You are on page 1of 7

Ограничувања

Со цел за сигурна работа на мрежата на генераторот, системот за возбуда содржи


функциски ограничувања. Нивна задача е одржување на работата на генераторот во
дозволените граници во погонската карта, а со цел да се избегнат непотребните
исклучувања на генераторот од страна на заштита.

Во дигиталниот регулатор на напон вклучени се следните ограничувања:

Подвозбудни ограничувања:

- P/Q ограничување на минимална струја на возбуда


- ограничување на минимална струја на возбуда
- ограничување на максимална струја на генераторот во капацитивно подрачје

Надвозбудни ограничувања;

- ограничување на максимална струја на возбуда


- ограничување на максимална струја на генераторот во индуктивно подрачје

Слика 14.7. Карактеристика на погонската карта на генераторот


Ограничување на минимална струја на возбуда

Функцијскиот модул MINEXXXX на ограничување на минималната струја на возбуда


има задача да со одржување на струјата на возбуда со внатре поставените граници да го
спречи испадот на машината од синхронизам. Ограничувањето е моментално. Границата по
која се ограничува минималната струја на возбуда е кружница со подесени вредности на
минималната струја на возбуда Ifmin. Ограничувањето на минималната струја на возбуда се
активира кога ќе падне струјата на возбуда на износот Ifmin.
Потребно е да се сигнализира кога има проработување на ограничувањето, и кога
неуспешното делува ограничувањето. Појачањето на ограничувањето може да се подеси во
опсег 4 до 20 релативни единици напон на возбуда / релативни единици струја на возбуда.

Надзор на работа

Неуспешното делување на ограничувањето на минималната струја за возбуда се


појавува во случај кога е ограничувањето активирано, а сигналот на разликата на струјата
на возбуда не падне под износот на подесениот параметер во зададено време.
Ограничувањето на минималната струја на возбуда се уклучува кога е активен
напонот на регулаторот, а не е ТЕСТ режимот во работата и кога е овозможен со логичката
склопка. Ако лимитот е блокиран , за излезен сигнал се проследува максималниот
негативен износ.

P/Q ограничување на минималната струја на возбуда (подвозбуден лимитер)

Функцискиот модул UEXLXXXX, P/Q на ограничување на минималната струја за


возбуда има задача да ја осигура работата на генераторот подалеку од практичната
граница на статичката стабилност. Ограничувањето е изведено преку статорски варијабили
на генераторот. Границата по која се ограничува минималната струја на возбуда опишана е
со равенката на кружница

𝑝2 +(𝑞 − 𝑞0)2 = 𝑅 2
каде:
𝑃 𝑄
P= ; q=
𝑈𝑔2 𝑈𝑔2

R - радиус на кручницата
q0 - апциса на центарот на кружницата
P - измерена вредност на активна снага
Q - измерена вредност на реактивна снага
Ug - измерена вредност на напон на генераторот

или равенката за кружница напишана со помош на активна и реактивна струја

𝐼𝑔𝑎2 𝐼𝑔𝑟
2+ ( − 𝑞0)2 = 𝑅2
𝑈𝑔 𝑈𝑔
каде:

Iga=Ig*cos 𝜑 - активна компонента на струја на генераторот


Igr= Ig*sin 𝜑 − реактивна компонента на струја на генераторот
𝜑 - агол меѓу струјата и напонот

Ограничувањето функционира така што радиусот на кружницата R и центарот на


кружницата q0 т.е. измерената активна компонента на струјата на генераторот Iga ,
пресметана на кривата на ограничување на минималната струја за возбуда која претставува
вредност за регулација на реактивна струја на генераторот, при што повратна врска е
мерењето на реактивната струја на генераторот.

Igreef=qUg-√(𝑹𝟐 𝑼𝒈𝟐 − 𝑰𝒈𝒂𝟐 )

Откако ќе се пресмета референтната вредност , се пресметува сигналот на разликата


Igref-Igr кој се филтрира со нископропусен филтер со дадени временски константи и се
споредува со 0 и зависно од тоа му се додава износот на хистерезис кој понатаму се множи
со коефициентот на прилагодување, појачување и пропуштање на логичката склопка со која
се овозможува делување на лимитот.
P/Q - Ограничувањето на минималната струја на возбуда е уклучена кога е активен
регулаторот на напонот, а не е вклучен ТЕСТ режим на работа, кога е вклучен
генераторскиот прекинувач и левата страна на кружницата P/Q за ограничување на
минималната струја за возбуда и кога лимитот е вклучен со логичка склопка. Ако лимитот е
блокиран за излезен сигнал се проследува максимален негативен износ. За да на
фреквенции повисоки од 70 Hz се заштеди процесорско време, посебната логика лимит
P/Q се ограничува со минималната струја за возбуда која во изведувањето се прескокнува
т.е. не се изведува.
При проработувањето на P/Q ограничување на минималната струја за возбуда се
сигнализира.
Неуспешното делување на P/Q лимитерот се јавува кога за време на
проработувањето на P/Q ограничувањето внатре подесеното време не дошло до
снижување на регулациското отстапување на минимална струја за возбуда под дозволеното
ниво.
Ограничување на максимална струја на генераторот
во капацитивно подрачје

Ограничување на максималната струја на генераторот во капацитивно подрачје има


задача со држењето на струјата на генераторот на крајни граници да го спречи
прегревањето на краевите на статорските намотки. Ограничувањето моментално се
активира кога струјата на генераторот ќе го постигне крајниот износ . Влезниот сигнал во
регулацискиот круг на ограничување на максималната струја на генераторот во
капацитивно подрачје е привидна струја на статорот на генераторот IGACT се споредува со
сигналот на референцата IGCMAX и така се добива регулациско отстапување кое понатаму
се множи со факторот за појачување. Појачувањето на ограничувањето на максималната
струја на генераторот во капацитивното подрачје можно е да се подеси во опсег 2 до 40
релативни единици напон на возбуда / релативни единици на струјата на статорот.
Доколку се појави сигнал за термичка заштита на статорот , за големината IGCMAX
се зема редуцирана големина на струјата на статорот зададена со параметар. Доколку
термичката заштита не е активна ќе се јави нередуцирана величина.
Ограничувањето на струјата на генераторот во капацитивно подрачје се вклучува
кога: генераторот работи во капацитивно подрачје и кога е активен регулаторот на напон,
но кога не е активен ТЕСТ режимот т.е. кога генераторот е на мрежата и кога е овозможено
делување на ограничувачите со параметар. Кога лимитерот не е вклучен на излез ќе биде
проследен минимален сигнал кој понатаму во системот го блокира ограничувањето на
струјата во генераторот во капацитивно подрачје.
Сработувањето на ограничувањето на струјата во капацитивно подрачје се
сигнализира.
Неуспешното делување на ограничување на струјата на генераторот во капацитивно
подрачје се јавува кога за време на сработувањето на ограничувањето на струјата на
генераторот во капацитивно подрачје во подесеното време не дошло до снижување на
регулационото отстапување под параметарот на подесеното ниво.

Ограничување на максималната струја на возбуда

Функцискиот модул FCLIXXXX на ограничување на максималната струја на возбуда


има задача да со држење на струјата со внатре зададените граници спречи прегревање на
роторскиот систем на намотки или тиристорскиот возбудител. Ограничувањето може да
биде моментално или со временска задршка. Моменталното ограничување на
максималната струја на возбуда се активира кога струјата за возбуда достигне износ Ifmax,
а ограничувањето на максималната струја на возбуда со временска задршка се активира
кога следниот интеграл ќе ја достигне вредноста Cfmax која претставува дозволен износ на
прегревање на роторската намотка.
𝐼𝑓2 −𝐼𝑓𝑡𝑑2
Сƒ=∫ 𝑑𝑡
𝐼𝑓𝑡𝑑2

каде :

Iƒ - вистинска вредност на струјата за возбуда


Iƒtd - трајно дозволена вредност
Cƒ - износ на интеграли

Ограничувањето на максималната струја на возбуда со временска задршка ја


ограничува струјата на возбуда на номинална вредност Ifn и активна е се додека износот
на интегралот не стани 0 или состојбата на составот на регулација не стани таков за да дојде
до привремено престанување на делувањето на ограничувањата. Кај исправувачите со
повеќе паралелно споени мостови доколку дојде до прегорување на тиристорските
осигурувачи во еден од мостовите потребно е да се редуцира големината Ifmax , Ifmcr, Ifn,
Cfmax кои го дефинираат лимитерот.
Појачувањето на ограничувањето на струјата за возбуда со временска задршка и
моментно ограничување на струјата за возбуда може да се подесуваат во опсегот од 4 до
40 релативни единици напон за возбуда/ релативни единици струја на возбуда.
Посебно се сигнализира проработување на ограничувањето на струјата за возбуда со
временска задршка , а посебно проработување на моментно ограничување на струјата за
возбуда.

Надзор на работата

Неуспешното делување на ограничувачката струја со временска задршка или


моментно ограничување на струјата се сигнализира кога ограничувањето е активирано, а
сигналот за разлика на струјата за возбуда не падне под износот на подесениот параметар
во зададено време. Моментното ограничување на струјата за возбуда се уклучува кога е
активен регулаторот на напонот , а не е во ТЕСТ режим на работа и кога е овозможен со
логичка склопка.
Ограничувањето на максималната струја за возбуда со временска задршка се
уклучува кога е достигнато зададеното преоптеретување на роторската намотка кога е
активиран напонот на регулаторот , а не е активиран ТЕСТ режимот и кога нема намалување
на напонот на генераторот , туку кога лимитерот е овозможен со логичка склопка.
Ако лимитот е блокиран за излезен сигнал се проследува максималниот позитивен
износ.
Ограничување на максималната струја на генераторот во индуктивно подрачје

Функцискиот модул SCLIXXXX за ограничување на максималната струја на


генераторот во индуктивно подрачје има за задача да со држењето на струјата на
генераторот во рамките на последната граница го спречи прегревањето на статорската
намотка. Ограничувањето е временски подесено и овозможува допуштено
преоптеретување на статорската намотка. Се активира кога ќе се загрее статорската
намотка на генераторот на максимално дозволен износ. Процесот на загревање претставен
е со интеграција на разликата од квадратот на моментно допуштената струја на статорот, а
лимитерот станува активен кога интегралот ќе ја достигне вредноста Cgmax која
преставува дозволен износ на прегревање на статорската намотка.

𝐼𝑔2 −𝐼𝑔𝑡𝑑 2
Сg= ∫ 𝑑𝑡
𝐼𝑔𝑡𝑑 2

каде :

Ig - моментална вредност на струјата на генераторот


Igtd - трајно дозволена вредност на струјата на генераторот
Cg - износ на интеграли

Ограничувањето со временска задршка ја ограничува струјата на генераторот на


номинална струја Ign и активно е се додека износот на интегралот не стани 0 или состојбата
на системот на регулација не стани таков за да дојде до привремено престанување на
делувањето на ограничувањата. Доколку дојде до прегревање на статорската намотка т.е.
се појави сиганлот ( термичка заштита на статорот ) потребно е да се намалат Igmcr, Ign,
Cgmax . При тоа:

Igmcr - трајно допуштена привидна струја на статорот


Ign - номинална привидна струја на статорот
Cgmax - дозволено прегревање на статорската намотка

Термичка заштита на статорот

Доколку од постројката дојде сигнал за термичка заштита на статорот големините:


трајно допуштена привидна струја на статорот, номинална привидна струја на статорот и
дозволено прегревање на статорската намотка за обработка во модулот ограничувањата се
намалуваат со одредени параметри. Доколку термичката заштита на статорот не е активна
ќе се проследат нередуцирани величини. Појачувањето на ограничувањето на
максималната струјата на генераторот во индуктивно подрачје може да се подесува во
опсегот од 4 до 40 релативни единици напон за возбуда / релативни единици на струја на
статорот. Ограничувањето на максималната струјата на генераторот во индуктивно
подрачје се уклучува кога е достигната загреана состојба на статорската намотка, кога
напонот на генераторот не е пренизок, кога не е во капацитативно подрачје, кога е активен
напонот на регулаторот, но кога не е активен ТЕСТ режимот , кога е генераторот на мрежа и
кога е овозможено дејствување на ограничувањето со логички параметар.
Сигналот формиран со споредба на регулационо отстапување на напонот на
генераторот со зададен износ на регулационо отстапување , е сигнал кој детектира
големото снижување на напонот на генераторот и блокира уклучување на ограничувањето
на струјата на статорот.
Кога лимитерот не е уклучен на излезот ќе биде проследен максимален сигнал кој
понатаму во системот го блокира ограничувањето на генераторот во индуктивното
подрачје.
Проработување на ограничувањето на струја на генераторот со временска задршка
во индуктивно подрачје се сигнализира. Неуспешното делување на ограничувањето на
струја на генераторот се јавува кога за време на проработување на ограничувањето на
струја на генераторот во индуктивното подрачје во одредено време не дојде до снижување
на регулационото отстапување под подесеното ниво.

You might also like