You are on page 1of 3

09.02.2023, 21.

13

Пофалба од министерот

Aldi повеќе не сака евтино


месо и сувомесни производи
»Надворешна клима« и »Премиум« наместо едноставно
одгледување во штала: По најавената промена со свежото
месо, Aldi сега сака да воведе повисоки стандарди и во
преработката на месо и сувомесни производи .

Разладна витрина во Aldi: Во иднина само трета и четврта


категорија на одгледување

После свежото месо, Aldi го прави следниот чекор во сточарството и


сака и разладеното месо и сувомесните производи комплетно да ги
префрли на двете највисоки категории на одгледување. До 2030
година, дисконтот сака овие производи целосно да ги префрли во
трета и четврта категорија, објавуваат од Aldi.

Како што образложуваат од Aldi, речиси половина од годишната


потрошувачка на месо отпаѓа на месо и сувомесни производи. Затоа
продажбата на овие стоки била од „огромно значење во поглед на
пренасочување на сточарството за да биде поподносливо за
животните“. Оваа новина подеднакво се однесува и на Aldi Југ и на Aldi
Север.
Овој премин кај свежото месо, Aldi го најави во 2021 година, а сега кон
ова се додаваат и преработените производи како салами и колбаси.
Преминот се однесува на означувањето во трговијата: одгледување во
четири категории, кое почнува од категоријата еден со законскиот
минимален стандард, а тоа значи „одгледано во штала“.

Според компанијата, предвиден е план од неколку категории. До 2025


година, Aldi сака во потполност да ги укине стоките од категоријата на
одгледување број 1. Потоа, до 2026, една третина од месните и
сувомесните производи треба да потекнува од категориите три и
четири, а до 2030 година целосно да се премине на двете повисоки
категории на одгледување. Овие категории се „надворешна клима“ и
„премиум“. Се планира повеќе простор за животните, можности за
повеќе вработувања, пристап до свеж воздух, како и подобра сточна
храна.

Сојузниот министер за земјоделство и храна Џем Оздемир ја поздрави


најавената промена. Потрошувачката на месо постојано опаѓа, но во
исто време потрошувачите сакаат животните да бидат одгледувани во
подобри услови, рече тој. „Одговорот на ова е: пазарна економија.
Ништо друго.“

Дисконтот Lidl најави дека до 2025 година ќе го зголемел уделот на


растителни извори на протеини, вклучително поголем број вегански
производи.

Според зборовите на Оздемир, малопродажбата на храна испраќа


важен сигнал до земјоделците дека расте побарувачката за продукти
од aдекватно одгледувани животни и дека од тоа може да се заработи.
На домашните фармери ова им дава сигурна перспектива за
планирање.

Пазарот се менува, рече Оздемир. „Секој оној што се однесува небаре


сѐ ќе си остане така како што си беше, го доведува во опасност
сточарството во Германија и многуте фарми од кои зависат
семејствата“.

Критика од Foodwatch
Од друга страна, критики пристигнаа од организацијата за заштита на
потрошувачите Foodwatch, според која ова било само трик дека со
купувањето на продуктите од категориите три и четири ќе можело
одржливо да се подобри животот на животните. И дека никакво
измамничко (заведувачко) означување на видот на одгледување на
животните не им значи ништо на животните против болестите и
мизеријата, туку биле неопходни детални закони за подобро здравје на
животните.

Greenpeace го поздрави фактот дека, според најавата на Aldi,


евтиното место во супермаркетите сега „сѐ повеќе ќе излегува од
мода“. Исфрлувањето на евтиното месо од рафтовите и во овој
сегмент „ќе значи помалку страдања за животните и поголема заштита
на климата“, изјавија од организацијата за заштита на животната
средина.

You might also like