You are on page 1of 3

1.

Што е база на податоци


Место каде што се чуваат различни информации кои се на некој начин меѓусебно
поврзани
Пример Шопинг листа, телефонски именик, е-дневник итн.
2. Работење со бази на податоци со помош на комјутер – DBMS
Database Management System (Систем со менаџирање на база со податоци)
Олеснува во работа со голем број податоци
Вклучува безбедносни мерки, односно со него може да се дефинира кој има пристап
до базата или дозвола да ја уредува (создава, менува, брише...)
Прави резервна копија на базата (backup)
Овозможува импортирање или експортирање на податоците
Дозволува интеракција со софтверски апликации или страни (Страната на Amazon има
воспоставено врска со DBMS на кој што му кажува на системот што треба да се направи
во базата и самиот систем го извршува тоа)
DBMS НЕ Е самата база, туку е помошник за работа со неа
3. CRUD
Основните операции со кои што работи системот се: Create, Read/Retrieve, Update,
Delete
4. Видови на бази
a. Релациони
 Организира податоци во табели (со колони и редови каде што секој
ред има уникатен клуч по кој го препознаваме)
 RDBMS (Relational Database Management System)
 mySQL, Oracle, PostgreSQL, MariaDB
b. Не релациони
 Пр. графови, документи, клуч-вредност итн.
5. Креирање на добро организирани бази
a. Кој тип на податоци
Што претставува податокот и каква вредност/информација има
Дали е текст, број, време, мејл, точно/неточно
b. Какви релации (1:n, n:n)
c. Да нема редунданси (непотребни повторувања)

 Аномалии при внесување податоци


Нема да може да постојат информации за купувач или за артикл во
базата се додека не се направи некаква нарачка. Пр. Купувач K2 ни
треба да постои во базата бидејќи маркетиншки е корисен/интересен
за фирмата. Но се додека не направи некаква нарачка нема да може
да се внесе во базата. Истото важи и за некој артикл A5 кој постои и е
пуштен во продажба, но ако никој не го купи нема да биде внесен во
базата.
 Аномалии при бришење на податоци
При бришење на една нарачка може да се случи губење на сите
информации и за купувачот и за артиклот. Пр. K17 направил само една
нарачка па Диме од Белград целосно ќе биде избришан од базата.
 Аномалии при измена на податоци
При промена на една инфромација за купувач или артикл ќе мора да
ја смениме онолку пати колку што се појавува во табелата. Пр. Никола
се преселил во Скопје и 4 пати ќе мора да се менува таа информација.
Со тоа се зголемува обемот на работа.
 Нормализација
Процес на декомпозиција и спојување на табели се додека не
исчезнат редундандностите (Има неколку нормални форми)
Во нашиот случај ќе треба да направиме две нови табели, една за
купувач и една за арртикли.
6. SQL
Стандарден јазик за интеракција со RDBMS
CRUD операции и административни задачи (безбедност, менаџирање со корисници,
backup...)
Дефинира табели и структури
SQL код на еден RDBMS често не може да се пренесе на друг без некакви измени
Имплементацијата на SQL за различни DBMS е многу сличен но има мали разлики
a. Од 4 вида јазици
 DQL (Data Query Language)
Создавање прашалници/филтрирање на специфични информации од
базата
 DDL (Data Definition Language)
Овозможува дефинирање на шема на базата
 DCL (Data Control Language)
Се користи за контролирање на пристапот до информациите од базата
 DML (Data Manipulation Language)
Се користи за додавање, бришење и менување на податоци од базата
b. Основни команди
 SELECT (табела.колона)
 CREATE TABLE
 FROM (од која табела)
 WHERE (како if)
 DROP (delete)
 DESCRIBE
c. Логички оператори
 <
 >
 <=
 >=
 =
 <>
 AND
 OR
d. Прашалници (Queries)
Кога работиме со огромен опсег на податоци некогаш е тешко да се најдат
потребните податоци. Па со помош на прашалниците се праќа барање до
системот на базата да ни ги даде само одредените записи кои ги содржат
потребните вредности. Прашалниците на некој начин се како претражување на
Google или како употребување на филтер на онлајн продавница.

You might also like