You are on page 1of 15

СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје

Проектна задача по предметот


Фиксна протетика
(изборен)
Тема: Припрема и вложување, леење и
добивање на излеана конструкција,
пескирање

Ментор: изработиле:
Проф. Петре Талески Леонид Петров III-2 зт
Даниел Чанаќевиќ III-2 зт
Марко Симоноски III-2 зт
Марко Спасовски III-2 зт
Припрема и вложување, леење и добивање на излеана
конструкција, пескирање

Леењето како процес во стоматолошката практика бара голема


прецизност, поточно излеаниот објект мора во целост да одговара на
обликуваниот восочен модел. За да се излее од акрилат или легура,
потребна е претходна подготовка на восочниот модел, односно треба да се
вложи во специјална огноотпорна маса, со чија помош всушност ќе се добие
калап. Ова се реализира со масите за вложување. По одредена температура
на загревање, се елиминира восочниот или акрилатниот модел и на тој
начин се добива ливна шуплина. Токму поради тоа секоја маса за
вложување треба да има некои основни карактеристики, како што се:
1. времето за стврднување треба да биде меѓу 7 и 10 минути;
2. масата не треба да содржи средства кои можат да му наштетат на
одлевокот, на тој начин што ќе реагираат со него (пр. фосфор, сода);
3. да не се залепува за одлевокот, туку да може лесно и брзо да се отстрани;
4. составот на масата да биде од високодисперзиран прашок, кој ќе му даде
глатка и мазна површина на одлевокот, ист како и од восочниот модел;
5. да не се распаѓа при загревање на одредена температура, и
6. да има доволно добра експанзија што ќе ја компензира контракцијата на
металот.
Преку процесот на вложување се овозможува замена на восочната
конструкција со идентична илеана во метал. Постапката преку која восочната
конструкција ја заменуваме со метална по пат на леење, се означува како
вложување.
Целта на вложувањето се состои во следното:
 Во специјална кивета се поставува восочниот објект
 Киветата се исполнува со специјална маса за вложување која останува
непроменлива на високи температури
 Во внатрешноста на масата восокот се растопува, а останува само калап
од она што сме го вложиле
 Во калапот се внесува метал по пат на леење и на тој начин добиваме
идентичен објект како восочниот, но во метал.

ПОДГОТОВКА ЗА ВЛОЖУВАЊЕ
Поставување ливни канали (во зависност од големината на објектот се
избрират и димензиите на ливните канали). Од секој заб во мостовата
конструкција мора да тргнува ливен канал инаку коронката нема да биде
излеана (ќе нема можност да стаса металот до истата). Ливните канали се
адаптираат од восочни профили во жица со различен дијаметар или од
готови пластични профили. Секогаш се поставуава резервоар за да се осигура
количината на метал. Постои соодветна положба за фиксирање на ливниот
канал. Се поставува на најголмиот тубер на забот и неговиот дијаметар треба
да е поголем од најголемиот обем на туберот.

Пресек на ливниот канал од инката изнесува 3-3.5 мм. Пресек на напречниот


канал изнесува 4 до 5мм. Пресек на вливните каналчиња е 2.5 до 3мм, со
должина од 3.5 мм.
За вложување потребно ни е:
1. Кивета за вложување
2. Гумен прстен за фиксирање на објектот
3. Целулоидна лента со која се обложува внатрешноста на киветата и
истата е одговорна за обезбедување на компензациона експанзија на
масата за вложување
4. Соодветна маса за вложување
5. Вибрациона подлога за подготовка на масата за вложување
6. Средство за обезбедување на восочната конструкција.
Состав на масите за вложување
На сите маси за вложување заедничко им е што во својот состав
содржат термоотпорни материјали и средства за врзување. Примарна
термоотпорна компонента во составот на масата е фино сомелениот
силициум диоксид SiO2 или кварц. Тој се сретнува во хидратен облик како
кремен, опал и ахат. Анхидрантниот облик пак, се состои од три различни
модификации на кристали со различни својства и тоа: кварц, кристобалит и
тридимит. Тридимитот не се употребува во масите за вложување.
Кристобалитните маси покажуваат поголема термичка експанзија,
побавно се стврднуваат, потврди се и поседуваат помазни површини
споредени со масите кои содржат кварцно брашно. Врз тврдината влијае
присуството на гипсот, α или β полухидрат, како и соодносот на вода и
прашак. Масите со поголемо количество на гипс се потврди, но ако се
замешаат поретко, при загревањето ќе се распаднат. Најчесто се употребува
кварц со максимална експанзија од 1,2- 1,4% или кристобалит со експанзија
од 1,6 до 1,8%. Други огноотпорни составни компоненти на масите најмногу
до 2,0% се: шамотот, азбестот, каолинот, графитот, како и некои метални
оксиди во вид на прашак. Тие ја зголемуваат огноотпорноста и ја
подобруваат спроводливоста на топлина. Масите за вложување содржат и
јаглен, односно графит кој го олеснува влевањето на металот и обезбедува
редукциони услови, ја ограничува оксидацијата на легурата и влијае на
мазната површина на објектот. Обично е застапен кај масите за вложување
на хром-кобалт-молибден легурите, односно на високотопливите легури. Во
масите се додава и мало количество на боракс и на натриум хлорид, калиум
хлорид и на литиум хлорид за да се намали контракцијата на гипсот, а
истовремено да се зголеми експанзијата на масата. Бидејќи огноотпорните
материјали сами по себе се хемиски индиферентни, потребна е сврзна
супстанца која ќе овозможи замешување и нејзино стврднување околу
вложениот објект. За таа цел се користат гипсот, фосфатите и силикатите.
Токму врзувачката супстанца детерминира една поделба на масите за
вложување која најчесто се користи во практиката, а се однесува на точката,
односно интервалот на топењето на легурата:
1. Маси за вложување на ниско топливи легури. Тука врзувачка супстанца е
гипсот;
2. Маси за вложување на високо топливи легури. Тука врзувачки супстанци
се фосфатите или силикатите.

Маси за вложување на ниско топливи легури

Основната лимитирачка карактеристика на оваа маса е врзувачката


супстанца, односно гипсот. Познато е дека гипсот на високи температури се
распаѓа, т.е. доаѓа до негова пиролиза при што се ослободуваат сулфурни
оксиди, кои доведуваат до хемиско загадување на легурата, порозитет и
неупотребливост на изливката. Затоа, овие маси за вложување се користат
при леење за нискотопливи легури, главно легури на злато, сребро и
паладиум. Жарењето на овие кивети треба да запре на околу 700 oС , заради
споменатите причини. Бидејќи врзувачка супстанца е гипсот, овие маси се
замешуваат со вода, во гумена шоља, а уште поповолно е користењето
мешалка со вакум. Соодносот на прашакот и вода е во корелација со
врзувачката експанзија. Поседуваат голема финост на прашокот, т.е. зрната,
бидејки гипсот сам по себе е во форма на многу ситни честички, па
квалитетот е одреден од големината на честичките на кварцот кои изнесуват
75-150μm. Одливките се карактеризираат со примарни глатки површини, без
порозност. Особено треба да се внимава во постапката на предгреењето. По
потполното стврднување, киветата се поставува на 250-3000С, со цел
отстранување на неврзаната вода и восокот. Потоа постепено се грее до
7000С . Најдобар резултат за леење, масата за вложување дава на 6200С.
За конструкциите кои ќе се леат од нискотопливи легури, како што се
металите злато и паладор, најпогодна е онаа маса за вложување која содржи
гипс, кварц и кристобалит.
Таа се меша со 40% вода со што добива максимална термичка експанзија и
доволно време за леење пред да настане контракција при ладењето. При
употреба на овие маси не е препорачлива метална, железна кивета, затоа
што масата има поголема експанзија отколку киветата. Доколку се употреби,
потребно е киветата претходно да се обложи од внатрешната страна со
азбестна лента од 0,5 mm за да се направи простор на масата при нејзината
експанзија. За да се добијат добри резултати, потребно е при мешањето на
масата да се користи или добро отстоена вода или дестилирана вода и тоа
најмногу, количински до 40 %. Во забната техника се употребуваат повеќе
видови маси за вложување: како неодуеотерм, дуротерм, ДЦ кристобалит,
галатерм.

Маси за вложување со високо топливи легури


Во релација со хемиските материи за сврзување термоотпорните маси
за леење на високо топливи легури може да бидат: 1. Фосфатни и 2.
Силикатни
1. Масите за вложување на база на фосфати се употребуваат кај
високотопливите легури како што се хром-кобалт-молибден, чија точка на
топење е 13000С. Во својот состав содржат кварц, оксиди на магнезиум,
водород и други елементи кои се подготвуваат со отстоена или дестилирана
вода. По препорака на производителот некои се замешуваат со специјална
експанзиска течност, во сооднос 1:4. Принципот на работа е ист како и кај
другите маси за вложување, односно двофазно вложување, во загреана
печка од 11000С. Негативна страна на овие маси им е што многу се лепат за
одлевокот и мора подолго време да се песочи. Тие се и хидроскопни,
впиваат вода, па треба да се чуваат од влага и влажна средина во затворени
картонски или лимени кутии.
2. Масите за вложување на база на силикати ги карактеризира висока
постојаност и голема термичка стабилност, што е битно при леењето на
конструкциите изработени од хром-кобалт-молибден легурата.
Замешувањето на овие маси е со 30g течност и 70g прашок, чии зрна се со
големина од 0,06-0,2mm. За постојаност на многу високи температури се
додава кварц, кристобалит, корунд и други средства. Времето на
стврднување кај овие маси зависи од испарувањето на етанолот, после што
се формира гел кој ги поврзува честичките на кварцот.
Маси за вложување со водено стакло - доколку не сакаме масата да ја
замешаме со етил-силикат, тоа можеме да го направиме со водено стакло,
што претставува воден раствор на натриум силикат.

ЕКСПАНЗИЈА НА МАСИТЕ ЗА ВЛОЖУВАЊЕ


Стврднувањето, односно ладењето на растопениот метал е следено од
квалитативни промени, т.е. металот се собира и тоа линеарно и волуменски.
Тоа значи дека излеаниот објект е со помали димензии од претходно
измоделираниот восочен или акрилатен модел и тој не лежи на своето
место. Императив при леењето е да се добие одливка која ќе има точна
димензионална стабилност, односно ќе одговара на почетната форма.
На димензионалната стабилност влијаат повеќе фактори, меѓу кои:
 Контракцијата на масата за отпечатување;
 Експанзијата на гипсот при изработката на моделот;
 Димензионалните промени на материјалот за моделирање и
 Kонтракцијата на денталните легури.
Контракцијата на металите и на легурите е физичка особина и таа не може
да се спречи, но може да се компензира со експанзијата на масите за
вложување. Сите метали освен бизмутот и антимонот се контрахираат, а
наша цел е излеаниот модел да не покажува ниту линеарна ниту волуменска
контракција. Експанзијата на термоотпорните маси претставува позитивна
волуменска промена како реакција при врзувањето на масата за вложување
во ладна состојба или на врзаната маса при загревање. Негативната
волуменска промена на масата за вложување е позната како термичка
контракција и се јавува при ладењето на загреаната маса за вложување.

Постапка при работа со масите за вложување


Во специјална шолја се става соодветно количество на прашак и вода и
со шпатула
малку се
промешува, а
потоа се
поставува за
вакумско ме-
шање, автома-
тски, за време
од 30 сек.
Шолјата од
апаратот, се
отвора и се
забележува
де-ка масата е
рамномерно
замешана со
пластично-тестеста конзистенција и без присуство на меурчиња. Восочниот
објект се прска со средство за обезсмастување кое придонесува за чистење и
ослободување на површинскиот напон. Се отстранува вишокот од спреј за да
биде потполно слободна секоја шуплина и се поставува на гумената основа
во киветата, која е обложена со азбестна лента, на оддалеченост од 0.5 до
10mm од работ на киветата, а од дното 6mm.
Современиот начин на вложување е исклучително еднофазно со
обложување на внатрешните ѕидови на цилиндерот со азбестна лента
навлажнета со вода (или специјална хартија), за да се овозможи развивање
на врзувачката експанзија на масата, а истовремено да се зголеми и
термичката експанзија. Современите сознанија одат во прилог на токсичниот
ефект на азбестот и се предлага негово исфрлање од употреба за
стоматолошки цели, а се препорачува посебен вид хартија или готови
фабрички ленти од руно. Овој материјал изгорува без остаток и со тоа се
добива простор за експанзија на масата. Овај начин на вложување е познат
како експанзионо или компензационо вложување, бидејќи овозможува
доволна експанзија на масата, односно компензација на контракцијата на
металот.
Киветата се поставува на вибратор и масата за вложување се става во
неа. Постапката е од повисоко, масата да тече во еден непречен млаз, сé до
исполнување на секоја шуплина од моделираниот восочен објект.
Празнината на киветата се исполнува со масата, го исклучуваме вибраторот и
оставаме масата да се стврдне. Киветата ја ставаме во водена бања.
Во печка за жарење каде што со понатамошниот процес почнува
подготовката на фазата за леење, ја ставаме киветата на предгреење за
доволно да се исуши. Температурата се покачува постепено, со што масата се
загрева и восокот заедно со водените пареи излегува надвор наместо да се
впие во предходно исушената маса. Со тоа се намалуваат редукционите
услови во киветата и се спречува распаѓањето на масата, односно
непрецизноста на одливокот. Ја покачуваме температурата до постигнување
на саканата температура. Вадењето на киветата од печка и поставувањето на
нејзиното место за излевање не смее да биде подолго од 30 секунди. Ја
поставуваме киветата во лежиштето за леење зависно од тоа со кој метал
лееме. За ниско топливи легури во ротакс центрифуга, а за високо топливи во
специјален апарат кастомат.
По излевањето, ја оставаме киветата постепено да се олади, а со тоа
доаѓа до правилна кристализација на легурата. Таквата одливка е без
внатрешен напон, но повеќе се формираат крупнозрнести кристали и
поголеми пори. Наглото ладење на киветата доведува до распаѓање на
масата за вложување. Кога се леат скелетирани конструкции постапката е
иста само што масата за вложување се замешува во сооднос 1:3, односно
еден дел прашак и 30% разредена експанзиска течност. Претходи
обложување на киветата со керамичка салфетка или со азбестна лента, за по
нејзиното согорување, да и се овозможи на масата да експандира. Се чека
околу 30 мин. да се стврдне масата за вложување и следната фаза е жарење
и леење. Загревањето на киветата треба да биде постапно. Доколку брзо се
загрее, можно е нерамномерно загревање на надворешните и на
внатрешните слоеви, па се создаваат
услови за внатрешен напон и прскање на
масата за вложување. По леењето,
најдобро е киветите да се изладат на собна
температура, а ако е неопходно, брзо да се
отворат. Тогаш се стават во употребен
корунд песок. Во спротивно ќе дојде до
прскање на масата и до деформирање на
металот.

Материјали за пескирање
По леењето ајнбет масата се остранува со потчукнување преку
киветата, а остатоците се острануваат во песочник со песочење со чист
алуминиум оксид. Потчукнувањето е внимателно по надворешниот дел од
вложената маса, а никако по одлевокот.
Во лабораторијата, по добивање на метален одливок потребно е тој да
се подложи на чистење, отстранувајќи ги оксидите што се добиле при
излевањето. Целта на обработката е да се измазни површината на објектот,
бидејќи нерамните површини ја дразнат лигавицата, задржуваат хранливи
продукти и микроорганизми што може да доведе до промена на бојата,
естетиката и да биде штетно за целиот организам. Чистењето најефикасно се
врши со пескирање во специјални апарати–пескари. Тоа претставува чистење
кое се врши под млаз на воздух и песок. Честичките во песокот се Аl 2O3 со
различна големина.
Песокот е мешавина на природни минерали–корунд или алуминиум
оксид. Се меле во зрна со различна големина. За фиксни надоместоци од
благородни метали големината на зрната се 50 µm, за неблагородни легури
големината на зрното е 110–250 µm и за CO– Cr–Mo легурите, зрното е 250
µm. Рабовите на зрната се остри и многу ефикасно ја чистат површината кога
удираат под притисок. Друг материјал за фино пескирање на внатрешните
површини на коронките и мостовите кај благородните легури се силикатните
перли. Големината на зрното е од 50 - 100µm. Имаат кружна или овална
форма. Добро чистат и оставаат неконтаминирана површина.
Постојат пескари и со три вградени резервоари, што овозможува
користење три различни димензии на песок, а преку сензорски прекинувач
се избира саканата финоќа на песокот. За одржување на пескарите потребна
е редовна замена на песокот и филтерот. Редовно чистење на надворешните
површини на апаратот.
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

OSNOVE STOMATOLOŠKIH MATERIJALA – Vjekoslav Jerolimov, Ivica Antić, Ivo


Baučić

МЕТАЛКЕРАМИЧКИ МОСТОВИ и АЛТЕРНАТИВНИ МОСТОВНИ РЕШЕНИЈА –


проф. д-р Гордана Ковачевска

СТОМАТОЛОШКИ МАТЕРИЈАЛИ И ТЕХНОЛОГИЈА – Ивона Ковачевска

ДЕНТАЛНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗАБОТЕХНИЧКИ И КЛИНИЧКИ – проф. д-р Гордана


Ковачевска, д-р Анета Мијоска

You might also like