You are on page 1of 16

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

Факултет за туризам и бизнис логистика – Гевгелија

Наставен Центар - Скопје

Насока: Бизнис логистика

Проектна задача по предмет:

Основи на логистика

Тема:

Чоколадото како логистички производ низ сите логистички фази

Ментор: Изработиле:

Доцент Др. Драшко Атанасоски Атанасиј Марио-Петар


Методијевски Карадакоски176953
Стефан Нешкоски 176979

Марјан Ѓорѓиевски 176931


Бојан Ковачевиќ 177101
Елдар Ватиќ 176957
Скопје, Декември, 2019 година

СОДРЖИНА

Апстракт....................................................................................................................................................3
Abstract......................................................................................................................................................4
1. Вовед.................................................................................................................................................5
2. Обработка на чоколадото во сите логистички процеси.........................................................6
2.1. Примарен логистички систем...................................................................................................6
2.2. Секундарен логистички систем................................................................................................8
2.3. Терцијална логистика...............................................................................................................11
2.4. Микро логистика........................................................................................................................12
2.5. Макро логистика........................................................................................................................13
2.6. Глобална логистика..................................................................................................................14
Заклучок..................................................................................................................................................15
Користена литература.........................................................................................................................16

2
Апстракт

Проектната задача по предметот Основи на логистика, накратко ќе ви го


објасниме процесот на обавување на сите логистички системи, процеси при
добивање и производство на чоколодото. Од самиот почеток на добивање
суровини за производство на чоколадото, до готов производ, односно готови
стоки за транспорт до крајните потрошувачи.

Најпрво, примарното работење односно примарната логистика преставува


термин, израз кој се користи за опишување на организација во која се вклучени
развој и производство на суровини, како месото, житарките, дрвото, металот,
зеленчукот,овошјето.За добивање на овие суровини се користат капацитетите од
земјата односно шумата за дрвото, карпите/рудниците за руда, метал, злато,
водата и шумите за месо и слично.

Секундарен логистички систем, односно секундарно работење


преставува ,вклучува изработка, обработкаи производство од суровините добиени
од земјата во примарниот сектор во материјали за понатамошна репродукција.
Секундарниот процес, како и
целокупната секундарна логистика има многу голема улога во производството, таа
ги преработува суровините до одреден степен за понатамошна обработка, така
овој логистички процес е неопходен.

При дефинирање на поимот терцијарна логистика и терцијарно логистички


системи треба да се има во предвид темелното значење на логистиката и
темелното обележје на теориите на општите системи. Согласно со тоа, а на
денешниот степен на развој на науката, технологијата, логистиката,
производствените сили и друштвените односи може да се дефинира поимот за
терцијарната логистика.

Клучни зборови: транспорт, логистика, производ, преработка, логистички


процеси.

3
Abstract

In this design task for the subject Basics of logistics, we will briefly explain the
process of performance of all logistics systems, processes of obtaining and producing
chocolate.

From the very beginning of getting raw materials for production of chocolate to
the finished product, or finished goods for transport to final consumers. First, primary or
primary logistics operations represents a term expression used description organization
which includes development and production of raw materials such as meat, cereals,
wood, metal, vegetables, fruits, to obtain these raw materials used capacity of the
country or forest tree, rocks / ore mines, metal, gold, water and forests for meat and the
like.

Secondary logistics system that represents a secondary operations include


manufacturing, processing production from raw materials obtained from the country in
primary sektor in materials for further reproduction. Secondary process, and overall
secondary logistik plays a great role in the production it processed raw materials to
some degree for further processing, so the logistics process is necessary.
In defining the term tertiary and tertiary logistics logistics systems need to bear in mind
the fundamental importance of logistics and fundamental feature of the theory of
general systems. Accordingly, while the present stage of development of science,
technology, logistics, production forces and social relations can be defined notion of
tertiary logistics.

Keywords: transportation, logistics, production, processing, logistics processes.

4
1. Вовед

Во оваа семинарска ќе ги опфатиме сите логистички системи: примарниот


логистички систем, секундарниот логистички систем, терцијалниот
логистички систем, мирко-макро логистичкиот ситем и мега логистичкиот
систем заедно со глобалниот логистички систем. Почнувајќи со примарниот
логистички систем подржан со теоретски факти, теорија и практични примери
врз основа на добивањето какао,како суровина за понатамошна обработка за
добивање на чоколадата, процедурално секој сегмент од логистиката ја
разбработивме низ процесите со цел да ги опфатиме сите дејности и обврски на
логистичкиот ситем од примарниот, па се понатака до секундарниот логистичи
систем, терциерниот логистички систем каде најголема улога има транспортот
на производите кој треба да обезбеди своја безбедност, сигурност компактна и
навремена достава односно превоз на стоки. Терцијалната логистика или
терцијалниот логистички систем кој го подржува транспортот е застапен во сите
логистички системи од примарниот логистички систем па се до мега и макро
логистичкиот систем кој претставува, ја опишува раширеноста, односно
застапеноста на производот на пазарот,кој потоа се дели според неговата
големина на микро логистички систем, макро логистички систем мега и глобален
логистички систем.
Ова е накратко за семинарската по предметот основи на логистика која ке ја
обработуваме преку обработката, добивањето и готовиот производ чоколадо.

5
2. Обработка на чоколадото во сите логистички процеси

2.1. Примарен логистички систем

Во нашиот случај за добивање на чоколадото, примарниот логистички


систем и примарното работење се основни извори за добивање на какаото кое пак
е основна суровина за преработка преку која се добива, се прави чоколадото.
Чоколадото е производ на еден долг, комплициран процес кој започнува со зрната
од Тхеоброма (какао) дрво.Тоа се тропски зимзелени дрвја, кои растат во тропски
влажни низини, тропски предели на Северна и Јужна Америка, Западна Африка и
Југоисточна Азија. Тхеоброма какао буквално значи “храна на боговите“, и ова
име се одразува на неговиот неодолив вкус, како и кон почитувањето кон оваа
боженствена храна. Домородните племиња, американските цивилизации како
Маите и Ацтеките биле првите кои ги користеле парчињата какао како валута, тие
им ги продавале парчињата какао на богатата француска аристократија и
населението кое се населувало од Европа, за добитокот, на пример еден зајак
чинел 10 парчиња какао, една коза 20 парчиња какао.Истотака дробените зрна
какао од кои правеле пијалок, служеле за високите класи, тоа било еден вид
еликсир, задоволство кое ги правело среќни и задоволни буржоаската класа.
За ние денес да можеме да го почуствуваме тоа чувство како
резултат на прекрасното зрно какао, тие треба да поминат низ еден долг и сложен
процес на обработка, преработка, проследен со добар, организиран логистички
систем. Финалниот производ, чоколадата, на пазарот во зависност од тоа во која
земја се продава, се произведува во зависност од неговиот квалитет, состав и
маса, цената на чоколадата од секогаш била доста висока, и постојано ја држела
таа висока цена, која се движи од 5 до 50 долари на америчкиот пазар или од 2 до
30 евра на европскиот пазар.

6
Прашањето е зашто ние плаќаме толку висока цена за едно чоколадо?

Какаото расте во зрна гравчиња, на Тхеоброма дрвото, по сите делови на


стеблото без некој точен определен раст или ниво на кое се распределени,
нивната големина достигнува колку големината на една фудбалска топка, поради
таа причина бербата мора да се врши рачно, односно со помош на мачеви-
мачети. Тука завршува техничкиот дел, пред зрната какао да се спремат за
транспортирање до одредените простории, зрното какао треба да се истретира
односно да помине во две фази, два важни чекори кои мора да се случат, пред
семките, зрната дабидат испратени до произведувачот. Прво, плодовите кои се
доста големи, колку една фудбалска топка, се сечат, се отвараат, да се открие
зрното какао, се двојат и соодветно се сместуваат во дрвени кошници кои треба
да одлежат од 1-2 недели изложени на сончева светлина.
Овој процес ќе овозможи ферментација на зрната, односно испарување на
мирисот од кората и созревање односно добивање на вистински мирис. Овој
процес на природна ферментација е мошне клучен, бидејки им дава посебен
квалитет на зрната какао.

Сл.1. Суровина од какао

Многу висок степен на квалитет се добива кога зрното ќе биде подолг


период изложено на процесот на ферментација, која може дасе одрази со цветни
тонови на крајниот производ. По ферментацијата, зрната остануваат со еден мал

7
тенок слој и се оставаат да се исуши, обично на директна сончева светлина. Кога
плодовите се целосно ферментирани тие се спремни за пакување.
Пакувањето на овие зрна заради безбедност и компактност се ставаат во
големи вреќи, кои најчесто се пластифицирани, се забранува пакувањето на
семките/зрната во хартиени пакувања, бидејки тие го уништуваат плодот, односно
ја губат свежината, вкусот и квалитетот. Така спакуваните вреќи со помош на
логистичкиот систем кој е одговорен за процедурата, се сместуваат, се товараат
со посебни машини, мали виљушкари, или од рака на рака во камион
транспортер, кој е со голема задна кабина.Таму вреќите со какао зрната се редат
компактно, практично и сигурно со цел да се заштеди простор, да се заштитет
зрната,плодовите и сигурно да се достават до производителот. За овој процес кој
треба да му гарантира сигурна, навремена, брза и правилна достава на
производителот е организиран целосен, голем транспортен логистички систем кој
го сочинуваат повеќе транспортни возила,камиони, машини-виљушкари одреден
кадар, работници кои точно и навремено ќе си ја завршат својата работа.
Транспортот во зависност од локацијата на производителите, се реализира со
камионскиот превоз, возен, бродски или пак авионски. Овој целокупен логистички
систем на сигурност и танспорт всушност го преставува терцијалниот логистички
систем.

2.2. Секундарен логистички систем

Секундарен логистички систем, односно секундарно работење


преставува,вклучува, изработка, обработка и производство од суровините
добиени од земјата во примарниот сектор во материјали за понатамошна
репродукција. Секундарниот процес, како и целокупната секундарна логистика има
многу голема улога во производството, таа ги преработува суровините до одреден
степен за понатамошна обработка, така овој логистички процес е неопходен.
Откако добро организираниот транспорт преку терцијалниот систем ќе ги пренесе
зрната какао сигурно и навремено до дистрибутивните центри, каде што зрната ќе
бидат спремни за обработка, почнува процесот на преработка, обработка,

8
доработка на материјалите и секундарниот прцес, односно секундарната
логистика.
Во оваа секундарна логистика вреќите со зрна какао се истовараат и се
сместуваат во одредените складишта, каде се сместуваат на сигурно заштитени и
прилагодени на соодветна температура пред тие да се однесат до халите за
самата преработка. Преработката започнува со првиот процес кој е печење на
зрната какао, зрната си имаат посебен третман, посебна температура на печење
во зависност од нивната влага. По печењето зрната какао се пренесуваат на
посебни ленти до машините за лупење, односно остранување на сувите лушпи,
кои лесно се вадат бидејќи веќе тие сами одпаѓаат по печењето. По овој процес
какао зрната се дробат и од нив истекува течна материја, така наречена какао
путер од која се прави какао пијалок (сируп), сирупот пак е основна состојка за
сите чоколадни производи. По добивањето на чоколадниот сируп почнува да
личи и да мириса смесата на вистинско, интернационално чоколадо. Потоа
сирупот се стиска, пресира за да се острани какао путерот. Од овој момент
какаото е спремно за подготовка за сите специфични и разновидни вкусови,
процеси кои ќе го направат чоколадото различно, специфично едно од друго во
зависност од рецептот и процедурата по која тоасеподготвува. Ако чоколадото е
со низок квалитет ќе се меша со растителни масти, шекери, и ароми за да стане
супстандардно чоколадо, ако чоколадото е со повисок квалитет, на какао путерот
ќе биде повторно додаден чоколадо сирупот, заедно со другите состојки како што
се шеќерот, ванилата и други состојки. Ново добниената смеса семеша, патува
преку серија на алки процеси за да се избалансира текстурата пред да отпатува
во машината за оформување и обликување.

Доаѓаме до процесот на чончинг- машината, тоа е и последниот процес


пред пакувањето, последниот чекор во одредувањето на крајниот вкус и текстура
на чоколадата. Чончинг машината така е наречена според оригианлниот дизајн кој
личи на школка.Оваа машина му прави масажа на чоколадото, на чоколадната
смеса, за период од неколку часа. Брзината, должината и температурата на
чончинг машината го одредува конечниот изглед и дизајн, воедно квалитет на

9
текстурата и вкусот на чоколадата и ги остранува сите останати кисели тонови.
По овој процес, чоколадото од се лади на одередени прецизирани темпреатури,
со цел да се дојде до сјајна, мазна брановита текстура, површина. Конечно, откако
ќе се олади на соодветната температуракоја ја налага рецептот или е поставена
од самиот производител, бидејќи е битен фактор при процесот на создавање на
самото чоколадо и процесот на кој се добива поединечен вкус, се ставаат во
калапи, калапи со различни форми кои подоцна ќе ги идентификуваат чоколадите
по нивниот вкус, големина, грамажа и најбитно од сѐ е што на калапите постои и
само вметнат жиг, односно брендот на фабриката за чоколада, што ги прави
посебно препознатливи овие чоколода,примамливи за купувачите.
Следниот процес е завиткување односно амбалажирање на производите,се
завиткуваат во посебни амбалажи, кои ќе им дадат посебна специфика, посебен
изглед на чоколадата, секако тие амбалажи си носат и свој аблем,
препознатливост, марката на производот, кој го прави препознатлив или помалку
препознатлив, во зависност од тоа како котира производот на пазарот на кој е
пласиран. Потоа убаво спакуваните, амабалажирани, етикетирани производи
чоколада се групираат, селектираат, палетизираат, се редат, се квалифицираат
според нивниот вкус, видот, состојките кои ги содржат во самиот состав, така
убаво спакувано, најчесто во картонски кутии, се реди и добро затвoра со посебна
етикета на секој од нив, која овозможува полесно препознавање на производите,
на нив се наоѓаат и посебни кодови кои подоцна при транспортот, односно
дистрибуциајта, полесно ќе може дасе препознаат, распознаат и соодветно
складираат во складишните простори од страна на складистерите.Овој процес се
следи преку компјутерски мрежи. Вакаамбалажирнаото чоколадо, воедно е и
заштитено и спремно за испорака до барателот.
Испораката се врши од самите складишта на фабриката до бараните
дистрибутери.Овој процес е посебно искоординиран и следен преку добро
организиран логистички систем, кој е поддржан од терцијалната логистика.

10
Сл. 2 Целокупна логистика

2.3. Терцијална логистика

Терцијалната логистика преставува клучен логистички систем во целата


мрежа која овозможува транспорт на стоката, материјалите, репроматеријалите,
полуматеријалите, од точката на испорака па се до точката на дистрибуција до
самите продажни места.Воедно терцијалниот логистички систем освен
транспортната поддршка, нуди и финансиска поддршка и обезбедува финансиски
средства за производот, стоката која ја превезува, односно транспортира.
Испораката се врши со најразличен тип на возила, со најразличен вид на
машини,кои ги ракуваат одредени стручни, односно образовни кадри, кои се
специјализирани за таа струка.Откако ќе се утоварат, палетизираат пакетите со
чоколада од големите хандари, најчесто со посебни помагала, машини кои се во
вид на мини виљушкари, од посебните возила се редат во превозните средства.
Превозните средства се најразлични, во зависност од дестинацијата во која треба
дасе дистрибуираат, ако тоа се пристаништата се користи бродскиот транспорт,
каде пак тој си има свои одредени ангажирани обучени луѓе, кои од камионите
вршат истоварање и складиштење се до моментот на времето кога е одредено за
повторно утоварање на стоката во посебните бродски простории, односно тоа
најчесто се врши преку складиштење на кутиите цоколада во посебни контејнери,
па од тука е и тој контејнерски транспорт. Контејнерскиот тренспорт содржи
посебен процес на сместување со посебни машини. Исто како и кај бродскиот
транспорт тука спаѓа и авионскиот транспорт кој што си има посебна техника и
11
средства при складиштување. Освен овие транспорти понекогаш се користи и
возниот транспорт.Се користи и патниот транспорт, но на помали дестинации.
Нормално транспортот може дабиде и комбиниран, односно според пределите да
се искомбинира транспортот. Сите овие улоги се задача на терцијалната
логистика, особено организирањето на транспортот и финансиите. Во делот кој
транспорт ќе ја употреби терцијалната логистика игра многу важна улога во
потрошените сретства за самиот тренспорт, времето за самиот тренспорт, затоа
што времето е истотака клученмомент за терцијалната логистика, бидејќи таа
треба да ги исполни барањата на доставувачот кој што го организирал тој
транспортен систем. Преку овие примери и системи увидовме дека терцијалниот
логистички систем всушност е многу значаен при целиот логистички систем во
сите логистички фази.Ова е посебноста на тој терцијален логистички систем во
сите фази на логистичките системи. Преку овој логистички процес може да се
надоврземе и на микро, макро и мега логистиката.

2.4. Микро логистика

Пример- Милка
Историјата на чоколадoто Милка започнува во Швајцарија, во еден мал град
Нојшател. Во 1901 година фабриката Филипа Сусхара го објавиле првиот наслов
на млечна чоколада која го добила името Милка.
Во 2001 година брендот на Милка чоколадото славел 100 годишнина.
Повеќе од една деценија фановите на чоколадата уживаат во нивните нежни
фкусови. Тајната на популарната Милка-годишната традиција на квалитет и
уникатното соединување. Во чоколадото Алпското млеко се додава и во суштина
го прави многу меко.
Брендот е познат по препознатливата крава, Милка Крава, која е со
виолетова боја Montbeliard крава кои во реалниот зивот се кафеаво со бело, со
комплетно бело лице. Таа има ѕвонче околу нејзиниот врат, и најчесто е
приказана на Алпските планини. Според официјланиот сајт на Милака името

12
доаѓа од комбинација на Milch и Kakao, кои се германски зборови за млеко и какао,
основните состојки за производство на чоколадо.
Покрај обичните Милка чоколади на сите нас познати по алпското млеко
денес постојат и голем број на други вкусови, па и нови врсти на чоколади, со
помош на новата технологија се справува со Luffle чоколадата со меурчиња на
пример. Последните години Милка својата работа ја проширила на различните
врсти бонбониери, на пр. I Love Milka во облик на срце, детските пакетчиња во
торбици па дури и чоколатца.

2.5. Макро логистика

Макро логистика е систем кој последователноизучува во контекст на


логистички, регионални, национални, меѓународни логистики и на глобално ниво.
Таа ги истражува своите специфични својства: раст, развој, промена.
На пазарот, во турбулентното и променливо бизнис окружување, секојдневното
менаџирање на работењето е невозможно да биде ефективно и ефикасно
имплементирано, доколку е непознато и не се следи во секое време она што
другите “играчи“ од нашата или слична област на делување го прават.
Истражувањето на пазарот е алатка на маркетинг – менаџментот која го
креира конкурентниот “разузнавачки систем“ преку идентификација и собирање на
значајни податоци, организација на нивната анализа и примена на информациите
во донесувањето на специфични маркетинг одлуки, што ѝ овозможува на
организацијата да ја креира деловната и маркетинг стратегијата и да ги реализира
поставените цели. Спротивно на она што би требало да биде, најголемиот дел од
компаниите во Р.С. Македонија не го користат истражувањето на пазарот пред
создавање на нивните деловни стратегии, а само неколку од нив го употребуваат
истражувањето на пазарот во текот на нивното работење.
Домашниот пазар на чоколада со години наназад е превземан од многу
странски брендови, како Milka, Nestle, Dorina, итн., додека домашните компании
како АД “Европа“, со 125 годишна традиција во производството, го губат пазарниот
удел пред конкурентите со посилни стратегии и се принудени да продаваат на
странските пазари, со постојано под просечно работење, занемарувајќи го притоа

13
домашниот пазар и потрошувачи, тонејќи без истакнат бренд, поради усвоената
стратегија на следбеник и имитатор на лидерите и донесувањето на одлуки
претежно врз основа на интуиција и искуство, наместо базирани на истражувања,
факти и пазарни трендови.

2.6. Глобална логистика

Пример- Милка
Милка е бренд на млечно чоколадо произведено од Mondelez Internacional.
Се продава во штангли, во форма на празнични фигури и во други видови на
свечени форми.
Првпат била произведена од компанијата Suchard на почетокот на 20-тиот
век. Во 1970 година Suchard се споил со Tobler за да станат Interfood. Соединети
се со компанијата за кафе Jacobs во 1982 година создадена од Jacobs Suchard.
Kraft се стекнал со поголемиот дел од Jacobs Suchard, вклучувајчи ја и Милка, во
1990. Во Октомври 2012 година, глобалните закуски на Kraft Foods, вклучувајќи ја
и Милка станаа Mondelez Internacional.
Анализа на помал дел од пазарот каде се произведуваат и продаваат Милка
чоколадата. Според спроведено истражување за силата на брендовите на
подрачјето на поранешна Југославија, односно во Македонија, Босна и
Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора и Косово. Истражувани се
22 милиони луѓе.Истражувањето покажува дека 25 најголеми компании за широка
потрошувачка во земјите од поранешна Југославија во 2012 година се: 1. Милка,
2. Кока-Кола, 3. Вегета, 4. Аргета, 5. Кокта, 6. Нивеа, 7. Орбит, 8. Цедевита, 9.
Нескафе, 10. Пепси, и други. Истражувањето е спроведено во летниот периот
2012 во сите земји од регионот на отприлика од 1.000 до 1.500 испитаници по
земја. Ова истражување не е спроведено на најмалите пазари како Црна Гора и
Косово.

14
Заклучок

Во оваа семинарска работа е претставено чоколадото како логистички


производ и логистичките системи низ кои се преработува.
Примарната логистика кај чоколадото е застапена со какаото кое се бере
од Тхеоброма какао дрвото, тоа се тропски зимзелени дрвја.
Секундарен логистички систем, односно секундарно работење преставува,
вклучува, изработка, обработкаи производство од суровините добиени од земјата
во примарниот сектор, во материјали за понатамошна репродукција.
Темелната мисија на терцијалната логистика, односно терцијално
логистички систем е преку логистичките знаења и логистичките активности да се
пружи успешна и ефикасна поддршка на сите активни субјекти во процесите на
производство на логистичките производи во примарните, секундарните,
терцијалните, квартарните и квинтарните логистички системи.
Да се управува со терцијарно - логистичките системи, структура која е сложена,
динамична и стохастичка, теоретски не е едноставно, а практично е можно само
на ниво на поединечни негови подсистеми, односно на поединечни логистички
субјекти. Да постигнат извонредност во управувањето со терцијарно -
логистичките системи, нивните подсистеми, односно на одделните логистички
субјекти, можат само оние системи, подсистеми и логистички системи со кои
управуваат експертски тимови на интердисциплинарно и мултидисциплинарно
образувани луѓе, оспособени, искусни, вешти, свесни, инвентивни, креативни,
мотивирани логистички менаџери и специјализирани експерти за поедини фази на
производството на терцијарните производи.

15
Користена литература:
http://www.logistika.host.sk/

http://www.bvv.cz/en/transport-logistics/

http://www.nestle.com/product

16

You might also like