You are on page 1of 2

ДОКУМЕНТИ ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦАТА ЗА РАБОТА

Во Правилникот за начинот на издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценцата за


работа и формата и содржината за обрасците за лиценцата за работа на здравствениот работник со
високо образование од областа на стоматологијата, секој дипломиран стоматолог со лиценца за работа
кој сака да ја обнови лиценцата поднесува барање за обновување на лиценцата шест месеци пред
истекот на последната година од периодот на важење на лиценцата поднесува барање и кон барањето
приложува:
1.Доказ дека во периодот на важеност на лиценцата за работа се стекнал со соодветен број бодови
(сертификати);

(Оние кои немат досега доставено сертификати за минатите години, задолжително да достават копии од
сертификатите а не оригинали )

СПОРЕД ОДЛУКАТА НА КОМИСИЈАТА ЗА СТРУЧНИ ПРАШАЊА, ОД 26.11.2010, СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА


КОМОРА ДОКУМЕНТИТЕ ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦАТА МОЖЕ ДА ГИ ДОСТАВУВААТ НАЈДОЦНА
ДО 15.12.2010. ПО ОВОЈ РОК СТРУЧНАТА СЛУЖБА НЕМА ДА ПРИМА ДОКУМЕНТИ СЕ ДО 01.01.2011,
БИДЕЈЌИ КОМИСИЈАТА ЗА СТРУЧНИ ПРАШАЊА ИСКЛУЧИВО ЌЕ РАБОТИ НА РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА
ДОСТАВЕНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦИ ЗА РАБОТА.

ОНИЕ КОИ НЕМА ДА СЕ ПРИДРЖУВААТ ДО ДАДЕНИОТ РОК(до 15.12.2010) ЌЕ ТРЕБА ДА УПЛАТАТ


ПАРИЧНА КАЗНА ОД 1.500.00 ДЕНАРИ

2.Доказ дека најмалку 60% од времето на важноста на лиценцата за работа, работел во дејноста за која
има лиценца за работа (М1 и М2 образец);

ЗА ОНИЕ КОИ ПРОМЕНИЛЕ РАБОТНО МЕСТО, НАМЕСТО М1/М2 ОБРАЗЕЦ ТРЕБА ДА ДОСТАВАТ
ДОКУМЕНТ ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО СЛУЖБА ИЗДАДЕН ОД АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА Р.М.

3.Доказ за уплатена членарина;

4.Копија од лична карта

5. Копија од лиценцата која е валидна до 15.03.2011

6.Копија од уплатата со износ од 3.200.00 ден за обновување на лиценцата

7.Докторите кои во време на траењето на лиценцата (2004-2011) се стекнале со специјализација а не


доставиле Уверение за специјализација, да достават копија од истата со заверка од нотар.

*Сите горенаведени документи треба да бидат копии.

*Стручната служба нема да прима и да дава заверка на документи кои не се комплетирани.

*Ве молиме проверете на web-страницата на Комората за бодови и членарина пред да ги


доставите документите за релиценцирање.

*Доктори кои немат бодови во списоците за континуирана едукација, а имаат сертификати, да


достават копии од тие сертификати(со име и презиме напишани на оригиналите) само за
годината каде што не се внесени бодовите.

*Доктори кои што забележале дека во списоците за бодови нивното име и презиме се јавува
двапати (доктори со исто име и презиме или слични), лично да ги достават оригиналите на
сертификатите во Стоматолошка комора во случај ако не им се внесени бодовите.

*Ве молиме внимавајте на сертификатите од 2010 година. На некои сертификати бар-кодот е


залепен од задната страна, така што сертификатот треба да се копира од двете страни.
Примач:Стоматолошка комора на Македонија

Банка на примачот: Комерцијална банка

Жиро-сметка: 300000000477179

Број на шифра: 289

You might also like