You are on page 1of 15

ПОДЕЛБА НА СОВРЕМЕНИ ТЕ КОМПЈУТЕРИ 2.

 Според поделбата на големината и можностите, компјутерите се делат на:


- Суперкомпјутери
- Големи (mainframe) компјутери
- Миникомпјутери
- Микрокомпјутери (персонални компјутери)

- Суперкомпјутери
- Многу големи, имаат голем број процесори, огромен капацитет на хард
дисковите.
 Примена:
– воени цели.
– научноистражувачки цели (проучување на вселената, моделирање и
симулирање на физички и хемиски процеси, итн.).
– симулирање на земјотреси, урагани, суши и следење на глобалната
клима.
– тестирање на нови модели на авиони и автомобили под различни
услови.

- Големи компјутери
-Големите (mainframe) компјутери се исто така моќни, големи и скапи машини кои
се користат во големите организации (државни институции, банки, осигурителни
компании)
 Примена:
– за обработка на масовни податоци (пр. податоци од попис или гласање,
статистики, финансиски трансакции и сл.)
– Често се користат како сервери

! Основна разлика помеѓу суперкомпјутерите и големите


компјутери е во тоа што првите извршуваат мал број на
задачи што е можно побрзо, а вторите опслужуваат голем
број корисници и извршуваат голем број задачи
истовремено.

- Корисниците до централен компјутер пристапуваат преку терминали поврзани со


него:
– Терминалите немаат своја меморија, само единици за прием и праќање
податоци до главниот компјутер.
– Терминалите може да бидат лоцирани во иста просторија или во друга
просторија, па и зграда.

- Миникомпјутери
- Тоа се компјутери кои можат да извршат многу задачи што не побаруваат
користење на големи скапи компјутери, но не можат да бидат извршени од
помалите поевтини компјутери.
- Работат со неколку процесори и можат да поддржат 4 – 200 корисници во исто
време.
 Примена: апликации во реално време (пр. контрола на воздушен сообраќај
или фабриките)

- Персонални компјутери (PC)


- Персоналните компјутери се мали, релативно евтини компјутери наменети за
работа на еден корисник.
- Имаат многу поограничени можности од сите три претходни класи на
компјутери, затоа што имаат само еден процесор. (Микропроцесор, од каде доаѓа
и името –микрокомпјутер)
 Примена: Обработка на текст, сметководство, графички дизајн, пресметки,
програмирање, забава (слушање музика, играње игри, гледање филмови,
итн.)
- Со развојот на технологијата добиваат помоќни перформанси, па можат да се
ддддкористат не само како клиенти во мрежа, туку и како сервери.
 Поделба на персоналните компјутери
Статични Преносливи

Основните делови (куќиште, Сите делови кај преносливите


тастатура, монитор) се одвоени и компјутери се интегрирани во една
можат да се стават на маса. целина.

– Хоризонтално или вертикално куќиште на – Недостаток – не можат да се надградуваат!


кое се приклучуваат останатите делови,
– Може да се приклучат некои уреди, преку
преку порти.
порти
 Примери за преносливи компјутери:
– Содржат батерија за самостојна работа
- Лаптоп е пренослив компјутер кој може да се користи и при патување. (има
помали димензии и е поскап од статичните компјутери со исти преформанси)
- Notebook е сличен на лаптоп, но е помал. (големина на нотес)
- Таблети се многу лесни компјутери кои денес се произведуваат во различни
форми и димензии.
- Palm или џебни компјутери се многу мали и можат да се држат на дланка. (За
водење деловни календари, телефонски именици, адресари, брзи пресметки, ...)

- Вгнездени компјутери
- Компјутери кои се вградуваат во други машини или во нивни делови.

- Немаат монитор и тастатура, не работат самостојно.

- Имаат програма која не може да се менува и е наменета да се извршува само


една работа. (Контрола на температура или влажност, контрола на работа на
срцето, надзор на простории/згради итн.)

- Се вгнездуваат во: дигитални фотоапарати, мобилни телефони, микробранови


печки, машини за перење, навигациски и сопирачки системи кај автомобили, ...

СТРУКТУРА И ПРИНЦИП НА РАБОТА НА КОМПЈУТЕРОТ 2.2

 Секој функционален компјутерски систем се состои од хардвер и софтвер:


 Сите физички делови на компјутерот, кои се изработени од тврда материја, се
нарекуваат хардвер (анг. hardware).
 Множество од програми кои обавуваат најразлични функции со цел да ја
овозможат работата на компјутерот и обработката на податоци се нарекува
софтвер (анг. software).
 Програма е низа (список) од инструкции со кои на компјутерот му се соопштува
начинот на решавање на одредена задача.

 Составните делови на компјутерот и нивната меѓусебна поврзаност во


функционална целина ја сочинуваат компјутерската архитектура.

Фон Нојманов модел на компјутер


- Речиси сите компјутери од Втората светска војна па до денес (вклучувајќи ги и
таблетите и паметните телефони) функционираат според заедничките принципи
кои своевремено ги опишал Џон фон Нојман (John von Neumann).

- Теоретските основи на компјутерската архитектура ги поставил унгарско-


американскиот математичар Џон фон Нојман (John von Neumann), во 1945 година.

 Принципи:
- Структурата на компјутерот не зависи од задачата која се извршува во него;
- Компјутерот мора да има способност да меморира инструкции; инструкциите и
податоците се меморираат на ист начин во иста единица наречена меморија;
- Инструкциите се извршуваат редоследно и во еден момент може да се изврши
само една инструкција.

Во 1946 година, фон Нојман претставил нацрт за Архитектурата на современите персонални


модел на првиот компјутер за општа намена компјутери е заснована на фон Нојмановиот модел

Основни компоненти на компјутерот


 Централна процесорска единица (анг. Central processing unit – CPU) – која што
ги обработува податоците.
 Главна меморија (анг. main memory) – во која што истовремено се чуваат и
податоците што моментално се обработуваат, како и моментално активните
програми.
 Различни периферни уреди (анг. peripherals), познати како влезно-излезни
уреди (анг. input-output devices) – кои што служат за комуникација на
корисникот со системот, со други уреди и компјутери, како и за трајно
зачувување на податоците и програмите.
- Периферните уреди се поврзуваат со меморијата, процесорот и магистралите
користејќи хардверски склопови кои се нарекуваат контролери.
Сите претходно набројани компоненти се меѓусебно поврзани и во текот на работата на
компјутерот податоците се префрлаат од една на друга компонента. Врската помеѓу
компонентите се воспоставува со помош на уреди кои се нарекуваат магистрали.
- Магистралите ги опфаќаат чиповите кои што го контролираат протокот на податоци и
проводниците преку кои патуваат тие податоци.

Процесор
- Централната процесорска единица (кратко: процесор) е основна компонента на
компјутерскиот систем, која денес вообичаено се наоѓа во облик на еден чип –
микропроцесор.
- Процесорот содржи:
 Одреден број на регистри – група од мемориски ќелии во кои може да се чува
мала количина на податоци.
 Аритметичко-логичка единица (анг. arithmetic-logic unit – ALU) – која што
изведува математички операции над податоците кои се наоѓаат во регистрите.
 Контролна единица (анг. control unit – CU) – која управува со работата на
процесорот (а со тоа и на целиот комп. систем)

Главна меморија
- Главната меморија е организирана како низа од бајти, во која секој бајт има свој
единствен реден број т.н. адреса.
- До секој податок во меморијата може да се пристапи само врз основа на адресата на
која што е запишан, без однапред фиксиран редослед на пристапот.
- Ваквите мемории се нарекуваат мемории со слободен (случаен) пристап (анг. random
access memory – RAM).
- При пристап кон меморијата, некогаш податоците се читаат (анг. read), а некогаш се
извршува нивна измена (анг. write).
Принцип на работа на компјутерот
- Компјутерите ги извршуваат задачите со нивно сведување на елементарни
математички операции одредени со програмата.
Пример:
пресметување на вредноста на изразот 2x + 3, за дадена вредност на x.
• Во програмите, податоците се зачувуваат во променливи.

• Променливите може да ја менуваат својата вредност (да им се додели нова вредност) во текот
на извршувањето на програмата.

• Ако променливата чија што вредност е влезен параметар ја означиме со x, а


променливата чија што вредност е резултатот од пресметката ја означиме со y, тогаш
може да се запише: y := 2*x + 3.

Инструкциско множество
- Секоја елементарна операција која што може да ја изврши процесорот во рамките на
програмата се задава со процесорска инструкција.
- Со секоја инструкција му задаваме упатство на процесорот да изврши одредена
операција.
- Секој процесор поддржува однапред фиксирано, конечно множество од инструкции
(анг. instruction set), односно операции придружени на нив.
- На почетокот и на крајот од извршувањето на програмата потребно е податоците да
се наоѓаат во меморијата.
- Сите операции процесорот ги врши исклучиво над податоци кои се наоѓаат во
регистрите, па неопходно е да му се задаваат инструкции за пренос на податоци.
- со нив се наведува кои податоци, каде и од каде се пренесуваат.

Пример за инструкциско множество


Add ax, bx – се собираат ax и bx при што нивниот збир се складира во ах. ах и bх се
регистри.
Mul ax, bx – операција множење на вредностите во регистрите ах и bх.
Mov – пренос на податоци: каде се пренесуваат и кои податоци се пренесуваат.
2x + 3 (влезниот податок, бројот x се наоѓа во главната меморија, и тоа на адреса 100, а
резултатот y треба да се смести на адреса 101)
mov ax, [100] mov [101], ax

mov bx, 2

mul ax, bx

mov bx, 3

add ax, bx
Бинарно кодирање на програмите
- Фон Нојмановата архитектура подразбира дека и самата програма (низата од
инструкции) при нејзиното извршување се наоѓа во главната меморија.

- Бинарно кодираната програма се сместува во меморија, а потоа се чита од


меморијата и се извршува инструкција по инструкција.

ФУНКЦИОНАЛНОСТ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ХАРДВЕРСКИТЕ КОМПОНЕНТИ НА КОМПЈУТЕРОТ 2.3.

Куќиште
- Куќиштето е метална кутија во која се сместени главните делови кај статичните
персонални компјутери, а има заштитна улога.
- Во него се наоѓаат главните елементи
матичната плоча и надворешните мемории.
- На предната страна се наоѓаат разни копчиња
и индикаторски ламбички, а на задната порти
за периферни единици и приклучок за
електричната мрежа

Матична плоча
- Матичната плоча (анг. motherboard) е делот преку кој се поврзани сите делови на
компјутерот.
- Во посебни лежишта се поставени процесорот и внатрешната меморија, а постојат и
места за поврзување на картички (графичка, звучна, мрежна, ТВ и др.) т.н. слотови.
- На картичките се наоѓаат порти преку кои со матичната плоча се поврзуваат периферните единици
- Кај современите матични плочи, некои картички се интегрирани со самата плоча.
Процесор
- Централната процесорска единица (кратко: процесор) е основна компонента на
компјутерскиот систем, која денес вообичаено се наоѓа во облик на еден чип –
микропроцесор. Најпознати произведувачи: Intel & AMD.
- Процесорот содржи:
- Одреден број на регистри (група од мемориски ќелии во кои може да се чува мала
количина на податоци).
- Аритметичко-логичка единица (изведува математички операции над податоците
кои се наоѓаат во регистрите)
- Контролна единица (управува со работата на процесорот, а со тоа и на целиот
комп. систем)

Аритметичко-логичка единица
- Задача на аритметичко-логичката единица е да извршува аритметичко-логички
инструкции (аdd, mul, mov, итн.. )
- Електронските склопови на овој дел од процесорот можат да извршуваат:
- аритметички операции: собирање, одземање, множење, делење
- релациски операции: споредување на броеви (, <=, >=, = , ≠)
- логички операции над битови (И, ИЛИ, НЕ)
Контролна единица

- Задача на контролната единица е да обезбеди читање и извршување на


инструкциите од програмите (во рамки на т.н. инструкциски циклус), со што посредно
ја контролира работата на целиот компјутер.
1. Контролната единица ги презема инструкциите, една по една, од главната
меморија.
2. Следно, таа го декодира записот на инструкцијата
3. На крај, го поттикнува нејзиното извршување со праќање на низа од сигнали на
процесорските делови кои се задолжени за нејзиното изведување.

Примери: Кај инструкцијата add, контролната единица испраќа сигнал до аритметичко-логичката


единица да изврши собирање.
Кај инструкцијата mov, при пренос на податок од меморија во регистер, се испраќаат сигнали до
меморијата и магистралата да извршат пренос на податокот од дадената адреса.

Multicore процесори
- Поранешните процесори имаа само една аритметичко-логичка единица и можеа во
даден момент да извршуваат само една инструкција,а денес процесорите на еден чип
обединуваат повеќе независни централни процесорски единици т.н. јадра (анг. core).
- Вообичаено процесорите имаат 2 јадра (анг. dual core), 4 јадра (анг. quad core), 8 јадра
(анг. octo core), 16 јадра (анг. hexa core) или 32 јадр
- Секое јадро ги извршува инструкциите независно (иако постојат одредени делови
што се заеднички за сите јадра).
- За да се постигне максимална ефикасност, програмите мора да бидат напишани така
што да можат да се извршуваат паралелно на повеќе јадра.
- Може повеќе програми да се извршуваат истовремено на повеќе јадра, со што се
зголемува моќта на процесорот.

Извршување на инструкции
- Процесорите најчесто се синхрони т.е. ги извршуваат инструкциите во правилни
временски интервали одредени со интерниот процесорски часовник
- Секоја инструкција се одвива во неколку фази: преземање од меморија,
декодирање, преземање на операндите, извршување на операцијата, складирање
на резултатите .
- Секоја фаза се извршува на отчукување (такт) од часовникот, па извршувањето на
инструкцијата трае неколку отчукувања (тактови).
- Колку почесто часовникот генерира импулси, повеќе операции може да се
извршат во единица време, па системот работи побрзо.
- Недостаток на интензивната работа: греење на процесорот.
Фреквенција на процесор
- Честотата на отчукување (генерирање импулси) на часовникот се нарекува работен
такт или фреквенција на процесорот
- Основна единица мерка за мерење на фреквенцијата на процесорот е херц (анг. hertz – Hz)

1 Hz = 1 такт во секунда
- Фреквенцијата на денешните процесорски часовници се изразува во гигахерци
(GHz).
1 GHz = милијарда (109) тактови во секунда.
- Брзината на работа на процесорот понекогаш се изразува во милиони инструкции
што можат да се извршат во секунда (анг. million instructions per second – MIPS),
или пак во бројот на операции над децимални броеви со подвижна запирка што
можат да се извршат во секунда (FLOPS).
Мемориска хиерархија
- Сите компјутери засновани на фон Нојмановата архитектура имаат главна
меморија во која се складираат податоци и програми.
- Кај современите компјутери, покрај главната меморија, се воспоставува цела
хиерархија од мемории кои служат да го унапредат функционирањето на системот
Мемориите што се непосредно врзани за процесорот и кои што се користат
исклучиво додека компјутерот е вклучен се нарекуваат внатрешни мемории.
- Внатрешната меморија ги опфаќа: регистрите на процесорот, кеш-меморијата и главната
меморија

Мемориите што се користат за складирање на податоци во моментите кога


компјутерот не е вклучен се нарекуваат надворешни мемории.
- Надворешната меморија ги опфаќа: дисковите, SSD уредите и разни облици на
преносливи мемории.

- Процесорот вообичаено нема начин како директно да ги користи податоците


сместени на надворешни мемории. (па затоа пред употреба, сите податоци се
префрлаат од надворешните во внатрешната меморија)

Класификација на мемориите
- Мемориите можат да се класифицираат според повеќе критериуми: Трајност,
Променливост, Пристап, Капацитет, Брзина, Технологија на изработка , Цена.

1. Класификација на мемориите според трајност


- Привремените (анг. volatile) мемории ја губат содржината по престанување на
електричното напојување (Обично се направени само од електронски компоненти,
затоа се значително побрзи, внатрешните мемории на компјутерот)

Се делат на:
динамички – кои побаруваат освежување на содржината во одредени временски
интервали (но и при секое читање);
статички – кои не побаруваат освежување на содржината, па се побрзи

- Трајните (анг. non-volatile) мемории ја чуваат содржината и кога не се приклучени


на струја (Побавни се, се користат како надворешни мемории)
2. Класификација на мемориите според променливост
- Променливите мемории овозможуваат и читање и запишување (анг. read-write,
RWM) – повеќето мемории во компјутерот се променливи.
- Непроменливите мемории дозволуваат само читање (анг. read-only, ROM) - Се
користат претежно за сместување на некои однапред зададени програми во
компјутерот.

3. Класификација на мемориите според пристап


- Мемориите со слободен пристап (анг. random access memory – RAM)
овозможуваат пристап до секоја мемориска локација врз основа на нејзината
адреса, без разлика на локацијата до која било пристапено претходно. (пр:
главната меморија)
- Секвенцијалните мемории (анг. sequential access memory – SAM) побаруваат до
локациите да се пристапува по редослед. (Пример: магнетната лента)
- Мемориите со непосреден пристап (анг. direct access memory – DAM) пристапуваат
до поврзани блокови од податоци (пр: хард диск)

4. Класификација на мемориите според брзина

- Брзината на меморијата покажува колку податоци може да се прочитаат од


меморијата или да се запишат во меморијата, во единица време.
- Обично посебно се изразува:
- времето потребно за припрема за пристап до одредена локација и читање (или
запис) на поединечен податок – време на пристап (анг. access time) или доцнење (анг.
latency)
- просечната брзина на читање (или запис) на поголема количина на податоци во
текот на подолг временски интервал – брзина на пренос или проток (анг. throughput)

Доцнењето значително влијае врз брзината на меморијата!

- Доцнењето обично се изразува во наносекунди (ns) кај внатрешните мемории, а во


милисекунди (ms) кај надворешните мемории. Протокот обично се изразува во мегабајти
по секунда (MB/s).
5. Класификација на мемориите според технологија на изработка
- Мемории изработени од електронски (понекогаш полупроводнички) елементи –
Пример: главната меморија, флеш мемориите, SSD уредите.
- Мемории изработени од магнетни елементи – Пример: хард дискови, дискети,
магнетни ленти.
- Мемории изработени од оптички елементи – Пример: CD, DVD, Blu-Ray

Регистри на процесорот

- Регистрите на процесорот се најбрзиот облик на меморија – тие се во директна


врска со аритметичко-логичката единица.
- Кај современите процесори, ги има по неколку десетици на број, при што секој
регистер зачувува по 32 или 64 бита.
- Природната единица за податоци која што ја користи одреден процесор се
нарекува машински или процесорски збор (анг. machine word) – најчесто се
поклопува со ширината на повеќето негови регистри.
Главна меморија

- Главната меморија ги чува сите податоци и програми што ги извршува процесорот


(за да биде што е можно побрза, секогаш се изработува од електронски елементи)
- Мал дел од главната меморија е непроменлив и ги содржи основните програми
кои служат за контрола на одредени компоненти на компјутерот (најчесто т.н.
основен влезно-излезен систем - анг. basic input output system – BIOS)
- Значително поголемиот дел од главната меморија претставува привремена
променлива меморија со слободен пристап. (овој дел понекогаш се нарекува
RAM)
Главна меморија = ROM + RAM

- Главната меморија денес обично е синхрона – преносот на податоци помеѓу


процесорот и меморијата се врши во интервали одредени со тактовите на
системскиот часовник.

Кеш меморија
- Кеш-меморијата е мала количина на брза меморија: неколку 1000 пати помала од
главната меморија. Таа се поставува помеѓу процесорот и главната меморија, со цел да се
забрза работата на компјутерот. (Кеш-меморијата е воведена бидејќи современите
процесори станале значително побрзи од главните мемории)

Пред пристапот до главната меморија, процесорот секогаш прво пристапува до кешот!

- Кеш-меморијата спаѓа во привремени мемории со слободен пристап, но се изработува од


полупроводнички елементи. (Значително е побрза и поквалитетна од главната меморија,
но затоа е и поскапа)
- Кеш-меморијата е статичка (главната меморија е динамичка), па во денешните системи
обично се става само неколку мегабајти кеш-меморија. Често пристапуваните податоци
или податоците за кои се предвидува дека треба да бидат пристапени како следни се
чуваат во кешот.

Најбрз Процесор (регистри)


Кеш меморија
RAM меморија
Надворешни мемории

- Главната меморија е привремена, па кога ќе се исклучи компјутерот – содржината


се губи, затоа е неопходно да се користат трајни надворешни мемории, во кои
податоците и програмите се зачувуваат трајно.
- По правило, капацитетот на надворешните мемории е значително поголем од
оној на внатрешните мемории (но имаат побавен пристап).
- Заради бавноста на надворешните мемории, пред користењето на податоците и
програмите неопходно е нивно пренесување во внатрешна меморија (пр: при
вклучување на компјутерот треба да помине некое време)
- При користење на дадена програма, воглавно се модификува содржината на
главната меморија, а ако сакаме да го зачуваме резултатот од својата работа –
неопходно е податоците да ги снимиме на некоја надворешна меморија.
- Бидејќи функционирањето на компјутерот практично не е можно без постоење на
некој облик на надворешна меморија, сите компјутери вообичаено имаат вградено
централно складиште на податоци.

Видови надворешни мемории


- Главни складишта на податоци се:
Хард дисковите (анг. hard disk) – кај статични компјутери
SSD уредите (анг. solid state drive – SSD) – најчесто кај преносливи компјутери
Мемориските картички (анг. memory cards) – кај паметните телефони

- Преносливи надворешни мемории се:


Флеш–мемориите (анг. flash drive)
Оптичките медиуми: CD, DVD
Надворешните хард дискови и SSD уреди

Магистрали
- Врската помеѓу хардверските компоненти (процесор, меморија, периферни уреди)
се воспоставува со помош на уреди кои се нарекуваат магистрали (анг. bus) -
Магистралите ги опфаќаат чиповите кои што го контролираат протокот на податоци и
проводниците преку кои патуваат тие податоци.

Видови магистрали
- Податочна магистрала (анг. data bus) – преку која се пренесуваат податоци од
едно на друго место
- Адресна магистрала (анг. address bus) – пренесува адреси кои одредуваат точно
место на читање или на запишување на податок
- Контролна магистрала (анг. control bus) – пренесува контролни сигнали
Преносот на податоци низ магистрала може да биде:

- Сериски – пренос на поединечни битови, еден по друг.


- Паралелен – истовремен пренос на поголем број битови

Влезни единици

- Влезните единици се користат за внесување на податоци и инструкции во


компјутерот (тастатура, глувче, микрофон, веб камера, скенер, електронски молив)

Излезни единици

- Излезните единици се користат за приказ на податоци кои претставуваат резултат


од обработка на компјутерот (монитор, звучници, печатач, цртач, проектор)

Влезно-излезни единици
- Влезно-излезните единици служат за влез, но и за излез на податоци од
компјутерот (модем, звучна картичка)

Конфигурација на компјутер

- Основна карактеристика на еден компјутерски систем е неговата конфигурација –


Кој процесор, каква внатрешна меморија и какви периферни единици содржи
системот.
Компјутерот може да содржи различни периферни единици во зависност од
неговата намена и од потребата на корисникот

You might also like