You are on page 1of 18

Предмет

Информатика
СОДРЖИНА

 Бази на податоци
Бази на податоци
Базата на податоци претставува множество или збир на податоци кои ги
претставуваат активностите на одредена организација. Постојат системи за
управување со базите на податоци преку кои се врши комуникација на
корисникот со апликацијата; преку нив да може да се изврши анализа или
обработка на податоците. Основната функција на овој вид на системи е да
овозможи обновување на податоците, нивно импортирање, експортирање и
нивна обработка.

Постојат неколку видови на системи за управување со базите на податоци


преку кои се врши комуникацијата, и тоа: MySQL, Microsoft SQL Server,
Microsoft Access, Oracle, SAP, IBM DB2 и други. Базите на податоци не се
пренесуваат од едно на друго место, па поради таа причина постојат одредени
стандарди, како што се SQL, ODBC, или JDBC, кои овозможуваат
комуникација на базите на податоци од различни локации. Во дизајнот на
базите на податоците постои процес на т.н. нормализација на базите на
податоци. Основната задача на нормализацијата е од поголемите табели да се
добијат помали табели.
Бази на податоци
Целта на процесот на нормализација е податоците да останат изолирани и
сите измени кои се прават во полињата да бидат направени во една табела,
со што остануваат така да функционираат низ целата база на податоци.
Постојат неколку предности доколку се користи нормализација на базите
на податоци, и тоа:
• Избегнување на несакани обновувања, ажурирања и бришење на
зависностите;
• Избегнување на градење на нови релации за нови податоци;
• Преку нормализацијата се овозможува подобра и полесна
комуникација со корисникот;
• Се овозможува да се направат различни статистики врз
податоците
• Намалување на редизајнот кога се прави проширување на
податоците.
Бази на податоци
На прв поглед, поимот база на податоци се однесува на податокот и на
неговата поддршка. Главната задача на базата на податоци е да извршува
различни операции. Системот за управување со базите на податоци е
софтвер кој овозможува интеракција помеѓу корисникот и базата на
податоци. Во базата на податоци може да се чуваат податоци ентитети како
на пример за луѓе, производи, цени, количини на производи, или што било
друго.

Една од главните предности на базата на податоци е тоа што не мора да се


чува само во компјутер. Во табелите за базите на податоци овозможено е
да се изврши сортирање по различен редослед во зависнот од критериумот
што треба да биде задоволен. Основните елементи на базата на податоци
се: поле, запис и име на поле.
Бази на податоци
Тука може да се претпостави дека табелата претставува база на податоци,
ќелијата претставува вредност на поле, додека пак редот претставува
запис, а имињата на колоните ни претставуваат имиња на полиња.
При креирање на базата на податоци мора да се испочитуваат следниве
правила:
• Секој запис мора да биде во посебен ред;
• Помеѓу записите не смее да постои празен ред;
• Ќелиите во колоната мора да бидат од ист тип;
• Ќелијата може да биде празна доколку некоја од информациите не
е позната;
• Базата на податоци потребно е да биде на еден работен лист.
Бази на податоци
При пребарување на записи кои се однесуваат на нумерички податоци се
користат операторите за споредување (>, >=, =, <, <=, <>). При текстуални
податоци се користат два видови на знаци, и тоа: sвездичка (*) и
прашалник (?). Sвездичката овозможува замена на повеќе знаци, додека
пак прашалникот заменува само еден знак.
Бази на податоци
Конзистентност на податоци

Под поимот конзистентност се подразбира собирање на сите важни


атрибути кои се однесуваат на податоците, и тоа: валидација, прецизност,
употребливост и интегритет на податоците, било тоа да се однесуваат за
одредена апликација или пак за соодветна организација. Проблемот со
конзистентноста на податоците може да произлезе во секое време од
различни причини, но еден од најчестите проблеми кај конзистентноста на
податоците е тоа што не се прави backup на старите податоци при нивно
обнувување и ажурирање.
Бази на податоци
Конзистентност на податоци

Под поимот конзистентност се подразбира собирање на сите важни


атрибути кои се однесуваат на податоците, и тоа: валидација, прецизност,
употребливост и интегритет на податоците, било тоа да се однесуваат за
одредена апликација или пак за соодветна организација. Проблемот со
конзистентноста на податоците може да произлезе во секое време од
различни причини, но еден од најчестите проблеми кај конзистентноста на
податоците е тоа што не се прави backup на старите податоци при нивно
обнувување и ажурирање.
Бази на податоци
Конзистентност на податоци

- Трансакциска конзистентност - во себе вклучува повеќе точки на работа


кои меѓусебе се поврзани и кои можат да испратат голем број на датотеки
до базата на податоци. Еден таков пример за трансакциска конзистентност
е трансфер на пари. За таа цел се потребни две страни: од едната страна
имаме запишување на дебитна трансакција, а на другата страна имаме
запишување на кредитна трансакција. Доколку во моментот настани
нарушување на системот или негово закочување, доколку една операција
се изврши, а останатите не се извршат и при тоа системот не може во
моментот да се порави, тогаш може да се каже дека постои недостаток на
конзистентност. При трансферот на пари пожелно е или трансакцијата да
се изврши комплетно или трансакцијата да не се изврши воопшто. Целта
на оваа конзистентност е да се одржи рамнотежа помеѓу едната и другата
страна.
Бази на податоци
Конзистентност на податоци

Апликациската конзистентност - е слична како и трансакциската


конзистентност само што тука потребно е трасакцијата на податоците да
не го надмине опсегот од предходно дефинираната граница помеѓу
податоците.

Навремено извршување - се однесува на случаи каде постои


согласност помеѓу поврзаните компоненти меѓу кои се пренесуваат
податоците. Овој тип на конзистентност може да се визуелизира кога при
работа со податоците од различни причини може да има недостиг на
електрична енергија. Тогаш се согледува дали податоците го поминале
целиот животен век односно дали се извршиле сите планирани операции
врз нив.
Бази на податоци
Интегритет на податоците
Интегритетот на податоците се однесува на одржување и
обезбедување на точност и конзистентност на податоците во текот на
целиот нивeн животен циклус коj во себе вклучува дизајн,
имплементација, ажурирање, импортирање и експортирање на податоците.
Терминот интегритет е широк поим и може да вклучи различни погледи на
пристап. Интегритетот на податоците е сосема спротивно од корупцијата
на податоците, што може да се толкува како еден вид на загуба на
податоците. Целокупната намера на интегритетот на податоците е да
обезбеди точно запишување на податокот онака како што е планиран, а
подоцна во текот на пребарувањето да се најде во иста состојба како што
бил запишан. На кратко, интегритетот на податоците има за цел да спречи
ненамерни промени во податоците.
Бази на податоци
Интегритет на податоците
Од друга страна пак, интегритетот на податоците не е задолжен за
безбедноста на податоците и нивна заштита од неовластени лица. Секоја
ненамерна промена која настанала кај податоците при нивна правилна
заштита и безбедност се смета како неуспех на интегритетот. Доколу
промените врз податоците се направени од страна на неовластени лица,
тогаш тоа се сметат за неуспех на безбедноста и заштитата на податоците.

Интегритетот на податоците може да се подели во две категории, и тоа:


физички интегритет и логички интегритет.
Бази на податоци
Интегритет на податоците

Физичкиот интегритет главно се занимава со предизвиците поврзани со


правилно складирање и преземање на самите податоци. Предизвиците со
физичкиот интегритет може да вклучат електромеханички грешки,
природни катастрофи, еколошки опасности и друго. Обезбедувањето на
физичкиот интегритет во себе вклучува добар и стабилен хардвер,
непрекинато напојување на системот, постојана кеш меморија и
целокупната безбедност која е потребна за податоците.
Бази на податоци
Интегритет на податоците

Логичкиот интегритет се однесува на точноста на еден дел од податоците


со оглед на одреден контекст. Ова во себе вклучува теми како што се
референцијален интегритет и интегритет во релациона база на податоци.
Предизвиците на логичкиот интегритет се поврзани со софтверски
грешки, логички грешки или човечки грешки. Методите за обезбедување
на логичкиот интегритет во себе вклучуваат: проверка, ограничување,
програма за потврда на автентификација на идентитетот и друго.
Бази на податоци
Прашалници и погледи

Во базата на податоците погледите имаат функција да извршат


пребарување на складираните податоци. За разлика од обичните бази, во
релационите бази на податоци погледите се користат за да овозможат брз
пристап до потребните податоци. Нивниот принцип на работа се темели на
тоа што промените кои се применуваат врз податоците се однесуваат на
одредена табела и се рефлектираат според побарувањата од погледот.
Бази на податоци
Прашалници и погледи

Предностите на погледите се:


• Погледите може да претставуваат подмножество на податоци кои
се дел од табелата;
• Погледите може да спојат повеќе табели во една виртуелна табела;
• Погледите може да функционираат како табели, а базата на
податоци само да ги извршува операциите;
• Податоците зафаќаат мал простор односно базата на податоци ја
содржи само дефиницијата без складирање на целокупните податоци.
Бази на податоци
Прашалници и погледи

Прашалниците претставуваат барања за добивање и извлекување на


информации од базата на податоци. Постојат три општи методи за таа
работа, и тоа:
• Избор на параметри од менито – во овој метод базата на податоци
претставува листа од параметри кои може да се одберат. Овој е можеби
најлесниот начин за прибирање на информации и е доста флексибилен.
• Прашалник од страна на пример – кај овој метод системот
претставува празен запис и е овозможено да се одредат полињата и
вредностите кои се дефинираат при пребарувањето.
• Прашален јазик – Овој метод на пребарување е еден од
најсложените методи. При пребарувањето потребно е да се познава јазикот
за пишување. Покрај што е најсложен, овој метод е еден од најдобрите
методи за пребарување.

You might also like