You are on page 1of 2

Среда, 16 август 2023

Вести
Winn-Dixie и Harvey`s
Aldi презема супермаркети во САД

Aldi сака да продолжи да работи делумно и со форматите Winn-Dixie и Harveys.

Aldi купува околу 400 супермаркети Winn-Dixie и Harveys во


САД. Со оваа трансакција, германскиот дисконтер го
проширува своето влијание во југоисточните американски
држави. Аldi US се одважува да направи нешто ново.
Аldi го презема бизнисот со супермаркети на Winn-Dixie и Harvey's во
Соединетите Држави. Аквизицијата опфаќа околу 400 филијали во
Алабама, Флорида, Џорџија, Луизијана и Мисисипи, соопшти компанијата.
Со трансакцијата, германскиот дисконтер го засилува своето присуство на
југоистокот на САД. Од Aldi не дадоа никакви информации околу
финансиските детали. Трансакцијата подлежи на регулаторно одобрување
и вообичаени завршни услови и се очекува ова да биде завршено во првата
половина на 2024 година. .

Двата продажни формата Winn-Dixie и Harvey's, заедно со Fresco y Más,


досега беа дел од портфолиото на Southeastern Grocers (SEG), холдинг
компанија основана од приватниот инвеститор Lone Star. Она што
изненадува е фактот дека Aldi сака некои од локациите да продолжат
да работат под нивното сегашно име. Но, се испитува и кои маркети може
да се преименуваат во Aldi, се вели во соопштението. .
По желба на Lone Star, досегашниот оператор SEG требаше да игра
позначајна улога во бизнисот со супермаркети во САД откако
приватниот инвеститор во 2013 година ја презеде поранешната
фирма-ќерка на Ahold Bi-Lo, во која спаѓаше и Winn-Dixie. Меѓутоа,
проектот заглави уште во 2018 година, па една четвртина од
мрежата супермаркети во Југоисточниот дел на САД беше
продадена на различни конкуренти, според планот за инсолвентност.
SEG повеќе не се оправи, а продажбата падна од 12 на 9 милијарди
долари. Тоа се 20 милиони долари по локација, а Aldi генерира
речиси 10 милиони долари по локација на многу помала површина.
Winn-Dixie во просек има 3.500 квадратни метри.
Aldi е активен во југоисточниот дел на САД од средината на 1990-
тите и, како што велат самите, оттогаш имале инвестирано околу 2,5
милијарди долари. До крајот на оваа година Aldi планира да
отвори уште 20 локации во регионот, а во САД треба да се
отворат вкупно 120 нови продавници. Потоа, мрежата на
филијали треба да порасне на 2.400 локации. На почетокот од
годинава, Aldi отвори нов дистрибутивен центар во Локсли
(Алабама).

Aldi Југ во моменов продолжува со својата експанзија во


странство првенствено во оние земји кадешто неговиот
конкурент Lidl сè уште има релативно слабо присуство. Во
фокусот на оваа стратегија се САД: Околу половина од 210-те
филијали на Aldi Југ кои беа отворени во странство во 2022 година,
се наоѓаат во Соединетите Држави.

You might also like