You are on page 1of 1

Врз основа на член 137, член 138 став 1 и член 139 од Законот за работните

односи (Сл.весник на РМ 62/05) и член 35 став 1 алинеа 7 од Општиот


колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството
("Сл.весник на РМ", број 88/09...189/13) Управителот на Друштвото за
____________ДООЕЛ/ ДОО Скопје на ден ____2015 година, го донесе следното
РЕШЕНИЕ
за користење годишен одмор и
исплата на регрес
На работникот_______вработен во Друштвото за____________ДООЕЛ/ ДОО
Скопје на работно место _______:
1. Му се одобрува користење на годишен одмор за 2015 година, во траење од
20 работни денови од кои 12 работни денови во текот на годината, а
остатокот од 8 дена по потреба до 30.06.2016 година.
2. Му се утврдува право на исплата на регрес за годишен одмор за 2015 година,
во висина на износ од _____________денари.
Регресот за годишен одмор ќе биде исплатен најдоцна до 31.12.2015 година.
Работникот ќе го користи годишниот одмор во повеќе делови делови од кои
првиот дел од 10 дена почнувајки од 00.00.2015 година заклучно со 00.00.2015
година.
Работникот е должен да се јави на работа по завршувањето на годишниот
одмор, односно на 00.00.2015 година.
Образложение
Во согласност со потребите на работниот процес, како и можностите за
одмор и рекреација на работникот и неговите семејни обврски, Управителот на
Друштвото за_____________ДООЕЛ/ ДОО Скопје одлучи како во диспозитивот
на решението.
Правото и времетраењето на годишниот одмор е утврдено во согласност со
одредбите од Законот за работни односи, актите на работодавачот и потребите
на процесот на работа.
Решението за исплата на регрес за годишен одмор е донесена согласно
Законот и Одлуката за регрес бр. (деловоден број од датум), со што
работодавачот ја исполнува обврската за исплата на регрес за годишен одмор
на вработените кои се вработени најмалку 6 месеци во друштвото. Висината на
износот не е помал од утврдениот износ од 40% од основицата која
претставува просечна месечна плата по работник во Република Македонија
исплатена во последните три месеци.
При пресметката на висината на износот за регрес за годишен одмор
земена е основицата која претставува просечна месечна плата по работник во
Република Македонија која важи на денот на донесување на оваа одлука.
Правна поука: Против оваа решение работникот има право на приговор
до Управителот на друштвото во рок од осум дена од
приемот на Решение.

Доставено до: -----ДООЕЛ/ДОО


-работникот Управител
-архива име и презиме

You might also like