You are on page 1of 18

Камери-ја претвараат светлината во

електричен сигнал

Два вида на претворувачи


• Анализаторски цевки – користат
електронски млаз за анализа
• Полупроводнички претворувачи-CCD,
CMOS
Анализаторски цевки:
суперортикон, видикон,плумикон
Сите анализаторски цевки користат
електронски млаз за анализа (скенирање)
на сликата. Сите содржат сигнална плоча,
калеми за фокус и поместување,
електронски топ, анода и катода.
Се разликуваат по материјалот од кој е
изработена сигналната плоча.
Суперортикон- фототоемисија(Кога фотоните ќе
паднат на сигналната плоча се избиваат електрони. Фотони се
честички на светлина). Бројот на електрони одговара на
интензитетот на светлината
Камерата е поделена на три дела:

1. Сликовен дел: објектив, решетка и сигнална плоча. Отворите на


решетката се еднакви со пикселите. При појака светлина се избиваат
електрони и се создава поголем позитивен полнеж на сигналната плоча.
2. Анализаторски дел: електронски млаз, калеми за поместување и
фокусирање на млазот. Овој дел ја скенира сигналната плоча, пиксел по
пиксел. Интензитетот на млазот се намалува бидејќи дел од електроните
ќе се потрошат за неутрализација на позитивниот полнеж во пикселот.
Поголема светлина=поголем позитивен полнеж и послаб млаз.
3. Дел за мултипликација= повратниот ел. млаз се зголемува 2000 пати и
потоа се пренесува или меморира.
Суперортикон vs Видикон
суперортикон видикон
Сигнална плоча Фотоемисија =избивање фотоспроводливост
електрони Голема светлина=мала отпорност=
голема струја= мал излезен напон
Отчитувањето Повратен електронски Напонот на сигналната плоча=V-RL•I
на излезниот млаз (излезот е кај
сигнал електронскиот топ)
Полупроводнички сензори на слика се
CCD (це-це-де) и CMOS ( це мос).
•Нема електронски млаз, туку електрицитетот директно
се претвара во електричен напон , а потоа се
дигитализира и засилува
•Три чекори: претварање на светлина во полнеж,
читање на количеството насобрано електричество,
засилување на електричниот сигнал
•Кај CCD сензорите претварањето на полнежот во
напон се врши во еден агол од сензорот и тој
претворувач е заеднички за сите пиксели. Кај CMOS
сензорите претварањето на полнежот во напон се
извршува во самиот пиксел.
•CMOS сензорите се понова генерација на сензори и
за нивно производство се користи истата технологија
како и за микропроцесорите.
Како се генерира електрицитет во
пикселот?
Како се чита насобраниот полнеж кај CCD
сензорите?
Полнежот се движи од еден во друг пиксел
, линиите се поместуваат кон доле и
најдолната линија влегува во
поместувачки регитар со паралелен влез и
сериски излез.
Како се пренесува насобраниот електрицитет кај
CCD сензорите? На електродите носиме
позитивен напон. Една електрода влкучуваме, а
друга исклучуваме, движејќи се од лево кон
десно
CMOS = анализата се врши во самиот пиксел, секој
пиксел има свој конвертор, засилувач. прекинувач
CСD:
Предности:помал шум, поквалитетна слика во
услови на помала светлина, сликата е со
поголема длабочина бидејќи заситувањето е
поголемо, поголема резолуција
Недостатоци: размачкување на слика-bloomng
( преголема осветленост), добри се за
фотографии, но не и за видео, посапи се, повеќе
трошат и повеќе грејат

CMOS: ПОБРЗИ, поефтини, помали димензии,


непогодни за снимање на брзи движење
( вентилатор), понова технологија
Квалитетот на сликата, освен од сензорот
зависи од бројот на активни пиксели,самата
големина на пикселите,времето на
експозиција ( озрачување) и бројот на слики
во секунда (frame rate).
Како работи камерата?
Кои се четирите најважни делови на камерата?
За што служат леќите во објективот?
Што е тоа апертура?
Објасни какoв е сензорот за слика во боја и како се
одвојуваат боите?
How camera works?
Parts of the camera?
Adjusting camera
Леќите служат за фокус ( изострување, почиста слика) и
зумирање ( зголемување на подалечни предмети)

Апертурата (блендата) ја пропушта светлината. Ако


дијаметарот на отворот е поголем тогаш интензитетот
на светлината е поголем. Кога отворот е целосно
отворен позадината е почиста. За сликање на портрети
блендата треба да е помалку отворена.
Затварачот (shutter) се наоѓа пред сензорот и тој
може да се отвари и затвори од 4 до 4000 пати во
една секунда. Ако апертурата го одредува
количеството светлина тогаш затварачот го
одредува времето на делување на таа светлина
врз сензорот.
За анализа на слика во боја можат да се користат еден
или три CCD сензори. Се разбира дека поквалитетни
се камерите со три сензори бидејќи за секој пиксел
имаме информација за интензитетот на трите
примарни бои. Но , подобриот квалитет на слика бара
и поголем пропусен опсег за пренос.
Се разбира денеска постојат многу софтверки алатки за
подобрување на квалитетот на сликата. Ќе наброиме неколку
од нив.
Гама корекција. Сензорот линеарно реагира на зголемувањето
на белата светлина, а човечкото око овие промени повеќе ги
забележува кога позадината е потемна.
HLC (HighLight Compensation) е посебен вид на компензација со
која се намалуваат јаките извори на светлина на темна позадина.
BLC (BackLight Compensation) е корекција со која се губат деталите од
светлата позадина, но се добива јасен приказ на битните објекти кои
претходно се гледаат само како силуети.
WDR (Wide Dynamic Range) е најдобар начин на компензација бидејќи
се комбинираат две слики, една со поголема и друга со помала
експозиција.

You might also like