You are on page 1of 1

ОПИС НА МОЈАТА ДРУГАРКА

Човекот е создаден да живее во заедница со други луѓе, а во никој случај тој не


може да живее осамен како пуст остров сред разбрануваниот океан. Поддршката и
љубовта што си ја споделуваме меѓусебе е највредното и најпотребното нешто. Другарите
се богатство, а другарството треба постојано да се негува. Постои една стара мудрост во
која се вели „Човек е онолку богат, колку што има пријатели“.
За себе сметам дека имам голем број искрени другари. Но кога би требала од сите
нив да издвојам една највпечатлива, најсакана несомнено тоа би била мојата најблиска
другарка Јована. Никогаш нема да го заборавам првиот ден во моето ново училиште. Тој
ден најнапред ми пријде едно ситно девојче со посебен и впечатлив стил на облекување
и со очи кои блескаа небаре се ѕвездички од ведра, летна ноќ. -„Моето име е Јована“ ми
рече со глас исто така впечатлив како и нејзиниот стас. Не ни претпоставував дека тоа ќе
биде личноста која ќе ми стане најдобра другарка. Како поминуваа дните секој ден се
повеќе и повеќе се воодушевував од неа. Ја сакам затоа што е посебна и ексцентрична-се
одвојува од просечните. Јована секогаш сака да е на врвот и во центар на внимание. На
почетокот оваа нејзина особина помалку ми сметаше, но подоцна сфатив дека сето тоа
произлегува од нејзиниот борбен дух. По конституција е малечка и ситна, ама има големо
срце како планина, а борбена е како вистинска лавица. Чинам дека таа влијае и на мене
да тежнеам да станам подобра личност, да се борам во животот како и таа. Таа е пример,
како секој од нас треба да се бори за своите права, затоа што човек само со борбеност и
со труд може да просперира, да напредува. Јована има прекрасна насмевка, кога и да се
скараме таа ќе ми пружи рака за смирување и ќе ми се насмевне. Никој не може да
остане рамнодушен на таа волшебна насмевка. Ја обожувам и затоа што има посебен стил
на облекување. Мислам дека би ја познала и од километар во група на други деца. Таа
секогаш блеска, се издвојува од групата небаре е филмска дива. Иако стиловите на
облекување ни се разликуваат, ќе бидам искрена и ќе признаам дека секоја нејзина
критика и сугестија ја прифаќам. Ги обожувам деновите, па и ноќите кои ги минуваме
заедно, слушајќи музика и гледајќи филмови.
Другарството, довербата и лојалноста се работи кои се потребни на секоја единка. На
секој човек му се потребни сродни души кои ќе му се најдат во добро и во зло, со кои
лесно ќе броди по узбурканото море-наречено живот. Јована ми е повеќе од другарка, таа
ми е сестра. Те сакам сестро моја.

Леонтина Петрова

You might also like