You are on page 1of 3

 

10.01.2023

Потрошувачи

Aldi, Lidl, Rewe и компанија – Што


се менува во супермеркетите од
2023
Во 2023 година ќе се сменат доста работи во Aldi, Lidl,
Rewe и компанија. Изнесуваме преглед на она што
потрошувачите треба да го знаат сега.

Од средината на годината, ќе има нова ознака за месото.

Касел - Оваа година ќе има доста промени за муштериите во


супермаркетот. На пример, намирниците повторно ќе поскапат. Откако
минатата година цените на храната драстично пораснаа, ниту годинава не
се гледа олеснување – баш напротив. Многу производители продолжуваат
да ги зголемуваат своите цени, што исто така води до повисоки цени кај
трговците како Rewe, Aldi, Lidl и Edeka.
Годинава, особено брендираните производи ќе бидат значително поскапи.
„Нашата групација Rewe само во Германија имаше зголемување на цените
за брендираните производи кои во првиот квартал изнесуваат повеќе од
една милијарда евра“, изјави шефот на Rewe, Лионел Суке, во интервју за
магазинот Der Spiegel.
Сепак, овој синџирот супермаркети не секогаш сака да биде соучесник во
силните поскапувања. Наместо тоа, во изминатите неколку месеци тие ги
рекламираа приватните марки на Rewe, а некои брендови беа исфрлени од
асортиманот.

Lidl, Aldi, Rewe, Edeka и останатите супер-


маркети: Празнини на рафтовите и скапи
производи
Во интервју, шефот на Rewe изјави дека прехранбените производи
повторно ќе поскапат, најверојатно за околу пет отсто. Причина за
тоа се покачените цени за суровините и енергенсите, кои во
супермаркетите ќе се осетат подоцна.
Според Суке, некои производители би сакале непропорционално да
ги зголемат своите цени. „Муштериите имаат свој праг на
толеранција, и кога тој ќе биде надминат, тие ги баталуваат
омилените марки. Многу мултинационални компании ќе го осетат
тоа“, вели шефот на Rewe.
Според магазинот Focus, потрошувачите треба да бидат подготвени
за повисоки цени првенствено во супрмаркетите и дисконтите како
Aldi, Lidl, Rewe и Edeka, и тоа за следните производи:
 дрогериски артикли
 готови производи
 млечни производи (путер, млеко, сирење и јогурт)
 безалкохолни пијалаци
 кондиторски производи
И други трговци не сакаат да прифатат некои од поскапувањата.
Неодамна, Edeka и Rossmann беа во спор со еден производител
околу цената. Aldi веќе се откажа од преговорите, така што некои
производи повеќе не се достапни. Во 2023 година тоа може
повторно да доведе до празни полици во супермаркетите или до
празнини во асортиманот.

Голема промена во разладните витрини во


Rewe и Edeka: Од 2023 се менува означувањето
на месото
Годинава ќе има промени и во фрижидерите за месо. На
муштериите на Rewe, Edeka и компанија ова треба да им го олесни
увидот во кој вид сместување било чувано животното. Тоа ќе биде
овозможено со новото означување на месото, кое е поделено во пет
фази.

Новото означување на месото ќе биде задожително за германските


добавувачи од јули 2023 година. Ново, исто така, е и тоа дека
добавувачите од странство ќе можат да даваат информации за тоа
како се чуваат животните, известува Германското министерство за
храна и земјоделство. Сепак, за странските добавувачи овие
информации ќе бидат на доброволна основа.

Во иднина, месото ќе биде поделено на пет типа:


Фаза 1 Чување во штала

Фаза 2 Чување во штала со поголем простор

Фаза 3 Штала со свеж воздух

Фаза 4 Чување со движење надвор и престој на


отворено

Фаза 5 Органско

Повеќе нема проспекти на Rewe – измени


од 2023 година
Од летото 2023, компанијата Rewe ќе биде првиот трговец на
мало кој ќе престане да издавање печатени проспекти, и на тој
начин ќе ја прекине долгата традиција. Компанијата сака на тој
начи да стане поодржлива и да штеди хартија.
Муштериите ќе можат и понатаму да ги најдат проспектите, но
во дигитален облик, на пример преку апликацијата на Rewe.
E

You might also like