You are on page 1of 7

 Податок е одреден запис кој претставува формализирана

репрезентација на некој факт или идеја погоден за комуникација.


 Информација е протолкуван податок или множество податоци
кои имаат некакво значење.
 Знаењето се состои од податоци или информации кои се
организираат и обработуваат за да пренесат разбирање и
искуство во примената на актуелен проблем.
 Мудрост е способност за искористување на знаењето во даден
контекст.
 Обработка на податоци е процес што се состои од низа на
дејства што се извршуваат врз податоците за да се добијат
информации.
 Компјутер е електронски уред кој самостојно извршува
обработка на податоци, врз основа на соодветна програмска
поддршка.
 Информационен систем е систем кој на влез прима податоци и
ги претвора во информации како излез.
 Информациони технологии се сите методи, техники и средства
за чување, обработка и пренос на информации.
 Информатиката е наука за рационалната обработка на
информациите, како носители на човечкото знаење и
комуникации во технички, економски и општествен контекст,
првенствено користејќи автоматски машини.
 Денес преовладува трендот според кој под информатика се
подразбира:
– проучувањето на компјутерите, како современи системи за
обработка на информации.
 Знаењето и способноста за работа со и употреба на компјутер за
некои основни потреби се нарекува основна информатичка
писменост.
 Во теоретската информатика спаѓаат математичките и
логичките основи на информатикатa.
 Техничката информатика се бави со техничките основи на
информатиката или хардверот.
 Практичната информатика се бави со решавањето на
проблеми со користење на компјутерите.
 Научната примена на информатиката се бави со примената на
информационите и компјутерските технологии за разни научни
потреби, кај природните и општествените науки.
 Броен систем е систем од симболи и правила за нивно
комбинирање за симболичко претставување на броевите.
 Броевите се претставуваат користејќи множество од симболи кои
се нарекуваат цифри.
 Множеството од дозволени цифри се нарекува азбука на
бројниот систем.
 Постојат: позициони и непозициони бројни системи.
 Кај непозиционите бројни системи, вредноста на цифрата не
зависи од нејзината позиција во записот на бројот.
 Кај позиционите бројни системи, вредноста на цифрата е
еднаква на производот од сопствената вредност и
вредноста на позицијата на која таа се наоѓа.
 Секој број се претставува како збир од вредностите на
неговите цифри!
 Компјутерската меморија може да се замисли како низа од
бистабилни елементи.
 Компјутерите се организирани на таков начин што записот на
секој податок употребува барем 8 бита.
 Основна единица за мерење на количината на податоци е бит.
 Основна единица мерка за количина на податоци во денешните
компјутери е бајт. (8 бита)
 Затоа, во пракса се користат поголеми единици
– килобајт (kB) (1 kB = 2^10 бајти (B) = 1024 B)
– мегабајт (MB) (1 MB = 2^10 kB)
– гигабајт (GB) (1 GB = 2^10 MB)
– терабајт (TB) (1 TB = 2^10 GB)
 Секоја меморија се карактеризира со нејзиниот капацитет.
 Денес капацитетот се изразува во гигабајти (GB)
– Хард дисковите можат да складираат неколку стотици GB
– Флеш-мемориите: неколку десетици GB
– Картичките на паметните телефони и фотоапаратите:
неколку GB
– DVD: 4,7 GB; CD: 700 MB.
 Текст е информација наменета за меѓучовечка комуникација која
што може да се прикаже во дводимензионална форма.
 Текстот се состои од графички елементи како што се знаците,
геометриски или фотографски елементи, или нивна комбинација,
кои ја сочинуваат содржината на документот.
 Текстот во компјутерите секогаш е претставен како
еднодимензионална низа од знаци.
 За текстот да се претстави преку броеви, се врши кодирање на
знаците: на секој знак му се придружува единствен број – код.
 Стандардни табели во кои се попишани знаците и нивните
кодови се нарекуваат кодни страни.
 Во една кодна страна, за секој број е назначено кој знак го
претставува тој, но не е прецизно дефиниран изгледот на знакот.
 Нумеричкиот код претставува внатрешна репрезентација на
знакот, додека пак она што го гледаме на екранот е негова
надворешна репрезентација.
 Изгледот го одредуваат програмите кои го вчитуваат запишаниот
текст и ги прикажуваат знаците. За ова се користат сликички кои
се нарекуваат глифови.
 Поединечните глифови се групираат во групи кои се нарекуваат
фонтови.
 Во почетокот на 1960-тите, во САД е стандардизирана кодната
страна наречена ASCII.
 Таа кодира 128 знаци кои се користат во англиското говорно
подрачје – Доволни се 7 бита за запис на секој код.
 Првите 32 знаци се специјални знацi на кои не им се придружени
глифови.
 Се јавила потреба за креирање на единствен стандард кој би ги
опфатил сите знаци од сите јазици, Unicode кој се појавил на
почетокот на 1990-тите години.
 Unicode имал цел да биде:
– Универзален – да ги покрива сите современи јазици со
нивните писма
– Единствен – нема дуплирање на знаци
– Униформен – секој знак се кодира со ист број на битови
 Во својата основна повеќејазична верзија, Unicode содржи 65 536
знаци, кои се доволни за запис на повеќето живи јазици.
 Кодот на секој знак се запишува со 2 бајти = 16 бита, па овој
начин на запишување се нарекува UCS-2.
 Ако со UCS-2 се кодира текст напишан на англиски јазик (содржи
само ASCII знаци), секој втор бајт во записот ќе има вредност
0,затоа наместо UCS-2 често се користи една модификација на
Unicode кодирањето која е позната како UTF-8.
 Идејата е знаците да се кодираат користејќи различен број на
бајти.
 ASCII знаците се кодираат со 1 бајт.
 Останатите латинични знаци, грчките и кириличните букви се
кодираат со 2 бајти.
 Кинеските знаци се кодираат со 3 бајти.
 Дигитален запис подразбира дека сите податоци се запишани во
облик на броеви.
 Пред да почнат податоците да се запишуваат дигитално, се
користел аналоген запис.
 Звукот аналогно се запишувал на грамофонски плочи или касети
што содржат магнетна лента.
 Просторот на фотографијата се дискретизира и се дели на
квадратчиња кои се нарекуваат пиксели.
 Бројот на пиксели по единица површина се нарекува резолуција
на сликата.
 Сликата се разгледува како низа од пиксели, секој пиксел се
претставува со броеви, целата слика е претставена како низа од
броеви!
 Податоците се запишани дигитално ако се запишани користејќи
низа од броеви.
 Податоците се запишани аналогно ако континуираните промени
на некој сигнал се запишуваат на соодветни континуирани
медиуми.
 Поделбата на компјутерите според големината и можностите се
дели на: суперкомпјутери, големи компјутери, миникомпјутери,
микрокомпјутери.
 Суперкомпјутерите се најбрзи, најмоќни и најскапи компјутери.
 Имаат голем број процесори, огромен капацитет на хард
дисковите.
 Се применуваат во воени цели, научноистражувачки цели,
симулирање на земјотреси, урагани, суши и следење на
глобална клима, тестирање на нови модели на авиони и
автомобили под различни услови.
 Големи компјутери се моќни, големи и скапи машини кои се
користат во големи организации.
 Се применуваат за обработка на масовни податоци, често се
користат како сервери.
 Разликата меѓу суперкомпјутерите и големите компјутери е
тоа што првите извршуваат мал број на задачи што е можно
побрзо, додека вторите опслужуваат голем број корисници и
извршуваат голем број задачи истовремено.
 Корисниците до централен компјутер пристапуваат преку
терминали поврзани со него
 Миникомпјутери се многу помали и поевтини од големите
компјутери.
 Тоа се компјутери кои извршуваат многу задачи кои не
побаруваат користење на големи скапи компјутери, но не можат
да бидат извршени од помалите поевтини компјутери.
 Работат со неколку процесори и можат да подржат 4-200
корисници истовремено.
 Се применуваат за апликации во реално време.
 Персоналните компјутери се мали, релативно евтини
компјутери наменети за работа на еден корисник.
 Имаат многу поограничени можности од другите класи на
компјутери бидејќи имаат само еден процесор (микропроцесор
од каде доаѓа името микрокомпјутер).
 Можат да опслужат само еден корисник во дадено време, многу
се побавни и можат да чуваат и обработуваат многу помало
количество податоци.
 Се применуваат за обработка на тектс, сметководство, графички
дизајн, пресметки, програмирање, забава.
 Персоналните компјутери можат да бидат статични или
преносливи.
 Компјутери кои се вградуваат во други машини или во нивни
делови се викаат вгнездени машини, имаат програма која не
може да се менува и е наменета да се извршува само една
работа. (дигитални фотоапарати, мобилни телефони, машини за
перење итн.).
 Секој функционален компјутерски систем се состои од хардвер и
софтвер.
 Сите физички делови на компјутерот, кои се изработени од тврда
материја, се нарекуваат хардвер.
 Програма е низа од инструкции со кои на компјутерот му се
соопштува начинот на решавање на одредена задача.
 Множество од програми кои обавуваат најразлични функции со
цел да ја овозможат работата на компјутерот и обработката на
податоци се нарекува софтвер.
 Составните делови на компјутерот и нивната меѓусебна
поврзаност во функционална целина ја сочинуваат
компјутерската архитектура.
 Теоретските основи на компјутерската архитектура ги поставил
унгарско-американскиот математичар Џон фон Нојман.
 Компјутерот мора да има способност да меморира инструкции;
инструкциите и податоците се меморираат на ист начин во иста
единица наречена меморија.
 Основни делови на компјутерот се:
 -Централна процесорска единица – која што ги обработува
податоците
 -Главна меморија – во која што истовремено се чуваат и
податоците што моментално се обработуваат, како и
моментално активните програми
 -Различни периферни уреди познати и како влезно-излезни
уреди – кои што служат за комуникација на корисникот со
системот, со други уреди и компјутери, како и за трајно
зачувување на податоците и програмите
 Врската помеѓу компонентите се воспоставува со помош на
уреди кои се нарекуваат магистрали.
 Периферните уреди се поврзуваат со меморијата, процесорот и
магистралите користејќи хардверски склопови кои се нарекуваат
контролери.
 Процесорот содржи:
 -Одреден број на регистри – група од мемориски ќелии во кои
може да се чува мала количина на податоци
 -Аритметичко-логичка единица – која што изведува
математички операции над податоците кои се наоѓаат во
регистрите
 -Контролна единица – која управува со работата на процесорот
 Главната меморија е организирана како низа од бајти, во која
секој бајт има свој единствен реден број т.н. адреса.
 Секој податок во меморијата може да се пристапи само врз
основа на адресата на која што е запишан и ваквите мемории се
нарекуваат мемории со слободен пристап.
 Во програмите, податоците се зачувуваат во променливи.
 Секоја елементарна операција која што може да ја изврши
процесорот во рамките на програмата се задава со процесорска
инструкција.
 Секој процесор поддржува однапред фиксирано, конечно
множество од инструкции, односно операции придружени на
нив.
 Сите операции процесорот ги врши исклучиво над податоци кои
се наоѓаат во регистрите, па неопходно е да му се задаваат
инструкции за пренос на податоци.

You might also like