You are on page 1of 11

БАЗИ НА ПОДАТОЦИ

Основни поими, организација и примена


Податок
• Податокит е прост факт претставен во некој формален
облик, нпр. број, збор, слика.
• Пример за податок:
• 38
• Што знаеме за овој запис?
• Дали знаеме што претставува тој број?
• Податокот сам за себе, нема некоја употребна
вредност.
Информација
• Информација е обработен податок или повеќе
поврзани податоци.
• Ако податокот има смосла и значење за некој субјект,
тогаш тој за него претставува информација.
• Бројот 38 е информација кога знаеме што
претставува, нпр. години на некоја личност,
конфекциски број и сл.
Чување на податоци и информаци
• Податоците и информациите може да се чуваат на
различни начини,
• Може да се памтат, запишуваат на хартија, да се
чуваат во меморијата на компјутерот
• Еден од начините на чување на податоците во меморијата на
компјутерот е чување во датотеки,
• Друг начин на чување на податоците во меморијата на
компјутерот е БАЗА НА ПОДАТОЦИ (највисоко ниво на чување
на податоци)
База на податоци
• База на податоци е множество на податоци
организирани така што во него може брзо да се
пронајдат, издвојат, додадат, групираат, избришат и сл
• Во секојдневниот живот со бази на податоци се
сретнуваме на секој чекор: во продавница-каса, во
банка - податоци за клиенти и сметки, во училиште –
електронски дневник.
Табела
• Табелите се основни елементи на базата на податоци
• Во табелите се чуваат податоци,
• Базата се состои најчесто од повеќе табели
• Секој ред во табелата се нарекува СЛОГ (запис,
рекорд)
• Секоја колона во табелата се нарекува ПОЛЕ.
DBMS – Database Management System
Систем за управување со базата на
податоци (СУБП)
• За да може да се внесуваат, пребаруваат, менуваат,
бришат податоците во базата потребен е софтвер за
управување со базата.
• Најпознати СУБП се:
• Oracle,
• Microsoft Access
• MySQL,
• SQLite,
• dBase
Организација на базата на податоци
• Податоците од едноставна база може да се сместат во
една табела. За таква база доволна е програмата
Excel.
• Пример: База на податоци за библиотека – податоците
за книгите може да се запишат во една табела книги:
• Ако покрај податоци за книгите треба да се евидентира
изнајмување на книги, табелата треба да се прошири:

• Со ова се усложнува базата и нејзиното користење е


потешко. При секое изнајмување би требало да се
запишат нови имиња во последните две полиња. Би
доаѓало до дуплирање на податоци.
• Се наметнува потреба да се направи друга табела
КОРИСНИК, која ќе ги содржи податоците за
членовите на библиотеката.

• Кога некој корисник изнајми книга, само неговиот


идентификациски број се додава во табелата на книги,
а останатите податоци за корисникот се читаат од
табелата КОРИСНИК. На овој начин табелите КНИГА
И КОРИСНИК се поврзани. ID од корисникот
претставува врска – релација меѓу тие табели.
Релациона база на податоци
• Овој модел на база се нарекува релациона база.
• Основната замисла е:
• Множеството податоци да се раздели во помали логички
целини – оваа постапка се нарекува нормализација
• Податоците од секоја целина се чуваат во посебна табела,
• Податоците од различни табели треба да се поврзат преку
полиња кои содржат исти податоци (ИД корисник)
Табелите најчесто се поврзуваат преку полиња кои се
нарекуваат примарен клуч.
Примарен клуч е поле кое е единствено за секој слог од базата.
Во нашиот пример ИД корисник. Кај попис на население
примарен клуч е матичен број.

You might also like