You are on page 1of 160

Крај на октомври2018 г. Белград.

Стефан Јованович, дипл.машински инженер, на


возраст од 50години, вработен e во компанијата,,Крупп-
Тиссен‘‘ филијала Белград како главен инженер-
Раководител за лифтови.Пред неполни две години
сопругата Милена починала од канцер.
Има три деца. Син Младен дипл.маш.инженер вработен во
голема фирма за челични конструкции од Дрезден, каде
дипломирал и каде живее.Оженет со Сабина Шмит,
колешка од студии, дипл.маш.инженер, вработена како
проектант на топлотни инсталации во јавни објекти и
објекти за домување.Имаат ќеркичка Хелга стара една
година.Живеат среќно во изнајмена куќа во Дрезден.
Постарата ќерка Даниела, копилот во авио
компанијата ,,Луфт-Ханза‘‘ во Франкфурт.Омажена за
колега пилот, од Воздухопловната академија во Вршац.
Тој е исто така работи како копилот во ,,Луфт-Ханза‘‘ во
Франкфурт. Имаат ќеркичка од две години.Живеат во
изнајмен стан во Франкфурт.Среќни се.Имаат убав
заеднички живот.
Третото дете,ќерката Ружица, немажена живее со таткото
Стефан и Марија.

Во септември 2017г. Стефан доживува сообраќајна


несреќа.Го удира автомобил на премин за пешаци. Во
кома е 5 дена со скршен рачен зглоб и мала повреда на
черепот. Се ,,буди‘‘ шестиот ден, со амнезија, не се сеќава
на никого и ништо.

1
Со голема нега и упорност на партнерката Марија му се
враќа меморијата. Се рехабилитира и на крајот на
октомвти е комплетно опоравен.
Од први ноември се враќа на работа во компанијата во
која е вработен.

Синот Младен е одличен машински инженер, ценет


во компанијата DEAXO Gmbh Дрезден,каде е вработен.
Неговата фирма добива голем проект за изградба на
повеќе мостови од челична конструкција во Колумбија.
Патува со колега градежен инженер во Богота, да соберат
информации за теренот и договорат повеќе детали околу
изведбата на мостовите.
По слетувањето на аеродромот домаќините-инвеститорот
ги смести во ексклузивниот хотел ,,Хилтон‘‘.Се средија и
вечерта излегоа со домаќините во центарот на градот.
Со извонредна вечера и одлично вино разговараа за
проектот и детали околу неговата реализација.
Домакините предложија следното утро со хелихоптер да
го прегледаат теренот од воздух.Така најлесно ќе ги
снимат и соберат сите неопходни податоци.

Утрото во десет часот отидоа на аеродромот од каде


со голем корпоративен хеликоптер, екипа од
инвеститорот,Младен и колегата полетаа кон западниот
дел на Колумбија.Покрај пилотите, гостите и четри лица од
домаќинот-инвеститорот, леталото ,,Аирбус” АЦХ Х145
беше полно со опрема за снимање и
фотографирање.Временските услови по полетувањето
нагло се влошија.Сепак,упорни, одлучија да продолжат со
летот,а покасно да решат дали да прекинат и вратат во
Богота.
Западниот дел на Колумбија е познат по
многубројните плантажи со марахуана,од кои најголем
дел ги поседува мафијата.
2
Проектот се состои во изградба на железничка пруга до
Тихиот океан. На трасата треба да се изградат и
четринаесет железно-решеткасти железнички мостови.
Летаа ниско, на 300, 400 метри висина за полесно и
поубаво снимање.
Времето брзо многу се влоши со голем ветер кој
преминуваше во ,,бура‘‘.Пилотите со мака го управуваа
масивниот хеликоптер.
Одлучија да прекинат со снимањето и да се вратат во
Богота или во Меделин. Летаа кон Меделин.Јаката ,,бура‘‘
го фрлаше леталото час лево, час десно.
Многу тешко го контролираа хелихоптерот. Во еден
момент го зафати голем, јак вртолог и го усмери кон
земјата.

Пилотите едвај успеаа малку да го ,,изравнаат‘‘ леталото,


но беа прениско .
Големиот ,,ротор‘‘ закачи на високо дрво,при што се скрши
една перка, се навали и почна полека да паѓа во плантажа
со марахуана.
Младен по некое чудо, бидејки не беше врзан, за да снима
подобро, беше исфрлен на дваесетина метри од местото
на удесот.
Xелихоптерот полн со гориво, cе запали,a потоа
експлодира. На сите страни ,,летаа‘‘ делови од леталото и
опремата.Младен остана жив, повреден со фрактура на
левата рака и левата нога.
Чуварите на плантажите го приметија пламенот и дотрчаа.
Сите беа мртви, изгорени во експлозијата, сем Младен. Го
најдоа и го однесоа во нивната куќа.
Се јавија кај шефот на мафијата Густаво, брат на
Пабло Ескобар.Тој по смрта на Пабло тој продолжил да го
води бизнисот со дрога во Колумбија.
Тој нареди веднаш да го донесат во ,,базата‘‘-голема
хациенда на нарко ,,босот‘‘.
3
Го сместија во ,,Ленд-Ровер‘‘ и веднаш
тргнаа.Пристигнаа по два часа возење по лоши селски
патишта и го сместија во посебна соба ( под ,,клуч‘‘) во
подрумските простории. Остатоците од хеликоптерот ги
собраа и сокрија на разни места. Местото го камуфлираа
со зеленило од плантажата,и од воздух ништо не се
приметуваше.

Контролата на летање во Меделин, знаејки за


големата олујата која беснее во областа на летањето, по
губењето на радарскиот контакт со леталото веднаш
алармира.
За среќа невремето и ветерот полека се намалуваа.
Набрзо се покрена акција за спасување со три авиона и пет
хеликоптери кои полетаа кон местото од каде беше добиен
последниот сигнал.
Авионите го прелетаа подрачјето во неколку наврати,
но безуспешно. Не приметија никаков траг од
хеликоптер.Исто така и спасувачките хелихоптери во
повеќе прелети го прегледуваа местото на удесот, но не
најдоа ништо. Воздухопловните експертите беа збунети и
зачудени од ситуацијата.Не можеа да објаснат што се
случило со леталото,деловите, и патниците.Сателитските
снимци покажуваа рушење на хелокоптерот, а потоа
ништо.
Во високите растенија и густите листови на марахуана не
се приметуваа деловите, ниту луѓето кои ги изнесуваа од
местото на несреќата.
Во вечерните вести сите светски ТВ канали јавија за
несреќен пад на хеликоптер во Колумбија. Сабина,
сопругата на Младен,се сомневаше дека можеби нејзиниот
сопруг бил во леталото во моментот на несреќата.
Цала ноќ не можеше да заспие од ,,црни‘‘ мисли и можни
лоши ситуации.
4
Сабајлето се јави во фирмата на Младен каде со жалање
ја информираа дека тој со колегата и домаќините биле во
урнатиот хеликоптер. Ја утешија дека ништо не е најдено,
и можеби некој од патниците се спасил, во што и самите
не веруваа.
Разочарана и многу тажна се врати дома. Тој ден не отиде
на работа.Многу возбудена и нерасположена легна со
надеж да заспие и одмори малку. Но сонот никако не
доаѓаше.,,Црни‘‘ мисли постојано се јавуваа во
галавата.Попладнето ја зема керќичката од јасли и со неа
бесцелно шеташе низ центарот на Дрезден.
Не можеше и не сакаше да поверува дека нејзиниот сакан
сопруг Младен веќе го нема. Се јави кај родителите и со
солзи кажа што се случило.
Вечерта дојдоа мајката и таткото. Ја тешеа во болката со
зборовите, можеби е жив, можеби го спасил некој,но таа
не веруваше во такви варијанти.Беше сигурна дека
погинале сите и веројатно набргу ќе најдат делови од
леталото и патниците.
Наредниот ден се јави во Белград кај Стефан и објасни
што се случило.Тој беше вчудоневиден. Не можеше да
поверува тоа што го слушна.Сакаше да дојде во Дрезден,
но таа го одби велејки дека е сеуште рано за било што.
Потоа се јавуви и во Франкфурт кај Даниела. Таа е
изненади и многу натажи од веста за смртта на братот.
Исто се понуди да дојде во Дрезден, но Сабина и неа ја
одби.
Во Колумбија,во ,,базата‘‘, во раскошната ,,хациенда‘‘
,,Неапол‘‘ живееше нарко ,,босот‘‘Густаво со сопругата и
две дечиња . Заедно со него живее и неговата помлада
сестра Алба Марина.Таа има 48 години, не е мажена и
малку е дебелка. Сака помлади мажи,а Младен посебно го
бендиса.
5
Го сместија Младен во подрумска убаво наместена
соба,со ТВ и музички систем, со посебно купатило,ја
средија повредената рака и нога со ,,лангети‘‘, но тој сепак
остана заклучан во неговиот ,,апартман‘‘.
Шефот размислуваше дали да го ,,средат‘‘ според
принципот, ,,мртвите не зборуваат‘‘, бидејки ја знае
локацијата на нивната ,,база‘‘.Сестрата Алба го замоли да
не го убиваат,бидејки се заљуби во Младен.Се надеваше
дека и тој со време ќе ја засака.

,,Босот‘‘ прифати за сега да го остават. Да не се обиде да


избега планираа да го вовлечат во нивниот ,,валкан‘‘
бизнис.
Полека како поминуваа деновите тој се
опоравуваше.Алба се грижеше за него, го негуваше и
хранеше.Често беше во друштво со него.Се обидуваше да
му се приближи.
Носеше во неговата соба разни пијалоци кои нормално не
смееше да ги има.
Младен, бистар, ја свати нејзината намера да го привлече.
Размислуваше како би можел да избега од ,,ропството‘‘ во
,,хациендата‘‘ на интелигентен начин.
,,Морам да глумам дека ми се бендисува, да ја задобијам
нејзината доверба, а потоа ќе биде полесно.‘‘
Така стана сѐ по љубезен со Алба,но не претеруваше за да
не примети.Внимателно ја слушаше кога нешто зборуваше
и секој пат ѝ одобруваше.
Таа почна да мисли,
,,Изгледа дека да му се допаѓам помалку‘‘, што посебно ја
правеше радосна и среќна.
Предложи да го вклучуваат во бизнисот со испорака на
дрога во Мајами и други градови на југот на УСА.Братот
Густаво го прифати предлогот и даде упатства на
мафијашите тајно да го фотографираат при утовар на
,,робата‘‘ во авион,и при предавање на истата.
6
По две недели требаше да се испорча голема пратка за
Мајами, преку Бахамските острови, каде еден е во
сопственост на колумбиската мафија.Островот го купил
Пабло Есковар и изградил долга писта која исклучиво се
користи од неговите авиони за шверц на кокаин и
марахуана.
За оваа испорака го вклучија и Младен . Дрогата, 2000 кг.
кокаин требаше да се транспортира од ,,хациендата‘‘
,,Неапол‘‘ која се наоѓа во близина на автопатот меѓ градот
Меделин и Богота. .Кокаинот го сместија во стари авто
гуми во три камиони.Во првиот покрај возачот беше
Младен, а во вториот и третиот по двајца негови луѓе.
Во тек на ноќта се утовари дрогата под контрола на
Младен и другите луѓе.Тој беше главен,задолжен за целата
пратка.
Наоружани беа со револвери, а останатите и со познатите
израелски кратки автомати ,,Узи‘‘.Газдата сакаше со
првата пратка да го тестира. Алба беше многу среќна со
планот на акцијата.Младен пак беше свесен дека сите
погледи се свртени кон него,како ќе ја изведе целата
операција.
Дрогата од камионите требаше со пет брзи глисери да се
префрли до нивното островче. Потоа со два авиона ,,Лир-
џет 45‘‘ до Мајами на спореден мал аеродром.
Камионите беа натоварени.Газдата густаво заедно со
сестрата Алба стоеа покрај камионите.
Младен ги доби сите неопходни упатства околу целиот ток
на транспортот, како имињата на пилотите и лицата во
Мајами кои треба да ја преземат ,,робата‘‘.
Глисерите, камионите и авионите беа во нивна
сопственост. Контролорите на летање во Богота, на
Бахамските острва и во Мајами беа солидно подмитени.
Се требаше да ,,тече‘‘ како ,,подмачкано‘‘, бидејки ваков
транспорт е изведуван многу пати претходно.

7
Секој од мафијашите имаше мобилен стелитски телефон,
како и Младен.
Требаше да бидат цело време во контакт со Шефот, но и
меѓу себе.
Шефот му се обрати остро со зборовите,
-,,Младичу, внимавај како ја водиш целава операција.
Имам поверење во тебе, но ако се обидеш нешто друго
момциве имаат дозвола да те ,,средат‘‘ без пардон. Алба
беше задоволна и среќна со целата ситуација.Во оваа
испорака не сакаа ништо да снимаат, туку само да видат
како ќе тече се.
Се поздравија. Алба срдечно посака среќен транспорт.
Камионите тргнаа во два часот наутро кон градчето
Санта Марта, на северниот дел на Колумбија, на брегот од
карибското море.Патуваа по регионални и планински
патишта.Вечерта стигнаа и веднаш се упатија кон
договорениот голем залив надвор од Санта Марта .
Глисерите веќе чекаа. Брзо ја претоварија
,,робата‘‘.Младен се качи во првиот глисер и веднаш сите
пет брзо се упатија кон нивното острвче на
бахамите.Стигнаа ноќта околу два часот.

Трите ,,Лир-Џета‘‘ чекаа спремни пред пистата. Брзо ја


утоварија ,,робата‘‘.Во првиот авион влезе Младен со
уште еден.
Полетаа кон Мајами.Времето, како што претходно беше
испланирано, тмурно и многу темно,но мирно,без ветер.
Млазните мали но брзи авиони летаа ниско, на 100 до 150
метри над водената површина.На таа висина тешко се
забележуваа од радарските системи.
Без проблеми пристигнаа до најблискиот аеродром до
Мајами, ,,Форт Лауденал‘‘ одалечен околу 40 км. на север.
Преставници на дилерите чекаа блиску до пистата. По
слетувањето авионите се упатија кон местото за претоват.

8
Младен излезе од првиот авион, после проверка на
околината и сигурноста на аеродромот.
Се поздрави со главниот за прием на ,,робата‘‘, даде
знак на своите луѓе дека се е во ред. Започнаа брзо да
истоваруваат.Во меѓувреме пристигнаа и пет комбиња
каде ја сместија дрогата.
На крајот му предадоа три метални куфери полни со
банкноти од сто долари.Внатре имаше вкупно 20 милиони
долари.Потоа влегоа во авионите и полетаа назад кон
бахамите.
Летаа ниско по истата маршута назад.Празните авионите
со лесно и брзо го поминаа растојанието до островчето.
За околу еден час слетаа на приватниот аеродром.Се
сместија во нивната луксузна вила во близината. Во
подрумот имаше голема соба,без прозори каде ги сместија
примените пари. Собата беше скоро полна со банкноти,
што веќе преставуваше проблем. Еден од луѓето мораше
често да ги превртува новчаниците да не почнат да
,,мувлосуваат‘‘.Исто така имаа проблем со стаорци кои
многу често ги гризеа банкнотите.
Мораа со отров да го решаваат и овој проблем.
Следниот ден одморни, со еден од трите ,,Лир-Џета‘‘
полетаа кон хациендата ,,Неапол‘‘. Цело време беа во
комуникација со Шефот, а Младен повремено и со Алба.
За неполни два часа слетаа на малиот аеродром.Ги
пречека Алба со неколку луге од обезбедувањето.Таа
весело го поздрави и прегрна. Го одведе кај братот
држејки го за рака .
Среќна е.Нејзината голема симпатија,иден
партнер,одлично ја заврши првата бизнис мисија.

Во огромниот салон ги чекаше Густаво.Се


поздравија.Тој беше многу задоволен од Младен.Покажа
да седне во големата кожна аголна гарнитура и го понуди
со пијалок.
9
,,Младичу,браво, добро ја заврши првата задача.Тоа ми се
бендисува.Добар си и за вакви работи.‘‘
Батлерот ги послужи со квалитетно виски со мраз.Се
придружи и сестрата Алба, весела и расположена.И таа
зема виски.Наздравија.

Шефот продолжи,
,,Планирам и поматаму да те вклучувам во големите
испораки,посебно за југот и Мајами.Понатаму,ако се биде
,,ОК‘‘ ќе напредуваш во секој поглед.Што мислиш ти
Алба.‘‘
,,Многу мудро брат, се сложувам потполно.Ако и понтаму
успешно ја води секоја голема испорака, можеш да го
унапредиш во твој помошник.‘‘
Младен се насмевна и помисли,
,,Добро е, се чини дека сепак имаат верба во мене, и
рачунаат на мене.
Морам да продолжам на овој начин, а покасно ќе најдам
начин да ,,збришам‘‘.
Треба добро се да испланирам, и да соберам доста пари и
дијаманти.Ќе ми требаат.‘‘
Шефот и Алба имаа други планови. За да не избега
планираа да го фотографираат при предавање на дрогата
и прием на парите, и со тоа да го уценуваат.Исто сакаа да
му ,,накалемат‘‘ учество во убиство, како втора уцена.
Овие планови сакаа да ги реализираат при следната
испорака.
Разговараа за различни теми, од политика, време, род на
марахуаната, и пиеа од ,,старото‘‘ виски.Обезбедувањето
на хациендата имаше задача неприметно да внимава на
Младен во тек на 24 часа.Ако се обиде да бега, имаа
дозвола веднаш да го ликвидираат .
Временската прогноза за крајот на следната седмица беше
лоша, дождови и ветрови.Тоа потполно им одговараше за
наредната испорака во УСА.
10
По три дена започнаа со припреми и пакување на ,,робата‘‘
кое го надгледуваше
Младен.Планот беше на истиот начин да се префрли
кокаинот со три нивни авиони преку островчето до
аеродромот близу Мајами.Потполно истата ,,шема‘‘ како
претходната,која беспрекорно ја реализираа под негово
водство.
Во петокот се беше спремно,само чекаа одобрување за
почеток на акцијата.
Времето беше врнежливо во целиот регион. Шефот
одлучи да се почне со акцијата на испорака.

Ги натоварија петте големи брзи комбиња и веднаш тргнаа


кон севетот на Колумбија по истата рута како и
претходната.
Пристигнаа до северниот брег каде повторно ги чекаа
истите пет глисери во кои се претовари дрогата.Во првиот
глисер се качи Младен со уште двајца обезбедувачи.
Посадата ја сочинуваа, капетан и четри морнари.
Ноќта беше врнежлива и темна,што потполно им
одговараше да не бидат приметени.Брзо пристигнаа на
приватното островче каде ,,робата‘‘ повторно се
претовари во три ,,Лир-Џета‘‘ 45.Авионите потоа полетаа
кон југот на УСА.
Врнежите се појачаа, но за среќа без ветрови.Во темната
ноќ летаа ниско над морската површина.Пристигаа и
слетаа на аеродромот ,,Форт Лауденал‘‘на север од
Мајами.
Повторно ги пречекаа преставници на дистрибутерот, ја
превземаа ,,робата‘‘, ја натоварија, ги предадоа петте
метални куфери полни со пари ( по четри милиони долари
во секој ) и заминаа.Околината на пистата од едната
страна беше шумовита, која не остана незабележена од
Младен.
11
Во тек на предавањето на дрогата обезбедувачите
скришно го фотографираа како помага во приемот,
посебно при земање на куферите со пари и проверка на
содржината.Тој забележа дека тајно го фотографираат.
,,Се е јасно‘‘ си помисли,
,,Со тие фотографии ќе сакаат да ме уценуваат да не
избегам.‘‘
Празните млазни авиони веднаш се вратијат назад до
островчето.
Таму дополнија ,,керозин‘‘, се одмарија и следниот ден
продолжија кон хациендата ,,Неапол‘‘. Пристигнаа и
слетаа.
Повторно ги пречека Алба која блештеше од радост за
беспрекорно изведената испорака.Се поздрави и го
испрати до централниот дел на хациендата каде ги чекаше
Густаво.

,,Одлично изведено, браво,честитам.Задоволен сум од


твојата работа.‘‘
Под негова контрола гиоднесоа куферите во подрумот
каде се ставија парите.
Младен примети дека во ќошето има две полици со
метални кутии.Ги праша
луѓето зошто служат.Му објаснија дека некогаш плаќаат со
дијаманти, и нив ги чуваат во кутиите додека не ги
превземе Шефот.

Се трудеше да биде љубезен со сите луѓе од ,,Неапол‘‘.Тие


исто возвраќаа со љубезност,делумно поради неговата
блискост со Алба и ,,босот‘‘.
Навечер кога легнуваше веднаш замислуваше како бега
од хациендата.Полека го формираше планот за бегство.
,,При некоја од следните испораки ако се појави згодна
прилика по слетување на авионите на аеродромот треба
да избегам го блиската шумичка, а потоа понатаму.
12
Сето мора да биде молскавично инаку ќе ме ,,фатат‘‘ или
изрешетаат.
Од друга страна треба да имам доволно пари за бегство
кон Европа,а потоа и до Германија.‘‘
,,Најдобро е да имам делумно пари,а добар дел и во
дијаманти.Тие се ситни,а вредат многу,и полесно би
можел да ги прошверцува при патувањата со
авион‘‘,заклучи и полека заспа.
Во хациендата ,,Неапол‘‘ во подрумските простории
имаше иста соба како на островчето во која ги оставаа
парите и дијамантите при некои испораки.
Шефот сакаше да има многу готовина во неговата
близина,во случај да мора брзо да избега.
По два дена требаше да се ,,превртуваат‘‘ банкнотите во
подрумската соба.
Веќе имаа поверење во него и го вклучија да помага во
работата.Тоа беше долга и макотрпна работа.

Собата полна скоро до таванот прво требаше да се


испразни,а потоа повторно да се вратат бамкнотите но
долните сега да бидат горе за да не ,,мувлосуваат‘‘. Собата
без прозори полна со новчаници смрдеше на некаков
трулеж.
Повеќе луѓе од обезбедувањето и Младенсе менуваа во
работата.
Во едно ќоше имаше метални кутии полни со наќит и ситни
нои покрупни дијаманти.
Околу пладне седнаа сите, сем Младен да се одморат
малку.Тој продолжи со работата со изговор дека сеуште не
е уморен.
Го искористи моментот кога немаше никој околу него и
брзо овори една од четрите метални кутии.Внатре имаше
многу дијаманти и неколку ѓердани и бразлетни.

13
Со раката зграби колку можеше да фати и ги брзо ги стави
во левиот џеб.Никој ништо не примети.По петнаесетина
минути сите нормално продолжија со работа.Во петнаесет
часот прекинаа со работата.Имаа пауза за ручек.
Тој се изми убаво во својата соба, ги извади сите
дијаманти од џебот, ги стави во кеса и смести под
неговиот веш.
Немаше познавања за дијаманти, но по слободна
проценка оцени дека вредат повеќе од 500.000 долари.
,,Морам вечер да ги преместам на друго посигурно место,‘‘
заклучи.
Отиде во трпезаријата за послугата.Таму сите веќе
ручаа.Седна, зема јадење и се приклучи кон неговата
група.
Со јадењето имаа по желба вино или пиво.Зема пиво и
набрзина го испи.Потоа сите продолжија со работата.
Вечерта околу дваесет часот видно уморни завршија со
,,превртувањето‘‘.На краевите по подот истурија отров за
стаорци и ја заклучија собата.
Младен се истушира,пресоблече и свеж отиде во
салонот.Таму се сретна со Алба која со чаша бело вино
гледаше телевизија.
,,Завршивте со работата,зар не ?‘‘, искоментира гледајки
го пожелно убаво облечен, млад и шармантен.
,,Да,да, се е средено, се превртевме и запрашивме.Сега е
повторно во ред, нема опасност одтрулење и од стаорци.‘‘
,,Одлично мој Младене, ти си вреден и исполнителен, не
се сомневам во тебе.‘‘
Го погледна во очи и пожелно се насмевна.
,,Што ќе се напиеш, заслужи само најубаво и најскапо.Да
се напиеме ,,шампањско‘‘ ,,Дон Перињон‘‘ од најдобрата
берба 1994г, може?‘‘
,,Може,може, секако.Една чаша ,,шампањ‘‘ одлично би ми
,,легнала‘‘.‘‘

14
Таа ја одложи својата чаша со бело вино, и донесе флаша
шампањско и две долги тесни чаши со
,,столче‘‘,специјални само за пенушави вина.
Вешто почна да ја отвара флашата кога влезе Шефот. Ја
зема тој и брзо ја отвори.Алба донесе уште една чаша.
Сипа во сите до половина и потоа заедно наздравија .
,,Ќе мора да научиш правилно да отвараш ,,шампањско‘‘,
со насмевка рече Шефот гледајќи кон него.
,,Јас ќе го научам многу брзо.Тој е бистар веднаш ќе сфати
што е финтата,‘‘ се уфрли Алба со насмевка.
,,Секако,секако, мора да ме научиш Алба, ќе ми треба.‘‘
одговори Младен.
Во тој момент влезе ,,батлерот‘‘ и на уво му кажа на
,,Босот‘‘ дека е фатен натрапник кој ја снимал хациендата
и сите околни објекти.
,,Внесете го тука да го видам тој ,,кретен‘‘ што се усмелил
мене да ме шпијунира,‘‘ нареди луто.
Внесоа човек на свои четриесетина години со модрици од
тепање на лицето , и
валкани алишта.По изгледот вероватно јужноамериканец,
црномурес со полу темен тен.
Се сврте кон Младен и рече,,Земи неколку мои луѓе и
,,средите‘‘ го кучево кое сакало мене да ме ,,предаде‘‘.‘‘
Погледна и кон Алба која ја свати поентата и климна со
дискретно со главата.
Излагоа надвор со натрапникот.Алба викна уште две
вооружени лица.
Тие носеа и ,,Узи‘‘ покрај револверите во ременот под
пазувите.Побара револвер од едниот и го подаде на
Младен.
,,Наш обичај е сите присатни заедно да го ,,средат‘‘
натрапникот‘‘.
Зема револвер и за себе, да биде по убедителна.

15
Го однесоа веднаш позади ,,хациендата‘‘ чии големи
прозори убаво ги осветлуваа сите.Го бутнаа на земја и таа
нареди, ,,Одиме‘‘.
Младен го држеше револверот во рака глумејки како да ќе
пука, но не можеше да пука во човек.Така беше воспитан.
Сите други пукаа со кратките израелски автомати, а Алба
со револверот.
Низ прозорот едно лице со гоем дигитален фотоапарат
направи повеќе фотографии на сцената со убивање на
натрапникот.
Таа погледна во тој правец и задоволно се насмевна.И
Младен погледна и го виде апаратот.
Истиот момент се му стана јасно.Со овие фотографии исто
така ќе го уценуваат ако се обиде да бега.
Поминуваа денови со ситни активности на вообичаен
начин.По една седмица требаше повторно да се испорача
голема количина кокаин во Мајами.Тој дел највеќе
,,трошеше‘‘ од нивната дрога.Скоро да не можеа да
постигнат.
И за оваа пратка повторно беше задолжен Младен.
Чекаа три дена времето да се ,,расипе‘‘, да биде облачно и
врнежливо.
Четртата ноќ натоварија пет нови комбиња со
,,роба‘‘.Младен влезе во првото и конвојот тргна кон
северниот брег на Колумбија.Како и претходните испораки
цело време беа во комуникација со ,,базата‘‘ и глисерите
кои ги чекаа на брегот.
Стигнаа до договореното масто каде ги чекаа петте брзи
глисери.
Брзо претоварија се и со водачот веднаш се упатија кон
островчето. Таму веќе чекаа трите ,,Лир-Џета ‘‘ 45 кои во
главном служеа за транспорт на нивната роба.
Повторно претовар и низок лет кон Мајами.Слетаа на
истиот аеродром ,,Форт Лауденал‘‘ каде сите беа добро
,,подмачкани‘‘ и се одеше перфекно.
16
Овој пат ги чекаа пет камиончиња - ,,фургони‘‘ каде се
претовари ,,робата‘‘.
Младен при оваа испорака беше спремен за бегство ако се
укаже прилика.
Претходно во внатрешноста на широкиот ремен од
панталоните имаше уфрлено 180.000 долари. Дел од
дијамантите смести во внатрешноста од петиците на
чевлите,а другиот дел во внатрешноста од кожната јакна
од која не се разделуваше.
Дистрибутерот ја превзема ,,робата‘‘, ја предаде
готовината која ја сместија во авионите, и потоа заминаа
со камиончињата.
Младен го искористи моментот и рече на двајцата
мафијаши од првиот авион,
,,Одам да ги проверам дечките во вториот авион,‘‘ и слезе
од првиот.Со трчање се упати до блиските дрвја покрај
пистата.Во темнината ништо не се виде ниту примети.
Продолжи да трча најбрзо што можеше. По неколку
стотини метри застана се сврте и виде дека никој не трча
по него.Наслушна,ништо не се слушаше,само тишина.
Продолжи брзо да оди, само напред и напред.
Пилотите од првиот авион и другите двајца од екипата
чекаа внатре скоро петнаесет минути, а потоа едниот
реагираше,
,,Мораме да полетаме,инаку ќе биде опасно.Тој е сигурно
во вториот ,,Лир-Џет.‘‘
Се јавија на другиот пилот.Тој кажа дека не бил кај нив.
,,Нешто не е во ред‘‘,рече едниот од момците.
,,Мораме да провериме,што е работата.‘‘Се симна и отиде
кај второто летало.
Се качи во него,но тамо беа само пилотите и двајца нивни
луѓе од обезбедувањето.
Се јавија на пилотот од третиот авион.Ни таму го немаше
Младен.Тогаш стана јасно, тој избегал.

17
Веднаш се јавија на ,,Босот‘‘ во ,,хациендата‘‘ и кажаа што
се случило.Густаво многу лут нареди тројца да останат и
да го бараат, а пилототе и другите трјца да полетаат кон
островчето со куферите.
Пилотите ги вклучија млазните мотори, тројца слегоа,
пријдоа на местото за полетување и со максимална сила
полетаа еден позади друг.
Лугето што слегоа веднаш се дадоа во потера по
бегалецот.
За тоа време Младен веќе беше прилично одалечен од
аеродромот.

По кратко одење наиде на регионален пат.Во доцната ноќ


многу ретко поминуваа автомобили, а уште поретко
камионети и слично.
Во грмот покрај патот чекаше да помине некој автомобил,
со кој сакаше да се пребаци до следното населено место.
Помина повеќе од половина час и тогаш виде како доаѓа
камионче.Истрча на патот и подигна рака.Возачот зачуден
застана.
,,Може да ме префрлите до градот,јас изгледа залутав‘‘,
рече кратко Младен.
,,Нема проблем влегувај,‘‘ одврати возачот. Тргнаа.За
среќа на никој не му беше до разговор. Молчеа и
гледаа,возачот во патот,а тој во околината.
Набргу стигнаа во мало градче Помпано Бич каде
слезе и продолжи пеш.
Наиде на неколку мали барови и кафеани.Еден бар беше
отворен и влезе внатре..
Седна на шанкот и нарача кафе и ,,кроасан‘‘.Барот беше
празен, само еден гостин во ќошето пиеше пиво и гледаше
кон улицата.Во четри часот наутро се друго беше
затворено.
Сакаше да купи нова, друга облека, очила, капа и ранец.
Сметаше дека мора што побрзо да се маскира.
18
Но за жал се беше затворено.Мораше да чека до девет
часот.Нарача доручек, пржени јајца со сланина.Јадеше
полека и пиеше од кафето.Размислуваше.
,,Досега имав среќа што успеав да избегам и да стигнам
тука.Морам добро да се маскирам и брзо да избегам што
подалеку од аеродромот.‘‘
Беше сигурен дека ,,Шефот‘‘ е обавестен за бегствотот и
дека сигурно веќе го бараат.По скоро два часа седење,
стана и замина.Во следната улица најде друг отворен бар
кој беше исто скоро празен.Влезе, седна на една маса и
нарача кафе.
Времето споро поминуваше.Во осум часот излезе и се
упати кон наредната улица да побара некоја отворена
продавница.Во првата следна улица се беше затворено,
но во втората имаше среќа. Девојка со темен тен
отклучуваше продавница за облека.
Почека пет минути да среди и влезе.Разгледуваше разни
машки облеки.
Се одлучи за ,,тексас‘‘ кошула, фармерки,,,каубојска‘‘
шапка и кожна јакна.Во гардеробата се пресоблече и веќе
беше друг човек.
Ременот го префрли на фармерките, а чевлите ги
задржа.Внатре имаше скапоцени ситни нешта.
Продолжи да бара други продавници. Полека се отвараа
повеќе разни продавници во попречните улици.
Во една купи очила за сонце и ранец, а во друга нешто сува
храна и вода.Бараше продавница за перики, но никако не
можеше да најде.
Со очила за сонце, каубојска шапка,ранец, тексас кошула,и
кожнна јакна воопшто не личеше на себе од предходниот
ден.
На бензинска станица се распраша за автобус до
Џексонвил и купи авто карта на Америка.
Ја најде станицата и чекаше да помине автобусот.

19
По половина час се качи во него, се смести и замина за
следниот град Џексонвил.Патуваше скоро шест часа со
попатни застанувања.
Таму слезе и почна да бара продавница за перики и други
работи за маскирање.
Набргу налета на една таква.Влезе и радосен почна да
бира перика.Одбра две различни. Купи и вештачка
брада,мустаќи и очила без диоптер.
Влезе во следната попатна кафеана и во тоалетот ја
залепи брадата,стави мустаќи и една од периките.Вака
маскиран беше тотално друга особа.Никој не би го
препознал.
Планираше да менува превозни средства,за да полесно се
одалечи што подалеку.
Одлучи да отпатува до Атланта, но овој пат со
автомобил.
Во ,,рентакар‘‘ агенцијата го изнајми најмалиот модел на
,,Тојота‘‘ ,,Јарис‘‘ и тргна кон Атланта.
Патот беше одличен и по шест часа стигна во Атланта.На
автобуската станица најде телефонски именик и во него
повеќе ординации за пластична хирургија и мала
болница.Беше во дилема за која да се одлучи, но сепак на
крајот отиде до малата болница.
Имаше идеа да ,,направи‘‘ пластична операција на лицето
со што многу полесно би отпатувал и избегал од
гонителите.Беше сигурен дека го бараат на сите
аеродроми,автобуски станици и железнички станици.
Во ординацијата разговараше со хирургот.Објасни каква
операција сака да му направат.Хирургот прифати се и вети
потполна дискретност.
,,Операцијата ќе чини 200.000 долари комплет со престој
од десет дена во болницата,‘‘ рече тој по прегледот на
лицето.
Излезе од болницата и се одвезе до центарот каде најде
голема продавница за накит и дијаманти.
20
Влезе, извади три дијаманти со средна величина и ги
понуди на газдата кој имаше еврејско мало капче на
задниот дел од ќелавата глава.
,,Мора да е Евреин‘‘,помисли.
,,Сакам да ги процените овие три дијаманти‘‘, рече
одлучно.
,,Веднаш Господине, веднаш.‘‘ одврати тој.
Ги зема дијамантите,ги положи на мала крпа од чоја, стави
лупа на десното око и го разгледа првиот.
,,Солиден дијамант,оргинален е.‘‘ Го стави на малата
вагичка и го измери.
Потоа со калкулаторот множеше и на крајот рече,
,,Овој дијамант вреди 90.000 долари.‘‘ Ако сакате јас
можам да го откупамза 85.000.‘‘
Го положи на чојата и го зема вториот.И тој го процени на
околу 90.000 долари.Третиот беше малку поголем.И тој го
измери и оцени на 120.000 долари.
,,Видете господине.Сите три можам да гиоткупам за
280.000 долари, ако Ви одговара.Тоа е добра цена бидете
сигурни.Никој нема да ви даде повеќе.‘‘
Малку размислуваше,но му се брзаше.Сепак побара
повеќе.
,,Можам максимално да дадам 285.000 долари но ни долар
повеќе,‘‘ рече одлучно проценителот.
,,Добро,добро, нека биде 285 илјади, земете ги Ваши се.‘‘
Евреинот извади метална кутија со бакноти, и изброи
285.000 долари.Ги стави во картонска ќеса и ја подаде.
Младен ги зема парите и замина.
Го врати ,,Јарисот‘‘ во ,,Рентакар‘‘ агенцијата и со такси
отиде до малата болница која се наогаше на крајот на
Атланта.
Пластичниот хирург изјави,
,,Утре можеме да ја извршиме комплетната операција.Ќе
трае четри часа, со тотална анастезија.‘‘

21
Младен се сложи и се смести во еднокреветна луксузна
соба со посебно купатило.Подоцна влезе хирургот со
,,Лаптоп‘‘ во раката.
,,Треба да одберете каков лик сакате., за да можам
слободно да,,работам‘‘ и го изведам во потполност тој
лик.‘‘
Го отвори и го најде порограмот за ,,фото робот‘‘ со
вистински ликови.
Младен одбра прво каков облик на очи сака да има, од
можните пеесетина опции.
Потоа одбра нос, уста, облик на лицето,уши, чело и
,,брада‘‘.
Целиот избор хирургот го внесе во програмот и се појави
личност со одбраните делови.Не можеше да поверува во
ликот на екранот.Помисли,
,,Господе,зар вака ќе изгледам по операцијата ?‘‘ Остана
вчудоневиден.

Докторот ја виде неговата реакција и додаде,


,,Не брините ќе се навикнете на новиот лик за кратко
време, и сѐ ќе Ви изгледа нормално како и претходно.‘‘
,,Дали може да размислам неколку часа докторе,‘‘ рече со
недоумица.
,,Секако,секако‘‘,одговори хирургот.
,,Ќе почекаме до попладне,нема проблем.‘‘
Го остави вклучен сметачот и излезе од собата.
Младен остана сам со својот нов лик на екранот од
,,Лаптопот‘‘.

Седеше, го гледаше ликот и размислуваше,


,,Како ќе реагира Сабина кога ќе ме види.Сигурно нема да
ме препознае‘‘.
Дали ќе го бендиса новиот лик ? Многу дилеми.

22
Но од друга страна беше сигурен дека ако го најдат и
препознаат веднаш ќе го убијат бидејки знаеше многу за
Колумбијската мафија и ,,Шефот‘‘.
Долго размислуваше и на крајот одлучи,
,,Морам да го сменам ликот,инаку нема да останам долго
жив.‘‘
Попладнето повторно дојде хирургот.Му објасни дека
прифаќа со мали корекции на ,,брадата‘‘ и ,,јагодиците‘‘
кои докторот веднаш ги внесе во програмот и изменетиот
лик сепојави на екранот.
,,Дали вака сакате дефинитивно да изгледате,или уште
нешто да менуваме ?‘‘,
праша љубезно.
Младен повторно долго го гледаше новиот лик. Тоа беше
лик на убав маж,со правилни ,,црти‘‘ на лицето,устата и
носот.Скоро како некој убав актер.
Не беше сигурен дали сака да биде толку убав, но на крај
рече,
,,Добро докторе, го прифаќам целосно овој лик.‘‘
,,Да ја направиме утре таа операција.‘‘
Хирургот се насмевна и додаде,
,,Не брините сите жени и девојки ќе ве бендисат,ќе бидете
многу личен маж.‘‘
Го затвоти ,,лаптопот‘‘ и со него замина.
Ја повика сестрата и ја праша дали треба да плати пред
или по операцијата.
,,По операцијата ќе биде во ред да платите‘‘, рече таа.
Следното утро во десет часот го однесоа во
операционата сала каде по припремата со анастезија го
заспаа.Се разбуди по пет часа во својата соба . Целата
главаму беше омотана со завои.
Не чуствуваше болки, само мала укоченост,посебно
на главата и деловите од лицето.Чуствуваше
малаксаност. ,,Сигурно е од анастезијата‘‘,помисли.

23
Набргу влезе докторот се насмевна и рече,
,,Се изведовме како што избравте.Сега го имате ликот како
на екранот, само сѐ треба да зарасне за десетина
дена.Како се чуствувате ?‘‘
,,Добро сум докторе, само малку укочен во
лицето.Вероватно од операцијата.‘‘
,,Да,да од операцијата е укоченоста,ќе помине, без гајле.‘‘
Влезе сестрата која донесе некакви сокови. Младен одбра
еден и таа со цевка полека му помагаше да гоипие.Исто
така го проверуваше течењето на ,,инфузијата‘‘.
Го поднамести малку креветот и замина.
Во собата беше тихо.Можеше убаво и мирно да
размислува.Мислите му летаа во Дрезден кај неговат
Сабина и керќичката.Се прашуваше како ќе реагира кога ќе
го види.Како ќе знае дека тој е нејзиниот Младен.
,,Ќе и кажам многу детали од нашот живот кои само ние ги
знаеме, и така ќе се увери дека тоа сум јас.‘‘
Додека заздравуваше во болницата правеше разни
планови како да стигне дома.
Одлучи да патува со авион до Филаделфија, а потоа со
брод ,,Крузер‘‘ до Ливерпул или друг град во
Англија.Потоа со воз до Париз и со автобус до Дрезден.
Планот изгледаше добар и остварлив.
Десетиот ден дојде докторт со две сестри и го однесоа во
амбулантата каде сестрите полека ги извадија
завоите.Хирургот детално го гледаше лицето и сите
детали и констатира,
,,Одлично е се, скоро е заздравено.По пет,шест дена ќе
можеме да ве пуштиме дома.‘‘
,,Овие денови не смеете да го допирате лицето и другите
делови околу него.‘‘
Поминаа уште пет дена. Шестиот ден повторно влезе
хирургот и по прегледот на лицето изјави,
,,Комплетно е во ред, можеме да Ве пуштиме дома.‘‘
,,Се надевам дека сте задоволни од операцијата.‘‘
24
,,Да,да задоволен сум,‘‘ одврати Младен.

Го подсети докторот на потполната дискреција како од


негова така и од страна на сестрите, при што доби
уверување дека до сега направиле многу операции за
промена на личниот опис, без никакви проблеми со
дискрецијата.
За секој случај Младен имаше направено фотографии од
неколку други пациенти пред и по операцијата, кои исто
така беа нелегално оперирани, како евентуален доказ ако
нешто ,,протече‘‘ во јавноста за неговиот случај.
Го спомна тој детал како осигурување, на што хирургот
само се насмеа и искоментира,
,,Нема проблем,чувај те ги фотографиите и видеата ако
тоа Ве смирува.Мојатаекипа работи со мене веќе 15
години, без никакви проблеми.‘‘
Потоа се облече во своите алишта, плати за операцијата,
останатите 85.000 долари ги смести во ранецот, се
поздрави со хирургот и сестрите и замина.
Кога излазе од болницата беше веќе нова личност.
Во еден познат бар во градот се распраша за нови
документи.Го упатија на адресата каде ,,мајсторот‘‘за
документи му кажа дека комплетот ќе го чини 1500 долари.
Се согласи, го фотографираше, и по два дена ги подигна
комплетот од новите документи со новиот лик.
Сега дефинитивно беше нова личност.Се викаше Џон
Купер, од Далас,по професија трговски патник, не женет,
без браќа и сестри. Родителите загинале во сообраќајна
несреќа.Сака многу да патува.Моментално патува на
годишен одмор низ Америка и Европа.
За секој случај купи неколку перики,бради и разни
мустаќи, како и пет врсти очила без диоптер и три очила
за сонце.Исто така купи и три различни шапки и уште
гардероба.

25
Со ранецот и нов куфер се упати кон аеродромот во
Атланта, каде купи билет во ,,бизнис‘‘ класа до
Филаделфија.
Летот беше за два часа.Имаше доволно време да прошета
низ аеродромот.
Го чекираше ,,багажот‘‘ и билетот и потоа шеташе низ
големата аеродромска зграда.Беше убеден дека никој не
може да го препознае, бидејки беше потполно
новаличност.
Во еден момент виде двајца од екипата за испорака на
,,робата‘‘ кои многу добро го познаваа. Со пркос помина
покрај нив.Едниот погледна кон него но виде непознато
лице.Ниту во сон не можеше да помисли дека тоа е
Младен.
Потоа по кратко се врати назад и повторнопомина покрај
нив.Овој пат и двајцата погледнаа во него и воопшто не
реагираа.Повторно видоа сосема непознато лице.
Се упати кон царинската контрола кеде полицаецот го
прегледа неговиот пасош и го упати кон чекалната за летот
кон Атланта.
Шармантните витки аеродромски стјуардеси го отворија
излезот кон авионот и сите патници се упатија низ
,,тунелот‘‘ до задниот влез од големиот ,,Боинг‘‘ 757.
Полека се полнеше големата ,,метална птица‘‘.Потоа се
врати малку назад,се заврте и почна да се движи кон
полетната писта.Застана пред неа и чекаше одобрување
за полетување.
Контролорот на летање јави ,,Клеар ту теик оф‘‘.Капетанот
го намести ,,боингот‘‘ на почетна позиција, вклучи
максимална сила и големиот боинг почна брзо да се
забрзува.
На зборовите ,,Виуан‘‘,потоа ,,Виту‘‘ и ,,ротеит‘‘ го повлече
воланот кон себе, големата ,,птица‘‘ полека се одлепи од
пистата, и почна да се искачува на пат кон Атланта.

26
На висина од 10.000 метри домаќинките дозволија да се
откопчаат појасите и донесоа разни пијалоци кои ги
понудија на патниците.Летот беше мирен и пријатен.
Младен се сети на претходно купените уметоци за во уста
како би го променил и начинот на зборување.Отиде во ВЦ-
то и ги намести двата уметока.Исто така уфрли и мало
,,јастуче‘‘ на стомакот.
Говорот сега беше доста различен од неговиот нормален,
а исто изгледаше по дебел.Беше променет за 100
проценти. ,,Боингот‘‘ започна да ,,понира‘‘ кон Атланта и
по кратко главната стјуардеса објави,
,,Ве молиме да се врзете и да ги исклучите мобилните
телефони и ,,лап топови‘‘, очекуваме да слетаме за околу
15 минути во Атланта.
Искусниот Капетан заедно со копилотот ги спуштија
тркалата, полека ги зголемија ,,флапсовите‘‘ до максимум
и пополека го ,,спушташе‘‘ големиот ,,боинг‘‘ кон пистата.
На 10 метри над пистата го подигна малку ,,носот‘‘
ја намали силата на минимум и големата ,,метална‘‘ птица
нежно и меко ја допре пистата.

По веста дека најзиниот Младен избегал Алба многу


се налути и натажи. Не можеше да поверува како успеал.
Веднаш покрена голема ,,хајка‘‘ за пронаоѓање на
бегалецот.
На сите поголеми аеродроми, железнички станици,
автобуски станици, како и почетни места за испловување
на бродови, испрати луѓе со негови слики деноноќно да
проверуваат. Ги алармираа сите потплатени луѓе во
полициските станици ширум замјата,како и сите доушници
кои имаа разни информации, но без ефект.Бегалецот како
да пропаднал во земја, ни траг ни глас од него.
Не и беше никако јасно каде се крие или каде
избегал.Контактираше со стотици луѓе од потерата,но
безуспешно.
27
По природа беше многу упорна и не се откажуваше од
потрагата.Посебно не од човекот во кој беше заљубена и
веруваше дека и тој ја симпатизира, што не беше точно.

Младен-Џон по слетувањето во Атланта со такси се одвезе


до најголемата Агенцијата која организира патувања кон
Европа и Англија.
Едно од патувањата за Европа беше : Поаѓање од
Филаделфија, пловење до островот Мадеира, а потоа до
Ливерпул.Понатаму преку ,,Ламанш‘‘ до северното море и
Шведска.
Патувањето трае 18 дена до Ливрпул.Поаѓање за четри
дена со огромен осум катен луксузен,,крузер‘‘,кој може да
прими до 3000 патници.
Купи билет,еднокреветна кабина на втора палуба.Потоа
замина со такси до центатот на Атланта. Малку шеташе и
огладнет отиде на ручек во Кинески ресторан.
Го нарача омиленото слатко-кисело јадењесо разни
мевциња.Јадењето беше извонредно,и многу вкусно.
За патување на ,,Крузерот‘‘ требаше и соответна
гардероба.Затоа попладнето по сместување во хотелче на
крајот на Атланта со такси се одвезе до голем ,,Мол‘‘ каде
купи две одела, повеке кошули и кравати,два пара чевли
и веш.Купи и голем куфер каде смести се.Вечерта се врати
во хотелчето и легна прилично уморен од напорниот ден.

Следните три дена до поаѓањето ги помина во


шетање,разгледување,и посета на разни ресторанчиња за
ручек и вечера.Не одеше по барови и кафеани да не
привлекува внимание.
Упорната Алба во хациендата на братот постојано
мислеше и анализираше како можел да побегне, од каде и
со чија помош.

28
Повторно и повторно ги испрашуваше луѓето од
придружбата за сите детали, но никако не можеше да ги
поврзе случувањата.
,,Да се случила некоја несреќа би имала информации од
,,нашите‘‘ луѓе во полициите низ Америка.‘‘
,,Значи тоа е исклучено‘‘, се обидуваше едно по едно да ја
елиминира секоја невозможна опција.
,,Да отпатувал со авион или брод исто изгледаше
неверојатно да не бил приметен.‘‘
Во тој момент ѝ светна идеа,
,,А да отпатувал или ќе отпатува со ,,крузер‘‘.‘‘ Можна
варијанта.
Побара да ги најдат сите пристаништа во Америка,почетни
точки на ,,крузери‘‘ за Европа.
Се јави кај своите луѓе во сите пристаништа од каде поаѓаа
,,крузерите‘‘.
Испрати и слики од Младен во разни пози.Понуди награда
од 100.000 долари за лицето што ќе го открие или ,,фати‘‘.
Луѓето во пристаништата се растрчаа по ,,доковите‘‘ со
сликите во рака во надеж дека ќе го препознаат. Но и по
детални проверки на сите патници во сите гоеми бродови
ништо, никаков резултат.
Бистра и итра постојано размислуваше и резонираше
како,зашто, каде,....
На крајот се сети и помисли,
,,Можеби направил ,,пластична‘‘ операција и сега има
сосема друг-нов лик.‘‘
,,Да,да,да,‘‘ заклучи.
,,Логично,многу логично.Бистар е тој Младен, сигурно
направил операција и сега сигурно слободно се шета пред
носот на моите луѓе на некој аеродром или пристаниште.‘‘
Се јави насекаде по градовите и понуди двојна
награда за пронаоѓање и ,,фаќање‘‘ на бегалецот. Го удвои
насекаде бројот на трагачите .

29
На денот на испловување Младен со такси стигна со
куферот и ранецот пред ,,крузерот‘‘.

Го покажа билетот на почетокот од ,,мостот‘‘ кој водеше до


палубата на огромниот брод и полека се качи горе.Веднаш
го сместија заедно со багажот во неговата кабина .Имаше
уште половина час до поаѓањето.Излезе на палубата и од
оградата го посматраше пристаништето преполно со
луѓе.Набрзо примети пет,шест луѓе на Алба. Беа лесно
препознатливи со големиот и груб стас , новите костуми
како и ,,класичните‘‘ црни шапки.
Гледаа внимателно лево десно со слики во раката, а
двајца стоеа до морнарот во униформа кој ги
проверуваше билетите на почетокот од ,,мостот‘‘. Се
намевна и продолжи да набљудува.
Помисли,
,,Бистра е Алба,не се откажува од потера,треба да
внимавам.‘‘ Со потполно нов лик беше невозможно да
биде откриен. Затоа не се плашеше воопшто и беше
сосема мирен и опуштен, но внимателен.

30
******

Во ,,базата‘‘ Алба нареди да се најдат сите пластични


хирурзи во Америка и да се
контактираат.Понуди награда од 200.000 долари за точна и
корисна информација за операција на лице кое претходно
имало изглед како сликата која воедно ќесе прати заедно
со понудата.Испратија мејлови до сите, со слика, и
телефон за контакт.
За кратко време ги ,,покрија‘‘ сите мали и големи клиники
каде се изведуваа пластични операции.
Во малата клиника каде го оперираа Младен една од
новите млади сестри кога ја виде сликата и наградата и
светнаа очите. Помисли,
,,Каква шанса за голема сума пари без никаква работа,
супер.‘‘Го ископира мејлот со сликата и телефонот, а
потоа го ,,избриша‘‘. Навидум смирена продолжи со
работата во својата ,,смена‘‘.
По работата отиде веднаш дома. Седна и повторно
размислуваше за давање информации за пациентот за
200.000 долари. На моменти се чинеше нечесно и не
лојално, но сумата беше голема и многу ја
,,скокоткаше‘‘.Легна.Неможеше да заспие , парите
постојано ѝ се вртеа во главата.

Алчна по природа конечно реши,


,,Ќе кажам се,ќе ги земам парите и потоа ќе си одам во друг
град и друга клиника.‘‘
Се јави на дадениот телефон.Веднаш од другата страна
одговори Алба,
,,Ало, кој се јавува,рече малку изненадена.‘‘
,,Овде медецинска сестра од клиника за пластична
операција.Имам информации за вашето барање.Дали
сеуште важи наградата која ја нудите?‘‘
31
,,Да,да,да, како не важи, важи,важи‘‘ весело одговори
Алба.
,,Продолжете,каква информација имате,кажете.‘‘
,,Полека Госпоѓо,полека.Се по ред.Како ќе ја добијам
наградата. Што ако се премислите и ништо не ми ја
дадете.??‘‘
Нестрплива Алба одговори,
,,Девојко, види вака.Јас сум многу богата, 200.000 долари
за мене не се ништо.
Ако стварно имаш точна информација со која ќе го
идентифицираме лицето на сликата и слика од новиот лик
биди сигурна наградата е твоја.Уште ќе ти подарам и
накит.Верувај ќе бидеш презадоволна, само да го
откриеме лицето на сликата.‘‘
Нестрплива продолжи,
,, Се јавуваш во Колумбија, каде има луѓе со многу пари,
ако сваќаш на што мислам.Повеќе не смеам да зборувам,
можеби не прислушкуваат,сваќаш.‘‘
Сестрата сеуште не беше сигурна. На зборови не веруваше
и продолжи,
,,Имам предлог: Платите половина однапред,а полвина на
крај по добивање на сите информации, ОК ?‘‘
Алба почна да губи стрплење, и малку луто рече,
,,Девојко, дали е јасно дека имам многу,многу
пари.Милиони, милиони.‘‘
,,Ако стварно имаш вистински информации ќе бидеш
сигурно задоволна.
Ако сакаш можам јас веднаш со приватен авион да
долетам во твојот град со наградата и да завршиме
работа.
Но пази, ако сето ова е ,,финта‘‘, ако немаш точни
информации моите луѓе нема да ти простат, ме
разбираш.‘‘
,,Добро,добро, може да дојдете тука со парите.,‘‘ одговори
сестрата.
32
,,Клиниката е во Атланта,може да се најдема на
меѓународниот излез,само кажете во колку часот.Потоа ќе
се договорима за деталите.Одговара?‘‘
,,Одговара. Утре во 14 часот ќе слетаме во Атланта на
Интернационалниот аеродром.Значи во 14 и 15 минути на
приватниот меѓународен излез ќе бидам со моите луѓе.Ќе
се препознаеме, не брините.‘‘
,,Договорено,‘‘ весело одговори сестрата.
Медецинската сестра се јави на постариот,а потоа и на
помладиот брат, кои исто живееа во Атланта и ги замоли
да ја придружуваат следниот ден во 13 и 30 часот до
аеродромот каде има нешто многу битно да заврши.
Следниот ден сестрата со такси ги зема браќата и сите
заедно стигнаа на аеродромот во 14 часот.Објасни дека
треба да прими голема награда во готовина за некоја
информација и ништо повеќе.
Се упатија кон излезите.Го најдоа излезот за приватни
авиони и застана во близина.По десет минути забележа
дама на околу пеесет години извонредно дотерана во
скапа гардероба пратена од тројца крупни млади мажи во
темно сиви костуми и скапи чевли.Излегуваа од излезната
врата пратени од момче со багажот во количка.
Веднаш ги препозна,немаше никаква двојба.Се упати кон
нив.

Дојде до дамата и се обрати,


,,Јас сум сестрата со која разговаравте.Вие сте Госпоѓата
која нуди награда?‘‘
,,Да,да, јас сум таа‘‘, нестрпливо одговори Алба.
Момците со неа ја измеркаа со недоверба.
Се ракуваа и Алба предложи,
,,Да седнеме на кафе во некое дискретно ќоше,може?‘‘
,,Секако,секако може.‘‘
Седнаа во едно ќоше од блиското бифе и нарачаа кафиња.
Девојката исто нестрплива веднаш започна,
33
,,Имам информации со кои брзо и точно се ќе се види и
открие за лицето на сликата.Пари дали носите?‘‘
Алба се насмеа и даде знак на едниот од групата.Тој
дискретно го отвори металното куферче полно со
паќетчиња банкноти од сто долари.Повторно даде знак со
и тој ѝ го даде куферчето со банкноти.
,,Гледаш девојко, нема проблем со наградата.Сега ,,пеј‘‘ ги
информациите да видам што се имаш.‘‘
Сестрата извади слики од Младен пред и по зафатот.

Ги држеше во рака и рече,


,,Овие слики се направени во нашата клиника пред и по
операцијата.
Верувам дека се доволно добри информации за
куферчето,зар не?‘‘
,,Да,да,да супер,како не.Одлично, дај ги сликите‘‘, брзо
одговори.
Ги гледаше двете слики,посебно втората и не можеше да
поверува на свиоте очи.

Растревожена извика,
,,Тоа,тоа го тражам јас девојко,браво,браво.Заслужуваш и
повеќе од наградата‘‘.
,,Оваа фотографија е доволна и предоволана.‘‘ Ја подаде
на еден од момците и нареди веднаш да ја ископира во
пеесет примероци.
Стана ја прегрна сестрата и рече,
‘‘Одиме до продавницата за накит да си одбереш што ти
душа сака.
Заслужуваш се да ти купам.‘‘
Брзо најдоа луксузна продавница за накит каде девојката
одбра многу скапа огрлица со неколку дијамантчиња, која
чинеше 95.000 долари.Браќата со недоумица ја
гледаа.Едниот го носеше металното куферче а другиот се
смешкаше неверувајки дека ќе ѝ ја купи.
34
Алба ја погледна и рече,
,,Имаш одличен вкус девојко, и нареди,,,Спакувајте ја
огрлицата. ‘‘
Даде знак на придружбата и еден од нив ја плати
огрлицата.
Излегоа, се поздравија и секој замина на своја страна.
Попат нареди на обезбедувањето да ги испратат сликите
на своите луѓе во сите поголеми градови во Америка со
цивилни аеродроми,до сите железнички и автобуски
станици и гранични премини.Потоа со својот авион се
врати дома.

*****

Во ноември Стефан комплетно опоравен од


сообраќајката продолжи да работи во компанијата ,,Крупп-
Тиссен‘‘ Белград.
Живееше со партнерката Марија во големиот стан на ,,Нов
Белград‘‘.Помалата ќерка Ружица живееше со нив,но ќесто
размислуваше да се пресели во мало станче или
,,гарсоњера‘‘.
Mарија и Стефан се среќни, живеат убаво.Таа постојано
размислува набрзо да се венчаат.
Марија има полу брат-Никола (Ники) кој е преварант и
крадец на накит и уметнички слики. Живее во Милано од
каде често активно ,,делува‘‘ на полето на уметноста.

35
Тој има голем круг на пријатели од ,,подземниот‘‘ свет на
Милано,Париз и Лондон, од кои добива информации за
колекционери на уметнички слики од Европа. Богатите
колекционери најчесто живеат во скапи вили каде ги
чуваат сликите со силни безбедносни системи.
Дојде до информација за грчки мулти милијардер Филип
Ниарчос.Неговата фамилија води бизнис со бродови и
танкери. Тој воедно е колекционер на уметнички слики
меѓу кои и познатото дело од Енди Ворхол, ,,Несреќа на
зелената кола‘‘ проценета на околу 80 милиони долари.
Информациите ги доби од млада и убава гостинка која на
прием во луксузната вила успеала да ги фотографира
сликите во големиот салон.
Никола успеа да набави броеви на телефони од три
познати ,,фаци‘‘ од подземјето на Атина.Се јави кај сите,но
само еден со надимак ,,Гроф‘‘ Ставрос беше моментално
во Атина.Се договорија да се сретнат за три дена во
најголемото пристаниште-Пиреја.
Со првиот авион отпатува преку Цирих до Атина.По
слетувањето се јави на Ставрос.Се договори да се видат
за еден час во кафето ,,Старбакс‘‘на аеродромот.
Го подигна куферот и се упати кон кафетеријата.Нарача
макијато и ја набљудуваше аеродромската хала.Набрзо
дојде ,,Грофот‘‘ Ставрос со двајца ,,крупни‘‘
придружници.Се запознаа, седнаа на една маса и нарачаа
кафиња.Никола дискретно објасни,
,,Потребни ми се детални информации за вила во Атина.‘‘
,,Да отидеме на безбедно место каде можеме слободно да
разговраме и да се договориме за се.‘‘
,,Нема проблем, одиме кај мене,‘‘ одврати Ставрос.
,,Само да го испиеме кафето и тргнуваме.‘‘
Излегоа од аеродромската зграда и влегуваат во голем
,,Џип‘‘ (Тојота) со затемнети стакла.Го однесоа во неговата
вила покрај брегот во Пиреја .

36
Во големиот раскошен салон му понудија
пијалок.Наздравија со виски и започнаа со разговор.
Никола објасни за вилата на мулти милијардерот Ниарчос.
,,Потребен ми е детален план на безбедносниот систем
.Распоред на лугето од обезбедувањето и
послугата.Сакам да ја ,,лапнам‘‘ сликата од Енди Ворхол
која е во салонот.Потребна е и помош за транспорт до и од
вилата.За оваа услуга плаќам 500.000 долари.‘‘
Ставрос клатеше со главата и се мрштеше.
,,Малку е. Ќе платиш милион.Работата е деликатна и
сложена.‘‘
Никола искусен преврант и трговец одговори,
,,Добро ќе дадам 700.000 долари, но повеќе не.Треба и јас
нешто да зарадам.‘‘ Ставрос кој немаше искуство со
уметнички слики прифати.
,,Потребно е твој човек да го исклучи алармниот систем на
15 минути кога е празна вилата.За тоа време јас ќе
завршам работа.‘‘
Се договорија да проверат кога е без луѓе,да набават
детален план и потврдат каде се наоѓа сликата.
Акцијата треба да ја извршат најдоцна за две до три
седмици. Да не биде упадлив побара да најдат скромен
апартман за три недели.
Додека го пиеа второто виски неговите луѓе најдоа
апартман во Пиреја и го резервираа.Се догорварија
следната вечер да се состанат со нови информации. Со
,,Џипот‘‘ го префрлија до апартманот.Ги зема клучевите и
се смести во истиот.
Уморен од патувањето и другите активности веднаш
легна.

Размислуваше долго и детално за целиот бизнис.Многу


работи не беа јасни.
Прво нема толку готовина за услугите од Ставрос.
37
,,Добро,ќе дадам аванс од 100.000 долари, а покасно со
пари од сликата останатите 600.000 ,ако се согласи.‘‘
Друга дилема, дали може да им верува на овие луѓе.Може
некој од нив да го предаде за ,,солидна‘‘ сума било на
Ниарчос или на полицијата.Остана несигурен и за
двете.Полека заспа несигурен во ништо.
Следната вечер се состана со Ставрос во неговата вила.Го
обавестија за сите информации што ги собрале за
вилата,обезбедувањето и послугата.
Плановите од аларм системот сеуште ги немаа,кој бил
најдобар и најскап во Америка.Очекуваа за неколку дена
преку свои луѓе во УСАда добијат се,од планови,шеми,
упатства.
Никола отворено го праша Ставрос дали може сега само
аванс, а потоа за неколку недели, по продажбата на
сликата, останатите.Прифати со коментар,
,,Ако случајно не платиш ти гарантирам спора ликвидација
со грозни маки.‘‘
За втората дилема околу дискретноста исто гарантираше
дека ни во сон никој не смее да помисли за предавање на
акција.
Се разделиja со ветување дека ќе јават кога ќе ги имаат
сите податоци.
Го префрлија до центарот на Атина каде по мала прошетка
вечера во грчки ресторан.
Со грчки специјалитети залиени со позната ,,Рецина‘‘ ја
заврши вечерата. На крајот се заблажи со две грчки
баклави и кафе.Задоволен со такси се врати во
апартманот.
Наредниот ден пред излегување се мајсторски се
маскира.Става прика, брада и мустаќи. На очите става
очила без диоптер и шапка.Со сите измени добива сосема
нов лик.Ниту родената мајка кога би била жива не би го
препознала.Излегува со такси до центарот.Безгрижно
шета, руча и се враќа назад во апартманот.
38
Следните три дена ги поминува повторно во прошетки низ
Атина и Пиреја.Руча и вечера во разни ресторани. Обично
седи во неупадливи ќошиња за да не биде забележен или
запомнет.
По два дена се јави човек на Ставрос.
,,Се стагна од преку ,,барата‘‘.Ќе дојдеме по тебе вечер во
20 часот.‘‘
,,Одлично, супер.Ве чекам.‘‘
Вечерта го однесоа повторно во вилата на ,,шефот‘‘.
Седна , доби пијалок,а тие ги извадија плановите од
алармниот систем.Во нив се беше детално обележено. Во
големото упатство ги имаше сите детали и
објаснувања.Целиот салон беше испресечен со ласерски
зраци кои се вклучуваа кога е активен алармниот
систем.Покрај регуларното напојување на системот
постоеше и тајно,скриено кое не може да се пронајде сем
во плановите и упатството.
Практично без нив беше невозможно да се влезе внатре
без да се вклучи алармот.
,,Одлично,браво Ставрос.‘‘ искоментира Никола.
Информаторот од вилата извести дека во понеделник
послугата има слободен ден. Само три лица од
обебедувањето се дежурни тој ден , и две големи кучиња
,,Доберман-Пинчер‘‘ во дворот.
Овие крвожедни кучиња се дресирани да го нападнат секој
странец кој се обидува да влезе во дворот кој е ограден
со ѕид висок четри метри.
,,Кучињата не се проблем.Ќе фрлам парчиња месо со
средство за успивање и ќе ги успијам.Испробана работа,‘‘
објасни Никола.
Имаше добра идеа и за обезбедувањето.
,,Треба да се дознае кој ги снабдува со храна.Да се
пресретнат во понеделник при последната испорака.Да се
успијат или само врзат.

39
Луѓето на Ставрос да се заменат со облеката, да се
,,посоли‘‘ целата храна со средство за успивање и да се
испорача во вилата.‘‘ објасни.
,,Идеата е добра.Не е нова, но секогаш врши
работа.Може.Моите луѓе се ќе средат.Ти само треба да
влезеш, да ја земеш сликата и да заминеш со ,,Џипот‘‘, кој
ќете однесе каде сакаш.Може, одговара?‘‘ одврати
Ставрос.
,,Во целост одговара. Комплетно се сложувам.‘‘ потврди
Никола.
Ставрос беше сигурен дека сликата чини повеќе милиони,
можеби 5,6 .
Прифати да учествува во ,,бизнисот‘‘ највеќе да види како
ќе заврши.Немаше никакво искуство во кражби на
уметнички слики, а нешто му ,,велеше‘‘ дека таму има
многу пари.
Неговите луѓе набавија прашак за успивање,повеќе
парчиња месо за кучињата, ја најдоа фирмата за испорака
,го набавија распоредот на испорака,и најдоа ист камионет
на кого ја испишаа фирмата за храна.
Во понеделникот сабајле, во 11 часот го земаа од
апартманот и го однесоа близу вилата на безбедно
растојание.Камионетот чекаше на спореден пат на 500
метри од неа.Внатре имаше четворица со револвери, а
двајца имаа и автомати.Други двајца со друг автомобил и
со месото исто чекаа од другата страна на влезот во
вилата.
Акцијата беше планирана за 12 часот кога обично се
испорачува храната.
Никола беше облечен во црни пантолани и црна блуза, со
црни патики на нозете.Маскиран повторно со друга
перика, црна брада и мустаќи, очила без диоптер,со нов
оквир,црни ракавици и црна ,,голф‘‘ капа на главата.
Со ранец на грбот во кој беше планот на алармниот систем
и упатството во случај да затреба.
40
Од опрема, разни ,,калаузи‘‘, тенки челични жици со
различна дебелина, нож, рачен алат, батериска ламба и
картонска долга кутија со капак, за сместување на сликата.
Десет минути пред 12 часот се појави камионетот од
кривината.
Веднаш нивниот брзо стигна пред него од кој изрипаа
луѓето со револвери и застанаа лево и десно од
вратите.Ги принудија возачот и помошникот да слезат и да
се соблечат.
Потоа ги врзаа јако со пластични јажиња, ставија широки
фластери на устите и ги уфрлија во задниот дел од
камионетот.
Извадија метални ,,канистри‘‘ со храна и ги однесоа во
нивниот камионет. Во секој уфрлија прашак за
успивање.Двајца облекоа униформа на доставувачите,
влегоа во нивниот камионет и се упатија кон големата
влезна врата .
Се пријавија на домофонот и портата се отвори.Влегоа по
долгата патека до влезната врата каде ги пречека лице од
обезбедувањето.
,,Канистрите‘‘ ги весоа во кујната која ја имаа лоцирано
претходно.Се течеше нормално, рутински.Потоа влегоа во
камионетот и заминаа со војнички поздрав, без никаков
коментар.
Излегоа надвор и се паркираа на сигурно
растојание.Чекаа.
И другите двајца со Никола чекаа.По еден час дојдоа до
влезната капија и зазвонија на домофонот. Никој не се
јавуваше.Јасно беше дека спијат во длабок сон.Ги
извадија парчињата месо. Прво ги растрчаа кучињата со
фрлање две мачки преку оградата.Мачките мјаукаа силно
и потрчаа по дворот.
Доберманите скокнаа и се дадоа понив. Ги настигнаа и
растргнаа.Тогаш ги фрлија парчињата со месо.

41
Кучињата раздразнети ги изедоа без никаков сомнеж, и
покрај тоа што беа дресирани да не јадат ништо друго сем
од дресерите . По неколку минути лежеа неподвижни на
тревата.
Никола извади мердивани составени од дебели ортоми
со попречни шипки и ги пребаци на оградата.Брзо и
спретно се качи по нив и се пребаци од другата
страна.Претходно спушти исти такви и од другата
страна.Се спушти во тревата и со трк се упати кон
влезната врата.Ја знаеше постапката и шифрата за
исклучување на алармниот систем.Со неколку челични
жици споени задено ја отвори вратата. Веднаш десно беше
,,дисплејот‘‘на алармот.Ја откуца шифрата и системот се
исклучи.Влезе слободно и се упати кон големиот салон.На
сите ѕидови имаше уметнички слики.Ја најде бараната
слика.Ја откачи, ја извади нежно од рамката и ја уфрли во
долгата картонска кутија. Излезе,ја затвори вратата и со
трчање стигна до мердиваните. Брзо се искачи на ѕидот и
се спушти од другата страна.Автомобилот со кој дојде го
чекаше долу.
Влезе и молскавично отидоа од местото.Сѐ се случи за
неполни 10 минути.
Го однесоа прво кај,,шефот ‘‘.
,,Одлично изведено момци,браво.Посебно за тебе
Никола.Прав професионалец.‘‘

Потоа озбилен додаде,


,,Испорачај ја сликата и донесиго остатокот.Ако имаш
проблем со купец јави, ќе најдеме ние.‘‘
,,За некоја друга слична наша акција обавезно ќе те
ангажирам, ако си заинтересиран.‘‘
,,Секако,секако,како не, со задоволство ќе
учествувам.Само јавете се на време, да бидам слободен
во тој термин.‘‘ Се насмеа Никола.

42
Сипаа виски за сите и наздравија за успешно извршената
работа.
,,За неколку недели ќе се јавам и ќе ги платам останатите
600.000 долари, без гајле, јас сум човек од збор.‘‘ рече и
повторно се насмеа.
,,Гледај да бидеш, инаку ќе лежиш две метра под земја.‘‘
одврати Ставрос.Се ракуваа и со ,,Џипот‘‘ заминаа со
сликата и ранецот кон неговиот апартман.
Претходно имаше смислено каде ќе ја смести округлата
кутија.
На степеништето кон вториот кат каде беше апартманот
имаше дебели цевки како ограда на
степениците.Планираше да ја смести во една од тие.
Претходните денови се припреми.Го исече едниот крај од
пластичната цевка и купи лепак за пластика.
Кога се стемни излезе од собата и брзо го извади капакот
од цевката,ја уфрли картонската кутија и повторно го
стави капакот,кој го премачка со лепакот по ивиците.За
неколку минути се беше готово.Цевката изгледаше како и
претходно.
Влезе во апартманот,седна на троседот,зема пијалок од
фрижидерчето,се издиша и си рече,
,,Конечно се е завршено како што планирав.‘‘
Надедниот ден се јави во Милано и Париз. Разговараше со
препродавачи на слики.Ја понуди сликата на Енди Ворхол
за 50.000.000 долари.
Беше спремен да попушти до 45 но не помалку.Трговците
на ,,црно‘‘ ги продаваа скапите слики на колекционери низ
целиот свет. Нелегалниот бизнис со уметнички слики
цветаше.Богатите љубители на сликарството доста
поефтино ги купуваа украдените слики, а потоа, некој пат
ги продаваа на аукции.
Двајцата ја примија понудата за сликата и ветија дека за
кратко време некој ќе ја купи, за таа или ќе понуди некоја
друга цена.
43
Никола чекаше во Пиреја.Деновите ги поминуваше во
патувања околу Атина,Пиреја и околните места.
Милијардерот Филип Ниарчос не ја пријави кражбата на
сликата бидејки ја имаше купено на ..црно‘‘, без платен
порез и многу поефтино од вистинската цена.Преку свои
,,канали‘‘ во подземјето на Атина и други европски
градови се обидуваше да добие информации каде е
сликата и дали веќе се нуди на ,,црниот‘‘ пазар.Но немаше
ништо,молк.
По една недела одмарање и шетање едно утро Никола
осети вртоглавица.Се обиде да стане,но собата му се
вртеше.Седна . Поседе малку, а потоа повторно се обиде
да стане. Повторно вртоглавица.
Легна и така лежеше повеќе од еден час. Потоа повторно
сакаше да стане но повторно имаше вртоглавица.
,,Морам да одам на лекар, да види што е работата со
вртоглавицата,‘‘ заклучи.
Полека стана повика такси кој го одвезе до позната
приватна ординација во Атина.
Докторот детално го прегледа но не можеше ништо да
заклучи.Предложи лабораториска анализа на крвта и
мокрачата и неколку други анализи.
Замаа крв,мокрача.Седеше во чекалната еден час кога
повторно го повика лекарот во ординацијата.Малку се
,,двоумеше‘‘ но конечно рече,
,, Анализите на крвта за жал не се добри.Постои сомнеж
дека нешто не е во ред со црвените и белите крвни
зрнаца.Ќе мора да направиме длабинска анализа на крвта
за да се потврди или негира сомнежет.‘‘
Повторно извадија крв од вена и гииспратијаво
лабораторијата на главната Клиника во Атина за
анализа.Кажаа резултати ќе има за четри дена.
Малку нерасположен и загрижен се врати во
апартманот и легна.Не можеше да заспие.Размислуваше.

44
Не беше оженети немаше деца.Родителите беа
починати.Единствена блиска роднина беше полу
сестрата Марија.
По два дена се јави едниот дилер со уметнички слики и
кажа декаима купец за сликата од Хонг Конг кој нуди
70.000.000 долари ,,земи или остави‘‘ и ниту долар
повеќе.Размислуваше малку и во состојбата во која беше
прифати 70 милиони.
Се договорија да ја донесе сликата во Париз кај него каде
ќе му се исплатат сите пари.

Наредниот ден нестрплив отиде околу пладне во


Клиниката да праша до каде е анализата.
Младата убава медецинска сестра на шалтерот рече,
,, Чекаме секој момент да стигнат резултатите од
анализата.Седете малку, сигурно брзо ќе стигнат.‘‘
Навистина по дваесетина минути стигнаа резултатите.

Лекарот ги погледа два пати и со озбилен тон на гласот


рече,
,,Не се добри,за жал.Имате ,,леукемија‘‘ во почетна
фаза.Ќе се обидеме да ве излечиме со лекарствата кои
постојат за оваа болест, но тие не се ефтини.‘‘
,,Парите не се проблем докторе,само излечете ме,‘‘ рече
тажно Никола.
Лекарот, хематолог објасни дека пред еден месец добиле
нов поефикасен лек од втората генерација препарат
Нилотиниб кој е скап но доста ефикасен.
,,Може докторе,ќе го земам тој лек,колку и да чини.‘‘
Хематологот препиша капсули Нилотиниб т.е.Тасигна од
200 mgr.

Два пати дневно.Цената е околу 50 долари една капсула,


односно 3000 долари месечно.

45
Докторот препорача мирување, мали-кратки прошетки и
редовно земање на лекот.
Никола побара лек за два месеци.Плати 6000 долари за
лекот ( капсулите ).
Бидејки беше во почетна фаза,докторот веруваше дека
има реални шанси да се излечи.
Со лекот се врати во апартманот.Легна и почна да
размислува за иднината.Заклучи,
,,Морам да разговарам со полусестрата и да побарам
помош од неа за носење и наплатување на сликата.‘‘
Следното утро телефонира во Белград кај Стефан
дома.Се јави Марија.
,,Ало, станот на Стефан Јованович,Марија на телефон.‘‘
,,Овде братот Никола.Марија твојот брат се јавувам од
Атина-Пиреја.‘‘
,,Мораме да разговараме за неколку многу битни работи
за мене и тебе.Не е за преку телефон.Се работи за мое
здравје и пари, и тебе како едина моја наследничка.Те
молам да дојдеш во Атина да разговараме во четри
очи.Јас сум болен, не можам да дојдам во Белград.‘‘
,,Те молам што побрзо да дојдеш.Потоа може да биде
доцна.‘‘
Таа се изненади од молбата,бидејки досега тој не барал
никаква услуга од неа.

Одговори,
,,Добро,добро,ако морам ќе дојдам веднашво Атина.Дали
треба и мојот партнер Стефан да дојде со мене?‘‘
,,Најдобро двајцата да дојдете веднаш.‘‘ одговори
Никола.Потоа ја кажа адресата на апартманот.
Марија се замисли по разговорот со полубратот.Не беше
јасно зошто бара толку итно да дојдат во Атина.
Кога се врати Стефан од работа го раскажа целиот
разговор од збор до збор.Тој заклучи дека сигурно е во
неприлика со некоја болест и нешто друго.
46
,,Мислам дека треба да отпатуваме за Атина.Човекот
сигурно е во неприлика.‘‘
Се јави во ,,ЈАТ‘‘ и резервира два авиобилети за првиот
лет за Атина,кој беше понаредниот ден.Таа спреми за
двајцата нешто неопходна облека за неколку дена и ја
нареди во убав куфер.
Денот пред полетување го помина во средување на
станот.Попладенето објасни на Ружица некои детали
околу кујната и набавките.Летот за Атина беше во седум
часот.Во пет и триесет станаа, се спремија набрзина и со
автомобилот се одвезоа до аеродромот.Се ,,чекираа‘‘ на
шалтерот за меѓународни летови,го предадоа куферот и
со пасошите во рака се упатија кон полицискиот
преглед.Завршија и влегоа во чекалната полна со патници
за разни дестинации.

Набрзо симпатична млада аеродромска стјуардеса ја


отвори излезната врата и тие влегоа во нископоден
автобус кој ги пренесе до степениците за влез во
,,Боингот‘‘ 737.На влезот во леталото ги пречека насмеана
убава домаќинка која ги упати на нивните седишта.
Комплетно наполнет авионот почна полека да се враќа
назад.

Застана се заврте и повторно полека почна да се тркала


по влажниот приод до пистата.Се намести на неа и по
добивање дозвола за полетување капетанот вклучи
максимална сила на двата турбо мотори. Кога постигна
доволна брзина полека го повлече уоравувачот кон себе
и ,,металната птица‘‘ се одлепи од пистата.Полетаа кон
престолнината на Грција.
Летот беше мирен и пријатен.
Попат разговараа за нејзиниот брат кој уште од
гимназиски денови почнал да се занимава со нелегални
активности.
47
Во почетокот на ,,ситно‘‘ со шверцување фармерки од
Трст, а потоа полека и со покрупни,,активности‘‘.
Таа објасни дека Никола секојпат барал нешто
нелегално,вероватно тоа го привлекувало, или само
можноста за лесна и брза заработка.Нормална и чесна
работа мразел и постојано одбегнувал.
,,За разлика од него, јас сум сосема спротивен тип.Не
поднесувам нечесни активности.Сакам само чесно
заработени пари и чесни луѓе,‘‘ рече и се насмеа гледајки
во Стефан.
,,Така е драга моја,и јас потполно исто.‘‘
,,Чесноста е голем дар. Не е секој достоен за неа.Посебно
не ,,малите‘‘ луѓе.‘‘ додаде тој.
По кратко време главната ,,домаќинка‘‘ објави,
,,Ве молиме да се врзете и да ги исклучите мобилните и
лап-топовите,за околу десетина минути ќе слетаме на
атинскиот аеродром.Благодарам.‘‘
,,Боингот‘‘ 737 започна да ја намалува брзината и да
,,понира‘‘ кон Атина.
Капетанот полека ги вклучуваше ,,флапсовите‘‘, го спушти
,,стајниот трап‘‘ со тркалата и полека се приближуваше
кон пистата.Малку на неа го подигна ,,носот‘‘ на
,,металната птица‘‘ тешка 65 тона и ,,меко‘‘ го спушти
авионот на атинскиот аеродром.
Го подигнаа багажот и по кратката проверка излегоа од
аеродромот.
Со такси се одвезоа до центарот на Атина.Марија се јавија
на Никола,кој сеуште спиеше.
,,Стигнавме во Атина.Кога можеш да се видиме,‘‘ праша.
,,Дојдете веднаш, таксистите знаат каде се апартманите во
Пиреа.Ве чекам.‘‘ Заврши и веднаш полека стана и се
облече.
Свари кафе и пиејќи го полека ги чекаше да пристигнат.По
дваесетина минути зазвонија на вратата.Отвори и ја виде
сестрата и нејзиниот партнер.
48
Се поздравија,се гушнаа и ги внесе во
апартманот.Седнаа.Ги понуди со кафе.

Таа веднаш искоментира,


,,Нешто си ми блед.Сигурно ноќеска малку си претерал.‘‘
,,Водиш несреден живот.Треба да се ожениш и се ќе се
среди,‘‘ рече алудирајки и на својата врска која сакаше да
ја запечати со венчавка.
,,Да,да тоа ќе е, мора да е од несредениот живот,‘‘ се обиде
да избегне.
Ги праша дали можеби прво сакаат да се освежат, измијат
или веднаш да разговараат.
,,Да разговараме,‘‘ кратко рече таа.
Свари кафе и сите седнаа на троседот и фотељата.
,, Ја знаеш мојата делатност претпоставувам.Имам скапа
уметничка слика која треба да се однесе во Париз и да се
наплати.Многу е скапа.Треба да се земат 70.000.000 долари
за неа.‘‘
,,Добро, што е проблемот.Зашто не ја однесеш и
наплатиш.Не разбирам,‘‘ додаде Марија.
,,Види сестро.Јас сум болен, и не сум во состојба сам да
ја завршам работата.Ми треба помош.‘‘
,,Добро,што не почекаш недела,две да оздравиш, а потоа
однесија сликата.Не гледам што е тука проблем,‘‘ рече
рутински.
,,Проблемот е што сум озбилно болен и нема да оздравам
брзо.Едно лице кои ми помогна во ,,набавката‘‘ на сликата
е нестрплив.Мора да платам за услугата за највеќе две
недели, а јас немам толку готовина.Тоа е проблемот.

Сакам вие двајца да ја завршите испораката.Богато ќе ве


наградам.Да речеме со три милиони долари, или повеќе,‘‘
заврши.
,,Каква е таа болест објасни те молам,‘‘ нестрпливо праша
таа.
49
,,Леукемија,‘‘ полека одговори Никола.Стефан кој цело
време молчеше прозборе,
,,Како леукемија, што леукемија.Кој кажа дека имаш
леукемија.‘‘
,,Хематолог од атинската клиника по детална анализа на
крвта.
Сега земам јаки лекови кои се скапи и затоа ми требаат
многу пари кои моментално ги немам.‘‘
Со оваа изјава се стана јасно.Марија тажно го погледна, го
фати за рака и полека рече,
,,Не брини, се ќе средиме јас и Стефан.Не треба никаква
награда.Имаме доволно пари за нормален живот.‘‘
,,Да,да се ќе завршиме ние, затоа и дојдовме, да
помогнеме колку можеме.‘‘ дополни тој.
,,Се плашев да не починам пред да ви кажам кеде е
сликата.Ова е моја најголема ,,работа‘‘,штета ќе беше да
пропадне,‘‘ и продолжи,
,,На степеништето во зградава има дебели пластични
цевки за држење при качување .Во една од нив е
сликата.Странично е залепен завршетокот на цевката.Ќе
го видите ако детално ги гледате цевките.Земете ја
сликата.

Јас се ќе организирам за носењето во Париз и


предавањето.‘‘Се договорија да ја земат сликата
попладнето кога е мирно,без раздвиженост.
Никола размислуваше како најбезболно да ја пренесат во
Париз.Две идеи беа поедноставни.Првата да патуваат
со,,крузер‘‘ од Пиреа до Ротердам, апотоа со изнајмен
,,трајлер‘‘ до Париз.Втората беше уште по едноставна.
Да изнајмат ,,трајлер‘‘ во Пиреа и со него дирекно до
Париз.
Сите тројца се сложија за втората.

50
Попладенето кога се смири целата зграда, Стефан и
Милена слегоа на степеништето и ја побараа цевката,но не
можеа да најдат која е.
Дојде братот, кој веднаш покажа на цевката.Брзо ја
отворија со оштар нож од страната и ја извадија
картонската кутија.Никој не ги виде.Влегоа во апартманот
и ја отворија кутијата. Внатре беше завиткана сликата од
Енди Ворхол ,,Несреќа на зелената кола‘‘.
Стефан не можеше да верува,
,,Оваа слика чини 70.000.000 долари,‘‘ неверојатно.
,,Нешто повеќе, 80 милиони,‘‘ одговори братот.
Потоа најдоа пристоен хотел во Пиреа и заминаа
таму.Сабајлето,како што се договорија отидоа до
најголемата ,,рент-а-кар‘‘ агенција, одбраа средно голем
трајлер марка ,,Мерцедес‘‘ во одлична состојба и го
изнајмија на две недели со можност за продолжување ако
е потребно.

Со ,,трајлерот‘‘ се довезоа до зградата со апартмани и го


паркираа од задната страна на неугледно место.
,,Завршивме една важна работа, уште да ја сместиме
вечер и можеме утре да тргнеме кон север.‘‘ рече таа.
Не беа сигурни каде да ја сместат, а да не биде
сомнително.Никола се сети на Ставрос, кој и без тоа
сакаше да го информира дека работата се ,,движи‘‘.
Се јави, договорија да го посетат.Вечерта сите тројца со
такси се одвезоа до неговата вила.Се запозна со гостите и
седнаа да разговараат.
Го информираше за сите детали од планот, какои за
неговата болест.Тој покажа разбирање за долгот и рече,
,, Во ред е, можам да почекам и повеќе ако треба, нема
проблем.Само завршете ја работата успешно.‘‘ Предложи
сликата да ја сместат на внатрешната страна од покривот.

51
,,Мојот‘‘мајстор може се да среди,‘‘кажа на крајот.Мораа да
веруваат во коректноста и лојалноста на неговите
пријатели.
Следното утро заедно со човек на Ставрос го однесоа
,,трајлерот‘‘ кај мајсторот и го предадоа заедно со
сликата.Претходно се беше договорено меѓу Ставрос и
мајсторот.
,,Дојдете вечер,се ќе биде готово,‘‘рече убедливо
мајсторот. Заминаа.
Вечерта го земаа возилото,им објасни како да ја извадат
сликата,се поздравија и отидоа.

Следното утро Никола им даде неколку адреси и


телефони од негови пријатели во Париз ако им затреба
помош, како и телефон и едреса од дилерот на слики кому
требаше да ја предадат сликата за 70 милиони долари.Се
поздравија и тргнаа кон Македонија.
На излезот од Атина застанаа во ,,Лидл‘‘ и купија хрна и
пијалоци за патувањето.
Возењето по автопатот беше лесно и пријатно.Слушаа
убава музика и разговараа.
Марија беше одлично расположена,како и секогаш кога
покрај неа беше Стефан.
Граничниот премин ,,Евзони‘‘ го поминаа лесно и
брзо.Возењето низ Македонија беше споро поради многу
лошиот автопат и многу кривини.
Границата со Србија ,,Табановце‘‘ исто ја поминаа без
проблеми.Следна етапа беше патување низ Србија до
преминот кај Суботица.Не сакаа да возат низ Хрватска и
Словенија поради ,,оштрите‘‘ царински контроли.
Патиштата низ Србија беа слични како тие низ
Македонија.По пат застанаа во ,,Предејане‘‘ каде ручаа
лесковачки роштиљ со ладно пиво.
Исто така застанаа уште еднаш во мотел после
Белград каде испија кафе и малку се одморија.
52
Вечерта кaко што планираа ја поминаа границата
,,Челебија‘‘ без гужва и никакви проблеми.
Најдоа мало хотелче и двокреветна соба.Вечераа и
легнаа уморни од долгиот пат.
Понатаму патувањето беше доста по едноставно и
побрзо.На границите поминуваа без никакви проблеми.Во
Франција влегоа кај Стразбур каде воопшто немаше
никаква гранична контрола.По патот преспаа уште една
ноќ во мотел крај автопатот и следниот ден стигнаа во
Париз.
Најдоа мал хотел на периферијата,замаа соба,се
истушираа и легнаа уморни од долгиот пат.Наредниот ден
го побараа дилерот.Тој се изненади. Очекуваше Никола да
ја донесе сликата.
Се договорија вечерта во 20 часот да го посетат.Со
,,трајлерот‘‘ отиода на неговата адреса.Се
сретнаа.Сезапознаа и поздравија.Влегоа во куќата.Седнаа
и Стефан започна,
,,Стигнавме, ја донесовме сликата.Дали имате 70 милиони
готовина ?‘‘
,,Сега дома немам, но утре до пладне ќе го имам целиот
износ.‘‘
,,Добро,значи утре во 12 часот ќе направиме
примопредавање.Тука или на друго место ?‘‘
,,Каде што сакате, мене ми е сеедно.‘‘ одговори дилерот.
,,Може и тука,нема проблем,‘‘ одврати Стефан.Се
поздравија и заминаа.
Повторно се јавија на Никола да го информираат и
прашаат дали треба многуда внимаваат при
примопредавањето, дали има верба во човекот.
,,Не брините,со него работам 15 години.Никогаш не се
обидел нешто нечесно да ,,одигра‘‘.
,,Слободно дајте ја сликата и земете ги парите.Нема да
имате никаков проблем со фалсификат или
превара.Човекот е поверлив.‘‘
53
,,Парите вложете ги во банката ,,Сошиете женерал‘‘
подружница на крајот на Париз.
Побарајте го Госп. Дупон кој е раководител на
подружницата.Тој се ќе заврши.Марија дај ги твоите
генералии,тебе да ти ги префрли парите во Белград.После
лесно ќе завршиме се,‘‘и продолжи,
,,За услугата ќе задржи 500.000 долари.Значи мора да
префрли 69,5 милиони на твоја сметка таа банка во
Белград.‘‘Потоа вратете се во Белград со авион,а
возилото вратете го во Париз.‘‘
Марија внимателно слушаше и на крајот рече,
,,Значи Дупон од ,,Сошиете женерал‘‘ подружница на крај
на Париз.‘‘
,,Да,да така е.Ако има проблем јави ми се.‘‘
Утредента во 11 часот тргнаа кон куќата на дилерот.
Стигнаа малку пред 12 часот.Го паркираа пред куќата.Таа
влезе внатре, а Стефан за секој случај остана во
возилото.Беше спремен ако нешто не биде во ред веднаш
да заминат. Внатре ја чекаше дилерот.До него имаше четри
метални големи куфери.
,,Еве ги парите мадам Марија,каде е сликата.‘‘
,,Добро, да видам прво што има внатре.,‘‘ рече и почна да
ги отвара куферите.
Сите беа полни со пакетчиња со новчаници од сто долари.
Излазе и даде знак на Стефан.
Тој со неколку потези го ,,симна ‘‘ тапетот од внатрешната
страна на покривот и ја извади скиката.Внимателно ја
завитка во ролна, излезе и влезе во куќата .Ја отвори
сликата и рече,
,,Еве ја сликата,можете да ја проверите оргиналноста.‘‘
,,Да,да секако,‘‘ рече дилерот,зема големо ,,сочиво‘‘ и
почна да ја гледа сликата.
,,Добро, се чини дека е оргиналот.Еве ги парите.Има точно
70 милиони.‘‘

54
Ги земаа куферите , поздравија и веднаш брзо
заминаа .
Стефан возеше малку побрзо од нормално.Таа се јави на
Дупон кој објасни како најбрзо да стигнат до банката.
Со деталните упатства брзо ја најдоа.Се паркираа позади
во дворот на банката кој имаше рампа за
влегување.Раководителот на банката ги пречека на
службениот заден влез и ги однесе во неговата
канцеларија.
Веќе се беше претходно договорено со дилерот од Париз.
,,Потребни се Вашите исправи Мадам.Другото ние ќе го
сториме за кратко време.‘‘
Понуди кафе, кое го прифатија и додека пиеа кафе
службеничката отвори девизна сметка на име Марија
Николич со адреса во Белград и матичен број според
податоците во личната карта.
Стефан излезе со двајца службеници кои ги внесоа
металните куфери од задниот службен влез во банката.

Други две службенички ги пребројаа парите на две


машини за броење .Имаше точно 70 милиони
долари.Едната издвои 500.000 долари и гистави во
метален ормар.Другите пари ги однесоа во голем
трезор.Потоа празните куфери ги вратија во возилото.
Го вратија пасошот и личната карта и документ за девизна
сметка на нејзино име.На друг документ пишуваше дека на
сметката има 69,5 милиони долари.
Ги земаа документите,се ракуваа и заминаа .
Набрзо Марија здогледа кафетерија и даде знак да
застанат.Слегоа и влегоа внатре.Седнаа на маса во
ќошето и нарачаа две ехпресо кафиња.
Стефан испушти воздух со зборот ,,уфф‘‘,како знак на
олеснување.
,,Фала му господ завршивме работа.‘‘

55
,,Да,да, одлично.Сѐ добро се заврши,‘‘ искоментира таа.Се
јави на Никола во Пиреа.Телефонот долго ѕвонеше и на
крај се јави тој.
,,Ало,‘‘ одговори тихо со зарипнат глас.
,,Ало брат, Марија.Од Париз се јавувам.Завршивме
работа, според планот,се е во ред.‘‘
,,Сега ќе го вратиме возилото и летаме за Белград.‘‘ Тогаш
стана свесна за гласот со кој се јави тој.
,,Ти како си брат.Како лековите,делуваат?‘‘
,,Не сум добар,слабо делуваат за сега.Но тоа веќе не е
многу битно.Најбитно е што успешно завршивте
работа.Среќен сум што мојот голем труд во овој ,,проект‘‘
не беше напразно.

Мене можеби малку ќе ми требаат тие пари.Обавезно да го


исплатите Ставрос со 600.000 долари.Уште толку
должам.Од другите можете да трошите колку што сакате.‘‘
Марија свати дека лошо се чуствува и продолжи,
,,Ако треба наместо за Белград можеме дирекно да
дојдеме во Атина.Што велиш,да дојдеме да ти се најдеме
?‘‘
,,Не,не, нема потреба, ќе се средам сам.Не треба да
доаѓате.Веќе многу направивте за мене.Уживајте.Бидете
среќни, живејте го животот,сакајте се.Од мене имате
половина од паритекако подарок .‘‘
Завршија со разговорот, но Марија остана замислена.Не
беше сигурна во лечењето на братот.Беше во дилема дали
да отпатуваат за Белград или за Атина.
Излегоа од кафетеријата и се упатија кон центарот на
Париз.Ја побараа и најдоа ,,рент-а-кар‘‘ агенцијата каде го
вратија ,,трајлерот‘‘.Задржаа два метални куфери, а
другите два ги оставија .Со такси се вратија во
хотелчето,вечераа и уморни веднаш легнаа.

56
Стефан помисли и се обиде за љубовна сеанса,но Марија
не беше расположена поради болеста и состојбата на
братот.Заспаа прегрнати со почит и љубов кон другиот.
Утрото веднаш по кафето тој се јави на аеродромот
,,Орли‘‘ и резервира два билета во прва класа во првиот
лет за Белград.Летот беше во 16 часот.
Се спакуваа,ги ставија своите мали куфери во поголемите
два метални и беа спремни за заминување.Имаа доста
слободно време до заминувањето .
Ја откажаа собата,платија,Го оставија багажот позади
рецепцијата и со такси отидоа во центарот на Париз.

Прошетаа низ центарот, седнаа во Кинески ресторан и


ручаа кинески специјалитет кисело слатко со разни
меса.Потоа повторно се вратија во хотелчето, ги земаа
куферите и со такси се упетија кон ,,Орли‘‘.
На шалтерот за меѓународни летови ги подигнаа
билетите,се ,,чекираа‘‘ и по проверка на пасошите влегоа
во чекалната за нивниот лет.
Имаа уште доста време до полетувањето.Седеа и
релаксирано разговараа.
По половина час симпатичните аеродромски стјуардеси го
отворија излезот и ги упатија низ долгиот ,,тунел‘‘ кон
задната влезна врата од ,,Аирбусот‘‘321.
На вратата ги пречекаа две млади убави ,,домаќинки‘‘ и ги
упатија на нивните седишта во првата класа.
Се наполни авионот. Потоатргна кон предвидената писта
за полетување, се намести во почетна положба и по
добивање дозвола за полетување со максимална сила се
одлепи од пистата и полета кон Белград.
Патувањето беше стандардно и мирно.
Времето беше сончево и ведро.

57
По два часа стјуардесата објави,
,,Молам да ги врзете појасите,исклучите телефоните и
,,лап-топовите‘‘.За петнаесетина минути ќе слетаме на
белградскиот аеродром.
Искусниот капетан вешто и нежно ја приземји ,,големата
птица‘‘ на пистата во Белград.Ги подигнаа куферите и по
проверката излегоа од аеродромскара зграда.
Повикаа такси кој доста брзо ги донесе пред нивниот стан
во ,,Нов Белград‘‘.
,,Конечно дома,‘‘ рече Марија кога влегоа во станот.
По обавезното туширање,освежени но уморни решија
веднаш да си легнат.
Малку разговараа легнати во големиот дупли кревет, а
потоа заспаа.

******

Големиот,,Крузер‘‘ полека се полнеше.Младен


стрпливо посматраше од палубата на бродот.Кога се
наполни двајца морнари во униформа и бели морнарски
капчиња ги откачија специјалните скали од трупот.Првиот
офицер доби наредба од капетанот ,,тргнуваме‘‘.Нареди
понатаму да се вклучат големите мотори.
Водата позади ,,крузерот‘‘ со пена се размешуваше од
работата на големите пропелери.
Огромниот брод започна да се задвижува.Се заврте
полека кон синиот океан и тргна.Патниците на палубите
одпоздравуваа кон брегот каде стоеа многу луѓе,кои исто
поздравуваа со рацете.

58
,,Добро е тргнавме кон Европа,‘‘ помисли Младен
задоволно.
Се упати кон својата еднокреветна кабина на петото
ниво.Багажот веќе беше донесен.Се распакува.Ременот
секогаш го носеше со било кои пантолани, а скапите
,,камчиња‘‘ ги смести во спортското палто кое го облече.
На нозете стави лесни ,,мокасини‘‘.Под палтото имаше
лесна спортска кошула.
Излезе во ходникот и се упати кон заедничките
друштвени простории на четвртото ниво.Во големиот
салон покрај шанкот имаше повеќе луксузни кожни
фотељи групирани со големи ,,троседи‘‘ и
,,двоседи‘‘.Љубезните конобари ги нудеа гостите со
пијалоци од барот.Тиха класична инструментална музика
се слушаше од сите ќошиња.
Гостите повеќето возрасни, тихо разговараа и пиеа од
пијалоците.Седна во една фотеља и нарача виски со
мраз.Неприметно ги посматраше останатите гости и
размислуваше.
,,Како да се преставувам,што работам,од каде
сум,....‘‘Набргу заклучи,
,,Јас сум Американец кој многу години живеел и студирал
во Германија.
Сега живеам во Детроид.Работам во ,,Генерал моторс‘‘
како главен контролор во монтажа на автомобили.Не сум
оженет,а сега сум на годишен одмор.‘‘
Оваа приказна личеше на вистинска и реши така да се
претставува.На шанкот седеше госпоѓа во добри,,средни‘‘
години,на возраст околу 50 години, елегантно дотерана со
скап накит и витка става.
Пиеше вотка и малку арогантно ги посматраше гостите.Го
примети Младен и убаво го измерка.
,,Кој ли е овој згоден тип.Интелегентен
поглед,шармантен,висок,‘‘ помисли.

59
,,Морам да го запознаам.Можеби ќе ме бендиса.Баш би
биле одличен пар.
Пријателките би ,,цркнале‘‘ од завист.Морам да го
освојам,‘‘ заклучи.
Стана, и со пијалокот во рака се упати кон фотељите до
неговата.Седна во една до неговата,зема часопис од клуб
масичката и почна да го прелистува.
Во почетокот глумеше незаинтересираност за никого
околу неа.
Отпи од водката,извади кутија со цигари од малото
ташниче,се сврте кон него со цигарата во раката и
запраша,
,,Имате можеби оган.‘‘
Младен се изненади,ги допре џебовите од панталоните и
палтото и тажно рече,
,,За жал немам,не сум ,,пушач‘‘,но веднаш ќе Ви донесам.‘‘
Рипна од фотењата и отиде на шанкот.

Зема запалка, се врати и ја запали.Таа полека ја принесе


цигарата до пламенот,а со другата го фати за неговата
рака.
Запали, го погледна заводнички и рече,
,,Благодарам.‘‘Тој седна и ја стави запалката до кутијата со
цигари.
,,Крузеров е доста солиден.Втор пат патувам со
него,задоволна сум,‘‘
продолжи рутински.
,,Што мислите Вие, Ви се допаѓа ?‘‘
,,Да,да добар е немам примедба за сега.Се е во
ред.Кабината е пристојна,послугата љубезна и гостите
колку што забележав се ок,‘‘ искоментира,колку да каже
нешто.
,,Гледам Вие сте веројатно Американец, но нагласокот е
чуден,некако врти кон германски.‘‘

60
,,Браво,одлично,точно проценивте.Да,Американец сум, но
мнгу години живеев и студирав во Германија.Сега сеуште
никако да се ,,откачам‘‘од германскиот акцент.‘‘
,,Вие претпоставувам сте Американка, но не можам точно
да лоцирам од кој дел.Сепак мислам можеби од југот
Џорџија,Луизијана или околните држави.‘‘
,,Браво,одлично проценивте.Доаѓам од Луизиана.Таму
сум родена и живеам во Њу Орлеанс покрај Мисисипи.За
жал мојот сопруг почина пред три години и сега живеам
сама во огромна куќа.

Тој наследи од родителите големо богатство кое сега мене


ми припадна.Беше единец, а неговите одмна починале.‘‘
,,Многу зборувам.Многу работи изнакажав за кратко
време‘‘,помисли.
,,А што е со Вас,каде живеете,што работите ? Кажете
нешто за Вас.‘‘
,,Јас живеам во Детроид и работам во ,,Генерал-
Моторс.Сега сум на годишен одмор.А, заборавив да се
претставам, Мајкл Смит.‘‘ Стана и пружи рака.
Се ракуваа, и таа рече ,,Дајана Вилсон .‘‘
Седна повторно и продолжија со разговорот.Дајана многу
внимателно го слушаше,и пожелно го гледаше.
Тој примети,но глумеше како да не приметува ништо.Од
соседната просторија се слушаше музика за плес.
,,Можеме малку да преминеме во другата сала.Таму по се
изгледа свири ,,жива‘‘
музика.Што мислите,‘‘ предложи Младен.
,,Може,зашто да не.Сигурно и таму е пријатно.‘‘Станаа и со
пијалоците во рака се упатија кон соседната сала.Најдоа
слободна маса и седнаа.На страна во салата оркестарот
составен од дувачки инструменти тихо свиреше
популарна музика.

61
Во средината на подиумот неколку двојки
танцуваа.Следната мелодија беше танго, ,,Убавиот свет‘‘
од Луис Амстронг. Милан стана и ја покани дамата за танц.
Таа со радост прифати, стана и заедно се упатија кон
подиумот.Заиграа полека,грациозно.Тој имаше дарба за
танцување исто како татко му Стефан.
Играјќи Дајана рече,
,,Одлично танцувате, се гледа имате чуство за
танцување.‘‘
,,Ниту Вие не сте полоши од мене.И вие прекрасно
танцувате.‘‘одврати тој.
Танцуваа двајцата полека со голем мерак.На крајот кога
заврши музиката, се поклони и ја допрати до нејзината
столица.
Ги испија остатоците од пијалоците и продолжија со
разговорот.Таа беше изузетно расположена во неговото
друштво.
,,Да се напиеме уште по еден пијалок.Вие вотка
повторно?‘‘
,,Да вотка,може.‘‘
Милан стана и отиде до шанкот.Нарача вотка и виски,и со
нов и се врати на нивната маса.

Ја подигна својата чеша, ја погледна во очи и рече,


,,За пријателство и љубов меѓу луѓето.‘‘Таа се насмеа и
потврди,
,,За пријателство и љубов.‘‘ без да го спомне додатокот
меѓу луѓето.
Наздравија и отпија од пијалоците.На следната песна
повторно станаа и танцуваа.
Времето поминуваше во пријатен разговор, танцување,
вотка и виски.

62
Пред полноќ гостите полека почнаа да
заминуваат.Музиката неуморно свиреше,сега веќе само
танго.Две,возраснидвојки сеуште упорно танцуваа.
Младен ја погледна уморно Дајана и спомна,
,,Можеби е доволно како запрва вечер,што мислите Вие.Да
оставиме нешто и за следните денови.‘‘ Таа се насмеа и
одговори,
,,Како ќе кажете.‘‘ Во себе си помисли,
,,Јас би останала со тебе до сабајле било каде да сме.‘‘
Го погледна по којзнае кој пат и заклучи,
,,Стварно овој Мајкл Смит е нешто посебно.Почнав да се
заљубувам во него.На мои години, да неверува човек.‘‘
,,Добро,тогаш можеме да завршиме и да одспиеме
малку.Утре е нов ден, нови случувања не очекуваат,се
надевам пријатни,‘‘ мудро се извлекуваше тој веќе малку
уморен.
Станаа и тргнаа кон излезот од салата.
,,Јас сум на третото ниво,‘‘ спомна таа.
Сите нивоа низ ходниците беа одлично обележени со
јасни патокази и имиња.Ги следеа и стигнаа до пред
нејзината кабина.Застанаа.Таа ја извади пластичната
картичка за отклучување на вратата и рече,
,,Сеуште немам пијалок во кабината.Заборавив,за жал да
понесам од дома,‘‘ и се насмеа.

Очекуваше негова желба да влезат внатре,но тој само


искоментира,
,,Има време, утре може да купиме.Тука има се.‘‘
Се заблагодари за убавото друштво,се ракуваа а тој
спомна,
,,Се надевам утре ќе се видиме повторно.Кабинава е број
310а.Морам добро да ја запомнам.‘‘Замина.
Дајана влезе ги соблече ,,салонките‘‘,ги фрли настана, се
ракомоти малку и се фрли на големиот кревет.Лежеше
кратко и размислуваше,
63
,,Штета што не влезе,можевме убаво да се
погалиме.Креветов е супер за тоа.‘‘
,,Добро, не мораме да брзаме, имаме уште седум дена до
Англија.‘‘....
Младен се качи до второто ниво и влезе во својата
кабина.Се раскомоти и легна уморен од напорниот ден.Не
можеше да заспие. На ум му дојде неговата сакана Сабина
и ќеркичката.
,,Што ќе помисли ако ме видеше во друштво со удовицава
од Америка.Како ќе објаснев дека ова мора да го правам
за дапотполно се маскирам.Алба и братот се опасни и
бистри.Сигурно ќе ги проверуваат сите ,,крузери‘‘ кои
патуваат за Европа.‘‘
Дајана беше добра ,,женска‘‘,добро градена,убава, и
богата.Скоро секој сам маж би пробал да ја освои, но тој ја
гледаше со други очи.Таа беше само ,,маска‘‘ позади која
сакаше да се скрие од Алба која беше цврсто решена да го
фати и врати кај неа во Колумбија.
Сабајлето го разбудија сончевите зраци кои продираа нид
округлите прозори од кабината.

Стана во седум часот, се истушира,се облече во спортка


облека со патики,спортска кошула,спортски
пантолани,голф капа и очила за сонце.Се качи на првата
платформа кеде имаше обележена патека за одење и
разни ,,фитнес‘‘ справи во почетниот дел.Таму веќе
повеќе патници пешачеа,а некои вежбаа.Тргна низ
патеката,сврте еден круг и ја здогледа Дајана во полу
легната положба во ,,Лигештул‘‘ покрај рачните направи за
вежбање.
Беше облечена во спортски тесни панталони и спортска
кошулица,кои убаво ги отцртуваа нејзините
облини.Носеше и очила за сонце и свилена марама околу
вратот.
64
Загледана во брановите што ги правеше прамецот сечејќи
ја водата,не го примети како се приближува кон неа.
Кога дојде многу блиску до лежалката се сврте, го виде и
извика,
,,О, Мистер Смит,какво пријатно изненадување.‘‘ Се
подисправи и го покани со раката да седне на соседната
празна лежалка.
Младен седна, и искоментира,
,,Јас планирав да пешачам малку,но друштвото со Вас е
попријатно.Да пешачам можам и покасно,
придвечер,утре,‘‘ додаде со насмевка.
Таа се насмеа,го погледна и помисли,
,,Веројатно ме бендиса во гардеробава.Сеуште сум
,,добра риба‘‘,не сум за ,,фрлање‘‘.
Пријде млада девојка во кенлерско кратко фустанче и
бела мала престилка и ги праша,
,,Што ќе се напиете.‘‘
Таа брзо одговори,
,,Природен сок од авокадо за мене и, застана и погледна
во него.‘‘
,,И за мене исто како дамата,‘‘ одврати и продолжи,
,,Па како спиевте мадам Дајана после возбудливиот
вчерашен ден.‘‘
,,Добро, благодарам.Сум имала и по возбудливи денови
во животот,‘‘ одговори и го погледна право во очи.Се беше
јасно како ден.
Тој одврати на погледот и помисли,
,,Морам да успорам малку,брзо оваа ќе ме легне.Што ќе
помисли мојата Сабина.‘‘
Келнерката ги донесе соковите во големи високи чаши и
неколку врсти ситни суви слатки во мало тањирче. Пиеа
од соковите и разговараа за патувањето.

65
******

Од другата страна на океанот во хациендата Алба


размислуваше и анализираше како можел
незабележително да избега кон Европа.
,,Па да, мора да отпатувал со некој ,,крузер‘‘.Со нов лик и
измешан со неколку илјади патници лесно и безболно
отпатувал,‘‘ помисли.
Нареди да се најдат кои големи бродови пловат кон
Европа.Кои се сите градови каде попатно застануваат и
последните дестинации.
Упати свои луѓе со негови фотографии после операцијата
во сите пристаништа каде застануваат во Европа и надвор
од неа.Дозна дека шест големи бродови моментално
пловат кон Европа.Најде по некој од нивните луѓе кои
имаат свои во секој ,,крузер‘‘.
Се јави на секого и испрати слики од Младен.Вети убава
парична награда за секоја употреблива информација.
Кога заврши зема чаша со виски,седна во фотеља и
повторно размислуваше,
,,Ако е на некој од овие шест сигурно ќе го препознаат.Но
што правиме ако изнајмил некој авион да го префрли до
Шпанија или Португалија, а потоа е лесно понатаму.‘‘
Заклучи,
,,Невозможно е да се ,,покрие‘‘ секоја опција, но сепак
треба да се обидам.‘‘
,,Вреди тој да се најде и врати кај мене.‘‘

66
Наредниот ден се јави лице од најголемиот ,,крузер‘‘
Атлантида и кажа дека има лице кое малку подсетува
на сликата.Или е брат близнак,или добро се
маскирал.Алба многу се возбуди и енергично нареди,
,,Пратете го дење - ноќе.Сакам да го знам секој негов
покрет.

Со кого разговара,со кого се дружи,што прави,се,се,се


сакам да знам.Ако е тој и ако го ,,фатите‘‘ ќе добие секој
награда од 200.000 долари на рака.‘‘
Тројца од персоналот се растрчаа.Го следеа неприметно
24часа.
Младен набрзо примети дека го следат неколку луѓе од
персоналот.Набрзо стана сосема јасно,Алба го открила и
сега чекаат момент кога да го фатат и вратат назад.
Цело време размислуваше како да ги надмудри и да
избега, но не гледаше начин.
Остана само опцијата да глуми дека ништо не
приметува.Тие да се опуштат малку, и кога ќе стигнат во
првото пристаниште, а тоа беше на островот Мадеира да
избега некако со чамец .
Друга дилема беше дали има смисол се да и каже на
Дајана и таа да му помогне во бегството.Ако ја излаже дека
ја сака и вети долго шетање низ Европа можеби ќе му
помогне да избега.Таа познаваше повеќе лица од посадата
и морнари,бидејки претходно два пати патувала со истиот
брод.Тие убаво ги паметат богатите напојници кои ги
добивале од неа за било каква услуга.
,,Не,не, не е чесно да ја лажам толку безсрамно, а потоа да
избегам за Дизелдорф и да ја оставам негде сама,‘‘
закличи дефинитивно.
,,Ќе се обидам сам да го решам мојов проблем.

67
Сигурно ќе најдам некој морнар кој за еден дијамант од
200.000 долари ќе ме префрли тајно со чамец до брегот на
Мадеира.‘‘
Наредните два дена интнзивно се распрашуваше
дискретно како прв да се префрли до брегот по
пристигнувањето на пристаништето.
Измислуваше разни причини,од изненадување на
вереницата во Фунчал, до изневерена сопруга која го чека
на брегот.Неколку морнари го одбиваа плашејки се од
губење на убавата работа на бродот.Третиот морнар кој
заобиколно го праша пиејки со него во барот, дали е
можно некој да се искрца незабележен со мал чамец на
брегот пред слегување на другите патници одговори дека
не е проблем,но ако ги откријат ќе го избркаат.Ризикот е
голем, но за добар износ би размислил.
Таа изјава го израдува Младен.Понуди два дијаманти секој
вреден најмалку 250.000 долари.Понудата беше
примамлива и морнарот прифати.
Тоа малку го смири и продолжи да се дружи со Дајана
за да не се примети дека нешто спрема.Преку ден шетаа на
првата, највисока палуба,пешачеа и уживаа на убавото
сончево време.Навечер често вечераа заедно, а потоа
танцуваа во салата со музика и пиеа низ разговор.
Дајана очекуваше да се обиде да ја ,,легне‘‘ но тој
вешто избегнуваше со разни изговори. Таа беше во
дилема.Од една страна сакаше да се дружи со
неа.Покажуваше нескриени симпатии кон неа,а од друга
страна не се обидуваше ништо повеќе.

Дали е многу срамежлив,или има проблеми со


импотенција,или е ,,хомич‘‘, стално се прашуваше.Сепак
многу сакаше да се дужи со него.Ја привлекуваше
неговото присаство,љубезноста и шармантноста.
Предпоследниот ден Младен се состана со морнарот
и ги договорија сите детали.
68
,,Крузерот‘‘ требаше според редот на пловење да стигне
во Фунчал околу пет часот наутро.Искусниот капетан,стар
,,морски волк‘‘ секој пат пловеше малку по брзо од
предвидената брзина за да има резерва во време ако
евентуално се случи нешто непредвидено.Така и овој
пат.Се приближуваа кон Мадеира во четри часот.
Младен спремен со куферот чекаше знак од морнарот
според договорот.
На еден километар од пристаништето доби знак и тој
полека се упати кон задниот страничен дел на
бродот.Морнарот брзо и спретно спушти гумен чамац со
мал рачен мотор на мирната површина на океанот.Спушти
и специјални мердивани од дебели јажиња.Младен дојдеи
полека се спушти во чамецот каде го чекаше морнарот.
Тој го вклучи моторот и тргнаа кон брегот.Сеуште беше
темница.Никој ништо ниту виде,ниту
слушна.Друг морнар,пријател на првиот ги откачи
мердиваните кои брзо паднаа и потонаа во водата.
За десет минути чамецот дојде до брегот.Слегоа двајцата.

Младен ги извади дијамантите и ги предаде на


морнарот.Тој радосно ги погледа,ги зема, се ракуваа и
секој замина на своја страна.
Морнарот влезе во чамецот и отплови во темницата долж
брегот.
Младен со куферот во рака, но маскиран со
перика,брада,мустаќи,очила без диоптер и голф капа
излезе на патот.Чекаше да помине некој автомобил или
такси.По десетина минути помина комбе.Мафна со раката
и возачот застана.
,,Треба да стигнам во Фунчал.Дали одите натаму?‘‘
,,Имаш среќа,возам дирекно за Фунчал,качувај се.‘‘
одврати возачот.
Го стави куферот позади и влезе во комбето.
Возачот не беше зборлив.
69
Го погледна и го праша,
,,Дали имаш цигара,јас моите ги испушив.‘‘
,,Жалам но не пушам,‘‘ одврати Младен.
,,Но имам малку виски во куферот, ако сакате ќе го
извадам.‘‘
,,Може,зашто да не.‘‘ Го запре комбето и го извади шишето
со виски од куферот.
Четвртастата флаша од ,,Џек Даниелс‘‘ беше скоро
полна.Претходниот ден ја отворија со Дајана во неговата
кабина.Го понуди возачот.Тој отпи долга голтка и ја врати
флашата.
,,Одличен виски.Одавно не сум пиел волку добар виски.‘‘
Младен пивна мала голтка и ја одложи флашата покрај
возачкото седиште.
,,Ако сакате уште само кажете.‘‘
,,Доста е, возам.Можеби покасно.
Се возеа кон Фунчал.Почна да се разденува.Дење беше по
пријатно да се патува,но никој ништо не зборуваше.По
половина час возачот запраша.
,, Не е мое да прашувам, нокако се најдовте на овој пат?‘‘
,,Долга приказна.‘‘ Кратко одговори.
,,Добро,добро, разбирам,‘‘ заврши возачот.
По два часа влегоа во Фунчал.Веќе беше одавно
разденето.
,,Јас возам до ова складиште,‘‘ рече и покажа во правец
кон центарот.
,,Одлично,таму ќе слезам.‘‘Набро застана комбето, го зема
куферот, се заблагодари и се тргна од патот.

Возачот викна,
,,Вискито,го заборави шишето.‘‘
,,Не го заборавив,го оставив за тебе,‘‘ рече и мафна со
раката.
Комбито се изгуби во далечината, а тој остана да чека да
помине некое такси.
70
Чекаше добри 30 минути кога од аголот се појави жолто
такси. Ги дигна рацете полесно да го забележи.Таксистот
застана, го уфрли куферот позади и влезе.
,,До аеродромот,‘‘ изговори брзо.
,,ОК, Шефе,‘‘ одврати таксистот. За кратко време го однесе
на аеродромот возејки брзо низ празните улици.Плати,го
зема куферот и влезе во малата аеродромска зграда.
На единиот отворен шалтер праша за првиот лет кон
копното.Љубезната девојка одговори,
,,За два часа има лет за Лисабон.Има уште слободни
места.‘‘ Купи карта,се чекираше, го предаде багажот и
слободен излезе на терасата на зградата.
Седна на една маса и нарача кафе.
Размислуваше,
,,Досега добро оди.Да видиме понатаму.‘‘Помисли на
Алба.
,,Сигурно не се откажала од потерата,треба да многу да
внимавам,опасна е таа кучка‘‘. Потоа мислите му одлетаа
во Дрезден кај неговата љубов Сабина и малата
ќеркичка.Тоа го натажи, но воедно доби сила упорно да
продолжи до крај.
Понатаму помисли и на Дајана.Се срамеше од неговите
постапки кон неа,од лагите и глумењето.Но оправдување
сепак наоѓаше во фактот дека мора на секаков начин да се
спасува од колумбиската мафија.Половина час пред летот
се упати кон царинската контрола, и потоа се упати заедно
со другите патници кон влезот во ,,Аирбусот‘‘ 321.Влезе и
седна на своето седиште.
Набргу моторите забрујаа и леталото започна полека да се
движи кон пистата.
На почетокот застана,и по добивање дозвола за
полетување, со максимална сила се забрза и одлепи од
аеродромската писта.Полетаа кон Лисабон.Времето на
патот беше убаво,ведро и мирно.

71
По неполни три часа љубезната стјуардеса објави,
,,Драги патници,,за околу петнаесет минути слетуваме
на аеродромот во Лисабон.‘‘
Капетанот ја намали силата на моторите, го спушти малку
,,носот‘‘ и ,,меко‘‘ ја приземји ,,металната птица‘‘ на
пистата.
Милан го подигна багажот и после прегледот на
пасошите излезе од аеродромот.
Повика такси кој го однесе до мал хотел на крајот од
градот, кој го препорача таксистот како неугледен и мирен
.
На рецепцијата побара еднокреветна соба за неколку
денови и со клучот во рака се качи во собата на првиот
кат.Се раскомоти и легна облечен малку да се одмори.
Задрема.Сонуваше како шета со Сабина и ќеркичката низ
Дрезден, радосни и среќни.Се разбуди испотен и влезе во
купатилото.Се истушира.
Убаво се освежи и потоа се јави на рецепцијата каде
нарача ладно јадење .Набргу млад келнер со послужавник
влезе и го донесе јадењето.Го вклучи ТВ апаратот и седна
да руча.
Најаден и освежен се навали во креветот и еден час
гледаше тв филм.
Малку размислуваше и одлучи да патува со автобус
до Мадрид, а потоа ќе види како до Дрезден.
Се пресоблече, се маскира со перика,брада,мустаќи и
очила,стави туристичка шапка и излезе од хотелчето.
.Почека малку и го сопре првото такси, кое го однесе
до автобуската станица.

Таму го разгледа возниот ред за Мадрид,одбра и купи


билет за следното утро.Прошета низ Лисабон, вечера во
пицерија и повторно со такси се врати во хотелот.

72
Следното утро стана рано,се спакува,плати и се
одвезе на автобуската станица.Го смести багажот и седна
на своето седиште.
Автобусот се наполни и веднаш тргна кон Мадрид.Патот
беше долг и досаден. Со неколку попатни застанувања по
девет часа пристигна во Мадрид.Најде мал хотел и се
смести .Уморен, вечера во ресторанчето од хотелот се
врати во собата и легна.Не заспа веднаш.Правеше
комбинации како да стигне дома.Наједноставно но
најризично е со авион.Од друга страна најсигурно и
најбезбедно е со автобуси на кратки релации.Трета
комбинација беше со авион до некој мал град во Европа, а
од таму со автобус до Дрезден.
Одлучи да патува со авион до Љубљана, а потоа со
автобус до Дрезден.Се јави на аеродромот и најде
директен лет за следниот ден во осум часот за цена од 560
евра.Резервира билет. Се смири и набргу заспа.
Утрото рано се спакува, плати и повторно со такси се
пребаци до аеродромот.
Го зема резервираниот билет,се чекира,го предаде
куферот и се упати кон царинската контрола.По
контролата на пасошот влезе во чекалната за меѓународни
летови.
Набргу две аеродромски стјуардеси го отворија излезот за
летот кон Љубљана и сите патници се упатија кон влезот
во авионот.Влезе внатре и седна во своето
седиште.,,Аирбусот‘‘ А320 се наполни и полека почна да
се движи кон пистата.
Застана на почетокот,се забрза со максимална сила и
полека се одлепи од пистата.Летнаа кон Љубљана.Летот
беше малку турбулентен,посебно над алпите.
Искусниот капетан потоа полека го спушташе леталото кон
Љубљанскиот аеродром и потоа меко слета на пистата.
Нормално го зема багажот,ја пројде царинската контрола
и излезе од аеродромот.
73
Стандардно со такси се одвеза до хотел ,,Слон‘‘ во
центарот на градот.
Побара еднокреветна соба и со куферот се качи на
вториот кат.Влезе и се раскомоти.Седна, не го држеше
место, стана и легна облечен.Лежеше,одмараше и
резмислуваше за понатамошно движење кон дома.
Најпаметно повторно се чинеше патување со автобус
до Дрезден.Имаше на ум и други варијанти, но ги отфрли
како рискантни и долги.
Повторно заклучи,
,,Ќе патувам со автобус.Така е најдобро и најбезбедно.‘‘ Се
јави на автобуската станица и резервира седиште за
првиот автобус кој поаѓаше во шест и триесет часот
наутро, а патувањето трае 12 часа.
Се соблече и легна уморен од целодневните активности.
Периката ја извади, но брадата и мустаќите не.
Веднаш заспа. Спиеше цврсто, бидејки беше многу
уморен.Утрото стана многу рано.Се облече,ја намести
периката и ја поправи брадата.Се спакува набрзина,плати
и се одвезе до автобуската станица.Го подигна билетот,го
смести куферот и седна на своето седиште.Автобусот
беше модерен и нов.По влегувањето на сите патници
тргна кон Дрезден.Патувањето беше пријатно со
новиот,луксузен автобус, и малку досадно.Времето беше
облачно и студено, но тоа не беше никаков
проблем.Неколку пати застана за кратки паузи и по 12 часа
влегоа во Дрезден.
Срцето му заигра кога го виде градот каде живееше со
саканата сопруга и каде ги помина студентските
денови.Нестрпливо чекаше да застане автобусот на
главната автобуска станица.
Слезе и со куферот влезе во првото тракси кое го
одведе во близина на нивната куќата.Слезе,го зема
багажот,плати и застана.

74
Се сети дека сегашнит негов лик е сосема друг. Дали
дирекно да оди дома или следниот ден, не беше сигурен.

*******

По трагичната смрт на сопругот Младен, Сабина


сеуште живееше во куќата со својата ќеркичка.
Се помири со лошата судбина и продолжи со работа и
грижа за ќерката.Еден ден кога стана од спиење примети
дека има вртоглавица.
Полежа уште малку, но вртењето сеуште го имаше.По два
часа се разбуди и ќеркичката.Мораше да стане. Малку
несигурна ја зема малата и двете се вратија во
креветот.Лежеа, играа и се смееа.
Послеизвесно време вртоглавицата се изгуби.Радосна ја
однесе ќерката во градинка и се јави во фирмата.Објасни
дека мора на доктор.Со нивниот ,,голф‘‘ се одвезе до
Клиниката и се пријави за преглед на одделот ОРЛ.По
половина час чекање ја прими специјалистот за уво-нос и
грло, ја прегледа, но не можеше ништо да открие.
Препиша лек за вртоглавица и препорача мирување,
никако управување со возило.Ќе мора да се направат
додатни истражувања, но по десет дена мирување.
Се врати дома и незнаеше што и како понатаму додека не
се среди вртоглавицата.
Главен проблем ,покрај мирувањето беше носење и
земање на ќерката од градинка.Не знаеше како да го реши.

75
Се јави кај родителите кои не можеа да помогнат
поради болест на татко ѝ.

Се сетија на постариот брат на мајка ѝ кој имаше


викендица на канарските острва каде со сопругата
поминуваа по неколку месеци во годината.
Поради староста имаа ,,батлер‘‘,кој покрај сите други
активности беше и нивни возач.Тој моментално беше
слободен поради отсаството на газдите.
Сабина му се јави и го викна кај неа на разговор.Тој
брзо пристигна и седнаа во салонот.Го понуди со пијалок
и веднаш го изнасе проблемот со возење на автомобилот.
Го праша дали би можел извесно време, месец,два,
додека не се вратат газдите да ги вози сo автомобилот и
носи ќерката во градинка.
Веднаш се сложи не прашувајки за кој хонорар.
Бидејки куќата на газдите беше на другиот крај од
градот, се сложи,поради поедноставност да престојува во
нивната куќа.Воедно предложи и да набавува се што е
потребно.
Започна со на активностите и се одлично
функционираше.По десет дена Сабина ги направи
додатните испитувања,но повторно не се откри ништо
.Вртоглавицата малку се намали но повремено се
јавуваше.

Младен се приближи до нивната куќа и тихо пријде до


надворешните прозори.Погледна внатре и ја виде Сабина
со ќеркичката покрај огнот во каминот. Се двоумеше дали
да зазвони или да чека некое време.Немаше храброст да
каже што и како било.
Замина кон градот.Со такси се одвезе до мал хотел,
изнајми еднокреветна соба и се смести во неа.
Возбуден од ситуацијата не заспа, размислуваше како
да постапи.
76
Од повеќето варијанти одбра една,
,,Да се заменам со возачот и извесно време работи како
возач, за да бидам поблиску до ќеркичката и Сабина, а
потоа ќе видиме.‘‘
Утрото со такси се префрли до куќата и чекаше да излезе
возачот со ќерката.
По кратко време излезе со малата, влезе во ,,голфот‘‘ и се
упати кон центарот.
Такси возилото ги следеше на безбедно растојание.Пред
градинката застана и ја одведе малата внатре.
Младен го плати возењето и чекаше да излезе.Набрзо
возачот излезе.Му пријде и го замоли за краток разговор
во блиската кафетерија.
Влегоа и нарачаа две ,,експреса‘‘.Започна да ја изнесува
идеата,
,,Сакам да Ве заменам како возач во нивната фамилија.Таа
работа ми одговара за подолго време.Спремен сум добро
да платам да ми ја отстапите веднаш Вашата работа, и да
ме препорачате за возач и други работи.‘‘
Возачот зачудено го гледаше.Ништо не му беше јасно.
,,Зашто инсистирате на оваа работа.Има многу други
места каде моше да работите како возач, и за поголеми
примања.‘‘

Младен продолжи упорно,


,,Имам свои причини. Замената сигурно ќе ви се исплати
замената.Ќе Ви дадам дијамант,со вредност од најмалку
100.000 долари.Ќе го провериме заедно кај експерт за
драги камења,ако сакате уште денес.‘‘ Сто илјади долари
за замена.Не можеше да поверува.Се сложи,но претходно
да го однесат дијамантот на проверка.
Заедно се упатија до голема продавница за
накит.Газдата, возрасен господин со бела коса прифати
веднаш да го процени скапоценото камче.

77
Ставо голем ,,монокл‘‘ на десното око и полека и детално
го разгледуваше дијамантот.Потоа одлучно рече,
,,Дијамантот е вистински, и вреди од 120 до 140.000
долари.ако сакате можем да го откупам за 120.000.‘‘
Се заблагодарија и ветија дека ќе размислат за
продавање на истиот.
,,Добро,се сложувам да го отстапам местово во замена за
ова ,,камче‘‘,‘‘рече и се насмеа.
,,Кога сакате да започнете со работа.‘‘
,,Може уште од утре,ако немате ништо против.Само мора
да ме прими на работа госпоѓата,инаку не важи договорот.
,,Секако,секако.Ќе Ве прими не берете гајле.Јас ќе ја
убедам.‘‘
Разменија телефонски броеви, и се договорија да се
,,чујат‘‘ веднаш кога ќе биде сѐ средено.
Возачот потоа се врати во куќата.По пат направи план како
да ,,изигра‘‘ за да биде убадлив.
Кога стигна во куќата ја викна Сабина и ја замоли за мал
итен разговор.Таа се зачуди зашто итен разговор, но
прифати.Седнаа на троседот во салонот и тој почна да
објаснува,
,,Мојот татко кој живее сам, по смртта на мајка ми во
Хамбург многу се разболел.
Веќе е доста стар и сам не може да се грижи за себе и да
се лечи. Ме моли да се преселам кај него и заедно да
живееме.
Жал мие за стариот кој е немоќен и белен.Морам да
прифатам сега за сега да живеам со него и ако оздрави,
тогаш ќе видиме како понатаму.Жалам што морам да Ве
напуштам.
Но нема да Ве оставам на цедило.Имам многу добар
другар,кој е исто возач.
Млад,воспитан,се разбира во механика и по природа
многу услужлив.

78
Сигурен сум дека ќе бидете задоволни.Моментално е
слободен, фирмата каде работел пропаднала.Ако сакате
веднаш ќе го викнам на интервју.
Сабина се изненади од одлуката на возачот и прифати
веднаш да дојде новиот на разговор.Возачот се јави на
Младен веднаш да дојде во куќата на разговор.
Пред да тргне за секој случај стави мали уметоци во устата
со што говор драстично се премени.
Требаше да внимава и на покретите,бидејки Сабина
многудобро го познаваше.Заедно студираа, се забавуваа
и се венчаа.
Стигна пред куќата. Имаше трема и дилема дали ќе го
препознае и покрај сосема другиот лик и изговор.Зазвони
на влезот.Отвори таа и праша ,,Кого барате‘‘.
,,Воопшто не ме препозна‘‘помисли,и продолжи,
,,Повикан сум на интервју за работа како возач
госпоѓо‘‘,одговори со брзање.
Тоа беше сосема спротивно од неговиот оргинален говор
кој беше рамномерен,без брзање.
,,О,Вие сте возачот,‘‘ изненадено рече таа.
,,Повелете влезете,‘‘
,,Благодарам,‘‘ одврати и влезе внатре.
,,Културен возач‘‘, помисли таа.
Внатре седеше возачот.Стана и се поздрави со Младен и
додаде,
,,Здраво дечко, како си.‘‘
Седнаа. Возачот повторно објасни се.Тогаш се вклучи
Сабина и праша,
,,Колку време работите како возач.‘‘
,,Седум години госпоѓо.Од осумнаесет.Но и пред тоа сум
возел понекогаш, но без дозвола.‘‘
,,Се разбирате и во механика, и техника,зар не.‘‘
,,Да,да госпоѓо,уживам да ,,чепкам‘‘ и поправам.Тоа го
наследив од татко ми, кој исто беше по механиката.‘‘

79
,,Се што ќе се расипе во куќата ќе го поправам, сем тв
апаратот.Тоа не знам да поправам.‘‘ Сите се насмеаа.
Воопшто не праша за личен доход што ја изненади Сабина.

Таа сама потоа рече,


,,Не можам да плаќам повеќе од 800 евра месечно, плус
храна и сместување.Живеам сама со ќерката,а куќа има
доста трошоци.Не знам дали е доволно, но навистина
повеќе не можам.‘‘
,,Покрај возење до градинка и назад, и мене понекогаш, ќе
треба да се грижите и за тревата во дворот,набавки и
поправки во куќата.‘‘
,,Нема проблем, прифаќам.Уживам да косам трева со
машина.А уживам и во поправки,и набавки.‘‘
,,Па Вие во се уживате,‘‘ со насмевка додаде таа.
,,Не во се госпоѓо.Мразам да перам, да пеглам и да мијам
прозори.‘‘ На што сите слатко се изнасмеаа.
,,Добро, примен сте.Кога можете да почнете со работа.‘‘
,,Слободен сум.Може уште од утре,ако Ви одговара.‘‘
,,Одлично,значи од утре на работа.‘‘Се поздравија и
двајцата заедно заминаа.Возачот со ,,голфот‘‘ го префрли
до хотелот.Се качија горе во собата.Младен го извади
дијамантчето и го подаде.
,,Повели пријателе,го заслужи.Одлично изигра,секоја
чест.‘‘
Го зема,се поздравија и повторно замина кон куќата.Се
спакува, ја зема малата од градинка, се збогува со Сабина
и ќеркичката и замина.
Таа остана сама со ќерката.Седна во фотељата и се
замисли.
,,Имав среќа со новиов возач.Културен е,воспитан,и
скромен,што е за почит.‘‘
,,Многу подсетува со манирите на мојот покоен Младен‘‘.
Се натажи кога помисли на нејзиниот сакан починат маж.

80
Младен набрзина се спакува,плати, и со такси дојде во
куќата.
Зазвони на вратата.Таа отвори и рече,
,,Браво, многу сте брз, одлично,влезете.‘‘ Влегоа во
салонот, седнаа и продолжи,
,,Сега,за кратко ќе ја средам Вашата соба.таа е истата во
која спиеше претходниот возач,Вашиот другар.‘‘
,,Се е во ред, не морате да брзате.Гледам тревата во
дворот доста пораснала.Ако имате машина за косење
можам да ја средам додека Вие ја припремате собата.‘‘
,,Добро,добро, косилицата е во гаражата. Ќе ја видите
веднаш.‘‘
Младен стана,отиде до гаражата и ја извади
косилицата.Беше спортски облечен,така да не беше
проблем веднаш да почне со работа.
Дворот не беше многу голем,само 300 метри квадратни.Го
среди за неполн час и половина.Ја врати косилицата во
гаражата и дојде во салонот.
,,Гаражава не е баш средена госпоѓо.Ќе ја средам за
ден,два, нема проблем.‘‘
,,Не мора да ме ословуваш со ,,госпоѓо‘‘, јас се викам
Сабина.Слободно викај ме Сабина.А твоето име ?‘‘
,,Јас сум Џон Смит‘‘.многу одамна живеам во германија
така да нагласокот ми е малку чуден.‘‘

,,Да,да и јас приметив нешто чудно во нагласокот,‘‘ рече


таа.
,,Собата е спремна, можеш да се сместиш.Потоа слези
долу да ручаме.
Можеме стално кога си тука заедно да јадеме.По пријатно
е во друштво.‘‘
,,Да,да секако,нема проблем,‘‘ одговори и ја погледна.
Започна со работа.Цело време беше околу Сабина и
ќеркичката како што се договорија.Тоа многу му годеше.
81
Ја гледаше ќеркичката која ја обожаваше, исто и неговата
Сабина која исто така многу ја сакаше.
Следните два дена комплетно ја среди гаражата.Сега беше
како во апотека.
Таа многу задоволна стално го фалеше со зборовите, и
мојот покоен сопруг беше многу педантен, се мораше да
биде под конец.
Младен се сети на сестрата Даниела од Франкфурт
која сигурно сеуште жалеше за загинувањето на
братот.Наредниот ден ја однесе малата во градинка и од
,,голфот‘‘ се јави во Франкфурт.Таа веднаш одговори,
,,Ало,овде Даниела,когобарате.‘‘
,,Ало,сестро Даниела,возбудено викна тој.Јас
сум,Младен,твојот брат.‘‘
,,Каква е оваа неумесна шега,мојот брат погина во
Колумбија.Кој сте вие.кој ви го даде мојот
број,безобразниче.‘‘ Ја прекина врската многу лута.
Повторно зазвони.Се мислеше дали воопшто да се
јави.

Сепак се јави,
,,Ало,кој сте вие, што сакате од мене.Ова со братот е
многу ,,бизарно‘‘.
Да ги оставиме мртвите да почиваат во мир.‘‘
,,Чекај,чекај сестро, копилотке, не се лути, јас сум,
чекај малку ќе се објасниме.Сакам да се видиме и се ќе
тиразјаснам и објаснам,полека, се ќе разбереш.‘‘ упорно
зборуваше Младен.
,,Види дечко, сега сум лута и нервозна, имам и јас
свои проблеми.
Ајде утре да се чуеме,ако веќе толку инсистираш.Да
чујам што имаш да кажеш.‘‘
Даниела беше многу лута и разочарана поради ќерката
која беше болна од пнеумонија и лежеше во детската
клиника на клиничкиот центар во Франкфурт.
82
Сопругот исто копилот во ,,Луфт-Ханза‘‘ цело време на пат
по светот а највеке кон Америка, Сан Франциско ,ЛасВегас
и Њујорк.
Таа се дотера и со автомобилот замина во детската
клиника во посета на ќеркичката.
Малата лежеше и примаше инфузија. Изгледаше
изнемоштено и бледо.

Се сретна со докторката која забринато изјави,


,,Состојбата е озбилна,нема за жал подобрување и покрај
јаките лекови.‘‘
Се врати дома и легна многу тажна за ќерката.Вечерта
дојде од пат и сопругот Горан.Уморен и нељубезен од
долгиот и напорен пат скоро да не ја слушаше кога
објаснуваше за состојбата на нивната ќерка.Без коментар
веднаш легна и заспа.Даниела беше многу лута и
разочарана за слабиот интерес на сопругот за ќерката.
Другиот ден заедно отидоа во болницата.Докторката ги
пресретна и однесе во оделот за интензивна нега каде
беше префрлена малата.
,,Состојбата не е добра.Чудно се однесува малиот
организам на детето.Не сме имале до сега ваков случај. Не
реагира на лекарствата.Едноставно не знаеме што повеќе
да преземеме.‘‘
Даниела и мажот останаа стаписани.
Немаа зборови.Сепак таа прозборе,
,,Добро докторке, сега што треба да правиме.Да ја носиме
на друга клиника или што ?‘‘
,,Не,не, никако, преслаба е за транспот.Ние се
консултираме со колегите од другата клиника во
Дрезден.Ниту тие немаат идеа што и како понатаму.
Остнува да чекаме самиот организам да се избори со
болеста.‘‘
Заминаа.По пат почнаа да се расправаат кој е крив за
состојбата.
83
Таа го обвинуваше него, кој никогаш не беше дома да се
дружи со малата.Тој исто ја обвинуваше неа дека лошо ја
чувала.
Следното утро се јавија од клиниката и ги викнаа веднаш
брзо да дојдат.Малата е уште по лошо.

Брзо стигнаа,се качија во оделот за интензивна нега.Дојде


докторката која кажа дека малата починала пред половина
час.
И покрај сите напори не можеле да ја спасат со никакви
срества.
Даниела беше скршена.Нозете не ја држеа.Ја седнаа на
столица во чекалната.Со нив седна и медецинска сестра
која ги тешеше.
По еден час малку се средија.Главната сестра објасни дека
скоро секогаш при вакви случаи ги носат дирекно во
капела, а потоа ги погребуваат или кремираат.
Ги потпишаа потребните документи и многу тажни заминаа
дома.
По два дена ја погребаа ќеркичката на градските гробишта
во Франкфурт.
Даниела потполно заборави на двата чудни телефонски
разговори со некој кој се преставуваше како нејзин брат.
Сопругот повторно леташе за Сан Франциско.Даниела
остана сама дома.
Телефонот зазвони.Се јави.Од другата страна женски глас
ја праша,
,,Вие сте сопруга на копилотот Горан од ,,Луфт-Ханза‘‘,зар
не.‘‘
,,Да,да јас сум неговата сопруга,‘‘ одговори полека.
,,Кој сте вие,што ви треба,зашто го барате Горан.Што е
работата.‘‘
,,Видете госпоѓо,Вашиот маж ве изневерува,како и
мене.Јас сум стјуардеса во ,,Луфт-Ханза.

84
Со мене Ве изневеруваше една година, а потоа со груга
жена во Сан Франциско, со кој има машко детенце.Тој е
,,ѓубре‘‘ невидено.Толку,само да знаете,‘‘ и ја прекина
врската.
Даниела остана стаписана.Не можеше да поверува во тоа
што го слушна.
,,Сонувам или ова е јаве‘‘, се прашуваше.
Сега стана јасно зашто често ,,леташе‘‘ за Сан Франциско.
Многу почесто од сите други патувања.
Лута и разочарана не знаеше што да прави од бес.Шеташе
горе доле во салонот и размислуваше,
,,Ќе го оставам,ѓубре невидено.Ќе се разведам
веднаш.Штом се врати од пат ќе поднесам документи за
развод.
Во тој момент повторно зазвони телефонот.Се јави
енергично,
,,Алооо, кого барате.‘‘
,,Овде братот,сакам да се видиме те молам, се ќе
објаснам.‘‘
,,Слушај ти барабо,не мие до заебанција,што сакаш да
постигнеш.Не те разбирам‘‘
,,Чекај те молам,ништо не сакам, само сакам да се видиме
и да разговараме.Се јавувив во Белград кај тато Стефан
но никој не одговара,вероватно е сменет бројот или со
Марија негде патуваат.‘‘
,,Чекај,чекај, од каде Стефан, Марија, од каде тие имиња.‘‘
,,Како од каде.Нели по смрта на мама Милена тато се
запозна со Марија и сега заедно живеат во нашиот стан на
,,Нов Белград‘‘.
Даниела се укочи од изненадување.Не можеше да
поверува некој преварант да ги знае сите нејзини
најблиски.
Дојде малку на себе и брзо рече,
,,Најдобро е да се видиме и да поразговараме околу се.‘‘

85
,,Добро сестро,ќе гледам што побрзо да дојдам во
Франкфурт.Треба да добијам слободен викенд од
газдарицата каде работам како возач, и потоа доаѓам.‘‘
,,Чекај,чекај Младен.Јас сум слободна,јас ќе дојдам во
Дрезден.Ќе ти се јавам кога ќе слетам и ќе се најдеме
некаде.ОК.‘‘
,,Одлично,супер,така е поедноставно,те чекам.‘‘
Даниела се спреми набрзина,зема само прибор за
хигиена, се јави на аеродромот и обезбеди седиште на
првиот лет на ,,Луфт-Ханза‘‘ за Дрезден.
Авионот полетуваше за два часа. Со својот автомобул
брзо стигна на аеродромот,го паркира на службениот
паркинг на компанијата и се јави на нивниот шалтер.Ја
покажа пилотската легитимација,зема ,,бординг‘‘ билет и
отиде на пасошка контрола.Потоа заедно со другите
патници влезе во ,,Аирбусот‘‘А321 ,ја покажа
легетимацијата на симпатичните стјуардеси кои ја упатија
кон полотската кабина.Влезе внатре.
Пилотите имаа рутинска активност со разните
прекинувачи и инструменти.Се представи и ракува со
двајцата и седна на помошното седиште на склопување.
Стандардно леталото полека се врати малку назад, се
заврте и полека се упати кон пистата.Застана на
почетокот,потоа се забрза и полета кон Дрезден.Летот
беше стандарден и по еден час ,,меко‘‘ и лесно слетаа на
аеродромот во Дрезден.Излезе од авионот и веднаш се
јави на Младен.
,,Слетав во Дразден.Кажи кога и каде да се најдеме.‘‘
,,Одлично.За еден час во центарот, во стариот град пред
градската пошта.Одговара?‘‘
,,Секако, значи за еден час пред поштата.ОК.‘‘
Со такси веднаш тргна кон центарот и за неполн час стигна
пред поштата.
Младен веќе чекаше пред поштата.

86
Се доближи до него,го погледна и рече,
,,Што е работата.Мојот брат воопшто не личи на Вас, кој
сте Вие.‘‘
,,Чекај Даниела се ќе ти објаснам.ајде да седнеме
некаде.Еве наспроти има кафе-ресторан, можеме таму на
мир да разговараме.‘‘
Се упатија натаму, влегоа и седнаа при крајот.Нарачаа
кафиња.
Младен прв започна.
,,За да те уверам дека сум јас, сѐ ќе ти објаснам.Нели
студирав во Дрезден машинство како тато.Се венчав со
Сабина.Имаме ќеркичка,живеевме во Дрезден.
Мама почина пред две години од канцер,прво една града
а потоа и другата со ,,метастази‘‘,така ли е.Имаме и помала
сестра Ружица-Ружа, на баба Ружа од Чачак. Сега
веруваш,или треба уште да податоци да кажувам.Сакаш за
Виена каде жевеевме.Сакаш за Вршац каде ти студираше
на воздухопловната академија или за Фиренца.‘‘
Остана без текст,фрапирана од се што набрзина и
изнакажа.
,,Продолжете,продолжете,‘‘ рече збунета.
,,Но Вие имате сосема друг лик,што е ова ,ништо не
разбирам.‘‘
,,Сега ќе ти објаснам за новиот лик.‘‘
,,Во хелихоптерската несреќа само јас преживеав со
повреди кои брзо ги средија.
Ме најдоа луѓе од колумбиската мафија на нивните
плантажи со марахуана.Ме спасија,но ме држеа заробен да
не ги издадам.Некако избегав и за да не ме препознаат и
вратат назад мрав да направам пластична операција.Се
криев,патував и еве стигнав тука.Тоа е се, јас сум твојот
брат Младен.‘‘
Седеше вкочанета и не можеше да верува.

87
Најверојатно е тој,помисли но не беше сигурна,воопшто не
личеше на братот.Имаше иста висина слични
манири,покрети,но друг глас и друг лик.
,,Гледам сеуште не веруваш дека јас сум Младен.‘‘
Ја соблече јакната, го подвитка левиот ракав и ја сврте
раката.Се појави ,,белег‘‘ кој го имаше од раѓање.
Даниела по трет пат остана стаписана,не можеше ништо да
каже.Солзи радосници потекоа по нејзиното убаво лице.
,,Ти си ,ти си мој брате Младен,ти си.‘‘
Го прегрна силно и продолжи да плаче.Солзите сами
течеа.Не можеше,ниту сакаше да ги сопре.
Тој исто така многу се натажи од чувствата кои го обземаа.
Долго стоеа прегрнати.Потоа Даниела се созема и седна
на големата аголна гарнитура.Со раката покажа и тој да
седне.Седна до неа и ја праша,
,,Ти, како си,како ќеркичката.‘‘
Таа го погледна и повторно заплака,овој пат од тага за
изгубеното дете.
,,Се разболе пред извесно време, ја однесовме во
болница, не успеа да преживее.
Ја погребавме пред два дена тука во Франкфурт.Младен
се изненади од трагичната вест,не знаеше што да
каже,само рече,
,,Многу ми е жал за малата, и за тебе.Што те снајде.‘‘
Двајцата молчеа кратко и потоа тој проговори,
,,А Горан,каде е Горан.‘‘
,,Не ми го спомнувај те молам тој гад. ,,Одлета‘‘ во Сан
Франциско кај неговата друга сопруга и ќерка.Гад,изрод
невиден,‘‘ и продолжи,
,,Ме изневерувал прво со некоја стјуардеса а потоа со
друга, американка со која има и дете.Изрод невиден.‘‘
Тој по втор пат се стаписа,и повторно немаше
зборови.Молчеше и ја гледаше.
Прв прозборе Младен.

88
,, Како е тато, сестрата Ружица и Марија.Контактираш ли со
нив.Како се тие.‘‘
,,Сите се добри‘‘,малку смирена одговори таа.
,, Ајде да им се јавиме сега Даниела.Да им кажам дека сум
жив и здрав.‘‘
Го извади телефонот и ја погледна.
,,Дај ми го бројот,јас ќе им се јавам. Сигурно многу ќе се
изненадат,исто како ти.‘‘
Даниела го најде бројот и му го издиктира.Тој зазвони на
телефонот на татко му Стефан.Веднаш се јави машки глас,
,,Ало, Стефан,кој се јавува.‘‘
,,Тато,тато,овде Младен,јас сум,твојот син од
Дрезден,ало.‘‘
,,Ало,кој е тамо,каков Младен.Мојот син е починат,што
значи ова,кој се јавува,каква е оваа лакрдија,ало.‘‘
Даниела го грабна мобилниот од братот и викна,
Ало, тато,вистина е, Младен е,тој е жив.Еве го пред мене
стои.Тој е жив и здав.‘‘
Стефан кој секогаш беше реален и цвсто стоеше на ,,земја‘‘
овој пат попушти.
Се заниша и се струполи на тепихот во дневната
соба.Марија која го слушаше разговорот изненадена
скокна и се обиде да го крене.
,,Стефан,Стефан, што се случи,добар си‘‘.Го ,,шлапна‘‘
неколку пати по лицето.Тој се освести и полека со нејзина
помош стана.Седнаа на троседот.Сеуште не можеше да си
дојде на себе.
,,Што е ова,сонувам или сум во бунило.‘‘
Врската не беше прекината.Марија го зема телефонот и
рече,
,,Ало Даниела,ти ли си.Какви се овие вести,што е ова.Кој
Младен,нели тој,и застана,не можеше да каже погина.‘‘
,,Да,да Марија тој Младен,мојот брат,синот на твојот
Стефан,жив и здрав е .Еве го стои до мене,само има друг
лик.‘‘
89
,,Неверојатно,не можам да верувам.‘‘Потоа го зема
телефонот повторно Стефан. Младен објасни смирено
повторно се.
Вети дека ќе дојадат со Даниела најкасно за една недела,
ако го пушти ,,газдарицата‘‘.
Се договорија да отпатуваат за Белград веднаш по
добивање слободен викенд за Младен.Се разделија и тој
се врати кај Сабина.
По неколку дена, во четвртокот ја праша дали може да
земе слободен викенд.Измисли дека починал дедото во
Англија кој многу го сакал.
Ако не е проблем би сакал да отиде на погреб.Бидејки
беше многу задоволна од неговата работа дозволи да
земе слободен викенд.
Се јави на Даниела,а таа веднаш резервира билети за
првиот лет за Белград.

Летот беше во петок во 12 часот.Сабајлето таа со


својот автомобил брзо пристина во Дрезден.
Се сретнаа на аеродромот.Влегоа, ги подигнаа
билетите,се чекираа и се упатија кон царинската
контрола.Набргу ги упатија кон влезот во авионот.
Внатре Младен се смести на своето седиште,а
Даниела влезе во пилотската кабина, се
представи,поздрави со пилотите и седна на третото
седиште на склопување.
Стандардно леталото се упати кон пистата, се забрза
и ,,Аирбусот‘‘321 се одлепи од пистата.Летот беше
стандарден, со едно попатно слетување.
Кога се искачи на 8000 метри височина автоматскиот
пилот ја продолжи работата на пилотите.Тие разговараа
со гостинката во кабината за пилотските активности во
компанијата и познаници од истата..
По половина час Даниела стана и се врати кај
Младен.Седиштето до него беше слободно.
90
Седна и започнаа фамилијарен разговор.Таа се
распрашуваше за негониот живот со Сабина во Дрезден,за
ќеркичката и неговата работа во фирмата.Тој детално и
раскажа се.Потоа Даниела зборуваше за себе и својата
фамилија.Го спомна сопругот со две реченици и
придавките, гад,изрод, ,,јеби ветер‘‘.Потоа зборуваа за
таткото Стефан,сестрата Ружица и партнерката Марија.
Лето беше долг 4,5 часа, со едно слетување за нови
патници.Времето беше облачно, што е вообичаено за
средна Европа во тој период.
По четри часа и петнаест минути главната стјуардеса
објави,
,,Очекуваме за петнаесетина минути да слетаме на
белградскиот аеродром.‘‘
Искусниот капетан внимателно и рутински ,,меко‘‘ ја
приземји ,,металната птица‘‘ на белградското
,,леталиште‘‘.Го подигна секој својот багаж и излегоа од
аеродромската зграда.Повикаа такси кој ги однесе до
зградата на родителите во ,,Нов Белград‘‘.
Зазвонија на вратата од станот.Отвори Стефан.Ја
погледна Даниела радосно и ја прегрна цврсто. Се ракува
,,ладно‘‘ со Младен,и претстави со зборовите: Стефан
татко на Даниела.Влегоа внатре.Младен изненаден не
изреагира во почетокот.Не знаеше што да каже.Таа свати
и рече,
,,Тато, ти сигурно мислиш дека господинот е мој нов
пријател.‘‘
,,Да,да секако ‘‘, одврати таткото.
,,Веднаш сватив,нормално.‘‘
Таа се насмеа слатко и продолжи,
,,Тато,ова е Младен,твојот син, а мој брат,Младен
тато,Младен,‘‘ и погледна кон братот.
Тој збунет од сцената стоеше немо и посматраше.

91
Стефан зачудено повторно го погледна синот и рече,
,,Како Младен,овој господин сигурно не е Младен.Тој
загина во Колумбија.Ништо не разбирам.‘‘
Притрча и Марија која сѐ слушаше и рече,
,,Добро, влезете сите внатре и раскомотете се, седнете.Ќе
се разбереме се надевам за сѐ.‘‘
Даниела, нестрплива по природа веднаш продолжи,
,,Види тато, морал да направи пластична операција за да
не го фатат кога избегал од мафијата, разбираш.‘‘
,,Ништо не разбирам,каква мафија, каква операција,‘‘
одврати збунет таткото.
Тогаш се вклучи и Младен и започна да раскажува се по
ред .
Стефан и Марија ја слушаа неговата ,,одисеја‘‘ со големо
внимание.

Кога заврши, синот рече,


,,За да ве уверам дека стварно сум Младен еве некои
детали:Роден сум во Виена, како и двете мои сестри. Мама
се разболе од канцер прво на едната а потоа се повтори
на другата града со ,,метастази‘‘. Почина и ја погребавме
на белградските гробишта.
Баба Ружа и дедо ја чуваа малата сестричка Ружица кај нив
извесно време.
Ти тато имаше амнезија,изгуби памтење од удар на
автомобил.Марија ти го поврати со огромна упорност и
постојано повторување на минатото.Доволно е? Или
треба уште детали.‘‘
Таткото повторно го загледа и си рече,
,,Стварно има исти потези и манири.Гласот е друг,ликот
друг‘‘.
Младен тогаш се сети на уметоците во устата кои заборави
да ги извади.

92
Со еднен потез ги извади и рече,
,, А сега ,што ќе кажеш тато за гласот, ист ли е со Младен,‘‘
се насмеа и го погледна.Стефан стана растреперен од
радост и силно го прегрна синот.
Долго стоеа прегрнати.Солзи радосници потекоа од
неговото лице.
Марија и Даниела весело гледаа во нив.
Таткото на крај рече,
,,Фала ти господе, мојот син е жив,стои тука пред
мене,фала ти.‘‘
Очите на Марија и Даниела се насолзија од гледката пред
нив.
Ќерката најбргу се поврати и додаде,
,,Ајде да наздравиме за враќањето на братот и оваа
средба.‘‘
Отидоа во кујната и донесоа четри чаши и флаша
пенушаво вино.
Стефан ја отвори и сипа на сите.Ги кренаа чашите и
наздравија.
Домаќинката имаше спремено одлични
јадења,свинска коленица со компири и подварок со
кременадли.Гостите беа изненадени од прекрасниот вкус
на јадењата.Црвеното вино одлично се вклопи со
коленицата и кременадлите.
Јадеа,пиеа и весело разговараа.Сите беа задоволни
исреќни, а посебно таткото Стефан.На крајот ги изнесоа
баклавите како десерт.
Се договорија следниот ден да положат свежо цвеќе
на гробот на мајка им Милена.Помалата ќерка Ружица за
жал моментално не беше во Белград.
Со друштво отпатувала на Власинско езеро на три,четри
дена.
Наредното утро станаа, испија кафе,доручкуваа и сите
заедно тргнаа на гробишта.

93
По пат купија три големи букети свежи црвени рози, кои
Милена највеќе ги сакаше.
Стигнаа и Стефан веднаш започна да расчистува.Ги
отстрани овенатите цвеќиња, а синот донесе свежа
вода.Ги ставија цвеќињата во вазни со вода, запалија
свеќи и седнаа на клупата наспроти гробот.
Немо и тажно гледаа во црната мермерна плоча на гробот,
а повремено и во сликата од нивната најсакана мајка на
споменикот.
Во близина беше во тек погребот на некој голем активист
во демонстрациите од предходните денови.Многу луѓе
присуствуваа, како и новинари.Снимаа и за телевизија.Во
еден момент Младен забележа дека ги снимаат и
нив.Запраша,
,,Зашто и нас не снимаат,што е работава?‘‘
Даниела одговори,
,,Веројатно сакаат да ја доловат тажната атмосвера на
гробиштава, или слично.Нема врска,нека снимаат.Нас не
ни пречи.‘‘
Поседоа покрај гробот околу половина час.Разговараа за
мајка им и прекрасниот животот со неа.
Се подсетија на многу убави моменти.Свеќите одавно
догореа.
Станаа и полека заминаа до автомобилот.По пат Даниела
предложи да ручаат сите заедно негде во центарот.

Едногласно прифатија и Стефан кој возеше ги однесе во


Земун, во истиот ресторан каде пред многу гидини со
Милена и пријатели чекаа Нова година.Не беше многу
изменет.Жива музика само навечер,а преку ден музика
преку појачало.
Седнаа и нарачаа аперитиви и салати.Потоа нарачаа
дунавска риба како специјалитет на куќата.Наздравија со
аперитивите и со убавите салати, мезеа и
разговараа.Стигнаа рибите кои беа изврсни.
94
Белото вино со рибите само го надополни одличниот
вкус.По обилниот ручек и веселиот разговор сити и малку
уморни се вратија дома.
Следниот ден Младен мораше да се врати во
Дрезден. Се спакува на брзина, се поздрави со сите,вети
дека повторно ќе дојде со Сабина и ќерката и со такси се
префрли на аеродромот.Се чекира,ја помина контролата и
влезе во авионот за Дрезден.

Летот беше стандарден и по четриипол часа слетаа на


дрезденскиот аеродром.Со такси се пребаци до куќата на
Сабина.
Зазвони на влезната врата.Таа отвори и се развесели кога
го виде Младен, за неа Џон.Искрена поприрода веднаш
додаде,
,,Добро дојде Џон.Да бидам искрена помислив во еден
момент дека нема да се вратиш.Не знам зашто.‘‘
Влезе во салонот и седна.Ќерќата седеше на троседот.
,,Здраво,Хелга,како си ,‘‘ рече, се наведна и ја бакна во
светлата коса.
,,Дали ти беше досадно без мене, или не.‘‘
,,Досадно,досадно,многу досадно.Мама нема време да ме
шета натаму наваму, има работа во кујна.‘‘
Сабина се насмеа и искоментира,
,,Ќерката многу те засака да знаеш.Стално те
спомнуваше.‘‘
Оваа изјава многу го погоди во позитивна смисла.Се
разнежи и едвај успеа да се воздржи да не пушти
солза.Сабина примети нешто но не беше сигурна.
Со враќањето во Дрезден работите се вратија во својот
нормален ток.

95
*******

Даниела остана во Белград.Не сакаше да се враќа во


Франкфурт, сем покасно да собере се што останало
нејзино тамо.Татко ѐ и Марија многу се израдуваа кога
соопшти дека нема да се врати во Фракфурт.Станот беше
голем, четворособен.Имаше доволно место за сите
четворица.
Наредниот ден Даниела се јави во ,,Луфт-Ханза‘‘ во
Франкфурт и замоли ако може да земе годишниот одмор.
Исто така најави дека би сакала да се врати во својата
земја.Менџерот на ,,летачкиот‘‘ персонал многу ја сакаше
младата и енергична србинка и предложи ако сака да ја
вработат во одделот на компанијата на белградскиот
аеродром.Понуди место како аеродромска стјуардеса за
почеток,а потоа има шанси за напредување.Го прифати
веднаш предлогот и вети дека за некоја недела ќе дојде во
Франкфурт и во ,,Луфт-Ханза‘‘ за сите формалности околу
новата работа и оставката од копилотската работа.
Конечно беше повторно слободна. За жал со уште
едно горчливо искуство со мажите и губиток на
ќеркичката.Од татко ѝ наследи особина стоечки да ги
прима непријатните ударина судбината. И овој пат брзо
дојде на себе и упорно се обидуваше да заборави се во
врска со Франфурт.Излегуваше скоро секоја вечер со
пријателките, понекогаш и со пријатели од раната
младост.
По две недели се јави другарка од гимназија Лидија и
ја покани заедно да одат на прием во британската
амбасада по повод роден денот на кралицата Елизабета
втора.

96
Ја убедуваше дека ќе биде одлично, со многу познати
гости и многу млади и убави успешни мажи.
Прво се противеше со изговор дека нема соответна
гардероба, но на крај прифати.Стефан случајно го слушна
разговорот и рече,
,,Не заборавај Даниела дека не сме сиромашни.Имаме
добри приходи, исто и солидно наследство.Третина од
тоа е твое.Работа обезбеди на аеродром,нема потреба за
штедење.‘‘
Отиде во спалната и се врати со коверт.Од него извади
четри банкноти од 500 евра и ги подаде.
,,Еве за почеток, да имаш за трошење и нешто
гардероба.Утре ќе извадам уште евра, не брини, имаме
доволно.‘‘
Потегот на татко ѝ ја изненади.Знаеше многу добро дека не
е шкрт, но ова ја изненади.
,,Парите се само обично средство за помош во животот,
обична хартија.Мене ми е битно вие да сте живи и здрави,
а за друго лесна работа.Парите се печалат и се трошат.Тоа
е тоа, ништо повеќе.‘‘
Мораше да ги земе, за да не се навреди татко ѝ.
Следниот ден излезе со другарката Лидија да купи нешто
прикладно за балот во амбасадата.Шетаа низ повеќе
бутици но никако не можеше да се одлучи.

Се нешто не беше соответно.Во петот бутикнајде комплет


тесни пантолани со елек во пастелна ,,беж‘‘боја. Ги
проба.Лежеа совршено како да се шиени по нејзините
мерки. Елечето исто така одлично ѝ стоеше.Се бендиса
самата,а другарката искоментира,
,,Со овој комплет сите ќе ги засениш ,,гарант‘‘, купи го нема
да згрешиш.‘‘Го купи.
Потоа во продавница за чевли купи италијански елегантни
чевли со високи подпетици.
На крајот задоволна со купените работи се врати дома.
97
Балот требаше да се одржи во сабота вечер во 21
часот.Попладнето без брзање се спреми.Се исчешла, се
нашминка, се облече, ги стави новите чевли и се погледна
во големото огледало во ходникот.
,,Изгледаш феноменално‘‘.Самата го пофали својот
изглед.

Марија влезе и изненадена од изгледот рече,


,,Изгледаш фантастично, да сум машко веднаш би се
заљубил.‘‘
,,Да не претеруваш малку,‘‘ одврати, но беше сигурна дека
воопшто не претерува.
Се слушна повторно со Лидија која потврди да се најдат
во девет и десет пред британската амбасада.Не сакаа да
бидат меѓу првите гости.Така наложуваше ,,бон-тонот‘‘ за
приеми и балови.
Во осум и триесет повика такси.
,,До британска амбасада ,,Ресавска‘‘ 94,близу италијанска
и бугарска амбасада.‘‘
,,Знам,знам, сум возел сто пати до тамо,не брините бргу ќе
стигнеме.Нема за задоцните.‘‘
Таксистот, зборлест,како сите таксисти продолжи,
,,Убаво сте дотерани,сигурно има некој прием во
амбасадата.‘‘
Даниела само се насмевна без коментар.
Од родителите научи дека не треба да одговара на
секој ,,глуп‘‘ или безвезен коментар.Се подсети на мислата
која ја научи од таткото,
,,Ако не зборуваш луѓето можат да мислат дека можеби си
глуп, но кога ќе прозбориш сите сомнежи ќе бидат
одстранети.‘‘
Секогаш кога ќе помислеше на татко ѝ,кого бескрајно го
сакаше, ќе се сетеше на повеќе мудри мисли кои беа
негови слогани кои се трудеше да ги следи.

98
Искусниот таксист одлично ги познаваше белградските
улици и за дваесетина минути ја донесе пред
амбасадата.Плати и излезе од возилото.
Духовитиот возач повторно искоментира,
,,Блазеси им на беќарите вечерва во амбасадата со вакви
гостинки.‘‘
Го погледна и повторно само се насмевна.
Таа беше доста висока девојка со светол тен, кратка коса,
,,бринета‘‘, со сини очи и извонредна става.
Интелегентниот и ,,топол‘‘ поглед и конкретниот и строго
дефиниран говор беа одраз на нејзиниот карактер, кои го
наследи делумно од таткото, а милостивоста и
емотивноста од мајка ѝ.
До договорениот термин имаше уште пет минути.Набрго
со друго такси стигна и Лидија.И таа беше убаво облечена
во долг црн тесен фустан со црни лакирани чевли со
високи подпетици.Таа беше црнка,со долга црна коса,
големи црни очи и ведра насмевка која пленеше многу
мажи.Висока со витка става не можеше да остане
незабележена било каде да се појавеше.

Се сретнаа пред амбасадата,а Даниела искоментира,


,,Опасни ме конкурираш.Изгедаш супер.Мора вечер да
уловиме некој капиталец,зар не.‘‘
,,Обавезно, и тоа два.За секоја по еден.‘‘ Двете се насмеаа
и со грациозни чекори полека се упатија кон главниот
влез.
Зградата на амбасадата претходно била голема куќа на
некој богаташ изградена пред првата светска
војна.Покасно два пати реновирана, и со нова
фасада.Предниот дел беше осветлен со странични
рефлектори,како и влезниот покриен дел со осум
степеници.
На влезот Лидија ги покажа поканите на службеничката и
продолжија по темно плавата патека.
99
Од десната страна стоеше амбасадорот Денис
Киф.Господин на возраст од околу 60 години со бела
негувана брада во црн ,,смокинг‘‘.
До него стоеше сопругата Киф.Ситна но убава
,,блондинка‘‘ со прекрасен темно син долг
фустан,лакирани црни чевли, дискретно нашминкана и се
смешкаше.
Се ракуваа со амбасадорот, честитаа роденден на
Кралицата Елизабета и се насмевнаа.Потоа со
амбасадорката која ги поздрави со насмевка и срдечно
ракување .Се ракуваа и со неколку помошници на
амбасадорот.
Продолжија полека кон големата сала која веќе беше
делумно наполнета.
Пријде млада девојка со мал послужавник на кого беа
наредени чаши со ,,Шампањско‘‘ и ги понуди.Земаа по
една чаша, се погледнаа и отпија по мала голтка.Застанаа,
неприметно ги разгледуваа останатите гости и тихо
коментираа.Тоа беа претежно возрасни парови,мажите во
црни костуми,а дамите во најразлични скапи
,,тоалети‘‘.Меѓу нив имаше и по некој помлад господин.
Со својот надворешен изглед,стас и ,,тоалета‘‘, а
посебно со елеганцијата и грациозноста која зрачеше од
нив, не останаа неприметени.
Многу дами, но и мажи се вртеа неприметно и ги гледаа со
восхит.
Во едното ќоше имаше маса со разни пијалоци, а друга со
разни чаши и посуди со мраз.
На другата страна мал камерен оркестар составен од две
виолини,виола и виолончело тихо свиреа познати
класични кратки партитури.
Атмосверата беше свечана и помпезна.Блиску до
пијалоците стоеа двајца млади мажи во црни костуми и
разговараа со чаши жесток пијалок во рацете.

100
Едниот висок, убав,слаб маж со црна коса и строг бистар
поглед ги посматраше гостите.Ги забележа двете
прекрасни гостинки уште при влегувањето и ракувањето
со домаќините.Сега неприметно ги посматраше, а посебно
Даниела.
Набрзо нешто му објасни на пријателот ,а потоа двајцата
пријдоа.
,,Добро вечер, млади убави дами,‘‘ рече високиот маж со
црна коса.
,,Да се претставам, јас сум еден од домаќините во овие
простории.Поточно дел сум од персоналот.‘‘ Се наклони
дискретно и продолжи,
,, Раководител сум на економското аташе во оваа
амбасада, Алберт Јонсон‘‘.
,,Господинот е наш гостин исто како вас.‘‘
Другиот се насмеа и рече,
,,Јас сум Мајкл Њутон преставник на фирмата ,,Бритиш
Инструментс‘‘ од Лондон.
Домаќинот гиприметипразните чаши и рече,
,,Може уште по еден пијалок,зар не ?‘‘
,,Зашто да не,‘‘ одговори Даниела.
Тој отиде кај масата со пијалоци, наполни две нови чаши
со ,,Шампањско‘‘ и се врати.Ги подаде чашите и продолжи,
,,Да наздравиме за нашата кралица Елизабета втора.Да
живее уште многу,многу години.‘‘
Наздравија и отпија по една голтка од чашите кои се
оросија од ладниот пијалок.
Продолжија да разговараат.Високиот, Алберт не го
спушташе погледот од Даниела.По малку Лидија ја подаде
својата чаша на другиот маж и рече,
,,Морам до тоалетот,да ја поправам шминката.‘‘
,,Секако,‘‘ одговори Мајкл и ја прифати чашата.
Таа тргна кон делот кој претпоставуваше води кон
тоалетите.По пат праша една од девојките кои служеа
пијалоци каде се тие простории.
101
Девојката покажа кон ходникот.Отиде натаму и влезе во
една од нив.Алберт ја пратеше со поглед, но не рече
ништо.
По седум,осум минути се врати и го зема пијалокот.
Даниела весело разговараше со двајцата за Белград,за
авијацијата, нејзината најголема љубов.
Музиката го засвири валцерот ,,На убавиот плав Дунав‘‘ од
Јохан Штраус.
Алберт ја погледна Даниела и запраша,
,,Сигурно танцувате,Молам за еден валцер.‘‘
,,Да,да танцувам, со задоволство,‘‘ брзо одговори.
Ја прифати нејзината рака и ја однесе до средината на
салата која беше празна.
Заиграа валцер.Тој беше одличен играч, но и таа убаво
танцуваше.

Додека танцуваа Алберт примети,


,,Извонредно танцувате,каде научивте,во Белград ?‘‘
,,Не,не, во Виена.Татко ми одлично танцува.Tој ме научи.‘‘
Танцуваа, се вртеа,уживаа, а таа размислуваше,
,,Одлично изгледа типов.Културен е, има манири и
образуван, и сигурно ме бендиса.Како ме гледа!‘‘
Во танцувањето се приклучија и други парови,а
останатите гости се повлекоа кон крајот на салата.
Полека заврши музиката.Се вратија кај Лидија и Мајкл.
,,Браво Даниела,одлично танцувате,но и нашиов домаќин
не е лош,‘‘ со насмевка искоментира Мајкл.Алберт само
скромно се насмевна.
Музичарите засвирија танго и повторно Алберт и Даниела
почнаа да танцуваат.Овој пат се придружија и Мајкл со
Лидија.
Додека танцуваа Алберт ја праша дали може да се
надева на заедничка средба кога ќе биде слободна.Таа
потврдно одговори и додаде дека сеуште не започнала со
новата работа на белградскиот аеродром.
102
Не криеше дека работела како копилот во ,,Луфт-Ханза‘‘ во
Франкфурт.

Бистриот Алберт брзо ја процени партнерката.


Млада,убава,бистра,отворена,искрена, со добра
професија и добро работа.Супер.

Нејзината пријателка Лидија исто ја процени со одлични


оценки,но сепак повеќе ја бендисуваше
Даниела.Веруваше дека би требало да си одговараат и по
карактерите и по другите манири ако успее да ја освои.
,,Би требало и јас да и се бендисувам,според погледите
кон мене додека танцувавме и разговаравме.Но добро, ќе
морам уште доста да поработам,‘‘ заклучи и се насмевна.
Додека танцуваа, другиот пар (Лидија и Мајкл) разговараа
на разни теми.
Таа се смееше тихо, а тој објаснуваше,објаснуваше.Потоа
и двајцата се смееа.
Даниела ги погледнуваше за миг и се прашуваше за што
разговараат.Приемот полека се ближеше кон крајот и
решија да заминат.Мајкл предложи да продолжат во некој
ноќен клуб или бар,но тие учтиво одбија со изговор дека
се веќе уморни, можеби друг пат.
Излегоа од амбасадата и повикаа такси кој набргу дојде.
Се поздравија.
Дамите се заблагодарија на Алберт за убавиот прием,
влегоа во таксито и заминаа.Пријателите останаа на
плочникот. Со поглед го пратеа заминувањето на жолтиот
автомобил.
Прв прозборе Алберт,
,,Одлични девојки.Не само што се згодни туку и
интелигентни и воспитани, што денес е реткост. Даниела
многу ја бендисав,мораме да се видиме повторно.‘‘
Тогаш се сети дека не побара телефон.

103
,,Како ќе се видиме кога не знам ништо за неа,ниту имам
телефон.‘‘
Тогаш се сети,,,О да, ќе почне со работа на
аеродромот.Таму ќе ја најдам.‘‘
,,Кој ќе чека две,три недели.далеку е тоа,‘‘ заклучи тажно.
Таксистот ја префрли прво Лидија, а потоа и Даниела
до дома.Стигна, отлкучи и тихо влезе.Веќе беше полноќ и
сите спиеа.Набрзина се соблече и легна во својот кревет.
Во темнината веднаш се појави во мислите
Алберт.Висок,згоден,млад, со извонредни манири,умерен
во постапките.Многу ја подсетуваше на нејзиниот сакан
татко Стефан, само со друг лик.
,,Одлично ,,типче‘‘.Изгледа се ,,загреа‘‘ за мене.Ако
стварно го интересирам ќе најде начин да ме
контактира,ако не ништо.Ќе биде штета,добар дечко е.‘‘Со
тие мисли полека заспа.
Следните денови течеа нормално.Без никакви обврски ги
поминуваше шетајки низ белградските продавници и
кафетерии со пријателки, понекогаш со некој другар.

104
*******

Во Дрезден,Младен ги вршеше секојдневните рутински


работи со носење и земање на ќеркичката Хелга од
градинка,прошетки низ соседниот парк и разни детски
игри кои таа ги сакаше.
Многу го засака новиот возач кој ги исполнуваше сите
нејзини желби.Сабина примети и во една прилика
искоментира,
,,Ќерката многу те сака.Знаеш со деца како треба.Се чини
и ти ја засака,зар не.‘‘
,,Да, да,така е,‘‘ кратко одговори Младен.
Следната вечер на телевизија имаше преглед на
политичките случувања во Европа во последната
недела.Сабина ја пратеше политиката и редовно ги
гледаше овие емисии.Седната во фотељата со чаша
природен сок од портокал ја следеше програмата.
Репортерот зборуваше за демонстрациите на
опозицијатаво Белград пратен со видеа од
случувањата.Објаснуваше и дека имало жртви во тие
демонстрации.Видео снимката прикажуваше и погреб на
две жртви.Во еден момент се заврте камерата кон другите
гробови да ја прошири тажната атмосвера.
Сликата покажа гроб, до него четри лица кои седеа и тажно
гледаа во надгробната плоча.
Ја изненади глетката.На клупата седеше и возачот Џон.Не
можеше да верува.
,,Што е ова, не ми се верува.Иста особа како возачот.Да не
има брат близнак во Белград,прво помисли.Неверојатно.‘‘
Кажаа дека демонстациите биле последниот викенд,токму
кога тој беше отсатен.
Ништо не ѝ беше јасно.
,,Што е работата,‘‘ помисли.
105
Заврши емисијата и Младен влезе во салонот. Седна до
неа на троседот и почна да гледа телевизија.Сабина
радознала веднаш праша,
,,Дали имаш брат Џон или сестра.‘‘
,,Не,немам,единец сум.Зашто прашуваш.‘‘
,,Онака сега ми текна,‘‘ мирно одврати таа.
Продолжија да ја гледаат програмата без никакви
коментари.Таа си помисли,
,,Многу подсетува на мојот Младен,по движењето,
висината,и стасот, но со друг лик,друг глас и друго
занимање.Чудно.‘‘
Почна со други очи за го гледа возачот.Го анализираше
секој покрет, секоја изговорена реченица,секој
коментар.Се беше измешано.
На моменти помислуваше,
,,Потполно ист како Младен, но во следниот,не,не друг
човек е ова‘‘.
,,Зашто токму овој човек дојде кај мене да работи,‘‘ се
праша.
Тој ја гледаше често со замислен поглед, но имаше нешто
и во неговиот поглед што ја бунеше.
,,Личи како да му се бендисувам, а глуми
незаинтересираност и корекност.‘‘
По еден час секој си отиде во својата соба.Ниту еден од
нив двајца не можеше да заспие.Цело време секој
мислеше на другиот.
Следниот ден на Сабина и помина во главном во
работа во фирмата.На враќање со транвај цело време
размислуваше на возачот.Се сомневаше во неговата
приказна за потеклото.Американец, на студии во
германија каде и жевеел.
Слезе и продолжи кон куќата. Во еден момент се сети на
Младен кога одеа на капење на градскиот базан.Висок,
личен,слаб.

106
Се сети дека на десната рака од внатрешната страна
имаше белег од раѓање кој скоро да не се приметуваше во
нормална положба на рацете.
,,Одлично,супер.Кога ќе стигнам дома ќе проверам
дали возачов има нешто на десната рака.‘‘Радосна го
забрза одот и брзо стигна дома.
Џон и ќерката веќе беа дома и си играа во детската соба.Ги
поздрави и се раскомоти.
,,Како да го натерам да ја симне кошулата или барем да ги
подврати ракавите,‘‘ се прашуваше.Сепак се сети.Ги
понуди со природен сок.Тие радосно прифатија.Отиде во
кујната,исцеди портокали и донесе три високи чаши со
сок.
,,Случајно го искриви послужавникот малку пред Младен
и една чаша се преврте и делумно се истури на неговата
кошула.извика,
,,О, колку сум неспретна,извини Џон.Ти ја намокрив
кошулата.Соблечија те молам веднаш ќе ја измијам, инаку
ќе остане флека.‘‘
Тој изненаден од истурениот сок,ја соблече кошулата и ја
подаде.Таа рзо ја однесе во купатилото и го изми
ислекаиот дел.Се врати по пет минути .
Младен и Хелга играа некоја детска игра, викаа и се
смееа.Го погледна во десната рака кога ја подигна, но
ништо немаше на внатрешната страна.
,,Не не е тој, нема белег на раката.‘‘
Сакаше да отиде по нов сок, се сврте и го погледна уште
еднаш возачот.
Се стресе и занеме во истиот момент.На левата рака од
внатре имаше белег.Остана со отворена уста.Немаше
зборови.Изгуби воздух и се струполи на тепихот во
детската соба.Младен ја подфати и нежно ,,шлапна‘‘по
образите.
Таа ги отвори очите и го погледна изненадено.
,,Младен,Младен, ти си Младен,мојот Младен,така ли е ?‘‘
107
Стана и го прегрна.Тој малку се изненади што на овој
начин го ,,откри‘‘, ја погледна и рече,
,,Да,да јас сум твојот Младен, од глава до пета‘‘, и се
насмеа.

Сабина се тресеше од радост.Го гледаше и милуваше.Не


можеше да поверува дека е жив и во нејзината
прегратка.Потоа малку се смири и отиде вокујната.Се
врати со шише цвено вино и отварач .Ги стави на клуб
масата и се врати по чаши.
Младен го отвори шишето,и сипа во двете вински чаши.Се
погледнаа и наздравија за неговото враќање.Влезе и
ќеркичката Хелга.Тој ја прегрна.Се приклучи и Сабина и
сите заедно стоеа прегрнати.Беа неизмерно среќни.

*******

По две недели Даниела се јави во ,,Луфт-Ханза‘‘-


Франкфурт и се договори да оди на неколку дена за да ги
средат работите околу новата должност во Белград, како
и оставката од копилотската работа.
По три дена со бесплатен лет на ,,Луфт-
Ханза‘‘отпатува во Франкфурт .Во централата се јави на
раководителот кој ја поздрави и внесе во својата
канцаларија.Седнаа и со кафе започнаа да ги стредуваат
документите и решението за новата работаво Белград.Ги
потпиша и сите потребни документи за вработување.
Личниот доход не беше голем, само 1000 евраза почеток,
но Даниела беше задоволна со работа на аеродромот.
108
На прашање дали можеби понатаму би ,,летала‘‘ како
копилот на некој лет како замена,ако има
потреба,потврдно одговори.
,,Јас останувам копилот по професија, но моментално
сакам малку нешто друго да работам,‘‘ рече одлучно.
,,Рачунам на твојата помош ако се јави некаква потреба од
било што во Белград,‘‘ продолжи тој.
,,Секако, ако треба било каква услуга за Вас сум секогаш
тука.‘‘
Се ракуваа и таа замина со копии од ситедокументи.
Отиде во станот каде до скоро живееше.Ги собра сите
лични работи во голема патна торба.Последната кирија за
станот претходно беше платена. Ги врати клучевите од
станот на домарот и повика такси.
По нејзиното заминувањето од канцелатијата
раководителот се јави нателефон и кратко рече,
,,Сега излезе од кај мене,‘‘ и ја прекина врската.
Даниела влезе во такси кое се упати кон центарот.Позади
нив на безбедно растојание ги пратеше црно ,,Ауди
100‘‘.Слезе пред ,,шопинг центарот‘‘ и продолжи пеш.
Без никакви обврски шеташе по продавниците за облека и
обувки.
Повторно на безбедно растојание неприметно ја пратеше
висок,слаб маж со црна јакна и темни очила за сонце.По
два часа шеткање огладнета влезе во мал ресторан и
нарача брзо германско јадење: кобасици со компири и
чаша црвено вино. Ручаше набрзина и повторно со такси
се одвезе до аеродромот.

Се пријави на шалтерот на ,,Луфт-Ханза‘‘, доби ,,бординг‘‘


карта,се чекира и ја помина контролата.Влезе во авионот
и по кратко ,,Аирбусот‘‘ А321 полета за Белград.
Лицето со црната јакна по полетувањето на леталото се
јави на телефон и кажа,
,,Летна кон Белград,‘‘ и ја прекина врската.
109
Летот беше пријатен и мирен.По час и половина ,,меко‘‘
слетаа на белградскиот аеродром.Го подигна багажот и се
одвезе до дома на ,,Нов Белград.‘‘
Наредниот ден со документите за вработување и
пилотската картица отиде на аеродромот.Повторно едно
лице во црн мантил ја пратеше на пристојно растојание.
Се јави кај Шефот на пословницата од ,,Луфт-Ханза‘‘ кој
љубезно ја прими,а посебно кога ја покажа
картицата.Документите за вработување беа во ред. Ја
праша од кога може да започне со работа.
,,Може и од утре,што се однесува до мене,‘‘ рече веднаш.
Се договорија по два дена да почне со работа.
Објасни која ќе биде нејзина основна работа, како и во
случај на замена на колешки на шалтерот за патници, ако
има потреба.Доби и ,,визитка‘‘ од работилницата каде ги
шиеа работните униформи за сите вработени.Шефот ѝ
пожели успешна работа,се ракуваа и таа замина.Лицето
кое ја пратеше повторно беше позади неа.
Со аеродромскиот автобус се префрли до центарот и се
упати кон работилницата.
Таму ѝ земаа мерки и извадија готова униформа која
требаше само да ја проба.Некоја девојка од
аеродромскиот персонал ја нарачала но потоа се
премислила и не ја подигнала.Ја проба.
,,Со мали корекции одлично би одговарала‘‘, ја убедуваше
главната шивачка.
Додека беше внатре лицето во црн мантил се јави на
телефон и информира дека сега е внатре.
Потоа замина дома, а следниот ден ја подигна
униформата.Не плати ништо,се беше на сметка на авио
компанијата.Дома повторни ја проба униформата и стави
чевли со високи потпетици.
,,Во униформава изгледаш феноменално,‘‘ изјавија
Марија и Стефан.
,,Вистинска стјуардеса,‘‘ повтори таткото.
110
Даниелазадоволна од коментарите и изгледот во
униформата само се смешкаше.Долу пред зградата во
сенка на уличното светло стоеше и пушеше повторно
лицето во црн мантил.
Таа ниту знаеше дека некој ја прати ниту имаше појма
зашто некој неа би ја прател.
Следното утро стана рано, се спреми,дискретно
нашминка, се дотера во униформата,испи на брзина кафе
и со такси отиде на работа.
Се јави на Шефот,кој исто и даде комплименти за изгледот
и ја упати кон другата девојка во чекалната за летот кон
Франкфурт.
Нејзе сѐ и беше познато и едноставно во споредба со
задачите како копилот.По летот за Франкфурт следеше
лет за Цирих,потоа и за Берлин.Во паузата за ручек отидоа
со колешката во бифето и нарачаа ,,ладно‘‘ јадење и
кафе.Додека јадеа ѝ зазвони телефонот.Се јави.Тоа беше
Алберт.
,, Ало, Даниела.‘‘ рече тој нестрпливо.
,,Да,Даниела,кој ја бара.‘‘ Го препозна но не сакаше да
открие дека знае кој е.
,,Алберт, пријателот од британската амбасада, се
сеќавате,приемот,танцувањата.‘‘
,,А тој Алберт.се сеќанам,како не.‘‘
,,Почнавте со работа,честитки.‘‘
,,Благодарам,благодарам.‘‘
,,Може да се видиме,ако сте слободни овие денови?‘‘
,,Може, зашто да не.‘‘
,,Добро, ако одговара вечер или утре? Јас сум слободен
навечер скоро секој ден.‘‘
,,Во ред, нека биде вечер.Да честам за новата работа.‘‘
,,Одлично.Може вечер пред хотел ,,Москва‘‘ во 20 часот?‘‘
,,Одговара,договорено,‘‘ и ја прекина врската.
По работата се врати дома,руча,малку се одмори и
потоа спреми за излегување.
111
Се дотера слично како за приемот.Повторно тесни
пантолани беж боја,свилена кошула и елегантни
балетанки на нозете.Дискретно се нашминка и
исчешла.Изгледаше фантастично.
Со такси се префрли до хотелот ,,Москва‘‘ каде
Алберт веќе чекаше.Ја виде како приоѓа и тргна во
пресрет.Се ракуваа, а тој искоментира,
,,Изгледате феноменално,исто како на приемот.‘‘
,,Благодарам, и Вие не изгледате лошо‘‘, се обиде да биде
духовита.Јафати нежно под рака и тргнаа кон ,,Кнез
Михајлова‘‘.На пола пат свртеа десно и наидоа на неколку
кафетерии и мали ресторани.Даниела предложи
ресторан.Влегоа во еден кој најдобро изгледаше и седнаа
на маса за вечерање.
,,Вечерва јас честам за новата работа,‘‘ рече одлучно таа.
,,Добро прифаќам само поради новата работа,‘‘ одврати
тој.
Нарачаа виски за двајцата и мешани зрнести
плодови.Наздравија за успех во работата и пријателство.
тој додаде ,, И за љубов‘‘, на што таа само се насмевна.
Разговараа за авијацијата и пилотирањето,пиејќи го
вискито и грицлајки од бадемчињата и индиските ориви.
Потоа нарачаа српски јадења, ,,Караџорџева‘‘ шницла и
свинска коленица, како и шише квалитето црвено
вино,,Вранец‘‘ ,,Спешл селекшн‘‘ од винаријата ,,Тиквеш‘‘.
Додека разговараа и пиеа ја посматрше и повторно
заклучи дека девојката е нешто специјално што ретко се
среќава.Покрај убавината, убавото тело, беше многу
интелегентна, отворена,бистра и итра.
Си помисли,
,,Токму таква ми треба, во секој поглед, приватно и
другото.‘‘
Тоа што перфекно зборуваше англиски и пилотирањето
беа само плус во сите особини и вештини.

112
Ги донесоа јадењата.Се послужија и наздравија со
убавото вино.
Разговараа, но повеќе тој ја распрашуваше дискретно
за многу работи околу фамилијата, политичките погледи и
мислење за моменталните водечки политичари во Србија.
Таа отворено и детално зборуваше се што
знаеше.Воопшто не помисли дека не треба да биде
потполно искрена и отворена.Така беше воспитувана од
родителите кои беа чесни и искрени.
Алберт беше млад но многу искусен за многу
работи.Зборуваше германски, шпански и руски јазик, но
вешто избегна да каже каде и како ги научил.
Разговараа,јадеа и пиеа вино.Тој скоро ништо не
зборуваше за себе, на прашања кратко одговараше и
вешто избегнуваше да открие било што.
Даниела се опушти и потполно отворено рескажуваше се
и сешто без никакво избегнување и лажење.
Зазвони еден од неговите два телефони.Се јави на
англиски,но веднаш продолжи на шпански кој Даниела не
го знаеше.Нешто објасни, се сложи и ја прекина
врската.Кога го праша со кого разговараше тој објасни
нешто кратко за економски проблеми врзани со работата
во амбасадата.
Таа го посматраше дискретно и се обидуваше
да открие нешто скриено од неговиот карактер, но не
можеше.Тој беше како затворена и заклучена голема
метална кутија.
Сем убавиот изглед и одличните манири како и
галантноста другоништо не може да се открие.Колку и да
се трудеше со провокативни прашања тој вешто
избегнуваше дирекно да одговори и да открие барем
малку од неговиот карактер.
Алберт сепак забележжа и рече,
,,Имам чуство дека се обидуваш да проникнеш во
мојот карактер и другите мои особини, зар не.‘‘
113
,,Не, не погрешна проценка,‘‘ се обидуваше да се извлече
таа,но безуспешно.Тој свати дека го ,,скенира‘‘ колку што
е можно и се заврте на шега што потполно ја исфрли
нејзината анализа во ,,аут‘‘.
Завршија со вечерата,Даниела плати со картица и излегоа
надвор.Тргнаа пеш кон ,,Калемегдан‘‘.Алберт започна прв,
,,Ти си Даниела многу посебна и специјална девојка.Тешко
се наоѓаат како тебе.
Покрај убавината која ме маѓепса, посебна сисо својата
интелигенција,искреноста која ти зрачи од очите,
отвореноста,манирите и многу други особини кои те
красат.‘‘
,,Би сакал,многу би сакал кога би можел по често да се
стреќаваме, бидејки твоето друштво е ,,празник‘‘ за мене.‘‘

На сите комплименти таа кратко одговори,


,,Да не претера малку со фалење, не сум толку добра.Знам
да бидам и многу лоша и зла.‘‘
,,И ти не си воопшто лош дечко.Имаш многу добри
особини,покрај солидниот изглед, но многу си
затворен.Ништо не откриваш за себе и својата работа.‘‘
,,Делумно имаш право.За сега не можем ништо повеќе да
кажам,тоа е тоа, ако ме разбираш.‘‘ Продолжија да пешачат
и во еден момент Даниела случајно забележа дека некој
ги прати од сенките на уличното светло.Се
изненади,ништо не разбираше.
,Би требало да си заминам.Утре рано треба да станам за
на работа,‘‘рече таа.
Алберт повика такси,влегоа и тој ги одведе пред нејзината
зграда.Излегоа,возилото остана да чека.Се ракуваа,таа се
заблагодари за убавата вечер, на што тој одврати,
,,Не,не,јас треба да се заблагодарам за вечерата и
искрениот убав разговор.Следниот пат ќе зборуваме
повеќе за мене.

114
‘‘Се обиде да ја бакне во образ,но таа се потргна и рече,
,,Пријатели,за сега,зар не.‘‘
,,Секако,добри,блиски пријатели,за сега,‘‘ одврати тој.
Даниела влезе во зградата, а тој со таксито се изгуби
низ долгата улица.
Утрото тешко стана по напорниот претходен ден и се
одвезе на работа.
Околу пладне се јави другарката Лидија.Ја распрашуваше
како новата работа,како помина со Алберт и како им оди
во љубовта.
Таа се изненади од каде знае таа дека излегла со
Алберт.Не издржа и ја праша,
,,Драга Лидија кој ти кажа дека излегов со дечкото од
амбасадата?‘‘
,,Имам ја свои ,,врапчиња‘‘ кои се ми качуваат,се обиде
духовито да се ,,извади‘‘,но тешко и одеше.
,,Кои се тие ,,врапчиња‘‘ те молам,само без тајни,кажи кои
се.‘‘
,,Мала тајна,повторно се ,,вадеше‘‘ таа.
,,Убаво би било да излеземе,имам многу нови работи
да ти кажам.А сигурно и ти.Може вечер да се видиме ?
предложи Лидија.
,,Зашто да не,слободна сум вечер,може.
Осум часот пред ,,коњот‘‘, ОК ?‘‘
,,Важи,може,се гледаме кај ,,коњот‘‘.
Продолжи со работата.Испратија патници со уште неколку
летови и на крајот на смената седнаа да се одморат
малку.Телефонот поторно зазвони.Се јави.Тоа беше
Алберт.
,,Ало,Даниела, кој е тамо ?‘‘
,,Здраво шармантна стјардесо,како сте.Униформата
прекрасно Ви ,,стои‘‘.

115
,,Униформа,како занае дека сум во униформа‘‘, веднаш се
запраша, и додаде.
,,Да не сте тука на аеродромот, зашто мислите дека сум во
униформа која убаво ми ,,стои‘‘?‘‘.
,,Или и Вас некое врапче Ви кажува се што треба.‘‘
Тој се изненади од одговорот и помисли,
,,Многу зборувам кога сум со неа.Треба повеќе да
внимавам.‘‘
,,Дали сте слободни вечер да излеземе,предложи. Би
сакал обавезно да се видиме.
Нели јас сум наред за исповест околу мојот живот во
Белград и пред тоа .‘‘
,,Би сакала,стварно би сакала, но за жал вечер сум
зафатена,не можам.
Можеби друг ден.‘‘
,,Значи вечер сте сигурно зафатени, се обиде да ја
поколеба.‘‘
,,Да,да вечер имам неодложни обврски.‘‘
,,Штета.Јас овие денови не знам дали ќе бидам слободен,
или,‘‘ застана и замолчи.Го погледна мобилниот телефон
и додаде,
,,Добро,ќе се јавам повторно деновиве,‘‘ и ја прекина
врската.
Даниела остана малку збунета од разговорот.Колешката
која седеше со неа ја примети збунетост и праша,
,,Што е работата,нешто непријатно,или само нејасни
работи ?‘‘.
,,Само нејасни работи од добар пријател, многу нејасни.‘‘
По завршување на смената со аеродромскиот автобус се
врати во центарот, а потоа со транвај до дома.Возејки се
размислуваше,
,,Морам малку да внимавам на трошоците.Примањата не
ми се големи,а излегувам скоро секоја вечер.Не е фер
често да позајмувам од татко ми.‘‘
Во мислите и дојде личниот младич од амбасадата.
116
,,Униформа,шармантна во униформа,од каде знае за
униформата,кој му кажал?‘‘
,,Дали некој негов го информира каде таа се движи,или
случајно некој ја видел на аеродромот.‘‘
,,А Лидија.И таа знаеше дека сум излегла со Алберт.Од
каде.Избегна да каже.‘‘
,,Чудно.Во последно време доста чудни работи се
случуваат,‘‘ помисли.
Немаше одговор за ништо.Транвајот стигна на ,,Нов
Белград‘‘, застана и таа слезе.
Дома татко ѝ Марија седеа на масата и разговараа.На
масата имаше две чаши домашна ракија и свежа салата.Тој
ја поздрави и рече,
,,Ајде сине, те чекаме за да ручаме заедно.Сакаш една,
многу е добра.Со салатава многу добро ,,оди‘‘. Марија
донесе чаша, и сите тројца наздравија.
Ручаа. Малку се одмори лежејки со часопис во рака, а
потоа се спреми за излегување.Повика такси кој ја однесе
пред ,,коњот‘‘.
Лидија обично беше точна но овој пат каснеше десетина
минути.Дојде брзалки задишана, се извини што касни и
додаде,
,,Замисли некој тип во тегет ,,Монгомери‘‘ мантил цело
време од дома до тука ме следи.Едвај некако успеав да му
избегам.Многу ме нервира кога некој го следи секој мој
чекор.‘‘ Таа се зачуди,но не коментираше.
Тргнаа кон кафетериите и влегоа во една од нив.Седнаа,
нарачаа Макијато и Капучино и започнаа муабет.Даниела
зборуваше за новата работа, за унифомата која многу и
значеше,за шефот и колешките.Конобарот ги принесе
кафињата.
Лидија раскажа неколку обични секојдневни случки.Не
спомнуваше ниту каде ниту што работи моментално.Тоа ѝ
падна во очи на бистрата Даниела, но не ја праша веднаш.

117
Лидија спомна дека има добар пријател во руската
амбасада кој се вика Владимир.Висок добро граден маж
со светла коса и бел тен.Ја бендисува и предложил да
излезат сите заедно , а тој да доведе некого за друштво со
Даниела.
,,Не сакам веднаш сама да излегувам со него.Сигурна сум
дека брзо ќе се обиде нешто повеќе.Не сакам со брзо
темпо да се одвиваат тие работи, сваќаш.‘‘
,,Секако, како не сваќам,имаш право,и кај нас тоа не треба
да оди толку брзо.‘‘
,,Што мислиш,сакаш да ми помогнеш да излеземе. Сигурно
добро ќе поминеме.‘‘
,,Може,зашто да не.Договори за петок или сабота,‘‘
одврати таа.
Продолжија со муабетот.Седеа до голем стаклен ѕид на
кафетеријата.
Даниела примети ист маж кој повеќе пати помина пред
кафетеријата со брз чекор.
Нешто и стана сомнипелно, зашто поминува повеќе пати
пред нив ?
Повторно немаше одговор.
Вечерта кога се врати дома зазвони телефонот.
Се јави.Тоа беше Алберт.
,,Ало Даниела,Алберт.Ме слушаш.Многу бучат моторите
на авионов.Дали се слушаме.‘‘
,,Ало, слабо те слушам.Каков авион,од каде се јавуваш?‘‘
,,Во авион сум, летам за Лондон.Имам итна работа.Се
враќам за неколку дена.
Ќе ти се јавам покасно од Лондон.Сакав да ти кажам дека
те сакам,треба да знаеш.‘‘
Потоа врската се прекина.
Даниела застана и се помисли.
,,Од авион се јави,зашто?За да ми каже дека ме сака.Тоа
требало да го знам!!‘‘
,,Интересно и чудно.Ништо не е јасно.‘‘ Остана замислена.
118
Легна уморна и брзо заспа.Соонуваше лоши соништа.
Алберт трчаше низ долга полу осветлена улица заедно со
неа,држејки ја за рака.По нив трчаше некој со револвер во
раката.

Тоа беше лицето со тегет мантил што повеќе пати помина


пред кафетеријата таа вечер додека внатре пиеа кафе.
Од мала странична улица истрча Лидија и брзо ја повлече
во уличката.Алберт остана сам.Се слушна испрел и тој
падна погоден од куршумот.
Се разбуди целата испотена од лошиот сон.
,,Што сонувам јас.Зашто вакви соништа.‘‘
Беше очигледно дека подсвеста функционита
синхронизирано.
,,Алберт, бркотница,Лидија,истрел.Од каде јас во сето тоа
?‘‘
Мислејки на лошиот сон повторно заспа.
Другиот ден работата течеше вообичаено.Попладнето се
јави Лидија и кажа дека договорила вечерта во дваесет
часот да излезат со пријателот Русин и неговиот другар.
Се дотера и се одвезе до ,,Теразије‘‘ каде Лидија веќе
чекаше.По пет минути стигнаа и пријателите. Се запозна со
двајцата.
Владимир со кого Лидија се договорила беше висок јак
маж, со светла коса и светол тен.Беше симпатичен,но со
остар продорен поглед.Другарот беше исто така крупен и
јак, со црнакоса и груби црти, но со благ поглед.
Предложија да одат во некоја кафеана.Во близината
имаше и кафетерии и кафеани.
Влегоа во неа и седнаа на маса за четворица.Нарачаа
водка ,,Московскаја‘‘ за себе и вермут ,по желба на
дамите.Кафеаната не беше полна,така да можеа убаво да
си муабетат.

119
Започнаа разговор.Владимир , кој беше по зборлив
раскажуваше за обичаите на пиење водка во Русија и
Москва.
,,Кај нас се пие водка во чаши за вода, но не од
најголемите,туку дебели чаши со средна големина.Обичај
е да се испие првата и втората одеднаш-,,на екс‘‘, како
мажите така и жените.‘‘ Ја зема својата чеше и ја испи
одеднаш.Се насмеа и ја спушти на масата.Потоа другарот
Јуриј со насмевка ја искапи својата чаша со водка.
Двајцата беа во тегет класични костуми со свтли
вратоврски.

Кога Владимир ја подигна раката со чашата се


подотвори палтото и се покажа кожна футрола со краток
револвер во неа.Даниела примети, но не реагираше.Потоа
го загледа по детално и во Јуриј. На неговото палто исто
се познаваше малку подуеност.
,,Сигурно и тој има оружје под палтото‘‘, си помисли.
Разговараа за Русија и Србија.Владимир нарача уште две
водки, а дамите полека ги пиеа вермутите. Пријатно се
забавуваа.
Јуриј кажа неколку руски вицеви накои сите се
изнасмеаа,а највеќе Лидија.
По коклу два часа платија и излегоа од кафеаната.Даниела
бистра со голема моќ на запазување веднаш забележа
дека неприметно ги следи маж со темна јакна и голф
шапка.
,,Треба веќе да се прибереме,‘‘ рече Лидија и дигна рака на
првиот такси кој наиде.

Се ракуваа сите и тие две влегоа во таксити кое ги одвезе


секоја до својот дом.На излегување од таксите Лидија
рече,
,,Ќе се чуеме,повторно да излезема со момциве.Убаво
беше,зар не.‘‘
120
,,Да,да може,‘‘ одврати Даниела и мафна со раката.
По два дена повторно се јави Алберт.Со тих глас полека
рече,
,,Ало Даниела, овде Алберт.Се јавувам од Англија мојата
татковина.
Тука ќе останам уште некое време.Потоа ќе се видиме ако
даде господ.‘‘
Врската се прекина….
Немаше време да праша што е работата.Само се јавува и
кажува нешто.
Размислуваше.Немаше никакво објаснување за неговите
последни јавувања.
Се наврати во мислите на неговиот
лик.Личен,висок,зрачеше со интелегенција.
,,Се повеќе и повеќе го бендисувам.Изгледа полека се
заљубувам во типов,‘‘
помисли и задоволно се насмеа.И дојде на ум мислата,
,,Мора да планира нешто во врска со мене,или многу е
,,зацапан‘‘.Трето нема.‘‘

*******

Повикот од централата во Лондон Алберт го прифати


смирено.Звонењето беше на вториот мобилен апарат (
Ајфон-6), ,,сигурна‘‘ врска преку сателит. Сите повици и
негови телефонирања беа кодирани, а потоа автоматски
декодирани.
Се јави со,
,,Ало,Албрт на линија, кој е тамо.‘‘
121
,,Макс, Макс големиот,твојот чичко од Лондон.Како е?.‘‘
,,Добар сум чичко Макс,еве туркам некако.‘‘
,,Како е кај вас во Лондон,како времето.‘‘
,,Мешано,час добро.час бура.Има големи и јаки
струења.Изгледа доаѓаат од доле,од северна Африка.‘‘
,,Тетка ти е болна и сака да те види.Дојди кај нас во
Лондон,што побрзо.
Има за тебе нешто.Сака да помогнеш на фамилијава,ме
разбираш.‘‘
,,Да,да чичко Макс,разбрав.Доаѓам веднаш со првиот
авион.‘‘
Тој веднаш се свати.Шефот бара веднаш да дојде во
централата на МИ6 во Лондон.
Имало ншето итно што тој треба да заврши.
Инаку главниот,шефот беше голем
човек,висок,јак,просед,со остри црти,енергичен,на
возраст од 60 години.
Во централата работи веќе триесет години.Полн со
искуство од разни,,операции‘‘ и ,,акции‘‘ во текот на
годините, низ цел свет.
Амбасадорот претходно прими писмено известување
дека економското аташе кај него се повлекува во Лондон
за друга задача.
Секретарката на амбасадорот резервира билет за првиот
лет за Лондон.
Алберт следниот ден ги собра свите работи од
канцеларијата,го прими авионскиот билет, се поздрави со
амбасадорот и другите вработени и се врати во својот
апартман.Таму се спакува во два куфери и со такси се
одвезе до аеродромот.
Се пријави на шалтерот на ,,Бритиш-аирвејс‘‘, го предаде
багажот и се чекираше.
До полетувањето имаше доволно време.Отиде во бифето
и нарача ирско кафе.

122
Седеше,полека го пиеше кафето и ги посматраше
патниците.Беше поминато 18
часот.Помисли на личната Даниела, но таа не беше на
смена.
,,Сигурно заминала дома‘‘,си помисли.
,,Штета.Можевме да се видиме тука и да објаснам дека
морам итно во Лондон.
Да и кажам дека ќе се вратам и ќе продолжиме да
излегуваме.‘‘
Преку разгласот пријатен женски глас објави полетувања
на летот за Лондон на ,,Бритиш-аирвејс‘‘ за триесет
минути.
Се упати кон контролата на исправите каде имаше долг
ред.Почека десетина минути,го проверија пасошот и влезе
во чекалната.Набргу ги упатија по долгиот ходник до
авионот.Влезе се смести и откога се наполни авионот
полека се покрена кон пистата.Големиот ,,Аирбус‘‘ 330 со
максимална сила се ,,одлепи‘‘ од пистата и се упати кон
Лондон.За време на летот се јави на Даниела и кажа дека
лета кон Лондон.
По три часа слетаа на најголемиот лондонски аеродром
,,Хитроу‘‘.
Го подигна багажот и по проверката излезе од зградата.Од
вториот телефон се пријави во централата дека
стигнал.Секретарката го поздрави и го поврза со шефот
Макс.
,,Ало,Алберт е.Стигнав шефе.На аеродром сум.‘‘
,,О ти си Алберт. Доаѓај веднаш тука,те чекам,‘‘ рече и ја
прекина врската.
Повика такси кој го однесе пред централата во Лондон.
На влезот ги остави двата куфери и со лифт се качи на
третиот кат.
Таму го чекаше големиот шеф Макс.Срдечно се ракуваа.
Стана и од малото ,,бифе‘‘ извади виски ,,Чивас-Блек
Лебел‘‘ и две чаши.
123
Сипа во двете и едната ја подаде на гостинот.

Наздравија и тој почна за зборува,


,,Прво честитки за работата во Белград.Одлично ја заврши
задачата.
Собра многу битни и корисни информации.За жал
балканциве се бистри и итри.Те откриле и се спремаа да
те протераат.Затоа морав брзо да те повлечам, да не
избие скандал во јавноста.Морав да ги предухитрам.‘‘
,,Второ имаме голем проблем доле во Египет,поточно во
Каиро.Ни истекуваат многу битни информации кон руската
служба.Имам поуздани информации од Москва.Некој таму
од нашите е ,,кртица‘‘.Работи за двете страни.Има
опасност брзо да ја открие целата наша мрежа во Каиро и
Египет.
Тоа не смееме да го дозволиме по никоја цена.Треба брзо
да се открие ,,кртот‘‘ и среди, пред да ги открие сите наши
луѓе во тој дел на светот.‘‘
,,Работата е многу озбилна и итна.‘‘
,,Сметаме дека ти можеш тоа брзо и успешно да го решиш.‘‘
,,Јасно шефе, се е кристално јасно. Ќе се потрудам брзо да
го решам проблемот.‘‘
,,Има уште еден детал.Многу ќе помогне ако не си
сам.Мислам дека партнерка или фиктивна ,,сопруга‘‘
многу би ти помогнала.Ти си млад човек ти треба
партнерка.‘‘
,,Дали имаш поуздана особа која може да дојде со тебе во
Каиро.Во Белград излегуваше со некоја лична србинка,ми
се чени пилотка.Што е со неа, што се случи.‘‘
Алберт малку се помисли и рече,
,,Таа девојка е супер.Не само што е преубава, туку имногу
интелегентна, бистра и чесна.Пилот е.
Летала за ,,Луфт-Ханза‘‘ од Франкфурт.Знае перфекно
англиски и многу други вештини.Само не знам дали ќе
прифати, не сум баш сигурен.‘‘
124
,,Можам да ја викнам тука во Лондон туристички.Ќе ја
наговарам да патуваме во Египет и Каиро,ако прифати, а
потоа ќе видиме.‘‘ Весело одговори Алберт.
,,Одлична идеа,браво, може.Уште утре викни ја, немаме
време за губење.‘‘
Ги допија пијалоците и Алберт замина.
Ги зема куферите и повика таки кој го префрли до мал
хотел кој често го користеше службата.Зема еднокреветна
соба и се смести.Потоа веднаш се јави на Даниела.
,,Ало,Даниела,овде Алберт.‘‘ Од другата страна веднаш се
јави таа.
,,Ало, Даниела.Кај си Алберт.Од кај сега се јавуваш ?‘‘
,,Во Лондон сум по работа.Како си,како е во Белград ?‘‘
,,Добро е,стандардно, не се жалам.Што има ново во
Лондон…,,Тауер бриџ‘‘ и ,,тркалото‘‘ уште ли се таму,‘‘ се
обиде да биде духовита.
,,Да,да тука се.Те чекаат да ги посетиш.Многу би ме
радувало да дојдеш сега на гости во Лондон. Колку се
сеќавам досега не си била во Лондон.Ќе се прошетаме
убаво.

Сѐ ќе ти покажам, ќе биде прекрасно за двајцата,нема да


зажалиш.Те молам брзо размисли и одлучи, нема да се
покаеш ако дојдеш.‘‘
Таа се изненади на поканата,но пријатно.Могу сакаше да
шета по светот и поканата добро и дојде.Продолжи,
,,Многу сакам да шетам по светот, па не можам да ја
одбијам оваа покана.
Прифаќам, доаѓам набрзо.‘‘
,,Одлично,браво,многу ме радува што ќе
дојдеш.Резервирај билет во првиот лет и јави ми да те
чекам,ок ?‘‘
,,Добро,договорено,доаѓам,‘‘ рече и го заврши разговорот.
Застана и го погледна телефонот.

125
,,Многу брзо прифатив, што ќе помисли Алберт,‘‘ си
помисли.
Следното сабајле се јави на аеродромот и го замоли
раководителот да дозволи да отсаствува една недела.Тој
прво се мислеше, но кога вети дека ако треба ќе работи и
сабота и недела кога ќе се врати некако прифати.
Резрвира билет за поладневниот лет на ,,Луфт-Ханза‘‘ за
Лондон.
Се спакува набрзина, ги понесе сите најдобри работи во
голем куфер и замина до аеродромот.
Како и секогаш се чекира,го предаде багашот и по еден час
летна за Лондон.
Од авионот се јави на Алберт кој вети дека ќе ја чека на
аеродромот.
Ја пречека по контролата на исправите. Се поздравија, ја
прегрна пријателски.
Таа исто го прегрна и се насмеа.
,,Благодарам што ме пречека.Одиме,‘‘ рече и тргна кон
излезот.
Тој ја прифати количката со куферот и ја пратеше гледајќи
во неа.За малку ќе се удреше со друг патник со количка.Го
избегна со насмевка и рече,
,,Ти подобро управуваш од мене.Јас тешко би бил пилот.‘‘
,,Добар,си,добар си во многу работи,‘‘ рече таа во од.
Викнаа такси кој ги одведе до неговото хотелче.Земаа
уште една соба и отидоа горе во своите соби.
Вечерта излегоа заедно во центарот.Малку одеа пеш, а
потоа седнаа во едно кафе.Алберт нарача маќијато а
Даниела експресо.Седнаа и тој прозборе,
,,Многу се радувам што дојде во Лондон.Гарантирам нема
да зажалиш.‘‘
,,Се надевам дека нема,‘‘ со насмевка одврати таа.
Додека го пиеше маќијатото ја посматраше.Се
восхитуваше на убавината, и гардеробата која извонредно
и стоеше.
126
Разговараа весело,пиеа кафе,се смееа.Убаво им беше
заедно во големата метропола полна со луѓе од разни
делови на светот и многу туристи.
Тој не можеше за се отргне од мислата како да и објасни
дека он има специјална задача.Треба за неколку дена да
отпатуваат во Каиро,како,како,како да каже а да не се
открие премногу.Немаше одговор на тие дилеми.

Зклучи,
,,Има време,утре е нов ден,или задутре,ќе видиме.‘‘
Даниела примети и праша,
,,Замислен си повремено,има проблем,или за мене се
мислиш?‘‘
,,Да,да,те гледам и се мислам колку сум имал среќа што те
запознав,и што се согласи да дојдеш тука и….застана и не
продолжи понатаму.‘‘Помисли,
,,Лажгата и глумата ми поминаа,ги прифати како гола
вистина.Добро е за сега немам проблем,утре ќе смислам
нешто.‘‘
Се договорија следниот ден да биде ден за разгледување
знаменитости кои ги имаше премногу.
Се вратија во хотелчето.Со извинување му кажа дека е
веќе уморна и сака да си легне.Се разделија пријателски
со мафтање на рацете и секој влезе во својата соба.

Како и секогаш,Даниела навечер ги правеше анализите на


денот во кревет со затворени очи и ,,враќање‘‘ на
,,филмот‘‘ од тој ден назад.Така и сега.Лежеше,и
размислуваше.До сега се е супер.Алберт е токму таков
како што треба да биде вистински маж кој ја сака својата
девојка.Одлично изгледа,добар карактер,озбилен,чесен и
срдечен.
Ја подсетуваше на таткото Стефан,само не беше сигурна
во зборот чесен.

127
Немаше никаков доказ за тоа, ниту спротивен факт. Многу
и беше битно,покрај другите карактерни особини да биде
чесен.
Родителите беа многу чесни,во тој дух ја воспитуваа и
веројатно затоа таа особина беше многу битна.Сакаше да
верува дека е стварно чесен.
Така полека заспа.
Утрото ја разбудија сончевите зраци кои беа ретки за
небото над престолнината.
Продираа низ полу затворената завеса од големите
прозoрци на собата.
Стана ,се среди.Се облече спортски, со фармерки и патики
на нозете и слезе во малата трпезарија за
доручек.ТамуАлберт веќе седеше на една мала маса.
,,Добро утро госпоѓице Даниела‘‘,ја поздрави срдечно.
,,Како спиеше,добро.Дали можебиме сонуваше ?‘‘ се
обиде да биде духовит.
,,Добро спиев,благодарам.А за сонувањето можеби,ништо
не се сеќавам,можеби,кој знае.‘‘
Седна .Тој покажа на бокалот со кафе, а таа климна со
главата.Алберт стана и донесе шоља за кафе и сипа од
бокалот.На масичката имаше и мала плетена корпа со
,,кроасани‘‘ и обични кифлички.
,,Ти како спиеше.Го праша и отпи од кафето.Ме сонуваше
или не.‘‘
,,Да бидам искрен те сонував како двајцата шетаме низ
некој голем ориентален град, како да беше Каиро или
Истамбул.Се шегувавме весело и го разгледувавме.‘‘
,,О баш Каиро,каде го најде баш Каиро.Да не ти се оди во
Каиро што го сонуваш.‘‘
Брзо помисли,
,,Одлично се вклопува приказната за сега‘‘ и продолжи,
,,Одамна имам желба да го видам Каиро.

128
Тој ориентален град сигурно е многу интересен и
возбудлив,полн со неверојатни
работи.Пирамидите,свингите и слично.Само сам не е
интересно.Дојдов на идеа со тебе.
Ти сигурно би патувала за Каиро со некој пријател, на
пример како јас,‘‘ застана и се насмеа на својот ,,штос‘‘.‘‘
,,Каиро,не сум размислувала конкретно за Каиро.Ако
добро сватив,ти предлагаш да патуваме во Каиро како
туристи ?‘‘
,,Да,да, но не мора веднаш,можеме покасно,за една недела
или,...‘‘
,,Прво да го разгледаш убаво Лондон, а потоа ако сакаш
летаме за Каиро.‘‘
,,Незнам, можеби,ќе видиме.‘‘
Не сакаше да ветува однапред.Се надеваше дека во
следните денови ќе го запознае по добро и по длабоко,а
потоа би сакала да го види и Каиро.
По лесниот доручек отидоа во центарот.Ги видоа ,,Тауер
Бриџ‘‘, ,,Лондонското Око‘‘ и Бекингамската палата.
Даниела беше одушевена, а тој поносно и
радоснообјаснуваше се детално .
Додека го слушаше го анализираше секој негов збор,секој
покрет,секоја гримаса.
Се трудеше да го ,,прочита‘‘ во целост неговиот карактер
што ѝбеше многи битно.
Но тоа тешко одеше.Имаше стандардно ведро,отворено
лице,кое одаваше искреност и чесност, но и постојано
истиот израз малку ја бунеше.Помисли,
,,Да не глуми англичанецов, или не.‘‘ Не сакаше да верува
дека можеби глуми љубезност и манири.
Малку уморни по разгледот отидоа во еден ,,Паб‘‘ и
нарачаа две кригли темно пиво по предлог на Алберт.
Знаеше дека на островото пијат топло, не оладено пиво,
што никако не го разбираше.Го праша,
,,Зашто пиете топло пиво, кога оладено е по убаво?‘‘
129
,,Не знам точно зашто, но знам дека сакаме повеќе топло
од ладно пиво.‘‘
Се одморија малку,ги допија пивата и излегоа надвор.
Центарот беше полн со луѓе.Едни брзаа во една
насока,други во друга.Насекаде многу туристи кои
зборуваа на разни јазици.
Се упатија кон делот со многу различни
ресторанчиња,кинески,индиски,пакитански и други.
,,Да седнеме во некој да ручаме.Одбери некој, овде има
најразлични,‘‘ предложи Алберт.
,,Може,може,веќе сум доста гладна.‘‘
Одбра јапонски ресторан.Влегоа а љубезната домаќинка
ги упати до една маса во посебниот дел од просторијата.
Нарачаа ,,саќе‘‘.Потоа од големото иразновидно мени
полно со разни специјалитети претежно од риби одбраа
риба со радни зеленчуци и сосови.
Наздравија и го испија пијалокот од ориз кој беше во мали
порцелански чашички..
Јадењата беа многу вкусни и необични.Тенки делови од
морски риби спремени на специфичен брз начин со повеќе
сосови во кои ги потопуваа парчињата месо од
рибите.Додека јадеа разговараа претежно за
Лондон,животот во него и преостанатите работи кои
требаше тој да и ги покаже на Даниела.
Задоволни и уморни од шетањето и јадењето се вратија
во хотелот каде секој замина во својата соба.
Вечерта повторно излегоа.Овој пат ја однесе во џез
клуб,задимен, бучен и полн со млади луѓе.
Седнаа на една од ретките слободнимаси и нарачаа
шкотски виски. Музичарите,музиката,посебно дувачките
инструменти повремено еден по еден имаа свои соло
делови.Генерално убаво свиреа, по вкус на повеќ ето
гости,кои ракоплескаа на крајот од секоја ,,нумера‘‘.

130
Како непушач Даниела воопшто не го поднесуваше димот
од цигарите кој беше толку густ што скоро да можеше да
се сече со нож.
,,Да излеземе ,‘‘ рече таа.
,,Овде е премногу задимено.Не поднесувам дим од цигри.‘‘
Ги испија пијалоците и излегоа.Надвор беше свежо и
облачно.
Малку шетаа, а потоа влегоа во кафетерија.Седнаа и
нарачаа две експреса.
Разговараа за се и сешто.Tој предложи следниот ден да
продолжат со
разгледување на градот.Таа созадоволство прифати.
Наредниот ден по доручекот венаш се упатија во центарот
и ги разгледаа ,,Биг Бен‘‘, ,,Вестминистерската црква‘‘,
,,Камдентаун‘‘ и ,,Хајд Парк‘‘.Во паркот седнаа покрај
езерцето,се одмараа и ги посматраа лебедите кои пливаа
во езерото.

Алберт искористи прилика и праша,


,,Дали одлучи за Каиро. Ветувам извонредно
патување.‘‘Упорно ја наговараше.
,,Не знам,од едн страна сакам да одпатуваме,а од друга
незнам.‘‘
,,Да завршиме со Лондон, па ќе видиме,‘‘ неодлучно
одговори.
,,Добро,добро,само гледај да прифатиш, сам не сакам да
одам.‘‘
Следниот ден ги разгледаа останатите
знаменитости.Даниела беше одушевена од сите кои ги
виде.Посебно го бендиса музејот на восочни фигури
,,Мадам Тисо‘‘.
Конечно се сложи да се одморат два дена, а потоа да
отпатуваат за Каиро во сопствен аранжман.Алберт се
израдува на одлуката и веднаш резервира два билета за
лет во Каиро со ,,Бритиш-Аирвеис‘‘.
131
Наредните два дена малку одмараа и малку излегуваа во
разни кефетерии и ресторани.
Во меѓу време Алберт повремено рапортираше на шефот
за сите нивни разговори и движења низ Лондон.
Последниот ден отиде во централата каде доби детални
информации за ,,подружницата‘‘ во Каиро,адересата и
телефонот на шефот Едвард во Каиро.
Од главниот шеф Ламберт доби конкретна задача
дискретно да истражи и да го открие ,,кртот‘.
Три часа пред летот се спакуваа секој посебно и заедно
отидоа на аеродромот ,,Хитроу‘‘.Брзо ги завршија сите
формалности, се чекираа,го предадоа багажот и по
проверка на пасошите се упатија кон големиот
,,Џамбо‘‘.Огромниот ,,Бионг‘‘747долго се полнеше со
патници.Потоа полека се задвижи кон пистата и конeчно
голема бука и брзина полета кон Каиро.
Огромната ,,метална птица‘‘ навидум
полека,поради големата тежина од 360 тона, се
качуваше во небеските височини до 12.000 метри,и
потоа лесно и брзо леташе кон престолнината на
Египет.Патот беше долг,цели пет часа.Имаа време за
долги разговори,кои Алберт сакаше кориснода ги
употреби со мали напомени за природата на неговата
работа и задачата во Каиро.
Започна со фразите дека патриотизмот е едно од
најголемите чуства на секоја личност, и продолжи,
,,Јас Даниела од секогаш сум сакал да направам
нешто за мојата татковина.
Генерално сите ние англичани, а сигурно и
другите,сакаат да помагаат на својата земја,што е
нормално и прородно,така ли е ?‘‘
,,Да,да,така е,‘‘ одврати таа слушајки го внимателно.
,,Татко ми служел во британската војска во
последната војна.

132
Учествувал во десантот ,,Д- денот‘‘ на Нормандија
каде е ранет.Има добиено два ордена за храброст.
Дедо ми учествувал во борбите во првата светска
војна,каде и погинал.
Во генот носам чуство да се борам за англија и да
направам нешто за неа.‘‘
Таа, бистра, помислуваше на што алудира, но не беше
сигурна и го остави да продолжи.
,,Така е имаш право, секој од нас треба да мисли на
татковината.‘‘
Алберт осети дека го подржува и продолжи со
,,приказната‘‘.
Внимаваше да не каже повеќе од неопходното,а
да свати за што се работи.
,,Нашите луѓе во Каиро имаат проблеми,‘‘ рече тихо и
се заврти да види кој седи позади нив.Потоа ја фати
нејзината рака малку ја помилува со неговта друга
рака и продолжи,
,,Верувам дека знаеш колку си ми мила.Би сакал да ја
продлабочиме нашата врска кога ќе се вратиме во
Лондон.
Моите родители живеат во голема куќа на влезот во
Лондон.Има место за две големи фамилии.За
почеток,...застана ја погледна мило и продолжи,
,,Прво да завршиме работа тука, а потоа ќе
разговараме озбилно за нашата врска.‘‘
,,Да,да, за тоа потоа,‘‘ го дополни таа.
,,Боингот‘‘ се приближуваше кон Каиро.Набргу нежно
и ,,меко‘‘ слета
на аеродромот во престолнината на Египет.
Во пристанишната зграда ги чекаа две лица во темни
мантили со ,,остри‘‘ црти на лицата.
Даниела веднаш помисли за нивните делатност,но не
спомна ништо.

133
Влегоа во голем ,,Џип‘‘ со темни стакла.Едното лице
возеше,а другиот седеше до него.Позади седеа
гостите.
Ги одведоа во источен Лондон во неугледна куќа од
минатиот век.
Ја отворија од далечина вратата од гаражата и влегоа
внатре.Потоа таа сама автоматски се затвори.
Едниот тогаш спомна,
,,Шефот сака да се види со вас.Да се запознаете
лично со Едвард.‘‘
Даниела го погледна Едвард, но ништо не рече.Некако
имаше некоја внатрешна верба во него.
Затоа и прифати да патуваат во Каиро,покрај
големата желба за патување и запознавање на нови
светови.
Преку внатрешните степеници се качија во голем
салон каде ги чекаше шефот.
Стана, се ракуваа,Едвард се претстави, а потоа ја
претстави Даниела како негова девојка.

Тој малку се насмевна и ги понуди со


пијалок покажувајки со рака на шишето со виски на
масичката.
Седнаа и тој започна,
,,Претпоставувам дека твојата девојка знае нешто за
задачата.Прво за се сместите.На првиот кат имаме
соби за гости.Момците ќе ви покажат.‘‘
Го донесоа багажот и заедно се упатија на катот.Се
сместија во две еднокреветни соби се освежија и по
половина час слегоа во салонот.
Едвард седеше со други две лица со сличен изглед и
црни костуми.
Тој започна,
,,Централата е во оваа куќа, каде јас живеам и неколку
колеги‘‘, и покажа на момците.
134
Ти Едвард и јас знаеме се.Од утре треба да се започне
со работа.Треба твојата девојка да ти помага, во
извесна смисла.‘‘
,,Да,да се е јасно,‘‘ кратко одговори тој и ја погледна
Даниела.
Таа само слушаше.Нешто претпоставуваше,нешто
тајно, нешто специфично,но не беше сигурна.
,,Сега одморете се убаво и од утре почнуваме.‘‘
Станаа и трганаа кон своите соби.Таа спомна,
,,Јас сум доста уморна, ќе се видиме сабајле и ќе се
договориме,во ред.‘‘
,,Нема проблем,како ќе кажеш.Добра ноќ,‘‘ рече тој и
влезе во својата соба.
Следното утро Алберт стана многу рано и веднаш
слезе во салонот.Таму Едвард веќе пиеше кафе.Го
праша дали може веднаш да ги разгледа досиејата на
луѓето од МИ6 во Каиро.
,,Секако,секако, одговори тој,веднаш.Стана и го
одведе во својата канцаларија.Го отклучи малиот сеф
со шифра, извади три фасцикли и му ги подаде.
,,Еве,тука е се.Можеш да го анализираш секој
посебно.‘‘
Алберт седна во една удобна фотеља и почна да
ги разгледува едно по едно .
Имаше повеќе од триесет досиеа, од кои некои
беа со голем печат над документот со слика на кој
пишеваше со големи букви МРТОВ.
За секој агент имаше покрај првата страна со
податоци и слика во ,,профил‘‘ и ,,анфас‘‘ и други
документи од разни акции и слично.
,,Јас имам работа, а ти слободно разгледувај ги колку
мислиш дека треба.
Потоа јави ми да ги вратам назад,‘‘рече и излезе од
канцеларијата.

135
Ги разгледуваше полека и темелно.Кога ги прелиста
сите забележа дека го нема досието од шефот Едвард.

Малку се зачуди зашто, но продолжи повторно да ги


разгледува некои кои му се видоа интересни.Кога
заврши го повика да ги врати сите повторно во сефот.
Во салонот се сретна со Даниела.Се договотија да
почнат со разгледување на Каиро.
Шефот се понуди да ги прошета низ Каиро и да
им ги покаже пирамидите од ,,Гиза‘‘,што со радост го
прифатија.Со големиот ,,Џип‘‘ ,,Ленд Ровер‘‘ се
одвезоа кон југозападот на Каиро каде се наоѓаат
пирамидите.По пат покажуваше разни ситни
знаменитости.Пирамидите беа нешто
величествено.Даниела беше воодушевена од нив.Не
можеше да свати како се градени.Како толку големи
камени блокови се редени во висина без современа
механизација.
Сите три пирамиди изгледаа неверојатно,посебно
Кеопсовата пирамида.
Додека ги разгледуваа Алберт потајно го
посматраше Едвард.Нешто му беше чуден изгледот и
гардеробата.Беше висок со многу бел-нежен тен,како
девојка со бел тен.
Носеше шарени тесни пантолани, со тесна
свилена кошула која беше залепена на неговото
нежно тело.Околу вратот имаше марама се
нежни,,женски‘‘ бои.На нозате летни мокасини кои
повеќе личеа на балеринки.Очилата за сонце со бели
оквири повеќе одговараа за девојки одколку за мажи.
,,Чудно,многу чудно,‘‘ помисли тој.
Даниела исто ја примети чудната гардероба на
Едвард но не коментираше.Се воздржа за сега .

136
Додека разгледуваа,шефот зборуваше објаснуваше и
случајно се потпре со раката на рамото на Алберт.Тој
ништо не примети ниту помисли.Покасно додека ги
разгледуваа внатрешностите на пирамидите
повторно се допре до него и не се потргна неколку
минути.
Алберт примети малку чудно однесување,покрај
многу чудната гардероба и се замисли.Паметен и
бистар веднаш помисли,
,,Човеков најверојатно е хомич.Изгледа му паднав во
око и сега се обидува да ме ,,фати‘‘.‘‘Не беше
потполно сигурен и не реагираше.Чекаше да види
како ќе се одвиваат работите понатаму.
Даниела , интелигентна исто примети чудно
однесување на шефот,но и таа молчеше.
Кога завршија со посетата на пирамидите ги однесе во
египатскиот музеј каде имаше повеќе од 120.000
артефакти меѓу кои и колекцијата на ,,Тутанкамон‘‘.
Во сенка на пристојна далечина ги пратеа две лица на
шефот кои ги видоа претходниот ден во
куќата.Зашто? Се прашуваше Алберт.
Дали стварно има и друга ,,фракција‘‘ во екипата на
шефот од Каиро,или тоа е само ,,парада‘‘, ,,игра‘‘, за
да го збуни .
Вечерта уморни од дневното шетање по
пирамидите и музејот останаа во куќата.Даниела
читаше некои часописи во салонот, а тој повторно ги
побара досиеата од Едвард.Седна во канцеларијата
сам и повторнодетално ги разгледуваше едно по
едно.Таа просторија беше споена со врата со
соседната.Проба да ја отвори,не беше
заклучана.Соседната соба беше спална
соба,веројатно на шефот,претпостави.Имаше неколку
негови работи.

137
Кошулата и пантоланите од денешниот ден,како
и нежните мокасинки.Негова е собава заклучи и се
врати да ги разгледува досиеата.
Дирекна врска меѓу спалната и канцеларијата.Нешто
не одговараше,зашто?
Повторно не најде ништо сомнително и Едвард
повторно ги врати сите назад во сефот.
Неговата и собата на Даниела беа на едниот крај од
ходникот,а канцеларијата на другиот крај.По два часа
се прибраа секој во својата соба да одспијат и
одморат до следното разгледување на градот.Околу
единаесет часот,пред полноќ Алберт слушна машки
гласови и смеење.
Полека,нечујно излезе од собата и се упати кон крајот
на ходникот.Под прагот на канцеларијара и собата на
Едвард се гледаа светлосни линии кои доаѓаа од
внатре.
Застана и ослушна.
Дебел машки глас од внатре зборуваше,
,,Овој дојдениов е новата ,,жртва‘‘ на шефот,‘‘ и се
искези.
Другиот исто гласно се насмеа и рече,
,,Младо,свежо месо за искусниов педер,‘‘ повторно со
смеење.
,,Полека,потивко будало,може да те чуе шефот.Си
,,наебал‘‘ потоа,знаеш каков е кога е лут.‘‘
,,Имаш право Џон, мораме да внимаваме што
зборуваме,посебно пред дојденциве.‘‘
,,Што мислиш што ќе биде со девојкава,‘‘ рече првиот-
Стив.
,,Сигурно ќе ја ,,шкартира‘‘, а него полека ке си го цеди
како лимун.‘‘
Алберт брзо тихо се врати во својата соба и седна на
креветот.Размислуваше.Работите се разјаснуваа по
малку.
138
Немаше сомнение Едвард е хомич, го бендисал него и
полека го придобива,го освојува.Но дали е тој
,,кртот‘‘? Можеби само сака врска со маж и ништо
повеќе. Остана многу неодговорени сомнежи.
Лежеше во креветот со затворени очи,но сонот никако
не доаѓаше.
Мислите му одлетаа кај Даниела.Помисли,
,,Не е фер што ја вовлеков во оваа задача.Што има таа
србинка со проблемите на МИ6 во Каиро,ништо.

Многу себично ја вовлековме внате,а таа лесно и брзо


прифати,зашто? Дали поради симпатија,или љубов
кон мене или поради нешто друго?‘‘ Уште една
дилема и непознаница.Лежеше,лежеше и потоа го
извади ,,обичниот‘‘ мобилен и побара некоја музика
на радио станицата што ја нудеше една апликација.
Бараше,бараше,но ништо добро не го задржа
неговото внимание.Продолжи да бара добра забавна
музика.Во еден момент при барањето застана
претражувачот и слушна морзеови знаци: тити ти,ти
таа,тата,...доста јасно и гласно.
,,Што е ова,‘‘ се праша изненаден.Порано немаше
ништо вакво кога слушав во Лондон и Белград музика
на ова радио.Застана и размислуваше.Мора да е од
блиску кога е толку јак сигналот.
Но што е ова овде во куќава ли е или во соседството.
Стана полека,тихо и излезе во ходникот.Полека
нечујно,како дива ѕверка кога се приближува на
пленот пред скок,одеше на прсти по ходникот.Звукот
не се намалуваше.Кога дојде до канцеларијата се
појача.
Доаѓаше дупли звук,еден од внатре и еден од радиото
на мобилниот.
Сѐ се рајасни во трен.Шефот испраќа порака некаде
со морзеова азбука.
139
Брзо повторно нечујно се врати во својата
соба.Никој ништо ниту слушна,ниту виде.Се беше
мирно.Сите спиеа сем Едвард и тој.
Седеше и ги слушаше знаците,сигналите.Се
сети,мобилниот има опција да се снима било која
песна или говор.
Вклучи снимање додека сеуште имаше сигнали со
морзеовите знаци.По неколку минути престанаа
сигналите,знаците.Тишина на таа фрекфенција.
Го врати снименото и го пушти во опција ,,плеј‘‘.Убаво
се слушаа разни знаци титаа,тата,тититит,.......
Морзеовата азбука одавно не се употребуваше во
МИ6,поточно одкога
ги измислија мобилните сателитски телефони.
Го извади својот ,,Лап-Топ‘‘ марка ,,Ејпл‘‘ кои веке
долго беа водечки на копјутерскиот пазар и на ,,Гугл‘‘
ја најде морзеовата азбука.
Одлично,помисли и повторно ги ,,пушти‘‘ снимените
знаци.Во првиот и вториот обид успеа само неколку
да разбере.Многу бргу се менуваа и не можеше да ги
следи и дешифрира.Снименото го ископира со ,,копи-
пеист‘‘ во ,,лап-топот‘‘. ,,Симна‘‘ програм
за репродукција на звук ( ,,плеер‘‘), го уфрли
ископираниот звук и го ,,пушти‘‘.
Одлично се слушаа сите сигнали,морзеови
кратени.Овој програм за среќа имаше опција за
поспора и побрза репродукција.
Вклучи по спора и ги слушаша полека знаците на
Морзе.Сега веќе можеше една по една буква да ги
преведува во зборови.
Неколку пати го повтори снименото и паралелно
пишуваше букви од кои потоа направи
зборови.Снимениот текст гласеше:
,,Повторувам централа, сеуште ништо никој не се
сомнева.
140
Утре го испраќа целиот список на луѓето во
Каиро.Покасно и на останатите во
Египет.Здраствујте.‘‘ По кратка пауза се слушнаа уште
знаци кои во превод гласеа:
‘‘Примено,харашо,здравствујте.‘‘
,,Опа,супер,тоа е тоа.‘‘ не можеше да верува во
содржината на текстот.
Знаеше дека порано кога е користена морзеовата
азбука имало и машини а кодирање кои знаковите ги
извртувале-кодирале.
Потоа примачот ги декодирал и читал.Но зашто сега
Шефот испраќа порака обично,без кодирање.
,,Чудно,многу чудно,‘‘ помисли.
Ако оваа порака не е ,,финта‘‘,мамка, на која треба да
се ,,залепи‘‘ тој,
тогаш зашто ја испратил незаштитена? Не можеше да
одговори на тоа прашање.Така замислен заспа.
Даниела убаво се чуствуваше во Каиро.
Шетаа,разгледуваа,беше интересно и
забавно.Посебно со Алберт кого полека се повеќе го
бендисуваше.
Не разбираше што всашност се случува, но тоа многу
не ја секираше.
Спиеше мирно и релаксирано без анализи и длабоки
размислувања.

141
******

Главниот шеф во Лондон беше нестрплив.Очекуваше брзи


резултати со откривање на ,,кртот‘‘.Следното утро се јави
на сателитскиот мобилен на Алберт.
,,Ало, овде Макс, кој е тамо.?‘‘ праша нестрпливо.
,,Ало,овде Алберт.‘‘брзо одговори тој.
,,И јас сакав да Ви се јавам.Имам нови моменти.Врскава е
сигурна,зар не?‘‘
,,Да,да сосема сигурна,‘‘ одговори шефот.
,,Кажувај,откри нешто.Се сомневаш во некого?‘‘
,,Моментално се сомневам само на еден.Малку е
неверојатно.Дали смее да се испраќаат морзеови пораки
не кодирани?‘‘
,,Секако дека не, мора да се кодираат.Зашто?‘‘
Раскажа што слушнал и од каде.Исто така кажа дека
Едвард најверојатно е ,,хомич‘‘ и дека му се ,,набацува‘‘.
Макс само се насмевна и додаде .
,,Одавно се сомневам,но немав опипливи докази.‘‘
,,Полека се разјаснува се.Браво Алберт,одлично
сработено досега.Биди многу внимателен.Едвард е
итар,стар лисец.

Сигурно ќе се обиде да те елиминира на елегантен


начин.Сигурно ќе ти ,,намести‘‘ нешто, внимавај многу на
сѐ.‘‘
,,Работи тихо и многу внимателно.Пази се.Поздрав.‘‘
Врската се прекина а Алберт остана многу замислен.
Последните реченици на шефот убаво ги запомни.
Слезе долу во салонот каде седеа Едвард,Даниела и
двајца негови луѓе и разговараа.По десетина минути
зазвони телефонот на Едвард.Се јави.
Од другата страна беше главниот во Лондон Макс.

142
,,Ало,Макс,кој е тамо?‘‘
,,Здраво шефе,Едвард тука.Како сте шефе?‘‘
,,Добар.Како е таму доле.Како Алберт и девојката.Работат
посветено,или само шетаат низ Каиро?‘‘
,,И шетаат и работат по малку. Ја има мојата подршка, но
тој треба да открие кој е,зар не.‘‘ одговори Едвард.
,,Да,да, тој треба да открие.Но за сега споро оди.‘‘
,,Работете заедно усилено.Помагај му повеќе.Не го оставај
сам.Јасно?‘‘
,,Јасно шефе,ќе помагам максимално, ветувам.‘‘ Од
другата страна шефот ја прекина врската.
Едвард исто го затвори телефонот и рече,
,,Алберт, шефот беше.Сака брзи резултати,да работиме
заедно по енергично.‘‘
,,Се сложувам,нема проблем,ќе работиме заедно.‘‘

Влезе трет од неговите луѓе и кажа,


,,Шефе имало проблем со кодирањето во канцеларијата,
преготел осигурач и цел ден не работел.Јас сега го средив,
сега работи,го проверив.‘‘
,,Што осигурач, каков осигурач,сега ми кажуваш?‘‘
,,Го средив шефе,сега е се ок.‘‘ одврати тој.
Едвард остро го погледна и испушти воздух со устата за
олеснување.
На Алберт се му стана јасно.Mислел дека работи
машинчето за кодирање и слободно испратил поракa.
Продолжија со неврзан разговор и по два часа се
разотидоа.
Шефот Едвард лежеше во својот кревет,а низ главата му
прелетуваа разни мисли.
,,Дали гостиве слушнале нешто? Дали се задоволни
газдите во Москва со пораката? Како брзо да го
неутрализирам гостинов? Како да ја ,,средам‘‘ малава?
Дали ме бендиса Алберт,што правиме ако не ма сака?Што
ќе рече сегашниов,Џон за новата врска,ако се случи?‘‘
143
Стотици прашања и дилеми, многу малку оодговори.
,,Морам брзо да смислам добар план да ја исправам
грешката со пораката,‘‘ си помисли.
,,Но прво да видиме дали ме бендисува Алберт.Тоа е
најважно.Личи на ,,наш‘‘ сој,нежен, културен,
женствен,....Но се облекува како и сите мажи.Чуден некој
тип,ќе видиме.‘‘
Со безброј разни мисли,малку збунет полека потона
во сон.Сонуваше како шета сам со Алберт низ Каиро.
Се смеат,се забавуваат по малите продвничќи
двајцата облечени во иста гардероба,полу женска со
шарени тесни пантолани,тесни свилени кошули, свилени
марами околу вратот и балеринки на нозете.Среќни се,
уживаат.
Се тргна од сонот, се разбуди и разочарано го погледна
часовникот на страничното масиче.Покажуваше три часот
по полноќ.Сум сонувал,за жал тоа било само сон.
Алберт,лежејки во својот кревет, на кратко помисли
на Едвард,го замисли неговиот лик и заклучи,
,,Опасен е по сите основи.Мораме да внимаваме многу на
него.‘‘
,,Даниела сигурно ништо не приметила.Морам некако да ја
предупредам многу да внимава,сигурно спрема нешто или
ќе припреми покасно,гарант.‘‘
Многу уморен од денот потоа брзо заспа.
Сабајлето сите станаа рано.Се сретнаа во салонот
каде пиеа кафе.
Шефот расположен, се понуди да ги прошета понатаму низ
градот.Радосно прифатија и повторно со големиот ,,Џип‘‘
и возачот отидоа до најголемата исламска ,,чаршија‘‘ во
Каиро-,,Сук‘‘.

Стотици,и стотици мали продавници за се и сешто,тезги со


различна роба, храна, разни зачини, беа расфрлани од
обете стани на тесните уличиња.
144
Продавачите гласно ја нудеа својата роба.Разни егзотични
мириси се ширеа на сите страни.
Даниела и Алберт беа повторно одушевени од глетката и
атмосверата и тешко ги пратеа домаќините кои одеа
напред и со мака се пробиваа низ толпата народ.
По пат таа купи сувенирче, мала кожна камила за 5
долари,по успешното ,,ценкање‘‘ на Алберт.Неговото
острото соколово око примети дека две лица ги следат
неприметно од едната и другата страна, но воопшто не се
возбудуваше.
,,Главниот е со нас,не би требело да се појави
проблем‘‘,си помисли попатно.
Го разгледаа пазарот, а потоа ги однесоа во познатиот
парк ,,Ал-Азхар‘‘ каде по кратката обиколка на дел од
прекраасните фонтани и езерцата седнаа на клупа покрај
големото езерце да се одморат малку.Весело
разговараа.Сите видно расположени,и малку уморни од
одењето низ ,,базарот‘‘.
Цело време додека шетаа размислуваше како би можел да
ги ,,намести‘‘, што ако ништо не приметат.Деликатно,многу
деликатно.
Дали грубо да го одбие удварањето на шефот или да
избегнува? Остана отворена дилема која не знаеше како
успешно да ја реши.
Околу два часот Даниела спомна дека е гладна и сака да
седнат негде и каснат нешто.
Идеатарадосно ја прифатија .Ги одведоа во ресторанче со
голема тераса, на влезот од паркот.Седнаа на терасата и
Едвард го повика главниот келнер.
,,Што може да ни понудите како домашен арапски
специјалитет?‘‘
Тој се насмевна и го донесе ,,менито‘‘ со разни
јадења,салати и пијалоци.

145
Едвард гордо започна да раскажува за египедската кујна,
да покаже колку многу знае за кулинарството,посебно
египедското.
,,Египедската кујна е мешавина на разни влијанија од
многу земји.
Секое јадење е дело на разни влијанија уште од древните
времиња, како сиријски, турски,
либански,еврејски,палестински и други европски
влијанија.
Јадењата се воглавном од различи свежи зеленчуци и
овоштија, со пилешко,јагнешко или телешко месо.
Обавезен е додатокот на типичниот ,,египедски ориз‘‘ од
цели оризови зрна и ,,пита леб‘‘ односно ,,аиш пита‘‘,
врста на ,,лепиње‘‘.Исто има специјалитети од речни риби,
сом,крап,гргеч и јагула,‘‘ поносно го заврши своето
излагање.
Не знаеа што да одберат од повеќето јадења и
препуштија тој да одбере нешто.Избра две различни
јадења.Едното се состоеше од повеќе зеленчуци со
пилешко и јагнешко месо, а другото риба,јагула со
,,египедски ориз‘‘ и разни сосови.
Донесоа по две чинии од двете јадења, салати од
патлиџани како типични за Египет , и четри ,,пити леб‘‘.
Полека јадеа и разговараа малку за Египет, и типичните
египедски јадења.
Во Египет не се пие алкохол,како муслиманска земја, но
тука има темно египетско пиво, и ако сакаат може да го
пробаат.
Едвард,радознал по природа изрази желба да го
проба.Нарачаа четри темни пива.
На крајот одбраа зашекерени урми како специјалитет на
,,куќата‘‘ како што ги пофали келнерот, кои на крајот не ги
наплати.
Завршија со обилниот ручек и се вратија во куќата.

146
Попат се договорија вечерта повторно заедно да излезат
во центарот каде има најразлична забава.
Околу дваесет часот гостите спремни слегоа во салонот.
Едвард повторно дотеран во дречлива ,,полу женска‘‘
гардероба ги пречека со насмевка.
,,Спремни,‘‘ рече весело.
,,Потполно спремни за провод,‘‘ одврати таа.Излегоа сите
тројца и возачот и со ,,Џипот‘‘ отидоа кон центарот.Веќе
беше поминато 21 часот и ноќниот живот полека
започнуваше.
Шефот предложи за започнат со некоја типична арапска
чајџилница, а потоа во некои барови со египетска и
европска музика.
Стигнаа во голема улица полна со чајџилници и мали
кафетерии.Влегоа во голема, раскошна чајџилница.Се
сместија во едно слободно ќоше на јастуци поставени на
подот.Во средината имаше округла ниска масичка.Во
близина околу имаше повеќе нарѓилиња со црева и
метални посуди со вода.
Дојде келнерот.Нарачаа четри чаја.Ги понуди со
наргилињата.
Алберт го прифати првото до него,го загледа и праша,
,,Како оди оваа работа?‘‘ го праша возачот.Тој објасни и
Алберт започна да ,,пуши‘‘ со наргилето.Стигнаа четрите
чаја.Започнаа муабет за адетите во арапските земји,
посебно во Египет.
Едвард добро информиран со радост детално ги
објаснуваше муслиманските обичаи.Неприметно со
ногата ја допираше ногата на Алберт.Тој примети и ја
повлече својата нога. По малку повторно ја залепи својата
до ногата на Алберт.
Повторно ја повлече сојата нога.
Шефот конечно ја свати пораката дека гостинот одбива
секаков допир и специјален однос, се уозбили и престана
да објаснува со изговор дека го заболела устата.
147
Го задолжи возачот да продолжи со објаснувањата за
арапските обијаи.
Полека ги испија чаевите и потоа излегоа од
чајџилницата.Шетаа низ широката улица полна со ноќни
клубови и барови.
Попречните мали уличиња многу слабо осветлени исто
беа полни со мали клубови и барови.
Веќе беше поминато единаесет часот.
Темните уличињата се наполнија со туристи и гости од
Каиро кои избираа во кој бар или клуб да влезат.Острото
око на Алберт примети дека повторно ги следат двајца
крупни момци.
Свртеа во едно уличе и влегоа во еден клуб од кој се
слушаше џез музика.
Клубот беше скоро полн.
Во замаглениот воздух полн со дим и слабо светло успеаа
да најдат празна маса.Седнаа и погледнаа кон музичарите
кои занесено свиреа некоја џез нумера.Келнерката
пријде.Нарачаа четри виски.
Даниела примети,
,,Нели во муслиманските земји не се точи алкохол,зар
не?‘‘
,,Точно,‘‘ одговори возачот и додаде,
,,Но во беровите и клубовите во кои гостите се скоро сите
туристи е дозволено.‘‘
Шефот само молчеше и слушаше,видно нерасположен од
гестовите на гостинот.
Стигна вискито и сите заедно
наздравија.Музиката,посебно дувачите изведуваа соло
партитури а тапанарот на крај исто така со своја соло
изведба ја заврши нумерата.Разговараа.
Даниела се распрашуваше за животот на младите во
Каиро, а возачот со радост објаснуваше.

148
Потоа и Алберт се вклучи со прашања,но повторно само
возачот му одговараше.По полноќ Едвард предложи да
одат во некој друг бар со музика или клуб.
Излегоа на тесната темна уличка и продолжија по неа.
Кон крајот на уличката видоа солиден клуб и вегоа
внатре.Седнаа повторно и нарачаа пијалоци за
сите.Музичарите со акустични гитари и пеачка свиреа
некоја
,,кантри‘‘ песна.Сите гости кои гоисполнуваа клубот со
удирање на рацете ја пратеа музиката и подпевнуваа.
И они ги гледаа музикантите и ја слушаа убавата ,,кантри‚‚
нумера.
Повторно отворија муабет сите сем шефот кој само
гледаше во музиката и молчеше.Помина полноќ и околу
еден часот Даниела предложи да заминат.
Едвард го испрати возачот да го донесевозилото пред
клубот.Тој се изгуби, а тие полека излегоа надвор.
Темната уличка беше празна.Само се слушаше далечна
музика од некој клуб.Тргнаа кон главната улица која беше
во далечината.

Во еден момент Едвард извика,


,,Пази Алберт,‘‘ и се повлече неколку чекори назад и го
снема во темнината.
Се слушна истрел од револвер.Алберт одскокна и падна
наназад.Изненадена Даниела го погледна и притрча до
него.Клекна над него.
,,Алберт,Алберт,добар ли си,‘‘ викна и погледна кон
правецот од каде дојде истрелот.Клекна над него и се
обиде да го подигне.Тој се обиде да каже нешто.
Ја наслони главата над неговата уста и слушна
,,Едвард,Едваард,....тој еее….‘‘ и замолче.

149
Во истиот момент од местото каде стоеше Едвард во
темнината се слушна друг истрел.Овој пат во главата на
Алберт кој се обидуваше да стане.
Даниела се сврте, немаше никого.Доле непокретен лежеше
Алберт.Од челото му течеше крв.
Таа клекна над него и викна гласно,
,,Алберт,Алберт.‘‘ Го фати за рамењата и го подигна.Тој не
покажуваше никакви знаци на живот. Тогаш од темнината
се појави шефот и викна,
,,Што е,што се случи? Алберт, Алберт.‘‘
Даниела гледаше час во Едвард,час во Алберт потполно
збунета и занемена.
,,Кој пукаше, што е ова, зашто?‘‘ извика шефот.
Во тој момент возачот се појави со ,,џипот‘‘ во
уличката.Застана излезе од возилото и дотрча до нив.
Погледна долу во непокретното тело на Алберт,потоа во
шефот,и на крајот во Даниела.
,,Што ќе правиме шефе,да викнам полиција или….‘‘
,,Уфрли го во ,,џипот‘‘ и да одиме од тука додека не дошле
,,цајканите‘‘.Уште тие ми требаат.Само проблеми со нив.‘‘
Возачот го донесе блиску возилото,ја отвори задната
врата и заедно со Едвард го уфрлија мртвото тело на
Алберт внатре.
,,Одиме девојко,‘‘ рече и сите влегоа во ,,џипот‘‘ и брзо
заминаа од уличката.
По пат ништо не зборуваа.Возачот брзо возешеи по десет
минути стигнаа во куќата.Го внесоа возилото во гаражата
и отидоа во салонот.Седнаа.
Даниела избезумена искоментира,
,,Ова е како на филм,луѓе ништо не разбирам, што се
случува?‘‘
Едвард смирено ја погледна и рече,
,,Не нападнаа луѓе од друга тајна служба, ,,Мосад‘‘ или
,,КГБ‘‘, или некоја трета,кој знае.‘‘

150
Таа немо зачудено го гледаше, без да изусти ниту еден
збор
,,Вакви инциденти се случуваат по некогаш тука, тоа е
тоа.Нашата работа е ризична,сигурно го знаеш тоа,‘‘
заврши полека.
Даниела стана и без збор се качи во својата соба.
Го имаше телефонот од шефот Макси се јави во Лондон.
,,Ало, Макс,кој бара?‘‘
,,Даниела, девојката на Вашиот човек Алберт .Се јавувам
од Каиро.
Пред малку го убија Алберт.На умирање ми кажа Едвард
е…
Токму тој беше лицето што го баравме и ние и вие.‘‘
Макс разбра се, и рече,
,,Ме радува што средивте долу, но многу жалам за твојот
Алберт.Беше стварно многу добар во секој смисол.Ретко
добар човек.‘‘ Потоа врската се прекина.
По разговорот таа легна но беше премногу возбудена
за да заспие.Гледаше во темнината во таванот и се
обидуваше да размислува.
,,Зашто се изгуби шефот момент пред првиот
истрел.Зашто потоа втор истрел од неговиот правец,
зашто во главата?‘‘
Многу прашања на кои немаше одговори.
Се помисли дали Едвард имаше оружје или не.Тоа
беше многу битно, но не знаеше.Стана полека и излезе во
ходникот.Тишина,се беше мирно.Тихо,многу
внимателно,на прсти отиде низ ходникот до вратата од
канцеларијата од која се ѕиркаше светла линија.Застана.

Од внатре слушна зборови,


,,Слушај Пол.Морам да се ослободам од мојов
револвер.заврши работа,сега само може да прави
проблеми,да пречи,сваќаш?‘‘

151
,,Сваќам,сваќам Шефе,ќе го средам.Ќе го фрлам во некој
контејнер попат,без гајле,тоа е моја работа.‘‘
,,Чекај, симни го веднаш доле во ,,џипот‘‘,а после средувај
го како сакаш.Ме нервира,сваќаш!‘‘
,,Јасно,јасно,дај и го мене,и готово,‘‘ одговори возачот.
Брзо, тихо се врати во својата соба и легна во
креветот.Се мислеше.
,,Јасно како ден.Едвард се повлече во темно за да не се
види како пука во Алберт.
Но зашто првиот истрел во градите не го уби? Се мислеше
и по малку се сети.
Кога го тресев за рамењата беше многу тешко.Тој е
слаб,тенок, сигурно имал нешто,.....па да.Веројатно имал
,,панцирен‘‘ елек на градита и грбот.Затоа падна од
истрелот но не беше ранет или затрелан.Треба да е така.‘‘
Се слушна отварање врата и чекори низ ходникот.
,,Тоа е Пол возачот, сигурно го носи револверот доле во
гаражата, во Роверот.‘‘
Чекаше лежејки десетина минути,а потоа
стана.Заслушана. Тихо,никаков звук не се
слушаше.Погледна околу себе,саќајки да земе нешто за
помош,одбрана, но ништо прикладно не виде и полека
излезе во ходникот. Се упати кон другиот крај од каде
странично започнуваа степеници кон задниот влез во
гаражата.Нечујно се спушти и влезе во гаражата.Внатре
беше темно.Застана,почека малку и разгледа околу колку
што можеше да препознае.Во средината беше големиот
,,џип‘‘, а од страните имаше по малку празно место.Го
извади мобилниот и го вклучи.Малата светлина од
неговиот екран беше доволна да види скоро сѐ.
Ја отвори задната врата и ѕирна внатре.На патосот
лежеше мртвото тело на нејзиниот несуден партнер
Алберт.Ги допре неговите гради со прстите и осети нешто
тврдо.

152
Ја раскопча неговата кошула и го виде ,,панцир‘‘ елекот.Во
средината имаше мала дупка од испуканото револверско
зрно.Го закопча и ја затвори вратата.
Отвори странична врата и влезе внатре.Во ладицата на
командната табла го најде револверот.Извади книжно
марамче и со него го подигна.Ја помириса цевката.Малку
мисисаше на барут.
,,Се е јасно како ден.Кога видел и сватил Алберт дека
вероватно е само ранет,за да се осигура го застрелал тој
лично.‘‘
Се згрози од целиот настан со убиството Алберт,легна и
по малку заспа.
Сабајлето се сретна со шефот Едвард во
салонот.Возачот го немаше.
,,Сигурно го однел лешот и револверот во почетокот на
пустињата‘‘,помисли.
Зема од свареното кафе и седна наспроти него.Тој прв
започна,
,,Мора да откриеме кој го застрела твојот Алберт и зашто.‘‘
,,Многу ме потресе неговото убиство.Добар човек
беше,паметен,чесен и личен маж.‘‘ Посебно ги нагласи
зборовите личен маж.

Таа го примети тоа и продолжи,


,,Да,да стварно беше личен маж, и добар човек,штета.‘‘
Тој го допи кафето,стана и излезе од салонот.
Таа повторно започна да размислува како да го освети
љубениот несуден партнер,како да го среди ,,педерот‘‘ кој
дрско и притаено го застрела во чело од темнина.
Пиеше кафе и во главата почнаа да се вртат разни
варијанти.
,,Да го отрујам, не не очевидно ќе биде,не оди.‘‘
,,Да го застрелам, немам со што.Да го удавам, во
што,каде?‘‘

153
Никако не доаѓаше до некоја прифатлива идеа.Во тој
момент и ,,светна‘‘ генијална идеа.Се сети на англиски
шпијунски филм од шеесетите години каде еден агент
убива друг со тоа што го турнува под тркалата на воз во
метро.
,,Супер идеа.Каиро има големо и долго метро.Може да ја
реализира без проблем.
Во големите турканици по станиците нема да се забележи
кој го турнал.Супер, одлично,‘‘ заклучи задоволно.
Се расположи со фантастичната идеа и весела отиде кон
гаражата да го викне возачот да ја префрли до
центарот каде поминуваа сите линии на метрото.
Не го најде ниту во гаражата ниту во задниот двор.
Се врати во салонот и го праша Едвард.
,,Сакам да одам до центарот,треба да купам некои
лични работи.Мислев Пол да ме префрли ако е слободен,
но него го нема.‘‘
,,А Пол го бараш.Јас го испратив во град да заврши
нешто.Ќе се врати за час,два, ако не ти е предоцна.‘‘
,,Нема проблем, ќе земам такси.Тука е многу ефтино.‘‘
Стана, отиде во својата соба и се доспреми за
излегување.Слезе долу и повика такси кои набргу стигна
и ја префрли во самиот центар на градот.
На големата раскрсница од страната имаше табла со
голема буква ,,М‘‘ и степеници надолу.Слезе по нив и ја
виде поземната метро станица после местата за проверка
на билетите.Купи повратен билет се ,,чекира‘‘ и по нови
степеници се спушти пред станицата.Долу многу луѓе на
едниот правец го чекаа возот, а наспроти исто така голема
гужва.Стотици луѓе чекаа да се качат во некој вагон.
,,Одлично,идеални места за нејзината намера,перфекно.‘‘
Дојде возот со пет вагони и сите се стрчаа кон влезовите
за да влезат внатре.

154
И таа влезе во вториот вагон кој беше полн како и
останатите.Возот веднаш тргна и се забрза со тенко
,,шкрипење‘‘ на тркалата врз шините.
На следната станица слезе.Не можеше да ја поднесе
големата турканица внатре и мирисот на пот од патниците.
Повторно се качи на површината со подвижните
степеници и излезе надвот. Зема длабоко воздух и си
рече,
,,Фала му на господ имало спас.‘‘Расположена
продолжи по тротоарот на широката улица повремено
застанувајки и гледајки по излозите.
Улицата како и повеќето беше полна со минувачи кои
брзаа секој по својот пат.
Влезе во продавница за козметика и одбра ,,млеко‘‘ за
лице и дезодоранс.
Продолжи да ги разгледува излозите но цело време се
прашуваше како да го натера заедно да излезат и да се
транспортираат со метро.
,,Прво мора да биде расипано возилото.Второ да не
повика такси и трето заедно да се излезени негде во
центарот.‘‘
Се врати во куќата и направи план за првиот услов.
,,Ќе сипам шекер во моторот и следниот ден ќе се расипе
Роверот.
Потоа ќе предложам туристичка тура низ Каиро со
метро,ако прифти да ме води.
Со тоа се е средено.Се сети на ,,телескоп‘‘ држачот за
мобилен кој го купи пред поаѓање.
,,Супер, ќе заврши работа.Ќе го заклучам во истегната
положба и ,,цак‘‘ отиде под тркала хомичов.‘‘
Во момент кога не беше тука шефот, а возачот се
тушираше,слезе брзо долу, го отвори капакот од моторот
и сипа шекер внатре.Безо зтвори и се врати во кујната.
Седна сипа кафе во голема чаша и почна полека да пие.

155
Влезе Едвард и по поздравот седна на троседот. Таа
веднаш почна,
,,Размислувам утре да го прошетам градот, но да не го
гњавам Пол ќе одам со метро.Повеќе места сакам да
посетам и разгледам.Метрото ќе заврши работа.
Каиро има убаво метро,зар не.Барем така пишува во
туристичќите брошури.‘‘
,,Да,да има солидно и брзо метро.Но како ќе одиш сама, кој
ќе те води и објаснува те молам.Јас ќе дојдам со
тебе.Каиро го познавам како мојот џеб, не се грижи,ќе ти
покажам се што сакаш.‘‘
,,Феноменално‘‘, си помисли таа.Сам се ,,фати‘‘ ,,кленов‘‘,
одлично.
,,Добро,јас планирав утре, само да видиме какво ќе биде
времето.Полисли на возилото.Дали добро ја завршила
работата.
,,Секако,секако.Ако е убаво времето одиме.Морам да те
расположам после оваа трагедија што се случи, глумеше
загриженост.‘‘
Следното утро возачот влета во салонот и лут извика,
,,Не знам што е со Роверов не сака да запали.Се ,,утепав‘‘
од верглање ништо.Мора да викнеме мајстор, јас не знам
повеќе што да проверувам.Нејќе па нејќе,не пали.‘‘
Даниела тажно го погледна, а во себе се израдува.
,,Времето е супер, одиме денес Даниела,‘‘ рече Едвард и
погледна кон неа.
,,Може,важи,одиме,‘‘ весело одговори.
Се спреми и заедно со такси отидоа во центарот.Таа го
понесе и телескопот.
Слегоа во првата метро станица и отидоа на перонот за
правец кон север.
Таму огромна турканица.Застанаа во вториот ред и
чекаа.Стигна првиот воз и сите патници се туркаа кон
влезовите.

156
,,Да почекаме друг,сигурно ќе стигне за две,три минути,‘‘
рече таа.
,,Да,да ќе почекаме.‘‘ одврати тој.
Застанаа во првиот ред и чекаа.Позади нив се собраа
многу патници кои нестрпливо чекаа да влезат во
следниот воз.
Даниела се повлече еден чекор назад со коментар,
,,Мора да внимаваме,повторно има голема турканица.‘‘
Во тој момент од кривината се појави возот кој брзо се
движеше кон перонот.Даниела,претходно го отвори
,,телескоп‘‘ продолжувачот и го блокира.
Две секунади пред возот да стигне пред нив јако го боцна
Едвард со шилецот.

Тој изненаден изгуби рвнотежа и падна на


пругатамдирекно на шините.Првиот вагот помина над
неговото тело и по десет метри застана.Народот на
перонот списка.
Таа полека го состави ,,телескопот‘‘ се сврте и замина од
местото кон излезот.Никој не гледаше во неа.Сите гледаа
во просторот пред првиот вагон.
Излезе неприметно и со такси се врати во куќата.
Возачот Пол седеше во големиот салон и гледаше
телевизија.
Таа уште по пат спреми ,,приказна‘‘ за немилиот настан.

Глумејки потресеност влезе и веднаш започна со вештото


глумење,
,,Пол,нема да ти се верува што се случи во метрото. Доле
на пероните нормално голем турканица.Чекаме да дојде
возот,Едвард во првиот ред да влеземе полесно.
Некој случајно во таа мешаница го турна малку и тој падна
под тркалата на првиот вагон.Возот сеуште се движеше
полека и додека запре тој веќе беше прегазен.

157
Неверојатно,сеуште сум во шок.Не ми се верува што се
случи.‘‘
,,Што зборуваш, како,како е можно.Па тој е
искусен,возрасен човек,како можеше тоа да се случи.‘‘ Со
неверување одврати возачот.
,,Сеуште не можам да поверувам во немилата
случка.Неверојатно,‘‘ вешто зборуваше таа.Сипа виски во
дебела чаша и седна во една фотеља.
Го гледаше како реагира.Тој беше вчудоневиден и
потполно изненаден.
,,Добро е, одлично одглумив,супер.‘‘
Потоа продолжија да раговараат за египетската полиција
и нејзината ефикасност.
Заклучија дека е најдобро да молчат и да не креваат многу
прашина, имајки предвид со што се занимавал шефот
Едвард во Каиро.
Вечерта ги слушаа сите вести на националните телевизии
кои ја објавија шокантната вест за несреќата во метрото.
По вестите таа се повлече во собата и телефонира во
Лондон на сателитскиот телефон на главниот -Макс.
Тој веднаш се јави со ,,Ало Макс,кој бара?‘‘
,,Овде Даниела девојката на Вашиот Алберт.Се јавувам од
Каиро.‘‘
,,А тој Алберт,па како е таму Даниела?‘‘
,, Данес се случи неверојатна несреќа.Едвард случајно
падна под тркалата на возот во метрото.Првиот вагон го
прегази.‘‘
,,О каква несреќа, баш жалам што тој така заврши.Вие
Дниела сте многу мудра и паметна девојка.

Нас токму такви ни требаат.Сега се сетив на еден стар


шпијунски филм со буткање во метро токму под тркалата
со шпиц од чадорот на убиецот.‘‘

158
Благодарам што се јавивте.Претходното Ваше јавување
исто беше многу конкретно и вистинито,зар не.‘‘ Рече,
нагласувајќи го секој збор.
,,По се што се случи најдобро е да заминете од Каиро.Ние
ќе преземеме понатаму.‘‘
Нејзе сега се и беше јасно.Треба да си замине за Беград.
Попладнето се јави на аеродромот и резервира билет за
Белград за следниот ден наутро во девет часот.
Наредното утро стана рано,се спакува.Потоа возачот ја
префрли до аеродромот каде за кратко се чекира,го
предаде багажот и по проверката влезе во големиот
,,Аирбус‘‘ 340. Набргу ,,металната птица‘‘ се одлепи од
пистата и полета кон Белград.Летот беше стандарден,
мирен и пријатен.
По шест часа слетаа на белградскиот аеродром.
Го подигна багажот и со автобус се врати во центарот на
градот.Повика такси кој ја однесе дома.
Зазвони на влезната врата.Татко ѝ Стефан се изненади
кога ја виде на вратата.
Силно ја гушна и бакна.
,,Се врати,конечно се врати дома,моја Даниела.‘‘
Таа исто многу среќна што саканиот татко е добар, влезе
внатре и се поздрави со Марија.Се раскомоти и седна.

Започна да раскажува,
,,Нема да верувате што се ми се случи во последните
неколку недели.‘‘
Раскажуваше се по ред.Го спомна Алберт и со тага во
очите објасни за неговото убиство.На крајот многу уморна
се повлече во својата соба,легна и веднаш заспа.
Утрото се јави на аеродромот и го обавести шефот дека
повторно е во Белград и праша дали може повторно да ја
работи истата работа како аеродромска стјуардеса.

159
Тој радосно ја прифати и наредното сабајле Даниела
повторно со аеродромскиот автобус се упати кон
аеродромот на работа.
Возејки се во автобусот размислуваше,
,,Животот е чудо.Љубовта исто така.‘‘
,,Досега немав среќа во љубовта.Првата љубов личниот
Италијан во Фиренца ме изневери.
Вториот, копилотот Горан истотака ме изневери со
стјуардеси.
Третиот најдобриот,чесниот, Алберт го убија во Каиро.‘‘
Размислуваше за секој од нив посебно, и на крај одлучи,
,,Не се откажувам, одам понатаму.Морам да најдам нов
сличен на Алберт,што нема да биде ниту лесно, ниту
едноставно.‘‘
,,Тоа е тоа, животот оди понатаму и јас заедно со него.‘‘
Заклучи и продолжи да гледа во далечината низ
прозорецот на автобусот…

160

You might also like