You are on page 1of 2

Постојат два критериуми според кои програмибилните системи се поделени во

неколку групи. Првиот критериум е според перформансите на микроконтролерот и


сложеноста на хардверот и софтверот, а вториот критериум е според
перформансите и функционалните својства на системот.

Според првиот критериум програмибилните системи се поделени во три групи:


системи со мал обем, системи со средна големина и софистицирани
програмибилни системи. Програмибилните системи од мал обем користат осум
битен микроконтролер и батерија за напојување. Овие системи може да се
програмираат во некој програмски јазик од понизок ред како што е асемблерот и
не бараат голема меморија. 16 и 32 битните микроконтролери се својствени за
средните програмибилни системи. Нивниот хардвер се усложнува доколку се
поврзат повеќе микроконтролери заедно. Основни програмски алатки се C, C++,
JAVA, Visual C++, RTOS , различни видови дебагери и симулатори. Се разбира
најсложен хардвер и софтвер имаат софистицираните системи кои се
карактеризираат со големи мемориски капацитети, флексибилни процесори,
способност за вмрежување, кориснички графички интерфејс, што подразбира
употреба на дисплеи на допир.

Според вториот критериум програмибилните системи се делат на: системи во


реално време , самостојни системи, вмрежени и мобилни програмибилни
системи. Работа во реално време значи не само добивање на точен резултат туку
истиот треба да се добие во точно определен временски интервал. Основни
функции на еден систем во реално време се: собирање на информации за
моменталната состојба на физичкиот систем, обработка на собраните
информации врз основа на метеметички модел и генерирање на излезни сигнали
кои влијаат врз состојбата на системот. Според видот на временскиот рок
системите во реално време можат да бидат со: мек (soft) или тврд (hard)
временски рок. Ако временскиот рок е тврд тоа значи дека доколку истиот не биде
испочитуван може да дојде до несакани последици. Пример за ваков систем е
медицинската опрема за следење на виталните функции на човечкото тело или
авионски контролен систем. Кај системите со мек временски рок дозволено е
одредено доцнење, но истото не треба да се повторува. Пример за ваков систем е
систем за контрола на звук.

Мрежните програмибилни системи можат да бидат поврзани во локална мрежа


(LAN) или широка мрежа (WAN). Врската може да биде безжична или жична.
Пример за мрежен програмибилен систем е домашен безбедносен систем каде
што сите сензори се поврзани и работат по протоколот TCP/IP. Мобилните
програмибилни системи се користат во преносни уреди како што се мобилни
телефони, дигитални камери, mp3 плеери и лични дигитални асистенти итн.
Самостојните програмибилни системи не бараат домаќин систем, односно не
зависат од друг систем. Примери за самостојни вградени системи се конзолите за
видео игри, микробранови печки, машини за перење, системи за мерење
температура, калкулатори и др. Многу програмибилни системи се функционални
само како интегрирани делови на поголеми механички, електрични или
електронски системи.

На пример, системот за контрола на растојанието (ACC- Аdaptive Cruise Control)


станува нефункционален ако се отстрани од возилото. Затоа овој систем не е
самостоен вграден систем бидејќи зависи од функционирањето на поголем
систем, (возилото) и по неговото отстранување станува бесцелен.

При дизајнирањето на програмибилниот систем треба

https://www.trentonsystems.com/blog/what-are-embedded-systems

You might also like