You are on page 1of 53

Copyright © 2020 by FINKI

Сите права се задржани. Ниту еден дел од ова видеo не смее да биде
репродуцирано, дистрибуирано или пренесувано во ниту една форма и на
ниту еден начин, вклучувајќи фотокопирање, снимање или било кој друг
електронски или механички начин, без претходна дозвола од предавачот,
освен како сублимат во некомерцијални цели дозволени со законот за
заштита на приватност на податоци. За било какви барање, обратете се
електронски до објавувачот на оваа видео содржина.
Copyright © 2020 by FINKI
All rights reserved. No part of this publication may be reproduced, distributed,
or transmitted in any form or by any means, including photocopying, recording,
or other electronic or mechanical methods, without the prior written permission
of the publisher, except in the case of brief quotations embodied in critical
reviews and certain other noncommercial uses permitted by copyright law. For
permission requests, write to the publisher of this video.
3
ПОБАРУВАЧКА И ПОНУДА
© 2012 Pearson Addison-Wesley
По изучувањето на оваа глава, ќе можете да:

-Да го опишете пазарот и да размислувате за


цената како опортунитетен трошок

-Да го објасните влијанието на побарувачката

-Да го објасните влијанието на понудата

-Да објасните како побарувачката и понудата ги


определуваат цените и количествата кои се
продаваат и купуваат

-Да го користите моделот на понуда и побарувачка


за да предвидувате за промените на цените и
количествата

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Што ги натера цените на нафтата и гасот да
станат двојно поголеми за само една година?

Дали цената на нафтата ќе продолжи да расте?

Дали нафтените компании ги искористуваат


луѓето?

Некои цени растат, некои паѓаат, некои


флуктуираат.

Оваа глава објаснува како пазарите ги


определуваат цените и зошто цените се
менуваат.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Пазар и цени

Пазар е секој аранжман кој овозможува продавачите и


купувачите да добијат информации и да прават бизнис
едни со други.
Конкурентен пазар е пазар кој има многу купувачи и
многу продавачи така што ниту еден поединечен
продавач или купувач не може да влијае врз цената.
Цена во пари на производот е количеството пари
потребно да се купи тој производ.
Релативна цена на производот-коефициентот на
неговата цена во пари со цената во пари на следниот
најдобар алтернативен производ-е неговиот
опортунитетен трошок.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Побарувачка

Ако побаруваш (demand) нешто, тогаш ти


1. Го сакаш,
2. Можеш да си го дозволиш, и
3. И дефинитивно планираш да го купиш.
Сакањето ги претставува неграничените желби на
луѓето за производи и услуги. Побарувачката ги
отсликува одлуките кои желби да се задоволат.
Количеството кое се побарува од еден производ или
услуга е количеството кое потрошувачите планираат
да го купат во одреден временски период, и по
определена цена.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Побарувачка

Законот за побарувачка
Законот за побарувачка гласи:
Доколку другите работи остануваат константни, колку
што е повисока цената на производот, помало е
количеството кое се побарува; и
Колку што е пониска цената на производот, поголемо е
количеството кое се побарува.
Законот за побарувачка е резултат на
§ Ефектот на замена, супституција
§ Ефектот на приходи
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Побарувувачка

Ефектот на супституција
Кога релативната цена (опортунитетниот трошок) на
еден производ или услуга расте, луѓето бараат
замена за него, така што се намалува количеството
кое се побарува од тој производ или услуга.
Ефект на приходи
Кога цената на еден производ или услуга расте во
однос на приходите, луѓето не можат да си ги
дозволат сите работи кои претходно ги купувале,
така што се намалува количеството кое се побарува
од тој производ или услуга.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Побарувувачка

Крива на побарувачката и план на побарувачката -


Demand Schedule
Поимот побарувачка се однесува на целокупниот
однос меѓу цената на производот и количеството кое
се побарува од тој производ.
Кривата на побарувачка го покажува односот меѓу
количеството кое се побарува од еден производ и
неговата цена во случај кога сите други влијанија и
планирани купувања од клиентите остануваат исти.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Побарувачка
Сликата 3.1 ја прикажува кривата на побарувачка на
energy bars.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Побарувачка
Во случај кога се друго е
константно, покачувањето
на цената предизвикува
намалување на
количеството кое се
побарува и движење
нагоре по должината на
кривата на побарувачка.
Намалувањето на цената,
во случај кога се друго е
константно, предизвикува
зголемување на
количествата кои се
побаруваат и движење
надолу по должината на
кривата на побарувачка.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Побарувачка

Желба и способност да се
плати - Willingness and
Ability to Pay
Кривата на побарувачка е исто
така крива на желба-и-
способност-да-се-плати.
Колку што е помало
количеството што е достапно,
повисока е цената која што
некој е подготвен да ја плати
за уште едно парче.
Подготвеноста за плаќање е
мерка за маргиналната
корист.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Побарувачка

Промена во побарувачката
Кога постојат влијанија врз плановите за купување
различни од промената на цената на производот,
постои промена во побарувачката на тој производ.
Количеството на производот кое луѓето планираат да
го купат се менува за секоја цена, така што се
формира нова крива на побарувачка.
Кога побарувачката расте, кривата на побарувачка се
поместува кон десно.
Кога побарувачката се намалува, кривата на
побарувачка се поместува кон лево.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Побарувачка

Шест главни фактори ја менуваат побарувачката:


§ Цените на поврзаните производи
§ Очекувани идни цени
§ Приходот
§ Очекуваниот иден приход и кредит
§ Населението
§ Вкусовите

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Побарувачка

Цени на поврзани производи


Супститут е производ кој може да се користи наместо
друг производ.
Комплемент е производ кој се користи поврзано (in
conjunction) со друг производ.
Кога цената на супститутите на energy bar се покачува,
или кога цената на комплементите на energy bar се
намалува, побарувачката за energy bars се зголемува.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Побарувачка

Очекувани идни цени


Ако се очекува дека цените на еден производ ќе растат,
тековната побарувачка за тој производ се зголемува и
кривата на побарувачка се поместува кон десно.
Приход
Кога приходите растат, потрошувачите купуваат повеќе од
најголем број производи и кривата на побарувачка се
поместува кон десно.
Нормален производ е оној за кој побарувачката се
зголемува кога приходите растат.
Инфериорен производ е оној за кој побарувачката се
намалува како што растат приходите.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Побарувачка

Очекуван иден приход и кредит


Кога приходите се очекува да растат или кога е лесно
да се земе кредит, побарувачката може да се зголеми
сега.
Население
Колку е поголем бројот на население, поголема е
побарувачката за сите производи.
Вкусови
Луѓе со ист приход имаат различни побарувања ако
имаат различни вкусови.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Побарувачка

Слика 3.2 прикажува


зголемување во
побарувачката.
Бидејќи energy bar е
нормален производ,
зголемување на
приходот ја зголемува
побарувачката на
energy bars.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Побарувачка

Промена на
количеството кое се
побарува наспроти
промена на
побарувачката
Слика 3.3 ја илустрира
разликата меѓу
промената на
побарувачката и
промената на
количеството кое се
побарува.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Побарувачка

Движење по должината
на кривата на
побарувачка
Кога се менува цената на
производот и се останато
останува исто, се менува
количеството кое се
побарува и се појавува
движење по должината
на кривата на
побарувачка.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Побарувачка

Поместување на
кривата на
побарувачка
Ако цената остане иста,
но некое од другите
влијанија врз плановите
на купувачите се
промени, побарувачката
се менува и кривата на
побарувачка се
поместува.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Понуда
Ако една фирма нуди производ или услуга, тогаш таа фирма
1. Ги има ресурсите и технологијата да го произведе,
2. Може да направи профит од неговото производство, и
3. Има направено дефинитивен план да го произведе и
продаде.
Реурсите и технологијата определуваат што е возможно
да се произведе. Понудата ја рефлектира одлуката за тоа
кои парчиња, кои е технолошки возможно, да се произведат.
Понудено количество на производ или услуга е
количеството кое производителите планираат да го
продадат во даден временски период по определена цена.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Понуда
Закон на понудата
Законот на понудата гласи:
Ако другите работи останат исти, колку е повисока цената
на производот, поголемо количество се нуди; и
Колку е пониска цената на производот, помало е
количеството што се нуди.
Законот за понуда е резултат на општата тенденција на
маргиналниот трошок во производството на производ или
услуга, да се зголемува како што произведеното количество
се зголемува (Chapter 2, page 35).
Производителите се расположени да понудат производ
само ако можат да ги покријат своите маргинални трошоци
на производство.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Понуда

Крива на понудата и план на понудата - Supply


Schedule
Поимот понуда се однесува на целокупниот однос меѓу
понуденото количество и цената на стоката.
Кривата на понуда го покажува односот меѓу
понудените количества на стоката и нејзината цена
кога сите влијанија врз плановите за продажба на
производителот остануваат исти.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Понуда

Сликата 3.4 ја прикажува


кривата на понуда на
energy bars.
Покачувањето на цената
на energy bar, во случај
кога сите други работи
остануваат исти,
предизвикува
зголемување на
понуденото количество.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Понуда

Цена на минимална
понуда
Кривата на понуда исто
така е крива на минимална-
цена-на-понуда.
Како што произведеното
количеството се зголемува,
се зголемуваат
маргиналните трошоци.
Најниската цена по која
некој е подготвен да
продава се покачува.
Оваа најниска цена е
маргиналниот трошок.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Понуда

Промена во понудата
Кога ќе се промени некое од влијанијата врз плановите
за продажба на производот освен цената, постои
промена во понудата на тој производ.
Количеството на производи кое производителите
планираат да го произведат се менува за секоја цена,
така што се формира нова крива на понуда.
Кога понудата расте, кривата на понудата се
поместува кон десно.
Кога понудата се намалува, кривата на понудата се
поместува кон лево.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Понуда

Пет главни фактори ја менуваат понудата на


производи:
§ Цените на факторите на производство
§ Цените на поврзаните стоки
§ Очекувани идни цени
§ Бројот на понудувачи
§ Технологија
§ Состојбата на природата - State of nature

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Понуда

Цени на факторите на производство


Ако цената на еден фактор на производство кој се
користи за производство на еден производ расте,
минималната цена која што понудувачот е подготвен
да ја прифати за производство на определено
количество од тој производ исто така расте.
Затоа, порастот на цената на еден фактор за
производство ја намалува понудата и ја поместува
кривата на понудата кон лево.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Понуда

Цени на произведени поврзани производи


Супститут во производство за еден производ е друг
производ кој може да се произведе со користење на
истите ресурси.
Понудата на производот се зголемува ако цената на
супститутот во производство паѓа.
Стоките се комплементарни во производство ако
мораат да бидат произведени заедно.
Понудата на еден производ се зголемува ако цената
на комплементот во производство расте.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Понуда

Очекувани идни цени


Ако се очекува да расте идната цена на производот,
понудата на производот денес се намалува и кривата
на понуда се поместува кон лево.
Број на понудувачи
Колку е поголем бројот на понудувачи на еден
производ, поголема е понудата на производот.
Зголемување на бројот на понудувачи ја поместува
кривата на понудата кон десно.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Понуда
Технологија
Напредокот во технологијата креира нови производи и
ги намалува трошоците за производство на
постоечките производи.
Затоа, напредокот во технологиите ја зголемува
понудата и ја поместува кривата на понудата кон
десно.
Состојба на природата
Состојбата на природата ги вклучува сите природни
сили кои влијаат врз производството—на пример,
времето.
Природна катастрофа ја намалува понудата и ја
поместува кривата на понуда кон лево.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Понуда

Сликата 3.5 покажува


зголемување на понуда.
Напредокот во
технологијата за
производство на energy
bars за зголемува
понудата на energy bars
и ја поместува кривата
на понуда кон десно.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Понуда

Промена во понуденото
количество наспроти
промена во понудата
Слика 3.6 ја илустрира
разликата меѓу промена
во понудата и промена во
понуденото количество.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Понуда

Движење по должината
на кривата на понуда
Кога цената на
производот се менува и
другите влијанија врз
плановите на
продавачите остануваат
исти, понуденото
количество се менува и
се појавува движење по
должината на кривата на
понудата.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Понуда

Поместување на
кривата на понудата
Ако цената остане иста,
но некое друго влијание
врз плановите на
продавачите се промени,
понудата се менува и
кривата на понудата се
поместува.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Пазарна рамнотежа - еквилибриум
Еквилибриум е ситуација во која спротивставените
сили се во меѓусебна рамнотежа. Еквилибриум на
пазарот се појавува кога цената ги урамнотежува
плановите на купувачите и на продавачите.
Цената на урамнотежување е цената по која
количеството кое се побарува е еднакво со
количествот кое се нуди.
Количеството на урамнотежување е количеството кое
е продадено и купено по цената на урамнотежување
§ Цената ги регулира плановите за купување и
продавање.
§ Цената се прилагодува кога плановите не се
совпаѓаат.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Пазарна рамнотежа
Цената како регулатор
Слика 3.7 ја илустрира
цената на
урамнотежување и
количеството на
урамнотежување.
Ако цената е $2.00 по
парче, количеството кое
се нуди го надминува
количеството кое се
побарува.
Постои вишок од 6М
energy bars.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Пазарна рамнотежа

Ако цената е $1.00 по


парче, количеството на
побарувачка го
надминува понуденото
количество.
Постои недостиг од 9М
парчиња.
Ако цената е $1.50 по
парче, количеството кое се
побарува е еднакво на
количеството кое се нуди.
Нема ниту вишок ниту
недостиг на energy bars.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Пазарна рамнотежа
Прилагодувања на цената -
Price Adjustments
По која било цена над цената
на рамнотежа, вишокот ја
спушта цената надолу.
По која било цена под цената
на рамнотежа, недостигот ја
турка цената нагоре.
Во точката на цена на
рамнотежа, плановите на
купувачите и на продавачите
се согласуваат и цената не се
менува се додека некој
настан не ја смени или
понудата или побарувачката.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Предвидување промени на цена и
количество

Зголемување на
побарувачката
Слика 3.8 прикажува дека
кога побарувачката расте
кривата на побарувачка се
поместува кон десно.
Ако се задржи првичната
цена, се појавува недостиг.
Цената расте, и понуденото
количество се зголемува по
должината на кривата на
понудата.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Предвидување промени на цена и
количество
Зголемување на страна
на понудата
Слика 3.9 прикажува дека
кога се зголемува
понудата кривата на
понудата се поместува
кон десно.
Ако се задржи првичната
цена, се појавува вишок.
Цената паѓа и количеството
кое се побарува се
зголемува по должината на
линијата на побарувачка.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Предвидување промени на цена и
количество

Сите можни промени кај


понудата и
побарувачката
Променета понуда,
побарувачка, или двете
ја менува цената на
рамнотежа и
количеството на
рамнотежа.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Предвидување промени на цена и
количество

Промена во
побарувачка без
промена во понуда

Кога побарувачката
расте, се појавува
движење нагоре по
должината на кривата на
понудата.
Цената на рамнотежа
расте и количеството на
рамнотежа се зголемува.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Предвидување промени на цена и
количество

Кога побарувачката се
намалува, цената на
рамнотежа паѓа и
количеството на
рамнотежа се намалува.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Предвидување промени на цена и
количество

Промена кај понудата


без промена на
побарувачката

Кога понудата расте, се


појавува движење
надолу по должината на
кривата на побарувачка.

Цената на рамнотежа
паѓа и количеството на
рамнотежа се
зголемува.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Предвидување промени на цена и
количество

Кога понудата се
намалува,

Цената на рамнотежа
расте и количеството на
рамнотежа се намалува.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Предвидување промени на цена и
количество
Зголемување и на понуда и
на побарувачка

Зголемување на понудата и
зголемување на
побарувачката го зголемува
количеството на рамнотежа.

Промената во цената на
рамнотежа е неизвесно
бидејќи зголемувањето на
побарувачката ја покачува
цената на рамнотежа а
зголемувањето на понудата ја
намалува.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Предвидување промени на цена и
количество
Намалување на понудата и
побарувачката

Намалување на понудата и
побарувачката го намалува
количеството на рамнотежа.

Промената на цената на
рамнотежа е неизвесна
бидејќи намалувањето на
побарувачката ја намалува
цената на рамнотежа а
намалувањето на понудата ја
покачува.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Предвидување промени на цена и
количество
Намалување на
побарувачката и
зголемување на понудата

Намалување на
побарувачката и зголемување
на понудата ја намалува
цената на рамнотежа.

Промената на количеството
на рамнотежа е неизвесно
бидејќи намалувањето на
побарувачката го намалува
количеството на рамнотежа а
зголемувањето на понудата го
зголемува.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Предвидување промени на цена и
количество
Зголемување на
побарувачката и намалување
на понудата

Зголемување на
побарувачката и намалување
на понудата ја зголемува
цената на рамнотежа.

Промената во количеството на
рамнотежа е неизвесно
бидејќи зголемувањето на
побарувачката го зголемува
количеството на рамнотежа а
намалувањето во понудата го
намалува.
© 2012 Pearson Addison-Wesley

You might also like