You are on page 1of 4

ПРАВИЛНИК ЗА РАБОТА ВО ПУНКТ МЕБЕЛ

ВОВЕД

Почитувани вработени,

Пункт Мебел Ве замолува внимателно да ги прочитате и да го почитувате правилникот.

Правилникот е изготвен со цел да се овозможат подобри услови за работа, поголема добивка


за сите вработени и за фирмата и подобри услови за работа. Почитување на правилникот ке
овозможи Пункт Мебел да прерасне во една од поуспешните фирми за производство на мебел
во нашата држава, а со тоа се овозможува за секој вработен сигурна иднина во оваа фирма
уште многу години. Главната цел на Правилникот е секој вработен да биде редовен,
одговорен и да си ја работи работната задача што му е предвидена во 8 работни часа и по
истекот на работното место да си замине задоволен и со волја за работа следниот ден.

Пункт Мебел е фирма што му дава шанса на секој вработен да напредува. Сите вработени
имаат подеднакви права и истите мора да се почитуваат.

Почитување на правилникот гарантира навремено исполнување на следните обврски од Пункт


Мебел спрема вработените: Редовна плата, К-15, Награди. За остварување на целите од овој
правилник и максимално исполнување на работните задачи Пункт Мебел се обврзува да
обезбеди План за работа, Опрема, Репро Материјали, Машини и Алати.

1. РАБОТНО ВРЕМЕ:
Работното време почнува во 07.30 часот. Тоа значи дека во 07.30 сите вработени треба
да бидат на својата работна позиција. Препорачуваме доаѓање минимум 15 минути
порано за да има време секој работен да се пресоблече, да испие кафе, да разговара и
слично.
Првата Пауза почнува од 11.00 и трае до 11.30 часот.

Втората Пауза почнува од 13.30 и трае до 13.45 часот.

СЕ ЗАБРАНУВА напуштање на работното место 30 минути пред паузата со цел да се


прави кафе, да се мијат садови и слично. Во 11.30 односно 13.45 часот секој треба да
биде вратен на своето работно место, а не тогаш да почнува враќање назад, разговори
и да се губат минути.

Работното Време завршува во 15.45 часот.


СЕ ЗАБРАНУВА 45 минути пред завршување на Работното време напуштање на
работното место за да се спрема работникот за заминување дома.

СЕКОЕ НАПУШТАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО МОРА ДА БИДЕ ОДОБРЕНО ОД


ПРЕТПОСТАВЕНИОТ.
Доколку не се почитуваат овие правила казните се следни:

- Доцнење на работа - секоја минута доцнење се смета со коефициент х2 од


платата
- Напуштање на работно место без одобрение од претпоставениот 200 денари
- За 3 доцнења во еден месец дополнително се одбива 500 денари од плата

2. СЛОБОДНИ ДЕНОВИ и БОЛЕДУВАЊА

Секој вработен мора да БАРА слободен ден кај својот Претпоставен. Доколку
претпоставениот смета дека може да одобри ден ПРОВЕРУВА во Човечки ресурси дали
тој вработен има или нема слободени денови и се одобрува или не. Во истиот момент
се изготвува решение за користење на годишен одмор во 3 примерока, еден за Архива,
еден за ХР и еден примерок за работникот.

Доколку работникот нема слободни денови а се користи ден, се смета од плата


неплатен ден доколку е одобрен.

Доколку работникот не дојде на работа задолжително мора да достави образец за


БОЛЕДУВАЊЕ. Истиот мора да биде уредно отворен и пријавен кај претпоставениот во
истиот ден кога се отвара. Сите други документи кои се доставуваат за да се оправда
отсуство се сметаат за НЕВАЛИДНИ и за истите ке му биде на работникот минусирана
дупла дневница за неоправдано отсуство.
Претпоставениот мора за секој вработен да води евиденција за дневна присутност,
доаѓање на време на работа, заминување, прекувремени и слично. Доколку некој
вработен отвори боледување, Претпоставениот мора да ги извести ХР и Финансии во
истио ден и тоа по писмен пат на емаил.

Прекувремени саати секој претпоставен мора да ги достави до 03ти во месецот до


Генерален директор, Зам.Генерален Директор, Финансии и ХР и тоа по електронски пат
на емаил. Ова е задолжително бидејќи мора да се води евиденција на месечно ниво и
истите да се исплаќаат заедно со платата на трансакциска сметка.
Во тој извештај секој Претпостевен освен прекувремените саати треба да ги наведе и:
- Казните за секој вработен во претходниот месец
- Користени слободни денови
- Боледувања
- Вкупно остварен коефициент
- Коментари за секој вработен за дисциплина, поведение, квалитетно извршување
на работните задачи, однос со претпоставените и со колегите.

За се ова да биде полесно, изготвена е табела и во истатат се пополнуваат овие работи.

Табелата се праќа на емаил до 03ти во месецот.

Доколку не се почитуваат овие правила казните се следни:


- Доколку бараниот ден се одбие, а работникот не дојде на работа се казнува
работникот со дупла дневница
- Доколку работникот не достави боледување а отсуството е очигледно дека е
поради болест (мора да се примени проценка од претпоставениот за што мора да
го известу Генералниот директор и Заменик Генералниот директор) на работникот
ке му се одбие од плата една дневница
- Доколку се утврди ЗЛОУПОТРЕБА на боледување истиот работник повеќе нема да
биде земен во идните планови и ке се бара ВЕДНАШ негова замена.
- Сите дополнителни прекршување ке се утврдуваат дополнително како да бидат
санкционирани.

3. КОЕФИЦИЕНТИ

Платите на фазите Столарија, Лепење, Припрема-Вал Жица и Гуртна, Тапацирање,


Шиење, Пакување од 01.01.2020 година ке се исплаќаат исклучуво по остварен учинок.
Таргет платите се:
- Столарија 28000 мајстор / 24000 помошник мајстор
- Припрема-Вал Жица и Гуртна 22000 денари
- Тапацирање 33000 денари
- Шиење 28000 денари
- Лепење 26000 денари
- Пакување 24000 денари

Секоја модел е нормиран со коефициент. Секоја фаза има своја вредност на


коефициент.

Формулата е следна: Таргет плата поделена на 2 (пример Столарија мајстор 28000/2),


14000 денари се основица плус 14000 се исплаќаат преку коефициент. Вредноста на
коефициентот се менува секој месец во зависност од бројот на работни денови.
Пример Март има 21 работен ден. 14000 поделено со 21 поделено со 10 (десет е таргет
дневен коефициент). Спрема тоа излегува за Март дека вредноста на еден коефициент
е 66,66 денари. Односно за да се земе 14000 плус преку коефициент потребно е
столарија мајстор во месец Март да оставари вкупен коефициент од 21 ден х 10 = 210

Со ова сакаме да ги мотивираме СИТЕ вработени да работата максимално повеќе, да се


убрза производствениот процес, да се елиминираат празните ходови а се со цел да
биде борба секаде да се извади максимално производство!

Рекламации се одбиваат групно по секоја фаза. Односно доколку пристигне


рекламација за одреден производ во столарија и фирмата ја чини 50 еур, 25 еур одат
на трошок на фирмата а 25 еур одат на трошок на столарскиот погон. Столарскиот
погон солидарно ги дели на еднаков дел од вработените, пример 5 мајстори + 5
помошник мајстори + шеф, 25 еур се делат на 11 луѓе. И така во секоја фаза сразмерно.
Ова правило важи за сите рекламации, извоз+домашни.

Награда за секој вработен што ке оствари максимален коефициент во одреден месец


добива плус 10% а притоа да нема ниту една казна по друг основ. Односно, доколу
некој месец има 21 работен ден, секој вработен што ке оствари 210 коефициент (21 ден
х 10) ке добие 10% плус на платата како дополнителен бонус.

4. ДИСЦИПЛИНА и ХИГЕНА

НАЈСТРОГО Е ЗАБРАНЕТО ЗБОРУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН.


Секој вработен мора да го остава својот мобилен телефон во своето шкафче под клуч.
На крај на ден по завршување на работните обврски својот рачен алат секој вработен
мора да го остави под клич во шкафчето. Секој што ке го изгуби својот алат ке му биде
одбиен од плата. За тоа води посебна детална листа шефот за Операции.
НАЈСТРОГО Е ЗАБРАНЕТО ПУШЕЊЕ ВО ХОДНИК, ТОАЛЕТИ, ПОГОН, ЛИФТ, СКАЛИ.
Пушење е дозволено надвор на означено место каде што мора да се води хигена.
ХИГЕНАТА ВО Погонот мора да се води на дневно ниво. СЕКОЈ ВРАБОТЕН Е ДОЛЖЕН НА
КРАЈ НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ ДА ГО СРЕДИ СВОЕТО РАБОТНО МЕСТО!

Доколку не се почитуваат овие правила казните се следни:


- Несредено работно место 200 денари
- Јадење на работно место во работно време 200 денари
- Пушење на недозволено место 200 денари
- Пиење алхохол во тек на работно време од 07.30 до 15.45 3 месеци х 15% казна од
плата
- Зборување на мобилен телефон 200 денари

5. РАБОТНИ ЕДИНИЦИ и ПРЕТПОСТАВЕНИ


- МАГАЦИН ДОЛЕ + ПРИПРЕМА СТОЛАРИЈА ГОЦЕ ПАНЕВСКИ
- СТОЛАРИЈА МОНТАЖА СИМБАД БАЈРАМОВСКИ
- ПРИПРЕМА СУНГЕРИ, ПРИПРЕМА ВАЛ И ГУРТНА, ЛЕПЕЊЕ БАЈРАМ БАЈРАМОВСКИ
- ТАПЕТАРИЈА БАЈРАМ БАЈРАМОВСКИ
- ПАКУВАЊЕ, УТОВАР/ИСТОВАР АЛЕКСАНДАР СТОЈКОВ
- КРОЕЊЕ/ШИЕЊЕ СЛОБОДАНКА АНГЕЛЕВСКА, КОНТРОЛА ШИЕЊЕ ВЕНЕРА БОЈАРОВА
- ТЕКСТИЛ ПОГОН АНГЕЛИНА ДИКОВСКА
ШЕФ НА СИТЕ ПРОИЗВОДСТВО: БАЈРАМ БАЈРАМОВСКИ
ШЕФ НА ОПЕРАЦИИ: ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ
ШЕФ ЗА РАЗВОЈ: ДУШКО УРУМОВСКИ
ШЕФ НА ФИНАНСИИ: ИРЕНА НЕДЕВА
ШЕФ НА ПРОДАЖБА: ДЕЈАН ГАЌИНА
ЗАМ.ДИРЕКТОР И ХР: МИРО КРСТЕВСКИ
ДИРЕКТОР: КИРЕ КРСТЕВСКИ

You might also like