You are on page 1of 1

Филип Павловски Леони, Нуремберг, Германија

Ул.Браќа Симовски Бр.59 Marienßtrase 7


1200 Тетово, Р.Македонија 90402 Нуремберг, Германија
+389 79 298 988

Август, 08 2018

Почитувани,

Како дипломиран германист и поранешен вработен во Министерството за внатрешни


работи на Р. Македонија, сум личност која поседува комуникациски, интерперсонални,
вештини за работа во тим, како и строга работна етика, сметам дека одлично би се вклопил во
Вашиот тим.

Во прилог на ова мотивационо писмо Ви ја испраќам и мојата кратка биографија во која


ќе имате можност да забележите дека работното искуство започнав да го стекнувам најпрво во
р. Германија , а подоцна и работејќи во Министерството за Внатрешни работи на Р.
Македонија како сообраќаен полицаец, од каде научив многу за работната етика и кодекс.
Токму таму, јас имав можност да ги надградам моите дотогаш стекнати знаења со уште
покорисни.

Четирите години како вработен во Министерството за Внатрешни работи, а потоа и


како вработен на бензинската пумпа Махи-Аутохоф во Муке, Германија, ме поттикнаа да ги
истакнам моите способности и да ги насочам своите аспирации кон подобрување на
капацитетите на својата личност, при што со задоволство можам да посочам дека оттаму се
стекнав со искуство и многу карактеристики повеќе. Би ги издвоил усовршувањето на
способноста за флексибилност и прилагодување, способноста за превземање иницијатива,
како и организациските вештини. Токму поради тоа, сметам дека моето вработување во
вашата фирма би било вистински погодок.

Земајќи во предвид дека Леони е сериозна компанија на пазарот, која постојано бара
кадар кој успешно би се вклопил и би продолжил уште поуспешно да работи и опстојува во
истата, моето вработување таму го сметам како предизвик на кој со нетрпени чекам да
одговорам.

Сакајќи да придонесам за подобра работна средина во компанија од светски ранг, Ви


заблагодарувам за одвоеното време при разгледувањето на мојата апликација за работна
позиција, при што се надевам дека ќе ме контактирате набрзо.

Со почит,
Филип Павловски

You might also like