You are on page 1of 14

Тонска сирена со астабилен

мултивибратор и електронски
тахометар
• Колото на мултивибраторот е составено од
симетрична врска на два транзистора со
меѓусебна повратна спрега. Напонот на
колекторот на едниот од транзисторите треба
да има форма на правоаголни импулси. На
колекторот на другиот транзистор ќе има исти
такви импулси само со спротивна фаза (во
спротивна насока, што може да се види на
двоканален или двомлазен осцилоскоп).
Потоа се дополнува склопот со уште еден
транзистор, за да се добие сирена.
• Овде излезот од мултивибраторот е
направен преку дополнителен засилувач,
ставен во емитерското коло на вториот
транзистор. Висината на тонот на сирената
може да се менува со избор на други
вредности на кондензаторите.
• Секој мотор со внатрешно согорување има
најдобар степен на дејство и најповолни
работни услови при одреден број на вртежи.
Со познат број на вртежи се одредува оној
степен на преносот со рачката на менувачот на
брзините за да се стави моторот во
оптималниот број на вртежи. За секое возило
се даваат оптималниот и максималниот број
на вртежи, а бројот на вртежите се контролира
со тахометар.
• За мерење на бројот на вртежи со електронски
уред се користат импулси од системот за
палење. Примарниот дел на индукцискиот
калем за висок напон, бобина, се вклучува и се
исклучува во колото на акумулаторот со
прекинувач (платински копчиња), со што
поради индукцијата во секундарниот дел на
калемот се добива напон од околу 20 000V, а
на приклучокот на прекинувачот правоголен
импулс од околу 200V.
• Бројот на овие импулси е пропорционален
на бројот на вртежите на моторот. Така, на
пример, за четиритактен мотор со 4
цилиндри и со еден индукциски калем се
добиваат по два импулса за секој вртеж на
моторот. Од низата импулси се добива
една вредност на напонот или струјата, која
се мери со инструмент со скала, направена
така да го покажува директно бројот на
вртежите
• За реализација на мерачот на бројот на
вртежите може да се користи
моностабилен мултивибратор. Една
варијанта на шемата на таков бројач е
дадена на сликата подолу.
• Мултивибраторот е претставен со
транзисторите Т1 и Т2, при што во стабилната
состоjба е спроводен транзисторот Т2. На
базата на транзисторот Т1 се носи окиден
импулс, создаден со отворањето на
прекинувачот (платините), транзисторот Т1
станува спроводен и неговата колекторска
струја тече во инструментот со вртлив калем.
Падот на напонот на отпорникот R4 се
пренесува на базата на транзисторот Т2 преку
кондензаторот С и го блокира.
• Напонот на колекторот на Т2 почнува да
расте и таа промена се пренесува прку R5
на базата на транзисторот Т1, кој останува и
натаму спроводен. Во меѓуреме завршено е
траењето на побудниот импулс, а
кондензаторот C почнува да се полни преку
транзисторот Т1 и отпорниците R и R6.
• Кога напонот на кондензаторот ќе ја
достигне вредноста, после истекот на
времето одредено со временската
константа R C, транзисторот Т2 повторно
станува спроводен, а падот на напонот на
отпорникот R7 се пренесува на базата на Т1
преку R5 и го блокира. Системот е донесен
во стабилната состојба се до доаѓањето на
нов окиден импулс на влезот.
• Временската константа RC за четиритактен
мотор со 4 цилиндри и со еден индукциски
калем со вредностите R = 28Ω и С = 0,1 μ F
изнесува 2,8 μs. Со транзисторот ТЗ се
добива стабилизација на напонот за
напојување на склопот. Другата варијанта
на тахометар се разликува од првата по
начинот на добивање на окидните
импулси.
• По таа варијанта е користи капацитивна спрега со
високонапонскиот кабел од индукцискиот калем кон
разводникот. Таква врска може да се направи со три
навивки на жица околу високонапонскиот кабел.
Инструментот за покажување на бројот на вртежите е
милиамперметар за струа до 1mА со внатрешен отпор
од 300 Ω , ставен во колекторското коло на
транзисторот Т2. Со потенциометарот Р1 се нагодува
оптималниот влезен напон за да работи мерачот
правилно во целиот опсег на броjот на врежите на
моторот. Со Р2 се прави нагодуванье на вредноста на RC
константата за да се добие отклон до краjот на скалата
на инструментот за четиритактен мотор со 4 цилиндри
со 6000 вртежи во минута.
• Со кондензаторот С се амортизираат
осцилациите на стрелката на инструментот,
до кои доаѓа при мал број на вртежи, а со
зенер диодата D2 се стабилизира напонот
за напојување, зашто напонот на
акумулаторот варира од 12 до 15V. На
крајот, освен со дискретни,
регенеративните кола можат да бидат
изведени и со аналогни или со дигитални
интегрирани кола.

You might also like