You are on page 1of 4

Ристо Ѓ.

Јачев

ЈА МИНУВАМЕ ГРАНИЦАТА

И оваа есен, времето го смени жолтиот превез и


нечујно се зави во црнина.
Веќе години на ред, преспивам на железничката
станица. Животот нема никаква смисла. Гладни бескуќници
kako мене спијат насекаде. За нас никој не сака ниту да чуе,
ниту да праша.
И оваа есен само навлажнетите лисја треперат како
ранети крилја од штотуку пркнати птици. Полека, од ден на
ден, со години веќе на ред се валкам меѓу градските
ѓубришта и зелената река како ранет морнар во отворено
мориња. Никаде нема копно, никаде не можам да најдам
човек, само змии и луди треви ме обвиткуваат, ме дават. Се
влечкам од ѓубришта до пепелишта, од затвори до црни
води, од луѓе до нелуѓе, од котлини до замрзнати планини.
И сè ме интересира, сè! Вљубен сум во бојата на божилакот
што секое утро се огледува во зелената вода на реката зад
голата планина. Ги љубам ноќите во кои ја барам смислата
на моето постоење. Немам никого, а мисилам, нè, ми се
чини дека сите ги познавам и дека сите ме знаат, и дека го
имам најблагородното во себе кое неизмерно го љубам, а
кое се нарекува татковина. Боже мој мил, многу, многу ја
сакам мојата татковина. Па сепак, и колку да сакам да си
објаснам зошто живеам, иако имам добра намера, не
успевам да си објаснам. Можеби сакам да бидам како
протераниот ангел што се одметнал од црквата за да ја
почувствува среќата на осаменоста. Во залуд сакам. Ах, до
кога ли ќе се залажувам? Божите ангели никогаш не се
осамени!
Јас кашлам, длабоко, безмилосно, кашлам. Не знам
како и кога започна нешто како коледарско огношти во
душава да ми врти. Кашлам. Многу кашлам.
Проклет нека е денот кога се родив. Проклето нека е
времево во кое не знам до кога ќе ја барам смислата на
моево постоење? Велат, добрите луѓе ќе ја излекуваат
мојата рана. Нашите сакани, љубени и почитувани што нè
водат кон иднината велат, ќе ни подадат раце. Ѓавол знае.
Многупати мислам некаде да избегам, без трага да заминам.
А, каде да одам, кој бескрај да го фатам? Та нели е ова
земјата на моите слепи прадедовци, земјата на дедо
комитарот, на татко со длабоките лузни на главата? И кој би
ме примил со кашлицава што ме има нападнато, со
офтиката заработена во пределите на моето детство?
Не знам кога и како во болницава ме донесоа. Не знам
кој и како овде ме смести. Не знам од кога тука се наоѓам,
ниту пак знам каде сум. Околу мене се врти испиен свет во
бело облечен. Тие молчат и јас молчам. Дури денес, на
петиот ден откако станав ми дозволија да свртам околу
болницата... Стаписан така одненадеж се прашувам, Боже
мој, што ќе стане со мене? И како во мигот да сфаќам дека
завржи мојот живот во кој не разбрав ниту кога престанал,
ниту кога завршил тоа што го нарекуваме живот.
Овде, и не само тука велат, луѓето се вљубувале во
модрините на небото. Можеби, не знам? Тие се вљубуваат,
но мене саноќ, со ноќи и ноќи ми жуборка црна вода во
градите. Со денови лежам додека прозорците говорат со
црната боја на времето. Барам здив, а него како да сум го
загубил меѓу вејнатите лисја и убавата зимзелена шума.
Од поодамна, од ден на ден, плачат околу мене, но јас
веќе никого не гледам. Денес кога ги гледам луѓето што нè
посетуваат, кои доаѓаат и си одат, му завидувам на секого
што изутрина оди на работа. Јас немам работа. Мене никој
не ме чека. И се ми се чини јас веќе од поодамна нема за
што да живеам.
Многупати се прашувам, осамен и замислен, овој
народ што доаѓа и си заминува, каде ли патува, кон која ли
страна оди? Како денес во мојата мала рака како да ја
држам топлата рака на мајка. Ах, како денес како да ја
гледам тажна и наплакана мајка, некаде под темната шума
како ми раскажува за тоа каде и кога сум роден. Беше некој
црн засирен ден, а таа, мојата мајка како шепот на топло
ветре ми раскажува, раскажува дека сум бил роден на
пладне на ден Велигден. Расказот и е како жубор на чист
кладенец во кој се капи мојот поглед.
"Тие денови," шепотеше топло мајка, "свештеникот го
прогонија, та ти така, без поп доби име и крстена вода."
Се собирале околу мене и ме богословувале. Поради
тоа, до ден денес сум без утрини, но со пискоти и со
безбожно рикање на полудените бикови. Од тој ден, по тој
расказ на мајка, знам за прогонства, знам за болки и лудо
скитништво.
И еве, по толку години, по безброј минати денови и
патиша, кога сонцето како мокра птица се спушта меѓу
темните делови од моите гради, кога коријата ја покажува
својата дивина, си спомнувам како влезе во мене неканетата
гостинка, која ме довлечка на прагот од оваа болница во
оваа проколната планина. Во мојата потсвест, како тогаш,
како сè уште да го слушам говорот, и на тие што ме
заборавија, и на дрвјата, кои за навек замолкнаа.
И се ми се чини, како сега да ја минуваме границата, и
како да ја слушам мајка како тивко плаче, како татко
покажува со прстот некаде во далечината. И сè ми се чини,
како денес да го слушам крикот на пределот во кој некој
темен глас изговара:
„Оттука понатаму не можам, не можам да одам.
Останувам“.
Стои тој како бор пред кого и грозните времиња ги
свиваат своите раздиплени крилја. Стои тој, и сè ми се чини,
како во мене да влезе неговата болка која ме стегна во
душата. Во тој миг, дури и сега, еве, ми иде да викам, сакам
да молам, но се прашувам, за кого, дали за себе, или за оние
што останаа далеку во дивината зад мене?
Тогаш не можев да си објаснам, но денес, сè повеќе
разбирам зошто мојот инстинкт ме водел кон падините на
питомиот крај, кон благата игра на небесните зраци кои со
сета сила ја продупчуваат длабочината на шумата. И денес,
како тогаш, ме влече нешто кон некоја бездна, и сè ми се
чини, денес како да станувам свесен дека чекорам кон она
што можеби не сакаше да ми го каже мојот татко.
Викав тогаш, избезумен и сам, и покрај тоа што крај
мене стоеја, и мајка, и сите:
„Каде, зошто ти остануваш, каде нè праќаш?“
„Таму ќе имате сè.“, проговори тој без да знае дека низ
мене веќе шеташе жолтата гостинка. И ете, оттогаш, до не
знам кога, низ мене ќе шета жолотот есенско лисје кое, од
ден на ден, ќе продолжи да го облекува црнотот руво.
Денес, по сè што минав, не ќе можам повторно да ги
минам ноќите на старата железничка станица. Не! Велат
дека животот од поодамна нема никаква смисла, но јас се
надевам дека, еден убав ден, од огромнава шума во која се
наоѓам некаде во нејзината далбочина, ќе го пронајдам
патот што води кон мојот убав ден во рајот.

You might also like