You are on page 1of 4

14.

април 2016

Новоградбата на Lidl поставува архитектонски


стандарди
Бад Вимпфен. Шефот на концернот, Клаус Герих, пред 400
слушатели во конференциската сала во Бад Вимпфен ја
презентираше планираната централа на Lidl за Германија.
Компанијата ќе се всели кон почетокот на 2019.

„Ние сме сервисна компанија“, нагласи Клаус Герих, шеф на Групацијата


Шварц и претседавач на надорниот совет во Kaufland и Lidl, во понеделникот
вечерта во конференциската сала во градот Бад Вимпфен. „Кај нас се
работи“.
Бизнис шефот го кажа ова со намигнување. Бидејќи, за време на
скородвочасовната информативна приредба во врска со планираната градба
на германската централа на Lidl , повеќе од 400 слушатели во салата добија
впечаток небаре концернот на своите 1300 вработени им гради некаков
велнес храм.
Моќниот футуристички и архитектонски објект се простира на околу четири
хектари. Градежен корпус кој е поврзанподземни булевари и кој однадвор
остава впечаток дека се работи за пет згради со различни форми.
Teрасестиот облик како оризовите полиња во Азија, зградата скалесто се
крева од еден кат до шест ката. „Највисоката точка е висока максимум 20
метри“, вели Волфганг Риле, претседавач на жирито кое меѓу пристигнатите
скици на реномирани архитекти го избра победникот.
Со фитнес-центар
Подземно се предвидени меѓу другото фитнес-центар, логистика и
паркиралиштата за сите вработени. Паркиралишта на отвоено ќе има само
за посетители. Teрасите на објектот се зелени и на фасадата заоблени со со
керамика со природна боја. Меѓу 400-те присутни во салата немаше никој кој
не беше импресиониоран.
„за првпат во историјата на компанијата правиме олкав трошок за една
управна зграда“, рече Герих. Компанијата ќе потроши 20 до 25 милиони евра
повеќе отколку што може да чини една обична функционална зграда. „Aма
ова е важно за нас“, нагласува шефот на концернот, според кој концернот
прави годишен промет од 90 милијарди евра во 31 земја. Во 2017/18 сакаат д
аго освојат и американскиот пазар.

Еден глобален играч се удомува во Бад Вимпфен


Градоначалникот Клаус Брехтер е уверен: „Станува збор за најзначајната
градба и најважната инвестиција во историјата на нашиот град.“ Градскиот
татко е свесен за големите можности и перспективи за Бад Вимпфен. „Но,
ова претставува и енормен предизвик“, вели шефот на градското собрание.
Бидејќи, на Lidl Германија му се брза. Кога ќе се постави камен-темелникот,
Герих не можеше да каже. „сакаме да се вселиме 2019“, вели најмоѓниот
човек на врвот од концернот и додава: „Значи, мислам во почетокот на 2019.“
Lidl за одлучи токму за Бад Вимпфен само благодарение на брзата реакција
на градоначалникот Брехтер, вели Герих. Во Некарсулм, каде што е
седиштето на Lidl, недостаcува потребното место за зголемување. Другите
општини, како на пр. Бад Фридрихсхал или Офенау дури отпосле прашале
дали Lidl сака да дојде кај нив под поинакви услови, рече Герих во
понеделникот вечерта.
Кон предизвиците со коишто сега мора да се справи градот Бад Вимпфен
спаѓа не само издавање градежно одобрение под висок притисок.
Сообраќајот во градот е она што му задава најголема главоболка на
градоначалникот и на многу други граѓани. Градот сега е оптоварен со околу
20 000 возила кои сообраќаат во правец на Бад Рапенау.
Според Волфганд Шредер, сообраќаен експерт од Лудвигсбург, може да се
справи очекуваниот зголемен сообраќај поради присутвото на Lidl. Eдна од
можностите за растоварување би била планираната заобиколница западно
од новоградбата во правец на Биберах.

 
Градоначалникот Клаус Брехтер и шефот на концернот Ѕchwarz,
Клаус Герих пред моделот на идната германска централа на Lidl.
Новата централа на LIDL

You might also like