You are on page 1of 36

Сигнали и засилувачи

Microelectronic circuits, Sedra and Smith, 2015 (Chapter 1)

доц. д-р Мирослав Мирчев


доц. д-р Петре Ламески
Сигнали
● Сигналите се носители на информација
− температура на воздухот, брзина на ветер, разлика во
притисоци (звукот), итн.
● Извлекувањето на информациите се постигнува
со помош на обработка
− слушниот систем на човекот ја обработува промената
на притисокот
− oбработката на сигналите може да се направи и со
помош на уреди
2
Сигнали
● Репрезентација на извор на сигнал

● Произволен напонски сигнал

4
Аналогни сигнали
● Аналогните сигнали претставуваат некоја
физичка величина и имаат произволна вредност
во некој опсег и се функција од времето
● Претворувач (transducer) го претвора сигналот од
еден во друг облик
− претворањето во електрични величини (напон или
струја) е пожелно затоа што се погодни за обработка
− примери: микрофон и звучник, ултрасоничен емитер
и приемник, ласер и фотодиода, радио приемник и
емитер, сензори за притисок и температура, итн.
6
Пример претврорувачи

7
Дигитални сигнали
● Од аналоген сигнал може да се земаат вредностите само во
одредени моменти (на пр. еден во секунда) и се добива
дискретна низа од вредности – земање примероци

● Потоа дискретните низи се заокружуваат на одреден број


можни вредности (нивоа) и тој сигнал се нарекува
дигитален сигнал.
− На пр. со 256 нивоа ќе се добие сигнал кој може да се
претстави со 8 бита во секој временски момент 8
Бинарни сигнали
● Најчесто користени се бинарните сигнали кои имаат
две нивоа, ниско и високо

9
Обработка на сигнали
● Аналогните сигнали може да се обработуваат
директно со аналогни електрични кола
● Денес вообичаено аналогните сигнали се
претвораат во дигитални и се обработуваат со
дигитални електрични кола
● Аналогно-дигитален конвертор

10
Засилување на сигнали
● Електричните сигналите кои се добиваат од
конверторите често се многу слаби, па потребно
е нивно засилување пред да се обработуваат
● Засилувач – уред за засилување на сигнали
● Линеарност – засилениот сигнал треба да биде
пропорционален на тој што се засилува

● Изобличување – ако не е исполнет условот за


линеарност 11
Засилувачи

● Сигналот најчесто е некој напон


− имаме влезен и излезен сигнал
● Напонски засилувач – зголемување
на напонот на сигналот
● Засилувач на моќност – малку зголемен напон,
но значително зголемена
струја, со што моќноста на
сигналот е зголемена

12
Симбол на засилувач
● Засилувачот може да има по два раздвоени влезни и
излезни приклучоци или влезот и излезот може да имаат
еден заеднички приклучок – маса
● Триаголниот симбол ја кажува насоката на пренесување на
сигналот, од влез кон излез

13
Засилување на напон, струја и моќност

● Фактор на засилување е односот на излезната и влезната


вредност (напон, струја или моќност)
vO iO PL vOiO
Av  ; AI  ; Ap    Av Ai
vI iI PI v I iI
● Излезната моќност е онаа на потрошувачот кој се моделира со
отпорник со некоја отпорност RL

14
Преносна карактеристика
● Преносната карактеристика е функцијата на зависност на
вредноста на излезниот сигнал од вредноста на влезниот сигнал

● Линеарна карактеристика (права)


● Ако на влез дојде синусоида со
амплитуда A, на излез се добива
синусоида со амплитуда AvA

15
Засилување во децибели
● Факторот на засилување може да се изрази и во децибели
20 log Av ; 20 log AI ; 10 log Ap

● Апсолутната вредност се користи затоа што може


засилувањето да биде негативно (излезот да биде во
противфаза од влезот – поместен за 180о)
● Слабеење има ако засилувањето е помало од 1, односно во
децибели е негативно

16
Напојување на засилувач
● Засилувач на моќност обезбедува поголема моќност на
излезот – мора да ја добие од некаде
● Надворешно еднонасочно напојување (кое понекогаш не се
прикажува) со два извори

17
Релации за моќност
● Моќност која ја испорачува изворот Pdc  V1 I1  V2 I 2
● Моќност која се влече од изворот на сигнал PI
● Моќност која се дисипира во колото на засилувачот Pdis
● Моќност која се испорачува на потрошувачот PL
● Закон за запазување на енергијата (моќноста)
Pdc  PI  PL  Pdis
● Ефикасност (коефициент на полезно дејство)
PL
 100%
Pdc
18
Заситување на засилувач
● Засилувањето е линерно
само за ограничени
вредности на
влезниот сигнал

● Засилувањето се заситува

● Поради заситувањето
излезните врвови
се отсечени

20
Нелинеарна преносна карактеристика

• Кога карактеристиката
е нелинеарна може да
се користи во делот
каде е приближно
линеарна
• Предполаризација –
на влезниот сигнал му
се додава константен
напон (извор) за го
доведе во делот каде
карактеристиката е
линеарна

21
Нелинеарна преносна карактеристика

vI t   VI  vi t 

vO t   VO  vo t 

vo t  dvO
A 
vi t  dvI

Засилувањето е еднакво на
наклонот на карактеристиката

22
Конвенција за означување
● Целосната момента струја iC(t) се состои од еднонасочна
компонента IC на која е суперпонирана сигнална струја ic(t),
во овој случај синусоида со амплитуда Ic
● Еднонасочните извори се означуваат како VCC или ICC

23
Модели на засилувач
● Според потребите засилувачите се реализираат на различни
начини и имаат различна сложеност
● Колата за засилувачи имаат транзистори
● Модел на засилувач како еквивалентно коло – не зависи од
конкретната реализација
● Параметрите на моделот може да се добијат со анализа на
целото коло на засилувачот или со мерење кај приклучоците
на засилувачот

24
Модел на напонски засилувач

● Напонски контролиран напонски извор со фактор на


засилување Avo
● Влезна отпорност Ri – засилувачот повлекува струја од
изворот на сигнал
● Излезна отпорност Ro – излезниот напон не е секогаш ист,
зависи од потрошувачот кој е поврзан после засилувачот

25
Модел на напонски засилувач
како дел од коло
● Изворот на сигнал има отпорност RS, а засилувачот е поврзан на
потрошувач со отпорност RL

Ri RL Ri RL
vi  vs vo  Avo vi  Avo vs
Rs  Ri Ro  RL Ri  Rs Ro  RL

● За ефикасно засилување треба Ri >> Rs ; RL >> Ro


● Кај идеален засилувач Ro  0; Ri   26
Модели на засилувач

29
Определување на влезната и излезната
отпорност на засилувач
● Влезната отпорност – однос на произволен напон донесен
на влезот на засилувачот и струјата која ќе резултира
vi
Ri 
ii
● Излезна отпорност е односот помеѓу излезниот напон при
отворено коло (кај излезот) и излезната струја при куса
врска (кај излезот)
− Алтернативно, однос на напон
донесен на излезот кога на
влезот нема извор и струјата
која влегува во излезот

30
Фреквентен спектар на сигнали
● Секој периодичен сигнал може да се претстави како
сума од бесконечен број на синусоиди чии фреквенции
се хармонски поврзани со помош на Фуриева серија

32
Фреквентен спектар на сигнали

● Фреквентниот спектар на било кој произволен


сигнал може да се добие со помош на Фуриева
трансформација

33
Фреквенциски одзив на засилувач

● Линеарен засилувач – ако влезниот сигнал е синусен тогаш и


излезниот е синусен со иста фреквенција
− Амплитудата и фазата на излезниот сигнал се разликуваат од
тие на влезниот – засилување и фазно поместување

● Фреквенциска зависност на засилувач – засилувањето и фазното


поместување зависат од фреквенцијата на влезниот сигнал
34
Трансфер функција на засилувач

● Комплексна функција која опишува како зависат


магнитудата и фазното поместување на засилувањето од
фреквенцијата VO
T    ; T    
VI
● Магнитудата најчесто се изразува во dB
● Експериментално определување на фреквенцискиот одзив –
се менува w

35
Појасна ширина на засилувач

● Амплитудата на засилувањето зависи од фреквенцијата


● Интервалот во кој засилувањето е не помалку од одреден
дел (најчесто 3dB) од максимумот се вика појасна ширина
● Потребно е појасната ширина да ги опфаќа фреквенциите на
сигналот за кој е наменет засилувачот

36
Фреквентен одзив на засилувач

● Засилувањето е зависно од фреквенцијата поради


постоењето на реактивни елементи (кондензатор и намотка)
● Моделирање на реактивните елементи со импеданса
− Намотка → Z=jωL
− Кондензатор → Z=1/jωC
● Временска константа во кола со еден реактивен елемент
(повеќе во Апендикс Е)
− намотка
− кондензатор

37
Фреквентен одзив на
ниско-пропусен филтер

● При ниски фреквенции кондензаторот има голема


импеданса – голем дел од влезниот напон се пренесува на
излез (при ω=0, Vo=Vi)
● При високи фреквенции кондензаторот има мала
импеданса – мал дел од влезниот напон се пренесува на
излез (при ω=∞, Vo=0)
38
Фреквентен одзив на
високо-пропусен филтер

● При ниски фреквенции кондензаторот има голема


импеданса – мал дел од влезниот напон се пренесува на
излез (при ω=0, Vo=0)
● При високи фреквенции кондензаторот има мала
импеданса – голем дел од влезниот напон се пренесува на
излез (при ω=∞, Vo=Vi) 39
Фреквентен одзив на засилувач

40
Импедансни модели на засилувач

● Бодеов дијаграм за ниско-пропусен филтер (лево) и високо-


пропусен филтер (десно)

41
Класификација на засилувачи
според фреквентниот одзив
● Капацитативно поврзан засилувач

● Директно поврзан засилувач (лево); и засилувач на опсег (десно)

43

You might also like