You are on page 1of 2

Име и презиме

Адреса: ул. „Ххххх Ххххх“ бр. хх


Град
Телефон за контакт: 0хх/хх хх хх
e-mail: ime_prezime@хххх.com

До
Име на фирмата

Предмет: Писмо за интерес/Мотивационо писмо/Пропратно писмо

Почитувани,

Прв пасус – како разбравте за слободното место


По оглас
По огласот објавен во _________________ (име на весникот) на ден ____________ се
пријавувам за работното место _________________.

По препорака
Ви го испраќам ова писмо по препорака на г-н/г-ѓа _________________ со кого разговаравме за
потребите на Вашата компанија, кој ме информираше за слободното место, со што се
пријавувам за ____________________.

Самоиницијативно
Ви го испаќам ова писмо за да Ви се преставам и да ја искажам својата спремност да ја
градам/отпочнам/продолжам својата кариера во Вашата компанија, би сакал/а да ме имате во
предвид како сериозен кадидат за ____________________.

Втор пасус – ваши квалификации, способности и вештини


Со соодветно работно искуство
Ангажирањето во различни проекти, како и стекнатите знаења во рамките на
значајните тренинзи и работилници организирани од страна на различни и
репрезентативни институции придонесоа да се надградувам во неколку области на
економскиот развој, подобрувањето на бизнис климата, грижата за клиентите и
корисниците, развојот на маркетинг стратегија затоа верувам дека ќе бидат за
особена корист за развој на маркетинг секторот во Вашата организација.

Без работно искуство


Имам дипломирано на _______________ во _______ (град), насока ___________. Како личност
сум отворен/а за нови идеи и секогаш мотивиран/а да научам нешто ново. Се концентрирам
нештата да ги направам подобри, а не само поголеми. Кога нешто правам за прв пат се
вложувам целосно и се трудам да го направам како што треба, по природа сум љубопитен/на
и секогаш спремен/на да научам нешто ново.

Трет пасус – зошто ја сакате оваа работа и зошто оваа компанија


Силно сум мотивирана да бидам дел од Вашиот тим затоа што верувам во потенцијалот на
Вашата компанија и сакам да го градам своето искуство во неа, сметам дека целокупното мое
знаење можам да го имплементирам во (на пример) продажба и промоција на
________________ (името на компанијата) и со тоа да допридонесам за успешен раст на
компанијата.

Четврт пасус – завршеток


Однапред благодарам за можноста да бидам повикан/а на разговор за да можам и лично да
Ви се преставам.
или
Се надевам дека ќе бидам повикан/а, а Ви стојам на располагање и за дополнителни
информации.

Искрени поздрави,
или
Со почит,
Име и презиме

Во прилог Ви доставувам:
 Кратка биографија (CV)
 Диплома
 Сертификати
 и сл.

You might also like