You are on page 1of 2

17.

јануари 2023
Teхнологија

Aldi Југ ги модернизира касите во


германските маркети

Aldi Југ најави дека ќе воведе поголем број иновации поврзани со


касите во своите германски филијали, со цел да го поедностави
процесот на наплата.
Новите POS-концепти неодамна беа тестирани во 30 пилот-филијали.

Повеќе време за пакување на производите


Во соопштението, Aldi Југ наведува дека филијалите постепено ќе
бидат опремувани со по најмалку една проширена каса, која може да
опслужува двајца муштерии истовремено.
Овие каси ќе бидат проширени и дополнети со двојни ленти, со два
дисплеја. Додека едниот муштерија плаќа, веќе може да почне
следната наплата.
Ова значи дека касите ќе бидат опремени и со два одвоени EC-
терминала и печатачи за фискални, кое на купувачите ќе им даде
повеќе време за пакување на продуктите.

Каси за самонаплата за 2023


Покрај постоечките и новопроширените каси, Aldi Југ најави дека
избрани филијали во урбаните средини ќе добијат системи за
самонаплата. Мерките за воведување ќе почнат во првото тромесечје
од 2023 година.

„Во зависност од географската локација и структурните услови, во


секоја филијала има индивидуални желби и барања од муштериите“,
вели Андре Гисен, директор на оперативното работење на
националните филијали во Aldi Југ. „Наша задача е истите да ги
познаваме и да нудиме решенија од кои ќе профитираат и нашите
муштерии и нашите вработени.

„Со оптимизација на просторот за касите, дисконтот ја јакне својата


филозофија ‚Добро за сите‘. Под ‚сите‘ се подразбираат и вработените.
Како ‚срце‘ на филијалите, тие секојдневно даваат сѐ од себе, со цел на
муштериите да им пружат најдобро доживување при пазарувањето“, додаде
Гисен.

You might also like