You are on page 1of 4

15.05.

2022
Ваша можност за влегување во ALDI ЈУГ

Заработете пари играјќи тетрис! –


Се бараат тимски играчи и лидери
за Логистичкиот центар во
Еберсберг

Во моментов, во секторите Прием на стока, Подготовка


на стока и Излез на стока во Логистичкиот центар на
ALDI Југ, Регионално друштво Еберсберг, работат околу
220 вработени. Сите тие рамо до рамо придонесуваат
нашите филијали и муштериите секојдневно да бидат
снабдувани со свежи стоки.
Што точно работиш ти во Логистичкиот центар на
ALDI ЈУГ?

Joнa Хубер,
вработена во сектор Подготовка на стока, 24 години
Joнa: Mоја задача е да координирам акциските артикли да бидат
навреме во филијалите. Ова тесно го координирам со нашиот тим
лидер. На пример, ја преземам стоката во одделот Прием на стока,
однапред ја сортирам и составувам различни групи артикли така
што да може сѐ да се комисионира без пречки.

Фабијан
Капелер, вработен во Подготовка на стока, 25 години
Фабијан: Заработувам играјќи тетрис, вели тој на шега. Во
одделот Ладење јас ги комисионирам артиклите како млеко, јогурт,
сирење, кашкавал, колбаси итн.
Maтијас Хермер,
тим лидер во одделот Подготовка на стоката, 33 години
Maтијас: Јас сум одговорен за водење на вработените во секторот
Ладење, а во замена и за секторот Акциски артикли, и со моите
вработени водам грижа стоката навремено да стигне во
филијалите.
Што посебно ти се допаѓа во твојата работа?
Maтијас: На мојата работа, ниеден ден не е како другиот и имам
многу разновидности во моите активности. Секој ден има нови
предизвици коишто треба да се решат, и понекогаш се чувствувам
како пожарникар кои ита од една интервенција на друга. Тоа може
да се лични прашања на моите вработени, но и задоцнета или
кусок стока која итно мора да стигне во филијалата.
Фабијан: Работното време од 6:00 до 15:00 часот за мене е е
перфектно, бидејќи имам слободно попладне. Платата исто така е
сосема фер, а и соодносот работното време - плата според мене е
правилен. За мене е многу битна кохезијата и добрата
комуникација во тимот. Како новајлија бев добро примен и ја
ценам размената на информации со моите колеги кои доаѓаат од
раѕни земји.

Твојот најголем предизвик досега во ALDI ЈУГ:


Joнa: Во сеќавање посебни ми остана „Седмицата на панично
пазарувањеe“ пред првиот локдаун минатата година. Филијалите
иаа нарачано незамисливи количини стока која наскоро повеќе ја
немавме на залиха. Ситуацијата уште повеќе ја напна нашата
неизвесност како би можела да се одвива ситуацијата понатаму.
Какви колеги си посакуваш во иднина?
Joнa: Моите идни колеги треба да бидат дружељубиви и
мотивирани – смената завршува дури откако сѐ ќе се заврши –
и да сакаат да работат, затоа што правилниот став е многу
важен за добра атмосфера во тимот! И треба да се фатат за
работа дури и ако таа понекогаш не е толку интересна.
Фабијан: Сакам мотивирани колеги кои имаат желба да се
фатат за работата и да убацат „во трета“. Секогаш е важно да се
работи коректно и чисто за да се избегнат грешки. Со оглед на
тоа дека имаме мултикултурни тимови, треба да бидат отворени
и спрема други националности.
Maтијас: Сакам мотивирани вработени кои уживаат во физичка
работа и кои се заинтересирани да ракуваат со храна. Исто
така, да се способни за тимска работа, да се доверливи и
отворени за фидбек. Освен тоа, за работа со нашиот систем за
комисионирање „pick by voice“ потребни е и солидно познавање
на германскиот јазик.

Што цениш кај ALDI SÜD како работодавач?


Joнa: Во ALDI ЈУГ сѐ е добро организирано, процесите се одвиваат
коректно и точно. На пример, нашето работно време се
евидентира во минута, а мојата плата е секогаш на време
легната на сметката. Освен тоа, во една олку голема компанија
постојат разни можности за натамошен развој – доколку сте
вредни и посветени, тоа соодветно ќе биде и наградено.
Фaбијан: Имам сигурно работно место, бидејќи ALDI ЈУГ е еден
од најголемите дисконти во Германија. Платата е фер, а
таканаречениот Work-Life-Balance (баланс помеѓу работата и
приватниот живот) ми одговара. А плус тоа, на работното место
добиваме бесплатно кафе, вода, овошје и зеленчук.
Maтијас: Постојат различни модели на работно време, така што
службениот и приватниот живот лесно можат да се усогласат.
Освен тоа, ни се нудат интересни понуди, како на пр. тимски
настани и приредби, понуди за лизинг преку „Job Rad“, учество
во корпоративни добротворни настани, како и бесплатно
овошје, зеленчук и пијалаци на работното место. Сплотеноста
во тимот и пријатната меѓусебна интеракција исто така
создаваат силна врска со ALDI ЈУГ.

You might also like