You are on page 1of 2

27.09.

2022

Ограничените маржи не даваат


резултати, цените на храната растат

Додека цените на храната на светските берзи паѓаат, кај нас се зголемуваат. Битиќи
предлага закон против профитирање во период на криза.
Цените на прехранбените производи продолжија да растат, иако на
светските берзи е забележано нивно стабилизирање, па дури и
намалување. И цената на струјата не е повисока во однос на августовскиот
скок, иако има огромни дневни осцилации. Но, храна кај нас во септември
дефинитивно е поскапа отколку во август, а тоа е видливо и без да го
потврди Државниот завод за статистика.
Овој „феномен“ што го воочи и Владата, особено го изиритира министерот
за економија Крешник Бектеши, кој и досега укажуваше на тоа колкави
заработки во време на криза прават и производителите и трговците. Тој во
телевизиско интервју јасно порача дека многу производители на храна и
сега, во криза, си ги зголемуваат профитите и посочи дека за тоа зборуваат
шестмесечните финансиски извештаи.
Бектеши посочи и дека има фирми на кои струјата им учествува со 15
проценти во вкупниот производствен процес, но тоа не ги спречува да
направат многу поголемо зголемување на крајната цена, токму со
оправдување дека струјата е поскапена.
И вицепремиерот Фатмир Битиќи е изнервиран од производителите и од
трговците на храна. Тој рече дека „неколкупати упатиле апел до
преработувачите на млеко да се однесуваат разумно“. Тој дури рече и дека
ги повикал пратениците да иницираат закон против профитирање во
период на криза.
„Јас сум еден од оние што ќе го брани тој закон, затоа што мораме да
ставиме ред во општеството“, изјави Битиќи.
Додека се редат вакви изјави од врвот на Владата, расте незадоволството
кај народот од цените. Клучното прашање што се поставува е зошто
претставниците на Владата критикуваат, како да се опозиција, место да
преземат мерки. Сепак, ние живееме во пазарно стопанство, слободата на
претприемништвото е влезена во Уставот и за да има интервенции од
страна на Владата, тоа треба да биде некако регулирано.
Според Бранимир Јовановиќ, економист од Виенскиот институт за
меѓународни економски студии, Владата требаше да ги ограничи цените, а
не да ги ограничи маржите. Како пример ги посочи Албанија и Србија, кои
имаат помала инфлација од нашата, а каде што има ограничувања на
цените на основните прехранбени производи.
„Итно треба да се замрзнат цените на неопределено време, односно сè
додека не се стабилизираат цените и одмрзнувањето треба да биде
постепено, не наеднаш, за производителите веднаш да не ги зголемат
цените. Само со замрзнување на цените на основните прехранбени
производи и на нафтените деривати, може да се спречи растот на
инфлацијата. Изворот на инфлација кај нас е од домашни фактори. Цените
на храната на светските берзи паѓаат, се намалуваат, само кај нас растат,
затоа што супермаркетите ги пумпаат цените повеќе отколку што треба“,
изјави Јовановиќ во телевизиско интервју.
Првата мерка на Владата против ценовните шокови минатата година беше
ограничувањето на цените. Тогаш, кога цените на берзите растеа и кога
увозните цени одеа нагоре, ова се покажа како грешно решение.
Потоа, тоа се замени со ограничување на маржите, а со разни одлуки се
играше со процентите и со производите. Последното ограничување на
маржите е од 15 јуни и место до крајот на септември, тоа ќе важи до
крајот на годинава.
Според Одлуката, за бел леб сечен на парчиња или за цел, за бел шеќер,
како и за сончогледово масло за јадење, со исклучок на ладно цеденото,
има трговска маржа до 5 проценти во трговијата на големо и до 5 проценти
во трговијата на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, за
макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз, за трајното
кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и за јајца од кокошка, за
сите трговски друштва и трговци поединци што учествуваат во трговскиот
синџир, утврдена е трговска маржа од 10 проценти во трговијата на големо
и до 10 проценти во трговијата на мало.
Значи, во моментов нема ограничување на маржата за сирењата и
кашкавалите. Но, како што најавија од Владата, се размислува за
проширување на списокот производи за кои ќе има ограничена маржа.

You might also like