You are on page 1of 3

06.05.

2022
Промена на правилникот за истакнување на цената

Kaufland, Lidl и Aldi ги менуваат


ценовните етикети: Обврската за
испишување треба да им биде
од корист на муштериите
Од мај па понатаму, супермаркетите ќе мора да го преработат
начинот на истакнување на цените. Причината за ова е еден закон
кој пропишува едно ново задолжително истакнување.

Од мај, супермаркетите и дисконтите ќе мораат да ги сменат


информациите на ценовните етикети.

Некарсулм/Дортмунд – Пазарувањето во време на застои во


испорачувањата и скоковит раст на цените, станува сѐ поскапо. А освен
тоа, сѐ повеќе продукти ги има сѐ помалку.
Пред само некокку дена, Институтот за истражување на пазарот IRI објави
дека после маслото и брашното, Германците натрупуваат уште еден
прехранбен производ. А освен тоа, дел од секојдневните намирници
енормно поскапуваат, кое особено ги погодува потрошувачите со средни и
ниски примања, пренесува порталот www.BW24.de.
Прописи за заштита на
потрошувачите Правилник за индикација на цената
Стапува во сила на 1. јaнуари 1970
Следна промена 28. мај 2022
Обврска за информирање при рекламирање со
намалување на цената, ускладување при
Содржина на промената наведување на основната цена

Kaufland, Aldi и Edeka: Производите за секојдневна


употреба стануваат сѐ поскапи, а нема алтернативи
Со оглед на војната во Украина, купувачите многу малку можат да влијаат
врз на цените. Особено со оглед на тоа дека многу производи се увезуваат
во Германија, кое го отежнува преминот кон алтернативи доколку некоја
земја повеќе не е во можност да испорачува.
Да го земеме за пример маслото од сончоглед: повеќе од 90 отсто од
побарувачката е покриена со увоз, како што се гледа од податоците од
индустријата за преработка на маслодајни семиња во Германија (OVID).
Само испораките од Украина сочинуваат повеќе од 50 отсто.
Ако наеднаш дојде до тесни грла во испораката, муштериите на Kaufland,
Aldi или Edeka отпрвин не ќе можат ни да реагираат. Една можност е да се
откажат, а друга е да се префрлат на алтернативи – доколку се достапни.
Но, со оглед на актуелниот развој на цените во целокупниот прехранбен
сектор, тоа воопшто не е лесно. Според Здружението на индустријата за
преработка на компири, алтернативните производи исто така стануваат сѐ
поскапи.

Законодавците ја поедноставуваат споредбата на цените


во Aldi, Kaufland и Edeka: од крајот на мај, информациите
ќе бидат задолжителни
Особено во сегашнава ситуација е важно да може цените исправно да се
споредуваат, бидејќи не секогаш она што на прв поглед изгледа како
најевтин производ е секогаш и најповолниот во супермаркетот или
дисконтот.
Во одлуката за купување треба да бидат вклучени факторите како што се
количината или можните попусти. Од крајот на мај 2022, на потрошувачите
ќе им биде полесно да ги споредуваат цените на производите. Стапува во
сила нов закон кој ги обврзува сите трговци да наведуваат поедноставена
основна цена.

Што е основна цена?


Основната цена покажува колку чинат 100 грама, 100 милилитри, еден
литар или еден килограм од производот, со вклучен данок. Пример: во
моментов, едно пакување путер (250 грама) чини околу 2,09 евра. Ако
цената се пресмета на еден килограм, се доаѓа до износот од 8,36 евра.
Основната цена може да помогне поточно да се споредат производите еден
со друг.
Kaufland, Edeka или Lidl: Споредување на
брендирани производи и дисконтни стоки –
основната цена е од помош
Досега, супермаркетите и дисконтите како Kaufland или Lidl можеа
сами да се одредат во која единица ќе ги испишуваат своите
основни цени. Вообичаена е информацијата за 100 грама, 100
милилитри, еден литар или едно кило.
Од 28. мај, системот за основна цена ќе биде поедноставен, и
оттогаш па натаму ќе бидат дозволени само информации од
килограм или од литар. Тоа ќе овозможи, меѓу другото, да може
полесно да се споредуваат сопствени марки и и брендирани
производи, без да морате да пресметувате пред рафтовите.
Во случајот со маслото од сончоглед, кое моментално повторно се
нуди во филијалите на Kaufland, ова не е неопходно бидејќи
шишето од 1 литар во моментов е едно од малкуте производи од
сончогледово масло кои се достапни во маркетите.
Проблем којшто на потрошувачите им е познат и кај други
производи, како брашното или квасецот. Како што известува
порталот RUHR24, уште една намирница се заканува наскоро да
стане дефицитарна, а тоа уште повеќе ќе влоши застојот.

You might also like