You are on page 1of 4

ПРИМЕРИ НА АКТИ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР

Согласно со Уредбата со законска сила за примена


на Законот за работните односи за време на вонредна состојба

„Службен весник на РСМ, бр. 90/20, од 04.04.2020 г. (во сила од 04.04.2020 г.)

1. Пример на Одлука за користење на годишен одмор

Согласно со член 3 од Уредбата со законска сила за примена на законот за работните


односи за време на вонредна состојба („Сл. весник на РМ“, бр. 90/20, во сила од 04.04.2020),
органот на управување на„________________“ (работодавач) на ден _____ април 2020 донесе

ОДЛУКА
ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ГОДИШЕН ОДМОР
ВО АПРИЛ / МАЈ / ЈУНИ 2020
1. Согласно со потребите на работниот процес на „_____________“ (работодавачот), на
работниците кои се опфатени со времените мерки за заштита од ширење и превенција од
коронавирус, им се одобрува користење на неискористениот годишен одмор, односно дел
од годишниот одмор за 2019 година, заклучно со 31 маја 2020 година и користење на две
непрекинати недели годишен одмор за 2020 година, заклучно со 30 јуни 2020 година.
2. Период и времетраење на користењето на годишниот одмор за 2019/2020 ќе се уредат со
посебен план, одделно за секој вработен од ставот 1 на оваа одлука.
3. За време на користење на годишниот одмор работникот има право на надоместок на плата
во висина на неговата просечна плата исплатена во последните 12 месеци, за денови и
часови, колку што изнесува работната обврска на работникот на денот на одморот, согласно
со член 112 ставови 2, 8 и 9 од Законот за работните односи.
4. Работникот е должен по истекот на годишниот одмор, да се врати на работа. Работникот ќе
биде дополнително известен од работодавачот за конкретниот ден на враќање на работа
согласно со актуелните препораки и мерки на Владата на РСМ за време на вонредна
состојба.
5. Одлуката е конечна и влегува во сила со денот на донесување.

Работодавач __________
Да се достави до:
- човечки ресурси и
- службата надлежна за пресметување и исплата на плата
Да се објави на веб страницата на работодавачот.
2. Пример на План за користење на годишен одмор

Врз основа на член 3 од Уредбата со законска сила за примена на законот за работните


односи за време на вонредна состојба („Сл. весник на РМ“, бр. 90/20, во сила од 04.04.2020) и
Одлука за користење на годишен одмор во апри, мај и јуни 2020 г. бр.___ од ___, органот на
управување на „__________________________“ (работодавач) на ден _____ април 2020 донесе

ПЛАН
ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ГОДИШЕН ОДМОР ЗА 2019/2020 ГОДИНА

На работниците вработени кај „__________________“ (работодавачот), кои се опфатени со


времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус, им се одобрува
користење на неискористениот дел од годишниот одмор за 2019 година, заклучно со 31 мај
2020 година и користење на две непрекинати недели годишен одмор за 2020 година, заклучно
со 30 јуни 2020 година, согласно со овој план:

Ред. Име и презиме Неискористен Користење на годишен одмор


бр. на работникот годишен одмор за 2020 година
од 2019 година
Две непрекинати недели

1. Миа Петковска 10 работни дена:


Мерка:________ од – до април 2020 од – до јуни 2020
2. Давид Венковски 13 работни дена:
Мерка: од – до мај 2020 од – до јуни 2020
3.    
4.      
5.      
Планот е направен согласно потребите на работниот процес на работодавачот.

Работодавач
___________
Да се достави до:
- човечки ресурси
- службата надлежна за пресметување и исплата на плата
Да се објави на веб страницата на работодавачот.
3. Пример на Решение за користење на годишен одмор

Врз основа на член 3 од Уредбата со законска сила за примена на законот за работните


односи за време на вонредна состојба („Сл. весник на РМ“, бр. 90/20, во сила од 04.04.2020),
Одлуката за користење на годишен одмор во април мај и јуни 2020 г. бр.___ од ___ и Планот за
користење на годишниот одмот за 2019/2020 г. бр.____ од ________, органот на управување на
„____________________________________“ (работодавач) на ден _____ април 2020 донесе

РЕШЕНИЕ
ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ГОДИШЕН ОДМОР 2019/2020
1. На работникот ___________, вработен на работното место __________ кој е опфатен со
времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19 за време
на вонредна состојба, како корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа
за дете со навршена возраст до 10 години (или активно 4 одделение ), му се одобрува
користење на неискористениот дел од годишниот одмор за 2019 година во траење од 12
работни дена, сметано од _____до ___ (април, мај) 2020 година, и дел од годишниот одмор
за 2020 година во траење од две непрекинати работни недели, сметано од _____до ___
(јуни) 2020 година.
2. За време на користење на годишниот одмор работникот има право на надоместок на плата
во висина на неговата просечна плата исплатена во последните 12 месеци, за денови и
часови, колку што изнесува работната обврска на работникот на денот на одморот, согласно
со член 112 ставови 2, 8 и 9 од Законот за работните односи.
3. Работникот е должен по истекот на годишниот одмор, да се врати на работа. Работникот ќе
биде дополнително известен од работодавачот за конкретниот ден на враќање на работа
согласно со актуелните препораки и мерки на Владата на РСМ за време на вонредна
состојба.

Правна поука: Против ова решение работникот има право на приговор до ____ во рок од 8
дена од денот на врачувањето – доставувањето на e-mail на работникот.

Напомена: Со потврда од работникот дека го примил решението за одмор на својата e-


mail адреса, ќе се смета дека доставата е уредна.

Работодавач
___________
Да се достави до:
- работникот на e-mail_____________
- човечки ресурси
- службата надлежна за пресметување и исплата на плата
Да се објави на веб страницата на работодавачот.
3

You might also like