You are on page 1of 2

Петар Павлоски

Ул.Браќа Симовски Бр.59


1200 Тетово, Р.Македонија
+389 71 888 095

28.02.2017

Централен Комитет на Вмро-Дпмне


Ул. Македонија 17а
1000 Скопје, Р.Македонија

Почитувани,

Иако сум студент на Универзитетот на Југоисточна Европа на Катедрата по бизнис и


економија, како личност која поседува комуникациски, интерперсонални, вештини за работа
во тим, како и строга работна етика, сметам дека сум доволно компетентен да ja извршувам
функцијата за која аплицирам.

Во прилог на ова мотивационо писмо Ви ја испраќам и мојата кратка биографија во која ќе


имате можност да забележите дека внатре-партиските задачи започнав да ги стекнувам на 14-
годишна возраст (со членска книшка), најпрво и официјално во 2010 како член на
средношколско тело и одговорен за класот во кој учев, а подоцна во 2011 и како координатор
на средношколско тело во матичниот месен комитет „Певчина“ од каде научив многу за
работната етика и кодекс. Токму преку оваа “отскочна даска”, јас имав можност да ги
надградам моите дотогашни стекнати знаења со уште покорисни, од областа на
административните работи во еден поголем Општински комитет во функција како еден од
тројцата а воедно и најмлад технички секретар во О.К. Тетово. Неколкуте месеци работа во
Општинскиот комитет Тетово, ме поттикнаа да ги истакнам моите способности и да ги насочам
своите аспирации кон подобрување на капацитетите на својата личност, при што со
задоволство можам да посочам дека оттаму бев назначен за координатор на генерација за
средношколско тело во средното медицинско училиште истата таа 2012-та година. Би ги
издвоил усовршувањето на способноста за флексибилност и прилагодување, превземање
иницијатива, како и организациските вештини. Со сиот свој труд кој го вложив беше неспорен
мојот напредок во нагорна линија па така во 2012 бев и назначен за член на општински
комитет на УМС Тетово, за што по околу едно-годишен период со голем фокус кон
привлекување на млади едукативни кадри бев именуван за Претседател на средношколско
тело на ниво на Општина Тетово. Потоа со тек на времето бев назначен и за коордирантор на
средноското тело на шестата изборна единица. Со самото мое запишување на факултетот за
Бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа станав и член на Републичка
комисија за економија на УМС Вмро Дпмне. Во 2017 година откако бев вработен во Центарот
за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ во дивизијата за Економија добив и шанса да бидам дел и
соработувам со Републичката комисија за економија и инвестиции со сениорите.

Токму поради горенаведеното сметам дека апликација за член на Ребуличката


комисија за економија.
Земајќи во предвид дека нашата партија ВМРО-ДПМНЕ инвестира и го потпомага
младиот кадар во нашата земја, знам дека успешно би се вклопил и би продолжил уште
поуспешно да работам, мојата апликација ја сметам како предизвик на кој со нетрпениe чекам
да одговорам.

Сакајќи да придонесам за подобра работна средина во партија од највисок ранг кај нас,
а воедно и во регионот, Ви заблагодарувам за одвоеното време при разгледувањето на мојата
апликација.

Со почит,
Петар Павлоски

You might also like