You are on page 1of 8

Финанскиска писменост

Финансии и финансирање

Изабела Трпкоска
Финансирање

Финансирање е процес на обезбедување
или зголемување на износот на финансии
во претпријатиет.
Трошоци

Трошоци се паричен израз на потребите
за нормално функционирање на
бизнисот.
Постојат три вида на
трошоци

Еднократни трошоци/трошоци за започнување

Трошоци од продажба/трошоци од продаден
произбод

Оперативни трошоци
Трошоци за започнување на
бизнис
-Трошоците за започнување се
еднократни трошоци за започнување на
бизнисот. На пример, за еден бизнис како
пица сервис како почетни трошоци може
да се вклучат простор за производство,
печка, миксер, фрижидер, почетни залихи
на суровини за правење на пица, маси за
подготовка, возила.
Трошоци од продажба
-Секоја продажба создава и определен вид на
трошок кој се нарекува трошок од продажба. На пример,
трошоците на
продажба на еден пица-сервис претставуваат трошоците за
намирниците за
производство на пицата, трудот вложен во производството и
трошоци за
испорака на производот. Со зголемување на бројот на
продадени пици се
зголемува и овој трошок. Пред да се започне со дефинирање
на трошоци на
продажба ќе треба да се дефинира продажна единица (едно
парче производ,
еден час од услуга, еден килограм месо, еден литар
лимонада…). Најчесто се
користи единицата во која и се продава производот или
услугата.
Оперативни трошоци
-Оперативните трошоци за бизнисот се оние
трошоци кои се неопходни за нормално
функционирање на бизнисот без да се вклучат
трошоците на продадени производи или услуги.
Најчесто оперативните трошоци може да се
поделат во 6 категории и тоа: режиски трошоци
(електрична енергија, бензин, телефон, вода,
ѓубре…), плати за вработени, рекламирање,
осигурување, камати и наемнини. Едноставно овие
трошоци ќе постојат без разлика дали
претпријатието ќе продава или нема да продава.
Поими за приход, расход
и добивка

Приход
- Приход е влезна пара за една компанија од продажба
во одреден временски период.

Расход
-Расход се вкупните трошоци кои компанијата ги прави
во одреден временски период.

Добивка
-Добивката е разликата од приходот и расходот во
ореден временски период.

You might also like