You are on page 1of 11

Лабораториска вежба број 6 1

Обид на празен од и куса врска на трифазен асинхрон мотор

Лабораториска вежба број 6


Обид на празен од и обид на куса врска на
трифазен асинхрон мотор
 Цел на вежбата
Целата на оваа вежба е, преку снимање на карактеристичните големини на
моторот во режимите на празен од и на куса врска, да се добијат вредностите на
елементите на заменската електрична шема на асинхрониот мотор со намотан ротор,
преку кои индиректно се одредуваат работните карактеристики (и кружниот дијаграм на
струјата) на истиот.
Под работните карактеристики на моторот се подразбира зависноста од вкупната
полезна (механичка) моќност Pmeh=P2 на моторот на следниве величини:

-P1, доведена електрична моќност;


-I1, струјата низ статорот на моторот;
-cosφ, или фактор на моќност;
-M2, полезен (механички) момент;
-η, коефициент на полезно дејство и
-n, брзина на вртење.
Режим на празен од на асинхрон мотор е случај кога статорската намотка е
приклучена на мрежен напон Uo при фреквенција f1, а роторската намотка е врзана кусо,
при што осовината на моторот не е механички спрегната со работна машина, односно
P2=0 (M2=0).

Режим на куса врска на асинхрон мотор е случај кога статорската намотка е


приклучена на снижен мрежен напон Uk при фреквенција f1, а роторската намотка е
врзана кусо и воедно закочена-прицврстена за работната маса, при што n=0.

 Податоци за испитуваниот објект и мерната опрема


Податоците за испитуваниот асинхрон мотор, прочитани од натписната плочка на
истиот, се претставени во следнава табела:

Тип Un [V] In [A] Pn [W] In [A] f [Hz] n [vrt/min] cosφn

ZP6/6 380 6,3 2500 17 50 950 0,73


Лабораториска вежба број 6 2
Обид на празен од и куса врска на трифазен асинхрон мотор

 Шема на обидот и постапка при испитувањето


Постапката се спроведува според електричната шема којашто е прикажана на слика 1.

W W

A
R
B
3f
S AM
C
T

St1 Sp1

Слика 6.1 Шема на врските за обидот на празен од и куса врска на трифазен асинхрон
мотор

I Режим на празен од

Откако ќе се направи проверка дека регулациониот трансформатор е поставен во нултата


положба, се притиска на старт-тастерот, St1. Притоа, со притискањето на старт-тастерот, St1, т.е.
по затворањето на прекинувачот, K, напонот од трифазниот регулационен трансформатор се
доведува кон статорската намотка на испитуваниот трифазен асинхрон мотор. Во тој момент се
вклучуваат и универзалните инструменти (тип: ISKRA), со што истите стануваат достапни за
манипулација. Од главното мени (Main menu) се селектира полето Мeasurements, а откако ќе се
притисне OK, се отвора можност да се пристапи до една од следниве опции: Present value,
Alarms и Demo cycling. Се избира Present value, а потоа се притиска OK, при што на екранот се
прикажува листа од сите големини коишто може да се измерат: напон (voltage), струја (current),
моќност (power), фактор на моќност и агол на моќност (PF & PA), фреквенција (frequency), средна
вредност на одредена големина за даден временски интервал (MD values), како и вкупна
хармониска дисторзија (THD), а овозможен е и целосен преглед на сите големини истовремено
(overview). Напонот што се доведува кон статорската намотка на моторот преку
регулациониот трансформатор, постепено се зголемува – моторот полека се залетува.
Напонот се зголемува до вредност која е приближно за 20% поголема од Un, при што се
отчитуваат вредностите од инструментите и нивните вредности се внесуваат во табелата 1.
Потоа, напонот се намалува со приближно рамномерен чекор, на пример,
Uo=(1.2;1.0;0.75;0.5;0.25)Un, при што и овие работни точки се запишуваат во истата
табела каде што се внесуваат и покажувањата на инструментите. Брзината на вртење на
роторот се мери со тахометар.
Лабораториска вежба број 6 3
Обид на празен од и куса врска на трифазен асинхрон мотор

На крај, регулациониот трансформатор постепено се доведува во својата нулта положба,


при што моторот постепено запира. Со притискање на стоп-тастерот, Sp1, се отвора
прекинувачот К, со што се оневозможува доведувањето напон кон статорската намотка на
асинхрониот мотор.

Moќноста што моторот ја зема од мрежа, во празен од, изнесува:

P0 = kw (1 ± 2) ,

каде што:
-kw е константа на ватметарот;
-1 и 2 се бројни вредности отичитани со ватметарот.

Струјата на празен од, најпрво, се мери во сите три фази, па потоа се определува
средната аритметичка вредност:
I A  I B  IC
I0  .
3
Со помош на волтметарска преклопка, со само еден волтметар, се мери напонот
меѓу трите стегалки на статорската намотка. Напонот на празден од се определува како
средна аритметичка вредност, односно:

U AB  U BC  U CA
U0  .
3
Резултатите од обидот се внесуваат во табела 1.

Врз основа на измерените големини: моќноста, P0, струјата, I0, и напонот, U0,
можно е да се пресметаат: факторот на моќност, cosφ0, соодветните загуби на моќност,
како и соодветните параметри на машината.
Факторот на моќност, во празен од, се пресметува како:

P0
cos 0  .
3 U0  I0
Моќноста на празен од, P0, се троши на покривање на загубите на моќнос,
односно:

P0 = PCu10 + PCu20 + PFe1 + PFe2 + Pmeh

каде што:

PCu10,PCu20 - загуби на моќност во статорската и во роторската намотка;

PFe1,PFe2 - загуби на моќност во железо во статорот и во роторот;


Лабораториска вежба број 6 4
Обид на празен од и куса врска на трифазен асинхрон мотор

Pmeh – механички загуби поради триење и вентилација.

Бидејќи струјата на празен од е релативно мала, загубите на моќност во бакар кои


се пропорционални со квадратот на струјата, во првата апроксимација може да се
занемарат, т.е. да се земе: PCu10  PCu 20  0.

Загубите на моќност во железото се пропорционални со квадратот на напонот и


на фреквенцијата. Бидејќи брзината на празен од, n0, е незначително помала од
синхроната брзина, n1, односно лизгањето s0  0, фреквенцијата на индуцираните напони
и струи во роторот, т.е. фреквенцијата на лизгањето, f2=s0f1, е занемарливо мала, па
загубите на моќност во железото на роторот се занемарливо мали, PFe2  0. Според тоа,
моќноста во празен од, P0, всушност, се троши за покривање на загубите во железото на
статорот, PFe, како и за механичките загуби, Pmeh, односно:

P0  PFe1 + Pmeh

Овие загуби може да се раздвојат, така што карактеристиката, P0=f(U0), којашто


се добива, се продолжува до пресекот со ординатната оска, до точка во која U0=0. Во
2
оваа точка, загубите на моќност во железото (PFe1  U0 ) се еднакви на нула, па P0 = Pmeh
за U0 = 0.


Механичките загуби се сразмерни со брзината на вртење, Pmeh  n0 , и истите се
независни од напонот на мрежа. Бидејќи карактеристиката на празен од се снима за
n0=const, карактеристиката Pmeh= f(U0) е права линија. Загубите во железото при
номинален напон може да се определат од дијаграмот на карактеристиката на празен од,
односно:

PFe1n = P0 - Pmeh

Моќноста, P0n, и струјата, Ion, при номинален напон, може да се определат со


мерење, при U0=Un или, пак, од дијаграмот. Посакувано е тие да се пресметаат во
проценти од номиналните големини на машината, односно:

P0* 
P0 n
 100 %,
Pn

I 0* 
I 0n
 100 %.
In

Номиналната струја, I1n, е означена на натписната табла на машината, на која, исто


така, e означен и факторот на моќност при номинално оптоварување. Номиналната
доведена моќност е:

P1n  3  U1n  I1n  cos  n


Лабораториска вежба број 6 5
Обид на празен од и куса врска на трифазен асинхрон мотор

Со занемарување на загубите во намотките на статорот и на роторот, како и на


растурниот магнетен флукс во статорот и во роторот, кои во празен од се релативно мали,
можно е приближно да се определат параметрите на гранката на магнетизирање на
еквивалентната шема. При наведените занемарувања, импедансата на гранката на
магнетизирање се определува како:
U 1n
Z0  ,
3  I 0n

додека активниот отпор на гранката на магнетизирање е:

P0 n
rm 
3  I 02n
Реактансата на оваа гранка се пресметува според изразот:

xm  Z 02  rm2

Измерено Пресметано

U0[V] IA0[A] IB0[A] IC0[A] kw[W/под.] α1[под.] α2[под.] n0[vrt/min] P0[W] I0[A] cosφ0

991,9

995,5

995,9

998

998,7

1001

1001,5

Табела 6.1 Резултати од обидот на празен од

II Режим на куса врска

Обидот се спроведува според истата електрична шема како на сл. 1. Сега се работи
при снижен доведен напон, Uk<Un, затоа што, во спротивно, кусата врска би била
хавариска, со што моторот би се оштетил. Регулациониот трансформатор се поставува
во нулта положба, а роторот се закочува – се прицврстува за работната маса. Откако ќе се
направи проверка дека регулациониот трансформатор е поставен во нултата положба, се
притиска на старт-тастерот, St1. Притоа, со притискањето на старт-тастерот, St1, т.е. по
затворањето на прекинувачот, K, напонот од трифазниот регулационен трансформатор се
доведува кон статорската намотка на испитуваниот трифазен асинхрон мотор. Во тој момент се
Лабораториска вежба број 6 6
Обид на празен од и куса врска на трифазен асинхрон мотор

вклучуваат и универзалните инструменти (тип: ISKRA), со што истите стануваат достапни за


манипулација.

Напонот, Uk, постепено се зголемува преку регулациониот трансформатор, додека


вредноста на струјата, Ik, не достигне приближно 20% поголема вредност од I n, при што
покажувањата на инструментите се запишуваат во табела. Потоа, струјата, Ik, се намалува
со приближно константен чекор, на пример, Ik=(1.2;1.0;0.75;0.5;0.25)In, при што за овие
работни точки, покажувањата на инструментите се запишуваат во табела 2.

На крај, регулациониот трансформатор постепено се доведува во својата нулта положба,


при што моторот постепено запира. Со притискање на стоп-тастерот, Sp1, се отвора
прекинувачот К, со што се оневозможува доведувањето напон кон статорската намотка на
асинхрониот мотор.

Mоќноста на куса врска се пресметува како:

Pk  k w  1   2 

Струјата на куса врска претставува средна вредност на измерените струи во трите фази,
односно:
I AK  I BK  I CK
Ik 
3
Измерените и пресметаните резултати од обидот на куса врска се внесуваат во
табела 2.
Измерено Пресметано

U1k[V] IAk[A] IBk[A] ICk[A] kw[W/под.] α1[под.] α2[под.] Pk[W] Ik[A] cosφk

Табела 6.2 Резултати од обидот на куса врска

Загубите во железото на статорот и на роторот се пропорционални со квадратот


на магнетната индукција, односно со квадратот на доведениот напон, Uk, на моторот.
Напонот, Uk ,е значително помал од номиналниот напон, така што загубите во железото
во режим на куса врска се значително помали од загубите при номинален напон. Може
да се земе дека моќноста на куса врска се троши приближно за покривање на загубите во
намотките на статорот и на роторот, односно:
Pk  PCu1k + PCu2k,
каде што:
Лабораториска вежба број 6 7
Обид на празен од и куса врска на трифазен асинхрон мотор

2 2
PCu1k = 3 r1 I1k и PCu2k = 3 r2 I2k .

Загубите во намотките на статорот, односно на роторот, се пропорционални со


квадратот на струјата, oдносно тие се приближно пропорционални со квадратот на
доведениот напон, така што карактеристиката PkPCu=f(Uk) има облик на парабола.

За напони Uk<<Un, магнетниот флукс, Fk, односно магнетната индукција, Bk, се


имаат значително помали вредности од нивните номинални вредности, Fn, т.е. Bn, поради
што магнетното коло на машината во режим на куса врска е незаситено, па
карактеристиката Ik = f(Uk) претставува права линија.

Моќноста, Pkn, и струјата, Ikn, при номинален напон на куса врска, Uk = Un, може
да се определат пресметковно со иразите:
2
U 
Pkn  Pk   n  ,
Uk 
U 
I kn  I k   n .
Uk 
Факторот на моќност при Uk = Un изнесува:

Pk
cos  k  .
3 U n  I k

По дефиниција, напонот на куса врска на асинхрониот мотор е доведениот напон,


Ukn, при којшто струјата на куса врска на моторот е еднаква на номиналната струја, Ik=In.
Овој напон може да се измери ако се нагоди струјата Ik=In, или, пак, ако се отчита од
дијаграмот. Истиот вообичаено изразува во проценти од номиналниот напон, односно:

U k* 
U kn
 100 %
Un

и изнесува од 15 до 30%.

Моќноста на куса врска при Ik=In изнесува:

2 2 2 2 2
Pkn = 3 r1 I1n + 3 r2 I2n =3 r1 I1n + 3 r2 'I2n' = 3 rk I1n ,

каде што:
rk = r1 + r'2 – активен отпор на куса врска;
r1 - активен отпор на статорска намотка;
r'2 = ke ki r2- активен отпор на роторската намотка сведен кон статорската
намотка;
Лабораториска вежба број 6 8
Обид на празен од и куса врска на трифазен асинхрон мотор

ke, ki –коефициенти на трансформација на напоните и струите.


Со занемарување на загубите во железото во обидот на куса врска, можно е
приближно да се определат параметрите на гранката на оптоварување на еквивалентната
шема на асинхрониот мотор, на начинот даден во продолжение.
Импедансата на куса врска по фаза се пресметува според изразот:

Zk 
U kn
 .
3  I1n

Активниот отпор на куса врска изнесува:

rk 
Pkn
 ,
3  I1n2

а индуктивниот отпор на куса врска:

xk  Z k2  rk2  .
Од друга страна:

xk  x1  x 2 ,

каде што:
x1 - индуктивен отпор на растурање по фаза на статорската намотка;
x'2 = ke ki x2- индуктивен отпор на растурање по фаза на роторската намотка
сведен кон статорската намотка;
ke, ki - коефициенти на трансформација на напоните и струите.
За асинхрон мотор со намотан ротор, може да се земе дека важи:

r1  r2 
rk
;
2
x1  x 2  k .
x
2

На тој начин, со употреба на овие изрази, може да се определат параметрите на еквивалентната


шема на асинхрониот мотор со намотан ротор, прикажана на слика 2.
Лабораториска вежба број 6 9
Обид на празен од и куса врска на трифазен асинхрон мотор

Слика 6.2 Eквивалентна електрична шема на асинхрониот мотор

Параметрите на еквивалентната шема се пресметуваат како:

P0n=____ [W] U0n=____ [V]

pFen=____ [W] I0n=____ [A]

pmeh=____ [W]

Po  _________  _______________
*
[%]

I o  _________  _______________
*
[%]

Z o  _________  _______________ []

rm  _________  _______________ []

xm  _________  _______________ []

Pkn=____ [W]

Uk=____ [V]

Ikn=____ [A]

P' kn  _________  _______________ [W ]

I ' kn  _________  _______________ [ A]

U *k  _________  _______________ [%]

Z k  _________  _______________ []

rk  _________  _______________ []


Лабораториска вежба број 6 10
Обид на празен од и куса врска на трифазен асинхрон мотор

xk  _________  _______________ []

r1  r ' 2  _________  _______________[]

x 1  x' 2  _________  _______________[]


Лабораториска вежба број 6 11
Обид на празен од и куса врска на трифазен асинхрон мотор

You might also like