You are on page 1of 2

Поим за база на податоци

База на податоци преставува организирана колекција од податоци. Во неа можат да се


чуваат податоци за луѓе, книги и слично. Чувањето на бази на податоци во компјутерот
овозможува нивна побрза и полесна обработка и добивање на самата информација. За
некои поедноставни бази на податоци може да се користат програмите за табеларно
пресметување ( како на пример: MS EXCEL), а со други зборови се нарекуваат и рамнински
бази на податоци.
Деф:
База на податоци е организирана и уредена целина од меѓусебно поврзани податоци
зачување без непотребно повторување.
Основни поим во база на податоци:
1. Ентитети( предмети на обработка)
2. Атрибути( особина на ентитетите која е интересна за обработка)
3. Податоци ( вредноста кои им се додалуваа на атребутите)
Заклучок
Денес најчесто се користат така наречени релациски бази на податоци, бази во кои
податоците за сите ентитети се организирани во посебни табели.

Организација на база на податоци


Базата на податоци однапред мора добро да се испланира.
1. Да се одреди намената на базата
2. Да се одлучи кои табели ќе се креираат во базата
3. Да се одредат полињата во секоја табела
4. Да се одредат индексите и примарниот клуч
5. Да се одредат врските односно релациите помеѓу табелите
Индекси се полиња според кои се распоредуваат податоците во табелата.
Примарен клуч е поле кое овозможуваа поврзување на податоците од различни табели.
Најчесто користени објекти се форми, прашалници и извештаи.
Форми се формулари кои се креираат за полесно внесување и менување на податоци.
Прашалници се објекти со чија помош се наоѓаат и прикажуваат оние податоци кои
исполнуваат одреден услов односно критериум.
Извештаите се посебни објекти преку кои податоците на базата се прикажуваат на начин кој
му е потребен на корисникот и е погоден за печатење.

Системи за управување со бази на податоци


Терминот база на податоци се однесува на самиот податок и подршка на структурата на
податоци. Базите се создадени да можат да извршуваат операции со поголем квантитет на
податоци со зачувување, внесување и враќање на инфомации. Базите се поставени за да
еден софтвер му овозможи на корисникот пристап до сите информации. Систем за
управување со бази на податоци, DBSM е пакет компјутерски софтвер кој обезбедува
интерфајс помеѓу една или повеќе бази на податоци. Бидејќи се тесно поврзани поимот
база на податоци најчесто се однесува и на систем за управување на бази и на податоци кои
се користат. Според интеракција, повеќето постоечки системи за управување на бази на
податоци се поделени во четири групи и тоа:
1. Дефинирање на податок: дефинирање на нова структура на податокот во самата
базата, бришење структурата на податок и менување на веќе постоечка структура на
податок.
2. Ажурирање: внесување, менување и бришење на податоци.
3. Администрација: регистрирање и надгледување на корисници, безбедност на
податоците, надгледување на перфомансите на базата и враќање на податоци ако
падне системот.

Заклучок:
Системот за управување на бази со податоци е одговорен за одржување на
интегритетод и безбедноста на складираните податоци.

Карактеристики на DBMS се:

1. Доверливост: голема веројатност да работи во реално време без откажување


2. Погодност за користење: автоматизација за изврување на задачи
3. Погодност за одржување.

Компоненти на DBMS се:

1. Управување со бафери: прифаќа блог на податоци од изход, му доделува мемориска


локација, го задржуваа некое време, а потоа го враќа на дискот ослобудувајќи ја
локаицијата која му е доделена.
2. Управување со дадотеки: води сметка за локација на дадотеките преку кои се
реализира база на податоци, коко и за пристап кон блоковите на кои дисковите се
поделени.

Креирање на база на податоци


Секоја база на податоци креирана во access 2007- 2019 добива наставка односна
екстензија .accdb( кратенка од access database).Објекти кои можат да се крираат во аccess
во ендна база се: (table-табела, query-прашалник, form–форма, report-извештај, macro).
Откако ќе се отвори нова база на податоци се преминува на креирање на табели во неа.

Крирање на табела се врши во design view mode по што следи креирање на колони на
табелата, доделување на вредности на полињата, креирање на падачка листа во табелата,
креирање на примарен клуч и така натаму.

You might also like