You are on page 1of 13

Видови фиксно-протетички конструкции

ДЕНТАЛНИ МОСТОВИ КОНСТРУКЦИИ


ПОИМ ЗА ДЕНТАЛЕН МОСТ

Денталните мостови претставуваат фиксно-протетички конструкции со


кои се надоместуваат изгубените заби во забната низа

Самиот поим мост означува дека денталната мостова конструкција има


за задача да премости некаков дефект во усната празнина. Овие
дентални конструкции можат да надоместат еден,или максимум 3
изгубени заби во низа
Но истите можат да надокнат и цела забна низа доколку за истото
постојат индикации.Во устата на пациентот со посебни врски се
фиксираат за испрепарираните заби кои го ограничуваат беззабиот
простор.
ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ НА ДЕНТАЛНИТЕ МОСТОВИ

ПРЕДНОСТИ
● ефектот на џвакање е скоро идентичен како кај природните заби
бидејќи џвакопритисокот го пренесуваат чисто дентално со што се
сметаат за физиолошки најповолни дентални контрукции
● не влијаат на фонацијата,не му сметаат на јазикот,и со нив е
зачувано сетилото за вкус.
● имаат и профилактичка улога бидејќи го штитат забалото од
понатамошни нарушувања(инклинации,ротации,елонгации.....на
преостанатите заби)кои водат до нарушувања во меѓувиличните
односи.
● чувство на сигурност и лесна адаптација
● Максимална естетика
НЕДОСТАТОЦИ НА ДЕНТАЛНИТЕ МОСТОВИ

● -од хигиенски аспект,за разлика од мобилните протетички


надоместоци,одржувањето на хигиена кај фиксните конструкции е
отежнато посебно во пределот под телото на мостот.
● -доколку настане оштетување на фасетката од различни
причини(трауматска оклузија,механичка повреда...)истата не може
во целост да се замени може само да се репарира.
● кај денталните мостови конструкции,формата и бојата ја диктираат
преостанатите заби освен во случаеви кога се прави целосна
реконструкција на сите заби во забната низа.
● - во зависност од изборот на материјалот за изработка (метал-
керамички,целосно керамички конструкции)цената на овие дентални
надоместоци може да биде многу висока.
ИНДИКАЦИИ ЗА ИЗРАБОТКА

● Функционално-
џвакална;
● Естетско-
фонетска
● Профилактичка
АПСОЛУТНИ КОНТРАИНДИКАЦИИ

•Лоша состојба на забите носачи- расклатени, елонгирани или повеќе инклинирани, ендодонтски несанирани или со
периапикални промени;
•каде што нема доволно простор помеѓу гребенот и антагонистите;
•Лоша хигиена на устата и на забите;
•Ниска клиничка коронка на носачите;
•Во фронталната регија, кога покрај инцизивите недостасуваат и канините;

РЕЛАТИВНИ КОНТРАИНИКАЦИИ

•Кога некои од забите носачи кои се потребни за изработка на мост се во фаза на лекување (по
завршеното лекување и по времето на смирување може да станат индикација за изработка на мост);
•При завршување на ендодонтскиот третман и при постигнување на клиничко излекување (без болка и други
промени, најмногу 30 дена по дефинитивно полнење на каналот);
•Промени на меките ткива(по нивно излекување постои индикација за изработка на мост)
•Стекнување на навики за редовна хигиена на устата и на забите;
ПОДЕЛБА НА ДЕНТАЛНИТЕ МОСТОВИ

You might also like