тука се разделија. Ратко тргна лево, а Марија
продолжи право. За момент се сврте колку да се нас-
мевне и да заблеска од среќа. Издиша олеснително.
- Една грижа помалку, - си рече за себе. - Добро е што
ова заврши.

Поглавје Седумнаесетто
Оливер

Оливер во последен момент виде дека направил збрка


и дека денес не е на работа. Тој распоред што го гле-
даше бил за наредната недела.
Беше пладне. Оливер се уште спиеше. Денес не беше
на работа. Имаше слободен ден. Реши денот да го по-
мине во спиење. Не сакаше да се разбуди. Но, сонцето
сепак имаше поинакви планови... Ах, тоа лошо сонце.
Сѐ да расипе. Сега најде да блесне. Не можеше да по-
чека уште малку да посонува и да помечтае.
Неволно ги отвори очите. Се истегна и ги протри очи-
те потоа пак продолжи да лежи. Гледаше во таванот
со насмевка на усните и таа во мислите.
Одамна не беше спиел вака долго. Но, сега си дозволи
да се разгали. Немаше никакви обврски па затоа реши
да се излежува во кревет.
На наткасната до креветот наследство од неговите,
направена од дабово дрво, покрај будилникот беше
оставен мобилниот. Го зема во раце и погледна во мо-
билниот - да не случајно некој го побарал. Но, никој
не го беше побарал.
- Не е можно! Пладне е!
Потоа уште еднаш се истегна и погледна накај тава-
нот. Го заврте бројот на Марин. Сакаше да зборува со
него. Го стави на звучник.
Телефонот заѕвоне. Еднаш. Два пати. Трет пат.
Јави се, Марин. Јави се. Итно е.
- Ало? - се слушна од другата страна.
- Како е Марин?
- Еве, добро. Со Бојан на Матки. Ти?
- Јас станувам од спиење.
- Е не си нормален!
- Сонував убав сон. Не сакав да се разбудам.
- Кого сонуваше?
- Тајна. Ај, ќе те барам после за кафе. Уживај со Бојан,
па ќе се чуеме.
- Во ред.
- Добро, тогаш да не те држам, се слушаме подоцна.
Ја спушти слушалката. Излезе од сопчето.
Всушност и не беше сопче, но беше пренатрупано со
сѐ и сешто и затоа изгледаше како да е мало. Реши да
ја среди собата додека го чека Марин. Решително ста-
на и ги собра сите алишта што беа на столот спроти
креветот, нафрлани едно врз друго. Ги однесе во ба-
њата и ги фрли во корпата за перење.
Овој пат реши да го искористи орбитрекот откако пр-
во ќе го расчисти. И од таму ги собра алиштата и ги
однесе во корпата за перење. Потоа го намести кре-
ветот. Откако тоа беше готово реши да се качи на ор-
битрекот и да вежба. Ни самиот не знаеше зошто ја
доби таа потреба. Веројатно заради Марија. Возеше.
Го возеше орбитрекот како тоа да го прави секој ден.
И чудно, не чувствуваше напор. Но, имаше добар во-
дач. Марија го водеше на ова возење. Таа постојано
беше во неговите мисли. Ни за момент не излегува-
ше. Се замисли себе си со витко мускулесто тело, а до
него Марија како му се смешка и се восхитува на не-
говите мускули. Легнати на плажа, пред нив морето
чува стража. Сина површина до недоглед. Боите се
прелеваат, од модро сина, преку тиркизна до небесно
сина. Убавина.
Возеше дваесетина минути со истата слика пред себе
и насмевка на усните. Реши нешто да промени. Почна
од денес. Ова беше ненадејна промена која ќе му ста-
не навика понатаму. Здрава навика би се рекло. Отка-
ко извозе дваесет минути и целиот беше облеан во
пот, конечно стана од точакот. Потоа отиде до кујната
и се напи вода. Го отвори фрижидерот за да јаде. Виде
што има внатре и го фркна глава. Брзо го затвори фри-
жидерот. Отиде во бањата да се исчисти од потта и
неприајтната миризба. Се истушира за десетина ми-
нути и потоа пак отиде накај фрижидерот. Со крпа
околу појасот ја отвори вратата од фрижидерот. Пов-
торно погледна внатре. Со крајни напори најде риба
од конзерва и ја отвори. Почна да јаде. Во меѓувреме
успеа да пронајде две јајца. Додека ја јадеше рибата
ги стави јајцата во ѓезве да се варат. Реши да направи
промена. Рибата не му беше доволна, па зема и две јај-
ца за да го држат. Откако се најаде ( рибата и двете
јајца му беа доволно за да се засити) реши повторно
да го отвори фрижидероот. Потоа го испразни фрижи-
дерот со голема брзина. Пилешка салама, виршли,
кобасици, кока кола, пепси, останата фанта, струмка,
енергетски пијалок, останата аргета, чајна, кулен и
други видови салама, некакви чоколатца целите пре-
полни со шеќер ; сето тоа го стави во една ќеса и го
однесе пред врата. Ќе заврши во корпа за отпадоци.
Потоа си направи кафе без шеќер и си отиде кај него
во соба. Си го пиеше првото кафе, откако стана пов-
торно мечтаејќи за Марија.
Не му беше јасно тоа мечтаење по Марија. Дали беше
резултат на тоа што долго време беше без девојка, па
конечно виде девојка и сега почна да се опседнува и-
ли пак имаше нешто подлабоко? Ја замислуваше до
себе како заедно се греат во ладните ноќи, замислу-
ваше како водат љубов, а таа му го одзема здивот...
Задоволно си го пиеше своето утринско кафе на
пладне.
Делуваше како да е прва голема љувов, обично како
оние во срдено.

Поглавје Осумнаесетто
Горан

Горан беше излезен до град. Сакаше да се прошета


малку и да размисли за некои работи. Сакаше да раз-
гледа низ продавниците и да ѝ купи нешто на Солза.
Не заборави дека денес е нивната годишнина. Нико-
гаш не го забораваше тоа. Се сети на денот кога се зе-
маа. Тоа беше прекрасен ден за него. Поминаа години
од тогаш. Петнаесет години мислам дека неа. Помал-
ку или повеќе. Гледаше низ излозите и тоа го тераше
да плаче. Солзи му течеа како на мало дете. Ова беше
воедно најтешкиот ден за него. Не сакаше да биде та-
ка, но од година во година состојбата стануваше сѐ
потешка. И двајцата беа свесни за тоа, па речиси и да
не разговараа на таа тема.
Горан само што заврши средно. Се вработи во една
фабрика и почна да носи некоја пара дома. И тоа беше
нешто. Нему му беше доволно тоа. Земаше убава пла-
та за тоа време. Долго време работеше во фабриката.
Со години. Подоцна запиша факултет и го заврши.
Смерот за заштита на животна средина. Но, не успеа
да најде работа по струка. Продолжи да работи во ис-
тата фабрика додека студираше затоа што не најде не-
која подобра работа. Работеше таму, иако беше све-
сен дека работите одат на лошо и дека е прашање на
време кога ќе се случи најлошото. Во него сепак пос-
тоеше надеж дека сепак работите ќе се сменат на по-
добро.Но за жал работите не одат баш по тој терк.
Добро работеше фабриката, но по деведесеттите таа
пропадна и како технолошки вишок беше избркан. О-
на од што се плашеше, сепак се оствари. Тогаш сѐ уш-
те беше со средно.
Не се снајде никако. Подработуваше нешто, но тоа не
траеше долго. Не сакаа да го задржуваат. Тоа малку
им ја отежнуваше економската состојба. Свесни беа
за тоа и Солза и тој. Продаваше на пазар, но тоа не но-
сеше големи приходи. А и не беше редовно. Бараше
работа, но некако тешко се наоѓаше. Тоа тешко му па-
ѓаше. Знаеше да се обвинува себе си дека дозволил
жена да го издржува, но не можеше да го смени тој
факт. А се трудеше. Доставуваше документи на разни
места и цело време беше одбиван.
Солзи му потекоа кога се сети на неговата состојба.
Побара по џебовите и виде дека едвај има некои ситни
пари. Се откажа од таа идеја. Само се шлаеше и гле-
даше по излозите. Не сакаше ништо да смени. Сакаше
само овој миг да има пари да може да ѝ купи нешто на
својата женичка која безизмерно ја сакаше. Но, тоа
како да не беше возможно. Продолжи да ги влече но-
зете по подот. Немаше волја да оди. А од друга страна
пак, не сакаше да биде дома. Не сакаше да ја погледне
Солза во очи. Многу му беше криво тоа што не може-
ше ништо да ѝ обезбеди. Не можеше подарок да ѝ ку-
пи од свои пари. Барем овој ден да ја израдува. Но, та-
ка стојат работите. Тоа е болна тема која никој нема
сила да ја отвори.
Горан и не сакаше многу да се дружи со браќата на
Солза. Не дека беа во некои лоши односи, но не се
чувствуваше пријатно во нивно друштво. Тие и двај-
цата имаа работа, а тој немаше. Тие ѝ помагаа на Сол-
за. Ги почитуваше и гледаше да ги избегнува колку
што може. Одеа на слави, родендени и такви нешта,
но не му беше пријатно. Се чувствуваше виновен што
не можеше да најде работа. Се чувствуваше виновно
што дозволува жена му со помош на нејзиното семеј-
ство да го издржуваат. Солза беше свесна дека нешто
се случува и се обидуваше да разговара со него, но тој
секогаш наоѓаше некакви изговори како е уморен од
барање работа, како сака да си легне порано. И Марин
и Дарко беа свесни дека Горан ги одбегнува. Но, ниш-
то не ѝ рекоа на Солза. Дури, мислам дека и совршено
го разбираа. Да беа тие на негово место, сигурно би се
чувствувале, во најмала рака исто. Можеби и полошо.
Горан не беше таков тип на човек да седи и да не пра-
ви ништо. Кога веќе немаше работа, ги преземаше
„женските“ работи. Переше, пеглаше, го средуваше
домот. Обврските им беа поделени. Не беше дека цел
ден седи по дома и не прави ништо.
Виде дека не бива да се однесува како некое дете па
затоа почна нормало да оди. Излезе од трговскиот и
влезе во едно паркче во близина. Седна на една клупа
и почна да се сеќава.
Беше дома кога фиксниот телефон заѕвони.
- Ало? - рече Горан откако го крена телефонот.
- Горан?
- Да, јас сум. Повелете.
- Овде е Марин.
- Како си Марин? - рече учтиво, но расположението
нагло му се смени. Веќе го имаа отпуштено, но нема-
ше спомнато на никого. Не сакаше да ѝ каже (барем
не сега) за да не ја растажи дополнително.
- Добро е. Имаш ли малку време?
- Па, да. Повели.
- Сакам да разговараме за нешто. Може да се видиме?
- Секако. Претпоставувам не е за по телефон?
- Па, не е. За Солза се работи.
- Каде да се најдеме?
- Сам си да поминам?
- Да, сам сум.
По кратко време дојде Марин. Горан ја отвори врата-
та и го покани.
- Повели, - му рече Горан и заедно отидоа накај днев-
ната.
- Ти благодарам што одвои време за мене.
- Не е проблем.
- Во други случаи не би сакал да се мешам...
- Знаеш, работите меѓу мене и Солза не се сјајни.
Можно е да се разведуваме.
- Солза ми спомна такво нешто...
- Да?
- Да. Знам дека поминувате низ тежок период...
- Да. Ептен тежок. Башка...
- Можете ли да си дадете уште една шанса?
- Мислам дека нема да биде исто. Не се работи за љу-
бов. Јас и Солза се сакаме. Само јас не сакам да ја ма-
чам неа.
- Но, ни таа не сака да те мачи тебе. Знаеш, заради ова
со детево...
- Знам. Мислам дека тоа не е никаков проблем.
- Kaj Солза е голем проблем. Не знае дали ќе стане
мајка повторно. А сака да ти роди дете.
- Јасно. И јас сакам да имам деца со неа. Ама изгледа
сега не е момент. Можеби ова беше олеснување...
- Олеснување?! Како можеш да го кажеш тоа?
- Изгледа деке ти не си во тек со настаните?
- Не, веројатно не сум.
- Уште немам кажено на никого, освен ако не слушна-
ле...
- Да слушнат, што?
- Во фабриката каде работев...
- Што со таа фабрика?
- Добро.
- Масовно почна да отпушта. Јас сум еден од нив! Ме
отпуштија од работа! Веќе два дена сум дома. Излегу-
вам наутро и се шетам низ град. Не знам како да ѝ ка-
жам на Солза дека сум без работа. И онака е сложена
состојбата. Не знам со кои пари ќе ја прехранам.
Горан почна да плаче.
- Не ми е сеедно ова што се случува. Свесен сум дека
ѝ е потребна помош...
- Јас ќе ѝ помогнам. Само ти остани со неа.
- Не можам. Што ќе сум ѝ ваков бескорисен? Ќе поч-
нам да барам нова работа, ама тешко ќе иде.
- Јас ќе ви помагам. Исто и Дарко.
- Не би сакале да ви бидеме товар.
- Не сте ни товар. Сепак, Солза ни е сестра. Кога ќе
имате ќе ни вратите. Не е проблем тоа.
- Незгодно ми е. Како ќе ти се оддолжам тебе, а и на
Дарко кога уште не сум нашол работа? А шансите да
најдам се прилично тешки.
- Не се грижи за тоа. Да ѝ помогнеме на Солза. Нека
биде Солза добро, па работите една по една ќе се
решаваат.
- Нека биде добро Солза.
- Види, те молам дај сѐ од себе да останете заедно!
- Јас тоа го сакам, но не сакам да ја тревожам дека не-
мам работа!
- Ќе ѝ кажеш дека си на одмор или дека нешто ќе
смислиш... Во меѓувреме барај друга работа. Не знам
што да ти кажам друго.
- Ќе гледам тоа да се случи што е можно побрзо.
Потоа се сети на нешто друго. Сакаше да се сети на
нешто друго. Ова сакаше да го истера од својата гла-
ва. Токму тоа и го стори. Почна да се сеќава на убави
нешта. Беше излезен со Гордан и Солза. Тогаш прв
пат ја виде Солза. Почна да му се допаѓа, но тоа го по-
тиснуваше. Сепак беше девојка на негов другар. Како
што дојде така и помина. Потоа се сети на еден разго-
вор што го водеше со Гордан после некое време. Се-
деа пред зграда некаде во центарот на градот и пиеја
пиво.
- Знаеш брат, раскинав со Солза, - рече Гордан.
- Кога?
- Пред некој ден. Всушност, Солза ми раскина.
- Жал ми е брат.
- Не е страшно. Ќе ми помине. Мислам дека не бевме
еден за друг.
- Како тоа?
- Па така. Често се каравме.
- А свадбата?
- Нема да има свадба.
- Што се случи со тоа?
- Правевме свадба затоа што Солза беше трудна. Но,
го изгуби детето и тоа е тоа. Искрено, мене ми беше
олеснување.
- Како бе така?
- Не сум подготвен да станам татко.
- Не значи дека треба да се радуваш што детето не се
родило.
- Абе олабави се.
- Не си нормален.
- Да не сакаш да ти ја местам?
- Молам?
- Да, бе. Иди со неа, пробај си ја среќата. Добра е.
- Абе види сега... Да, згодна е. Ама туку така?
- Па, веќе нема ништо меѓу нас.
- Добро, нема ништо меѓу вас.
- Башка ќе ја држиш понастрана од мене.
- Ти додева?
- Не, не ми додева. Иако мислам дека е прашање на
време кога ќе сака да се смириме. А не сакам да поми-
нувам низ тоа. Вака, кога е со тебе, поинаку ќе биде.
Сакам да си ја пробам среќата на друго место.
Горан не знаеше што да каже. Остави Гордан да збо-
рува. Сепак, се договорија тројцата да излезат. Изле-
гоа. Си поминаа прекрасно. Горан виде дека има мно-
гу заеднички нешта со Солза. Продолжија да се гледа-
ат. Некако сѐ се случи спонтано. Потоа станаа дечко и
девојка. Сѐ ова се случуваше неколку месеци по рас-
кинувањето на Солза и Гордан. На почетокот на Го-
ран му беше чудно однесувањето на Гордан, но по-
доцна се испостави дека Гордан тоа го направил со
намера да се оддалечи од Солза. Сакал Солза да има
некого, за да може да се убеди дека веќе е готово, иако
Солза не даваше никакви знаци дека сака да се смири
со Гордан. Но, Гордан веројатно ја немаше преболено
Солза. Не знаеше како да излезе на крај со тоа чувство
па мислеше дека ова е наједноставниот начим. Горан
и Гордан беа најдобри другари. Горан не се покаја
што продолжи да се гледа со Солза. Напротив, му бе-
ше благодарен на Гордан за идејата што му ја даде. На
Горан и на Солза ми се посреќи. Солза му беше прва
девојка на Горан, ако не се сметаат симпатиите и не-
колкуте неуспешни состаноци. Сите му зборуваа да
не се зима со Солза, но тој не ги послуша. Сепак се зе-
маа.
Се насмевна. Се врати во стварноста. Во тој миг му
заѕвони телефонот.
- Ало? - се јави.
- Каде си? - го праша Солза.
- Излезен сум. Ти требам?
- Па, да. Сакав заедно да седнеме на ручек некаде.
- Хм, тоа би било убаво. Само...
- Немој пак да почнуваш, те молам. Имаме пари за
ова.
- Во ред. Јас сум во центар.
- Доаѓам таму.
Ја спушти слушалката. Пак се натажи. Ја чекаше Сол-
за да дојде. Погледна пред себе и најде прилично го-
лема сума на пари. Шест илијди денари. Се насмевна.
Немаше никого во близина. Ги зема во истиот миг и
тргна до првата продавница. Сепак, ќе ја изненади
својата женичка.

Поглавје Деветнаесетто
Разговор

Жарко сѐ уште седеш во кафулето и се налеваше со


пиво. Пред него стоеше третото пиво кое беше речиси
испразнето. Го допи, а потоа ја викна Мона и нарача
четврто пиво. Мона го зема празното шише, преврте
со очите (ова Жарко не го забележа) и отиде по нарач-
ката. Денес му тргна карта, што се вели. Денот полека
си врвеше. Многу лесно му лизгаше Скопското.
- Скопско и сѐ е можно, - си рече за себе.
Се заглада накај паркингот. Погледот му застана накај
колата на Ана, иако таа одамна беше заминала. Не му
беше сеедно што нивниот разговор така заврши.
Иако не сакаше да си признае на себе, тој ја сакаше А-
на. Но, не само овој период месец дена колку што се
заедно, туку многу поодамна. Сигурно има година и-
ли две. Знаеше некогаш да мечтае за неа, но брзо ги
отфрлаше тие мисли. Мислеше дека нешто умот му се
беше поматил. Но, изгледа не било баш така.
Мона дојде со Скопското.
- Повели, - му рече.
- Фала, - ѝ возврати и се насмевна.
Почна да го пие и четвртото пиво. Потоа петтото,
шестото... Веќе престана да брои. Не беше ни важно.
Ја плати сметката и стана од кафулето. Се протна во
преминот и отиде од другата страна на зградата. Пре-
трча до најблиската трафика и купи уште две пива од
литар и половина и две пластични чашки. Потоа дојде
кај Марин пред зграда и седна на клупата. Го отвори
првото шише и почна да пие. Брзо ја испи чашката.
Потоа пак ја наполни. Оваа не ја пиеше толку брзо.
Беше некаде накај три или четири часот.
Од далеку доаѓаше кола, но Жарко не ѝ обрна никакво
внимание. Човекот што го управуваше возилото се
паркираше, па потоа се загледа. Го забележа и се при-
ближи до него. Кога дојде на многу мало растојание,
го позна.
- Марин! - викна. - Повели придружи ми се!
- Фала, ама на кратко сум. И онака ќе те барав. Сакав
да разговараме, ама во никакво стање си.
- Кажи. Те слушам. Испив само неколку пива.
- Јасно ми е.
- За што сакаш да разговараме?
- За Ана.
- Ана? Што со неа? Имате проблеми?
- Не. Изгледа ти ќе имаш проблем!
- Јас? Не разбирам.
- Добро бе, како можеше да спиеш со неа!?
- Јас... јас...Ама не, знаеш...
- Немој да се вадиш сега. Биди маж и кажи!
- Ама што да ти кажам?
- Знам сѐ. Ги видов пораките што сте ги пишувале на
Вибер!
- Молам?
- Да, да. Колку трае ова?
- Значи, Ана ти кажала?
Марин се исклучи на неколку минути. Ништо не збо-
руваше. Главата му беше преполна и прегреана. Сѐ му
се мешаше во неа. Ана. Искра. Бојан. Жарко. Сите. Го
намали гласот и се обидуваше да се смири. Знаеше де-
ке нема да постигне ништо ако се дере како ненорма-
лен. А беше лут. Гневен. Ако до сега бше во недоуми-
ца и рамислуваше дали да ѝ раскине, сега беше веќе
сигурен што треба и мора да направи. Но едно праша-
ње му се моташе по глава: Зошто баш да ја фати со
Жарко? Полесно ќе поднесеше со некој друг да ја фа-
теше. Со некој кого не го познава. Но, со Жарко? Не,
тоа не беше можно. Не сакаше да верува дека е така,
иако сите докази го кажуваа спротивното. Сакаше да
е само лош сон, но за жал тоа беше стварност. Ствар-
ност со која требаше да се соочи. Знаеше дека мора да
го направи ова. Бадијала избегнуваше. Мораше да
пресече. Веќе два дена знаеше за ова. Не му кажа во
првата прилика, затоа што не сакаше да си го уништи
денот, ниту пак да му ја уништи свирката. Сепак, има-
ше осет за тоа. Не беше крај на свет ако почека ден -
два. Да види дали Ана ќе има храброст да му каже
што направила. Дали Ана ќе ја направи истата грешка
како што ја направи тој? По се изгледа дека ја напра-
ви. Тој ја изневери Искра со Ана, а Ана го изневери
него со Жарко. Кармата е кучка. Сѐ се враќа, сѐ се
плаќа. Само времето оди во неповрат. Заминува. Ма-
рин очајно сакаше да го врати времето. Во последно
време се каеше за сите глупости што беше ѝ ги напра-
вил на Искра. Немаше многу. Всушност, сѐ беше по-
врзано со една работа и може да се каже дека е една
мега глупост. Ако не и повеќе. Прво, се сплетка со А-
на. Второ, немаше храброст да ѝ признае. Некако ед-
вај ѝ кажа. И тој молчеше долго време. Да беше само
еднаш, во ред - грешка било. Но, не беше така. Тој
продолжуваше да ја прави истата грешка, без притоа
да се кае. Продолжуваше да води двоен живот. Беше
прашање на време кога ќе се дознае за тоа. Многу бр-
зо Искра дозна за работите кои ги прави нејзиниот
маж. Сам се издаваше иако не беше свесен за тоа.
Се мислеше дали да го продолжи разговорот, но сепак
се реши да го продолжи. Воздивна. Вдиша длабоко.
Потоа издиша. Со посмирен тон продолжи:
- Не. Не ми кажа Ана. Всушност, да ми кажа.
Седна до него.
- Несвесно ми кажа. Кажа дека е трудна и тоа први ме-
сец, а ние два месеци може и повеќе немавме секс. То-
а е нешто сомнително, нели? Дури не ни паметам кога
последен пат имавме, затоа што тоа беше прилично о-
дамна. Ѝ утре ќе биде слободна. Можеше да почекаш.
Немаше ништо да се случи. Знаеше дека не ни е сјај-
но. Јас знаев дека има нешто, барем од твоја стана.
Всушнсот, се сомневав за тебе, но не ни помислував.
Мислев дека ќе остане на платонска љубов или сим-
патија.
- Но, јас ја сакам Ана. А тоа се случи несвесно.
- Како тоа несвесно?
- Така брат, дувавме... Барем јас дував...
- Зошто не ми кажа веднаш?
- Затоа што Ана ме замоли да не кажувам. Башка, не
знаев како да ти кажам. Знам дека немам оправдува-
ње, но пак да би имал можност, пак би го направил
истото. Не се каам, иако Ана не сака ништо со мене.
Наводно тебе те сака. Не сакаше да абортира. И тоа ѝ
спомнав.
- Да, да.
- Тогаш во ред. Толку од нашето пријателство.
- Заради неа ќе ми се лутиш мене?
- Човек, десет години одевме. Спиеше со неа. Се оби-
де да сокриеш.
- Со неа ќе останеш? Ќе и веруваш?
- Што да ѝ верувам?
- Ти го испрала мозокот. Триста глупости ти кажала.
- Грешка си. Таа не знае дека сме зборувале, ниту дека
јас знам. Можеби се сомнева. Не знам. Но, вечер сѐ ќе
расчистиме.
- Да? Епа нека ви е со среќа. Сѐ најдобро.
- Ми треба време да размислам. И не сакам да те
гледам периодов.
- Јасно. Јас ќе се повлечеам. Достоинствено.
- Добро. Нека остане на ова.
- Во ред.
- Имаш среќа не сум дете, па да те претепам тука. А
тоа и го заслужуваш пијаницо една!
- Јас пијаница? Сум се напил неколку пива.
- Неколку пива? Колку испи. Шест? Седум?
- Не знам. И веќе не е важно.
- Не е. Ми се гади од тебе. Сѐ каам што те познавам!
Потоа Марин стана и влезе во влезот. Жарко остана да
седи на клупата и да пие. Зборовите допираа до него,
но како да беа далечни. Го разбра нивното значење и
пораката која тие му ја беа пренеле. Му потекоа сол-
зи. Како да го подотрезнија зборовите на Марин. Или
пак, го потикнаа повеќе да пие. Веројатно ова второво
затоа што Жарко не мрдна од тоа што го правеше.
Повторно си ја наполни чашката. Веднаш ја испи. Ги
празнеше чашка по чашка. Ги пиеше речиси на екс, во
една голтка. Шишето полека почна да се празни. Пос-
ле околку половина час Марин се симна и не вртејќи
се продолжи право. Само со кракјот на окото го виде
Жарко кој беше оптегнат на клупата. Двете шишиња
беа празни. Продолжи по патот по кој обично одеше
на работа. Помина покрај зградата и продолжи да че-
кори. Помина низ мини - трговскиот и продолжи да
чекори. Го забрза чекорот за да не го чекаат. Го чека-
ше пријател со кого требаше да разговара за некоја ра-
бота. Не знаеше за што точно се работи.
Дојде во Ѕвезда Кафе. Таму веќе го чекаше човекот со
кого требаше да се сретне. Беше седнат и веќе беше
нарачал кафе. Марин со поглед го забележа и се упати
накај масата. Седна до него.
- Како е? - му подаде рака и се ракуваа.
- Добро е, - рече Оливер. - Сакав да разговараме, ако
имаш време секако.
- Па, да. Имам време. Повели.
- Па, поврзано е со Ана.
Марин преврте со очите.
- Што со неа?
- Имате некакви проблеми?
- Па, да. Ама, не е важно. Што направила?
- Ништо мене ми нема згрешено.
- Добро, добро.
Мона дојде да ја прими нарачката. Марин само пока-
жа кон чашата на Оливер и Мона разбра дека треба да
донесе уште едно кафе па се повелече и ги остави да
разговараат на мир.
- Вака сега, - почна Оливер. - Не се работи конкретно
за Ана, туку е поврзано со неа. Веројатно ти спомна-
ла. Одамна се знаете.
- Не знам што да ми спомне.
- Вака. Се работи за Марија, сестрата на Ана. Ја поз-
наваш?
- Од вчера што бевме заедно на свирка.
- Во ред.
- Ти требаше нешто?
- Да. Сакав да стапам во контакт со неа.
- Што така?
- Можеби затоа што е убава и ми се допаѓа?
- Аааа, тука лежи зајакот.
- Да. Сакам да си ја пробам среќата.
- Не знам ништо за тоа. Но, можам да зборувам со А-
на, па да ве споиме некако.
- Фала. Или дај и го мојот број на Ана, да ѝ го даде на
Марија, па ако сака нека ми се јави. Ништо друго не
можам да сторам. Тоа е тоа.
- Во ред, ќе и кажам на Ана. Се надевам ќе успеете.
- И јас.
- Марија изгледа како фина девојка.
- Па, да. Ама времето ќе покаже.
- Секако.
- Ја сонував брат. Се однесувам како средношлколец.
Не знам што е работава.
- Некој се има заљубено. - го задеваше.
- Не, не. Само привлечност. - почна да црвенее Оли-
вер. Изгледаше навистина смешно.
Марин се насмеа од срце. Ваквата состојба за момент
му ги тргна мислите од гневот и бесот што ги чувству-
ваше спрема Жарко и Ана. И каењето што направи го-
лема глупост. Но, немаше назад.
Продолжија шегите на сметка на Оливер и неговата
нова љубов. Поседоа уште некое време. Разговорот
продолжи. Правеа муабет за тоа што ќе прават вечер,
па Марин му спомна дека планира да излезе со Ана и
дека имаат доста работи да расчистат. Дека ова било
тежок ден за него и дека сака што побрзо да заврши и
сѐ да заборави. Не му спомна за Жарко. Не сакаше да
размислува на тоа. Доброто расположение сѐ уште го
држеше.

*
* *

Марин и Жарко одамна се познаваа. Уште од времето


кога Марин се досели тука. Жарко беше првиот со кој
се запозна во новата средина. Потоа дојдоа Виктор и
Оливер. Всушност, Марин во исто време се запозна и
со уште тројца други, но денес никој не знае каде се
тие. Одамна изгубија контакт. Им се разидоа патиш-
тата. Имаме гласини дека некои од нив умреле. Всуш-
ност, еден од нив умре ( тоа беше потврдено; дури и
му беа на погреб Марин и Жарко), а другите двајца
едноставно исчезнаа. Едниот едно време беше во зат-
вор, а другиот се пресели. Така, дружината се распад-
на. Секој по својот пат.
Џони имаше најтешка судбина. Отиде млад ( тогаш
кога умре имаше дваесет и две години) заради своите
глупости. Заглави. Не се освести на време или немаше
кој да го освести на време. Тонеше премногу длабоко.
Никој не знаеше како се вика. Сите го знаеја како Џо-
ни. Како да немаше име. Заедно седеа пред зграда
бутнати во паркчето на една скривница (денес уште
постои скривницата, а пред неа некакви дрвца засаде-
ни) уживајќи во благодетите на лулето на мирот. Беа
чести корисници. Особено Жарко, Џони, Суви и Сла-
би. Марин некако не се вклопуваше таму. Иако имаше
периоди кога успеа да се вклопи. Суви заврши во зат-
вор и тоа заради тоа што избодел некого (среќа дечко-
то преживеа па некако се испадна добро), имаше ус-
ловна казна заради ситни кражби, често учествуваше
во тепачки (малтен и да немаше тепачка во која не у-
чествувал) и тоа во тепачки со оружје ( обично со
шипки и ножеви се расправаше). Суви беше осуден на
петнаесет години затвор една или две години откако
се запознаа со Марин. Тој беше првиот што го напуш-
ти друштвото (иако принудно). Марин се обидуваше
да биде на страна од сите тие случувања, но некако
тешко одеше. Кога се фати со Искра работите се сме-
нија. Многу повеќе време поминуваше со неа и поле-
ка се оттргна од тоа друштво. Со себе го повлече Жар-
ко (свесно или несвесно). Нивното дружење траеше
две ли три години.
Втор кој ја напушти дружината беше Џони. Не дека
сакаше, туку сплет на околности го сторија тоа. Кру-
жеа муабети дека биле заедно излезени Џони и Слаби
и се качиле на кровот на зградата каде што живее Ма-
рин. Пушеле таму потпрени на еден ѕид. Се напушиле
и Џони решил да прошета. Како што шетал отишол по
ќерамидите и дошол до работ на кровот. Се лизнал од
кровот. Сплет на околности или судбина, никој не
може да знае. Паднал од деветти спрат.
Утредента Марин го виде телото. Глетката и не беше
баш пријатна. Целиот беше смачкан, облеан во крв со
отворена уста небаре имало борба со некој ѕвер. Веро-
јатно кога паѓал инстинктивно му се отворила устата
од страв. Како да сакал да побара помош, но било пре-
доцна. Предоцна. Имаше дваест и две години. Живо-
тот беше пред него. Го карактеризираа како несреќен
случај, иако имаше и сомневања дека можно е да е са-
моубиство, па дури и убиство. Најпогоден беше Сла-
би затоа што таа вечер бил со него. Едни го обвинуваа
дека го гледал неговото паѓање и дека ништо не нап-
равил. Други го обвинуваа дека тој го навел таму и го
бутнал. Трети, само го обвинуваа. Не беше битно за
што. Тоа многу го потресе и почна да забегува. Почна
да шмрка лепак. Потоа се пресели заедно со неговите.
Не знам во кој правец отидоа. Потоа слушнав дека за-
вршил во душевна болница. Прво во некој центар за
одвикнување, а потоа во душевна болница. Од тогаш
му се губи секаква трага. Штета за дечкото.
Не знам денес каде е. Веројатно се оправил и живее
некаде.
Искра имаше преголемо влијание врз Марин. Таа
некако несвесно го извлече од тоа друштво. Тој го
повлече Жарко и тоа благодарение на Искра. Жарко
се забавуваше со нејзина другарка, па повеќе време
поминуваше со неа и немаше време да се занимава со
луле на мирот. Иако знаеше понекогаш да направи, не
беше исто како тогаш. Марин целосно се откажа, но
не и Жарко.
Жарко повремено знаеше да испуши. Имаше периоди
кога почесто го правеше тоа. Па некое време беше
чист. Потоа пак ќе почнеше да прави. И така во круг.
Сега беше во фаза кога поинтензивно користи луле на
мирот. Ни самиот не знаеше зошто, но прилично чес-
то го правеше тоа.
Седеа сите собрани со круг. Започна Џони. Ја запали и
повлече. Потоа Слаби, па Суви. Потоа Жарко. На са-
миот крај, повлече Марин. Тоа беше прв пат да иску-
си такво нешто. Не му се допаѓаше баш најмногу.
Беше суво и смрдеше. Вдиша и издиша. Се загледа на-
кај небото. Потона. Почна да се опушта. Немаа довол-
но, па затоа кружеше.
На моменти му доаѓаа искри од минатото. Одблесоци.
Се сети кога прв пат дуваше заедно со Жарко. Кога си
отидоа по дома двајцата се клатеа. Не знаеја каде се
наоѓаат.
Само се насмевна во себе. Му доаѓаше наплив од се-
ќавања.
Беа седнати Марин, Жарко и Џони. Марин беше во
фаза на учење. Набљудуваше како се прават тие рабо-
ти. Жарко се беше обезбедил со ризли, но им фалеа
фасови. Зема една цигара од Џони. Всушност, послед-
ната. Бидејќи кутијата беше празна, картонот го иско-
ристи како фас. Го истресе половина тутун од цигара-
та, и го стави во ризлата. Остатокот од цигарата го
фрли. Беа збутани во темниците на истата скривница,
па ретко кој можеше да ги види. Тогаш не беше толку
осветлено, па ова им беше на некој начин предност.
Потоа додаде и од канабисот. Обично го мешаа со ту-
тун за да може постојано да гори и да не е толку јако
(да не го палат лат на секој дим). Потоа брзо го свитка
и „лулето“ беше подготвено за употреба. Двајцата го
испушија. Марин само набљудуваше. Гледаше како
гори и како чадот се движи кон небото.
Ни самиот не знаеше што му текна сега на ова. И зош-
то баш овие работи му поминаа низ глава. Тоа е одам-
на заборавена работа. Можеби заради сето она што се
случи со Ана и со Жарко. Сигурно е тоа, нема друго.
Повторно седеа тројцата. Овој пат во некој школски
двор. Мислам дека беше средното медицинско учи-
лиште. Не е важно. Повторно Жарко ги покажуваше
своите способности за виткање „луле на мирот“. Овој
пат Жарко извади цигари. Но, овие беа поинакви. Со
вкус на манго. Посебно ги зема, за да го убие мирисот
на канабис. Мирисаше на манго. Марин пак ги гледа-
ше додека се насладуваа.

*
* *

Оливер продолжуваше да зборува додека Марин за-


лута некаде во своите мисли. До сега беше исклучен и
се правеше дека го слуша. А Оливер беше премногу
возбуден за да забележи било што. Марин се врати во
стварноста. Престана да се сеќава на минатото. Се
обиде да се сосредоточи со она што го зборуваше О-
ливер. Му успеа. Среќа беа некои небитни нешта, па
не му требаше многу време да се вклопи во приказна-
та. После некое време побараа сметка и секој тргна во
своја насока.

Поглавје Дваесетто
Нина

Нина беше излезена во еден од трговските центри да


побара нешто по бутиците. Сакаше да купи нови
алишта за неа и за син ѝ Дејан, па отиде да разгледа
како се движат цените. И онака имаше навика да шета
секоја сабота по бутици затоа што имаше слободен
ден. Речиси никогаш не купуваше ништо, но секогаш
беше во тек со попустите и цените на гардеробата и на
храната. Тоа ѝ беше еден вид на издувен вентил после
напорната недела. Ова беше нов трговски центар, а
Нина до сега не беше добила шанса да прошета и да
разгледа.
И така додека се шаташе, почна да си размислува за
своето минато. Тоа никако не ја напушташе. Се сети
на својата прва љубов. Ко низ магла беше тоа сеќава-
ње. Всушност се сети на нивниот последен разговор
(или барем еден од oние штобеа последни) Се сети на
денот кога му ја соопшти за неа прекрасната вест. Му
рече дека ќе стане мајка. Беа во Гратскиот Трговски
Центар и се враќаа од факултет после предавање.
Љупчо ја допраќаше Нина до центар каде што треба-
ше да фати автобус за дома.
- Љупчо, треба да ти кажам нешто.
- Те слушам.
- Веќе некое време ми доцни. Ќе станеш татко.
- Молам?
- Да. Трудна сум.
- Ова нешто ме лажеш?
- Не, не те лажам. Трудна сум.
- Абортирај.
- Што ти е бре тебе?
- Јас нема да се женам со тебе.
- Не го побарав тоа!
- Тогаш што побара? - ја фати под рамениците и ја
растресе. - Мислиш дека ќе го признаам детето?
- Мислев дека треба да знаеш.
- Ете знам. И сега?
- Ништо.
- Знаеш дека не сакам обврски.
- Немаш никаква обврска. И онака е крај.
- Молам?
- Да.
- Добро, крај некка биде. Ќе ме бараш!
- После ова нема! - рече и почна да трча.
- Ама, Нина почекај!
Тргна по неа. Некако успеа да ја стигне.
- Што е? - го праша Нина.
- Чекај, размисли. Млади сме. Не сме спремни за ова
дете, нели? - почна да се лигави со цел да ја разубеди.
- Ако ти не си спремен, јас сум спремна!
- Ама што ќе правиш со факултеот?
- Ќе најдам чаре.
- Ќе си ја уништиш иднината.
- Да се стане мајка не значи и уништување на иднина-
та. Ќе терам паралелно.
- Ама те сакам.
- Тогаш во што е работата?
- Сѐ ми дојде некако наеднаш.
- Аха.
- Да. Знаеш, јас сакам да бидам со тебе.
- Јас ќе го родам ова дете, а ти што сакаш прави!
- Е, тогаш навистина е крај!
- Нека биде крај! Сега остави ме да си одам!
- Слободна си.
Од тогаш работите се сменија. Нина остана без Љуп-
чо. Меѓу нив работите и онака не беа сјајни, па решија
дека сакаат да ја прекинат врската. Се видоа уште ед-
наш или два пати после тоа, за да си потврдат дека тоа
е конечно. Љупчо не сакаше да биде крај, но мораше
да се помири. Всушност, тој не сакаше Нина него да
му раксинува. Тоа беше целата работа. Тоа беше чо-
век кој не сакаше обврски и неколку пати ја убедува-
ше да абортира. Сите обиди беа безуспешни.
Години поминаа. Нинна не го заборави целосно. Се-
пак, имаше дете од него. Го паметеше како еден што
го сакаше во младоста. Се случуваше и некогаш да му
го заборави името.
Застана за момент и се загледа во излогот. Ова е само
почеток на незјината приказна која е прилично тешка
за раскажување. Има син на возраст од деветнаесет
години. Само што запиша електо - технички факул-
тет. Таа не го послуша Љупчо и еве го денес Дејан,
деветнаесет години подоцна.
Се насмевна. Кон Љупчо имаше убави спомени, иако
врската им пропадна. Знаеше да биде фин и мил. Но,
сѐ тоа отиде во историјата.
- Можеби не требаше да се фаќам со Љупчо. Тоа беше
сосема погрешна тактика. Ама тогаш имав само двае-
сет години. Веројатно мислев дека така е најдобро. А
и сите списанија за врски и љубов даваа такви совети.
Башка, Љупчо се дружеше со Марин тогаш. Или ба-
рем мене така ми се чинеше. Ни самата не знам веќе.
Но, тоа е само минато. - си рече за себе и повторно по-
тона во сеќавањата, или во нејзината, на некој начин
удобна зона.
Две девојки седат на факултетското бифе и си прават
муабет. Таа беше првата личност што ја запозна кога
отиде на факултет. Еден ден после предавања седнаа
да се напијат кафе. Нина беше љубител на кафе. Исто
и Искра. Искра имаше малку слободно време па ја
прифати поканата.
- Добро е, за денсека заврши. Имаме цел ден пред нас,
- рече Нина.
- Мене денот тек сега ми почнува. Имам слободно са-
ат време и потоа сум на работа.
- На работа? Каде работиш?
- Во едно кафуле. Работам како келнерка. Ми требаа
пари па почнав да работам. Сега за сега е добро. Веќе
месец дена сум овде.
- Требало да ми кажеш. Ќе дојдев некогаш на кафе.
- Повели. Само не знам кога има помалку луѓе за да
можеме на раат да си правиме муабет.
- Да, да. Ќе се договориме некој ден. Каде се наоѓа ка-
фулето?
- Во Капиштец. Кај дом на печат.
- Аха, мислам дека знам. Во зградата?
- Да, да. Таа белата. Веднаш до кафанчето.
- Јасно, јасно. Сум била таму.
- Не сум те видела. Додуша, јас пред месец дена се
вработив...
- Одамна не сум отишла натака...
- Не знам дали ти кажував... Запознав едно момче.
Можеби не е за кажување, но ти си ми некако блиска,
па можам да ти кажам.
- Не се грижи. Си запознала момче. Па, тоа е убаво.
- Да. Седеше во кафулето каде што бев јас. Потоа ме
замоли да остане ако е можно, затоа што надвор врне-
ше. Бидејќи немаше никого остана во кафулето и поч-
на да си прави муабет со мене.
- И? Те покани да излезете?
- Не. Не знам како се вика. Не знам ни дали ми го кажа
името. Само ми спомна дека другарите го зезнале и
дека останал сам. Веројатно живее некаде во близина.
Убав дечко. Ама некако како да беше повлечен.
- Јас знам еден што живее во близина. Колега ни е од
факултет.
- Да?
- Да. Марин живее таму.
- Марин? Не ми е познато. Јас не обрнувам многу вни-
мание на колегите овде.
- Зошто бе така? Марин е добар дечко. Згоден е...
Искра само се насмевна.
- Ќе го бркаш ли Марин?
- Јас и Марин сме колеги и другари. Никогаш не сум
размислувала за тоа...
Излажа. Цело време мислеше на тоа. Се обидуваше да
му го привлече вниманието на Марин. Но, Марин бе-
ше некако изгубен.
Се насмевна кога се сети на овој разговор. Беше во
добри односи со Искра, иако се немаа видено долго
време.
Повторно потона некаде. Ова беше како карамбол.
Знаеше да ѝ се случува понекогаш, особено кога ќе
поминеше низ трговски центар. Обично се сеќаваше
за човекот кого го сакаше.
Човекот кого го сакаше... Но, денеска како да беше
посебен ден. Се сети на многу работи. Ни самата не
знаеше зошто.
Само што беше завршила средно и се запиша на еко-
номски факултет. Покрај Искра, го запозна и Марин.
Уште истиот миг нешто ја привлече кон Марин. Дали
беше тоа пријателство? Или пак нешто повеќе? Ни
самата не знаеше. Правеше сѐ што може за некако да
му се доближи на Марин, но тоа некако потешко оде-
ше. Еднаш излегоа заедно на кафе. Си поминаа прек-
расно.
- Тешко ми иде некако математика, - почна Нина.
- Знам. И мене. Јас ја немам учено оваа математика во
средно.
- Како тоа ја немаш учено?
- Оваа е гимназиска математика.
- Јасно.
- Јас завршив во економско училиште.
- Да, да. Јасно ми е. Сакаш ли да дојдеш кај мене дома
да решаваме заедно? Можеби нешто ќе излезе. Знаеш,
две глави повеќе мислат од една.
- Денес нема да можам. А добро би било. Може и
Љупчо да го викнеме да ни објасни. Тој знае матема-
тика прилично добро.
- Да, да. Тоа е добра идеја, - рече Нина иако не го мис-
леше тоа.
Работата не беше математиката, но изгледа Марин
дословно ја разбра. Таков си беше Марин. Не знаеше
да чита меѓу редови. Или можеби не беа на иста фрек-
фенција. Помина некое време. Со сила и труд, но и
малку среќа двајцата ја полжја таа математика. Се
сретнаа во дворот на факултетот.
- Како е Марин? - го праша Нина.
- Добро е, - возврати Марин. - Денес ми е среќен ден.
- Да? Баш ми е мило. И мене. Положив математика.
- И јас исто.
- Сакаш ли да прославиме? Да седнеме некаде на пи-
во? Мислам, дека заслуживме, што велиш?
- Може. Има едно кафуле кај мене во маало...
- Ајде. Ќе одиме таму.
- Не е многу скапо, а и добро е местото.
- Нема проблем. Ќе одиме.
Дојдоа до местото. Седнаа на масата која беше сло-
бодна. Дојде Искра да прими нарачка.
- Добар ден. Повелете, - рече а потоа убаво ги поглед-
на. - Нина. Како си?
- Добро. Еве да седнеме на пиво.
- Убаво, убаво.
- Здраво, - рече и Марин.
- За мене пиво, - рече Нина.
- И за мене пиво, - додаде Марин.
На Нина почнаа да ѝ стануваат јасни некои работи.
Малку беше бесна, но реши дека нема да си го униш-
ти денот. Ова беше посебен ден за неа. Денот кога по-
ложи математика. Се обидуваше да му се доближи на
Марин, но некако не и беа успешни плановите. Иако
реши да излезе со неа, сепак не беше тоа што го оче-
куваше. Веројатно ја гледаше како пријател.
Искра дојде со двете пива. Ги послужи и се тргна на
страна. Ги остави да си слават иако и таа имаше при-
чина да слави. Сепак беше на работно место и си се
држеше до тоа.
Марин и Нина славеа. Се напија по едно пиво. Нина и
не беше толку весела, но Марин не успеа да го забеле-
жи тоа. Беше заслепен од фактот дека положил мате-
матика. Нина пак, гледаше дека работите не одат на
добро.
- Извини Марин, морам до тоалет. Веднаш се враќам.
- Секако. Тука сум.
Нина тргна накај тоалетот. Влезе внатре и за кратко
излезе.
- Нина! - ја викна Искра.
Нина се сврте. Најмалку што сакаше е да прави муа-
бет со Искра, но реши да не го покажува тоа.
- Кажи?
- Имаш ли минута да разговараме?
- Секако.
- Сега видов со кого си седнала. Секако ќе ти кажев, а-
ко не денес тогаш во првата можна прилика.
- Што тоа?
- Тој што седи спроти тебе е дечкото за кој ти збору-
вав.
- Марин?
- Марин се вика?
- Да.
- Чекај, Марин... Оној Марин што живее тука некаде,
што го опиша како згоден или така нешто?
- Да, тој Марин.
- Жал ми е.
- За што ти е жал?
- Затоа што си во право. Згоден е. Заедно сте?
- Не, не сме заедно.
- Го сакаш?
- Какво фајде од сето тоа? Тој не ме гледа повеќе од
пријател.
- Жал ми е.
- Ако имаш некакви намери, слободно. Јас не можам
ништо да сторам. Секако дека нема да ми биде сеедно,
но тука е крајот. Ќе се повлечам и ќе оставам работите
да одат сами од себе.
- Јас реков дека е згоден. Тоа е точно. Јас нема да мрд-
нам со прст. Зависи од Марин. Ако тој покаже знаци
или почне да се додворува, голема е веројатноста дека
нема да можам да одолеам. Извини што волку директ-
но, дури и по малку безобразно ти кажувам, ама така
стојат работите. Јас не сакав да биде така. Извини
уште еднаш.
- Не си ти крива.
Потоа се врати таму каде што ја чекаше Марин.
- Се надевам не за задржав многу.
- Не, не. Од некаде ми е позната.
- Која? - праша Нина расеано.
- Девојкава што не служеше. Ко да сум ја видел нека-
де.
- Не знам. На факултет веројатно.
- Да?
- Да, со нас учи.
- Опаааа... Значи почесто ќе ја гледаме.
- Да, - рече Нина и веќе сѐ ѝ стана јасно.
Марин ја сака Искра, а и Искра исто така. Време е да
се повлече.
Беа добри другарки со Искра, но после тоа животот ги
однесе по други патишта. Едноставно требало да би-
де. Особено откако Искра се фати со Марин. Како што
рече, така и направи. Се повлече.
Беше петок. Завршија предавањата. Искра имаше сло-
боден ден. На скалите ја начека Нина.
- Нина, Нина! - ѝ довикна.
Нина се сврте.
- Искра! Како е?
- Добро. Да седнеме на кафе. Имам слободен ден. Ос-
вен ти ако немаш ништо планирано.
- Не, немам. Ајде.
Прифати. Знаеше дека нема да може вечно да бега од
тоа. Седнаа во бифето на факултетот како што тоа о-
бично го правеа.
- Одамна не сме седнале на кафе, - рече Искра. - Имам
чувство дека ме избегнуваш. Се надевам дека само си
замислувам.
- Не, не те избегнувам. Туку знаеш, испити, ова она...
почна да се правда Нина, иако и самата знаеше дека
голема е веројатноста Искра да не ѝ поверува.
- Како било. Од сега ќе гледаме да наоѓаме време една
за друга, - ѝ намигна откако го кажа ова. - Бива?
- Бива. Ќе гледаме да наоѓаме повеќе време една за
друга.
Знаеше дека Искра ја знае причината, но не можеше
на себе да си признае. Веројатно работите слегнаа, па
Нина малку се олади и не ѝ беше толку тешко за Ма-
рин. Ако не нешто друго, барем е во сигурни раце.
После ова кафе, пак си се вратија на старо. Веројатно
Нина се помири со тој факт, дека Марин ја сака Искра.
Го прифати фактот дека Марин ја сака Искра. Или
пак, бараше друг начин да му се доближи. Скоро отка-
ко го обновија пријателството со Искра (тие не беа
скарани само почнаа да излегуваат почесто заедно) се
фати со Љупчо, колега на економски и во тој момент
другар на Марин. Како што споменавме погоре, после
некое време врската пропадна, а таа мораше да се от-
каже од факултетот.
Го стави во мирување всушност. Причината беше тоа
што роди дете. Свесно ја направи таа жртва. Свесно
го роди детето и се повлече од факултетот.
Нина веројатно се измори гледање по излози и барање
работи. Бељата да биде поголема, не го најде тоа што
го бараше. Излезе од трговскиот и отиде на булеварот
да чека автобус. Релативно блиску беше до дома, но
не беше расположена да пешачи. Автобусот веднаш
дојде. Се качи во него и седна на првото слободно се-
диште. Автобусот беше полн. Нина го пополни пос-
ледното место некаде на средина на автобусот. Потоа
повторно се предаде на своите мисли. Почна да се се-
ќава што се случи со неа после ставање на факултетот
во мирување. А се случи доста богами.
Откако се повлече од факултет со Љупчо после тоа не
се видоа. Немаа волја ни двајцата да се гледаат, иако
на почетокот Љубчо навалуваше, но си остана на ста-
вот Нина да не го роди тоа дете. Затоа Нина не собра
сила да ја обнови врската, иако сакаше. На различнни
страни од градот, во различни насоки дуваше ветерот
за нив двајцата.
Само што беше раскинала со Љупчо и се надеваше де-
ка Марин ќе прекине со Искра.Тие двајца мажи беа
оние кои си сакаше во младоста. Но, тоа не се случи.
Тоа само ѝ ги отежнуваше работите. Љупчо го сакаше
и долго време се обидуваше да го преболи. Не беше
тоа едноставно и ѝ требаа можеби три - четири годи-
ни.
Не успеа да најде друг.
Никој не сакаше да ја земе со дете. Имаше неколку
обиди. Излезе со два - тројца и кога доаѓаше моментот
да се оди на повисоко ниво и да се направи нешто по-
сериозно, мажите некако исчезнуваа. Од некоја, за
нејзе нејасна и непозната причина наеднаш не ѝ се ја-
вуваа. Всушност, нејзе ѝ беше јасно дека не сака никој
да гледа туѓо дете и тоа со текот на годините и стана
најголем страв. Третиот обид беше среќен за неа. Ко-
нечно најде некој кој ја прифати како таква. Го призна
детето како свое и го носи неговото презиме. Живееја
среќно година дена. Толку траеше. Еден ден на буле-
варот Партизански Одреди додека поминувал улица
на пешачки премин, го собрала кола. Го фрлила на
тротоар. Од силината на ударот, со малиот дел од мо-
зокот удрил во работ на тротоарот. Кога го виде, це-
лиот полиен со крв, почна да плаче. Не ѝ се веруваше.
Го казнија сторителот, но тоа не ја намали нејзината
болка. Мислам дека строрителот доби голема казна.
Мислам дека беа десет години. Потоа сѐ се врати како
на почетокот, откако прекинаа со Љупчо. Потоа дозна
дека Љупчо заглавил во затвор и дека отслужува каз-
на. Тоа беше последното што го слушна за него. По-
тоа животот полека почна да се враќа во првобитната
состојба. Се помири со фактот дека сама ќе мора да го
одгледа синот. Тоа и го стори. Но, не беше баш лесно.
Мајка ѝ и помагаше додека можеше. Но, после тоа таа
умре. За среќа, Нина веќе се имаше снајдено и имаше
работа. Работеше како продавачка во супер маркет.
Земаше некаква плата и плус пензијата на мајка ѝ. Со
тие пари некако успеваше да покрие. Работеше таму
неколку години. Сега, работи во фитнес клуб. Работи
веќе десет години. Седум години работеше во супер
маркет и на крај ја избркаа. Две години беше без ра-
бота. Тоа беше најтешкиот период од животот. Но, де-
нес тоа е позади неа. Еве го, Дејан само што се запи-
шна на факултет. И тој нешто подработува. Работи во
трафика. Не е сјајно, но се борат. Нема друг начин.
Некако успеваат да се снајдат. Нина има уште еден
испит на факултет. Ги активираше повторно студии-
те. И остана уште еден испит и дипломската работа.
Има месец дена да го спреми. Од утре ќе почне да учи
посериозно.
Кога разбра дека Искра и Марин прекинале, за мо-
мент се изарадува иако ни самата не знаеше зошто. Па
поминаа години. Но, кога дозна дека е заедно со Ана,
само што не поврати. Никогаш не ѝ кажа ништо на А-
на. А Ана не размислуваше како неа. Беше водена од
срцето и од тоа што моментално го чувствуваше.
Мислеше дека Нина расчистила со Марин. И Нина го
мислеше истото. Но, изгледа дека сепак не било баш
така. Не сакаше да мисли на ова, но ете, несвесно
Марин ѝ помина низ мислите. Имаше убави спомени
со него. Беа колеги пред сѐ. Марин беше добар човек
и уште на почетокот ѝ кажа како стојат работите. Бе-
ше свесна дека битката е однапред изгубена.

Дваесет и прво Поглавје


Тетратката со дебели корици

Марин се враќаше накај дома. Во мислите му беше


Искра. Повторно. Не знаеше веќе по кој пат во овие
неколку дена мисли на неа. А чудно ; едно време не
мислеше на неа. Во последно врме почна сѐ почесто и
почесто да мисли на неа. Тоа дојде веднаш после еден
настан што се случи неодамна.
Беше некоја сабота. Мислам дека беше во окомври.
Стана од спиење и почна да ја средува собата. Го пра-
веше тоа од време на време. Креветот беше наместен,
па ги средуваше листовите што беа оставени на ра-
ботната маса. Листовите реши да ги стави во првата
фиока. По инерција ја отвори и ги стави листовите.
Но, додека ги ставаше забележа нешто што го привле-
че неговото внимание. Ги стави листовите на креве-
тот и погледна. Виде една испадната слика. Ја зема.
Потоа и една тетратка со дебели корици. И нив ги
стави на креветот. Потоа ги стави листовите и си сед-
на на креветот. Ја виде сликата. Ја гледаше неколку
минути. На неа тој и таа гушнати. Не паметеше кој ги
беше сликал. Ја сврте од другата страна. Од другата
страна беше напишано : „За сите убави мигови поми-
нати до сега и уште долго сеќавање.“ Под текстот на
долниот десен раб на сликата беше напишано 15. 07.
1996.
Се насмевна. Веднаш му се врати сеќавањето.
Беа на одмор во Охрид на неколку дена. Првиот заед-
нички одмор. Тоа беше посебен одмор и за двајцата.
Си поминаа прекрасно. Тоа беше на почетокот. Беа
лудо вљубени еден во друг. Само што ја беа ставиле
тетоважата. Беа сликани на една од плажите. Ги сли-
каше еден дечко со кого се запознаа. Едно време се
дружеа, но потоа изгубија контакт. Времето си го пра-
ви своето. Дечкото се понуди да ги слика. Два пати.
Сликите веднаш беа готови. Дечкото имаше поларо-
ид, па не беше тоа проблем. Во знак на благодарност,
го частеа пијачка. Така и станаа пријатели. Ја стави
сликата на полица и потоа ја отвори тетратката.
Тоа не беше било каква тетратка. Тоа беше нешто
како дневник или споменар. Таму си запишуваа муд-
ри мисли, љубови пораки или си ставаа слики еден од
друг. Претежно ставаа слики од нив двајцата.
Ја отвори тетратката. Беше празна. Ја сврте првата
страница. Слики од Искра. Под секоја слика имаше
напишано по некаков коментар или опис под сликата.
Под секоја слика имаше и датум. Сликите датираа од
1996 па до 2003. Оваа слика не беше ставена таму. На-
мерно. Се договорија да не ја ставаат таму, туку секој
за себе да си ја чува.
Имаше различни слики. Сликани на планина тој и Ис-
кра. Сликана само Искра, насмеана. Сликан само тој
(оваа слика е залепена од Искра, секако. И дајцата и-
маа пристап до тетратката и се потсетуваа од време на
време на неа.) Сликите беа наредени по години. Сѐ
што сметаа дека е вредно, го сликаа и го сместуваа та-
му. Тоа беше нивното тајно место. Нивното царство.
На Марин му потекоа солзи. Го фати носталгија за тоа
време. Одамна не беше погледнал во таа тетратка. Ни
самиот не знаеше зошто. Еден период не ставаа
слики. Дали им здосади или трендовите почнаа да се
менуваат. Како млади и немаа многу слики. Претежно
беа од Канео, плажите во Охрид, Плаошник, езерото...
на некои места каде што се движеа. Имаше и доста
слики сликани на Матка, на Водно, во Скопје по ка-
фулињата... Не беа некои кој знае какви слики, но нив
многу им значеа. Секоја слика имаше приказна. Спо-
мен.
На една слика особено се задржа. Искра само по прс-
лук и стомакот ѝ се познава. Се наежи.
Оваа слика посебно го трогна. Тоа беше непосредно
пред раѓањето на Бојан. Се сети на многу нешта по-
врзани со бременоста на Искра. Се сети дека беше
пресреќен заради тоа што ќе стане татко. Потоа виде
една слика која ептен го растажи. Куклата. Ја виде
куклата кловн што сѐ уште стои во неговата соба обе-
сена на ѕид. Не можеше да ги сопре солзите. Течеа
прилично долго. Виде слика од Искра со мало детенце
(тоа беше Бојан и беше прилично мило и слатко де-
тенце). Потоа повтроно слика од детенцето. Неколку
слики имаше од Бојан. На една од нив е малку пого-
лем и има три годинки. Мислам дека тие беа меѓу пос-
ледните.
Потоа ја запозна Ана, имаше афера со неа и после ед-
на година се разведе со Искра. Гаден дел од неговото
минато. Не сакаше да се потсеќа на тоа. Но, не беше
нешто што може да го занемари.
Го стисна дневникот за градите и заплака. Прво почна
да липа, па потоа малку погласно. Беше скршен од
болка. Го нападнаа сеќавања. Знаеше дека е крив, а не
можеше ништо да стори. Искра не би сакала сега да
му прозбори. Сепак поминаа десет години. Десет го-
дини. Многу нешта се случија за тие десет години
иако изгледа како релативно мал период. Зависи за
што.
Не можеше да си прости на себе. Не сакаше да си
прости за најголемата глупост што ја направи. Беше
виновен и беше свесен за тоа.
Се сети и на Ана. И што има со неа. Многу од работи-
те што ги имаше со Ана, не беа исти. И секако дека
нема да бидат. Сепак се две различни личности. Но,
тој сакаше да бидат исти. Во Ана ја бараше Искра. Ни
самиот не знаеше што го натера да се плетка со Ана.
Покрај Искра имаше сѐ. Но, веројатно тој не мислеше
така. Дали му здосади? Дали сакаше промена? Ова бе-
ше прашање на кое не успеа да најде одговр. Причина.
Која е причината?
Потоа пак ја отвори тетратката и почна да чита. Под
некои од сликите имаше интересни пораки. Не беа од
нив смислени, туку кажани од срце.
„Секогаш ќе те чекам каде и да си.“ - стоеше под една
слика на која беше сликан Марин. Веројатно беше во
Охрид. Сликата беше во некое кафуле.
Се насмевна и се разнежни. Потоа најде една слика
каде што е сликата Искра и прочита: „ За девојчето со
кое поминувам многу време и пак ми е малку.“ Искра
таму воопшто не беше девојче, но тој некогаш ја вика-
ше така. Додуша повеќе за да ја нервира, затоа што му
беше многу забавна кога се лути. Но, нејзе не ѝ трае-
ше долго лутината. Барем не за таквите коментари од
негова страна. Знаеше дека ја провоцира, па понеко-
гаш намерно се лутеше, за на крај слатко да се изнас-
меат и двајцата.
„Доаѓа витезот на бел коњ. Се моли дамата да поче-
ка.“ - се насмевна кога го прочита ова. Потоа, под
наредната слика беше напишано : „ Дамата сѐ уште
го чека својот витез на бел коњ? Каде е тој? Зошто
не доаѓа?“
Тоа беа две поврзани фотографии од еден од одмори-
те кога се условуваа како дама и витез на бел коњ. Та-
ка им текна во моментот. Но, веројатно одамна беа за-
боравиле на ова. Сигурно Искра не се ни сеќава. Зош-
то би се сеќавала на вакво нешто? Па деца беа тогаш.
Многу работи од тогаш се поинакви. Не може да оче-
кува дека Искра ќе се сеќава на такво нешто кога тој
не се ни сетил сите овие години. Ако тој не се сеќава,
зошто Искра би се сеќавала?
Тоа беше причината што во последно време мислеше
на Искра. А Ана? Ана беше ставена некаде во позади-
на. Како да е нешто од минатото. А не беше минато.
Беше сегашност. Сурова сегашност. Не знаеше што да
прави со неа. Ја сакаше, ама и не ја сакаше. Последни-
те неколку дена беше збунет. Особено откако се пот-
сети на некои нешта. Тетратката. Таа беше „главниот
виновник“ за сѐ. Да не ја најдеше, немаше ова да се
случи. Со Ана немаше такви спомени. Имаше некои
слики, нешто на друштвените мрежи и толку. Немаше
некои други предмети кои би го потсетувале на неа.
Иако, искрено, не сакаше да мисли на неа. Присилно
мислеше на неа. Мислеше како да заврши со тоа. Како
да ѝ раскине. Работите почнаа да се расчистуваат. По-
мина свирката, разговараше со Жарко, сега треба
уште да ѝ раскине на Ана. Но, како да го стори тоа?
Долго се мислеше како да го стори она што го имаше
наумено. Додека размислуваше стигна накај дома. Се
качи во лифтот, сѐ уште зафатен со своите мисли. Ме-
ханички ја отклучи вратата и влезе внатре. Ја затвори
вртатата и несвесно заклучи. Сѐ се вртеше околу тоа
како да ја откачи Ана. Овој пат беше повеќе од решен
да го стори тоа.
- Мора да постои начин, - си рече. - Треба да ја викнам
да зборуваме. Да, тоа ќе да е најдобриот начин. Да ја
викнам да зборуваме. Ова повеќе не може вака. Се из-
мачувам самиот себе.
Влезе во дневната и седна на троседот. Ги соблече
патиките и чорапите, ги однесе во ходникот и потоа
се оптегна на троседот. Ги крена нозете во вис и го зе-
ма далечинското. Почна да врти по каналите. Немаше
ништо. За момент заборави на Ана и на Искра.
Добро е, малку простор, - како да му се јави совеста.
Набрзо го исклучи телевизорот. Погледот му се насо-
чи кон часовникот на ѕидот како навика која често ја
практикуваше кога му беше здодевно. А сега му беше
здодевно. И тоа многу здодевно. Не знаеше зошто е
тоа така. Сепак денот му беше исполнет. Се сретна со
син му, си имаа поминато прекрасно претпладне. Се
виде со Искра и пак како да го почувствува она што го
чувствуваше одамна, уште од времето кога беа на фа-
култет. Не знаеше дека такво нешто пак ќе му се слу-
чи. Претходните пати, кога го земаше Бојан, гледаше
да ја гледа Искра во очи што е можно помалку. Чув-
ствуваше вина. Но, со тек на време како да се опушти
малку. Денеска, за прв пат, после подолго време ја
гледаше во очи за цело време додека зборуваа. Тоа бе-
ше напредок, но како работите да не беа до крај рас-
чистени. Како сѐ уште да имаше нешто меќу нив. Не-
кој мост што треба да се премине. Но, тешко беше.
Сепак, кој ќе го направи првиот чекор? Тоа е најтеш-
кото. Првиот чекор. Никој сѐ уште не беше подготвен
да го направи првиот чекор. Раните, иако навидум заз-
дравени, сѐ уште печеа. Печеа подмолно, без предуп-
редување. Времето како ништо да не може да стори.
Зобруваше со Жарко и некако ги расчисти работите
(колку што можеше де). Потоа зборуваше и со Оливер
и тоа за Марија. Само со Виктор денес се немаше ви-
дено. И со Ана. Но, со неа ќе се види кај и да е. Ќе се
види. Најмалу од сѐ сакаше да се гледа со неа. Но, мо-
раше тоа да го стори.
Часовникот покажуваше дека е веќе пет часот. Беше
свесен дека треба да стори нешто ако сака тоа да е
денес. Времето полека си одминува. Станувајќи све-
сен дека треба да стори нешто, го врати кон старите
мисли и барањето нови начини за да го спроведе она
што го имаше на ум. Сепак, мислите како да беа зап-
рени. Ништо не му паѓаше на памет. Бадијала. Се оби-
дуваше да мисли, но немаше мисли. Ги напрегаше
мозочните ќелии да смислат нешто, да се сетат на
нешто, но и тоа не вроди со плод. Ги затвори очите и
се обиде да медитира. Мислеше дека тоа ќе му помог-
не.

Дваесет и второ Поглавје


На колачиња кај баба

Бојан почна да се подготвува за ручекот. Не беа голе-


ми подготовки; требаше само да одбере што ќе обле-
че. Но и тоа беше проблем; го мрзеше. Беше оптегнат
на креветот кога мајка му долета и го извести дека
треба да почне да се спрема затоа што за кратко време
ќе тргнат. Неволно стана од креветот и во плакарот
почна да бара алишта; не знаеше што да облече. Дојде
Искра и недоумицата се реши за час. Веднаш му најде
што да облече.
Мајка како мајка, најдобро знае што му треба на
своето дете. Иначе, Бојан, постојано се потпираше на
советите на мајка му. Таа му беше пред сѐ пријател.
Особено за облека. Нешто како моден советник. Мај-
ка му му помагаше за изборот на облека и за начинот
на комбинирање на алиштата и на боите. Не дека Бо-
јан немаше изградено свој стил на облекување, но и-
маше пригоди кога требаше да се облече поотмено, е
тогаш мајка му стапуваше на сцена, а Бојан ги прима-
ше нејзините совети. Женско како женко има поизос-
трено око за такви работи ( со чесни исклучоци, рака
на срце).
Значи, Бојан и Искра се подготвија и излегоа од ста-
нот. Блиску беше станот на нејзините родители па за-
тоа решија да пешачат. Имаа десет или петнаесет ми-
нути за пешачење. Таман, како една фина прошетка.
Поминаа покрај зградата на Марин. На Искра почна
побрзо да ѝ чука срцето. Ни самата не знаеше зошто.
Бран на возбуда помина низ неа. Се обиде да го скрие
тоа. Некако успеа. Бојан беше пресреќен. Прво, затоа
што ќе оди кај баба му и веројатно ќе се види и со тет-
ка му, а второ затоа што беше во близина на татко му.
- Мамо, да му се јавима на тато дека сме во близина?
- Да не го вознемируваме, сигурно има работа.
- Не верувам. Сабота е.
- Ќе не чека баба ти.
- Ама само на кратко. Јас ќе му свртам.
- Ајде на кратко. Ама немој многу да се зазборуваш.
- Добро, добро.
Го зема телефонот, со сјај во очите и насмевка на ус-
ните.
- Фала мамо. Ти си најдобра мајка на светот.
- Во ред е. Чекај, ќе седнеме на клупава.
- Да, да, секако.
- Таман и малку да одморам.
- Да, да.
Не можеше со зборови да се опише среќата на Бојан.
Рацете му трепереа кога го вртеше бројот. Ѕвони.
- Ало? - рече Марин од другата страна.
- Здраво тато, јас сум.
- Еј, шампионе, како е?
- Добро. Со мама сме во близина, па да те слушнам.
- Шеткате некаде со мама?
- Да, ќе одиме кај баба.
- Супер. Да, да. Сега ми текна. Мајка ти ми спомна.
- Да, баба не викна на колачиња.
- Ммммм. Јади и за мене.
- Секако, ќе ги изедам сите.
Се насмеа.
- Поздрави ја мајка ти.
- И таа те поздравува тебе.
Искра само преврте со очите.
- Фала. - се слушна од другата страна.
- Јас сакав само да те слушнам, мора да одиме.
- Секако. Мило ми е што се јави.
- И мене. Чао.
- Чао.
Тргнаа кон влезот на згрдата. Искра живееше во голе-
мата зграда на единаестти спрат. Влегоа во лифтот.
Додека се возеше и се вратија спомените од младоста
(Искра се беше доселила овде заедно со нејзините ре-
чиси истиот период кога Марин се доселил со негови-
те. Всушност тогаш и се изгради зградата. Некаде ил-
јада деветстотини деведесет и петта). Со Марин често
си одеа на гости. Се насмевна на тој факт. Стигнаа до
станот. Искра заѕвони. Отвори госпоѓа Стана Попов-
ска. Живееше сама. Ѓорѓи Поповски, нејзиниот маж,
одамна не беше меѓу живите. Има можеби дваесет
години. Жена на возраст од шеесет и три години со
седа коса, збрчкано лице, мила насмевка и црни очи.
Висока, слаба и малку подгрбавена. Годините си го
правеа своето. Ја немаше онаа сила и еластичност
како порано.
- Влезете. Добредојдовте.
- Добро ве најдовме.
Влегоа внатре и Стана ги смести во дневната. Ги сед-
на на троседот и отиде до кујната. Телевизорот беше
вклучен и одеше некоја турска серија. Дневната не бе-
ше многу голема. Всушност беше малечка. Доволно
за да собере тросед и една фотеља. Постар телевизор
и креденци. Телевизорот вметнат во стариот креденец
кој не е пременет уште откако Искра памети за себе.
Тој креденец сигурно е постар од неа. Мала дрвена
масичка, доволно да собере тројца луѓе да јадат.
По кратко време Стана дојде со колачињата. Ги стави
на масичката.
- Повелете.
- Ммм. Најубавите колачиња.
Стана и Искра се насмевнаа. Стана одамна му ги пра-
веше на Бојан овие колачиња. И Искра многу ги сака-
ше. Всушност, не беа тоа класични колачиња, туку
беше алва. Меѓутоа не алва од таан, туку алва од гриз.
Со цимет одозгора. Изгледаа прекрасно. Потоа дојде
Ивана со Деа, нејзината ќерка. Деа беше на иста воз-
раст како ѝ Бојан.
Ивана изгледаше исто како Искра. Всушност ретко
кој ги препознваше, затоа што беа близначки. Се поз-
дравија со Искра и си направија муабет. Стана се по-
нуди да направи кафе, но Ивана одби тврдејќи дека е
на брзање. Потоа излезе и ја остави Деа кај баба ѝ.
Бојан отиде во другата соба да си игра со Деа. Стана и
сепак направи кафе за нив две.
- Повели, - ѝ рече.
- Мамо, не си требала.
- Ајде де, едно кафе.
- Во ред.
- Како си? Како оди работата?
- Добро е, гужва има. Се турка некако.
- Бојан како е со школото?
- Добар е.
- Со Марин се гледате ли?
- Мамо, - направи кисела фаца, - што ти текна?
- Ми фали зетот.
- Мамо, тоа е завршена приказна.
- Зарем?
- Да.
- А Бојан?
- Што Бојан?
- Знаеш што сакам да кажам.
- Се гледа со татко му еднаш неделно.
- Но, тоа е не е доволно Искра.
- Се слушаат често. Ете, баш прееска се видоа. Пред
да дојдеме му се јави да го слушне.
- Извештачено е Искра. Знаеш и сама.
- Свесна сум за тоа. Не треба да ми кажуваш. Но, што
да му објаснам на Бојан? Дека Марин има девојка?
- Има девојка?
- Да, колку што знам. Не сум го прашала.
Продолжија да си прават муабет. Стана виде дека тр-
пението на ќерка и е при крај па затоа ја смени темата.

Дваесет и трето Поглавје


Се мислам, се мислам...

Ана седеше во својата соба. Се сети на настаните што


ѝ се случија во текот на денот. Одењето на гробишта,
расправијата со Жарко. Потоа се врати дома и со мај-
ка ѝ правеа муабет за општи теми. Ѝ помагаше околу
ручекот, па потоа пак си отиде до соба. Ручаа сите три
заедно и потоа се повлекоа секоја на своја страна. Ма-
рија отиде во собата да одмори, Анче во дневната гле-
даше некоја синхронизирана турка серија (ги имаше
премногу, така што не знам кој како се викаше таа
која што играше), а Ана се повлече во својата соба. Си
седна на креветот и едноставно мислите почнаа да те-
чат како река. Се сети на својата бременост и на сооб-
раќајката. Повторно. Заплака. Тивко. Солзи и течеа по
образите. Се обидуваше да ги сопре, но не можеше.
Течеа. Со раката се фати за стомакот.
- Се надевам дека овој пат ќе биде подобро. - си рече.
Потоа се насмевна и продолжи: - Ти бебуле, ќе се ро-
диш. Ќе израснеш здраво. Да, да. Овој пат ќе биде.
Мора да биде. Нема како.
Имаше деветнаесет години. Иван беше пред неа. Беа
кај него дома. Се гледаа во очи. Имаше искри. Ана
беше како хипнотизирана. Не мрдаше. Се топеше од
погледот на Иван. Прв пат ѝ се случуваше такво неш-
то. Не знаеше како да постапи. Не знаеше што е тоа и
како да се справи со него. Страв од непознатото, уба-
вина на новото, возбуда дека нешто се прави за прв
пат. Измешани чувства.
Примеси на паника и постојано одѕвонување: „Како
ќе биде? Ќе ми биде убаво ли? Ќе згрешам ли? А што
ако не ги задоволам очекувањата?“ Тапа болка во
стомакот предизвикана од трема, возбуда и страв.
Здивот застанува.
Како сега? - помисли. - Што да правам?
Вдиша. Издиша. Уште еднаш го повтори овој циклус.
-Тоа е тоа, - си рече. - Сега и тука. Па што биде нека
биде.
А и Иван како да беше уплашен. Или можеби опиен.
Гледаше во Ана и не мрдаше. Беа во близина на про-
зорецот и од надвор месечевата светлината ги освет-
луваше. Двете силуети се приближија за неколку ми-
лиметри. Сега беа сосем блиску. Усните им се споија.
Се бакнаа. Ана почувствува врелина врз нејзиниот ла-
ден здив. Тоа ѝ годеше и уште повеќе ја возбуди. Исто
и на Иван. На него му се допаѓаше мразот од нејзинит
здив на неговата загреана кожа. Полека бакнежите ка-
ко да ја олабавуваа таа напнатост што постоеше меѓу
нив. Полека почнаа да се движат. Се допираа по це-
лото тело. Иван уживаше да го бакнува секој дел од
нејзиното тело. Усните, образите, слепоочниците...
Нежно ѝ ја грицкаше ушната школка, а тоа ја доведу-
ваше до лудило. Се струполија на кревето. Еден врз
друг. Се гледаа во очи и се истражуваа. Нејзините ра-
це беа претежно во неговата коса. Таа обожаваше да
му ја бушави. Неговите раце пак беа по нејзиниот грб,
а неговите усни на нејзините рамена. Нежно ги бакну-
ваше. Потоа се префрли накај вратот. Го бакнуваше
секој сантиметар од него. Дури и го шмукаше созда-
вајќи ѝ сливки. Како одамна да се познаваа и ова да го
беа правеле многу пати пред тоа. Напнатоста и трема-
та ги оставија некаде зад себе. Заборавија на сѐ околу
нив. Се препуштија на сетилата. Сите сетила работеа.
Се мешаа, вкусови, мириси, допири. Се слушаа звуци.
Се гледаа ѕвезди. Нешто божествено. По некое време
заспаа еден покрај друг.
Петнаесет години подоцна... Ана повторно е под ме-
сечевата светлина. Повторно се гледа со некого очи
во очи. Различно место. Различно време. Различна
личност. Всушност сега е на задно седиште во нејзи-
ниот автомобил. Веќе е во врска. Подолго време. Знае
дека не смее. Но, страста си го прави своето. А и не
трезвесноста. После неколку дима веќе не размислува
многу. Се препушта на допирите. Тие се огнени и ја
греат во есенската ноќ. Се двоуми за момент. Но, се-
пак се решава двоумењето да го остави за малку по-
доцна. Се решава да не мисли и да ужива. Всушност,
Марин никогаш и нема да дознае. Зошто да не си го
дозволи тоа? Башка и не е најтрезвена. Секогаш може
да најде изговор. Покрај димот, работат и пивата кои
пред тоа ги испи. Тоа уште повеќе ја опушта.
- Јас не би смеела...
- Шшшш... Сега сме тука. Утре кој знае што ќе биде.
Уживај. - и кажа со развлечен глас полузатворени
очи.
- Ама те молам... Јас имам дечко.
- На кого што му набиваш рогови со мене.
- Да. На некој начин.
Жарко само се насмевна и продолжи да ја допира.
- Почекај.
- Марин знае дека си овде?
- Не.
- Епа?
- Мисли дека сум на некој семинар.
- Семинар? Хммм...
- Па бев на семинар до пред некој ден. Всушност, вче-
ра се вратив.
Сака да продолжи да каже нешто, но Жарко ја спречу-
ва да каже. Ја бакнува страсно и веќе заборава што са-
кала да каже. Бакнежот трае долго време. И двајцата
не се тргаат. Како и двајцата да сакаат што повеќе да
трае. Потоа Ана како да се освестува.
- Доста е, - вели. - Доцна е, морам да тргнам.
- Ама...
- Ќе ја довршиме работата некој друг ден, - му намиг-
нува.
Жарко само ги крева рацете и излегува од нејзиниот
автомобил.
-Почекај, ќе те пренесам. - му вели.
- Блиску ми е од овде.
- Нема смисла да пешачиш. Ќе те однесам.
- Да не те види Марин.
- Нема. Ќе те оставам кај кафулето.
- Кое кафуле?
- Ѕвезда кафе. Така ли се викаше кафулето каде што се
собирате?
- Да. Ѕвезда кафе.
- Епа, ќе те оставам на паркингот.
- Може. Нема проблем.
Ана го однесе Жарко до кафулето и потоа си се врати
дома.
За момент ги избрка мислите од глава и се врати во
стварноста. Се насмевна.
- Што ми требаше ова со Жарко? Не дека не беше уба-
во, ама не беше само еднаш; во тоа е проблемот; јас не
го изневерував Марин само еднаш. Па тогаш што са-
кам? Јас сум си сама крива.
За момент се потсети на караницата со Жарко и за
драмата што ја направи.
- Можеби и не требаше така да постапам. Можеби
треба со Жарко да се фатам.
Не е лош дечко. Има сѐ што ми треба. Има страст,
младост и надеж. Сега не е нешто добро ситуиран, а-
ма... И јас сум за никаде. Џабе се залажувам со Марин.
Да, го сакам, но како тој да не ме сака мене. Тука е
Искра. И секогаш ќе биде. Башка - трудна сум. И тоа е
факт кој не може да се занемари.
Замолчи. Се задлабочи.
Иако знаеше дека не смее, пак отиде да се види со
него. Не смее. Не дека е некоја строга зборана, туку
повеќе од морално - верен карактер. Сепак во врска е
десет години. Еденаш што си дозволи излет, ете, се
простува. Сакала да проба нешто ново, била заведе-
на... Ама втор пат... Па и трет пат... Тоа е веќе со наме-
ра. Беше свесна какви намери има Жарко со неа и пак
отиде натаму. Вети. Вети дека ќе ја заврши работата
што претходниот пат ја започна. Но, зарем мора сите
ветувања да се исполнат? Сепак, некои ветувања се
даваат за да се откачи некого. Но, веројатно Ана не
мислеше баш така. И да биде иронијата поголема,
седнаа во истото кафуле каде што обично седеше
Жарко со другарите. Испија по две - три пива и тоа бе-
ше доволно. Потоа продолжија кај Жарко дома.
Е таму продолжи забавата. Местото беше малечко, но
доволно за нив двајца. Всушност, тоа беше гарсоњер-
че. Додуша не беше ни на Жарко. Некој негов другар
му го оставил на користење додека не е овде. И Жарко
го користеше. Ана овој пат не размислуваше за тоа
што ќе биде или што би можело да биде. Реши да ја
истера работата до крај, па затоа веднаш се препушти
и се фрли на работа. Страста завладеа. Немаше сом-
неж. Немаше двоумење. Имаше само топлина, пот,
испрекинато дишење, две силуети... Месечината не
беше сведок на нивната романса. Како да се криеше и
срамеше од прељубата што ја гледаше, па затоа оваа
ноќ реши да ја сврти главата и да не гледа. Откако за-
вршија, беше пресреќна. Се гушнаа и гледаа кон тава-
нот. Жарко запали цигара. Овој пат не беше располо-
жен за друго.
- Беше тоа прекрасна ноќ, - промрмори. - Не сум јас
крива кога треба да оди со други луѓе и да минува вре-
ме со Искра и со Бојан. Јас не сум крива што му беше
роденден на Бојан. Јас само си искористив.
Ана прв пат дуваше. Не знаеше ни самата што ѝ текна
на тоа. Сакаше да проба.
Жарко ја имаше покането, а таа прифати. Заедно дува-
а. Не одеше лошо. Брзо се навикна, иако одамна не бе-
ше пушела цигари. Беа сами. Марин ѝ откажа затоа
што беше преморен и сакаше да си легне, па Ана ре-
ши да излезе со неговото друштво. Но, од неговото
друштво, тука беше само Жарко. Требаше и Виктор и
Оливер да дојдат. Но, не дојдоа. После некое време не
беше важно. Ана испуши повеќе одошто требаше.
Чувствуваше еуфорија. Му предложи на Жарко да о-
дат во некоја дискотека. Тој како едвај да чекаше так-
во нешто. Отидоа заедно во една од дискотеките. И-
маше некаква журка. Се забавуваа. Ана не сметаше
дека е нешто лошо тоа што се забавува. Реши наред-
ниот ден да му каже на Марин дека била во дискотека
и дека убаво си поминала... Но, нешто ја премисли.
Додека траеше забавата, Ана отиде накај бањата. Не
ни забележа дека Жарко одел позади неа. Се најдоа
таму. Таа виде сјај во неговите очи. Не размислуваше
премногу. Го залапа. Иако Жарко се збуни, сепак не
се тргна. Страствен бакнеж кој траеше подолго време.
- Чекај, може да не видат, - рече Ана. - Да влеземе во
кабинкава.
Жарко се насмевна. Влегоа во кабинката. Беа многу
поопуштени од што треба па почнаа да покажуваат
страст. Ги немаше можеби половина час. Излегоа и
двајцата насмеани. Среќа никој не ги виде.
Нејзиното мрморење и размисли ги прекина телефон-
ски повик. Го зеде телефонот и погледна на екранот.
Марин.
- Јас за волкот, а волкот на телефон.

Дваесет и четврто Поглавје


Спремање за излегување

Марин ѝ се јави на Ана. И кажа за своите планови. Таа


речиси веднаш се согласи да одат на вечера. Барем не
требаше многу да прави муабет и да ја убедува.
„Добро е“, - си помисли, ова брзо ќе се заврши. - „Не-
ма да има потреба да чекам уште долго за да заврши
оваа приказна.“
Потоа отиде да се подготвува. Влезе под туш да се
освежи. Да се олади. Да ја олади вжештената глава од
денот кој веќе беше во заминување. Беше некаде око-
лу пет часок и триесет минути. Водата течеше по
неговото тело. Секој атом му беше напнат, но полека
почна да се опушта. Брзо се истушира и отиде со ба-
њарката во ходникот, пред огледалото. Таму сакаше
да поминува доста време гледајќи си го својот лик и
промените што беа настанале. Имаше промени. Ста-
рееше. Се налеваше со алкохол еден период. Но, сега
сето тоа е зад него. Реши да се освести и да поправи
тоа што може да се поправи. А тоа што не може, ќе ос-
тане скршено. Во главата си имаше зацртано некои
цели.
Отако ќе раскине со Ана, реши да стори сѐ што може
повторно да се доближи до Искра, да побара прочка
(ова ќе биде речиси невозможна задача) и да биде по-
блиску до Бојан. Со Бојан да поминува што повеќе
време, а не само еднаш неделно и повторно да си го
врати семејството. Убави замисли, но дали ќе можат
да се остварат?

*
* *

Ана ја прифати поканата за вечера од Марин, иако


нешто не беше особено возбудена околу тоа. Како да
имаше претчувство дека нешто може да тргне на ло-
шо. Сакаше да го извести Жарко. Му се јави, но не мо-
жеше да го добие. На мобилниот беше недостапен.
Потоа си седна на креветот и почна да размислува
што да облече и како да се подготви за вечер. Беше
сабота навечер, а неа ѝ беше баш гајле за тоа. Ја нема-
ше онаа возбуда што се јавуваше кога беше помлада.
Но, времињата се менуваат, нели?
Повторно го зема мобилниот и го побара бројот да ѝ
врти на Нина да седнат на кафе. Но, додека го бараше
бројот за да ѝ заѕвони, во собата влезе Марија.
- Ана? Имаш малку време?
- Кажи?
- Сакам да те прашам нешто.
- Секако. Само треба да се спремам.
- Ќе одиш некаде?
- Да, со Марин на вечера.
- Супер. Може да му спомнеш за Оливер да праша
некако да стапам во контакт со него?
- Секако, ќе му спомнам. Зошто да не?
- Фала многу.
- Ама ти имаш дечко колку што знам? Или не?
- Немам. Барем не повеќе.
- Молам? Кажи ми.
- Бевме на кафе сабајлево и решивме дека е најдобро
за двајцата да раскинеме и тоа е тоа. Секој ќе оди по
свој пат. Тој имал друга.
- Така ти рече тоа ѓубре?
- Да. Но, подобро е. Јас се двоумев. Сакав да му раски-
нам. Вака е подобро. И онака Оливер ми се врти низ
мислите.
- Во ред, ќе му спомнам на Марин за Оливер. Можеби
и Оливер покренал иницијатива. Веќе сѐ е можно. Да
му дадам ли твој број на Марин да му даде на Оливер
за да те побара?
- Да. Во ред е. Нема да биде проблем. Не верувам дека
е таков да ме заморува. Башка сакам да се дружиме,
нели?
- Да де да.
-Епа добро, да не ти сметам... Јас за тоа дојдов. Ајде
спремај се, па ќе праиме муабет утре.
- Важи, важи. Сакав и со Нина да се видам пред да о-
дам. Требаше нешто муабет да правиме. Баш неа ѝ вр-
тев, кога влезе ти.
- Секако. Разбирам. Важи, се гледаме.
- Се гледаме.
Потоа пак му се врати на мобилниот. Го најде бројот
на Нина и ѝ се јави. Си направија куртоазиски муабет
и се договорија да седнат на кафе за некои пет - десет
минути. Беше петнаесет за шест. Ана брзо облече тоа
што најде пред себе и излезе.

*
* *

Нина веќе беше седната во кафулето каде што обично


седеа. Го имаше порачано свеото кафенце и чекаше да
дојде Ана. И таа беше договорена да илзезе со некого,
но имаше празен простор, па да си поприкажат малку
пред и двете да почнат да се спремаат. Таа беше пре-
многу возбудена, па сакаше целата таа возбуда да ја
сподели со некого. Ана и се погоди ко кец на десетка.
Размислуваше дали да ѝ се јави, но како Ана да беше
ги прочитала нејзините мисли па таа ѝ се јави нејзе.
Во истиот момент.
Кафулето беше празно. Седеше Нина, ќелнерката и
еден - двајца кои доаѓаа и заминуваа. Не беше многу
полно, иако е сабота навечер. Тоа малце ја зачуди Ни-
на, но си помисли дека можеби луѓето или се уморни
или пак се спремаат за вечер. Вечер веројатно ќе биде
турканица. А Нина и не беше тип на човек кој не сака
турканици, така што ваква амосфера сосема ѝ одгова-
раше.
Ана пристигна во кафулето и веднаш ја најде Нина.
Нарача сок од портокал и седна спроти неа. Ја забеле-
жа нејзината веселост.
- Извини што доцнам, - рече.
- Не е пробелм. Имав малку време, па да почнам да се
спремам.
- Опааа, ќе одиш некаде?
- Да, ќе излегувам со еден колега од факултет.
- Епа супер. Да стискаме палци?
- Па, да се надеваме. Ќе видиме што ќе биде.
- Јас ќе одам на вечера со Марин.
- Каде?
- Не знам. Марин тоа ќе организира.
- Мммм, тоа е убаво.
- Да се надеваме.
- Романтично е. Ќе одите на вечера. Потоа кај него...
- Веројатно. - се насмевна Ана.
- А баш сакав да ти звонам за на кафе, ама ти беше
побрза.
- Озбилно?
- Да. Сакав со некого да ја споделам возбудата.
- Баш ме радува. Елена и Оливера знаат?
- Не. Сѐ уште им немам кажано.
- Разбирам.
- Па со семејството се, а не е баш за преку телефон.
- Да, да. Разбирам.
- Ќе се видиме во понеделни пак. Како што се собира-
ме после работа, таман, убаво да си раскажеме што
како.
- Да, да. Би требало да можам.
- Секако де, не е крај на свет.
- Не знам како ќе бидам со работа. Инаку немам некои
други неодложни обврски за да не дојдам. Барем не
сега за сега.
- Така, така.
- И кажи ми како бидна? Колку време се знаете?
- Па... Се знаеме можеби две години. Ми се јави за ма-
теријали некои да му донесам и плус да сме се напие-
ле нешто.
- Знае и тој како.
- Згоден е пустиот.
- Знае за Дејан?
- Не знам. Мислам дека му немам спомнато.
- Ќе треба да му кажеш ако стане сериозно.
- Само искачање е.
- Знам, знам.
- Свесна сум за тоа. Ама тоа е потешкиот дел. Како?
- Што како?
- Како да му кажам дека имам дете?
- Не знам.
- Малку е сложено тоа.
- Разбирам.
Продолжија да зборуваат за други работи. Главното
си го кажаа. После некое време побараа сметка. Ана
остави пари и си тргна накај дома. Нина остана уште
малку да седи и да размислува за колегата. Беше збу-
нета. До некаде и исплашена. Што ако не успее? Што
ако пак успее и дојдат до точка кога ќе треба да му ка-
же за Дејан? Ана беше во право. Треба да му каже. Но,
не баш туку така. Не на прв состанок. Ќе биде како
гром од ведро небо. Можеби понатаму.

*
* *

Беше веќе седум часот попладне. Ана влезе дома. О-


тиде во својата соба. Го отвори шкафот и почна да
пребарува алишта. Што да облече за вечер? Фустан,
кратко здолниште или пантолони? Ако носи пантоло-
ни, каква блуза или каква маичка да облече? Која боја
да бидат? Имаше премногу прашања на кои требаше
да се даде одговор. Извади едни пантолони, ги пог-
ледна и ги стави на креветот. Потоа почна да гледа
маичка за да види што ќе ѝ одговара со пантолоните.
Не можеше да најде никаква комбинација која би ѝ се
допаднала со црвените пантолони. Ги здипли и ги ста-
ви на бирото. Потоа од плакарот извади уште два пара
пантолони; едните маслинести, а другите црни. Ги
стави на креветот еден до друг. Потоа почна да бара
маички. Најде една темно - зелена маичка и ја стави
на креветот. Таа и одговараше со двата пара пантоло-
ни, но направи кисела фаца. Не знаеше кој пар панто-
лони да го избере. Отиде до другиот плакар да побара
ташна како моден додаток и секако обувки. Најде зе-
лана ташна, и црни чевли со високи потпетици. Сѐ и
се испомеша во главата. Не знаеше како да ги иском-
бинира работите. Знаеше дека на левата рака ќе носи
часовник (барем нешто знаеше) и дека ќе ги носи о-
бетките кои ги носеше цело време. Всушност тоа беа
сребрени обетки кои не менуваа многу, исто како и
часовникот.
Гледаше, размслуваше, прегледуваше и после поло-
вина час, откако не знаеше како да се справи со проб-
лемот, реши дека е подобро да се избања па потоа до-
дека се суши и го средува тоа да одлучи што да обле-
че.
Отиде кон бањата. Ги соблече алиштата и влезе во
кадата. Ја наполни со топла вода и си дозволи да се о-
пушти. Стави купка и етерични масла и потоа ужива-
њето можеше да започне. Ги затвори очите и се опуш-
ти. Не сакаше да мисли на ништо. Сакаше само да се
ослободи од стресот. Но, пак почна да размислува за
Марин и за Жарко. Пак ѝ поминаа низ мислите. Реши
дека сепак сака да остане со Марин, но и да го роди
детето. И пак беше на старото.
- Марин не знае. Барем така мислам. Ако не знае - ко
да не било.
Излезе од кадата и се прекри со крпа. Влезе во својата
соба. Со друг пешкир само ја протри косата. За среќа
имаше кратка коса, па и не мораше нешто премногу
да ја суши или да мисли на неа. Си ги сушеше нозете
со цел млекото што го користеше да остане подолго
на неа. Потоа кај шминките најде лак со темно сина
боја. Си ги налакира прстите на рацете. Откако ѝ се и-
сушија, ги налакира и прстите на нозете. Потоа конеч-
но, после саат и нешто, се одлучи за комбинацијата
што ќе ја носи. Пресудно беше лакирањето на нокти-
те. Тоа ѝ ја даде идејата за комбинација.
Ги обелече црните панталони, со зелената маичка.
Потоа го стави саатот на рака и ја побара црната кож-
на јакна. Ги облече црните чевли со високи потпетици
отворени на предната страна (таман да се видат лаки-
раните нокти) и ја зема зелената ташна. Oд неа ги
извади шминките и почна со вообичаеното шминка-
ње. Прво нанесе малку потемна пудра на лицето. Има-
ше потемен тен и за да не изгледа премногу бледо (на-
родски кажано како дух) мораше да користи потемна
пудра. Убаво и рамномерно ја размачка. Потоа стави
зелена сенка за очи. Лесно ја нанесе на очните капаци.
Речиси и да не се познаваше. Од ташната го извади и
римелот и почна да ги витка трепките. Најпосле дода-
де руменило на јаболчниците и црвило на устата. Ста-
ви темно црвен кармин. Се видево огладалото. Си на-
мигна. Пак се погледна и си прати бакнеж сама на
себе. Ова ѝ беше вообичаен ритуал уште од детство-
то. Си се насмевна затоа што се фати дека го прави ис-
тото што го правеше и кога беше девојче. Многу пати
се обидуваше да не го прави тоа, но едноставно беше
посилно од неа. Ништо не можеше да стори во врска
со тоа. Несвесно го правеше. Откако ќе го направеше
стануваше свесна за тоа. Но, тогаш веќе беше доцна.
Ја најде јакната. Ја облече, ги зема клучевите од ход-
никот, изгаси светло од својата соба и излезе надвор.
Потоа влезе во колата. Ја вклучи машината и почна да
вози. Беше девет. Веќе доцнеше, но Марин сѐ уште ѝ
се немаше јавено. Требаше да се најдат кај него во
маало.

*
* *

Марин беше речиси готов. Имаше облечено црни пан-


талони, со светло сина кошула; врз неа темно сино
елече. Имаше облечено црни мали чорапчиња и црни
кондури. Мирисаше на убав парфем. Ја бараше кож-
ната јакна. Додека ја бараше му текна дека не е среден
баш како што био требало. Фрли поглед на огледало-
то во ходникот и виде дека не се беше избричил. На
левата рака носеше касио саат. Погледна во него и ви-
де дека има неколку минути . Реши да ги искористи па
затоа отиде во бањата. Го запали светлото, па потоа
го отвори шкафчето што се наоѓаше веднаш спроти
огледалото и го извади потребниот прибор. Ја пушти
славината на мивалникот да тече и си го изми лицето.
Се избриша со крпата веднаш до него. Потоа пак го
изми лицето. Па уште еднаш. Убаво се освежи. Ја зеде
пената за бричење. Нанесе во левата рака. Потоа со
десната се размачка по лицето. Ја изми. Откако изгле-
даше како Дедо Мраз во рекламите за кока кола (цела-
та пена беше нанесена на лицето, мустаќите и брада-
та, само што му фалеа црвените алишта), се погледна
во огладало и се насмевна. Потоа го зема бричот и
почна полека да ја отстранува пената од лицето
притоа правејќи фаци како да има станд - ап настап.
При секое поминување бричот го миеше со млака во-
да. Потоа се помина и контра (за да не мора да се бри-
чи почесто). Бричењето заврши релативно брзо. По-
тоа уште еднаш го изми лицето со вода, го избриша
со крпата. Пробуричка по шкафчето и најде колонска
вода. Стави во дланките и потоа го нанесе на лицето,
онаму каде што се бричеше. Потскокна затоа што го
запече малку. Направи неколку кружни движења по
образите и брадата. Брковите речиси и ги заборави.
Лицето му светеше. Како бебешко газе. Мијалникот
беше преполн со влакна, но за тоа и не се грижеше
нешто премногу. Немаше многу време да мисли на
тоа. После ќе средува. На работа не му правеа проб-
лем што одеше неизбричен, така што и немаше потре-
ба да се бричи. Тоа беше чисто заради него. Денес, не-
колку минути пред излегување, му текна дека треба
да се избричи затоа што така би изгледал поубаво за
Ана. За Ана? Не би рекол. Тој веќе не се грижеше како
ќе изгледа за Ана. Му беше сеедно. Да беше заради
Искра, ќе размислеше два пати. Но вака... Сепак, ре-
ши дека сака да направи некаква промена. Се дотера,
се избричи. Се гледаше пред огледалото. Си го анали-
зираше секој дел од своеето лице додека чекаше да се
исуши лосионот, односо да се впие во кожата (сепак
беше течност). Виде дека очите му се уморни. Да, беа.
Како да беше присилен да ја изведе оваа вечера. Но,
немаше друг начин. Барем него не му текнуваше. По-
тоа излезе од бањата, го изгаси светлото и продолжи
да ја бара јакната. Ја најде и кожната јакна. Ја облече
на себе. Се погледна пред огледалото. Изгледаше пре-
красно. Како младич од дваесет години. Реши да се
дотера; заради себе овој пат. Не беше нешто пресре-
ќен (сепак излегува со Ана, да се разбереме), но реши
да се насмевне. Пак се погледна. Се присили да се
насмевне. Некое време вежбаше насмевки пред огле-
далото. Сакаше да изгледа весело и да си ја заврши
намерата.
- Ништо нема да ме поколеба да го направам тоа. Овој
пат нема да потклекнам на нејзиниот шарм. Ќе ги из-
бегнам сите стапици кои ќе се обиде да ги постави.
Морам да го сторам ова. И премногу долго одложу-
вам. Не можам повеќе да го правам тоа.
Си зборуваше пред огледало како да сакаше да се убе-
ди во сигурноста на своите намери. И тој како да беше
збунет. И тоа прилично збунет.
- Па, тука сме. Пред свршен чин. Нема што друго да
се прави. Се потроши сѐ.
Како да го повторуваше говорот кој треба да го одр-
жи. Како да имаше трема.
Не знаеше како да започне. И за него беше нешто но-
во. Не очекуваше дека ќе дојде до ова. Не на ваков на-
чин. Пак, почна да верува во чуда. Поминаа и низ
мирно море и низ бранови. Си помогнаа еден на друг
кога требаше. Беше свесен дека Ана му помогна да
излезе на крај со препивањето, непосредно по разво-
дот со Искра. Иако разводот беше негова вина, и само
негова, сепак не му беше сеедно. Не му беше сеедно.
Беше свесен дека изгуби. Иако не сакаше да признае,
изгуби. Ја изгуби Искра. Го изгуби Бојан. Но, ја доби
Ана. И се усреќи. Помина доста време со Ана. Не са-
каше да заврши на ваков начин. Но, тоа е тоа. Живо-
тот е непредвидлив. Животот пишува романи.
Ги тргна овие мисли од глава, ги зема клучевите,
изгаси светло во ходник и излезе. Ја затвори вратата и
два пати заклучи.

Дваесет и петто Поглавје


Вечера

Марин беше пред зграда и ја бараше колата. Ташнич-


ката му беше обесена на врат. Во колата имаше забо-
равено некои работи. После некое време шарање со о-
чите, ја препозна регистрацијата и тргна накај неа. Ја
отвори вратата, го зема она што го беше заборавил и
го стави во ташничката. Потоа ја затвори вратата и
заклучи. Му заѕвоне телефонот. Го откопча патентот
на ташничето и го извади телефонот. При самото кре-
вање на телефонот почна да прави гримаси. Ана.
- Ало? - рече, а од другата страна Ана продолжи да
зборува. - Да, да. Важи. Нема гајле. Ќе дојдам директ-
но таму. Еве, пред колата сум, сега влегувам. За не-
колку минутки сум таму. Само не знам како ќе биде
со паркинг, ама веројатно ќе има место. Таму е лудни-
ца. Се мислам дали да дојдам пешки. Добро, добро.
Тргам. Поздрав.
Се јави Ана за да му спомне дека би било подобро да
се најдат таму, а не таа да доаѓа кај него па да возат
пак натака. Што ѝ беше во право.
Марин пак ја отклучи вратата. Влезе во колата. Ја
запали машината. Го стави мобилниот во ташничето,
а тоа го извади од врат и го стави на довозачкото се-
диште. Уфрли во рикверц и почна пополека да ја вади
колата.

*
* *

Ана веќе возеше накај центарот на градот. Дотерана,


скоцкана и насмеана. Сѐ да изгледа совршено. Сакаше
да има една убава саботна вечер. Да одат во некој рес-
торан, да каснат нешто, потоа можеби да завршат кај
Марин дома и да гледаат некој филм заедно. Такви бе-
а нејзините замисли за оваа вечер. Се насмевна на таа
помисла.
Некогаш тоа и го правеа. Некогаш. Кога Марин заз-
дравуваше од разводот и ко кога Ана му помагаше да
не претера со пиењето. И успеа. Беше среќна заради
тоа. Марин ѝ беше благодарен, но тоа не беше тоа. Та-
а беше прекрасен пријател. Да, пријател. Но, не може-
ше повеќе да биде. Евентуално љубовница. Свесна
беше дека никогаш нема да го заземе местото на Ис-
кра. Иако посакуваше тоа да се случи. Силно посаку-
ваше и работеше во таа насока. Сакаше да има дете со
Марин и многу често размислуваше на таа тема. Пр-
вата година се пазеа, затоа што Марин сѐ уште беше
во брак со Искра. После тоа се разведе. Продолжија
да се гледаат. Работата си го правеше своето. Потоа
дојде оној после разводен период кога Марин премно-
гу често пиеше така што и немаше нешто голема
желба за секс. Беше потиштен. Постојано беше под
стресови. Што од работата, што од разводот што сле-
дуваше, што од спомените што немилосно го напаѓаа.
Ана требаше да биде тука и да чека. Да го трпи тоа. И
беше тука. Седеше покрај Марин. Се нервираше заед-
но со него. Кога си одеше дома постојано плачеше. Не
очекуваше дека ќе биде така. Сакаше да биде поина-
ку. Да биде бајка. Секако, секоја девојка сонува за
такви нешта без оглед каква е стварноста. Но, Ана не
ја доживеа таа бајка. Барем не на почетокот. Помина и
тоа. Потоа работите почнаа да се враќаат во колосек.
Исто како што беше на почетокот. Ана многу добро се
сеќаваше на тоа, иако свесно се обидуваше да го по-
тисне и да го оттргне од мислите. Немаше фајде. Не-
маше да мисли неколку дена, и пак ќе се вратеа стари-
те слики. И овој пат се вратија. Во лошо време. Всуш-
ност, дали има вистинско време за враќање на старите
болни спомени?
Ана беше таа што најмногу сакаше сѐ ова да успее. За-
ради себе. Само што најде мир, се случи нова борба.
Потроши година или две на тоа. Но беше упорна и
решена да успее. И успеа. На крајот, сепак успеа. И-
маше еден период од животот кога Жарко и Марин не
се дружеа. И тоа на инсистирање на Ана. Затоа што
Жарко знаеше да си се поднапие. А Марин требаше да
биде во период на суша, народски кажано, или да се
воздржува од користење на алкохол. Знаеше и Вик-
тор, но него го прибра неговата невенчана сопруга,
така што Жарко беше оној кој беше проблем или ис-
кушение, на некој начин. Ана веднаш го увиде тоа и
реши да преземе нешто.
Тие година - две беа пекол. Расправии, лутења, стре-
сови... И кај Ана беше убиена желбата за било каква
блискост. Но и тоа помина. Бае една година како од
бајка и тогаш сѐ беше совршено. После дојде нешто
друго на ред. Почна да се спрема за специјализација.
Веќе поправаше заби, но само полесни поправки.
Сакаше да прави некои посложени поправики и опе-
рации на заби. Но, тоа бараше големи жртви. И двај-
цата го разбираа тоа. Си дадоа простор за секој да си
ги реализира своите стремежи. Ана беше сѐ повеќе за-
фатена со специјализацијата. Марин се посвети на
пријателите. Потоа пак смирен период. Но, не беше
баш така како што очекуваа. Веќе беше мирно и без
потреси, но не беше како на почетокот или после пе-
риодот кога Марин се извлекуваше од пиењето. Ма-
рин не беше пијаница, туку беше на пат да постане.
Среќа Ана на време пресече и почна да дејствува.
Ана сакаше да има убава саботна вечер. Не и беше јас-
но како мислите ја донесоа во оваа насока. Одамна се
немаше сетено на ова. Од каде сега вакви мисли? И
тоа баш додека возеше накај центарот на градот и ко-
га требаше да излезе на вечера со Марин после подол-
го време? Ова ќе да е некој лош знак. Брзо ги растера
мислите. Убаво што се потсети низ што сѐ помина, но
тоа сега не ѝ беше баш потребно. Има време кога ќе се
сеќава на тоа. Сега требаше мозокот да го пушти на
пасење и да се одмара. Да помине убава саботна ве-
чер. Главата ѝ се разбистри. Престана да размислува
за тоа. Се приближуваше кон центарот на градот воз-
будата сѐ повеќе растеше. Имаше надеж дека можеби
ова е вечера која ќе ги промени нештата. Вечера која
носи надеж за подобро утро. Вечера која ветува. Така
си мислеше Ана и се нполни со позитивна енергија.
Немаше многу автомобили по патот, па Ана релатив-
но брзо стигна до местото каде што требаше да се
сретнат. Почна да бара паркинг во околината. Тоа бе-
ше нешто невозможно. Паркинзите беа преполни со
возила. Скоро сите се наплаќаа. Малтен и да немаше
паркинг што не се наплаќа. Но, проблемот беше што
се наплаќаа уште половина час. А тие кои не се напла-
ќаа (ако имаше некој таков) беа преполни. Вртеше
кругчиња и се нервираше затоа што не можеше да нај-
де место. Конечно најде место и се паркираше. Нема-
ше потреба да плаќа затоа што времето за плаќање ве-
ќе беше поминало. Потоа излезе од колата и ја затво-
ри вратата. Ја заклучи колата, пред тоа земајќи ја таш-
ната и продолжи да пешачи.
Дојде до ресторанот каде што требаше да седнат.
Келнерот ја праша дали има закажано. Му кажа дека
има закажано маса за двајца и келнерот ја однесе.
Седна на масата и порача Цезар Салата и големо ши-
ше вода. Ќелнерот веднаш се врати со водата и и до-
несе една чаша. И сипа од шишето и се повлече да
прими нарачки од другите гости.
Ресторанот беше на почетокот на кејот на Вардар вед-
наш до плоштадот. Тивка музика доаѓаше од звучни-
кот. Ја пуштија нејзината песна, па таа си потпевнува-
ше додека го чекаше Марин. Ресторанот и не беше
полн. На една маса, малку подалеку од нејзината
седеа маж и жена со нивните две деца и уште една ма-
са, таа до нив, беше зафатена од човек кој пиеше раки-
ја. Ана само фрли поглед. Беше ладничко, но пријат-
но. Седеа надвор. Дуваше ветер, доволно за да придо-
несе за пријатната атмосфера.
Ова им беше омилено место. Едно време прилично
често одеа овде. Барем еднаш неделно. Имаше убава
атмосфера. Се чувствуваа убаво кога беа овде. Знаеше
да биде и нападно и да се преполни, но во основа бе-
ше мирно и тивко. Барем во сабота. Пуштаа шлагери,
постари песни (понекогаш знаеја и класика да пуштат
и пријатно да изненадат). Таков тип на музика им се
допаѓаше. Петокот имаа жива свирка, па тогаш Ма-
рин и Ана бегаа ко ѓавол од крст. Пеачот пееше песни
од соседството и местото беше преполно со високо-
фрекфентни тонови од кои повеќе ги болеше глава от-
колку што ги опупшташе. Ана се сети на тоа и се из-
насмеа. И текна дека залутаа еднаш во петок и како
едвај издржаа таму (за да не им пробадне вечерта,
секако). Ќелнерот дојде со Цезар Салатата. После не-
која минута дојде и Марин. Се извини што беше за-
доцнил и седна спроти неа. И упати брз бакнеж (не-
жен допир на усните) и потоа нарача иста таква сала-
та. И Скопско.
Келнерот веднаш го донесе пивото. Марин отпи голт-
ка од шишето. Навика која му беше останала уште од
поодамна. Потоа ја накриви чашата и си стави во неа.
Се чукнаа со Ана и потоа се напија и двајцата од сво-
ите пијачки.
- Како си? - го скрши мразот Марин.
- Еве добра. Ти?
- Добро. Навака - натака.
- Разбирам.
- Како ти помина денот? Како стана сабајлето?
- Со судни маки. Едвај мајка ми ме разбуди.
- И јас едвај станав. Бев со Бојан, па со Оливер...
- Со Оливер се виде?
- Да.
Ана се сети дека сестра ѝ нешто ѝ спомна за Оливер
и дека требаше нешто да го праша Марин за тоа. За-
тоа реши да го води разговорот во таа насока.
- И? Како е Оливер?
Марин како едвај да чекаше да праша.
- Добар е. Си правевме муабет. Сакав нешто да те пра-
шам.
- Кажи?
- Во врска со сестра ти е.
- Со сестра ми?
- Да. Сестра ти има дечко?
- Мислам дека нема. Имаше, ама мислам дека раски-
наа. Ми нема спомнато ништо.
- Да, да. Разбирам.
- Што ти текна за сестра ми?
- Има некој кој се интересира за неа.
- Мммм. Кој тоа?
- Некој од моите другари правел муабет со неа.
- Не знам. Не ми спомна. Всушност, нешто како да ми
спомена, ама бев преморена, па едвај слушнав.
- Така. Оливер се распрашуваше за неа. Нема девојка
и сестра ти му се има допаднато.
-Хммм. Треба да ја прашам сестра ми.
- Може ли да ми дадеш број од сестра ти да му дадам
на Оливер. Секако, со нејзино знаење. Да стапат во
контаткт па што биде, тоа веќе ќе е нивна работа.
- Па да. Баш и Марија ми кажа да ти дадам нејзин број
за да му дадеш на Оливер да стапат во контакт. Ме за-
моли да те прашам. И нејзе ѝ се допаѓа Оливер. Всуш-
ност, само што раскина долгогодишна врска. Мислам
дека беа десет години заедно.
- Така. Така. Тогаш, да му дадам на Оливер број од
сестра ти, па да си стапат во контаткт.
- Нема проблем. Оливер е добар човек. Јас сум сигур-
на дека ќе биде тоа добра работа.
- Во ред тогаш. Ќе му го дадам утре бројот на Оливер,
па може ќе биде нешто после понеделник. Оливер ќе
си среди после тоа. Јас гарантирам за него. Ако има
нешто што ѝ пречи, слободно нека ми се јави на мене
јас ќе средам. Само што јас знам дека Оливар нема да
ѝ прави такво нешто. Барем не намерно. Го знам мно-
гу добро. Оливер е повлечен и не е толку нападен.
- Да, да. Го знам Оливер. Добар човек е.
- Да, да.
Некое време молчеа. Ана почна да јаде, а Марин да
отпива од пивото. По кратко ќелнерот дојде со него-
вата салата.
- Пријатно јадење, - ѝ рече Марин на Ана.
- Фала, и на тебе.
И Марин почна да јаде. Барем ја проба салатата. Му се
бендиса. Јадеа во тишина некое време. Марин не знае-
ше како да почне и што да ѝ каже. Зборовите некако
не му излегуваа од уста.
- Храната е многу убава, - рече за да ја прекине тиши-
ната и да добие на време.
- Да, да. Салатата им е многу убава. Ми се допаѓа.
- И мене. Патемн, многу убаво изгледаш.
- Фала, - му рече Ана низ насмевка.
Потоа почнаа да зборуваат на разни теми. Де за вре-
мето, нешто за политика, за музика. Правеа муабет за
сѐ, освен за тоа што требаше да прават муабет. Вусш-
ност за она што Марин сакаше да ѝ го каже. Но, Ма-
рин не знаеше како да почне. Немаше никаква идеја.
Зборовите не му доаѓаа. Ниту да ја наведе темата во
таа насока. Имаше напнатост во воздухот. Голема.
- Вака. Ана, сакам да зборувам со тебе за нешто сери-
озно.
- Да? - праша чудно Ана.
- Да, да.
- Добро. Те слушам.
- Вака. Убаво ми е со тебе.
- Мило ми е што го слушам ова.
- Навистина го мислам тоа. Убаво ми е со тебе. Ти си
добра личност, добар пријател, знаеш да помогнеш
тогаш кога треба. Го ценам тоа. Ми помогна кога ми
беше најтешко. Заедно се криевме кога бев во брак со
Искра. Имавме убави моменти и сѐ е тоа забавно да се
сподели вака.
- Да. И мене ми се појавија истите моменти. Прееска
баш за тоа си мислев кога доаѓав навака.
- Да?
- Да, да. Баш на тоа ми текна. И на специјализацијата,
и на многу други работи.
- Да, да.
- Ќе ми останеш во убаво сеќавање.
- Како мислиш?
- Сакам по добро да те памтам. Вака.
- Ќе одиш некаде?
- Не. Ана, мислам дека нема повеќе смисла ова. Сакам
да раскинеме.
- Што ти текна сега за тоа?
- Мислам дека дојдовме до крајот на патот.
- Молам?
- Да. Не можам повеќе да се лажам. Некое време рабо-
тите не се како што треба. И самата знаеш. Башка има
и некои други работи што ги дознав. Нешто што не ти
кажав.
- Што тоа?
- Денес се видов и со Жарко.
Ана почна да прави гримаси и да менува бои.
- Му кажав некои работи. Некое време нема да се дру-
жиме. Можеби воопшто.
- Зошто?
- Затоа што не го очекував тоа од него. А ни од тебе.
- Што не си очекувал од мене?
- Ана, знам. Детето не е мое. На Жарко е.
- Молам? Како ме напаѓаш така? Од каде таа идеја?
- Пораките не лажат. Башка Жарко ми потвди дека сте
спиеле.
- Молам?
- Да. И рече дека не се кае.
- Што му е на тој?
- Не знам на кого што му е, ама не го заслужив ова. Ба-
рем не од тебе. Од Искра, да. Од нејзе заслужувам и
полошо.
- Што е со Искра?
- Во последно време често мислам на неа. Се каам за-
ради разводот. Мисам дека сѐ уште ја сакам.
- После десет години!? Рано ти текна!
- Никогаш не престанав. Таа беше жената што се сака
за цел живот. Онаа со која имаше искри.
- Тогаш што правеше со мене?
- Не знам. Изгледа се лажев.
- И туку така ми го кажуваш тоа?
- Да. Те молам разбери.
- Што да разберам?
- Ми треба време.
- Време за што?
- Да размислам. Подобро е некое време да не се гледа-
ме.
- Во петок ќе треба да се видиме.
- Службено. Мислев да не излегуваме по кафиња. Ако
нешто навистина ти треба можеш да се јавиш.
- Да? А ако ми треба љубов?
- Ќе го побараш Жарко за таа работа. Башка, сметам
дека Жарко треба да го гледа својот син. Не можам да
му го одземам тоа право.
- А што ако ти кажам дека беше грешка?
- И сега јас да ја поправам грешката?
- Не. Не треба ти да ја поправаш.
- Тогаш? Што не абортитраш?
- Не сакам по втор пат!
- Молам? Веќе еднаш си абортирала?
- Да.
- Кога тоа?
- Пред четиринаесет години. Имав сообраќајка со мо-
тор и го изгубив детето!
- Жал ми е.
- И јас сакам да станам мајка.
- Разбирам.
- И Жарко ми го кажа истото. Да абортирам.
- Жал ми е.
- На вас мажите лесно ви е. Вие не сте тие што остану-
вате трудни. Ако затрудни ѝ викате абортиај и проб-
лемот е решен.
- Јас ли треба да го чувам тоа дете?
- Не!
- Јас сакам да станам татко. Но, не и да чувам туѓи де-
ца. Тоа не би сакал да се случи.
- Ќе ме оставиш трудна?
- Значи ти мене ме навредуваш вака? Знаеш каде жи-
вее Жарко и тоа е тоа. Никогаш нема да можам да го
прифатам тоа дете како свое. Зошто не го разбираш
тоа? Јас ако ѝ направев на некоја дете, ти ќе скокаше
од среќа или ќе правеше сцена? Што ако работите беа
поинакви? Што ако ти беше изневерената страна или
тоа не важи кога ти си во прашање?
- Ама јас те сакам.
- А кога се тркалаше со Жарко, тогаш ме сакаше ли?
- Само на тебе мислев.
- Озбилно?
- Не ми беше сеедно.
- И затоа криеше?
- Знаеш каков е Жарко. Знаеш дека ме заведе.
- А ти демек не можеше да одолееш?
Ана ја наведна главата.
- Ана, ми треба време. Сакам убаво да размислам. Мо-
же ли да ми ја дадеш недела па во понеделник вечер
ќе дојдам кај тебе во маало и ќе ти кажам што сум од-
лучил?
- Ќе ти биде доволно време?
- Јас ти кажав што мислев, но во понеделник да биде
за сигурно. Да не се смени нешто во меѓувреме. Само
што не знам што би го сменило фактот дека ме изне-
вери и дека сакаше да го скриеш тоа. Ја изгуби мојата
доверба. Не можам да пројдам преку тоа.
- Сум сакала да скријам? Сакав да ти кажам.
- Кога планираше да ми кажеш?
- Па, деновиве. Не знаев како да започнам. А и не са-
кав да те повредам.
- Знам уште од четвртокот. Два дена поминаа и ништо
не ти реков. Не сакав да му ја расипам свирката на
Жарко. Сепак, заработува од тоа.
- Жал ми е.
- Нека биде пријателска разделба. Без тешки зборови.
Си дадовме сѐ.
- Ама не е така. Имаме уште многу работи да си каже-
ме.
- Не, не верувам. Не сакам да знам!
- Те молам!
- Не! Тоа е тоа! Дај ми време!
- Добро бе човече што изведуваш?
- Добро, не ми треба време. Сега сум сигурен! Сосема
сигурен! Не сакам да имам ништо со тебе!
- Немој така!
- Се обидувам со убаво, ама ти не сакаш да разбереш.
- Ама не, јас...
- Што ти? Кој е овде оштетен?
- Вака. Ајде да почнеме од почеток. Да заборавиме на
сѐ и да почнеме од почеток. Те молам. Ти ветувам не-
ма да се повтори.
- Не мора да ми ветуваш! Знам дека нема да се повто-
ри! За тоа сум и повеќе од сигурен!
- Значи ми веруваш?
- Со мене нема да се повтори, затоа што нема да има
втор пат! Готово е!
- Зошто? Зошто си толку груб?
- Јас груб? Се слушаш ли ма ти што зборуваш?
- Што ти е бе ненормален!?
Марин ја крена раката во воздухот.
- Сметка, ќе ве молам!
Ќелнерот ја донесе сметката, Марин ја плати и како
ветер излезе од ресторанот. Почна да чекори по кејот
со брзи и отсечни чекори, прилично нервозен.
- Е тек сега ќе видиш говедо едно!
- Ана, доста!
Меѓутоа Ана не престануваше да зборува. Се дереше
како ненормална и го навредуваше со што погрдни
зборови, со што посочни пцости. Не знам од каде ус-
пеа да ги изнајде сите тие погрдни зборови. Не сум ни
знаел дека нашиот јазик може да биде толку богат во
тој контекст.
- Ти си за никаде! Жарко е сто пати подобар од тебе!
Сексот со тебе е очаен!
Марин се криеше за да не го гледаат луѓето. Но, луѓе-
то гледаа. Едвај чекаа некој ваков испад. Скопје живе-
е за ваков сеир.
- Ана, смири се! Доста е!
- Сељачиште едно!
- Ана, не се дери!
- Сељачиште едно!
- Јас сум сељачиште, а? Јас ли ма козо една недодел-
кана?
- Да, ти си сељачиште! - викна и го погледна право во
очи. Стоеја на почетокот на мостот Око. Луѓето ги
гледаа и се вртеа по нив како да се главна атракција во
градот. Во нејзините очи се гледаше лутина и бес.
Тогаш се случи нешто неочекувано!
На Марин му се појави мрак пред очи! И врза таков
шамар што одекна како земјотрес. Дури и тој се изне-
нади.
- Еве, сега сум сељачиште! Да има зошто да ме наре-
чеш така!
Ана се држеше за образот, збунета од неговата реак-
ција. Не знаеше што да каже или како да реагира. Са-
мо гледаше некаде на страна. Луѓе поминуваа и се
криеја да не се примети дека се смеат. Шамарот што
Марин ѝ го подари на Ана беше настан на вечрта. Нај-
прераскажуван и најобјаснуван. На Марин му се тре-
сеше раката. И тој беше во шок. И тој не знаеше што
се случува. Само се вкопа во место и се загледа на
другата страна. Стоеја некое време како скаменети.
Не мрдаа. Ни едниот, ни другиот. Ова беше прв пат
Марин да крене рака, а особено не на Ана. Но, ни
самиот не знаше што му се случи. Изглада му дојода
неговите жолти минути.
На Ана ѝ потекоа солзи, но молчејќи тргна по кејот.
Го забрза чекорот. Марин седеше уште една минута.
Потоа почна да трча по неа.
- Ана, Ана! Почекај! Ана!
Некако ја стигна.
- Што сакаш?
- Почекај малку. Извини.
- Мани ми се!
- Не сакав да те удрам!
- Остави ме!
- Не знам што ми стана.
- Знаеш што? Во право си. Треба да раскинеме.
- Остај сега тоа.
- Не, не во право си. Ова ја прели чашата!
- Молам? Што е тоа што ја прели чашата?
- Ти и твоето однесување. Не сакам да бидам со некое
тепачиште! Некој кој крева рака на жена!
- Сега уште и јас сум виновен?
- Јас сама ли се удрив?
- Не.
- Епа? Тогаш кој е крив?
- Добро, така нека биде.
- А сега гони се пред да почнам да викам!
- Ау, што сме јаки!
- Немаш појма како ќе викам!
- Прекини!
- Само што ми докажа дека си сељачиште и дека бади-
јала сум си ги трошела годинините со тебе!
- Добро, ако ти така велиш...
- Барем Жарко знаеше да биде маж, а не слабак како
тебе! Никогаш ме нема удрено!
Пак му го качи притисокот и доби уште два шамара!
Сега и двата образи и гореа како да се под оган. Овој
пат не се извини. Немаше зошто. Ана како да ја знае-
ше неговата слаба точка. Ги забрза чекорите и ја оста-
ви таму да седи. Ана остана скаменета да гледа во
Вардар.

*
* *

А на улица Македонија Нина седеше на пијачка со


нејзин колега. Му ги даде белешките кои му беа пот-
ребни за испитот, па потоа останаа на една пијачка. О-
ва добро ѝ дојде на Нина, затоа што таа одамна не бе-
ше излегла во град на пијачка. Годините си го правеа
своето, иако таа, рака на срце, за своите години изгле-
даше предобро. Уживаше во друштвото на колегата
иако тој беше доста помлад од неа. Барем десет го-
дини. Ако не и повеќе. Можеше мајка да му биде. Неј-
зиниот син беше нешто помал до него. Дечково има-
ше дваесет и една годиниа. Но, тој сакаше само заба-
ва. Не бараше нешто сериозно од неа. А ни таа од него
(со оглед на годините). Но, самиот настан дека изле-
гува со некого беше возбудлив. Иако време ѝ беше да
најде некој покрај себе, сепак како судбината да има-
ше поинакви планови за неа. Барем за сега. Нина си ја
пиеше пијачката и гледаше што се случува околу неа.
Девојчиња играа, се прекршуваа, момци се додвору-
ваа на секој можен начи. Само се насмевна. Убаво ѝ
беше вака кога беше понастрана од сите тие случува-
ња. Нејзиниот помлад колега не ѝ се додворуваше, па
тоа беше олеснителна околност за неа. Иако, во пос-
ледно време и додворувачите како да се разретчија.
Годините си го правеа своето, по сѐ изгледа.

Дваесет и шесто поглавје


Ноќта е долга

Марин беше во неговиот автомобил. Седеше. Не мо-


жеше да тргне. Сѐ уште си ги собираше впечатоците
од вечерата која штотуку помина. Почна прилично
добро за да заврши со нервози, кренат крвен притисок
и шокови. Се обидуваше да најде оправдание за сѐ
што направи. Како да не беше при свест кога се случи
ова. Сѐ уште не му се веруваше. Како сето ова да беше
нестварно. Како да беше само во неговата глава. Како
да беше желба што одамна сакал да ја оставри, а не-
мал можност за тоа. Замижа. Повторно ги отвори
очите. Сѐ уште беше во својот автомобил, седеше и се
тресеше. Пак се обиде да се сети. Се наврати на тоа
што пред малку се случи. Шамарот му одѕвонуваше
во главата. Го виде јасно. Се сепна. Како повторно да
го удира тој шамар. Не му беше јасно нешто. Како ус-
пеа? Никогаш не беше кренал рака на никого, особено
не на жена. Поготово па на Ана. Ана до пред некое
време ја сакаше. Се сети дека се напи едно пиво. Но,
не беше пијан. Дали едно пиво ја исфрла агресивноста
од него? Немаше одговор на ова. А не беше ни на пат
да најде.
Се обиде да се смири и потоа да продолжи од таму ка-
де што застана. Се заглави во некој меѓу простор и ос-
тана таму. Сликите му се мешаа како нејасни силуети.
Доаѓаа слики од акварел и заминуваа за помалку од
секунда. Тоа беше страшно. Не може баш убаво да се
објасни. Ништо не е јасно. И немаше намера да биде.
Ова беше една од оние нејасни мистични ноќи. Тоа
беше единственото објаснување кое можеше да си го
даде Марин. Немаше друго. Вдиша. Издиша. Безус-
пешно. Си го слушаше срцебињењто и трнењето на
десната рака. Сѐ уште имаше адреналин во себе. Дури
и премногу. Не знаеше како да се смири. Дали ова му
е како последица на психичка нестабилност? Па беше
прилично нормален. Барем така мислеше. Сѐ до сега.
Реши дека од понеделник ќе побара стручна помош.
- Ова не оди вака, - си рече за себе. - Полудувам. Не
знам што ми е. Не смее ова да продолжи. Изгледа пре-
многу ми се собра. Треба да се одморам. Не сум спиен
доволно. Тоа ќе да е. Од премногу работа и грижа за
глупости сум почнал да трипам. Шамарот не се слу-
чи! Не, не се случи! Само ми се причинува! Каков
кошмар беше ова. Не сакам да се повтори. Чекај,
всушност што се случи? Не се сеќавам. Знам дека бев-
ме излезени со Ана. Знам дека ѝ кажав дека и раски-
нувам и дека се деревме. Потоа ја платив сметката, и-
ли ја плативме, сеедно, и дека тргнав накај колата.
Потоа црна дупка. Не се сеќавам. Се ми се измеша во
главата. Ми се врти. Аааааааа! Зошто? Не може ниш-
то да се стори. Тоа е тоа. Сега е најдобро да тргнам на-
кај дома. Нема друго решение. Да не седам овде и да
привлекувам внимание.
А немаше никого околу неговиот автомобил. Можеби
повремено ќе поминеше по некој човек и убаво ќе го
погледнеше, како да сакаше да го запамети неговиот
лик и слушнеше како си зборува.
- Пијан е овој, - ќе си помислеше и гледаше што по-
брзо да се одалечи од местото. А Марин ништо не
перцепираше. Немаше никого и ништо. Само тој и не-
говата мака. Ана беше кој знае каде. Можеби веќе бе-
ше дома и легната да спие. Сепак, Марин никако не
можеше да се смири. Чувството на вина не го напуш-
таше. Сепак, реши дека е подобро да тргне, па затоа го
вклучи автомобилот и тргна накај дома. Возеше поле-
ка. Како да не брзаше никаде. Му беше сеедно. Всуш-
ност и немаше зошто да брза. Никој не го чекаше не-
го. Станот му беше празен. Го направи тоа што треба-
ше да го направи. Дали? Тоа прашање му се вртеше
низ глава. Сѐ уште не беше сигурен дека направил сѐ
како што треба. Очите му беа речиси затворени. Едвај
гледаше. Почнаа и да му се замаглуваат. Почна да
плаче.
Прво тивко, полека, но потоа почна и на глас. Возеше
и плачеше. Во еден миг престана да плаче. Ги избри-
ша солзите. Очите му беа магливи, умот за никаде. Не
знаеше каде се наоѓа. Среќа беше искусен возач, а и
немаше многу гужва, па не беше ништо страшно. Ко-
лата се движеше по инерција.
Марин конечно стигна дома. Вртеше кругови низ гра-
дот, ни самиот не знаејќи каде вози. Важно беше кола-
та да се движи. Некако ја паркираше колата и почна
да оди накај вратата од својот влез. Некако де довлеч-
ка до таму и се фати за кваката. Застана таму и се пот-
пре на стаклото. Не можеше да ја отвори вратата. Не
му текнуваше која е шифрата. Проба неколку комби-
нации, но не успеа. На крај некако ја погоди и влезе
внатре. Фрли поглед на сандачињата. Потоа отиде кај
лифтот. Седна на скали, ко што знаеше некогаш да
прави, и право во очи го гледаше лифтот. Како дете,
односно помлад имаше навика да седи во влезот и да
ги дочекува соседите. Тука беа и Виктор, Оливер, а
понекогаш и Жарко. Заедно седеа во влезот, пред да
се испратат, и правеа бука. Соседите се бунеа, но не
можае ништо. Имаше многу ситуации кога соседи
скокале како преплашени кога ќе ги видат седнати на
скали. Но, како што минува сѐ, така и ова минува. Но,
не и денеска. Денеска е ден кога сѐ е дозволено. Се
потсети на дел од младоста. Се насмевна. Немаше
никого. Тишината убиваше. Беше очи во очи со тиши-
ната. Не ја сакаше нешто премногу тишината, затоа
што таа го оставаше сам. Го потсетуваше на тоа дека е
сам и дека сите веќе беа заминале. Но, од друга стра-
на, таа многу му помагаше. Го наведуваше да размис-
лува за сите оние работи што не ги имаше направено
или шанси што ги имаше пропуштено. Понекогаш се
соочуваше со грешките што ги беше направил и се
обидуваше да согледа какви се последиците од тоа.
Во принцип, правеше ситни грешки кои лесно можеа
да се поправат, но веројатно овој пат не беше баш та-
ка. Ова беше една од оние поголеми грешки.
Зошто го стори тоа? - му се јави потсвеста. - Ти го
повреди егото? Те предизвика ли? Ако е така убаво
те насамарила. Биди среќен ако не те пријави за на-
пад и за насилство. Не живеете заедно, па не е семеј-
но насилство. Но, сепак е насилство. Физичко. Уште
по судови треба да се бафтараш. Како да немаш до-
волно проблеми, па ти треба со нешто да се занима-
ваш. Моли се да не се случи тоа. Моли се говедо едно.
Само седеше и гледаше накај лифтот. Заборави да го
повика. Повторно солзи му течеа од очите. Овој пат
не знаеше зошто плаче. Дали затоа што може да го ту-
жат, или затоа што навистина му беше жал? Како и да
е, чувството на вина не го напушташе. Едно беше си-
гурно - беше премногу уморен за било што. Добро ќе
биде ако успее да стигне до дома. А како тргнал, кај и
да е ќе дојде пред зори. А можеби нема ни тогаш. Веќе
се чувствуваше посмирено, но пак беше потресен. Не
знаеше што се случува со Ана, а тоа дополнително го
нервираше. Не знаеше каде е и дали е добро после тоа
што се случи. Повторно ситуација во која тој е крив и
никој друг. Не смееше да си дозволи такво нешто.
Барем не во јавност каде што има мал милион сведо-
ци. Сѐ му беше испомешано во главата. Веќе не знае-
ше што да мисли. Се двоумеше дали да стане и да оти-
де накај дома или да си поседи уште малку? Чудна
одлука во секој случај.
Сепак, стана и го повика лифотот. Потоа пак седна на
скалите. За миг се почувствува како да има дваесет и
пет години. Како да е истиот оној младич од времето
кога со Искра имаа сѐ. Се насмевна глупаво, ни са-
миот не беше свесен зошто. Изгледа пивото го опи.
Но, не беше многу количински. Само едно пиво од по-
ловина литро. Лифтот пристигна. Марин неволно ста-
на од скалите и влезе во лифтот. Го притиска копчето
и вратата се затвори. Додека се возеше се гледаше во
огледало. Пак почна да му се врти. Му се вртеа наста-
ните како да е качен на балерината. Лифтот стигна до
саканото место. Ја отвори вратата. Потоа полека се
влечкаше по скалите за да дојде до својот стан. Се
качуваше скала по скала, како да ги мери или брои.
Некако ги искачи скалите и дојде пред својата врата.
За малку ќе ја утнеше, но за среќа отиде во вистинска
насока. Ги извлече клучевите и само што сакаше да го
вметне клучот во бравата, му паднаа клучевите. Трес-
наа на подот.
Со голем напор се наведна и ги зема клучевите. Потоа
почна да го бара клучот што одговара на бравата. Го
најде некако и го вметна во бравата. Крц! Потоа завр-
те уште еднаш. Ја притисна кваката. Вратата се отво-
ри. Влезе внатре и ја тресна вратата позади себе. Не-
маше осет за ништо. Никаков осет. Ги соблече конду-
рите и ги стави под огледалото. Ја соблече и кожната
јакна. Ја закачи (за некое чудо ја погоди закачалката)
и отиде во дневната. Се оптегна на двоседот и ги
крена нозете во воздух. Задрема.

*
* *

Ана беше некаде. Ни самата не знаеше каде е. Стоеше


на мостот и гледаше во реката. Гледаше во Вардар. Сѐ
беше убаво осветлено, па Вардар имаше некое вол-
шепство кога се гледа од тој агол. Образите сѐ уште ѝ
беа црвени. Сеќавањето на шамарот татнеше како
гром и се враќаше, повторно и повторно. Ни таа не
беше свесна како се счучи сето тоа.
- Каков психопат. - и дошепна потсвеста. - Не ми се
верува дека крена рака на жена. Не е воможно. Да не
си вообразувам?
- Нема шанси ова да се случи! - си рече. - Сепак е
Марин. И покрај тоа што ми раскина или сака да
раскинеме, Марин е. Подобар човек од него немало.
Грев е да се пожалам. Многу работи за себе премол-
чев. Не му кажав ни за Иван, ни за детето, ни за тоа де-
ка бев во депресија и дека пиев апчиња, ни за Жарко...
За ништо не му кажав на време. Освен за бременоста.
Барем нешто му кажав на време. Но, премолчев дека
детето не е негово. Зошто мора се да е колку сложено?
Можеби е и подобро што раскинавме. Или не раски-
навме? Не знам. Сѐ уште не ми се јани некои нешта.
Јас сум виновна за сѐ. Јас самата си ги уништив шан-
сите за нешто. Му се изнавикав на Жарко за џабе. Мо-
жев со него да си останам. Барем тој ме сака. Барем
така вели. Можеби и само се фолира. Ни тој не знае
што сака. Ќе му се јавам утре на Жарко и ќе му кажам
сѐ. Ќе го замолам да ми протси. Ќе сака ли да ми прос-
ти? Да, ќе сака. Би требало да сака после оние пре-
красни мигови поминати заедно. Мора да сака!
Гледаше во реката и си зборуваше. Повеќе беше како
размислување на глас. Имаше денови кога гласно раз-
мислуваше. Оваа ноќ беше еден од тие моменти. Пов-
торно низ глава и помина целата вечер. Од моментот
кога ѝ се јави, од кафето со Нина, од подготовките, па
се до разговорот и на крај она што можеби беше неиз-
бежно. Раскинување. Шамар. Не, шамарот не беше
неизбежен. Тоа беше веројатно несмасна реакција на
настанатат ситуиација. На двајцата не им беше се-
едно.
Сепак, во прашање беа десет години. Десет долги
години. Но, сега како да ги нема. Како да беа испари-
ле тие десет години. Од почеток ќе почнат на некое
друго место. Но, ќе имаат ли сила за тоа? Ќе можат ли
да стегнат заби и да се справат со болката? Тоа ќе би-
де тест што ќе треба да го поминат. Тежок тест, во се-
кој случај.
Уште малку постоја на мостот и се загледа во Вардар,
па потоа реши дека е подобро да си ја побара колата и
да се врати дома да отспие. Сепак, утрото е попаметно
од вечерта. А утре е нов ден.
Така и направи. Тргна накај колата. Брзо ја најде кола-
та. Влезе во неа. Го запали моторот и тргна накај до-
ма. Се чувствуваше уморно. Но, сепак имаше сили да
вози до дома. Немаше многу гужва па брзо стигна. Се
пресоблече и си легна. Веднаш потона во длабок сон,
притоа чувствувајќи ја болката на образот.

*
* *

Марин срипа како попарен. Имаше кошмари. Се ос-


вести и кога се виде во каква положба се нашол, нап-
рави некоја чудна гримаса. Некако стана, ги соблече
од себе алиштата и потоа се довлечка до бањата. Вле-
зе во туш кабината и го пушти млазот да му го разбис-
три мозокот. Ладни млазеви течеа по него. Тој само
седеше и не правеше ништо. Не мислеше на ништо.
Беше исклучен. Сосем исклучен. Полека почна да се
лади адреналинот. Полека почна да враќа во првобит-
ната состојба. Почна да ги движи и рацете. Си ја на-
шампонира косата. Убаво ја изми. Немаше потреба од
тоа, но ете... Барем ги движеше рацете. Пена течеше
по неговото лице. Ја исчисти пената од себе и зема са-
пун. Почна да се мачка со сапунот. Тогаш забележа
дека е влезен сосе боксериците. Ги соблече некако ( за
малку ќе се потепаше) и ги фрли сред бањата. Не во-
деше сметка за уредноста на домот. Барем не денес.
Особено не денес. Тушот му годеше. Облече нови
боксерки и нова маичка без ракави, некако ги натна
пижамите врз себе и се струполи на креветот. Брзо го
совлада сон. Ноќта е сепак долга.

Дваесет и седмо Поглавје


Жарко

Жарко само што стана од спиење. Едвај ги отвори о-


чите. Погледна околу себе. Се најде во станот во кој
спиеше со Ана. Ни тој не беше свесен како стигна
таму. Последно што се сеќава беше дека седеше на
клупа, каде што обично седеше кога пиеше пиво, пред
влезот на Марин и дека нешто зборуваа. Почувствува
дека го заболе главата, но не обрнуваше внимание
на тоа. Не му беше прв пат да го боли глава. Се најде
во некоја чудна положба. Легнат на стомак, со рацете
исружени на страна а нозете раширени. Како да е на
некој душек на сред водена површина. Почна да зе-
ва. Ги протри очите за да се расони. Дојде во некоја
пристојна положба. Со раката го бараше телефонот,
но него го немаше. Конечно го најде. Виде дека изгле-
да го беше исклучил ( на ништо не се сеќаваше). Го
вклучи и виде дека има пропуштен повик од Ана.
Што сака сега оваа? - си помисли. - Ај, утре ќе и зво-
нам да се вратам во нормала. Сигурно спие сега.
Потоа се сврте на другата страна. Таму најде шише со
пиво кое беше речиси полно. Веројатно го купил не-
когаш па му останало. Веројатно продолжил да пие
кога станал од клупа и тргнал навака. Како успеал да
стигне, само Господ знае. Веројатно долг бил патот до
таму. На неговите алишта имаше прашина така што
преспивал и на други места.
Го дофати пивото. Потоа стана и отиде да побара
нешто. Се врати со некоја чашка што ја најде. Си сипа
пиво во неа. Се напи. Направи чудна гримаса. Пивото
беше премногу топло. Сепак, ја испи чашата. Пиво е.
Потоа си сипа нова чаша. И неа ја испи. Не толку
брзо, но и неа ја испи. Седна на креветот со грбот пот-
прен на ѕидот. Пиеше чашка по чашка. Пак помисли
на Ана. Си помисли дека сега можеби спие и го сону-
ва Марин. Марин. Зачкрта со забите. Сакаше тој да
биде оној со кого ќе биде. Со Марин беа добри друга-
ри и ги поврзуваа многу нешта, вклучително и Ана.
Се сети дека Марин му кажа дека знае и дека веројат-
но му е налутен заради тоа. Беше свесен дека нема да
се решат тие несогласувања меѓу нив, но и не правеше
некаков напор да се смени тоа. Само се помири со
таквата состојба. Едноставно, му беше гајле за тоа.
Знаеше дека нема да може ништо да смени. Не се из-
вини и рече дека не се кае, а тоа само дополнително ги
влошуваше работите меѓу него и Марин. Додека пи-
еше размислуваше за ова. Некое време ќе одмара и
нема да свири затоа што едноставно не беше во сос-
тојба да го стори тоа. Само се препиваше. А и другите
имаа некои други обврски па него добро му дојде сето
тоа. Да размисли за тоа што прави со животот и каде
се наоѓа. Имаше вонбрачно дете кое не го признава-
ше, затоа што со неговата мајка беа во лабави односи.
Имаа некоја си отворена врска. Никогаш не решија да
докажуваат дали е или не е негово. Таа тврдеше дека е
негово, а тој дека не е негово. Се остана на тоа. Никој
не запињаше да прави ДНК тест. Ти тој, ни таа.
Шишето полека се празнеше. Остнаа уште неколку
чашки. Не сакаше ни нив да ги остави, па затоа ги ис-
пи за кратко време. Потоа почна да пребарува по со-
бата. Го најде тоа што го бараше. Кутија со цигари.
Извлече една циграга. Ја извади и запалката и ја запа-
ли цигарата. Повлече. Издиша. Повлече уште еднаш.
Чудна миризба завладеа во собата. Нападна. Грозна.
Но, Жарко не обрнуваше внимание на тоа. Само ужи-
ваше во димот. Не ја испуши цела. Немаше сила. Пов-
торно запали. Овој пат навистина беше цигара. Пов-
лече. Просторијата замириса на тутун. Чадот се раз-
леа. Почна да станува загушливо, но тоа не му сме-
таше на Жарко. Ја изгаси од кутијата и ја остави на
подот. Нема гајле, не е негово. Му дојдоа нагони.
Претрча до бањата. Мивалникот го наполни со оста-
тоци од храна. Барем не ги направи плочките. Може-
ше и тоа, нели? Исто ја напони и шољата. Поврати
уште еднаш и се избриша со ракавот. Потоа се фрли
врз креветот и продолжи да спие.
Но, и тоа траеше кратко. Имаше нешто што не му
дозволуваше да спие. Нешто од внатре што го тераше
да биде вознемирен, раздразлив и ранлив во исто вре-
ме. Ана. Таа беше тоа што му ги правеше овие нешта.
Таа беше клучот за неговите проблеми. Или пак, Жар-
ко така избра да биде. Стана од креветот, ги протри
очите и потоа седна на него. Беше некаде накај еден
часот наутро. Имаше време. Всушност, кај него и не-
маше време затоа што немаше ограничување. Никој
не го чекаше. Девојката со која беа во отворена врска,
сега е кој знае каде. Се сети на неа.
- Можевме да имаме повеќе, само што ние избравме
вака. - го започна својот монолог. Не му беше гајле
што си зборува сам со себе. Всушност, во станот не-
маше никого, така што немаше никакви шанси некој
да го чуе и да го направи ненормален. А Жарко и не се
грижеше нешто премногу за тоа. Речиси воопшто не
се гржеше за мислењето на другите. Особено не де-
неска, кога беше премногу пијан и кога имаше изгу-
бено допир со стварноста. Имаше потреба целиот бес,
гнев и лутина да ги исфрли од себе. - Ја сакавме цела-
та слобода на светот. Да пресечев тогаш можеби ова
немаше да се случи. Да имав храброст да се одлучам и
да знам што сакам... Да имав храброст. Тоа е во мина-
тото. Не можам да го сменам тоа. Многу од работите
не можам да сменам. Не би ги сменил. И пак да ми се
даде шанса, пак би идел со Ана, па макар и како љу-
бовник. Се заљубив во Ана. Тоа е тоа.
Почна да размислува за својот живот и за сѐ тоа што
го беше постигнал.
Има работено на неколку места, но смета дека тоа не е
за него. Има работено во трафика, но бидејќи два пати
ја обија трафиката, неславно заврши и оваа негова
авантура. Беше прашање на време кога ќе заврши. И
онака се мислеше да напушти, па добро му дојде што
го избркаа. Таму изврши престој од една година. Има-
ше моменти кога сакаше да работи, но тоа беа ретки
моменти. По грешка. Можеби кога ќе се умореше од
неправење ништо, му текнуваше нешто да поработи.
И тој се проба во угостителството, но некако не се
пронајде таму. Уште веднаш виде колку е саатот и на-
време се повлече. Заврши средно и тоа беше тоа.
Нешто проба со факултетот, но го влечкаше премногу
долго. На крајот го батали затоа што му се собраа
многу пари што требаше да ги плати за да продолжи.
А имаше уште два испита. Но, не се беше појавил го-
дина дена и неколку испити не му важеа.
Мислам дека беа шест. Студираше информатика. Се
разбираше во компјутери. Приватно нешто подрабо-
туваше, но тоа беше повеќе хонорарно отколку што
беше сериозно. Потоа свиреше во бенд. Тоа беше не-
говата страст. Но, тоа не носи постојани примања. Тоа
спаѓа во онаа слободна професија. Таа работа ја тур-
каше. Свиреше во неколку бенда. Повеќето беа тезги.
Во еден или два имаше авторска музика. Но, работите
не се баш розеви кога рабоиш со луѓе. Некој ќе доцни
на проба, друг ќе краде авторски права, трет ќе прави
некоја друга глупост и нема да се согласувате. Кај нас
нема чист професионализам. Барем не во оваа работа.
Тие што се музичари, пред сѐ се пријатели. Сега има
еден бенд во кој свири и добро им оди. Свират нешто
помеѓу метал и панк. Повеќе метал свират. Сега се
преорентираа кон џент метал. Работат на првиот
албум. Жарко знае да свири гитара, сајзер по потреба
и тапани. Речиси ги покрива најосновните инструмен-
ти. Башка е вокал. Многу се има внесено во оваа рабо-
та. Музиката е негова ( голем дел од музиката ), како и
некои од текстовите. Групата им се вика „Гонореа.“
Чудно име за група, но така ја беа крстиле.
Се сети како започна да свири на гитара.
Беше Нова Година и целото семејство беше собрано.
Мајка, татко и две мали дечиња. Жарко и неговата
сестра. Елката украсена, а двете деца чекаат подараци
од Дедо Мраз. Жарко го отвори својот подарок. Гита-
ра. Не очекуваше вакво нешто. Одамна го посакуваше
ова, но не ни сонуваше дека може да му се исполни.
Беше пресреќен. Ја гушна гитарата. Сестра му доби
сентисајзер. Таа беше помала од него неколку години.
Четири. Тогаш имаше шест години, а тој десет. Беше
пресреќен. Уште веднаш почна да ја користи гитара-
та. Иако немаше познавања од ноти и од свирење на
гитара, сепак нешто успеа да отсвири и да звучи ба-
рем прифатливо. Тој беше еден од подобрите празни-
ци кои ги имаа поминато заедно.
Тоа беше најлошиот празник во неговиот живот. Ис-
тиот оној празник кој до пред некоја година беше нај-
добар. Не беше празникот во прашање - тоа беше по-
веќе од јасно. Не беше негова вина затоа што го мра-
зеше празникот. Но, со тек на време реши дека нема
потреба да го мрази тој празник. Раните како да се за-
лечија. Всушност, Жарко мислеше така. Тој си најде
начин да ги залечи рните. Како и повеќето луѓе впро-
чем.
Беше Нова Година. Три години подоцна. Жарко веќе
знаеше да свири на гитара. Прилично добро. Се обиде
да создаде група. Успеа во таа намера. Заедно со свои-
те другари се собрираа секој ден после часовите и
свиреа. Беа тројца другари. Имаше еден што свиреше
на усна хармоника и уште еден на гитара. На почето-
кот само свиреа. Почна да компонира. На почетокот
премногу ги имитираше песните кои ги свиреше, но
подоцна се ослободи од стегите и почна да компонира
посамостојно. Сите мислеа дека ќе се запише во сред-
но мзуичко училиште. Но, тоа не се случи. Имаше
тринаесет години и размислуваше за тоа каде сака да
се запише. Немаше некој план. Сакаше сѐ да стане, па
дури и музичар. Како и повеќето деца на таа возраст,
впрочем.
Тоа утро стана порано од вообичаено. Тргна кон днев-
ната кога ги слушна гласовите на своите родители:
- Знаеш, јас решив дека најдобро ќе биде да се разде-
лиме, - рече татко му. Тоа беше шок за него. Не знае-
ше како да го протолкува тоа. Зошто сега да се разде-
луваат неговите родители?
- Зошто мислиш така? Од каде ти дојде сега ова?
- Во мене е проблемот. Имам друга.
- Молам?
- Да. Ја запознав кога бев на турнеа пред некое време.
- Колку време трае ова?
- Има неколку месеци.
- Никогаш не кажа ништо...
- Знам. Не знаев што да правам. Мислев дека ќе поми-
не и дека е само минливо нешто и моментна занесе-
ност... Ги знаеше сите мои песни... Едноставно се слу-
чи.
- Како бе така? Се случи. Ме имаш мене. Имаш деца.
За мене и не е толку важно. Ама за децата? Како ни ќе
им го кажеш тоа? Како тие ќе се справат со сето тоа?
- Не знам жено, не знам. На тоа мислев последниве
две недели. Како да го изведам сето тоа. Како никој да
не биде повреден. Но, не можам повеќе да го издржам
овој притисок.
- Во ред. Оди, ако сметаш дека така треба. Ќе им ка-
жам дека си на турнеа. Доаѓај бар од време на време,
додека да бидат доволно возрасни и двајцата за да не
им биде шок.
- Во ред. Но, има уште еден проблем.
- Каков?
- Да биде бељата поголема, таа е девојка на мој добар
пријател. Планира да му раскине и да продолжиме да
се гледаме. Знам дека звучи ужасно ова што ти го ка-
жувам, но сметам дека треба да го знаеш. Ќе ви пра-
ќам пари колку што ќе ви требаат за школување и
други работи. Можете да ме побарате за сѐ што ви
треба. Можеме да бидеме пријатели, после сѐ.
- Малку потешко тоа, но ќе се обидам тоа да го изве-
дам. Ова е шок за мене. Не го очекував ова. Ми дојде
толку ненадејно.
- Знам, знам.
Жарко се повлече во собата. Му потекоа солзи. Беше
доволно возрасен за да разбере некои работи, иако му
беше тешко да ги прифати. Почна да плаче. Тивко за
никој да не го чуе. Не сакаше да ја разбуди сестра си.
Никој не мора да знае дека тој знае за оваа работа. Се
изнаплака убаво и потоа отиде во дневната. Седна до
своите родители. Сите се преправаа како сѐ да е супер
и како да нема никакви проблеми. И Жарко се труде-
ше да го изведе тоа, но не знаеше баш најдобро да
глуми. Не можеше да го погледне својот татко во очи.
Татко му забележа дека нешто не е во ред.
- Добро си Жарко? - го праша.
- Да, да, супер. Можеби малку поспано.
- Нешто си ми чуден.
- Како тоа чуден?
- Како да криеш нешто.
Жарко повеќе не можеше да ја издржи играта.
- Јас сум тој што крие нешто, тато?
- Само така ми делуваш, - рече татко му видно збунет
од ова прашање.
- Всушност, да. Во право сте. Се обидувам да сокри-
јам.
- Што е тоа? Кажи ми.
- Знам.
- Што знаеш?
- Не мора да глумите со мама. Знам дека ќе се разведе-
те.
- Не, ние нема... Кој ти го рекол тоа? - почна да се
правда мајка му.
- Тато само што го кажа... Имал некоја што ја запознал
на свирка која е девојка на негов пријател...
- Молам? - се збуни мајка му.
- Да. Го слушнав разговорот.
- Сине, види...
- Ништо тато. Ако тоа те прави среќен, оди...
- Нешто погрешно си разбрал.
- Татко немој!
- Не викај, сестра ти спие.
- Знам.
Разговорот престана. После Нова Година татко му на
Жарко отиде на „турнеа“ која траеше прилично долго.
Можеби сѐ уште трае таа турнеа. Продолжи со таа же-
на да живее. Последно што Жарко дозна за својот тат-
ко беше тоа дека неговата девојка се беше породила и
дека има полубрат. Никогаш не го запозна својот
брат. Додуша не ни имаше волја да го стори тоа. Исто
така, подоцна дозна (иако тоа не му беше воопшто
важно) дека кога татко му ги напуштал неговата то-
гашна девојка била трудна. Со другарот ги прекинале
односите и тој отишол некаде далеку. Ни самиот не
знаеше зошто сето тоа дојде до негови уши. Тој не са-
каше ништо да знае за тоа. Овие настани само го
натераа повеќе да се насочи кон музиката.
За него музиката не беше само збир на ноти наредени
една до друга кои даваат некаков звук. За него музи-
ката беше еден начин на исчезнување. Тоа беше ед-
но од ретките места каде што се чувствуваше удобно.
Неговата удобна зона. Кога сакаше да избега од сѐ, ја
земаше гитарата и почнуваше да свири. Ги затвораше
очите и почнуваше да плови некаде. Излегуваше од о-
вој свет, иако телото му остануваше на истото место.
Му потекоа солзи кога се сети на сето ова.
- Тато, - тивко прошепоте, - можеше да биде поинаку.
Сакав да биде поинаку. Но, наместо тоа јас ја правам
истата грешка. Само со една мала разлика - јас немам
семејство. Но, затоа му ја крадам девојката на најдоб-
риот другар. Тој веќе знае за тоа и не сака да ме види.
Ја оплескав овој пат. Веројатно можеше да биде по-
добро. Ама сега е доцна. Но, од друга страна, барем
Ана е слободна. Тоа ми е некаква утеха. Ако може
така да се каже. Збунет сум. Иако се заколнав дека тоа
никогаш нема да го сторам, иако се згрозував од тво-
јата постапка, а пред тебе глумев дека ми е сеедно, со
огромна болка во душата, сепак јас ја направив истата
грешка. Буквално истата грешка. Сега е доцна за кае-
ње. Разликата е што барем само еден е повреден. Тоа е
Марин. Извини Марин, ништо лично. Само изгледа
Ана има предност.

Поглавје Дваесет и осмо


Недела

Недела наутро. Сонцето се качило на небото. Ги наб-


људува сите како сѐ уште спијат и се мисли дали да
почне да ги буди. Марин е во длабок сон. Не ни по-
мислува да стане. Штом замина ноќта, заминаа и сите
настани со неа. Марин спие како бебенце. Не сака да
се разбуди. Со рацете ја гушнал перницата, како бебе
што гушка играчка. Потонат некаде во мечтите, не го
слуша ѕвонењето на телефонот. А тој упорно ѕвони.
Еднаш, два пати, три пати... Нема одговор. Толку е у-
морен што ништо не е поважно од сонот. После не
знам кое ѕвонење мобилниот прекинува. Конечно ќе
има повеќе мир за себе. Но, изгледа дека сепак не би-
ло пишано да спие уште долго. Повторно почнува она
ѕвонење на телефонот. Повторно и повторно.
- Ало? - ја крева слушалката.
Од другата страна е Ана која сака да разговара со не-
го. Слушањето на нејзиниот глас го освестува во иста-
та секунда.
- Еј, Ана. Како е? Извини уште еднаш.
- Ништо. Сакав нешто да потвдиме.
- Да? Што да потврдиме?
- Дали сме раскинати?
- Да. Не. Не знам. Може ли да те барам за пет минути
да се освестам. Секако, ќе ти вртам. Поздрав.
Раскинати? - му помина низ глава. - Зарем вчера и
раскинав на Ана?
Главата го болеше. Се фати за глава и си ги измасира
слепоочниците. Ништо не помагаше. Отиде до бањата
да се измие. Фрли ладна вода врз себе и потоа ги изми
забите. Заличи на нешто. Потоа пак ѝ се јави на Ана и
ѝ ја потврди веста што го разбуди утрово. Не се сеќа-
ваше дека ѝ расикнал на Ана. Целиот тој период беше
како низ магла. Сепак, почувствува олеснување. Му
беше многу полесно што и тоа заврши. Заврши и таа
приказна. Утре ќе видиме како ќе се одвива. Ни сами-
от не можеше да поверува во тоа.
Потоа отиде да појадува вода. Грлото го печеше. Се
напи две големи чаши вода и потоа се оптегна на тро-
седот. Да одмори од спиење, што би се рекло. Се оби-
де да се прибере и да го започне денот. Сепак, сакаше
да го искористи овој ден. Од утре е пак на работа. Се-
пак, ова беше бурен викенд. За човек на негова воз-
раст и премногу. Некако се присили да стане и отиде
до кујната. Го отвори фрижидерот и извади неколку
работи. Не ни виде што извади. Потоа побара леб и
виде дека нема останато леб. Набрзина облече нешто
на себе и излезе. Ја заклучи вратата зад себе, но ги ос-
тави намирниците на маста за јадење. Го повика лиф-
тот и веднаш дојде. За неколку секунди веќе беше
пред зграда. Сонцето му светеше директно во очите,
па затоа подзамижа. Сврте лево, па продолжи да оди
накај продавничето. Сврте позади зградата, ја помина
сервисната уличка и влезе во маркетот. Како да одеше
механички. Како да не му се одеше баш да пазарува,
но тоа беше тоа. Влезе внатре. Веднаш испазари и зас-
тана на каса. Имаше пет души пред него. Му се стем-
ни од самата помисла дека ќе треба да чека долго. Де-
нес најмалку што сакаше е да заглави на каса во мар-
кет. Но, за среќа работите одеа прилично брзо. Нер-
возно, несвесно, како по навика погледна во рачниот
часовник кој го носеше во секоја пригода како да бе-
ше закован за неговата рака.
Девет часот и триесет минути. Направи безизразна
гримаса и се обидуваше да се сети што треба да прави
денес. Веројатно ништо посебно. Изгледа дека денот
ќе му помине во дремење. Немаше никакви планови.
Кога беа заедно со Ана секогаш имаа некои идеи на
ум. Но, веќе Ана не е дел од неговото секојдневие, та-
ка што нема веќе разни идеи на ум. Ова ќе биде некоја
посебна недедела, која нема да ја има Ана во неа.
Одамна не било така. Добро, веројатно брат му ќе му
се јави да го покани на семеен ручек. Тоа одамна им
беше традиција. Особено кога Марин се разведе од
Искра и почна да се забавува со Ана. Никој од негово-
то семејство не ја сакаша Ана. Еднаш од далеку ја ви-
доа и тоа беше сѐ. Марин беше свесен за тоа, па затоа
и не ги запозна. Не ѝ дадоа шанса. Всушност, сите са-
каа да биде со Искра. Искра на сите им се пикна под
кожа. Искра од време на време одеше кај нив на ру-
чек. Не ѝ беше пријатно, но повеќе заради Бојан. Мо-
раше да се жртвува заради него. Не ѝ беше проблем. И
онака таму ја обожаваа. Марин гледаше да ја избегну-
ва, но тоа беше невозможно. После некое време рабо-
тите слегнаа. Искра доаѓаше еднаш месечно кај нив
на ручек и уште неколку пати на гости. Тоа беше не-
пишан договор кои двете страни несвесно се обврзаа
да го почитуваат. Го носеше Бојан, па понекогаш ос-
тануваше на кафе. Марин знаеше за сето тоа. Не му
пречеше. Со тек на време човек на се ќе навикне.
После неколку минути дојде на ред. И се насмевна
љубезно на касиерката, плати, се заблагодари и излезе
од маркетот. Потоа отиде накај дома. Ја отклучи вра-
тата и влезе внатре. Ги стави кесите во дневна, седна
на двоседот и почна да се соблекува. Му стана пре-
многу топло. Остна само со гаќи и горна бела маица.
Седна на трпезариската маса. Погледна во состојките.
Виде дека извадил сирење, тегла ајвар и некаква си
салама. Ја зема саламата и ја врати назад во фрижиде-
рот. Потоа зема лажица и нож од кујна и седна на
масата да јаде со десната нога под газот. Како дете
секогаш седеша така, па денес му текна дека пак сака
да се однесува како дете. Ја отвори теглата и намачка
на лебот. Пресече парче сирење и почна да јаде. Ужи-
ваше во секое залче. Кој знае од кога немаше јадено
леб, ајвар и сирење. За момент стана и прочепка по
фрижидерот. Најде и шише со јогурт, па си сипа во
една чаша. Се напи. Траги од јогурт му се направија
околу устата, но тој не обрнуваше внимание на тоа.
Уживаше во храната. Љубовта е како храна, - знаеше
да си рече. Секогаш прво ги јадеше крајчињата. Нема-
ше некоја посебна причина за тоа. Уште како дете и-
маше навика да го прави тоа. Имаше едно верување
дека е добро да се јаде крајче. Ќе те сака бабата демек.
Марин само се насмевна кога му текна на тоа. Заврши
со јадење. Отиде во бањата. Кога се погледна во огле-
дало го фати таква смеа што некои петнаесет минути
не можеше да се соземе. Го виде детето во себе. Виде
дека е целиот раскашавен и како деца што се размач-
куваат кога не внимаваат кога јадат. Откако се созема,
се изми, го прибра лебот, јогуртот и теглата ги стави
во фрижидер и потоа се оптегна на троседот. Го вклу-
чи телевизорот, чисто за да види што даваат на кана-
лите. Немаше ништо на телевизија, па наскоро го ис-
клучи телевизорот. Погледна во часовникот. Беше ве-
ќе десет и дваесет и пет. Не знаеше што да прави. Се
мислеше дали е добро време да оди во црква и да се
помоли. Имаше навика да оди во црква за празници.
Понекогаш знаеше и надвор од големите празници да
влезе во црква (тоа обично беа недели и не беа чести.
Еднаш или два пати во месецот). Реши дека сепак ќе
отиде во црква, но малце подоцна. Но, што да прави
до тогаш? Бидејќи немаше што да прави, сеќавањата
почнаа да напаѓаат.
На дневен ред дојде и вечерата која ја имаше вчера со
Ана. Почна од самиот почеток, од тоа како размислу-
ваше да ѝ се јави, до подготовките, бричењето во пос-
леден момент, до пристигнувањето... Почна да се пот-
сетува на разговорот што го водеа; барем на почето-
кот. Во еден момент сеќавањата престанаа и Марин
наеднаш стана. Почна да го бара мобилниот. Заборави
каде го беше оставил откако пазареше. Би требало да
е тука некаде. Го најде и почна да го бара бројот на
Оливер. Му текна дека треба него да му се јави. Имаат
повод да се видат и муабет да прават. Башка да му се
пожали или да му се пофали дека веќе не е со Ана. Го
најде бројот и му вртеше на Оливер. Се договорија да
се сретнат во единаесет часот во истото кафуле. Ја
прекина врската и се облече. Денот беше сончев иако
беше ноември. Облече некои лесни пантолони, пати-
ки, принтана маичка и кожната јакна за секој случај.
Излезе порано од договореното.
Марин влезе во кафулето. Недела. Десет часот и пе-
десет минути. Кафулето е празно. Само Мона е на
смена и Марин кој ја зазема масата. Мона приоѓа на
единствената зафатена маса.
- Повели Марин. - му вели Мона.
- Здраво Мона. Едно ладно макијато.
- Веднаш.
Потоа отиде да ја подготви нарачката. Се врати по
крако време со ладното макијато на Марин.
- Повели, - му рече и го принесе го макијатото кон не-
го.
- Фала.
Марин отпи голтка од кафето. Се чувствуваше некако
поинаку. Среќен. Среќен што конечно затвори едно
поглавје од својот живот. Одамна требаше да го стори
тоа. Но, тоа е тоа. Барем заврши. Во глава му се мотаа
разни мисли. Си замислуваше што ќе прави сега кога
е слободен. Веројатно повеќе време ќе поминува со
својот син, повеќе време со пријателите и ќе се посве-
ти на некои други работи. Додека така си мечтаеше,
некој го прекина. Оливер пристигна. Марин се сепна.
Оливер, целиот насмеан, го поздрави.
- Како е? - му рече.
- Еве, супер. Кај тебе?
- Добро. Неделно. Утре пак на работа и така.
- Да, да. Викендот брзо помина.
- Богами, брзо помина.
- Денот е убав. Види сонце како блеснало.
- Гледам. Туку ти нешто рано си станал.
- Ете така, неделно.
- Каде заскита?
- Си мислев што ќе правам.
- И што реши да правиш?
- Решив повеќе време да минувам со Бојан.
- Браво генијалецу!
Мона дојде и Оливер нарача. Набрзо се врати со уште
едно ладно макијато.
- За друго сум овде.
- Да? А што тоа?
- Нешто што има врска со тебе. За малку ќе заборавев.
- Што тоа? - праша Оливер.
- Некогаш сеќавањата се добредојдени.
- Не филозофирај, туку кажи за што се работи.
- Марија! За тоа се работи.
- Марија? Каква врска има таа со мене?
- Освен тоа што ти се допаѓа...
- Па добро, тоа...
- Епа имам некои новости.
- Да?
- Да.
- Па што е тоа што имаш да ми го кажеш?
- Го имам нејзиниот број.
- Молам?
- Да, да. Мојата поранашна ми го даде бројот.
- Твојата поранешна? Искра?
- Не.
- Тогаш?
- Ана ми го даде бројот де. Сестра ѝ е, нели?
- Да.
- Ана ми го даде бројот.
- Малу ме збуни. Затоа. Не е важно.
- Имаш право. Не е важно.
- Чекај, чекај! Ти и Ана...
Марин само кинма со главата.
- Да. Раскинавме. Вчера. Јас ѝ раскинав.
- Зошто? Веќе доста долго бевте заедно.
- Да. Десет години. Но, кога не оди, не оди.
- Што така наеднаш?
- Не е наеднаш. Едноставно дојдовме до крајот на
патот.
- Ти текна дека си дошол до крајот на патот после
десет години. Јас очекував дека ќе ја запросиш, кога -
тогаш.
- Не, немаше да се случи такво нешто.
- Во ред. Ти си знаеш.
- Ме изневери.
- Молам?
- Да. И тоа остана трудна.
- Не сери! Знаеш кој е тој со кого те изневерила?
- Да.
- И му ја учука една?
- Не. Ама заслужуваше.
- Не си таков човек.
- Работата е што тоа е еден од нас.
- Еден од нас? Мислиш јас, Виктор...
- Жарко.
- Не можам да поверувам. Кој е ако не е тајна?
- Ти не си. Жарко е.
- Молам? Жарко?
- Да. Одамна знаев дека му се допаѓа, но не знаев дека
вака позади грб.
- Леле какво говедо! Е не ми се верува!
- Остај, не вреди да се зборува за тоа.
- Жал ми е брат.
- Тоа е брат.
- Навистина заслужува да го премлатиш!
- Не вреди. Не сакам да го видам!
- Разбирам.
Потоа Марин му раскажа што и како се случило со
Ана. Му кажа и дека е лупна еден, па потоа уште два
шамари. Оливер почна да се смее, што го наведе и
Марин да се смее. Двајцата се смееја некое време без
да земат воздух. Оливер завиваше од смеење. Не му се
веруваше. И Марин почна да вришти од смеење, иако
не му беше баш до смеење. Имаше нешто кај Оливер
што го натера да се витка од смеење. Среќа немаше
никого во кафулето, освен Мона секако. Таа ги гледа-
ше и се воздржуваше да не се изнасмее. Беше навик-
ната на ваквата глетка, така што не ѝ беше ништо чуд-
но. И го направија денот што се вели. Мона и онака
беше скисната затоа што никој не поминуваше таму.
После некое време се прибраа и продолжија да разго-
вараат за некои небитни нешта. За средно, за одмори,
за ова, за она. Кафулето почна да се полни. Платија
сметка и секој тргна на своја страна; Оливер беше
среќен што го доби бројот на Марија, а Марин затоа
што така се немаше одамна изнасмеано и како да за-
борави какво е чувството да се биде среќен.
Марин тргна онаму каде што беше решил дека треба
да оди. Во црква. Ете што правеше до тоа подоцна.
Му текна дека треба да испие кафе со пријателот, да
му го даде бројот на девојката која му се допаѓа затоа
што некако успеа да дојде до нејзиниот број. Имаше
таква среќа таа да биде сестра на тогаш неговата, сега
веќе поранешна девојка или љубовница. Животот пи-
шува романи. Има и добри и лоши мигови. Тоа е тоа.
Марин беше среќен затоа што конечно му се симна
товар од вратот, но не ни очекуваше дека вака брзо ќе
закрепне. Блескаше од среќа. Како да бил под некој
голем притисок па сега конечно се ослободил. Како
едвај да чекал да се случи вакво нешто. Тргна накај
најблиската црква во соседството. Помина покрај не-
говата зграда. Надвор немаше живо пиле. Неговите
другари си беа со обврски. Секој со своето гајле. Баш-
ка само што се виде со Оливер. Виктор се расправаше
со детето, а Жарко беше кој знае каде. И подобро што
не го гледаше Жарко. Немаше желба да го гледа. Ни-
каква. Не знае сега како ќе биде со друштвото. Изгле-
да ќе треба да се одалечи малку. Ќе мора, ако сака да
го избегнува Жрако. Друго чаре нема. Беше свесен за
сето тоа. Оливер веќе знае. Ќе треба само да му спом-
не на Виктор. Не знае дали е баш најпаметна работа
да шири наоколу, но чисто за да знаат да не го викаат
кога ќе доаѓа Жарко со нив. Како и да е, тоа ќе се
расчуе. Ако не сега, тогаш нешто подоцна.
Марин се прошета низ своето маало. Помина покрај
зградите покрај кои долго не беше поминал затоа што
патот го водеше во друга насока. Се изненади од тоа
колку работите се сменети, ако во суштина ништо не
беше сменето. Сменети беа плочки на петеката, уре-
дени беа неколку зелени површини, но сето тоа го ме-
нуваше ликот на тој дел од населбата. Помина покрај
заводот за вработување и се згрози. Се потсети кога се
пријавуваше за да бара работа. Тоа беше не баш при-
јатно искуство. Редица од луѓе, загушливо. Сите неш-
то зборуваат и не се слушаат. Се буткаат мислиш де-
лат златни ланчиња. Кокошарник. Во еден кокошар-
ник па поголем ред има. Имаше среќа што веднаш
најде работа, па не беше потребно почесто да се поја-
вува таму. Продолжи да пешачи во таа насока. Го по-
мина и заводот за вработување. Веднаш после тоа, на
стотина метри се наоѓаше едно црквиче. Реши да оти-
де таму. Почна да се качува по нагорнината. Веќе
беше пред црквата. Се прекрсти. Помина по скалите и
дојде точно пред неа. Пред тоа го стиша телефонот.
Сакаше мир. Неколку минути сакаше мир. Да биде
сам со себе. Да запали свеќа, да побара мир. Влезе
внатре. Даде пари за свеќите. Зема осум свеќи. Запали
за секого по една. За татко му, за мајка му. За брат му
и за сестра му. За него, Бојан и Искра. И на крај запали
свеќа за здравје и за Ана. И покрај тоа што не се заед-
но и поскауваше здравје. Ги запали свеќите и се помо-
ли. Се помоли за здравје, за мир и среќа. Потоа промр-
море:
- Господе, ти кој си на Небото, прости ми ги гревови-
те. Грешев премногу. Можеби сѐ уште грешам нека-
де, но не сум свесен за тоа. Ако е така, прати ми знак.
Прости за шамарот што ѝ го удрив на Ана, како и за о-
ние два додатни. Не знам што мни беше. Се каам. Ми
се стемни пред очи. Ми го качи притисокот. Во мо-
ментот не знаев што да правам. Несвесно се случи се-
то тоа. Ни самиот не знам како. Не знам како да си го
објаснам сето тоа. Сѐ уште не ми се верува. Прости
Господе.
Потоа излезе од црквата, се прекрсти уште еднаш и
тргна да си оди накај дома. Се чувствуваше посвежо
некако. Исполнето. Тоа е тоа што му требаше. Полека
чекореше насмеан. По навика го извади телефонот.
Виде пропуштен повик. Му се смени расположение-
то.
- Кој е па сега? - си рече за себе. - Дарко? Ај да видиме
што му треба на Дарко.
Го заврте бројот на брат му. Почна да ѕвони. Брат му
изгледа не го слушаше телефонот. После четвртотот
ѕвонење, се јави.
- Еј, Дарко си ми ѕвонел. Кажи?
- Да, мама не можеше да те добие, па затоа јас ти ѕво-
нев.
- Разбирам. Излезен бев. Не бев дома.
- Нема гајле. Мама не вика на ручек сите. И Искра и
Бојан.
- Добро. Убаво.
- И тебе те вика.
- Да, да. Разбрав. Ќе дојдам. Кога тоа?
- Па накај два - три. Знаеш де кога се собираме сите.
- Знаат ли Искра и Бојан?
- Не знам дали ги известила мама.
- Во ред. Ќе и ѕвонам на Искра и ќе ѝ кажам.
- Во ред. Тогаш се гледаме.
- Секако. Се гледаме. Поздрав.
- Поздрав.
Се прекина врската. Марин се насмевна и продолжи
накај дома. Ќе треба да се спреми. Сепак ова е голем
настан. После неколку минутки дојде дома. Се пре-
соблече и ѝ сврте на Искра. Телефонто ѕвонеше. Ис-
кра се јави после првото ѕвонење.
- Ало? - рече со збунетост во гласот.
- Здраво Искра. Марин овде. Ми кажаа дека ќе се со-
бираме на ручек кај мајка ми. И тебе те поканиле, за-
едно со Бојан. Те планираат барем. Затоа ти се јавувам
да те известам. Само што се чув со Дарко. Да дојдам
да ве земам? Да, да. Тоа би било супер. Ќе поминам
накај три. Во ред, се гледаме. Подрав.
Врската се прекина. Почувствува бран на возбуда. Си
го слушаше чукањето на срцето. Толку од мирот. Но,
ова беше еден од оние слатки немири. Сепак работите
не се смениле, иако годините поминале.
*
* *

Откако му се јави на Марин, Ана стана од креветот.


Не ѝ се стануваше баш, но некако се присили да ста-
не. Отиде до огледалото. Се погледна. Го виде резул-
татот од синоќешната вечер. Не ѝ се веруваше. Сепак
било вистина тоа. Марин навистина ја удрил. Но, не
беше ништо страшно. Само малку црвенило кое поле-
ка поминуваше. Сеќавањето болеше повеќе. Како и
самиот чин дека ѝ мавна шамар. Се чувствуваше нис-
ко. Посрамено. Дозволи врз неа да кренат рака. Не ѝ
се веруваше. Мисеше дека е господин, а не некој на-
силник. Се обиде да најде одговор на ова. Немаше. И
покрај тоа што можеби и го предизвика, сепак не бе-
ше начин. Ѝ се плачеше. Солзи ѝ потекоа од очите.
Седна на креветот. Се стутка како да се наоѓа во некој
ќош од соба или како да бега од некого. Како ранета
срна.
- Не може вака. Се однесуваше со мене како со крпа.
Го избриша подот со мене и потоа ме фрли. Срам ми е
од самата себе. Се чувствувам ефтино. Како жена за
една ноќ. Една ноќ која трае десет години. Десет
години. И за што јас ги потрошив овие десет години?
За пак да почнам од почеток? До кога со овие почето-
ци и краеви?
Стана од креветот. Отиде во дневната каде што беше
мајка ѝ и гледаше нешто на телевизија. Некоја репри-
за од турските серии. Таму беше и Марија.
- Ана, што ти е тоа на лицето? - ја праша Анче.
- Не знам. Што имам?
- Нешо црвено, - додаде и Марија кога ја загледа.
- Изгледа е од пудрата. Може имам некоја алергија.
- Добро, добро. - рече Марија иако не беше баш убе-
дена во тоа.
Потоа почна нешто да зборуваат неповрзано, а по
кратко Анче им викна:
- Бидете потивки, не можам да слушам! Што сте се
разгракале?
- Ајде Марија, да ја оставиме мама да гледа. Дојди кај
мене во соба.
- Секако. - рече Марија.
Двете влегоа во собата на Ана.
- Сакам да зборуавме за нешто.
- Кажи Ана. Те слушам.
- Му го дадов бројот на Марин. Тој веројатно му го
има дадено на Оливер или ќе му го даде.
- Супер! Баш ме радува. Фала ти многу. Срце си.
- И уште нешто.
- Што тоа?
- Јас и Марин раскинавме.
- Претпоставував. Те удри?
Ана молчеше. Тоа кажуваше сѐ. Марија избувна!
- Како може така? Што се замислува тој? Каков иди-
от!
Потоа Ана сѐ ѝ раскажа на Марија што и како. Од
прво до последно. И призна дека е трудна и тоа од пе-
ачот на бендот, односно Жарко. На Марија не ѝ се ве-
руваше тоа што го слуша. Не знаеше што да прави.
Беше распната меѓу двете страни. Од една страна го
разбираше Марин, но во никој случај не го одобрува-
ше тоа.
- Тој почна мирно и сакаше да бидеме пријатели, но
изгледа јас сум таа блесавата која го предизвика. Го
молев да ми прости, се каравме. Во ресторанот гледаа
во нас. Изгледа му се споија жичките.
- Не знам што да кажам. Би ти рекла да го пријавиш.
- Нема ништо. Немам сведоци.
- Да, тоа е мал проблем.
- Да.
- Зошто порано не ми кажа?
- Што да ти кажам?
- Па дека си трудна.
- Не знаев како.
- Разбирам.
- Се мислам дали да го родам детето.
- Зошто? Што ти паѓа на памет?
- И со Жарко се испокарав. А тој наводно ме сака.
- А бре Ано, ко шпанска серија си.
- Знам, Маци. Не знам што да правам.
- За почеток, не се нервирај.
- Се обидувам.
- Сѐ ќе помине.
- Знам.
Потоа Марија си отиде. Ана остана сама. Остана сама
со своите мисли. Се врати наназад низ времето. Вед-
наш после смртта на Иван. Дента кога дозна дека
Иван е умрен, а таа го има изгубено детето нешто се
скрши во неа. Ја немаше повеќе таа свежина, таа жи-
вост, таа младост. Беше повлечена. Тоа беше вооби-
чаено затоа што беше доживеала тешка траума. Но,
нештата не се менуваа. Минуваа недели, а состојбата
не се подобруваше. Нејзините родители се загрижија.
Побараа помош од стручно лице, иако тоа значеше
отуѓување од пријателите и соседите. Нив не им беше
важно тоа. Важно им беше на нивната ќерка да ѝ биде
подобро. Правеа сѐ што можеше да се направи, но не-
маше некои посебни ефекти. Ана почна да зема разни
апчиња со смирувачко дејство. Полека почна да се
контролира нејзината состојба. Поголем дел од вре-
мето (барем не почетокот), беше стонирана и личеше
на сениште. Ретко излегуваше од дома. Одеше на фа-
култет и се враќаше дома. Се обидуваше да учи и да
ги положи испитите, но тоа некако не одеше баш нај-
добро. Среќа, таа состојба траеше само неколку месе-
ци. Потоа некако се врати на колосек. Имаше многу
пропуштено, па се обиде да надокнади. Не одеше лес-
но, но почна да се бори. За да заборави на сѐ околу се-
бе што и се случуваше се посвети на учењето. Спре-
маше испити. Учеше постојано; и дење и ноќе. Спие-
ше по пет до шест часа за да има повеќе време за уче-
ње. На почетокот беше тешко и тоа ѝ причинуваше
главоболки, но со тек на време успеа да се вклопи. Тој
период се карактеризираше со промена на расположе-
нието. Ама премногу чести промени на расположени-
ето. Знаеше да се смее без причина и тоа да ѝ биде
нормално. Или се смееше за работи за кои ретко кој се
смееше. Имаше некоја посебна смисла за хумор. На
моменти знаеше да плаче со часови за најбанални
нешта. Особено кога гледаше некои тажни филмови.
Тоа беа реки од солзи. После некое време ќе се сми-
реше и ќе фатеше да се смее, така неконтролирано,
што дури заоѓаше од смеење. Нејзините реакции беа
претерани и неконтролирани. Мајка ѝ и татко ѝ се
плашеа за неа. И Марија исто така. И нејзе не ѝ беше
сеедно тоа што се случуваше. Имаше моменти кога А-
на не ги распознаваше. Тоа беа можеби најтешките
моменти за сите. Марија беше најмногу потресена од
тоа. Се радуваше дека ќе стане тетка, но сите надежи
отидоа во вода. Сите знаеја дека е малку чудна па
затоа ја избегнуваа Ана. Но, тоа не ја промени работа-
та. Ана уште повеќе се повлече во себе. На почетокот
и беше чудно и имаше потреба од друштво, но потоа
се навикна на таа самотност, како впрочем и сѐ на што
се навикнува човекот со тек на време, па кога ќе и се
доближеа луѓе тоа за неа беше премногу возбудлив
настан, што на моменти и носеше страв и параноја.
Влезе во филм дека некој ја напаѓа и дека сите ѝ мис-
лат лошо. Нејзините пак се обратија до стручно лице
и тој им ја објасни состојбата, која за среќа и не била
толку страшна. Прво почна да се зближува со татко ѝ,
а потоа и со мајка ѝ. Тоа беше долг и мачен процес.
Колку само солзи имаа пролеано нејзините во тој пе-
риод. Ѝ требаше месец дена да се зближи со татко ѝ.
Требаа челични нерви за тоа кои веројатно нејзиното
семејство ги имаше. Мораше да ги имаат. Некако по-
мина и тоа. За да се зближи со мајка ѝ и беа потребни
недела дена или можеби десет дена. Но, и тоа помина.
За да се зближи со Марија и требаа неколку часа. Со
неа многу брзо се зближи. Имаше некаква хемија меѓу
нив. Со неа најбрзо од сите други се беше зближила.
Почнаа полека работите да се подобруваат. Со секоја
наредна личност ѝ требаше сѐ помалку време да се
зближи и да остварува контакти. Навидум работите
изгледаа добро. Но, не беше сѐ како што треба. Ана
имаше кошмари доста долго време. Едно време секоја
втора вечер ја сонуваше сообраќајката. Целиот нас-
тан, од моментот кога се вози на мотор па сѐ до мо-
ментот кога се наоѓа во болница и кога ѝ соопштуваат
дека бебето ѝ е умрено и дека човекот кого го сака ис-
то така е умрен. Не можеше да се помири со тоа. Знае-
ше да се разбуди среде ноќ, целата задишана и облеа-
на во пот. Потоа долго време ѝ беше потребоно за да
се смири. После некое време соновите се разретчија, а
на крај веќе исчезнаа. Додека траеше таа агонија, Ана
редовно пиеше апчиња, (терапија преишана од лекар),
кои многу ѝ помогнаа, особено на почетокот. Потоа
престана да ги зема. Имаше подобрување. Додека
траеше овој хорор, Ана си зацрта една цел - да успее
да го преброди ова и да го заврши факултетот. Одеше
во таа насока. Испитите ги даваше, ја чистеше година-
та. Тоа го правеше со стил; покажуваше запрепасту-
вачки добри резултати. Беше првенец на генерација,
или барем меѓу првите десет. Тоа беше преголем ус-
пех. Сите ѝ се чудеа како успева. Само таа си ја знае-
ше тајната. Еднаш се беше заколнала дека ќе успее, во
чест на Иван. Затоа што Иван би го сакал тоа. Иван
постојано беше присутен во нејзиниот живот. Живее-
ше во неа. Често одеше на неговиот гроб. Таму седе-
ше долго време. Плачеше со часови. Но, потоа излегу-
ваше прочистена. Но, имаше и мигови кога се смееше
како луда. Само таму знаеше да откачи. Но, никој не ѝ
замеруваше заради тоа. Немаше потреба. Беа свесни
дека тоа беше голема љубов и дека Ана тешко ќе се
помири со тоа. Ако успее пак да засака некого, ќе би-
де супер. - се надеваа. Животот почна со својата здо-
девност. За сметка на факултетот, нејзиниот друшт-
вен живот беше сведен на минимум. Речиси и да не
излегуваше. Само кога требаше да размени материја-
ли. Откако се случи ова со Иван, се раздели од сите. И
требаше време да си дојде на себе. Сметаше дека е
време да се обноват некои пријателства. Но, тоа и не
беше баш така лесна работа. Многу броеви беа изгу-
бени. Многу луѓе веќе беа сменети. Мобилните сѐ уш-
те ги немаше, исто како и интернетот, така што начи-
нот на комуникација беше малку подотежнат. Тоа бе-
ше доста тешка цел што требаше да се оствари. Но,
одеше полека. Некако се дограби до телефонот на О-
ливера. Се познаваа од порано. Реши да го обнови
пријателството со неа. Кога ѝ се јави, Оливера беше
изненадена од фактот дека ја слуша Ана. Си направи-
ја муабет. Оливера знаеше што отприлика се случува
со Ана. Знаеше дека се беше повлекла. Сите работи
брзо се дознаваат. Барем во мали места. А Скопје и не
е некој голем град. Но, многу работи не знаеше за А-
на. Откако Ана тргна на факултет, малку се одалечија
затоа што секоја се посвети на факултетот. Откако се
случи тоа со Иван, Ана уште повеќе се повлече. Мно-
гу ретко ја гледаа во маало. Скоро никогаш не излегу-
ваше од дома. Седеше во дворот за да земе воздух и
веднаш се повлекуваше. Тогаш и пропуши. Почна со
една цигара и повремено (кога се дружеше со Иван), а
откако се случија сите тие работи, почна да пуши по-
често. Цигарата ја смируваше. Барем така велеше. По-
некогаш цигарата ѝ беше изговор за да излезе на
воздух, во дворот. Не ѝ се седеше цело време дома.
Но, од друга страна се плашеше. Еден период, како
што споменав, имаше страв да се меша со луѓе. Нико-
го не запозна кој ќе може да и ја излечи болката по И-
ван. Веќе мажите и не ја привлекуваа. Немаше сила да
поминува низ истото. А ни момчињата не беа накло-
нети кон неа. Никој, речиси и да немаше човек кој ѝ се
приближуваше. Делуваше изгубено на факултет. Ни-
кој не сакаше да си има работа со неа. Така што таа и
немаше некој голем избор во врска со тоа. Момчиња-
та претежно ја избегнуваа. Беше свесна за тоа и не ѝ
беше сеедно. На никого не би му било сеедно. Но,
ништо не можеше да стори. Не можеше да го смени
минатото. А сакаше да го смени. Проклето сакаше ова
со Иван да не е вистина. Но, не секогаш работите се
такви какви што сакаме да бидат. Сакаше да запознае
некого, но не ѝ одеше баш најдобро. На почетокот ѝ
беше тешко и знаеше навечер да се стутка во креветот
и да плаче доста долго. Откако сѐ ќе исфрлеше од неа,
легнуваше да спие. Тоа траеше со денови. Како и сѐ
друго, еден ден престана. Првиот пат кога излезе со
Оливера на кафе беше чуден. Седеа една спроти друга
и молчеа. Ќе проговореа по некој збор и пак замолчу-
ваа. На Оливера и стана непријатно, па се обидуваше
да го води разговорот. Се обидуваше да разговара со
Ана на било која тема. Одеше доста тешко. Некако ус-
певаше да изведе разговор со Ана. На почетокот пра-
веа муабет за минатото и за луѓето што ги познаваа.
Потоа почнаа да прават муабет за детството, па за
струката на Ана. Ана полека почна да се опушта и да
разговара. На Оливера ѝ беше мило заради тоа. Се ис-
пратија со надеж дека пак ќе се видат. Се видоа пов-
торно. Овој пат, Ана беше позборлива за разлика од
минатиот пат. Дури и се распрашуваше за Оливера.
Работите тргнаа на подобро. Оливера се изненади, но
ништо не рече. Полека почнаа да го надоплнуваат она
што се беше прекинало. Се најдоа на иста бранова
должина што се вели.
Работите полека одеа во посакуваната насока. Ана
почна да закрепнува. Откако се здружи со Оливера,
почна да се дружи и со Нина и Елена. Полека сѐ се
врати во нормала. Раните некако се залечија. Животот
продолжи. Ана долго време беше самец. Во период од
шест години го заврши факултетот. На време. Заврши
на стоматолошки факултет, со висок просек. Имаше
среќа, некако се бутна во државната забна ординаци-
ја. Прво како волонтер, а потоа и со постојан работен
однос. Работеше доста време таму. Учеше и се усовр-
шуваше. Полека штедеше пари за да може да се доу-
соврши. Сакаше да запише специјализација и да пра-
ви посложени операции. За тоа ѝ требаше прилично
доста време. Работеше можеби пет или повеќе годи-
ни. Беше задоволна од својата работа. Не земаше го-
лема плата, но беше задоволна. Ја работеше работата
што ја сакаше. Сонуваше за повеќе. Работеше на тоа
соништата да се остварат. Но, тешко беше. Ана не бе-
ше научена да прифати пораз без борба. Се бореше.
Се надеваше дека еден ден ќе стане вистина она што
долго време го посакауваше. Ги исполнуваше сите ус-
лови. А имаше разни услови ; просек, работно искуст-
во, курсеви. Сѐ што можеше да се направи правеше.
Просекот ѝ беше повеќе од доволен. Работното ис-
куство не, но работеше на случајот. Се пријавуваше за
курсеви поврзани со нејзината струка. Беше посвете-
на на работата во секој случај. Имаше цел и одеше кон
неа. Работеше и прекувремено, се со цел да заработи
што повеќе пари. Но, работата почна да се исплати.
Таа стана прочуена забарка во градот. Прилично дос-
та луѓе ја знаеја. Имаше големи познавања од повеќе
области. Постојано учеше нешто ново. Тоа беше она
што ја исполнуваше. Додека уште почнуваше со рабо-
та и со градење на кариера, се случи уште еден немил
настан. Почина татко ѝ. И тој период беше потиште-
на. Само што излезе од еден проблем, веќе влезе во
нов. Но, ова не траеше долго време. Брзо се прибра и
се посвети на кариерата. Ја градеше со многу труд и
макотрпна работа, внимавајќи да клиентите да бидат
задоволни. Постојано работеше на тоа да биде најдоб-
ра во сѐ. А за неа стоматологијата беше сѐ. Си го пос-
тави тоа како цел и реши дека ќе ја оствари по секоја
цена. Тоа и го стори. Работеше на случајот. Напреду-
ваше. На работа имаше голем углед и сите ја почиту-
ваа. Не ја сакаа, но ја почитуваа. Имаа страв од неа.
Всушнст, денес кој кого сака кога се работи за карие-
ра? Ана брзо напредуваше, па затоа навлече врз себе
гнев на многу луѓе. Беше свесна за тоа, но ништо не
можеше да стори. Победникот е сам! Сами се бориме
за своите битки! Секој со своето. После неколку годи-
ни, шест или седум, запиша постдипломски студии за
есетска хирургија. Но, тоа смени многу работи. Веро-
јатно придонесе и за врската со Марин. Почна повеќе
време да посветува на тоа и малце го запостави Ма-
рин. Тој имаше разбирање за тоа, но далечината си го
правеше своето. Почна сѐ почесто да патува и веќе
работите не беа исти. Често се враќаше уморна. Има-
ше периоди кога не се гледаа со денови. На почетокот
им беше чудно, но со тек на време се навикнаа. Сепак
си останаа верни еден на друг. Барем доста време.
Почнаа сѐ поретко да имаа блиски односи и се повеќе
излегуваа како пријатели. Многу нешта се сменија. И
двајцата беа свесни за тоа, но не сакаа да си признаат
еден на друг. Мислеа дека ќе можат да се справат. И
веројатно ќе можеа да не беше Жарко. Но, дали е
Жарко навистина виновникот за ова што се случи ме-
ѓу нив? Ако не беше Жарко, ќе беше некој друг. Во
последните години имаа и некои несогласувања. Доб-
ро, тоа беше нормална работа, но за секое неизлегува-
ње или негледање крив беше некој трет. Де беа дру-
гарките на Ана, де беше Бојан и Искра, де ова, де она.
Марин знаеше да ѝ префрли на Ана затоа што пречес-
то излегува со другарките, а таа затоа што пречесто се
гледа со другарите. Исто така, Ана многу се нервира-
ше кога Марин поминуваше време со Бојан. Не дека
не го сакаше Бојан, но ѝ беше страв од Искра. Знаеше
дека при секоја средба со Бојан се гледа и со Искра, а
тоа тешко ѝ паѓаше. Всушност, Бојан и не ја знаеше
Ана, а Ана и те како го знаеше Бојан. И беше јасно де-
ка го растури семејството. На момент чувствуваше
вина заради тоа, но не доволно за да престане и да
пресече. Ана се плашеше дека Марин можеби ќе ја ос-
тави за некоја друга. „Кога Искра со дете ја остави за
да биде со мене, што ќе биде кога ќе запознае некоја
подобра од мене? Знам дека не сум најдобра и најуба-
ва и дека Марин може да ми го направи истото што и
го направи на Искра.“ - често знаеше да размислува на
ваков начин. Се ежеше од самата помисла. Сакаше да
му даде слобода, но и сакаше да биде сигурна дека не-
ма да ја остави. Тие две нешта се косат едно со друго.
Како да немаше доверба во него. А сакаше да има. Са-
каше да му верува, но нешто како да не и даваше да
му верува. Не сакаше пак да биде повредена. Тоа бе-
ше сосема разбирливо. Но, на моменти знаеше и да
претера. Ептен да претера. Среќа не му се јавуваа
многу жени на Марин, па немаше многу сцени. И за
тоа се караа. Секоја женска што ќе му се јавеше беше
предмет на детално испитување. Марин беше уморен
од ова, но не му остануваше ништо друго освен да го
прифати фактот дека Ана на моменти е љубоморна.
Но, со тек на време и тоа помина. За среќа помина. А-
на стекна доверба во него.
Не беше совршен врска. Имаа проблеми, но наоѓаа
начин да ги надминат. Тоа беше добрата работа. И ги
надминуваа. Кои побрзо, кои поспоро, но ги надмину-
ваа. Но, изгледа нешто не успеаја да надминат. Може-
и се заситија еден од друг, но не знаеја како да си го
кажат тоа. Знаеја и по месец дена да не се видат и да
не им фали тоа. Се слушаа често. Но, кога Ана патува-
ше, тоа беше малку потешко. Секако тие патувања беа
кратки. И кога ќе се видеа после некое време (два -
три дена; обично откако Ана ќе се вратеше од пат) се
однесуваа како да се на почеток или во фаза на прија-
телство. Повеќе беа пријатели одошто љубовници. Но
и на двајцата не им сметаше тоа. Или можеби на Ма-
рин му сметаше. Никој ништо не зборуваше за тоа.
Тоа беше еден од проблемите. Што некогаш сакаа
проблемите сами од себе да исчезнат. Не зборуваа за
некои работи. Дали беше пристапот во парашање или
некое табу? Можеби не знаеја како да започнат разго-
вор на такви теми. А можеби и се срамеа да зборуваат
за тоа. Но, не е чисто ако прашината се стави под те-
пих. Не се решаваат проблемите, ако се правиме дека
не постојат. Пред другите правеа сѐ да биде соврше-
но. Добро, сега не треба да разговараат со секого за
работи кои се прилично лични, но треба да меѓу себе
да разговараат за работи кои ги засегаат. Од толку
што се правеа сѐ да изгледа дека е совршено, забора-
вија дека нешто не штима. Или не сакаа да се замору-
ваат со такви работи. Веројатно сакаа нешто лабаво, а
нивната врска беше терет. Но, зошто тогаш продол-
жуваа да ја одржуваат врската кога таа за нив претста-
вувала товар и обврска? За да не бидат сами? Некои
работи некогаш се многу чудни. Луѓето се премногу
чудни. Но, секој со своите навики.
*
* *

Марин почна да се спрема за ручекот организиран од


неговата мајка. Знаеше дека ова е посебен настан и
дека треба убаво да се припреми за него. Влезе да се
истушира. Брзо заврши со тоа. Потоа си најде пригод-
на облека како што би доликувала на таков настан.
Едноставно, му беше мерак што ќе се дотера и ќе оди
на ручек. Беше среќен. Откако заврши ова беше сре-
ќен. Како да се случило многу одамна. Набрзина се
облече, се дотера и излезе од станот целиот радосен.
Ја заклучи вратата два пати и се симна по скалите. Го
повика лифтот. Веднаш дојде и влезе внатре. Го при-
тисна копчето. Додека се симнуваше постојано се гле-
даше во огледало. Го виде својот среќен лик. Беше
среќен како никогаш до сега. Дури почна и да си пее
некоја песна што во мементот му дојде. Сам си ги
измисли стиховите :

Каков убав среќен ден,


среќен ден, среќен ден.
Каков убав среќен ден.
Ко да ми е роденден.

Си пееше со некоја особена радост. Отиде накај авто-


мобилот. Надвор беше сончево. Беше ставил очила за
сонце. Беше облечен речиси исто како вчера. Намири-
сан. Среќен. Исто така беше весел затоа што ќе се
види со Искра и со Бојан. Си вети дека ќе гледа да
поминува што повеќе време со нив. Влезе во колата и
тргна накај нив. Ѝ се јави на Искра да ѝ каже да се
симнат. За некоја минутка ги чекаше пред зграда.
Влегоа заедно со Бојан. Бојан седна на предно дово-
зачко седиште, а Искра на задно. Ги поздрави со иста-
та веселост која цел ден не го напушташе.
- Нешто многу си весел, тато. - му рече Бојан.
- Па да. Така ми доаѓа. Башка, мило ми е што ве гле-
дам.
- Тоа е причината за среќа?
- Да. Добро, и уште нешто. Ручекот на баба ти.
Бојан се насмеа. Знаеше дека не е баш така, но си мол-
чеше.
- Ако ти така велиш...
- Изгледате прекрасно и двајцата.
- Фала, - рече Искра срамежливо. И таа го забележа
веселото расположение на Марин. Ѝ беше чудно, но
беше среќна за него. Предизвикуваше заразно весело
расположение. И Искра ја зафати тој бран на весело
расположение. А Бојан беше пресреќен кога ги гледа-
ше неговите родители како се смеат. Ова беа ретки
моменти па затоа ништо не зборуваше. Како да е не-
каков сон ги затвори очите за што подолго да трае.
Марин фрли поглед накај Бојан и го виде со затворени
очи. Се насмевна под брк. Искра не го забележа тоа.
Се трудеше да биде весела и да не ја расипе атмосфе-
рата. Најпрвин заради Бојан, затоа што знаеше колку
му значи ова на Бојан, а потоа и за себе. Се обиде и за
миг заборави на сѐ што се случуваше меѓу неа и Ма-
рин. Заборави на неверството, му прости, си прости и
продолжи понатаму. Сакаше Марин да го памети по
убави нешта. Сепак, имаа премногу убави мигови по-
минати заедно. Ја погледна тетоважата и се насмевна.
Повторно и се вратија сеќавањата на денот кога го
тераше Марин да се тетовираат. Денес можеби не би
го направила тоа, но тогаш... Тогаш беа поинакви
времиња. Често мислеше на Марин, иако не сакаше да
си го признае тоа. Сепак, имаше дете со него. Тоа бе-
ше нешто што ги поврзуваше. Глумеше дека научи да
живее без него. Но, и покрај сѐ, тоа беше најдобрата
одлука што ја донесе. Не сакаше да се залажува себе
си. Знаеше дека нешто не е во ред. Уште многу пред
тоа. Но, не сакаше да си признае. Или пак мислеше
дека ќе му помине. И беше во право. Му помина. Но,
поминаа и годините.

*
* *

Масата беше подготвена за ручек. Долга трпезариска


маса која се собираше и издолжуваше по потреба.
Направена од оревово дрво постара од сите три деца.
Прекриена со бел чаршав небаре се на некаков бал.
Ова беше важен настан за Мето и Божа. Се обидуваа
барем еднаш неделно (сакаа да биде така) да го собе-
рат целото семејство. Свесни беа за динамичниот на-
чин на живот и за отуѓувањето на луѓето. Си имаа о-
бичај да се собираат. Тоа обично беше недела. Бидеј-
ќи живееја само тие двајца им беше мило кога ќе им
дојдеа гости. Се обидуваа да ги задржат семејните
вредностои. Беа свесни дека тоа е битка која веќе е из-
губена, но никако не се предаваа. Гледаа да се соби-
раат колку што времето и обврските дозволуваат. Ова
беше прочуен настан во нивното семејство. Беше како
еден вид слава или роденден. Понекогаш се кажуваа и
здравици, се пееше, се кажуваа вицови. Целото семеј-
ство собрано на едно место. На софрата. Сите беа
свесни дека полека се одалечуваат едни од други, па
затоа и најчесто прифаќаа да бидат дел од ова. Всуш-
ност, не требаше да прават ништо. Требаше само да се
појават. Можеа да одвојат неколку часа од неделното
попладне да ги поминат на заедничка маса со своите.
На тоа најмногу се радуваа децата. Тие се гледаа со
своите баба и дедо, но и со своите братучеди. Беа на
приближно иста возраст, така што тоа и не беше проб-
лем. Се дружеа. Си кажуваа за другарите, за симпати-
ите. Заедно правеа будалаштини. Всушност, родите-
лите повеќе се собираа за да им угодат на децата. Де-
цата беа тие кои беа настојчиви да се оди во недела на
ручек. Мето и Божа знаеја дека е тоа така и го благос-
ловуваа Господ за нивните внуци. Беа свесни дека
возрасните имаат обврски и дека е потешко да се
организираат. Всушност, сето тоа се гледаше во нив-
ните очи и на нивното лице. Возрасните беа весели и
им беше мило што се гледаат, но имаа повоздржан
израз. Децата скокаа од среќа. Дури и очите им се
смееја. Сето тоа го забележуваа Мето и Божа. Но, не
им замеруваа. Децата беа безгрижни и весели. Сѐ што
нив ги интересираше беше игра и храната на баба. А
баба Божа готвеше многу вкусна храна. Немаше чо-
век што ја нема пофалено храната. Дури и бараа уште.
Баба Божа беше презадоволна, особено кога некој ќе
побараше уште од нејзината превкусна храна. Сѐ уш-
те не дочека внуците да ѝ побраат уште, но и за тоа и-
ма време. Нели? Но, тие имаа предност во однос на
возрасните. Нивните порции беа поголеми, така што
не можеше да им замери. Особено волшебно растеа
кога ќе им го зготвеше омиленото јадење, така што
немаа потреба да бараат уште.
За сите имаше по една чинија. Вилушка и нож од дес-
ната, односно левата страна. Сите беа собрани. Божа
и Мето беа седнати на чело на маста. Иако беа во по-
одминати години, сепак сѐ уште беа активни. Секако
колку што дозволуваа годините. Мето одамна имаше
бела, накај сива коса. Тоа всушност беше повеќе
генетика отколку резултат на неговата старост. Висок
слаб, со очила за блиску. Потсетуваше на Марин и
Дарко во постара варијанта. Божа пак, висока, слаба,
со бела долга коса, редовно негувана многу потсету-
ваше на Солза. До нив беше седнат Дарко, заедно со
снашката Кате. До нив седеа Емил и Наде. Емил
многу потсетуваше на Дарко, додека Наде целата
беше плукната на Кате. Беа убаво облечени. И тие беа
радосни и во исчекување на нивниот братучед Бојан.
Од другата страна, всушност спроти Божа, седеше
Солза. До неа седеше зетот Горан, а до нив нивните
три деца. Тие сите личеа повеќе на Солза. Секако
имаа и црти на Горан, но тие беа речиси незабележли-
ви. Дарко и Марин знаеја да направат зајадливи ко-
ментари на негова сметка. Горан не се лутеше. Ќе се
насмееше и тоа беше сѐ. Но, Солза беше раздразлива.
- Аман веќе од вас двајца! Мажи! Само на тоа им тек-
нува! - знаеше доста често да им се развика Солза. Но,
набрзо и нејзе ѝ поминуваше лутината, па тогаш сите
почнуваа да се смеат. Децата ги гледаа зачудено. Ба-
бата и дедото не дослушнуваа и тоа уште повеќе ги
смееше. И нив знаеја да ги заебаваат. Весели беа. И
децата на Солза и Горан го чекаа пристигнувањето на
Бојан.
Ѕвончето заѕвони на вратата. Мето отиде да отвори.
Кога ја отвори вратата им рече на сите тројца:
- Каде сте до сега? Умревме од глад!
Марин се насмевна затоа што тоа им беше вообичаена
фраза, а Искра се почувствува непријатно и како да
сакаше да се извинува. Се поздравија со сите присут-
ни, па потоа седнаа на масата. Мето отиде до кујната
и се врати со ракијата. Жолта.
- Забавата може да започне.
Им сипа на синовите и на зетот, а потоа си сипа и на
себе. Девојчињата не беа љубители на алкохолот, но
овој пат пиеја узо. Наздравија. Потоа стигна и салата-
та. Сите почнаа да мезат и да пијат. Почнаа и песните.
Прв започна Мето:

Налеј, налеј, налеј


меанџике налеј!
Налеј, налеј, налеј
од рујното вино!

Ова му беше омилена песна, особено во вакви приго-


ди. Потоа почнаа и други песни да пеат, како на при-
мер: Дафино, вино црвено или Бело лице љубам јас;
Јовано, Јованке беше неизбежен дел од репертоарот,
Твоите очи Лено, Македонско девојче... и многу дру-
ги народни песни.
Отако се опуштија Марин ја запеа „Туѓа си бескрај-
но“. Сите му се придружија. Се направи весела атмо-
сфера.
Ручекот помина во мирна и весела атмосфера. Изгле-
да Марин го пренесе своето заразно весело располо-
жение. Сите се чудеа на веселоста на Марин, но никој
ништо не рече. Не го виделе ваков кој знае од кога.
Можеби откако се разведе со Искра. Тогаш беше при-
лично потиштен и повлечен во себе. Немаше волја за
ништо. Иако, рака на срце, не стори ништо за да го
запре тоа, сепак беше нерасположен. Не дека на Ис-
кра ѝ беше нешто поарно, но таа беше решена да исте-
ра до крај и истера. Еднаш правеа муабет со Божа и
Божа ѝ рече:
- Искра, ќерко, би било добро да се смирите со Марин.
Пробај прости му. Ако не за друго, барем за Бојан. Не
е добро Бојан да расте без татко. Ми се кине срцето
кога ќе помислам на тоа.
- Мамо, јас би му простила, ако сака да му биде прос-
тено. Но, тој како да не сака да му простам. Не се ни о-
бидува да каже нешто. Само молчи. Барем нешто да
излаже. Да каже дека нема да се повтори, ќе затворам
очи и ќе се правам како да не било. Јас го сакам. Ме-
ѓутоа, тој е со неа. Со Ана. Веројатно така се вика. Не-
мам сила сама да се борам за него. Тој не сака да биде
со мене. А, да; свесна сум дека за Бојан е подобро да
биде со нас двајцата и дека нема да биде исто. И јас,
рака на срце, сакам така да остане, меѓутоа работите
не се одвиваат баш како што сакам и како што сум за-
мислила. Страв ми е. Страв ми е дека ќе ме остави.
Само е прашање на време. Подобро јас да повлечам
уште сега дури има време, отколку напразно да се на-
девам дека нешто ќе се смени. Ќе не боли; и мене и
Бојан; а можеби и Марин, но ќе помине. Веројатно ќе
помине. Ќе го оставам некое време да му помине ме-
ракот со Ана. Ама колку ќе трае тоа? Колку време да
го чекам?
- Ќерко, знаеш дека ти мислам се најдобро.
- Знам, мајко, знам.
- Ти пак ќе бидеш моја снаа.
- Ви благодарам.
- Јас само сакав да биде среќен Бојан. Затоа и ти спом-
нав. Никогаш ништо не сум ти кажала за тоа што и ка-
ко да правите со Марин.
- Да, да. Знам.
- Марин е прилично лошо. Повлечен е во себе.
- Жал ми е за Марин.
- И мене. Сепак ми е син.
- Ве разбирам. Но, немам намера да го молам!
- Како тоа?
- Ако зборува и побара прочка ќе му простам, но да го
молам и по секоја цена да го задржам... Не. Не, тоа не-
ма да го сторам.
- Зошто терате инат и двајцата?
- Ставете се на мое место!
- Разбирам ќерко! Совршено те разбирам. Не знам да-
ли јас би простила.
- Тоа вие си знаете. Јас сум подготвена да простам, а-
ко вети дека ќе се промени, и најмногу заради Бојан.
- Не можам да му укажам.
- Треба сам да се сети. Не сака да се промени. И мене
ми е тешко. И знам дека ќе му кажете, но вас ви збору-
вам како на мајка.
- Фала ќерко, за честа.
- Вие сте добра жена. Марин... Марин е добар човек.
Нема лоша душа. Може ме повреди, но не верувам
дека имал лоша намера. Барем, не сакам да верувам.
- Искра, Искра. Не верувам дека некоја ќе го сака како
тебе.
- Не знам. Ќе се снајде. Ќе најде некоја, сигурна сум.
- Зар толку лесно ќе се откажеш?
- Немам сила. Гордоста не ми дозволува повеќе.
- Ќерко, немој со гордоста!
- Мамо, Марин не сака да се покае! Морам да се поми-
рам со тоа!
- Ама ќерко...
- Не сака да го направи првиот чекор. Што да кажам за
понатаму?
- Да, во право си. - ја наведна главата Божа.
- Не сте вие крива.
- Криво ми е за вас двајца.
- Требало да биде. - ѝ потекоа солзи на Искра.
- Немој, ќерко. Ќе биде подобро.
- Знам, знам. Ама додека дојде подобро... Што до
тогаш?
- Ех, што до тогаш. Само Господ знае.
- Господе, дај ми знак. Помогни некако ова да помине.
Помогни ми да се смирам со Марин.
- Помогни си сама.
- Насочи го накај мене. Ќе му простам.
- Сигурна ли си дека тоа го сакаш?
- Да.
Божа на момент се сети на овој разговор што одамна
го водеа со Искра. Никогаш не му кажа на Марин, иа-
ко го гледаше дека е скиснат како расипан јогурт. Се
обидуваше да го убеди, но ништо не успеваше.
Погледна накај Марин. Виде дека е среќен и се нас-
мевна. Не знаеше дали Марин ја виде замислнена. Но,
веќе не беше важно. Баш ѝ беше мило што Марин е
весел после подолго време, иако не ја знаеше причи-
ната за тоа. Мислеше дека е Ана причината за тоа. А-
на и беше, но не така како што Божа си замислуваше.
Таа помисли дека е среќен со Ана. За миг посака да ја
запознае и да ѝ се заблагодари. Но, брзо ја исфрли таа
мисла од глава.
- Марин, дојди да ми помогнеш да донесам ракија.
Нема доволно. - рече Мето.
- Секако татко, сега ќе дојдам.
Стана од масата и тргнаа накај подрумот да земат ра-
кија. Додека одеа Мето го започна разговорот.
- Гледам дека си среќен. Мило ми е заради тоа.
- Да, среќен сум.
- Но, денес си посебни среќен.
- Се забележува?
- Сите приметивме. Не им е згодно да те прашаат.
- Па ете, имам причина за среќа. Прееска бев до црква
да запалам свеќа за здравје. За сите, вклучително и
Искра.
- Абе синко, сѐ е тоа убаво, ама подобро би било да си
со неа. Имаш ли некоја?
- Не.
- Како не? А Ана?
- Раскинавме со Ана. Вчера.
- Жал ми е.
- Нека не ти биде. Ме изневеруваше со Жарко.
- Со Жарко?
- Да.
- Беља работа.
- Да. Ми се случи истото што ѝ го правев на Искра.
- Да. Ти се врати мило за драго.
- За жал.
- Но, некако си чуден.
- Зошто?
- Ти ме лажеш. Си раскинал со Ана. Тоа се приказни
за мали деца.
- Не. Вистина е. Тоа е причината што скокам од среќа.
- Молам?
- Одамна сакав да ѝ раскинам. Добро е што помина.
- Баш ми е мило.
- Сега ќе имам повеќе време за Бојан, а можеби и за
Искра.
- Ја сакаш Искра?
- Никогаш не ја отсакав.
- Па зошто ги направи тие глупости?
- Не знам, татко. Тоа е грешка за која немам објасну-
вање. Паметта каде ли ми била? - и денес јас се пра-
шувам.
- Доле синко, доле. Таа била помлада.
Марин се зацрвени.
- Татко бре!
- Де, де. Штркот не носи деца!
Марин се изнасмеа. По него и Мето.
- Стари, ти си одлепил. Не ти е лесно.
Влегоа внатре. И двајцата се смееја.
- Не си тачен. До солзи ме изнасмеа. Само ова да оста-
не меѓу нас.
- Секако. Како татко и син.
Марин продолжи да се смее. Се погледнаа уште ед-
наш со Мето и пак продолжија да се смеат. Солзи им
течеа од смеење. Бојан гледаше де во татко му, де во
дедо му и не му се веруваше.
- Штркот не носи деца! Хахахахаха! - пак почна Ма-
рин.
И пак продолжуваа да се смеат. Смејата ја прифатија
сите останати, иако не знаеја што точно се случува.
Претпоставуваа дека е некоја перверзија во прашање,
познавајќи го Мето. Потоа Марин стана и се накашла.
- Ве молам за внимаение! Сакам да кажам нешто!
Сите замолчеа да слушнат што има да каже. Марин
стана и потоа рече:
- Вака. Сакам да кажам дека сите ве сакам и дека ми е
мило што сум овде меѓу своите. Тоа могу ми значи.
Доста грешки направив, свесен сум за тоа и знам дека
јас не сум совршен, но никој не е совршен. Од денес
почнувам ново поглавје во животот. Ќе гледам да го
намалам бројот на грешки; уште повеќе, да го дове-
дам до нула. Сакам да направиме една здрвица за
новото поглавје! На здравје!
Ја крена чашата. Сите наздравија.
- Тато, а ти и мама ќе се смирите ли? - праша Бојан.
Марин се најде затечен. Не знаеше што да одговори
на ова прашање. Настана молк и на сите им стана нез-
годно.
- Можеби еден ден. Можеби горе.
- А зошто ќе чекаш толку време за горе?
Марин не знаеше што да каже. Остна без зборови. Ис-
кра ја наведна главата и се зацрвени од срам. Ни таа
не знаеше што да каже. Бојан тоа го посакувал цело
време. Не знаеја што да кажат.
- Ќе разбереш еден ден. Тој ден ќе дојде побрзо од
што мислиш. - рече Марин.
Потоа пак запеа некоја песна. Како ништо да не било
продолжија да пеат. Бојан се подзамисли за тоа што го
рече татко му. Сакаше да се смират. Се надеваше дека
ќе се смират. За него ништо друго не постоеше. Сепак
тој беше дете. Не беше влезен во оној свет на возрас-
ните, па да ги разбере сите тие сплетки што се прават.
А како би ги разбрал, кога Марин некои работи не ги
разбираше ни самиот? Всушност многу работи не раз-
бираше. Како на пример зошто ја направи таа
непотребна грешка? Е зошто де? Пееше и се веселеше
но во исто време и размислуваше за зборовите на
својот син. Зошто да не се смири со Искра? Да, тој
токму тоа би го сакал. Но, не е сѐ така лесно. Помина
времето. Имаше шанса. Сега цел живот ќе се кае. Мо-
же само да се потсетува на убавите моменти помина-
ти заедно и да плаче по тоа време. Да воздивнува,
како старите по времето на Тито. Само што Марин
има по што да воздивнува. Пропушти многу. Изгуби
жена која вреди! Дури сега му стана јасно за тоа. Дури
сега. Добро, подобро некогаш...
Стоеја пред влезот. Земаа здив. Иако беа прилично
млади; Марин тогаш имаше деветнаесет години; им
беше потребен одмор. Околу нив имаше премногу ку-
тии. Кутии со предмети за секојдневна употреба. Ку-
тии со спомени. Напуштаа едно место, а ќе дојдат на
друго. Беше деќемвриско утро. Денот беше длабоко
навлезен иако изгледаше како речиси да се разденило.
Сонцето веројатно беше потонато во длабок сон и не-
маше намера да се буди. Околу немаше никого освен
камиончето што ги растовараше кутиите. Се селеа.
Најдоа подобро место. Со помалку бучава демек; а и
поблиску до центарот на градот. Кутиите една по една
се трупаа. Решија дека е подобро прво сите да ги изва-
дат надвор па потоа да ги внесат во влезот, па од таму
да ги внесат во лифтот во една или две тури. Сепак
беа петорица. Не би требало да им треба многу време.
Откако комбето ги истовари сите кутии, ( а многу беа
на број) и откако му платија за услугата, камионот си
замина. Сега буквално останаа сами. Како мравки
почнаа да ги внесуваат кутиите, прво во влезот, а
потоа и во лифтот. Влегоа во станот. Новото поглавје
започна.
Не им беше прв пат да се селат. Но овој пат беа само
двајца; Божа и Мето. Ги немаше Солза, Дарко,
Марин. Тие на некој начин беа веќе преселени. Солза
со својот маж беше преселена во Тафталиџе. Најдоа
некоја куќа и во тој момент плаќаа кирија; после не-
колку години се преселија во Ајродром. Дејан заедно
со Кате, беше веќе преселен во куќа во Црниче. Рабо-
тата беше што Марин стапи во брак, па Божа и Мето
решија да му го остават станот, а тие да се преселат
некаде. Најдоа станче за нив. Не беше големо и лук-
сузно ( имаше околу педесетина квадрати), но за нив
беше сосема пристојно. Не ни размислува да го заме-
нат за некое друго место. Прилично блиску им беа
доста работи. Кога требаше нешто повеќе Марин па-
заруваше така што и тој проблем беше решен. Не го
сменија тој стан.
Божа се присети на нивните селидби. Не ѝ беше јасно
од каде ѝ дојде таа мисла на ум. Тоа беше одамна.
Всушност денес таму и отидоа на ручек. Во нивниот
двособен стан во Козле. Го начекаа ефтино. Денес
вреди многу повеќе, но немаат намера да го продава-
ат. Супер им е овде. Немаат намера да се селат по трет
и четврт пат. Не им е дојдено до тоа. Сепак се луѓе во
години и сакаат да си уживаат во нивната старост и
нивниот пензионерски живот. Башка овде запознале
нови луѓе и сега им е потешко да се разделат од нив.
Си створиле пријатели. А такви луѓе си беа тие. При-
јатели со секого. Весели, спонтани. Полни со пози-
тивна енергија. Немаше човек да не ги засака, откако
ќе ги запознае. Ретко кој не ги дружеше. Тоа обично
беа терсене луѓе кои не се дружеа со никого. На тие не
можеш да им замериш. Тие едноставно не сакаат да
остваруваат контакти со никого. Или имаат толку те-
жок нарав, што ретко кој би можел да издржи во нив-
но присуство. Во принцип, со сите соседи стоеја доб-
ро. Не се дружеа со сите (затоа што немаа време, а и
некои веќе си имаа оформено свои друштва па ретко
примаа нови членови), но за никого немаа кажано
лош збор. Беа пресреќни. Брзо се вклопија во среди-
ната. Знаеја како со луѓето. Не беа некои со дигнат
нос, па да пребираат со кого ќе се дружат. Секако дека
треба да се процени со кого човек ќе се дружи, но беа
фини со сите. Луѓето веќе свикнаа на нив. Имаа неко-
ја позитивна енерија која несебично ја делеа на сите
страни.

*
* *

Ана се стутка во креветот со грбот потпрен на ѕидот.


Се загледа некаде и се исклучи. Солзи почнаа да ѝ те-
чат од очите. Ни самата не знаеше зошто. Беше свесна
дека е виновна и дека кога - тогаш ќе се дознае. Но, не
сакаше така да биде. Почна да се тресе неконтролира-
но. Повторно и се врати звукот на шамарот. Несвесно
се фати за образот, иако одамна беше престанал да ја
боли. Повторно ѝ се врати целата слика и надежите
кои ги имаше кога ја прифаќаше поканата за вечера.
Сите нејзини очекувања отидоа во вода. Во неповрат.
- Никогаш нема да е исто - си рече за себе. - Сѐ се рас-
падна, а јас не можам ништо да сторам. Не постојат
начини тоа да се смени. Пуф. Како прав. И сега што?!
Што понатаму? Каде е светлоста на патот? Ја нема.
Останав во темница. Каде ми е ѕвездата водилка? О-
тиде во неповрат. Ќе ми фали. Сега што ќе ми го ос-
ветлува патот? Сигурно не фенерите на улиците. Ако
се потпрам на нив, ќе останам во постојан мрак.
Марија тивко тропна на вратата. Ана не ја ни слушна.
Полека ја подотвори вратата, но кога ја виде сестра
си, реши дека не е ни време ни место. Реши дека сепак
може да почека. Си отиде. А сакаше да ѝ ги каже
добрите вести. Но, можат да почекаат. Добрата вест
беше дека Оливар ѝ се јави и дека се договорија да
седнат на кафе после работа. Некаде накај шест часот,
затоа што тој до пет е на работа.
Ана ништо не забележа. Беше загледана во прозоре-
цот. Пак ѝ се појави Иван. Пак почнаа оние стари
рани да печат. Не можеше ништо да стори. Но, знаеше
што треба да направи. Утре ќе оди да разговара со
психолог. Тоа е повеќе од потребно. Не може да се
преправа дека не е така. И остана само да се надева
дека нема да биде исто како минатиот пат и дека ова е
само привремено. Привремено. Дека нема да има так-
ви последици како што имаше после смртта на Иван.
Жарко го заборави. Отиде накаде во историјата. Тол-
ку траеше. Колку и ланскиот снег. Како воз. Помина.
Наредниот е во некое идно време. Прашање е, дали ќе
има нареден. Би требало да има. Не е ништо страшно.
Ана е сепак млада. Има уште што да проживее и да
прави. Има само триесет и четири. Уште неколку ме-
сеци ќе стане мајка. Помисли на тоа и се орасооложи
малку. И се појави насмевка на лицето. Си го замис-
луваше детето и неговите црти. Целата блескаше од
среќа. Но, се сети дека сама ќе треба да го одгледа.
Марин нема да е тука. Жарко, исто така. Тоа со Жарко
беше во погрешно време и погрешно место. Некако
како да не беа еден за друг. Жарко велеше дека ја сака,
но таа не знаеше дали таа го сака или тоа што го нап-
рави го направи од бес. Или од страст можеби. Ни
самата веќе не знаеше зошто го направи тоа. Зошто?
Тоа беше прашање на кое не можеше да си одговори.
Пак се појавија солзи на лицето нејзино. И бес. Гнев.
Беше гневна. Веројатно на себе затоа што ја направи
таа грешка, а немаше никаква потреба од тоа. Со Ма-
рин работите и не беа така лоши. Добро, малце беа
заладени, но страста можеше многу брзо да се раз-
гори. Требаше само малку желба. Но,изглада немало
доволно желба кај двете страни. Оставија времето да
пресуди. И тоа пресуди. Времето е најнемилосрдниот
судија што некогаш постоел. И беше жал што дозволи
така да се одвиваат работите, но немаше друго реше-
ние. Или не сакаа да има, па се свртеа кон поедностав-
ното. Жарко одамна ѝ се додворуваше на Ана. Таа
беше свесна за тоа и успеваше да одолее. Пружаше
отпор, но на крај тврдината се сруши. Ни самата не
знаеше зопшто сѐ се сруши.
Се обидуваше да се сети што се случи таа ноќ. Како
заврши во колата заедно со Жарко. Безуспешно. Сака-
ше да го префрли до дома, после заедничко излегува-
ње на само и пиење. И ова беше чуден факт, но ништо
не можеше да се стори.
Се надевам дека сега ќе го родам детето, - си помисли.

Поглавје Дваесет и деветто


Средби, кафиња и пива

Понеделнички. Повторно на работа. Со нови сили да


се започне неделата. Марин стана весел и свеж. Беше
полн со елан и желба за работа. Никогаш не се чувст-
вувал како сега. Неговото раскинување премногу доб-
ро влиајеше на повеќе гледни точки. Му беше мило
заради тоа, секако. Набрзина се изми и облече. Потоа
со потпевнување тргна накај канцеларијата. Заклучи
два пати и како дете кое добило нова играчка почна да
потскокнува. За неколку минути дојде до канцелари-
јата. Влезе внатре и седна на своето биро. Весел. Го
вклучи компјутерот. Почна со работа. Работеше со
мерак. Тоа беше добро. Внатре беа и колегите, а и ше-
фот исто така. Сите го забележаа неговото убаво
расположение. Шефот беше посебно радосен, затоа
што тоа ги мотивираше новите вработени. Тие некако
имаа подбри услови за работа. Радиото беше вклуче-
но и свиреше некоја песна.
Марин почна да си потпевнува додека работеше. Брзо
му минуваше времето. Не размислуваше на ништо
друго освен на работата. Часовите брзо минуваа. Дој-
де и крајот на работното време. Директорот имаше
некоја неодложна работа и веднаш замина, велејќи им
дека ќе им се придружи на кафе, а Петар, Ребека и Ма-
рин му кажаа каде би требало да седнат на кафе. Брзо
се спремија и излегоа од канцеларијата. Седнаа каде
што Марин вообичаено седеше. Мона беше на смена.
Ги послужи. Им донесе три пива.
- Како си поминавте викендот? - ги праша Марин.
- Јас бев на журка во „Црвената соба“. - рече Ребека.
- Црвената соба? Каде е тоа?
- Веднаш после Камен Мост. Всушност на почетокт
на чаршијата.
- Тука по угорницата? - праша Марин.
- Да, да. Таму.
- Имам слушнато дека имало некоја нова дискотека,
ама немам отидено натака. Имам слушано дека било
убаво.
Петар отпи од пивото.
- Многу е убаво. Да одиш кога ќе имаш прилика.
- Ќе одам. Фала. И како? Имаше некој диџеј?
- Па да. Имаше диџеј. Некој од оние странските. Но,
добра музика пушташе. Другар имаше гратиси па се
бутнавме.
- Супер.
- Да, да. Јас пред тоа бев на плоштад во кафулето со
една другарка, па отидовме натака. Се видовме со Ре-
бека.
- Со другарка?
- Тогаш беше другарка.
Тројцата се погледнаа во исто време. Се појави нас-
мевка на нивните лица.
- Браво момче. Честитам.
- Фала, фала.
- Убаво девојче.
- Знам, - рече и се исклешти од уво до уво.
- А ти како стоиш на тој план? - ја праша Марин Ребе-
ка.
- Јас? Среќно слободна.
- Што така?
- Па, само што излегов од долга врска и не ми е сега до
бркање момчиња. Сакам да е лабаво малце што се ве-
ли.
- Во ред, во ред. - рекоа и двајцата.
- Тој што е на сликата ми беше дечко до пред скоро.
Но, се случија некои непредвидени работи, и знаете
како велат: „Животот мора да продолжи“. Едноставно
не бевме на истата фрекфенција. Беше прашање на
време кога ќе пукне. Подобро сега, кога и не е толку
долго, иако рака на срце, бевме заедно две години, от-
колку подоцна, па да стане уште посложено.
- Јасно, јасно.
- А кај тебе мајсторе? - праша Петар.
- Кај мене? Само што раскинав долга врска.
- Не зезај. Колку долга? - праша Ребека љубопитно.
- Десет години.
- Не зафркаваш? - пак прокоментира Ребека.
- Не бе. Зашто да ве зафркавам?
- Па среќен си ко да си добил на лото.
- Па, да. Одамна планирав ова да го направам. Добро е
што помина.
- Во ред. Уживај. - додаде Петар.
- Животот е за уживања.
Разговорот продолжи. После некое време им се прид-
ружи и шефот. Си има некаков обичај да се собираат
еднаш до два пати неделно. Обично понеделнник се
собираа, а понекогаш и во петок. Но, петок тоа порет-
ко се случуваше.

*
* *

Оливер заврши со работното време и тргна да си оди


накај дома. Беше уморен од работа, но така беше секој
ден; од понеделник до петок. Среќа не беше многу да-
леку, па пешки се враќаше накај дома. Влезе во ста-
нот, набрзина се истушира, касна нешто набрзинка, се
облече поопуштено и веднаш излезе. Немаше нешто
многу време за да седи дома, а ни причина. Требаше
да се сретне со некого. Требаше да се сретне со Мари-
ја. Беше возбуден поради тоа. Дури и премногу возбу-
ден. Среќен затоа што Марија се согласи да излезе со
него. Одамна му се немаше случено такво нешто.
Имаше големи очекувања. Големи надежи дека овој
пат ќе биде поинаку.

*
* *

Марија веќе беше седната. Иако се договорија за по-


доцна, таа подрани затоа што немаше трпение да че-
ка. Беше пресреќна. Откако го виде Оливер не преста-
на да мисли на него. Беше воодушевена. Бескрајно ѝ
беше благодарна на сестра ѝ што ѝ помогна. Доволно
беше тоа што му спомна на Марин. Веќе не го сакаше
Марин и не го гледаше со исти очи како до пред не-
колку дена ( сепак, беше дечко на сестра ѝ, а пред два
дена и раскина), но не можеше да каже лошо за него.
Тоа што имаа несогласувања со Ана, беше една рабо-
та. И помогна кога и беше најпотребно и Марија не го
заборави тоа. На крајот на краиштата, не беше обвр-
зан да го стори тоа. Сепак и помогна.
Седеше во кафулето, со макијатото пред себе. Загле-
дана во Вардар и срце полно надежи. Чекаше да почне
новото поглавје. Седна на истото место, во истото ка-
фуле каде што седеше дента кога ја прекина врската
со Ратко. Но, тоа кафуле ѝ беше едно од омилените.
Често седнуваше таму. Денот беше убав. Немаше
многу луѓе. Сите веќе се беа прибрале дома и веројат-
но беа пред телевизорите слушајќи вести. Марија не-
маше обичај да слуша вести и гледаше на секој можен
начин да ги избегне. Всушност, како да беше скарана
со телевизорот. Ѝ беше мило што ќе се сретне со Оли-
вер. Едвај чекаше. Бран на возбуда и среќа се прели-
ваше во нејзиното срце. Си мислеше како ќе разгова-
раат, што ќе му каже - сѐ до најситна подробност. Но,
немаше нешто много време да размислува за тоа. Од
далеку се појави силуета. Ја виде Марија и тргна накај
неа. Помина покрај масите кои беа празни и конечно
дојде до нејзината маса.
- Здраво, - рече и седна на масата. - Се извинувам што
доцнам.
Марија се сепна. Ја прекина во нејзините размисли.
- Здраво. Како е?
- Еве добро. После работа. Кај тебе?
- И кај мене добро.
- Многу ми е мило што ја прифати понудата.
- И мене ми е мило што ме викна.
- Се надевам дека не пречам. Нема да ти одземам мно-
гу време.
- Не, не, никако. Имам доволно време.
- Во ред.
Дојде келнерот да го послужи. Брзо се врати со него-
вата нарачка. Потоа разговорот продолжи, прво во
пријателска, а потоа и во интимна атмосфера. Се
забележа насмевка на двете лица. Оливер со поглед ја
пиеше. Не можеше да ги тргне очите од неа. Беше тоа
посилно од него. Не сакаше да изгледа нападен. Ма-
рија демек срамежливо, но и таа не го тргаше погле-
дот од него. Времето минуваше. Како да беа сами.
Всушност и беа сами. Сите веќе си беше отшле. Едно
време замолчеа. Не дека немаа што да си кажат. Имаа
и повеќе од доволно. Но зборуваа очите. Се гледа и
тонеа во размисли. Зборовите беа излишни. Не сакаа
да го расипат тој совршен момент. Сакаа да уживаат
во тишината и немите зборови на очите. Се чувству-
ваа искри во воздухот. Невидлива сила сѐ повеќе ги
доближуваше еден до друг. Ова беше прво искуство и
за двајцата. Не знаеја што да прават. Решија да се пре-
дадат и да уживаат. И уживаа. Уживаа гледајќи се е-
ден со друг. Долго седеа во таква положба. Понеко-
гаш човек да се запраша: Зошто зборовите се толку
ограничени? Зошто не можат да ги опишат сите сос-
тојби на мозокот, телото и духот?

*
* *

Ана беше завршила со работа и беше тргнала накај


канцеларијата на доктор Јакенски. Уште вчера го нај-
де неговиот број, му се јави и се договорија да се
сретнат за да направат една сеанса, а ако има потреба
и повеќе. Не знаеше во каков стадиум и е состојбата.
Сакаше да биде сигурна дека нема да биде како што
беше порано. Не сакаше да биде така. Сакаше само да
продолжи со својот живот. Да се откачи од Марин ( да
престане да ја опседнува и потсетува за сѐ што поми-
наа; но тоа како да не беше возможно овој период)
беше како да сакате да ви заздрави рана за само две
минути. Беше потребно време. Прилично доста вре-
ме. Ана беше свесна за тоа, но не сакаше баш така да
се одвиваат работите. Сакаше некако да го забрза тоа
време. Болката беше голема. Дури и неподнослива.
За среќа тоа не влијаеше на нејзината работа. Си ја ра-
ботеше работата како што треба и тоа ѝ даде храброст
да се понадева дека сѐ е во најдобар ред. Си помисли
дека нема потреба да оди да прави сеанси и да се срет-
нува со докторот, но се сети дека имаше закажано; и
сепак реши еднаш да отиде да види што и како. Денот
ѝ беше тежок. Имаше доста работа. Тоа беше среќна
околност. Бидејќи беше презафатена со работа, нема-
ше време да остане сама со себе и да размислува за
тоа што на неа ѝ правеше немир. Како и да е, помина и
овој работен ден.
Канцеларијата на докторот беше во близина на нејзи-
ниот дом. Беше некаде накај пет часот и пет минутки.
Имаше уште пет минути до почетокот на сеансата. Та-
ка се договори со докторот затоа што немаше друг
термин. На Ана совршено ѝ одговараше тој термин.
Продолжи да вози по булеварот место да сврти во
уличката за да оди накај дома. Сврте на неколку мет-
ри понатаму. Немаше многу гужва; сите веќе се беа
прибрале по дома или дремеа по кафулињата. Па така,
Ана најде паркинг место и влезе во зградата. Во ис-
тата зграда каде што беше и кафулето каде обично се-
деа. Фрли поглед према кафулето. Немаше никого.
Веројатно веќе биде на кафе или пак го одложиле, - си
помисли. Влезе во лифтот и се качи на десеттиот кат.
Лифтот полека одеше. За неколку секунди се најде на
десеттиот кат. Излезе од лифтот и отиде кон вратата
спроти него на која стоеше натпис : Д-р Јакоски. За-
ѕвони на вратата. Докторот отвори. Ја прими внатре.
Се ракуваа. Потоа Ана седна на еден стол за масажа и
ги испружи нозете. Докторот седна спроти неа, на
столот што се вртеше. На масата пред него имаше
компјутер, несредени хартии, еден бежичен телефон.
Над бирото прозорецот беше отворен за да се провет-
ри просторијата.
- Одморете малку, само да ја средам масава и ќе поч-
неме. За една минутка.
- Во ред.
- Сакате нешто да се напиете? Да ви донесам нешто?
- Не, нема потреба. Фала ви.
- Во ред.
Докторот почна да ги расчистува хартиите. Фрлаше
поглед врз нив со своите темни очи и намрштено ли-
це. Беше висок, подздебелен, на возраст од околу пе-
десеттина години. До купот хартии имаше стручни
книги од психологија и психоаналитика. Станчето бе-
ше мало, но беше сосема доволно за неговата работа.
Всушност, тоа беше гарсоњера која ја изнајмуваше.
Имаше една мала бања, и мало терасиче. Ана фрли
поглед врз просторијата. Беше целата во бело. Нема-
ше слики по ѕидовите, освен дипломата на докторот.
Докторот се подготви со тетратката и се сврте накај
Ана. Пенкалото во рака, подготвен да фаќа белешки и
да слуша.
- Извинете, - рече доторот, подготвена ли сте? Може
ли да почнеме?
- Секако. Не е проблем.
- Во ред. Кажете ми што се случува. Ми рековте дека
сакате да зборувате со мене.
- Да. Сакав да се консултирам. Вчера почнав да се тре-
сам без некоја посебна причина.
- Добро. Кога се случи тоа?
- Попладнето.
- Во ред. Попладнето. Што правевте тогаш?
- Размислував. Седев на креветот закована во една
точка и размислував и се сеќавав....
- Можете да ми кажете нешто повеќе околу тоа?
- Секако. Пред некој ден раскинав со дечкото. Бевме
во врска десет години. Всушност, тој ми раскина.
- Разбирам. Сигурно ви е тешко.
- Да, по малку ми е тешко. И не ми е сеедно, секако.
- Разбирам.
Ѝ даде знак со раката да продолжи да зборува. Ана му
раскажа како започнала нејзината врска со Марин и
што сѐ се случувало. Докторот внимателно слушаше.
Ана течно зборуваше. Повремено застануваше за да
земе воздух. Очите ѝ се насолзуваа, ги бришеше пос-
тојано. Докторот слушаше и повремено погледнува-
ше во часовникот. Времето полека си минуваше. По
некое време докторот ја прекина и ѝ кажа дека е до-
волно и дека ќе треба утре пак да се сретнат и да му
дораскаже некои работи. Затоа што, Ана веќе нешто
беше спомнала за состојбата што ѝ се беше појавила
откако умрел Иван. Само го спомнала Иван и дека ѝ
било лошо кога го запознала Марин. Докторот смета-
ше дека треба уште еднаш да зборуваат за Иван и за
тоа пред Марин па затоа ѝ закажа уште една средба
утре во истото време.
Ана излезе од станот. Влезе во лифтот. Се чувствува-
ше малку подобро. Олеснително издиша и стисна на
нула. Се погледна во огледало. Проба да ја поправи
шминката. Успеа некако да ја поправи затоа што и не-
маше што многу да се поправа. Излезе од зградата.
Помина покрај кафулето. Виде дека има луѓе внатре.
Три маси беа зафатени. Влезе внатре. Помина по ма-
сите со очи и ги здогледа. Се упати накај нивната
маса. Седна до нив.
- Како е дечки? - им рече.
- Еве, добро. Баш сакавме да ти звониме. Само што
седнавме. - ѝ рече Оливера.
- Супер. Значи дојдов точно на време?
- Да, да. Дојде точно на време.
- Супер. Што има ново?
- Ништо посебно. - рече Елена. - Кај тебе?
- Слободна сум.
- А Марин? - ја праша Нина.
- Завршена приказна. Во саботата раскинавме.
- Жал ми е, - рече Нина.
- Во ред е. Требало да биде. Тоа е тоа.
- Ќе биде подобро, - ѝ рече Елена.
Продолжија да зборуваат на некои други теми. Кафе-
то продолжи во повесела насока. Седеа и се смееја, во
опуштена атмосфера после работа. Често си се соби-
раа вака. Неколку години веќе.
- Дечки, извинете ме, но јас морам да одам. Морам да
се вратам назад на работа. И ветив на мојата колешка
Солза дека ќе ѝ помогнам со работата што ни остана
недовршена. Не е фер сама да ја работи таа работа.
Извади пари и плати за своето кафе. Стана од масата и
тргна накај својата канцеларија. Таа беше на неколку
чекори од кафулето во кое се собираа. Всушнност во
соседната зграда.

*
* *

Солза остана на работа иако веќе одамна беше поми-


нато работното време. Имаше доста работа па затоа
реши да остане во канцелријта. Канцеларијата беше
во еден стан од четириесет квадрати на прв спрат. Тоа
беше всушност една соба споена со кујна и малечка
бања со малечок ходник. Во ходникот беа закачени
капутите на Ана и Оливера. Другите две жени си беа
отишле. Овие четири жени беа привремено сместени
во овие простории, додека не се средат нивните кан-
целарии. Фирмата во која работеа броеше петнаесет
вработени. Другите беа сместени во старите просто-
рии, ( кои беа некаде во Ајродором), а овие четири ги
сместија тука додека се реновираа нивните канцела-
рии. Сега беа сместени во близина на Ана, но судби-
ната како да не сакаше тие две да се сретнат. Веќе не-
маше потреба од тоа. Кога не се зпознаа десет години
( колку што Марин и Ана се забавуваа) сега веќе беше
излишно нивното запознавање. Немаше никаква
смисла. Оливера реши да остане да ѝ помогне да ја
завршат работата што им остана. Самата реши така.
Само ѝ кажа на Солза дека ќе ја нема некое време за
да оди да се напие кафе во блиското кафуле и дека ќе
се врати.
- Нема потреба, јас сѐ сама ќе средам. Не ми е тешко.
- Не, не. Ти ветив дека ќе ти помогнам. Башка, задача-
та е заедничка. Само ми треба кафе за да се освежам
малку.
- Во ред, во ред. Јас ќе почнам да работам, а ти кога ќе
го допиеш кафето, ако можеш дојди.
- Ќе дојдам. Секако дека ќе дојдам.
- Тука сум.
Солза знаеше дека Оливера ќе се врати. Како што ре-
че, така и направи. Почна со работа. Очите ѝ беа насо-
чени кон мониторот и кон материјата која требаше да
ја сработи.
Помина еден час откако Олвара замина на пауза. До-
волно за да се напие кафе и малку да ја разбистри гла-
вата. Солза беше занесена во работата и не забележа
дека Оливера се беше вратила на работа. Баш како
што рече.
Само седна до неа, го вклучи компјутерот и рече:
- Се вратив. Што да работам јас?
Солза се сврте и ја виде Оливера пред себе.
- Се врати? - ѝ рече, а потоа зема дел од документите
што беа ставени на нејзиното биро. - Еве, земи среди
ги овие додека јас да докнижам овдека, а потоа јас ќе
почнам да ги средувам и другите.
- Во ред, - само рече Оливераи се зафати со работа. Не
чекаше ниту миг.
- Оливера?
- Молам? - праша.
- Ти благодарам што ми помагаш. Ова многу ми зна-
чи.
- Нема никаков проблем.
- Дека сепак денес мене ми е редот да го средувам ова.
- Добро де. Заедно побрзо ќе ја завршиме работата.
Башка побрзо ќе ни минува времето кога ќе бидеме
двете.
- Фала ти уште еднаш.
- За што служат пријателките?
*
* *

Елена беше во атељето и работеше на една слика. Не


знаеше како да ја среди па цело време размислуваше
што и како да направи. Со крајот на четката ставен во
уста, грицкајќи го дрвото, гледаше во сликата замис-
лено. Атељето беше преполно со слики, убаво нареде-
ни, расфрлани скици на сите страни. Елена облечена
во алиштата кои вообичаено ги носи кога слика беше
внесена во сликата. Како да беше хипнотизирана.
- Нешто и фали на сликава, - промрморе со четката во
уста. – Некое мало делче фали.
Потоа како да ѝ текна нешто, па ја извади четката од
уста.
- Тоа е тоа, - си рече и се доближи до масичето што бе-
ше до неа а на кое имаше палета каде имаше истурено
темперни бои. Ја крена палетата, ја стави четката во
една од боите (мислам дека беше црвената) и почна да
црта на платното. Се занесе во својата работа, среќна
што го реши проблемот што толку долго ја мачеше.
Спремаше некоја изложба па постојано работеше на
тоа.
*
* *

Заврши работното време за Ана. Помина и втроник.


Оваа недела сѐ уште беше на почетокот. Ана пак се
враќаше од работа и отиде накај канцеларијата на
докторот. Истата шема како и претходниот пат. Пов-
торно седна на столот и почна да раскажува. Овој пат
му раскажа на докторот за Иван и за сообраќајката.
Солзи ѝ течеа од очите. Потоа повторно се наврати на
тоа каква и била состојбата кога разбрала дека го из-
губила детето. Му раскажа за сите подробности; дека
пиела апчиња затоа што состојбата била лоша; дека
имала кошмари и дека еден период сосем се отуѓила
од луѓето. Потоа спомна дека ѝ требало месец дена за
да се зближи со татко ѝ, па недела дена со мајка ѝ итн.
итн. Докторот само мирно ја слушаше и молчеше; за-
бележуваше во тетратката. На крајот само ѝ предложи
вежби за смирување и да дојде на контрола за неколку
месеци. Кога ќе осети напади само длабоко да видше
и издише и да изброи до десет. Да ја повтори вежбата
неколку пати. Не ѝ даваше апчиња затоа што нагласи
дека е трудна, а и сметаше дека нема потреба за тоа.
Не беше толку страшно. Беше само период на стрес
кој би требало да помине.
Ана беше среќна што состојбата и не е така тешка и ќе
избегне апчиња и ќе може да продолжи понатаму. Тоа
ѝ влеваше надеж.
*
* *

На Марин му заврши работното време. Веднаш си


отиде накај дома. Гледаше што помалку да излегува
од дома. Не беше нешто возбуден околу одењето на
кафе. Сакаше малку да се одмори од сѐ. Му требаше
тоа.
Ја отклучи вратата и влезе дома. Се пресоблече, се из-
ми и ручаше. Потоа квакна пред телевизорот. Го пуш-
ти да види што има на телевизија. Немаше ништо што
би можело да му го привлече вниманието. Но го оста-
ви телевизорот влучен и се сврте накај трпезариската
маса.
Марин се наоѓаше во една канцеларија. Убава, освет-
лена просторија. Не многу голема. Но, не се чувству-
ваше убаво. Можеби затоа што не сакаше да биде
таму. Сакаше да биде на било кое друго место освен
таму. Но, кога веќе беше таму, мораше да се навикне
на тие услови. На десната страна беше празен бел ѕид
и се одеше накај бањата. На јужната страна се наоѓа-
ше бирото на кое имаше статичен телефон (од поно-
вите модели; имаше екранче на кое му се гледаа број-
ките и ловец), компјутер пентиум четворка (оние со
големи екрани, а куќиштето беше под масата. Уште
тоа фалеше на масата), како и куп документи. Убава
директорска столица од отворената страна на бирото,
и две столчиња од другата страна. Тоа беа метални
столчиња како за во слаткарница. Над директорската
столица има еден голем прозорец од каде што доаѓа
целата светлина.
Од левата страна имаше ѕид на кој беше закачена
дипломата во златникава рамка. Марин не го ни пог-
ледна тоа. Вусшност, ништо не погледна. Се наежи од
самата помисла. Ни самиот не знаеше зошто ја напра-
ви грешката која ја направи. Тоа го тераше да размис-
лува, но постојано се заглавуваше во волшебен круг.
Како бран или центрифуга. Повторно истите прашања
го мачеа. Повторно празен простор. Бел лист во мозо-
кот на Марин. Обиди за дамки, но тие дамки никако
да се појават. Една мисла го јадеше: „Што е крив
Бојан? Со што тој го заслужил ова?
Застана. Се подзамисли.
„Сакам ли развод или не сакам развод? Бојан и Искра
или Ана? Можам ли да си го спасам бракот или веќе е
отиден во точка од која нема враќање? Направен ли е
последниот чекор?„
Изгледаше збунето. Мисловна поплава во неговата
глава. Се давеа спомените.
Од Ана го земаше хероинот (односно чувствуваше
таква возбуда како кога зависник зема хероин) кој му
фалеше од Искра. Но, зошто дозволи да му фали херо-
ин? Бојан ли беше причината за тоа? Годините? Со
Ана се чувствувваше млад. Жив. Му го потхрани его-
то. Тоа беше трофеј што требаше да се освои. А Ис-
кра... Искра веќе беше негова и тој беше свесен за тоа.
Но, не беше свесен дека ја повредува и дека може да ја
изгуби. Со ништо не се владее вечно. Можеби сега го
знае тоа, но тогаш не сакаше да го разбере или не го
разбираше.
Во канцеларијата имаше еден човек на возраст од три-
есет и пет години. Покрај нив во канцеларијата беше
и Искра. Марин сакаше да биде со Искра, но не овде.
На било кое друго место. Но, беше овде и не можеше
ништо да се стори.
Човекот беше облечен во сив костум. Висок, слаб, со
мало лице и големо чело, црни очи и светла коса. Се-
деше пред компјутерот. Им даде знак со раката да
седнат на двете столици. Откако седнаа, човекот се
насмевна и почна:
- Да почнеме. Овде сте затоа што сакате да направите
поделба на имотот?
- Па, да. - рече Искра.
- Добро. Што се поседувате?
- Стан и кола. Тоа е она што треба да се подели. Но, за
нешто друго сме овде.
- Кажете г-ѓице?
- Сакаме да се разведеме. Каква е процедурата за тоа?
Марин само гледаше во земја и ништо не кажуваше.
- Аха, значи таква е работата.
- Да.
- Во ред.
Марин на ништо не се сеќаваше. Се беше исклучил.
Како мало дете што се плаши од темнина, сакаше ова
што побрзо да заврши. Речиси ништо не го слушна
адвокатот. Само чу дека ќе треба станот да го поделат
на неколку начини; или едниот од нив да го добие
станот, а другиот да добие пари или пак да го прода-
дат станот, па да си ги поделат парите и секој да си те-
ра по свое. Не знаеше што да одбере. Исто така разбра
дека има рок од шест месеци, во случај да се премис-
ли. Значи, шест месеци после поднесувањето, ако и
тогаш се согласат да се разведат - е тек тогаш ќе важи
разводот. Тоа беа шест месеци надеж.
Шест месеци надеж дека нешто ќе се промени. Но,
ништо од сето тоа. Не успејаа да ја задржат нивната
врска. За жал.

Поглавје Триесетто
Операција

Тоа утро Марин се разбуди нешто порано. За момент


се зачуди зошто се разбуди толку рано, но потоа се се-
ти. Забот не престануваше да го боли. Кај се погоди
па баш денес да го боли забот. Петочки. Неволно ста-
на од креветот и отиде накај бањата. Се изми. Ги изми
забите и убаво ги исчетка, со надеж дека за миг ќе ја
намали болката, но ништо не се промени. Продолжи
да го боли забот. Се сети дека веќе за денес имаше за-
кажано за на забар. Сепак, ќе треба да отиде. Се мис-
леше за миг дали да оди најмногу заради работите
што се случија пред неколку дена. Сѐ уште беше све-
жо. Уште немаше поминато ни недела дена откако
раскинаа со Ана.
- Не би требало... - си рече за себе. - Сепак Ана е про-
фесионалец.
Му се јави на Јордан и го извести дека има закажано
за на забар и дека ќе задоцни малку. Јордан не му пра-
веше проблем за тоа. Откако му се јави на шефот, се
облече и излезе. Два пати ја заклучи вратата. Се симна
по скалите и го викна лифтот. Додека го чекаше да
дојде се сети на Искра.
Зошто го направив тоа? Имаше ли причина? Дали
Искра ми даде некаква причина да ја изневерам? Не
верувам. Сѐ уште ќе се шрашувам вакви прашања кои
немаат одговор. Не знам до кога, но ќе надоаѓаат. Не
можам да си простам за тоа што го сторив. Цел
живот ќе носам вина.
Дојде лифтот. Влезе во него. Се возеше додека мисле-
ше на неа. Му се спиеше.
Беше за никаде. Потиштен. Немаше најдено начин ка-
ко да ја врати Искра назад. Не беше толку едноставно
колку што мислеше.
Денот беше килав. Ако по денот утрото се познава,
овој ден не ветуваше ништо добро. Облаци на небото,
сонцето затскриено и едвај да продира светлина. Мис-
лиш секој момент ќе заврне. Марин одеше по патот.
Одеше механички. Не знаеше каде оди. Нозете некаде
го водеа. Не беше важно каде. Имаше доволно време.
Ординацијата и не беше толку далеку, па затоа пеша-
чеше. Дојде до едно кафуле каде со големи букви
беше напишано : СТАНИЦА КАФУЛЕ. Се насмевна
и влезе внатре. Се потсети на некои нешта. Овде пора-
но често излегуваше со Искра, откако напушти од
претходното кафуле. Всушност, Искра работеше ов-
де. Влезе внатре потсетувајќи се на старите добри
времиња. Седна на првата маса што ја начека. Кафу-
лето беше празно. Немаше никого. Го зема весникот
(Вест мислам дека беше) и почна да го чита. Се
доближи една жена.
- Повелете. - му рече.
- Нескафе ладно нематено без шеќер.
- Веднаш.
Продолжи да го разлистува весникот. Чисто инфор-
мативно. Немаше ништо што би било интересно да се
прочита. Но, ете, држеше весник во рака.
- Повелете кафето.
- Фала. - ја тргна главата од весникот. - Искра?
- Здрво Марин.
- Како си?
- Еве добро.
- Овде работиш?
- Да.
- Не знаев. Јас поминав од овде и ми текна...
- Сега јас сум газдарица на местово.
- Машала, машала. Баш ме радува.
Искра тргна да си оди.
- Почекај малку. Седни.
Искра седна спроти него.
- Извини. Ќе ми простиш ли?
- Ти простив.Тоа е минато.
- Би сакал да можев да го поправам.
- Сега е доцна.
- Жал ми е.
- Како е Ана?
- Добро, претпоставувам.
- А ти не си на работа?
- Не, на забар треба да одам.
На Искра почна да и се грчи десниот дел на лицето. Се
обиде да не го покаже тоа. И успеа. Марин не виде
ништо.
- Како ти оди со Ана? Се надевам дека си среќен.
- Среќен сум, само што има една друга работа.
- Која?
- Јас и Ана раскинавме. Утре ќе биде недела дена от-
како се случи тоа.
- Молам? Ме лажеш!
- Не.
- Но, во неделата беше среќен...
- Баш од таа причина.
- А зошто раскинавте ако не е тајна?
- Ана е трудна и тоа од Жарко.
- Што?! Ана е трудна од Жарко?
- Да, да.
- Не ми се верува.
- Го направи истото што јас ти го направив. Не го
заслужив тоа. Барем не од неа.
- Ајде, ајде. Ќе најдеш подобра.
- Нема.
- Како мислиш?
- Подобрата, а и најдобрата веќе ја изгубив.
Искра замолче за миг. Не знаеше што да каже.
- Како е Бојан?
- Добро. Школото си врви.
- Баш ми е мило.
- Сте се договарале да се видите.
- Да, да. Требаше да се видиме. Нема да е проблем,
нели?
- Не, не. Никако.
- Затоа што е петок. Знаеш.
- Не, не, нема гајле.
- Ќе биде ли проблем ако повеќе време минувам со
Бојан?
- Ако и Бојан сака, нема да е проблем.
- Во ред.
Едно време молчеа.
- Од септември што ќе правиме со Бојан?
- Не знам Марин, се мислам во Орце да го запишам.
- Не е лошо таму. Добра гимназија е.
- Да, да.
- Ама имам и некои други на ум.
- Да? На пример?
- Па Корчагин, Економско, Васил Антевски Дрен...
- За Корчагин во ред, ама другиве се стручни...
- Знам.
- Уште од сега да го насочиме?
- Па тоа се мисам.
- Не знам.
- Ако не продолжи, барем ќе има струка.
- Да, тоа е она. Ама нема да се офајди многу со таа
струка.
- Па тие се најбарани сѐ уште.
- Сеа бараат инженери и математичари.
- Да. И тоа имаш право.
Марин замолче. Се задлабочи во размислувањата.
- Ми дојдоа гости. Да ги послужам. Се гледаме.
- Важи.
Марин си го пиеше кафето. Иако избегнуваше да пие
на гладно срце, сепак го испи кафето. Погледна на ча-
совникот. Време беше да стане. Отиде до шанкот,
плати и побара мастика. Искра му даде мастика. По-
тоа се поздравија. Излезе со мислите повторно насо-
чени кон неа.
Искра остана да гледа во вратата откако Марин зами-
на. Сѐ уште го сакаше. Кај неа се врати она старо чув-
ство. Веројатно е вообичаено такво нешто. Сепак го
сакала некогаш. Тоа се работи кои не можат да се сме-
нат. Колку и да го сакаме тоа.
*
* *

Ана беше влезена во просторијата. Столиците беа на-


местени. Тој ден немаше многу работа. Марин треба-
ше да дојде и уште двајца или тројца после него. Ќе
биде полесен ден. Па уште што е петок...
Марин дојде. Влезе во просторијата. Пред тоа ја плук-
на мастиката. Повеќе му беше за да му се врати све-
жината во устата ( затоа што веќе пиеше кафе и покрај
тоа што миеше заби здивот секако ќе мирисаше на ка-
фе), отколку за било што друго. И малку за да го ос-
вести и да го разбуди.
- Добро утро, - рече.
- Добро утро Марин, - му возврати таа.
- Јас имам закажано за забот.
- Да, да. Знам. Дај ми снимките да видам.
- Секако.
Ана ги погледна снимките.
- Аха. Во ред. Седни овде. - му покажа кон столот.
Марин послушно седна.
- Отвори ја устата.
Марин ја отвори устата. Ана стави медицински рака-
вици и потоа почна да гледа во устата на Марин.
- Нема друго чаре. Мора да се вади.
- Во ред. Ако така велите...
- Да, да. Нема да боли.
Марин се насмевма.
Потоа повторно ја отвори устата и Ана почна да си ја
работи својата работа. Работеше прилично долго. Ма-
рин се зачуди, но ништо не рече. Си помисли дека мо-
жеби е некоја тешка операција и дека и треба повеќе
време да се извади забот. Забот веќе беше изваден.
Но, Марин не беше ни свесен за тоа. Цела вилица му
беше утапена. Потоа уште еден заб. Па уште еден...
Конечно операцијата заврши. Ана му изнастава па-
мукчиња во уста и му кажа дека за неколку часа се ќе
биде како што треба. Ќе може повторно да јаде. Ма-
рин излезе од ординацијата и отиде на работа.
Работеше како ништо да не се случило. Заборави на
забите. Дојде и крајот на работното време. Марин из-
лезе од својата канцеларија и тргна накај центарот на
градот. Требаше да се чека со Бојан. Беше радосен во
врска со тоа. Ќе го види својот син.

*
* *

Бојан седеше во слаткарницата и чекаше. Таму вооби-


чаено се собираа. Марин дојде. Се поздравија најпри-
јателски. Марин го изгушка Бојан.
Нарачаа слатки за Бојан и вода за Марин. На Марин
не му се јадеше благо. Бојан му раскажуваше на Ма-
рин како си поминал на училиште и случки од секој-
дневието. Марин се подмладуваше. Се потсетуваше
на времето кога тој беше во основно и на сите
глупости кои тогаш ги правеа. Некои работи се немаа
сменето. Класика. Игрите што ги играа беа истите.
Повеќе зборуваше Бојан, а Марин само слушаше. Се
чинеше дека конечно го пронајде својот мир.
- Баа ме ауа сине, - рече Марин. Баш ме радува сине,
сакаше да каже Марин, но излезе некој неразбирлив
звук од неговата уста. Како тргнал може нов јазик ќе
измисли.
- Тато, си бил на забар?
- Аа.
- Се гледа.
- Ми се потсеас?
- Убаво те средиле.
- Оа? Ии изаиа еен заб.
- Мисли си дека е само еден.
- Сто збоуас?
Бојан се воздржа да не се изнасмее.
- Тоа дека имаш само пет заби на горната и пет на
долната вилица.
- Сеиозно?
-Најсериозно.
- Оа не е сега?
- Не е сега. - се насмеа Бојан.
Марин ја плати сметката и го однесе Бојан дома. Се
сретна со Искра.
- Зао. - ѝ мафна со раката.
Искра се поднасмевна, но го отпоздрави. Помисли де-
ка им е некоја финта со Бојан па се договориле да се
заебаваат со неа.
- Здраво.
- Ии изааиа заб, па затоа така.
- Мислиш цела вилица?
- Оа? Цеа ииица?
- Да. Имаш само пет на горната и пет на долната
вилица.
- И Боуан ми каза. Иисуее се сегуаа.
- Не, за жал. Влези во бањата.
Марин влезе во бањата и имаше што да види. Солзи
му потекоа од очите.

Поглавје Триесет и прво


Како сѐ започна

Марин го болеше забот. Болката беше голема. Го


измачуваше веќе со денови. Не знаеше што да прави.
Проба да ја намали болката, но таа некако не преста-
нуваше. Го најде бројот и се јави за да закаже преглед.
Тоа беше некоја приватна стоматолошка ординација а
разликата во цените не беше голема. Затоа и реши да
отиде таму. Излезе од дома. Живееше во истиот стан
каде што живее и сега. Беше заедно со Искра и Бојан.
Влезе во колата. Тогаш имаше друга кола ( подоцна ја
продадоа). Тргна накај забната ординација. Беше
блиску, но и покрај тоа одеше со кола. По навика. Ни
самиот не знаеше зошто. Додека возеше си размислу-
ваше колку е животот убав и колку е среќен. Веќе бе-
ше вработен, имаше жена и дете. Работеше на случа-
јот за второ дете. Не можеше да биде посовршено. Не
беа претерано богати, но тоа не му беше проблем.
Влезе во ординацијата. Внатре беше една млада док-
торка. Марин ја отвори устата и докторката почна да
си ја брка својата работа. Марин не можеше очи да
тргне од неа. Се обидуваше да биде пристоен, но
докторката беше премногу згодна. И таа го загледува-
ше Марин, но некако многу подискретно го правеше
тоа. Таа не знаеше ништо за него. Не знаеше кој е. Но,
тој... Што се загледуваше тој? Тој знаеше дека е женет
и дека има дете. Но, како магнет погледот одеше накај
неа. После некое време му го направи забот. Излезе од
ординацијата и отиде накај својата кола. Седна во неа.
„Многу беше убаваа оваа докторка. Не сум сретнал
толку згодна. Тука некаде се со Искра. Ама што ми е
мене? Чекај, јас имам жена. Не треба да се занесувам
премногу. Згодна е и тоа е тоа. Но, толку да милсам на
неа? Можеби има нешто повеќе. Ова изгледа од анес-
тезијата ми е. Ми се има поматено умот. Се однесувам
како да не сум видел жена со очи. Па Искра ја гледам
секој божји ден. Прекрасна е. Ама не се однесувам ва-
ка. Пак ли ќе се однесувам како средношколец? Не би
требало. Одамна поминаа тие години. Одамна.“
Неговите мисли нешто ги прекина. Една жена излезе
од ординацијата. Тоа беше забарката. Со поглед ја
следеше. Виде во која кола влезе. И сѐ ќе беше добро
ако останеше само на тоа. Колата на докторката
тргна. Марин тргна по неа, иако не одеше во таа
насока. Ни самиот не знаеше што го наведе на ова.
Како самиот ѓавол да имаше влезено во него. Возеше
позади неа. А таа ништо не забележуваше. Можеби
поинаку ќе се однесуваше ако забележеше нешто. Но,
таа беше уморна и сакаше да се врати дома за да се од-
мори. Беше декемвриско попладне ( поточно вечер,
затоа што порано се стемнува) некаде околу седумна-
есет часот. Само што и заврши работното време. Не-
маше многу коли по улица. Градот изгледаше некако
пуст. Сите беа веќе во своите домови. И таа сакаше да
биде дома, пикната под јорган и да чита некоја книга
или да јаде тоа што ѝ го беа спремиле. Си мислеше на
тоа како ќе се оптегне и ќе си се излежува во кревет.
Беше преморена. Но, нејзините мисли ги заменија
други мисли.
„ Кој е овој дечко? Премногу е убав. Го немам видено
до сега. Не знам како да стапам во контакт со него.
Сигурно има девојка. А можеби и жена. Не, не ми се
верува дека има жена. Премногу е млад некако. И
некако како магнет ме влече нешто кон него. Ни
самата не знам што. Многу машки сум гледала, но
овој... Овој е нешто друго. Нешто кое го привлекло
моесто внимание после Иван. Не е како Иван, ама И-
ван не е овде и не вреди да се залажувам дека ќе се
врати. Се случи тоа што се случи. Толку. Мора да се
продолжи понатаму. Мислам дека најдов некого со
кого сакам да продолжам понатаму. Ама изгледа нема
да се реализира ова. Ова сигурно е некаков знак. Од
утре ќе почнам да го барам. Или не? Не, нема смисла
да правам такво нешто. Можеби сам ќе дојде кај мене.
Што ако цел труд биде залуден? Што ако не го прив-
лекувам? Што се случува? Зошто се опседнав со чо-
век кој прв пат го гледам? Не разбирам. Главата ми е
збркана. Не знам што се случува. Почнав да бладам.“
Толку беше занесена со нејзините мисли што не обрна
внимание на ништо. А Марин како хипнотизиран ја
следеше. Одеше по булеварот иако никогаш пред тоа
не беше возел навака. Немал потреба. Се исклучи од
булеварот и влезе во уличката во која докторката
сврте. Полезеше. Му беше страв.
„ Што ако ме види сега како ја следам? Што ако веќе
забележала, па ми викнала полиција? Уште тоа ми
треба; во станица да се објаснувам зошто следам не-
кого. И што ќе кажам? Ја следам затоа што... ете
така; се опседнав и решив да дознаам сѐ за неа. Не ми
е лесно. Не сум нормален.Ми треба помош. Мора да
побарам стручна помош. Јас имам некој проблем во
главата. Да бев заљубен па ќе ми беа јасни некои ра-
боти. Но, јас ја сакам Искра. Таа ми е сѐ. Таа и Бојан.
Па што тогаш барам овде? Бес? Инстинкт? Недо-
волна самодоверба? Или нешто друго? Заглавив. Ка-
ко да сум под некое волшебно дејство. Како да не раз-
мислувам и дејствувам трезвено.“
Дојде до нејзината уличка. Виде каде застана и во која
куќа влезе. Но, ништо посебно не се случи. Таа само
влезе низ вратата во домот и ја затвори позади себе.
Како да нема никого.
- Уф, добро е. Не забележала ништо.
Сврте полукруг на крајот на улицата и почна да се
враќа назад. Сеа возеше за накај дома.
„И сега што? Ете, дозна каде живее? Ти се задоволи
љубопитноста?“
Си дојде дома. На Искра не ѝ спомна ништо за ова. Не
знаеше што да ѝ каже. Немаше што да се каже. Само
силно ја прегрна. Искра се изненади затоа што дојде
така одеднаш, но возврати на прегратката. Беше сигу-
рен дека сѐ е во ред и дека тоа било нешто без врска.
Си легнаа. Ноќта беше тивка, мирна. Марин заспа во
прегратките на Искра. Настанот со докторката некаде
исчезна.
Поминаа денови после овој настан. Избеде. Како и да
не се случил. Сѐ се врати во првобитниот колосек.
Една вечер Марин реши да излезе со другарите. Има-
ло некое ново кафуле, па го викнаа другарите да сед-
нат на една пијачка и да видат каква била атмосфера-
та. Искра остана дома да се грижи за Марин. Башка
беа договорени да излезат машко друштво. Искра не-
маше против тој да излегува со нив. Знаеше дека се
премногу блиски.
Марин излезе со другарите на пиво. Отидоа во новото
кафуле што се беше отворило (денес има друго кафу-
ле на негово место. Не можам да се сетам како се ви-
каше пред тоа). Седнаа надвор. Местото беше подале-
ку од нивните домови, па затоа одеа со коли. Всуш-
ност беа на местото на денешно Мое кафуле. На Ма-
рин му беше некако познат реонот. Не знаеше од каде.
Се обидуваше да се сети, но никако не му текнуваше.
Молчејќи си го пиеше пивото. Помисли дека можеби
овде некаде во близина се наоѓа некој нивен клиент па
затоа му е познато местото. Веќе не се ни оптоварува-
ше со тоа. Важно му беше дека е со пријателите и дека
пие пиво. Атмосферата беше преубава. Испија по пи-
во - две и си отидоа накај дома. Тоа беше тоа. Немаше
што да се прави. Башка беше среде работна недела.
Вторник или среда беше милам. Дојде и си легна до
Искра. Таа само се изнасмеа кога го виде и силно го
гушна. Знаеше дека е поднапиен и дека не е опасен.
Заспа во негова прегратка.
Се случи нешто неочекувано. Марин повторно треба-
ше да излезе со другарите овј пат во дискотека. Ја вик-
наа и Искра, но таа не можеше да дојде. Беа и девој-
ките на Жарко и Виктор. Марин сам отиде во дискоте-
ката заедно со другарите и нивните девојки. Беа едно
големо друштво. Сакаа да се забавуваат. Тоа и го сто-
рија. Влегоа во дискотеката и забавата можеше да за-
почне. Играа на ритамот на музиката без да се оптова-
руваат со било што друго. Детето на Виктор беше кај
баба му на спиење. Беше пресреќен кога одеша на
спиење кај баба му. Тоа го искористија Виктор и
Гордана за да можат да одат на журка. Башка, одамна
се немаа собрано вака.
Играа, се забавуваа. До нив беа неколку девојки кои
играа. Никој не ги ни погледна. Дискотеката беше
преполна. На едно место Марин ја виде и неа. Доктор-
ката. Таа играше и се забавуваше. Марин само се сеп-
на и се сети на дента кога беше на забар. Се сети и на
кафулето и од каде му беше познато сето тоа. Се нас-
мевна. Продолжи да игра. Се правеше како да не се
случило. Тоа беше тоа. А таа, упорно го гледаше под
око и се обидуваше да го заведе.
- Сега или никогаш, - си рече за себе докторката.
И полека почна да му се приближува на Марин. Без да
забележи таа веќе беше во негова близина. Тоа како
да му годеше. Се смешкаше во себе на сите обиди да
го заведе. Пружаше отпор. И тоа доста време пружа-
ше отпор.
Отиде накај бањата. Таа почна да оди по него; непри-
метно. Истата ситуација. Влезе во бањата. Се поглед-
на во огледалото. Пивата си го правеа своето. Имаше
испиено три или повеќе пива. Ни самиот не знаеше
колку. Одеа едно по едно. Башка не беа многу скапи,
па можеше да си дозволи да земе повеќе. Пиеше пиво.
Прилично доста. Забарката влезе во во машката бања.
Марин се направи дека не ја гледа.
- Здраво дечко, јас сум Ана.
- Здраво. Јас сум Марин.
- Баш си секси.
- Фала.
- Сам си?
- Па, да. Гледаш.
- Супер. И јас сум сама.
- Да, гледам.
- Не, мислам немам дечко.
- Аааа, на тоа ли мислиш? Не, не сум. Имам жена.
- Жена? Убаво, убаво. Би сакала да ја запознаам.
- Зошто?
- Да видам која е таа среќница.
- Моментално не е овде.
- Штета.
- Да. Штета.
- Штета што имаш жена. Би сакала да имам нешто со
тебе.
- Што на пример?
- Кабината е тесна, но може да послужи.
- Ве молам.
- Не ве привлекувам?
- Не, не, згодна сте.
- Тогаш?
- Ви реков - имам жена.
- Не мора да знае жена ви.
- Тоа малку потешко.
- Верен сте ѝ на жена ви?
- Да. Башка имам и дете.
- Дете?
- Да. Има три годинки.
- А колку време сте со неа?
- Заедно сме осум години, од кои три во брак.
- Долго време.
- Да.
- И ниеднаш не сте ја изневериле?
- Добро, можеби еднаш или два пати...
- Тогаш во што е проблемот?
- Тоа не било физичко изневерување.
- Сте помислиле на друга жена?
- Да.
- Разбирам. Која била таа?
- Вие. Сега го правам тоа.
- Ама ве молам. Ова не е ништо.
- Мене многу ми менува. Вие немате дечко, а јас имам
семејство.
- Да, такви се работите.
- Да.
- Тогаш зошто сте дошле без жена ви? Вие не ја
саката.
- Молам? Не можеше да дојде.
- Со кого сте овде?
- Со пријателите.
- Со пријателите? И ве пушта така?
- Да, жена ми има доверба во мене.
- А ако знае дека има ваква како мене што ви се
додворува?
- Ќе збесне.
- Би требало.
- Не ве разбирам.
- И јас да сум на нејзино место би збеснала.
- Во ред.
- Но јас повеќе би ве чувала.
- Како тоа?
- Не би се одделила ни за миг од вас.
- Хм, но тогаш ќе ме ограничите и нема да биде тоа
тоа.
- Како тоа мислите?
- Така. Сакам слобода и доверба.
- Вие сте среќен човек.
- Фала.
- Не сте таков човек да сака да менува.
- Па не премногу.
- Се гледа.
- Ви смета што сум семеен човек?
- Не. Баш повеќе ќе те сакам.
- Добро, тоа не можам да го сменам.
- Но, можеш барем ноќва...
- Што барем ноќва?
- Да уживаш со мене.
- Би сакал да беа други околности.
- Кои околности?
- Па за почеток да бев слободен.
- Па, замисли дека си слободен.
Ана го залапа Марин. Марин се збуни и за миг седеше
ко здрвен. Ана се одалечи. Потоа пак се залапаа. Овој
пат многу пострасно. Падна отпорот. Марин се исклу-
чи. Ана беше среќна. Завршија во кабинаата. Ноќта е
долга.
Потоа се врати кај другаите, а Ана си се тргна на
страна. Некако си разменија број (домашен секако,
иако ни самиот не знаеше како).
Забавата заврши. Сите почнаа да излегуваат од диско-
теката. Беше рано наутро кога Марин се врати дома.
Мирисаше на цигари и алкохол. Само се фрли врз кре-
ветот и заспа.

Поглваје Триесет и второ


Искра и Бојан

Беше совршено. Барем нејзе така и изгледаше. Го


гледаше во очи и се топеше. Иако немаше никакво ис-
куство и прв пат се сретнуваше со ваква работа, сепак
веруваше дека ќе биде супер. Имаше чувство дека ве-
ќе го има правено тоа и дека е доволно искусна. Гле-
даше во неговите очи во кои имаше искри. Светеа
како две ѕвезди. Темни ѕвезди додуша, ама сепак
блескаа. Немаше страв. Стравот го заклучи некаде по-
далеку од ова место и ова време. Вдиша длабоко и и
даде простор на самодовербата. Беа во истиот стан во
кој потоа се всели. Беа минале доста години од тогаш.
Но споменот беше сѐ уште жив, свеж како крв од ра-
на; како сега, во овој момент да се случува. Тука, пред
нејзини очи. Ја почувствува истата тишина што ја
чувствуваше тогаш. Моментот на исчекување кој знае
да трае прилично долго. Моментот кога се решава сѐ.
Кој прв да повлече. Кој да пресече? Кој да го направи
првиот чекор? Кој да го направи првиот допир? Тој
или таа?
Сепак тој. Беше доволно храбар иако устата полека
почнуваше да му се суши. Како да беше изел премно-
гу солена храна. Почна нечујно да подголтнува. Ма-
ла доза на страв и трема се појави. Сепак беше трезен.
И на него му беше прв пат. Не му беше прва девојка,
но ова беше голем чекор. И за двајцата. Чувствуваше
возбуда. Беше заслепен. Како да лебди. За момент зас-
тана. Не знаеше што да прави или како да започне. Не
беше ова некоја извежбана претстава па да се движи
механички. Ова беше ново искуство. Беше сам. Оста-
вен на милост и немилост. Посака да не беше толку
сложено. Посака да знаеше што да направи во тој миг.
Низ глава му се вртеа слики од сите романтични фил-
мови што ги имаше гледано. За жал беа премалку.
Сепак, ова не се филмови. Ова е стварност. А ствар-
носта е посурова. Стварноста не секогаш дава втора
шанса. Нема повторно снимање на сцената при неус-
пешен обид. Не, не. Сите сакаат првиот пат да им би-
де совршен и се оптеретени со тоа. Баш заради тоа,
првиот пат се прават премногу грешки. Заради
стравот, тремата... Совршеноста е во опуштеноста.
Тоа е проста мудрост. Кога си ослободен од сите сте-
ги тогаш можеш да се посветиш на нешто и да го из-
влечеш најдоброто од себе. Таа мисла му помина низ
глава. Реши да се опушти. Реши да се исклучи. Тоа ѝ
го стори. Потоа го направи првиот чекор. Со раката
лесно помина низ нејзината коса. Потоа ја фати за
рамената и ја приближи до себе. Очите речиси им се
допираа. Повторно почувствува влажност на своите
усни.
Добро е, - си помисли. - Најлошото помина. Сега сѐ ќе
оди како подмачкано.
Искра се препушти на бакнежите на Марин. Јазиците
си ја играа својата улога. Сите сетила си ја знаеја сво-
јата работа и одеа кон тоа да ја остварат целта. Се
создаде прекрасна хармонија. Се споија сите сетила.
Ушите, очите, носот; сите станаа едно. Станаа нешто
како срце. Пулсираа во ритамот на љубота и страста.
Месечината играше танго со облаците. Целиот уни-
верзум навиваше за нив двајца. Навивањето вроди со
плод. Беа слепени како сијамски близнаци. Искра прв
пат ја почувствува убавината на бакнежите и возбуда-
та на допирите. Но, ова не беше како во филмовите.
Беше многу подобро. Затоа што не беше филм. Марин
не ги тргна очите од телото на Искра. Сонуваше бу-
ден. Не знаеше дали е ден или ноќ. Тоа и не беше така
важно. Не знаеше каде се наоѓа. Но знаеше дека е на
некое посебно место. Како да беше во некоја паралел-
на димензија. Како ова да беше нестварно. Како да
сонуваше. Сѐ беше измешано. Љубов и страст, со доза
на страв. Страв дека ќе ги фатат. Во соседната соба
спиеја ро- дителите на Марин. Дарко беше останал кај
другар, а Солза спиеше во дневната ( подоцна се преу-
реди станот и се направи уште една соба). И Марин и
Искра го чувствуваа тој страв. Се трудеа да бидат тив-
ки колку што можат. И беа. Како да немаше никој во
собата. Од страв Искра дури и го задржуваше здивот
којшто и онака го губеше. Воздишките беа сведени на
минимум. Иако чувствуваше голема возбуда додека
беше споена со Марин, немаше никакви услови да ја
искаже. Среќа првиот пат беше во кревет. Можете да
замислите што би се случило кога би бил во црква.
Папсана од умор и возбуда Искра заспа на ромото на
Марин.
Искра седеше на клупата пред зградата и погледна о-
колу себе. Бојан беше дома. Не се сети дали му спом-
на нешто за тоа дека ќе излегува или дека ќе оди до
продавница. Тргна до продавница, заврши на клупата
пред зграда. Продавницата може да почека. Има вре-
ме. И онака немаше намера да купува нешто важно.
Тоа повеќе ѝ беше изговор. Ѝ потече солза од образот
кога се сети како изгледаше Марин со осакатена вили-
ца. Тоа беше страшно. Да, беа разведени веќе девет
години, но... Ова беше премногу. Чувствуаше жал за
него. За секого би чувствувала жал кога би го видела
во таква состоја. Тоа беше ужасна состојба. Мислам
му беше поранешна жена и не ѝ беше сеедно; не го са-
каше, но не му ни посакуваше вакво нешто. Всушност
ѝ беше сеедно. Но, не кога го виде во ваква состоја.
Ова беше најлошата состојба во која го имаше виде-
но. Навистина изгледаше потресно.
Беше средно. Имаше петнаесет години. Кај неа се јави
некое ново чувство. Чувство на збунетост, симпатија,
треперење. Чувство на прва љубов. Првата прегратка,
првиот бакнеж... Таа прв пат се дружеше со некого и
имаше некого покрај себе. Беше среќна. Но, тоа сѐ
уште се детски години. Беше со дечко од нејзиниот
клас. Не му го паметеше името затоа што беа минале
години и таа речиси беше заборавила дека вакво неш-
то и се случило. Беа заедно два месеци. Тоа беше при-
лично многу за тој период од животот кога сѐ уште си
дете и кога сѐ уште не разбираш некои работи. Нејзи-
ните секако не знаеја за тие работи.
Да кажеш дека имаш дечко на петнаесет години; вед-
наш настануваше револуција. Или машко да каже де-
ка има девојка. Тоа беа осетливи нешта. Мислиш в
земја ќе пропаднеш. Но, такви беа времињата. Тоа бе-
ше нешто невообичаено. Или барем не се зборуваше
за тоа. Никако со родителите. Со другарките можеби.
Мада и со нив се избегнуваше да се зборува на таа
тема. Тогаш си во период кога мислиш дека си пред
сите и дека никој не те разбира. Живееш во оној филм
дека си научник и изумител. Светот со тебе почнува.
Но, затоа имаш петнаесет години. Да се вратиме на
приказната.
Значи, Искра имаше дечко. Имаа обичај да се чекаат
на скалите пред школото. Но, овој пат тој не дојде та-
му. Искра чекаше сама. Си помисли дека имало пре-
многу турканици, па затоа не дошол. Но, сите веќе се
разотидоа. Сама отиде до сендвичарата да си земе за
јадење. Потоа тргна на истото место каде што заедно
одеа; не беше некое скришно место; позади школото.
Таму се криеја од љубопитните погледи. Никој не зна-
еше дека се заедно. Пред сите беа само другари и
ништо повеќе. Всушност имаше премногу луѓе па ни-
кој и не им обрнуваше внимание. Отиде таму со на-
деж дека ќе дојде. Но, тој не дојде. Тој веќе беше та-
му. На Искра не ѝ се веруваше. До него имаше друга
девојка која ја бакнуваше. Искра само се повлече. Од
очите почнаа да ѝ течат солзи. Ни самата не знаеше
како успеа да се воздржи да не пукне. Дојде дома таж-
на. Кога мајка и ја праша што ѝ е, само ѝ рече дека
нешто со школото и дека ќе го среди. На тоа и остана.
Наредните денови почна да го избегнува тоа момче.
Тој не разбираше што се случува (сепак имаш петнае-
сет години ; ни на крај памет не би ти текнало дека
можеби те фатила со друга), па затоа започна да се
сомнева дека Искра можеби има друг. Параноја. Ис-
тото што тој и го правеше на неа почна да му се враќа.
Тоа траеше некој месец дена и потоа пак се случи ис-
тиот настан. Само што овој пат Искра толку силно се
изнакашла што девојчето потскокна од место, а на
дечкото му стана незгодно. Потоа Искра пред неа му
раскина и им посака среќа. Се сврте и продолжи да
оди. Повторно фрли поглед во вистинскиот момент.
Трас!!! Се слушна како ехо. Пукна шамар како во ин-
диска серија. Искра се изнасмеа иако во моментот не
ѝ беше до смеа. Ни самата не знаеше од кај се појави
таа смеа кај неа. Веројатно сеирот си го правеше свое-
то. Црвената тетоважата од прсти остана на образот
на дечкото, а тој ја наведна главата и ги собираше сол-
зите да не заплаче. Сепак потекоа. Тоа уште повеќе ја
насмеа Искра. Барем не мораше да му се одмаздува.
Но, после тоа ништо не беше исто. На никого не кажа
за ова. Само се повлече во себе. И се додворуваа доста
машки, но таа секого го одбиваше. Изгради ѕид околу
себе. Ниедно машко не го погледнуваше. Беше позна-
та како ледена кралица. Многу луѓе мислеа дека изиг-
рува пуфла и дека си ги крева акциите, но причината
беше сосем поинаква. Таа не сакаше машко во нејзина
близина. Со чест на исклучоци кои беа другари и
ништо повеќе. Или, евентуално многу добри другари
(браќа). Толку. Секој што ќе се обидеше да направи и-
ли да очекува нешто повеќе неславно завршуваше.
Тој ѕид траеше прилично доста. Четири или пет годи-
ни. Марин беше тој што го проби тој ѕид. Тогаш Ис-
кра, ни самата не знаејќи од која причина реши да си
даде шанса и да биде со Марин. Не погреши ( иако се
случи тоа што се случи). Еве, го има Бојан веќе чети-
ринаесет години. А тој настан беше пред дваесет, а
можеби и повеќе години. Некаде длабоко во одамна
веќе заборавеното минато. Ни самата не знаеше од
каде ѝ се појави таа мисла.
Стана од клупата и отиде до продавницата. Ги купи
потребните состојки и се врати дома. Ручаа заедно со
Бојан.
- Мамо, сакам да разговараме за нешто.
- Кажи Бојан. Те слушам.
- За тато се работи.
- Добро.
- Би било добра идеја да живееме сега заедно со него.
- Што ти текна на тоа?
- Сакам да живееме заедно.
- Мал си за да разбереш некои работи.
- Некогаш се однесувате како мали деца.
- Такви се возрасните.
- Мамо, потребни сме му на тато!
- Како тоа? И тој ни е потребен девет години па...
- Знам, знам. Но, ова е друго.
- Што е друго?
- Мамо, тато нема вилица. Кој ќе се грижи за него?
- Не знам.
- Треба баба да се грижи за него и да се нервира.
- Да, имаш право.
- Ќе му се јавам на тато да му кажам. Сигурен сум
дека ќе се израдува за ова.
- Да се надеваме.
Кај Бојан се појави некое чудно чувство на среќа дека
работите можат да се сменат.

Поглавје Триесет и трето


Некои слики минат...

Поминаа неколку дена откако Марин и Ана направија


нешто во бањата во дисктеката. Марин речиси забора-
ви на тоа. Како дошло така прошло. Но, еден ден до-
дека Искра беше на пазар, а Бојан сѐ уште спиеше (иа-
ко беше веќе десет часот наутро) некој заѕвони на до-
машниот. Беше саботно утро. Марин ја крена слушал-
ката.
- Ало? - рече.
- Добар ден, Марин ќе ве молам?
- Да, јас сум. Повелете.
- Здраво Марин, како си?
- Добар. Вие?
- Добра и јас.
- Кој е на телефон?
- Ана.
- Ана? - Марин не можеше да се сети.
- Толку бргу ме заборави?
- Јас... Ама јас не ве познавам! Која Ана?
- Од дискотеката. Убаво ти беше таму нели?
Марин се стресе. Му се вратија сликите. Се сети. Са-
мо се фати за главата...
- Да, да. Се сетив.
- Знаев дека ќе се сетиш.
- Од каде ви е мојот број?
- Дојдов некако до него.
- Вие сте манијак.
- Немојте така ве молам. Јас сакав само да излеземе на
кафе муабет.
- Ама нема што јас да излегувам на кафе муабет со
вас.
- Јас ви ги правев забите.
- Знам. Ви платив за тоа.
- Имавме нешто во дискотеката.
- Затоа што немаше начин да ве откачам.
- Ама ви се молам.
- Видете, тоа беше и помина.
- Молам?
- Да. Тоа беше тоа.
- Јас толку работи направив за вас; ви ги поправив
забиите, ви помогнав убаво да си поминете...
- Вака. За првото нешто; тоа е ваша работа; вие сте
платена за тоа; а за второто нешто воопшто не ми по-
могнавте да се чувствувам убаво. Се каам.
- Зошто си играте играчки со мене?
- Молам? Јас сум тој што ви се додворува?
- Ама не е баш така. Па јас... прв пат со вас го напра-
вив тоа.
- Ве молам. Прво, тоа е ваша работа. И немојте мене
со тие нешта. Премногу сте искусна за прв пат.
- Значи сепак ви беше убаво?
- Па добро, работата беше на ниво. Како да сум пла-
тил професионалец.
- Молам? Дали тоа ме навредивте?
- Ако вие го разбирате така - тоа е ваш проблем.
- Видете, можам да ве тужам!
- За?
- За силување!
- Ве молам, не со тие куршуми!
- Вие ми се потсмевате?
- Сама си го барате.
- Ако не дојдете со мене на кафе ќе направам некоја
глупост.
- Оставате ме на мира!
- Ќе се самоубијам! Јас ве сакам.
- Вие сте луда.
- Да, луда сум. Ќе ја најдам жена ви и ќе и кажам сѐ.
- Нема да ви верува.
- Ќе најдам начин. Како жена со жена; ќе допрам до
неа.
- Нема да го сторите тоа!
- Го барам бројот да му се јавам на адвокатот! На жена
повеќе ќе веруваат дека е жртва на силувања, отколку
на вашата одбрана.
- Вие не сте нормална!
- Само едно кафе. Да видиме до каде стојат работите.
- Ветувате дека ќе биде само едно?
- Па... ако ни биде убаво зошто да остане на едно?
Марин нервозно викна:
- Ветувате ли дека ќе биде само едно кафе!
- Добро, нека биде само едно кафе.
- Ова нека биде нашето прво и последно кафе.
- Поминаа неколку дена и вие веќе заборавивте на тоа.
- Да, тогаш бев пијан.
- Е браво. Типично машки. Сте биле пијан.
- Вие бевте таа која навалуваше.
- Но, вие дозволивте.
- Да, и се каам заради тоа. Не знам како да ѝ кажам да
жена ми...
- Дека имавте нешто со друга?
- Не, дека не можев да се одбранам од напад на жена.
- Не барајте изговори.
- Не барам, така е.
- Ве молам. Само некои приказни правите.
- Ајде да седнеме на кафе и што побрзо нека заврши.
- Ама не сакам така да ме брзате.
- Сега се откажавте од кафето?
- Не, ама сакам со лезет да го пијам. Не како да сум на
трки.
- Нема да се засркнете, ве уверувам.
- Сакам да ве прашам нешто.
- Да?
- Секогаш вака наоѓате изговори за вашите грешки?
- Како тоа мислите?
- Па така. Пијан бев; ми се нафрли. На некоја ќе ѝ нап-
равите дете и кога ќе ви соопшти дека е трудна само
ќе и кажете дека сте биле пијан?
- Таа некоја ако знае дека сум зафатен нема толку да
навалува.
- Во ред.
- Вас да не ви доцни?
- Не би требало.
- Знаете всушност што се случи?
- Да, знам. И од тоа може да се случи нешто.
- Добро, ако така велите.
- Да, велам.
- Многу сте напреден.
- Имам голем круг на луѓе и се интересирам за многу
нешта. Башка ја користам логиката како средство. Не
зборувам на памет. А и мојата интуиција не ме лаже.
Барем не ме излажала до сега.
- Убаво, убаво.
- Во ред, тогаш да седнеме на кафе и да поразговара-
ме.
- Во ред. Може ли да дојдете кај мене во маало. Има
едно ново кафуле многу добро место е.
- Да, го знам. Имам седено таму. Секако, тоа не би
било проблем.
- Во ред, за колку време?
- Па за половина час би требало да бидам таму.
- Приличо брзо би било тоа; добро е што не е за три
дена.
- Имам некои ситни работи да завршам по дома.
- Домаќин сте.
- Замислете, да.
- Колку е убаво тоа.
- Нели?
- Човек да не може да поверува.
- Дали тоа ми се потсмевате?
- Јас? Не, воопшто.
- Ве молам. Не со тие куршуми.
- Сам почнавте.
- Јас?
- Да, вие.
- Во ред. Ако е веќе така, односно ако тврдите дека јас
сум тој што започнал со сето ова тогаш така нека би-
де. Немам намера да ве разубедувам.
- Во ред.
- А можам ли да ви бидам пријател?
- Пробајте. Можеби ќе успее.
- Нема да има проблем вашата жена?
- Не, ако се поставите како пријателка.
- Хм, па би пробала да се поставам како пријателка.
- Тогаш да го испиеме нашето прво пријателско кафе.
- Да. Нашето прво пријателско кафе.
- Во ред. Тогаш да дозавршам нешто по дома, се обле-
кувам и тргам. Пред да излезам од дома ќе ви ѕвонам.
- Во ред, пријателе.
- Во ред, пријателке.
Се прекина врската. Марин ги заврши работите што
ги имаше по дома, се облече; потоа ѝ јави на Ана дека
тргнува и дека за некои петнаесет минути ќе биде кај
неа. Како што предвиде така и бидна - за половина час
беше кај неа. Седнаа во кафулето. Овде не постоеше
шанса Искра да го види па затоа се чувствуваше по-
безбедно. А за колата Искра не правеше проблем.
Марин правеше муабет со Ана. Немаше тема на која
не правеа муабет; за дискотеки, за нејзината професи-
ја, за неговата професија... Добро, не правеа муабет за
нив. Решија да бидат пријатели и тој мал детал да се
заборави од двете страни. Всушност, никој друг не
знаеше за тоа. Ова кафе помина во мирна атмосфера.
На пријателска база. На враќање кон дома Марин поч-
на да размислува за Ана. Се сети дента кога ја следе-
ше до дома. Се насмевна. Со Искра му беше прекрас-
но, но како да фалеше нешто. Како полека да почну-
ваа да се заситуваат еден од друг. Како да беше време
за промена. Барем така тој го чувствуваше тоа. Вед-
наш ги оттргна таквите мисли од глава. Се врати до-
ма. Искра веќе се беше вратила од пазар и седеше во
дневната гледајќи телевизија. Ја изгушка и страсно ја
бакна. Ни самиот не знаеше зошто. Но, убаво му дој-
де. На Искра почнуваа да и стануваат чудни ваквите
негови испади, но си молчеше. Марин како да сакаше
да се искупи за нешто. Веројатно за кафето што го
премолче или она што се случи таа вечер во дискоте-
ката. Се обидуваше да го заборави тоа. Но, цело време
му доаѓаше пред очи. Бакнежите на Ана, допирите...
Како да сакаше да прави споредба меѓу едната и дру-
гата. Почна да први спотредба и заглави во своите
мисли. Се изгуби. Затоа реши да прекине. Донесе
заклучок дека и двете се убави на свој начин и дека ќе
му треба повеќе време за да види со која што и како ќе
прави.
Сега за сега е најдобро да остане како што е. Искра
не мора да знае дека сум имал нешто со друга и дека
сум излегол на кафе со неа после тоа. - му помина низ
потсвеста. - Но дали е тоа вистинскиот избор? Треба
ли да водам двоен живот за да одговорам на некои
прашања? Во ред, ќе го водам ако треба. Тоа е само
мое. Искра е прекрасна и не сакам да ја изгубам. Но,
од друга страна Ана... И таа е исто толку прекрасна.
Само што има една незгодна работа. Тука е Бојан,
мојот син. Мојот син. Што со него? Не сакам него да
го изгуам. Него најмалку сакам да го изгубам или пов-
редам. Што е тој крив што јас не знам што сакам? А
мислев дека знам. Тоа е тоа. Ќе мора да размилсам
поубаво. Бојан, сепак ти си на прво место. Затоа
Ана, ќе гледам да биде само пријателка. Готво е.
Одлуката е донесена.
Марин продолжи да се гледа со Ана. Одеа кај неа во
маало. На почетокот се гледаа еднаш неделно. Обич-
но тоа беше сабота. Марин малку ги запостави друга-
рите. Всушност преку недела и не беше најизводливо.
Никој не знаеше за неговото познанство со Ана. Вре-
мето така си минуваше. Пополека. После некое време
почнаа почесто да излегуваат заедно. Два пати недел-
но. Тоа и не беше толку приметно, но него му праве-
ше разлика. Искра ништо не знаеше. Мислеше дека
излегува заедно со другарите. Не ги прашуваше што и
како. Не беше таков тип на човек. Башка беше зафате-
на со Бојан. Бојан растеше.
Секоја наредна средба со Ана, Марин ја чекаше со
нетрпение. Полека, полека почна да се вљубува во А-
на. А со Искра беа поинакви работите. Се оладија не-
како. Се одделија еден од друг. А Ана беше овде.
Марин ѝ се жалеше како се помалку се блиски со сво-
јата сопруга. Искра се посвети на Бојан. Бојан беше
пред сѐ и пред сите. Марин беше во втор план што е
сосем нормална работа.
Но неговиот сексуален живот страдаше, па почна да
бара утеха кај Ана. Таа беше тука во секое време. Ана
беше тука да го надополни она што Искра го испуш-
таше од премногуте обврски што ги имаа. Ана му
беше еден вид издувен вентил. Ги смируваше хормо-
ните со неа. Но, малку по малку почна да чувствува
поголема поврзаност со неа. Не беше иста како со Ис-
кра, но не беше само за да смири хормони. Почна да
се појавува нешто повеќе. Ни самиот не можеше да
открие што е тоа. Немаше одговор. Не се ни трудеше
да најде. Веројатно затоа што беше свесен дека нема
да го пронајде. Немаше начин да го пронајде одгово-
рот на оваа бесмислица. Немаше оправдување. Се
обидуваше нешто да смисли, но никако не му поаѓаше
од рака. Никако. Сите обиди беа залудни. Почна да го
боли глава. Реши дека сепак нема да се напнува со то-
а. Ќе остави работите да си течат. Нека биат такви
какви што се. Можеби решението ќе му излезе пред
очи. Можеби ќе го најде одговорот. Веќе не беше
сигурен во ништо. Тоа беа тешки денови за неговата
психа. На крајот, за да ги избегне нервозите реши де-
ка е најдобро да го стави мозокот на пасење и да не
размислува. Кога не размислуваш работите се супер.
Така и остана.
Ништо не може да трае вечно. До Искра почнаа да
доаѓаат гласови дека Марин има друга. Не знаеше
што да одговори на тоа. На почетокот ништо не веле-
ше затоа што не сакаше да верува. Всушност, не им
верувше. Но, гласините почнаа да се зголемуваат. Сѐ
почесто и почесто ѝ зборуваа на Искра за Марин и за
Ана. Тоа беа претежно нејзините другарки од маало.
На почетокот Искра помисли дека се љубоморни и де-
ка затоа зборуваат. Но, потоа почна да размислува во
врска со тоа. Зошто некој постојано би зборувал за то-
а? Башка беа веќе возрасни. Не ѝ се веруваше дека се
такви алапачи. И некои други луѓе ѝ кажаа дека го ви-
деле Марин со некоја жена како се држел за рака. Тоа
веќе беше пресвртница. Реши да ги расчисти работи-
те. Зборуваше со него; тој само молчеше со главата
наведната надолу. Не се ни обиде да каже нешто. Да
се одбрани. Не знаеше како. Знаеше дека е виновен.
Отидоа и кај адвокат за да поднесат барање за развод.
Поминаа шест месеци и потоа и беа веќе развдени.
Марин им купи стан каде што живеат сега. На почето-
кот не знаеше што се случува. Беше среќен и тажен во
исто време. Таа среќа беше премногу мала. Повеќе
чувствуваше ослободување отколку нешто друго. Се-
га барем нема да мора да се крие со Ана. Продолжи да
се гледа со неа.
Марин ги чекаше да дојдат неговите другари; Виктор,
Оливер и Жарко. Се имаше обезбедено. Пивото беше
тука. Десетина, ако не и повеќе шишиња пиво беа
спремни да бидат испиени. Барем беа десетина кога
ги купи. Ако треба ќе докупи (тоа не е никаков проб-
лем; тогаш сѐ уште не беше донесен законот за алко-
хол во кој се забрануваше алкохол после седум однос-
но девет попладне така што не беше проблем да се ку-
пи). Но, се молеше да не дојде до тоа бидејќи беше
прилично мрзлив. Го мрзеше да се влече до доле и да
бара продавничиња кои работат. Многу малку ги
имаше овдека. Речиси сите, едно по едно почнаа да се
затвараат. Може да имаше некое останато. Но, голе-
мите маркети работеа само до десет. Реши да не се оп-
товарува со тоа. Што ќе биде ќе биде.
Значи, Марин почна пред време да слави. Уште исти-
от ден некаде од четири часот попладне веднаш после
работа. Две шишиња веќе беа испиени. Две ѕидарски
шишиња (собираа литро и половина во пластично
пакување). Го отвори третото. Си стави во чашата.
- Зошто уште не се дојдени? - си рече. - Јас ќе го поч-
нам пивово, па кога ќе дојдат ќе продолжиме заедно.
И онака за секого има по две пива. Така некако. Само
што не верувам дека Оливер ќе испие толку, така што
ќе има повеќе за нас. Можеби уште по едно шише.
Се насмевна и ги протри рацете. Имаше обичај да си
размислува на глас кога беше сам. Сакаше и да си збо-
рува на себе; ќе направеше било што само да не ја слу-
ша тишината; таа го убиваше. Искра веќе месец дена
беше заминала, но раните сѐ уште беа свежи. Се оби-
дуваше да го сокрие фактот дека не му е сеедно. Пред
сите се правеше дека му е сеедно. Кога ќе го прашаа
кој е поводот за пиење велеше дека е среќен па затоа
пие, или пак дека сака малку да се опушти. Луѓето не
прашуваа повеќе. Тие што ќе прашаа лошо ќе поми-
неа. Знаеше да биде раздразлив и насилен кога го по-
годуваат во болната точка. А едно беше сигурно; Ис-
кра беше неговата слаба и болна точка; сакал да го
признае тоа или не. Се обидуваше да се сокрие. При-
лично добро му успеваше. Но, не секогаш.
Кога беше сам - тоа беа моно - драми. Ред солзи, ред
мрсули. Плачеше како мало неутешно дете. Долго
плачеше. Не секоја ноќ, но имаше и такви денови.
Барем еднаш неделно или еднаш месечно ќе се испла-
чеше за сите пари. Со некои мали исклучоци секако
(роденденот на Искра, неговиот роденден, дента кога
се запознаа, дента кога се фатија, дента кога се вен-
чаа... и многу други ситни но за него важни датуми;
верувале или не тој ги паметеше сите позначајни да-
туми, или можеби некаде ги имаше запишано. Секако
знаеше да ги чествува на свој начин - денот на солзи-
те. Кај него беа тоа повеќе денови. Среќа беа во раз-
лични месеци, па се распоредуваа некако и не пла-
чеше само еден период од годинита туку преку цели-
от период) Не сакаше да плаче, но тоа беше посилно
од него. Не можеше да си прости. Не можеше да се
помири. Требаше време. Некогаш имаше и период
кога цел месец нема да пушти солза за Искра, но тоа
беше прикриено на друг начин и премногу скапо.
Пиеше пиво во ненормални количини. Две шишиња
само за појадок. Особено првите месеци и особено са-
ботите. Потоа со Бојан некаде одеа да шетаат. Де во
слаткара, де до паркот, де на Водно... Тоа му беа нају-
бавите моменти и не дозволуваа пивото да делува.
Пивото некако волшебно исчезнуваше од крвта. За
ручек, ако беше добро расположен можеше да испие и
по три пива. Потоа заглавуваше во бањата; де на шо-
ља исправен како уринира, или пак наведнат над шо-
љата клекнат како си ја вади утробата додека повраќа.
Почесто го правеше она второто, но не му беше гајле.
Кога ќе се погелднеше, не личеше на ништо. Целиот
разлигавен, ќе се замиеше и ќе заличеше на нешто.
Но, како ќе ја замиеш душата која страда? За тоа сѐ
уште не изнашле начин. Се сети на сето тоа додека си
пиеше од чашата која сѐ побрзо и побрзо се празнеше
како да има некоја огромна дупка. Само како магла му
помина низ мислите сѐ она што го правеше првите
месеци по разводот. Сега пак му се вратија истите
слики; како сениште. Сакаше да ги нема. Сакаше да
ги избрише, да ги уништи. Како што кај компјутерите
постои можност да се избрише, така сакаше да биде и
во неговата глава. Но, тоа не беше можно. Барем не
трајно. Можеше само привремено да ги избрише сли-
ките, но тие пак наоѓаа начин да се појават.
Беше петок, а Марин беше мрзелив. Исто и другите
тројца. Не им се правеше нешто посебно, па затоа Ма-
рин ги викна на пиво да се развеселат малку. Свесни
беа дека нема да биде малку, туку малку повеќе, но
секогаш си велеа дека е малку и дека од утре ќе прес-
танат. Но, тоа утре никако да дојде. Сѐ некако се
одолговлекуваше. Тоа траеше подолго време.
Чашата се испразни, па Марин без размислување си
стави нова чаша. Како да пиеше вода, а не пиво. Баш-
ка веќе беше добро подмачкан така што пивото добро
лизгаше и повеќе не ја чувствуваше неговата горчина.
Иако ја сакаше неговата горчина затоа што го потсе-
туваше на неговиот живот, овој пат сакаше нешто
благо и убаво. Така што супер му беше што не ја чув-
ствуваше горчината на пивото. Почна да станува не-
стрплив.
- Каде ли се овие? Зошто сѐ уште ги нема?
Погледна во часовникот. Беше седум и четириесет и
пет.
- Па сѐ уште е рано. Кај осум би требало да дојдат. Јас
некако претерав со славјево. Откако дојдов дома ниш-
то не правам освен што се налевам. Ни на Ана не ѝ се
јавив. Сигурно е на работа. Или сега е изморена па си
седи по дома и се тегне во кревет. Утре ќе се видам со
неа и онака.
Ана веднаш ја истера од мислите. Толку беше. Ја испи
и втората чаша и потоа пак си ја наполни. И оваа ја
испи во еден здив. Па пак ја наполни. Беше некако
премногу жеден, па и оваа ја испи. И третото шише о-
тиде.
- Остана едно шише за Оливер. Ако Оливер успее да
го испие тоа шише. Не ми се верува дека ќе успее, но
ете, нека стои за него. Ако не па, јас ќе го допијам. Не
е проблем. И онака пијам како сунгер. Или што би
рекле - како некое дупнато црево. Ама не сум јас крив
што пивото само се лепи за мене и ме привлекува.
Скопско си е Скопско. Чиста работа.
Поминаа и тие долги петнаесет минути. Вратата заѕ-
вони. Тројцата мускетари се нацртаа на вратата. Како
швајцарски часовник беа точни. Обично не беа толку
точни (со исклучок на Оливер), но кога се работеше за
пиење е тогаш можеше да се случи и пред време да
дојдат. Овој пат беа точно на време. Дојдоа со засилу-
вање. Донесоа уште три - четири шишиња во случај
да не стигне.
А голема беше веројатноста да не стигне. Среќа и О-
ливер не влечеше до толку (речиси ич; знаеше да
испие две до три чаши и веќе да се пензионира), иначе
секако дека нема да стигне. Виктор и Жарко пиеја ед-
но шише ко од шала. Онака за загревање и прочисту-
вање. Башка, некаде имаа слушнато дека пивото било
добро за бубрезите па сѐ почесто, да не речеам пре-
често го користеа. Секаде и во секоја пригода. Ретко
пиеја жестоко. Прво, затоа што премногу гореше и
потешко лизгаше, а второ затоа што со количината
што ќе ја платеа за литро жесток пијалок можеа да ис-
пијат три пати повеќе пиво. Немаа есап. Да, понеко-
гаш можеа да се напијат, ако се најдеше некој дареж-
лиив да ги части, а таквите речиси и ги немаше; па
така и не пиеја. Знаеа некогаш да собираат пари па да
си се почестат со нешто жестоко, но тоа беше еднаш
во сезона или три до четири пати годишно. Толку мо-
жеа да одвојат пари за да најдат некој квалитетен жес-
ток пијалок. Вино пиеја почесто но се жалеа дека чес-
то ги болело глава. Па добро, имаше едно вино три за
сто ( повеќе беше оцет одошто вино и не беше тоа тоа.
А квалитетните вина беа исто така посоленки. Нема-
ше да го имаш истиот ефект). Башка веќе беа одвик-
нати од вино. Некако не им се пиеше вино. Како мла-
ди често го пиеја тоа оцетот три за сто. Секако дека не
го пиеја чисто туку го мешаа со фанта шоката или ко-
ка кола; зависи какво беше виното. Исто така се пие-
ше и витач - затоа што беше поевтино. После сите о-
вие искуства решија дека сепак е најдобро да си оста-
нат на пиво. Поевтино, полесно, не остава траги (за
разлика од виното) и многу други предности како на
пример помал процент на алкохол.
Седнаа на троседот. Марин седна на фотељата. Ги
извади чашите. Зема од оние пластични чаши (секако
од поголемите). Сакаше повторно да го почувствува
волшепството на младоста (пиењето во маало). Никој
не ни обрна внимание на тоа. Сите беа дојдени да
пијат. Башка на Марин му беше поедноставно. Само
ќе ги ставеше чашите во некоја ќеса и утрото ќе ги
фрлеше. Вака ќе требаше да се малтретира да мие
садови. А може да се скрши чаша. Пивото почна да
лета. Веќе на првата тура се испразни речиси целото
шише. Пиењето одеше прилично брзо. За многу крат-
ко се испија три или четири шишиња. Се расфрлаа по
подот. Од тоа Оливер испи две или три чаши. Кога се
пиеше жестоко најчесто не доаѓаше, а вино пиеше ед-
на чаша. Колку да се каже дека пиел и дека им прави
друштво. Вакви пијанки не беа непозната работа. Се
случуваа премногу често. Секој петок. Како сѐ уште
да беа во средношколксите денови. Секој имаше своја
причина да пие. Некој само за да пие, некој за да забо-
рави некои работи. Но, кога го правеше тоа имаше ло-
ши последици. Знаеше да стане претерано чувствите-
лен ( и да се утепа од плачење). Ова се однесуваше на
Марин. Тој пиеше за да заборави. А Жарко и Виктро
пиеја за да пијат. Особено Виктор. Жарко беше по-
тиштен затоа што се бафтараше со музика и немаше
некои поголеми успеси. Тоа го тиштеше затоа што са-
каше да успее. Навистина сакаше да успее. Па така,
Жарко и Марин си имаа свои причини за да пијат,
додека Виктор пиеше само за да пие. Барем до сега не
се пожали дека има некоја мака. Имаа проблеми со
Гордана и се караа, но кој ги нема тие проблеми?
Никој.
Пиењето немаше крај. Ги испија сите шишиња кои
Марин ги беше купил. Потоа ги отворија и останатите
шишиња. Паметни беа другарите на Марин. Знаеја
колку е саат. На крајот Марин остана сам и беше зас-
пал гушнат со едно половина празно шише. Утреден-
та главата му прскаше, но тој не обрнуваше внимание
на тоа. Веќе беше навикнат на такви работи. Имаше
добар тренинг. Марин повеќе го болеше глава од тоа
што Ана урлаше како ненормална, отколку тоа што
малку се препил. Само заради тоа сакаше да намали
со пиење. Не можеше да ја слуша. Таа не разбираше
што му се случува. Беше свесна дека може да заглави,
но решение немаше. Често се караа. После секое него-
во пијанство. И на секое тој свечено изјавуваше дека
ова било последно и дека нема повеќе да пие, но тоа
беше некако посилно од него. За секое пиење наоѓаше
изговори. Ана веќе не знаеше што да направи. Но, сѐ
уште беше упорна. Реши да му помогне да се тргне од
таа навика. Тоа беше тежок процес. Мрин свежо се
сеќаваше на секоја нивна каараница. За друго и не се
караа.
Пак имаше причина за славје. Но, овој пат не се пие-
ше пиво. Овој пат се пиеше бунар. Оливер дојде пора-
но да му помогне на Марин со подготовката. Другите
двајца имаа некоја работа. Марин истури вино во
садот. Половина литар вино. Потоа стави кисела вода,
па додаде швепс. Во меѓувреме, Оливер ги сецкаше
лимоните и портокалите на кругови. Доби задача да
исецка два лимона и два портокали сосе кората. Отка-
ко тоа го среди ги уфрли во смесата. Бунарот беше
готов. Марин го однесе во дневната. Повторно беше
некој петок. Дојода Жарко и Виктор. И ова одеше
прилично брзо. Ова дури побрзо опиваше. Беше нап-
равено да удира на сокче. Сите испија доста. По чети-
ри чаши. Барем до толку се бројат. После тоа никој не
знае. Дури и Оливер испи најмалку четири чаши.
Нешто се случи со него тогаш. Вообичаено тој не пие
или пие колку да не е без ич. Но, денеска како да беше
нешто посебно расположен. Да, и тој си имаше своја
причина. Девојката го остави. После тоа се затвори во
себе. Всушност, не го остави туку работите не тргнаа
во посакуваната работа. Беа во период пред фаќање и
решија дека не сакаат да продолжат понатаму. Всуш-
ност, таа реши дека не сака да продолжи понатаму и
тоа директно му го кажа на Оливер. Него прилично го
погоди тоа. Но, ништо не им спомна. Барем не таа
ноќ. Немаше сила.
Сите се начукаа. Изненадување на вечерта беше Оли-
вер. Едвај стоеше на нозе. Тој си отиде порано. Се ис-
пија два бунари. Толку можеа да издржат. Потоа си
отидоа Жарко и Виктор. Марин остана сам. Собата му
се вртеше. Се чувствувеше како во студентските де-
нови. Си легна во дневната. После некое време некој
заѕвони на вратата.
- Кој се сега? - промрморе. - Што заборавиле?
Ја отвори вратата.
- Дечки нема ништо...
Ја виде Ана на врата.
- Ана?
- Здраво Марин.
- Еј, влези.
- Што си некако поспан?
- Сум задремал. Влези.
Ја гушна. Потоа ја бакна во уста.
- Што ти е на тебе бе! Пак си пиел стоко една!
- Малце се напив де. Што правиш драма?
- Малце си се напил, а? Види се бре, едвај стоиш!
- Имав задремано... - почна да се тетерави.
- Колку испи?
- Четири чашки.
- Што?
- Бунар.
- Добро. Дојди, седни во дневната.
Го седна на фотељата и отиде до кујната. Го виде
празното шише. Јасно ѝ беше. Не биле само четири
чаши.
- Колку души бевте?
- Четворица.
- И испивте четири чаши?
- Добро де, до четири помнам.
- Па ти си натрескан ептен бе говедо едно!
- Не!
- Зошто бре Марине? Аман, бре!
- Не ми се однесувај како мајка!
- Па ти кога се однесуваш како дете!
- Јас дете? Што ти е на тебе ма?
- Види се! На ништо не личиш!
- Ана ми се лоши!
- Тебе ти се лоши?
- Да.
- Добро, тогаш мене ми се повраќа од вакви работи!
- Па што доаѓаше?
- Сакав да те видам.
- Ете, ме гледаш...
Отиде накај бањата. Клекна над шољата и почна да
повраќа додека Ана се дереше нервозно. Знаеше дека
ѝ е бадијала затоа што пола од тоа, утре нема да се се-
ќава. Ако бар на пола се сети, би било супер. Потоа
уште еднаш поврати. И овој пат во шољата, се раз-
бира. Поврати и трет пат, но овој пат промаши. Содр-
жината се разлеа по плочките. Падна врз тоа. Ана
некако го поткрена, го изми со вода неговото лице и
потоа го бутна сосе алишта под туш. Му пушти мраз
вода. Да се освежи малку. Марин почна да се дере.
Среќа никој не се побуни, па поминаа без полиција.
Му ги соблече алиштата, потоа му облече пижами и
на крај го легна на кревет. Со судни маки.
Наредниот ден кога се разбуди пиеше вода како не-
нормален и се обидуваше да се отрезни за да може да
се види со својот син. Од тогаш си вети дека веќе нема
да пие. Заради Бојан. Овој пат се потруди да остане на
зборот. Тоа ѝ го стори. Едно време и не се дружеше
толку со другарите затоа што тие сакаа да пијат, а тој
не беше расположен за тоа.
Седеше во дневната и чекаше да пристигне Ана. Сега
беше во нова фаза од неговиот живот. Сега беше во
романтично расположение. Со Ана љубовта им цвета-
ше. Го поминаа првиот бран на кризи и расправии во
врска со пиењето. Тоа беше зад нив. Марин ѝ беше
бескрајно благодарен на Ана. Беше на раб да стане ал-
кохоличар. Но, за среќа сето тоа помина. Ќе внимава
повеќе и тоа е тоа што ќе го прави. Ќе пие сокчиња и
вода. Нема како.
Некој заѕвони на вратата. Марин ја отвори вратата.
Дојде Ана. Носеше некое дивиди. Некакв филм. Не-
каква романтична комедија или некој љубовен филм
што беше актуелен. Го пуштија филмот и седнаа еден
до друг. Марин ја прегрна Ана. Филмот почна да тече.
Марин не обрнуваше внимание на филмот. Само се
ѕвереше во екранот, а некаде талкаше со мислите. Си
помисли колку е убаво што се се враќа во колосек и
што не заглави. Беше среќен што Ана беше во најтеш-
ките моменти покрај него.
Ѕвонењето на мобилниот го врати во стварноста.
- Ао? - рече.
- Здраво тато. Бојан е овде.
- Боуан. Како си?
- Добро, добро.
- Со иаа ноо?
- Сѐ е по старо.
- Ааа.
- Со мама имавме една мисла. Тоест моја беше, а мама
се согласи.
- Аауи?
- Мислиме дека би било подобро или да се преселиме
кај тебе или ти да дојдеш кај нас. Сакаме да ти помог-
неме.
- Тоа е убао. Ама уаааа ти дауи сааа?
- Па се согласи. Подобро ние да се грижиме за тебе,
отколку баба.
- Баба? Исуис ааака ии?
- Да, мајка ти.
- Јас не сум сааат.
- Не си ни саат ни сакат. Имаш раце и нозе. Само мис-
лиме дека ќе ти треба помош со храната. Башка мама
ќе ти помогне да се реши ова.
- Даа и а Ааааа ти.
Бојан не разбра баш најдобро, но претпоставуваше де-
ка ја бара мајка му па затоа ја викна. Башка му идеа
бранови на смеа, а не сакаше да му се изнасмее на тат-
ко му во фаца. Му беше жал, иако беше смешно, а по-
тоа и тешко да се разбере што сака Марин да каже.
Требаше да извадат толковник. Штета што не им тек-
на порано да го запишуваат тоа што го зборуваше (со
мали исправки можеа да измислат нов јазик. Но, ете,
не сакаа да ќарат на нечија болка) Ова беше несреќа и
покрај тоа што и двајцата се умираа од смеење ( кога
беа сами и не беше Марин во нивна близина).
- Сега. Мамо! Мамо! Тато те бара.
- Ало? - се јави Искра од другата страна.
- Исаа ааао си?
- Добра, еве по дома. - се воздржа да не се насмее; ѝ
беше и смешно и тажно во исто време. Тешко беше да
се слуша човек вака да се мачи да зборува.
- Ииуо ии е.
- Сметам дека е подобро да ти помогнам во врска со
храната, а и да поднесеш тужба против Ана. Секако
ако сакаш.
- Да, да. Ќе ооесаа.
- Добро. Ќе се распрашам за адвокати.
- Поииаа саао ееее еее.
Не можеше да го разбере. Се обидуваше да ги поврзе
работите, но некако немаше смисла. А не сакаше да го
препрашува за да не се навреди. Кај му е тешко па и
таа дополнително да му отежнува. Не го сакаше тоа;
иако тоа беше совршена можност да му се одмазди.
Но, дали сакаше да му се одмазди? Помина речиси
една деценија. Девет години. Тоа е преголем период
на време. Многу работи можат да се случат во тој пе-
риод. Застана за миг; воздивна. Не знаеше што Марин
сака да ѝ каже. Ќе мора да најде начин да го разбира.
Си стави трн во здрава нога, но сѐ за синот. Да не бе-
ше синот, немаше да прави вакви работи. Веќе не
сакаше да се заморува со глупостите и животот на
Марин. Можеби и веќе ќе беше стапена во брак. Но,
кога има дете работите се многу поинакви.
- Да, да. Уште не е доцна.
- Ок. Нема да биам од гоуема помос. Уииааа.
Врската се прекина. Се договорија Искра да се пресе-
ли кај него заедно со Бојан. Беше пресреќен. Баш она
што го посакуваше. Но, не беше баш нај нај. Ако о-
колностите беа поинакви ова немаше да се случи.
Сега само го сожалуваат. Му падна малку тешко и
длабоко издиша. Потоа му се јави на Јордан. Некако
му објасни каква му е состојбата и го замоли дали мо-
же да работи од дома. Јордан не сакаше да го пушти,
затоа што пво мислеше дека се зафркава нешто, но
потоа се согласи да работи за него од дома. Му кажа
за тужбата што ја планира и Јордан го подржа.
Марин беше облечен во тренерки и стоеше пред згра-
дата на Искра. Така беше пригодата. Го чекаше Бојан
да се симне. Заедно требаше да одат и да пешачат.
Решија овој саботен ден да го искористат да попеша-
чат на чист воздух. Веројатно ќе се качуваат на Вод-
но. Ќе одат со кола до некаде и потоа ќе пешачат. Тоа
беше планот за денеска кој Бојан со радост го прифа-
ти. Сакаше да се качува по планината. Одамна не се
беше качил нагоре. Со мајка му многу ретко одеше.
Всушност и не му беше битно толку да се качува на
планина ( во други околности не би го правел тоа)
колку што сакаше повеќе време да минува со татко
му, па макар и пешачеле на Водно или шетале низ
парк. Бојан се симна заедно со Искра која едвај го
поздрави Марин. Марин беше навикнат на тоа, но и
покрај сѐ, пак го чувствуваше она студенило во нејзи-
ниот глас. Бојан најмногу го погодуваше тоа. Се сепна
за момент, но се направи како ништо да не било. На
грбот носеше ранец со шише вода и една резервна ма-
ица да се пресоблече кога ќе се испоти. Со истата оп-
рема беше и Марин. Нема што друго да се носи кога
се пешачи или се спортува.
Бојан влезе во колата на Марин и тргнаа. Искра им
мафна. Всушност, му мафташе на Бојан. Се договори-
ја како и секој пат - до пет попладне Марин да го
врати дома. Тргнаа. За многу кратко време се приклу-
чија на раскрсницата; потоа свртија лево и продолжи-
ја по патот за накај планината. Марин возеше со тивка
музика во позадина. По навика. Не дека ја слушаа
музиката. Бојан му раскажуваше што се случува со
неговите другари и како му е на школо. Не престану-
ваше да зборува. Марин занесно го слушаше. Со ме-
рак. Сакаше да биде во тек со она што се случува во
неговиот живот. Дојдоа до средно Водно. На еден
паркинг ја паркираа колата и продолжија да пешачат.
Одеа полека. Денот беше сончев и погоден за пешаче-
ње. Бојан зборуваше ли зборуваше, а Марин слушаше
и беше среќен што Бојан е сега покрај него. Ова беа
ретки мигови кои сакаше да траат подолго. Беа прек-
расни. Исто така, го тераа да се кае за некои грешки
кои порано ги беше направил. Но, доцна е веќе за
каење. Денот беше преубав. Сончев. Полн со живот.
Марин ги наполни градите се воздух и вдиша длабо-
ко. Пријатен мирис се разлеа. Мирис на свежина, на
некои цветови; мирис на природа. Мирис на мир; ми-
рис на слобода и среќа. Марин беше пресреќен. Бојан,
покрај Искра беше најубавата работа што му се има
случено. Беше горд на Бојан. Но, не беше горд на себе
и на глупостите што ги направи. Како времето што
минуваше така сѐ повеќе разбираше дека направи
огромна грешка. Но, денес реши да не мисли на греш-
ките што ги беше направил. Како ветер облаци ги рас-
тера мислите. Реши да ужива во моментите поминати
со својот син. Така ѝ правеше. Пешачеа. Се искачија
до еден летниковец каде застанаа да одморат малку.
Седнаа. Тука Бојан извади вода од своој ранец и
резервната маица, па во грмушките во близина се
пресоблече; а потоа се напи неколку голтки пред да
продолжи да зборува.
Марин беше облеан од среќа. Бран топлина помина
низ него. Некоја незнајна радост го обзеде кога се се-
ти на моментите поминати со својот син. Тоа го пот-
сети дека и не е сѐ така црно. Реши да ја истера рабо-
тата до крај. Заради својот син. Заради никого друг.
Отиде до својата соба. Ја зема книгата што ја купи
пред неколку дена и почна да ја чита. Се внесе во неа.
Се пронајде. Читаше внимателно.
„Јас сум чудовиште. На ништо не личам со ваквиот
изглед. Никој не ме сака. Добро е што барем Бојан
нема приговори, па Искра покрај него ме трпи. Личам
на Франкенштајн. Всушност, на безименото
чудовиште од Франкенштајн. Сите бегаат од мене.
Како да не сум човек. Како да сум нешто грозно. Не
можам да им замерам. Но, нема да најдам некој со
кого ќе го поминам остатокот од животот. Искра
нема да сака да го помине остатокот со мене. Тоа е
готово. Завршена приказна.“
Потоа се сети како се однесуваа дента кога отиде до
продавница да купува за јадење. Го гледаа чудно и
несвесно се тргаа од него. Не изгледаше добро. Не се
чувствуваше добро. Солзи му течеа од очите.
„Зошто ли го стори ова, Ана?“

Поглавје Триесет и четврто


Како сѐ заврши

Искра се смести во станот на Марин уште истото


попладне. Успеа да спакува две торби, како за поче-
ток, па ќе отиде по другите работи. Кога стапна во
станот и навреа солзи. Не можеше да поверува. Ста-
нот беше речиси ист како што го беше оставила. И по-
минаа милион спомени низ главата. Бојан беше
пресреќен. Исто и Марин, но се трудеше да биде
воздржан. Не му беше сеедно, да се разбереме. Сака-
ше ова да се случи, но не под вакви околности. Но, и
ова е почеток. Се надеваше дека ќе биде подобро.
По цел ден беше дома. Никаде не излегуваше. Од до-
сада почна да го чисти станот. Имаше работа, но таа
брзо ја завршуваше. Речиси и не излегуваше од дома.
Му беше срам. Можеби навечер колку да го фати воз-
дух, да сврти едно кругче и повторно се враќаше.
Промените полека почнаа да се гледаат. Имаше осла-
бено неколку кила. Не можеше ништо да јаде. Беше
на сокови. Пиеше сок од праска, сок од лимон. Јадеше
супи ( без месо) и во нив Искра му дробеше леб. Тој
некако го јадеше. Тоа го тиштеше. Се чувствуваше ка-
ко да има осумдесет години. Беше страшно. Беше пре-
многу зависен од Искра и Бојан.
„ Што ќе биде кога Искра и Бојан ќе си отидат? Ќе
се среди ли нешто? Или ќе останам вака до крајот на
животот? Морам да ја пријавам Ана! Морам да
најдам начин да го сторам тоа! Сигурно имам некој
доказ!“ - си помисли додека лежеше во дневната.
Отиде до неговата соба и почна да пребарува. Не нај-
де ништо. Потоа ја викна Искра да дојде.
- Иска, Иска! - викна, но неговото викање беше при-
душено. Искра го слушна својот глас, се изнасмеа во
себе; ( не можеше да се воздржи, иако ѝ беше жал за
Марин) се обиде да изгледа сериозно и дојде.
- Сааа а ја пиааа Ана.
Искра пак не го разбра што сака да ѝ каже. Си помис-
ли дека веројатно сака да ја пријави Ана, па затоа го
охрабри.
- Уживај, јас ќе средам сѐ. Ќе најдам адвокат.
Со мафтање и знаци успеа да и каже да му донесе тет-
ратка или листови. Отиде во неговата соба и почна да
пребарува. Најде една тетратка, но и тетратката со
тврди корици. Ја прелиста. Солзи и потекоа како река.
Што од тага што од среќа. Дојде со другата тетратка и
му донесе пенкало. Потоа општеа на тој начин што тој
пишуваше, а таа читаше и му одговараше.
Марин беше свесен дека не го разбираат. Ни самиот
не можеше да се разбере. Сега уште помалку.
Помина викендот. Во понеделникот заедно со Искра
отидоа во полициска станица да пријават. Потоа во
лабораторија за да направат медицинско вештачење
за да се утврди дали е се според прописи. Тоа ќе трае
некое време. Ги носат во странство за да ги испитаат,
а од овде се земаат примероци. За тоа испитување се
чека месец дена најмалку. Додека да се средат некои
работи, навака - натака ќе поминат неколку месеци.
Башка адвокатите додека да го разгледаат случајот,
додека да се организира рочиште... Ќе трае. Ништо
друго не може да се прави освен да се чека. Во исто
време беа и во канцеларијата на Ана и ги најдоа него-
вите упати. Тоа ќе бидат цврсти докази.
Времето си врвеше. Промените кај Марин беа сѐ по-
веќе видливи. Од сите се одалечи. Целиот беше ису-
шен. Коските му се познаваа. Беше како скелет. Мас-
нотии немаше на себе. Мускулите сѐ уште ги имаше,
но тие полека почнаа да му се топат. Изборот на храна
му беше ограничен. Не зборуваше, туку само пишува-
ше. И плачеше. Често плачеше. Се криеше, но такви
работи не можат да се скријат. Искра контактираше
со неговите. Им кажуваше дека има премногу работа
и дека моментално живеат заедно. Баба Божа беше
пресреќна што го слуша тоа; како да ѝ е последна
желба. Не прашуваа премногу, иако беа свесни дека
има нешто повеќе. Не може туку така на Искра, после
десет години да ѝ текне дека сака да е со Марин.
Марин се посвети на работата. Имаше прилично
доста работа. Не мислеше на ништо друго. Покрај не-
го беше Искра, а исто така и Бојан. Тоа беше сѐ што
му треба.
Искра ја собра тетратката со дебели корици. Ја
читаше и препрочитуваше секоја вечер. Се смееше и
плачеше. Како да сакаше времето назад да се врати.
Полека се навикна на присуството на Марин. Веќе не
му беше лута. Тоа беше одамна поминато. Почнуваше
да го жали. Потоа почна да и станува симпатичен.
Почна да размислува за него.
„ Што ќе има тој? Ја изгуби Ана. Ќе може ли да
најде некоја со која ќе го помине остатокот од жи-
вотот? Јас го имам Бојан. Но љубовта што тој ја
носи во себе на кого ќе ја даде? Не верувам дека
некоја ќе го сака. Животот му е уништен како град
при бомбардирање во војна. И да успее да се среди
нешто (да издејствуваме да му стават вилици,
секако Ана да ги плати) самиот факт дека нема при-
родни заби ќе ги одвраќа. Сите ќе го прашуваат зош-
то има вилици на четириесест години. Секако, тоа
природно ќе си дојде само по себе. Ова е совршен миг
за одмазда. Ти благодарам, Ана. Не, не! Чекај, што
правам јас? Еве, веќе е на колена. И? Смени нешто
тоа? Не баш. Бојан пак ќе расте без татко. Мојот
гнев е задоволен. Сега сме израмнети. Добро, јас не
придонесов. А можеби и придонесов за тоа. Не мо-
жам да знам. Правдата е задоволена. Време е да се
сврти нов лист. Но, дали тој сака да биде со мене?
Ништо не покажува. Само работи и работи. Се пос-
вети на работата. Се затвори во себе. Како во ка-
фез. Бојан е пресреќен. Ќе полета. Го гледам тоа во
неговите очи. Бојан сака да се смириме. Ќе прескок-
нам преку ѕидот. И онака не е многу голем. Барем
мене ми изгледа мал. Но, кога се работи за син ми, си-
те препреки се мали. Ќе издржам! Морам да издр-
жам!“
Цела ноќ не можеше да заспие. Деновите полека си
минуваа. Марин и Искра сѐ повеќе се зближуваа еден
со друг. Едно по едно, ги надминуваа пречките, кои
рака на срце, ги имаше премногу. Но, имаше нпредок.
За почеток, тоа е добро.
И од двете страни имаше зелено светло.
Поминаа неколку месеци...
Почна првото рочиште. Марин се појави, но не и Ана.
Целата работа се одложи за еден месец. Дојде и вто-
рото рочиште. Започна судењето. Фактите беа на
страната на Марин. Во две - три рочишта ја средија
работата. Издејствуваа и оштета за претрпена болка,
страв и за вилици. Марин доби надомест од дваесет
илјади евра. Ана ќе ги исплаќа некако. Петнаесет на
рака и пет илјади ќе работи за џабе. Исто така, доби и
десет години казна за намерно повредување и обид за
убиство. Имаше добар адвокат, па не и накалемија
петнаесет, а можеби и повеќе. Но, не лежеше одма.
Нејзинит адвокат издејствува неколку месеци дома-
шен притвор (со образложение дека е бремена и плус
да го дои детето барем три месеци). Сѐ на сѐ, полови-
на година откако ја осудија ќе оди во затвор, а до то-
гаш ќе биде под постојан и засилен надзор. Нема да
смее да работи во таа струка веќе никогаш. Барем не
петнаесет години од денот кога ја осудија. Сѐ тоа
беше поволно за Марин. Излезе задоволен.
Сестра ѝ на Ана и Оливер беа заедно и беа премногу
среќни. Оливер се беше променил. Ослабел прилично
доста, човек да не може да го познае.
Ана се породи и после три месеци ја приведоа. За неј-
зиното дете се грижеше Жарко. Мајка ѝ му помагаше.
Виктор се ожени со Гордана. Не дека му смени нешто
тоа, но ете, најмногу заради детето. Марин и Жарко ги
подобрија односите. Повеќе не беа најдобри пријате-
ли, но не се мразеа еден со друг. Ана остана во затвор.
Тоа беше тоа отприлика. Кај другите сѐ беше по ста-
ро. Марин ги доби новите вилици после некое време.
Беше пресреќен. Полека почна да му се враќа самодо-
вербата. Се смирија со Искра и повторно се венчаа.
Сега живееја заедно. Искра му даде нова шанса и ре-
ши да не ја испушти овој пат.
Во меѓувреме доби близнаци. Ги крстија Давор и Да-
рина. Сега се веќе пет души. На нивната среќа немаше
крај. А пак Мето и Божа... Тие блескаа од среќа. И сѐ
среќно заврши. За кого како.

You might also like