You are on page 1of 3

До

КОУЗОН Вработување – Скопје


Бул. Св. Климент Охридски 58
Скопје

Предмет : ИЗЈАВА
за прифаќање на условите за сезонска работа на Фарми во Обединетото кралство
со Т5 UK работна виза за сезона 2022 година

Јас _____________________________ роден на ___________________ во _______________

со ЕМБГ ____________________ , со постојано место на живеење во ___________________ ,

на ул.__________________________________ бр. _________, под целосна материјална и кривична


одговорност , при здрава свест и разум , без никакво надворешно влијание и притисок ,
самостојно

И З Ј А В У В А М

дека ја проследив онлине презентацијата организирана на ден ___________________ од „ КОУЗОН


ВРАБОТУВАЊЕ “ и дека целосно ги разбрав условите за аплицирање и учество во програмата ,
работните задачи кои би ги имале во Англија , регулативата за добивање на Англиска работна Т5
виза , видот на сместување на фармата на која би работел-а, животните и работните услови за
престој на фармата на која ќе бидам упатен-а да работам во Англија.

Согласен-а сум со следниве посебни услови за учество во програмата :

1. Самостојно и без никакво надворешно влијание изјавувам спремност да аплицирам за


сезонската работа во Англија , за која го овластувам „ Коузон Вработување “ Скопје , во мое име
да поднесе барање до Англиските државни институции за добивање на право за аплицирање за
Англиска сезонска работна Т5 виза.
2. Изјавувам дека немам никакви забрани за влез во Англија , базирани на претходни обиди за
добивање на Англиска виза , и дека немам забрана за влез во државите на ЕУ.
Одговорно изјавувам дека немам криминално досие во Македонија ниту во било која ЕУ држава.
3. Спремен-а сум активно да учествувам во процесот на аплицирање за добивање на Англиска Т5
виза , со пополнување на апликација , плаќање на таксата за виза ( во висина од 244 фунти ) ,
уплата на ТЛС сервисот за поднесување на апликацијата за виза ( според тарифата на ТЛС
центарот ) . Одговорно изјавувам дека овој трошок го прифаќам како свој и свесен-а сум за
ризикот од недобивање на виза . Во случај на отказ/одбивање за издавање на Англиската виза ,
информиран-а сум и прифаќам дека уплатените средства за визата и ТЛС сервисот се целосно
неповратни .
4. Информиран-а сум и прифаќам да ги почитувам правилата на програмата за сезонска работа во
Англија со Т5 виза , кои ми беа предочени на онлине презентацијата и тоа :
- Работниот престој во Англија со наведената Т5 виза може да биде во траење од максимум 6
месеци . По овој период морам задолжително да се вратам во Македонија.
- знам и прифаќам работниот договор со работодавецот да го потпишам по пристигањето во UK.
- патувањето за Англија мора да биде во група ,
- авионската карта мора да биде повратна и истата јас ја плаќам.
- задолжително треба да направам ПЦР тест ( или антигенски тест ) , или да доставам доказ за
вакцинација со две дози .
- По пристигањето во Англија ,по потреба и ако се бара од здравствените власти на Англија , да
останам 10 дена во самоизолација на фармата на која ќе бидам распореден-а да работам.
- знам и прифаќам дека не можам да вршам избор на која работна дестинација/фарма ќе
бидам упатен-а.
- да учествувам во обуките кои ќе бидат организирани од менаџментот на фармата на која ќе
треба да работам.
- знам и прифаќам дека обемот на работните задачи и личниот приход зависи од работните
задачи/одработени работни саати , поврзани со климатските услови и растот на
културите/овошјата на фармата каде што ќе работам
- да бидам флексибилен-а околу сместувањето и тоа со кои лица ќе живеам во заедничка
просторија .
- да се воздржам од консумирање на поголемо количество на алкохол, да не користам дроги
или друга форма на психосоматски супстанци , да не пушам цигари на недозволено место и да го
почитувам куќниот ред во просторот на сместување.
- информиран-а сум дека за време на работниот престој во Обединетото Кралство ќе имам
социјално и здравствено осигурување обезбедено од работодавецот кај кој ќе работам.
5. Информиран-а сум за карактерот на земјоделската работа која треба да ја извршуваме и
запознаен-а сум со начинот на функционирање на работните саати , денови и работни задачи.
Сите услови наведени во презентацијата се апсолутно прифатливи за мене.
Свесен-а сум за временските прилики т.е неприлики кои можат да влијаат на вкупниот број на
работни саати , кои индиректно би влијаеле на моите финансиски приходи.
6. Информиран-а сум за начинот на плаќање на платата и прифаќам истата да зависи од бројот на
работни саати кои ќе ги имам на неделно( месечно ) ниво.
Знам и прифаќам дека од сумата на средства кои ќе ми бидат плаќани како финансиски
надоместок за моето работно ангажирање , работодавецот ќе има обврска да издвојува средства
за Даноци и тоа : Социјален данок ( NIC ) и данок на личен приход ( истиот е варијабилен ).
Знам дека данокот на личен приход е повратен и во текот на 2022 година ќе можам да побарам
враќање на овој данок преку официјалните државни институции на Обединетото Кралство .
Информиран-а сум дека платата ќе ја добивам на платежна картичка .
Информиран-а сум за минималната саатница која е утврдена од страна на Англиската Влада , и
прифаќам тој стандард да биде применет при исплаќањето на мојата плата .
7. Информиран-а сум и прифаќам да плаќам за сместувањето кое ќе ми го обезбеди
работодавецот. Висината на овој надоместок може да биде варијабилен и се движи од 59 до 70
фунти неделно.
Исто така , информиран-а сум и прифаќам да плаќам за потрошената струја и гас , како и за
користење на пералната на фармата на која ќе живеам.
Знам и прифаќам дека сам-а ќе треба да си купувам намирници за храна , да готвам/спремам
јадење и да учествувам во чистењето на објектот каде ќе живеам.
8. Информиран-а сум и прифаќам да ги почитувам доделените работни задачи од моите
претпоставени од менаџментот на фармата на која ќе бидам упатен-а да работам.
Знам и прифаќам да сносам материјална одговорност во случај на нарушување на работната
дисциплина . Изјавувам дека најодговорно ќе се поставам во реализацијата на сите работни
задачи и ќе се стремам секогаш да ги извршувам работните задачи беспрекорно.
9. За време на онлине презентацијата организирана од „ Коузон Вработување “ – Скопје , ми беа
покажани фотографии од сместувањето кое го нудат повеќето работодавци во Англија.
Информиран-а сум и прифаќам дека треба да живеам ( да бидам сместен-а ) во каравани , камп
приколки или бунгалови . Свесен-а сум за изгледот на сместувањето и условите за живот во
наведените објекти. Знам и прифаќам дека локацијата на сместувачките капацитети ќе биде
надвор од населени места и во рурална средина. Се обврзувам да извршам надомест на штета ,
доколку по моја вина или во мое присуство биде оштетен некој дел од сместувачкиот капацитет
или елементите поставени во истиот .
10. Свесен-а сум и прифаќам дека можам да добијам отказ од работа заради слаби работни
резултати или несовесно , грубо или недолично однесување.
Свесен-а сум дека во случај на отказ од работа , веднаш треба да го напуштам Обединетото
Кралство и сите трошоци за репатријацијата да ги сносам лично јас.
Изјавувам дека одлуката за отказ ќе ја почитувам и нема да создавам непријатности спрема други
субјекти , вклучувајќи го и „ Коузон Вработување “ – Скопје
11. Согласен-а сум да добијам преместување на друга фарма во Англија , ако се случи да завршат
работните обврски на фармата на која ќе бидам упатен на работа . Знам и согласен-а сум изборот
на новата работна дестинација да го направи организацијата од Англија , која ќе биде спонзор на
мојата работна Т5 виза. Во случај да не ја прифатам новата работна понуда, спремен-а ќе бидам
да се вратам во Македонија за свој трошок , без да барам некакво обештетување заради
скратување на работниот престој во Обединетото кралство.
12. Одговорно изјавувам дека нема да вршам притисок врз вработените во „ Коузон Вработување“
за добивање на подобра работа , избор на работна дестинација во Англија , вклучување на лица
во групата со која јас ќе патувам и сл. Никако и под никакви околности нема да негодувам спрема
„ Коузон Вработување “ – Скопје во случај на:
- одбивање на апликацијата за Виза .
- изборот на работната дестинација во Обединетото Кралство
- структурата на колегите со кои ќе бидам упатен на работа во Англија .
- изгледот и функционалноста на сместувачкиот капацитет на фармата на која ќе работам.
- бројот на работните саати и условите за работа , како и однесувањето на директните
менаџери кои ќе ми бидат претпоставени .
- како и сите останати прилики/неприлики поврзани со мојот престој во Обединетото Кралство.
Во случај на мое некоректно однесување или јавно искажување на навреди спрема вработените
или фирмата „Коузон Вработување “ Скопје , спремен сум да поднесам материјална и кривична
одговорност за нанесена нематеријална штета на угледот на вработените или самата фирма „
Коузон Вработување “ – Скопје. Оваа изјава има важност и по завршувањето на мојот престој во
Обединетото Кралство.
13. Информиран сум и знам дека „ КОУЗОН Вработување “ – ќе ми помогне во целата постапка
за аплицирање за Т5 визата и заминувањето во Англија , нудејќи го својот сервис БЕСПЛАТНО .

Оваа лична ИЗЈАВА може да послужи како доказ во случај на спор помеѓу мене и Агенцијата „
Коузон Вработување “ Скопје .
Со свое рачното потпишување со согласувам со гореизнесената содржина.

ИЗЈАВИЛ Во _____________________
_______________________________ на ____________________

You might also like