You are on page 1of 6

ПРИМЕРИ НА АКТИ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР И РЕГРЕС

1. Пример на План за користење на годишен одмор


Врз основа на член 144 од Законот за работните односи („Сл. весник на РМ“, бр. 62/05, ... и
27/16) и член __ колективниот договор (или Правилникот за работните односи), _________
органот на управување (управител / генерален директор / овластено лице) на _______ (ра-
ботодавач) на ден _____2018 донесе
ПЛАН ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ГОДИШЕН ОДМОР ЗА 2017/2018 ГОДИНА
Работниците вработени кај „_____________“ (работодавачот), кои имаат право на годишен
одмор во 2018 година, по основ на неискористен годишен одмор за 2017 година и годишен
одмор за 2018 година, ќе го користат годишниот одмор согласно со овој план и тоа:
Ред. Име и презиме Неискористен годишен одмор Користење на годишен одмор за
бр. на работникот од 2017 година 2018 година
1. еден дел: од - до
2. повеќе делови:
I. од – до,
II. од – до,
III. од – до
3. пропорционален дел
4.
5.
Планот е направен согласно со потребите на работниот процес на работодавачот, како и во
согласност со барањата на работниците за користење на годишен одмор.
Работодавач
___________
Да се достави до:
- работникот / човечки ресурси / архивата
- службата надлежна за пресметување и исплата на плата
2. Пример на Решение за користење на годишен одмор во еден дел
Согласно со членовите 137, 138, 139 и 141 став 1 од Законот за работните односи („Сл.
весник на РМ“, бр. 62/05,... и 27/16) и член ____ од колективниот договор (или Правилникот
за работните односи), а врз основа на Планот за користење на годишниот одмор за
2017/2018 година, органот на управување ________ (управител / генерален директор / овлас-
тено лице) на „_______“ (работодавач) на ден ____ 2018 година, донесе

РЕШЕНИЕ
ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ГОДИШЕН ОДМОР (ВО ЕДЕН ДЕЛ)
На работникот ___________, вработен на работното место __________ му се одобрува
еднократно користење на целосен годишен одмор во траење од _____ (најмалку 20 а најмногу
26) работни дена, сметано од ______ 2018 година заклучнио со ______ 2018 година.
Работникот треба да се јави на работа на __________ 2018 година.
Работникот има право на исплата на регрес за годишн одмор согласно со Одлуката за
исплата на регрес за годишен одмор бр. ______ од ____ 2018 година.
Образложение
На работникот ________________, вработен на работното место ___________________ му се
одобрува годишен одмор во вкупно траење од __________________ работни дена.
Траењето на годишниот одмор е утврдено според следните критериуми од Актот
_________________________________________________________________________:
1. _ стаж_________________ ________ дена;
2. _ сложеност на работа__ ________ дена;
3. _ образование___________ ________ дена;
4. _ здрав. состој.__________ ________ дена.

Правна поука: Против ова решение работникот има право на приговор до ____ во рок од 8
дена од денот на врачувањето.
Работодавач
___________
Да се достави до:
- работникот / човечки ресурси/ архива
- службата надлежна за пресметување и исплата на плата
3. Пример на Решение за користење на годишен одмор во повеќе делови

Согласно со членовите 137, 138, 139 и 141 став 2 од Законот за работните односи (“Сл.
весник на РМ”, бр. 62/05,... и 27/16), и член _____ од колективниот договор, (или од
Правилникот за работните односи), а врз основа на Планот за користење на годишниот
одмор за 2018/2018 година, органот на управување (управител / генерален директор /
овластено лице) на “______________” (работодавач) на ден ____ 2018 година, донесе

РЕШЕНИЕ
ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ГОДИШЕН ОДМОР (ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ)
На работникот _____________, вработен на работното место ___________ му се одобрува
користење на целосен годишен одмор во траење од 24 работни дена за 2018 година,
распоредени во четири дела:
1. Првиот дел во траење од 10 работни дена (најмалку две непрекинати работни недели),
сметано од ______ 2018 година до ______ 2018 година, со обврска да се јави на работа на
ден _______ 2018 година;
2. Вториот дел во траење од 5 работни дена, сметано од ____ 2018 година до _____ 2018
година (најмалку 12 работни дена до крајот на тековната календарска година, со
засметан првиот дел) со обврска да се јави на работа на ден _______ 2018 година;
3. Третиот дел во траење 3 работни дена, сметано од _____ 2018 година до _____ 2018 година
(во истата или наредната календарска година до 30 јуни) со обврска да се јави на работа
на ден _______ 2018 година; и
4. Четвртиот дел во траење од 6 работни дена, сметано од _____ 2018 година до ______ 2018
година (во истата или наредната календарска година до 30 јуни) со обврска да се јави на
работа на ден _______ 2018 година.
Работникот има право на исплата на регрес за годишен одмор согласно со Одлуката за
исплата на регрес за годишен одмор бр. ______ од ____ 2018 година.
Образложение
На работникот ____________, на работното место _____________ му се одобрува годишен
одмор во вкупно траење од 24 работни дена.
Траењето на годишниот одмор е утврдено според следните критериуми од Актот
__________________________________________________________________:
1. _ стаж_________________ ________ дена;
2. _ сложеност на работа__ ________ дена;
3. _ образование___________ ________ дена;
4. _ здрав. состој.__________ ________ дена.
Како ден на годишен одмор се смета секој работен ден (понеделник-петок) на конкретниот
работник ___________, според распоредот на работното време кај работодавачот.

Правна поука: Против ова решение работникот има право на приговор до ___ во рок од 8
дена од денот на врачувањето.

Работодавач
__________
- работникот / човечки ресурси / архивата
- службата надлежна за пресметување и исплата на плата.
4. Пример на Решение за користење на пропорционален дел од годишен одмор
Согласно со членовите 137 и 140 точка 1 од Законот за работните односи („Сл. весник на
РМ“, бр. 62/05, ... и 27/16), и член __ од колективиот договор (или Правилникот за
работните односи), а врз основа на Планот за користење на годишниот одмор за 2015/16
година, органот на управување (управител / генерален директор / овластено лице) на
„______________“ (работодавач) на ден ___ 2018 година, донесе

РЕШЕНИЕ
ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ГОДИШЕН ОДМОР (ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ)
На работникот ________________, вработен на работно место ____________ му се одобрува
користење на пропорционалниот дел од годишниот одмор во траење од 6 работни дена,
сметано од _________ 2018 година до ________ 2018 година.
Работникот треба да се јави на работа на ден _______ 2018 година.
Работникот не остварува право на исплата на регрес за годишн одмор согласно со Одлуката
за исплата на регрес за годишен одмор бр. ______ од ____ 2018 година.
Образложение
На работникот ___________________, вработен на работното место ____________________
му се одобрува годишен одмор во вкупно траење од 6 работни дена.
Траењето на годишниот одмор е утврдено според критериумот за определување на
пропорционалниот дел: по 2 дена од годишниот одмор за секој месец работа (3 месеци
работа по 2 дена = 6 дена).
Работникот нема право на цел годишен одмор со оглед на тоа дека ова му е прв работен
однос заснован со договорот за вработување бр. __ од ____2018 и има само 3 месеци
(октомври, ноември и декември) непрекината работа во календарската 2018 година кај
работодавачот „__________“, поради што не го исполнува условот од минуим шест месеци
непрекината работа кај ист работодавач при прво вработување за стекнување на право на цел
одмор согласно со член 139 од ЗРО.
Правна поука: Против ова решение работникот има право на приговор до _____ во рок од 8
дена од денот на врачувањето.
Работодавач
Да се достави до: ___________
- работникот / човечки ресурси / архива
- службата надлежна за пресметување и исплата на плата

5. Пример на Одлука за исплата на регрес за годишен одмор

Врз основа на член 35 став 1 алинеја 7 од ОКД за приватниот сектор од областа на


стопанството („Службен весник на РМ“, бр. 88/09, 60/10, 81/12, 189/13, 119/15 и 150/16),
органот на управување (управител / генерален директор / овластено лице) на „___________“
(работодавач) на ден ______2018 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ИСПЛАТА НА РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР
Член 1
Со оваа одлука се утврдува износот на регресот за годишен одмор за 2018 година и правото
на исплата на регресот на вработените кои работат кај работодавачот „________________“
најмалку 6 месеци сметано од 01.01.2018 до 31.12.2018 година.

Член 2
Регресот ќе се исплати во висина од _________ денари (минимум 40% од основицата:
просечна месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните три месеци),
според основицата која важи на денот на донесувањето на оваа Одлука, одеднаш во цел износ
(или во повеќе делови според динамиката: I дел _______; II дел ______ и III дел _____, до
крајот на календарската година).
Исплатата на регресот ќе се врши во три наврати, во месеците: јули, септември и декември
со цел да се опфатат сите вработени кога ќе го исполнат условот од членот 1 на оваа одлука.
Член 3
Работодавачот се обврзува при плаќање на регресот за годишен одмор да пресмета и плати
персонален данок од доход (по стапка од 11,1111% на нето износот). Исплатениот регрес е
даночно признаен расход во висина од 40% од просечната месечна бруто плата по работник во
РМ, објавена до денот на исплатата.
Член 4
Одлуката е конечна и стапува во сила со денот на донесувањето.
Се задолжува секторот на човечки ресурси да изготви список на вработени кои го
исполнуваат условот за исплата на регресот и да го достави до службата надлежна за
пресметување и исплата на плата и надоместоци од плата.

Работодавач
Да се достави до: ___________
- човечки ресурси
- службата надлежна за пресметување и исплата на плата.

6. Пример на Спогодба за исплата на регрес во помал износ

Врз основа на член 35 став 1 алинеја 7 од ОКД за приватниот сектор од областа на


стопанството („Службен весник на РМ“, бр. 88/09, 60/10, 81/12, 189/13, 119/15 и 150/16), и
задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, помеѓу:
- Работодавачот: ______________, со седиште на адреса „_______________“ бр. ____, со
ЕМБС застапуван од ___________ (управител / генерален директор / овластено лице) и
- Претставникот на работниците / претставникот на синдикална организција: ____________
е склучена
СПОГОДБА
ЗА ИСПЛАТА НА РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ВО ПОМАЛ ИЗНОС ОД ПРОПИШАНИОТ
Член 1
Со оваа спогодба, а врз основа на извршена задолжителна претходна консултација со
синдикатот на ниво на гранка односно оддел за можното намалување на износот на регресот,
се утврдува регресот за годишен одмор за 2018 година да изнесува ________ денари, што е
помал износ од пропишаниот со ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството.
Страните се согласни регресот да се исплати во износот од ставот 1 на овој член поради
настанатите потешкотии (тековна загуба) во работењето на работодавачот, видливо од
билансот на успех што им беше презентиран на вработените (или драстично намалување на
приходите), како последица на откажаните договори од странските купувачи.

Член 2
Работотдавачот се обврзува, врз основа на оваа спогодба, да донесе одлука за исплата на
регрес за годишен одмор за 2018 година во рок од 30 дена од денот на потпишувањето на
спогодбата.
Член 3
Оваа спогодба влегува во сила со денот на потпишувањето.
Се задолжува секторот за човекови ресурси Спогодбата да ја објави на интернет страницата
на работодавачот со денот на потпишувањето.

Претставник на работниците /

Претставник на синдикална организција Работодавач


__________________________________ ___________

You might also like