You are on page 1of 2

Мрежни уреди

1. Каков уред е модемот?


 Модемите се уреди кои овозможуваат размена на податоци помеѓу два
компјутери по пат на обична телефонска линија. Модем е кратенка од зборовите
modulator demodulator. Тоа е уред кој ги конвертира дигиталните компјутерски
сигнали во аналогни сигнали кои се пренесуваат преки стандардна телефонска
линија. Потоа аналогните сигнали се конвертираат назад во дигитални, во уред кој
се нарекува демодулатор. Модемот ја обработува добиената ингормација и ја
проследува кон оперативниот систем на компјутерот.
2. Какви врски можат да постојат помеѓу 2 модеми?
 Врската во која двата модема истовремено праќаат или само примаат податоци се
нарекува full duplex. Другите кои можат само да праќаат или само да примаат се
викаат half duplex модеми. Освен што пренесуваат податоци во две насоки
модемите се грижат и податоците да останат сочувани во оригиналната форма која
е испратена, односни обезбедуваат доверлив пренос.
3. Објасни го протоколот за модемска комуникација?
 Комуникацијата помеѓу два модеми се одвива преки протокол за поздравување.
Првиот модем испраќа сигнал и вара потврда дали модемот примач го примил
сигналот. Ако во одредено време добие потврда тогаш тој се обидува да
воспостави брзина на коминицирање. Комуникавијата започнува со помала брзина
и тестира до која брзина може да одговори модемот примач. Откако ќе се
договорат за брзината модемот испраќач гу издава параметрите според кои што ќе
ги пренесува.
4. Како можат да се поделат модемите?
 Модемите можат да се поделат во неколку ггрупи. Во зависност од методот на
поврзувањ, ги делиме:
i. Внатрешни и надворешни модеми. Интерниот модем е во облик на
картичка и се приклучува на некој од слотовите на матичната плоча или се
вградени на самата матична плоча како кај преносните компјутери.
Оперативниот систем ќе ги препознае таквите модени и ќе инсталира
соодветни програми за управување. Иако таков модем во текот на работата
ќе го оптерети процесорот на компјутерот, со денешните брзи процесори
нема да се забележи особен недостаток.
ii. Екстерниот модем е посебен уред кој преку кабел се приклучува со
компјутерот. Тие имаат и некои други предности, како LED диоди за
означување на статусот или и други LCD екран кој дава информавии за
начинот на работа на модемот. Тие информации можат да видат значајни
за решавање на комуникациски проблеми и надгледување на работата на
модемот.
 И во зависност од видот на модемот ги делиме на Dial-up, DSL(ADSL), кабелски
модем и безжичен модем
i. Dial-up е интернет пристап преку кој клиентот користи модем конектиран
на компјутер и на телефонска линија за да воспостави врска со некој
интернет сервис провајдер.
ii. Асиметричката дигитална претплатничка линија или (ADSL) е облик на DSL
технологијата за пренос на податоци која врши пренос на истите преку
бакарна телефонска жица со користење на специјален модем. Главната
предност на DSL е што не треба ново поставување кабли во телефонската
мрежа а нуди многу поголеми брзини.
iii. Безжичното мрежно поврзување се смета за едно од наједноставните
начини за пристап при што нема потреба од кабли со останатите уреди на
мрежата. Корисникот треба да се приклучи на hotspot
iv. Кабелски модем е хардверски уред кој овозможува компјутер со давател
на услуги на интернет преку фиксна врска. Кабелски модем работи со
поврзување на коаксијален кабел.

You might also like