You are on page 1of 159

Ian McEwan AMSTERDAM

Copyright © by Ian McEwan, 1998


Јан Мекјуан

АМСТЕРДАМ

НАГРАДА БУКЕР ЗА 1998 ГОДИНА


I

Двајца поранешни љубовници на Моли Лејн стоеја и чекаа


пред капелата на крематориумот, свртени со грб кон февру-
арскиот студ. Сето тоа веќе го имаа кажано порано, но сепак,
повторно разговараа.
„Таа никогаш не дозна што ја снајде“.
„Кога дозна, беше предоцна.“
„Секавично брза болест.“
„Кутрата Моли.“
„Мхм.“
Кутрата Моли. Тоа започна со штрекање во раката, што ја
подигна пред Дорчестер грил за да запре такси; тоа чувство
никогаш не помина. За неколку недели почна да се мачи со
имињата. Парламентот, хемијата и пропелерот некако и си ги
прости, но за креветот, кремот, огледалото беше многу потеш-
ко. По привремсното исчезнување на акантусот и бресајолата,
се посоветува со лекар очекувајќи дека тој ќе ја смири. Место
тоа, ја пратија на испитување, а потоа, на некој начин, веќе
никогаш не се врати. Колку брзо пргавата Моли стана заточе-
ник на болничката соба, под будното око на својот намќорест,
посесивен маж Џорџ. Моли, која пишуваше критички прика- зи
за ресторани, беше блескава шегаџика и одличен фотограф,
смела градинарка што ја сакаше министерот за надворешни
работи и која во четириесет и шестата година се уште може- ше
да направи беспрекорна ѕвезда. Брзината со која се втур- на во
лудилото и болката стана предмет на општи разговори;

11
губењето на контролата над телесните функции, а со него и на
сета смисла за хумор, потоа губењето во разлеаност про- шарено
со епизоди на јалова насилност и придушени крикови.
Кога го видоа Џорџ како излегува од капелата, љубовни-
ците на Моли веднаш се оддалечија по чакалната патека об-
расната со плевел. Влегоа во една уредена парцела со овални леи
насадени со рози, обележана со натписот Градина на сеќа-
вањето. Секоја грмушка беше безмилосно исечена до виси- на
од неколку палци над замрзнатата земја, што беше оби- чај што
Моли го осудуваше. Малиот тревник беше покриен со згазени
догорчиња, затоа што луѓето одеа таму да постојат и да почекаат
погребната процесија пред нив да ја ослободи зградата. Додека
шетаа ваму-таму, двајцата стари пријатели пак го почнаа
разговорот што го водеа во разни видови веќе пет-шестпати, но
сспак им даваше многу поголема утеха от- колку пеењето на
Поклониците.
Клајв Линли прв ја запозна Моли, уште кога беа студенти во
шеесет и осмата година и живееја заедно во хаотичното ди-
намично домаќинство во Долината на здравјето.
„Страшно е да заминеш на таков начин.“
Го гледаше својот замаглен здив како плови губејќи се во
сивиот воздух. Рекоа дека температурата во центарот на Лон-
дон денес е минус единаесет. Минус единаесет. Нешто сериоз-
но не е во ред со светот, а за тоа не можеме да го обвиниме ни
Бог, а ни неговото непостоење. Првата непослушност на чове-
кот, Падот, фигура во пад, обоа, девст ноти, десет ноти. Клајв
беше надарен со совршен слух и ги слушаше како се спуштаат
надолу од Г. Немаше потреба да ги запишува.
Тој продолжи: „Мислам, да умре така, без свест, како не- кое
животно. Толку многу да падне, да се понижи пред да ус- пее да
си ги среди работите, или дури и да се збогува. Тоа и се
прикраде, и потоа...“
Си ги собра рамената. Стигнаа до крајот на изгазениот
тревник, се свртеа и тргнаа назад.

12
„Таа поскоро би се убила отколку да заврши така“, рече
Вернон Халидеј. Во седумдесет и четвртата година тој живее-
ше со неа една година во Париз, кога ја доби првата работа во
Ројтер, а Моли вршеше разни работи за Вог.
„Со уништен мозок и во канџите на Џорџ“, рече Клајв.
Џорџ, мрачниот богат издавач што беше луд за неа и кого
таа, за општо изненадување, не го остави, иако постојано се
однесуваше лошо со него. Тие погледнаа кон местото каде што
стоеше тој, пред вратата, и примаше сочувство од група луѓе
што дојдоа на погребот. Нејзината смрт го издигна над општиот
презир. Изгледаше како да пораснал за два-три прс- та, грбот му
се исправи, гласот му се продлабочи, а и молеж- ливите алчни
очи му се стеснија од некакво ново достоинство. Одби да ја
прати во дом и ја негуваше со свои раце. На самиот почеток,
додека луѓето уште сакаа да ја видат, без заобиколу- вање ги
проверуваше нејзините посетители. Клајв и Вернон имаа строго
ограничување, зашто тој сметаше дека таа пора- ди нив станува
раздразлива, а потоа и меланхолична поради својата состојба.
Уште еден битен маж, министерот за надво- решни работи, исто
така беше непожелен. Луѓето почнаа да мрморат, во неколку
булеварски рубрики се појавија завиени навестувања. А потоа
веќе не беше важно, зашто се прошири глас дека таа е ужасно
обезузмена; луѓето не сакаа да одат да ја гледаат и беа среќни
поради тоа што го имаа Џорџ за да ги спречи. Клајв и Вернон
сепак продолжија да уживаат во сво- јот презир кон него.
Кога пак се свртеа, на Вернон му заѕвони телефонот во џе-
бот. Тој се извини и зачекори настрана оставајќи го пријателот
да продолжи сам. Клајв си го стегна капутот околу себе и го
забави чекорот. Сега пред крематориумот сигурно имаше над
двесте луѓе во црно. Наскоро веќе ќе стане непристојно ако не
пријде да му рече нешто на Џорџ. Тој конечно дојде до неа кога
таа веќе не можеше да го познае ни своето лице во огледалото.
Беше немоќен да направи нешто во однос на неј-

13
зините љубовни афери, но, на крајот, таа целосно му припад- на
нему. Клајв веќе не си ги чувствуваше стапалата и, додека
тупкаше наместо, тој ритам го потсети на надолна фигура од
десет ноти, ритардандо, на англиски рог и на виолончела што
нежно се издигаат од таа заднина, контрапунктирајќи, како
слика во огледало. И нејзиното лице во неа. Крај. Сега тој ги
посакуваше само топлината, тишината на своето студио, пија-
ното, недовршената партитура и да стигне до крајот. Слушна
како Вернон вели збогувајќи се: „Добро. Преработи го вове- дот
и пушти го на четвртата страница. Доаѓам по неколку ча- са“. А
потоа му рече на Клајв: „Проклети Израелци. Требало да
пријдеме“.
„Претпоставувам.“
Но, место тоа, свртеа уште еден круг околу тревникот, за- тоа
што, најпосле, таму беа за да ја погребат Моли.
Со видлив напор се сосредоточија, Вернон им се противс-
тавуваше на грижите од работа. „Таа беше прекрасна девојка.
Сети се на масата за билјард.“
Група пријатели најмија за Божик 1978 година една голема
куќа во Шкотска. Моли и човекот со кој се забавуваше во тоа
време, кралскиот советник Бреди, направија сцена во стилот на
Адам и Ева на една стара маса за билјард, тој во боксерки, таа во
градник и гаќи, со потпирач за билјардски стап место змија и
црвена топка место јаболко. Меѓутоа, приказната што се
прошири, што се појави во некрологот и на која се сеќаваа во тој
облик дури и некои што беа присутни таму, беше дека Моли „на
Бадник играла гола на маса за билјард во еден шкот- ски замок“.
„Прекрасна девојка“, повтори Клајв.
Таа го гледаше право в очи додека божем го гризеше ја-
болкото, смешкајќи се похотливо додека го џвакаше бучно, со
едната рака на бокот, како некоја вариететска пародија на
развратница. Тој помисли дека му дава знак гледајќи го така
втренчено и, се разбира, тој април пак се вратија еден кон

14
друг. Таа се всели во студиото во јужен Кенсингтон и остана
таму цело лето. Тоа беше приближно во времето кога нејзина-
та рубрика за рестораните земаше замав, затоа што на телеви-
зијата јавно го прогласи Водичот на Мишлен за „кулинарски
кич“. Во тоа време и тој го постигна својот прв успех, Оркес-
тарски варијации во Фестивал хол. Втор обид. Таа веројатно не
беше изменета, но тој беше изменет. По десет години научи
доволно за да и дозволи и таа да го научи него на некои рабо-
ти. Тој отсекогаш беше од школата „чекан и наковална“. Таа го
научи да се притаи во сексот, дека е неопходно повремено да се
смири. Лежи мирно, вака, гледај ме, навистина гледај ме. Ние
сме темпирана бомба. Тој имаше близу триесет години, според
денешните мерила беше задоцнет ученик. Кога таа нај- де стан
и си ги спакува работите, тој ја побара за жена. Таа го бакна и
му изрецитира на уво: Се ожени за жената за да ја спречи да му
избега / Сега таа по цел ден му виси над главата. Имаше право,
зашто, откако таа замина, тој беше посреќен од кога и да било
поради тоа што беше сам, и ја напиша Три есенски песни за
помалку од еден месец.
„Си научил ли некогаш нешто од неа?“ ненадејно праша
Клајв.
Кон средината на осумдесеттите години и Вернон си ја ис-
проба среќата вторпат, во текот на одморот на еден имот во
Умбрија. Тогаш беше дописник од Рим за списанието што се- га
го уредуваше, и беше оженет човек.
„Воопшто не можам да се сетам на сексот“, рече тој по
кратка пауза. „Сигурен сум дека беше прекрасно. Но се сеќа-
вам дека ме научи се за варганите, како се берат и како се
подготвуваат.“
Клајв претпостави дека се работи за заобиколување и реши
ни тој да не се доверува. Погледна отспротива, кон влезот на
капелата. Ке треба да отидат таму. Се изненади сам кога рече
прилично остро: „Знаеш, требаше да се оженам за неа. Кога
почна да пропаѓа, ќе ја убиев со перница или со нешто слично и
ќе ја поштедев од чие и да било сожалување“.

15
Вернон се насмеа додека го водеше пријателот од Градина-
та на сеќавањето. „Лесно е да го речеш тоа. Можам само да те
замислам како пишуваш полигонски маршови за затвореници
како онаа, како се викаше, онаа сифражетка.“
„Етел Смит. Јас би го направил тоа стопати подобро од неа.“
Пријателите на Моли, што го сочинуваа погребниот собир,
повеќе би сакале да не мораа да доаѓаат во крематориумот, но
Џорџ јасно нагласи дека нема да дава никаков помен. Не сакаше
да ги слуша тројцата бивши љубовници како јавно ги
споредуваат впечатоците од проповедалницата на Свети Мар-
тин или Свети Јаков, или разменуваат бегли погледи додека тој
држи говор. Приближувајќи се, Клајв и Вернон го слушнаа
познатиот коктелски џагор. Немаше послужавници со шам- пањ,
ни ресторански ѕидови од кои би се одбивале звуците, но инаку
беше исто како на отворање во некоја галерија или на некоја
презентација. Голем број од тие лица Клајв ги нема- ше видено
никогаш на дневна светлина, а изгледаа ужасно, како трупови
што станале на нозе за да го пречекаат новиот мртовец. Закрепен
од тој налет на мизантропија, вешто се дви- жеше низ вревата,
не обрнуваше внимание на своето име што го довикуваа,
отстапуваше кога го повлекуваа за лакотот, че- корејќи
понатаму, накај местото на кое стоеше Џорџ и разго- вараше со
две жени и еден збрчкан старец со федора-шапка и стап.
Клајв чу еден глас како извикува: „Премногу е студено,
треба да тргнеме“, но во моментот никој не можеше да избега од
центрипеталната сила на општествениот настан. Веќе го имаше
загубено Вернон, кој го одвлече настрана сопственикот на една
телевизиска станица.
Најпосле, Клајв му ја стегна раката на Џорџ покажувајќи
разумна мера на искреност. „Погребот помина одлично.“
„Навистина е убаво од тебе што дојде.“
Нејзината смрт го облагороди. Тивката достоинственост
навистина не му беше ни малку својствена, секогаш беше бе-

16
ден и крут; копнееше да се допадне; но беше неспособен да ја
прифати наклоноста како нешто природно. Бремето на басно-
словен богаташ.
„И извини, те молам“, додаде, „ова се сестрите Финч, Вера и
Мини. Пријателки на Моли од бостонските денови. Клајв
Линли.“
„Вие сте композиторот?“ праша Вера или Мини.
„Така е“
„Голема чест ми е, господине Линли. Мојата единаесетго-
дишна внука подготви една ваша сонатина за завршниот ис- пит
по виолина и навистина и се допадна.“
„Многу ми е мило што го слушам тоа.“
Од помислата на децата што ја свират неговата музика го
обзеде некаква нејасна меланхолија.
„А ова е Харт Пулман“, рече Џорџ, „исто така од Амери- ка.“
„Харт Пулман. Конечно. Се сеќавате ли дека ги приредив
вашите песни од Гнев за џез-оркестар?“
Пулман беше битнички поет, последниот преживеан од ге-
нерацијата на Керуак. Тоа беше овенато гуштерче од човек што
си го истегна вратот за да погледне нагоре во Клајв. „Во
последно време не се сеќавам на ништо, да го ебам“, рече со
мелодичен, цвркотлив глас. „Но ако велиш дека си го напра- вил
тоа, тогаш си го направил.“
„Но се сеќавате на Моли?“ рече Клајв.
„На кого?“ Пулман остана сериозен две секунди, а потоа се
засмеа шупливо и го фати Клајв за нодлактицата со своите танки
бели ирсти. „Се разбира“, рече со својот глас како Душ- ко
Долгоушко. „Моли и јас се знаеме од шеесет и петтата од Ист
Вилиџ. Се разбира дека се сеќавам на Моли. Уф човеку!“
Клајв покажуваше вознемиреност додека сметаше. Во јуни
таа година таа навршила шеснаесет години. Зошто никогаш не
му го споменала тоа? Се распрашуваше неодредено.
„Веројатно дошла на летување.“

17
„Аха. Дојде на мојата прослава на Богојавленската ноќ.
Каква девојка, нели, Џорџ?“
Тогаш се работело за заведување на малолетничка. Три го-
дини пред него. Таа никогаш не му кажа за Харт Пулман. А зар
не дојде на премиерата на Гнев? Зар не отиде потоа и во
ресторанот? Не можеше да се сети. На ниедна од тие ебани
работи.
Џорџ му го имаше свртено грбот за да разговара со сестри-
те Американки. Откако заклучи дека нема што да загуби, Клајв
ги склопи рацете околу устата и се наведна да прогово- ри на
увото на Пулман.
„Никогаш не си ја ебел, лажлива влечуго. Таа не би падна-
ла толку ниско.“
Немаше намера да си замине истиот миг, зашто сакаше да го
чуе одговорот на Пулман, но токму тогаш од левата и од десната
страна се замешаа две бучни групи, едната за да му изрази
сочувство на Џорџ, другата за да му изрази восхит на иоетот, па
Клајв се извлече во тоа жеравење и си замина. Харт Пулман и
девојчето Моли. Згрозен, се пробиваше назад накај толпата и
стигна на една мала чистинка, застана онаму каде што, слава му
на Бога, никој не му обрнуваше вниманис, и ги гледаше
пријателите и познајниците занесени во разговор. Му се стори
дека само нему Моли навистина му недостига. Да се оженеше за
нса, можеби ќе беше полош од Џорџ и немаше да го иоднесе ни
ваквиот собир. Како ни нејзината беспомош- ност. Ке си
истуреше на дланката триесет таблети за спиење од
четвртестото кафеаво пластично шишенце Толчникот и аванот,
чаша скоч. Три супени лажици жолтеникавобел талог. Таа би
гледала во него додека го пиа, како да знае. Тој би и ја ставил
левата рака под брадата, за да не и се истури течноста. Би ја
држел во прегратка додека да заспие, и така цела ноќ.
Таа не му недостигаше на никого друг. Сега ги гледаше
другите, кои исто така дошле на погребот, многумина од нив беа
негови врсници, врсници на Моли, приближно една или

18
две години. Колку се успешни, влијателни. Колку добро им
одеше под владата што ја презираа близу седумнаесет годи- ни.
Talking 'bout my generation. Таква енергија, таква среќа.
Одгледувани во повоено окружување со државен леб и држав-
но млеко, а потоа издржувани од провизорната невина благо-
состојба на своите родители, за да станат полнолетни со пос-
тојано вработување, со нови универзитети, со мудри џебни
книги, со славните времиња на рокенролот, со достижни иде-
али. Кога скалата зад нив се распадна на парампарчиња, кога
државата ја тргна цицката и стана зла баба, тие веќе се имаа
осигурено, се имаа средено и почнаа да создаваат по нешто -
вкус, мислење, богатство.
Слушна како некоја жена весело извикува: „Веќе не си ги
чувствувам ни рацете ни нозете, си одам!“ Кога се сврте, зад себе
виде еден млад човек кој тукушто се готвеше да му го допре
рамото. Имаше околу дваесет и пет години и беше ќе- лав, или
избричен, а беше облечен во сив костум без капут.
„Господине Линли, извинете што ви пречам во размислу-
вањето“, рече тој повлекувајќи си ја раката кон себе.
Клајв помисли дека е музичар или дека дошол да му поба- ра
автограм и го збрчка лицето во маска на стрпливост. „Нема
проблем.“
„Би сакал да ве замолам да дојдете со мене и да поразгова-
рате со министерот за надворешни работи, ако сакате. Тој многу
сака да ве запознае“
Клајв си ги стегна усните. Не сакаше да се запознава со
Џулијан Гармони, но не сакаше ни да ги комплицира работите
игнорирајќи го. Немаше избор. „Добро, ајде да одиме“, рече тој
и младичот го поведе покрај групата негови пријатели што
стоеја, некои од нив иогодувајќи каде оди и обидувајќи се да го
оттргнат од човекот што го водеше.
„Еј Линли, не се разговара со непријателот!“
И тоа каков непријател. Што ли ја привлекло? Типот изгле-
даше чудно: главест, со брановидна црна коса што беше целата

19
негова, со грозни бледи, танки усни лишени од сетилност. На
политичкиот панаѓур се проби држејќи тезге со ставови што беа,
пред се, ксенофобични и заканувачки. Вернон отсекогаш имаше
едноставно објаснување: ѓубре на висока положба, за- пален на
креветот. Но таа можела да најде таков каде и да било. Сигурно
имал и некој скриен талент што го довел на таа положба, а кој
сега го тераше дури и со премиерот да се нат- преварува за
неговото место.
Помошникот го доведе Клајв до групата што беше собрана
во форма на поткова околу Гармони кој како да држеше говор
или како да раскажуваше некоја сторија. Прекина за да му ја
тутне раката на Клајв и промрморе пламено, како да беа сами:
„Со години чекам да ве запознаам“.
„Мило ми е.“
Гармони го подигна тонот за да го чуе собраното друштво,
во кое имаше и двајца младичи со убав, неприкриен нечесен
изглед на луѓе од озборувачките рубрики. Министерот имаше
свој настап, а Клајв му дојде како некој реквизит. „Жена ми знае
напамет неколку ваши пијанистички дела.“
Пак ли? Клајв се замисли. Дали навистина беше толку
спитомен и скротен талент како што тврдеа некои од неговите
помлади критичари. Горецки за интелектуалците?
„Сигурно одлично свири“, рече тој.
Одамна се немаше сретнато лице в лице со некој полити-
чар, па ги имаше заборавено движењата со очите, немирното
патролирање во потрага по нови слушатели, или отпадници, за
близината на некоја личност со повисок ранг или на некоја друга
важна фигура што би можело да помине.
Сега Гармони сс обѕираше околу себе за да си обезбеди пуб-
лика. „Беше блескава. Кај Голдсмит, а потоа и во Гилдхол. И
претстоеше блескава кариера...“ Замолча за да постигне коми-
чен ефект. „А потоа ме запозна мене и ја избра медицината.“
Само помошникот и уште една жена од придружниот пер-
сонал се засмеаја. Тоа не им остави впечаток на новинарите.
Можеби порано веќе го слушнале сето тоа.

20
Погледот на министерот за надворешни работи запре на
Клајв. „И уште нешто. Сакав да ви честитам за доверениот
проект, Милениумската симфонија. Знаете ли дека таа одлука е
разгледувана дури и во владата.“
„Слушнав. И дека вие сте гласале за мене!“
Клајв си дозволи малку преморен тон, но Гармони реагира
како да му заблагодарува отворено. „Ах, тоа беше најмалку што
можев да направам. Некои од моите колеги беа за оној тип, поп-
ѕвездата, бившиот битлс. Па, како напредува? Дали сте при
крај?“
„Речиси.“
Екстремитетите му беа отрпнати веќе половина час, но сту-
дот дури сега најпосле му проникна во коските. Во топлина- та
на своето студио би бил со кратки ракави, би работел на
последните листови на симфонијата од чија премиера го де- леа
само неколку недели. Веќе проби два рока и копнееше да биде
дома.
Му подаде рака на Гармони. „Многу ми е мило што се за-
познавме. Морам да тргнам.“
Но министерот не ја прифати неговата рака и зборуваше
покрај него, зашто се уште требаше да исцеди нешто од при-
суството на славниот композитор.
„Знаете, често помислував дека мојата работа вреди поради
слободата на еден уметник како вас да се занимава со својата
работа...“
Следуваа уште изјави во истиот стил додека Клајв гледа- ше
во празно, а на лицето не му се гледаше никаков знак на
одбивноста што се зголемуваше. И Гармони беше од негова- та
генерација. Високата положба му ја наруши способноста да
разговара на исто ниво со непознати. Можеби токму тоа и го
нудел на креветот, возбудата на безличноста. Човек што се
сепнува пред огледалото. Но таа сигурно повеќе ја сакаше
емотивната топлина. Лежи мирно, гледај ме, навистина гледај
ме. Можеби Моли и Гармони биле обична грешка и ништо
друго. Во секој случај, сега тоа беше неподносливо за Клајв.

21
Министерот за надворешни работи дојде до заклучокот:
„Тоа се традиции што не прават тоа што сме“.
„Се прашував дали сте се уште приврзаник на бесењето“, му
рече Клајв на бившиот љубовник на Моли.
Гармони беше многу способен да излегува на крај со нена-
дејните пресврти, но погледот му замрзна.
„Мислам дека повеќето луѓе го знаат мојот став за тоа пра-
шање Во меѓувреме се задоволувам со гледиштето на Парла-
ментот и со колективната одговорност на владата.“ Тој се ис-
топори и посегна по својот шарм.
Двајцата новинари пријдоа поблиску со своите тетратки.
„Слушнав како еднаш рековте во еден говор дека Нелсон
Мандела заслужува да биде обесен.“
Гармони, кој следниот месец требаше да ја посети Јужно-
африканската Република, се насмевна спокојно. Тој говор,
прилично бесрамно, неодамна го ископа весникот на Вернон.
„Мислам дека при здрав разум не можете да им лепите на луѓето
работи што ги кажале како студенти со вжештени гла- ви.“
Застана за да се засмее. „Пред близу триесет години. Се
обложувам дека и вие некогаш сте рекле или сте помислиле
нешто крајно шокантно.“
„Сигурно сум рекол“, рече Клајв. „Токму тоа го велам. Да се
постапело тогаш по ваше, сега ќе немаше многу шанси за
предомислување.“
Гармони благо кимна со главата во знак на одобрување.
„Сосем наместо речено. Но во реалниот свет, господине Лин- ли,
ниеден правосуден систем никогаш нема да биде ослобо- ден од
човечка грешка.“
Тогаш министерот за надворешни работи направи нешто
крајно невообичаено, што во значителна мера ја наруши тео-
ријата на Клајв за последиците од јавната положба и на што, кога
ќе размисли малку подобро, беше принуден да му се восхитува.
Гармони се наведна, ја подаде раката и со показа- лецот и
палецот го фати Клајв за реверот на капутот и, прив-

22
лекувајќи го поблиску, му проговори така што никој друг не
можеше да го чуе:
„Кога ја видов Моли последениот пат, ми рече дека си бил
импотентен, и тоа отсекогаш.“
„Обична глупост. Таа никогаш не би го рекла тоа.“
„Се разбира дека ќе се обидуваш да го негираш тоа. Гле-
даш, би можеле гласно да подискутираме за тоа пред оние
господа онде, или би можел да ми слезеш од вратот и да се
разделиме како луѓе. Што значи, оди еби се.“
Овие зборови му ги истури набрзина, во еден здив, и, штом
заврши, Гармони се врати во поранешната положба, сиот оза-
рен додека ја тресеше раката на композиторот, дофрлајќи му на
својот помошник: „Господин Линли беше љубезен да ја прифати
поканата за вечера“. Последново можеби беше неко- ја
договорена шифра, зашто младичот истиот миг пријде да го
испрати Клајв, а Гармони му го сврте грбот за да им рече на
новинарите: „Овој Линли е извонреден човек. Да имаш про-
тивставени ставови, а сепак да останеш во пријателски одно- си,
зар тоа не е суштината на цивилизираното однесување?“

23
II

Еден час подоцна, Клајв излезе во Јужен Кенсингтон од ко-


лата на Вернон, што беше апсурдно мала за да има со неа и
шофер. Вернон излезе да се поздрави.
„Ужасен погреб.“
„Немаше дури ни пијалак.“
„Кутрата Моли.“
Клајв влезе во куќата и застана во ходникот впивајќи ги
топлината на радијаторот и тишината. Книжето што му го ос-
тавила домашната помошничка му порачуваше дека во студи-
ото го чека бокал кафе. Се уште со капут, веднаш отиде горе,
зеде молив и лист хартија и, наведнувајќи се над концертното
пијано, начкрта десет надолни ноти. Стоеше до прозорецот
гледајќи го листот, замислувајќи ги контрапунктните чела.
Често имаше денови кога обврската да напише симфонија за
крајот на милениумот ја доживуваше како бесмислено мачење:
бирократското наметнување на неговата творечка независ- ност;
збрката околу тоа каде точно Џулио Бо, прославениот
италијански диригент, ќе може да држи проби со Британскиот
симфониски оркестар; благата но непрекината раздразливост
поради егзалтираното или непријателски настроеното испиту-
вање на печатот; фактот дека не успеа да исполни два рока - до
крајот на милениумот се уште остануваа доста години. А имаше
и денови како овој, кога не мислеше на ништо друго освен на
музиката и не можеше да се одвои од неа. Се уште држејќи ја во
џебот на капутот левата рака, што уште му беше

24
отрпната од студот, седна на пиЈаното и го исвире тој пасаж
онака како што го запиша, бавно, хроматски и со ритмички
украси. Всушност, имаше двоен предзнак. А потоа, се уште со
десната рака и двојно побавно, импровизира нагорно движе- ње
на чела, повторувајќи го тоа неколкупати, со варијации, се
додека не се почувствува задоволен. Го начкрта новиот дел, што
стоеше на самиот почеток од делницата за чела и што ќе звучи
како некоја окована жестока енергија. Нејзиното подоц- нежно
ослободување, во тој завршен дел на симфонијата, ќе
претставува вистинска радост.
Стана од пијаното и си тури малку кафе, што го пиеше на
своето вообичаено место, до прозорецот. Три и пол часот, а веќе
е толку мрачно што треба да се запали осветлението. Мо- ли се
претвори во пепел. Тој ќе работи цела ноќ и ќе спие до ручекот.
Всушност, и нема многу избор. Создај нешто и умри. Откако го
испи кафето, пак отиде во собата и остана да стои, наведнат со
капут над клавијатурата, свирејќи ги со две- те раце нотите што
ги запиша на истрошената попладневна светлина. Тоа е речиси
правото, речиси вистинското. Тие ноти укажуваа на нестивнат
копнеж за нешто недостижно. За не- кого. Токму во такви
мигови и телефонираше и ја повикува- ше да дојде, кога беше
премногу немирен за да продолжи да седи на пијаното и
премногу возбуден поради новите идеи за да се задржи на едно
место. Ако таа беше слободна, доаѓа- ше и правеше чај или
мешаше егзотични пијалаци, и седеше на изветвената фотелја во
аголот. Разговараа, или таа редеше желби, и слушаше со
затворени очи. Вкусот и беше изнена- дувачки строг за некој што
е толку лелеав. Бах, Стравински, многу ретко Моцарт. Но во тоа
време веќе му беше девојка, веќе не му беше љубовница. Се
дружеа, нивниот однос беше премногу исчанчен за да биде
страстен, и им се допаѓаше тоа што можеа слободно да
разговараат за своите љубовни врски. Таа му беше како сестра,
а неговите жени ги проценуваше со многу повеќе
великодушност отколку што тој покажа кога и

25
да било кон нејзините мажи. Инаку разговараа за музиката или
за храната. Сега таа беше фино иситнет прав во урна од
алабастер, што Џорџ ќе ја држи на својот орман.
Конечно се загреа доволно, иако левата рака уште му тре-
переше. Го соблече капутот и го префрли преку фотелјата на
Моли. Пред да се врати кај пијаното, ја обиколи собата пале- јќи
ги ламбите. Повеќе од два часа се маткаше со делницата за чело
и продолжуваше да ги скицира контурите на оркестра- цијата,
заборавајќи ги мракот надвор и придушените рашти- мувани
педални ноти на вечерната навалица во сообраќајот. Тоа беше
само преодна делница до финалето; го маѓепсуваше тоа
ветување, тоа стремење - го замислуваше како излижани,
прастари скали што полека се губат од видот - копнеж да се
искачуваш се повеќе и повеќе, за да стигнеш најпосле, преку
широко свртување, до далечниот тон, со ракатки звуци што
исчезнуваат како густа магла што се развева, до заклучната
мелодија, збогување, препознатлива мелодија со занесна уба-
вина, што ќе ја наткрили својата старовременост како да ги
оплакува истовремено изминатиот век и неговата бесмислена
свирепост и ја слави неговата ненадминлива инвентивност.
Многу подоцна, кога ќе се сталожи возбудата околу првото
изведување, кога ќе завршат сите прослави на крајот на векот,
огнометите, анализите и концизните прикази, оваа неодолива
мелодија ќе остане како елегија на мртвиот век.
Тоа не беше само фантазија на Клајв, за тоа сонуваше и
Извршниот одбор, избирајќи го композиторот што би ја ос-
мислил на карактеристичен начин, на пример, оваа нагорна
делница како некои древни скали направени од камен. Дури и
неговите поборници, барем во седумдесеттите години, го
почестија со епитетот „архиконзервативен“, додека неговите
критичари беа посклони да му го закачат зборот „застарен“, но
сите се согласуваа дека, покрај Шуберт и Макартни, Линли беше
способен да напише мелодија. Работата над ова дело му беше
доверена рано, така што можеше да се „всвири“ во свес-

26
та на јавноста; на пример, му предложија на Клајв дека некој
упадлив, жесток пасаж со дувачи би можело да се искористи за
шпицата на главните вести на телевизијата. Одборот, што
меродавните музички кругови го отфрлија како медиокритет-
ски, пред се, копнееше за симфонија од која ќе може да се издвои
барем една мелодија, химна, елегија за овој набеден и прогрмен
век, а што би можела да се вклопи во официјалните текови, исто
како што Nessun dorma се вклопи во фудбалски турнир. Да се
вклопи, па да се пушти на слобода, да се испро- ба самостојно во
јавноста во текот на третиот милениум.
За Клајв Линли тоа беше едноставно прашање. Себеси се
доживуваше како наследник на Вон Вилијамс, а изразите ка- ко
што е „конзервативен“ ги сметаше безначајни, утнати за- емки
од политичкиот вокабулар. Покрај тоа, во текот на се-
думдесеттите години, кога стана познат, атоналната и алеа-
торичка музика, тонските низи, електрониката, разлагањето на
степените на звук, всушност, целокупниот модернистички
потфат, стана ортодоксија што се предаваше на академијата. Во
секој случај, неговите приврзаници беа реакционерни, и тоа
многу повеќе отколку самиот Клајв. Во 1975 година обја- ви
книга од сто страници која, како и сите добри манифести,
содржеше и напад и одбрана. Старата модернистичка гарда ја
зароби музиката на академијата, каде што љубоморно ја
сместија во професионалните рамки, ја изолираа и ја стерили-
зираа, надмено раскинувајќи го нејзиниот животворен завет со
широката јавност. Клајв подбивно опиша еден „концерт“
субвенциониран од државата, одржан во речиси празна црква, во
која повеќе од еден час со скршен врат од виолина до бес- крај
удираа по нозете на пијаното. Во придружниот напис во
програмата беше објаснето, со споменување на холокаустот,
зошто во овој момент од европската историја не може да ожи-
вее ниеден друг музички облик. Во ограничените умови на
ревносните душогрижници, истакнуваше Клајв, каков и да било
облик на успех, колку и да беше ограничен, претставу-

27
ваше сигурен знак на естетски компромис и утка. Кога ќе се
пишуваат конечни истории на музиката на дваесеттиот век на
Запад, најистакнатото место ќе го заземат блузот, џезот, рокот и
традициите на фолк-музиката што непрекинато се развива- ат.
Овие облици штедро покажуваат дека мелодијата, хармо- нијата
и ритамот не се несврзливи со иновацијата. Кај умет- ничката
музика ќе се покаже значајна само првата половина на векот, и
тоа само одделни композитори, меѓу кои Клајв не ги вбројуваше
доцниот Шенберг и „сличните на него“. Толку што се однесува
до нападот. Кај одбраната ја зајми и ја ис- криви крајно
излитената девиза на црковните татковци: дојде времето
музиката да се одземе од рацете на композиторите по порачка, и
мигот на музиката да и се врати нејзината суштин- ска
комуникативност, зашто таа, во Европа, е создавана во ху-
манистичката традиција која отсекогаш ја признавала енигма- та
на човечката природа; дојде времето јавното изведување да се
прифати како „световно причестување“ и да се признае
првенството на ритамот, степенот и елементарната природа на
мелодијата. За да се оствари тоа без обично повторување на
музиката од минатите епохи, мораме да осмислиме современа
дефиниција на убавината, а тоа не е можно додека не се сфати
„фундаменталната вистина“. На тоа место Клајв дрско зајми
делови од едни необјавени и високоумни есеи на еден коле- га
на Ноам Чомски, што ги читаше додека се одмораше во неговата
куќа на Кејп Код: нашата способност за читање на „ритми“,
мелодии и пријатни хармонии е генетски запишана, исто како и
нашата единствена човечка способност да учиме јазици.
Антрополозите утврдиле дека овие три елементи се застапени во
сите музички култури. Способноста да ја почув- ствуваме
музиката е всадена во нас. (Покрај тоа, без поширок контекст на
хармонијата, дисхармонијата станува бесмислена и
незаменлива.) Поимањето на мелодиската линија е сложен
умствен чин, но може да го оствари дури и сосем мало дете; се
раѓаме со одредено наследство, ние сме хомо музикуси; затоа

28
дефинирањето на убавината во музиката треба да ја опфати и
дефиницијата на човечката природа, што не враќа кон хума-
нистичките науки и комуникативноста...
Сеќавање на убавината на Клајв Линли беше објавено во
истото време кога во Вигмор хол беше премиерно изведено
неговото дело Симфониски дервиши за виртуозни гудачи, де- ло
со толку каскадна полифониска брилијантност и нарушено со
толку хипнотичка ламентација, што беше омразено и сака- но во
еднаква мера, на тој начин обезбедувајќи им нему углед, а на
неговата книга актуелност.
Покрај творечкото исцрпување, пишувањето на симфонија
претставува и физички напорна работа. Секоја секунда време за
свирење подразбира нишување, нота по нота, на делници и за по
дваесетина инструменти, нивно повторно свирење, прис-
пособување кон партитурата, повторно свирење, преправање на
нотниот текст, потоа седење во тишина, со наслушување на
внатрешниот слух што ја синтетизира и оркестрира верти-
калната низа чкртаници и избришани ноти; нови измени и до-
полненија се додека не се постигне вистинскиот такт, и уште
едно свирење на пијаното. До полноќ Клајв ја прошири и ја
заврши нагорната делница, и ја почна работата на големиот
оркестарски хијатус што ќе и претходи на значајната промена на
тоналитетот. До четири часот наутро ги напиша главните
делници и точно знаеше каков ефект ќе има модулацијата, како
ќе ги исчисти нејаснотиите
Стана од пијаното, истоштен, задоволен од напредокот што
го посгигна, но и загрижен: ја доведе таа масивна машинери- ја
на звукот до точка на која можеше да ја почне вистинската
работа на финалето, кон која сега можеше да пристапи само со
инспирирана инвентивност - до завршната мелодија, во
нејзиниот вистински и наједноставен облик, претставена без
украси на некој дувачки инструмент, или можеби на првите
виолини. Стигна до самото јадро и чувствуваше оптовареност.
Ги изгаси ламбите и слезе во спалната соба. Немаше ника-

29
ков подготвителен нацрт за идеја, никаква основа, дури ни
навестување, а не можеше да го најде седејќи на пијаното и
мрштејќи се напрегнато. Ќе му се јави само кога ќе дојде вре-
мето за тоа. Од искуството знаеше дека ќе биде најдобро да се
олабави и да се тргне, а истовремено да остане буден и прием-
лив. Ќе мора да отиде на долга прошетка надвор од градот,
можеби дури и на низа долги прошетки. Му беа потребни пла-
нини, широко небо. Можеби во Езерската област. Најдобрите
идеи го изненадуваа по дваесет поминати милји, кога умот му
пловеше незнајно каде.
Најпосле на креветот, лежејќи на грб во целосен мрак, нап-
нат, растреперен од умствено напрегање, гледаше како преку
мрежницата секавично му се провлекуваат излитени кончиња
основна боја, потоа се собираат и се усукуваат во сончеви екс-
плозии. Нозете му беа ледени, а рацете и градите жешки. Гри-
жите околу работата се преобразија во поедноставен метал на
обичен ноќен страв: болест и смрт, апстрактни поими што
наскоро се претворија во чувство што се уште го имаше во ле-
вата рака. Беше студена, здрвена и отрпната, како да седел врз
неа половина час. Ја масираше со десната рака и си ја допре до
топлиот стомак за да ја загрее. Зар и Моли немала такво чувство
кога ја дигнала раката за да повика такси кај Дорчес- тер? Тој
немаше ни другар ни жена да се грижат за него, а го немаше ни
Џорџ, а можеби тоа беше и благодат. Но што му преостанува
инаку? Се сврте настрана и ги пригрна ќебиња- та околу себе.
Домот за старци, ТВ-салата и дневната соба, бингото и старците
со своите догорчиња, со своето мочање и лигавење Не би можел
да го поднесе тоа. Изутрина ќе отиде на лекар. Но и Моли го
направи тоа, па ја пратија на испиту- вање. Можат да ја
одржуваат пропаста, но не и да ја спречат. Затоа држи се
подалеку, надгледувај го своето пропаѓање, а кога веќе нема да
бидеш во состојба да работиш или да живе- еш достоинствено,
докрајчи се сам. Но како да се спречи сам да ја премине таа
точка, точката до која Моли стигна толку

30
бргу, кога ќе биде премногу беспомошен, премногу загубен,
премногу глупав за да се убие?
Бесмислици! Тој се исправи и седна, ја напипа светилката до
зглавјето и од под едно списание ги извади таблетите за спиење
што инаку повеќе сакаше да ги избегнува. Зеде една и се навали
на перницата џвакајќи ја полека. Продолжувајќи да си ја масира
раката, се смируваше сам со трезвени мисли. Раката му беше
изложена на студ, тоа е се, и преморен е. Него- вата вистинска
задача во животот беше да работи, да ја завр- ши симфонијата
достигнувајќи го нејзиниот лирски врв. Она што го мачеше пред
еден час, сега му беше утеха, и по десет минути ја изгасна
светилката и се сврте настрана: секогаш останува работата. Ќе
отиде на планинарење во Езерската област. Го смируваа
волшебните имиња: Син Гребен, Висок Премин, Разгазен Лак,
Разбранувана Глогинка. Ќе пешачи по Лангстратова долина, ќе
го помине потокот и ќе се искачи на врвот Скафел, а потоа ќе се
врати преку Аленови Чуки. Добро го познаваше тој круг. Откако
ќе се изнаоди горе, по гребенот, ќе биде како нов, се ќе му се
прикаже јасно.
Ја голтна својата кукута и сега веќе нема да го измачуваат
тешки фантазии. И таа помисла беше утешна, така што, многу
време пред да му допре хемикалијата до мозокот, си ги прив-
лече колената до градите и беше ослободен. Тежок јазол, Бол-
на камбана, Студен врв, Кутар гребен, Кутра Моли...

31
II
I

Во текот на затишјето, што беше невообичаено за претплад-


нето, на Вернон Халидеј му дојде на ум помисла дека тој мо-
жеби и не постои. Триесет секунди, што не беа нарушени од
ништо, седеше на својата работна маса, нежно пипајќи си ја
главата со врвовите на прстите, и се грижеше. Откако стигна
пред два часа во Судија, разговараше, поединечно и темелно, со
четириесет луѓс. И тоа не беше само разговарање: при сите тие
дијалози, со исклучок на два, донесуваше одлуки, одреду- ваше
приоритети, делегираше, избираше или даваше мислење што
требаше да се протолкува како наредба. Тоа применување на
авторитетот не му го изостри чувството за сопствената лич-
ност, како што се случуваше обично; место тоа, на Вернон му се
чинеше дека бескрајно се разводни; едноставно беше збир на
сите луѓе што го слушаа, а кога остана сам, беше никој и ништо.
Кога остана сам и ќе посегнеше по некоја мисла, не- маше никој
што би ја мислел. Неговиот стол беше празен; на крајот се разлеа
низ целата зграда, од градската редакција на шестиот кат, каде
што требаше да посредува за да го спречи отпуштањето на
долгогодишна редакторка што не знаеше да чита, до сутеренот,
каде што доделувањето на места за пар- кинг ги турна во
отворена војна членовите на вишиот персо- нал, а еден
помошник-уредник доведе до работ на оставка. Столот на
Вернон беше празен затоа што тој се наоѓаше во Ерусалим, во
Долниот дом, во Кејптаун и во Манила, развеан насекаде како
прав; беше на ТВ и на радио, на вечера со едни

35
бискупи, држеше говор во нафтената индустрија или семинар за
специјалистите за Европската унија. Во кратките мигови во
текот на денот кога остануваше сам, една светилка изгасна.
Дури и мракот што настапи потоа не окружи и не вознемири
никого. Не можеше со сигурност да каже ни дека отсутноста е
негова.
Тоа чувство на отсутност растеше од погребот на Моли. Се
всадуваше во него. Минатата ноќ се разбуди до својата заспа- на
жена и мораше да си го допре лицето за да се увери дека е се
уште физичка целост.
Ако Вернон во кантината одведеше настрана неколку чле-
нови на својот виш персонал и им довереше во каква состојба се
наоѓа, можеби ќе го обеспокоеше отсуството на нивна из-
ненаденост. Тој беше општопознат како човек без остри гра-
ници, без мани и добродетели, како човек што не постои во
целост. Во редовите на својата професија Вернон уживаше
длабока почит како непостоен ентитет. Едно од чудата на но-
винарската традиција, што беше тешко да се преувеличи, а често
се прераскажуваше во винските барови во Сити, беше поврзано
со начинот на кој Вернон стана уредник на Судија. Со години
наназад беше безличен и вреден заменик на двајца талентирани
уредници едноподруго, и покажа инстинктивна дарба да не
создава ни непријатели, а ни сојузници. Кога се разболе
дописникот од Вашингтон, Вернон беше одреден да го замени.
Во третиот месец од неговата работа, на вечерата ор- ганизирана
во чест на германскиот амбасадор, еден конгрес- мен го измеша
Вернон со некој колумнист од Вашингтон пост и кажа пред него
сторија за нескромноста на претседателот
- целосно пресадување на косата извршено за сметка на да-
ночните обврзници. Сите се согласуваа дека аферата „ќела“
- приказна што доминираше на американската внатрешнопо-
литичка сцена речиси една недела - ја обелоденил Вернон Ха-
лидеј од Судија.
Во меѓувреме, дома во Лондон, талентираните уредници
паѓаа еден по друг во крвавите битки со управниот одбор што

36
се мешаше во се. Верноновото враќање дома се совпадна со
ненадејното престројување на сопственичките интереси. Сце-
ната беше затрупана со отсечени екстремитети и трупови на
титани што беа изделкани до технолошки прифатливи про-
порции. Џек Моби, назначен лично од одборот, не успеа до-
волно да го уништи големиот и почитуван весник. Преостану-
ваше единствено Вернон.
Сега тој седеше на работната маса и неодредено си го ма-
сираше темето. Во последно време сфати дека научил да се
соживува со непостоењето. Не беше во состојба долго да жа- ли
за нешто што поминало - за себе - на што не можеше со- сем ни
да се сети. Сето тоа беше грижа, но грижа стара само неколку
дена. Сега имаше физички симптом. Му ја опфаќаше целата
десна страна на главата, некако одеднаш и черепот и мозокот,
чувство за кое едноставно не постоеше збор. Или можеби се
работеше за нагло прекинување на чувство што беше толку
постојано и познато што тој и не бил свесен за него - како звук
што го забележуваме дури во моментот кога ќе стивне. Знаеше
точно кога почна: синоќа, кога стана од ве- черата. Беше
присутно кога се разбуди утрото, непрекинато и неодредено, ни
ладно, ни тешко, ни воздушесто, но некаде меѓу тие работи.
Можеби вистинскиот збор за тоа беше мрт- во. Десната
хемисфера му изумираше. Тој знаеше толку многу луѓе што
изумреа, што во моменталната состојба на изместе- ност за
сопствениот крај можеше да почне да размислува како за општо
место - збрка околу погребот или кремирањето, нас- тап на тага
што наидува, а потоа се повлекува додека живо- тот
незадржливо оди понатаму. А можеби веќе и умрел. Или (и тоа
чувство силно го проникна) се потребни само неколку остри
удари во слепоочницата со чекан со средна големина. Ја извлече
фиоката од масата. Таму имаше еден метален линијар, што го
остави Моби, четвртиот последователен уредник што не успеа
да го измени опаѓањето на тиражот на Судија. Вернон Халидеј
се обидуваше да не биде петтиот. Го дигна линијарот

37
неколку сантиметри над десното уво кога слушна тропање на
отворената врата и влезе Џин, неговата секретарка, а тој беше
принуден да го замени ударот со замислено чешкање.
„Распоредот. Дваесет минути.“ Таа оддели еден лист и му го
подаде, а остатокот го остави на конференциската маса до- дека
излегуваше.
Тој помина со погледот по списоците. Во надворешната
рубрика, Дибен пишуваше: „Триумф на Гармони во Вашинг-
тон“. Тоа ќе мора да биде скептичен или непријателски напис.
А ако се работи за вистински триумф, ќе остане подалеку од
насловната страница. Во рубриката со домашни вести конеч- но
и најпосле се нашол текстот од перото на уредникот за на- ука
за антигравитациската направа од Велшкиот универзитет. Тој го
привлекуваше вниманието и Вернон го форсираше, и самиот по
малку мечтаејќи за мала направа што може да се прицврсти на
ѓоновите на чевлите. Всушност, излезе дека тоа нешто е тешко
четири тони, дека троши четири милиони вол- ти и дека не
функционира. Сепак ќе го пушти тој текст на дното на првата
страница. Во домашната рубрика влегуваше и „Пијанистичкиот
квартет“ - за четворката што ја родила една концертна
пијанистка. Неговиот заменик, заедно со репортаж- ните
одделенија и целата внатрешна редакција, му се против-
ставуваше по тој повод криејќи ја одвратноста зад параванот на
реалистичноста. Четворката денес не е доволна, велеа тие, а
никој никогаш не ни чул за нивната мајка, која и така не е убава,
а и не сакала да разговара со новинарите. Вернон ги надгласа.
Просекот на читаноста минатиот месец опадна за седум илјади
во однос на предминатиот. На Судија му истеку- ва времето. Тој
се уште размислуваше дали да ја објави при- казната за
сијамските близнаци споени во колкот - едниот од нив имаше
слабо срце, па не можеа да ги раздвојат - кои до- биле постојана
работа во локалната управа. „Ако сакаме да го спасиме
весников“, беше омилената реченица на Вернон на утринските
состаноци на редакцијата, „сите ќе морате да си

38
ги извалкате рацете.“ Сите кимаа со главата, никој не се сог-
ласи. Што се однесува до старите волци, „граматичарите“, Су-
дија ќе се одржи или ќе пропадне благодарејќи на својата ин-
телектуална чесност. Се чувствуваа безбедни да заземат таков
став затоа што во тој весник никој дотогаш не беше отпуштен,
освен претходниците на Вернон.
Првите уредници и заменици од редакцијата почнаа да се
собираат кога Џин му мавна со рака од вратата да се јави на те-
лефонот. Сигурно е важно, зашто таа ја отвори устата без глас
изговарајќи го името. Џорџ Лејн, прочита тој на нејзините усни.
Вернон се сврте со грб кон просторијата и се сети како го
избегна Лејн на погребот. „Џорџ. Навистина беше трогателно.
Сакав да ти оставам...“
„Да, да. Нешто излезе Мислам дека треба да го видиш тоа.“
„За што се работи?“
„За фотографии.“
„Можеш ли да ми ги пратиш по курир?“
„Никако, Вернон. Ова е крајно жестоко. Можеш ли да дој-
деш веднаш?“
Вернон не го презираше Џорџ Лејн само поради Моли. Лејн
поседуваше еден и пол процент од Судија и вложи пари во
обновата што ги обележа падот на Џек Моби и подемот на
Вернон. Џорџ сметаше дека Вернон му е должник. Џорџ, ис- то
така, не знаеше ништо за весниците, поради што мислеше дека
главниот уредник на еден национален дневен весник мо- же
тукутака да си излезе од канцеларијата и да го помине цел
Лондон до Халанд парк во единаесет и пол часот претпладне.
„Во моментов сум многу зафатен“, рече Вернон.
„Со ова ти правам голема услуга. Ова е нешто за што Свет-
ски вести би се степале“
„Би можел да наминам таму некаде по девет часот вечер.“
„Многу добро. Ќе се видиме тогаш“, рече Џорџ навредено и
ја прекина линијата.
Сега веќе сите столови на конференциската маса беа зафа-
тени, освен еден, а кога Вернон седна на него, разговорот

39
стивна. Тој си ја допре слепоочницата. Сега, кога пак беше во
друштво, кога се врати на работа, внатрешната отсутност веќе
не му паѓаше тешко. Пред него стоеше раширен вчерашниот
весник. Во речиси апсолутната тишина, тој рече: „Кој го ре-
дактирал уводникот за животната средина?“
„Пет Редпат.“
„Во овој весник ,со надеж‘ не е реченички прилог, ниту
некогаш ќе биде тоа, особено не во уводникот, по ѓаволите. А
ниеден...“ Замолча заради драматичен ефект, преправајќи се
дека го прегледува текстот, „,Ниеден‘ обично бара глагол во
еднина. Дали овие две работи се сосем јасни?“
Вернон беше свесен за одобрувањето на масата. Тоа беше
нешто што граматичарите сакаа да го чујат. Сите заедно би го
отерале весникот в гроб поради обична синтакса.
Откако им го даде на присутните тоа што им годи, го забр-
за текот на состанокот. Една од неговите малобројни новини,
можеби единствената што ја воведе дотогаш, беше тоа што ги
сведе дневните состаноци од четириесет на петнаесет минути со
помош на неколку скромно воведени правила: не повеќе од пет
минути за секцирање - тоа што е направено, направено е; без
кажување на вицови и, пред се, без анегдоти; тој не ги
кажуваше, па не можеше да ги кажува ни никој друг. Помина на
вестите од светот и се намршти. „Изложба на керамички
фрагменти во Анкара? И тоа е вест? Од осумстотини збора? Тоа
едноставно не можам да го сфатам, Френк.“
Френк Дибен, заменик-уредник на меѓународната рубрика,
објасни, можеби со нота на подбивност: „Знаеш, Вернон, тоа
претставува суштински парадигматски пресврт во нашето по-
имање на влијанието на раното персиско царство врз...“
„Парадигматските пресврти кај скршените стомни не се вест,
Френк.“
Грант Мак-Доналд, заменик-уредникот, кој седеше веднаш
до Вернон, се вмеша претпазливо: „Работата е тоа што Џули не
успеа да го прати прилогот од Рим. Мораа да го пополнат...“

40
„Не пак. Што е работата сега?“
„Хепатитис Ц.“
„А што стана со АП?“
Дибен отворено рече: „Ова беше поинтересно“.
„Грешиш. Ова е апсолутен одбивач на читатели. Дури ни
ТЛС не би го објавил.“
Поминаа на дневниот распоред. Уредниците со ред ги из-
ложуваа сториите што ги имаа на списокот. Кога му дојде ре-
дот на Френк, тој инсистираше неговата сторија за Гармони да
биде на насловната страница.
Вернон го ислуша, а потоа рече: „Тој е во Вашингтон кога
би требало да биде во Брисел. Склучува сојуз со Америка- нците
зад грбот на Германците. Краткорочна добивка, долго- рочна
пропаст. Беше морничав министер за внатрешни рабо- ти, уште
полош е во Министерството за надворешни работи, а ќе не
уништи ако некогаш стане премиер - што изгледа се
поверојатно“.
„Па, да“, се согласи Френк прикривајќи го со благиот тон
бесот поради тоа што беше критикуван поради Анкара. „Сето
тоа го кажа во својот уводник, Вернон. Во секој случај, не е
работата тоа дали ние се согласуваме или не се согласуваме со
спогодбата, туку дали таа е важна.“
Вернон се прашуваше дали би можел да се натера еднос-
тавно да го откачи Френк. Што си мисли тој, со таа обетка?
„Апсолутно имаш право, Френк“, рече срдечно Вернон.
„Ние сме во Европа. Американците сакаат да бидеме во Ев-
ропа. Тој посебен однос и припаѓа на историјата. Спогодбата
нема значење. Тоа ќе се обработи на внатрешните страници. Во
меѓувреме ќе продолжиме да му го загорчуваме животот на
Гармони.“
Го слушаа уредникот на спортските страници, чија рубри- ка
Вернон неодамна ја удвои за сметка на уметноста и книги- те.
Потоа и дојде редот на Летис О’Хара, уредничката на ре-
портажите.

41
„Морам да знам дали можеме да продолжиме со домот за
напуштени деца во Велс.“
Вернон рече: „Го видов списокот на гостите. Многу круп-
ни ѕверки. Не можеме да ги издржиме судските трошоци ако
работите тргнат надолу“.
Се чинеше дека Летис здивна, па почна да го опишува тек-
стот поврзан со истрагата по повод на некој медицински скан-
дал во Холандија.
„Очигледно има лекари што ги искористуваат законите за
еутаназијата за да...“
Вернон ја прекина.
„Сакам приказната за сијамските близнаци да излезе в пе-
ток.“
Се слушнаа воздишки. Но кој ќе се побуни прв?
Летис. „Немаме дури ни слика.“
„Тогаш пратете попладне некој во Мидлсборо.“ Владееше
непријатна тишина, така шго Вернон продолжи. „Внимавај- те,
тие работат во одделението на локалниот отсек за хигиена што
се вика идно планирање, Каков локум за редакторот.“
Уредникот на внатрешната рубрика, Џереми Бол, рече:
„Разговаравме минатата недела и се беше во ред. А потоа тој
телефонира вчера. Мислам, втората половина. Втората глава. Не
сака да разговара. Не сака слика.“
„О боже!“ извика Вернон. „Зар не сфаќате? Сето тоа е дел од
приказната. Се спречкале. Првото нешто што секој ќе поса- ка
да го знае како ги решаваат караниците?“
Летис изгледаше незадоволна. Рече: „Очигледно има траги
од каснување. На двете лица.“
„Одлично!“ извика Вернон. „Досега уште никој не пишу-
вал за тоа. Петок, ве молам. На третата страница. А сега, про-
должуваме. Летис. Овој додаток за шахот на осум страници. Да
бидам искрен, не сум баш сосем сигурен.“

42
II

Поминаа три часа пред да успее Вернон пак да остане сам.


Беше во тоалетот гледајќи се во огледалото додека си ги ми- еше
рацете. Ликот беше тука, но тој не беше сосем сигурен. Она
чувство, или отсуство на чувство, се уште му го зазема- ше
десниот дел од главата како некоја тесна капа. Кога си ги
провлече прстите низ косата, можеше да ја одреди границата,
линијата на разграничувањето каде што чувството на левата
страна не се претвораше баш во негова спротивност, туку мо-
жеби поскоро во негова сенка, или дух.
Си ги држеше рацете под апаратот за сушење кога влезе
Френк Дибен. Вернон почувствува дека тој младич влегол по
него за да разговара, затоа што животното искуство го нау- чи
дека маж-новинар не моча тукутака, или по свој избор, во
присуство на својот уредник.
„Слушај, Вернон“, рече Френк стоејќи пред својот писоар.
„Извини поради она утрово. Апсолутно имаш право во врска со
Гармони. Јас бев обезумен.“
Место да се сврти од апаратот за сушење и да биде прину-
ден да го гледа заменик-уредникот на рубриката додека си ја
врши работата, Вернон пак го пушти жешкиот воздух. Дибен се
олеснуваше обилно, дури громогласно. Да, ако Вернон не-
когаш му ја удри клоцата некому, тоа ќе биде Френк, кој енер-
гично се тресеше, само за неколку секунди предолго, и упор- но
навалуваше со извинувањето.

43
„Мислам, апсолутно имаш право дека не треба да му даде-
ме премногу простор.“
Касиј огладнел, помисли Вернон. Ќе дојде на чело на свое-
то одделение, а потоа ќе го посака и моето место.
Дибен се сврте кон мијалникот. Вернон бегло му го допре
рамото со рака, како да му проштава.
„Добро, Френк. Сакам да слушам спротивни гледишта на
состанокот. Токму во тоа се состои целата смисла.“
„Убаво е од тебе што го велиш ова, Вернон. Само не би са-
кал да помислиш дека сакав да го поштедам Гармони.“
Свеченото ословување на име го означи крајот на тој разго-
вор. Вернон се насмевна кратко и смирувачки и излезе во ход-
никот. Веднаш до вратата го чекаше Џин со куп дописи што тој
требаше да ги потпише. Зад неа стоеше Џереми Бол, а зад него
Тони Монтано, управниот директор. Уште некој, што Вернон не
можеше да го види, тукушто застана на крајот на редот.
Уредникот тргна накај својата канцеларија, патем пот-
пишувајќи ги писмата и слушајќи го прегледот на своите не-
делни состаноци што му ги редеше Џин. Сите одеа заедно со
него. Бол рече: „Фотографијата од Мидлсборо. Би сакал да ја
избегнам непријатноста што си ја нагрбивме при олимписки- те
игри со инвалидски колички. Мислев да одиме на нешто крајно
директно...“
„Сакам возбудлива слика, Џереми. Не можам да се видам со
нив во текот на истата недела, Џин. Тоа не би било добро. Речи
му, в четврток.
„Имам предвид нешто онака, чесно, во викторијански стил.
Достоинствен портрет.“
„Тој патува во Ангола. Мислеше да тргне право за Хитроу
штом ќе се сретне со вас.“
„Господине Халидеј?“
„Не сакам достоинствени портрети, дури ни на некролози-
те. Наведи ги да ни покажат како се искасале. Добро, ќе се
состанам со него пред да отпатува. Тони, дали ова е во врска со
паркингот?“

44
„Се плашам дека го видов нацртот на неговото писмо со
оставката.“
„Веројатно можеме да најдеме едно местенце“
„Се обидовме со сето тоа. Шефот на одржувањето го нуди на
продажба своето место за три илјади фунти.“
„Зар не се изложуваме на ризик од сензационализам?“
„Потпишете на двете места и парафирајте каде што ви обе-
лежав.“
„Тоа не е ризик, Џереми. Тоа е ветување. Но, Тони. Шефот
на одржувањето дури и нема кола.“
„Господине Халидеј?“
„Има право на тоа место.“
„Понудете му петстотини. Дали е тоа се, Џин?“
„Јас не сум подготвен за тоа.“
„Писмото со благодарноста за бискупот тукушто го пречу-
куваат.“
„А ако тие двајцата се слушнале по телефон?“
„Извинете. Господине Халидеј?“
„Тоа е премногу бледо. Сакам слика што раскажува приказ-
на. Време е да се извалкаат рацете, се сеќаваш ли? Слушај, по-
добро исфрли го оној од одржувањето од неговото место ако не
го користи...“
„Ќе штрајкува, како минатиот пат. Сите терминали беа зат-
ворени.“
„Па добро. Ти треба да избереш, Тони. Петстотини фунти
или терминалите“
„Ќе замолам некого од фотографската редакција да отиде
горе и...“
„Не мачи се. Само прати го во Мидлсборо.“
„Господине Халидеј? Дали вие сте Вернон Халидеј?
„Кој сте вие?“
Групата што беше расприкажана застана и еден слаб, мал- ку
ќелав човек со црн костум, со уредно закопчано сако, се проби
напред и го тупна Вернон по лакотот со еден плик што

45
му го предаде в раце. Потоа застана во расчекорен став и поч- на
да чита, декламирајќи еднолично, од листот хартија што го
држеше в раце пред себе. „Со овластувањето што ми го даде
Главниот совет на горенаведениот суд, ви го објавувам, Вернон
Теобалд Халидеј, налогот на споменатиот Суд со следнава
содржина: дека Вернон Теобалд Халидеј, со адреса на улица
Рукс број 13 Лондон НВ1 и уредник на весникот Судија, не смее
да ги објави, ниту да наведува на нивно објавување, ниту да ги
дистрибуира и шири по електронски пат или на кој и да било
друг начин, да ги опишува во печатот или да ги наведува
споменатите описи на забранетата содржина (во натамошниот
текст: материјали) да се печатат, ниту да ги опишува видот и
одредбите на овој налог; гореспоменатиот материјал притоа се
однесува...“
Слабиот човек го сврте листот и уредникот, неговата сек-
ретарка, уредникот на внатрешната рубрика, заменик-уредни-
кот на надворешната рубрика и управниот директор се навед-
наа кон судскиот извршител очекувајќи.
„...на сите репродукции на фотографиите, или верзиите на
такви репродукции, било да се гравирани, нацртани, наслика- ни
или создадени на кој и да било друг начин, со ликот на господин
Џон Џулијан Гармони со адреса на Карлтон гарденс број 1...“
„Гармони!“
Сите викнаа во еден глас, па завршниот говорнички сјај на
слабиот човек, со костум што беше за два броја помал, исчез- на.
Вернон тргна накај својата канцеларија. Тоа беа само оп- шти
одредби. Но тие немаа ништо, апсолутно ништо со Гар- мони.
Тој дојде до својата канцеларија, ја тресна вратата со ногата и
почна да телефонира.
„Џорџ, тие фотографии се со Гармони?“
„Ништо нема да ти кажам додека не дојдеш.“
„Тој веќе ни врачи судска забрана.“
„Ти реков дека се жестоки. Мислам дека твоите аргументи
поврзани со интересирањето на јавноста ќе бидат непобитни.“

46
Штом прекина, заѕвони неговата приватна линија. Тоа бе-
ше Клајв Линли. Вернон го немаше видено од погребот.
„Морам да разговарам за нешто со тебе.“
„Клајв, моментално немам баш многу време.“
„Не, навистина. Морам да те видам. Важно е. Што велиш за
вечер по работата?“
Во гласот на неговиот стар пријател имаше некаква мелан-
холија поради која Вернон се колебаше да го одбие. Сепак, се
обиде безволно.
„Денес сум во голем метеж...“
„Нема да те задржам долго. Важно е, навистина е важно.“
„Добро, слушај, вечер треба да се видам со Џорџ Лејн. Ве-
ројатно ќе можам да наминам патем кога ќе тргнам накај не-
го.“
„Вернон, навистина ти благодарам.“
По телефонскиот разговор имаше неколку секунди да се
замисли над настапот на Клајв. Толку многу инсистираше, а
сепак некако сосипано и официјално. Сигурно се случило нешто
страшно, почна да му станува непријатно поради тоа што му
возврати толку штуро. Клајв се покажа како вистин- ски
пријател кога се распадна вториот брак на Вернон, и го
поттикнуваше да го прифати местото уредник кога сите други
сметаа дека тоа е губење на време. Пред четири години, кога
Вернон беше принуден да лежи поради некаква ретка вирус- на
инфекција на ’рбетот, Клајв го посетуваше речиси секој ден и
му носеше книги, музика, видеоленти и шампањ. А во 1987
година, кога Вернон беше без работа неколку месеци, Клајв му
даде на заем десет илјади фунти. Две години подоц- на, Вернон
случајно откри дека Клајв ги зел тие пари на заем од својата
банка. А сега, во мигот кога на неговиот пријател му треба
нешто, Вернон се однесува како свиња.
Кога се обиде да му телефонира, никој не се јави. Тукушто
сакаше пак да го сврти неговиот број, кога влезе извршниот
директор со правникот на нивниот весник.

47
„Имаш нешто за Гармони за што не си ни кажал.“ „Никако,
Тони. Очигледно има нешто во оптек, па го фати- ла паника.
Некој треба да провери дали им е врачена забрана и на други
весници.“
Правникот рече: „Проверивме. Не“.
Тони изгледаше недоверлив. „А ти не знаеш ништо?“
„Ништо живо. Гром од ведро небо.“
Следуваа уште неколку слични подозриви прашања и не-
колку одречни одговори на Вернон.
Кога тргнаа, Тони речс: „Вернон, сега нема да направиш
ништо без наше знаење?“
„Веројатно ме знаеш“, рече тој и намигна. Штом излегоа тие,
тој посегна по телефонот и, тукушто почна да го врти бројот на
Клајв, кога слушна некакво жеравење во приемната канцеларија.
Неговата врата се отвори со трескот и една же- на се втурна
внатре, а по неа Џин, која ги превртуваше очи- те кон небото
давајќи му знак на уредникот. Жената застана пред неговата
работна маса гласно плачејќи. Во раката држе- ше едно стуткано
писмо. Тоа беше редакторката што имаше дислексија. Тешко
беше човек да ја сфати смислата на сето она што го изговори, но
Вернон разбра една реченица што таа постојано ја повторуваше:
„Рековте дека ќе ме поддржите, Ветивте“.
Тој не можеше да го знае тоа тогаш, но мигот пред да влезе
таа во неговата канцеларија ќе биде последната можност да биде
сам пред да ја напушти зградата во девет и пол часот таа вечер.

48
III

Моли често велеше дека кај куќата на Клајв најмногу и се


допаѓа тоа што тој живее во неа толку долго време. Доде- ка
мнозинството негови врсници се уште живееја во најмени соби
и со години пред да ги купат своите први влажни подру- мски
станови, Клајв во 1970 година наследи од својот богат чичко, кој
немаше деца, џиновска вила со штукатура и намен- ски
изградено двокатно уметничко студио на третиот и четвр- тиот
кат, чии огромни сводести прозорци гледаа на север, над
начичканите стрмни покриви. За даја приспособи кон време- то
и кон својата младост тој имаше дваесет и една година -
однадвор ја обои розово, а внатре ја исполни со пријагели,
претежно музичари. Низ неа поминаа и некои славни лично-
сти. Џон Ленон и Јоко Оно поминаа таму една недела. Џими
Хендрикс остана една ноќ и веројатно бсше виновен за пожа-
рот што ја уништи оградата на скалите. Со одминувањето на
деценијата куќата се смируваше. Во неа се уште отседнуваа
пријатели, но само за една-две ноќи, и веќе никој не спиеше на
нодот. Штукатурите пак беа обоени беж, Вернон се всели за
една година, Моли остана едно лето, концертното пијано беше
пренесено горе, во студиото, беа направени полици за книги, врз
излитените теписи послаа ориентални килими, беа внесе- ни
разни делови викторијански мебел. Освен неколку стари
душеци, малку работи беа изнесени, и на Моли бездруго и се
допаѓаше токму тоа, зашто куќата претставуваше историја на
еден возрасен човек, на промената на неговите вкусови,

49
на страстите што избледуваа и на богатството што растеше.
Првиот есцајг на Вулворт се уште стоеше во иста кујнска фи-
ока со старинскиот сребрен сервис. Слики во масло од анг-
лиски и дански импресионисти висеа во непосредна близина на
избледените плакати што ги најавуваа раните триумфи на Клајв
или прочуените рок-концерти на Битлси на Стадионот Ши, на
Боб Дилан на островот Вајт, на Ролингстоунс во Ала- монт.
Некои од тие плакати вредеа повеќе од сликите
На почетокот на осумдесеттите години тоа беше дом на
млад, богат композитор - тогаш веќе ја имаше компонирано
музиката за филмот на Дејв Спилер Божик на Месечината, што
беше вистински хит - а некакво достоинство, помислува- ше
Клајв во своите добри мигови, како да се спуштило од мрачните
високи тавани врз големите масивни софи и врз си- те работи
купени на Лотс роуд, што не беа ни вистински ста- рудии, но ни
вистински антиквитети. Впечатокот на сериоз- ност
дополнително беше нагласен кога ревносната домашна
помошничка почна да го одржува редот во куќата. Она што не
беше вистинска старудија бсше избришано од правот и поли-
рано, па почна да изгледа како антика. Последниот станар си
замина и во куќата настапи работна тишина. Во текот на не-
колку години Клајв протрча низ два брака без деца релативно
неповреден. Трите жени со кои беше близок живееја во стран-
ство. Сузи Марселан, со која беше во моментот, живееше во
Њујорк и, кога доаѓаше, никогаш не остануваше премногу
долго. Годините и успехот му го сведоа животот на повисока
цел; во поглед на својата приватност не стана сосем исклучи-
телен, но беше претпазлив. Во последно време никако не ка-
неше критичари и фотографи, а одамна помина времето кога
Клајв одвај успеваше да најде малку време, меѓу пријателите,
љубовниците или забавите, да напише некој ненадејно смел
увод, или дури и цела песна. Отворената куќа веќе ја немаше Но
Вернон се уште уживаше во тие посети, зашто и самиот во
голема мера порасна на тоа место и имаше само пријатни

50
спомени за девојките, забавните вечери со разни дроги и рабо-
тата со која се занимаваше ноќе во малата соба во задниот дел
на куќата. Некогаш, во времето на машините за пишување и на
копиите со индиго. Дури и сега, додека излегуваше од так- сито
и се качуваше по скалите накај влезната врата, пак го доживеа,
иако само како навестување, чувството што тие де- нови
воопшто го немаше, вистинското очекување, чувството дека се
е можно.
Кога Клајв ја отвори вратата, Вернон не забележа видливи
знаци на збрканост или криза. Двајцата пријатели се прегрнаа во
предворјето.
„Имам шампањ во фрижидерот.“
Го зеде шишето и две чаши и Вернон тргна по него по ска-
лите. Во куќата владееше задушлива атмосфера, на тој прет-
постави дека Клајв не излегувал надвор еден-два дена. Низ
полуотворената врата на спалната соба можеше да се види
безредието. Тој понекогаш, кога работеше интензивно, ја мо-
леше домашната помошничка да не доаѓа по неколку дена.
Состојбата во која се наоѓаше студиото го потврди тој впеча-
ток. Подот го покриваа листови со ракописи, нечисти чинии,
филџани и чаши за вино беа растурени околу пијаното, клави-
јатурите и компјутерот со средна големина на кој Клајв поне-
когаш ги разработуваше своите оркестрации. Воздухот беше
застојан и влажен, како да бил вдишуван многупати.
„Извини поради безредието.“
Заедно ги тргнаа книгите и хартиите од фотелјите за да
седнат и да почнат да разговараат пиејќи шампањ. Клајв му
раскажа на Вернон за своето пречкање со Гармони на погре- бот
на Моли.
„Министерот за надворешни работи навистина ти рекол ,оди
еби се‘?“ праша Вернон. „Би можеле да го употребиме тоа во
дневникот.“
„Убава работа. Јас се трудам на сите да им се тргам од па-
тот.“

51
Кога веќе беа кај Гармони, Вернон му ги прераскажа двата
разговора што ги водеше тоа попладне со Џорџ Лејн. Тоа бе- ше
токму оној вид сторија што би го привлекла вниманието на
Клајв, но тој не покажа никаква љубопитност во врска со
фотографиите и судската забрана, а изгледаше како да слуша
само со половина уво. Стана штом заврши раскажувањето. Ги
дополни чашите. Тишината што ја најавуваше промената на
темата беше тешка. Клајв ја остави својата чаша и отиде на
спротивниот крај на студиото, потоа со долги чекори се врати
назад, благо триејќи си ја дланката на левата рака.
„Размислував за Моли“, рече на крајот. „За начинот на кој
умре, за брзината со која настапи смртга, за нејзината беспо-
мошност, за тоа дека не сакаше сето тоа да заврши така. За сето
она за што веќе разговаравме порано.“
Тој замолча. Вернон пиеше и чекаше.
„Па, се работи за следново. Јас нсодамна малку сс испла-
шив...“ Го подигна гласот за да ја предупреди загриженоста на
Вернон. „Веројатно не е ништо. Знасш, она од што се испо-
туваш ноќе, а дење ти изгледа како глупост. Но не сакам да
зборувам за тоа. Тоа с речиси безначајно, но не губиме ништо
ако те замолам за ова. Да речеме, на пример, да се разболам
сериозно, како Моли, и да почнам да пропаѓам и да правам
страшни грешки, знаеш, растројство во расудувањето, да не знам
кое како се вика или кој сум јас, такви работи. Би сакал да знам
дека постои некој што ќе ми помогне да го окончам тоа...
Мислам, да ми помогне да умрам. Особено ако дојдам дотаму да
не можам да решам сам, или да не бидам во состој- ба да го
спроведам тоа на дело. Значи, сакам да го речам ова - те молам
тебе, како свој најстар пријател, да ми помогнеш ако некогаш
дојдам дотаму да забележиш дека тоа би било најдобро. Онака
како што можевме да и помогнеме на Моли да бевме во
состојба...“
Клајв пак се оддалечи, малку збунет поради Вернон кој
гледаше во него со подигната чаша, како да замрзнал во чинот
на испивањето. Клајв се накашла гласно.

52
„Знам, не е нормално да го молиш некого за нешто такво.
Притоа, во оваа земја тоа е и незаконско и, се разбира, не би
сакал да се најдеш од другата страна на законот, под прет-
поставка да се согласиш. Но има начин и земји, ако дојде до тоа,
би сакал да ме одведеш таму со авион. Тоа е огромна од-
говорност, нешто што можам да го барам само од близок при-
јател како тебе. Можам само да кажам дека не сум во никаква
состојба на паника или на нешто слично. Добро размислив за
тоа.“
Потоа, бидејќи Вернон се уште седеше и молчеше, со вко-
чанет поглед, додаде со извесна доза на непријатност: „Ете, тоа
е тоа“.
Вернон ја остави својата чаша и се почеша по главата, а
потоа стана.
„Не сакаш ли да зборуваш за тоа што те исплашило?“
„Никако.“
Вернон погледна на часовникот. Веќе доцнеше за кај Џорџ.
Рече: „Па, знаеш, тоа што го бараш од мене е навистина голе- ма
работа. Морам малку да размислам“.
Клајв кимна со главата. Вернон тргна накај вратата и прв
почна да слегува по скалите. Во предворјето пак се прегрнаа.
Клајв ја отвори вратата и Вернон излезе надвор, во ноќта.
„Ќе морам да размислам за тоа.“
„Се разбира. Ти благодарам што дојде.“
Двајцата прифатија дека природата на таа молба, нејзината
интимност и нејзиниот збунувачки одраз врз нивното прија-
телство, за миг создадоа непријатна емотивна блискост со ко- ја
најлесно можеа да излезат на крај ако се разделат без збор, па
затоа Вернон брзо сврте по улицата барајќи такси, а Клајв се
врати по скалите, кај пијаното.

53
IV

Лејн лично ја отвори вратата на својата палата во Холанд


парк.
„Доцниш.“
Вернон, кој претпоставуваше дека Џорџ се обидува да игра
улога на новински магнат што го повикува својот уредник, одби
да се извини или барем да одговори, тргнувајќи по својот
домаќин низ светлото предворје накај дневната соба. За среќа,
таму немаше ништо што би го потсетувало Вернон на Моли.
Собата беше уредена, како што му опиша еднаш таа, во стилот
на Бакингемската палата: дебели килими со боја на сенф, го-
леми пепелаво-розови софи и фотелји со релјефни мостри на
ластари и арабески, темни маслени слики со коњски трки на
трева, и репродукции на овчарките со нишалки од Фрагонар во
масивни позлатени рамки, а целата таа раскошна празнина беше
упадливо осветлена со внимателно светнати месингови
светилки. Џорџ ја подаде раката кон тешкиот постамент од
брешански мермер на гасниот камин што оставаше впечаток на
јаглен што гори, и се сврте:
„Сакаш ли чаша ’порто“?“
Вернон сфати дека не јадеше ништо по сендвичот со си-
рење и зелена салата за ручек. Зошто инаку толку многу би го
раздразнила таа извештачена формулација на Џорџ? И што му
текнало на Џорџ да носи свилена домашна наметка врз косту-
мот? Тој човек е едноставно изопачен...
„Да. Благодарам.“

54
Седнаа на растојание од речиси шест метри еден од друг, со
саскавиот камин на средината. Кога би останал сам половина
минута, помисли Вернон, можеби би се одвлечкал до оградата
на каминот и би си ја заковал за неа десната страна на глава- та.
Дури ни сега, кога беше во друштво, не се чувствуваше добро...
„Ги видов бројките на просекот на читаноста“, сериозно рече
Џорџ. „Не се добри.“
„Стапката на опаѓањето се забавува“, беше автоматскиот
одговор на Вернон, неговата мантра.
„Но се уште опаѓа.“
„Потребно е време за да се изменат тие работи.“ Вернон го
проба „портото“ и зазеде отстапница потсетувајќи се дека Џорц
поседува само еден и пол процент од Судија и дека не знае
ништо за работата. Исто така, беше корисно да се сети де- ка
неговото богатство, неговата издавачка „империја“ се зас-
новува врз безочно искористување на слабоумните: тајните
нумеролошки шифри во Библијата ја претскажуваат иднина- та,
Инките потекнуваат од вселената, Светиот грал, Заветниот брод,
Второто доаѓање, Третото око, Седмиот печат, Хитлер е жив и
здрав во Перу. Нс беше лесно човек да го слуша Џорџ како држи
предавање за животот и светот.
„Мене ми се чини“, рече тој, „дека сега ви е потребна една
голема приказна, нешто што ќе го запали огнот, нешто што ќе
мораат да го објават и вашиtе противници само за да останат во
тек.“
За да престане да опаѓа тиражот, требаше да почне да рас- те
Но Вернон го задржа неутралниот израз, зашто знаеше де- ка
Џорџ ја наведува приказната на фотографиите.
Вернон се обиде да го забрза. „Имаме добра pриказна в пе-
ток за сијамските близнаци во локалната управа...“
„АХ!“
Успеа. Џорџ одеднаш скокна на нозе.
„Тоа не е приказна, Вернон. Тоа е дрдорење. Јас ќе ти пока-
жам што е приказна. Ќе ти покажам зошто Џулијан Гармони

55
трча од еден до друг адвокатски еснаф милкајќи се! Дојди со
мене“
Се вратија долу, во предворјето, поминаа покрај кујната и
низ еден тесен ходник на чиј крај имаше врата што Џорџ ја
отвори со Јејлов клуч. Еден дел од нивниот замрсен брачен
договор, меѓу другото, бсше Моли, со своите гости и своите
работи, да престојува одвоено во едно крило на куќата. Беше
поштедена од сцените нејзините пријатели да прикриваат кол-
ку се забавуваат на сметка на помпезноста на Џорџ, а тој го
избегна напредувањето на брановите на неуредноста на Моли
што ги голтаа собите во делот од куќата што се користеше за
забави. Вернон многупати доаѓаше во станот на Моли, но
сскогаш го користеше надворешниот влез. Сега, кога Џорџ ја
турна и ја отвори вратата, Вернон почувствува напнатост. Се
чувствуваше неподготвен. Повеќе сакаше да ги видеа фото-
графиите во делот од куќата што му припаѓаше на Џорџ.
Во полумракот, додека Џорџ се обидуваше да го најде пре-
кинувачот за осветлението, Вернон првпат го почувствува
вистинскиот ефект на смртта на Моли - едноставниот факт на
нејзиното отсуство. Тоа спознание му го разбудија познатите
мириси што веќе беше почнал да ги заборава - нејзиниот пар-
фем, нејзините цигари, исушените цвеќиња што ги држеше во
спалната соба, кафето во зрна, пријатната топлина на испрани
алишта. За неа зборуваше нашироко, а и мислеше на неа, но
само во миговите што ќе ги најдеше во пренатрупаните работ-
ни денови, или додека тонеше во сон, и досега таа никогаш не
му недостигаше вистински во душата, ниту го повредуваше
сознанието дека никогаш веќе нема да ја види и да ја чуе. Таа му
беше пријателка, можеби најдобрата што ја имал кога и да било,
и веќе ја немашс. Лесно можеше да излезе будала пред Џорџ,
чии контури се уште беа замаглени. Тој посебен вид ја-
досаност, болниот грч што започнуваше веднаш зад лицето, над
непцето, го немаше почувствувано уште од детството, од
основното училиште. Го мачеше носталгија за Моли. Го прик-

56
ри налетот на самосожалување зад гласното накашлување на
возрасниот човек.
Куќата беше исто онаква каква што ја остави таа, дента кога
најпосле се согласи да се премести во спалната соба во главната
куќа за да ја заточи Џорџ и да ја негува. Додека ми- нуваа покрај
бањата, Вернон ги закачи со погледот нејзините здолници што
ги паметеше, префрлени преку пречката за пеш- кири, а еден
пешкир и еден градник стоеја на подот. Пред по- веќе од четврт
век таа и Вернон се вдомија речџси една година на една мала
мансарда на улицата Сена. И тогаш но подот цел ден се влечеа
пешкири, а нејзината долна облека во слапови се прелеваше од
фиоките што таа никогаш не ги затвораше, голе- мата штица за
пеглање никогаш не беше склопувана, а во еден пренатрупан
орман фустаните се тискаа, збиени странично, како редовните
патници во метрото. Списанија, шминка, пот- врди од банката,
перли, цвеќиња, долги чорапи, пепелници, покани, тампони,
лонгплејки, авионски карти, чевли со висо- ки потпетици -
немаше ниту една педа место што не беше прекриено со нешто
на Моли, така што Вернон, кој требаше да работи дома, одеше
да пишува во кафеаната на нивната улица. Па сепак, таа секое
утро се издигаше свежа од школка- та на тоа моминско дувло,
како Венера на Ботичели, за да се појави, се разбира, не гола,
умешно дотерана, во редакцијата на парискиот Вог.
„Наваму“, рече Џорџ и го одведе во дневната соба. На еден
стол стоеше голем кафеав плик. Додека Џорџ одеше да го зе- мс,
Вернон имаше време да погледне наоколу. Таа можеше да влезе
секој миг. Книгата за италијанските градини стоеше свртена со
лицето надолу, а на ниската маса имаше три чаши за вино, секоја
обрабена со сивкавозелена мувла. Можеби и тој пиел од една од
нив. Се обиде да се сети на својата послед- на посета во таа куќа,
но различни доаѓања се претопуваа во магла. Имаше долги
разговори за нејзиното преминување во главната куќа, од кое таа
се плашеше и на кое му се противе-

57
ше, знаејќи дека тоа ќе биде патување во еден правец. Другата
можност беше санаториумот. Вернон и сите други пријатели ја
советуваа да остане во Холанд парк, верувајќи дека позна- тата
средина повеќе ќе и годи. Колку многу се измамија. Таа ќе беше
послободна, дури и под најстрогиот институционален режим,
отколку што беше на крајот во рацете на Џорџ.
Тој му покажа на Вернон да седне на стол, уживајќи во ми-
гот кога ги вадеше фотографиите од пликот. Вернон се уште
мислеше на Моли. Дали имало мигови на луцидност додека се
губела, кога се чувствувала напуштена од пријателите што не
доаѓаа да ја посетат, не знаејќи дека Џорџ им го скратуваше
пристапот? Ако ги проколнувала пријателите, сигурно го про-
колнувала и Вернон.
Џорџ си ги стави фотографиите - осум пати по дваесет - на
скутот, свртени со лицето надолу. Уживаше во молчењето на
Вернон, што го сметаше за безгласна нестрпливост. Дотура- ше
масло на огнот на божемната агонија зборувајќи полека и
одмерено.
„Морам прво да кажам нешто. Немам поим зошто го сли-
кала, но едно нешто е сигурно. Тоа можела да го направи само
со согласност на Гармони. Тој гледа право во објективот. Ав-
торското право е нејзино, а како единствен наследник на неј-
зиниот имот, всушност, ми припаѓа мене Да не споменувам дека
од Судија очекувам да не го обелодени нивниот извор.“
Тој сврте една и му ја подаде. Еден миг не распознаваше
ништо под нејзината сјајна црно-бела површина, а потоа се
покажа среден гроплан. Неверојатно. Вернон ја подаде раката
барајќи ја втората: од глава до петици, и тоа со кадрирано зго-
лемување; а потоа третата, тричетвртински профил. Се врати на
првата, сите други мисли одеднаш му се развеаја. Потоа пак
внимателно се загледа во втората и третата, сега согледу- вајќи
ги целосно и чувствувајќи бран од бурни реакции: најна- пред
вчудовиденост, по која следуваше незауздана внатрешна радост.
Додека ја потиснуваше имаше чувство дека плови над

58
столот. Потоа почувствува тешка одговорност - или се рабо-
теше за моќ? Животот на еден човек, или барем неговата ка-
риера, беше во неговите раце. А којзнае, можеби Вернон беше
во положба да ја сврти на добро и иднината на земјата. И ти-
ражот на својот весник.
„Џорџ“, рече најпосле. „Морам добро да размислам за ова.“

59
V

По еден час Вернон излезе од куќата на Џорџ со пликот в


раце. Запре такси и, замолувајќи го возачот да го вклучи
таксиметарот и да остане да стои покрај тротоарот, седеше
одзади неколку минути, смирувајќи се со бучавата на мото- рот,
масирајќи си ја десната страна на главата и размислувајќи што
да прави. На крајот, рече дека одат во Јужен Кенсингтон.
Осветлението во студиото бешс запалено, но Вернон не
заѕвони на вратата. Па врвот на скалите начкрта порака за која
мислеше дека најверојатно прва ќе ја прочита домашната
помошничка и поради тоа ја напиша со неодреден тон. Ја пре-
витка двапати пред да ја пикне под влезната врата и побрза
назад, во таксито што го чекаше. Да, под еден услов: и ти да го
направиш истото за мене. В.

60
III
I

Како што предвиде Клајв, мелодијата му бегаше додека


престојуваше во Лондон, во своето студио. Секој ден правеше
обиди, кратки нацрти, смели проби, но не успеваше да соз- даде
ништо повеќе од лошо или добро прикриени цитати на
сопствените дела. Ништо не извираше слободно во самосвоен
израз, со сопствена веродостојност, за да го донесе елементот
изненадување што би обезбедил оригиналност. Секој ден, от-
како ќе се откажеше од обидите, им се посветуваше на полес-
ни, поеднолични задачи, како што се збогатувањето на оркес-
трациите, препишувањето на збрканите страници ракописи и
разработувањето на лабавото решение на молските акорди што
го обележуваа почетокот на бавниот став. Три состанока
рамномерно распоредени во текот на осум дена го спречија да
отиде во Езерската област: пред повеќе месеци рече дека ќе
присуствува на една добротворна вечера за собирање на сред-
ства; за да му направи услуга на својот внук што работеше на
радио, се согласи да отиде на петминутен разговор, а дозво- ли
и да го убедат да биде член на жирито на натпреварот во
компонирање во блиското училиште. А на крајот мораше да го
одложи патувањето за уште еден ден затоа што Вернон го
замоли да се видат.
Во текот на тој период, додека работеше, Клајв ги проучу-
ваше своите мапи, втриваше течен восок во чизмите за плани-
нарење и ја проверуваше опремата - што беше важно при пла-
нирањето на зимско пешачење по планините. Можеше да ја

63
избегне обврската под геслото за слободата на уметничкиот дух,
но таквата вообразеност му беше одбивна. Имаше многу
пријатели што играа на картата на генијалноста кога тоа им
одговараше, така што не се појавуваа во овој или оној слу- чај,
уверени дека секоја локална збрка што ќе ја предизвикаат на тој
начин може само да ја зголеми почитта кон занесната природа
на нивната возвишена професија. Тие типови - писа- телите без
конкуренција беа најлоши - успеваа да ги убедат пријателите и
семејствата дека и секое дремење или секоја прошетка, секој
налет на молчење, меланхолија или пијанство, а не само
часовите што ги минуваат работејќи, содржат оп- равдувачко
обележје на возвишена цел. Обична маска за про- сечноста, како
што сметаше Клајв. Тој не се сомневаше дека таа професија е
возвишена, но непристојното однесување не е дел од неа.
Можеби во секој век можеше да се издвои понекој исклучок:
Бетовен, да; Дилан Томас, никако.
Никому не му кажа дека неговата работа влезе во ќор-со-
как. Место тоа, рече дека оди на краток одмор, на планинаре-
ње. Всушност, тој воопшто и не мислеше дека е блокиран.
Понекогаш работата оди полошо и човек мора да стори се за што
искуството му налага дека е најделотворно. И така остана
подолго во Лондон, отиде на вечера, го изврши тој разговор,
учествуваше во жирито на натпреварот и, прв пат во живо- тот,
дојде во сериозен судир со Вернон. Дури на првиот ден на март
успеа да стигне на станицата Јустон и да најде празно купе во
првата класа во возот за Пенрит.
Уживаше во долгите патувања со воз поради смирувачкиот
ритам што го добиваа тогаш мислите - што му беше, всуш- ност,
потребно по караницата со Вернон. Но во купето не се смири
толку лесно колку што очекуваше. Одејќи по перонот, во мрачно
расположение, забележа дека чекорот му е неизед- начен, едната
нога како да му станала подолга од другата. Ко- га го најде
своето седиште, го собу чевелот и најде згазена црна маса од
гума за џвакање втисната длабоко во назабени-

64
от долен дел на ѓонот. Со горната усна извиена од гадења, се
уште ја исчепкуваше, исечуваше и стружеше со џебното ноже
кога возот тргна. Под потемнетиот слој нечистотија, гумата се
уште беше бледорозова, како месо, а мирисот на неперминт
беше слаб, но јасен. Каков ужас, близок допир со содржината на
устата на некој непознат, неизмерно просташтво на луѓето што
џвакаат гуми и ги плукаат каде што ќе стигнат. Откако си ги
изми рацете, се врати, помина уште неколку минути очај- нички
барајќи си ги очилата за читање, пред да ги најде на седиштето
до себе, а потоа сфати дека не понел молив. Кога најпосле го
насочи вниманието гледајќи низ прозорецот, го обзеде
познатата мизантропија, а во урбаниот предел што се лизгаше
покрај него не гледаше ништо друго освен грдотија и
бесмислена дејност.
Во неговиот крај од западен Лондон, и во неговата секој-
дневна рутина кога се занимаваше со себе, на Клајв му беше
лесно да размислува за цивилизацијата како збир на сите
уметности, заедно со дизајнот, кујната, доброто вино и слични
работи. Но кога излезе дека таа е всушност ова - квадратни
километри штури модерни куќи чија главна цел беше да ги
потпираат телевизиските и сателитските антени, фабрики за
производство на безвреден смет што ќе се рекламира на теле-
визиските програми и, во мрачни групи, товарни камиони што
чекаат на ред за да го разнесат; а насекаде патишта и тиранија
на сообраќајот. Сето тоа изгледаше како во утрото по разузда-
на вечерна забава. Никој не сакаше да биде така, но никој не ги
прашуваше. Никој не планираше така, никој не сакаше та- ка, но
повеќето луѓе мораа да живеат така. Набљудувајќи го сето тоа
километар по километар, кој би рекол дека учтивос- та или
богатата фантазија, Парсел или Бритн, Шекспир или Милтон
некогаш постоеле? Одвреме-навреме, кога возот ја зголемуваше
брзината и откако се оддалечија од Лондон, се појавуваа
пејзажи, а со нив и почетоците на убавината, или сеќавањата на
неа, а по неколку секунди се разлеваа во река

65
претворена во бетонирани канали или во неочекувани голи
ораници без жива ограда или дрвја, и патишта, нови патишта
што се протегаа во бескрај, бесрамно, небаре единственото
важно нешто беше да бидеш на некое друго место. Што се
однесува до доброто на сите други облици живот на земјата,
човечкиот потфат не беше само неуспех туку и грешка, и тоа од
самиот почеток.
Ако требаше да обвинува некого, тогаш тоа беше Вернон.
Клајв во минатото често патуваше по таа делница, и таа глет- ка
никогаш не му будеше мрачни чувства. Тоа не можеше да им го
припише на гумата за џвакање или на моливот што го заборави.
Нивната синоќешна караница уште му бучеше во ушите и се
загрижи дека нејзините одгласи ќе го прогонуваат дури до
планините и дека ќе му го уништат мирот. А во себе веќе одвај
го поднесуваше судирот на гласовите, тоа беше се поголемо
вџасување поради однесувањето на неговиот прија- тел, и се
појасно и посилно чувство дека, всушност, никогаш воопшто и
не го познавал вистински Вернон. Ја сврте главата од
прозорецот. Кога ќе помисли дека само пред една недела му
упати на својот пријател една крајно невообичаена и интимна
молба. Колкава грешка беше тоа, особено сега, кога чувство- то
што го имаше во левата рака сосем исчезна. Тоа беше само
глупав немир што го предизвика погребот на Моли. Еден од
оние повремени напади на страв од смртта. И колку се изложи
себе и својата ранливост онаа ноќ. Не му претставуваше ни-
каква утеха тоа што и Вернон го замоли него за истата услуга;
неговиот труд се сведуваше на начкртана порака пикната под
вратата. А тоа можеби беше типично за извесно... отсуство на
рамнотежа во нивното пријателство што постоело отсекогаш и
за кое Клајв бил свесен длабоко во душата, непрекинато от-
фрлајќи го, префрлајќи си поради безвредните размислувања.
Се досега. Да, во нивното пријателство постои извесна нес-
размерност поради која, кога ќе размисли подобро, нивниот
синоќешен судир и не претставуваше посебно изненадување.

66
На пример, во еден период пред многу време, Вернон живе-
еше кај него една година и ниеднаш не понуди да му плати
кирија. И зар, земено во целост, во текот на годините токму
Клајв, а не Вернон, ја обезбедуваше музиката- во секоја смис-
ла? Виното, храната, куќата, музичарите и другото интересно
друштво, иницијативи благодарејќи на кои истиот тој Вернон
одеше со весели пријатели во најмени куќи во Шкотска, на
планините на северна Грција и на бреговите на Лонг Ајленд.
Кога предложил и приредил Вернон некое исклучително за-
доволство? Кога последен пат Клајв беше гостин во куќата на
Вернон? Можеби пред три-четири години. Зошто тој никогаш
чесно не го уважи пријателскиот чин во вид на заем со кој му
помогна да преброди едно тешко раздобје? Кога имаше
инфекција на 'рбетот, Клајв го посетуваше речиси секој ден; кога
Клајв се лизна на тротоарот пред својата куќа и си го скр- ши
глуждот, Вернон ја прати секретарката со едно ќесе книги од
списокот на евтините наслови на Судија.
Најгрубо речено, што имаше Клајв од тоа пријателство?
Даваше, а што прими кога и да било? Што ги поврзуваше?
Заедничка им беше Моли, се нанижаа години, а тука беа и на-
виките на пријателството, но во срцевината на тоа пријателст-
во всушност немаше ништо, ништо за Клајв. Великодушно
објаснување за отсуството на рамнотежа би можело да се нај- де
во пасивноста на Вернон и во неговата опседнатост со себе.
Сега, но минатата ноќ, Клајв беше склон во тоа да види само
елементи на еден поголем факт - дека на Вернон не му се важ-
ни принципите
Од другата страна на прозорецот на купето, што Клајв не
можеше да ја види, се нижеше предел со листопадни шуми, чија
зимска геометрија беше посребрена од нестопен укит. Малку
подалеку, една бавна река полека се разлеваше низ ка- феавите
реси на рогозот, а од другата страна на наплавените рамнини,
замрзнатите пасишта беа опточени со тантела од ка- мени
ѕидови. На рабовите на еден саѓосан град се правеше

67
обид да и се врати на шумата еден широк појас индустриски
пустош; фиданките во пластични ќесиња се протегаа речиси до
хоризонтот, каде што булдожерите ја развлекуваа земјата по
површината. Но Клајв гледаше пред себе, во празното се- диште
спроти себе, загубен во самопрегорните спирали на сво- јата
жестока општествена пресметка, несвесно искривувајќи го и
боејќи го минатото низ призмата на својата унесреќеност.
Повремено го обземаа и други мисли, извесно време читаше, но
долгото и внимателно преиспитување на едно пријателство беше
главната тема на неговото патување на север.
Неколку часа подоцна, во Пенрит, почувствува големо олес-
нувањс кога излезе од тие мрачни мисли и тргна со торбата по
перонот барајќи такси. До Стоунтвајт имаше уште повеќе од
дваесет милји и му годеше да се заборави во брборењето со
возачот. Бидејќи бешс средината на неделата и вонсезонско
време, Клајв беше единствениот гостин во хотелот. Ја побара
собата што ја земаше порано три-четирипати, единствената што
имаше работна маса. И покрај студот, го отвори ширум
прозорецот, така што можеше да го вдишува карактеристич-
ниот зимски воздух на езерската земја додека се распакуваше -
тресетна вода, влажни карпи, земја обрасната со мов. Јадеше сам
во барот, под будниот поглед на препарираната невестул- ка од
стаклениот сандак, фатена во лакомо прикрадување. По кратката
прошетка по црна темница околу рабовите на хотел- скиот
паркинг, се врати внатре, и рече добра ноќ на келнерка- та и
отиде во своето сопче. Откако читаше еден час, остана да лежи
во темница, наслушувајќи го надојдениот жуборлив поток,
знаејќи дека темата на неговите размислувања сигурно ќе се
врати и дека за него ќе биде подобро да и се посвети сега,
отколку утре да ја понесе со себе на прошетката. Сега не го
измачуваа развеаните илузии. Го притискаа сеќавањата на
разговорот, и уште нешто друго: тоа што беше изговорено и тоа
што би сакал сега, по повеќечасовно размислување, да му го
речеше на Вернон. Се работеше за сеќавања и за фан-

68
тазирање: си замисли драма во која себеси си ги додели сите
најдобри реплики, звучни реплики со тажна разумност чии
обвиненија беа особено построги и понепобитни поради згус-
натоста и емотивната воздржаност.

69
II

А всушност, се случи ова: Вернон телефонира доцна прет-


пладне, употребувајќи зборови што толку многу личеа на оние
што ги кажа Клајв пред една недела, што изгледаа како намерно
цитирање, како шеговита опомена за долг што треба да се врати.
Вернон мора да разговара со него, многу е итно, не може по
телефон, мора да го види, тоа мора да биде денес.
Клајв се колебаше. Имаше намера да го фати попладневни-
от воз за Пенрит, но рече: „Па добро, намини, ќе подготвам
вечера“.
Ги смени плановите за патувањето, донесе од подрумот две
шишиња добар „бургундец“ и се зафати со готвењето. Вернон
задоцни цел час и првиот впечаток на Клајв беше дека него-
виот пријател ослабел. Лицето му се издолжило и беше прона-
днато и неизбричено, капутот му изгледаше за неколку броја
поголем, а кога ја остави актовката за да ја прифати чашата
вино, раката му се тресеше.
Го испи „шамбертен клос де безето“ како пиво и рече:
„Каква недела, колку страшна недела“. Ја подаде чашата по
уште вино и Клајв, со олеснување поради тоа што не започна со
„рихенбург“, му ја исполни желбата.
„Утрово поминавме три часа на суд и победивме. Човек би
рекол дека тоа е крајот. Но против мене е целиот колектив,
речиси сите. Во зградата владее вистински метеж. Чудно е тоа
што вечерва воопшто успеавме да го издадеме весникот. Токму
сега е во тек состанок на Здружението на печатарите и

70
сигурно ќе ми изгласаат недоверба. Управата и одборот држат
цврсти позиции, така што тоа е во ред. Се води борба за живот и
смрт.“
Клајв му покажа стол и Вернон седна на него, се облакти на
кујнската маса, си го нурна лицето во рацете и залелека:
„Ситничави мрши. Јас се обидувам да ги спасам нивниот весник
за бришење на задници и нивните мочани работи. По- скоро ќе
загубат се отколку да сменат една глупава запирка. Тие не
живеат во реален свет. Заслужуваат да пцовисаат од глад“. Клајв
немаше поим за што зборува Вернон, но не рече ништо. Чашата
на Вернон пак се испразни, па Клајв ја напол- ни и се сврте да
ги извади двете препелици од рерната. Вернон ја зеде актовката
на скутот. Пред да ја отвори, вдиша длабоко за да се смири и
испи уште една добра голтка „шамбертен“. Ги отвори
бравичките, застана, а потоа проговори со подлабок глас.
„Слушај, би сакал да го чујам твоето мислење за ова. Не са-
мо затоа што си лично поврзан и веќе знаеш нешто за тоа туку и
затоа што не си во оваа работа, а потребно ми е мислење од некој
отсграна. Мислам дека почнувам да полудувам...“
Последново си го промрморе во брадата додека бараше низ
актовката и вадеше еден голем плик со картонска задни- на, од
кој извади три црно-бели фотографии. Клајв ги исклучи
ринглите на кои стоеја тавите и седна. На првата фотографија
што му ја стави Вернон во рацете беше Џулијан Гармони во
едноставен фустан до под колената, како позира како некоја
манекенка на писта, со рацете малку оддалечени од телото, со
едната нога пред другата, со благо свиени колена. Лажните
дојки под фустанот беа мали, а се гледаше и работ на едната
прерамка од градникот. Лицето му беше нашминкано, но не
претерано, зашто неговото природно бледило добро му пос-
лужило, а со кармин беше извлечен сензуален лак преку неп-
ривлечните танки усни. Косата беше унадливо Гармониева,
кратка, брановидна и со патец настрана, така што изгледаше

71
истовремено дотеран и распуштен, и некако глупав. Тоа ника-
ко не можеше да помине како облека за маскенбал или како
некоја лакрдија пред камера. Напрегнатиот израз сосредото- чен
на себе му припаѓаше на човек фатен во состојба на сек- суална
возбуденост. Втренчениот поглед во објективот беше свесно
заводнички. Осветлението беше топло и вешто доте- рано.
„Моли“, рече Клајв повеќе за себе.
„Веднаш погоди“, рече Вернон. Тој гледаше алчно, чекајќи
ја реакцијата, а Клајв продолжи да гледа во сликата делумно и
за да ги прикрие своите мисли. Прво почувствува олеснување,
поради Моли. Загатката беше решена. Тоа ја привлекло кон
Гармони, тајниот живот, неговата ранливост, довербата што
сигурно цврсто ги поврзала. Добрата стара Моли. Сигурно била
крсативна, го поттикнувала одведувајќи го понатаму во сонот
што Долниот дом не можел да му го исполни, а тој знаел дека
може да има доверба во неа. Да се разболеше таа на некој друг
начин, сигурно ќе се погрижела да ги уништи тие слики. Дали
тоа некогаш излегло надвор од границите на спалната соба? Во
ресгорани во странски земји? Две девојки беснеат низ градот.
Моли би знаела како. Таа се разбираше од облека и знаеше такви
места, а ги обожаваше таквите заговори и так- вата забава,
налудничавата нота и сексуалната примеса. Клајв пак помисли
колку ја сакаше
„Па?“ рсче Вернон.
За да го испревари, Клајв ја подаде раката барајќи ја вто- рата
слика. На неа беа сликани главата и рамената и фустанот на
Гармони беше посвиленкав и поженствен. Околу високи- те
ракави и високата јака се протегаше едноставна линија од
тантела. Можеби тука носи и комбинезон. Ефектот беше по-
малку успешен, зашто сосем се разоткриваше маскираната
машкост и се обелоденуваше патосот, невозможните надежи на
неговиот заматен идентитет. Мајсторското осветление на Моли
не можело да ги маскира виличните коски на огромната

72
глава или издаденоста на Адамовото јаболко. Како изгледаше
вистински, и како тој мислел дека изгледа, тоа беа два раз- лични
поима. Тие фотографии требаше да изгледаат смешно, и
навистина беа смешни. Но Клајв го обзеде некаков зазор. Толку
малку знаеме едни за други. Претежно сме нурнати под
површината, како пловечки ледени блокови, покажувајќи ги
само своите ладни и бели општествени лица. Овде се отвора- ше
една ретка глетка под брановите, глетка од личниот живот и од
збрката на еден маж, од неговото достоинство нарушено од
неодоливата и неопходна потреба за фантазија, за чиста мисла,
од несовладливиот човечки елемент - умот.
Клајв прв пат почна да размислува како би изгледало да
чувствуваш наклоност кон Гармони. За тоа беше заслужна
Моли. На третата слика тој носеше коцкест жакет од Шанел, а
погледот му беше наведнат; во некоја своја внатрешна проек-
ција беше пристојна и практична жена, но набљудувачот от-
страна можеше да го забележи избегнувањето. Соочи се со тоа,
маж си. Подобро изгледаше кога гледаше во објективот,
соочувајќи не со своето преправање.
„Што велиш?“ Вернон стануваше нестрплив.
„Необично.“
Клајв му ги врати фотографиите. Не беше способен јасно да
размислува додека сликите се уште му пловеа пред очите. Рече:
„Значи, се бориш да не ги пуштиш во весникот“.
Тоа беше делумно задевање, делумно палавост, како и жел-
ба да го одложи искажувањето на своите мисли.
Вернон се загледа во него вчудовиден. „Ти да не си луд? Тој
е непријател. Тукушто ти кажав, успеавме да ја укинеме
судската забрана.“
„Се разбира. Извини. Не бев сосем во тек.“
„Мојата идеја е да ги објавиме следната недела. Што мис-
лиш ти?“
Клајв се облегна на столот склопувајќи си ги рацете зад
главата. „Мислам“, рече претпазливо, „мислам дека твојот ко-
лектив има право. Тоа е навистина страшна идеја.“

73
„Како мислиш?“
„Тоа ќе го уништи.“
„Се разбира.“
„Мислам, лично.“
„Па да.“
Настапи длабока тишина. Клајв го преплавија толку многу
замерки што му се чинеше дека се исклучуваат една со друга.
Вернон ја турна својата празна чаша преку масата, а кога
бсше наполнета, рече: „Не сфаќам. Тој е чист отров. И самиот
си го рскол тоа толку пати“.
„Зол човек“, се согласи Клајв.
„Се зборува дека ќе се впушти во трката за првото место во
владата во ноември. За земјата би било страшно кога тој би
станал премиер.“
„И јас мислам така“, рече Клајв.
Вернон ги рашири рацете. „Па?“
Настапи уште една пауза, додска Клајв гледаше во пукна-
тините на таванот прибирајќи си ги мислитс. Најпосле рече:
„Кажи ми го ова. Дали мислиш дека во принцип не чини ма-
жите да облекуваат женски алишта?“
Вернон офна. Почнуваше да се однесува како пијаница.
Сигурно веќе испил некоја чаша пред да дојде тука. „Ајде,
Клајв!“
Клајв продолжи: „Ти некогаш се застапуваше за сексуал-
ната рсволуција. Ги бранеше хомосексуалците“.
„Не можам да поверувам што слушам.“
„Ги бранеше театарските претстави и филмовите што са- каа
да ги забранат. До минатата година ги поддржуваше оние
кретени што се најдоа на суд затоа што сами си зачукале шајки
низ јајцата.“
Вернон се сепна. „Поточно, во пенисот.“
„Зар ова не е токму оној вид сексуално изразување што ти
толку многу сакаш да го браниш? Во што се состои точно
злосторството на Гармони за да мора да биде разоткриен?“

74
„Во неговата дволичност, Клајв. Тој беси и камшикува, се
залага за семејните вредности, чума е за имигрантите, за луѓе- то
што бараат азил, за патниците, за луѓето од маргините“
„Тоа е неважно“, рече Клајв.
„Се разбира дека е важно. Не бладај.“
„Ако е во ред некој да биде трансвестит, тогаш и за расис-
тот е во ред да биде тоа што е Не е во ред да биде расист во
начело.“
Вернон воздивна божем сожаливо. „Слушај ме...“
Но Клајв најде начин да се изрази. „Ако е во ред човек да
биде трансвестит, тогаш е во ред и семејниот човек да биде та-
ков. Се разбира, во приватниот живот. Ако е во ред да биде..“
„Клајв! Слушај ме. Ти го минуваш целиот ден во своето
студио мечтаејќи за симфонии. Немаш претстава за што се
работи. Ако не го запреме Гармони сега, ако се случи тој да стане
премиер во ноември, постојат големи изгледи тие да по- бедат
на изборите следната година. Уште пет години! Ќе има уште
повеќе луѓе што ќе живеат во целосна беда, повеќе луѓе в затвор,
повеќе бездомници, повеќе криминал, повеќе бун- тови, како и
минатата година. Тој ја поддржува државната служба.
Животната средина ќе плати, затоа што тој поскоро ќе им
помогне на своите деловни пријатели отколку што ќе ги
потпише спогодбите за глобалното затоплување. Тој сака да не
изведе од Европа. Економска катастрофа! За тебе сето тоа е
сосем наместо“, тогаш Вернон покажа кон огромната кујна, „ама
за мнозинството луѓе...“
„Внимавај малку“, процеди Клајв, „додека го пиеш моето
вино.“ Го зеде „ришенбурот“ и ја наполни чашата на Вернон.
„Сто и пет фунти шише.“
Вернон испи половина чаша. „Токму затоа и зборувам. Си-
гурно нема да станеш конформист и десничар во зрелите го-
дини?“
Клајв одговори на ова осило со свој убод. „Знаеш ли каде
води сето ова? Му одиш на рака на Џорџ. Те искористуваат.

75
Вернон, изненаден сум од тоа што не го гледаш тоа и сам. Тој го
мрази Гармони затоа што имаше врска со Моли. Да има нешто
за мене или за тебе, и тоа би го искористил.“ Потоа Клајв додаде:
„А можеби и го искористил. Дали таа некогаш те сликала тебе?
Во нуркачки костим? Или можеби во балет- ско фустанче?
Мораме да му соопштиме на народот“.
Вернон стана и го врати пликот назад во актовката. „На-
минав со надеж дека ќе добијам поддршка од тебе. Или барем
дека ќе ме ислушаш со разбирање. Не очекував дека ќе ме
навредуваш до бесвест.“
Излезе во претсобјето. Клајв тргна по него, но не чувству-
ваше потреба да се извинува.
Вернон ја отвори вратата и се сврте. Изгледаше запуштен,
пропаднат. „Не разбирам“, рече тивко. „Мислам дека не си от-
ворен кон мене. Што ти пречи, всушност, во сето ова?“
Прашањето би можело да биде чисто реторичко. Клајв
направи неколку чекора накај пријателот и му одговори: „Ми
пречи поради Моли. Ние не го сакаме Гармони, но таа го сака-
ла. Тој и всрувал и таа ја ценела неговата доверба. Тоа било
нешто лично меѓу нив двајцата. Тоа се нејзини слики и немаат
никаква врска со мене или со тебе, или со твоите читатели. Таа
би го мразела тоа што го правиш. Искрено речено, ти ја
предаваш“.
А потоа, место да му го даде на Вернон задоволството да му
го сврти грбот и да си замине, Клајв се сврте и отиде накај
кујната, да вечера сам.

76
III

Пред хотелот имаше долга дрвена клупа потпрена на гру-


биот камен ѕид. Наутро, по појадокот, Клајв седнуваше на неа
за да си ги врзе врвците на чизмите. Иако му недостига- ше
главниот елемент за финалето, постигна два важни чеко- ра во
својата потрага. Првиот беше поопшт: се чуветвуваше
оптимистички. Ја изврши рамковната работа во студиото и, иако
не спиеше добро, чувствуваше радост поради враќањс- то во
својот омилен предел. Вториот беше конкретен: знаеше точно
што сака. Уште еднаш разработуваше се, насетувајќи дека
темата лежи во фрагментите и навестувањата на она што веќе го
напиша. Ќе го препознае вистинското штом ќе се поја- ви. Во
завршниот дел мелодијата ќе му звучи на неупатеното уво како
да е назначена или зачната на некое друго место во партитурата.
Наоѓањето на нотите ќе биде чин на инспири- рана синтеза. Тоа
беше како да ги знае веќе, но се уште не може да ги чуе. Ја
знаеше нивната занесна милозвучност и ме- ланхоличност. Ја
знаеше нивната едноставност, а пример му претставуваше,
несомнено, Бетовеновата Ода на радоста. Да го погледнеме
првиот ред неколку чекора горе, неколку че- кора долу. Тоа би
можело да биде и мелодија на некоја детска песна. Во неа
немаше ни трошка претенциозност, па сепак во себе носеше
голема духовна тежина. Клајв стана за да си го земе спакуваниот
ручек од келнерката која му го изнесе над- вор. Тоа беше
возвишената природа на неговото послание и на неговиот
стремеж. Бетовен. Клекна на чакалот на паркингот за да го стави
сендвичот со рендано сирење во раницата.

77
Си ја префрли раницата на рамо и тргна по патот накај до-
лината. Во текот на ноќта преку езерото поминал топол бран и
укитот веќе беше се стопил од дрвјата и ливадата покрај по-
точето. Слојот облаци стоеше високо и беше сосем сив, свет-
лината беше јасна и рамномерна, патеката сува. Условите не
можеше да бидат многу подобри во доцната зима. Тој прес- мета
дека има осум часа дневна светлина, иако знаеше дека, ако
остане подалеку од голите падини и ако до самракот сле- зе
назад во долината, ќе може да го најде патот до хотелот и со
помош на светилката. Значи, имаше време да се искачи на врвот
Скафел, но таа одлука можеше да ја одлага додека не стигне до
Еск Хоз.
Некадс во текот на првиот час, откако сврте на југ, кон
Лангстрат, и покрај оптимизмот, почувствува како го обзема
непријатност поради осаменоста под ведрото небо. Беспо-
мошно се лизгаше во фантазии, во замрсена приказна за некој
шго се крие зад карпа чекајќи да го убие. Одвреме-навреме
погледнуваше преку рамо. Тоа чувство му беше добро позна- то,
зашто често пешачеше сам. Секогаш требаше да совлада
некаков отпор. Тоа беше чин на волјата, борба со инстинктот -
да се оддалечи од близината на луѓето, од сигурноста на за-
солништето, од топлината и помошта. Чувството на опсегот
населен со секојдневните перспективи на собите и улиците
одеднаш се соочи со неизмерна празнина. Масата на гребени- те
што се издигаше над долината личеше на еден долг намур- тен
поглед всаден во каменот. Шушкањето и бучењето на по- токот
беа заканувачки јазик. Неговиот растреперен дух и сите
нагонски пориви му велеа дека е бесмислено и непотребно да
продолжи понатаму, дека прави грешка.
Клајв продолжи, зашто растрепереноста и стравувањето беа
токму оние состојби - болни - од кои се обидуваше да се
ослободи, и доказ дека неговата секојдневна мака - секој-
дневната наведнатост над пијаното со часови - го свела на
целосна згрбавеност. Пак ќе биде голем и бестрашен. Тука

78
немаше закана, само рамнодушноста на природните сили. Се
разбира, опасности имаше, но само вообичаени и прилично
мали: повреда при паѓање, загубување, нагла промена на вре-
мето, ноќ. Кога ќе ги совлада, ќе му се врати чувството на
контрола. Наскоро човеколиките призвуци ќе избледат од гре-
бените, пределот ќе ја добие својата убавина и ќе го впие во себе;
незамисливата старост на планините и густата мрежа од живи
суштества што се простираше преку нив ќе го потсетат дека и
тој е дел од тој поредок и дека е безначасн во него, и ќе биде
слободен.
Мсѓутоа, тој ден таквиот благотворен процес траеше подол-
го отколку обично. Одеше еден и пол час и се уште пред себе
забележуваше некакви грамади зад кои можеше да се крие
сенешто, во темничавото лице на гребените и во тревата на
крајот на долината се уште гледаше нејасна закана, и се уште го
мачеа некои делови од разговорот со Вернон. Широките
отворени пространства што требаше да му ги намалат грижи- те
смалуваа се: потфатот изгледаше бссмислен. А особено
симфониите: слаби усилби, бомбастични обиди да се изгради
планина од звук осудени на пропаст. Страстен стремеж. А за
што? За пари. За углед. За бесмртност. Ете начин да се одрече
случајноста што не донела на светов и да се растера стравот од
смртта. Застана за да си ги стегне врвците на чизмите. Мал- ку
потаму го соблече цемперот и добро се напи вода од матар- ката
обидувајќи го да го отстрани вкусот на солената харинга што
неразумно ја изеде за појадок. А нотоа се фати себеси како се
проѕева и размислува за креветот во своето сопче. Но не е можно
веќе да е изморен, а не можеше ни да се врати, осо- бено не по
сите напори што ги вложи за да дојде овде.
Стигна до мостот што водеше преку потокот и запре за да
седне. Мораше да се реши. Можеше тука да помине преку по-
токот и брзо да се искачи по левата падина на долината до
преслапот Стејк, или да продолжи до крајот на долината, а потоа
да се изјази по стрмната падина висока стотина метри,

79
до Јазичеста Глава. Не беше многу расположен за бавно и ма-
котрпно јазење, но не му се допадна ни можноста да се откаже
само поради слабоста или поради годините. На крајот реши да
продолжи покрај потокот - напорот на искачувањето можеби ќе
му помогне да се сепне од тромавоста во која беше паднал.
Но еден час стоеше на крајот на долината, лице в лице со
првата стрмна нагорнина, каејќи се поради својата одлука.
Почна да истура дожд и, колку и да бешс фалена скапата неп-
ропустлива облека во која се движеше со напор, знаеше дека од
физичкиот напор од искачувањето ќе му биде жешко. Из-
бегнувајќи ги лизгавите мокри карпи што беа малку пониско, ја
избра делницата преку стрмните падини обраснати со тре- ва, и
навистина, по неколку минути потта му шуркаше во очи- те
заедно со дождот. Го вознемири тоа што пулсот премногу му се
забрза за толку кратко време и што подзастануваше на секои
три-четири минути за да дојде до здив. Таква нагорнина би
требало да може да совлада како на шега. Се напи вода од
матарката и реши да продолжи, користејќи ја предноста на
самотијата за да стенка гласно и да зајачи при секој потежок
чекор.
Да беше со уште некој, можеби ќе се пошегуваше за смет- ка
на понижувањето што го носи со себе стареењето. Но во Англија
моментално немаше блиски пријатели со кои би го споделувал
тој порив. Сите што ги познаваше беа совршено задоволни и без
дивината: ресторан надвор од градот, Хајд парк напролет, тоа
беше единственото од природата што им беше потребно. Во
никој случај не можеа да тврдат дека се сосем живи. Вжештен,
накиснат, задишан, со напор се искачи на еден тревен гребен и
легна таму, ладејќи си го лицето во базјето, додека дождот го
биеше по грбот, проколнувајќи ги пријателите поради нивната
зачмаеност, поради отсуството на копнеж за живот. Го
изневерија. Никој не знаеше каде е тој, а никому и не му беше
важно.
Откако пет минути слушаше како му бабне дождот по об-
леката од непропустливо платно, стана и продолжи да се ис-

80
качува. А дали Езерската област е навистина права дивина?
Оштрбена е од присуството на толку шетачи, а секое нејзи- но
катче, па и најбезначајното, е обележано и фалено на цел глас.
Всушност, не беше ништо друго освен една џиновска, темна
фискултурна сала, а оваа нагорнина се сведуваше на низа тревни
ѕидни пречки. Тоа беше гимнастика на дожд. До- дека се
движеше накај преслапот, го обземаа и некои уште позаморни
мисли, но, додека се искачуваше се повеќе, а на- горнината
стануваше помалку стрмна, дождот ослабуваше, а долгиот
процеп во облаците пропушташе мала утеха во вид на слаба
сончева светлина, најпосле тоа почна да се случува почна да се
чувствува добро. Можеби тоа беше само поради дејството на
ендорфините што се ослободија при напрегање- то на
мускулите, или едноставно поради тоа што фати ритам. Или
можеби поради тоа што настапи оној блажен момент на
планинарењето кога човек ќе стигне до преслапот и ќе го за-
почне преминувањето преку вододелницата, додека пред очи- те
се појавуваат нови врвови и долини - Голем Крај, врвот Еск.
Бауфел. Сега планините беа прекрасни.
Речиси на рамно, сега брзаше со долги чекори преку базје-
то трева накај патеката по која обично пристигаа планинарите
од Ландејл. Лете на таа делница владееше очајна навалица, но
тој ден се најде само еден осамен планинар со сина облека што
ја минуваше широката гола падина, решително брзајќи накај Еск
Хоз, како да треба да се сретне со некого. Додека наближуваше,
забележа дека е жена, а тоа го поттикна Клајв да се соживее со
улогата на нејзин човек, на оној до кого, како што изгледаше, таа
толку копнееше да стигне: ја чекаше кај осаменото планинско
езерце, ја викна на име додека таа се приближуваше, извади од
раницата шампањ и две сребрени чаши и и тргна во пресрет...
Клајв никогаш немаше љубовни- ца, па дури ни жена што
сакаше да планинари. Сузи Марсе- лан, која секогаш беше бодра
за нови потфати, еднаш отиде со него во Кетскилс, каде што се
покажа како беспомошен

81
прогоненик од Менхетн, цел ден комично жалејќи се поради
бубачките, плускавците и отсуството на такси.
Кога стигна до патеката, жената беше половина милја пред
него и почна да свртува десно, кон Аленови Чуки. Тој застана
да ја остави да се оддалечи, за да ја има пространата висорам-
нина само за себе. Пукнатината на небото продолжи да се от-
вора, и зад него, на Роствајтова Падина, снопот светлина пре- ку
папрадникот и го враќаше добриот глас на кафеавата боја со
пламен прелив на црвена и жолта. Тој ја спакува непропуст-
ливата облека, изеде едно јаболко и размислуваше за својата
рутина. Сега беше расположен за искачување на врвот Ска- фел,
всушност, одвај чекаше да тргне. Најбрзиот пат до горе водеше
преку Еск Хоз, но сега, кога се одмрзна, помисли да продолжи
на северозапад, да слезе до Оросено Езерце, па пак надолу,
покрај Кочинска Глава, за да тргне по нагорнината по
најдолгиот пат, по делницата што води преку Преслапот. Ако
слезе под Голем Крај и тргне назад по истиот пат по кој се ис-
качуваше, преку Лангстрат, до квечерина ќе стигне во хотелот.
И така тргна полека накај широкиот примамлив венец на Еск
Хоз, чувствувајќи дска, најпосле, во физичка смисла и не се
изменил многу од својата триссетта година и дека не го кочат
мускулите туку умот. Колку силни му беа нозете сега, кога му
се подобри расположението!
Заобиколувајќи ги широките засеци од ерозијата што ја
предизвикале планинарите, тргна по обиколен пат накај гре-
бенот што се издигаше веднаш пред него и, како што се слу-
чуваше често, размислуваше за својот живот во нова светли- на,
уживајќи во неодамнешните ситни успеси: повторното
објавување на една негова рана оркестарска композиција на ЦД,
споменувањето на неговиот опус во неделното издание на еден
весник во тон што се граничеше со страхопочит, мудриот и
духовит говор што го одржа по повод на доделувањето на
наградата за компонирање на еден занемен ученик. Клајв раз-
мислуваше за својот опус во целост: колку разновиден и богат

82
му изгледаше секогаш кога имаше време да ја дигне главата и да
го согледа во широка перспектива, како ја претставува- ше на
апстрактен начин целокупната историја на целиот не- гов живот.
А се уште имаше толку многу работи да направи. Со нежност
размислуваше за луѓето од својот живот. Можеби беше
премногу крут кон Вернон, кој само се обидуваше да го спаси
својот весник и да ја заштити земјата од немилосрдна- та
политика на Гармони. Вечер ќе му телефонира на Вернон.
Нивното пријателство е премногу важно за да биде загубено
поради една единствена караница. Сигурно ќе можат да се
согласат дека се различни и да продолжат да бидат пријатели.
Со овие добродушни мисли најпосле стигна до гребенот, од
каде што му се отвораше поглед кон долгата нагорнина кон
Кочинска Глава, а од глетката што ја виде бесно крикна. Една
група планинари беше раштркана на површина од еден и пол
километар или и повеќе, обележана со блескави портокалови,
сини и зелени флуоресцентни точки. Тоа беа ученици, стотина,
што слегуваа во колона накај планинското езерце. Ќе му треба
најмалку еден час за да ги заобиколи сите Пределот се преоб-
рази истиот миг, стана скротен, сведен на преполно и изгазено
панорамско излетничко место. Без да си дозволи премногу да
размислува за старите теми со кои се занимаваше некогаш -
бесмисленоста и визуелната грдотија на флуоресцентните ка-
баници, или зошто луѓето имаат потреба да шетаат во толку
непријатно големи групи - сврте десно, кон Аленови Чуки, и
истиот миг кога групата му се загуби од видот, пак му се врати
доброто расположение. Ќе се поштеди од напорното искачува-
ње накај врвот Скафел и, место тоа, ќе се врати во долината без
брзање преку чуките и низ Тонитвајтова Падина.
Му се чинеше дека поминаа само неколку минути кога ве- ќе
стоеше на врвот на чуката за да си го поврати здивот, чести-
тајќи си поради промената на планот. Му преостануваше про-
шетката која во Јужни Чуки на Вејнрајт е опишана како „пол- на
со занимливости“; патеката се искачуваше и се спушташе

83
покрај планински езерца, минуваше преку мочуришта, кар-
пести тумби и каменити платоа, за да стигне до врвовите на
Гларамара. Тоа беше глетката што го смири пред една недела,
додека тонеше во сон.
Одеше четврт час и, токму кога се искачуваше по падината
што завршуваше со голема, накривена, прошарена карпеста
плоча, тоа се појави токму кога го посакуваше: уживаше во
самотијата, се чувствуваше среќен во своето тело, умот при-
јатно му одлута, кога ја слушна музиката што ја бараше, или
барем ја слушна нишката што водеше до нејзината форма.
Дојде како подарок; додека тој се приближуваше, една
голема сива птица летна со гласен крик за предупредување
Додека се издигаше во височината и кружеше над долината,
испушташе писклив звук од три тона што тој го препозна ка- ко
инверзија на ставот што веќе го напиша во партитурата за
пиколо. Колку елегантно, колку едноставно. Пресвртот на
секвенцијата го наведе на помисла за едноставна и прекрасна
песна во исто темпо што речиси можеше да ја чуе. Но не со- сем.
Му се појави сцена на скали што се нижат лизгајќи се надолу -
од подната врата на мансарда или од врата на лесен авион.
Секоја нота се преклопуваше и укажуваше на следна- та. Ја
слушаше, беше тука, а потоа исчезна. Го гледаше одбле- сокот
на избеганата слика што го измачуваше и го слушаше повикот
на тажната кратка мелодија што исчезнуваше Таква- та
синестезија беше вистинско мачење. Тие тонови идеално се
проникнуваа, мелодијата се нишаше на мали, мазни шарки во
својот совршен лак. Речиси можеше повторно да ја чуе до- дека
пристигнуваше на врвот на аглестата карпеста плоча и застана
за да ги извади нотесот и моливот од џебот. Не беше сосем
тажна. Во неа имаше и некаква радост, оптимистичко решение
за безизлезноста. Храброст.
Почна нечитливо да пишува фрагменти од она што го чу,
надевајќи се дека ќе успее да го преточи и остатокот, кога
слушна еден друг звук, што не го замисли и што не беше

84
крик на птица, туку ромонење на човечки глас. Беше толку
сосредоточен што речиси му се противстави на искушението да
го дигне погледот, но не можеше да издржи. Ѕирнувајќи преку
врвот на плочата што стрчеше над процеп од околу сто метри,
погледна надолу, кон минијатурното езерце кое одвај ако беше
поголемо од голема локва. На тревата шго ја обра- буваше
неговата друга страна се наоѓаше жената што ја виде како
минува брзо, жената во сино. Свртен кон неа, и збору- вајќи со
длабок, изедначен мрморлив тон, стоеше еден маж што не беше
облечен соодветно за пешачење. Лицето му беше издолжено и
слабо, како кај некое животно со рилка. Носе- ше старо сако од
твид, сиви фланелски панталони и платнен качкет, со парче
валканобело платно завиткано околу вратот. Можеби беше некој
планински земјоделец, или пријател што ги презира
планинарењето и целата опрема за планинарење, а отишол горе
за да се состане со неа. Исто како што замислу- ваше Клајв пред
малку.
Тоа прилично големо изненадување, тие живописни фигу-
ри меѓу карпите како да се создадоа таму заради него. Како да
беа артисти што направиле сцена чие значење тој треба да го
погоди, како да не беа сосем сериозни, туку само се преправаа
дека не знаат дека тој ги набљудува. Што и да наумиле тие, на
Клајв веднаш му помина низ главата мисла јасна како неон- ски
знак: Јас не сум тука.
Се наведна и продолжи да пишува. Ако успее сега да ги
стави на хартија познатите елементи, ќе може да се засолне на
некое друго место, подалеку на гребенот, и да поработи на
остатокот. Го пренебрегна гласот на жената кога го чу. Веќе му
беше тешко да го фати она што само пред една минута из-
гледаше толку јасно. Кратко време се мачеше, а потоа пак го
фати, тоа прекриено својство, толку очигледно додека беше пред
него, а толку недоловливо во мигот кога ќе му попуште- ше
вниманието. Ги прецртуваше нотите штом ќе ги запишеше, но
кога чу како гласот на жената се дига до ненадеен крик, раката
му замрзна.

85
Знаеше дека греши, знаеше дека треба да продолжи да за-
пишува, но пак ѕирна преку карпата. Сега таа беше свртена со
лицето кон Клајв. Можеби имаше близу четириесет години.
Имаше ситно, темно, момчешко лице и црна кадрава коса.
Значи, таа и тој маж се познаваат, бидејќи се препираа - најве-
ројатно се работеше за брачна караница. Таа ја имаше оставе- но
својата раница на земја и стоеше во пркосен став, со раши- рени
нозе, со рацете на колковите, со главата малку одметната назад.
Мажот зачекори кон неа и ја фати за лакотот. Таа му се истргна
остро повлекувајќи ја раката надолу. Потоа викна нешто, ја зеде
раницата и се обиде да си ја стави на рамената. Но тој ја фати и
почна да ја влече. Неколку секунди се тргаа влечејќи ја раницата
ваму-таму. Потоа мажот успеа да ја земе и само со едно
презриво движење, со обично замавнување со рачниот зглоб, ја
фрли во езерцето каде шго остана да плови полупотопена,
тонејќи полека.
Жената брзо загази два чекора во водата, а потоа се премис-
ли. Кога пак се сврте, мажот уште еднаш се обиде да ја фати за
раката. За тоа време разговараа препирајќи се, но нивните
гласови допираа до Клајв во испрекинати одгласи. Тој лежсше
на својата накривена плоча, со моливот меѓу прстите и ноте- сот
во другата рака, и воздивна. Дали сепак да се вмеша? Се
замислуваше себе како трчајќи слегува долу. Во мигот кога би
стигнал до нив претстоеја разни можности: мажот можеше да
избега; жената би била благодарна и потоа би слегле заедно до
главниот пат покрај Ситолер. Дури и овој најмалку веројатен
исход би му ја уништил кревката инспирација. Мажот, многу
поверојатно, би ја пренасочил агресијата кон Клајв, а жената
само би го гледала беспомошно. Или задоволно, зашго и тоа
беше можно; можеби се во блиска спрега, можеби двајцата ќе се
устремат кон него поради тоа што си дал право да се вмеша.
Жената пак крикна и Клајв, кој лежеше залепен за карпата,
ги затвори очите. Му бегаше нешто драгоцено, вистински мал

86
скапоцен камен. Постоеше уште една можност: место да се качи
овде, да решеше да слезе до Кочинска Глава, покрај уче- ниците
со флуоресцентни кабаници, да тргнеше по делница- та покрај
Преслапот до врвот Скафел. Тогаш сето ова што се случуваше
ќе можеше да се одвива по својот тек. Нивната судбина,
неговата судбина. Скапоцениот камен, мелодијата. Нејзината
важност го притискаше. Толку многу работи зави- сеа од неа:
симфонијата, прославата, неговиот углед, одата на радоста за
еден жален век. Не се сомневаше дека она што го чу донекаде
би можело да го изнесе товарот. Во нејзината едноставност
лежеше целиот авторитет на неговиот животен опус. Исто така,
не се сомневаше дека тоа беше онаа музика што едноставно
чекаше да биде откриена; додека не го преки- наа, тој навистина
твореше, смислуваше, надоврзувајќи се на крикот на птицата,
користејќи ја предноста на будната пасив- ност на ангажираниот
творечки ум. Сега јасно се укажуваше нужноста за избор: или
ќе слезе долу и ќе ја заштити жената, ако и е потребна заштита,
или ќе се искраде оттаму по пади- ната на Гларамара за да најде
некое скришно место каде што ќе ја продолжи работата - ако
веќе не е доцна. Не можеше да остане таму со скрстени раце.
Од звукот на бесниот крик ги отвори очите и се извлечка
горе за да погледне пак. Мажот ја држеше за зглобот на раката
и се обидуваше да ја одвлече околу езерцето до засолништето
од голото лице на карпата што се наоѓаше точно под Клајв. Таа
гребеше по земјата со слободната рака, можеби барајќи камен
што би го употребила како оружје, но нему тоа само му
олеснуваше да ја влече понатаму. Нејзината раница потона
исчезнувајќи од погледот. Тој цело време и зборуваше неш- то,
а гласот пак му звучеше како непрекинато, еднолично мр-
морење. Таа одеднаш почна да преколнува со плачлив глас и
Клајв точно знаеше што треба да стори. Дури додека се спуш-
таше низ падината, му беше јасно дека неговото колебање е
лажно. Тој беше решил уште во мигот кога го прекинаа.

87
Кога излезе на платото, побрза по патот по кој дојде, а по-
тоа слезе низ западната страна на гребенот заобиколувајќи го во
голем лак. По дваесет минути најде една карпа со рамен врв шго
можеше да послужи како маса и застана наведнат над своите
чкртаници. Тука веќе немаше речиси ништо. Се оби- дуваше пак
да ја повика, но концентрацијата му ја нарушу- ваше еден друг
глас, упорен, внатрешен глас на сопственото оправдување: за
што и да се работи - за насилство или за за- кана со насилство,
за негово збркано извинување или, во кра- ен случај, за изјава
пред полицијата - да и пријдеше на таа двојка, крунскиот миг во
неговата кариера ќе беше уништен. Мелодијата немаше да
опстане по психичката збрка. Со оглед на ширината на гребенот
и на многубројните патеки што го пресекуваа, колку лесно
можеше да ги избегне. Тоа беше како тој да не е тука. Не е тука.
Тој е во својата музика. Неговата музика, нивната судбина,
одвоени патеки. Тоа не е негова ра- бота. Неговата работа е ова,
и не е лесно, но тој не бара помош од никого.
Најпосле успеа да се смири и почна да работи од почеток.
Овде се трите тона од крикот па птицата, овде се инверзиите за
пиколо, а овде е почетокот на испреплетените скали што се
нижеа...
Цел час остана таму, потонат во своето пишување. Најпос-
ле го стави нотесот во цебот и тргна со брзи чекори, постојано
одејќи од западната страна на гребенот, и наскоро слезе до
падините Му требаа три часа за да се врати во хотелот и, ток-
му кога стигна, пак почна да врне дожд. Тоа беше уште една
причина да го откаже остатокот од престојог, да си ја снакува
торбата и да ја замоли келнерката да му повика такси. Го доби
тоа шго го сакаше од Езерската област. Во возот ќе може пак да
работи, а кога ќе стигне дома, ќе ги пренесе на пијаното таа
возвишена низа ноти и прекрасната хармонија што ја запиша, и
ќе ги ослободи нејзината убавина и нејзината тага.
Веројатно творечката возбуда го натера да се разоди ва- му-
таму низ претрупаниот хотелски бар додека го чекаше

88
таксито, застанувајќи одвреме-навреме за да ја погледне пре-
парираната лисица стутулена меѓу своите вечно млади лисја.
Поради возбудата, неколкупати излезе надвор да види дали
доаѓа колата. Одвај чекаше да замине од долината. Кога му
јавија дека таксито дошло, побрза надвор, ја фрли торбата на
задното седиште и му рсче на возачот да побрза. Сакаше што
поскоро да замине. Копнееше да се качи во возот што јури на
југ, што подалеку од Езерата. Пак ги посакуваше анонимноста
на градот и заточеноста во своето студио и - откако темелно
размисли за тоа - беше сигурен дека се чувствува така поради
возбудата, а не поради срамот.

89
IV
I

Роуз Гармони се разбуди во шест и пол часот и, уште пред


да ги отвори очите, во свеста, на врвот на јазикот и беа ими- њата
на три деца: Леонора, Џон и Кенди. Внимавајќи да не го
вознемири сопругот, се искраде од креветот и отиде да си ја земе
домашната наметка. Синоќа. нред да си легне, пак ги прочита
белешките, а попладне се состана со родителите на Кенди.
Другите два случаја беа рутински: дијагностичка бронхоскопија
поради вдишано зрно кикиритка и вметнување на градна
дренажа поради белодробен апсцес. Кенди беше со- сем мало
девојче од Кариби, на кое мајка му му ја чешлаше и му ја
собираше косата со панделка за сето време на мачната долга
болест.
Операцијата на отворено срце ќе трае најмалку три, а мо-
жеби и пет часа, со неизвесен исход. Таткото на девојчето др-
жеше бакалница во Брикстон и на состанокот со лекарката
донесе полна кошница ананас, манго и грозје - жртвени пону- ди
што треба да го смилуваат суровиот бог на ножот.
Опојниот мирис на тоа овошје ја исполнуваше кујната и сега,
кога госпоѓа Гармони влезе да го наполни чајникот. До- дека се
грееше водата, таа отиде низ тесниот ходник на станот во својата
работна соба и си ја спакува торбата, застанувајќи уште еднаш
да ги прегледа белешките. Му се јави на претсе- дателот на
партијата што ја барал претходно, му напиша по- рака на својот
возрасен син што спиеше во гостинската соба, а потоа се врати
во кујната за да го подготви чајот. Ја однесе

93
чашата со чај до кујнскиот прозорец и, не поместувајќи ја тан-
телената завеса, погледна долу, на улицата. На тротоарот на
улицата Лорд Норт изброи осуммина, тројца повеќе отколку
вчера во истото време. Уште немаше трага од телевизиски ка-
мери или од полицајците што ги вети лично министерот за
внатрешни работи. Таа требаше да го натера Џулијан да оста- не
во Карлтон гарденс, а не да биде тука, во нејзиниот стар стан.
Луѓето долу веројатно беа соперници, но стоеја заедно во
раштркани мали групи, брборејќи, како луѓе што се соби- раат
во летните вечери пред пабовите Еден клечеше на земја
прицврстувајќи нешто на еден алуминиумски стап. Потоа ста-
на, помина со погледот по прозорците и како да ја забележа. Таа
гледаше, без никаков израз, додека камерата потскокну- ваше и
се издолжуваше како телескоп кон неа. Кога се најде речиси на
исто ниво со нејзиното лице, таа се тргна од прозо- рецот и отидс
горе да се облече.
По четврт час пак ѕирна, овој пат од прозорецот на салонот
на вториот кат. Се чувствуваше токму онака како што сакаше да
се чувствува пред напорен ден во детската клиника: при- брана,
бодра, нестрплива да почне да работи. Синоќа немаше гости, не
се пиеше вино на вечерата, таа номина еден час над белешките,
седум часа сон ненарушуван од ништо. Нема да дозволи ништо
да и го расипе таквото расположение, така што ја гледаше без
трепнување групата долу - сега беа деветмина - со контролирана
фасцинација. Оној човек го имаше спуште- но својот
алуминиумски стап и го имаше потпрено на ограда- та. Еден
носеше кафе на послужавник од киоскот на Хорсфер роуд. Што
се надеваа дека ќе добијат што веќе го немаа? И тоа толку рано
наутро. Какво задоволство можеа да имаат од таква работа? И
зошто сите тие новинари што висат пред ту- ѓи прагови толку
многу личат едни на други, како да ги црп- нале од иста баричка
со човечки гени? Со јадри лица, силни вилици, агресивни мажи
со кожени јакни што зборуваат со ист акцент, чудна мешаница
од лажен уличен жаргон и лажен

94
отмен јазик, што го изговараат со исто молежливо, упадливо
цвилење: ваму, наваму, ве молам, госпоѓо Гармони! Роуз!
Сега веќе сосем облечена и подготвена да тргне, му ги од-
несе чајот и утринскиот весник во замрачената спална соба.
Застана колебливо кај долниот крај на креветот. Во последно
време деновите им беа толку страшни што немаше срце да го
разбуди во уште еден таков ден. Синоќа тој се довезе од Вилт-
шир, а потоа седеше до доцна пиејќи скоч, таа го знаеше тоа, и
гледајќи ја на видео Бергмановата Волшебна флејта. Потоа ги
извади сите писма на Моли Лејн, оние во кои толку безумно ги
искажуваше своите гротескни копнежи. Нека е славен Гос- под
за тоа што таа епизода е завршена, нека е славен Господ за тоа
што таа жена е мртва. Писмата уште стоеја расфрлени по
тепихот, ќе мора да ги тргне пред да дојде домашната по-
мошничка. На перницата се гледаше само неговото теме - има
педесет и две години, а косата му е уште црна. Таа нежно ја
разбушави. Понекогаш, на визитата, некоја сестра така го бу-
деше детето што требаше да го прегледа, и Роуз секогаш беше
трогната во текот на тие секунди збунетост во очите на некои
дечиња, додека сфаќаа дека не се дома и дека таа рака не е на
мајка им.
„Драги“, шепна таа.
Гласот му беше придушен од зимскиот јорган. „Дошле ли
веќе?“
„Девет души.“
„По ѓаволите.“
„Јас морам да одам. Ќе ти се јавам. Еве ти го ова.“
Тој си го тргна чаршафот од лицето и стана. „Се разбира.
Девојчето. Кенди. Со среќа.“
Се бакнаа бегло додека му ја ставаше чашата во рацете. Му
ја допре раката на образот и го потсети на писмата на подот.
Потоа тивко излезе и слезе долу да и телефонира на својата
секретарка во болницата. Во ходникот облече дебел волнен
капут, се погледна во огледалото и, тукушто сакаше да си ги

95
земе чантата, клучовите и шамијата, кога се премисли и се врати
горе. Го најде како и што очекуваше, на грб, со рашире- ни раце,
потонат во дремка, додека чајот се ладеше до купот дописи од
неговиот департман. Минатата недела немаше вре- ме, покрај
таа криза и фотографиите што требаше да ги обја- ват утредента,
во петокот, едноставно немаше ниту еден миг кога можеше или
сакаше да поразговара со него за своите слу- чаи и, иако знаеше
дека паметењето на имиња е стара полити- чарска вештина,
беше трогната поради тоа што тој се потруди. Го потупка по
раката и шепна:
„Џулијан.“
„О Боже“, рече тој отворајќи ги очите. „Првиот состанок е во
седум и пол. Ќе морам да поминам покрај тие змии.“
Таа зборуваше со гласот со кој обично ги смируваше очај-
ните родители: повеќе тивко, ведро, лелеаво отколку сериоз- но.
„Ќе биде добро, се ќе биде добро.“
Тој и се насмевна неуверено. Таа се наведна над него и му
шепна на увото: „Верувај ми“.
Долу, уште еднаш се погледна во огледалото. Го закопча
капутот докрај и си ја намести шамијата така што и го криеше
лицето до половина. Си ја зеде чантата и тргна да излезе од
станот. Долу, во претсобјето, застана кај вратата, со раката на
кваката, готвејќи се да ја отвори и да отрча до колата.
„Еј! Роузи! Ваму! Сега изгледајте тажна, ве молам, госпоѓо
Гармони!“

96
II

Приближно во истото време, три милји западно, Вернон


Халидеј се будеше, а потоа пак тонеше во сонот во кој трча- ше,
или се сеќаваше како трча, а тие сеќавања оживеаја во вид на
сон, соновидно сеќавање како трча низ ходници, по прашлив
црвен тепих, накај канцеларијата на управата, доцни, пак доцни,
доцни до границите на немарноста, како трча од претходниот
состанок на овој, со уште седум што треба да ги сработи,
однадвор навидум одејќи, однатре безглаво трчајќи, цела
недела, изнесувајќи аргументи пред разјарените грама- тичари,
а потоа и пред подозривиот управен одбор на Судија,
колективот на неговата продукција, на неговите правници, а
потоа пред своите луѓе и пред луѓето на Џорџ Лејн, и пред Но-
винскиот одбор, и пред телевизиската публика во живо, па во
безбројните задушливи студија на радиостаниците што беше
невозможно да ги запамети. Вернон го образложи својот аргу-
мент за јавниот интерес од објавувањето на фотографиите ре-
чиси исто како што му го изложи на Клајв, но слаткоречиво,
многу поопширно и побрзо, поуверливо и поодредено и со из-
обилие примери, со графикони за политичкото поткупување, со
табеларни пресметки, прикази и поранешни случаи што требаше
да послужат како поткрепа. Но претежно трчаше, протинајќи се
до таксито низ преполните улици, изложувајќи се на опасност, а
потоа излегувајќи од таксито и влегувајќи во мермерни холови
и лифтови, па од лифтовите во ходници што се искачуваа до
исцрпување, поради што го забавуваше одот, и

97
уште повеќе доцнеше. Се разбуди за миг и забележа дека жена
му Менди веќе станала, а потоа очите му се затворија и пак беше
таму, дигајќи ја актовката високо додека се пробиваше газејќи
низ вода, крв или солзи што се разлеваа по црвениот тепих што
го одведе до амфитеатарот, каде што се качи на по- диум за да
ги образложи своите аргументи, додека секаде око- лу него
владееше тишина што се издигаше како зимзелените секвои, а
во мракот, десетици очи што го одвраќаа погледот и некој што
се оддалечуваше од него преку циркуски струга- ници, една
фигура што изгледаше како Моли, но не одговори кога тој ја
викна.
Најпосле сосем се разбуди во спокојството на утрински- те
звуци - песни на птици, далечни гласови од радиото во кујната,
придушено затворање на врата од орман. Ја отфрли покривката
од себе и лежеше на грб гол, чувствувајќи како воздухот од
централното греење му ги суши градите што беа оросени од пот.
Соништата едноставно му претставуваа ка- леидоскопски пресек
на седмицата, вистински одраз на брзи- ната и на емотивните
барања, но не го содржеа - со неверојат- ната пристрасна
предрасуда на несвесното - планот на играта, принципот чија
развојна логика, всушност, го одржуваше при здрав разум. Утре,
петок, беше денот за објавување, со една слика што ќе ја задржи
до понеделник за да се одржи сторија- та во живот. А сторијата
вриеше од живот, нозете и клоцаа на сите страни, и јуреше
побрзо дури и од Вернон. Веќе со де- нови, откако беше укината
судската забрана, Судија ја развле- куваше сторијата за Гармони,
поддржувајќи ја и изострувајќи ја љубопитноста на јавноста,
така што фотографиите, што се уште ги немаше видено никој,
станаа икона на политичката култура, од Парламентот до пабот,
предмет на општа дискуси- ја, тема за која ниеден сериозен
играч не смееше да остане без свое мислење Весниците
известуваа за судските битки, за ледената поддршка од колегите
од државното братство, за воз- немирената збунетост на
премиерот, за „сериозната загриже-

98
ност“ на постарите припадници на опозицијата, и за размис-
лувањата на доблесните великани. Судија ширум ги отвори
своите страници за јавните обвинувања на оние што се проти-
веа на објавувањето, а ја финансираше и телевизиската дебата за
потребата од закон за приватноста.
И покрај противречните мислења, беше постигната општа
согласност дека Судија е пристоен весник со борбен дух, дека
оваа влада премногу долго е на власт и дека е финансиски,
морално и сексуално расипана, а Џулијан Гармони е нејзин
типичен претставник, и дека е човек достоен за презир, чија
глава итно треба да се најде на послужавник. За една недела
продажбата скокна за сто илјади, а уредникот, при изнесува-
њето на аргументите пред постарите уредници, поскоро наи-
дуваше на тишина отколку на противење; потајно сите сакаа тој
да продолжи понатаму, се додека нивното начелно несогла-
сување се внесува во записникот. Аргументацијата на Вернон
претегна, зашто сите, вклучувајќи ги и ситните новинарчиња,
сега сфатија дека можат да поминат на двата колосека - да го
спасат весникот, а притоа да останат со неизвалкана совест.
Тој се протегна, се стресе, се проѕевна. Остануваа уште се-
думдесет и пет минути до првиот состанок и наскоро ќе стане да
се избричи и да се истушира, но уште не, не сега, кога ужи- ваше
во единствените мирни и непоматени мигови во денот. Неговата
голотија спрема чаршафите, распуштено заплетка- ната постела
околу глуждот и погледот кон сопствениот полов орган, на
негови години се уште не сосем скриен од истум- беноста и
распонот на стомакот, разбудија магливи сексуал- ни мисли што
му пролетаа низ главата како летни облаци во далечина. Но
Менди тукушто требаше да тргне на работа, а неговата најнова
пријателка Дејна, која работеше во Долниот дом, беше во
странство до вторник. Тој се сврте настрана и се праша дали да
се впушти во мастурбирање, дали ќе му дојде добро да си го
прочисти умот пред работата што му претсто- еше Направи
неколку отсутни потега, а потоа се откажа. Во

99
последните денови како да му недостигаше посветеност и јас-
ност или празнина на умот, а и самото тоа дејство изгледаше
некако чудно застарено и неизводливо, како кога човек би па-
лел оган со триење на две дрва.
Освен тоа, во животот на Вернон во последно време има- ше
толку многу теми за размислување, толку многу работи од
реалниот свет беа толку возбудливи што обичната фантазија
тешко можеше да се мери со тоа. Тоа што го рекол, што ќе го
рече, како помина, следниот потег, расплетените исходи на
успехот... Во згуснатиот размав на седмицата, речиси со секој
час на Вернон му се појавуваа нови аспекти на личната моќ и
личниот потенцијал, а кога неговите дарби за убедување и
планирање почнаа да даваат резултати, се почувствува голем и
добродушен, можеби малку немилосрден, но во суштина до-
бар, способен да издржи сам, против матицата, гледајќи над
главите на своите современици, знаејќи дека наскоро ќе ја об-
ликува судбината на својата земја и дека е способен да ја под-
несе одговорноста. Па и повеќе од тоа - му беше потребен тој
товар, на неговите дарби им беше потребен товар што ниед- ни
други плеќи не би можеле да го понесат. Кој друг би бил во
состојба да настапи толку решително кога Џорџ, криејќи го
својот идентитет за агентот, излезе на отворениот пазар со
сликите? Осум други весници дадоа понуди и Вернон мораше
четирипати да ја зголеми почетната цена за да ја добие рабо-
тата. Сега му изгледаше чудно тоа што до неодамна го мачеа
отрпнатоста на черепот и чувството на непостоење што му
будеше стравови од лудило и смрт. Погребот на Моли добро го
затресе Сега целта и постоењето го исполнија до врвот на
прстите. Приказната е жива, а и тој исто така.
Но една ситница му ја заматуваше целосната среќа: Клајв.
Толку често му се обраќаше во мислите, изострувајќи ги аргу-
ментите, додавајќи го сето она што требаше да го каже онаа ноќ,
што речиси се увери себеси дека го придобил својот стар
пријател, исто како што триумфираше над диносаурусите во

100
управниот одбор. Тие, всушност, не разговараа од времето на
нивната караница. Дали Клајв им се препушти на мрачните
мисли, или беше бесен, или се заклучил во своето студио, за-
губен во работата и несвесен за јавните случувања? Некол-
купати во текот на неделата Вернон помисли да искористи
некоја минута кога ќе остане сам да му телефонира. Но се
грижеше дека новиот напад од страна на Клајв би можел да го
разниша на состаноците што му претстоеја. Сега погледот на
Вернон падна на телефонот до зглавјето, од другата страна на
нафрлените превиткани перници, и нагло ја подаде раката.
Најдобро ќе биде да не дозволи поради претпазливоста пак да
излезе страшливец. Мораше да го спаси тоа пријателство.
Најдобро е тоа да го направи додека е прибран. Веќе слушаше
како ѕвони телефонот кога забележа дека е одвај осум часот и
петнаесет минути. Да, навистина премногу рано. Се разби- ра,
нешто во џбарањето и тропањето при јавувањето на Клајв
укажуваше на речиси целосна одземеност на скршениот сон.
„Клајв? Овде е Вернон.“
„Што?“
„Вернон. Те разбудив. Извини...“
„Не, не Не ме разбуди, никако. Само стоев така, бев замис-
лен нешто...“
Во слушалката се слушна шушкање на чаршафи додека
Клајв се поместуваше на креветот. Зошто толку често лажеме
на телефон кога ќе не фатат на спиење? Дали така ја брани- ме
својата ранливост? Кога пак проговори, не звучеше толку
несмасно.
„Мислев да ти се јавам, но имам проби во Амстердам след-
ната недела. Работам како луд.“
„И јас“, рече Вернон. „Оваа недела немав ниту една мину-
та слободно време Слушај, сакав пак да поразговарам со тебе за
оние фотографии.“
Настапи пауза „Ах, да. Оние. Претпоставувам дека одиш
понатаму.“

101
„Побарав многу мислења и постигнавме согласност дека
треба да ги објавиме Утре.“
Клајв малку си го прочисти грлото. Навистина звучеше
крајно отпуштено во врска со тоа. „Па, јас ти кажав што имав да
кажам. Ќе мораме само да прифатиме дека се разликува- ме“
Вернон рече: „Јас не би сакал тоа да се испречи меѓу нас“.
„Се разбира дека нема.“
Разговорот помина на други теми. Вернон ја прераскажа
својата седмица, се разбира, во груби црти. Клајв му раскажа
дека работеше со ноќи, дека симфонијата напредува одлично и
дека идејата да отиде на планинарење во Езерската област беше
добра.
„А, да“, рече Вернон. „Како беше таму?“
„Пешачев по делот што се вика Аленови Чуки. Таму го
добив првиот налет на чиста инспирација, знаеш, оваа мело-
дија...“
Во тој момент Вернон го забележа сигналот за друг повик.
Двапати, трипати, а потоа престана. Некој од неговата канце-
ларија. Веројатно Френк Дибен. Овој ден, последниот и нај-
важниот ден, почна да се забревтува. Тој седеше гол на работ на
креветот и го зеде рачниот часовник за да го спореди со
будилникот. Клајв не му се лути, значи, тоа е во ред, а сега веќе
требаше да тргне.
„...не можеа да ме видат онаму каде што бев и изгледаше
неубаво, но морав да решам.“
„Мхм“, повторуваше Вернон приближно на секоја полови-
на минута. Го растегна кабелот на слушалката речиси докрај,
стоејќи на една нога, а со другата земајќи чиста долна облека од
купот. Тушот отпаѓа. Како и бричењето со пена.
„...и можеше да и ги скрши сите коски, ако ме прашуваш
мене А сепак...“
„Мхм.“
Со телефонот стиснат меѓу рамото и главата, се обидуваше
да ја извади кошулата од целофанската обвивка и притоа да не

102
испушти никаков звук. Дали производителите го закопчуваат
секое ѓаволско копче од здодевност или од садизам?
„...половина милја оттаму и ја најдов таа карпа, што ми
послужи како маса...“
Вернон веќе ги имаше речиси обуено панталоните кога пак
го слушна сигналот за друг повик. „Апсолутно“, рече тој.
„Карпа како маса. Секој со здрав разум би го направил тоа. Но,
Клајв, доцнам на работа. Морам да прекинам. Што велиш за
пијалак утре?“
„Да, да, добро. Намини по работата.“

103
III

Вернон се извлече од задното седиште на малата кола што


му ја одобри неговиот весник и застана на тротоарот пред ре-
дакцијата на Судија да си го измазни стутканиот костум. До-
дека брзаше низ холот од црн и црвеникавокафеав мермер, го
виде Дибен како чека лифт. Френк стана заменик-уредник на
меѓународната рубрика на својот дваесет и осми роденден. По
четири години и тројца уредници, се уште опстојуваше и го
биеше глас дека е неуморен. Го викаа Касиј поради слабиот и
изгладнет изглед, но тоа не беше оправдано: очите му беа темни,
лицето издолжено и бледо, а поради тврдата четинеста брада
изгледаше како затворски полициски иследник, но има- ше
учтив, иако малку повлечен настап и привлечна, извртена
интелигенција. Вернон отсекогаш чувствуваше некаква неод-
редена одбивност кон него, но го смени мислењето за Френк во
првите денови од метежот околу Гармони. Вечерта кога
Здружението на печатарите му изгласа недоверба на уредни-
кот, вечерта кога Вернон ја склучи спогодбата со Клајв, овој
младич му се прикрадуваше на Вернон кој стоеше подгрбавен
во самракот малку потаму на улицата, додека најпосле не му
пријде, го потупка по рамото и му предложи да отидат на пија-
лак. Во гласот на Дибен имаше нешто уверливо.
Влегоа во еден паб што му беше непознат на Вернон, а се
наоѓаше на една споредна улица, едно од оние места со иски-
нато кадифе и мрачна, чадлива атмосфера, и се сместија сосем
одзади, во едно сепаре зад џиновскиот џубокс. Пиејќи џин и

104
тоник, Френк му кажа во доверба на својот уредник колку е
бесен поради тоа што работите на крајот излегоа така. Си-
ноќешното гласање го изманипулираа дежурните подозривци од
Здружението на печатарите кои веќе долго време ја држат
својата шепа врз сѐ, а Френк не сакаше да отиде на состанокот
со образложение дека има работа прекуглава. Има уште такви,
рече тој, што се чувствуваа исто, кои сакаа Судија да привлече
повеќе внимание, да се сепне и да направи нешто смело, како, на
пример, да го дотера Гармони до ѕид, но старите стручња- ци ги
држат уздите на покровителството и унапредувањето. Старата
гарда повеќе би сакала да гледа како гасне весникот отколку да
дозволи да им се приближат на читателите под триесет години.
Со сите сили им се противеа и успеаја да ги исфрлат поголемиот
слог, рубриката што ги следи трендови- те, хороскопот,
придружниот додаток за здравјето, озборувач- ката рубрика,
виртуелната лотарија и колоната за исчезнати лица, како и
искрестите написи за кралското семејство и за поп-музиката. А
сега му се нафрлија на единствениот уредник што би можел да
го спаси Судија. Вернон има поддршка меѓу помладите членови
на колективот, но нивниот глас нема тежи- на. Никој не сакаше
да стане прв, па да го стрелаат.
Одеднаш чувствувајќи леснина и полет, Вернон отиде кај
барот по уште една тура. Очигледно дојде време да почне да ги
слуша своите помлади колеги и да ги воведува во играта. Кога
се врати на масата, Френк запали цигара и учтиво се свр- те на
столот за да го дувне чадот надвор од сепарето. Го при- фати
пијалакот и продолжи. О, се разбира, тој ги нема видено сликите,
но знае дека нивното објавување сигурно е вистин- ската работа.
Сака да му понуди на Вернон поддршка, па и повеќе од тоа. Сака
да биде корисен, поради што и не би било добро отворено да се
покаже како сојузник на уредникот. Се извини и отиде на
шанкот со храна да порача колбаси и пире, а Вернон си замисли
најмена соба или еднособен стан, без ни- кој во него, без девојка
што би го чекала заменик-уредникот на меѓународната рубрика
да се врати дома.

105
Кога пак седна, Френк изговори во еден здив: „Би можел да
ти помогнам да бидеш во тек. Би можел да ти кажувам што
зборуваат. Би можел да откријам каде е твојата вистинска под-
дршка. Но би требало да изгледа како да се држам настрана, како
да сум неутрален. Дали тоа би ти пречело?“
Вернон не сакаше да се впушта во тоа. Веќе беше прем- ногу
долго во таа работа за да си дозволи да врбува редакци- ски
шпион без да се распраша прво малку подобро. Го сврте
разговорот на политиката на Гармони и тие двајцата поминаа
пријатен половина час искажувајќи го заедничкиот презир. Но
по три дена, кога Вернон почна да трча низ ходниците, ста-
писан поради разбеснетиот противнички табор, и кога - иако
само малку - почна да се колеба, пак отиде со Дибен во исти- от
паб, и тоа во истото сепаре, и му ги покажа фотографиите.
Дејството беше охрабрувачко. Френк долго ја гледаше секоја
фотографија, без никаков коментар, само одмавнувајќи со
главата. Потоа ги врати во пликот и тивко рече: „Неверојатно.
Колку лицемерен човек“.
Еден миг седеа молкум, размислувајќи, а потоа тој дода- де:
„Мораш да го сториш тоа. Не смееш да им дозволиш да те
спречат. Тоа ќе му ги уништи изгледите за премиерското место.
Сосем ќе го дотолчи. Вернон, навистина сакам да ти помогнам“.
Поддршката меѓу помладите членови на колективот ника-
ко не беше толку забележлива како што тврдеше Френк, но тие
денови во цел Судија завладеа мртва тишина и беше непроцен-
ливо важно да се знае кои аргументи погодуваат во центарот на
целта. Благодарејќи на состанокот зад џубоксот, дозна кога и
како противничкиот табор почнал да се дели и кога треба да го
извади асот од ракавот. Во текот на планирањето и спро-
ведувањето на публицитетот, Вернон точно знаеше кого да го
издвои за да продолжи да ги обработува граматичарите. Иде-
ите за публицитетот можеше да ги исцеди од Френк, кој и сам
даваше некои добри предлози. Пред се, Вернон имаше некој

106
со кој можеше да разговара, некој што споделуваше со него исто
чувство за историската мисија и возбуда и инстинктиво го
разбираше значењето на природата на целиот потфат, и што го
охрабруваше додека сите други толку многу го критикуваа.
Со поддршката од извршниот директор, напишаните пла-
нови за публицитетот и разгазените патеки, со тиражот што
растеше и со придушената, но неотповиклива возбуда што
трепереше меѓу колективот, состаноците со Френк веќе не беа
неопходни. Но Вернон се потруди да го награди за лојалноста и
планираше да го постави на местото на Летис, уредник на
репортажите. Поради воздржувањето околу сијамските близ-
наци, таа беше на проба. Со шаховскиот додаток си ја потпи- ша
смртната пресуда.
Сега, тој четврток наутро, последниот ден пред објавува-
њето, Вернон и заменикот заедно се качуваа на четвртиот кат со
прастариот лифт што изгледаше како да го полазуваат мор-
ници. Вернон се однесуваше како во деновите пред дипло-
мирањето, при последното преслушување, дланките му беа
влажни, имаше страшна трема, цревата му кркореа. До крајот на
утринскиот состанок сите постари членови на уреднич- киот
колектив, сите постари новинари и голем број други ќе ги видат
фотографиите Првото издание оди во печат во 5.15, но дури во
9.30 часот, кога доаѓа времето за вечерното изда- ние, сликата
на Гармони, со фустанче и со изразит поглед, ќе се заврти како
бесна дамка на челичните валјаци на новиот кројдонски погон.
Целта беше да им се скрати можноста на соперниците да ги
објават украдените слики во своите вечер- ни изданија.
Камионите за дистрибуција ќе тргнат до 11.00 часот. Тогаш ќе
биде премногу доцна да се повлече она што е веќе направено.
„Ја виде снимката“, рече Вернон.
„Чисто блаженство.“
Тој ден сите весници, оние со голем формат, како и други-
те, мораа да објават прилози во врска со таа сторија. Во секој

107
наслов, во секоја темелно истражена нова перспектива може- ше
да се забележат воздржаност и завист. Индепендент објави
излитен текст за законите за приватноста во десет различни
земји. Во Телеграф некој психолог помпезно теоретизираше за
преоблекувањето, а Гардијан на две страници, на кои доми-
нираше сликата на Џ. Едгар Хувер во коктел-фустан, објави
подбивен, луциден текст за трансвеститите во јавниот живот.
Ниеден од овие весници не можеше да го спомене Судија. Ми-
рор и Сан се сосредоточија на Гармони на неговиот имот во
Вилтшир. Двата весника прикажаа слични зголемени кадри-
рани детали од фотографии снимени со телеобјектив, на кои
министерот за надворешни работи и неговиот син исчезнуваа во
темнината на шталата. Огромната ширум зината врата и начинот
на кој светлината паѓаше врз рамената, но не и врз ра- цете на
Гармони, укажуваа на човек кого наскоро ќе го голтне мракот.
Меѓу третиот и четвртиот кат Френк нагло и грубо го при-
тисна копчето за да го запре механизмот и лифтот застана со
страшно потскокнување, од кое на Вернон му се стегна срце- то.
Китнестиот сандак од месинг и махагон зачкрипе додека се
нишаше над тунелот. И порано имаа неколку такви брзи
договори. Уредникот почувствува дека мора да го прикрие
својот страв и да изгледа безгрижен.
„Само накусо“, рече Френк. „Мак-Доналд ќе има кратко
излагање на состанокот. Нема да рече ни дека тие немаат пра- во
ниту сосем ќе ти прости тебе. Но, знаеш - ќе има честитања од
сите страни, а бидејќи одиме понатаму, ајде да запнеме за-
едно.“
„Добро“, рече Вернон. Ќе биде вистинско задоволство да го
слуша заменик-уредникот како се извинува на начин на кој не
изгледа како да се извинува.
„Можеби ќе се вклучат и други, можеби ќе има дури и ап-
лаузи или нешто слично. Ако се согласуваш, мислам дека би
требало јас да останам настрана, да не се истакнувам во оваа
фаза.“

108
Вернон за кратко почувствува некаков нејасен внатрешен
немир, како да му се затегна некој запоставен рефлексен мус-
кул. Го обзедоа истовремено љубопитност и недоверба, но се- га
беше премногу доцна да стори нешто, па рече: „Се разбира.
Потребен си ми на вистинското место. Следните неколку дена
може да бидат пресудни“.
Френк го притисна копчето и еден миг не се случи ништо.
Потоа лифтот се заниша неколку сантиметри како ѕидарско
висало пред да тргне нагоре со нагло потскокнување.
Како и обично, Џин стоеше зад вратата-хармоника со куп
писма, факсови и белешки со упатства.
„Ве чекаат во собата број 6.“
Првиот состанок беше со директорот на рекламното одде-
ление и неговиот тим што сметаше дека ова е момент да се по-
качат тарифите. Вернон не сакаше да се меша во тоа. Додека
брзаа низ ходникот - со црвен тепих, како во неговиот сон -
забележа дека Френк се тргна настрана токму кога им се прик-
лучија двајца од графичката опрема. Инсистираа сликата на
насловната страница да се скрати и да се кадрира за да се на-
прави место за подолг напис, но Вернон веќе реши кој приме-
рок го сака. Уредникот на некролозите, Мени Скелтон, излезе
странично од својата канцеларија голема колку орман и на
минување му тутна в раце на Вернон неколку отчукани стра-
ници. Тоа беше текст што ќе го употребат во случај Гармони да
се убие. Уредникот на рубриката со писма од читателите и се
придружи на групата, надевајќи се дека ќе успее да пораз- говара
со него пред да почне првиот состанок. Предвидуваше општа
навалица и се бореше да добие цела страница. Сега, додека
одеше накај собата број шест, Вернон пак беше тој са- миот,
голем, добродушен, немилосрден и добар. Онаму каде што
другите би чувствувале товар на грбот, тој чувствуваше
поттикнувачка леснина, дури и вистинска светлина, сјај на
умешноста и благосостојбата, зашто неговите сигурни раце ќе го
отстранат ракот од органот на политичкото тело - имаше

109
намера да настапи вака во уводникот што ќе следува по остав-
ката на Гармони. Лицемерието ќе биде демаскирано, земјата ќе
остане во Европа, смртната казна и задолжителната регру-
тација ќе останат обичен сон на еден безумник, општествена- та
помош ќе опстане во еден или во друг облик, на целокуп- ната
животна средина ќе и биде дадена достојна можност, и Вернон
веќе беше готов да запее.
Не запеа, но следните два часа го имаа сиот полет на лесна
опера во која секоја арија беше негова и во која променливи- от
хор од мешовити гласови истовремено му пееше оди и му
возвраќаше со хармоничен одглас на неговите мисли. Потоа
веќе дојде единаесет часот и многу поголем број луѓе отколку
обично се туркаа да влезат во канцеларијата на Вернон, на ут-
ринскиот состанок. Уредници, нивни заменици и помошници,
новинари - се туркаа на секој стол, се потпираа на секоја педа од
ѕидот и седеа на прозорските первази и на радијаторите Оние
што не успеаја да се пикнат во просторијата, стоеја во толпа до
отворената врата. Разговорот замре кога уредникот се размрда
на својот стол. Почна како обично, без вовед, крај- но
релаксирано, придржувајќи се кон вообичаениот редослед -
неколку минути за некролозите, потоа краток преглед на
списокот. Денес, се разбира, ќе нема лицитирање за насловна- та
страница. Единствената отстапка на Вернон беше тоа што го
преврте вообичаениот редослед, така што домашните вести и
внатрешната политика беа оставени за крајот. Уредникот на
спортската рубрика имаше придружен текст за Олимписките
игри во Атланта и полемички напис за условите кај англиски- те
двојки во пинг-понг. Уредникот за книжевност, кој никогаш
дотогаш не доаѓаше толку рано за да присуствува на утрин-
скиот состанок, сонливо зборуваше за некој роман за храната
што звучеше толку претенциозно што Вернон мораше да го
прекине. Кај уметноста стана збор за кризата со финансиите а
Летис О’Хара од актуелностите конечно беше подготвена да го
објави текстот за медицинскиот скандал во Холандија, а

110
освен тоа, за да му даде поголема важност на случајот, нудеше
и прилог за тоа дека, поради индустриското загадување, маш-
ките риби се претвораат во женски.
Кога проговори уредникот на меѓународната рубрика, вни-
манието во канцеларијата почна да се сосредоточува. Претсто-
еше состанок на европските министри за надворешни работи на
кој требаше да учествува и Гармони - ако веднаш не подне- се
оставка. Кога беше навестена таа можност, низ просторија- та се
слушна џагор од возбуда. Вернон го повика уредникот на
политичката рубрика, Хенри Стро, кој почна нашироко да ја
опишува историјата на политичките оставки. Во последно време
ги немаше толку многу и очигледно се работеше за за- нает што
гасне Премиерот, кој беше познат по непоколебли- воста на
полето на личните пријателства и лојалноста, а слаб кога
станува збор за политичкиот инстинкт, веројатно ќе го
поддржува Гармони се додека не го тргнат. Тоа ќе ја продолжи
целата афера, што само ќе му помогне на Судија.
На повик на Вернон, директорот за промет и тираж ги по-
тврди последните цифри, што беа најдобри во последните
седумнаесет години. Притоа џагорот се претвори во врева, а кај
вратата настапија жеравење и тетеравење кога нераспо-
ложените новинари што стоеја во приемната канцеларија на
Вернон решија да се потпрат на ѕидот од човечки тела. Вер- нон
удри со рака по масата за да воведе ред во просторија- та.
Требаше да го ислушаат уште Џереми Бол, уредникот на
домашната рубрика, кој мораше да го подигне гласот; денес е
судењето на десетгодишно дете обвинето за убиство; силу-
вачот од Езерската област нападнал втор пат оваа недела и го
уапсиле минатата ноќ; кај брегот недалеку од Корнвол се из-
леала нафта. Но никој не беше вистински заинтересиран и са- мо
една тема можеше да ги смири масата насобрани, па Бол
најпосле ги задоволи: во денешниот уводник треба да се по-
занимаваме со писмото на бискупот до Черч тајмс во кое го
напаѓа Судија поради аферата во врска со Гармони; треба да

111
се обезбеди извештај од состанокот на владиниот пратенички
одбор што се држи попладне; во Вилтшир била фрлена тула во
прозорецот на седиштето на изборната единица на Гармони.
Овие новости ги проследи млак аплауз, по кој настапи тиши- на
кога Грант Мак-Доналд, заменикот на Вернон, заусти да каже
неколку збора.
Тој беше во Судија веќе цела вечност, крупен човек чие лице
речиси се губеше во смешната црвена брада што нико- гаш не ја
потстрижуваше. Сакаше горделиво да се фали со тоа што е
Шкот, носеше килт на Бернсовата ноќ што ја организи- ра за
редакцијата и свиреше на гајда на новогодишната канце-
лариска забава. Вернон се сомневаше дека Мак-Доналд не-
когаш отишол понасевер од Масвел Хил. Јавно му ја даваше
должната поддршка на својот уредник, а насамо, со Вернон,
беше скептичен во врска со целата афера. Целата зграда нека- ко
знаеше за тој негов скептицизам и поради тоа сега го слу- шаа
толку внимателно. Тој почна со длабоко мрморење, што ја
зголеми дополнително тишината околу него.
„Сега можам да го кажам ова и можеби ќе ве изненадам, но
јас од самиот почеток имав свои ситни сомневања околу сето
ова...“
Овој ни малку искрен вовед предизвика бурен налет на
смеење. Вернон длабоко се штрекна поради таа нечесност; це-
лата работа беше богата, сложена, замрсена. Во мислите му се
појави блескава чинија од ковано злато со врежани избледени
хиероглифи.
Мак-Доналд продолжи да ги опишува своите сомневања - за
правото на лична приватност; за методите на таблоидите, за
скриените намери, и така натаму. Тогаш стигна до најважниот
дел од говорот и го подигна гласот. Известувањето на Френк
беше полн погодок.
„Но со текот на годините научив дека во оваа работа поне-
когаш - иако не премногу често - човек мора да ги остави
настрана своите лични мислења. Вернон со жар и со непогре-

112
шен новинарски инстинкт докажа дека има право, а сега во оваа
зграда владее чувство, а во овој весник неодложна потре- ба што
ме враќа во старите добри времиња, кога излегувавме трипати
неделно и навистина знаевме да проговориме Денес бројките на
тиражот зборуваат сами за себе - успеавме да го испитаме
расположението на јавноста. Ете...“ Грант озарено се сврте кон
уредникот. „Пак сме на врвот, а сето тоа благода- рејќи ти тебе.
Вернон, безброј пати ти благодарам!“
По бурниот аплауз, и други им се придружија на кратките
честитки. Вернон седна со скрстени раце, со сериозно лице, со
погледот вперен во текстурата на фурнирот на масата. Сакаше
да се насмевне, но тоа не би било во ред. Со задоволство за-
бележа дека управниот директор, Тони Монтано, дискретно
запишува кој што рекол. Кој се истакнувал. Некој би можел да
го одведе настрана и да го убеди дека е се во ред со Дибен, кој
седеше облегнат на својот стол, со рацете пикнати длабоко во
џебовите, се мрштеше и одмавнуваше.
Сега Вернон стана за да го чујат и оние на крајот на прос-
торијата и ја возврати благодарноста. Тој знае, рече, дека мно-
зинството луѓе во оваа соба во некој момент биле против об-
јавувањето. Но благодарен е поради тоа, зашто новинарството на
некој начин потсетува на науката: најдобрите идеи се оние што
ќе опстанат и што ќе станат уште посилни благодарејќи на
интелигентното противење Оваа кревка мисла предизвика
срдечна салва аплауз; значи, нема потреба од срам или одмаз- да
од високите положби. Додека аплаузот стивнуваше, Вернон се
проби низ масата до белата табла што беше закачена на ѕидот. Ја
отстрани маскирната лента со која беше прицврстен еден голем
лист празна хартија и ја отскри двојно зголемената утрешна
насловна страница.
Фотографијата исполнуваше осум колони преку целата
ширина и се протегаше од дното на импресумот низ три чет-
вртини од површината на страницата. Стивнатата соба ги впи-
ваше фустанот со едноставна кројка, фантазијата од манекен-

113
ската писта, дрската поза што палаво, заводнички божем од-
биваше да погледне во објективот, ситните гради и вешто от-
скриената прерамка на градникот, бледото руменило на шмин-
ката на јаболчиците, милувката на карминот што обликувал
јадра и полунапрчена уста, интимниот копнежлив изглед на
изменетото, но лесно препознатливо јавно лице На средината
под неа, со мали црни букви од триесет и две точки, стоеше само
еден ред: „Џулијан Гармони, министер за надворешни работи“.
На страницата немаше ништо друго.
Масата, што беше толку бучна, сега сосем замолкна и мол-
кот траеше повеќе од половина минута. Потоа Вернон се на-
кашла и почна да ја опишува стратегијата за сабота и поне-
делник. Како што ќе му рече еден млад новинар на еден друг
подоцна во кантината, тоа беше како да сте виделе некоја поз-
ната личност соблечена до гола кожа пред сите и камшикува- на.
Демаскирана и казнета. И покрај тоа, општото мислење што се
вкорени додека луѓето се разотидуваа и се враќаа во своите
редакции, и се собираа во текот на раното попладне, беше дека
се работи за дело со највисоки професионални стандарди. Како
насловна страница сигурно ќе стане класи- чен пример што еден
ден ќе го наведуваат во предавањата во новинарската школа.
Визуелниот впечаток беше незаборавен, како и едноставноста,
оголеноста, силата. Мак-Доналд имаше право, Вернон имаше
непогрешен инстинкт. Размислуваше само за немилосрдниот
ефект кога ги префрли сите комента- ри на втората страница,
противставувајќи му се на искушени- ето за бомбастичен наслов
или за некој речовит натпис. Знае- ше каква е силата на она што
го имаше. Остави сликата да ја раскаже приказната.
Кога и последниот човек излезе од неговата канцеларија,
Вернон ја затвори вратата и, за да ја растера задушливоста,
ширум ги отвори прозорците и го пушти внатре влажниот
мартовски воздух. Имаше пет минути до следниот состанок и
требаше да размисли. И рече на Џин преку интерфонот ни-

114
кој да не го вознемирува. Мислата му се вртеше во круг во
главата - работата помина добро, помина добро. Но имаше
нешто, нешто важно, една нова информација на која сакаше да
реагира, а потоа нешто го одвлече на друга страна, потоа ја
заборави, му се загуби за миг во вителот од други слични мисли.
Тоа беше една забелешка, ситница што го изненади во тој миг.
Требаше да реагира веднаш.
Не успеа да го одгатне тоа дури до доцна попладне, кога пак
најде можност да остане сам. Стоеше до белата табла обидувајќи
се пак да го почувствува тој недоловлив вкус на
изненадувањето. Ги затвори очите и почна во сеќавањето да го
анализира утринскиот состанок, дел по дел, се што беше кажано.
Меѓутоа, не можеше да си ги одржи мислите прибра- ни на таа
задача, па одлута. Добро помина, добро помина. Но поради таа
ситница беше готов да си ги бакнува петиците, да заигра на маса.
Тоа беше слично како утрото, додека лежеше на креветот и
размислуваше за својот успех, но целосната сре- ќа му беше
заматена поради еден единствен факт - неодобру- вањето на
Клајв.
И тука му текна. Клајв. Истиот миг кога помисли на името
на својот пријател, се сети. Помина преку собата и пријде до
телефонот. Беше едноставно, а можеби и подло.
„Џереми? Можеш ли за миг да дојдеш во мојата канцела-
рија?“
Џереми се најде кај него по помалку од една минута. Вер-
нон му рече да седне и почна да го испитува запишувајќи ги
местата, датумите, времето, што се знаело, какви биле сомне-
вањата. Во еден момент Бол се послужи со телефонот за да ги
потврди деталите со новинарот што ја следеше таа сторија. А
потоа, штом си замина уредникот на домашната рубрика, Вер-
нон му се јави на Клајв од својата приватна линија. Клајв пак се
јави со развлекување и жеравење, се слушаше шушкање на
чаршафи, неговиот напукнат глас. Веќе беше поминало чети- ри
часот, што станува со Клајв, по цел ден лежи како некој
депресивен тинејџер?

115
„А, Вернон, тукушто...“
„Слушај, ти кажа нешто утрово. Морам да те прашам. Кој
ден беше ти во Езерската област?“
„Минатата недела.“
„Клајв, важно е, Кој ден?“
Се слушна стенкање и чкрипење додека Клајв се мачеше да
се исправи.
„Веројатно беше петок. Што е раб...?“
„Тој човек што си го видел... не, чекај. Во колку часот беше
на тие Аленови Чуки?“
„Околу еден, мислам.“
„Слушај. Тој тип, што си го видел како ја напаѓа таа жена,
кога си решил да не и помогнеш - тоа бил силувачот од Езер-
ската област.“
„Никогаш не сум чул.“
„Зар никогаш не читаш весници? Минатата година напад-
нал осум жени, кои претежно планинареле. Излегло дека оваа
успеала да му избега.“
„Вистинско олеснување.“
„Не, не е така. Нападнал некого пред два дена. Вчера бил
уапсен.“
„Тогаш тоа е средено.“
„Не, не е средено. Ти не си сакал да и помогнеш на таа же-
на. Но да си отидел потоа во полицијата, втората жена не би
настрадала.“
Настапи кратка пауза, додека Клајв го прифаќаше тоа во
умот или се прибираше Сега беше сосем буден и гласот му стана
потврд.
Рече: „Тоа не се подразбира, но не е важно. Зошто го поди-
гаш гласот, Вернон? Да не ти е денес еден од твоите манијачки
денови? Што сакаш всушност?“
„Сакам веднаш да отидеш во полицијата и да им раскажеш
што си видел...“
„Тоа не доаѓа предвид.“

116
„Можеш ли да го познаеш тој човек?“
„Јас сум во завршната фаза на симфонијата што...“
„Не, не е така. Ти си на креветот.“
„Тоа не е твоја работа.“
„Ова е неверојатно. Оди во полицијата, Клајв. Тоа ти е мо-
рална должност.“
Гласна воздишка, уште една пауза, како да размислува, а
потоа: „Ти ми кажуваш што е моја морална должност? Ти? Од
сите луѓе?“
„Што значи тоа?“
„Значи твоите фотографии. Значи тоа што го поганиш гро-
бот на Моли...“
Споменувањето на поганење поврзано со непостојното
место на погребот ја означи точката во расправата кога цртата
беше помината и кога престана какво било совладување Вер-
нон го пресече: „Ти не знаеш ништо, Клајв. Живееш повлечен
живот и не знаеш апсолутно ништо“.
„...значи истерување на човек од службата. Значи улично
новинарство. Како можеш да се погледнеш сам в лице?“
„Можеш да ломотиш што сакаш. Ти не си со сиот ум. Ако не
сакаш да отидеш во полицијата, јас лично ќе им телефони- рам
и ќе им кажам што си видел. Соучество во обид за силу-
вање..“
„Да не си полудел? Како се осмелуваш да ми се закану-
ваш?“
„Има некои работи што се поважни од симфониите Како, на
пример, луѓето.“
„А дали тие луѓе се важни колку бројките на тиражот, Вер-
нон?“
„Оди во полицијата.“
„Оди еби се“
„Не, ти оди еби се“
Вратата на канцеларијата на Вернон ненадејно се отвори и
се појави Џин извивајќи се од нестрпливост. „Извинете што

117
ве прекинувам во приватниот разговор, господине Халидеј“,
рече таа. „Но мислам дека треба да го вклучите телевизорот.
Госпоѓа Џулијан Гармони има конференција за печатот. На
првиот канал.“

118
IV

Челниците на партијата долго и ревносно размислуваа за


целата работа и донесоа некои разумни одлуки. Една од нив
беше да им дозволат на снимателите тоа претпладне да влезат во
познатата детска болница за да ја снимат госпоѓа Гармони како
излегува од операционата сала, изморена, но задоволна, откако
извршила хируршка операција на отворено срце на де-
ветгодишното црно девојче што се вика Кенди. Госпоѓата хи-
рург беше снимена и во текот на визитата, а со голема почит ја
придружуваа сестри и стажисти на специјализација, а таа ги
гушкаше децата кои очигледно ја обожаваа. Потоа кратко беше
фатена средбата проследена со солзи меѓу госпоѓа Гар- мони и
благодарните родители на девојчето. Тоа беа првите сцени што
ги виде Вернон откако ја тресна слушалката на телефонот,
попусто барајќи го далечинскиот управувач меѓу хартиите на
својата маса, за да одјури кај екранот што беше поставен високо
во еден агол на канцеларијата. Додека тат- кото, липајќи,
ставаше шест ананаси во рацете на лекарката, еден глас
објаснуваше дека има луѓе кои можат да се издигнат толку
високо во медицинската хиерархија што станува несо- одветно
да им се обраќате со „докторе“. Тоа беше госпоѓа Гар- мони, за
вас.
Вернон, на кој срцето се уште му бабнеше поради карани-
цата, се врати на масата за да гледа, а Џин се повлече на прсти
затворајќи ја тивко вратата зад себе. Сега бевме во Вилтшир, на
некоја височинка, од која можеше да се види трикрак по-

119
ток што се пробива меѓу голи и брановидни ридишта. Таму,
покрај дрвјата, беше вгнездена убава куќа со имот и, додека
коментаторот во кратки црти ја опишуваше познатата рамка на
аферата со Гармони, камерата почна долго и полека да зу- мира,
додека на крајот не запре на една овца што беше зафате- на со
своето штотуку родено јагне на тревникот пред куќата, покрај
грмушките, веднаш до влезната врата. Втората одлука на
партијата беше да ги прати Гармониеви и двете нивни по-
раснати деца, Анабела и Нед, во куќата в село на продолжен
викенд штом Роуз ќе ги заврши своите работи во болницата.
Сега Вернон ги гледаше како семејна група што гледа кон ка-
мерата низ портата од пет пречки, облечени во џемпери и ка-
баници од импрегнирано платно, а со нив беа и нивната куч- ка,
овчарката Мили, и семејниот мачор, британски мачор со кратко
влакно што се викаше Брајан, што Анабела со љубов го нишаше
во прегратката. Тоа беше момент за фотографира- ње, но
министерот за надворешни работи некако нетипично се држеше
во заднината и изгледаше, па, како овца, дури како јагне, зашто
неговата сопруга беше во центарот на тој настан. Вернон знаеше
дека Гармони ослабел, но не можеше да се совлада да не кимне
во знак на одобрување за вештината на прикажувањето, за
чистата професионалност на целиот прис- тап.
Гласот на коментаторот се загуби и сега се слушаа вистин-
ските звуци, штракањето и свртувањето на моторните камери на
стативите и разни жални гласови надвор од досегот на ка-
мерата. Од накосениот кадар и тетеравењето беше јасно дека
настанал некаков метеж. Вернон бегло фати еден дел од небо-
то, а потоа нозете на снимателот и портокалова лента. Целиот
циркус сигурно е тука, затворен зад цртата. Во кадарот ко- нечно
се појави госпоѓа Гармони, која се насмевна и се нака- шла
подготвувајќи се за изјавата. Држеше нешто во раката, но
немаше намера да чита затоа што беше доволно сигурна за да
зборува без белешки. Застана за да се увери дека сите ја слу-

120
шаат внимателно, потоа почна со кратка приказна за својот брак,
од деновите кога настапувала во Гилдхол и сонувала за кариера
на концертна пијанистка, а Џулијан бил сиромашен и храбар
студент по право. Тоа биле времиња кога вредно рабо- теле и
биле задоволни со малку, имале еднособен стан во ју- жен
Лондон, кога се родила Анабела, потоа донела задоцнета одлука
да студира медицина, а Џулијан сесрдно ја поддржу- вал, кога
со гордост ја купиле својата прва куќа во не толку омилениот
дел на Фулам кога се родил Нед, Џулијан стану- вал се
поуспешен во Адвокатската комора, таа го започнала првото
стажирање и така натаму. Гласот и беше релаксиран, дури
интимен, а авторитетот не го црпеше толку од класна- та
положба или од статусот на сопругот министер во владата колку
од својот професионален углед. Кажуваше колку многу се
гордее со кариерата на Џулијан, колку уживаат во своите деца,
дека секогаш заедно ги делеле победите и поразите и дека
отсекогаш ги ценеле забавата, дисциплината и, пред се,
чесноста.
Замолча и се насмевна, како за себе. На самиот почеток, рече
таа, Џулијан и раскажал нешто за себе, нешто што при- лично ја
вчудовидело, дури и ја шокирало малку. Но тоа не било ништо
што нивната љубов не би можела да го поднесе и со текот на
годините и станало мило и почнала да го гледа со почит, како
неделив дел од личноста на нејзиниот сопруг. Нивната
меѓусебна доверба била апсолутна. Тоа дури и не би- ло
вистинска тајна, Моли Лејн, која умре неодамна, еднаш снимила
некои слики, сосем во духот на прославата. Госпоѓа Гармони
зеде една бела картонска папка, а кога го стори тоа, Анабела го
бакна татка си во образот, а Нед, кој, како што из- лезе сега,
имаше алка во носот, се наведна напред и ја стави својата рака
врз раката на татка си.
„О Боже“, вресна Вернон. „Се ќе расипе!“
Таа ги извади фотографиите на виделина и ја дигна првата за
да ја видат сите. Тоа беше онаа со манекенската поза од

121
насловната страница на Вернон. Камерата се затетерави во те-
кот на зумирањето и од зад цртата се слушнаа џагор и турка- ње
Госпоѓа Гармони почека да се смири вревата. Кога се стивна, таа
смирено рече дека знае дека еден весник во своите политички
амбиции има намера утре да ја објави оваа и други фотографии
со надеж дека ќе го отстрани нејзиниот сопруг од положбата.
Таа има да го каже само ова: тој весник нема да успее, затоа што
силата на љубовта е поголема од злобата.
Цртата веќе не важеше и членовите на екипата се втурнаа
напред. Зад портата со пет пречки, децата го фатија татка си за
рака, а мајката решително стоеше до толпата, без никаква
збунетост од микрофоните што и ги пикаа право под носот.
Вернон ќе лета од своето место. Не, рече госпоѓа Гармони, и
мило и е поради тоа што може отворено да каже и да разјасни
дека нема апсолутно никаква основа за такви гласови. Моли
Лејн едноставно беше семејна пријателка и Гармониеви секо-
гаш со задоволство ќе се сеќаваат на неа. Вернон тргна преку
канцеларијата да го исклучи телевизорот, кога ја прашаа ле-
карката дали има некоја посебна порака за уредникот на Су-
дија. Да, рече таа, има, и погледна во него, а тој замрзна пред
телевизорот.
„Господине Халидеј, вие сте уценувач во душата, а морал-
но сте на нивото на гнида.“
Вернон зазбива од болен восхит, зашто знаеше да препоз-
нае звучен рефрен кога ќе го чуеше. Прашањето беше наместе-
но, а одговорот инсцениран. Колку неверојатна вештина!
Таа се готвеше да каже уште нешто, кога тој успеа да ја дигне
раката и да го исклучи телевизорот.

122
V

Околу пет часот тоа попладне, на уредниците на многу


весници што учествуваа во лицитацијата за фотографиите на
Моли им стана јасно дека неволата со весникот на Вернон е во
тоа што е во расчекор со времињата што се менуваат. Како што
им беше предочено на читателите во уводникот на еден весник
со голем формат во петокот наутро: „Изгледа дека на
вниманието на уредникот на Судија му се провлекло дека де-
ценијата во која живееме не е иста како претходната. Тогаш
самоунапредувањето беше клучен збор, а алчноста и дволич-
носта беа сушта реалност. Сега живееме во едно поразумно,
посочувствено и потолерантно време, во кое приватните и не-
вините склоности на поединците, независно од тоа колку се
истакнати во јавноста, остануваат нивна лична работа. Онаму
каде што нема забележливо спорно прашање од јавен интерес,
нема место ни за старовремските умешности на уценувачот и
правдољубивиот прокажувач, а бидејќи овој весник не сака да
атакува на моралната префинетост на една обична гнида, не
може да не ги одобри забелешките што вчера ги изнесе..“ итн.
Написите на насловните страници беа приближно еднакво
поделени меѓу „уценувачот“ и „гнидата“, повеќето ја употре-
биле фотографијата на Вернон снимена на прославата на Но-
винарското здружение, на која изгледаше малку поднапиен и
беше во истуткано вечерно сако. Во петокот попладне, две
илјади членови на Трансвеститскиот розов сојуз организи- раа
марш кон редакцијата на Судија со високи потпетици,

123
држејќи високо дигнати примероци од срамната насловна
страница и скандирајќи презриво со своите крескави гласови.
Приближно во истото време, парламентарната партија го ис-
користи моментот и му изгласа мнозинска доверба на минис-
терот за надворешни работи. Премиерот одеднаш се осмели да
проговори во заштита на својот стар пријател. Преку ви- кендот
беше постигната општа согласност дека Судија прете- рал и дека
е одвратен весник, дека Џулијан Гармони е чесен човек, а
Вернон Халидеј („Гнидата“) заслужува презир и дека неговата
глава треба итно да се најде на послужавник. Во не- делните
изданија, рубриките што се занимаваат со животниот стил го
опишуваа портретот на „новата сопруга што дава под- дршка“,
има своја кариера и се бори за својот маж што е во невола.
Уводниците се сосредоточија на неколку преостанати
занемарени аспекти на говорот на госпоѓа Гармони, вклучу-
вајќи го и тоа дека „љубовта е посилна од злобата“. Во самиот
Судија, постарите членови на колективот беа задоволни пора-
ди тоа што нивната воздржаност влезе во записникот, а мно-
зинството новинари сметаа дека Грант Мак-Доналд погодил во
срцевината на работата кога рекол во кантината дека, кога никој
не сака да ги послуша неговите лоши претчувства, тој прави се
за да биде лојален. До понеделникот сите се сетија на своите
лоши претчувства и дека сите настојувале да бидат лојални.
Целата работа беше значително посложена за управниот
одбор на Судија, кој се состана на вонреден состанок, итно за-
кажан за понеделникот попладне. Сето тоа, се разбира, беше
многу мачно. Како можат да го отпуштат уредникот на кој му
дадоа едногласна поддршка минатата среда?
На крајот, по два часа избегнување и отстапување, Џорџ Лејн
дојде на добра идеја.
„Слушајте, во купувањето на тие фотографии нема ништо
лошо. Јас всушност слушнав дека тој направил одлична рабо- та.
Не, Халидеј згреши со тоа што не ја повлече својата на-

124
словна страница во мигот кога ја виде конференцијата за пе-
чатот на Роуз Гармони. Имаше и повеќе од доволно време да ја
измени ситуацијата. Тој не го објави тоа до ноќното издание.
Сосем згреши со тоа што продолжи понатаму. Во петокот вес-
никот излезе смешен. Требаше да види од каде дува ветрот и да
се повлече. Ако ме прашувате мене, се работи за сериозен
пропуст во уредничкото проценување“

125
VI
Следниот ден уредникот го водеше состанокот во намален
состав, со постарите членови на колективот. Тони Монтано
седеше до него, како нем набљудувач.
„Време е да почнеме со објавување на вообичаените рубри-
ки. Поевтини се, а и сите други ги прават. Знаете, да најмиме
некој со слаб или просечен ум, по можност женско, да пишува
за... па, ете така, за ништо посебно. Веќе сте виделе такви ра-
боти. Ќе отиде на забава и не може да се сети на ничие име.
Илјада и двесте збора.“
„Демек, како задлабочување во себе“, дофрли Џереми Бол.
„Не баш. Задлабочувањето е премногу интелектуално. По-
веќе како дрдорење со себе“
„Не можам да го вклучам видеото. Да не ми е голем задни-
кот?“ се обиде да помогне Летис.
„Добро е. Ајде ајде да чујам уште“ Уредникот мавташе со
рацете и пукаше со прстите во воздух за да измами идеи.
„Хм, купување на морско прасе.“
„Неговиот мамурлак.“
„Нејзините први бели влакненца.“
„Во самопослуга секогаш добива количка со расклатени
тркалца.“
„Одлично. Ми се допаѓа. Харви? Грант?“
„Уф, секогаш ги губи хемиските пенкала. Каде
исчезнуваат?“
„Хм, не може да го извади јазикот од дупчето во својот заб.“
„Извонредно“, рече Френк. „Ви благодарам на сите. Утре ќе
продолжиме со ова.“

126
V
I

Имаше мигови рано наутро, по благата возбуда на зората,


додека Лондон веќе бучно тргнуваше на работа, а неговата
творечка разбрануваност конечно беше придушена од исцр-
пеноста, кога Клајв стануваше од пијаното и се одвлечкува- ше
до вратата да го исклучи осветлението во студиото и да се
обѕрне зад себе да го види прекрасниот раскошен хаос што ја
окружуваше неговата макотрпна работа, кога пак ќе му дојде-
ше мислата, ситно чувство што не би го споделил со никого на
светот, што не би му го доверил дури ни на својот дневник, а чиј
клучен збор го обликуваше во себе со многу колебање; таа
помисла беше, сосем едноставно, дека можеби не би било
премногу да се рече дека тој е... гениј. Гениј. Иако тоа го пов-
торуваше во себе со чувство на вина, тој збор никогаш не би му
поминал преку усните. Тој не беше суетен човек. Гениј. Тоа
беше израз што го поднесуваше поради претераната употре- ба,
но сигурно постоеше извесно ниво на достигањето, златно
мерило, за кое не можеше да се расправа, што беше над обич-
ното мислење. Ги немаше многу. Меѓу неговите сонародници,
Шекспир беше гениј, и Дарвин, Њутн, барем така зборуваа.
Персел, речиси. Бритн, малку помалку, иако беше во истиот
ранг. Но тука го немаше Бетовен.
Кога го обземаше тоа чувство за себе - а му се јави три-че-
тирипати откако се врати од Езерската област - се се зголему-
ваше и стивнуваше, а на сиво-сината светлина на мартовското
утро неговото пијано, компјутерот, чиниите и чашите, фо-

129
телјата на Моли добиваа извајан, заоблен облик потсетувајќи го
како му изгледаа работите некогаш, на младост, кога зеде
мескалин: набрекнати од полнота, бремени од добродушно
значење. И го гледаше студиото од кое тукушто тргнуваше на
спиење како што би изгледало во некој документарен филм за
него што би му обелоденил на љубопитниот свет како нас-
танува едно ремек-дело. Ја гледаше и матната заднина, фи- гура
што се колеба на вратата, со неуредна широка кошула, со
фармерки цврсто опашани околу истумбениот стомак, со очите
поцрнети и закрвавени од премореност: композиторот, херојски
и трогателен со својата четинеста разбушавеност. Тоа беа
вистински големите мигови во период на радосен тво- речки
излив каков што немаше искусено никогаш дотогаш, миговите
кога стануваше од работата во речиси халуцинантна состојба и
одлебдуваше по скалите, долу, во спалната соба, ги отфрлаше
чевлите и се вовлекуваше под покривките за да му се предаде на
сонот без соништа што претставуваше болна замреност,
празнина, смрт.
Се будеше доцна попладне, ги обуваше чевлите и слегува-
ше во кујната да ја изеде чинијата веќе ладна храна што му ја
оставаше домашната помошничка. Отвораше шише вино и го
носеше горе, во студиото, каде што наоѓаше полн бокал кафе и
тргнуваше на ново патување во ноќта. Некаде зад негови- от грб,
прикрадувајќи му се како ѕвер и напаѓајќи, демнеше крајниот
рок. По само малку повеќе од една недела ќе мора два дена да се
соочи со Џулио Бо и со Британскиот симфони- ски оркестар во
Амстердам заради пробите, а два дена потоа следуваше
премиерата во бирмингемската Сала на слободна- та трговија.
Бидејќи до крајот на милениумот остануваа уште многу години,
тоа брзање му изгледаше сосем смешно. Веќе го однесоа
неговиот прочистен примерок на првите три става, и ги
транскрибираа делниците за оркестар. Неговата секре- тарка му
се јавуваше неколкупати за да дојде по последни- те страници
од завршниот став, а тимот препишувачи вред-

130
но работеше. Бидејќи сега немаше време за обѕирање назад,
можеше да оди само напред, со надеж дека ќе заврши пред
следната седмица. Се жалеше, но во душата притисокот не го
растројуваше, зашто имаше потреба да работи токму така, со-
сем препуштен на моќното настојување да ја доведе својата
работа до застрашувачката завршница. Се искачи по праста-
рите камени скали, прамните звук се стопија како ретка ма- гла,
неговата нова мелодија, мрачно запишана во партитурата во
своето прво самотно прочитување за придушен тромбон, собра
околу себе богати оркестарски текстури со брановидна
хармонија, потоа дисонанција и развиорени варијации кои,
вртејќи се, заминуваа во просторот за да не се вратат веќе ни-
когаш, а сега се исправи во постапката на стопување, како
експлозија набљудувана назадечки, како се усукува во вид на
инка до геометриска точка на мирување; потоа пак приду- шен
тромбон, а потоа, со глуво крешендо, како цин што зема воздух,
конечната и колосална реприза на мелодијата (со една загадочна
и се уште нерешена разлика) што постепено го за- силуваше
ритамот втурнувајќи се како бран, како забревтано цунами од
звук што достигнува невозможна брзина, потоа се издига, уште
повеќе, а кога се чини дека ја надминува човеч- ката моќ, уште
повеќе, за да се урне конечно, со кршење и трескот, во витли,
здробувајќи се од тврдата безбедна почва на матичното созвучје
во Ц-мол. Останаа само педалните тонови што ветуваа решение
и мир во бесконечниот простор. Потоа диминуендо што трае
четириесет и пет секунди и се раствора во четири такта тишина
во партитурата. Крај.
Беше речиси кон крајот. Меѓу средата ноќе и четвртокот
наутро Клајв го обработи и дотера диминуендото. Сега треба-
ше само да се врати неколку страници назад во партитурата, до
нагласената реприза, и можеби да ги изварира хармониите, или
дури и самата мелодија, или да смисли некој облик рит- мичка
противструја, синкопирање што ќе се вреже во водечки- от раб
на нотите На Клајв оваа варијација му стана суштин-

131
ска одлика на заклучницата на делото; таа требаше да укаже на
неспознатливоста на иднината. Кога таа, сега веќе позната,
мелодија ќе се врати последен пат, изменета незначително но
значајно, треба да предизвика несигурност кај слушателите; тоа
беше предупредување да не се држиме премногу цврсто за она
што веќе го знаеме.
Во четвртокот наутро лежеше на креветот размислувајќи за
тоа и тонејќи во сон, кога му телефонира Вернон. Телефон-
скиот повик беше смирувачки. Клајв имаше намера да му се јави
откако се врати, но работата го понесе, а Гармони, фото-
графиите и Судија му изгледаа како споредни заплети во не- кој
филм на кој одвај се сеќаваше. Знаеше само дека не сака да се
кара со никого, а најмалку со еден од своите најстари пријатели.
Кога Вернон го скрати разговорот и предложи да намине на
пијалак утревечер, Клајв помисли дека дотогаш ве- ќе би можел
да заврши. Ќе ја внесе таа важна измена во ре- призата, зашто
тоа сигурно нема да му одземе повеќе од една целоноќна сеанса.
Последните страници ќе бидат однесени и можеби ќе може да
покани неколку пријатели да го прослават завршувањето. Тоа
беа неговите среќни мисли додека тонеше во сон. Затоа беше
сосем обезумен кога Вернон, како што му се чинеше нему, по
две минути, го разбуди со своето закану- вачко иследување.
„Сакам веднаш да отидеш во полицијата и да им кажеш што
си видел.“
Тоа беше реченицата што го поттикна Клајв да ја согле- да
вистината. Излезе од тунел на светлина. Всушност, му се врати
неговото патување со воз во Пенрит, полузаборавените глетки и
нивниот жудлив вкус. Секоја реченица во нивниот разговор
беше како штракнување на резе - немаше враќање кон
пристојноста. Повикувајќи го споменот на Моли - „Значи тоа
што го поганиш гробот на Моли“ - Клајв му се препушти на
поројот зовриена огорченост, а кога Вернон толку подло се
закани дека ќе отиде во полицијата, Клајв зина од чудење, ги

132
отфрли чаршафите и покривките и застана по чорапи до ноќ-
ната масичка за да го возврати завршниот рафал од навредата.
Вернон му ја тресна слушалката токму кога тој сакаше да му ја
тресне на Вернон. Без да се потруди ни да си ги врзе врвци- те
на чевлите, Клајв трчајќи слезе по скалите, пцуејќи. Уште не
беше ни пет часот, но ќе се напие нешто, заслужи пијалак и ќе го
тресне оној што ќе се обиде да го спречи во тоа. Но беше сам, се
разбира, и слава му на Бога за тоа што беше така. Пиеше џин и
тоник, но претежно џин, стоеше до мијалникот и си налеваше,
без мраз и лимон, размислувајќи огорчено за тој испад! И тоа
каков испад! Смислуваше писмо што ќе му го прати на тој
отпадок што по грешка го сметаше за пријател. Нему, со
неговата бедна секојдневна рутина, со неговиот по- дол, циничен
сплеткарски ум, милкачки арамолепски лице- мерен пасивно-
агресивен. Гадинката Халидеј, кој нема поим што значи да
твориш, зашто во животот не направил ништо добро, а го јаде
омразата кон оние што се способни за тоа. Ја протураше својата
излитена педантерија од предградието како морален став, а во
меѓувреме беше во гомна до лактите, всуш- ност, го поставил
својот шатор на буниште, а за да ги забрза своите нечисти
интереси, уживаше да ги валка спомените за Моли и да
уништува еден ранлив глупак како Гармони, да ги повикува
омразените шифри на жолтиот печат и цело време да се преправа
пред него, велејќи му секому што сака да слу- ша - од што на
човека му застануваше здивот! - дека само си ја врши должноста,
дека му служи на некој повисок идеал. Тој е луд, болен, не
заслужува да постои!
Со овие згрозувања во кујната Клајв помина на вториот
пијалак, а потоа и на третиот. Од долгото искуство знаеше дека
писмо пратено во миг на бес претставува само оружје во рацете
на непријателот. Отров во конзервиран облик што ќе може да се
користи против праќачот уште долго време во иднината. Но
Клајв сакаше да напише нешто токму сега, за- тоа што по една
недела можеби нема да го чувствува тоа со

133
толкава жестина. Прибегна кон средното решение во вид на
дописна картичка што ја остави да престои еден ден пред да ја
прати. Ме фаќа ужас од твојата закана. Како и од твоето но-
винарство. Заслужуваш да те отпуштат. Клајв. Отвори шише
„шабли“ и, не обрнувајќи му внимание на лососот со препече-
на кожичка во фрижидерот, се качи на последниот кат, цврсто
решен да почне да работи. Ќе дојде време кога од Гадинката
Халидеј нема да остане ништо, но зад Клајв Линли ќе остане
неговата музика. Значи, работата, без зборови, триумфална- та
работа ќе биде своевидна одмазда. Но воинственоста не и
помагаше многу на концентрацијата, како ни трите џина и
шишето вино, така што по три часа се уште зјапаше во парти-
турата на пијаното, подгрбавен, како да работи, со моливот в
рака и намрштен, но пред очите му се вртеше само дречлива- та
верглачка вртешка на неговите развиорени мисли, и исти- те тие
тврди коњчиња се клатеа при минувањето на своите столбови
украсени со пискули. Еве ги пак. Испад! Полиција! Кутрата
Моли! Лицемерно ѓубре! Тоа го викаш морален став? До гуша
во гомна! Испад! А што станува со Моли...? Во девет и пол часот
стана и реши да се среди, да се напие малку црно вино и да
продолжи да работи. Тука е неговата прекрасна те- ма, неговата
песна што се протега на страницата копнеејќи по неговото
внимание, со потреба од една инспирирана измена, а и тој е тука,
проникнат со прибрана енергија, подготвен да го направи тоа.
Но долу, во кујната, се задржа околу својата новооткриена
вечера, слушајќи на радио за историјата на туа- решките номади
од Мароко, а потоа си налеа трета чаша „бан- доло“ и тргна да
прошета низ куќата, како антрополог што го проучува
сопственото постоење Во дневната соба не беше влегол повеќе
од една недела и сега душкаше низ таа огромна просторија,
разгледувајќи ги сликите и фотографиите како да ги гледа
првпат, поминувајќи со рака преку мебелот и земајќи разни
предмети од полицата над каминот. Тука беше целиот негов
живот, колку богата историја! Парите со кои ги купи и

134
најевтините од овие работи, Клајв ги заработи измамувајќи
фантастични звуци, нижејќи нота по нота. Неговата фантазија
создаде се што е тука, тој посака се да биде тука, без ничија
помош. И му наздрави на својот успех, на една голтка, до дно-
то, и се врати во кујната да си ја дополни чашата пред да тргне
на обиколување на трпезаријата. Во единаесет и пол часот се
врати пред партитурата чии ноти сега веќе не мируваа на мес-
тото, дури ни за него, и мораше да си признае дека прописно се
опил, а и кој не би се опил по такви предавства? На поли- цата
со книги имаше половина шише скоч што го однесе на фотелјата
на Моли, а во системот веќе беше некој Равел. Пос- ледното на
што се сеќаваше таа вечер беше дека го подигна далечинскиот
управувач кон компакт-дискот.
Се разбуди во ситните часови, со слушалките накривени
преку лицето и ужасно жеден, зашто сонуваше дека минува
преку пустина лазејќи на сите четири и влечејќи го единстве-
ното концертно пијано што го имаа Туарезите. Се напи од
чешмата во бањата и отиде да си легне, и лежеше со часови со
отворени очи во мракот, исцрпен, исушен и буден, повторно
принуден беспомошно да се повози на својата вртешка. Гуша во
гомна? Морален став? Моли?
Кога се разбуди од краткотрајниот сон кон средината на ут-
рото, знаеше дека со налетот, со творечкиот полет е готово. Не
поради тоа што беше едноставно изморен и мамурлив. Штом
седна на пијаното и испроба неколку пристапа кон варијација-
та, утврди дека не само тој пасаж туку и целиот став умрел во
него - одеднаш се претворил во пепел во неговата уста. Не се
осмелуваше премногу да размислува за самата симфонија. Кога
неговата секретарка се јави за да се договорат за презе- мањето
на последните страници, тој и вресна и мораше пак да и се јави
со извинување. Прошета за да си ја разбистри главата и да му ја
прати на Вернон поштенската картичка која денес звучеше како
ремек-дело на воздржаноста. Патем купи еден примерок од
Судија; за да си ја зачува концентрацијата, се ли-

135
шуваше од весниците, како и од вестите на радио и на телеви-
зија, така што го пропушти целиот публицитет.
Затоа доживеа шок кога стигна дома и го рашири весникот
на кујнската маса. Гармони позираше пред Моли, распишто-
лувајќи се пред неа, а апаратот стоеше во нејзините топли ра- це,
нејзиното живо око некогаш го кадрирало ова што Клајв го
гледаше сега. Но насловната страница беше непријатна, не затоа,
или не само затоа што човекот е изненаден во делика- тен личен
момент туку поради тоа што тој весник дигна толку многу прав
околу тоа и што во сето тоа вложи толку многу средства. Како
да бил разоткриен некој криминален поли- тички заговор или
како да бил најден труп под некоја маса во Министерството за
надворешни работи. Толку далеку од светот, толку погрешно
проценето, толку непромислено. А бе- ше и неумесно во својот
ревносен обид да биде сурово. На пример, таа преувеличена и
бесрамна карикатура, и триум- фалниот уводник со детска игра
со зборови за „крпчињата“, проколнатото додворување на
толпата со „женските гаќи об- лечени наопаку“ и нејасно
противставеното „дотерување“ и „претерување“. Пак му се
појави мислата: Вернон не само што е достоен за презир туку
сигурно е и луд. Но тоа нема да го спречи Клајв да продолжи да
го презира.
Мамурлакот траеше преку целиот викенд и се пренесе на
понеделникот - во денешново време не можеш толку лесно да се
провлечеш - а општото лошење беше соодветна рамка за
огорченото препуштање на мрачни мисли. Работата заглиби.
Она што беше сочна овошка, сега се претвори во сува прач- ка.
Препишувачите очајнички ги чекаа последните дванаесет
страници од партитурата. Управникот на оркестарот телефо-
нира трипати, а гласот му трепереше додека си ја потиснува- ше
паниката. Концертгебау беше резервиран за огромна сума од
следниот петок за дводневни проби, дополнителните пер-
кусионисти што ги бараше Клајв беа обезбедени, заедно со
хармоникаш. Џулио Бо нестрпливо очекуваше да ја види

136
завршницата на делото, и се беше веќе прецизирано за Бир-
мингем. Ако тие завршни делови од партитурата не стигнат
до четврток во Амстердам, на управникот нема да му остане
ништо друго освен да скокне во најблискиот канал. Утешно
беше да види дека некого го притиска уште потешка тегоба
од неговата, но Клајв се уште не беше во состојба да ги прати
тие страници. Цврсто се држеше за својата важна варијација
и, како што се случува со тие работи, почна да му се чини дека
интегритетот на делото ќе зависи од неа.
Се разбира, тоа беше погубен пристап. Кога влезе сега во
своето студио, почувствува меланхолија поради нечистотијата
што царуваше во него, а кога седна пред ракописот - напи- шан
од раката на некој помлад, посамосвесен и понадарен чо- век -
го обвинуваше Вернон за фактот дека не е способен да работи,
и гневот му се удвои. Концентрацијата му се претво- ри во
парампарчиња. Поради еден идиот. Стана јасно дека ќе му биде
скратено неговото ремек-дело, кулминацијата на жи- вотниот
опус. Оваа симфонија требаше да ја научи неговата публика
како да слуша, како да го чуе сето друго што било напишано
кога и да е. Сега доказот, самиот потпис на генијот, беше
расипан, а големината беше одземена. Зашто Клајв зна- еше
дека никогаш веќе нема да се впушти во компонирање на дело
со такви размери; беше премногу истрошен, премногу
испразнет, премногу стар. Во неделата лазеше низ дневната
соба читајќи ги другите написи во Судија од петокот. Во све-
тот владееше вообичаениот хаос: рибите го менуваа полот,
британскиот пинг-понг пропадна, а во Холандија некои неп-
ристојни типови со лекарски дипломи нудеа легална услуга на
отстранување на вашиот непожелен стар родител. Навистина
интересно. Беа потребни само потписот на родителот на две
места и неколку илјади долари. Попладне отиде на долга про-
шетка низ Хајд парк и детално размисли за таа статија. Вис-
тина, тој склучи договор со Вернон кој сепак подразбираше
извесни обврски. Можеби треба малку да се распраша. Но

137
понеделникот помина во божемна работа, самозалажувачко
плеткање од кое вечерта со право се откажа. Секоја идеја што
му се јавуваше беше безживотна. Не би требало да го пуштат ни
да се доближи до својата симфонија; не беше достоен за
сопствената творба.
Во вторникот го разбуди управникот на оркестарот кој сега
веќе му викаше преку телефонот. Пробите се в петок, а тие се
уште ја немаат целата партитура. Подоцна тоа попладне Клајв
слушна од еден пријател по телефон неверојатни вести. Вернон
бил принуден да поднесе оставка! Клајв брзо излезе да купи
весник. Од бројот на Судија од петокот не прочита и не чу
ништо, инаку ќе знаеше дека мислењето на колегиумот се
свртело против сопствениот уредник. Го однесе филџанот кафе
во трпезаријата и таму почна да го чита весникот. Почув- ствува
некакво мрачно задоволство поради тоа што се пот- врдија
неговите лични погледи за однесувањето на Вернон. Тој си ја
исполни должноста кон Вернон, го предупреди, но Вернон не
сакаше да го слуша. Откако прочита три немило- срдни
обвиненија, Клајв пријде до прозорецот и се загледа во
страковите жолти нарциси што растеа до јаболкницата во дно-
то на градината. Мораше да признае, се чувствуваше подобро.
Рана пролет. Наскоро ќе го сменат времето. Во април, кога веќе
ќе биде одржана премиерата на симфонијата, ќе отиде во
Њујорк да се види со Сузи Марселан. А потоа во Калифор- нија,
каде што се изведуваше едно негово дело на музичкиот
фестивал во Пало Алто. Беше свесен дека со прстот удира по
радијаторот во тактот на некој нов ритам, и ја замисли проме-
ната на тоналитетот на звукот, во една нота што се повторува
над променливите хармонии и дивите удари на тимпаните. Се
сврте и брзо излезе од собата. Му се појави идеја, четвртина
идеја, и мора да стигне до пијаното пред да му избега.
Во студиото ги оттурна книгите и старите партитури на по-
дот за да си направи чист простор, зеде лист нотна хартија и
наострен молив и тукушто го напиша виолинскиот клуч, кога

138
долу се огласи ѕвончето на вратата. Раката му замрзна, поче- ка.
Пак заѕвони. Нема да слезе, не сега, кога само што не ја смисли
варијацијата. Тоа е сигурно некој што се преправа де- ка е бивш
рудар што продава покривки за штици за пеглање. Пак ѕвонење,
па тишина. Си заминаа. За миг суптилната идеја што му се јави
беше исчезнала. Потоа пак му се јави, или ба- рем еден нејзин
дел и, тукушто почна да го запишува поче- токот на акордот,
заѕвони телефонот. Требаше да го исклучи. Раздразнет, ја
грабна слушалката.
„Господин Линли?“
„Да.“
„Полицијата. Одделението за криминалистички истраги.
Стоиме пред вашата влезна врата. Би сакале да поразговара-
ме.“
„О, слушајте, дали може да дојдете по половина час?“
„За жал, не. Имаме неколку прашања за вас. Можеби ќе ве
замолиме да присуствувате на едни препознавања во Манчес-
тер. Да ни помогнете да откриеме еден сомнителен. Нема да ви
одземеме повеќе од неколку дена. Па, бидете љубезен да
отворите, господине Ј1инли...“

139
II

Брзајќи да тргне на работа, Менди ја остави вратата од ор-


манот отворена под таков агол што огледалото го прикажува-
ше Вернон во вид на тесна, вертикална лента на неговиот лик:
лежеше навален на перниците, со чашата чај што му ја донесе
таа, а што тој ја држеше на стомакот: неизбриченото лице му
беше синкавобело во полумракот на спалната соба, околу него
беа расфрлени писма, рекламна пошта и весници - вистинска
слика на невработеност. Безработен. Одеднаш го сфати тој збор
од деловната страна. Му претстоеја многу без- работни
претпладневни часови овој вторник, да размислува за сите
понижувања и иронични постапки што се натрупаа око- лу
неговото вчерашно отпуштање Колку интересно, на при- мер,
писмото му го врачи во неговата канцеларија невината
редакторка, истата дислексична редакторка што му плачеше во
канцеларијата и што тој ја спаси од отказ. А потоа и самото
писмо, во кое учтиво го молеа да ја потпише оставката и за
возврат му нудеа едногодишна плата. Тука беше и премолча-
ното укажување на условите од неговиот договор, со кое ди-
ректорите, како што претпоставуваше, сакаа да го потсетат, а
притоа да не го изговорат тоа, дека, ако одбие и ги натера да го
отпуштат, нема да добие никаков надоместок. Во заклучокот на
писмото имаше љубезна забелешка дека неговата работа, во
секој случај, завршува тој ден и дека одборот сака да му честита
за периодот во текот на кој блескаво го уредуваше весникот, и
да му пожела се најдобро во идните работи. Ете,

140
тоа беше тоа. Мораше да си замине веднаш, а можеше да зами- не
со износот во долниот шестцифрен регистар или без него.
Во писмото во кое ја поднесуваше оставката, Вернон спо-
мена дека тиражот порасна за над сто илјади. Самиот чин на
пишувањето на таа бројка и нулите го заболе. Кога отиде во
приемната канцеларија и и го предаде писмото на Џин, нејзе
како да и беше тешко да го погледне в очи. А и зградата беше
некако чудно тивка кога се врати да си ги собере работите од
работната маса. Канцелариските инстинкти му кажувааа дека
сите веќе знаат. Ја остави вратата отворена за случај некој да
посака да намине од колегијални побуди, следејќи ја разгазе-
ната патека на пријателството. Она што требаше да го спакува
лесно се собра во неговата актовка - врамената фотографија на
Менди и децата, неколку порнографски писма од Дејна, на-
пишани на хартија со насловот на Долниот дом. А се чинеше
дека никој нема да намине за да покаже сочувство поради таа
неверојатна постапка. Ќе нема бучна толпа колеги во кошули
весело да го испратат во стариот стил. Па тогаш добро. Ја по-
вика Џин преку интерфонот и ја замоли да му каже на шофе-
рот дека слегува. Таа му одговори преку интерфонот дека веќе
нема шофер.
Го облече капутот, ја зеде актовката и излезе во приемната
канцеларија. Џин беше си нашла некоја итна работа, така што
не сретна никого, ни жива душа, по патот до лифтот. Единст-
вениот човек што ќе го испрати уредникот со добри желби
беше портирот, долу на рецепцијата, кој исто така го извести
Вернон кој е неговиот наследник. Господин Дибен, господине.
Наведнувајќи ја главата одвај видливо, Вернон успеа да ос-
тави впечаток дека веќе знае Кога излезе од редакцијата на
Судија, надвор врнеше дожд. Ја дигна раката да запре такси, а
потоа се сети дека кај себе има сосем малку готови пари. Тргна
со метрото, а последната половина милја до дома ја по- мина
пеш по вистински порој. Веднаш си тури виски, а кога
пристигна Менди, страшно се скара со неа, иако таа само се
обидуваше да го утеши.

141
Вернон се струполи со својот чај, додека неговиот внатре-
шен одометар отчукуваше навреди и понижувања. Не беше
доста тоа што Френк Дибен е подмолен превртливец, што сите
негови колеги го напуштија, што сите весници кликаа поради
неговото отпуштање; не беше доста тоа што целата земја ја
славеше пропаста на гнидата, и што Гармони се уште имаше
одврзани раце. До него на креветот стоеше една мала отровна
поштенска картичка што уживаше во неговиот пад, што ја
напишал неговиот најстар пријател, што ја напишал човек со
толку висок морал што поскоро би гледал како пред неговите
очи силуваат жена отколку да дозволи да му се нару- ши
работата. Преполно со омраза, и лудило. Одмаздољубиво.
Значи, започна војна. Па добро. Тргнуваме, без двоумење. Го
испи чајот, го зеде телефонот и му телефонира на еден прија-
тел во Скотланд јард, врска од старите денови, кога работеше
во криминалистичката редакција. За петнаесет минути беа
соопштени сите детали, работата беше извршена, но Вернон
пак им се врати на своите мисли; се уште не беше задоволен.
Излезе дека Клајв не го прекршил законот. Ќе го попречат са-
мо на тој начин што ќе мора да си ја изврши должноста, ниш-
то повеќе. Но мора да има повеќе. Мора да има последица.
Вернон уште половина час размислуваше на креветот на таа
тема, а потоа најпосле се облече, иако не се избричи, и го по-
мина претпладнето акајќи низ куќата, одбивајќи да се јавува на
телефонот. За утеха, го извади изданието од петокот. Факт е
дека насловната страница е извонредна. Сите се лажат. И ос-
татокот од весникот беше добар, а Летис О’Хара му направи
чест со холандската сторија. Еден ден, а особено ако Гармони
некогаш стане премиер, а земјата се најде во урнатини, луѓето
ќе зажалат поради тоа што го истераа Вернон Халидеј од не-
говата работа.
Но утехата беше краткотрајна, зашто тоа беше иднина, а ова
беше сегашноста, во која тој беше отпуштен. Седеше до- ма, а
требаше да биде во канцеларијата. Знаеше само една про-

142
фесија, а сега никој не би го вработил во неа. Беше посрамо-
тен, а и премногу стар за преквалификација. Утехата му беше
краткотрајна затоа што во мислите постојано се враќаше на
омразената поштенска картичка, тој нож што риеше, сол на
отворена рана, и додека денот одминуваше, во неа се собраа
сите мали и големи навреди од изминатите дваесет и четири
часа. Во таа кратка порака на Клајв се отелотвори и се собра
сиот отров од целата таа афера - заслепеноста на оние што го
обвинуваа, нивната дволичност, одмаздољубивоста и, над се,
оној елемент што Вернон го сметаше за најлош човечки порок
- личното предавство.
Во еден јазик што има толку нагласен систем на идиоми,
како што е англискиот, се јавуваат многубројни можности за
погрешно толкување. Со едноставно поместување на тежиш-
тето наназад глаголот може да стане именка, а дејството -
предмет. То геѓиѕе - инсистира на одбивање на нешто за што
верувате дека е погрешно - со едно движење станува геѓиѕе
- бескраен куп ѓубре Како со зборовите така и со речениците
Она што Клајв го намисли во четвртокот, а го прати во пето-
кот беше: Заслужуваш да те отпуштат. А Вернон во вторни- кот,
откако веќе доби отказ, беше склон да го сфати следново:
Заслужуваш да те отпуштат. Да пристигнеше поштенската
картичка во понеделникот, можеби ќе ја прочиташе поинаку.
Во тоа се состоеше комичната природа на нивната судбина:
брзата пошта добро ќе им дојдеше на двајцата. Од друга стра-
на, можеби за нив немаше друг исход, и тоа беше природата на
нивната трагедија. Ако е така, Вернон беше подготвен да ја
утврди својата огорченост додека денот одминуваше, раз-
мислувајќи, прилично опортунистички, за спогодбата што тие
двајцата ја склучија неодамна и за застрашувачките одговор-
ности што му се наметнуваа со неа. Зашто беше јасно дека Клајв
го загубил разумот и требаше да се преземе нешто. Таа одлука
ја поткрепи чувството на Вернон дека, во моментот кога целиот
свет беше неправеден кон него, кога животот му

143
беше во урнатини, никој не го понижи толку многу колку не-
говиот стар пријател, и дека тоа е непростливо. И болно. Кај
луѓето што се оптоварени со размислувања за некоја неправ- да,
понекогаш се случува нагонот за одмазда обично да се стопи со
чувството на обврска. Часовите минуваа, а Вернон неколкупати
го земаше в раце својот примерок на Судија за да ја прочита
повторно статијата за медицинскиот скандал во Холандија.
Малку подоцна тој ден неколкупати лично се рас- праша по
телефон. Поминаа уште неколку безработни часа додека
седеше во кујната и пиеше кафе, размислувајќи за про- паста на
своите планови и прашувајќи се дали да му се јави на Клајв
преправајќи се дека сака да се смират, за да се покани во
Амстердам.

144
III

Дали е се како што треба? Дали запамети се? Дали е навис-


тина законско? Клајв ги разгледуваше овие прашања заточен во
„боингот 757“ паркиран во ледената магла во северниот дел на
манчестерскиот аеродром. Очекуваа дека ќе се разведри и
пилотот сакаше да си го зачува местото во редот за летнување,
така што патниците седеа во придушена тишина закрепувајќи
се со послужувањето од количката со пијалаци. Беше поплад-
не и Клајв порача кафе, бренди и една табла чоколада. Има- ше
место до еден прозорец во празен ред, и низ пукнатините во
маглата можеше да ги види авионите на другите компании како
сопернички чекаат во испрекинати линии насочени кон иста
точка, а во нивните облици имаше нешто мрачно и нес- масно:
со тесни прорези на очите под малите мозоци, со спе- чени,
оптоварени раце дигнати нагоре и поцрнети задници - на такви
суштества и не може да им биде гајле едно за друго.
Одговорот беше потврден. Неговото истражување и него-
вото планирање беа внимателни и педантни. Тоа ќе се случи, и
почувствува како го проникнува возбуда. Ја дигна раката кон
насмеаната девојка со упадливо сина шапка, која изгледаше
лично восхитена од неговата одлука да порача уште една чаш-
ка и почестена да му ја донесе. Општо земено, со оглед на она
низ што помина и на неволите што му претстојат допрва, и на
извесноста дека сега настаните неминовно вртоглаво ќе се
забрзаат, не се чувствуваше многу лошо. Ке ги пропушти
првите часови од пробата, но оркестарот што го вежба ново-

145
то дело - секогаш претставува слаба берба. Можеби ќе биде
мудро да го пропушти целиот прв ден. Во неговата банка го
уверија дека тоа што во актовката носи десет илјади амери-
кански долари е законска работа и дека не е должен ништо да
објаснува на аеродромот Шипхол. А што се однесува до поли-
циската станица во Манчестер, помисли дека со нив вешто
излезе на крај, кон него се однесуваа со почит, па речиси чув-
ствуваше извесна носталгија по освежувачкиот амбиент и по
тие луѓе соочени со толку многу грозотии, со кои одлично со-
работуваше
Кога Клајв пристигна од железничката станица во најцрно
расположение, проколнувајќи го Вернон при секој чекор по па-
тот од Јустон, главниот инспектор лично слезе на пријавница-
та да го поздрави славниот композитор. Изгледаше неизмерно
благодарен поради тоа што Клајв успеа да дојде дури од Лон-
дон за да му помогне околу тој случај. Всушност, никој не из-
гледаше ни малку лут поради тоа што не им се обрати порано.
Беа повеќе од задоволни, како што рекоа разни полицајци,
затоа што ќе им помогне во тој конкретен случај. Во текот на
разговорот, додека даваше изјава, двајцата детективи сфатија,
како што го уверуваа, дека е сигурно тешко кога човек мора да
напише симфонија по порачка со толку краток рок, и во каква
дилема бил кога клечел зад таа карпа. Изгледаа како да горат
од љубопитност да ги чујат сите тешкотии поврзани со
компонирањето на главната мелодија. Дали би можел да им ја
испее? Се разбира дека би можел. Секој миг некој од нив
велеше нешто како: А сега да се вратиме на она што сте го
забележале кај тој човек. Излезе дека главниот инспектор под-
готвува теза по англиска книжевност на Отворениот универ-
зитет и дека посебно го интересира Блејк. Во кантината, доде-
ка јадеа сендвичи со сланина, се покажа дека инспекторот ја
знае напамет целата песна Отровно дрво, а Клајв му раскажа
дека во 1978 година напиша музика токму за таа песна, што
беше изведена на Алдебуршкиот фестивал следната година со

146
Питер Пирс, и никогаш потоа. Во истата кантина, на два сос-
тавени стола лежеше и спиеше едно шестмесечно бебе Него-
вата млада мајка беше притворена во ќелија на приземјето за
да закрепне од пијанството. Во текот на целиот прв ден Клајв
повремено ги слушаше нејзините плачливи крикови и нејзи-
ното лелекање како се искачуваат по излезните скали.
Му дозволија да отиде во самиот центар на станицата, каде
што се подигаа обвиненијата. Приквечер, додека чекаше уште
еднаш да поминат низ неговата изјава, беше сведок на борба
пред дежурниот наредник; еден дебел, испотен тинејџер со из-
бричена глава бил фатен како се крие во дното на нечија гра-
дина со моторцангли, калаузи, мала пиличка и чекан скриени
под капутот. Упорно тврдеше дека не е провалник и никако не
сакаше да оди во ќелија. Кога наредникот му рече дека е
провалник, младичот го тресна полицаецот по лицето, а други
двајца полицајци го кутнаа на подот, му ставија лисици и го
одведоа. Никој не изгледаше претерано потресен, дури ни по-
лицаецот со расцепена усна, но Клајв си ја стави вкочанетата
рака на срцето што му тупотеше и беше принуден да седне
Потоа еден полицаец од патролата доведе едно четиригодишно
дете, бледо и занемено, што го нашле како лута по паркингот
на еден напуштен паб. Малку попосле, едно расплакано ирско
семејство дојде по него. Две девојчиња што си ги џвакаа коси-
те, близначки на татко силеџија, дојдоа да побараат заштита и
кон нив се однесуваа со шеговита интимност. Една жена со
раскрвавено лице поднесе тужба против својот маж. Една
многу стара црнкинка, која поради остеопорозата беше двојно
збрчкана, била истерана од снаа си од својата соба и немаше
каде да оди. Социјалните работници доаѓаа и си заминуваа, а
повеќето од нив изгледаа еднакво склони кон злосторства или
еднакво несреќни колку и нивните странки. Сите пушеа. На
флуоресцентната светлина сите изгледаа болни. Имаше многу
жежок чај во пластични чаши и многу викање, рутинско, без-
бојно пцуење и закани со стегнати тупаници што никој не ги

147
земаше сериозно. Тоа беше едно огромно несреќно семејство со
домашни проблеми што по својата природа беа нерешливи. Ова
беше дневната соба на тоа семејство. Клајв се згрчи зад својот
чај, што беше црвен како тула. Во неговиот свет беше
вистинска реткост некој да го подигне гласот, и целата вечер ја
помина во состојба на исцрпена возбуда. Практично секој што
би дошол тука, доброволно или не, беше збркан, и на Клајв му
се чинеше дека главната работа на полицијата е да се занимава
со многубројните и непредвидливи последици од
сиромаштијата, што тие го правеа со многу поголема стрпли-
вост и со помалку гадливост отколку што тој би можел да го
прави кога и да било.
Помисли дека еднаш ги нарече свињи и, во текот на триме-
сечното кокетирање со анархизмот во 1967 година, тврдеше
дека тие се причината за криминалот и дека еден ден ќе бидат
непотребни. За сето време што го помина таму се однесуваа кон
него учтиво, дури услужно. Се чинеше дека тој им се до- падна
на тие полицајци, и Клајв се прашуваше дали можеби не
поседува некои квалитети за кои никогаш не бил свесен -
урамнотежено однесување, тивок шарм, можеби авторитет.
Рано наутро следниот ден, кога требаше да почне препозна-
вањето, му беше исклучително важно никого да не изневери. Го
изведоа во дворот зад местото на кое ги паркираа патрол- ните
коли, каде што стоеја дванаесет мажи покрај еден ѕид. Веднаш
го виде својот тип, третиот оддесно, оној со долгна- весто
сувикаво лице и со платнен качкет што го издаваше Какво
олеснување. Кога се вратија внатре, еден од детективи- те
цврсто го фати Клајв за рака и ја стегна, но не му рече ништо.
Околу него владееше атмосфера на потисната радост и сите му
беа уште понаклонети. Сега работеа заедно, како тим, и Клајв
се соживеа со својата улога на крунски сведок на
обвинителството. Подоцна имаше второ препознавање, а овој
пат половина од мажите носеа платнени качкети, и сите имаа
долгнавести, сувикави лица. Но Клајв не дозволи да го наса-

148
марат и го најде својот тип десно, на крајот, без капа. Кога се
вратија внатре, детективите му рекоа дека второто построју-
вање не е толку битно. Можеби, од административни причи- ни,
всушност, дури и сосем ќе го отфрлат. Но, општо земено, беа
одушевени од неговата посветеност на тој случај. Може да се
смета за почесен полицаец. Имаат патролна кола што оди во
правецот на аеродромот. Дали би сакал да го одвезат?
Го одвезоа пред самата зграда на терминалот. Додека изле-
гуваше одзади и се поздравуваше, забележа дека полицаецот
што седеше зад воланот е истиот човек што тој го издвои од
стројот вториот пат. Но ни Клајв ни возачот не мислеа дека е
неопходно да го прокоментираат тој факт додека се ракуваа.

149
IV

На аеродромот Шипхол пристигнаа со два часа задоцнува-


ње. Клајв се качи на воз до Централната станица, а оттаму тргна
пеш накај својот хотел по блага, сива попладневна свет- лина.
Додека го минуваше Мостот, пак помисли дека Амстер- дам е
мирен и цивилизиран град. Тргна по широкиот обиколен пат на
запад за да продушка низ Броуверсграхт. Најпосле, ку- ферот
му беше многу лесен. Колку е спокојно кога на крајот од самата
улица тече река. Толку толерантен, отворен, зрел град:
прекрасни складишта од тули и резбано дрво претворе- ни во
убави станови, скромни вангоговски мостови, ненамет- ливи
клупи и канделабри, Холанѓани со интелигентен и при- роден
изглед, на велосипеди, со своите разумни деца седнати зад нив.
Дури и продавачите тука изгледаат како професори, чистачите
на улици како џезери. Ниеден град никогаш не бил толку
рационално уреден. Додека одеше, размислуваше за Вернон, и
за симфонијата. Дали делото е уништено или само оштетено?
Можеби не толку оштетно колку извалкано, и тоа на начин што
само тој можеше да го разбере Погубно и со измама лишено од
својот најголем миг. Стравуваше од пре- миерата. Сега можеше
да си признае во својата приватна ис- креност дека, вршејќи
разни работи од името на Вернон, тој, Клајв, само го
одржуваше дадениот збор. Тоа што Вернон са- каше да се
смират и поради тоа да дојде во Амстердам сигур- но беше
нешто повеќе од совпаѓање или згодна можност. Не-

150
каде во своето помрачено, растроено срце ја прифати својата
судбина. Се предаде во рацете на Клајв.
Со овие мисли Клајв конечно стигна до хотелот, каде што
дозна дека приемот ќе се одржи вечер во седум и пол часот. Од
собата и се јави на својата врска, сигурен лекар, да пораз-
говара со него за деталите на работата и последен пат да ги
прецизираат симптомите: непредвидливо, бизарно и крајно
недруштвено однесување, целосно губење на разумот. Дес-
труктивни склоности, илузии за семоќност. Личност во хаос.
Стана збор и за подготвителна доза лек. Како да го изведат тоа?
Беше предложена чаша шампањ, што на Клајв му изгле- даше
како истакнување на пригодно свечен тон.
До крајот на пробата останаа уште два часа, така што Клајв,
оставајќи ги парите во плик на рецепцијата, го замоли портирот
да му повика такси пред хотелот и за неколку ми- нути се најде
пред влезот за уметниците на бочната страна на Концертгебау.
Додека минуваше покрај вратарот и ја туркаше вртливата врата
што водеше накај скалите, до него допре зву- кот на оркестарот.
Завршниот став. Најверојатно. Додека се качуваше, веќе го
поправаше тој пасаж; сега би требало да ги чуеме француските
рогови, а не кларинетите, а тимпаните ќе се слушнат тивко со
пијаното. Ова е мојата музика. Беше како да го повикуваат
ловечки рогови, како да го повикуваат назад, кон него самиот.
Како можеше да заборави? Ги забрза чекори- те Можеше да чуе
што напишал. Чекореше накај сопствена- та претстава. Сите
тие самотни ноќи. Омразената брзаница. Аленови Чуки. Зошто
губеше време цело попладне, зошто го одлагаше овој миг?
Мораше да вложи напор за да не почне да трча низ ходникот
што водеше накај гледалиштето. Ја турна вратата и застана.
Стигна, токму како што имаше намера, до редот над и зад
оркестарот, всушност, зад удиралките Музичарите не можеа да
го видат, но стоеше точно во видното поле на диригентот.
Меѓутоа, Џулио Бо мижеше Стоеше на прсти, извивајќи се

151
напред, со левата рака протегната кон оркестарот, а со раши-
рените треперливи прсти благо му даваше знак на придуше-
ниот тромбон кој сега миловидно, мудро, заговорнички, прв-
пат ја објавуваше мелодијата, Nessun dorma на крајот на векот,
мелодијата што Клајв вчера им ја пееше на детективите и за
која беше готов да жртвува една непозната планинарка. И тоа
со право. Додека нотите се разраснуваа, додека целиот гу-
дачки отсек ги подготвуваше гудалата за да ги вдахне првите
воздржани шепоти на своите брановидни лизгачки хармонии,
Клајв тивко седна на седиштето и се почувствува како да паѓа
во некаква бесвестица. Сега текстурите станаа многукратни,
зашто на тромбонскиот заговор му пристапија уште инстру-
менти, дисонанцијата се ширеше како зараза, а ситни тврди
делчиња - варијации што не водеа никаде - прскаа нагоре како
искри што понекогаш се судираа за да ги создадат пр- вите
најави на забревтаниот ѕид од звук, на цунамито, што сега
почна да расте за да збрише наскоро се пред себе, пред да се
разбие од карпестото дно на тонскиот клуч. Но пред да се случи
тоа, диригентот чукна со палката по стативот и оркеста- рот
постепено и колебливо стивна. Бо почека да замолкне и
последниот инструмент, потоа ги дигна двете раце кон Клајв и
викна:
„Маестро, добре дојдовте!“
Главите на сите членови на Британскиот симфониски ор-
кестар се свртеа кога Клајв стана. Додека слегуваше на сце-
ната, се слушаше тропање на гудала по нотните стативи. Една
труба досетливо го интонираше мотивот од четири ноти од
Концертот во Д-дур, на Клајв, не на Хајдн. Ах, да бидеш во
континентална Европа и да бидеш маестро! Каков мевлем. Го
прегрна Џулио, се ракува со концерт-мајсторот, ги поздрави
музичарите со насмевка, со благ наклон и со рацете полудиг-
нати во знак на скромно предавање, а потоа пак се сврте кон
диригентот за да му промрмори нешто на уво. Клајв денес не-
ма да му се обраќа на оркестарот по повод на делото. Тоа ќе го

152
направи изутрина, кога сите ќе бидат одморени. Во моментов ќе
се задоволи пак да седне и да слуша. Ја додаде и забелешка- та
за кларинетот и француските рогови и за пијаното кај тим-
паните.
„Да, да“, брзо рече Џулио. „Видов.“
Кога се врати на своето место, Клајв забележа колку се се-
риозни лицата на музичарите Работеле напорно цел ден. При-
емот во хотелот сигурно ќе ги развесели. Пробата продолжи, а
Бо го доработуваше пасажот што го чу пред малку, преслушу-
вајќи посебно разни отсеци од оркестарот и барајќи, меѓу дру-
гото, да се дотераат ознаките за легато. Од местото на кое се-
деше, Клајв се трудеше да се спречи да им обрнува внимание на
техничките детали. Засега тоа беше музика, чудесно преоб-
разување на мислите во звук. Се наведна напред, со склопени
очи, сосредоточувајќи се на секој фрагмент што Бо го одоб-
руваше Клајв понекогаш работеше толку напорно на некое дело
што можеше да ја заборави крајната цел - да го создаде ова
задоволство, истовремено толку сетилно и апстрактно, да го
преведе во воздухот што потреперува тој непостоен јазик чии
значења ќе останат за сите времиња надвор од досегот, мачно
сместени во точката каде што се стопуваат емоциите и
интелектот. Одредени нотни секвенции го потсетуваа само на
неодамнешниот напор да ги напише. Сега Бо работеше на
следниот пасаж, не толку диминуендо колку смалување, и му-
зиката ги повикуваше кај Клајв глетката на безредието во не-
говото студио на светлината на зората и претчувствата што ги
имаше за себе и одвај се осмелуваше да ги искаже Големина. Зар
беше безумник кога размислуваше така? Се разбира дека мора
да настапи и првиот момент кога човек сам си оддава признание
и сигурно секогаш ќе изгледа апсурдно.
Сега пак настапи тромбонот и заплетканото делумно воз-
држано крешендо кое конечно се втурнуваше во последното
исчитување на мелодијата, трескотно, карневалско тути. Но со
кобен недостиг на разновидност. Клајв си го нурна лицето

153
во рацете. Имаше право што беше загрижен. Пропадната рабо-
та. Пред да замине за Манчестер, ги прати страниците онак- ви
какви што беа. Немаше избор. Сега не можеше да се сети на
извонредната измена што имаше намера да ја внесе. Тоа
требаше да биде момент на победничко истакнување во сим-
фонијата, збир на сето она што се радува во човекот пред да
настапи разорувањето. Но претставено вака, како едноставно
фортисимо повторување, буквално изразуваше бомбастич-
ност, беше излитено; и уште помалку од тоа, беше празнина:
празнина што може да ја исполни само одмаздата.
Бидејќи времето за пробата минуваше, Бо го остави оркес-
тарот да свири до крајот. Клајв безволно се облегна на своето
седиште Сега се му звучеше некако поинаку. Темата се раст-
вораше во бран од дисонантен прилив и добиваше во полнота-
та - но звучеше сосем апсурдно, како да се штимуваат дваесет
оркестри на едно А. Воопшто не беше дисонантна. Секој ин-
струмент практично свиреше иста нота. Вистинско еднолично
шумење. Како џиновска гајда што треба да се поправи. Слу-
шаше само А, кое еден инструмент, еден отсек му го дофрла-
ше на друг. Дарбата на Клајв за апсолутен слух одеднаш се
претвори во измачување. Тоа А му сврдлеше низ мозокот. Са-
каше да избега од гледалиштето, но седеше точно пред очите
на Џино, а последиците од заминувањето од пробата на соп-
ственото дело неколку минути пред крајот беа незамисливи. И
така се облегна уште подлабоко на своето седиште и си го
покри лицето со рацете во став на длабока сосредоточеност и
истрада се до крајот на четиритактната тишина.
Се договорија Клајв да се врати во хотелот со „ролсројсот“
на диригентот што чекаше кај влезот за уметниците. Но Бо се
задржа околу оркестарот, така што Клајв имаше неколку ми-
нути за себе во мракот пред Концертгебау. Одеше низ масата
на Ван Барлестрат. Луѓето веќе почнаа да пристигаат на вечер-
ниот концерт. Шуберт. (Зар светот веќе не му се изнаслушал на
сифилистичниот Шуберт?) Стоеше на аголот на улицата и

154
го вдишуваше благиот амстердамски воздух чиј мирис како да
бил отсекогаш измешан со блага примеса на мирис на чад од
цигари и на кечап. Многу добро ја знаеше својата партитура и
знаеше колку А има во неа и како звучи навистина тој дел.
Само, тукушто доживеа слушна халуцинација, илузија - или
разбивање на илузијата. Отсуството на варирање го упропасти
неговото ремек-дело и сега беше посигурен од кога и да било,
ако е возможно нешто такво, во плановите што ги скова. Веќе
не го поттикнуваа бесот, омразата или гадењето, ниту неоп-
ходноста да го одржи дадениот збор. Тоа што се подготвуваше
да го направи беше исправно според договорот, во себе ја но-
сеше аморалната неминовност на чистата геометрија, и тој не
чувствуваше апсолутно ништо.
Во колата, Бо му кажа како поминала работата тој ден,
многу делови како да свиреле чисто од листот, а една или две
одломки ќе мораат да издвојат утре. Иако беше свесен за неј-
зините недостатоци, Клајв сакаше славниот диригент да ја
благослови неговата симфонија со висока пофалба и да му
упати прашање во таа насока:
„Дали мислиш дека делото во целост е компактно? Мис-
лам, структурално.“
Џулио се наведна напред да го подигне стаклото што ги
одвојуваше од шоферот.
„Фино е, се е фино, но, меѓу тебе и мене..“ Го спушти гласот.
„Мислам дека втората обоа, онаа млада девојка, е многу убава,
ама свирењето не е совршено. За среќа, не си напишал ништо
тешко за неа. Многу убава. Вечер ќе оди на вечера со мене“
До крајот на краткото возење Бо се сеќаваше на европска- та
турнеја на Британскиот симфониски оркестар која наскоро
завршуваше, а Клајв се сети на последниот пат кога тие двај-
цата работеа заедно, при повторното поставување на сцена на
Симфониски дервиши во Прага.
„А, да“, извика Бо кога колата застана пред хотелот и веќе
му ја придржуваа отворената врата. „Се сеќавам. Величестве-

155
на работа! Младешка инвентивност, тешко е човек пак да ја
постигне, нели, маестро?“
Се разделија во холот, Бо за да се појави за кратко на прие-
мот, а Клајв да го земе пликот од рецепцијата. Го известија дека
Вернон пристигнал пред половина час и дека отишол на некој
состанок. Коктел-забавата за оркестарот, пријателите и
новинарите се држеше во долгата галерија со канделабри во
задниот дел на хотелот. До вратата стоеше послужувач со
послужавник од кој Клајв зеде една чаша за Вернон и една за
себе, а потоа се повлече во едно скришно катче, каде што се
смести на една прозорска клупа прекриена со перничиња за да
ги прочита упатствата на лекарот и да го отвори ќесенце- то со
бел прав. Одвреме-навреме погледнуваше кон вратата. Кога
Вернон му телефонира на почетокот на неделата за да му се
извини затоа што му ја закачи полицијата - Бев идиот, под
притисок од работата, кошмарна недела, и така натаму - а
особено кога предложи да дојде во Амстердам за да го потвр-
дат смирувањето, велејќи дека таму и така има некоја рабо- та,
Клајв му одговори со уверлива пресретливост, но кога ја
спушти слушалката, рацете му се тресеа. Му се тресеа и сега,
додека го ставаше полека во шампањот на Вернон прашокот
што за кратко време се запени, а потоа се сталожи. Клајв ја из-
бриша со малиот прст сивкавата скрама што се создаде околу
работ на чашата. Потоа стана и зеде по една чаша во секоја
рака. Чашата на Вернон во десната рака, својата во левата.
Важно е да го запамети тоа. На Вернон е десната. Иако е нај-
црн левучар.
Сега Клајв, додека се пробиваше низ навалицата на кокте-
лот со музичарите уметничките раководители и критичари- те,
беше преокупиран само од еден проблем: како да го убеди
Вернон да го испие пијалакот пред да пристигне лекарот. Да го
испие овој пијалак, а не некој друг. Можеби е најдобро да го
пресретне веднаш кај вратата, пред да се послужи сам од
послужавникот. Шампањот му се плискаше по рацете додека

156
го заобиколуваше големиот дувачки отсек, а мораше доста да
се враќа низ галеријата за да не им се приближи премногу на
басовите кои веќе изгледаа пијани, натпреварувајќи се со
тимпаните. Најпосле стигна до наштимуваното братство на
виолините кои им дозволија на флејтите и пиколо-флејтите да
им се придружат. Таму имаше повеќе жени што влијаеја
смирувачки. Стоеја наоколу, во двојки и тројки што тивко си
разговараа, а воздухот беше пријатно стежнат од нивните пар-
феми. Настрана, тројца мажи со шепот дискутираа за Флобер.
Клајв најде едно слободно место од каде што имаше непречен
поглед кон високата двокрилна врата што водеше во холот.
Порано или подоцна некој ќе му пријде да разговара со него.
Порано. Тоа беше оној гомнар Пол Ланарк, критичарот што
рече за Клајв дека е Горецки за интелектуалците, а потоа јавно
го повлече зборот: Горецки е Линли за интелектуалците. На-
вистина е чудно што воопшто се осмели да му пријде. „Ах,
Линли. За мене ли е таа?“
„Не И биди љубезен да се тргнеш.“
Со задоволство ќе му го дадеше на Ланарк пијалакот од
десната рака. Клајв се сврте до половина настрана, но крити-
чарот беше пијан и бараше забава.
„Слушав за твојата последна. Навистина ли се вика Миле-
ниумска симфонија?“
„Не Новинарите ја нарекоа така“, процеди Клајв. „Слушнав се
за неа. Велат дека гадно си го окубал Бето- вен.“
„Тргни се“
„Тоа веројатно го викаш земање на примерок. Или постмо-
дерен цитат. Но зар ти не и припаѓаш на предмодерната?“ „Ако
не се тргнеш, ќе те треснам по глупавата фаца.“ „Тогаш подобро
дај ми ја едната чаша за да си ја ослобо- диш раката.“
Додека Клајв се свртуваше барајќи некое место каде што ќе
ги остави пијалаците, го виде Вернон како му приоѓа со широка
насмевка. За несреќа, и тој носеше две полни чаши.

157
„Клајв!“
„Вернон!“
„Ах“, Ланарк божем ласкаво воздивна. „Лично гнидата.“
„Гледај“, рече Клајв. „Веќе имам пијалак за тебе.“
„И јас за тебе“
„Па...“
Секој му даде по една чаша на Ланарк. Потоа Вернон му ја
подаде чашата на Клајв, а Клајв му ја даде својата на Вернон.
„На здравје!“
Вернон му кимна на Клајв и го погледна значајно, а потоа
се сврте кон Ланарк.
„Неодамна го видов твоето име на списокот на некои мно-
гу угледни луѓе Судии, крунски администратори, врвни биз-
нисмени, министри од владата...“
Ланарк поцрвене од задоволство. „Сите тие приказни за
витешка титула се обична бесмислица.“
„Сигурно е така. Ова се однесува на домот за напуштени
деца во Велс. Самиот врв на педофилскиот круг. Те сними- ле со
видеокамера како влегуваш и излегуваш пет-шестпати.
Планиравме да го објавиме тој прилог пред да ми ја удрат кло-
цата, но сигурен сум дека некој ќе дојде до него.“
Ланарк најмалку десет секунди стоеше исправен и без ни-
едно движење, во почесен војнички став, со лактите прибрани
отстрана, со чашите шампањ подадени пред себе, а магливата
насмевка му замрзна на усните. Знаците на предупредување беа
извесна отеченост и стаклест поглед, и некакво дуење во
неговото грло, како црв што лази назадечки.
„Внимавај!“ викна Вернон. „Тргни се!“ Успеаја да отскок-
нат пред содржината од желудникот на Ланарк што бликна во
лак. Галеријата за миг стивна. А потоа, со продолжено надолно
глисандо на гадењето на целиот гудачки отсек, придружено од
флејтите и пиколо-флејтите, летна накај дувачите оставајќи ги
музичкиот критичар и неговото недело - рановечерните ком-
пирчиња со мајонез од Ауде Хогстрат - осветлени под осаме-

158
ниот канделабр. Масата ги повлече Клајв и Вернон, а кога се
приближија до вратата, успеаја да се искубат и да излезат во
тишината на холот. Се впуштија во славење и продолжија да
пијат шампањ. „Подобро отколку да го удреше“, рече Клајв.
„Точно ли е нешто од тоа?“
„Не би рекол токму така.“
„На здравје уште еднаш.“
„На здравје. И, слушај, навистина го мислам она што го
реков. Навистина ми е жал што ти ја пратив полицијата на врата.
Ужасно постапив. Прими го моето безусловно понизно
извинување.“
„Немој веќе ни да го споменуваш тоа. Мене ми е страшно
жал поради твојата работа и целиот метеж. Ти навистина беше
најдобар.“
„Тогаш ајде да ги испразниме чашите за тоа. За пријателст-
вото.“
„За пријателството.“
Вернон ја испи својата чаша до дното, се проѕевна и стана.
„Па, ако сакаме да вечераме заедно, можеби ќе дремнам мал- ку.
Се чувствувам сосем исцеден.“
„Имаше тешка недела. Јас мислам дека ќе се избањам. Ќе се
видиме овде, долу, приближно по еден час.“
„Добро.“
Клајв го гледаше Вернон како се одвлечка да го земе клу-
чот од рецепцијата. Во подножјето на големите двојни скали
стоеја еден маж и една жена кои го погледнаа Клајв и му ким-
наа. Еден миг подоцна тргнаа по Вернон по скалите и Клајв се
обѕрна неколкупати низ холот. Потоа го зеде својот клуч и отиде
во собата.
По неколку минути стоеше во бањата бос, но се уште сосем
облечен, наведнат над кадата и обидувајќи се да излезе на крај
со блескавиот позлатен механизам со кој се затвораше одво- дот.
Требаше истовремено да го дигне и да го сврти, а тој како да не
беше способен за тоа. Во меѓувреме, загреаниот мер-

159
мерен под го потсети низ петиците на неговата премореност.
Белите ноќи во Саут Кен, навалицата во полициската станица,
аколадите во Концертгебау; и тој имаше зад себе тешка не- дела.
Затоа ќе дремне пред капењето. Се врати во спалната соба, се
ослободи од панталоните, си ја раскопча кошулата и со
задоволна воздишка му се препушти на џиновскиот кревет.
Златестите сатенски покривки му ги милуваа бутовите и тој го
доживеа занесот на исцрпеното предавање. Се е добро. Наско-
ро ќе отиде во Њујорк да се види со Сузи Марселан и тогаш оној
заборавен, стегнат дел од неговата личност пак ќе проц- вета.
Додека лежеше таму, во убавината на свилата - дури и воздухот
во таа скапоцена соба беше свилест - ќе се врткаше замислувајќи
си ги идните уживања, да беше во состојба да ги помрдне нозете.
Можеби, ако се сосредоточи, ако успее една недела да не мисли
на работата, можеби ќе успее да се вљуби во Сузи. Таа е од добар
ков, искрена до срцевината, сака да патува, ќе му биде
приврзана. При оваа помисла, одеднаш го преплави длабока
наклоност кон себе како кон човек на кој треба да му се биде
приврзан, и почувствува како низ образот му се лизга една солза
и му го скокотка увото. Не успеа да ја избрише А и немаше
потреба од тоа, зашто сега, чекорејќи преку собата, му приоѓаше
Моли. Моли Лејн! Во придруж- ба на еден човек. Нејзината
предизвикувачка уста, големите црни очи и новата фризура -
буби - изгледаа токму како што треба. Колку прекрасна жена.
„Моли!“успеа да прокркори Клајв. „Извини што не можам
да станам...“
„Кутар Клајв.“
„Толку сум изморен...“
Таа му ја стави ладната дланка на челото. „Драги, ти си ге-
ниј. Симфонијата е вистинска магија.“
„Ти беше на пробата? Не те видов.“
„Беше премногу зафатен и важен за да ме забележиш. Гле-
дај, ти доведов некого да те запознаам.“

160
Клајв на времето ги запозна повеќето љубовници на Моли,
но овој не можеше никаде да го смести.
Вешта за дружење како секогаш, Моли се наведна и му
шепна на Клајв на уво:
„Веќе го запозна. Тоа е Пол Ланарк.“
„Се разбира. Не го познав со брадата.“
„Работата е во тоа, Клајви-пу, што тој сака твој автограм, но
се срами да ти побара.“
Клајв беше решен се да и угоди на Моли, а и да го олабави
Ланарк.
„Не, не, тоа не е никаков проблем.“
„Ќе ви бидам страшно благодарен“, рече Ланарк подавајќи
му перо и хартија.
„Навистина не би требало да ви биде непријатно да ме за-
молите“ Клајв го начкрта своето име. „И овде, ве молам, ако не
ви е проблем.“
„Воопшто нема проблем, навистина.“
Напорот од пишувањето му беше речиси претежок, па мо-
раше пак да легне Моли пак му се приближи.
„Драги, морам да те искарам малку, а потоа никогаш веќе
нема да ти го споменам тоа. Знаеш, навистина ми требаше по-
мош од тебе оној ден во Езерската област.“
„О Боже! Не сфатив дека тоа си била ти, Моли.“
„Ти секогаш ја ставаш својата работа на прво место, а мо-
жеби и така треба.“
„Да. Не Мислам, да знаев дека си ти, ќе му покажев на тој
усукан.“
„Се разбира.“ Таа му ја стави раката на рачниот зглоб и му
ги осветли очите со некаква ламбичка. Каква жена!
„Раката ми е толку жешка“, прошепоти Клајв.
„Кутриот Клајв. Затоа ти го засукувам ракавот, будалче А
сега Пол сака да ти покаже што мисли навистина за твоето дело
така што ќе ти забоде една огромна игла во раката.“

161
Музичкиот критичар токму тоа и го правеше, и болеше. Не-
кои пофалби болат. Но ако Клајв научи нешто во текот на жи-
вотот, тоа беше како да прифати комплимент.
„Па, многу ви благодарам“, простенка јачејќи. „Навистина
сте љубезен. Јас лично и не го фалам многу, но, во секој слу- чај,
мило ми е што ви се допаѓа, навистина, многу ви благода- рам...“
Гледано со очите на холандскиот лекар и сестрата, компо-
зиторот ја дигна главата и, пред да ги склопи очите, како да се
обидуваше, од перницата, најпонизно да се поклони.

162
V

Првпат тој ден Вернон остана сам. Имаше едноставен план.


Тивко ја затвори вратата кон приемната канцеларија, си ги собу
чевлите, го исклучи телефонот, ги тргна хартиите и книгите од
масата - и легна на неа. Имаше уште пет минути до утринскиот
состанок и нема да му штети ако дремне на- брзина. И порано
го правеше тоа - а секако е и во интерес на весникот тој да биде
во врвна кондиција. Кога се смести, се виде себе како огромна
статуа што доминира во холот на редакцијата на Судија, голема
легната фигура изделкана од гранит: Вернон Халидеј, човекот
на акцијата, уредникот. Во миговите на одмор. Но само
привремено, зашто состанокот треба да почне и луѓето - да
пцовисаат да даде Бог - веќе почнаа да влегуваат. Требаше да и
рече на Џин да ги задржи надвор. Ги сакаше приказните што се
ширеа во пабовите за уредниците од старите времиња; големиот
В. Т. Халидеј, зна- ете, што се прослави со аферата „ќела“,
имаше обичај да ги држи утринските состаноци на својата маса.
Мораа да се пре- праваат дека не забележале. Никој не се
осмелуваше да рече ни збор. Без чевли. Денес тоа се само
некакви блуткави чо- вечиња, напернати книговодители. Или
жени со костуми со црни панталони. Рековте дупли џин и
тоник? Се разбира, В. Т. е творецот на онаа прочуена насловна
страница. Сите комен- тари ги префрли на втората страница и
остави сликата да ја раскаже својата приказна. Тоа беше во
времето кога весници- те беа навистина важни.

163
Да почнеме? Сите беа тука. Френк Дибен, а до него стое- ше
- колку пријатно изненадување! - Моли Лејн. За Вернон
претставуваше работа на принцип да не ги меша личниот и
професионалниот живот, па само и кимна деловно, и ништо
повеќс. Па сепак, таа е прекрасна жена. Паметно се сетила да се
обои руса. И тој паметно се сети да ја прими на работа. Строго
врз основа на нејзината блескава работа во парискиот Вог.
Блескавата Моли Л. Лејн. Никогаш не го чистеше станот.
Никогаш немаше измиено ниту една чинија.
И без да си ја потпре главата на раката, Вернон почна со
некрологот. Под главата некако му се најде перница. Ова ќе ги
задоволи граматичарите. Го имаше на ум текстот што го
напишал Дибен.
„Ова го кажав и порано“, рече тој. „И пак ќе го кажам. Па-
нацејата не може да се користи за конкретна болест. Тоа е општ
лек. Панацејата нема никаква смисла за ракот.“
Френк Дибен имаше смелост веднаш да му се противстави.
„Јас случајно не се согласувам“, рече заменик-уредникот на ме-
ѓународната рубрика. „Ракот може да се појави во многу обли-
ци. Панацеја за рак е сосем добро фразеолошки употребено.“
Френк имаше предност поради својата висина, но Вернон
остана да лежи на грб на масата за да покаже дека не се испла-
шил.
„Веќе не сакам да го видам тоа во мојот весник“, рече
прибрано.
„Но тоа не е главното што сакав да го кажам“, рече Френк.
„Сакам да ми ги потпишеш трошоците.“ Во раката држеше лист
хартија и перо.
Големиот Ф. С. Дибен. Ги подигнаа своите трошоци до умет-
ничките форми.
Тоа беше нечуено барање. На состанокот! За да не се пони-
жува со расправање, Вернон продолжи понатаму. И оваа е за
Френк, од истиот текст.
„Ова е 1996, а не од 1896 година. Ако мислите на негирање,
не пишувајте побивање“

164
Вернон малку се разочара кога Моли во тој момент стана да
го поддржи случајот на Дибен. Па да! Моли и Френк. Треба- ше
да погоди. Таа го тргаше Вернон за ракавот, ја користеше
личната врска со уредникот за да ги протурка интересите на
својот моментален љубовник. Се наведна да му шепне нешто на
Вернон на увото.
„Драги, тој има долг. Ни требаат пари. Ќе се вселиме заед-
но во слатко гнезденце на Улицата Сена...“
Навистина беше прекрасна жена, и тој никогаш не беше
способен да и се противстави, уште откако го научи како се
подготвуваат варгани.
„Добро. Брзо. Но мораме да продолжиме.“
„На две места“, рече Френк. „Најгоре и најдолу.“
Вернон напиша „В. Т. Халидеј, уредник“ двапати, а му се
чинеше дека му требаше половина час. Кога најпосле заврши,
продолжи со забелешките. Моли му го засукуваше ракавот на
кошулата, но кога би ја прашал зошто го прави тоа, тоа би
значело уште еднаш да го прекине состанокот. И Дибен уште се
врткаше околу масата на Вернон. Не можеше сега да се мачи со
нив двајцата. Имаше на ум премногу работи. Кога премина на
премногу пророчкиот стил, срцето почна да му чука посилно.
„Преминуваме на Блискиот Исток. Овој весник е добро
познат по својата проарапска ориентација. Но мораме да биде-
ме бестрашни во осудата, хм, на грозотиите што се прават на
двете страни...“
Вернон никогаш никому нема да му раскаже колку жесто- ка
болка почувствува во десната мишка и дека тукушто почна да
сфаќа, иако низ магла, каде се наоѓа всушност и што имаше
сигурно во неговиот шампањ, и кои се овие посетители.
Но го прекина својот говор и замолча за кратко, а потоа
конечно промрморе со страхопочит:
„Се расипавте“.

165
VI

Таа недела премиерот реши да ја реорганизира владата и


сите сметаа дека, и покрај бранот на јавното мислење кое го
поддржуваше Гармони, за тоа што му се случи можеше да им
заблагодари токму на фотографиите од Судија. Во рок од еден
ден бившиот министер за надворешни работи дозна, во ход-
ниците на седиштето на партијата и од обични парламентар- ни
пратеници, дека не чувствуваат претерана наклоност кон
неговиот ноемвриски предизвик: можеби во земјата, земено во
целост, емотивниот став налагаше проштавање, или барем
толеранција, но политичарите не се склони да ја одобрува- ат
таквата слабост кај потенцијалниот лидер. Судбината му беше
токму онолку мрачна колку што му пожела уредникот на Судија;
затоа Џулијан Гармони можеше да се пробие до аеродромската
чекалница за угледни личности, во која имаше пристап
благодарејќи на својот донеодамнешен статус, без то- варот на
државните документи и без придружба од цивилни службеници.
Го најде Џорц Лејн како си тура скоч во барот со бесплатни
пијалаци.
„Ах Џулијан. Дојди, слободно.“
Тие двајцата се немаа видено од погребот на Моли и сега се
ракуваа претпазливо. Гармони слушна гласови дека токму Лејн
ги продал оние фотографии. Лејн не знаеше колку знае Гармони.
А Гармони не беше сигурен каков беше ставот на Лејн кон
неговата врска со Моли. Лејн не знаеше дали на Гар- мони му е
јасно колку тој го презира. Требаше да патуваат за-

166
едно за Амстердам за да ги придружуваат ковчезите назад во
Англија, Џорџ како стар пријател на Халидејови и покровител
на Вернон во Судија, а Џулијан по налог на фондацијата Лин-
ли, како застапник на Клајв во кабинетот. Поверениците се
надеваа дека присуството на бившиот министер за надвореш- ни
работи ќе ја забрза административната процедура што ја
придружува меѓународната испорака на трупови.
Си ги понесоа пијалаците низ преполната чекалница - во
денешново време повеќето луѓе се угледни личности - и нај- доа
едно релативно празно катче до вратата на тоалетот.
„За покојниците.“
„Покојниците.“
Гармони размислуваше еден миг, а потоа рече: „Слушај,
бидејќи сме заедно во ова, би можеле заедно и да го расчисти-
ме. Ти ли им ги даде сликите?“
Џорџ Лејн испи колку еден прст, што му дојде добро, и рече
со болен тон: „Како деловен човек, секогаш лојално ја
поддржував партијата и давав прилози за нејзините фондови.
Каква корист би имал јас од тоа? Халидеј сигурно клечел врз нив
чекајќи ги своите пет минути“.
„Слушнав дека имало лицитација за авторските права.“
„Моли му ги остави авторските права на Линли. Тој можел
да заработи некоја пара. Не сакав да се распрашувам.“
Гармони, пиејќи го скочот, се сети дека Судија имаше об-
врска да не ги објави своите извори. Ако Лејн лаже, тогаш тоа го
прави добро. Ако не лаже, тогаш нека бидат проклети Лин- ли и
сите негови дела.
Го најавија нивниот лет. Додека тие двајцата слегуваа по
скалите накај лимузината што ги чекаше, Џорџ ја стави раката
врз раката на Џулијан и рече: „Знаеш, мислам дека ти се из-
влече ѓаволски добро“.
„Да, да. Повеќето луѓе би се обесиле и за многу помала
работа.“
Еден и пол час подоцна се возеа по улиците на Амстердам со
кола на холандската влада.

167
Бидејќи прилично долго време не проговорија ништо, Џорџ
рече живо: „Слушам дека премиерата во Бирмингем е
одложена“.
„Всушност, откажана. Џулио Бо вели дека се работи за
сматок. Половина БСО одбива да свири. На крајот, очигледно е
некоја мелодија, бесрамна копија на Бетовеновата Ода на
радоста, со една или две изменети ноти.“
„Не е чудно што се убил.“
Телата ги држеа во малата мртовечница во сутеренот на
главната полициска станица во Амстердам. Додека ги водеа него
и Лејн низ бетонските скали, Гармони се прашуваше да- ли и под
Скотланд јард има некое слично тајно место. Сега никогаш нема
да дознае. Извршија официјални идентифика- ции.
Службениците на холандското Министерство за внат- решни
работи го повикаа настрана бившиот министер да по-
разговараат, оставајќи го Џорџ Лејн да размислува над лицата на
своите стари пријатели. Изгледаа изненадувачки смирено.
Усните на Вернон беа малку раздвоени, како да застанал среде
некое интересно раскажување, а Клајв имаше израз на среќен
човек што се стопува во аплаузот.
Наскоро Гармони и Лејн се возеа назад низ центарот на
градот. Секој беше задлабочен во своите мисли.
„Тукушто ми кажаа нешто многу интересно“, рече Гармо- ни
по извесно време. „Печатот погрешно сфатил. Како и сите ние.
Не се работи за двојно самоубиство. Се отруле еден со друг. Си
ставиле еден на друг којзнае какви дроги. Се работи за заемно
убиство.“
„О Боже!“
„Излегло дека овде ги има оние квазилекари што го корис-
тат законот за еутаназијата до крајните граници. Луѓето пре-
тежно ги плаќаат за да им ги отстрануваат остарените родни-
ни.“
„Навистина чудно“ рече Џорџ. „Мислам дека Судија обја- ви
прилог за тоа.“

168
Тој се сврте да погледне низ прозорецот. Минуваа по Бро-
уверсграхт со брзина на пешак. Колку пријатна, средена ули- ца.
На аголот имаше уредна мала кафеана во која веројатно се
продава дрога.
„Ах“, воздивна најпосле. „Холанѓаните и нивните рацио-
нални закони.“
„Точно“, рече Гармони. „Кога се работи за рационалноста,
тие обично ги преминуваат границите“
Доцна тоа попладне, кога се вратија во Англија и откако на
Хитроу ги извршија формалностите со ковчезите, ја поминаа
царината и ги видоа своите возачи, Гармони и Лејн се ракуваа и
се разделија, првиот за да помине уште извесно време со своето
семејство во Вилтшир, а вториот да намине кај Менди Халидеј.
Џорџ му рече на својот возач да застане на другиот крај на
улицата за да може да прошета неколку минути. Мораше да
размисли што ќе и рече на вдовицата на Вернон. Но, место тоа,
додека одеше низ студеникавиот и смирувачки самрак,
минувајќи покрај викторијанските вили, покрај првите ко- сачи
на тревниците во таа рана пролет, почувствува како мис- лите
пријатно му се свртуваат во други правци: Гармони е по- разен,
а и неговата лажлива жена добро го притегна негирајќи ја
неговата афера на својата конференција за печатот, а сега
Вернон беше отстранет од патот, а и Клајв. Општо земено,
работите не излегоа толку лошо на фронтот на бившите љу-
бовници. Ова сигурно ќе биде вистинското време да почне да
размислува за поменот на Моли.
Џорџ стигна до куќата на Халидејови и застана на скали- те
пред влезот. Менди ја познаваше со години. Прекрасна де- војка.
Некогаш беше прилично незауздана. Можеби и не е прерано да
ја покани на вечера.
Да, поменот. Подобро е во црквата Свети Мартин отколку во
Свети Јаков, која во последно време е омилена меѓу леко-
верните типови кои ги читаат книгите што ги објавува лично

169
тој. Значи, Свети Мартин, и само тој ќе одржи говор, никој друг.
Ќе нема бивши љубовници што си разменуваат погле- ди. Се
насмевна и, додека ја дигаше раката кон ѕвончето, во мислите
веќе наголемо се занимаваше со волшебната тема за списокот
на гостите.

170
ЗА АВТОРОТ И ДЕЛОТО

Јан Мекјуан (Ian McEwen, 21 јуни 1948)1, англиски писател


- романсиер, раскажувач, сценарист.
Мекјуан е роден во Алдершот, на југот на Англија. Детст-
вото, како син на професионален офицер, го поминал во вое-
ните бази во Сингапур и во Либија. Студирал книжевност и
магистрирал на првата британска катедра за креативно пишу-
вање. Дебитира со книгата раскази Прваљубов, за која веднаш ја
добива наградата „Сомерсет Мом“. Неговиот роман Воцеле- ние
се смета за ремек-дело на современата англиска книжев- ност.
Поважни дела: раскази: Прваљубов, последни обреди 1975,
Помеѓу чаршафите 1978; романи: Бетонска градина 1978,
Утехата на странците 1981, Невиниот 1990, Истрајна љубов
1997, Амстердам 1998, Воцеление 2001, Сабота 2005, На
плажата Чесил 2007, Солар 2010 и др.
Добитник е на повеќе книжевни награди. Филмската
адап- тација на романот Воцеление ја доби наградата Оскар.
Јан Мекјуан е брилијантен стилист и, заедно со Џ.М.
Куци и
Салмон Ружди, спаѓа во самиот врв на повоената англофон-
ска книжевност.
Наградата Букер за романот Амстердам ја доби во 1998
година.

171
Романот Амстердам е виртуозна сатира компонирана спо-
ред слични принципи како и некои други, поранешни но и по-
доцнежни дела на Мекјуан. Непромислената постапка која во
Воцеление ќе одведе кон трагичен расплет, овде е обработена
како персифлажа. На погребението на Моли Лејн, почината од
канцер, покрај нејзиниот сопруг Џорџ, среќаваме тројца мажи
кои во некој момент биле љубовници на починатата. И тројцата
имаат високо мислење за себе и, истовремено, под- бивен однос
кон сопругот Џорц. Композиторот Клајв Линли и новинарот
Вернон Халидеј се блиски пријатели и тие ќе се договорат за
взаемна еутаназија, доколку се најдат во беспо- мошна
ситуација како Моли. По испреплетените меѓупотези, заплетот
ќе ги одведе двајцата пријатели во Амстердам каде што нештата
ќе добијат неочекуван пресврт.

172

You might also like