You are on page 1of 56

Copyright © 2020 by FINKI

Сите права се задржани. Ниту еден дел од ова видеo не смее да биде
репродуцирано, дистрибуирано или пренесувано во ниту една форма и на
ниту еден начин, вклучувајќи фотокопирање, снимање или било кој друг
електронски или механички начин, без претходна дозвола од предавачот,
освен како сублимат во некомерцијални цели дозволени со законот за
заштита на приватност на податоци. За било какви барање, обратете се
електронски до објавувачот на оваа видео содржина.
Copyright © 2020 by FINKI
All rights reserved. No part of this publication may be reproduced, distributed,
or transmitted in any form or by any means, including photocopying, recording,
or other electronic or mechanical methods, without the prior written permission
of the publisher, except in the case of brief quotations embodied in critical
reviews and certain other noncommercial uses permitted by copyright law. For
permission requests, write to the publisher of this video.
2
ЕКОНОМСКИОТ ПРОБЛЕМ
По изучувањето на оваа глава, ќе можете да:

-Дефинирате граница на производствени можности и да


ја примените при пресметка на опортунитетни трошоци

-Разликувате меѓу производствени можности и вкусови и


да опишете ефикасна алокација на ресурси

-Да објасните како тековните избори за производство ги


зголемуваат идните производствени можности

-Да објасните како специјализацијата и трговијата го


зголемуваат производствените можности

-Да ги опишете економските институции кои ги


координираат изборите
Зошто храната чини многу повеќе во споредба со цените од
пред неколку години?

Една од причините е што денес дел од посевите со пченка ги


користиме за производство на биодизел, почиста замена за
бензин.

Друга причина е што сушата во некои делови од светот го


намали производството на житарки во светот.

Ние користиме економски модел—граница на


производствените можности—за да дознаеме зошто
производството на биодизел и сушата го зголемија трошокот за
производство на храна.

Ние исто така го користиме овој модел за да проучиме како


можеме да ги зголемиме нашите производствени можности;
како ние добиваме кога тргуваме со другите; и зошто се
развиле општествените институции.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Производствени можности и
опортунитетен трошок

Границата на производствените можности (production


possibilities frontier - PPF) е границата меѓу оние
комбинации на стоки и услуги кои можат да се
произведат и оние кои не можат.

За да ја илустрираме PPF, ќе се фокусираме на два


производи истовремено и ќе ги задржиме количествата
на сите други стоки и услуги константни.

Значи, ќе го набљудуваме еден економскиот модел во


кој се останува исто (ceteris paribus) освен двете стоки
кои ги испитуваме.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Граница на производствените можности и
опортунитетен трошок

Границата на производствените можности

Слика 2.1 ја прикажува PPF за два производи: кола и пица.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Граница на производствените можности и
опортунитетен трошок
Која било точка на границата како на пример E и која
било точка внатре во PPF како на пример Z се можни,
остварливи.

Точките вон PPF се неостварливи.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Граница на производствените можности и
опортунитетен трошок

Ефикасност на
производството
Ефикасност на
производството (со
најнизок можен трошок)
се постигнува кога не
можеме да произведеме
повеќе од еден производ
без да произведуваме
помалку од некој друг
производ.

Точките на границата се
ефикасни.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Граница на производствените можности и
опортунитетен трошок

Која било точка во


границата, како на
пример Z, е неефикасна.
Во таа точка, можно е да
се произведува повеќе
од еден производ, без
да се произведува
помалку од некој друг.
Во точката Z, ресурсите
се или неискористени
или погрешно
алоцирани.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Граница на производствените можности и
опортунитетен трошок
Tradeoff по должината
на PPF

Секој избор по
должината на PPF
вклучува компромис -
tradeoff.
На оваа PPF, ние мора
да се откажеме од
некоја кола за да
добиеме повеќе пици,
или да се откажеме од
некоја пица за да
добиеме повеќе коли.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Граница на производствените можности и
опортунитетен трошок

Опортунитетен трошок

Како што се движиме


надолу по PPF,

ние произведуваме
повеќе пици, но
произведеното
количество коли се
намалува.

Опортунитетниот трошок
на пицата е
непроизведената кола.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Граница на производствените можности и
опортунитетен трошок
Движејќи се од E до F:

Количеството пица се
зголемува за 1М.

Количеството кола се
намалува за 5М лименки.

Опортунитетниот трошок
на петтиот милион пици
е 5М лименки кола.

Една од тие пици чини 5


лименки кола.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Граница на производствените можности и
опортунитетен трошок
Движејќи се од F до E:

Количеството кола се
зголемува за 5М
лименки.

Количеството пици се
намалува за 1М.

Опортунитетниот трошок
на првите 5М лименки
кола е 1М пици.

Една од тие лименки


кола чини 1/5 пица.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Граница на производствените можности и
опортунитетен трошок
Опортунитетниот
трошок е коефициент,
сооднос
Забележете дека
опортунитетниот трошок
на лименка кола е
инверзна вредност од
опортунитетниот трошок
на пица.
Една пица чини 5
лименки кола.
Една лименка кола чини
1/5 од пица.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Граница на производствените можности и
опортунитетен трошок
Зголемување на
опортунитетниот
трошок
Бидејќи ресурсите не се
подеднакво продуктивни
кај сите активности, PPF
се свива кон надвор.

Свивањето кон надвор на


PPF значи дека ако се
зголемува произведеното
количеството на стоки, се
зголемува и
опортунитетниот трошок.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Ефикасна употреба на ресурсите
Сите точки кои лежат на PPF се ефикасни.

За да се определи кои од ефикасните количества да се


произведуваат, ги споредуваме трошоците и користа -
costs and benefits.

Кога стоките и услугите се произведуваат со најнизок


можен трошок и во количества кои обезбедуваат најголеми
можни придобивки, постигната е алокативна ефикасност.

PPF и маргинален трошок

PPF го определува опортунитетниот трошок.


Маргиналниот трошок на стока или услуга е опортунитетен
трошок од произведување на уште едно парче од стоката
или услугата.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Ефикасна употреба на ресурсите
Сликата 2.2 го
илустрира
маргиналниот трошок
за една пица.
Како што се движиме
по PPF,
опортунитетниот
трошок на пицата се
зголемува.
Опортунитетниот
трошок за
производство на уште
една пица е
маргинален трошок на
пицата.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Ефикасна употреба на ресурсите

На оваа слика е
илустриран
опортунитетниот
трошок на пицата кој
се зголемува.
Црните точки и MC
линијата го прикажуваат
маргиналниот трошок од
производството на пица.
MC кривата минува низ
центарот на секоја лента.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Ефикасна употреба на ресурсите

Вкусови и маргинална придобивка


Вкусови - преференци се опис на она што на поединецот
му се допаѓа или не му се допаѓа.

За да се опишат вкусовите, економистите ги користат


поимите маргинална корист и кривата на маргинална
корист.

Маргинална корист на стока или услуга е користа која се


добива од консумирање на уште едно парче од стоката или
услугата.

Маргиналната корист ја мериме со износот кој еден


поединец е подготвен да плати за дополнително парче од
стоката или услугата.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Ефикасна употреба на ресурсите

Општ принцип е дека:

Што поголемо количество имаме од една стока,


помала е маргиналната корист и …
Помалку сме подготвени да платиме за дополнително
парче од стоката или услугата.

Овој општ принцип го нарекуваме закон за опаѓачка


маргинална корист.

Кривата на маргиналната корист го покажува односот


меѓу маргиналната корист на стоката и консумираното
количество од таа стока.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Ефикасна употреба на ресурсите
Во точката A, со 0.5М достапни пици, луѓето се
подготвени да платат 5 лименки кола за една пица

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Ефикасна употреба на ресурсите
Во точката B, со 1.5М пици на располагање, луѓето
се подготвени да платат 4 лименки кола за една пица

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Ефикасна употреба на ресурсите
Во точката E, со достапни 4.5М пици, луѓето се
подготвени да платат 1 лименка кола за една пица

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Ефикасна употреба на ресурсите
Линијата која минува низ овие точки ја покажува
маргиналната корист на пицата

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Ефикасна употреба на ресурсите

Ефикасна алокација

Кога не можеме да произведеме повеќе од еден


производ без да се откажеме од друг производ, ние
сме постигнале производствена ефикасност.

Ние произведуваме на точка која лежи на PPF.

Кога не можеме да произведуваме повеќе од еден


производ без да се откажеме од друг производ кој го
вреднуваме повеќе, ние сме постигнале ефикасна
алокација.

Ние произведуваме на точка на PPF која ја


преферираме повеќе од сите други точки.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Ефикасна употреба на ресурсите
Слика 2.4 ја илустрира
ефикасната алокација.
Точката на ефикасната
алокација е точка на PPF
каде што маргиналната
корист е еднаква на
маргиналниот трошок.

Оваа точка е определена


со износот во кој кривата
на маргинална корист се
сече со кривата на
маргинални трошоци.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


© 2012 Pearson Addison-Wesley
Ефикасна употреба на ресурсите
Ако произведеме помалку
од 2.5М пици,
маргиналната корист е
поголема од
маргиналниот трошок.
Ние добиваме повеќе
вредност од нашите
ресурси со производство на
повеќе пици.
На PPF во точката A, ние
произведуваме премалку
пици.
Подобро е да се
придвижиме по PPF за да
произведеме повеќе пици.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Ефикасна употреба на ресурсите
Ако произведуваме повеќе
од 2.5М пици,
маргиналниот трошок ја
надминува маргиналната
корист.
Ние добиваме поголема
вредност од нашите
ресурси со производство на
помалку пици.
На PPF во точката C, ние
произведуваме премногу
пици.
Подобро е да одиме нагоре
по PPF за да
произведуваме помалку
пици.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Ефикасна употреба на ресурсите
На PPF во точката B,
ние произведуваме
ефикасни количества на
пица и кола.
Ако произведуваме
точно 2.5М пици,
маргиналниот трошок е
еднаков на
маргиналната корист.

Ние не можеме да
добиеме повеќе
вредност од нашите
ресурси.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Економски раст
Експанзијата на производствените можности—и
подобрување на животниот стандард—се нарекува
економски раст.

Два клучни фактори влијаат врз економскиот раст:

§ Технолошки промени
§ Акумулација на капитал
Технолошки промени е развој на нови производи и
подобри начини на производство на производи и
услуги.

Акумулација на капитал е раст на капиталните


ресурси, што вклучува и човечки капитал.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Економски раст

Чинење на економскиот раст

За да користиме ресурси во истражување и


развој и да произведуваме нов капитал, мора да
го намалиме производството на стоки и услуги за
широка потрошувачка.

Така, економскиот раст не е бесплатен.

Опортунитетниот трошок на економскиот раст е


помалку тековна потрошувачка.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Економски раст
Слика 2.5 го илустрира
компромисот со кој се
соочуваме.

Ние може да
произведуваме пици или
фурни за пица по
кривата PPF0.

Со користење на дел од
ресурсите за
производство на фурни
за пица денес, PPF се
поместува кон надвор во
иднина.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Економски раст во САД и Хонг Конг
Во 1969 год., производствените
можности по глава на жител во
САД беа повеќе од четири пати
повисоки отколку оние во Хонг
Конг. САД додели една петтина
од своите ресурси на акумулација
на капитал и во 1969 беше на
точката А на границата на
производствени можности. Хонг
Конг додели една третина од
своите ресурси. Од 1969, двете
земји доживеаја економски раст,
но бидејќи Хонг Конг одвои
поголем дел од своите ресурси за
акумулација на капитал, неговите
производствени можности растеа
побрзо. Во 2009,
производствените можности по
глава на жител во Хонг Конг
достигнаа 94% од оние на САД.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Придобивки од трговијата

Компаративна предност и апсолутна предност

Поединец има компаративна предност во една


активност ако тој поединец ја извршува активноста по
понизок опортунитетен трошок од сите други.

Поединец има апсолутна предност ако тој поединец


е попродуктивен од другите.

Апсолутна предност споредува продуктивност, а


компаративна предност споредува опортунитетни
трошоци.

Да видиме како Лиз и Џо работат со своите


кафулиња.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Придобивки од трговијата
Liz's Smoothie Bar

Лиз може да произведе


30 природни сокови или
30 салати за еден час.

Опортунитетниот
трошок на Лиз за
производство на 1
природен сок е 1 салата.
Опортунитетниот трошок на Лиз за производство на 1 салата е
1 природен сок.
Клиентите на Лиз купуваат салати и природни сокови во
еднаков број, така што таа произведува15 природни сокови и
15 салати на час.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Придобивки од трговијата

Joe's Smoothie Bar


Џо може да произведува 6 природни сокови или 30 салати
на час.
Опортунитетниот трошок
на Џо за производство на
1 природен сок е 5
салати.
Опортунитетниот трошок
на Џо за производство на 1
салата е 1/5 природен сок .
Џо троши 10 минути во правење салати и 50 минути во правење
природни сокови, така што тој произведува 5 природни сокови и
5 салати на час.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Придобивки од трговијата

Компаративна предност на Лиз


Опортунитетниот трошок на Лиз за природен сок е 1
салата.

Опортунитетниот трошок на Џо за природен сок е 5


салати.
Опортунитетниот трошок на Лиз за природен сок е
помал од оној на Џо.
Затоа Лиз има компаративна предност во
производство на природни сокови.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Придобивки од трговијата

Компаративна предност на Џо
Опортунитетниот трошок на Џо за салата е 1/5
природен сок.
Опортунитетниот трошок на Лиз за салата е 1
природен сок.
Опортунитетниот трошок на Џо за салата е помал
од оној на Лиз.
Затоа Џо има компаративна предност во
производство на салати.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Придобивки од трговијата
Постигнување добивки
од трговијата

Лиз и Џо произведуваат
производ кај кој имаат
компаративна предност:

< Лиз произведува 30


природни сокови и 0
салати.
< Џо произведува 30
салати и 0 природни
сокови.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Придобивки од трговијата
Лиз и Џо тргуваат:

< Лиз му продава на Џо 10


природни сокови и купува
20 салати.

<Џо и продава на Лиз 20


салати и купува 10
природни сокови.
После размената:

<Лиз има 20 природни сокови


и 10 салати.

<Џо има 20 природни сокови


и 10 салати
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Придобивки од трговијата

Придобивки од трговијата:

< Лиз добива 5 природни


сокови и 5 салати повеќе
на час

< Џо добива 5 природни


сокови и 5 салати повеќе
на час

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Придобивки од трговијата
Слика 2.6 ги прикажува придобивките од трговијата.

Џо првично произведува на точката A на неговото PPF.

Лиз првично произведува на точката A на нејзиното PPF.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Придобивки од трговијата
Опортунитетниот трошок на Џо во производството салати
е помал од оној на Лиз.

Затоа, Џо има компаративна предност во производство на


салати.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Придобивки од трговијата
Опортунитетниот трошок на Лиз во производството на
природни сокови е помал од оној на Џо.

Затоа, Лиз има компаративна предност во производство


на природни сокови.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Придобивки од трговијата

Џо се специјализира во производство на салати и тој


произведува 30 салати на час во точката B на неговиот
PPF.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Придобивки од трговијата

Лиз се специјализира во производство на природни


сокови и произведува 30 природни сока на час во точката
B на нејзиниот PPF.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Придобивки од трговијата
Тие тргуваат салати за природни сокови по должина на
црвената “Линија на тргување.”

Цената на салата е 2 природни сокови или цената на


природниот сок е ½ салата.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Придобивки од трговијата
Џо купува природни сокови од Лиз и се движи до
точката—точка надвор од неговиот PPF.

Лиз купува салати од Џо и се движи кон точката C—точка


надвор од нејзиниот PPF.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


САД и Кина имаат придобивки од
трговијата
Во Глава 1 прашавме дали глобализацијата е од општествен интерес.
Она што го научивте за придобивките од трговијата, дава голем дел од
одговорот. Имаме придобивки од специјализација и трговија.

Придобивките што ги постигнуваме од меѓународната трговија се слични


на оние што ги постигнаа Џо и Лиз. Кога Американците купуваат облека
што се произведува во Кина и кога Кина купува авиони „Боинг“
произведени во САД, луѓето од двете земји добиваат.

САД може да се движи по PPF произведувајќи помалку авиони и повеќе


јакни. Слично на тоа, Кина може да се движи по својот PPF
произведувајќи повеќе авиони и помалку јакни. Но, секој би изгубил.
Опортунитетниот трошок на јакните во САД и на авионите во Кина ќе
се зголеми.

Со специјализацијата за авиони и трговија со Кина, САД ги добива јакните


по пониска цена од онаа со која може да ги произведува, а Кина ги
добива своите авиони по пониска цена од онаа со која може да ги
произведува.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Економска координација

За да се искористат добивките од трговијата, изборите


на поединците мора да бидат координирани.

За да функционира таа координација, четири


комплементарни општествени институции се развиле
низ вековите:

§ Фирми
§ Пазари
§ Сопственост
§ Пари

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Економска координација

Фирма е економска единица која ангажира фактори на


производство и ги организира тие фактори за да
произведува и продава производи и услуги.
Пазар е секој договор кој им овозможува на
продавачите и купувачите да добијат информации и да
прават бизнис едни со други.
Сопственост се општествени договори кои ја
регулираат сопственоста, користењето и
располагањето со ресурси, производи или услуги.
Пари се секоја стока или симбол кој е општо
прифатлив како средство за плаќање.

© 2012 Pearson Addison-Wesley


Економска координација
Кружен тек низ
пазарите

Сликата 2.7 илустрира


како домаќинствата и
фирмите влегуваат во
меѓусебна интеракција
во пазарната
економија.

Факторите на
производство, стоките
и услугите течат во
една насока.

Парите течат во
обратна насока.
© 2012 Pearson Addison-Wesley
Економска координација

Координација на
одлуките

Пазарите ги
координираат
поединечните
одлуки преку
корекции на цените.

© 2012 Pearson Addison-Wesley

You might also like