You are on page 1of 19

СОУ Гимназија „Гоце Делчев„ Куманово

Предмет:Економија

Тема:БДП како најважниот показател на економската


активност во една земја

Професор\Ментор:
Изработила:
Данијела Ивановска Милица Стојановска IV10
Март 2023
Содржина
Вовед....................................................................................................................... 3
 БДП(Бруто домашен производ).....................................................................4
 Номинален и реален бруто домашен производ..........................................6
 Фактички и потенцијален бруто-домашен производ (БДП)......................9
 КОМПОНЕНТИ НА БДП....................................................................................12
 Лична потрошувачка......................................................................................13
 Инвестициска потрошувачка........................................................................13
 Државна потрошувачка.................................................................................13
 Нето извоз........................................................................................................14
 МЕТОДИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА БДП.................................................................14
 Производен метод..........................................................................................14
 Доходен метод................................................................................................ 15
 Расходен метод...............................................................................................16
 Заклучок............................................................................................................ 16
 Користена литература......................................................................................17

2
 Вовед
Во оваа проектна задача ќе ви објаснам за БДП(бруто домашен производ) како
еден од основните показатели на големината и успехот на
една економија.Оваа тема ја избрав бидејќи сметам дека државата е тука за да
создаде поволно опкружување , а БДП може да биде само еден од
показателите дали добро го прави тоа,поради тоа е битен и значаен
фактор,преку кој се мери вкупната економска активност на една земја.Поточно
ќе ви објаснам што е бруто домашен производ,дефиниција и разјаснување за
реалниот,номиналниот,актуелниот и потенцијалниот,потоа се анализирани
компонентите на БДП односно лична потрошувачка,инвестициска
потрошувачка,државна потрошувачка и нето извоз,потоа се опишани методите
за пресметка на БДП,детално се прикажани производен метод,доходен метод и
расходен метод.

3
 БДП(Бруто домашен производ)
Бруто домашниот производ (БДП) ја претставува целокупната економска
активност на една земја. Тоа е најзначајна макроекономска категорија со која
се прикажува вкупната вредност на произведените финални добра во една
економија во текот на една година. БДП ги вклучува сите материјални
добра,нематеријални услуги, стоки и тековни производствени услуги. Поради
специфичниот карактер на одредени дејности, бруто-вредноста на
производството се дефинира на различен начин.Така, на пример, во
трговијата, бруто-вредноста на производството претставува разлика помеѓу
продажната и набавната вредност на продадената трговска стока, односно
бруто-вредноста на производството е еднаква на бруто-маржата во оваа
дејност.Кај банкарско-финансиските институции, бруто-вредноста на
производството е еднаква на збирот од приходите на банката добиени од
вршење на банкарски услуги и пресметаната вредност на импутираните
банкарски услуги кои се добиени како разлика помеѓу примените и платените
камати.Кај осигурителните друштва, бруто-вредноста на производството е
еднаква на вредноста на пресметаните осигурителни услуги што се
пресметуваат како разлика помеѓу приходите од премии за осигурување и
останатите надоместоци за штети од осигурувањето При проценка на
состојбата на националната економија, главно се разгледува вкупниот приход
на сите субјекти на економијата, а за таа цел служи бруто домашниот производ
(БДП) што мери две работи:

- вкупен приход на сите субјекти на стопанството и

- вкупни расходи за потрошувачка на стоки и услуги.

Од табелата подолу согледуваме дека во четвртиот квартал на 2019 година,


домашната економија и натаму расте и забележува стапка на реален раст од
3,4% на годишна основа односно раст од 2,9% на квартална основа.Раст на
додадената вредност во четвртиот квартал е забележан кај поголем дел од
дејностите, а највисок индивидуален позитивен придонес има групата дејности
„трговија, транспорт и угостителство“. Исто така,позитивен придонес во
вкупниот економскиот раст имаат и растот на додадената вредност во
градежниот сектор и земјоделството. Од друга страна, во четвртиот
квартал,индустријата забележа пад,наспроти солидниот раст во претходниот
4
квартал, во услови на висока споредбена основа од претходната година, што е
поврзано со високиот раст на енергетскиот сектори и рударството

Оттука, можеме да ги утврдиме и компонентите од кои е составен бруто


домашниот производ:

Секторот на домаќинствата – секое семејство преку своите доходи троши


одредена количина на добра и услуги, но одредена количина од доходот кој
останал непотрошен го заштедува. Со тоа влијае врз вкупната вредност на
финални добра во економијата.

Секторот на претпријатијата влијае врз БДП преку трошоците кои ги прави за


неговото работење, како и преку инвестирање во капитални фондови.

Секторот на државата како компонента има влијание врз БДП преку собирање
на средства во вид на даноци, а исто така има влијание и преку трошењата кои
ги прави за своето непречено функционирање, како и преку социјалните
трансфери.

Надворешно-трговскиот сектор придонесува во вредноста на БДП преку увозот


и извозот на различни добра и услуги. Вредноста на БДП се зголемува кога
извозот е поголем од увозот и обратно.

Може да се забележи дека секој од овие сектори има влијание врз еден или врз
повеќе други сектори како компоненти на БДП.Така, на пример, еден дел од
трошоците на компаниите се наменети за доход на домаќинствата како и за

5
плаќање на даноци и придонеси кои, пак, се приходи во секторот на државата.
Од друга страна, трошоците кои ги прави секторот на домаќинствата е приход
за секторот на претпријатијата. На овој начин БДП ги сумира ефектите од сите
сектори и ја прикажува економска активност на целокупната економија.

 Номинален и реален бруто домашен производ


Номинален БДП се добива кога произведените финални добра и услуги во
тековната година ќе ги помножиме со пазарните цени во таа година.Тие
цени,исто така се нарекуваат тековни,а дефиницијата за номинален БДП
гласи:Номиналниот БДП ја претставува вредноста на вкупно произведените
финални добра и услуги во економијата искажани во тековни цени.Во
дефиницијата го употребуваме поимот тековни цени,односно цените од
годината за која вршиме пресметка.Тие во себе го содржат влијанието на
инфлацијата.Значи,ако во односната година стапка на инфлација е 25%,со тоа
доаѓа до општ пораст на нивото на цените на економијата за 25%.Кога
решававме,во пресметката ги употребивме тековните цени,тоа во големината
на БДП ја вклучува инфлацијата.Некогаш поглемиот номинален БДП може да е
добиен само од високите цени од инфлацијата,а реалното количество
произведени финални добра и услуги дури и да е намалено во однос на
минатиот период.На пример,едно претпријатие минатата годна произвело
50000 парчиња чанти по цена од 30п.е.Со тоа остварило 1500000 п.е. вкупен
приход.Истото претпријатие во тековната година произведувало помалку чанти
и тоа 40000 парчиња,но истовремено во годината поради инфлацијата од 50%
цените пораснале на 45п.е. за парче,со што претпријатието реализирало
номинален приход од 1800000п.е(40000x45 п.е.).Ова покажува дека
претпријатието,иако произведеувало помало количество добра-чанти,сепак
поради повисоките цени од инфлацијата,покажа поголем пораст во
реализацијата од 1500000п.е. на 1800000п.е.Меѓутоа,овој пораст не е
реален.Тој е резултат на зголеменото општо ниво на цените.Ова е можно и на
ниво на целата економија поради инфлацијата.Затоа велиме дека
номиналниот БДП не е реален показател на вкупниот аутпут во
економијата.Поради тоа се пресметува вториот вид на БДП-реалниот бруто
домашен производ. Номиналниот БДП на Република Македонија во 1998

6
година достигна 193.153 милиони денари1,односно 3,5 милијарди УСД2,што
претставува номинален пораст од 4,4%во однос на 1997 година.Изразен во
реални големини,во 1998г. БДП оствари пораст од 2,9% што претставува
поинтензивен пораст на економската активност во споредба до 1997 и
1996година,кога порастот изнесуваше 1,5 и 0,8% соодетно.

Графикон-БДП реални стапки на пораст:

Реалниот бруто-домашен производ ја претставува вредноста на вкупно


произедените финални добра и услуги во економијата искажани преку
постојани,константи,базични цени.Како показател реалниот БДП е ослободен
од дејството на инфлација.Него го добиваме кога вкупното произведено
количество на добра и усуги во тековната на пример,2003година го множиме со
цените од 2000 година,што се земени како постојани,базични,бидејќи
2000година е земена за базна година.Исто така реалниот БДП за 2004 година
ќе се пресметува кога ќе се помножат произведените количества добра и
услуги од 2004 година со нивните цени од 2000година.Според ова,реалниот
БДП ги одразува промените во вкупниот аутпут во економијата кои се резултат
на промените на произведените количества добра и услуги,а не и резултат на
промените на цените на добрата и услугите.Реалниот БДП може да се
пресмета и преку таканаречениот БДП-дефлатор.Тој ни го покажува нивото на
цените во тековната година во однос на ниото на цените од претходната
година.Нивото на цените т.е. промените на општото ниво на цени се мери
преку индексот на цени.Во економијата најчесто се користи т.н. индекс на

1
Проценети податоци од Заводот застатистика на Република Македонија.

2
Користен просечен девизен курс на денарот во однос на УСД за 1998 година.

7
потрошувачки цени3.Ако на пример,општото ниво на цени о минатата година го
означиме со индекс 100,а цените од тековната година пораснале за
30%,индексот на пораст на цените ќе биде 130.Сега 130 ќе се подели до 100,ќе
се добие 1,3-тоа е БДП-дефлаторот.Понатаму реалниот БДП ќе се добива кога
номиналниот БДП ќе се подели со БДП-дефлаторот:

Пример БДП-номинален за 2003 година е 400милјарди.Да претпоставиме дека


порастот на цени-стапката н инфлација во 2003 година во однос на 2002
година изнесува 3% и ако индексот на цени во 2002 година се означи со
100,тогаш индексот на цени во 2003 година ќе изнесува 103.БДП-дефлатор ќе
се добие кога 103 п.е. ќе се подели со 100 и е еднаков на 1,03.

И,ако овие големини ги замениме во формулата за реален БДП,ќе добиеме:

Ваквата пресметка покажува дека номиналниот БДП во 2003 година е повисок


и изнесува 400милијарди денари во однос на реалниот БДП кој е 387,57
милијарди долари,но вториов е реален и вредносен,бидејќи ја исфрла
инфлацијата и ја дава вистинската слика за произведените количеста добра и
услуги.Кога реалниот БДП ќе се подели на жители,се добива БДП per
capita(БДП по глаа жител).

*И номиналниот и реалниот БДП ја покажуваат финансиската сигурност на


земјата, при што реалниот БДП е приоритетен пред номиналниот БДП. Ако во
земјата има инфлација, реалниот БДП ќе биде помал од номиналниот БДП,

3
Consumer Price Index-CPI

8
иобратно, доколку има дефлација, реалниот БДП ќе биде поголем од
номиналниот БДП.

- Кога фактичкиот БДП > потенцијалниот = Експанзија

- Кога фактичкиот БДП < потенцијалниот = Рецесија

 Фактички и потенцијален бруто-домашен производ (БДП)


Во економијата,економистите ги објаснуваат и анализираат и другите два вида
БДП,кои даваат јасна слика за создаденото во годината.

Фактичкиот БДП е вистински реален БДП,реализиран во текот на една


година.Тој,значи,е реалниот БДП во секоја година поединечно.Постојано се
менува и варира,при што една година стапката на раст е повисока,а друга
пониска или во стагнација, Оттука, актуелниот БДП ги покажува само
краткорочните варирања, флуктуации, на бруто-домашниот производ од година
во година. Наједноставното објаснување на долгорочната тенденција на раст
на БДП се аргументира со фактот што во рамките на економскиот циклус
(бизнис-циклусот) епизодите на рецесија, кога БДП опаѓа, се значително
пократки во однос на епизодите на експанзија, кога БДП манифестира
тенденција на раст4. Во реалниот економски живот актуелниот БДП постојано
флуктуира, варира, над и под потенцијалниот БДП, опишувајќи го, на тој начин,
движењето на економијата низ одделните фази на економскиот, т.е. на бизнис-
циклусот. Притоа, разликата помеѓу актуелниот и потенцијалниот БДП го
покажува т.н. производствен јаз-БДП-јазКога актуелниот БДП е над
потенцијалниот, економијата е во експанзија, т.е. во т.н. инфлаторен јаз.
Обратно, кога актуелниот БДП е под потенцијалниот, економијата е во
рецесија, т.е. во рецесионен јаз.Производствениот јаз (инфлаторен или
рецесионен) е индикација за одговорот на клучните макроекономските
политики (фискалната и монетарната), т.е. за начинот на кои тие ќе реагираат,
со цел да спречат висока инфлација или евентуална депресија, т.е. со цел да
се доближи, толку колку што тоа е можно, актуелниот до потенцијалниот БДП.

4
Во периодот од 1948 до 2001 година, на пример, во САД, просечното траење на епизодите на
рецесии се проценува на 10,1 месеци, а на епизодите на експанзии на 53,7 месеци. (Фити 2009,
стр. 53; Види за ова и Mishkin 2012, p. 202–203).

9
Потенцијалниот бруто-домашен производ ја покажува долгорочната тенденција
на актуелниот БДП, т.е. движењето на актуелниот БДП ослободен од
краткорочните флуктуации. Кога економијата функционира на својот
потенцијален БДП, сите расположливи ресурси се користат ефикасно. Тогаш
сите фактори на производството5 се високоангажирани, високовработени и се
остварува оптимален агрегатен аутпут, односно максимално одржливо ниво на
производство, максимално количество добра и услуги што може да се
произведат, без да се загрози стабилноста на цените. Ваквото определување
на потенцијалниот БДП имплицира две значајни работи. Прво, кога економиите
функционираат на својот потенцијал, силите на инфлацијата мируваат – нема
шокови, нарушувања, ниту на страната на агрегатната побарувачка, ниту на
страната на агрегатната понуда. Второ, кога економиите функционираат на
нивото на потенцијалниот БДП, стапката на невработеност е релативно ниска,
прифатлива, односно невработеноста е на нивото на т.н. природна стапка на
невработеност.Прво, потенцијалниот БДП не претставува максимален
производ, максимален аутпут што економијата може да го оствари во
определен период. повеќе упатува на максималниот обем на производство што
економијата може да го постигне, при тоа без да се наруши ценовната
стабилност, односно без да проработат силите на инфлацијата. Ако
претпоставиме, на пример, дека една економија ефикасно ги користи сите
расположливи ресурси односно дека со нивната заемна комбинација може да
го зголемува вкупното производство на финални добра и услуги до нивото од
100 млрд. $, и во исто време да осигури стабилно општо ниво на цените, значи
ниска инфлација, тогаш велиме дека таа функционира на нивото на
потенцијалниот БДП. Меѓутоа, економијата може, со натпросечно користење на
ресурсите6 да произведе и повеќе, да кажеме, 110 млрд. $ финални добра и
услуги. Но, ако тоа се случи, во економијата ќе проработи инфлацијата, ќе
почнат да растат цените на добрата и услугите и на факторите на
производство, односно ќе дојде до пораст на општото ниво на цените. Во оваа
ситуација економијата функционира над својот потенцијал.

5
Земјата,трудот,капиталот,технологијата
6
(интензивна експлоатација на природните ресурси – рудните богатства, шумите, водите,
трудовите ресурси, машините, опремата, технолошките линии).

10
Приложениов графикон јасно ги одразува флуктуациите на актуелниот околу
потенцијалниот бруто-домашен производ во економијата на САД во еден долг
временски период – од 1930 до 2003 година.

Извор: Paul Samuelson and Wiliam Nordhaus: Economics, McGraw-Hill,


International Edition, 2005, p. 410

Графиконот покажува дека најдрастично отстапување на актуелниот од


потенцијалниот аутпут (во смисла на одржување на актуелниот БДП под
потенцијалниот) е присутно во периодот на Големата депресија 7.Од друга
страна, во периодот на деведесеттите години,актуелниот БДП на САД е сосема
блиску, речиси се совпаѓа, со потенцијалниот аутпут, што упатува на
констатацијата дека американската економија, во тој период, рационално,
ефикасно, практично оптимално, ги користела расположливите ресурси.

Движењето на актуелниот и потенцијалниот БДП во САД во периодите на


поновите бизнис-циклуси:

7
од 1929–1933 година

11
Извор: Адаптирано врз основа на Michael Parkin 2012, Pearson Education, Inc.,
2012, p. 91 .

Графиконот покажува дека по краткотрајната рецесија од 2001 година,


економијата на САД навлегува во фаза на експанзија, којашто во нејзиниот ран
период го доближува актуелниот БДП до потенцијалниот и во текот на 2006
актуелниот БДП, на краток период, дури и го надминува потенцијалниот БДП.
Графиконот, исто така, ја покажува острата рецесија на економијата на САД по
2008 година (најновата глобална финансиска и економска криза), кога
актуелниот БДП падна значително под потенцијалниот.

 КОМПОНЕНТИ НА БДП
БДП е збир од:

-Лична потрошувачка (C),

-Инвестициска потрошувачка (I),

-Државна потрошувачка (Г) и

-Нето извоз (NX)

БДП = C + I + G + NX

12
 Лична потрошувачка
Личната потрошувачка е најголемиот макроекономски агрегат. Во повеќето
светски економии во просек сочинува околу 2/3 од бруто домашниот производ,
а нејзините осцилации значително влијаат врз целата економија.Личната
потрошувачката го претставува збирот на сите расходи на домаќинствата за
сите стоки, на пример за:

- трајни производи за широка потрошувачка (автомобили, мебел, итн.),

- нетрајни производи за широка потрошувачка (храна, облека, итн.),

- услуги кои се сметаат за нематеријални добра (финансиски услуги,


образование и сл. Исклучок се расходите за нови куќи и станови, кои не се
вклучени во потрошувачката.

 Инвестициска потрошувачка
Инвестициите или инвестициската потрошувачка подразбира купување на
стоки што ќе се користат во иднината за производство на други стоки и услуги,
а се состои од збирот на расходите на компаниите за нови згради, опрема,
машини и материјали. Постојат три категории на трошоци:

- фиксни инвестиции во станбени згради - недвижен имот/нова градба


(трошоци на домаќинствата на куќи и станови)

- други фиксни инвестиции (расходи на компанијата за згради и опрема


неопходни за деловно работење) и

- инвестиции во залихи (промени во залихите на компанијата),задоволување на


потребите на долг рок,yсогласувањето на инвестициското трошење со
реалните можности е предуслов за здрава иодржлива економија, а прекумерна
инвестициска потрошувачка е генератор на инфлација.

 Државна потрошувачка
Државната потрошувачка претставува купување на стоки и услуги од страна на
државните и локалните власти и федералната влада,а не ги опфаќа државните
трансфери,трансферните плаќања бидејќи тие не се направени во замена за
добро или услуга од тековното производство.

13
 Нето извоз
Нето извозот ја претставува разликата помеѓу трошењето на странците за
домашно произведени стоки-извоз и домашните трошоци за странски стоки-
увоз. На пример, ако една компанија продава повеќе производи надвор од
нејзините граници, го зголемува својот нето извоз во друга земја.Секој пат кога
некој купува стоки или услуги од странство нето извозот се намалува, но тоа не
влијае на БДП бидејќи личната потрошувачка,инвестициите или државни
трошоци истовремено се зголемуваат.

 МЕТОДИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА БДП


Постојат 3 методи кои го пресметуваат производот од аспект на
производството,дистрибуција и потрошувачката.Бруто домашниот производ
може да се мери на три начини:

- збирот на вредноста на производството на сите индустриски сектори во


економијата (производен метод)

-збирот на сите приходи во производниот процес(доходен метод),

- збирот на сите расходи за стоки и услуги на сите потрошувачки сектори во


економијата (расходен метод),

Сите три методи мора да доведат до ист резултат,ако не, веројатно е дека сме
направиле нешто погрешно во процесот на пресметка на БДП.

 Производен метод
БДП се добива како вредност на производството минус меѓуфазната
потрошувачка, плус даноци, минус субвенции на производи.Со други зборови,
БДП го претставува збирот на БДВ по основни цени на сите резидентни
институционални единици, плус сите даноци на производи, минус сите
субвенции на производи.

БДП = бруто додадена вредност + нето-даноци(даноци минус субвенции)


напроизводи.Или БДП = бруто вредност на производство – меѓуфазна
потрошувачка + нето даноци на производи. Важно е по кои цени е пресметано
производството. Најчесто производството и бруто додадената вредност се
искажуваат по основни (базични) цени.Оттука,на бруто додадената вредност

14
треба да се додадат сите даноци минус субвенции на производи и увоз,
бидејќи БДП се изразува во пазарни цени.

 Доходен метод
Производството на стоки и услуги создава приход. Тие можат да бидат:

- надоместоци за вработените (плати и плати на работниците) или

- добивка за физички лица кои водат бизниси.

Овoj метод го мери БДП со сумирање на приходот добиен од


производителите,добивката и платените даноци на државата и амортизација.
појдовна точка се факторите на производство; поточно сепоаѓа од
надоместоците на одделните фактори на производство, т.е. доходите коисе
плаќаат на нивните сопственици за употреба на факторите во
производниотпроцес.

БДП = надоместок на вработените + бруто деловен вишок (добивка) + бруто


мешан доход + (даноци-субвенции на производи)

BDP = RA + EBE + даноци– субвенции

Каде што RA е компензација на вработените, а EBE е бруто оперативен вишок.

Табела:БДП по доходен метод(годишни податоци),реални стапки на раст:

8
Податоци од државен завод за статистика.

15
 Расходен метод
Бруто-домашниот производ според расходниот метод ја прикажува финалната
употреба, т.е. потрошувачката на финални производи и услуги произведени во
домашната економија за финална потрошувачка, бруто-инвестициите и нето-
извозот на стоки и на услуги. Најчестиот начин да се пресмета БДП на една
земја е според нејзината агрегатна побарувачка:

BDP = C + I + G + X – M (C е Финалната потрошувачка, I се инвестициите, Х го


претставува извозот, а М е увозот)

Бруто-домашен производ = Финална потрошувачка + бруто-инвестиции + извоз – увоз

Табела:БДП по расходен метод(годишни податоци),реални стапки на раст:

 Заклучок

Една од најзначајните макроекономски категории е бруто домашниот


производ.Тој е најсинтетички,најважен и најчесто користен показател на
вкупната економска активност во една земја.Економистите го дефинираат
како:збир на вредноста на вкупно произведените добра и услуги во една земја
во текот на една година.

16
 Користена литература

1. https://www.stat.gov.mk/Publikacii/3.4.18.01.pdf
2. https://www.stat.gov.mk/Metodologii/MetodologijaBDPregioni.pdf
3. http://www.vps.ns.ac.rs/Materijal/mat2936.pdf
4. https://www.stat.gov.mk/pdf/2022/3.1.22.14_mk.pdf
5. Таки Фити, Економија - Основи на економија,Економски факултет - Скопје,
Скопје, 2010

17
18

You might also like