You are on page 1of 1

ОПТИЧКИ КАБЕЛ

1. Од што е составен оптичкиот кабел?


- Оптичкиот кабел е изграден од оптички влакна составени од исклучително тенок
стакленцилиндар кој се нарекува јадро опкружено со концентрирачни слоеви на
стакло кои се нарекиваат јадрена обвивка. Оптичкото влакно се употребува за пренос
на податоци со големи брзини. Оптичките влакна се тенки флексивилни и не
спроведуваат ел. Енергија. Информацијата се пренесува преку модулирање на
светлината. Се однесува како брановод или светлосна цевка за да пренесе светлина
помеѓу двата краја на влакното
2. Какви типови на оптички влакна постојат?
- Влакно со единечен мод и влакно со мултимод. Влакната со единечен мод користат
тенки стакленинишки и ласер за да генерираат светлина додека мултимодните
користат LED диоди. Влакната со мулти мод имаат поголем дијаметар на јаднорор од
околу 50 микрометри и се користат за коминикациски врски на помала далечина,
додека влакната со единечен режим се користат за повеќете комуникациски врски и
тоа на одалеченост повеке од десетици километри и имаат девелина од околу 8 до 10
микрони
3. Кои се предности, а кои недостатоци од користеге на оптички кабел?
- Предности: поголем капацитет за пренос на податоци, надворешната средина не влиае
на оптичките влакна, малата тежина е исто така предност на оптичките влакна,
светлосниот сигнал не се губи во должината на кабелот.
- Недостатоци: потреба за скапи ласерски предаватели и приемници, потреба од
претварање на електрични сигнали во оптички и обратно бидејќи сите крајни уреди
работат со ел.сигнали.
4. Каде се користат оптичките кабли?
- Оптичките кабли би можеле да се користат како во локалните мрежи така и во широко
распростанетите мрежи. Но притоа од значаните проблеми со ки се доаѓа е самото
приклучување на компјутерите на оваа мрежа. Спојувањето на оптичките влакна е
покомплексно од спојување на ел.жици. краевуте на влакното мора да бидат
внимателно разделени а потоа механички споени. Се користат специјални прикличоци
за оптички влакна за да се направи пренослива врска. Притоа при поврзувањето можат
да се користат 2 типа на интерфејси и тоа пасивен и активен. Кај пасивниот интефејс,
доколку се случи да се расипе некоја LED диода. Само компјутерот кај кој постои
проблем е исклучен од мрежата, додека останатите остануваат поврзани меѓусебно.
При активниот интерфејс постои таканаречен активен повторувач кај секој од
компјутерите. Овој уред не само што ги засилува сигналите туку и секој компјутер го
снабдува со конекција. Меѓитоа, доколку се случи да се расипе еден ваков дел, целата
мрежа повеќе не е функционална. Предноста кај овој вид на пренос е што при
поминување кај секој компјутер сигналот се засилува и можат да се остварат навидум
големи далечини. Покрај ова оптичкото влакно наоѓа и други примени влакната можат
да се користат во медицината и други области каде е потребна светлина и нема
директна видливост. Пример хирургија, потоа можат да се користат као сензори за
притисок и температура. Во некои високи згради оптичките влакна се користат за да се
фокусираат на сончева светлина од покривот до другите делови на објектот. Оптичките
влакна може да се користат и за декорација, осветлување и слично.

You might also like