You are on page 1of 27

УНИВЕРЗИТЕТ ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП

Предмет:
Практична настава
Тема:
Бизнис План

Ментор: Изработил:
Проф. Д-р Анета Стојановска-Стефанова Дамјан Спасовски
Бр. на индекс: 176939

Скопје 2021

1
1. Вовед
Денес се повеќе се зборува за тоа дека секојдневната исхрана е штетна за
нашето здравје. Исто така продуктите кои што ги конзумираме секојдневно
се исполнети со штетни материи за нашето здравје. Премногу шеќери,
масти и отровни материи со кои се контаминирани и основните
прехрамбени продукти.
Нашата цел е оваа состојба да се измени.Начинот на исхрна да е правилен и
исполнет со сите потребни состојки за да можеме да функционираме.
Со оглед на фактот дека се што денес конзумираме е “нездраво“ и дека
динамичното секојдневие ни налага да се храниме неправилно и да
внесуваме штетни материи во организмот всушност се основен мотив за ние
да се одлучиме да основаме ваков вид на бизнис. Во нашата земја се повеќе
има заболени лица од масти, дијабетис и други болести кои се
предизвикани од неправилниот начин на исхрана.
Многу мал дел од граѓаните се претпазливи и се грижат за правилниот
начин на исхрана. Всушност сметаме дека овој бизнис освен што ќе им
помогне на луѓето да се хранат здраво исто така ќе придонесе да се намалат
болестите и секако ќе ја исполни нашата основна цел односно остварување
на профит.

Healthy Life ресторан кој е визија за подобра и поздрава исхрана која ќе


нема никакви штетни хранливи материи и ќе овозможи лушето да си ги
извршуваат своите обврски без проблеми бидејќи здравата храна односно
правилниот начин на исхрана ќе овозможи да се активираат сите функции
на човековото тело

2
Општи податоци за бизнисот

Име на бизнисот: Ресторан Healthy Life


Адреса: бул. Јане Сандански 71А - Аеродром
Тел/факс: (+389) 78 409 575 (+389) 78 409 456
Е-маил: helthy.life@gmail.com
Лице на контакт: Филип Јовиќ / Симона Трајковска
ЕМБ на фирмата: 2089563
Даночен број на фирмата: 4030999102674
Жиро сметка: 200000000005469
Деловна банка: Стопанска банка АД. - Скопје
Датум на прва регистрација: 15.03.2017
Структура на сопственост: приватна
Број на вработени: 18
Шифра ана дејност: 56.10

3
2.

2. Опис на проектот
- Состојба на гранката
Разгледувајќи ги услужните гранки на ниво на РМ и пошироко дојдовме до
заклучок дека и покрај тоа што угостителството како услужна гранка е многу
застапена сепак има простор за започнување на еден ваков бизнис. Всушност
многу малку од рестораните денес внимаваат на примената на здравата храна,
односно сметаме дека има простор во угостителството за ваков бизнис бидејќи со
самото засновање на бизнисот ќе влијае врз свеста на граѓаните за правилната
исхрана која ќе помогне да си го сочуваме здравјето. Едиствен проблем на кој
наидовме при истражувањето и анализирањето на гранкатаа всушност се
потрошувачите. Бидејќи тие се навикнати на храната која ја нудат обичните
ресторани не можеме да претпоставиме како ќе реагираат на овој вид храна која ја
нуди нашиот ресторан, но со оглед на фактот дека денес во светот се повеќе се
зборува за здравата храна и правилниот начин на исхрана сепак сметаме дека овој
проблем е решлив бидејќи потрошувачите би можеле да увидат кои се
придонесите и позитивните страни би можеле да увидат кои се придонесите и
позитивните страни на самата храна како и на тоа дека истата помага да го
сочуваме здравјето и да живееме во спокојство и хармонија

- Цели и очевукања
Отварањето на овој ресторан освен што ќе ги задоволи потребите на
потрошувачите, односно ќе им помогне да си го сучуваат здравјето и да имаат
правилен налчин на исхрана кој ќе ги заштити од болест, исто така сметаме
дека ќе придонесе за остварување на профит, подоцна и екстра – профит.
4
Вложеното очекуваме да се врати во рок од 1 година, а подоцна и да се
оствари добивка којаќе овозможи за проширување на овој бизнис. Исто така
очекуваме дека овој вид на бизнис ќе послужи како пример за останатие, да
применат здрава храна во нивната услуга.

- Опис на производство
Услужна – угостителска дејност ресторан за здрава храна.

- Вид на инвестиција
Инвестиции во фиксни средства 560.000 денари
Инвестиции во тековни средства +365.000 денари
Вкупна инвестиција 925.000 денари

- Финансиска структура
Учество на компанијата (сопствени средства) 525.000 денари
Донација + 300.000 денари
Други инвеститори + 100.000 денари
Вкупна инвестиција = 925.000 денари

- Временски план на реализација на инвестицијата


Ресторанот Healthy Life се очекува да започне со работа 2 месеци по добивање
на дозволата за работа, односно инсталацијата на сите потребни средста и
опремување мна просторор на ресторанот.

- Нови работни места

5
Земајќи и го фактот дека станува збор за ресторан кој нуди здрава храна при
самото отпочнување со работа потребно е да се вработат 18 вработени луѓе
меѓу кои 4 ќе бидат со завршено високо образование, 6 ќе имаат завршено
средно стручно угостителско образование, 3 ќе имаат завршено средно
стручно образование и обука за готвење на здрава храна, 4 ќе бидат со
завршено средно или основно образование и секако раководител на
ресторанот.

3. Маркетинг план
- Опис на услугата
Ресторанот нуди услуга која ќе ни овозможи да живееме здраво, односно
понудата е здравата храна која се подготвува на најсофистициран можен
начин на готвење, во посебни услови кои се предвидени со меѓународните
стандарди за подготовка на здрава храна. Ресторанот е место каде можете да
го поминете времето за ручек со вашето семејство и притоа да се храните
здрао и да се грижите за вашето здравје. Исто така дел од услугата е и самиот
прибор во кој се готви и сервира храната. Тој прибор пред се се состои од
керамичка облога која го спречува упивањето на масти во храната и го
сочувува свежиот вкус на храната. Кога станува збор за храната таа опфаќа
многу видови на јадења (предјадење, главно јадење и десерт) кои се
комбинираат и го прават нашиот организам отпорен на многу болести.

- Споредба на услугата со конкуренција


Во близина на нашиот ресторан се наоѓаат повеќе реномирани ресторани кои
преставуваат конкуренција, но позитивната страна е тоа што Healthy Life е еден од
6
малкуте ресторани кој нуди здрава храна, односно храна која не подлежи на
штетни хранливи материи. Во поглед на услугата квалитетот на храната која ја
нудиме се издвојува од конкуренцијата бидејќи и се посветува повеќе внимание
при подготовка и не се користат општите состојки, туку природни состојки кои и
даваат таков карактер на храната. Во поглед на цената исто така можеме да
направиме позитивна предност пред конкуренцијата, но тоа би не чинело
дополнителна загуба во првите месеци на работење, бидејќи доколку ги симнеме
цените на стартот на работење може да наидеме на проблем кој може да доведе
до пропаѓање на бизнисот, но тој проблем ќе се реши со маркетинг стратегијата
односно промоцијата.

АНАЛИЗА НА КОНКУРЕНТСКИТЕ ПРОИЗВОДИ


Особини Предложен бизнис Конкурент 1 Конкурент 2
Ресторан Healthy Life Бон-апетит Eko-food
Квалитет на производ 1 2 2
Цена 3 1 2
Еколошки аспект 1 2 3
Заштитно име 4 2 1
Употреба 1 1 2
Посебни вкусови 1 4 4

Рангирање:
7
1 –

Истакнато; 4 – Доволно;
2 – Многу задоволнително; 5- Незадоволително
3 – Добро;

- Пазарна област
Healthy Life е проект кој се стреми да се прошири на пазарот нис цела земја, па
и низ Балканот. Како проект за здрава храна смтаме дека со голем напор,
внимание,труд и ефикасност можеме да создадеме ланес на рсторани кои ќе
преминат во бренд кој ќе биде познат во Р. Македонија и другите земји на
Балканот. Но за почеток сметаме дека треба да се освои пазарот на Скопје. Со
отворање на еден ресторан ќе видиме дали вреди да се вложува во бизнисот и да
се шири низ другите градови во земјата и пошироко на Балканот.

- Главни купувачи
Овој ресторан не поставува посебни стандарди ниту пак одредена група нма
граѓани кои се централни односно главни потрошувачи. Всушност овој ресторан и
храната која ја нуди е наменет за сите генерации односно за сите оние кои сакаат
да се хранат здраво и да си го заштитат организмот од било какви штетни материи
и болести. Сите оние кои се подготвени да се хранат здраво и да се откажат од
брзата храна, храната полна со масти и шеќери се всушност нашите главни
купувачи – оние кои се добредојдени во нашиот ресторан.Кога станува збор за
купувачите како дел од основните фактори за опстанок на бизисот треба да се
обрне поголемо внимание за начинот на давање на услугата односно на самиот
8
изглед на самиот изглед на послугата, потоа учтивоста,самиот ентериер на
ресторанот и со тоа ќе постигнеме подобар квалитет на услугата и голем број на
посетители кои ќе бидат наши главни купувачи.

- Вкупна побарувачка
Кога станува збор за вкупната побарувачка на нашиот “производ“ всушност
треба да се направи целосно испитување на пазарот и на сите оние ресторани
кои нудат здрава храна на своето мени. Во Македонија многу мал дел од
рестораните нудат здрава храна и всушност тоа е преност за развој на нашиот
бизнис бидејќи со тоа вкупната побарувачка на нашата услуга ќе порасне и со
тоа ќе можеме да ги вратиме вложените средства за помалвременски период.
Најнапред, со отварање на овој ресторан очекуваме побарувачката да се
одвива на пониско ниво, оддносно нумерички гледано очекуваме дневно да
доаѓаат по 50 лица кои ќе остваруваат трошок од 1500 денаари во првите три
месеци работа. Подоцна со самиот маркетинг очекуваме вкупната
побарувачка да порасне и дневно да го посетуваат 150 – 200 потрошувачи кои
ќе остварат трошок за услугата од 1000 до 1500 денари и подоцна по
изминување на една година активно работење бројот на дневни посетители
да порасне и да оствариме поголем профит. На годишно ниво очекуваме
најмалку 70 000 до 80 000 посетители.

- Истражување на пазарот
Во опкружувањето на овој бизнис нема многу слични на него, односно има
ресторани кои нудат храна која не е здрава односно храна која изобилува со
штетни хранливи материи. Сите овие ресторани кои во својата услуга освен
што нудат храна тие исто така нудат и алкохолни пијалоци кои не се својствени

9
за “Healthy Life“. Токму тоа прави предност во однос на
конкуренцијата,односно со самото тоа што денес луѓето се грижат за своето
здравје и внимаваат каква храна конзумираат пред се тие сакаат да се хранат
правилно и здраво и да ги внесат сите потребни материи,а да ги избегнат оние
кои се штетни за нивното здравје и тоа придонесува да сметаме дека во
иднина нашиот ресторан ќе биде посетуван од сите генерации односно
потрошувачи кои се совесни и се грижат за своето здравје.
За формирање на подобри односи со посетителите истражуваве и заклучивме
дека амбиентот и послугата се многу важни, односно просторијата треба да е
светла, затоплена и да има атмосфера која ќе им овозможи удобност, а
послугата треба да биде ведра и секогаш подготвена за комуникација.

- Листа на продавачи/увозници
Услугата која ние ја нудиме е многу малку застапена во областа во која е
сместен бизнисот. На пазарот нема многу продавачи кои ја нудат оваа услуга.
Вслуштност нудењето на храна е многу застапено на пазарот во РМ, но
понудата на здрава храна е многу ретка, односно нема многу голема
распостранетост на пазарот. Сметаме дека предност стекнуваме во тоа што
при анализирање на пазатор наидовме на само 2 ресторани кои нудат здрава
и на повеќе ресторани кои нудат храна која е вообичаена и која ја
конзумираме секојдневно. Овие два ресторана “Бон-апетит“ и “Eko-food“
продажбата на својата услуга ја остварува во секој период во годината, но не
константно се истиот интензитет. Забележавме пад на продажбата на крајот
од летната сезона и на почеток на зимската.Овие два ресторана се единствени
кои ни конкурираат бидејќи само тие нудат слична храна на нашата.

Продажб I II III IV V VI VII VIII IX X XI XII


а
X

10
Висока X X X X X
Средна X X X X X

X
Ниска

ТАБЕЛА-Движење на продажбата
- Листа на купувачи
Пред реализација на самиот проект исто така извршивме анализа на купувачи
и создадовме листа на купувачи. Најчесто најзаинтересирани лица за нашата
услуга се луѓето на 20-25 годишна возраст, но исто така заинтересираност
гледаме кај луѓето кои се грижат за своето здравје 40 – 50 години и секако
најмалата категорија на лица – деца од 15 годишна возраст.
На пазарот спроведовме анкета во која поставивме 3 најзначајни прашања:
1. Дали јадете здрава храна?
2. Колку се грижите за правилна исхрана и здравјето?
3. Дали би се хранеле во ресторан кој нуди многу богата,разновидна и здрава
храна?
На овие три прашања добивме одговори кои ги очекувавме. Исто така
внимаваат храната да биде подготвена на најдобар начин. Последното
прашање беше клучно за засновање на бизнис план на овој проект,
купувачите сакаат ресторан кој ќе им нуди најдобар начин и правилна
исхрана. Поради секојдневните обврски луѓето не се во можност да
приготвуваат храна која ќе им ги задоволи потребите и истата ќе биде
здрава и поради тоа сметаат дека треба да се отвори нов ресторан кој ќе
нуди храна која ќе биде здрава, но исто така и вкусна.

11
- Удел во пазарот
Со пред направените истражувања на пазарот, конкуренцијата, потрошувачите
и другите субјекти сметаме дека нашиот ресторан ќе има влијателна улога и
удел во пазарот бидејќи е еден од ретките и неколкуте ресторани кои нудат
ваков вид на храна. Сметаме дека со самото постоење и успешно
функционирање на ресторанот подолг период значително ќе се зголеми
неговото влијание на пазарот. Од истражувањето создадовме табела која е
водич за одредување на уделот во пазарот. Сметаме дека уделот на пазарот
на нашиот бизнис ќе се движи од 20% -30%

Водич за одредување на удел во пазарот


Број на Нивна големина Особини на Удел во пазарот
конкуренти производ (во %)
Два Мали Слични 20-30

- Предвидување на продажбата
Кога станува збор за продажбата, сметаме дека продажбата на нашата услуга
ќе се одвива со успех односно очекуваме дека побарувачката за здрава храна
ќе се зголеми и со тоа ќе оствариме поголем профит преку продажба на
здравата храна која ја нудиме вклучувајќи ги и останатите споредни услуги.
Секако во првата година не очекуваме да работиме со максимален аутпут
односно не очекуваме голема побарувачка односно продажба на нашата
храна,но по секој изминат месец очекуваме позитивен раст на побарувачката.
Во првата година пресметавме дека би оствариле профит кој ќе биде
негативен (мал) или еднаков со сложените средства.Но со постојано работење
и со изминување на повеќе години успешно работење сметаме дека ќе
настапи забележителен пораст на продажбата и со тоа ќе оствариме повеќе
профит.

12
-
П
родажна цена
Продажна цена приближно пресметано за порција од храната која ја нудиме
ќе се движи од 350 до 400 денари.
А – Над – трошковен метод
Продажната цена е основен показаттел на работењето на секој бизнис, колку
поекономинчко работење толку пониска цена, со оглед на тоа дека ние
нудиме здрава храна трошоците кои би ги направиле ќе ги сведеме на
минумум, но и покрај тоа ќе се обидеме да ја одржиме прилично ниската цена
на почетокот на работата на Healthy Life со цел бизнисот да излезе од така
наречената „криза на лидерство“ односно да ја преброди фазата на
организациско раѓање.
Трошоците при производство во просек би изнесувале 175 000 денари на
месечно ниво ( во нив спаѓаат трошоците за обртни средства, средства за
подготовка на храната).
Трошоците за маркетинг, администрација и финансиските трошоци би
изнесувале приближно 195 000 денари (во овие трошоци се вклучени платите
на вработените, социјалното,инвалидското и пензиското осигурување,
данокот како и самата промоција на ресторанот и др).
Вкупноста на трошоците би изнесувала 370 000 денари на месечно ниво, при
што сметаме дека со направени трошоци од 370 000 денари би можеле да
призведеме околу 1000 порции од различен вид и дополнителен број од 500
порции.
Вкупни трошоци = 175 000 + 195 000 = 370 000 денари.
Вкупни приходи = 1000п * 400 ден. = 400 000 денари.
Вкупни приходи – Вкупни трошоци = Профит.
400 000 ден. – 370 000 ден. = 30 000 денари.

13
Профитот на месечно ниво со ваков начин на пресметка би изнесувал 30 000
денари.

- Промоција
Промоцијата на нашиот ресторан ќе се изведе на повеќе начини. Пред се со
почит на самото отварање ќе се изврши и самата промоција на која сите
посетители ќе имаат шанса бесплатно да ги дегустираат сите производи кои ги
нудиме. На самото отварање ќе присуствуаат и мас-медиумите и со тоа ќе се
изврши главната промоција на бизнисот.Исто така ќе направиме промоција по
пат на брза, редовна и учтива услуга на нашите потрошувачи односно
вработените ќе ги исполнуваат нарачките навремено без грешки.

- Маркетинг стратегија
Нашата маркетинг стратегија е тоа да одржуваме што е можно пониски
цени,правејќи помали помали трошоци се додека ресторанот не се претвори
во поголем и постабилен бизнис.
Планираме додека оваа фаза на развој не помине, промоцијата да ја
зголемиме со тоа што финансиските средства кои можеме да ги вложиме во
промоција да ги искористиме на најдобар можен начин. Најпрво да оствариме
директен контакт со потрошувачите односно да имаме комуникација со цел да
го претставиме ресторанот и неговите погодности. Потоа со делење на флаери
и др пропагандни летоци да оствариме помалку трошоци за промоција, но
сепак да ја изведеме на најдобар можен начин.
Во околината на ресторанот ќе оставаме флаери како и поставување на
билборди и постери низ целиот град. Сметаме дека директната промоција ќе
биде најдобра маркетинг стратегија која ќе ја воспоставиме, но исто така и
14
промоцијата на ресторанот по пат на попусти и кои нема да бидат голема
штета на бизнисот.

- Трошоци за маркетинг
Кога станува збор за трошоците при промоција сметаме дека на почетокот
треба да вложиме повеќе финансиски средства бидејќи промоцијата е
елемент кој е многу важен за понатамошен развој на претпријатието. На
почетокот од работата сметаме дека во никој случај не можеме да работиме
со добивка.
Сметаме дека за почеток треба да издвоиме 120 000 ден. За промоциа на
ресторанот. Во овие финансиски средства би се пресметале трошоците за
отварање – главна промоција – присуство на медиуми, флаери, плакати,
билборди како и платите за лицата кои ќе извршат директна маркетинг
промоција и комуникација со потенцијалните потрошувачи.
Трошоците за маркетинг се основа за понатамошен развој на претпријатието.
Поради тоа ние сметаме дека промоцијата треба да биде изведена на
најдобар можен начин и со најдобра применета маркетинг стратегија

ТАБЕЛА НА ТРОШОЦИ ЗА МАРКЕТИНГ


Средства наменети за отворање – главна 63 000 денари
промоција на бизнисот
15
Средства наменети за 35 000 денари
флаери,постери,билборди и други
материјали
Средства наменети за плата на лицата кои 22 000 денари
ќе извршат промоција преку директна
комуникација со потенцијалните
потрошувачи
Вкупни средства наменети за промоција на 120 000 денари
бизнисот

4. План за производство
- Погон, инфраструтура
Пред се нашиот ресторан ќе биде дел од новиот трговски центар Capitol Mall &
Residence во општина Аеродром. Просторот во кој е сместен нашиот ресторан се
наоѓа на површина од 80 м2. Во истиот објект имаме електрична енергија, вода
како и сите други потребни услови за работа.Сметаме дека овој простор со кој
располагаме е доволен за да го задоволиме бројот на посетители и да извршиме
успешна реализација на сите работни задачи.
Самата локација на бизнисот според нас претставува предност поради тоа што со
тоа сме во директна комуникација и контакт со потрошувачите и на тој начин ќе
можеме да ги запознаеме сите посетители со нашите услуги и да стекнеме повеќе
клиенти.

- Производствен процес
Пред се производствениот процес на нашиот бизнис е главно содржан во
подготовката на здрава храна и пијалоци. Фазата на производство започнува
16
на начин што се набавувааѕ потребните материјали и суровини за работа
односно за производство – готвење на храна. Откако ќе набават потребните
суровини започнува процесот на производство односно готвење.Најпрво се
подготвуваат сите потребни материјали (овошјето,зеленчукот,состојките и сл.)
истите се мијат,прочиствуваат и складираат. Потоа се средува опремата за
готвење (чинии и други садови кои се потребни за готвење) потоа се
обработува сета потребна храна за да се приготви јадењето.
Откако ќе се изврши овој процес на производство и ќе се добие целосно готов
производ (порција) следи фазата на услужување – послуга која е исто така
многу важна. И последна фаза на производствениот процес е подготовка на
искористената опрема за повторна намена.

- Опрема, машини, возила


Како опрема за нашиот бизнис ние го снабдиивме бизнисот со 4 работни маси
и 2 комплетни кујни. Исто така просторот го опремивме со 3 шпорети, 3
ладилници, 4 соковници како и сета друга опрема. Целиот простор во кој се
готви е опремен со сите потребни елементи, а на готвачите и другите
вработени им се обезбедени униформи и други специјални облеки наменети
за готвење според поставените стандарди за готвење на здрава храна. Исто
така бизнисот располага со 2 комбиња кои служат за дистрибуција на
потребните материјали и суровини кои се набавуваат и се користат при
производство.

- Суровини и материјали

17
За да можеме да извршиме производство на здрава храна пред се треба да
набавиме потребни материјали и суровини како што се зеленчукот, овошјето,
зачините, сосовите, риба и другите состојки за производство. Заради тоа
сметаме дека однапред треба да ја предвидиме количината на сите овие
материјали и суровини.

ПОТРЕБНИ СУРОВИНИ И МАТЕРИЈАЛИ НА МЕСЕЧНО


НИВО
Вид на суровина Количина (кг)
Зеленчук 600
Овошје 600
Риба 500
Зачини 50
Сосови 30
Свежо пилешко месо 200
Други состојки 15

- Потребна работна сила


Како и во секој бизнис така и кај нас има потреба од работна сила. Работната
сила е исто така клучен фактор за развој на претпријатието односно бизнисот.
За таа цел ние сметаме дека за почетокот со работа ни се потребни 15
вработени лица како и двајца партнери. За нормално функционирање на
бизнисот нам ни се потребни: 1 менаџер, 6 келнери, 3 готвачи, 3 хигиеничари,
1 финансиски работник и 1 правен консултант.

18
-
-
-
Планирање на реализација
Нашиот бизнис се опиентира кон производство на здрава храна. При
производството ние се грижиме таа да биде разновидна и богата. Оваа храна
опфаќа повеќе видови на специјалитети. Пред се тоа свежите овошни салати,
свежите зеленчукови салати, овожните јогурти и сокови, соковите од зеленчук,
риба приготвена на здрав начин со маслиново масло и други вкусни
специјалитети кои се готват на здрав начин кои не содржат голем број на
масти и шеќер.

ТАБЕЛА НА ГОТОВИ ПРОИЗВОДИ НА ШЕСТ МЕСЕЧНО


НИВО
Производи Количина (порции) (л)
Овошни салати 12 000
Зеленчукови салати 10 000
Риба со сосови 13 000
Почнето пилешко 9 000
Овошни сокови 10 000
Зеленчукови сокови 5 000
Вкупно производи 59 000

5. Организација и менаџмент
- Правна форма

19
Друштво на угостителски услуги – “HEALTHY LIFE“ – ДОО Скопје
- Квалификации напретприемачот
Сопствениците на овој бизнис имаат вискок степен на образование во областа на
туризмот и угостителството, но немаат доволно работно искуство од само 2 години
во областа на менаџирање и управување.
Познаваат два страна јазици ( англиски и германски)и тоа придонесува да ги
привлечат туристите во својот ресторан. Недоволното работно искуство е причина
за вработување на менаџер во претпријатието.

- Број на вработени и квалификации


Ресторанот располага со скупно 15 вработени и 2 сопственика, сите со
соодветно образование и искуство, внимателно избрани поради квалитетите
кои ги поседуваат и услугата која можат да ја понудат на потрошувачите.

- Административни трошоци
-ТРОШОЦИ ЗА ПЛАТА – 165 000 денари
-КАНЦЕЛАРИСКИ ТРОШОЦИ – 5 000 денари
-ВКУПНИ ТРОШОЦИ – 170 000 денари

20
6. Финансиска анализа
- Инвестициски и финансиски план
Инвестицискиот и финансискиот план се клучни моменти во кои сопственикот
на претпријатието ќе увиди дали неговата бизнис – идеја и неговиот бизнис – план
се остварливи и дали истиот тој бизнис може да се пласира на пазарот и при тоа
успешно да работи.
При изработка на финансиската анализа, ние детално ги опфаќа и
инвестицискиот и финансискиот план. Инвестицискиот план ги содржи сите
потребни елемнети со цел да се запознаеме со вкупниот број на потребни средства
за почеток со работа на бизнисот.
Потоа во финансискиот план ги наведовме средства со кои располагаме и кој дел
од нив се сопствени влогови,кој део од банкарски кредит и донации.
Најважно е што увидовме дека средствата со кои располагаме се доволни за
почеток со работа и отварање на бизнисот со што вкупните инвестиции се
совпаднаа со вкупното финансирање. Средствата кои се основа за работа ги
обезбедивме и со тоа дојдовме до заклучот дека имаме огромни шанси за успех на
пазарот.
Со цел подобро и подетално да се согледаат средствата кои се потребни и
обезбедени од наша страна, направивме табела на инвестицискиот и
финансискиот план.

21
7. SWOT анализа
- Јаки страни
Јаките страни на нашиот ресторан се резултат на нашиот избор за почеток на
бизнисот, односно резултат на нашите способности и искуство во раководењето на
ресторанти.
- Користење на искључиво свежа и здрава храна
(подготовката на сите оброци во ресторанот се базира на здрава храна –
зеленчук, овошје, риба, пилешко месо и др. Исто така при подготвување на
храната не се користаат штетни состојки, храната ги задржува здравите
хранливи материи.)
- Користење на MASTERPIECE садови за готвење
(овие садови се набавени од продавниците на “ZEPTER“. Во комплетот за
готвење има тави, соковници и други садови кои се изработени од
најквалитетен метал 316Л. Овие садови придонесуваат храната да ги
сочува потребните и здравите хранливи материи.)
- Менаџерско искуство
( ние како сопственици и еден вработен менаџер имаме завршено
високо образование на факултетот за туризам и угостителство како и 5
годишно искуство како менаџери на хотелот “Holiday Inn“.)
- Одлична организација и услуга на вработените
(во тимот на келнери преферираме да вработиме лица кои ќе имаат
препорака од предходни работни места, лица кои се љубезни, културни и
брзи во услужувањето, готвачите да се врвни мајстори во приготовка на
здрава храна, а хигиеничарите да се исполнителни во своите обврски за
одржување на хигиената и амбиентот во ресторанот.)

22
- Слаби страни (Weaknesses)
Поради неможењето да се функционира беспрекотно и како и сите бизниси
нашиот бизнис има и слаби страни кои ние со текот на работењето би ги
довеле до минимален степен.
- Висока цена на производот
(цената на една порција ќе изнесува од 350 до 400 денари, а една
порција ќе содржи (овошна салата и сок, зеленчукова салата и риба и
други комбинации на нашите производи.) Ова се релативно високи цени
за нашите потрошувачи, но бидејќи по првата година сакаме да
работиме со добивка,мора да ги израмниме вложените средства со
заработката во првата година, за веќе од втората да почнеме да
работиме со заработка.)
- Ограничен животен век на производот
(бидејќи работиме со здрава храна имаме проблем со нејзината
корисност, односно доколку во рок од 3 дена не го искористиме
овошјето или зеленчукот може да настане загуба на нивниот квалитет со
што би биле приморани да не го употребуваме и да набавиме ново
овошје или зеленчук со што би настанале дополнителни трошоци.)
- Бавна достава до домовите на потрошувачите
( поради недоволното време за подготовка на храна ќе се соочиме со
бавна достава бидејќи потрошувачите сакаат што побрзо да им се
достави храната,а нејзиното приготвување би ни одзело повеќе време.)
- Недостаток на промоција
( поради не доволниот број на парични средства ние сме спречени
нашиот ресторан да го промовираме преку телевизиските медиуми,
односно не сме подготвени да направиме трошок за таков вид на
промоција која сметаме дека е клучен фатор за развој на бизнисот.

23
- Можности
Можностите како дел од оваа анализа ние го одредивме со помош на
истражувањето на пазарот, конкуренцијата и добавувачите, односно врз
основа на истражувањето на надворешното опкружување.
- Мал број и слаби конкуренти
(во близина на бизнисот се наоѓаат мал број на конкуренти бизниси од
ваков тип, односно има само два ресторани кои нудат слична услуга, но
не применуваат технологија каква што применуваме ние. Бон-апетит и
Eko-food се ресторани кои нудат здрава храна, но истата не е приготвена
на начин како што нашиот персонал ја приготвува.
- Растечка потреба и побарувачка на здрава храна
(во денешно време луѓето се трудат да изгледаат убаво и да бидат
здрави,за да ја остварат таа цел тие се повеќе сакаат да конзумираат
здрава храна. Бидејќи потребата од здрава храна се зголемува ние
сметаме дека ова претставува можност за нашиот ресторан да работи со
полн капацитет.)
- Недостаток од ваков вид ресторани
( ваков вид на ресторани се појавуваат во поново време и тоа
претставува можност бидејќи има многу мал број на ресторани за здрава
храна, а интересот од страна на потрошувачитге е се поголем, ова значи
дека се додека не се појават нови ресторани од ваков карактер ние ќе
бидеме во предност и можност за заработка па екстра – профит.)
- Соработка со нутриционисти
( во соработката со нутриционисти согледавме можност за развој на
нашиот бизнис. Бидејќи луѓето сакаат да се посоветуваат за начините на
здрава исхрана и бараат помош од нутриционисти. Ние сметаме дека на
овој начин можеме да извршиме промоција на ресторанот со што

24
нутриционистите со кои соработуваме би ги советувале своите пациенти
за како да се хранат.)

- Закани
При функционирањето на нашиот бизнис, ние секако би се соочиле и со
одредени закани кои произлегуваат од надворешното опкружување и кои
носат ризик и пречки за нормално работење и функционирање на нашиот
ресотран.
- Ненавремена испорака на суровитине од страна на добабувачите
( овој вид на закана произлегува од тоа дека не секогаш навремено би ги
добивале потребните суровини за работа. Бидејќи станува збор за
големи количини на суровини ние се соочуваме со доцнење на
испораката односно доставата на суровините од страна на добавувачите
со што не би можел да функционира процесот на производство и со тоа
да се блокира работата на ресторанот.)
- Ниски наемнини на потрошувачите
(како закана ниските наемнини се голем ризик за нашиот бизнис.
Бидејќи потрошувачите имаат низок доход со кој одвај стасуваат да ги
задоволат основните потреби, сметаме дека нашите производи и услуга
би преставувало луксуз за нив и со тоа би ни се намалил бројот на
потошувачи.)
- Недостаток на пазарот
( доколку во зимскиот период нема доволен увоз на зеленчук и овошје, а
исто така нема ни производство од страна на домашните произведувачи,
би можеле да се соочиме со недостаток на суровини за работи кои би го
попречиле нормалното функционирање на бизнисот.)

25
- Нелојална конкуренција
( како закана се појавува речиси во секој бизнис. Ние сметаме дека
нашите конкуренти кога ќе увидат дека ние користиме одредени
средства за работа кои ти не ги користат или дека нудиме производи кои
тие не ги нудат би можеле да го искористат тоа и да го применат во
своето работење, но исто така би можеле да влијаат врз потрошувачите
со мнегативни коментари и критики на сметка на нашето приготвување и
квалител на храната што претставува не фер работење т.е нелојална
конкуренција.)
- Висок данок на вкупен приход
( високите даноци се закана за секој бизнис, со тоа што на крајот од
годината треба да платиме данок на вкупниот приход, кој е релативно
висок ние сметаме дека тоа е закана која има значајно влијание за
понатамошниот развој на бизнисот, но сепак се надеваме дека во иднина
Влада на РМ ќе го намали овој данок и со тоа би се намалил ризикот од
непрофитабилно работење.)

26
27

You might also like