You are on page 1of 2

Извлекување на стакло

Од стаклената стопилка може да се произведува рамно или шупливо


стакло.
Процесите на обликување се специфични за секоја од овие две групи
стаклени производи.
Рамното стакло се обликува машински со постпаките
извлекување и валање.
Може да се изведува на два начини:
1. Вертикално извлекување(Фурко)
2. Хоризонтално извлекување(Колбурн)

1. Вертикално извлекување
Вертикалното извлекување користи шамотна дизна која се наоѓа на
површината на стопилката. Стопилката се наоѓа во базен и загреана е
на температура од 1020-1475 C. Преку дизната постојано се влече
лента нагоре во една вертикална шахта. Над тоа се наоѓа ладилник,
каде што лентата станува жилава, и преку тоа се попречува нејзиното
кинење и овозможува таа да добие дебелина.

Ова се извршува преку ротирачки валјаци. Валјаците се изработени од


железо обложени и изолирани со азбестна материја. Лентата се влече
со постојана брзина и минува низ три зони во кои постепено се
намалува температурата, со што овозможува ладење.

2. Хоризонтално извлекување
При хоризононталното извлекување на стаклото, тоа се влече од
слободната површина. Затпа. Веднаш над површината на стаклото се
наоѓаат рамки и граничник. Лентата се образува поради површинскиот
напон и таа може да се влече и превитка преку челичен валјак во
хоризонтална шахта.
Обликувањето со извлекувањето е континуиран процес. Формираните
стаклени површини понатаму се обработуваат со брусење и
полирање. Постапката се користи за добивање на разни стакла, со
различна дебелина и особини. Се применува за добивање на обоени
стакла, како прозорско стакло со дебелина од 2-5 mm.

You might also like