You are on page 1of 4

23.

септември 2022

Нова претензија, голема кампања

Aldi ќе нуди „Добро за сите“

Сцена од ТВ-спотот на новата кампања на Aldi: Многу теми, помлади целни групи

Aldi Север и Aldi Süd стартуваа голема реклемна кампања. За


првпат после пет години, двата дисконта настапуваат со заедничка
претензија. Долгорочно гледано, ваквиот настап треба да ѝ даде тон
и форма на комуникацијата на Aldi.
„Добро за сите“. Вака гласи новата заедничка претензија на Aldi Nord и Aldi
Југ. Под ова мото, двата дисконта стартуваа голема рекламна кампања.
Централната порака до потрошувачите е дека кај Aldi можат да пазаруваат
поволно, без да мораат да прават компромиси во квалитетот.

Aldi сака истовремено да одговори на многубројнитe потреби на


потрошувачите. Во склад со тоа, кампањата нагласува различни теми и
светови на производи, како свежина, одржливост, регионалност и доброто
на животните. Особен акцент е ставен врз сопствените марки на дисконтот
кои во моментов добиваат сѐ поголемо значење во текот на инфлацијата и
променливото однесување на конзумот во целокупната трговија. 
Aldi: Добро за сите (TВ-спот)
Презентацијата им се обраќа на различни целни групи. Според информа-
циите од весникот Lebensmittel Zeitung, Aldi сака да им се обрати
целисходно не само на помладите групи купувачи туку сака да ги увери и
лојалните муштерии на Edeka и Rewe да преминат кај него. Освен тоа,
двете компании (Aldi Југ и Aldi Север) сакаат со својата заедничка
претензија да нагласат дека целокупниот синџир на вредности во Aldi – од
производители и добавувачи па до вработените во продавниците –
подлежат на еднообразно ветување за квалитет.

Долгорочен концепт
Разновидноста од теми, како и широката медиумска покриеност на кампа-
њата (како што известува самиот Aldi, користат ТВ, онлајн, печат, радио,
надворешно рекламирање, социјални медиуми и летоци) говори за тоа дека
кампањата „Добро за сите“ ќе ѝ даде траен белег на комуникацијата на Aldi
во догледно време. Во секој случај, не станува збор за еден од многуте
неодамнешните рекламни настапи кои се занимаваат со загриженоста на
потрошувачите погодени од инфлација. Таков еден имаше и Aldi. Немаме
информација за тоа колку ќе го чини Aldi оваа кампања.

Aldi се рекламира со огласи во печатот и со надворешно реклемирање.


За трендовската функција на кампањата говори и фактот дека долго се
работеше на неа. Според компанијата, слоганот „Добро за сите“ бил
развиен уште во 2020 година. Тој ќе се користи долгорочно: оваа претензија
ќе „провејува и во сите идни маркетиншки мерки“, соопштуваат од Aldi на
прашање од редакцијата на Lebensmittel Zeitung. Комуникациската
стратегија беше разработена уште пред војната во Украина и инфлацијата
– и мора да се спроведе и покрај овие настани.

Како и да е, кампањата се вклопува во актуелните предизвици, како што


истакнува Џанфранко Брунети, извршен директор на Маркетинг и комуни-
кации во Aldi Север: „Ние се гледаме себеси како доверлив основен
снабдител: Во моментов, нашите муштерии не мора да избираат меѓу
квалитет и цена. Дури и во тешки времиња, тие треба потполно да се
ослонуваат на Aldi“. .

Вклучени се познати агенции


За развојот на кампањата е задолжена агенцијата Antoni која беше
ангажирана во почетокот на годинава и која овој голем клиент основаше
посебна дивизија под името Antoni 99. Според извештаите, концептот на
кампањата веќе бил развиен кога се појавила агенцијата. Сега таа е
одговорна за реализација на едно заедничко и унифицирано сценарио. За
подотовката на различните канали, освен водечката агенција, одговорни се
и цела редица други познати агенции (види ја рамката).
.

Во изминатите пет години, Aldi Север и Aldi Југ блиску соработуваа во


поглед на рекламата. Уште во 2017 беше произведен првиот заеднички
спот за двата дисконта, кој во рекламните блокови беше поместен со
рекламното тврдење „Секој ден е посебен – едноставно Aldi“.
.

ОВИЕ АГЕНЦИИ УЧЕСТВУВАА ВО КАМПАЊАТА:

Antoni (водечка агенција): Продукција на ТВ и радиоспотови, изработка на


Key Visuals и надворешно рекламирање, POS-мерки, разни формати на
печатени материјали.

Oliver Schrott Kommunikation (водечка PR-агенција за Aldi Југ):


PR, комуникација на социјалните медиуми на LinkedIn и Xing, Data &
Analytics

Massive Music: Звучно лого

Accenture Song Brand Germany: Прави адаптација за Social Media, Creator-


кампања, вклучително продукцијата на Video-подвижни слики за Online-
користење и продукција на Display-реклами.

Intermate Media: Во Aldi Север е одговорна за адаптација на кампањата на


TikTok и други Creator-мерки.

Die Nerds: Се грижи за каналите на социјалните медиуми Instagram,


Facebook, Pinterest и TikTok за Aldi Југ
Odaline: TikTok Creator-активности, вклучително развој на Content за Aldi Југ

You might also like