You are on page 1of 12

Доо-Друштво со ограничена одговорност

“ЕКО ФУД”

БИЗНИС ПЛАН ЗА
ПРОИЗВОДСТВО НА ОРГАНСКА ХРАНА
Содржина

1.ОПШТИ ПОДАТОЦИ

2.ОПИС НА ПРОЕКТОТ

3.МАРКЕТИНГ ПЛАН

4.СРЕДСТВА И ВИДОВИ СРЕДСТВА

5.ИЗВОРИ И НАЧИНИ НА ФИНАНСИРАЊЕ

6.ТРОШОЦИ, ВИДОВИ И НИВНО ПЛАНИРАЊЕ

7.МЕНАЏМЕНТ, ФУНКЦИИ НА МЕНАЏМЕНТОТ И ВРАБОТЕНИ

8.SWOT АНАЛИЗА

9.РЕЗИМЕ
1.ОПШТИ ПОДАТОЦИ

Име: ЕКО ФУД

Адреса: ул. Орце Николов бр.3, Кавадарци

Телефон: 044165004

E –mail: ekofud@gmail.com

Лице за контакт: Дарко Божиноски

ЕМБ на фирмата: 6453935000

Даночен број: 4030058032956

Жиро сметка: 210066950611059

Деловна банка: НЛБ Тутунска банка

Датум на прва регистрација: 12.04.2015

Структура на сопственост: приватна

Основачи: Дарко Божиноски и Кристијан Петровски

Управител: Дарко Божиноски

Шифра на дејност: 10.86 Производство на прехранбени производи


2.ОПИС НА ПРОЕКТОТ

ОСНОВАЊЕ НА ПРЕТПИЈАТИЕТО
Претпријатието е основано во 2018 година како друштво со ограничена
одговорност –ДОО од двајца содружници.
Дејност на претпријатието е производство и дистрибуција на органска храна.
Локацијата на претпријатието е во Кавадарци од причина што таму најдовме
најповолни услови за негово формирање и понатамошен развој. Имаме
добиено концесија на државно земјоделско земјиште од 5 декари (5000 м2).
Истовремено имаме склучено договор за закуп на хангар за складирање на
земјоделските производи и во истиот имаме посебен дел опремен во кој се
врши пакување и подготовка на производите до маркетите од каде стигаат
до крајните потрошувачи.
Се занимаваме со производство на неколку видови овошје и зеленчук. Околу
2 декари имаме лозов насад и 1 декар насади од праски. На останатите 2
декари произведуваме домат, пипер, морков, зелка, кромид, цвекло,
краставица и компир.

При основање на фирмата тргнавме од 3 основни постулати (столбови)


 Визија
 Мисија
 Цел
Визија
Во време на брз живот, брзата исхрана со неквалитетна храна произведена
со хемиски препарати-пестициди и инсектициди е причина за голем број
заболувања поради што сакаме да се обидеме да влијаеме на начинот на
размислување на потрошувачите преку промовирање и искористување на
потенцијалите да ги поттикнеме на нов животен стил-преку здрава исхрана
до здрав живот.

Мисија
Да се обезбеди првокласна услуга за потрошувачите
Да се промовира здрава исхрана
Да се постават нови стандарди во Македонија и пошироко

Цели и очекувања
Прва цел е задоволувањето на потребите на нашите потрошувачи, втора цел
е да се оствари профит. Прва цел ни се потрошувачите од причина што без
задоволни потрошувачи не може да се постигне профит.
Вложеното се очекува да се врати во рок од 5 години целосно, а во текот на
шестата година да се забележи добивката. После тој период можеме да
размислуваме за проширување на нашиот бизнис.

3. МАРКЕТИНГ ПЛАН (ПАЗАР, ПОНУДА, ПОБАРУВАЧКА, ЦЕНИ И ФУНКЦИИ


НА ПАЗАРОТ)

Поимот пазар означува размена на добра, услуги, капитал, пари меѓу


економските субјекти во една економија. Ние, секојдневно ги следиме
промените на пазарот и се трудиме да се прилагодиме на истите. Во
директен и индиректен контакт (преку маркетите) сме со потрошувачите за
да можеме да ги задоволиме нивните потреби, што покрај профитот е главна
цел на секој бизнис.

Понуда подразбира различните количества на добра и услуги кои бизнисите


ги произведуваат во одредено време по различни цени.

Побарувачката претставува количество на добра и услуги кои потрошувачите


ги купуваат за да ги задоволат своите потреби, во определено време, по
определена цена и определени услови.
Цената е во пари искажана вредност на некое добро или услуга кои се нудат
на пазарот. Ние се трудиме цените да бидат во границите на нормалата за
секој потрошувач да може да си ги дозволи-рамнотежна цена.

Наша цел е квалитетни производи со квалитетна услуга. Убаво спакувани


органски производи со декларација за производство, љубезна и
ненаметлива комуникација, навремена достава на производите до
маркетите и крајните потрошувачи во однапред договорени количини.
Најдобар показател за доброто функционирање на нашето претпријатие е се
поголемиот број на маркети заинтересирани за продажба на нашите
производи. Во секое време сме отворени за сугестии, коментари и
конструктивни критики како би можеле да ги подобриме нашите услуги.

4.СРЕДСТВА И ВИДОВИ СРЕДСТВА


Средствата се материјална основа во работењето на бизнисот и услов за
негов опстанок и развој.
Фиксни – постојани средства се оние средства кои по нивното купување
остануваат во претпријатието подолго од една година, односно се
употребуваат повеќекратно во процесот на производство:
 -магацинот за складирање на суровини и материјали
 -инсталациите
 -целокупната опрема
 -машините
 -алатите
 -транспортните средства

Фиксни средства:
 Нематеријални вложувања
 Материјални вложувања
 Долгорочни финансиски вложувања

 Нематеријални вложувања спаѓаат основачките вложувања, патентот,


лиценца-сертификат и концесијата
-основачките вложувања-трошоци за изработка на документација,
стручно оспособување и усовршување на вработените
-Патентот претставува регистриран пронајдок
-сертификатот претставува стекнување право од надлежен орган да се
занимаваме со производство на органска храна
-концесијата претставува овластување да се користат јавни комунални
добра, да се експлоатира државно земјиште.

 Материјалните вложувања –долгогодишните насади, машини, опрема,


суровини, транспортни средства и сл.

 Долгорочни финансиски вложувања се парични средства што бизнисот


ги вложуваво бизниси што соработуваа со него, средства вложени во
банки и хартии од вредност.

Тековни средства се оние средства кои во претпријатието се задржуваат


краток временски период и постојано ја менуваат својата форма.
o -Парични средства и хартии од вредност
o -Краткорочни побарувања
o -Краткорочни финансиски вложувања
o -Залихи
5.ИЗВОРИ И НАЧИНИ НА ФИНАНСИРАЊЕ

Секое претпријатие па и ние имаме потреба да користиме финансиски


средства преку кои остваруваме континуиран процес на финансирање, кој се
менува во зависност од менувањето на условите на користење на
расположивиот капитал.
Финансирањето претставува настојување да се обезбедат доволно
финансиски средства неопходни за нормално одвивање на работата и
развојот на бизнисот.
Нашиот бизнис е финансиран со сопствени извори на финансирање во вид на
влогови од 2 содружници. Тие средства ги искористивме за регистрација на
фирмата и за плаќање на кирија за закуп на хангар. Имавме недостаток на
парични средства па подигнавме долгорочен кредит со рок на враќање на 10
години, за набавка на земјоделски машини, транспортни средства и
суровини.

6.ТРОШОЦИ, ВИДОВИ И НИВНО ПЛАНИРАЊЕ

Трошоците претставуваат во пари искажани плаќања што претпријатието ги


врши за ангажирање на факторите за производство.

 Фиксни трошоци- Трошоци за закупнина, амортизација, камати,


позајмени долгорочни кредити, осигурување итн.

 Варијабилни трошоци- трошоци за суровини и репроматеријали,


трошок за енергија, плати на работниците, горива итн.

 Вкупни трошоци – збирот на фиксните и варијабилните трошоци.


7.МЕНАЏМЕНТ, ФУНКЦИИ НА МЕНАЏМЕНТОТ И ВРАБОТЕНИ

Улогата на менаџментот во претпријатието е да го води работењето, да ги


води менаџерите и да ги води работниците во правец на остварување на
целите преку следниве функции:
 Планирање
 Организирање
 Раководење
 Контролирање

Претпријатието има 7 вработени на неопределено време кои се одговорни


за целокупното непречено функционирање на претпријатието. Со оглед дека
се работи за претпријатие чија дејност во голем дел зависи од сезонските
производи, во текот на годината во различни временски периоди
ангажираме и сезонски работници. Сите работници мора да ги поседуваат
следниве компетенции

 Стручност
 Кооперативност
 Чесност
 Организаторски способности
 Решителност
 Друго
8. SWOT АНАЛИЗА

SWOT анализа

ЈАКИ СТРАНИ СЛАБИ СТРАНИ

Слаба застапеност на пазарот Слаба промоција на пазарот

Квалитетна храна Слаба информираност за квалитетот


на производот

Здрава храна МОЖНОСТИ

Органска храна Странски и домашни инвестиции,


ширење на бизнисот, отворање на
работни места
Македонски производ ЗАКАНИ

Поволна цена Работа со расиплива стока, новитет на


пазарот

Стручен кадар
9.РЕЗИМЕ

Не е никаква тајна дека многу производители на храна со цел да постигнат


што поголем профит, употребуваат голем број пестициди кои се опасни по
здравјето. Јаболко произведено на тој начин изгледа прекрасно но и по
неговото миење во себе може да задржи околу 30 различни пестициди. Тоа
можеби е добро за профитот на производителот, но секако не е добро за
нашето здравје.
Познато е дека органски произведената храна содржи и до 50% повеќе
хранливи материи, витамини и минерали. Освен тоа вкусот и мирисот на
здравата органска храна битно се разликува од вештачки произведената и
пружа потполно уживање.
Се добива со примена на методи на органско производство во сите фази на
производство. Производство без употреба на пестициди, инсектициди и
вештачки ѓубрива.
Затоа доколку се грижите за вашето здравје и здравјето на вашето семејство
определете се за органска храна, а кога еднаш ќе се навикнете на неа веќе
никогаш нема да се вратите на масовно произведено и нездраво овошје и
зеленчук без вистински вкус. Само со здрава храна можеме до здрав живот и
здрави поколенија.
ИЗРАБОТИЛЕ:
 Дарко Божиноски
 Кристијан Петровски

СЕПУГС “ВАСИЛ АНТЕВСКИ ДРЕН” - IV 11

You might also like