You are on page 1of 12

БИЗНИС ПЛАН

2016

СКОПСКИ ПАЗАР АД СКОПЈЕ

Овој материјал и информациите содржани во него се сопственост на Скопски Пазар АД Скопје., и истите не може да се користат, репродуцираат, архивираат во
било каква форма (пишувана или електронска) и со било каква намера, освен во случај на специјална писмена дозвола од Скопски Пазар АД Скопје.
Примателот и корисникот на оваа информација со самото примање и користење е согласен да ја чува од губење, кражба или компромитирање.
Бизнис план 2016

СОЗДАВАМЕ ПОДОБРА ИДНИНА

7
ВРЕДНОСТИ
ПЛАНИРАНИ ЗА ИСПОРАКА ВО 2016
ПРЕПОРАЧУВАНИ, САКАНИ И БАРАНИ
Нашите деловни единици се препорачуваното место за купување, но и локација каде луѓето
се среќни и сакаат да работат, а деловните партнери добиваат стабилен соработник со кој
секој сака да соработува.

СТАБИЛНА ДОБИВКА
+7% 37.5 милиони денари планирана добивка во 2016 година
ќе креираме вредност за почитуваните акционери,
преку домаќинско, одговорно и посветено работење.

СТАБИЛНИ ПРИХОДИ
907 благодарение на планираните активности и растечките фактори:
повеќе корисници и повеќе купувачи, присутност на повеќе локации,
милиони денари поцелосно задоволување потреби и преферирани трговски марки.

УСПЕХ
корпоративна култура базирана на взаемна доверба и почит,
со подготвеност на промени; го бараме најдоброто решение...
успешната приказна со новата генерација СП Маркет продолжува .

ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА СЕ ДВИЖИМЕ НАПРЕД


ги прифаќаме промените како дел од секојдневното работење, будно следејќи ги
потребите на почитуваните купувачи и корисници, се со цел задоволување на
потребите со понуди кои даваат вредности.

СОЦИЈАЛНО ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА


инвестиравме и ќе инвестираме во проекти од социјално, здравствен и
хуманитарен карактер, во образованието, во спортот и културата,
во проекти со кои ќе продолжиме да го подобруваме животот.

СВЕТЛИНА ... ЗАШТИТНИК НА ТРАЈНИТЕ


ВРЕДНОСТИ
повеќе од 64 години ги чуваме трајните вредности, длабоко вткаени во секој дел
од Скопски пазар АД, а ќе ги зачуваме и во 2016 година.
Сстабилност, Кквалитет, Оодговорност, Ппозитивна енергија, Ссигурсност, Ккомпетентност,
Иинтегритет Пправда, Аавтентичност, Зздравје, Аалтруизам, Рразвој

Скопски Пазар АД – Скопје страна I 2


Бизнис план 2016

ЕЛЕВАЦИЈА НА ВРЕДНОСТИ

ПРОМЕТ 2016 ДОБИВКА 2016


906.630.939 мкд 37.520.842 мкд

1000000000
900000000
800000000
700000000
600000000
500000000
400000000
300000000
200000000
100000000
0

успешната приказна продолжува …

Скопски Пазар АД – Скопје страна I 3


Бизнис план 2016

1. ИЗВРШНО РЕЗИМЕ

Вовед
Претстојната нова 2016 година, како и претходната, се очекува да
биде неизвесна година, полна со предизвици. Според Европска Банка за
обнова и развој, проекцијата на бруто домашен производ во Македонија е
со умерен пораст од 3% 1, што претставува повторување на претходната
година (во која трговијата имаше континуиран пад), изразена политичка и
бегалска криза со проектирана стапка на инфлација од 1.5% и засилено
задолжување.
Според официјалните податоци од Народна Банка на Република
Македонија , засилени се активностите за одржување на стабилен девизен
курс на денарот, продолжен е трендот на дефицитот во тековната сметка на
билансот на плаќања од приближно 4% од БДП, забавено е и отежнато
кредитирањето од страна на комерцијалните банки заради високиот
процент на ризик и отежнати услови за враќање на земените кредити, има
релативно висок степен на неликвидност на стопанството и нестопанството,
а со тоа се очекува и можно намалување на потрошувачката, односно
намалување на побарувачката на стоки и услуги.2
Скопски пазар АД Скопје во претстојната 2016 година ќе продолжи
стабилно и дисциплирано да ги реализира зацртаните цели,
продолжувајки успешно да Споделува вредности и Подобрува живот.
Во 2016 година, Друштвото, преку сите свои клучни дејности,
планира да реализира вкупни приходи во износ од 906.630.939 денари,
што претставува промена од (12%) во однос на претходна година.

Планираната нето добивка за 2016 е проектирана на 37.520.842 денари,


што претставува пораст од +7%
во однос на претходна година.
Порастот на добивката ќе се реализира благодарение на oдговорното и
ефикасно управување, евидентирање, следење и превземање мерки за
поуспешно издавање на недвижностите, можна конверзија на нестратешки
средства во ликвидни, постигнување високо ниво на наплата и подобрување
на ефикасноста во трговијата.
Од истата причина, Скопски Пазар АД Скопје во 2016 година,
недвосмислено и безрезервно ќе инвестира во обезбедување што пониски
конкурентни малопродажни цени, прилагодени понуди кон потребите на
корисниците, одржувајки ја притоа стабилна куповната моќ и издадениот
деловен простор во функција. Со засилено професионално внимание и
одговорност кон нашите купувачи и корисници подготвуваме да
реализираме корисни мерки за прилагодување кон пазарните услови и
искрена подршка до нашите соработници.

1
Европска Банка за обнова и развој http://www.ebrd.com/what-we-do/economic-research-and-data/data/forecasts-macro-data-transition-indicators.html
2
Народна Банка на РМ http://www.nbrm.mk/?ItemID=750FC531FC3D1B49B16440313562D400

Скопски Пазар АД – Скопје страна I 4


Бизнис план 2016

2. ПОРТФОЛИО

КОИ СМЕ НИЕ

Скопски пазар АД Скопје е акционерско друштво во приватна сопственост.


Ние сме една од водечките македонски компании за трговија и услуги.
Нашите услуги со изнајмување тезги под закуп во пазарите и изнајмување
деловен простор под закуп редовно, месечно, ги користат повеќе од 4000
корисници, а со повеќе од 80.000 активни купувачи редовно неделно
реализираме, комуникација, соработка и трговија преку популарните и
преферирани трговски марки СП Маркет , Макси Д Дисконт и Дома.мк

Скопски пазар АД Скопје располага со:

I. СЕКТОР ЗА ПАЗАРИ И НЕДВИЖНОСТИ


а. 14 пазари со 3.300 тезги (од кои 13 зелени пазари и 1 добиточен пазар).
б. градежно земјиште 178.000 м2,
в. деловно административни објекти 56.000 м2,

II. СЕКТОР ЗА ТРГОВИЈА И УГОСТИТЕЛСТВО


а. СП Маркет модерни супер маркети 8
б. Макси Д дисконти 3
в. Ресторан 14 ресторан 1
г. Дома.мк е-трговија, прва и единствена во Македонија.

3. НАША ЦЕЛ

Постојано и посветено работиме да обезбедиме подобра иднина, секој ден,


преку инспиративните, успешни и преферирани трговски марки и услуги кои
навистина им помагаат на луѓето да се чуствуваат привилегирано, подобро
и поздраво, давајки им чувство на добро завршена работа и обезбедувајки
повеќе вредности во нивните животи.

Да обезбедиме одржлив развој и континуиран пораст на профитабилноста


на нашата компанија, со следните 3 сукцесивни приоритети:

I. Вредност за нашите почитувани Купувачи и Корисници;

II. Вредност за нашите Вработени, Добавувачи и заедницата и со

III. исполнување на нашите обврски кон нив, длабоко веруваме дека и


нашите ценети Акционери ќе бидат безрезервно и добро наградени.

Скопски Пазар АД – Скопје страна I 5


Бизнис план 2016

КОМПАС
“Компасот“ на Скопски Пазар АД Скопје, има за цел на едноставен и јасен
начин да ги презентира трите основни столба на кој ќе се темели нашиот
иден успех:

 Конкурентните предности
 Растечките фактори
 Оперативната ефикасност

Скопски Пазар АД – Скопје страна I 6


Бизнис план 2016

5. ПРОЕКЦИИ И АНАЛИЗИ НА ПЛАНОТ 2016

5.1. МИКРОЕКОНОМСКИ ПРОЕКЦИИ

За време на изработката на Бизнис Планот, макроекономски претпоставки


се земаа во предвид од јавно достапните информации од Министерство за
финансии, Народна Банка на Република Македонија и Европска Банка за
обнова и развој.
Макроекономските проекции за бавно закрепнување на глобалната
економија, намалената приватна потрошувачка, ризиците за финансирање
на економијата, помал економски раст и намалување на ценовното ниво и
можен пад на производството, се очекувања кои се перципирани во
проекцијата на финансискиот план за 2016 година.

Промет и приходи
Друштвото планирани остварување на приходи во 2016 кои ќе бидат
комплементарни со предвидените микроекономски проекции во
опкружувањето.

 Во секторот за Пазари и Недвижности се очекува:

Недвижности
Движењето на приходите е планирано во согласност со пазарните
услови во засегнатиот сектор и конкуренцијата. Се очекува стабилен
тренд на приходи, со дополнителни можности за подобрување на
степенот на издаденост на деловниот простор. Предвидените
приходи се со умерена и стабилна стапка поради продолжениот
ефект на неизвесноста и пазарната заситеност, која не дава услови
за зголемување на закупнините на деловниот простор.
Согласно проценката на рентабилноста на одредени објекти, се
предвидуваат приходи од можна продажба на дел од
нефункционалните објекти.

Пазари
Приходите од пазарите се планирани во согласност со пазарните
услови и конкуренцијата (особено нелојалната непосредно до
пазарите). Се очекува стабилно ниво на приходи.

 Во секторот Трговија и угостителство, се очекува тренд на приходи


од (10%) поради ефектот од 4-те затворени продажни места во 2015
година.

Скопски Пазар АД – Скопје страна I 7


Бизнис план 2016

Расходи

Вкупните расходи на Скопски пазар АД се очекува да се оптимизираат.


Подобрување на економичноста и висината на расходи ќе биде обезбедена
благодарение на oдговорното и ефикасно управување, евидентирање,
следење со превземање мерки за поекономично работење на сите нивоа на
операции и процеси.

6. ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ

6.1. РАЗВОЈ И ИНВЕСТИЦИИ

Во 2016 се планира адекватно ниво на инвестициски вложувања за


модернизација, проширување на објекти и опрема кои се позиционирани на
стратешки и фреквентни локации. За потребите на планираните
инвестиции, најголем дел од средствата ќе се обезбедат од сопствени
ресурси, а помал дел преку кредитна линија со поволна каматна стапка и
услови.

Инвестициите се очекува да помогнат за стратешко позиционирање.

Во поглед на инвестициите во претстојната година следува фаза на


проценки и согледувања на реалните можности согласно економските
текови, од кои наведени инвестиции се планираат како приоритетни:

6.1.1. Бит пазар


Планирана е инвестиција за целосна реконструкција на пазарот Бит
пазар. Истата се состои од покривање на целокупната површина на пазарот
со настрешница која во исто време ќе претставува и површина за надземен
паркинг простор кој ќе обезбеди 230 паркинг места кои се повеќе од
неопходни за подобро функционирање на пазарот, а кои истовремено ќе
отворат нов бизнис и нови извори на приходи за нашата компанија. Притоа
ќе се обнови и подлогата на пазарот со цела неопходна подземна
инфраструктура, како и обновување на продажните места (1000 тезги). Исто
така ќе се обнови и изгради нов деловен простор со површина од
приближно 600 м2. Проектот е во фаза на изработка и се очекува да
стартува во тековната 2016 година со обезбедување одобрение за градба и
започнување со градежни активности. Инвестицијата е проценета на
приближно 2,5 милиони евра.

6.1.2. Пазар Лисиче


Планирана е изградба на нов Снабдувачки центар неопходен за
задоволување на потребите на граѓаните од овој дел од градот.
Комплетниот проект опфаќа пазаришен простор отворен со современа
настрешница и комплетна подземна инфраструктура со обезбедување на

Скопски Пазар АД – Скопје страна I 8


Бизнис план 2016

100-120 продажни места (тезги), како и објект во кој ќе функционира маркет


од брендот СП Маркет со површина од 1.205 м2 и деловен простор за
изнајмување. За Снабдувачкиот центар ќе постои и јавен паркинг простор од
минимум 65 паркинг места. Планирано е објектот да се изведува во 2 фази
и тоа во прва фаза пазаришниот простор, а во втора фаза и објектот.
Проектот е изработен согласно процедура за добивање одобрение за
градба. Планирана е инвестиција за првата фаза е 500.000 евра.

МАРКЕТИНГ ЦЕЛИ

 Градење високо ниво на лојалност преку развој на новата лојална


програма и СП КЛУБ картичка која повторно нуди многу бенефиции;

 Креирање на силна емотивна врска;

 Зголемување на прометот;

 Креирање имиџ на „се во едно“ малопродажни објекти.

6.2. ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА

Како до сега така и во 2016 година ќе продолжиме со нашата заложба како


“Социјално Одговорна Компанија” која истовремено грижи и за животната
средина.

Клучни области во кои ќе вложиме позитивна енергија се:


 Хуманитарни проекти;
 Образование, наука и култура;
 Медицина;
 Спорт;
 Здраво живеење, здрав раст и развој на децата.

Во горенаведените области ќе ги вклучиме и нашите партнери соработници.

6.3. ФИНАНСИИ

Активностите во 2016 година ќе продолжат кон обезбедување на средства,


дел од сопствени извори и дел преку поволни кредитни линии за
планираните активности.
Посебно внимание ќе биде посветено на готовинскиот тек, кој претставува
движење на парите во и надвор од бизнисот, односно прилив и одлив на

Скопски Пазар АД – Скопје страна I 9


Бизнис план 2016

готовина, што всушност ја определува солвентноста на бизнисот


(платежната способност), можноста за самофинансирање и за враќање на
кредитите.

Наша девиза за подобрување на истиот ќе биде:


 секој денар во побарување значи денар помалку во готовина,
 секој денар во залиха значи денар помалку во готовина,
 секој денар во обврска значи денар повеќе во готовина.

Со цел подобрување на ликвидноста, посебен акцент ќе се посвети кон:


 оптимизација на залихите и нивно умерено намалување
 100% навремена наплата (навремено затворање на побарувањата)
 продажба и оттуѓување на неатрактивниот деловен простор.

Политика на дивиденди е заснована на избалансиран пристап кој го зема


во предвид неопходното задржување на добивката за потребите на
финансирање на идните инвестиции, како и стапката на поврат на
вложениот капитал и износот на исплатената дивиденда.
При утврдување на Предлог одлуката за распределба на добивката и
исплата на дивидендата, Раководството на Друштвото ги зема во предвид
низа на фактори, вклучувајќи ја финансиската ситуација, плановите за
инвестиции, обврската за отплата на кредити, макроекономското
опкружување и законските прописи. Секој од овие фактори посебно или во
комбинација, доколку е доволно значаен, може да влијае на предложената
исплата на дивиденда. Одлуката за употребата на чистата добивка ја носи
Собранието на акционери на редовното Годишно собрание.

Како клучни ризици се дефинирани ликвидноста и факторите кои влијаат


на паричниот тек. Посебно внимание ќе следи на промените на пазарот
поради економската криза и нивното влијание на клучните индикатори во
работењето на Друштвото.

Фокусот ќе се насочи кон управувањето, кредитниот ризик со постојан


мониторинг на нашите корисници и нивната историја на реализација.
Ризик со ликвидноста, со обезбедување на излезни сценарија во случај на
намалена конкурентност на нашата понуда (брза промена на
малопродажни формати со пониско ниво на оперативни трошоци ).
Kако и изнаоѓање на дополнителни приходи (преку воведување на
новите категории кои генерираат повисока маржа).

Ликвидноста силно ќе се подржи и со поставување на контролни точки:

* за реализација на 100% наплата;


* за 100% навремена наплата;
* за 100% искористеност на деловниот простор и тезги;
* за оптимално ниво на залихи и обрт во согласност со проекцијата.

Скопски Пазар АД – Скопје страна I 10


Бизнис план 2016

7. ПЛАНИРАН БИЛАНС НА УСПЕХ ЗА 2016 ГОДИНА

(во денари)
Опис 2016 2015 Индекс
Приходи од работењето 902.861.024 1.028.774.181 88
Расходи од работењето (814.182.380) (933.856.420) 87
Финансиски приходи 3.769.915 4.016.641 94
Финансиски расходи (48.777.769) (58.120.579) 84
Добивка пред оданочување 43.670.790 40.813.823 107
Нето добивка за
финансиската година 37.520.842 35.066.208 107

Скопски Пазар АД – Скопје страна I 11


Бизнис план 2016

ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈАТА

Целосно име на компанијата како е СКОПСКИ ПАЗАР


акционерско друштво во приватна сопственост за услуги
регистрирана во прометот и трговија извоз - увоз - Скопје
Кратко име на компанијата СКОПСКИ ПАЗАР АД Скопје
Претседател на Управен Одбор Сашо Давитковски
Адреса ул. Ѓорче Петров 7, 1000 Скопје
Телефон ++389 2 2404 300, ++389 2 2404 100
Факс ++389 2 2404 313
E-mail info@skp.mk
Web site www.skopskipazar.com.mk
Доминантна активност на Друштвото Трговија, услуги и увоз-извоз

Претежна дејност 47.11-Трговија на мало во неспецијализирани


(според Национална класификација на
дејностите)
продавници, претежно со храна, пијалаци и тутун
Даночен број 4030952259530
Матичен број 4061764
Банкарска сметка (број) 300000000010512
Банка Комерцијална банка АД - Скопје
Тековен правен статус Акционерско друштво
Регистрација – датум 09/05/1952
Вкупен број на акции 85.566
Номинална вредност на една акција (Euro) 51,13 Eur ( 3.092,48 денари )
Број на вработени (просек 2015 година) 434
Големина на субјектот голем

Скопски Пазар АД – Скопје страна I 12

You might also like