You are on page 1of 11

УНИВЕРЗИТЕТ ‘‘ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА – ГЕВГЕЛИЈА

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ ОСНОВИ НА ЛОГИСТИКА

ЛОГИСТИЧКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ИКЕА

ментор: студенти:

доц. д-р Драшко Атанасоски Томе Чавдаров 172932

Тимчо Делков 172940

Ристе Прчев 172939

Гевгелија, декември 2012


СОДРЖИНА:

 Апстракт
 Клучни зборови
 Вовед
o Огранизациска структура на Икеа
 Примарно логистички системи
 Секундарно логистички системи
 Терцијарно логистички системи
 Квартарно логистички системи
 Квинтарно логистички системи
 Микро, макро и глобален логистички систем
 Заклучок
 Користена литература

2
АПСТРАКТ

Процесите на производство на мебелот на Икеа како и самата


дистрибуција низ светот е еден многу комплексен логистички процес. Целото
работење на компанијата може да се претстави во секој логистички систем
поради обемноста на распространетоста на дејноста на Икеа. Целта на оваа
проектна задача е да ни ги разјасни одделно секој од тие сегменти со цел да се
запознаеме со работењето на една компанија од вакви размери.

APSTRACT

IKEA furniture manufacturing processes as well as the distribution across the


world is a very complex logistical process. The entire operation of the company can
be presented in any logistics system because of the sheer volume of the distribution
activity of Ikea. The aim of this project is to clarify each of these segments separately
in order to become familiar with the operations of a company of this scale.

3
КЛУЧНИ ЗБОРОВИ

 Дрво
 Пластика
 Обработка
 Дистрибуција
 Складирање
 Шведска
 Фабрика

4
ВОВЕД

Икеа е приватна интернационална компанија која дизајнира и продава


‘‘состави сам’’ мебел, како што се кревети, столови, маси, апарати и прибори.
Компанијата е најголемиот производител и продавач на мебел во светот.
Основана е во Шведска 1943 година од 17 годишниот Ингвар Кампрад (Ingvar
Kamprad), кој подоцна станал еден од најбогатите луѓе во светот. Името на
компанијата е акроним од иницијалите на основачот Ингвар Кампрад, фармата
каде што пораснал Елмтарид (Elmtaryd) и неговото родно место Агунарид
(Agunnaryd). Компанијата е позната по модерниот дизајн на мебелот и разни
уреди, често поврзуван со поедноставен еколошки дизајн.

Исто така Икеа е позната по вниманието кое го посветува на контролата на


трошоците, оперативните детали и континуиран развој на производот,
овозможувајќи намалување на цените за 2-3% во последната деценија.

Заклучно Октомври 2011, Икеа има 332 продавници во 38 држави. Во


фискалната 2010 година Икеа продала производи во вредност од 23,1
милјарди долари, што покажало пораст од 7,7% во однос на 2009 година. На 17
Февруари 2011 година, Икеа ги претстави своите планови да изгради парк на
ветерни електрани во округот Даларна во Шведска, стремејќи се кон тоа да
нивните фабрики работат на 100% обновлива енергија.

Огранизациска структура на Икеа

Икеа е во сопственост на комплицирани низи на профитни и непрофитни


корпорации. Корпорациската структура е поделена на два главни дела:
Операции и Франшизинг. Најголем дел од операциите на Икеа, вклучувајќи го
менаџментот на продавниците, дизајнирањето и производството на мебелот,
како и набавките за суровини се водени од ИНГКА Холдинг (INGKA Holding),
профитабилна компанија од Холандија. Икеа продавниците во 36 држави, 235
ги води ИНГКА Холдинг, додека преостанатите 30 се водени од франшизери.
ИНГКА Холдинг – от не е самостојна компанија, туку целосно е во сопственост
на Stichting Ingka Фондацијата, која пак е основана во 1982 година од Кампрад
во Холандија, како ослободена од данок, непрофитна фондација. Ингка
фондацијата ја води петчлен извршен комитет, на чело со Кампрад. Додека

5
поголем дел од продавниците на Икеа оперираат под Ингка Холдингот и Ингка
Фондацијата, Икеа заштитниот знак и концепт е во сопственост на сосема
друга компанија исто така регистрирана во Холандија, Интер Икеа Системи
(Inter IKEA Systems). Секоја Икеа продавница, вклучувајќи ги и оние водени од
Ингка Холдинг, плаќаат франшиза во износ од 3% од вкупниот профит на
Интер Икеа Системи. Сопственичката структура на Интер Икеа Системи е
екстремно комплицирана и непозната во целост, се со цел да се дојде до
профит за кој нема да се плати данок.

Слика 1. Дијаграм на огранизациската структура на Икеа

6
ПРИМАРНО ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ

Примарно логистичкиот ситем овде го опфаќа сечењето на дрвената


граѓа и депозити од дрва, како и одгледувањето и берењето на памук потребни
за изработка на голем дел од палетата на производи на Икеа. При сечењето на
дрва, најпрво на памет ни паѓа уништувањето на природата, но тука не е така.
Икеа користи дрва од плански и одговорно сечени шуми, кои се обновуваат за
да се зачува биолошката разновидност на природата. Бидејќи дрвото и памукот
се два од најважните материјали во производите на Икеа, тие се трудат да
искористат најмногу од секое дрво и растение со памук, исто така работат и
еколошки, без претерана употреба на хемикалии и вода.

СЕКУНДАРНО ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ

Како надоврзување на примарно логистичкиот ситем, овде станува збор


за транспортирањето на исечените дрва до целосно автоматизираната
фабрика за обработка на дрво во Хулцфрид, Шведска (Hultsfred). Процесот
започнува со самото пристигање на граѓата во фабриката, понатаму дрвата се
пренесуваат на подвижна лента која ги носи до машина за отстранување на
кората и дрвата се сецкаат на мали парчиња. Потоа се мешаат со ‘‘дрвена
прашина’’ која е нуспроизвод од сечењето на дрвата, и цела оваа смеса се
суши на 450˚С, а потоа се додаваат везивни елементи (но не и лепак, бидејќи е
лесно запалив) и се пресува во плочи дебели 15 милиметри (иверка).
Транспортирањето на овие плочи во фабриката го вршат авроматизирани
платформски роботи. Од фабриката, Икеа користи конвенционален транспорт
до некоја од другите нејзини фабрики во скандинавија.

ТЕРЦИЈАРНО ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ

Овде ќе ја претставиме врската помеѓу секундарниот сектор и крајните


купувачи преку планирање на производството, пакување, складирање на
залихите, транспорт и дистрибутивните центри на Икеа.

o Планирање на производството

Кога имате палета на производи од преку 10 000, планирањето на


производството во петте фабрики претставува вистински предизвик. Ова

7
подразбира комплексни пресметки, комбинирани со податоците за залихите од
компјутеризираните складишта за правилна распределба на производството и
на самото темпо на производство.

o Пакување

Тајната на ниската цена на производите на Икеа лежи во намалувањето на


трошоците, тука спаѓаат и транспортните трошоци. Затоа Икеа се труди
пакувањето на нивните производи да биде колку што може полесно и
покомпактно со цел да се транспортираат повеќе парчина со една пратка.
Идеата за ‘‘состави сам’’ мебел настанала во 1959 година, тогаш и самиот
Кампрад не бил свесен колку тоа ќе му помогне во намалувањето на
димензиите на пакувањето и транспортните трошоци. Со ова Икеа успеала да
ги намали волуменот и тежината при транспортот за 15% во споредба со
конвенционалниот мебел.

o Складирање на залихите

Складишната политика на Икеа е да не ги чува залихите на своите производи


воскладиштата во фабриките, туку тие веднаш ја напуштаат фабриката и се
складираат во некои од 42-та дистрибутивни центри низ светот, понатаму се
транспортираат низ мрежата на продавници каде секоја продавница исто така
има свое складиште.

o Транспорт

За компанија од овој калибар сигурно би помислиле дека поседува и свои


транспортни возила, но Икеа во сите сегменти на производството и на
дистриуцијата склучува мал милион договори со транспортни компании за
транспорт на нивните производи низ светот.

o Дистрибутивни центри

Икеа поседува 42 дистрибутивни центри распространети насекаде, некои од


нив вбројувајќи се меѓу најголемите во светот. Во овие центри, производите
најчесто се складираат на рафтови некои високи и преку 10 метри. Целиот
процес на складирање на рафтовите е автоматизиран и компјутерскиот систем
точно знае кој производ на кој рафт и на кое место се наоѓа.

8
КВАРТАРНО ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ

Во однос на квартарно логистичкиот систем во Икеа може да ја


спомнеме технологијата на производство и технологијата на самото создавање
на прототип производи. Во истражувачкиот центар во Алмхулт, 3000 протитипа
се произведуваат од четирите оддели за истражување и развој. Производите
поминуваат илјадници часови тестирање пред да бидат пуштени во продажба.
Исто така со најновата технологија на 3D принтери, помалите производи прво
се изработиваат од пластика за испитување на нивните димензии и
карактеристики. Потоа производот се разгледува од техничари за развој на
нови производи и се донесува одлука дали ќе се започне масовно
производство.

КВИНТАРНО ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ

Од аспект пак на квинтарно логистичкиот систем, некои ја осувуваат


Икеа дека ги злоупотребува либералните законски регулативи со
поставувањето на централата во Холандија и со целата организациска
структура, со цел да создаде профит кој нема да подлежи на оданочување.

МИКРО, МАКРО И ГЛОБАЛНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ

Во микро логистиката може да го спомнеме работењето и поврзаноста


на фабриките на Икеа. Целиот спој на логистички системи меѓу петте фабрики
на Икеа работи перфектно. Овде може да се каже дека Икеа го постигнала
врвот во автоматизација и компјутеризација на производството. Каснењето на
материјалните добра во текот на самото производство е сведено на нула. Исто
така се искористува и максималниот потенцијал на автоматизацијата со цел да
се намали човечката работна сила. Со постојаното усовршување на протокот
на добрата и информациите низ системот, се елиминира тежнеењето на некој
подсистем кон издвојување и се осигурува оптимално постигнување на целите
на составот како целина.

Во макро логистичкиот систем на Икеа спаѓа работењето на ниво на


една држава или пак на ниво на Европската Унија. Една од причините зошто
Икеа има најголема концентрација на продавници и дистрибутивни центри во

9
Европа е тоа што со законските регулативи на Европската Унија, е олеснето
работењето како на производните погони, така и на продавниците, како и
умешното изнаоѓање на ‘‘законски дупки’’ за да се избегне плаќањето данок.
Дури може да се каже дека во помалку развиените земји како Р. Македонија,
настапувањето на Икеа на пазарот би ги уништило помалите домашни
производители на мебел.

Од аспект на глобалната логистика може да се зборува многу бидејќи


Икеа е една глобална компанија. Суштината на глобалната логистика е во тоа
што Икеа со своето знаење, способноста, вештините и логистичките активности
функционално и ефикасно ги поврзува делумните процеси совладувајќи ги
глобалните просторни и временски трансформации на материјалот, добрата,
во сигурни, брзи и рационални логистички процеси.

ЗАКЛУЧОК

Производството на мебел никогаш не било толку едноставно осмислено


и автоматизирано како што го дефинира Икеа. И покрај светската економска
криза Икеа продолжи да оди нагоре и да остварува профит, па дури и да
инвестира во нови технологии и да се проширува.

10
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Атанасоски Д. (2012/2013). Интерна скрипта по Основи на логистика.


Универзитет „Гоце Делчев" – Штип

http://en.wikipedia.org/wiki/IKEA

http://hr.wikipedia.org/wiki/Mikrologistika

http://hr.wikipedia.org/wiki/Logisticki_sustavi

http://natgeotv.com/ca/megafactories/ikea-facts

National Geographic: MegaFactories Season 3 Episode 5 (11.2009)

11

You might also like